build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Инфраструктурни приоритети на Македонија 2013-2025

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 345
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 873
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 31-Aug-2018 at 23:27
Originally posted by ironm

Интересно експресниот пат Битола - Прилеп го нема во документов како стратешки приоритет, иако наголемо се најавува за реализација


Па не за џабе таа делница се вика xD некој не вара со години...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 03-Sep-2018 at 21:39

Rollin


Коридор xD

Стварно ни било пред носот цело време
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 18-Jan-2019 at 15:28
Транспортна стратегија до 2030. : Со воз до скопскиот меѓународен аеродром

Околу 104 активности ќе се реализираат во транспортната мрежа во Македонија до 2030 година. За реализација на овие проекти предвидено е да се потрошат околу 4,2 милијарди евра од кои најголем дел ќе се обезбедат преку кредити и ИПА средства.

Ова е предвидено во Националната транспортна стратегија што ја донесе Владата на предлог на Министерството за транспорт и врски, а која денеска ја презентираше министерот за транспорт Горан Сугарески.

Меѓу покрупните проекти предвидени со Стратегијата во делот на патната инфраструктура се довршувањето на автопатот од Кичево до Охрид, изградба на автопатот од Скопје до Блаце, изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево, како и изградба на ниво на автопат на делницата од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир и од Струмица до границата со Бугарија.

Во делот на железницата, покрај изградбата на пругата од Куманово до бугарска граница, планирани се и изградба на заеднички железнички граничен премин на Табановце и да се воведе железничка линија до аеродромот во Скопје.

Идејата за воведување воз од Скопје до скопскиот аеродром, како што посочуваат од Министерството за транспорт и врски, не е нова, но за нејзината реализација се чекало да се зголеми бројот на превезени патници на скопскиот аеродром.

– Исплатливоста на пругата од скопска железничка станица до аеродромот беше авионскиот превоз да привлече до два милиони патника бидејќи кога се правеа анализите, тие покажаа дека кога ќе се постигне ова, тогаш ќе биде исплатлива оваа релација бидејќи инвестицијата е значителна, истакна Билјана Здравева, раководител на секторот железници.

Во моментот не се знае колку ќе чини овој проект, со кој е планирано да се одвои крак кај Миладиновци за аеродомот. Она што првично следува е да се комплетира документацијата.

Министерот за транс

порт и врски очекува најголем дел од проектите во патниот сообраќај да бидат завршени до 2020-2021 година, а во делот на железницата планирано е до 2025 година да заврши комплетно изградбата на пругата кон Бугарија.

– Крајната цел на Националната стратегија за транспорт е да се развие хармонизиран транспртен сектор што е меѓународно компатибилен и интегриран во европскиот систем на транспортни мрежи, а кој ќе го стимулира економскиот и социјалниот развој на земјата, ќе ја чува животната средина и ги обезбедува потребите на идните генерации, рече Сугарески.

Проектите од Стратегијата ќе се реализираат согласно приоритетите на Владата.

https://kanal5.com.mk/articles/363020/transportna-strategija-do-2030-so-voz-do-skopskiot-megjunaroden-aerodrom

Документот од стратегијата веќе е објавен неколку постови погоре, ако некој сака да го погледне. Можеби треба да ја преименуваме темава или да отвориме нова тема за Стратегија 2019-2030 и да ја следиме реализацијата. Инаку ова е првпат да постои стратегија за развој на инфраструктурата во Мк. Претпоставувам тие предвидени 4.2 милијарди евра на крај ќе испаднат 7 милијарди, плус 2040 година Big%20smile Но, барем почнавме од некаде.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 873
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 18-Jan-2019 at 18:32
Кај се Битола и Прилеп? :'(   
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 18-Jan-2019 at 19:10


Само оваа точка ја има.

      - Завршување на Коридор 10Д преку изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, изградба на ниво на автопат од Прилеп до Битола и изградба на нов експресен пат од Битола до Меџитлија,
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2083
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 18-Jan-2019 at 19:13
Која е логиката Градско - Прилеп да биде експресен, но сепак Прилеп -- Битола да биде автопат, за потоа повторно експресен до граница?

Нели е по логично ако воопшто има потреба за автопат тоа да биде на делницата Градско-Прилеп зошто логично и ќе има најмногу сообраќај од останатите?

Или чисто колку да се пише нешто
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 18-Jan-2019 at 19:31
Originally posted by alexsend

Која е логиката Градско - Прилеп да биде експресен, но сепак Прилеп -- Битола да биде автопат, за потоа повторно експресен до граница?

Нели е по логично ако воопшто има потреба за автопат тоа да биде на делницата Градско-Прилеп зошто логично и ќе има најмногу сообраќај од останатите?

Или чисто колку да се пише нешто


Не мора да значи тоа. Битни се бројките за фреквенција на возила. На пример, според податоците од 2015 година, меѓу Скопје и Тетово во просек сообраќаат околу 10.000 возила дневно, меѓу Тетово и Гостивар над 12.000 возила, а меѓу Гостивар и Кичево бројката опаѓа на нешто под 7.000 возила. Според тоа, битно е не само колку возила транзитираат кон главниот град, туку и колкав сообраќај генерираат самите Прилеп и Битола меѓусебно, а тоа се големи градови.
Back to Top
Phalanx View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Nov-2010
Location: Munich
Online Status: Offline
Posts: 62
  Quote Phalanx Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 18-Jan-2019 at 19:34
Originally posted by alexsend

Која е логиката Градско - Прилеп да биде експресен, но сепак Прилеп -- Битола да биде автопат, за потоа повторно експресен до граница?

Нели е по логично ако воопшто има потреба за автопат тоа да биде на делницата Градско-Прилеп зошто логично и ќе има најмногу сообраќај од останатите?

Или чисто колку да се пише нешто


Spored mene na mesto Ohrid - Kicevo - Gostivar trebase prvo da se izgrade avtopat Gradsko-Prilep-Bitola-Ohrid. Cenata ke bese ista a ke imase poveke avtopat.

A na mesto Miladinovci-Stip podobro Veles-Stip-Strumica

Ama ajde mos 2056 i tava ke bide
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 19-Jan-2019 at 11:29
Originally posted by ironm

Темава е првично креирана за презентација на идеи од форумџииве, но ќе ја постирам тука и стратегијата од министерство, веројатно можеме да се надоврзиме на муабетот. Стратегијата е за период од 2018-2030 година.


Покрај добро познатите проекти што во моментов се реализираат од автопатски решенија, експресни патишта и железнички пруги, би издвоил дел од планираните до 2030 година:
- Изградба на 13 км нов автопат од Скопје до границата со Косово по должина на патот 6-а од основната мрежа
- Изградба на 42 км нов автопат од Гостивар до Кичево по должина на коридорот VIII од основната мрежа
- Изградба на 9 км нов автопат Требениште – Струга по должина на Коридорот VIII од основната мрежа
- Изградба на 30 км нов експресен пат Струмица - границата со Бугарија по должина на коридорот VIII од основната мрежа
- Изградба на 28 км нов експресен пат  Тетово – Јажинце од регионалниот пат во националната мрежа
- Изградба на 17 км едноколосечна пруга на делницата Скопје – границата со Косово како дел од патот 10 од сеопфатната мрежа
- Изградба на 63 км едноколосечна пруга на делницата Кичево – граница со Албанија на западниот дел од Коридорот VIII
- Изградба на нова железничка врска Струмица – граница со Бугарија (Петрич) од околу 50 км
- Изградба на нова железничка врска Кичево – Термоелектрана Осломеј од околу 10 км
- Изградба на нова железничка врска Битола – Термоелектрана РЕК Битола од околу 11 км
- Реконструкција на нови железнички врски за брзи железнички пруги меѓу Скопје – Тетово, Скопје – Куманово, Скопје –  Велес, Велес – Битола, Велес – Гевгелија (овде се мисли на брзи до 120 км/ч, тоа е споменато во самата стратегија)

Интересно експресниот пат Битола - Прилеп го нема во документов како стратешки приоритет, иако наголемо се најавува за реализација.

Низ целиот документ силно проветрува фокус на железницата и нејзин посилен развој, со што се предвидува раст на железничкиот транспорт од 210% до 2030 година, но имајќи во предвид кои се бројките моментално, тие 210% не се воопшто импресивни Очекувањата се дека железницата (ако се остварат сите инвестиции навреме, што е скоро па невозможно во оваа наша напатена држава) ќе има удел од 2.28% од вкупниот транспорт во државата. Транспортот со автомобили моментално зафаќа импресивни 94% од вкупниот транспорт, со што сме рекорди во Европа (не знам за светски рамки), бидејќи највисок процент во ЕУ има Португалија со 89.4% и Литванија 89.2% што е огромна разлика. Замислете тие 5-6 проценти да се во железнички сообраќај (а ни пола од тоа не е предвидено за 12 години отсега). Просекот во ЕУ е многу понизок од нашите бројки, околу 80-85%, а најнизок удел на автомобилите има Унгарија со 68.2%.

Има и други интересни работи во документот, но еве ова е доволно за дискусија засега.


Првично го објавив текстот од канал5 веднаш штом го прочитав без да разгледувам во детали, но го читав утрово подетално текстот на страната од министерство за транспорт и врски и веста објавена на build.mk за стратегијава и некои објави не соодветствуваат со самата стратегија ако погледнете погоре во цитираниот текст.

Не знам дали јас нешто грешам или некој направил ад-хок промени во стратегијата во меѓувреме (кои патем не се рефлектирани во самиот документ), но таму не постојат проекти од типот:
- автопат Струмица - граница со Бугарија (туку експресен пат)
- автопат Крива Паланка - граница со Бугарија (туку експресен пат)
- автопат Битола - Прилеп (не постои ништо ниту за Битола, ниту за Прилеп во стратегијата)
- експресен пат Битола - Меџитлија не постои
и неколку други...

Нормално, јас немам ништо против овие промени во стратегијата, бидејќи делуваат и подобро од претходното, но не се наведени во самата стратегија, па прашањето е дали отпаднале некои други проекти во меѓувреме за да може временски и финансиски да се остане во нормалата. Како на пример, експресен пат Тетово - Јажинце, експресен пат Охрид - Подмолје, експресен пат Долно Соње - Скопје, пруга Струмица - Бугарија, пруга до РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, итн. Ако не отпаднале туку само се додале уште "неколку" автопати и експресни патишта (па и пруга до скопскиот аеродром е додадена), тогаш тоа значи дека целата стратегија е еден надуван балон којшто е далеку од реалноста за нашава држава и е правен по принцип: да си ја пробаме среќата.
Back to Top
Realistic88 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 24-Dec-2019
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote Realistic88 Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 07-Apr-2020 at 07:38
2030- 90% od ova nema da se realizira,
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 07-Apr-2020 at 09:13
Да се надеваме дека нема да е така. Мислам дека околу 60% од проективе се изводливи до 2030, но ќе видиме каков ќе е текот во следниве 3 години, кои ќе покажат дали би успеале нешто посериозно до 2030.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 23-Jan-2024 at 15:55


него реализирани порано или подоцна, колку ќе потрајат!?, дали некој има сторено анализа колку пати е реконструиран пр. К10 откако ет пуштен во употреба ко Автопат во дадените сегменти ... Нормално Сите Се Надеваат На Арно но колку арно ет на арно доколку сме се презадолжиле за дадена делница а она што сме го добиле е налик срозенио стиропор по фасадите од Ск'14!?, колку што знам груевци автопато кон Прилеп го димензионираа на 200 милиони евра додека сега зајковци-ковачевци ќе фрлат минимум 260 милиони [1] но на ова сигурно влијает и светската рецесија иако ме чуди зошто воопшто банковци кои десетина пати на тоа лапаа гласои уште од почетоко на '90-ти никако не успејаа бар то тунело да го сторат!?, има ли некој поупатен да стори историска анализа што можело како ќе изгледало и дали ќе прижевеело такво навремено регионално поврзување на Скопје и Прилеп, дали не е истото закрчувано заради метафизички причини пр. со лесно сите горнопелагонци да го окупираат Скотје инстант а за сметка на тоа да нема кој Прилеп да го сочува




мајтап или не, она што го добиваме на дело е турни ме да кинисам ефект пр. имаш автопатишта но не и квалитетен меѓуградски превоз, или пак немаш убо ауто за секого, илити и то го имаш ко ефтина увезена во еу забранета тенеќелогија но немаш ниту таа да ја сервисираш а ни патарина да платиш, та може најубо ет во Вело Автопати на ангро да се инвестира, хм бар една трака за Велосипеди да издвојат, бар то помошната да ет воедно така димензионирана ... бар бетонска паралелно нека ја сторат т.е. тампонадата нека ја прошират а воедно тоа може да биде и покриена дренажа, кусур утре ако некој асфалтен сегмент пропадне ќе може да се пренасочува лесно сообраќај без да се закрчува лента по лента додека се оправа склет ситуација!


Back to Top
Bridgeburner View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 76
  Quote Bridgeburner Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 23-Jan-2024 at 17:01
Originally posted by beTon

него реализирани порано или подоцна, колку ќе потрајат!?, дали некој има сторено анализа колку пати е реконструиран пр. К10 откако ет пуштен во употреба ко Автопат во дадените сегменти ... Нормално Сите Се Надеваат На Арно но колку арно ет на арно доколку сме се презадолжиле за дадена делница а она што сме го добиле е налик срозенио стиропор по фасадите од Ск'14!?, колку што знам груевци автопато кон Прилеп го димензионираа на 200 милиони евра додека сега зајковци-ковачевци ќе фрлат минимум 260 милиони [1] но на ова сигурно влијает и светската рецесија иако ме чуди зошто воопшто банковци кои десетина пати на тоа лапаа гласои уште од почетоко на '90-ти никако не успејаа бар то тунело да го сторат!?, има ли некој поупатен да стори историска анализа што можело како ќе изгледало и дали ќе прижевеело такво навремено регионално поврзување на Скопје и Прилеп, дали не е истото закрчувано заради метафизички причини пр. со лесно сите горнопелагонци да го окупираат Скотје инстант а за сметка на тоа да нема кој Прилеп да го сочува
мајтап или не, она што го добиваме на дело е турни ме да кинисам ефект пр. имаш автопатишта но не и квалитетен меѓуградски превоз, или пак немаш убо ауто за секого, илити и то го имаш ко ефтина увезена во еу забранета тенеќелогија но немаш ниту таа да ја сервисираш а ни патарина да платиш, та може најубо ет во Вело Автопати на ангро да се инвестира, хм бар една трака за Велосипеди да издвојат, бар то помошната да ет воедно така димензионирана ... бар бетонска паралелно нека ја сторат т.е. тампонадата нека ја прошират а воедно тоа може да биде и покриена дренажа, кусур утре ако некој асфалтен сегмент пропадне ќе може да се пренасочува лесно сообраќај без да се закрчува лента по лента додека се оправа склет ситуација!




Друже постовиве за читање ти се очобол од форматот на текстот.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 23-Jan-2024 at 18:48
Риспект цел еден пост со цитат капак за да фрлиш коментар дека си имал фејкбук табиет!, бар една бе реченица да рецнеше од поентите, но невермајнд убо е секогаш да се потсетиме што не ет добра ефорумска пракса, а чунки некогаш и Народ ќе научи од ваквата преписка што повеќе буши мозок дали мојот според тебе очобоч или твојата офтопик анамнеза!?

кога веќе трошам и јас цел еден пост за безвезна офтопик реплика, може да се запрашам дали поривот кај одредени дискутанти произлегува инстант заради дадена политичка диоптрија та штом и малку некако има некој абер призвук дека некоја гарнитура го утнал штофо а се фали ко да ет уникатен, јеп инстант офтопик рефлекс хит д нерв а

е сега дали зајковци-ковачевци утнале нешто, хм нит сум компетентен да кажам ниту пак сум особено заинтересиран апропо нивните летс сеј "Ми Се Може У 4 Очи" инвенции за општонароден аир!, сепак ето фрлив некој абер дали и колку ќе имаме аир од евентуалните нивни реформи т.е. дека не треба утре да припаѓаме во транс кога то автопатите ќе потпропаѓаат (доколку тоа се случува), односно мора да сме свесни дека колку пари толку музика, проблемот е дали нема да се фрлат дури и отповеќе екстра пари а на раштиман оркестар од кој на крај само за кратко да ни призвучи муабетов фино!?, навистина незнам која било фората што ги шутнале од Романија, но доколку ние им го сервисираме корпорациско постоење виа екстра задолжувања а за мал есап кусур истиот даден на некој приватен концесионер утре да си полни џебои, хм тоа ќе биде навистина спектакл од недоносеност!, сепак ова моево нагаѓање е што би било кога би било, а тајм вил тел дали ваквите да речеме паушални стравувања ќе излезат точни!, ех земено според историско искуство до сега освен дилот со ТАВ незнам што од мега инфраструктурен зафат излегло на арно, ајт плус минус многу работи зависно кој како гледа на нештата, сепак за сиромашка земја екстра задолжувања за и не толку рентабилни инвестициски заеми чинам е повеќе од склет појава кај наште удбалитичари!, освен ако посреди не се некои други ултра полезни варијабили за кои не сме информирани а се дел од даден дил во 4 очи!, но да речеме и навистина ќе видиме ќар од ваквата инвестиција, но дали се спрамаме уште сега за нејзино правовремено амортизирање!?, или битно само да пробиеме траса а потем нек му мислат идни генерации ако и кога асфалто ќе попушти!?, та бар на локални конзорциуми да им дадеа ваквите проекти, зар не можеше да се докапитализира пр. гпГранит ем мерџне за на тендер со некој друг балкански асфалтџија како би лапнале ние кајмакот од својо кредит наместо сега ко измеќари да им одработиме на едикои менаџери!?, хм можно ли ет да се до толку неспособни наште удбалитичари вакво нешто да истуркаат, или во прашање ет некоја занас непозната варијабила во дилот со Е-Б!?, шефе шефе ќе ни отвореле сметка у швицарска банко и то, па дај потпишуј док га држу фотељу да не излезе на крај муабетов!?, да видиме, може квалитето на асфалто за тие милиони ќе биде ко оној кој Гранит го миксаше за во Хрватска, бреј да се изначудиш таму сме можеле а за по дома не не' бива ко ороводци а само потрчковци!?, навистина не сум нит упатен ниту инсајдер него ова ама баш апансаз и сам го шпекулирам, та дајте некој навистина упатени ем инсајдери нека скршат јавно аргументи што от што не снајдует!!!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 24-Jan-2024 at 21:53
туку тајмфрејмот за приоритетите, додека да трепнеш ете ја 2о25, + Аирија за сите оние кои 24/7 ќе ја штанцаат визија, а нормал и Сите оние кои натака ќе ја тимарат поднозе, да сурфаш и со Вело и со Ролер на помошна трака, со архаично симболична хоризонтална сигнализацијана секој трет километар, за ролерџии може и со ув бои да се залепат екстра абери потфанати со подобна вело цвиќера [1][1][1] сигурно во две верзии за со вр~леќа (ко идеална ем за дигитал ем за холографик проекција) та ето ролерџијата бајкеро атлетичаро ем Зајко Кокорајко биднат сестрано поздравени, сеопфатно Кума Лиса да има чест да поздравена ... Секому Како Му Треба, може и по нарачка ... ова би било Визија за Сограѓани со бионички чипои у очи [2][2][2] клокворк оранџ на македонки похован начин, во времиња и волја претежно за чудење што каде како и зошто бара, во, претежно скотскава Урбана блатијА [3][3][3][3] е тогај некој друг ќе се навраќа и сеќава како својте предци битисувале попатно дал временски дал историски, распакувани Сите со Се' како постоење баш вплотени низ сета Вечност особено тука некаде меѓу Планињето и Долоите како пулсираме како едно ткиво на Живот фрактално вплотен и физички и метафизички, а ниваму нитаму Патот и се' што ќе врви понего!, што во случај со постојниот правец на духот'по'овој'свет неминовно ќе ги спои технолошките и мобилните системи до непрепознатливост занас постојно, да речеме СФ волја сакале ние тоа или не ќе си дојде, особено како сме отворени спрема Светот и колку креативност конечно вирее тука на ова поднебје, оди зaпри млади анархистичко хедонистички зафурани, оди скроти им трендоите да ја користат сопствената Слободна Волја како им чини та дури и технотронично, ним Смирение им е Итаница во блесок од технолошко инжинерска инвентивност дури и кога ет ризик истата да го сотре телото, просто ливинг'д'еџ Им е нормална појава за веков во кој живејат макар таа ивица е само и во технолошката сфера на постоење, проблем е само што би бил општествено прифатливо како компромис за Соживот, дали Киборг ќе може слободно да врви меѓу Луѓе во Сообраќај, или да банализирам и понатаму дали Робот ќе одговара за сообраќајка со тешки телесни повреди, или колку проценти некој киборг треба да биде некоја индивидуа (вајс верса) за да мине во категорија робот, колку а.i. копилотот ќе сноси одговорност и последици да речеме по ваквите Авто и Вело Патишта, еве да речеме некогаш натака, можеби наскоро ...

... Мо(но) дали и ќе можеме со лесно да се носиме со сите предизвици во такви околности, или како ќе ги решаваме пр. во однос Вело Мод-от кој ако за нешто мора да го форсираме ако не друго ет заради Здрав Живот ко урбано бројлерско скоцкани а за што пак мотивација треба да ет и добра Вело Инфраструктура (пушти ваљак нели доволно ет)  [4] (со минимум максимум табиет туркано не ни мора асфалт на трасата доволно ет и фино цементно тампониран чакал [5] но добра сигнализација и осветлување мора да се фикс, дал дигитално аугментед по шофершајбни [6] дал аналогно аугментед ко сејфети лајт по коловозни сигнални ленти [7] како за патните така и за воздушните коридори (ех да имавме локален ноухау за да можеме во недоглед ефтино да ги сервисираме истите во сопствени народни погони за штанцање решенија за хоризонтална но и вертикална сигнализација [8] нешто налик бејзик препареднес за индепендентли суфициент спремност да одржуваме ефтино сигнализација на сите возможни маалски локални и регионални патишта патчиња та и козји патеки ... да не претерав во последниот случај по џипиес локација штом некоја рфид чип детектиран од лична карта како се движи по Планина да му прислета и подосвелтлу Дрон козјата маршута некој Општински Дрон за Рурално Осветлуење правецо наверчер ето дал на Локалец Гостин или Турист можеби да моит и муабет ко со а.и. придружба исто да си праит бреј стробо лајтшоу да ти светне ако низ игра муабетот затера ~ нели ако Дете заскитало да му амортизира стрес додека бидне пак Дома стасано некаде Насело ... ) трендои од кои не треба да се плашиме a за секој нели да има пријатна корист од постојниот технолошки напредок, што неминовно во вакви времиња само експоненцијално ќе расте што и да бидне натака, дури не е прашање кога ваква реалност ќе не впрегне во некое ново утре, туку дали и сега моментумот на шифт нема да го дочекаме, (ако сме умни тоа и ќе биде случај поскоро него покасно чекајќи на европските трендои), шифт кој особено забревтува бидејќи истиот корелациски е врзан со трендовите за бркање одржлива енергија, испилени посекако во шифт и на изворот на енергија за даден транспортен мод (пр. електрична) т.е. штом наскоро ќе не удри некое ефикасно крешендо за порајат кост-бенефит потрошувачка во однос даден економски стандард кога пак чинам Флаинг Кочии ќе биднат посекако секојдневие, било ко Делта План било ко УАВ Дрон, било ко Цепелин, каде занив воздушните коридори исто логично би било да се надоврзуваат на земните патни коридори, нели ако рокне удоле бар побрзо Амбулатно Возило да стигне до него ... сигурно некое помошно чаре (ко бонус на ова) би биле и воздушни коридори врз Вело Автопати ... тие пак логично би биле со 4 ленти, по една брза и спора во еден правец, та екстра рум за сите, зар ако е-бајк развива 80 км на саат зар за такво транспортно средство не треба да има (засебен паралелен или) ни 1. правец 2. подлога 3. осигурување (бар по еден јавен интерфон на секои 5 километри за Ало Мајсторе ми пукну гуму те чеку глеј да не се смрзну) 4. реосигурување би било рурален смештај во најблиското Село, идеално со осигурување покриено и Грејана Ракија ем Скара додека чекате Сервисна и Шлеп Вело Служба за интервенција (бреј да имаат и резервен точак да ви подадат ако ви треба, или пак превоз до првата Автобуска Постојка каде комотно во Автобуска Приколка би си уштекале Бајко додека итате најблиску додома после пишман вело-роуд-дефектажа) ... замисли навистина, да сме како општЕство кадарни вака Домакински да им пристапувавме на визиите, кои логично Сите како Општество треба да ги чиниме правиме шмелцаме полираме разглобуваме, трајл&ерор е впрочем се' а зошто не и низ контиунирана дебата на Идеи тоа да не бидне јавна народна појава на Тематски еФоруми бар по тематски сродни НВО-а пр. ваков Вело еФорум треба да има На Точак и сите слични Здруженија но тука со акцент токму на потребата за Ефективно Рурално и Урбано Вело Изврзување на Се' што може бар од Населена Средина [size=]1(ако не друга) што постои кајнас, идеално секоја една клетка од Локација вака да е поврзана во овој Сообраќаен Систем, Но од каде камен за сите се' Држава Општина или Месна Заедница да стокми, та најтокму ет кога се стокмува со усул т.е. сите се трудиме да не бараме преку леб погача и со минимум максимум да извлечеме пр. плаќаш помалку комуналии зошто се' од патен правец не е стокмено но за возврат Сам си ја средуваш околина транспортно што неретко е изводливо и само со Фосфоресцентна Сигнализација Спрострена онаму каде некој Локално смета дека треба да ја има [9] но тоа да е маркирано и на локални е-мапи нели како некој залутан не би завршил на склет траса пр. рурално хм можеби категоризација на типови сигнализација треба да постои како би се стандардизирале сите видови на патишта т.е. однапред секој знае каде каков пат го чека и како ет обезбеден и осветлен ... хм хм хм фантастик проекција за нашево во моментов во безидејна дезориентираност нурнато Општество, но Институционал еФорумски Вајб и тоа ќе го ресетира (само ај ој непцојсај Магаре до Зелена Трава) за она каде Сме и што ни ет таму неопходно!, некому и шумски пат ќе му биде доволно, некому ни морска струја нема да му е тамам, можеби сонува за неутрински бран, можеби скаларен, можеби плазматичен, можеби асфалтен ... кому како му чини ... а кај пелзагиец балкански Калдрма ако нема ама никогаш нема да биде тоа тоа ко ултимејт експериенс од Патешествување, тру архаик битисуење, а може и немора зулу алајк ратничко арпаџик вајб да дрма, доволно ет и средновековно чаршиско еснафски поднозе да лизга, но никогаш незнаеш кога каде ќе се разбудат аждаите во некого та да му подзатреба и Хиперлуп подземи или надземи!, е тогај добар начин за таквите киборзи да смируваат мислам ќе биде интерактивен травелинг транспорт сестрано по Планетава од кај на кај ќе им се сака може треба, ( хмммм што и ден денес ет појава но строго приземно доколку тоа го есапиме патнички транспортно),) додека Дрон Драјв Реалност би ги направила сите точки лесно пристапни, а бидејќо секоја локација брзо фтасана филингот и далеку по'конектед ем енгејџед на кое и' да ет ниво, од стопанско па се до културно, од производствено па се до туристичкo ... 

... Сепак уште сега некој треба да се задума (идеално ако видиме и јавно пр. ако не тука на Билд негде на некој универзиТетски бар Студентски еФорум ... баш би се изразудал да чујам Сообраќајни Инжинери низ дебата какви Идеи ќе им излегваат од ракав, дали како подобни за Стратегија од Просторен План, или пак и' само Анализа за она што можеме и како требаме да го антиципираме со време, а како би биле бар и' малку спремни за можностите и приликите кои би дошле од таквите шифтои во случајов како транспортни модови ... дефакто проширување на веќе постоечките модови би дошло и без да сакаме, само да не пукне ww3 и топ, та да не се вратиме на Волои и Запрежни Коли!, вистина има некој некаква визија за на ачик Што би било кога би било!?, посекако нема да запре трговија и посекако транспорт ќе биде дури и тогај нормална појава, но прашање ет дали и тогај за Сите се' ќе биде достапно, кога хм онаквите Вело Автопати во такви околности пак, сигурно ќе бидат окупирани од Запреги Коини Волои итн. "сточен транспорт", на Камили и Карвани исто незаборавајте та да има и каде попат да се Напојат!, исто и кај ќе Зобат док Одмараат, та пожелно би било на секои 10км да има и бар Бакалница (стандард: немора салонски да е средена, може и арпаџик), хм хм хм зар се' не ли ет повлечено само од себе заради свој експоненцијален раст како појава кон дадена стандардизација како и околностите налагаат!?, така и нашите потреби постојно но и идно!, при што уверен сум дека дефинитивно ни треба што поголемо изврзување со руралното бар Засебе Занас а сетне и сите останати, та Аирлија и се' она што постојно се гради, а Аирлија и за се' она што ќе се изгради, Оди сетне одржувај го!, но, кој!? разбира се јужноафрикански ескими!, зар како сме кинисале да се иселуваме стихијно, дали вака со уба инфраструктура уште полесно нема да имаме шанса од тука да му ја скубни ме!?, просто чуму патишта а немаш ни за Точак ко што треба!?, а не пак да можеш повеќе да ги имаш за повеќе да можеш на Живот да му се Радуваш, особено кога би можел истите тие Точаци и да ги шеруваш, баш како што некој Книги пример рента позајмува конечно користи!, бре само да не удрат EMP ѓулиња [10] има Све на Бицикла да си ја терате!, дотогаш кроце кроце терајте си како си ја терате со визиите ала Шефе Абе Ми Текна, во кој случај би ви порачал ојте токмак побарај те си, кој век живеете, нели да можете анкеро правилно у Соживот да го наместите ... токму удри ли Потоп има часои по Едрење да земата ... Пловно и Бистро ќе ви биде у транспортен мод, кога Велодукти в Скопје ќе бидат повеќе од добредојден [11] прашање ет дали тоа го препозаваме како потенцијална потреба макар не и приоритет кој неодредено ќе виси како можна идеја за практично патно изврзување на да речеме потопено Скопје дали преку Клисурите вакви мостови уште со време не би било добро да ги имаме, а зошто не и в Скопска Котлината како Велодукт од Брдо до Брдо да врзуваат пешанката ако не велосупедусуањето ... вистина Интересно, "што би било кога било" од ваква палеолитска варијабила дури и само како необавезно думање на ваков еФорум е интересно, а не пак истата општетсвено да се тимари како научна проекција бар од ракурс од Општонародна Одбрана ...  крц крц крц, ако сакате СФ-от да ви бидне попстрактен него врзан строго за арпаџик или футуристик транспортни модови, тогај комотно приклајте в синопсис и' метафизички Ангелски прелети и како тоа се чини во сета каузална сплотеност од земна реалност, т.е. колку и како на Ангелите ќе им ја оленуваме работата доколку делуваме трезвеноумно сплотено во дименионирањето на нашиот Соживот што поефективно, во случајов транспортно сообраќајно визионерски, било тоа работно било животно, кое, Славеј ... на Грифон кој се Возит по Воздухо ... Визија но не на телето туку Телосо, онака што Мајка барате на Овој Свет и во ова време од Својо а што од заедничкио Живот, конекција до конечното или пак Бесконечното!?, и дали до сето тоа одите По Пат или Попатно илити Напатено!?, вистина и само Скопје со Прилеп а не па Битола што ќе се спои флат левел Патно, та ќе принесе на мнозина прилика за полезет конеција на многу нивоа, потпрашање е Зошто не и повеќе, и/или кој треба да повлече нога кон таква иницијатива меѓу урбанистите архитектите инжињерите бизнисмените академиците итн. логично  за срочување што подобар бар Проторен План каде општокорисни идни смерници за потенцијали во даден транспортен мод треба да се форсираат, во какваи околности какви базични идеи треба да се калкулираат како поенцијални решенија и нивна приориРетизација, Р за да бидне и реосигурана таква волја за транспортен бекап ко Вело Автопати на утре и една лента ет доволно да им се даде на Запреги та ето лезет уредно економско функционирање на оваа Заедница дури и во склет околности, конечно тоа би било интересен урнек и за други како можат од Експандирана Вело Волја (и Рурално) да се добие бонус за едикои ризични времиња, практично ваквите Вело Автопати би ги прателе некогашните стари антички рути земено географски, а така поврзани и многу Села попатно, јеп некаков чудно интересен ревајвл на она што некогаш било како Правец на движење транспорт ресурси можности итн. ритам на Рурален Живот ...

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 345

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.104 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.