build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Природни убавини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пештери во Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Пештери во Македонија
    Posted: 30-Aug-2014 at 16:55
Сега за сега немам некој особени фотографии. Но мислам дек вреди да има ваква тема. Особено затоа што веста со која ја отварам темата е доста интересна.
Откриен нов километар во внатрешноста на пештера во Јакупица
Регион      - Чашка
Сабота, 30 Август 2014 18:04
   

Чешко словачките спелеолози открија уште еден километар од пештерата која започнаа да ја истражуваат пред две години на планината Јакупица, под Солунска глава. Сега истражени се вкупно два и пол километри во внатрешноста на планинскиот масив и потврдено дека оваа пештера е една од најдолгите пештери во Македонија.
„Пештерата е многу тешка за логистика и нови истражувања но пред нас беше голем предизвик. За освојување на тие нови 900 метри беше неопходна беспрекорна оргнизација на тимот и сложен план за транспорт на опремата посебно во многу тесните места. Пештерата е многу проблематична но има потенцијал и продолжуваме понатаму да ја истражуваме нејзината должина,“ рече Карл Кришка спелеолог од клубот Спелродајперс од Словачка.
„Пештерата е комплицирана бидејќи треба да се нурка, така ги поминавме двата сифони по што дојдовме на сув дел. Таму ја оставивме опремата, но по тоа дојдоа многу тесни делови во кои едвај се движевме, а особено е опасно бидејќи се работи за карпест терен со големи тектонски движења,“ рече спелеологот Даниел Лотњан од чешкото спелеолошко друштво.

Овие спелеолози се само двајца од групата која во изминатите десеттина дена ги истражуваа тунели, базени со вода и огромни пештерски хали. Раскажаа како наишле на многу препреки, потешкотии и огромни водени базени кои единствено се минуваат со нуркање. Сепак велат она што во своите пазуви го крие Јакупица и врвот Солунска Глава мора да станде достапно за голем број авантуристи од светот. Тие очекуваат дека барем мал дел од прекрасниот пештерски систем исполнет со високи хали полни со вода со сталактити, сталагмити и оџаци ќе излезе пред очите на обичните луѓе. Во истражувачката мисија со нив беше и Иван Жежовски од Спелеолошко друштво „Пеони“ од Скопје.

„Тој простор сега се освојува, никој жив досега не влегол внатре а понатаму ке му се даде адекватна намена се разбира кога детално ќе се истражи. Сега топографски и фотографски се снима. Подоцна ќе се прават биолошки анализи и други научни истражувања и постепено ќе се става во функција,“ рече Жежовски.

Ова е трета година на подземни истражувања што ги финансира општина Чашка. Од спелеолозите се очекува да ги потврдат првичните информации декаво внатрешноста на Јакупица се наоѓа најголемиот базен со питка вода во Централна Македонија од кои извира Бабуна и уште неколку други реки. Спелеолозите ќе се обидат да ја поминат подземната мрежа и да стигнат од другата страна на планината, се до пештерите на Матка./Б.Н

http://duma.mk/caska/12365-2014-08-30-15-14-57
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Aug-2014 at 17:57
Пријател сум со членовите на спелеолошкото друштво од Кичево,кои се доста активни на ова поле.

Но сите свои откритика љубоморно си ги чуваат за себе и никому не кажуваат за своите истражувања.Имаат откриено прекрасни пештери со подземни езера,стактити ,сталагмити од кои како што кажуваат застанува здивот.тоа го прават бидејќи се плашат од диви препродавачи кои ќе ги искршат сталактитите и ќе ги препродават на странските пазар.цената била доста висока.

затоа додека државата не се организира,овие убавини ќе си ги споделуваат мал број на луѓе.нови членови многу тешко примаат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Aug-2014 at 18:08
Ѓоко што попрво да направи државата. Па ние до пред 8 години не ни бевме свесни што имаме со доминантен самопонижувачки и самообезвреднувачки ментален склоп произведуван најмногу во образованието. Јас се радувам што во последно време тоа се менува и луѓето полека стануваат свесни за богатствата кои ни ги нуди оваа парче земја. Со самото тоа се буди интерес за се поголема заштита и промоција на тие убавини без разлика дали се од природна или културна природа. Затоа веројатно ќе им дојде времето и на пештерите кои досега некако неуспеват да го најдат патот до јавноста, со исклучок на пештерата Врело. Но верувам дека и тоа ќе се подобри. Јас пред две години имав прилика да зборувам со едно девојче кое исто така беше ангажирана околу спеологијата и таа ми покажа доста добра книга за дел од Пештерите кои досега се документирани и се интересни за посета. За жал заборавив како се викаше книгата но беше доста квалитетно илустрирана и со доста корисни информации за локалитетите.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Aug-2014 at 18:17
Еве за истата пештера од друг извор

Пештерата под Солунска глава - најголема во Македонија

30.08.2014 16:45
Не само по името туку и по големина, пештерата под Солунска глава е најголемиот пештерски систем во Македонија. Домашни и странски спелеолози досега откриле и мапирале 2,5 километри од пештерскиот систем што е само почеток на пештера која по својата уникатност веројатно ке се вбројува во најубавите во Европа.


Најголемиот масив во Европа се крие под планината Јакупица, а Големата Пештера под Солунска глава е најголемиот пештерски ситем во Македонија. Ова е заклучок на спелеолозите од Македонија, Чешка и Слобвачка кои веќе неколку години ја истражуват пештерата.

„Почнува да се разгранува пештерата, тоа значи дека навистина ние сме под главната бариера под Солунска глава и дека тука сега ќе влезе комплициран пештерски систем ќе се појави реално внатре бидејки има многу варовники многу вода“ рече Иван Жежовски, претседателе на спелеолошкото друштво Пеони.

Со новооткриените 900 метри, експедивијата успеа да навлезе 2,5 километри во пештескиот систем.

„Откривањето и мапирањето оди тешко. Пештерата е уникатна, има ногу сифони, она што ја прави поразлична од другите пештери се сталактитите и сталагнитите. Некој сифони тешко се пробиваат за наеднаш да се отвори широк ходник со неверојатна глетка и многу, многу вода“, рече Даниел Лутњарас, спелонуркач од Чешка.

Додека спелео нуркачите се спуштаат се подлабоко во пештерскиот систем, спелеолозите работат на мапирање и фотографирање на секој освоен сантиметар.

„Работимке на мапа која откако ќе ја публикуваме во Словачка и Македонија ќе ја објавиме и на интернет. Целта ова е ова што ние го имаме откриено да го види светот“, рече Карол Кишка, Словачки спелеолог.

Десеттемина спелеонуркачи и спелеолози годинава за прв пат јавно проговорија за можноста, овој пештерски ситем да се презентира како потенцијал за развој на пештерскиот туризам.

„Предниот дел може да се стави за туризам во функција овој понатака за сплеолошки туризам, па понатаму ќе се види, рече Жежовски.

И локалната самоуправа размислува за функционално туристичко искористување на овој локалитет. Но отаму велат, потребни се средства. Во моментов се работи на проекти да се стигне до ИПА фондовите, а се очекува и владина помош.

„Ние се надеваме дека ќе добиеме средства бидејки ќе ни требаат за да се изградат патеки до самата пештера“рече Горанчо Пановски, градоначалник на општина Чашка.

Спелеолозите тврдат дека оваа природна убавина, надополнета со исклучително голмато количество вода која се крие под масивот Јакупица е исклучителна, а пештерата под Солунска Глава ќе ја направи една од најатрактивните во Македонија.

Дијана Иванова
http://mrt.com.mk/node/13455
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.080 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.