build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Занаети

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Занаети
    Posted: 30-Oct-2016 at 16:16

Ако меѓу првите општествени занаети биле платеничките војски и романтичните агенти,  велат дека меѓу првите уметнички умешности покрај неолитскиот шнајдерлук било архаичното грнчарство, иако веројатно на него му претходи резбарството на домашни орудија и предмети со се орнаментиката како уметност која подоцна е неизоставен дел од грнчаријата која потем затерала и кон вајање [1]

Метафизички пак веројатно како најблиска човечка особина до Бога после поењето сигурно е каломудрието како создавчки процес, а преку кој и ние како битија симболично сме создадени, само што немаме доволно оган в себе па мора од дрвата да го позајмуваме за да калта ја печеме, за отповеќе и да не думаме, иако на јадењето кое го спремаме и течностите кои ги налеваме во грнчаријата може да се гледа како живот да сме им вдахнале, за така оживеани да не потсетуваат благодарно кон Бога за она што сме, ние ем со слободна волја глазирани како сведоштво за вечната Божја Милост кон своите созданија дури и кога се во падната состојба
до сега индиректно има нешто абер за грнчарија и по форумов расфрлано [1][2] но добро е да се укаже и на некои поспецифични техники односно да се проследи процесот и директно ко на овие две корејски видеа [3][4] кои на некој начин се ука на источно-азискиот марифет за уникатни керамики [5][6][7]

по страна на претек [8] но посекако и кај нас има доста книги и документарци на темава, но на нет нормално потешко да се најдат, еве едно такво немо сведоштво https://books.google.mk/books/about/Grn%C4%8Darstvo_vo_Makedonija.html
грнчари иако имало по сите страни в земјава, попознати биле мајсторите од Кичево, Велес, Неготино и Ресен каде и денес се одржува керамичката колонија во земјава, а воедно и се наоѓа најуникатната керамичка галерија на балканот [1] само штета што тоа таму не е специјализиран музеј каде би се поместиле најголемиот број глинени артефакти од сите епохи кај нас ... овие места и ден денес се матуфи во бизнисо, но не секој бизнис е чиста работа [2] но има и од чисти почисти најчесто заради присуството на Каолин (бела глина) во нивната околина, сепак грнчаријата гајрет има и од боењето односно накнадната орнаментика пред глазирање, техника за која курсаџиски абер може да најдете во МКЦ [3] а се однесува на последната фаза кај керамиката и грнчаријата доколку ви се по мерак мазни и сјајни текстури или соодветни орнаменти [4][5] но барајте абер и како да вајате и каде да печете

[1] http://ceramicartsdaily.org/ceramic-art-and-artists/ceramic-sculpture/a-couple-of-cool-clay-sculpture-techniques/

процесот е едноставен Глината најнапред се просејува по ископот потем замесува со вода и остава да преноќи за вишокот вода да се исцеди, а дури потем со глината може да се работи, за да по изработката се суши под сенка или на сонце зависно од марифетот, а дури потем оди на печење, но сушењето мора да е беспрекорно инаку грнчаријата ќе биде кршлива, а и печењето е приказна сама за себе но за тоа друг нека крши клечки ... исто има и техники со калапење, односно керамиката не се ваја него се лее во гипсани калапи како течна глина повеќе пати за да се оформи слој густа глина од садот или предметот, техника која најповеќе се користи во индустријата за сериско производство или поспецифични орнаменти на цветови и сл. кои претходно се изрезбани па вкалапени во гипс, а која уз ракиичка и виолина најдобро можеше да се научи до вчера в Неготино но незнам како е сега, се надевам има кој сеуште да ја сподели ... дефакто ни треба како земја рурална академија каде ваквите занаети бар сезонски в лето би се реанимирале, а ако не в Ресен тогаш во Охрид како за македонците така и за гостите, што дефинитивно како занаетчиски комори локално или генерално може да го бараме културно и програмски преку ипард-от на ЕУ, но би било пожелно секој занает да има посебна летна школа како за млади така и за возрасни, како би се ставил професионален акцент и би  се одминал трендот да биде само попатна туристича атракција, зар не би сакале сите ние да имаме мевлем изворност при рака [1] а не па истиот да е самоизработен што има поубаво од тоа со свои раце за свои раце мевлем да си напраите
во следното видео надодадена техника како од првото корејско видео погоре, а која е и една од четирите кои се користат на балкан [1]





~

сето ова може да замине и потака, па занатот да прејде во пооригинална уметничка вештина, но со само тоа што секој грнчарски производ е уникатен веќе си има уметничка вредност колку и да не е посебно осмислен, од друга страна  не е секој вичен во вајањето грнчарија, но доколку некогаш сте имале некакво масерско искуство посекако би можеле да се пробате и во овој занает, а ко за почеток интересот може да го подгреете и моделарски со фимо [1] или пак дигитално со фото плочки [2] техника која дополнително би можело да се користи и во сериско штанцање сувенири [3] иако за нив принтер ќе заврши побрзо работа [4][5]
 



Edited by beTon - 30-Oct-2016 at 20:20
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 31-Oct-2016 at 02:02

но за кросовер техники помеѓу старото и новото треба и оштроумност за да не првагне шаренилото тука преку него да се апострофира изворноста, иако експериментално се ќе помине на тезга или саем [1] но запрашајте се дали некогаш би биднало и ко експонат за музеј ... гледајте на грнчаријата како традиција која ја ползуваме од неолитот навака а не обратно, на која освен формата треба да се полира и суштината како преку орнаментите така и преку пораките [2][3]

~

туку пред некое време сретнав кумановчани кои прават домашна органска Тарана и навистина чудово беше и навистина вкусно ем убаво спакувано, но когами рекоа дека ја продаваат само п2п (од пријател на пријател) ме изненади зошто не ги рекламиррат некако производите, на што добив едноставен одговор - не ни се ризикува да отвораме фирма, па и пробав да ги соочам со фактот дека за ваква работа не ни мора фирма него доволно е занатлиска лиценца како производител на домашни специјалитети, домашно ракотворење [1][2] а за што единствено потребен e исо-сертификат и тро инокс плотна каде намирниците се спремаат, штo сторија незнам, но на ова можеби ќе се мотивираат доколку успеат да тргнат од кајмакот на владата резервиран како еднократна занаетчиска субвенција, евентуално им треба ораторска умешност за да ги убедат властите дека Тараната не е само јадење него и локално обележје исто како корите, за полесно да биде покриено со нова занаетчиска дејност како Домашна Храна можеби со нова препознатлива етикета како Домакинка (за специфичен регион)
интересна ми е појавата за Тортијада овдека посебно што на слаткарниците гледам како на индустриско производство, додека за занает би ги зел домашни но традиционалните слатка и производи, а не ова современите хемикалии ко марципани маргарини и шлагои, но сеуште го игнорираме фактото дека треба да ја форсираме традицијатаа не нејзиното одродување, посебно руралните тетки и баби кои спремаат пити зелници и манџи, како најбитна услужна категорија во руралниот туризам

Ќе се доделуваат грантови за креативни занаети - http://vlada.mk/node/1761

11.07.2012 - Занаетчиите ќе добиваат до 5.000 евра субвенции од Владата - http://www.zkomora.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=681%3A-5000-&lang=mk

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ВО ОБЛАСТА НА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ - http://www.kultura.gov.mk/index.php/konkursi/1165-konkurs-za-finansiranje-proekti-od-oblasta-na-kreativnite-industrii

http://rabotaimoznosti.mk/samovrabotuvanje/?lang=mk [1] гипсани калапи на фотка од линков

да биде појасно занает порано било се' [1][2]




Edited by beTon - 31-Oct-2016 at 02:02
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 31-Oct-2016 at 14:41

да не излезе дека нишкава е наменета само за занаетчии, секако, секое хоби може да прерасне во занает доколку успеете од тенекињава да се дефокусирате, што и не е така едноставно дури и кога е очигледно [1] но доколку не сте стекнале некое во училиште дал по секции или додека сте дремеле во последна клупа тоа можете да си го допуштите и сега, бар креативно по дома плакнејки зидои со спрејови [2] па и четки [3] навистина денес најлесно е да се станете уметник макар немале никакво искуство, само повикајте се на современата уметност, читнете некој арс-акта артикл додека кревате атеље ~ во поткровје подрум гаража па и в двор под печурка ~ и ете одете зачленете се во занаетчиска комора како фантастичен филигранџија на рециклирана уметност или умешност од која нормално може да произлезат убаи огради ако не скулптури, а зошто не и пејсажни енформели со мов и цвеќиња извозени, можеби и како електро икебани распродавани за ич-пари
ова со субвенциите е прилика за секој еден занаетчија, па и хобиста кој би се усовршил или преквалификувал во некоја област дали со курс или диплома, а како би бил подобен и формален за занаетчија, нормално за сето тоа распрашајте се во занаетчиската комора во Скопската Чаршија, а после се би ви препорачал околу занаетот да размислувате и интерактивно рекламирајки го по надвор дали на etsy или пак самостојно како дел од трошоците за субвенционираниот стартап ... но за да ве препознаат со леснотија терајте и со герила зарзават, она занаетлукот изложувајте го и на подвижна тезга ко хеџбек гепек по квартови и места каде би имало заинтересирани, пример плетени кошници и која и да е сламена уметност најлесно ќе ви помине блиску до ресторани, посебно ако во истите имате и по некој цвет како дополна за романтичните муштериите кои влегваат или излегваат од меана ... пазете само да не ве изгорат инспекции за ова бидејки кај нас сеуште не е законски регулирана подвижната продажба на занаетчиски производи бидејки ко такви ги третираат во ист кош со аголните пазарџии, но и тие доколку запазат хигиена имаат фискална неправат галама и сл. лично не би имал проблемдаги има на секој чекор наместо напикани само во еден два пазара в една општина, нека ги стандардизираат пример паркирани униформно со уникатни тенди и на уникатни места како влез на паркови та ете и органско решение за сите рашетани да си освежат од прва рака со прва класа прошетките, доволен мотив за вакво нешто да можат да аплицираат само домакинства кои се директни органски производители за да се избегне петпарачки прекупци на прсканици да тормозат народ со увозен бедотилак, тие нека си тераат топтан резервирани и гетоизирани само на пазари, а и таму треба да бидат обележани дека се некако напудрени, па и со што, доколку сакаме свесни и здрави купувачи, но ајде сиромаштија та за ова може само да сонуваме се до следната светска рецесија, кога потешко ќе се најдвит хемии за по ниви и оранжерии!
туку ме изненадува зошто сеуште немакај нас фурни кои би испекле јадењето, нешто што беше тренд порано на Халкидики туристички, а сега евентуално што го чинат со јагниња и прасиња кај нас но не и со Тави и Зелници по малџиските фурни, но кога и тие со занатлискава реформа ќе се намножат ќе немаат друг избор него да ја прошируваат понудата, хм пред работа тавата да си ја занесете до фурна а да си ја подигнете на враќање нормално доколку имате доверба во пекарите односно ви се токму малџии и ги знаете ... но муабетот може да затера и потака [1][2][3][4][5]





Edited by beTon - 31-Oct-2016 at 14:51
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Mar-2019 at 15:15
 
современа занаетчиска дејност чинам е блогирање, која ако не прешалта на комерцијализација на портал спалснува, или штом премине на форум биднува енциклопедиско хоби со простор за отповеќе културен сеир и чалам, а ако прешалта на фејкбук биднува воајерско-малџиско играње џамлии, но доколку си остане на блог си ет е-дневник за никаде освен за по дома, ако се има предвид дека мега-локална блогерска платформа немаме, а оние споредните ко тукашната на билд се повеќе за бизнис ориентирани ликои, республика за удбалитичари, евентуално https://moirecepti.mk/ да се смета за таква тематска платформа ...

битно моето блогирање на билд како хоби заврши, одилгивлечено цела деценија додека премерував домашни проблеми или попрво чекав да видам каде како ќе завршат онака по грешка, но сконтав битен момент дека еФорум може да биде навистина опптествено корисна е-алатка на повеќенивоа, но фракинг социјалки па замина Народ ут амбис, мислам онаков малџиски, точно блог е ко дома, фејкбук ко на клупа оред зграда, а форјм бреј ко на средсело, логично кај нас бидејќи не се знае кој со кого пие кој каде јаде та домата некому му ет средсело и обратно, а малџиите секаде се, битно некако центрифугата си врти а од хобијата нема аир освен креативно потрошено време ако е тоа за утеха, ете низ 4-ри профили колку ги имав на билд а со сите нив сторени +10к постови, можам да кажам блогирањето тука на еФорум ми беше мелем за душа но не и за дебата бидејќи жив чоек не налета за муабет, освен сеир, ко за беља технички еФорум, се прашум кога занаетчиите на времето би имале слична можност дали би ја користеле некако, дали ќе излегвале на мегдан или ќе си терале сеир и тогаш, бар сега е така кај нас иако другде и те како користат вакви е-платформи за тематски и стручни еФоруми ... чунки сите чекаат тука закон да ги примора како здруженија на ваква реалност, бар како би си архивирале на ачик проектите, но пак и тогаш полесно ќе биде блогерски да си тераат, или пак правдаат како и на фејкбук имало некакви форуми, а всушност немањето ред е заради немање компас каде што како може, еве јас иако си терам блогерски на еФроум немајќи никој за дебата та и ме толерираше администрација, и едно големо официјално Благодарам за тоа ...


Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 14-Jun-2020 at 09:44

да не излезе недоречено и тука, како тоа, еве абер кога и зошто се навратив, а како резултат на тоа се изнедрија разни лесно интересни думања, помалку или повеќе битни, иако доволно провокативни за бар утре некој нанив да се надоврзи некако макар и контра, битно излегует и навистина дека Блогирање е Занает, но за кој треба трпение, освен добра платформа [1][1][1] прво бидејќи нема кај нас сеуште содветен е-простор по испарувањето на blog.com.mk т.е. blog.mk, та мора Чоек да импровизира како знае и умее, ем на крај од тоа единствен личен аир би му било евентуално себеправдање пред се’ дека блогерски на еФорум ако распали тоа бар ко личен букмаркбин (иако реално бидејќи на ачик и Народен) му се исплати, иако ако тој некој блогер има задни намери тоа би било опасен терен ако вака утре некој ваквиот Занает Блогирање по ист аршин форумски го завози, тоа и најдобри намери да имаш та знае да излезе многу што од колосек, во најмала рака бидејќи таквио е-форумски блого-спамер би гушел дискусија на еФорумите, наместо да си има свој Блог кој само би го фуснотирал низ концизните форумски абери, а во најлош случај вака може да се дефокусира цел Народ налик мас-спамирање, а некој така може и да индоктринира лесно Народ утре и’ сред невладини или институционални еФоруми! конечно Треба разбирање да се има за секого, и на тоа сите да се потикнуваат, еве мене сега ме толерира тука Администрација бидејќи и така форумо е во континуитет занемарен од сета научна бизнис мајсторска итн. фела, речиси ко да се разбравме дека со подфорум како Наука и Технологија може само да се обидиме да доанимираме што повеќе Млади да ни се приклучат, иако логично за ваквно нешто треба засебни еФоруми по факултеттите и училиштата, бар нашта викиПед да ја оправаат, додека тука главен фокус на форумов треба да се главните теми, но еве и во останати летнуваат супер спунтои, само што во недостаток на дебата тие се нашпрни за мнозина придојдени а не живозасегнати од дадена тема, оди ти Демографија стави ја офтопик, оди Географија ставија во офтопик, дефакто Народе еФорум на кој нема институционален пандан може треба да биде што попрочистен, но дека тој ќе стане Институционален еФорум тоа тешко, а дека пак некогаш тука експерти ќе се фатат на дебатно оро, хм, еве се покажа после цела деценија дека тие би попрво на фејкбук или пред телевизор да дремат но не и тука бар Млади да подучуваат, ко да немаат тие ко пензионери никаква општествена одговорност, ко да им дошол ред за да тријат воајерски очи на фејкбук, наместо да се трудат каде би остаиле своето искуство за својте внуци комшичиња сограѓнчиња на Ачик, може чекаат некој за тоа да и плати, точно ќе ги праша Господ кого како вие помогнавте за да очекувате дека ќе ви биде помогнато а не пак да биднете наградени!?

http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=31517&KW=webgate&PID=3156645#3156645


што е ризик кој може да се регулира само со озбилна стандардизација, можеби за почеток прирачници за Модерирање Дискусија, нормално потоа Закони кои би стимулирале Добра Форумска Дебатна Пракса (за на институционални недвладини или општински еФоруми) прецизно уредеби како кој смее може и каде колку нешто е дозволиво како аберисување или изразување, за сето тоа Утре да биде заокружено и со Дебатни Клубови или Часови при Училишта или пак Училишна Програма, хм, додека имаме вакви еАлатки не ни текнува како Оштество како правилно а не пак максимум да ги впрегнеме, најчесто очекувајќи дека тоа е должност на политичари или административци, но и на невладини, а еве пр. тука на Билд најнародно сме се здружиле па од тоа сите некако фајде имаат, та ето парадокс да оние кои мора и треба максимално да ги впрегнат и користат ваквите еАлатки тие на уши си спијат, а на оние кои буквално истите им се ко Хоби затерани стануваат пополека некакви ендемични видови Сограѓани кои пак ако случајно испарат дури и Народ непаднал депре бидејќи се навлекол на нивната вожња некако, таквиот вакум штом утре го пополни некој потпросечно еФорумски, Народ сетне веднаш почнуе на форумите да гледа ко вишок, и наместо да се домотивира како да скубне од безидејноста на фејкбук-алајк-социалките Тој дополнително таму се затвора!

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1041&PID=240418#240418


а таму Чорба, мозоко разумот емоциите душата кафа ако не како му стануваат кои посетне некои банкорп елити си ги мезат натенане, и ако и тоа е хумано, да забораиш на ближните за да сервисираш нечиј туѓ кашаталистички раст и развој, нечие безлично глобалистичко братсво и единство, некоја далечна утописка фатаморгана за виртуелна иднина која само што не дошла и сите рајски ги усреќила, за на крај кога некој тоа и ви го испорача вие да сте толку навлечени на лајкохолизам-дрогата но од туѓ бунар црпена заради туѓи есапи и аири, да и да сакате да дадете потоа отпор на тамошното алгоритамско лоботомирање вам ќе ви бидне тоа налик зошто баш јас да сум спроти матната која матна работа не ни може да видите колку е матна бидејќи оптимизмот го стимулирате блокбастерски-млечно ил шарено, но колку болна ќе биде вистината за мнозина кога ќе разберат на крај дека (а заради таа денес матна кашаталистичка центрифуга, утре пак (бидејќи ист банд стои зад nwo шифтот) матна социјалистичка фурна) вечноста ги скоцкала удолe а тие за тоа иако биле предупредувани ни тронка внимание недале за да се поучат а не пак сконтаат што на овој Свет од се’ што е минливо вреди да брка осигурува реосигурува посакува слини улави, бар во колкава мера таквите минливи работи нема да ги втераат во душепогубни и привремени земни околности а не пак духоносно вечни, хм, вака и Блогирање знае да доведе невидливо до суетност та и идолопоклонство (во кој и да е правец), еве морам да признаам јас сум токму навлечен на вакво електрофизиолошко празнење (ко вие по фејкбуци или твитери) та неретко пишувам онака ко други што си тераат спорт пред тв, но така неприметно се вовлекува една чудна суетна помисла Овој Ли Бе Најде Да Ме Есапи, особено кога ќе чуеш некој те тимарел, а притоа не дошол тука на форум да те потпраша ако не затимари она што сум го изнел во постоите како мој или пак туѓ светоглед за кој јас сум се распишал најонака лефтерно ко за на Народен еФорум, може тој очекуе по социјалки треба виа форум да дебатираме, мислам да бев некаква Јавна Личност или некако фактор та ајт, еве и јас си земам за право такви да табам, особено суштни работи кога се истурени сред Јавност од некој кој е вона-би фактор, но имаш ли нешто да ми кажеш ела отворено е тука искористи додека сум присутен ~ по незнам кој пат повторно назад, но чинам не за долго, само кое фајде од доаѓање тука ако доаѓањето е неартикулирано спамерско-фејкбуковски, та може и среќа тоа не е случај бидејќи затера ли муабето спамерски и јас се демотивирам за понатака во дадена тема да се фракталисуем корегирам навраќам да рафинирам или доелаборирам одредени абери ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Jul-2020 at 02:58



ако Каша ви станала Кафа може утре и за фејкбукување ќе ве субвенционираат

~

иако таму на градска занаетчиска потпора има годиње да се начекате,
како нема кога в Градо ама баш ништо не ет транспрентно
во однос процесот Прв Дојден Прв Услужен, трчаат ли!?

https://skopje.gov.mk/mk/vesti/2019/25-06-2020-javen-povik-zanaetcii/">/https://skopje.gov.mk/mk/vesti/2019/25-06-2020-javen-povik-zanaetcii

https://skopje.gov.mk/media/5618/javen-povik-subvencii-za-zanaetcii.pdf

како воопшто и се досетуваат на вакви спинои!?
ако веќе сакале да ги подржат Занаетчии требало да ги Здружат,
за да затераат и онлајн понуда дали регионална или глобална!



Edited by Zelenikovo - 24-Jul-2020 at 03:03
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.