build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хаварисани возила

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 26-Dec-2021 at 22:48
тоа не е некоја рандом депонија туку депоата на пајак службата и Паркинзи Скопје и ПОЦ... не знам зошто ги оставаат да се таложат така ама мислам дека тоа се дел од возилата кои ги собираат како хаварисани од легитимни паркинзи
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 04-Feb-2022 at 09:42
Исто како и со кучињата скитници,најави,обиди но проблемот не е решен,
Не знам што е толку тешко да се направи попис на сите хаварисани возила,да им се остави белешка на сопствениците да ги тргнат(вратат во возна состојба во што искрено не верувам) и потоа со пајак служба или да се однесат на некој поголем плац вон град или во топилница.Сопствениците да сакале немало да ги остават возилата да пропаѓаат и да скапуваат по паркинзи или би ги возеле или би ги продале.Има доста возила од државни агенции и претпријатија кои исто така се оставени по паркинзи низ центарот со години.Порано и околу зградата на МТВ имаше скоро еден мини отпад од нивни возила и сеуште има но мислам во помал обем.

-----------------------------------------------------------------------

Во обид да се ослободат паркинг места, Општина Аеродром наскоро ќе ги отстранува сите хаварисани возила по паркинзите



Со години наназад аеродромци се жалат дека немаат доволно слободни места за паркирање

Еден од најголемите проблеми со кои во моментот се соочуваат жителите на Општина Аеродром е немањето доволно слободни места за паркирање. Овој проблем првенствено се јавува како последица на долгогодишната забрзана урбанизација на најбројната скопска општина во која во изминативе години се изградија голем број на нови згради, без притоа на новите станари да им се обезбеди доволно слободно места за паркирање.

Дополнително, проблемот со немањето на доволно паркинг места се појавува и поради големиот број на хаварисани возила кои поради најразлични причини, со месеци а некои и со години наназад сопствениците ги осавиле на паркиралиштата. Токму во обид да се изнајдат решенија за овие проблеми на аеродромци, од Општина Аеродром информираат дека во изминатиот период интензивно работат на изнаоѓање на соодветни решенија за еднаш за секогаш да се реши овој проблем. Според најавите, Општината работи на изнаоѓање на решение за отстранување на хаварисаните возила кои како што велат оттаму, со години наназад зафаќаат голем број на паркинг места.

– Проблемот со паркинг-местата е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат аеродромци, што беше забележано уште во предизборната кампања од страна на градоначалникот Муцунски. Токму затоа, помеѓу првите чекори кои ги преземавме е спроведувањето анкета меѓу жителите за воведување зонско паркирање на неколку критични локации низ Општината. Дополнително, работиме на изнаоѓање решение за отстранување на хаварисаните возила кои со години наназад зафаќаат голем број паркинг-места, а ќе бидат преземени мерки за исцртување на нови места за паркирање и за таа цел ќе се примени системот на косо паркирање како успешен модел за подобрување на паркинг услугите – објаснуваат од Општина Аеродром.

Меѓу другото, неодамна, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски најави дека на конечно решавање на проблемите со паркирањето на целата територија на Општината. Според него, Општина Аеродром ќе превземе конкретни чекори и ќе спроведе анкета преку урбаните заедници односно куќните совети/управителите на станбените објекти кои не се опфатени со зонското паркирање. Според него, доколку граѓаните се изјаснат дека сакаат зонско паркирање тогаш се планира негово воведување на повеќе места како Стар Аеродром и Ново Лисиче.

Според најавите, освен воведувањето зонско паркирање планирано е да се започне и со имплементација на она што градоначалникот Муцунски го ветил во предизборната кампања, а тоа е воведување на косо паркирање што би требало да обезбеди уште поголем број на места за паркирање.

https://www.slobodenpecat.mk/vo-obid-da-se-oslobodat-parking-mesta-opshtina-aerodrom-naskoro-kje-gi-otstranuva-site-havarisani-vozila-po-parkinzite/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 04-Feb-2022 at 18:48
Зашто уопште кога ќе дојде до темава хаварисани возила стално се наметнува како прашање сопственоста? Нема врска тој муабет, решението е едноставно. НЕРЕГИСТРИРАНО ВОЗИЛО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ПАРКИРАНО НА ЈАВЕН ПРОСТОР, ете го основот! Немаш платено такса за јавни патишта, ќе ти биде возилото тргнато од јавен пат. Ќе седат на плац некаде надвор од Скопје, кога сакаш дојди регистрирај го и подигни си го. Пак ќе биде на истиот сопственик и додека седи на плац.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 16-Feb-2022 at 09:50
Депото на ПОЦ премало да ги собере сите хаварисани возила, се бара нова локација

Досега се отстранети околу 40 возила кои завршиле на отпад, граѓаните ги пријавуваат своите хаварисани возила, но се јавуваат и граѓани што пријавуваат хаварисани и напуштени возила за кои не се знае нивната сопственост.

Околу 40 стари хаварисани возила се отстранети од јавните површини низ општината Центар за една година откако започна акцијата „Да го исчистиме Центар од хаварисани возила“ со поттикнување на сопствениците сами да си ги пријават своите автомобили што повеќе не се во функција или старите приколки.

Интересната акција што ја спроведува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ во обид да се ослободат паркиралиштата и тротоарите од неупотребливите возила што зафаќаат слободни паркинг-места, подразбира хаварисаните автомобили да бидат бесплатно подигнати и да се продаваат како старо железо, а парите да му бидат дадени на сопственикот. Доволно е тој само претходно да се јави во ПОЦ и да пријави дека сака да се ослободи од своето неупотребливо возило.

Во рамките на акцијата „Да го исчистиме Центар од хаварисани возила“, досега се отстранети околу 40 возила и се дадени на отпад. Оваа акција е одлично прифатена од жителите на Општина Центар, редовно има пријави од граѓани што ги пријавуваат своите хаварисани возила, но и граѓани што пријавуваат хаварисани и напуштени возила за кои не се знае нивната сопственост – велат од ПОЦ.

Најголем проблем претставуваат возилата за кои не се знае сопственикот и кои ги пријавуваат други граѓани, затоа што според законските прописи, хаварисаните возила не можат да се уништат без претходно одобрение од сопственикот на возилото.

-Од таа причина, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ е принудено да ги складира хаварисаните возила во своето депо, кое е со ограничен капацитет и нема доволно простор да ги смести. Капацитетот на депото е доволен само за секојдневните потреби на службата „Пајак“. Со цел да го решиме овој проблем, отпочнавме постапка за барање нова локација на депо за хаварисани возила каде што ќе може да се сместат сите хаварисани возила што во моментов се наоѓаат на територијата на Општина Центар – објаснуваат од претпријатието.

Оттаму велат дека според нивната евиденција, на јавните површини во општината има околу 230 стари и нефункционални возила, па поради тоа акцијата продолжува и годинава.

-Апелираме до сопствениците на хаварисани возила да ги пријавуваат своите автомобили на 075 476 762 со цел да се ослободат паркинг-местата и јавните површини на територија на општината Центар што се зафатени од хаварисани и напуштени возила и приколки, кои претставуваат опасност за жителите и за животната средина – велат од ПОЦ.

Проблеми со ваквите автомобили оставени по паркиралиштата и на тротоарите има низ целиот град и досега не се најде никакво решение, иако граѓаните постојано бараат од локалните власти да преземат нешто, особено во оние населби каде што е навистина тешко да се најде слободно место за паркирање. Досега општините единствено оставаа предупредување до сопствениците сами да ги тргнат хаварисаните возила, но тоа не доведе до решение.

Општинските раководства се правдаат дека се немоќни затоа што законите не им овозможуваат целосна ингеренција за да можат да интервенираат, но проблем е и фактот дека во Скопје нема соодветна локација каде што можат да се носат ваквите автомобили.

Во мандатот на градоначалникот Петре Шилегов се поведе иницијатива за меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и десетте скопски општини за отстранување напуштени, хаварисани и нерегистрирани возила од јавните површини. Се предлагаше „пајаците“ на ЈП „Градски паркинг“ да ги отстрануваат напуштените возила во сите општини, освен во Центар, и тие да се складираат на одредена локација во Драчево. Предлогот не помина на Советот, поради жестокото противење на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои сметаа дека депонија од хаварисани возила ќе го наруши квалитетот на живот на жителите на Драчево и Батинци.

https://www.slobodenpecat.mk/depoto-na-poc-premalo-da-gi-sobere-site-havarisani-vozila-se-bara-nova-lokacija/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 16-Feb-2022 at 17:47
У казан у железара! Ете им најдобро депо за хаварисани коли.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 25-Feb-2022 at 08:17
Aкција во Гази Баба: Ќе се подигнуваат хаварисани возила и нерегистрирани возила повеќе од две години

Општина Гази Баба започнува со акција за подигање на хаварисани возила и возила нерегистрирани повеќе од две години кои се оставени на јавни површини, информираат од општината.

-По направено скенирање на теренот дел од направените јавни паркинзи се зафатени од возила кои не се во возна состојба. Акцијата е со цел ослободување на паркинг простор особено во урбаниот дел.

Апелирам до граѓаните кои се сопственици на вакви возила самостојно да ги отстранат од јавните паркинзи.Акцијата во следните денови ќе започне од Урбаната заедница Автокоманда, велт од Општина Гази Баба.

https://novlist.mk/akcija-vo-gazi-baba-ke-se-otstranuvaat-havarisani-i-neregistrirani
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 10-Mar-2022 at 15:11
Ќе се отстрануваат хаварисаните возила!
Објава на Општина Кисела Вода:



https://www.facebook.com/101461728384363/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 13-Mar-2022 at 16:10
До крајот на март да се отстранат сите хаварисани возила во Кисела Вода



Општина Кисела Вода известува дека во вторник, 15.03.2022 година, во заедничка соработка со ПСОН –Кисела Вода и РСБСП- Скопје, започнува со акција за изрекување на опомени до имателите на хаварисани возила за отстранување на моторното возило поради попречување на одвивање на сообраќајот и загрозување на човековата околина.

Доколку возилото и покрај опомената, не биде отстрането во рок од 15 дена или најдоцна до 30.03.2022 година, тоа ќе го стори пајак службата, но на сметка на сопственикот на возилото.

Исто така, против него ќе биде изречена глоба во мандатна постапка во врска со член 63 во согласност со Законот за безбедност и сообраќај на патиштата, информираат од општината.

https://nezavisen.mk/do-krajot-na-mart-da-se-otstranat-site-havarisani-vozila-vo-kisela-voda/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 19-Apr-2022 at 17:03
Ќе се отстрануваат хаварисаните возила во Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски денеска потпишаа договор за поделба и утврдување на меѓусебните надлежности со што значително ќе се олесни начинот за остранување хаварисани возила и возила паркирани на плочници и зелени површини.

Со овој договор, комуналните инспектори од Општина Аеродром добиваат овластување да побараат од ЈП „Градски паркинг“ подигнување и транспорт на хаварисани и непрописно паркирани возила кои ќе бидат дислоцирани на трајна локација.

Градоначалникот Муцунски истакна дека со ова, конечно ќе се реши проблемот со големиот број хаварисани возила, кои покрај тоа што зафаќаат паркинг места, претставуваат и опасност за граѓаните и се лоша слика за Аеродром.

Договорот беше потпишан по отворањето на новата канцеларија на ЈП „Градски паркинг“ што почна со работа во објектот на Рударски институт во Аеродром, а на настанот присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Со новата канцеларија се очекува да се олесни пристапот на аеродромци до услугите за паркирање, а Општина Аеродром заедно со другите релевантни институции интензивно работи на изнаоѓање трајно и одржливо решение со паркинг местата, а едно од тие решенија е и воведувањето зонско паркирање, кое ќе биде бесплатно за аеродромци.

https://nezavisen.mk/kje-se-otstranuvaat-havarisanite-vozila-vo-aerodrom/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 19-Sep-2022 at 17:25
Битола се отарасува од хаварисаните возила



По отстранувањето на диво поставените монтажни гаражи во центарот на Битола, локалната самоуправа реши да се отараси и од хаварисаните возила. ЈП „Паркинзи“ Битола во соработка со Општина Битола почна со дислоцирање на хаварисани возила.
Најголем дел од возилата граѓаните требаше самостојно ги отстрануваат по доставувањето на првата опомена.

Но со оглед на тоа што многу од граѓаните се оглушиј на таквата обврска, ЈП „Паркинзи“ Битола по изминувањето на роковите со својата пајак служба истите
ги дислоцира.

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/opshtina-bitola-se-otarasuva-od-havarisanite-vozila/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 29-Mar-2023 at 17:01
Скапаници ги зафаќаат паркинзите, граѓаните нема каде да паркираат



Хаварисани возила со години стојат на паркинзите во Карпош и граѓаните се жалат дека нема слободно место каде да ги паркираат своите автомобили. Жителите на Карпош 1 велат дека по 16 часот, кога се враќаат од работа, не може да најдат паркинг-место, бидејќи просторот го зафаќаат возила пред распаѓање, покриени со церада. – Кај мене има најмалку три такви автомобили, а ние останатите не можеме да најдеме слободно паркинг-место, па сме принудени да ги оставаме на јавни површини, што е непрописно – реагира Д.П. и додава дека некои од хаварисаните автомобили сè уште стојат иако Општината лепи известувања на нив, за сопствениците да ги отстранат.

Проблемот со хаварисаните возила е застапен и на територијата на Општина Центар. Според податоците на ЈП ПОЦ, на територијата на оваа општина има 236 хаварисани возила, а досега се отстранети околу 40, кои се дадени на отпад

Хаварисани возила со години стојат на паркинзите во Карпош и граѓаните се жалат дека нема слободно место каде да ги паркираат своите автомобили. Жителите на Карпош 1 велат дека по 16 часот, кога се враќаат од работа, не може да најдат паркинг-место, бидејќи просторот го зафаќаат возила пред распаѓање, покриени со церада.

– Кај мене има најмалку три такви автомобили, а ние останатите не можеме да најдеме слободно паркинг-место, па сме принудени да ги оставаме на јавни површини, што е непрописно – реагира Д.П. и додава дека некои од хаварисаните автомобили сè уште стојат иако Општината лепи известувања на нив, за сопствениците да ги отстранат.

Други жители на Општина Карпош, пак, на социјалните мрежи потенцираат дека има оставени возила веднаш до зградата на Министерството за економија уште од времето кога Стефан Богоев беше градоначалник.

– Ниту Општината ниту МВР сакаат да ги отстранат, бидејќи нема кој да ја плати казната. Погрешно и неправилно паркираните возила се отстрануваат со „пајак“ возило без никакво предупредување, додека отпадот, и по истекот на опомената, нема кој да го собере – вели Гоце Игновски.

Викторија Чавкоска вели дека и во населбата Влае го има овој проблем и потенцира дека во Општината изјавиле дека нема правни механизми да се отстрануваат хаварисаните и запуштени возила.

Од Општина Карпош одговорија дека во моментот тече акција за известување и опоменување на сопствениците на хаварисаните возила да ги отстранат сами.

– Поставени се известувања и опомени на 250 хаварисани возила, а 60 проценти од нив се веќе отстранети од сопствениците – нагласија од Општина Карпош.

Оттаму додаваат дека е евидентно дека оваа акција дава ефект, поради што ќе продолжи и во наредните месеци. При тоа, објаснуваат дека нивните ингеренции се дотука, бидејќи треба да се обезбеди простор каде што би се чувале отстранетите хаварисани возила.

Што се однесува до напуштените возила оставени веднаш до зградата на Министерството за економија, од Општина Карпош одговорија дека нивните инспекциски служби веќе имаат испратено допис до наведеното министерство во кој се бара во најскоро време да ги отстранат спорните возила.

– Од Министерството ни возвратија дека возилата се во постапка на отстапување на СОЗР на Владата и замолија да им дадеме разумен рок за отстранување. Постапката е во тек – образложија од Општина Карпош.

Оттаму најавија решавање на овој проблем со воведување и на зонското паркирање во Карпош 1 и во Карпош 2, кое се очекува да профункционира во текот на наредниот месец.

Проблемот со хаварисаните возила е застапен и на територијата на Општина Центар. Според податоците на ЈП ПОЦ, на територијата на оваа општина има 236 хаварисани возила, а досега се отстранети околу 40, кои се дадени на отпад.

– Претпријатието уште одамна, во повеќе наврати има организирано акции за отстранување хаварисани возила и во континуитет работи за подготовка на следната. Исто така, во рамките на проектот „И отпадот има вредност”, во континуитет ја нудиме услугата за бесплатно отстранување на хаварисаните возила и приколки од јавните површини во Општина Центар, со согласност од сопственикот, и нивно носење во лиценциран отпад. При тоа, возилото ќе биде рециклирано како старо железо, а средствата од откупот целосно му припаѓаат на сопственикот на хаварисаното возило – објаснуваат од ЈП ПОЦ.

Во однос на новата акција, која се подготвува во координација со останатите институции, од ЈП ПОЦ велат дека прибирањето податоци е во тек со цел да се исчисти Центар од отпад.

– Но, сè уште е отворена можноста сопствениците да пријавуваат за своите хаварисани возила за да се ослободат паркинг-местата и јавните површини на територијата на Општина Центар кои се зафатени од нив и од приколки, а кои претставуваат опасност за жителите и за животната средина – нагласуваат од ЈП ПОЦ.

Оттаму ја објаснуваат постапката за отстранувањето на оставените и хаварисани возила.

– Службите на ЈП ПОЦ, во соработка со комуналните служби при Општина Центар, поставуваат известување на секое хаварисано возило по претходно евидентирање на возилата, доколку сопственикот изврши пријава за дислоцирање на возилото, бидејќи законското уништување хаварисани возила е со претходно одобрение од сопственикот. Затоа, во првата фаза на акцијата се остава простор сопствениците да пријават за своите хаварисани возила и да ја искористат можноста за бесплатен транспорт до депото на компанијата која врши откуп на отпад од хаварисани возила и да добијат надоместок за нив. Во втората фаза, во соработка со МВР, се започнува со отстранување на хаварисаните и напуштени возила кои немаат сопственици, а ја узурпираат јавната површина на територијата на Општина Центар – образложуваат од претпријатието.

Оттаму велат дека, бидејќи се работи за возила што не се употребуваат веќе подолго време, наидуваат на проблем за да стапат во контакт со сопственикот поради застарени податоци (адреса на живеење и контакт).

– Возилото се отстранува од обележаното паркинг-место и се носи во нашето депо, каде што ќе остане сè додека не се утврди неговата сопственост – додаваат од ЈП ПОЦ.

Од претпријатието сметаат дека се потребни законски измени, бидејќи чувањето неограничено во депо не е решение со оглед на тоа дека големината на депото е лимитирана и нема простор за сите хаварисани возила.

– Потребно е законско решение со кое ќе се овозможи отстранување и по одреден период носење во отпад, по примерот на повеќето западни држави – децидни се од ЈП ПОЦ.

https://www.vecer.press/скапаници-ги-зафаќаат-паркинзите-гра/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 31-Mar-2023 at 14:19
Исчистен од хаварисани возила просторот под железничка



Раководството на јавното претпријатие „Градски паркинг“, со цел да им излезе во пресрет на граѓаните од околните згради, како и на граѓаните и децата, кои секојдневно поминуваат покрај депонијата од хаварисани возила полни со смет, ангажира екипа од вработени, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, коишто излегоа на терен и привремено ги префрлија хаварисаните возила под железничката станица во простор на претпријатието.

– Освен што се дислоцираа овие возила, исчистен е и огромниот смет кој беше насобран во возилата, под и околу нив. На овој начин, граѓаните добија чист и преоден простор, кој е доста прометен во текот на денот, а овој дел од центарот на градот е лишен од една грда глетка, што претставуваше и закана по здравјето, бидејќи од насобраниот смет не само што се ширеше реа, туку се ширеа и бактерии – соопштија од ЈП „Градски паркинг“.

Овие хаварисани возила веќе со години стојат под железничката станица во центарот на градот, а припаѓаат на одредени министерства, за што е покренато правна постапка за нивно дислоцирање, при што ЈП „Градски паркинг“, нуди бесплатен превоз до потребната дестинација.

https://www.vecer.press/исчистен-од-хаварисани-возила-просто/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 05-Jan-2024 at 16:56
Кој е одговорен за старите и расипани возила паркирани по тротоарите и улиците низ цело Скопје?







Скопските улици и паркинзи се полни со хаварисани коли, кои со години стојат неподвижни и го попречуваат движењето на луѓето во јавни простории како тротоари и улици, а некои исто така зафаќаат места за паркирање на други исправни коли, имајќи предвид дека во Скопје се помалку има места за паркирање.

Ова година скопските општини покренаа активности за нивно отстранување со претходно предупредување на сопствениците првично сами да ги отстранат, во спротивно ќе ги отстранува општината. Но општините се сочувале со проблеми и не добиле поддршка од Град Скопје кои не им најде место кај да се носат собраните коли. Случај беше Општина Карпош кои во март оваа година имале акција за собирање на хаварисани коли, од Град Скопје им беше кажано дека општината сама треба да се погрижи за локацијата каде ќе завршат собраните возила.

Моментално во Град Скопје не се знае колку ги има во број хаварисаните коли кои стојат со години во паркинг места, или пак на тротоари или други јавни површини. Градска редакција успеа да слика десетина коли во Општина Чаир кои со години стојат на истите места.

Од Општина Чаир за Градска редакција велат дека постојано спроведуваат акции за собирање на стари возила кои стојат на јавни површини, но се повторува истата слика со поминување на времето. Според нив последната акција беше спроведена во мај 2021 година.

Општина Центар пред две години спроведе успешна акција за собирање на хаварисаните возила. Тие бесплатно беа однесени во депото на фирмата „Васкони скрап“ каде што беа исечени и продавани како старо железо, за што сопствениците добија надоместок од фирмата согласно нивниот ценовник за откуп на отпад од хаварисани возила.

Град Скопје во септември 2020 година донесе одлука за масовно отстранување на хаварисани и нерегистрирани возила од јавните површини на територијата на главниот град.

Тогашниот градоначалник Петре Шилегов имаше план во населбата Драчево да направи депонија за метал, отпад на Град Скопје.

Во предлогот стоеше дека Градот се согласува „пајаците“ на ЈП „Градски паркинг“ да се користат за отстранување на напуштените возила во сите општини, освен во Центар каде што оваа услуга би ја извршувала ЈП ПОЦ. Притоа се предлагаше возилата што ќе бидат отстранети од јавните површини да бидат времено депонирани на одредена локација во Драчево.

Сепак, оваа одлука не беше поддржана на седницата на Советот на Град Скопје, односно за неа не гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.

Општините се со „врзани раце“ затоа што законите не им овозможуваат целосна ингеренција за да можат да интервенираат, но проблем е и фактот дека во Скопје нема соодветна локација каде што можат да се носат ваквите автомобили. Општините не можат да сторат ништо освен да ги предупредат сопствениците да ги тргнат автомобилите од јавните површини.

https://gradska.mk/ko%D1%98-e-odgovoren-za-starite-i-rasipani-vozila-parkirani-po-trotoarite-i-uliczite-niz-czelo-skop%D1%98e
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.067 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.