build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Депонии и комунална механизација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 03-Feb-2012 at 14:38
НОВИ МЕТЛАРКИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КОЛОВОЗИТЕ И КАМИОНИ ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ


Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи “, денеска /03.02.2012 година/ ги промовираа новите две специјализирани возила за чистење на коловозите- метларки и 5 мали камиони за собирање смет за ЈП „Комунална хигиена“.


- Градот Скопје за потребите на ЈП„Комунална хигиена“ набави две нови возила – метларки коишто ќе се користат за чистење на коловозите на улиците низ градот. За набавка на овие возила од Буџетот на Градот се издвоени околу 18 милиони денари. Од 2009 година до сега за потребите на ова јавно претпријатие Градот има набавено 40 нови возила, со што значително е подновен возниот парк на претпријатието и е подобрена општата хигиена во градот - изјави Градоначалникот Трајановски.

Новите возила, метларки се од марката DUREVO, тип 5011 SWEEPER, со работна зафатнина од 4,485 кубни метри, а се произведени 2011 година. Шасијата на возилата е произведена во Италија, а надградбата е на Атриц –Словенија.

Малите  камиони за собирање смет од тесните улички, односно во делови од населбите каде што големите камиони имаат отежнат или воопшто немаат пристап поради конфигурацијата на теренот,  се од категоријата N2 – товарно возило, со капацитет од 5 кубни метри, со вграден систем од задната страна за подигнување и празнење на садови за отпад со капацитет од 1, 1 кубни метри (контејнери) или истовремено подигање и празнење 2 типски канти од 120 литри.

Петте мали камиони за собирање смет јавното претпријатие  „Комунална хигиена“ ги набави од сопствени средства.











http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4803&mid=482&tabId=&tabindex=0

Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 03-Feb-2012 at 15:03


Заложбите за почист град од страна на градоначалникот Трајановски се за пофалба! Пред почетокот на неговиот мандат кон крајот на 2009, во Скопје имало само 9 возила за собирање на смет. Со најновата набавка на почетокот во 2012 има 49. 40 нови возила за нешто повеќе од 2 години. Секоја чест.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 27-Feb-2012 at 10:00

Шест странски компании сакаат да ја осовременат депонијата „Дрисла“

Со инвестиција до 82 милиона евра, на депонијата ќе може да се врши селекција на отпадот, добиениот гас да се користи за производство на струја...

Деспина Трајковска

Шест фирми се подготвени да станат партнери на Јавното претпријатие „Дрисла“ и да инвестираат околу 80 милиони евра за осовременување на депонијата во согласност со стандардите на ЕУ. Потенцијали партнери се фирми со долгогодишно искуство од Германија, Израел, Австрија, Италија, Грција и од Швајцарија. Сите тие, како што објаснуваат од ЈП „Дрисла“, учествувале во првата фаза на тендерот за јавно приватно партнерство, а три од нив сигурно идат во втората фаза, односно ги исполнуваат бараните услови за јавно приватно партнерство. Во тек е, велат од „Дрисла“, евалуација на останатите три понуди. Проценето е дека целата постапка ќе заврши до лето и веќе наесен би започнала теренската реализација на проектот.

Тоа ќе значи дека партнерот на ЈП ќе почне со изградба на инсталацијата за селектирање на отпадот, изведување зафати на депонијата за исполнување на ЕУ-стандардите. Освен рехабилитација на депонијата и процесирање на отпадот што подразбира инсталирање систем за селектирање на отпадот, инвеститорот ќе треба да вложи и во создавање услови за депонирање неопасен и инертен отпад, за механички и биолошки третман на отпадот, како и да инсталира станица за пречистување на отпадните води.

„Придобивките од јавното приватно партнерство ќе бидат повеќекратни, и за граѓаните и за нас како претпријатие. Отпадот ќе се селектира, а од него ќе може да се црпи депонискиот гас (метан) за производство на електрична и топлинска енергија. Со оглед на квалитетот на заинтересираните фирми, очекуваме осовременета депонија да стане една од најдобрите депонии во регионов“, проценува Горан Ангелов, директор на ЈП „Дрисла“. Тој вели дека вредноста на јавното приватно партнерство е проектирана на 82 милиона евра. Колкави понуди ќе понудат заинтересираните ќе се знае најдоцна летово, до кога истекуваат законските рокови на постапката за избор на партнер. Депонијата се очекува да биде осовремена до крајот на 2015 година, а партнерот ќе добие можност за концесија на 35 години. Според Ангелов, современата депонија и големата инвестиција за нејзино создавање нема да значи дека ќе се покачат и цените на услугите што ги дава „Дрисла“ за депонирање отпад на ЈП „Комунална хигиена“ и останатите субјекти. Се очекува тие да останат во слични рамки како и сегашните, но, сепак, последен збор во формирањето на цената ќе го има Советот на Град Скопје.

Инаку, депонијата „Дрисла“ е изградена пред дваесетина година, годишно акумулира околу 150 илјади тони отпад и досега е исполнета една третина од нејзиниот капацитет.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6B0CB0C47F188048A81313CA29031E83
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 03-May-2012 at 14:28
Еко-фабрика за селекција на отпад

Селекција на секундарен отпад ќе се врши на прилепската депонија

Депонијата во Прилеп ќе добие еко фабрика
Првпат во Македонија на прилепската депонија
Првпат во Македонија се преземаат вакви активности за селекција на отпадот, особено на пластика и на стакло. Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп го избра изведувачот што ќе ја врши селекцијата. Станува збор за хрватската фирма „Техникс“, која ќе ги изведува работите за 14 милиони и 695 илјади денари.

- Фирмата „Техникс“ понуди најдобри услови и ќе ги изведува работите околу поставувањето на опремата за првиот погон за секундарна селекција на отпадот. Салата со линијата за селекција ќе биде поставена кај градската депонија во близина на селото Алинци, на парцела од шест илјади квадратни метри. Најпрво треба да ја завршиме постапката за пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно и да почнеме - вели Златко Ристески, директор на прилепското јавно претпријатие.

Менаџерскиот тим на фирмата планира напоредно со селекцијата да се врши и компостирање.

- Сметаме дека овој модел ќе биде рентабилен. Пазар за продажба на селектираниот отпад или компостираниот има, само треба да се работи на негово освојување - додава Ристески.

Првично првата прилепска еко-фабрика за одвојување на корисните материјали од отпадот ќе пласира пластика, хартија, старо железо, суровини што се барани на пазарот од производителите.

Се очекува со поставувањето на првата линија за селекција на отпад фирмата да добие нов прилив на финансиски средства, но и да се вработат нови 40-50 лица.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=531284848&id=9&prilog=0&setIzdanie=22570
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 21-May-2012 at 20:09
ова е еден од двата `Мерцедес` камиони купени од ЈП Комуналец Кичево.камионите се Мерцедес само во основата,делот наменет за собирање на смет е изработен од друга фирма.но без оглед на тоа со купувањето на овие камиони значајно се осети на јавната чистота во градот,барем на делот каде се поставени контењерите

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 21-May-2012 at 20:35
Леле семафорот -.- Идиоти!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 13-Sep-2012 at 16:02
Ме интересира, дури и да дојде до зголемување на цената на комуналните услуги, дали истата ќе биде оправдана со почисти улици, булевари, мостови и патеки ?
 
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/drisla-ke-odi-pod-koncesija
 

Дрисла ќе оди под концесија

 
13.09.2012 - 15:46
 
Се усвои одлуката за избор на приватен партнер, концесионер во Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад Дрисла од Скопје на денешната седница на Советот на град Скопје.
 

 
Советниците од опозицијата бараа да се одложи точката која беше ставена на дневен ред, барање кое не беше прифатено од мнозинството.
 
Одлуката предвидува концесионерот да инвестира во осовременување на депонијата, а за возврат да управува со отпадот во времетраење од најмногу 35 години. Советниците од опозицијата обвинуваат дека целата постапка за концесионерство на Дрисла, всушност, е „од готово правење вересија“, дека Дрисла се продава многу евтино и дека новиот концесионер со сигурност ќе ја зголеми цената за ѓубрарина.
 
Директорот на Дрисла пак, Горан Ангелов, објасува дека цените за отпад се гласаат на Советот на градот Скопје и дека концесионерот нема самостојно да ја зголемува цената.
 
Според одлуката за концесија, идниот концесионер ќе треба да прави 6 милиони евра годишно профит и да инвестира 80 милиони евра во депонијата, бидејќи Дрисла е основана со капитал од 154 илјади денари и нормално е за да се дојде до 100%, инвеститорот треба да вложи дополнителни 80% за да биде целосно трансформирано претпријатието“, вели Ангелов.
 
Идниот концесионер треба да ги задоволи европските директиви на депонијата, која нема да влијае негативно врз животната средина. Концесионерот понуди цена за оперирање иста како сегашната актуелна цена, која изнесува 680 денари за комуналниот отпад.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 28-Sep-2012 at 08:02
Убава информација... Но... Зарем не е Дрисла санитарна депонија? Зарем тоа самото по себе не подразбира дека целиот отпад (вклучувајќи ги и отпадните води) не влијаат врз околната животна средина?

„Дрисла“ повеќе нема да ја загадува Маркова река

  • Објавено: пред 17 часа
  • Прочитано: 391
  • Печати

Долгогодишниот проблем со излевање од отпадниот исцедок од депонијата „Дрисла“ во водите на Маркова река конечно е решен. Денеска, официјално се пушти во употреба систем за пречистување на исцедокот од депонијата, кој наместо во реката повтроно ќе се враќа назат. Станицата за рецирклација на отпадните води, дневно прочистува околу 20 кубици вода. Филтратот се собира во базени и исчистен се враќа на депонијата. Со тоа се спречува задагувањето на површинските води кои влегуваат во Маркова река. Проектот, кој е финансиран од буџетот на градската власт чини околу 7 милиони денари.

Во следните две години, во план е и изградба на прочистителна станица, со што ќе се овозможи истата вода, која исфилтрирана ќе се враќа во депонијата, да се користи како техничка вода.
Депонијата доби и нова електронска колска вага за мерење на отпадот, проект, што исто така промотивно се пушти во употреба денеска, а во првото премерување учествуваше и градоначалникот Коце Трајановски.  
На почетокот на следната година, би требало да почне да функционира јавно- приватното партнерство со италијанскиот концесионер, кој ќе стопанисува со депонијата во следните 35 години, а за возврат ќе вложи 73 милиони евра во осовременување на „Дрисла“,.
 За четири години „Дрисла“  треба да се реконструира според европски стандарди и треба да понуда поквалитени услуги за депонирање на отпадот.



http://www.plusinfo.mk/vest/58844/Drisla-povekje-nema-da-ja-zagaduva-Markova-reka
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 18-Feb-2013 at 19:42
ФOTO: Новите возила за подобрување на јавната хигиена
Понеделник, 18 Февруари 2013 12:22

Јавното претпријатие се поднови со 10 нови специјализирани возила за собирање смет и 5 мотокултиватори, кои се наменети за подобрување на хигиената, пред се во делот на јавната хигиена, односно за пристап до помали и тесни улички и пратеки.


На промоцијата на новите возила ќе присуствуваат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи.



-Денеска имаме промоција на новите 10 камиони за собирање смет, наменети за подобрување на хигиената, пред се во делот на јавната чистота, односно за пристап до помалите и тесни улички и патеки. Исто така, набавени се 5 нови мотокултиватори со комплетна приклучна опрема, односно со приклучок за собирање снег во зима, четки за метење тротоари и патеки, како и фреза и друга опрема. Со набавката на оваа нова опрема може да кажеме дека го исполнивме ветувањето коешто го дадовме во 2009 година и го опремивме јавното претпријатие „Комунална хигиена“ со комплетно нова опрема и возила за собирање отпад, како и дека ја подобривме хигиената во градот, истакна градоначалникот Трајановски.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, се заблагодари за финансиската поддршка којашто во текот на изминатите години ја добиваше од Градот и истакна дека таа поддршка придонесе тие да прераснат во успешно претпријатие кое денеска промовираа oпрема набавена од сопствени средства.



Исто така, набавени се 5 нови мотокултиватори од познатата марка Голдони со комплетна приклучна опрема.

За набавка на 10 камиони се издвоени околу 9 милиони денари, а за мотокултиватори околу 2 милиона денари, средства кои се целосно обезбедени од ЈП „Комунална хигиена“.

http://kurir.mk/republika/skopje/104131-FOTO-Novite-vozila-za-podobruvanje-na-javnata-higiena
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 07-Mar-2016 at 08:26
06.03.2016, 17:27

Почнува модернизацијата на „Дрисла“

Деспина Трајковска-Димова

По неколкумесечни најави и очекувања, конечно ќе почне теренското осовременување на депонијата „Дрисла“. Иако веќе требаше да привршува изградбата на првите постројки, дури за десетина дена се очекува да почне нивната изведба. Први за градење се постројките за уништување медицински и за индустриски отпад. И двете се, всушност, дел од планираните седум со кои скопската депонија треба да се изгради и да функционира по европски стандарди.

Од „Дрисла“ објаснуваат дека изградбата се одолжила од оправдани причини. Постоеле нерасчистени имотноправни односи.

„Четири ниви, всушност, ја кочеа цела процедура за обезбедување на потребните документи за изградба. Но, тој проблем веќе е надминат и очекуваме за десетина дена да ги комплетираме сите одобренија и да стартуваме со изградба“, вели Горан Ангелов, директорот на „Дрисла“.

Тој појаснува дека со двете планирани печки ќе започне процесот на модернизација и трансформација на депонијата според европски стандарди. „Дрисла“ ќе стане прва депонија во регионов која ќе добие печка за согорување на медицинскиот и технолошкиот отпад со сите нишани.

„Очекуваме изградбата на двете постројки да заврши за кусо време. Поточно, некаде до крајот на летото и двете да бидат ставени во функција“, додава Ангелов.

Во изминатиов период биле завршени подготвителните работи за изведба на инфраструктурата за фабриката за третман на индустрискиот отпад. Се работело на платформата и на пристапните патеки, се изведувале одводните канали за прием на атмосферската вода, канализацискиот систем за отпадните води, а истовремено е работено и на целокупната потребна водоводна и електрична мрежа.

Инаку, постројката за индустриски отпад ќе има две машини, едната за неопасен, а другата за опасен отпад. Онаа, пак, за медицински отпад ќе биде од најсовремен тип. Постојната е стара и не ги задоволува стандардите.

„Очекуваме дека резултатите ќе бидат видливи кусо време по изградбата на првите постројки. Од депонијата нема да се шири мирис, целосно ќе биде отстранета можноста за загадување на животната средина и ќе се зголеми корисната површина на депонијата“, вели Ангелов.

Според договорот, на концесионерот „ФЦЛ амбиенте“ од лани му тече рокот од пет години да ги изгради седумте постројки на „Дрисла“. Италијанците ќе стопанисуваат со депонијата 35 години. За тоа време имаат обврска на сметката на градските власти да префрлаат 20 отсто од профитот што ќе го прават на годишно ниво. Проценето е дека тоа ќе бидат околу еден милион евра годишно за Град Скопје.

При промоцијата на партнерството беше најавено дека Италијанците во „Дрисла“ ќе вложат околу 73 милиони евра и притоа ќе овозможат рециклирање на 70 отсто од вкупното ѓубре што се носи на депонијата.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=B2727F47D6489F478268682D9247FD98
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 26-May-2020 at 04:01
Имало и бетер...

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.