Привремени и напуштени објекти |
Post Reply | Page <1 111213 |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19482 |
Quote Reply #241 Posted: 20-Dec-2023 at 19:29 |
ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНА СО ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛНО ПОСТАВЕНИ ОБЈЕКТИ НА ЈАВНА ПОВРШИНА
Акцијата започна денеска со отстранување на бесправно изградена барака на ул. „Антоние Грубишиќ“ и ќе продолжи со отстранување на диви доградби и тераси. Упатуваме апел до сите инвеститори, сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија и да го почитуваат Законот. Во спротивно, Општината присилно ќе ги отстрани. Општина Центар до крајот на годината ќе спроведе шест Решенија за присилно административно извршување на нелегално поставени објекти и доградби. https://www.facebook.com/OpstinaCentar |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19482 |
Quote Reply #242 Posted: 14-Jan-2024 at 15:43 |
20 ГОДИНИ ПРОПАЃА СТАРИОТ ОБЈЕКТ НА РАДИО ШТИП, ДОВЕРЕН НА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА
Кога ќе влезете во централното градско подрачје на Штип покрај реката Отиња од каде и да погледнете кон исток, на највпечатливото градско ритче кон месноста Св. Илија оддалеку ќе ја види старата зграда на поранешното Радио Штип. Само на десетина метри од овој објект кон подножјето на градот се наоѓа новата зграда на Штипската библиотека, а на источната страна на иста далечина верскиот објект Св. Илија или Мухамедин пашина џамија . Пред 20 години, напуштената зграда на радиото и просторот околу него биле дадени на управување на Библиотека „Гоце Делчев“ во Штип, но до ден денешен ништо не е сторено за да се зачува објектот кој е напуштен и пропаѓа. Во овој период од две децении, Штипската библиотека како национална установа претрпе голем број кадровски промени, посебно на раководната функција. На една или две години се менуваа директорите и никој во овие две децении не се зафати да го санира доверениот објект на старото штипско радио кое повеќе не постои. Сите директори со кои разговаравме рекоа дека знаат за објектот кој е во непосредна близина и дека од државата е доверен на Библиотека „Гоце Делчев“. Но, според нив, поради посветеноста кон основната дејност – библиотекарството немале време ниту да потсетат на стариот објект во соседството, ниту да го информираат Министерството за култура кое исто така имало чести смени на водечките функции. Новиот директор на Штипската библиотека,, Тамир Јамаковски вели дека тој за неполни два месеца, колку што е на новата функција само слушнал за доверената зграда на старото Радио Штип. „За 2024 година проектите се завршени од моите колеги претходници и се однесувале на библиотекарството како основна дејност па овој стар објект допрва ќе биде предмет на некој нареден проект. Првата наредна средба со првите луѓе во Министерството за култура ќе биде искористена да се сврти вниманието кон овој проблем и се надевам дека ќе договориме некаков проект и динамика за негова реализација за зачувување на овој стар објект кој со години бил белег на Штип“, вели Јамаковски. Од друга страна пак, Штипскиот музеј кој веќе има проект за реставрација на верскиот објект во месноста Св. Илија во Штип на десетина метри од старата зграда на радиото вели дека и двата објекта имаат заедничка околина, па тие истовремено направиле идеен проект и за старата зграда на Радио Штип. „За верскиот објект веќе имаме проект за негово прераснување во Галерија, а соседниот објект на радиото со идејното решение треба да прерасне во културно катче каде ќе има и спомен соба на Радио Штип кое долги години беше главниот медиум во Општина Штип и пошироко“, вели директорот на Музејот, Митко Штерјов. Старата зграда радиото кое повеќе не постои потекнува од 60-тите години на минатиот век кога од тоа место прв пат во етерот се огласи градското радио „Зборува Радио Штип“. Триесетина години подоцна радиото се пресели во централнот подрачје на градот на улицата „Ванчо Прќе“,а зградата во месноста Св. Илија беше во функција на Радио клубот Никола Тесла, а потоа и на Втората детска амбасада со седиште во Штип. Неколку години по нивното згаснување, долги години зградата остана нем сведок на едно време и до денес буквално се распаѓа. Пред две децении зградата е дадена на управување на Националната установа Библиотека „ Гоце Делчев“ која се наоѓа во непосредна близина на објектот.. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/20-godini-propaga-stariot-objekt-na-radio-shtip-doveren-na-gradskata-biblioteka/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19482 |
Quote Reply #243 Posted: 20-Feb-2024 at 19:41 |
Се чисти депонијата во дворот на поранешна „Ранка Милановиќ“
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и министерот за труд и социјална политика во техничката влада Ѓоко Велковски денес беа во посета на поранешниот дом „Ранка Милановиќ“. „Започна решавањето на проблемот во поранешниот дом „Ранка Милановиќ“. Утрово заедно со министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски бевме во посета на поранешниот дом „Ранка Милановиќ“ каде што започна акција за чистење на комуналниот отпад од дворот на објектот. Како градоначалник по извршените консултации со министерот издадов налог на ЈКП Гази Баба со својата механизација да изврши чистење на дворот на објектот и собирање на големата количина на отпад“, соопшти Стефковски. Вели дека заедно со министерот за труд и социјална политика ќе бараат трајно решение за овој објект, како и за лицата кои се сместени во него. Домот „Ранка Милановиќ“ во кој порано се сместуваа деца без родителска грижа, беше раселен во 2019 година, според програмата која ја спроведе тогашната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска. Но, по заминувањето на децата, домот не се пренамени, па стана засолниште за бедомници. https://nezavisen.mk/se-chisti-deponijata-vo-dvorot-na-poraneshna-ranka-milanovikj/ |
|
Carpe diem
|
|
Bridgeburner
Groupie Joined: 17-Jan-2023 Location: Skopje Online Status: Online Posts: 76 |
Quote Reply #244 Posted: 20-Feb-2024 at 21:02 |
Депонија која самите Цигани ја направија што носеа ѓубре...
|
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 872 |
Quote Reply #245 Posted: 21-Feb-2024 at 00:46 |
И? |
|
Post Reply | Page <1 111213 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |