build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Електрични тротинети

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 02-Sep-2022 at 17:37
Уживањето на тротинет не треба да биде кошмар за останатите во сообраќајот


НОВИОТ ТРЕНД СЕ ОДОМАЌИНИ ВО СКОПЈЕ, А СО НЕГО ДОЈДОА И ПРОБЛЕМИТЕ

За нецели осум месеци, сообраќајната полиција санкционирала 47 возачи на електрични тротинети. Тоа е релативно висока бројка доколку се земе предвид фактот дека овие превозни средства се користат претежно во пролетните и летните месеци. За да видиме кои се причините поради кои овие учесници во сообраќајот се казнувани од страна на сообраќајната полиција, екипата на „Нова Македонија“ реализира неколкудневно истражување, во кое особено внимание посветивме на „тротинетчиите“ и нивното однесување како учесници во сообраќајот.

НИТУ НАЈРАНЛИВИТЕ НЕ ГО ПОЧИТУВААТ ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ


Ако до неодамна епитетот неодговорни учесници во сообраќајот им припаѓаше на некои од велосипедистите, сега тој епитет им се припишува на некои од возачите на електрични тротинети. За жал, општиот впечаток од неколкудневното истражување на нашата новинарска екипа е дека повеќето од нив се дисциплинирани учесници во сообраќајот, но сепак значителен број „тротинетчии“ се покажаа крајно недисциплинирани. Дури некои се однесуваат како да управуваат со тенкови (бидејќи очигледно мислат дека можат да поминат преку сѐ) и дека никој ништо не им може како учесници во сообраќајот. Оваа категорија на возачи може да се сретне буквално насекаде, особено на главните улици во скопските населби, каде што прават катастрофални грешки, кои само за чудо не ги чинеле живот.
Сведочевме на тоа дека многумина од нив возат тротинети на главни улици како моторџии. Возат помеѓу возилата, застануваат први на семафори, и тоа не на работ покрај тротоарите, туку пред самите возила, возат на пешачки патеки и покрај тоа што има велосипедски патеки, на кои, според законот, треба да возат оваа категорија учесници во сообраќајот, а забележавме и како преминуваат улици возејќи ги тротинетите, на места необележани ниту за пешаци, а камоли за тротинетчии…
Некои од возачите што ги запрашавме какво е нивното мислење за „тротинетчиите“, велат дека токму тие им се најголемата главоболка додека возат.
– Мислам дека добивам главоболка кога ќе видам возач на електричен тротинет покрај моето возило. Вози паралелно со мене, меѓутоа, кога ќе види дупка или шахта пред неговиот пат, воопшто не ни погледнува дали има возило зад него, туку веднаш вози кон мене и мојот правец на движење, па јас морам да маневрирам како знам и умеам. Или да избегам во другата лента и да ризикувам да ме удри некој од спротивниот правец, или нагло да закочам, па да ризикувам тој што вози зад мене да ме удри… Има многу големи предизвици со кои треба еден возач да се справи додека управува со автомобил. Морам да нагласам дека онаму каде што има најголем метеж, токму таму е и најголемиот проблем со возачите на тротинети, а уште пострашно е кога возите на пример на Партизанска, каде што во тие три ленти ќе се најде некој возач на тротинет што се преместува од една во друга – вели Мите Димовски, кој секојдневно со својот автомобил вози низ скопските улици.
Проблеми имаат и пешаците во населените места. Тие велат дека голем проблем им се децата качени на електричен тротинет, кои заедно со своите браќа или сестри возат тротинети од забава.
– Бутел и Чаир се вистински кошмар од мали деца на тротинети. Има и родители што рекреативно си ги занимаваат децата качени на тротинет. Тука е вистински кошмар да се биде пешак, велосипедист и возач. Возат доста брзо, особено на споредните улички, каде што мислат дека не можат да им се случат несреќи. Мене не ми е јасно како родителите имаат толку голема доверба во толку мали деца од по шест-седум години, па ги пуштаат да возат како да се тоа играчки – вели Александар Стојановски, жител на Бутел 2.

КАЗНЕТИ ПЕДЕСЕТИНА ТРОТИНЕТЧИИ

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во периодот од први јануари, заклучно со 21 август годинава, санкционирани се 47 возачи на електрични тротинети.
Според членот 103-а од Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, став 1: „Возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите тие не се изградени, по пешачка патека односно друга површина наменета за движење на пешаци“.
За жал, тоа не е случај во метрополата, каде што најчесто електричните тротинети се возат на главните улици. Дополнително, иако законот не им дозволува да се движат еден до друг додека управуваат со тротинети, сепак, сликата во градот е поинаква. Честопати тротинетчиите дури и си муабетат како да се на прошетка низ парк, наместо еден зад друг.
– Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот. Возачот на електричен тротинет може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила – информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека, според законот, возачот на електричен тротинет не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 км/ч., додека на тротоар, пешачка патека односно друга површина наменета за движење на пешаци со брзина поголема од 6 км/ч.
Казната за возачите на тротинети што возат тротинет на места на кои не се дозволени варира од 80 до 120 евра во денарска противвредност.

КАЗНИ ИМА И ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Според законските одредби, доколку родителите им дозволат на своите малолетни деца, кои немаат наполнето 14 години, да управуваат со електрични тротинети, ќе бидат санкционирани со глоба во вредност од 50 евра во денарска противвредност.
Секако, санкции има и за оние родители или, најкратко кажано, возрасни лица што на електричен тротинет возат малолетно лице, а тоа е доста честа слика во главниот град. Нашата екипа дури и забележа татко со бебе од неколку месеци, прицврстено на родителот со „кенгур“, како слободно си вози електричен тротинет на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во скопски Бутел. За ваквото однесување на родителите, законот предвидува глоба од 50 евра во денарска противвредност.

ЗАШТИТНАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА

Според членот 103-г, возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото, а должен е од првиот самрак до целосно разденување, како и во услови на намалена видливост, да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото. И за непочитувањето на овие законски одредби, законот предвидува парична казна во висина од 50 евра во денарска противвредност.

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/hronika/uzhivanjeto-na-trotinet-ne-treba-da-bide-koshmar-za-ostanatite-vo-soobrakjajot/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 13-May-2023 at 13:57
1 минута ќе чини 9 денари – електрични тротинети на 19 локации во Скопје



https://mk.tv21.tv/1-minuta-ke-chini-9-denari-elektrichni-trotineti-na-19-lokatsii-vo-skopje/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19645
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 22-Jul-2023 at 17:50
(ВИДЕО) Ги тестиравме електричните тротинети – новиот јавен градски превоз во Скопје



https://360stepeni.mk/video-gi-testiravme-elektrichnite-trotineti-noviot-javen-gradski-prevoz-vo-skopje/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.