build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Денивелирана раскрсница Судска палата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Денивелирана раскрсница Судска палата
    Posted: 23-Oct-2021 at 15:43


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Oct-2021 at 15:48
Спуштената раскрсница кај Мавровка остана само на хартија

Ветување: Спуштена раскрсница кај Мавровка го релаксираме најтесното грло во Скопје!



Крстосницата кај универзитетскиот и судски комплекс е една од најоптоварените во градот Скопје. Возилата што чекаат да се вклучи зелената светилка на семафорите, значително влијаат врз загаденоста на воздухот, поради зголемената емисија на гасови. За да се зголеми протокот на крстосницата, ќе направиме денивелација на сообраќајните ленти кои се вкрстуваат, а пешаците и велосипедистите ќе ги одвоиме на посебни и безбедни коридори, кои ќе им овозможат побрз премин над раскрсницата.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Спуштена раскрсница кај Мавровка заради релаксирање на ова тесно грло во главниот град, вети градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во кампањата за локалните избори (октомври 2017г.). Ова ветување на Шилегов, наведено во неговата изборната програма, „Живот во Скопје за сите!“, стр.20, е неисполнето.

Со овој комплексен сообраќаен проект, требаше да се реши метежот на една од најоптоварените крстосници во Скопје, но и да се намали аерозагадувањето во овој дел од градот. За да се зголеми протокот на раскрсницата, Шилегов пред четири години најави дека ќе се направи денивелација на сообраќајните ленти, додека пешаците и велосипедистите ќе бидат одвоени на посебни и безбедни патеки.

Сепак, тоа не се случи, досега (16.07.2021) нема никакви активности за изградба на спуштена раскрсница кај Мавровка, а таа не се спомнува ниту во планираните проекти на Шилегов до крајот на мандатот – октомври 2021 година. Исто така, скопскиот градоначалник неодамна при гостувањето во емисијата „360 Степени“ на телевизијата „Алсат М“ (22 јануари 2021), изјави дека оваа идеја е неизводлива поради непланската изградба на плоштадот „Скендербег“.

Запрашан за коментар во врска со тоа негово предизборно ветување, Шилегов кажа:

Денивелирањето на раскрсницата кај Мавровка е уништено со непланската изградба на плоштадот Скендербег. Затоа што влага во успоните коишто мора да ги има една сообраќајница и едноставно не може на тој начин, како што би можело да биде изведено.

https://vistinomer.mk/spushtenata-raskrsnica-kaj-mavrovka-ostana-samo-na-hartija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Oct-2021 at 15:50
Надвозник, подвозник или кружен тек ќе го реши проблемот со гужвите кај ТЦ „Мавровка”

Надвозник, подвозник или кружен тек ќе го реши проблемот со гужвите на раскрсницата кај ТЦ “Мавровка”. Од Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, велат дека низ оваа раскрсница дневно поминуваат по 20 илјади возила или во просек по околу 1.700 возила секој час. Но, оваа бројка кога се шпицевите е многу поголема. Тоа предизвикува нервоза кај возачите, а и го загадува воздухот поради работењето на моторите на возилата на кои им треба подолго време да ја поминат раскрсницата

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов смета дека денивелирана раскрсница ќе го забрза сообраќајот што доаѓа по булеварите „Крсте Петков Мисирков“ и „Гоце Делчев“ и дека веќе има изработено студија. Сообраќајните експерти сметаат дека раскрсница на две нивоа е скап зафат кој ќе трае подолго време и сообраќајот ќе треба да се пренасочи по другите и така оптоварени улици. Некои сметаат дека оптимално решение би можело да биде голем кружен тек

Надвозник, подвозник или кружен тек ќе го реши проблемот со гужвите на раскрсницата кај ТЦ “Мавровка”.

Од Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, велат дека низ оваа раскрсница дневно поминуваат по 20 илјади возила или во просек по околу 1.700 возила секој час. Но, оваа бројка кога се шпицевите е многу поголема. Тоа предизвикува нервоза кај возачите, а и го загадува воздухот поради работењето на моторите на возилата на кои им треба подолго време да ја поминат раскрсницата.

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов смета дека денивелирана раскрсница ќе го забрза сообраќајот што доаѓа по булеварите „Крсте Петков Мисирков“ и „Гоце Делчев“ и дека веќе има изработено студија.

– За да се зголеми протокот на раскрсницата треба да се направи денивелација на сообраќајните ленти коишто се вкрстуваат, а пешаците и велосипедистите ќе се одвојат на посебни и безбедни коридори, кои ќе им овозможат побрз премин над раскрсницата – вели Шилегов.

Сообраќајните експерти со различни мислења за предлогот на Шилегов. Миле Бошковиќ од Секторот за сообраќај во Град Скопје вели дека има доволно простор и можности да се реализира решение со денивелирана раскрсница.

– Јас директно не сум инволвиран во овој проект, туку за воспоставување на времен сообраќаен режим и според Студијата што ја работеа колегите, имаше доволно простор. Се јави проблем со подземната инфраструктура, поточно со една цевка – вели Бошковиќ.

Тој додава дека се работи за најфреквентната крстосница во Скопје и дека ќе биде тешка нејзината реализација, посебно во делот на пренасочување на сообраќајот.

– Бев ангажиран при воспоставувањето на времениот режим на сообраќај кога се правеше плоштадот „Скендер бег“. Беше многу тешко, а сè се одвиваше во услови на сообраќај. Одеше многу тешко. Сметам дека така ќе биде и при реализација на овој проект. Пренасочувањето на сообраќајот во случајов би се одвивало по околната сообраќајна мрежа која и така е оптоварена со сообраќај. Така што сметам дека ќе биде тешко, бидејќи се работи за поголем зафат кој ќе трае подолго време – смета Бошковиќ и додава дека за тоа ќе биде потребно сè добро да се испланира.

Раководителот на Секторот за сообраќај во Град Скопје, Зоран Дамјановски вели дека сè е подготвено за реализација на овој проект, но оти треба да се обезбедат финансии.

– Веќе е изработена Студија за овој проект и оваа раскрсница на две нивоа е предвидена и со Детален урбанисти план на Општина Центар. Простор има за реализација, но се потребни финансии бидејќи се работи за малку поскап проект –тврди Дамјановски.

Тој објасни дека проектот ќе се реализира фазно и нема да има проблем со пренасочувањето на сообраќајот, бидејќи нема да се затвори целата крстосница при одвивањето на градежните активности.

– Изведувачот ќе достави проект за изградба врз основа на кој понатаму ќе се решава и ќе се планира сè. Предвреме не би можел ништо да кажам – истакна Дамјановски.

Никола Крстаноски, професор на отсекот Сообраќај при Техничкиот факултет во Битола смета дека реализирањето на оваа замисла би одело тешко.

– Сепак, не би можел однапред да шпекулирам дали би било подобро остварливо раскрсница на две нивоа или кружен тек. Треба прво да имам податоци за бројот на возила кои таму минуваат и врз основа на тоа да се види кое е оптималното решение – истакна Крстаноски.

Тој додава дека доколку излезе дека раскрсницата на две нивоа е оптимално решение, сепак би имало проблеми со подземната инсталација на која треба да се внимава.

– Тоа би бил голем градежен зафат и би бил скап. Според мене би можеле да бидат во игра две варијанти. Едната улица да биде поткрената, додека другата да биде на ниво на теренот, или пак, едната улица да биде одоздола под нивото, а другата над нивото на теренот – објаснува Крстаноски.   

Според податоците на Центарот за управување и контрола на сообраќајот поголема фреквенција на возила има на раскрсниците и сообраќајниците во централното градско подрачје.

– Најголем број возила во текот на денот поминуваат на раскрсницата помеѓу булеварите „Крсте Мисирков“ и „Гоце Делчев“, во близина на ТЦ Мавровка и тоа во просек по денови, во текот на 24 часа во двата правци и кон мостот Гоце Делчев и обратно кон улицата „Беласица“ кај поранешен Скопски саем се движат околу дваесет илјади возила – констатираат од ЦУКС.

Оттаму појаснуваат дека фреквентноста на возилата и густината на сообраќајот не зависи единствено од периодот во текот на денот, туку и од периодот во годината, па така бројот на возила е различен во лето и на зима, а метежот се разликува и од приликите во моментот (протести, атмосферски промени, градежни активности, сообраќајна незгода и друго).

Од ЦУКС велат дека поголем број возила евидентираат единствено во неколку термини во текот на денот и тоа во 8 часот наутро, во 15 часот и во период од 16 до 17 часот попладне кога повеќето од граѓаните на Скопје ги напуштаат своите работни организации и се упатуваат кон посакуваните дестинации.

– Фреквенцијата на возила не е секогаш иста и таа зависи дали станува збор за работен ден од седмицата или, пак, за ден од викендот, како и од периодот во годината, дали станува збор за летен или зимски период – велат од ЦУКС.

https://www.vecer.press/надвозник-подвозник-или-кружен-тек-ќе/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Oct-2021 at 17:48
Шилегов кажа дека клучен проблем за оваа раскрница било тоа што незнаеле кој треба да биде приоритетен правец, заради тоа што после пуштањето на булеаврот и мостот во Ќерамидница ќе се смени драстично ПГДС сликата на прилив-одлив по правци. И покрај тоа стратешкото планирање на градот вика дека приоритетен правец е правецот Илинденска-Ќерамидница, сега приливот е повеќе Центар-БитПазар.

Е сега прашањето е следново. Врз основа на што знаеле да извадат дури и проект во кампања, кога нели не се знае приоритетниот правец!? Како вака се обеќава нешто што уште не е дефинирано?
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 533
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Oct-2021 at 18:09
Па сигурно и нема уште проект, ветувањето е дека ќе има во текот на наредниот мандат ако го изберат. Сликата, за разлика од останатите од програмата на Шилегов, е веројатно генеричка или од некој друг проект. Студијата е од пред неколку години, но по завршувањето на бул. АСНОМ ќе треба да се изработи нова.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 533
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Oct-2021 at 18:19
Споменатата студија е веројатно оваа, од која едно решение сум објавил во темата за скопски сообраќај:

Originally posted by Théoden

Прашање е колку ефективен би бил кружен тек само на оваа раскрсница без дополнителни модификации долж булеварот „Гоце Делчев“. Студијата од 2018 покажа дека оваа раскрсница во правец исток-запад е најфреквентна и сигурно треба да биде приоритет, на метежот лесно може само да се пренесе пред МОБ.

Ова е едно од понудените решенија за четирите крстосници од „Гоце Делчев“ од истата студија („Мавровка“ е бр. 2). Зелените ленти се надвозници, сините подземни премини.


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19695
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 17-Feb-2024 at 18:24
VISSIM 3D-simulation
Проект: Физибилити студија за изградба на денивилирана клучка -Мавровка (Скопје)
Нарачател: Град Скопје
Проектирање: EuroRoad DesignGroup LLc Skopje









https://www.facebook.com/euroroad.designgroup/videos/1162882528026687
Carpe diem
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 18-Feb-2024 at 15:24
Интересно решение, некако ,,too much'' ама ајде ќе видиме дали ова воопшто ќе се гради.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Feb-2024 at 17:09
Се е ова предизборна кампања. Нема ништо да биде од ова. Ова е нешто набрзина склепано у паинт за да се залажува јавност.

Се сеќавам на една изјава од некој надлежен, дека наводно чекаат да се пушти мсотот и булеварот низ Ќерамидница за да се види кој правец е поприоритетен, дали БитПазар - Центар или Влада - Ќерамидница. Нема врска и тј муабет, само изговор беше за да не се превзема ништо.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2599
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Feb-2024 at 07:41
Прво нека завршат со АСНОМ и Момин Поток, а евентуално и со тунелот под Кале па после нека се зафаќаат со ова.
Ја лично сум против вакви решенија со триста вијадукти и бетонски грдосии небаре сме Хјустон. Поарно еден кружен тек и чао журим.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.