build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Лични документи/патни исправи

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 30-Sep-2021 at 22:50
И да биде, да видиме и ние античките нешто корисно од Северџганите, чунки ќе шетаме по свет бе!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 01-Oct-2021 at 08:24
Originally posted by Marxentric

Северџганите


Кои се тие Северџгани ?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 24-Mar-2023 at 17:33
ПОСКАПУВААТ ПАСОШИТЕ, ЛИЧНИТЕ КАРТИ И ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ Вадењето документи по итна постапка ќе ве чини цело богатство

Вадењето нова лична карта ќе чини 310 денари наместо сегашните 190 денари, новата возачка дозвола ќе чини 410 денари наместо сегашните 280 денари, новиот пасош за лица над 27 години ќе чини 2.000 денари наместо сегашните 1.500 денари, а единствениот личен документ кој нема да претрпи промена во цената ќе биде само пасошот за лица помлади од 27 години.

Оваа информација ја објави порталот Фактор, посочувајќи дека Владата го одобрила решението на Министерството за внатрешни работи (МВР) за поскапување на личните документи, а решението треба да стапи на сила откако ќе се објави во Службен весник.

Од МВР ја потврдуваат информацијата за поскапувањето:

– Обрасците во моментов се издаваат по цените кои важеа и до сега. МВР постапувајќи по заклучок донесен од Влада, спроведува постапка за изменување на решението за цените на обрасци. Со решението се вршат измени на цените, а ќе се применуваат кога решението ќе се објави во Службен весник и ќе влезе во сила. Имено, цената на пасош за лице до 27 години ќе остане непроменета и натаму ќе изнесува 1.500 денари, но пасошот за лице над 27 години ќе изнесува 2.000 денари, што е зголемување за 500 денари. Цената на личната карта ќе изнесува 310 денари, што е зголемување за 120 денари. Цената на возачката дозвола ќе изнесува 410 денари, што е зголемување за 130 денари – одговорија од МВР.

Оттаму велат дека многу повеќе ќе треба да се плати за обрасците за личните документи по итна постапка, кои и онака се неколкукратно поскапи.

– Ќе има промени на цените и на обрасците за итна постапка: Цената на пасош по итна постапка ќе изнесува 6.100 денари, што е зголемување за 1.600 денари. Цената на возачка дозвола по итна постапка ќе изнесува 1.230 денари, што е зголемување за 390 денари – велат од МВР.

Како причина за поскапувањето на оваа јавна услуга за граѓаните се наведуваат зголемените трошоци во изминатиот период.

– Промената на цените се прави поради зголемените набавни цени на увезени обрасци, зголемени трошоци за одржување на системот кој се врши од страна на странски економски оператор, како и набавка на нови машини поради укажана потреба од замена на веќе дотраени машини за персонализација итн“, велат од МВР.

Ваквото решение е донесено на една од претходните владини седници по разгледувањето на „информацијата во врска со потребата од зголемување на продажните цени на обрасците за лични документи на граѓаните (пасош, лична карта и возачка дозвола)“.

https://plusinfo.mk/poskapuvaat-pasoshite-lichnite-karti-i-vozachkite-dozvoli-vade-eto-dokumenti-po-itna-postapka-e-ve-chini-celo-bogatstvo/?fbclid=IwAR0OlllABAmk9NM1r5957ILLc2TJIAOPXdAmvP6YkQ5k2t5nANj_YswgU48
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 29-Mar-2023 at 17:49
(ВИДЕО) Сите прашања и неколку одговори за менувањето на табличките и личните документи поради новото уставно име



https://360stepeni.mk/video-site-prashana-i-nekolku-odgovori-za-menuvaneto-na-tablichkite-i-lichnite-dokumenti-poradi-novoto-ustavno-ime/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 08-Aug-2023 at 11:05
ЗА КРАЈ НА ОКТОМВРИ Е ПРВИОТ СЛОБОДЕН ТЕРМИН ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ ЗА НОВИ ПАСОШИ, ЛИЧНИ КАРТИ И ВОЗАЧКИ СО „СЕВЕРНА“ ИЛИ „НМК“

Повикувачкиот центар на МВР за закажување термин за лични документи е пребукиран, но операторите се јавуваат по упорно вртење од неколку пати. Првиот слободен термин што можеше да се фати денеска, е околу 20 октомври. Во Министерството за внатрешни работи велат дека вака е секое лето, но додатно сега е и поради тоа што за 6 месеци истекува рокот на документите со името Република Македонија.

„Она што е факт е дека во овој летен период е драстично зголемен обемот за вадење лични документи, на кој дополнително влијае и назначениот рок за замена на постоечките лични документи, согласно уставните измени. Тој рок истекува во февруари 2024 година, до кога согласно законските прописи, мора да се променат личните документи (пасоши, лични карти, возачки дозволи) без оглед на роковите на нивна важност. Секој граѓанин може да закаже термин телефонски или електронски, а МВР максимално искористувајќи ги сите капацитети, работејќи и за викенди и за празници, ги презема сите мерки за граѓаните навремено да ги добијат своите документи“, уверуваат од МВР.

По три вртења на броевите за закажување на термини се јави телефонската операторка, која прво праша за колку лица се бараат термини и дали се од исто семејство. Тоа е важно за да сликањето да биде во исто време (еден по друг), а не членовите на едно семејство да доаѓаат секој во различни денови или часови. Потоа прашуваат каде сакате да ги вадите новите лични документи.

Натаму, следува прашање – кои видови на лични документи треба да ги замените, т. е. да извадите нови, бидејќи годинава оние што ваделе лични карти, возачки дозволи, пасоши, нови сообраќајни дозволи и нови регистарски таблички, веќе ја имаат додавката „Северна“ во името на земјата, односно ознаката „НМК“.

Потребно е уште пред да почнете да вртите на пребукираните телефонски линии да ги имате пред себе вашите лични документи, како и тие на децата, за да ги дадете на операторот името, презимето и матичниот број. Оттаму ви укажуваат прецизно да запишете: датум, час, кабина за фотографирање за секого поединечно, ако се јавувате за повеќе членови од семејството.

Во позадина гласно зборуваат уште 11 оператори, па треба внимателно да се сослушате со вашиот, кога ги зема податоците од вас.

Не функционира закажувањето преку електронска пошта.

Македонските граѓани од странство може да се јавуваат на економскиот оператор од надвор, а закажувањето е исто како преку овдешните линии. А ако не сакаат тука во Македонија да обновуваат лични документи, може тоа да го сторат во странство преку амбасадите кои имаат базни станици каде што може да се сликаат.

Вака ќе биде цело лето, ќе се работат и саботи и недели, и празници, вели МВР. Огромен е напливот за закажување термини за нови лични документи, граѓаните се исплашени дека нема да стасаат да ги сменат своите лични карти, пасоши, возачки, таблички, и оти ќе плаќаат казни, а без нови пасоши нема да мрднат од државава после февруари.

Во редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК се јавуваат или пишуваат е-пошта револтирани граѓани кои тврдат дека системот за закажување термини во МВР не работи. Дури се сомневаат дека во моментов може да се закаже само преку врски.

„За закажување термин за аплицирање за лични документи, а по направените проверки, ве информираме дека не постои застој во нормалното функционирање – ниту на економскиот оператор кој што за сметка на МВР го сервисира повикувачкиот центар, односно неговите 12 повикувачки линии, ниту пак во организационите единици при Одделот за граѓански работи, кои дневно примаат повеќе стотици апликации од граѓани за различни видови лични документи“, уверуваат од МВР.

До февруари 2024, граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите лични документи на кои наместо досегашното име Република Македонија, треба да стои новото име, кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција, Република Северна Македонија.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/za-kraj-na-oktomvri-e-prviot-sloboden-termin-za-zakazhuvane-za-novi-pasoshi-lichni-karti-i-vozachki-so-severna-ili-nmk/?fbclid=IwAR2_Gv2wPq-arn8Kfn1jVjR8lVpk9S1stzgBh-hds6ACLltG4HYijzKYnAk
Carpe diem
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 872
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 26-Sep-2023 at 13:56
Originally posted by stef4o

(ВИДЕО) Сите прашања и неколку одговори за менувањето на табличките и личните документи поради новото уставно име



https://360stepeni.mk/video-site-prashana-i-nekolku-odgovori-za-menuvaneto-na-tablichkite-i-lichnite-dokumenti-poradi-novoto-ustavno-ime/



Во минута 8.01/09 во видеото, или Член 1, став 10, во самиот договор:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/konechna_spogodba_makedonija_grcija.pdf#Question

знае ли некој на што точно се однесуваат документите од „Политичкиот преоден период“ исклучиво за внтарешна употреба кои не мора да се менуваат?

И има ли некој некаква идеја зошто не ги вметнале и личните документи во „Политчкиот преоден период“, а.к.а. зошто не ги врзале и промените на личните документи со прогресот на преговорите со ЕУ? Чиста неспособност (највероватно) или „Другата страна“ била свесна за недогледноста на нашиот Еу пат?

Второ, би сакал да прашам ако има некој упатен во МВР/СВР прашања и биометрички документи, зарем има начин меѓунардоно да не важи некој документ кога неговата важност не истекла во согласност со испечатениот рок на важење? На пример, патуваш некаде и ти го скенираат пасошот, и при скенирање им излегва еррор дека „упс овај пасош е канселиран оти му фали Северна“? Не знам оти ама сѐ ми се чини дека не постои таков механизам кој меѓународно би ти го „исклучил“ пасошот, возачката итн.
Па и на домашно ниво, освен што државното има на документот нема да соодветсвува со официјалното, не разбирам како автоматски сѐ ќе изгуби важност. Пример одиш во банка, и ако службеникот визуелно не забележи дека горе го пишува старото име, не вервуам дека има друг начин да избие неговата „невалидност“. Бидејќи секако не вервуам дека државата има капацитет да ги извади од некоја датабаза сите возачки кои немаат „Северна“ на нив, тоа би било квантна физика.

Јас не би имал проблем да сменам документи доколку тоа го покрие државата, но да се оддавам од пари ради неспособноста на нашите „лидери“ и „институции“ - не планирам.

Edited by hcitrS - 27-Sep-2023 at 13:06
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 872
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 27-Sep-2023 at 13:08


За документи без „Северна“ казни нема, во банка може, ама пасошот само за дома

Уште пет месеци остануваат за граѓаните да можат да ги променат личните документи и да ја испочитуваат обврската за промена до февруари 2024 година. Ова задолжение го наметна Преспанскиот договор потпишан меѓу Македонија и Грција на 17 јуни 2018 година и според него новите документи мора да бидат со уставното име Република Северна Македонија, а тоа ќе значи и дополнителни трошоци за граѓаните. Официјалниот одговор што МКД.мк го доби во врска со промена на документите е дека никој нема да е казнет ако не направи замена, а тие се уште се важечки. Со лична карта без „Северна“ во банка ќе може, ама со пасош со „Република Македонија“ нема да може да се патува.


Министерството за внатрешни работи нема да казнува, ама сепак патните исправи на граѓаните нема да важат ако сакате да излезете надвор од државата. Тоа значи дека ако не смените пасош до февруари 2024 година, од овој термин па натаму нема да може да поминете на ниту еден граничен премин и пасошот со „Република Македонија“ ќе ви биде буквално само за дома.

Според досегашните решенија со личната карта на која пишува „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“, а која по датум е се уште валидна, ќе може да поминете на границите кон Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, освен ако во меѓувреме не се донесат поинакви решенија.

Редакцијата на МКД.мк контактираше и неколку банки од каде го добивме истиот одговор, дека за на шалтер во банките во земјава ќе може да ги добиете истите услуги како и досега, односно да си извадите пари, да аплицирате за кредит, да си префрлите пари... ако имате валидна лична карта со датум кој не е истечен, а на која пишува „Република Македонија“, а не „Северна“.

„За нас валидни документи се оние кои се издадени од МВР и кои имаат важечки датум. До сега нема никаква поинаква одлука или наложување од Народна банка и се додека е така за нас ќе важат оние документи кои граѓаните ги имаат, а на кои нема изминат датум на важност“, ни одговорија од неколку банки.

И од МВР за МКД.мк официјално одговорија дека казни за непроменет пасош, лична карта или возачка дозвола нема да има и додаваат дека се користат сите капацитети и граѓаните може да закажат и да си направат промена на документите.

„Со промената на името на Република Македонија во Република Северна Македонија Министерството за внатрешни работи отпочна со активности за усогласување на законските и подзаконските акти со Амандманските измени на Уставот, за да може да се изврши набавка на сите обрасци со новото уставно име. По завршувањето на процедурите се изврши набавка од страна на министерството и е отпочнато со издавање на нови лични документи. Што се однесува до Вашето прашање дали ќе има казни за оние кои нема да ги променат документите по февруари 2024 година Ве известуваме дека МВР ги користи сите капацитети за граѓаните да добијат документи, а доколку некои од граѓаните не ги променат документите нема да има казни за тоа“, одговорија од МВР за МКД.мк.

И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна изјави дека нема да има никакви казни за граѓаните кои до февруари 2024 нема да ги сменат личните документи со „Северна Македонија“.

„Секако дека фреквенцијата е зголемена, но тоа не е случај само оваа година, туку беше и минатата. Ако направиме споредба, до 2019 година најголемата побарувачка била во јуни, јули, август и таа не надминувала повеќе од 22-23 илјади барања за промена. Минатата година за истиот период имавме околу 50.000 барања за промена на лични документи. Како што наближи летото и годишните одмори, има и зголемена фреквенција. Во овие денови барањата опаѓаат. Никој нема да биде казнет ако до февруари не извади документи со новото име на државата“, рече Спасовски кон крајот на минатиот месец.

Обврската за промена на личните документи до февруари 2024 година со уставното име Република Северна Македонија произлегува од Преспанскиот договор потпишан меѓу Македонија и Грција на 17 јуни 2018 година.

Трошоците за промена на овие документи кои се зголемени, паѓаат на товар на граѓаните.

                                                                                                                                         Катерина Додевска

Извор: https://www.mkd.mk/node/526194
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 27-Sep-2023 at 15:20
Мене личната карта ми истекла во март, а забележав дури во јуни, кога вадев пари од банка. Извадив нова во август, а се пријавив на почетокот на јуни.

Возачката дозвола ми истекува април 2024.

Пасошот, за жал, ми е нов (пред 2-3 години), но ќе мора да сменам зашто секако планирам да шетам и догодина во странство.

Edited by Џоле - 27-Sep-2023 at 17:30
За сè има вторпат
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 27-Sep-2023 at 16:25
Навистина не разбирам зошто ваква неодговорност!, единствено логично ко носталгија и до последен миг сочувување на она што ни било национален амблем од Државно Име ... но, реалноста ни ет таква каква ни ет, Секоја Чест за оние македонци кои од протест нов пасош нема да земат!, но оние пак кои сакаат мораат или треба некако од тука да излезат а ете склет им ет географски жигната Македонија в пасош логично ет да с направат навлака каде се' што е вишок бар за свои очи ќе маскираат подобно а при чекин на Табановце или Петровец ќе му остават на цариНикој да извади стаи футролата пред да помине документо на скенер!

не дека со ова сакам да ги амнестирам от неуставна одговорност удбалитичарите, но додека легалистички некогаш се испегла ваквата недоносеност от "државничко" самоволие а заради икс евроатланско пенетрирачки околности, навистина не гледам друг начин него самоцензура т.е. во случајов самокамуфлажа!,мислам која е поентата да се припаѓа во транс а не пак да се шириомраза бидејќи некој некако си ја истерал, дај веќе еднаш помирете се дека ова ет минлив свет и не е суштно да се фокусира Чоек на земни есхатони ко концепт нација небаре истите вечност ќе довлечкаат, особено што истите се енлајтмент (читај луциферијански) идеал от стандардизација [1][1] иако не треба ни да се бидне рамнодушен кон таквата реалност но да си изгориш душа колнејќи удбалитичари зошто нешто си истерале како им заповедале тоа ет навистина трагично од Христијански аршиН!

Простете за дигресииве, чисто ги пуштив ем за да си оправдам односно објаснам својата одлука да иако не се согласувам со ваквата реалност сепак требајќи ми документ уште пред година и кусур си обновив се' a сигурно многу сеуште тилтаат дали тоа да го сторат, што единствено ет разбирливо ко утеха дека и така понадвор особен аир нема да видат освен евентуално материјалистички но повторно доколку се спремни на робајла идеализам бидејќи ко нагости дури и да можеш да си праиш што сакаш каде сакаш пак ќе налеташ на некој малџија кој ако му се сони наопаку ќе те гламноса културно, но што велиме и огламник да ти клаат помалку боли негоако ет от својо!, евентуално не бев спремен на такво нешто доколку сум уценет со то нивната експериментална вакцинација!, но ај тука остани, та доколку има маса Асли Македонци би предложил бујрум топтан 100k 200k 300k повелеле сите в Русија бар таму ќе добиеме Регион па и Република Македонија ... та помирете се за сега со ваквата реалност наместо насила себе да се саботирате заради дадени уставни фрустрации!, бар не ги малтретирајте сите околу себе колку биле одродени зошто сервомаусдонски прифатиле да ги возат својте аги или от спунт нивните мецени!, треба едноставно да се разбере некогаш ко јужни пелазгијци сме биле на врво на тркалото а сега на дното, та што очекуете да ви биде норма в реалност каде римските внуци сега се клацкаат сеуште на постојнио цивилизациски врв!?, капак во нивни калап от нација сте се заглаиле ем в нивни преси бркате иднина!, та или помирете се со постојните околности или барајте другде поубо!, конечно доколку небесните идеали ви се императив во живот ќе ви бидне инстант јасно дека во Христијанство Мачеништво ет по дифолт норма чим си заглаил в неопаганска цивилизациско-политичка реалност!, баш ко и што ни имаат предочено многу Светители дека во последните времиња (исто ко и на почетокот) Христијаните а особено ако се Православни та држат цврсто до традицијата и не се спремни на глодализирачки компромиси дефакто ќе будат прогонувани!, та Трпете без никого да омразите, воисто време должни сте на ризиците да предупредите, но не и насила некого да го менувате!, просто делувајте Смиреноумно ...

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 03-Jan-2024 at 19:22
Граѓаните се бесни оти со часови чекаат да се фотографираат за промена на лични документи



Некој си земал гајба, друг си донел столче, трети си фатиле место на клупа, а сите останати ќе си бараат лек за болка во нозете, оти со часови чекале да се фотографираат за промена на лични документи.

И годинава, се повторува сценариото од претходната, пред полициската станица Пролет. Граѓаните се бесни што и денеска долго чекаат да си ги завршат обврските. Има и такви што утрово дошле да си фатат ред од 3 ипол часот.

Вратата се отвора на околу еден час, тврдат граѓаните.

Но редиците не завршуваат овде, откако ќе се фотографираат ќе мора да го поминат и редот за подигнување на готови документи. И пред овие шалтери уште во раните утрински часови се чекаше за подигнување на готовите документи.

Граѓаните се обврзани да ги сменат документите до февруари годинава. Од МВР се децидни дека ги преземале сите мерки за граѓаните навремено да ги добијат своите документи.

„Ве известуваме дека МВР ги користи сите капацитети за граѓаните да добијат документи, а доколку некои од граѓаните не ги променат документите нема да има казни за тоа. Министерството за внатрешни работи, подрачните единици за Управни работи имаат капацитет сите граѓани што имаат претходно закажан термин да ги услужат и да ги примат нивните барања за лични документи. Исто така и пунктот во ПС Пролет, каде граѓаните на Скопје без закажување на термин можат да се фотографираат за нови лични документи“, изјавија од МВР за Сител.

https://sitel.com.mk/gragjanite-se-besni-oti-so-chasovi-chekaat-da-se-fotografiraat-za-promena-na-lichni-dokumenti
Carpe diem
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 03-Jan-2024 at 23:04

нек не падавичарат туку нек се радуваат што сеуште може ред да чекаат!, бидејќи другио крај на стапо е жигосани трајно та документо в глава да им ет!, на страна што сами си се криви зошто до последен миг чекале за документ да си обноват!, капак неблагодарни што не се казнети зошто во 5 до 12 прават гужви!, од овој аспект она што е логично сега да се стори ет да се има осет за Деца Стари и Немоќни Сограѓани та ним не столче на преклоп ами подома да одат да ги сликнат ако сакаат, а дека има за тоа технички услови во овој век има, но кој да му текне така да олабаи хистерија, нели тоа далеку поголеми гајрети правилно не се амортизираат кога ќе се појават (во постојнио каков таков функшнл дисфункшнл систем) а не пак ваков!

некоја добра пракса за во иднина би било ова некако општински да се регулира, пр. доколку се случи еВОС (вистински отворено општество), при што секоја општина ќе мора да издава Логин и Пасворд за Општински Институционални еФоруми, што логично за да не се случува калакурница ем да се изескивираат ризици од склет агитпроп инфилтрации таквите еФорумски Акредитиви би можело општинска подружница на МВР да ги издава, а така да се отвори простор за просторија за поднесување барања и фоткање за Лични Документи!, бонус би било што ето од спунт и МВР би било присутно по општинските анои, та може тогај ќе се потприберат општинари и посовесно ќе си ја работат својата работа!, бреј да можеш дури и официјално за неажурност или дрскост инстант така таму да пријавиш некој чалам од општинар та да имаш и три чисти од корпус деликти доколку се згнеш на Суд да бараш регулаторно гилотинска правда!, ех ако им е мила работа а за да не си губат време по судои таквите евентуални ризици од можеби терсене Сограѓани ќе мора да ги ресетираат со барање за официјално поставена државно баждарена камера во својта канцеларија, воедно добар начин и Суд да не си губи време ами од старт во некоја комисија да се провери основа на парница доколку постојат снимки од инстутиционални канцелариски камери!, па сетне да видиш кој ќе се нафати да работи несовесно и дали нема брзо да се ресетира административен нишај врата земја плата келепурлук!, конечно оној кој се одважил за Народ во Служба да влезе ова треба да му ет и потреба заради кураж за што поголема агилност!

но каде како кој да биде агилен кога ни колегијалност не ет на ниво, туку од разноразни ситнопаланечки сеири заради партиска подобност, мнозина иако колеги па се саботираат, онака културно развлекувајќи ја задолжителната соработка, а сигурно постојат и сиктер суетни гачки кои на ова влијаат!, та зато мора Свест дека еАлатка како затворен дел од Општински еФорум а заради внатреинституционална соработка мора да е норма!, како поинаку утре нововработен да превземе брзо одговорност а не ни може да воочи со какви гајлиња колегите му терале претходно, што доколку постои ваква алатка дефинитино како појава ќе бидат на ачик извадени во некој дел од внатре-институционална затворената категорија на Општинскио еФорум пр. во подфорум Технички Услови за Работи пуштена нишка за Канцелариско Осветлување каде пријавил гласно до сите некој вработен Ало Некој Глушец Оголил Жиците На Продолжнио Кабел, а што би било иснтант поука ето нововработенио да припази околу себе дека и такви работи таму се возможни, та нели со нозе ако не ракаици да проверува кабли мислам банализирам ама и такви нешта ќе им помогнат поефективни да бидат, а не пак подфорум Правни Парадокси каде пр. во нишка за Тродуплирани Институционални Ингеренции некој од сектор Паркови и Зеленило потпраша гласно Ало Некое Суво Дрво Не Може Со Месеци Да Се Исечи бидејќи не биле за таков потфат екипирани општинските хортикултурџии та морало Градо да се ангажира но кој каде кога тоа да го дочека!, имам лично таков фамилијарен проблем и што да кажам евен веќе 4-та година чинам пак не е излезено на терен а пријавено 10-тина пати значи два пати годишно во просек, ем уште во општина Аеродром имаме отиде неколку пати, и пак бе тежок келепурлук!, ги прашувам кого да тужам утре ако биднам потепан од некоја гранка, а тоа не знаеме ние не сме одговорни, небаре живејам ја на марс така!?, смешното што истиов гајрет го имаат и други Сограѓани та бар самите да можат тоа да го издебатираат на Општински еФорум јавно, додека во затворени дел нек си се договорат општинарите кој што ќе оправа и од таквите тродуплирани ингеренции ќе бара до власта јасно да зацрта подзаконски акти кој кога како мора да делува од службите за да се сервисираат основните проблеми во Општината навреме, ако не друго!
Back to Top
PepiAn View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 15-Jan-2024
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote PepiAn Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 15-Jan-2024 at 14:10
Добар ден на сите членови!

Сакам да ве замолам за информација. Дали некој има информација дали може да се патува со стар македонски пасош во Фебруари, од ЕУ назад во Македонија?
од Амбасада велат дека најверојатно може но не повтрдуваат со сигурност

Ви Благодарам однапред на одговорот
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 872
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 11-Feb-2024 at 16:09
Originally posted by PepiAn

Добар ден на сите членови!

Сакам да ве замолам за информација. Дали некој има информација дали може да се патува со стар македонски пасош во Фебруари, од ЕУ назад во Македонија?
од Амбасада велат дека најверојатно може но не повтрдуваат со сигурност

Ви Благодарам однапред на одговорот



Јас како што разбрав од медиуми за враќање нема проблем за влез, ама за излез можи да е потешко. Се споменување некој документ од амбасада дека треба да се извади

-------------------------------------------


Патем и јас имам прашање ако веќе некој искусил: има ли реперкусии на граница за излегување од Македонија со странски пасош ако си МК државјанин?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 11-Feb-2024 at 19:02


Министерство за внатрешни работи

Соопштение

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година, согласно веќе донесените законски измени, а во врска со Преспанскиот договор, престануваат да важат патните исправи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија. Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи воопшто да не се обидуваат да излезат од нашата држава затоа што тоа нема да биде возможно. Граѓаните со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Исто така, потенцираме дека било кој граѓанин на Република Северна Македонија кој ќе дојде на граничен премин за влез во нашата држава, ќе биде примен без оглед на тоа со каква патна исправа доаѓа.

Што се однесува до личните карти, ги известуваме граѓаните дека тие ќе важат и по 13 февруари, без оглед дали се со името Република Македонија или Република Северна Македонија и граѓаните ќе можат да ги користат непречено на територијата на нашата држава. За излез, пак, од државата во земјите со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, граѓаните нема да бидат враќани од страна на нашите гранични полициски службеници доколку имаат лична карта со името Република Македонија, но не можеме да гарантираме дека ќе бидат примени од другите држави. Истото важи и за сообраќајните дозволи, како и за личните карти.

Околу возачките дозволи, ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета.   

Во однос на налепниците НМК за регистерските таблички, повторуваме дека тие се комплетно бесплатни за граѓаните, а секоја евентуална злоупотреба односно било какво наплаќање ќе биде ригорозно санкционирано. Граѓаните можат во било која станица за технички преглед да отидат со возилото и сообраќајната дозвола и од страна на контролор од станицата за технички преглед ќе им бидат залепени налепниците на регистерските таблици.

https://www.facebook.com/mvr.gov.mk
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 872
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 11-Feb-2024 at 22:24
Алал да ти е, браво! Фала!


секогаш заборавам дека ФБ е главен административен портал и алатк за државните институции
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.