build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Градилишта
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градилишта

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 04-Jan-2024 at 18:05
(Фото) Со месеци: Поради бетонирање на градилиште во Центар, родители не можат ни деца во градинка да си остават – рекација нема





Камиони на градилиште секојдневно блокираат влез на градинка во Центар. Граѓаните неколкупати алармирале кај градоначалникот на Општината, Горан Герасимовски, кој пак им посочувал дека се преземени мерки. Но утринава, родителите кои носат деца во оваа градинка, немаат каде да ги паркираат возилата оти паркинг местата се блокирани.

Градинката Наум Наумовски Борче (ул.Борка Талески бр.50) е клон на ЈУДГ ОЦ Кочо Рацин Скопје во Центар. Карши градинката, се градат две згради и секој ден кога ги носиме децата во градинка, има камиони кои ја блокираат целата улицата. Од 7:30 до 8:30 (време кое е наменето за оставање на децата во градинка) неможе да се помине со кола и мораме да наоѓаме место за паркинг во соседните улички и да носиме деца во раце. Од 15:30 до 16:30, работниците најбезобразно низ целиот паркинг ставаат конуси и не ни дозволуваат да се паркираме затоа што ќе вршеле градежни работи“, сведочи Маја Арсовска, чии деца одат во оваа градинка.

Таа посочува дека ова се се случува пет месеци. Дополнително, проблем за градинката создава и бучавата која се зодава.

„И ве замолуваме, кој и да е инвеститор да си постави некаква звучна изолација, секој ден се вршат градежни работи и децата неможат да спијат.
И државата сериозно да подразмисли на едукација на градежните работници, бидејќи вчера двајца работници ме убедуваа дека тоа не е паркинг на градинката додека стоеја под знак за паркинг на кој пишување “Паркингот е наменет за градинката”, додава Арсовска.

„Скопје1“ за овој проблем алармираше кај Герасимовски кон средината на ноември, но и денеска, сликата е иста.

https://skopje1.mk/archives/274299
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 11-Jan-2024 at 19:50
(Фото) Родителите револтирани: Хаос пред градинката Н.Н.Борче во Центар, децата ни се во опасност



Цели четири месеци трае нервозата, хаосот и нерешениот проблем со изградбата на огромен објект пред градинката Наум Наумовски Борче во скопски Центар. Родителите ниту можат да ги однесат децата во градинка, ниту пак да ги земат од машинеријата која ја блокира улицата.

Иако пред градинката стои натпис дека неколкуте места за паркирање се резервирани за родителите да можат непречено да си ги донесат и земат децата, без осет вработените на градилиштето ги окупираат овие места. Родителите мораат да вртат кругови и далеку од градинката да ги паркираат возилата и по едно или две деца да носат во раце или количка.



Опасноста демне, не можеме да ги додржиме децата бидејќи нема простор каде да поминат а огромната дупка е веднаш до нив” се жалат родителите.

Тие неколку пати реагирале кај надлежните во општината и кај градоначалникот Горан Герасимовски, но ништо не е превземено и покрај ветувањата. Нивното објаснување е дека инвеститорот добил дозвола за градба.

Пред една недела правдањето беше дека МВР дале дозвола еден ден улицата да биде затворена и да се работи на неа, додаваат тие.

„Оттогаш не еден ден, туку помина цела недела а улицата сеуште е затворена за родителите и за децата“, реагираат родителите.

За да се најде компромисно решение, тие бараат слободна улица и можност за движење од 7:30 до 8:30 наутро кога ги носат децата и од 15:30 до 16:30 кога ги земаат.

„Исто така проблем е бучавата од механизацијата која не им овозможува услови на децата да можат да спијат. Веројатно кога се работи треба да се направи компромис во кој временски период ќе паузираат“, реагираат родителите.

Опасно е што родителите со децата мора да поминат под железните конструкции на камионите.

„Скопје1“ реагираше до градоначалникот, но состојбата не само што е иста туку и полоша.

https://skopje1.mk/archives/274815
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 08-Apr-2024 at 18:20
Хаос со градилиштата: Граѓаните наместо на тротоар по булевар заедно со автобусите и возилата



Во хаотичното живеење во Скопје, каде што автобусите на ЈСП и на приватните превозници, такви какви што се, се единствениот јавен превоз, каде нечистотијата по улиците стана препознатливо градско обележје, а улиците останаа претесни да го примат сѐ поголемиот наплив на возила, она што сериозно ги загрижува граѓаните е и незапирливата изградба на станбени и деловни објекти.

Целиот град е претворен во големо градилиште, се гради буквално во сите општини, во секој нов ДУП се предвидуваат нови градби. Откако советниците во општините ќе ги усвојат плановите, на граѓаните веќе не им помагаат никакви реакции и протести за да спречат каква било изградба. Па, така, во општина Ѓорче Петров, на пример, на просторот спроти пазарчето треба да никнат дваететина згради со височина од 7 до 20 ката.

Но, освен незапирливата изградба во Скопје која градот постепено го претвора во голема бетонска „спална соба“ без доволно вистински паркови, а не мали зелени површини што локалните власти од неразбирливи причини ги нарекуваат паркови, граѓаните реагираат и дека со градилиштата се узурпираат јавни површини.

Лимените тараби што ги оградуваат градилиштата одземаат тротоари, велосипедски патеки, а општинските инспектори сето тоа го толерираат, иако е надвор од парцелата за градба. Велат дека е само привремено решение, а штом заврши градбата, дека сѐ ќе се врати во претходната состојба.

Но изградбата трае и неколку години, како што е на пример случај со градилиштето на булевар Партизански одреди спроти Порта Буњаковец. Таму сосема е одземен тротоарот, а пешаците и велосипедистите се движат по велосипедската патека, протнувајќи се покрај кабастите контејнери, кои исто така се лоцирани на оваа патека. Денеска пак, не беше овозможено ниту движењето на тој простор, затоа што на едната лента беше поставена механизација, која граѓаните мораа да ја заобиколуваат движејќи се на средната лента по Партизанска заедно со автобусите и автомобилите.

Срамно е ова што се случува, ќе испогинеме тука затоа што нема каде да се помине. И никој не реагира. Изведувачите си прават што сакаат, а ако се пожалиме во инспекција, велат дека мора така поради изведување на градежните работи и дека брзо ќе се тргнат. Истото се случува и на улицата зад „Холидеј ин“, а поминете да видите зад Универзална сала како е. На улицата „9 Мај“ има неколку градилишта и како им текне ја затвараат улицата со механизација. Значи, во овој град никој не се грижи за граѓаните – реагира Ема Стојанова, која ја затекнавме токму на оваа локација.



Безбедноста на граѓаните честопати е загрозена поради градежните зафати на изведувачите на објектите. Притоа, никој не се грижи во такви случаи, кога механизацијата е неопходно да биде поставена надвор од градилиштата, да биде овозможен безбеден премин на пешаците, дали со помош на сообраќајна полиција или со редари од градилиштата.

За жал, апелите на граѓаните што бараат поголема безбедност на градските улици честопати не стигнуваат до „ушите“ на локалните власти. Инвеститорите и изведувачите со разни времени одобренија си ги изведуваат потребните активности, додека граѓаните се нервираат. Ним нема кој да им издаде „одобрение“ за безбедно и непречено движење по скопските улици.

https://www.slobodenpecat.mk/haos-so-gradilishtata-gragjanite-namesto-na-trotoar-po-bulevar-zaedno-so-avtobusite-i-vozilata/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.095 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.