build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Природни убавини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Преспа и Галичица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 15-Feb-2015 at 12:51
“KORITA” – NATIONAL PARK GALICICA

http://ohrid360.com/listing/korita-national-park-galicica/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 15-Feb-2015 at 12:52
VIEWPOINT BABA – NATIONAL PARK GALICICA

http://ohrid360.com/listing/viewpoint-baba-national-park-galicica/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 25-Mar-2015 at 12:48
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 25-Mar-2015 at 14:14
Колку би било добро Охридското Езеро да се Поврзе со Преспанското со помош на Жичарка преку Галичица. Многу авантуристички би изгледало .
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 25-Mar-2015 at 16:09
Мала Преспа ( Албанија)





Убаво е да се посети овој дел. Има капацитети за туризам.


Edited by Kid_A - 25-Mar-2015 at 16:11
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 11-Jul-2015 at 20:42
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 07-Aug-2015 at 17:53
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 16-Aug-2015 at 21:46

Darko Cvetanoski
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 19-Aug-2015 at 14:17
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3578
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 04-Sep-2015 at 20:48

Стење го препородија со плажава [1] се надевам позитивно, иако ќе му треба исто толку голем камп во продолжение на истата за да брзо се најде чаре за сите хедонисти од Прилеп и Битола кои ќе ја нападнат Преспа во иднина, скопјани лично би ги ограничил на Отешево или Крани инаку бев на први и втори сега, и што да кажам со поубаво изгрејсонце никаде во земјава се немам разбудено на плажа, а претходната вечер и со зајдисонце од Голем Град, уствари самото тоа што човек во овој период е речиси сам на ваква плажа е неповторлив момент, ем утрото озбилно поздравен од маса галеби, чапји и нормално пеликани










Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3578
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 04-Sep-2015 at 21:44

кој небил да оди! толку време одложував за ето најслучајно да улетам, ко за иронија, од внатре слики нема да постирам бидејки местово треба да се доживее само во живо, веројатно едно од ретките свети места кај нас каде крв не паднало, настрана уникатниот амбиент со Птиците, Фојата и Љиљаците Поздрав до Аце веројатно најоригиналниот и најдобриот туристички водич во Македонија ~ ако ви треба превоз дефинитивно не се двоумете да го побарате во Стење ~ иако веќе одомакинет сепак екс скопјанец кој се вратил на своите корени ~ подобар натуралист здравје со оглед дека на мештаните сето ова им е здосадено, плус чоекот е и рибар и фудбалер подобра комбинација за дружба в Преспа здравје ... кајчето 50 евра 5-ца со се вожња околу островот и туристичка обиколка по него

змии хм ни за лек в Септември, плус и вегетацијата веќе спласната та прошетката беше опуштена, а единствена склет дума е опасност од птичји грип патем приличнп интересна археологија оставена на милост и немилост на дивите копачи од сите три држави со оглед дека непречено улетуваат глисери и од кај двата соседи, нормално водената граница е на 300 метри, ко што ми кажваа тие без проблем и риба ловат во наша територија а не па прошетки да тераат, но опуштено и така сме космополити в душа не би им замериле и да го окупираат нели ... него фојата таму хм навистина необичен амбиент прави, може не е далеку од памет да се расее околу цело езеро бар цел реон на мала праспа под паралелата Стење-Сливница патем иако е подалеку до островот возат и од пелистерската страна   






Тајната на најголемиот македонски остров: Голем град го крие дрвото на царот Самуил!

Kако да е во климакс најголемиот македонски остров Голем Град на Преспанското Езеро. Ваков е нашиот впечаток кога вчера го посетивме овој природен резерват каде што се зачувани најгустите шумски заедници на фоја на нашата територија. Kога се симнавме од чамецот и зачекоривме на островот, не пречека пријатна планинска миризба. Се почувствуваме како да сме на Пелистер. Освежувачкот мирис доаѓаше од фојата, зимзелено дрво во вид на смрека, кое првпат корен на островот фатило во времето на цар Самуил.

Не се знае кој го донел, но се раскажува дека било насадено во времето кога престолнината на Самуил била на соседното преспанско острово Свети Ахил.

https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/8/80/Diva_Foja_Na_Golem_Grad.jpg


Фојата се суши, змии се помалку

Од растението што опстанува десет века природата направила вистинско чудо. Нараснало по пет метри со густи крошни кои островот, иако е среде езеро, го прекриваат со сенка. За жал, при нашата посета констатиравме дека дел од фоините стебла се сушат.

- Ова дрво на островот Голем Град било донесено првпат во време на владеењето на цар Самуил. Негова татковина е Kавказ, а тука било донесено од Ерменија. Не се знае точно кој го донел. Но, последниве години се појавува проблем со кормораните, кои застануваат и се оплодуваат на неговите гранки. Нивниот измет, поточно фосфатите, го сушат дрвото -објаснува биологот д-р Никола Христовски.

Додека се шетавме низ фоините шуми, забележавме дека стеблата се обраснати со мов, а земјата со нискостеблеста вегетација. Лиценцираниот туристички водич Рубин Николоски ни раскажа дека последниве години забележана е најголемата стагнација досега во однос на флората и фауната. Намален е бројот на влечугите, зајаците, желките. Но, наспроти тоа, видно е зголемен бројот на кормораните и на нискостеблестата вегетација.



- Има нагласена ниска вегетација, што е резултат на тоа што нема луѓе, а таа го менува осветлувањето на островот и прави проблем за другиот растителен свет. Ниската вегетација им ги јаде минералите на големите дрвја и растенијата - рече Николоски.

Голем Град уште е наречен и остров на змиите. Но, ваквата слика очигледно се менува во последните години. Kога стапнавме на копното, бевме предупредени да внимаваме каде газиме. Но, за време на целиот наш престој не видовме змија, освен два скелета од мртви влечуги.

- До пред неколку години со право го нарекуваа остров на змиите зашто на негова територија постои најголема концентрација на рептили на нашата територија. За жал, изминативе неколку години жителите од околните населени места во Преспа забележале дека популацијата на змиите драстично се намалува. Факторите за тоа се природни и антропогени - вели Николоски.

Пред повеќе години на островот беа донесени мунгоси со цел да ги исчистат змиите. Но, во она што тие не успеаја, денес успева самата природа. Сепак, намалениот број змии само ќе ги зголеми можностите во иднина островот да прерасне во туристичко место. Родено за авантуристички туризам. Голем Град со бреговите крај езерото, планинскиот мирис од фоините шуми и живописните пејзажи може да стане туристичка атракција на Македонија. Нашата посета на островот беше во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, кој се обидува Голем Град да го презентира како дестинација за авантуристички туризам.

- Ова е месец на авантурата „Откриј ја Пелагонија“ и сакаме да докажеме дека Пелагонија е дестинација за авантуристички туризам 365 дена во годината. На Голем Град имате можност да го посетите островот, да се запознаете со остатоци од стари цркви и манастири, со фојата како редок пример на флора. Викендов имавме велосипедски трки до Kоњско и до врвот на Галичица, стотина планинари се искачија на врвот на Галичица, тандем-скокови со параглајдер и неповторлива шанса да се набљудуваат Преспанското и Охридското Езеро од птичја перспектива - изјави Емилија Ѓероска, директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

И ПРЕСПА ИМА СВОЈ ЗЛАТEН ’РТ

Меѓу живописните плажи кои имавме можност да ги видиме од чамецот додека пловевме кон островот, а се наоѓа меѓу населбите Стење и Kоњско, е Ротон. Ова е дива плажа и тешко достапна за посетители. Но, по својата убавина личи на Златен ‘рт од Бол на јадранскиот остров Брач.

Имено, ветровите што ја дуваат од двете страни на ситниот песок му дале триаголна форма слично на најпопуларната плажа на Јадранското Море. Оние што сакаат да го запознаат овој крај може да се сместат во Стење, од каде што со чамец се стигнува до многу диви плажи и до Голем Град.

ЗАЧУВАНИ СТАРИ БАЗИЛИКИ И ФРЕСКИ, НО ОШТЕТЕНИ

Меѓу густата вегетација на островот се кријат остатоци од стари цркви. Најзачувана е „Свети Петар“, чија базилика е од 5 век, а била доградувана до 15 век. Црквата секоја година привлекува научни експедиции. Внатре се зачувани делови од средновековниот фрескоживопис. Но, некултурни посетители ниво текот на годините уништиле дел од него со свои потписи.

http://media.mk/article/119166/tajnata-na-najgolemiot-makedonski-ostrov-golem-grad-go-krie-drvoto-na-carot-samuil


Edited by Max - 24-Sep-2015 at 10:33
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 04-Sep-2015 at 22:59
а кај се змиите??? не се валда изумрени
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3578
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 07-Sep-2015 at 21:31

безрбетниците најчесто се околу брегот при вода, но бидејки есен многу веројатно испикани се по тоа пештерите во Островот, целиот просто е варовник карстен, инаку поскоци се смета дека има 500 единки а водни змии сигурно 5000 но во овј период изгледа бегаат кон копното околу езеро каде е потопло заразлика од островот, веројатно во егејскиот дел кон село Нивици ко најблизок залив



еве интересна репортажа Птиците владеат со Змискиот Остров

видеово не може да долови ни 1% од атмосферата до-на-од Островот, инаку според мојот водич птиците фојата не ја сушат само од источната страна туку секоја година пополека ротираат околу островот, а изгорената фоја пополека се регенерира, и се така в круг



Свети Петар е третото име на овој остров, кое го добил по името на црквата што се наоѓа тука. Името Голем Град, пак, укажува на тоа дека некогаш бил населен, а тоа го потврдуваат и археолошките пронајдоци, меѓу кои има и остатоци од куќи, некропола и цистерна од римско време

ГОЛЕМ ГРАД

За убавините на нашата земја е пишувано и се истражувани неброено пати, но и покрај тоа има многу места за кои може да се најдат малку или воопшто не може да се најдат податоци. Низа локалитети им се познати само на локалните жители, па дури и не се означени на интернет-мапите. А тоа, секако, е потребно и за домашните и за странските туристи што патуваат низ Македонија.
Токму ова беше мотивот за иницирањето на проектот „Раскажи ни за Македонија“, кој ќе опфати серија репортажи од локалитети што се недоволно туристички експонирани или, пак, нераскажани приказни за места за кои навидум мислиме дека знаеме сѐ.

Камења и змии што ползат дури и преку стапалата, ваква е сликата што ја имаат во глава многумина што само слушале приказни, а никогаш не го посетиле најголемиот преспански остров - Голем Град, чие второ име е токму Змиски Остров. Вистинската слика е поинаква. На нашата неодамнешна посета на овој мал рај видовме само еден скелет и една единствена водна змија - рибарка, во водата, на заминување. И таа избега со исклучителна брзина во истиот момент кога нѐ забележа.

- Ако сакате да видите змии, треба да го посетите островот напролет, во април. Тогаш им е сезоната за размножување и најактивни се. Но, дури и тогаш, популацијата на змии е многу намалена, биолозите велат за 40 отсто. Езерото не е тоа што беше, намалено е нивото на водата за осум метри, се гледа и по карпите. А водната змија се храни со мала риба, со белвица, значи и храна има помалку - вели Митко Тасевски од селото Коњско, нашиот придружник на ова патување.

СЕ ОДИ РАНО НАУТРО

Коњско е последното село од македонска страна пред границата со Албанија. Од Стење е оддалечено помалку од осум километри, но патот е неасфалтиран и кривулест, па не е препорачливо да тргнете со ниска кола. Во придружба на ренџерот Горан Стојановски од паркот на природата Езерани, кој одлично го познава теренот, пред 7.30 часот веќе сме на целта, на брегот на Коњско, каде што нѐ чека чунот на 62-годишниот Митко.

- На островот се оди рано наутро. Најдоцна до 14-15 часот да си назад на копно. Попладне езерото е непредвидливо, знае ветер, далга да фати. Колку пати се случувало туристи да не слушаат, па да останат заглавени. „Алфи“ и „тигри“ ги спасувале - раскажува тој.
Голем Град, кој е прогласен за природен резерват, дел од националниот парк Галичица, е најблиску токму до Коњско, на оддалеченост од 4,85 километри. Со чамец се стигнува до него за 25-30 минути. Турите оттука чинат 1.500 денари, а чамецот собира пет патници, не сметајќи го водичот.

ЦАРСТВО НА КОРМОРАНИ И НА ПЕЛИКАНИ

Наближуваме кон островот, а Митко повремено забавува, за да можеме да уживаме во импозантната глетка што нѐ пресретнува. Во далечината полека се појавуваат контурите на фојата, ендемично зимзелено дрво, карактеристично за преспанскиот крај. Шуми од фоја ќе најдете само на овој остров, поради специфичната микроклима, а овде-онде понекое дрво низ Галичица и низ преспанските села. Овие што ги гледаме имаат сребрено-бела боја, а врвовите им се зацрнети. Всушност црните точки се илјадници корморани што се гнездат на источната страна на островот.
- На оваа страна фојата е исушена. Не е изгорена од болест или од човек, туку од кормораните, од нивниот измет. Тие се хранат со риба, а киселината од рибата ги суши дрвјата. Ќе видите, од западната страна фојата е сосема зелена. Кормораните не се гнездат на запад, таму им е постудено - ни објасни Митко и додаде дека од секое гнездо излегуваат по 8 до 10 мали корморанчиња.

Овие птици доаѓаат некаде во мај, во јуни почнуваат да ги несат јајцата, а до крајот на јуни веќе се пилат. Ги има и зиме, но значително помалку, зашто бегаат на потопло, кон Грција.
- Кормораните нуркаат и им ги носат рибите на пеликаните, а овие само ги фаќаат - вели Митко.
Пеликаните, пак, се гнездат во Грција, но доаѓаат тука. Кон крајот на август веќе почнуваат да заминуваат. Кадроглавиот или далматински пеликан е загрозен вид, а дури 70 отсто од светската популација доаѓа на Преспанско Езеро. Освен овие, може да се видат и сива и бела чапја.

ЧОВЕКОТ Е НАЈГОЛЕМИОТ ЅВЕР

Некогаш островот имал три пристапи, од различни страни, кои ги користеле во зависност од тоа од каде дувал ветерот. Пристаниште имало само на пристапот Свети Петар, но денес го нема, потопено е. Другите два пристапа, Влаија и Гојдарица, се сосема затревени и во моментов не може да се користат.
- Кај што некогаш биле плажи, сега се капини - коментира нашиот соговорник.

Тој до пред неколку години работел како чувар на островот. Освен тоа, ги возел и ги придружувал научниците што доаѓале да истражуваат - биолози, археолози... Биолозите доаѓаат двапати годишно, по една недела, а археолозите годинава не дошле.

- Од 1958 година имало чувари тука. Кај нас тоа беше традиција, дедо ми беше чувар, па татко ми, па јас. До 2011 година беа последните, потоа наводно немало средства, немало потреба и нема чувар. Ќе видите, таблите се оштетени, на фреските во црквата се потпишувале, а убаво си има тетратки за таа работа. Човекот е најголемиот ѕвер на островот. Треба да има чувар, друго е. Знаете како викаат, падарот не го чува лозјето, стравот го чува. Ако има падар, ќе си мислиш дека ќе те фати, ќе те види - вели Митко.

ПОРАНО БИЛ НАСЕЛЕН

Тој го исклучува моторот и со веслата нѐ доближува до брегот на пристапот Свети Петар. Во бистрата вода се гледаат остатоци од старото пристаниште. Свети Петар е третото име на овој остров, кое го добил по името на црквата што се наоѓа тука. Името Голем Град, пак, укажува на тоа дека некогаш бил населен, а тоа го потврдуваат и археолошките пронајдоци, меѓу кои има и остатоци од куќи, некропола и цистерна од римско време.
- Овие камења некогаш биле скали. Ги направиле монасите што живееле тука. Последниот, Калист од Србија, заминал во 1936 година. Веднаш покрај црквата е монашкиот конак, но ако не знаете дека е таму, нема да го најдете, зашто е обраснат - раскажува Митко.

Црквата „Свети Петар“ е вистинска реткост, поради тоа што има фреска на надворешниот ѕид. Изградена е во 14 век, но на темели од ранохристијанска базилика. Богослужби има обично за Петровден. Ја грдат само потписите на несовесни посетители. Митко е во право, нема поголем ѕвер од човекот.
- Заради безбедност, треба да се движиме по обележената патека, иако и таа е доста покриена со вегетација. На некои места има и паднати дрвја - нѐ потсетува Митко додека пешачиме меѓу фоите.

Немаме таква намера, но самото наше присуство им го нарушува мирот на жителите на островот.
Кормораните нѐ облетуваат бегајќи од дрвјата штом ќе наближиме до нив.
- Цистерната од римскиот период има отвори за да збира дождовница. Има и корита за капење. Подоцна, во 12-14 век, овие остатоци биле искористени за црква - вели нашиот водич.
Меѓу интересните пронајдоци е подниот мозаик во ранохристијанската базилика, како и просториите што се јасно видливи речиси во сите остатоци од објекти.

Час и половина се доволни за да се обиколи островот и да се видат откриените артефакти, но премалку за да се впие раскошот што природата штедро го истурила. Сепак, ја завршуваме обиколката и се враќаме кон чунот на кој се вее македонско знаменце.
- Мора да се знае под чие знаме пловиш - вели Митко.
Чамецот ја пара тишината. Езерото им останува на птиците. Нам - мирот во душата.

Над Сливница се гледаат трите преспански острови

Само од едно место, над селото Сливница, на спротивниот крај од езерото, се распостила неверојатна глетка и како на дланка може да се видат сите три преспански острови - нашиот Голем Град, Мал Град (Свети Павле) во Албанија и Свети Ахил (Аилиј) во Грција.
За жал, тура со која би се посетиле сите три во моментов не е толку едноставна за изведување. Иако Мал Град не е далеку од Змискиот Остров, езерска тура не е можна, бидејќи не е регулиран водниот сообраќај на меѓудржавно рамниште. За да го посетите, пак, Аилиј, до кој од копното е изграден и мост, ќе треба да одите преку граничниот премин Меџитлија, бидејќи преминот Маркова нога, кој е покрај самото езеро, не е функционален.

- Од наша страна сѐ е подготвено, а имало и иницијатива. Од грчка страна нема асфалт во последните пет километри. Уште и волја треба - вели ренџерот Горан Стојановски.
Тој додава дека двете езера последен пат биле споени во 1960-тите години, кога водостојот бил повисок.
Манастирот „Свети пророк Илија“

На враќање од Голем Град посетете го манастирот „Свети пророк Илија“, оддалечен два километри од селото Коњско, или шест од Стење. Од патот се одвојува друг пат, планински и стрмен. Автомобилот ќе треба да го оставите некаде на почетокот на тој пат и пеш да се спуштите до манастирот.
- Она што е „Канео“ за Охрид, тоа е „Свети пророк Илија“ за Преспа. Нема поубаво место - вели Горан Стојановски.
И навистина, овде времето како да запрело и сѐ што постои е прекрасното синило на езерото во кое се огледуваат облаците. Се претпоставува дека малата црква, покрај која се наоѓа обновен конак, е изградена во 1870 година, а обновена е во 1922 година.


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3578
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 19-Feb-2016 at 11:11


многу веројатно муабетов е од типот на верувале или не митови и легенци [1] но ко таков го имав чинам читнато во книгата на Спасе Шуплиновски за Преспа, чинам таа беше, а доколку има некој абер нека посочи грешам или навистина се врвело од Коњско до Голем Град ко преку река, нејсе легендата вели дека Самоил додека не ја преселил престолнината од Девол во Охрид  го користел островов како летна резиденција, се смета дека Девол бил тука некаде меѓу Стење и Отешево

мостот велат бил понтонски со кајчиња, а и јас кога тоа го чув ми делуваше ко преамбициозен потфат за наши услови и во тие времиња, но имајки предвид дека чоекот бил Цар со територија од Солун до Задар па и не звучи толку невозможно вакво нешто, еве како тоа би изгледало по кинески стандарди  

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3147&PID=208967#208967

камо и сега да имавме една ваква атракција, но не би сакал и денес да се најде некој волку амбициозен, со оглед опасноста таквиот мост да бидне закрпен со метални буриња наместо дрвени кајчиња,  ајде може ќе пројде компромис од метални кајчиња, но и тие ако не ги финансира европа тешко дека некој наш домакин со лезет би ги донирал!? како и да е, ако Островов е Срцето на Преспанско Езеро понтонски мост би бил туристичка аорта до истото, а која евентуално би ја пазела некоја спасувачка екипа од НП Галичица, макар имал само сезонски карактер, иако штом вакво нешто постелат нека гледаат здраво да го направат та и есенски и зимски бури да може да издржи... 




Edited by Max - 19-Feb-2016 at 11:22
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 04-Jun-2020 at 18:14
Национален парк Галичица ги обновува информативните табли и патокази



Националниот парк Галичица, кој изминатите години е една од најпосетените туристички детинации во земјата. почна со ревитализација на системот на патеки во вкупна должина од 202,6 километри и обновување на информативните табли и патокази.

Ревитализацијата на системот на патеки започна во април 2020 година, но заради ситуацијата со пандемијата на КОВИД 19, активностите беа со намален интензитет, секако, во согласност со мерките и препораките на Владата за заштита и превенција од Коронавирусот КОВИД 19. Ревитализацијата ќе биде завршена кон крајот на јуни 2020. Со обновувањето на инфраструктурата долж системот на патеки ќе бидат целосно заменети 66 информативни табли и повеќе од 100 патокази. – информираат од НП „Галичица“.

Националната установа работи и на изготвување на Планот за управување со НП Галичица (2021-2030 година). Во изработката учествуваат вработени во установата и надворешните членови на тимот за планирање, кои се претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, стручни невладини организации и институции од областа на животната средина. Планирано е заклучно со 31 декември 2020 година Планот за управување со НПГ да биде одобрен и донесен.

Националниот парк, како што информираат од националната установа, ја промени и стратегијата на финансирање, целосно запирајќи ја сечата на огревно дрво.

Во текот на 2018 година, ЈУНПГ започна со трансформација на своето работење во делот на обезбедување средства со кои се финансира заштитата на природата. Дотогашната пракса за целосно покривање на оперативните трошоци со приходи добиени од директно искористување на природните ресурси (главно сеча и производство на огревно дрво) почна да се менува со зголемување на приходите генерирани од туризам. Во 2020 година, ЈУНПГ донесе одлука за целосно запирање со директното искористување на природните ресурси, т.е. прекин на производството на огревно дрво.

Во фокусот на Националниот парк е заштита на  планинските пасишта кои се „жариште“ на биолошката разновидност, како и обнова и заштита на фауната. За таа цел кон крајот на 2019 година беше изграден репродуктивниот центар за европски елен, во чии рамки со внатрешно оградување функционира и центар за спасување и рехабилитација за повредени и запленети животни, како и прилагодлива (карантинска) област. Репродуктивниот центар е со површина од 86 хектари и се наоѓа на локалитететот „Косто бачило“. Во него се сместени 30 елени, 24 женки и 6 мажјаци, а минатиот месец  тука се родија и првите еленчиња.





https://www.ohridnews.com/nacionalen-park-galichica-gi-obnovuva-informativnite-tabli-i-patokazi/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 04-Jun-2020 at 18:29
Поглед од "Сирханско Кале"



Планинска куќа „Шарбојца“



Над Трпејца



Репродуктивен центар за Европски елен





Извор: Национален парк Галичица
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 01-Oct-2020 at 22:40
Преубаво видео, од 6-та минута има прекрасни воздушни кадри на островот Голем град, може да се види и црквата на него, како и остатоци од стари градби

За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.124 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.