Паркови (општо) |
Post Reply | Page <1 242526 |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19539 |
Quote Reply #501 Posted: 25-Jun-2023 at 14:55 |
Мега паркот во Ѓорче Петров
https://www.facebook.com/photo?fbid=668065318696163&set=pcb.668069902029038 |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19539 |
Quote Reply #502 Posted: 25-Jun-2023 at 17:09 |
ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ГОЛЕМ УРБАН ПАРК
Гевгелија, по подолго време, ќе добие голем урбан парк. На просторот пред станбениот комплекс на булевар „Гевгелија“, познат како „Социјални згради“, ќе никне нов Градски парк. Станува збор за досега најголем уреден простор во градското подрачје на Гевгелија, на површина од 6.000 метри квадратни, наменет за одмор и рекреација. По изработката на проектот, завршувањето на тендерската постапка и изборот на најповолен изведувач, започнаа подготвителните работи. На почетокот од расчистувањето на локацијата, на просторот кај вториот кружен тек на булеварот „Гевгелија“, од едната страна и улицата „Сава Михајлов“ од другата страна, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во воведните работи за реализација на овој значаен еко-проект. - Согласно проектот, паркот ќе располага со хортикултурно-уредени зелени површини, пешачки патеки, партерно уредени со павер елементи, урбана опрема и современо осветлување. Воедно, тука ќе никнат и нови садници со кои ќе придонесеме за зголемување на зелените површини во нашата општина, истакна градоначалникот Андон Сарамандов, нагласувајќи дека за реализацијата на новиот урбан Градски парк се обезбедени 6.500.000 денари во Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. Изградбата на новиот Градски парк, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сармандов, ја најави на 26. седница на Советот на Општина Гевгелија, информирајќи ги советниците дека на избраната локација, согласно Урбанистичкиот план, беше предвидена изградба на станбени згради. Но, имајќи ги предвид барањата на граѓаните и недостигот од зелени површини, донесена е одлука за пренамена на земјиштето и изградба на нов градски парк, со што ќе се подигне квалитетот на животот на граѓаните во Гевгелија, истакна притоа Сарамандов. Со уредувањето на просторот кај кружниот тек на булеварот „Гевгелија“, гевгеличани ќе добијат најсовремен, хортикултурно-уреден и модерен парк. Во паркот покрај изградбата на пешачки патеки, ќе бидат поставени 40 клупи за одмор, 18 корпи за отпад, како и два парковски држачи за велосипед. Исто така, целиот парк ќе биде осветлен со 25 лед светилки. По изведбата на градежните работи и поставување на урбаната опрема, ќе се пристапи и кон хортикултурно уредување. https://www.facebook.com/profile.php?id=100071471694876 |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19539 |
Quote Reply #503 Posted: 07-Sep-2023 at 17:33 |
Аеродром за младите и идните генерации - пуштен во употреба паркот „23 Октомври“ во Стар Аеродром https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19539 |
Quote Reply #504 Posted: 08-Sep-2023 at 13:50 |
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19539 |
Quote Reply #505 Posted: 25-Oct-2023 at 16:59 |
Првиот и единствен мега шаховски парк во Македонија, се гради во Кисела Вода
https://www.facebook.com/photo?fbid=871093061310651&set=pcb.871094744643816 |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19539 |
Quote Reply #506 Posted: 30-Nov-2023 at 17:59 |
ИЗГРАДБАТА НА СМАРТ ПАРКОТ ВО КУМАНОВО ТРАЕ 20 МЕСЕЦИ, ПОТРОШЕНИ СЕ 220.000 ЕВРА И ФАЛАТ ПАРИ ДА СЕ ДОВРШИ
Никако да заврши реконструкцијата на најстариот парк зад автобуската станица во Куманово, кој требаше да биде паметен и модерен простор за рекреација граѓаните. Наместо за 6 месеци како што првично беше најавено, реконструкцијата се влече повеќе од 20 месеци и нема изгледи дека наскоро ќе заврши. Граѓаните и советниците во Советот на Општина Куманово реагираат дека паркот две лета е неупотреблив бидејќи нема урбаната опрема. Единствено што е во функција е паркингот кој беше изграден на дел од зеленилото, првенствено за автомобилите на вработените во јавните институции во тој дел на градот. „Граѓаните се жалат затоа што моментално состојбата е полоша отколку пред започнување на работите. Таму кога ќе излезат луѓето немаат клупи каде да седнат, да одмораат, тие што беа се уништени, а нови не се поставени. Веќе заборавивме кога се почнати работите во Градскиот парк, кога ќе завршат, кој е последниот рок. Зошто толку се одолговлекува работата и постапката, каде е проблемот?“, праша советничката Арта Мемеди Адеми од ДУИ. Проектот „Изградба на смарт парк – Градски парк Куманово“ започна во март 2022 година и го имплементира Центарот за развој на Североисточниот Плански Регион. Предвидува реконструкција на постоечките и изградба на нови рекреативни содржини, како и инсталирање на нова модерна урбана опрема, единствена во градот. Краен корисник на смарт паркот е Општина Куманово. „Проектот предвидува изградба на ново кошаркарско игралиште, парк за миленици, изградба на нови пешачки патеки, како и изградба на паркинг простор. Во рамки на проектот кој е смарт, предвидено е поставување соларни канделабри, паметни кантички коишто ќе имаат сензори што ќе јавуваат кога се преполни за да може ЈП ‘Чистота и зеленило‘ навреме да ги исчисти, а предвидено е и поставување смарт клупи, преку коишто посетителите ќе можат да користат интернет конекција. Предвидено е градежните работи да завршат до крајот на септември, но се очекува дека тоа ќе се случи многу порано“, кажаа надлежните од Центарот за развој на Североисточниот Плански Регион, кога започна проектот. Според првичниот проект вредноста на целата инвестиција изнесуваше 11,22 милиони денари (околу 180 илјади евра), а парите ги обезбеди Биротот за регионален развој и Министерството за локална самоуправа од програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година. Подоцна беше направена измена во проектот поради пропусти во однос на поставеноста на гасоводната мрежа, па Општина Куманово обезбеди уште 2,3 милиони денари (околу 38 илјади евра) заради изградба на рабници, бекатон, шахти, кои не биле предходно предвидени. Сега фалат пари да се доврши. Градоначалникот Максим Димитриевски вели дека поголем дел од паркот е завршен, со асфалтирање на пешачките патеки, поставување на рабници, кастрење и сечење на склонопадните дрвја, изградба на паркинг и пешачка патека на кејот на реката Липковка. Според него, Општината треба да ги добие средства од Бирото за регионален развој, кои ќе ги употреби за довршување на паркот. „Оваа година на Општина Куманово и следуваа 36 милиони денари по основ на рамномерен регионален развој, но за жал ќе добиеме само 16 милиони денари. Тие средства требаше да се на располагање на Општината до крајот на мај, за да можеме да го завршиме проектот. Доколку не ни ги дадат парите од државата кои ни следуваат по закон имаме буџет и во следната година ќе ги предвидиме тие средства и ќе го изградиме паркот како што е предвиден со проектот“, истакна Димитриевски. Тој потврди дека старите клупи се извадени, а новите смарт клупи не се монтирани, бидејќи треба да се обнови електричната инсталација за поставување на ново осветлување на паркот. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/izgradbata-na-smart-parkot-vo-kumanovo-trae-20-mesetsi-potrosheni-se-220-000-evra-i-falat-pari-da-se-dovrshi/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 19539 |
Quote Reply #507 Posted: 13-Dec-2023 at 14:37 |
Град Скопје отпочна со изградба на новиот мега-парк во Кисела Вода
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид во отпочнувањето на градежните работи на новиот мега-парк во општина Кисела Вода. - Со желба и посветеност ја отпочнавме изградбата на четвртиот од 5те мега паркови во Скопје, мега паркот во општина Кисела Вода кој ќе се простира на површина од 52.000 квадратни метри. Со реализација на овој проект кој е дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина. - истакна градоначалничката Арсовска Во паркот се покрај зелениот појас, дрвјата и садниците, предвидена е изградба на пешачки патеки и паркинг за посетителите, урбана опрема и парк за миленици. Посветено се работи на подигнување и уредување на зелени, модерни и еколошки содржини во градот кои се дел од долгорочните решенија за почиста животна средина и почист воздух за граѓаните на градот Скопје. За прв пат по децении завршени се три мега-паркови и тоа во Ѓорче Петров на површина од 32.000 метри квадратни, Аеродром на површина од 27.000 метри квадратни, и во Чаир на површина од 30.000 метри квадратни, а во тек е изведбата на мега-парковите во општина Карпош од 86.000 метри квадратни и Кисела Вода од 52.000 метри квадратни. https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
Carpe diem
|
|
SkMk
Newbiе Joined: 18-Jul-2023 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 18 |
Quote Reply #508 Posted: 13-Dec-2023 at 15:06 |
Во кој дел од Кисела Вода ќе биде овој парк? Претпоставувам е некој дел покрај пругата. Можеби бил претходно најавен дека сега не навеле точна локација.
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15018 |
Quote Reply #509 Posted: 25-Jan-2024 at 18:03 |
Во тек е реконструкција на паркот кај Соколаната во Куманово, фоткиве се од декември 2023 г. Се менува урбаната опрема, а изградени се и неколку фонтани.
https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/photos_by?locale=mk_MK |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15018 |
Quote Reply #510 Posted: Today at 00:05 |
Нов парк во Гевгелија
На зумиранава фотка може да се видат доста куќи во изградба во близина на паркот: Две ноќни фотки: https://www.facebook.com/saramandovandon |
|
За сè има вторпат
|
|
Post Reply | Page <1 242526 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |