build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Образование

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 16-May-2022 at 15:45
Само празни зборови... Прво и основно нека ја направат веб-страницата на УКИМ да биде за денешно време, а не за 2009 г.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 24-May-2022 at 09:39
Децении реформи – учениците со сè послаби резултати

Ако беше човек, ќе имаше шеснаесет години и сега ќе завршуваше прва година средно. Ќе се подготвуваше за последните испитувања на наученото во оваа учебна година за да си обезбеди што е можно подобри оценки во свидетелството.

Но, станува збор за образовен систем, кој од 2006 година, веќе 16 години по ред постојано се реформира. А ефектот на тие реформи е мерлив и познат.

Па, така, на пример, истражувањето ТИМСС (Trends in International Mathematics and Science Study), меѓународната студија по математика и природна група предмети, која ги мери знаењата и способностите на учениците во четврто и во осмо одделение, покажа дека во математичка писменост, од 58 држави, Македонија е на 45-то место, а во природни науки од 58 учеснички е на 51-то место. Тестирање е спроведено во 2019 година.

Резултатите од меѓународната студија ПИСА (Programe for International Student Assessment), кои се од тестирањето на учениците во 2018 година, покажаа напредок во однос на 2015 година, но повторно Македонија е на дното.

Македонските ученици, од 77 држави-учеснички во читање со разбирање и математика, се на 67-то место, а во природни науки на 63-то место.

Државава учествува во уште едно меѓународно истражување ПИРЛС (Progress in International Reading Literacy Study), со кое се мери оспособеноста на учениците на девет и десетгодишна возраст за читање со разбирање. Ова истражување е спроведено со македонски ученици во 2001 и во 2006 година, а последното е во 2021 година, но резултатите од него сѐ уште не се објавени.

Душко Стојановски е професор по македонски јазик во средното училиште „Орце Николов“ во Скопје. Во своето 32-годишно работно искуство предавал и во основното и во средното образование. Го прашавме какви ученици се тие што сега имаат 16 години и што учат во реформиран образовен систем.

„Замолчени. Не знаат да кажат свое мислење. Како апарат на копче се. Совршено ќе ја кажат лекцијата, но свое мислење и критички ставови немаат“, вели Стојановски.

Тој, причината за ваквите генерации ја лоцира во „наставниците преоптоварени со администрација“, па вели немаат време навистина да им се посветат на учениците и на тоа што го предаваат. Но, посочува и друга причина зошто образованието и по толку реформи се чини дека станува сѐ полошо. На немањето систем.

„Кај нас сѐ е сведено на ентузијазмот на индивидуата. Ако професорот сака да работи, ќе работи, а нема да гледа само да му помине денот и никој нема да го спречи во таквиот пристап кон работата“, вели Стојановски.

На прашањето каков образовен систем е македонскиот, професорот вели „никаков, ова е систем што не постои никаде“.

Ако се анализира она што се направи во образованието, во последниве 16 години, од 2006 до денес, се покажува дека реформите имаат континуитет кога во МОН се менуваат министри од иста влада, но кога ќе се смени власта, се оди кон сосема нов концепт.

Десет министри за образование се сменија од 2006 година, кога првпат власта ја формираше ВМРО-ДПМНЕ, до денес кога веќе петта година владее СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ – дисперзирани факултети, деветолетка, Кембриџ програма…

Поголемите реформи што предизвикаа промени во македонското образование се случија за време на првата влада на Никола Груевски, кога министер за образование беше Сулејман Рушити од тогашниот владин коалициски партнер ДПА.

Тој беше на позицијата од 2006 до 2008 година и за време на неговото министерување стартуваше девотолетката во основното образование и задолжителното средно образование.

Во 2007 година беше усвоен Законот за основно образование, со кој се воведоа два изборни предмета во шесто одделение – веронаука и историја на религиите. Во 2009 година, веронауката „падна“ на Уставен суд, но како изборни беа воведени предметите: Етика на религиите, Запознавање на религиите и Класична култура во европската цивилизација.

Овие две реформи воведени во времето на Рушити сѐ уште се живи во македонскиот образовен систем.

По него, на раководното место во Министерството за образование дојде Перо Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ. Toj беше на позицијата помалку од една година и за време на неговото раководење почнаа да се спроведуваат дисперзираните студии и факултети, чекор за кој, и покрај стравувањата дека ќе значи неквалитетно високо образование, надлежните убедуваа дека немало да влијае.

Во 2009 година, министер стана Никола Тодоров. Стартуваше со најава за целосна промена на структурата на образованието. Во 2011 година, пред да ја напушти министерската позиција, се спроведе и пробното екстерно тестирање, кое потоа стана задолжително.

Тодоров, кој се сметаше како „човек за сѐ“ на тогашниот премиер Груевски, ги најави и ги постави темелите на реформите што подоцна беа спроведени, како на пример нови учебници, електронски дневник, бесплатни учебници, нов закон за високо образование.
Дел од овие работи ги реализираше наследникот на министерската позиција, Панче Кралев. Во негово време се отворија најмногу приватни факултети за кои тој тврдеше дека ќе ја зголемат конкуренцијата, а со тоа и квалитетот.

По него дојде Спиро Ристовски од истата партија и го продолжи најавениот концепт. Тој, на позицијата беше во 2013 и во 2014 година, време во кое се воведе учењето по таканаречената Кембриџ програма поради што и се сменија учебниците.

Абдулаќим Адеми од ДУИ стана следен министер за образование во 2014 година. Тој требаше да ја спроведе идејата за нов закон за високо образование, за кој се сметаше дека ја намалува автономијата на универзитетите и кој не помина поради големите протести на студентите и на професорите.

Последен министер во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше Пиштар Љутвиу. Назначен е во 2016 и тој во својот едногодишен мандат, јавно не туркаше реформски процеси. Една од ретките работи што Љутвиу можеше јавно да ја промовира како свој успех беше отворањето на државниот универзитет „Мајка Тереза“.

Сево ова беше силно критикувано од тогашната опозиција предводена од СДСМ. Тврдеа дека образованието се упропастува, најавуваа нова европска концепција и подобрување на резултатите од меѓународните рангирања.

СДСМ – укинување на екстерното и нов концепт за основно образование
Прва министерка за образование во владата на СДСМ, која дојде во 2017 година, е Рената Дескоска. Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ веднаш го реализира она што беше ветено во изборната програма на партијата од 2016 година, го укина екстерното тестирање воведено од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Истата година, владата донесе одлука да биде одложена имплементацијата на Кембриџ програмата за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование.

Во 2018 година, Дескоска формира и работна група за реформи во образованието. Накусо, препораките на таа работна група беа наставниот час до петто одделение да трае 55 минути од кои 40 минути за учење и 15 за одмор, учениците од прво одделение да не смеат да имаат повеќе од четири часа дневно, да нема домашни задачи, да се намалат тестовите, паралелките да бидат со помал број ученици…

Ништо од сето тоа не стигна на дневен ред за реализација. Дескоска, по една година во образованието, се пресели во Министерството за правда.
На нејзино место дојде кадар од ДУИ, Арбр Адеми. Тогаш се чини реформите што ги најавуваше СДСМ во својата програма не беа приоритет на Министерството за кое доминантна тема беше образованието на почетокот на пандемијата.

По предвремените избори во 2020 година, министерка стана Мила Царовска, за која се имаше впечаток дека е упорна и истрајна според реформите што ги спроведе на претходната министерска позиција во Труд и социјала.

Реформите почнаа од оваа учебна година и ги опфаќаат учениците од прво и од четврто одделение. Тие требаше да го зајакнат критичкото размислување, воспитниот процес и да дадат широка понуда на изборни предмети. Реформите требаше да се спроведуваат по меѓународен рецепт, кои, како што изјави Царовска, „давал високи резултати на меѓународни тестирања“.

Продолжува ли Шакири со реформите на Царовска?

Најавениот почеток веднаш предизвика и отпор. Најгласните противници се бунтуваа главно поради две работи – дигитализацијата на учебниците и внесувањето на родово-сензитивното образование во училиштата. Аргументите беа дека ништо не можело да ги замени учебниците и дека преку родово-сензитивното образование, всушност, ќе се пропагирала сексуална определба.

Тие неформални групи организираа и протести. Но, реформите почнаа, а поранешната министерка за образование упорно ги бранеше, наведувајќи дека се неопходни. Тоа е и периодот во кој состојбите во образованието беа повторно една од главните медиумски содржини.

Сега, темата не е во фокусот на јавноста. Наследникот на позицијата на Царовска, актуелниот министер Јетон Шакири, неодамна рече дека спроведуваат темелна реформа на образовниот систем. Го спомена и терминот што Царовска често го споменуваше како министерка – дека со реформите учениците учат за граѓанските права, толеранцијата и различностите, со што навести дека тие реформи, иако се стишени, не се запрени.

БИРН, минатата недела испрати прашања до Министерството за образование и наука поврзани со тоа дали и со какво темпо продолжуваат реформите, но до објавување на текстот одговори не стигнаа.

Како своевиден знак за продолжување на реформите, оптимистот може да го толкува тоа што на страницата на Министерството за образование и наука, каде што е објавен конкурс за учебници за основното образование, во кој се наведува дека треба да ги исполнуваат условите и стандардите согласно „Концепцијата за учебник за основното и средното образование“ усвоена со последните измени на Царовска. За конкурсот објавен во март, неодамна е продолжен рокот за доставување материјали.

Но, за другото инсистирање на својата претходничка, а тоа е дигитализацијата на учебниците, Шакири јавно кажа дека нема да се држи.

„Печатената верзија на учебниците, согласно постоечкиот Закон за учебници во основното и во средното образование, е неопходна во наставата, но тоа не ја исклучува и важноста на дигиталната форма“, рече Шакири.

Сите партии, повеќе или помалку во своите настапи и предизборни ветувања, говорат за системски реформи, за „светски стандарди“. Во овие 16 години се сменија 10 министри, а македонското образование и натаму е на дното во светските рангирања.

https://prizma.mk/detsenii-reformi-uchenitsite-so-se-poslabi-rezultat
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 26-May-2022 at 15:35
„УКИМ никогаш не бил подеградиран“: Професорите бараат повисоки плати или ќе штрајкуваат

Професорите од скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ бараат повисоки плати, објави Телма.

Тие со отворено писмо се обратиле до премиерот, претседателот на Собранието и министерот за финансии. Велат дека постои огромно незадоволство поради актуелната состојба, која според нив „никогаш не била на вака ниско ниво“.

Професорите од УКИМ во писмото ја споредуваат просечната плата која во земјава достигна до повеќе од 31 илјада денари, со платата на еден доцент на факултет од околу 30 илјади денари, односно под просекот.

„Никогаш во историјата УКИМ не бил подеградиран и заборавен. Затоа бараме итно потпишување на колективен договор со предвидените четиригиодишни проекции на покачување на платите со цел во ребалансот на буџетот да биде предвидено зголемување на платите“, пишува во отвореното писмо на професорите од УКИМ до властите.

Доколку не бидат исполнети нивните барања, професорите најавуваат дека ќе одржат мирен протест или штрајк во јунската испитна сесија.

https://www.slobodenpecat.mk/ukim-nikogash-ne-bil-podegradiran-profesorite-baraat-povisoki-plati-ili-kje-shtrajkuvaat/
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 27-May-2022 at 14:44
1. Да се укине географската поделба на универзитети, Скопски, Штипски, Битолски, Тетовски!

2. Да се воведе тематска поделба, да се прегрупираат факултетите од 4-те државни универзитети во тематски, Медицински Универзитет (Медициски, Стоматолошки, Фармацевтски), Инженерски (Информатика, Машинство, Електро...), Уменичко-Архитектонски, Општествени (Еконосмки, Правен) итн итн, не ми паѓа све на памет.

3. Доста веќе некои назадни струки како филозофија и социологија ги влечат наназад техничките науки кои сегогаш се "на цена"! Технички универзитет да може да се компарира со технички универзитет од Масчусец, од Шангај, Михнен или од кај све не у свет познати технички универзитети!

4. Овакви комуњарски "комбинати" од факултети никаде не постојат по свет. Последниве два Штип и Тетово се правени по некоја инерција од Југославија и источен свет кадешто мерило за дали одреден град е стварно "град" или не, е по тоа дали има универзитет. Нешто како денес што има селска трка по балканов да се градат аеродроми што после тоа немаат ни два лета неделно. У нормален свет студентите дури и да живеат во истиот град кајшто се наоѓа универзитетот, сепак идат да живеат у студентски град за време на студии. И затоа не е важно каде се наоѓаат универзитетите.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 22-Jun-2022 at 16:10
Татјана Алексиќ: Јавно признавам, ставав незаслужени петки но ковидот ме услови

Јас ставив незаслужени петки, јавно признавам, но ковидот ме услови да ги разгалам децата. Заради болни амбиции се „штанцаат” комерцијални оценки, купопродажни образовни пакети и вештачки успеси, па затоа, каков систем – такво образование.

Ова е ставот на професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ во „Раде Јовчевски – Корчагин“, во однос на изненадувачки малиот број ученици кои биле оценети со 5 на квалификацискиот тест што неодамна се спроведе во гимназијата „Орце Николов“, а кој беше потребен за да се изврши селекција на кандидатите за упис. Тој тест покажа дека само 3,8 отсто (11 ученици) од скроз одличните кандидати, добиле 5 на тестот, 39 ученици или 13 отсто добиле оцена 4, тројки добиле дури 133 од оние кои полагале или 45,5 отсто од учениците, оцена 2 добиле речиси 24 отсто (70) од одличните ученици. Недоволен успех покажале дури 13 отсто (39) од скроз одличните ученици. Ова според познавачите, укажува на тоа дека добар дел од оцените на учениците во основното образование им биле подарени.

Се обзнани она што се турка под чергиче
Многу реакции предизвикаа резултатите од квалификацискиот тест во „Орце Николов“ на социјалните мрежи. Прашавме неколкумина професори на што се должи ова и дали овие резултати се сликата на системот на оценување кој укажува на тоа дека нештата очигледно мора да се менуваат.

„Им се извинувам на реалните петки што не можам да им ставам десетки, со патетична реченица ‘таков ни е системот’. Минималниот процент на петки при квалификациониот испит за упис во „Орце Николов“ е објективно оправдан показател, така и треба. Кога бев гимназијалка во „Орце Николов“ во класот имавме 5-6 скроз одлични сите четири години и тие беа капацитети, генијалци. А генијалноста е ретка“, вели професорката Алексиќ.

Благодарение на квалификациските испити во „Орце Николов“, според неа, се обзнанило она што е познато, а што се турка под чергиче.

„Мислевме дека со екстерните тестови ќе се спасиме од ургенции, но тие отидоа во погрешна насока и цел, не ја оправдаа идејата од веќе познати причини“, додава Алексиќ.

Таа решение гледа во обезбедување услови за јакнење практична настава и вработување на средношколците по завршено средно стручно.

„Дури тогаш ќе олабавиме со врскаџискиот систем ‘некому мајка – некому маќеа’, а учениците и родителите ќе ги прифатат реалните оценки без болни амбиции. Сѐ додека вештачки се билда успех, лажно се пропагира со хиперпродукција на високообразовни кадри, се плаќаат научни трудови и лажни дипломи, ќе биде вака“, додава таа, нагласувајќи дека може да се манипулира со незнаењето и да се камуфлира извесно време, но не може тоа да се прави на подолг рок затоа што знаењето и талентот бргу се препознаваат.

Резултат на децениското маргинализирање на образованието
Елизабета Секирарска, професорката во кумановската гимназија вели дека ако се појде од фактот дека од 292 апсолутно одлични ученици, само 11 го поминале тестот со одличен успех, а најголем број од учениците на тестирањето покажале добар и доволен успех, и ако на статистикава се додаде и не така малиот број на слаби оценки, 39, се отвораат многу прашања.

„Проблемот можеме да го лоцираме на бројни адреси. Она што мене ми испливува на површина е фактот кој подразбира децениско маргинализирање на најсуштествената општествена сфера – образованието. Под тоа се подразбира децениско реформирање кое не дава резултат, започнување од почеток со секоја нова гарнитура и невклучување на фелата во виталните аспекти преку кои системот функционира“, смета Секирарска.

Ова што сега се случува, додава таа, постои поодамна, само што сега станува видливо и дефинира сериозни воспитно-образовни утки на сите чинители.

„Системот дефинира оценки кои немаат зад себе сознаен габарит. Системот е оптоварен со импровизации кои за жал, и децата ги научија. Не се бара од нив знаење. Доволни се притисоците од родителите и некои други структури, кои никако да сфатат дека со тоа му одмагаат на детето“, вели Секирарска.

Според неа, нештата се помешани, вредностите се деградирани и сè додека не се соберат сили да се направи сериозен општествен рестарт, ќе талкаме и ќе се изненадуваме од ваквите неуспеси.

„Многу е тешко да се издржи притисок во атмосфера во која вредноста се мери на погрешен начин. Ќе завршам со тоа што ќе кажам дека за мене ова е своевиден повик за помош од страна на децата и вината во никој случај не е кај нив“, додава таа.

Решението е во новата концепција за основното образование?
Проф. д-р Кирил Барбареев е еден од клучните експерти кој работеше на новата Концепција за основно образование, која меѓудругото, предвидува и поинаков начин на оценување. Во врска со слабите резултати од квалификацискиот тест во „Орце Николов“, тој вели дека не е изненаден од оваа ситуација.

„Оценката е определување на вредноста, суд за вредноста. Како ја создаваме и креираме вредноста во нашето општество започнува од тоа колку јасно, објективно и вистински ги воспитуваме и образуваме учениците за реалната вредност која ја постигнуваат. Како работна група, кога работевме ги имавме предвид сите овие ситуации во системот и понудивме реални решенија. Но, за жал мислам дека премалку се разбра суштината на промените, како и концептот на оценување кој го има како посебен дел во Концепцијата“, вели проф. Барбареев.

Како што тој појаснува, таму јасно стои дека е потребно воспоставување јасни критериуми за оценување, кои се јавно достапни, со кои се обезбедува транспарентност на оценувањето.

„Што е клучно: Наставните програми правени според новата Концепција содржат стандарди за оценување кои ги конкретизираат очекуваните резултати од учењето на секоја тема/содржина вклучена во секој предмет одделно. Оценката треба да е придружена со соодветно образложение и напредокот на ученикот да е документиран преку неговите трудови, само така ќе се намали и можноста за непринципиелни влијанија врз оценката и следствено на тоа, зголемена е објективноста на самата оценка“, појаснува тој.

Конечно, критериумите за оценување ќе бидат објективни доколку се изведуваат од стандардите за оценување. Ако не се почитуваат стандардите, се влегува во импровизации, оценува професорот.

„Клучната причина зошто е многу важно оценките да бидат објективни, односно да се базираат на критериуми за оценување и да може да го изразуваат вистинското постигање на учениците е во тоа што овозможуваат лесно прикажување на резултатите од учењето на ниво на паралелка, училиште, држава и треба да се користат за различни видови анализи кои ги поставуваат основите за креирање на образовните политики. Како, на пример, анализите на успехот по наставни предмети, по возраст, по јазик во наставата и во релација со други социодемографски карактеристики“, потенцира Барбареев.

https://meta.mk/tatjana-aleksikj-javno-priznavam-stavav-nezasluzheni-petki-no-kovidot-me-uslovi
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 22-Jun-2022 at 16:15
УЧЕНИЦИТЕ СО СИТЕ ПЕТКИ НА ПРИЕМНИОТ ИСПИТ ВО ГИМНАЗИЈАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ДОБИЈА ТРОЈКА

Само 11 ученици од 292 кои полагаа приемен испит во скопската гимназија „Орце Николов“ имаат одличен успех на тестот. Најголем број од децата кои основното образование го завршиле со сите петки, имале резултати на тестирањето со добар успех. Професорите со кои комуницираше САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека резултатите на тестирањето се разочарувачки и просекот е просечен, а станува збор за ученици кои конкурирале со просек 5.00.

Во понеделникот, во гимназијата за првпат се спроведуваше квалификационен приемен испит поради поголемиот број на пријавени ученици со сите петки. Во гимназијата годинава се отворени 285 места, а во првиот уписен рок се пријавиле 353 ученици, од кои 337 со сите петки. Бидејќи има 52 ученици повеќе со 75 поени, Министерството за образование донесе одлука да се полага приемен испит. Беа тестирани 292 ученици кои полагаа математика и македонски јазик за осмо одделение кога наставата беше онлајн и деветто одделение. Тестот по математика носеше максимум 100 поени, а по мајчин јазик максимум 70 поени.

Според резултатите од тестирањето објавени на веб страната на гимназијата и истакнати на влезната врата на училиштето, ниту еден ученик не освоил максимален број бодови. Од вкупно 170 бодови, над 129 бодови што се смета за одличен успех или оценка 5 освоиле 11 ученици, односно само 3,76% од тестираните, многу добар успех од 107 до 129 бода имаат 39 ученици или 13,36% од тестираните. Најголем број од учениците 133 или 45,55%, на приемниот испит добиле тројка или добар успех со освоени од 67 до 106 бода. Доволен успех со освоени од 45 до 66 бода имале 70 ученици, односно 23,97% од тестираните, оценка единица или недоволен успех со освоени под 45 бода имаат покажно 39 ученици, односно 13,36% од тестираните.

За наставниците со кои контактираше САКАМДАКАЖАМ.МК од основните училишта ваквите разулатите не се воопшто изнанадување, туку реална слика на она што се случува во нашето образование.

„Кога двојките во текот на цела учебна година на крајот стануваат петки ќе имаме вакви резултати. Одлични со сите петки поминуваат ученици кои цела година не доаѓаат на школо, ученици кои ниту една петка не добиле по одреден предмет, но на крај се бара оценката да се поправи. Ако ги видите електронските дневници и свидетелствата на крајот на годината ќе мислите дека не станува збор за истите ученици“, вели наставничка која 40 години предава во скопско училиште и е пред пензија.

„Петките се добиваат со услуга. Денешниот образовен систем е сведен на телефонски повик од овој доктор, од оној директор, од познат бизнисмен и слично за на детето да му се стави петка. И така учениците поминуваат со сите петки, а родителите после плачат зошто децата да им полагаат приемен тест. Па, ако се со успех 5.00 зошто тогаш се плашат. Но еве, последното тестирање во гимназијата ‘Орце Николов’ ги извади на површина овие проблеми“, додава наставничката која е позната на редакција.

Годинава, приемен испит освен во гимазијата „Орце Николов“ се полагаше и во медицинското училиште „Д-р Панче Караѓозов“.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/uchenitsite-so-site-petki-na-priemniot-ispit-vo-gimnazijata-ortse-nikolov-dobija-trojka/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 11-Aug-2022 at 13:05
Оваа учебна година ќе започне на 1 септември, а секоја следна ќе започнува на 10 септември

Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1-ви септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае до 20 јуни.

„За оваа идеја дискутиравме заради тоа што, во некои од нашите земји во регионот како на пример Албанија, Хрватска, учебната година не започнува на 1 септември како кај нас, туку подоцна. Јас би сакал да се помести стартот, размислувам за тоа, иако треба да видиме како ќе се усогласиме со СОНК, синдикатите, како и останатите институции кои се врзани со датуми, на пример, Државниот испитен центар кој е врзан со рокови заради мноштво полагања, меѓу кои и полагањето државна матура. Инаку сметам дека идејата за пролонгирање на учебната година е добра“, вели Шаќири за Мета.мк.

Од 1 септември, треба да започне учењето по новата Концепција во второ и во петто одделение. За овие две одделенија, вели министерот, сѐ уште не се испечатени учебници.

„Во однос на тоа, дали ќе успеме на време да ги обезбедиме учебниците, можам да кажам дека на време ќе има и учебници и материјали за учење за трето, шесто, седмо и за деветто одделение. Новите учебници кои треба да се испечатат за прв пат, за прво, второ, четврто и за петто одделение, сите постапки се започнати во најбрз временски рок. Бидејќи ќе се доцни, го задолживме Бирото за развој на образованието да направи подготвителни материјали за учење, наменети за првите три месеци од наставата, додека не стасаат учебниците. Тие материјали се исто како учебници, но содржат теми само за првите три месеци“, информира Шаќири.

Мета.мк неодамна пишуваше дека новите наставни програми за второ и за петто одделение се објавени на веб-сајтот на Бирото за развој на образованието. За да се реализираат, потребни се мноштво средства и опрема. Така на пример, за да се реализира успешно предметот Општество за второ одделение, наведено е дека во училницата треба да има компјутер, проектор, дигитални уреди (фотоапарат, телефон, телевизор, ЦД уред), но и сложувалки, логички плочки, игра „Не лути се човече“, градинарски алат, прибор за лична хигиена и хигиена во домот.

Минатата година, согласно новите правила кои ги налага Концепцијата, започнаа да учат најпрво првоодделенците и четвртоодделенците. Бирото организираше советодавни стручни посети во училиштата за да видат како тече реализацијата, по што беше утврдено дека сѐ уште има недоволно опремени училници со потребната опрема, средства и материјали за соодветна реализација на новите наставни програми, а од друга страна, било нотирано дека задачите кои ги даваат наставниците, најчесто за учениците се предизвик, со што го поттикнуваат критичкото размислување и анализа на дадени ситуации.

https://meta.mk/ovaa-uchebna-godina-kje-zapochne-na-1-septemvri-a-sekoja-sledna-kje-zapochnuva-na-10-septemvri/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 15-Aug-2022 at 17:14
Нема македонски универзитет на Шангајската листа



Македонските универзитети повторно ги нема во првите 1000најдобри на Шангајската листа. На најновото академско рангирање објавено денеска највисоко котираат универзитетите „Харвард“, „Стенфорд“, Институтот за технологија во Масачусетс, „Кембриџ“ и „Беркли“.

Од регионот, на позициите меѓу 400 до 500 место е рангиран Универзитетот во Белград, кој се наоѓа и на прво место на национално ниво во Србија, во истиот ранг се љубланскиот,загребскиот и атинскиот Универзитет. Универзитетот во Нови Сад пак се наоѓа на позиција меѓу 900 и 1.000 то место на Шангајската листа или втор на национално ниво во Србија.Универзитетот во Солун се наоѓа на позциите меѓи 500ини и 600 ини најдобро рангирани на Шангајската листа, Универзитетот во Крит меѓу 600 и 700 место.

Во последното рангирање објавено на 25 април, единствениот македонски универзитет кој го има на листата, „Св. Кирил и Методиј“ падна зa 20 места и сега се наоѓа на 1.964 место од 2.000 универзитети.Според професорската фела потребни се итни стимулативни критериуми кои ќе овозможат да не се пропаѓа секоја година се повеќе и повеќе на листата.

Во последните три години Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) забележа пад од 47 места во однос на минатата година, според Центарот за рангирање на светски универзитети.

https://24.mk/details/nema-makedonski-univerzitet-na-shangajskata-lista
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 27-Sep-2022 at 12:02
УКИМ пред штрајк: Никогаш не сме биле со пониски плати, а Владата нè игнорира

Ако до петок Владата не седне на маса со Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Синдикатот ќе иницира помирување пред штрајк. Претседателот на Синдикатот, проф. д-р Ангел Ристов, во гостувањето во „360 степени“ на Алсат ТВ рече дека никогаш во историјата на Универзитетот состојбата на вработените не била потешка и полоша.

Ристов вели дека во минатото платите на УКИМ биле на ниво на судии и на обвинители, а денес доцентите земаат пониска плата од просечната. Според претседателот на Синдикатот, редовен професор на УКИМ заработува 39 500 денари месечно, а платата на доцент изнесува 30 590 денари, што е под просекот во државата.

„Ние сме едни од ретките држави во Европа и во светот каде еден доцент, доктор на науки, зема помала плата од просечната“, рече Ристов, додавајќи дека најзагрозен е ненаставниот кадар чии плати не се покачени со години.

Правејќи споредба со примањата на колегите од регионот, Ристов вели дека во Северна Македонија универзитетските професори се убедливо најслабо платени.

„Јас ја споменав платата на еден редовен професор што целиот свој живот го посветил на науката, на образованието, на младите, на идните генерации – 650 евра. Во поблиското опкружување, во Косово – 1 500 евра плата, Србија – 1 800 до 2 000 евра плата, Хрватска – 2 000 евра плата, Словенија 2 500 евра плата. Ние заостануваме далеку зад сите земји во регионот, но исто така и од земјите во Европа и светот“, објаснува Ристов.

https://alsat.mk/mk/ukim-pred-shtrajk-nikogash-ne-sme-bile-so-poniski-plati-a-vladata-ne-ignorira/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 11-Oct-2022 at 13:19
Хаос на приватниот факултетот за бизнис економија отпуштени професори, студентите губат од наставата

Шест професори добија отказ од работа од приватниот Факултет за Бизнис Економија-Скопје. Не знаат зошто. Ја обвинуваат ве де директорката Жанина Кировска дека тенденциозно и без причина го отстранила од работа речиси целиот професорски кадар.

Во моментов, Факултетот има само еден вработен, односно самата директорка. Нема наставнички совет, Управа, ниту комисии потребни за функционирањето на факултетот-велат отпуштените професори од Факултетот.

Во меѓувреме и ве де директорката е разрешена, но продолжила да дели откази. Нема услови услови за почеток на академската година, студентите немаат настава, нема професори, нема распоред на предавања, ниту се одржуваат испит, не се затворени уписите, не може да се одбранат дипломски трудови. Студентите револтирани.

Утрово бил одржан состанок од страна на в.д. директорката со студентите, тие како одговор добиле дека професорите добиле откази затоа што не се појавувале на совети.

В.д. Директорката Кировска пак, вели дека основачот бара реорганизација на факултетот имаат одлив на кадар, а имало и оглас за прием на нови професори-но одѕивот бил мал.

Отпуштените професори велат дека имаат поднесено преставки до инспекторатот кој останал глув на барањата. Го известиле и Министерството за образование. Министерот Шаќири за тв 24 вели дека во момрнотв се врши инспекција..

- Веднаш по доставените жалби до МОН и ДПИ, државните просветни инспектори се на увид во приватниот Факултет за Бизнис Економија-Скопје, денес е втор ден од увидот. - велат од Министерството за образование.

И додека трае хаосот на Факултетот за бизнис економија најмногу трпат студентите кои поради ваквите состојби на факултетот можат да ја загубат и целата година.

https://24.mk/details/khaos-na-privatniot-fakultetot-za-biznis-ekonomija-otpushteni-profesori-studentite-gubat-od-nastavata
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 19-Nov-2022 at 16:58
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 25-Feb-2023 at 14:33
Секоја година по десет отсто од македонските студенти заминуваат во странство

Од академската 2017/2018 година до последната 2021/2022 година, на државните универзитети во Словенија има вкупно 5 224 студенти од Македонија
Ниту Министерството за образование и наука ниту Државниот завод за статистика немаат податоци колку точно македонски државјани студираат во странство
Единствена статистика има ФЗО преку издавање потврди за здравствено осигурување, но тоа е за само 18 држави со кои имаме вакви договори
Причини за недовербата во домашните универзитети се заложбите за подобрување на образовниот статус кои се само на хартија, лошиот меѓународен рејтинг, но и бројните скандали со лажни дипломи



https://samoprasaj.mk/ziveacka/sekoja-godina-po-deset-otsto-od-makedonskite-studenti-zaminuvaat-vo-stranstvo

Edited by stef4o - 25-Feb-2023 at 14:33
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 12-Mar-2023 at 19:03
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 17-May-2023 at 07:28
НИШКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ Е ХАРВАРД ВО СПОРЕДБА СО УКИМ Тонеме ли тонеме на листата на CWUR, догодина ќе нѐ нема!

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) се најде на 1.990-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2023 година, што ја објави Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).

Станува збор за ранг-листа која CWUR ја објавува секоја година, а при рангирањето универзитетите и колеџите ги оценува според четири мерки: образование, можност за вработување, настава и истражување. Годинава биле рангирани вкупно 20.531 високообразовна институција, а од нив најдобрите 2.000 се најдоа на листата.

Во споредба со минатата година, кога се најде на 1.964-та позиција, УКИМ годинава бележи пад од 26 места, а ако се направи споредба со 2021 година, тогаш падот е од 46 места.

За само четири години, УКИМ на листата на CWUR паднал за дури 174 места. Доколку трендот на паѓање продолжи, може да се очекува дека догодина УКИМ сосема ќе исчезне од листата на 2.000 најдобри универзитети во светот.

Од земјите од соседството, Србија и годинава има четири претставници меѓу најдобрите светски универзитети. Од нив, најдобро рангиран е Белградскиот универзитет кој се најде на 362-то место, што е пад од 12 позиции во однос на лани. Од Бугарија се рангирани два универзитета, од Грција 12, а од Хрватска 4.

На листата и годинава не се најде ниту една високообразовна установа од Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Трите најдобро рангирани универзитети во светот според листата на CWUR се универзитетите Харвард, МИТ и Стенфорд, сите од САД. Всушност, САД доминираат на листата на CWUR. Меѓу најдобрите 20 универзитети во светот, 16 се американски, три се британски, а еден е јапонски.

Новиот пад на листата, според универзитетскиот професор Тони Дескоски, претставува голем пораз.

„Вчера дознавме дека УКИМ има нов пад од 26 места на ранг листата на CWUR, при што од 1964 сме паднале на 1990 место. Уште полошо е што падот е континуиран од 2019 година, и е за 174 места. Но, има еден уште попоразителен податок. Не само што сме зад Белград (362), Љубљана (428) и Загреб (528), туку сме и зад Сплит (837), Марибор (1087), Нови Сад (1114), Ријека (1588), Крагујевац (1605), Ниш (1688) и Осијек (1925). За сите самобендисани и умислени величини треба да е јасно дека кога одиме на Конференции и објавуваме во списанија во Ниш, Крагујевац, Осијек…. всушност одиме на повисоко рангирани универзитети. И еве една цел за идниот Ректор на УКИМ: да не испаднеме од ранг листата на најдобри 2000 универзитети на CWUR. (што ќе биде тешко, ако се има предвид постојниот тренд). Таа цел сигурно не можат да ја остварат оние кандидати што седеа во Ректоратот во изминативе години“, напиша Дескоски на Фејсбук.

https://plusinfo.mk/nishkiot-univerzitet-e-harvard-vo-sporedba-so-ukim-toneme-li-toneme-na-listata-na-cwur-dogodina-e-n-nema/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 19-Jun-2023 at 17:01
МОЖНО Е УЧЕБНАТА ГОДИНА ДА ПОЧНЕ НА СРЕДИНАТА НА СЕПТЕМВРИ, РАЗГОВАРАМЕ И ЗА ПРОЛЕТЕН РАСПУСТ, РЕЧЕ ШАЌИРИ

Три предлози се дискутираат со синдикатите за почетокот на учебната година 2023/2024, рече денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

„Доколку одлучиме да почне на 1 септември, ќе почне, тоа е петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа ќе биде во средината на септември, не би сакал да зборувам за датуми. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст“, рече Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања на настан со Црвен крст.

Министерот кажа дека официјален предлог сѐ уште не е доставен до Владата, додавајќи дека овие промени може да се реализираат и од септември, за што, според него, има доволно време.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/mozhno-e-uchebnata-godina-da-pochne-na-sredinata-na-septemvri-razgovarame-i-za-proleten-raspust-reche-shakiri/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 25-Jul-2023 at 17:40
ПРОЛЕТЕН РАСПУСТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА: Стартот е на 1.септември, ќе заврши на 17.јуни

Министерството за образование и наука информира дека учениците ќе користат пролетен распуст од 29 април до 5 мај во новата учебна 2024 година.

-Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст. На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, одлучи учебната година да почне на 1 септември а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.

Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари.

Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година, соопшти МОН.

https://faktor.mk/proleten-raspust-za-uchenicite-vo-novata-uchebna-godina-startot-e-na-1septemvri-kje-zavrshi-na-17juni
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 16-Aug-2023 at 11:58
РАНГ ЛИСТА НА УНИВЕРЗИТЕТИ-БЕЛГРАД НАЈДОБАР ВО РЕГИОНОТ, ЉУБЉАНА СО ГОЛЕМ ПАД, МАКЕДОНИЈА ЈА НЕМА: На Шангајската листа Харвард на врвот

Универзитетите во светот се борат за престижни резултати, а веќе 20 години постои т.н. Шангајска листа на најдобрите 1000 високообразовни институции. Американските универзитети се едни од најпрестижните, а и оваа година Харвард е на самиот врв.

Под лупа се ставени 2.500 универзитети од целиот свет, а во првата десетка се само Универзитетите од САД, добро познатите Харвард, Стенфорд, МИТ-Бостон, Беркли, Принстон, Колумбија и УКЛА (Калифорнија), како и од двата со векови најдобро во Велика Британија, Кембриџ и Оксфорд.

Шангајската лиса од 1 до 10 изгледа вака:

1. „Харвард“, САД
2. „Стенфорд“, САД
3. Технолошки институт во Масачусетс, САД
4. Универзитет во Кембриџ, Обединето Кралство
5. Универзитет на Калифорнија во Беркли, САД
6. „Принстон“, САД
7. Универзитет во Оксфорд, Обединето Кралство
8. „Колумбија“, САД
9. Технолошки институт во Калифорнија, САД
10. Универзитет во Чикаго, САД

Една од најпосакуваните дестинации за македонските студенти е Германија, а од германските високообразовни институции најдобро рангиран е Хајделберг, Универзитет кој датира од 14 век и кој ја држи 55. позиција и е прв во државата, потоа следува ТУМ-односно Технолошкиот Универзитет Минхен, кој е на 59.место, кој воедно е и втор во државата.
Едни од најстарите европски универзитетит во Германија се и Лајпциг од 1409, како и Кил од 1665 година и тие се со најпрестижни резултати. Во земјата се рангирани од 10 до 19 место, а на Шангајската листа се од 201-300.

Од нашиот балкански регион, Универзитетот во Белград го држи приматот и тој е од 301-400 позиција, голем пад има Љубљана кој се наоѓа од 601-700 позиција, а на шангајската листа Свеучилиште Загреб се најде меѓу овие два, односно од 400-500 место.

Ниту оваа година меѓу најдобрите 1.000 универзитети нема ниту еден од Македонија.

https://faktor.mk/rang-lista-na-univerziteti-belgrad-najdobar-vo-regionot-ljubljana-so-golem-pad-makedonija-ja-nema-na-shangajskata-lista-harvard-na-vrvot
Carpe diem
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 16-Aug-2023 at 15:36
Атина 301-400
Белград 301-400
Загреб 401-500
Солун 501-600
Љубљана 601-700
Крит 701-800
Патра 701-800
Технички Универзитет Атина 801-900
Тесалија 801-900
Нови Сад 901-1000

Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.133 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.