build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железничка колонија - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Железничка колонија - Скопје
    Posted: 24-Feb-2019 at 11:51
Интересна сторија од 2014 та година

https://inbox7.mk/archives/3434

ПРЕКУ ГРАДЕЖНА ЕКСПАНЗИЈА ДО УЗУРПАЦИЈА НА ТУЃИТЕ ДОМОВИ

Некогашните живеалишта на инженерите за железничка инфраструктура сè уште сведочат на времето на модернизацијата на овој дел од Европа, кога во дваесеттите години од минатиот век во Скопје дојдоа да живеат со цел да ја изградат македонската железничка пруга. Оттогаш помина многу време, а жителите на познатата Железничка колонија се менуваа од некогашни носители на прогресот до денешни сопственици на овие уникатни куќи кои новата градежна експанзија во центарот на Скопје ги претвори во заложници на сопствените имоти



Дел од жителите од т.н. населба Железничка колонија, која се наоѓа во центарот на Скопје (зад Универзална сала) веќе четири години се соочени со силен притисок од градежните фирми кои сакаат таму да грдат станбено – деловни објекти. Велат дека не можат да ги прифатат нивните неповолни понуди за отуѓување на имотите и да стават потпис на договорите, кои не ги штитат нивните права.

Уценувани сме од инвеститорите ни нудат крајно неповолни цени, не ни даваат соодветна замена, ниту паричен надомест, објаснуваат граѓаните.

„Ние сите сме да се реши оваа ситуација, тука живееме повеќе од 60 години и не сакаме на таков начин да бидеме иселувани. Ние сме заробеници на сопствениот имот, сепак до крај остануваме на тоа со договор и на мирен начин да се реши. Еднаш конкретно сме се виделе со Нова Градба Дизајн и не ни понудиле ништо конкретно, но, тие почнаа со репресии, дека ќе мора да отстапиме, дека ќе ни ги вадат ќерамидите, ќе ги собирате парталите, ќе си одите, сите ќе ве иселам и слично. Доаѓале и други и не сме можеле да се договориме, ние бараме да бидеме соодветно обесштетни“, објаснува Лилјана Симовска.

По поделбата на парцелите и откупот на земјиштето исто како некогашните корисници на куќите градежната фирмата Нова Градба Дизајн почнува да навлегува во парцелите и станува сопственик на едно поткровје. Нова Градба Дизајн е сместена токму во поткровјето на куќата во која живее Маре Стојковска со своето семејство.

„Условите кои ги нуди инвеститорот се неприфатливи за нас, тие се доселени во поткровјето над нас веќе трета година и сакаат присилно да не отселат. Ни нудеа стан на 6ти спрат и 15.000 евра не прифатив, зашто не сакам на стари години јас да живеам на 6-ти спрат, а нив да им отстапам први спрат. Тие не ми понудија тоа што сакам јас. Еднаш ме поплавија, еднаш во 10.30 навечер струја крадеа и викнав полиција, наместо нив да има се обратат, нас ни велат што не викнавте. Јас им кажав дајте ми мене два стана од 50 м2, а јас ќе ги отстапам моите 82м2“, изјави Маре Стојковска.

Поранешното раководство на Општина Центар носи нов ДУП со кој парцелите се делат на пола, без при тоа да имаат добиено писмено одобрение од сите жители на оваа населба, популарно наречена Железничка колонија. Има три спорни парцели по последните измени на ДУП-от, направени кон крајот на 2012 година. По увидот на ДУП- от во основното училиште „Ј.Х.Песталоци“ една од жителките на оваа населба во Општина Центар поднесува приговор.

„Видов дека од тие три парцели се формирани нови шест. Како што ме известија од општината поделбата на парцелите според она што е заведено во архивата било направено на барање на градежната фирма Нова Градба Дизајн“, објаснува Билјана Секуловска.

По поделбата на парцелите во Министерството за финансии им било дозволено на жителите да си го откупат земјиштето и со тоа од корисници, стануваат сопственици на земјиштето.


Секуловска објаснува дека поделбата на парцелите довела до тоа да едно поткровје се протега на две градежни парцели. Но градежната фирма Нова Градба Дизајн успева да откупи дел од куќа, односно токму тоа поткровје. Како што велат жителите на Железничка колонија од јануари 2013 година започнува уцената од страна на инвеститорите кон нив, односно им нудат ставање под хипотека на имотите, па за нив неприфатливи договори и ја уриваат цената со што не им дозволуваат на други инвеститори да се договараат со нив.

„Тука е родена мајка ми и тука беше направена физичка поделба на куќите кои се лепенки, тоа значи дека до мојата куќа може да се гради зграда. Тие се сега во поткровјето, тоа си го купија. Јас имам 100 м2, а тој ми нуди 120 м2 нема изгледи за разумна спогодба со Нова Градба Дизајн, треба да дојде некој друг инвеститор. Сите си вложуваме во нашите живеалишта и некој кога сака да ни го тргне раат треба да ни даде нешто плус. Во Кисела Вода ми нудеше, потоа куќа во село Соње, а јас него да му дадам куќа во Центар? Се тоа беа усни разговори не дојдовме до договор. Решение сега за сега не гледам, посебно со нив“, вели Горјан Стојановски, син чија мајка поседува куќа во населбата Железничка колонија.


„Ова трае од 2002 година кога започна приватизацијата на земјиштето“, вели 70-годишната Елена Мојсова, која во меѓувреме го загубила и сопругот. Сите инвеститори бегаат, кога ќе слушнат за Нова Градба Дизајн“, раскажува Мојсова. Таа вели: Ние сме незаштитени, а тие се служат со уцени.

Се обидовме да добиеме официјален одговор од Нова Градба Дизајн на сите овие прашања од сопствениците на куќите но не најдовме нивна веб страничка, ниту пак некој ни се јавуваше на фиксниот телефон кој го добивме од 188. Откако ја посетивме нивната канцеларија во поткровјето во Железничка колонија, Марјан Тошевски се јави преку својот мобилен телефон. Ни рече дека не сме имале право да влегуваме во неговата фирма, ниту да му ѕвониме на телефон. Откако го замоливме за официјална изјава по однос на изразеното незадоволство од жителите на населбата, тој ни рече дека е многу зафатен, сега гради три згради во Кисела Вода и дека нема никакви документи потпишано со луѓето од Железничка колонија, па затоа и нема за што да разговара со новинари.

Според историјатот на фирмата издаден по наше барање од Централниот регистар на РМ на крајот на 2012 година фирмата Нова Градба Дизајн поднесување барање за регистрација на фирма, во јануари 2013 година сопственичката структура е во рацете на Маја Димоска и Стефан Тошевски. За нецели две години постоење направени се неколку промени во сопственичката структура и гарнитурата на управители.

Во март минатата година, Маја Димоска е изземена од функцијата, а Марјан Тошевки (1972), станува управител со ноеграничени овластувања, а Зоран Миовски е содружник во фирмата.

Во ноември минатата година, Драган Казанџиски и Стефан Тошевски стануваат сопственици-оснивачи на Нова Градба Дизајн, а избришан е содружникот Зоран Миовски. Тогаш за управител покрај Казанџиски е поставена извесна Ивона Ризинска од Берово.

Во мај годинава е регистрирана последна промена со што за управители се поставени: Стефан Тошевски (1994) и Драган Канзанџиски, (1982), кој за разлика од Тошевски од управител со неограничени овластувања, преминува во управител со ограничување, односно по налог до 5.000 евра. А Ивона Ризинска од Берово, (1991) е избришана.

КОГА ИНВЕСТИТОРИТЕ СТАНУВААТ СОПСТВЕНИЦИ

Тактиката на навлегување како сопственици во катастарските парцели ја користат и други градежни инвеститори. Нешто подолу од претходниот пример во истата Железничка колонија исто постапила и фирмата „Тим инженеринг“.

„Таа одисеја со инвеститорите започна пред 10 години откако ја откупивме парцелата на која што се наоѓаат пет куќи. Една од тие куќи ја купи фирмата „Тим инженеринг“ која што во тоа време кога ги откупувавме дворовите односно земјиштето кажа дека има план тука да изгради зграда согласно урбанистичкиот план и оние станари кои што сакаат станови тука ќе добијат станови, а другите ќе добијат на друго место или ќе им биде обесштетен нивниот дел, куќа, имот со пари. Сите бевме радосни зашто тие куќи се стари од дваесеттите години на минатиот век. Сите поднесовме заедничко барање за откуп на дворовите бидејќи се работи за една градежна парцела“, објаснува Лидија Зорба една од сопственичките на куќите.

Следувале понуди кои се неприфатливи за сопствениците на куќите или понудените обесштетувања биле далеку од соодветна надокнада.

„Бидејќи сме ние сопственици на дел од парцелата но понудите не коренспондираат со пазарната цена земјиштето кое се проценува и од страна на Општина Центар. За мојата куќа, односно проценката на една куќа од 70 м2 и двор од 208 м2 повеќе од 250.000 илјади, понудата која ја добив беше три стана по 42 м2, тоа беше првата понуда, следуваат и многу други понуди па дојде станови од 50-60 м2 на друга локација. Нормално дека не се согласив. Во меѓувреме јас се обидов да донесам и други инвеститори, како и другите сопственици, кои рекоа дека се подговени да платат, но тие секогаш наидуваа на една пречка дека тука навлегол Тим инженеринг и не сака да си оди од тука“, објаснува Лидија Зорба една од сопственичките на куќите.

Дополнителен проблем со која ќе се соочат сопствениците на куќите при продажбата на имотите се нивните имотни листови каде парцелите се поделени според идеални делови, документ кој не кореспондира со решението кое го добиле од Министерството за финансии при откуп на земјиштето каде е наведена квадратура. Како што им објасниле од Катастарот на ваквите колективни живеалиште, иако се тоа куќи, не им се издава имотен лист со квадратура, туку секој е сопственик на идеален дел од катастарската парцела. Односно една седмина од отприлика 800м2. Во досегашните понуди од „Тим инженеринг“ им било кажано дека договорите за купопродажба ќе бидат склучени според катастарските делови, а потоа тој како инвеститор ќе ги исплати според квадратурата од Министерство за финансии. Зорба објаснува дека во договорите кои би ги потпишале ќе мора јасно и децидно да биде наведено за да не бидат изиграни.

ОПШТИНА ЦЕНТАР: ЌЕ ГИ ПОПРАВИМЕ ГРЕШКИТЕ

За состојбата во Железничка населба е известена и Општина Центар и сите надлежни органи. „Тие се постојано отворени и рекоа дека се расположени да посредуваат помеѓу сопствениците на куќите и инвеститорот Ново Градба Дизајн“, вели Билјана Секуловска сопственичка на една од куќите.

СКУП испрати прашања до Општина Центар: Како општината би им помогнала на овие граѓани? Има ли и други вакви случаи во општина?

Дали е можно враќање на Урбанистичкиот план на ревизија? Како е можно едно поткројве да спаѓа на две градежни парцели?

Во одговорот којшто СКУП го доби од Општина Центар се вели: „Деталниот урбанистички план, Градска четврт З 11, локалитет Буњаковец 1 и Буњаковец 2, кој го опфаќа предметниот локалитет е во фаза на донесување. При изготвување на ДУП-от ќе се води сметка за овие аномалии направени од претходниот состав на Советот , кој ги донел измените на важечкиот ДУП и ќе се направат измени согласно позитивните законски прописи“.

МАНЧЕВ: ДА СЕ РАЗМИСЛИ ДАЛИ ВООПШТО ДА СЕ РУШИ

За разлика од состојбата во Македонија каде спогодбите за купопродажба се вршат меѓу сопствениците, како физички лица и инвеститорите, како правни лица, искуствата во Европа се сосема поразлични.

Градежниот инженер и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од дијаспората, Ристо Манчев, кое веќе 15 години работи во Германија и во Италија, каде има и своја градежна фирма за СКУП, објаснува дека таму ваквите случаи се решаваат со посредство на трета страна.

„Во Италија Агенцијата за недвижности посредува меѓу сопствениците и градежните фирми, тие воопшто немаат потреба да стапат во контакт. Агенцијата прави проценка на вредноста на објектот и таа цена му ја нуди на изведувачот на новиот објект“, објаснува пратеникот Манчев. Но што доколку сопствениците на старите објекти немаат доволно финансии да ги платат услугите за проценка на агенцијата? „Во тој случај проценката на објектот би направила на повисока цена, а Агенцијата за недвижности својата услуга би ја наплатила преку градежната фирма“, вели тој.

Градежниот инженер Манчев истакнува дека европското искуство покажува бројни примери кога така автентични и стари објекти, како што е Железничката колонија која датира од дваесеттите години на минатиот век, воопшто и не се рушат за на нивно место да се постави некој стамбено-деловен објект. Се обновува нивната инфраструктура и се реновираат на начин кој ја зачувува и истакнува нивната посебна архитектура.

Жителите велат: Сакаме да ги продадеме имотите, но бараме да бидеме реално обесштетени и да потпишеме договори кои ќе ги штитат и нашите интереси и ќе ни гарантираат дека инвеститорот ќе ги исполни сите негови обврски.


Edited by kiriOK - 24-Feb-2019 at 11:59
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Feb-2019 at 11:56
Освен оваа статија никој ништо не пишува за Железничка колонија,единствен зачуван дел од Старо Скопје.
И тоа не зборам за неколкуте куќи во Дебар Маало,него за цела една композиција,една и единствена.
Веќе се гледа дека 1/3 е уништена...

Сопствениците како и тогаш може да се види се типично македонче,се би дало за да добие два стана или нешто кеш,тука требаше градот,државата да го стави под заштита целиот ареал,да не смеат да се чепнат.



Edited by kiriOK - 24-Feb-2019 at 12:01
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 873
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Feb-2019 at 12:17
Баш штета, најсимпатична уличка е во околината. Ама очигледно ќе ја наредат со бедни бетонски коцки во жолто и розево, без тротоар и без дрва.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Feb-2019 at 19:09

Во ист таков објект во т.н. „железнички куќи“ живеам и јас. Изградена во 1927 г. и ги имаме истите проблеми како во статијата, иако ние сме на почетокот на Ѓорче.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Jan-2022 at 09:20
Originally posted by stef4o





И така си отиде железничка колонија, изградена во 20 тите години на прошли век, наменета за инжињерите кои учествувале во изградба и развој на самите почетоци на железничката инфраструктура во Скопје,наместо да беше заштитена со закон како културно наследство и да им беше наложено на сопствениците или пак општински и градски органи да ги реставрираа фасадите во автентичен вид...












Edited by kiriOK - 30-Jan-2022 at 09:25
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Jan-2022 at 12:27
Да не беше 4 годишниот мораториум досега целосно ќе беше изрушена и ќе беа натрупани многу згради но и сега повторно ќе се случи истото бидејќи важат стари планови и голем дел од парцелите се веќе откупени.



Ова е еден од проектите на Капитол Инженеринг кој ќе биде помасивен и ќе опфати повеќе куќи

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 05-Sep-2023 at 17:40
Originally posted by stef4o



Ова е еден од проектите на Капитол Инженеринг кој ќе биде помасивен и ќе опфати повеќе куќи










Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.