build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ГУП - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 08-Jun-2022 at 18:44

е па ти, немаш сфатено до сега дека уранистички план не служи за урбано планирање, туку за легално зацртување на нови објекти на рандом локации
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 12-Feb-2023 at 15:14
Новиот ГУП за Скопје не е ни на повидок, уште долго ќе се планира по стариот

Генералниот урбанистички план 2012-2022 година истече, а новиот, според кој треба да се планира просторот во Скопје во наредните 10 години, сѐ уште не е изготвен и не се знае уште колку години ќе треба за да стапи на сила. Дотогаш, планирањето и деталните урбанистички планови што ќе ги носат општините, ќе се усогласува по стариот, донесен уште во времето кога градоначалник беше Коце Трајановски.

Градоначалничката Данела Арсовска неодамна, во гостување на една од телевизиите, изјави дека само за основниот документ, кој се подготвува заеднички со Градежниот факултет и со Агенцијата за просторно планирање, претпоставен рок за завршување е четири години, но со оглед дека изработката не е почната навреме, туку лани, тоа значи дека новиот ГУП нема да биде готов во блиска иднина. Таа објасни дека сите постапки започнале по пописот, затоа што се чекале резултати што се битни за изработката на планот, а дека сега забрзано се работи на неговата подготовка. Арсовска очекува нацрт-верзијата да биде готова кон средината на годинава, за да може веднаш да се вклучи јавноста со свои забелешки додека е ГУП уште во рана фаза на подготовка.

Од сето ова произлегува, дека откако ќе поминат сите фази на подготовка и сите фази за негово донесување, веројатно новиот ГУП ќе стапи на сила некаде на половината на периодот за којшто ќе биде донесен.

На последната седница на Советот на Град Скопје беше донесена Програма за финансирање изработка на урбанистички планови на Град Скопје во 2023 година, во која за изработка на новиот ГУП, за оваа година, се предвидени средствата во износ од 50.000.000 денари, како и 15.000.000 денари за урбанистички проекти неопходни за спроведување на ГУП.

Како што се прецизира во Програмата, новиот Генерален урбанистички план треба да биде стратегија за идниот развој на градот, што значи дека неговата подготовка е сеопфатен, сложен и временски долг процес за што е потребно вклучување на стручни лица од повеќе институции и области.

Колку години ќе поминат додека стапи на сила ГУП за 2023-2033 година, колку тој ќе биде квалитетен, како што тврди Арсовска, и дали ќе биде поквалитетен од претходниот, времето ќе покаже.

Дел од граѓаните со нетрпение го очекуваат во надеж дека со него ќе се отстранат многу недоследности, а со кои задолжително мора да бидат усогласени деталните урбанистички планови кои ги носат општините. Па така, на пример, него желно го очекуваат жителите на Крњево, кои не можат да реновираат и да ги обноват своите трошни куќи, затоа што во дел од населбата во ГУП е зацртан булевар којшто никогаш не се реализирал. Сличен проблем имаат и жителите на Мичурин, но и на Маџир Маало, во чија населба според постојниот ГУП повеќе од половина од просторот за градби е со намена за деловни објекти. Сличен проблеми имаат и жителите од многу други делови на Скопје.

Целата изградба и уредување на просторот во Скопје мора да е задолжително усогласен со намените во Генералниот урбанистички план, но многупати, можеби и неправедно гневот на јавноста при носењето на некој ДУП е насочен кон општините, иако секој ДУП мора да биде во согласност со ГУП.

Градоначалничката вети дека граѓаните ќе бидат вклучени уште во раната фаза на изработка на ГУП, па доколку тоа навистина така се случи, тогаш скопјани ќе треба да бидат подготвени и внимателно да следат што ќе понуди планот на просторот за којшто се заинтересирани. Затоа што откако ќе се донесе, тогаш доцна ќе биде за сѐ.

https://www.slobodenpecat.mk/noviot-gup-za-skopje-ne-e-ni-na-povidok-ushte-dolgo-kje-se-planira-po-stariot/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 14-Apr-2023 at 09:57
Ќе се спаси ли Скопје со новиот ГУП? 



Врз квалитетот на живот на граѓаните големо влијание има околината, односно, во пошироки рамки – градот. Граѓаните на Скопје веќе две децении се соочуваат со проблеми кои се појавија како последица на несовесното градење различни типови на објекти. Затоа, планирањето на градот е нешто кое директно ги засега сите кои живеат во Скопје. Тоа планирање се прави во Деталниот урбанистички план и Генералниот урбанистички план. Договорот за новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје 2022-2032 е потпишан во 2020 година и е во процес на изработка.

Што претставува Генералниот урбанистички план?
Генералниот урбанистички план или како што популарно се нарекува ГУП-от е документ кој претставува стратегија за развојот на градот во наредните десет години. Притоа, тој ги зема предвид различните аспекти на градот и потребите на граѓаните за домување, работа, рекреација и култура. Овој документ е основа за сите понатамошни просторни промени, планирање, градење и сл. Од ГУП-от зависи и Деталниот урбанистички план.

Архитектката и граѓанска активистка, Искра Јанковска-Михајловска објаснува што опфаќа еден ГУП.

„Во Генералниот план се разработува: како ќе се шири градот во наредните 10 години, каде ќе имаме нова индустриска зона, каде ќе имаме нова населба, кои сообраќајници ќе се развијат... Се прават промени, се случуваат климатските промени, па исто низ текот на времето од некои причини се менува кружењето на ветровите. Сè ова, но и начинот на живот, секако модерниот начин на живот се менува, така што затоа и е потребата од промена на ГУП-от“, вели Јанковска-Михајловска.

ГУП-от е комплексен документ, кој содржи графички приказ, текстуален дел и нумерички дел. Оттаму, неговата изработка се базира на многу анализи и бара соработка помеѓу експерти од различни дисциплини. Слободан Велевски, професор на Архитектонскиот факултет во Скопје зборува за процесот на изработка на ваквиот план.

ГУП е гломазен документ. Формално го изработува Агенцијата за просторно планирање, по нарачка на градот и градоначалникот на град Скопје. Е сега, пред да почнете да планирате, треба да постои огромен период на подготовка. Се разбира, нема да одам во детали, таман работа. Пред сè, се прави инвертаризациска мапа на постојната состојба на градот, значи дисекција на различните намени итн. и паралелно со тоа се прават различни студии. Архитектонски факултет беше повикан за соработка, и јас и колеги од различни сегменти учествувавме во одредени подготвителни фази за изработката на ГУП. Тоа се различни елаборати и студии, коишто всушност треба да дадат инфромации и насоки. Тие не проектираат, туку тие даваат насоки на планерите коишто потоа ќе ги изготвуваат верзиите на ГУП, а планерите се од Агенција за просторно планирање“, вели професорот Велевски.

На што се должи хаосот во Скопје?
ГУП-от го диктира планирањето во Деталниот урбанистички план (ДУП). Сепак, во денешно време, инвеститорите и/или градежниците најчесто си градат по свое и одбиваат да го следат ГУП-от велејќи дека станува збор за застарен документ. Со манипулации се прават промени во ДУП-овите. Ваквото однесување е неприфатливо. Непочитувањето на ГУП-от, односно непочитувањето на препораките од експертите има последици кои ги чувствуваат сите жители на Скопје.

Покрај константното градење и доградување, проблем е и негрижата за постојните објекти, кои е пожелно да се пренаменат за да се искористат. Дополнително, може да се критикува и самиот ГУП. Професорот Велевски смета дека последните неколку ГУП-ови не содржат никаква визија за развој на градот.

„Прво и основно, сметам дека ГУП-от од чисто легислативен, треба да стане и проективен документ. Тоа е суштинска разлика. Вака декларативно можеби звучи, меѓутоа да ви подобјаснам што мислам. Тој не смее да биде само алиби, ете дека нешто се прави, дека ние се трудиме, сме правеле студии, не знам што, туку пред сè треба да има, да биде идеја. Која е идејата на сите ГУП-ови после оној од земјотресот? Значи ние од земјотресот, до сега сме имале четири, вклучително со овој постојниов, сме имале четири ГУП-ови. Различно се викале, меѓутоа четири такви документи. После оној првиот којшто го испланирал градот после земјотресот, нели од празна ливада малтене, нели повеќекратно е зголемена територијата на градот итн, овој во осумдесеттите години, средината на осумдесеттите години се труди да го дореализира, колку што се имало можности. Меѓутоа, практично тоа е продолжение, тоа е екстензија на овој планот после земјотресот. И после тоа немаме идеи веќе со плановите. Значи, Скопје во планско-проектна смисла – зборувам планско-проектна смисла, ниту е само план, ниту е само проект – е безидеен план веќе 40 години. И сè уште не се распаѓаме комплетно како град само поради таа матрица, условно кажано, поставена во шеесетите години, којшто поради парадигмата планерска во тоа време, прилично ретко изградена“, објаснува професорот Велевски.

Каква е визијата за идното Скопје?
Во однос на тоа како би требало да се развива Скопје, професорот Велевски е дециден дека повеќе не треба да се градат станбени згради. Тој препорачува фокусот да се стави на обликување на просторот помеѓу зградите бидејќи тој простор ги опфаќа и оние неопходни објекти, како училиште, градинка, продавница, банка и сл.

Е тоа е тој простор помеѓу зградите. Не се просторот помеѓу зградите само, како се вели нели, тревникот и паркиралиштето. Напротив, туку всушност животот помеѓу зградите. Тоа е вака нешто што е навистина битно. Денес во стручната фела, во Европа особено и во Северна Америка нели, САД и Канада, сè повеќе се заговара и во јавноста тој концепт на петнаесетминутен град или град на петнаесет минути. Што тоа во суштина значи? Тоа значи дека сите овие функции секојдневни, треба практично стратешките документи за планирање на градовите како што се овие генерални планови, детални планови и низа други планови, треба да се грижат да сите потребни функции кои граѓаните ги имаат на дневна основа, да не бидат подалеку од петнаесет минути пешачко или велосипедско движење. И на тој начин, всушност и оние огромни метрополитенски простори наеднаш почнуваат да фрагментираат на мали градови во градот“, истакнува Велевски.

Примената на концептот за петнаесетминутен град во голема мера би го подобрил квалитетот на живот во Скопје. Интересно е што во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, Скопје бил токму таков град. Денеска, иако не може да се каже дека Скопје е густо населен град, факт е дека се соочуваме со концентрација на население во поедини делови на градот. Таквата концентрација, наместо фрагментирањето, создава серија проблеми: сообраќаен метеж, немање простор за паркирање, паралелки со повеќе од 35 ученици во училиштата и др.

Професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет во Скопје обрнува внимание на еден друг исклучително важен аспект. Нагласува дека ГУП-от треба да се изработува во согласност со можните ризици од идни земјотреси, поплави и други непогоди, како и да се земе предвид потребата за евакуација. Градењето објекти на ризични подрачја, како што е подрачјето по текот на коритото на Вардар, може да доведе до огромни штети.

https://samoprasaj.mk/ziveacka/ke-se-spasi-li-skopje-so-noviot-gup
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 29-Oct-2023 at 17:59
Кои се дел од барањата на градоначалниците за новиот ГУП?

Големи се очекувањата на општините од новиот генерален урбанистички план (ГУП) за Скопје кој, место усвоен и во сила веќе една година, сè уште е само во подготвителна фаза. Бришење на јужната обиколница, преиспитување на потребата од булеварот „Крушевска Република“, ограничување на градењето за да се спречи со дозвола за куќа да се гради зграда, конкретни насоки како да се третираат земјиштата продадени со јавно наддавање, зелен појас покрај Вардар, а веднаш до него и градежен појас по целата должина на реката, зградите да одат во висина место во ширина и ред други барања веќе се подготвени и чекаат градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да ги побара.

Општините се изјаснуваат за делумно консултирани за новиот ГУП, но истовремено и целосно исклучени од подготовките за кои велат дека немаат ниту информација до каде се. Од десетте скопски општини кои се во опфатот на ГУП, на прашањата за планот и соработката со Град Скопје за негова изработка одговорија, само четири. Од општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар и Карпош сведочат дека со Град Скопје за ГУП имале средба летово но се разговарало главно за новата урбанистичка блоковска поделба, а од тогаш нема нова активност ниту за подготовките за ГУП ниту околу неговата изработка.

Булеварот „Крушевска Република“ раздвојува историски маала, Центар бара да се преиспита потребата од него

Општина Центар со внимание ги следи постапките за новиот ГУП и прецизно посочува дека постапката за донесување на планот официјално не е почната оти не е одобрена планската програма од Советот на Скопје. Барањата за новиот ГУП им се стокмени.

„Во новиот генерален урбанистички план, како Општина, ќе побараме да се преиспитаат наменски употреби на земјиштето во дадени градски четврти (ГЧ И05 – Маџир Маало), да се преиспита потребата од булеварот Крушевска Република кој разделува повеќе историски маала, ќе побараме поврзување на некои градски четврти кои биле раздвоени со претходниот ГУП, а историски отсекогаш претставувале целини, ќе побараме дислокација на индустриските капацитети на територијата на општината, замрзнување за понатамошен развој на некои делови од територијата на општината и слично“, објаснуваат од Општина Центар.

Од новиот ГУП, покрај планови, Општина Центар очекува и конкретни, пропишани насоки како да се спроведат градските политики.

„Дали станува збор за намалување на жителство, за ретрасирање на постојни траси на сообраќајници или за третман на земјишта отуѓени со јавно наддавање, очекуваме конкретни методологии за справување со настанатите ситуации, а како сите градски општини би имале пропишани услови за еднакво постапување“, конкретно бараат од Општина Центар.

Иако постапката за новиот ГУП официјално не е почната, Агенцијата за планирање на просторот веќе имала средба со стручен тим од Општина Центар на која биле информирани за документирање на постојната состојба на терен. Агенцијата ги консултирала и за можни превиди, како најдобри познавачи на територијата на Општината, а им биле најавени и дополнителни состаноци.

Кисела Вода бара ограничување на градењето за да се спречи со дозвола за куќа да се гради зграда

Во Општина Кисела Вода се револтирани од доцнењето на ГУП. Сметаат дека доцнењето ќе има сериозни последици за секоја од скопските општини оти ги ограничува можностите за развој. Без нов ГУП општините не можат да ги применуваат стратегиите предвидени со развојната програма што сметаат дека е чекор назад во уредувањето на просторот.

„Сметаме дека неработењето на Град Скопје е причина поради која нашата Општина нема никаква информација до каде е процесот кој одамна требаше да биде завршен. Соработката со општините при донесувањето на вакви клучни документи со децениска важност е од исклучителен интерес на нашите граѓани, а до овој момент, од страна на Градот Скопје воопшто не сме консултирани ни околу нашите развојни програми, стратегии и цели. Како општина сметаме дека сериозните проекти, како овој, бараат пред сè работа која треба да биде динамична, транспарентна и стручна. Наспроти тоа, за носење на еден ваков документ има молк, никаква комуникација, што сериозно загрижува и наведува на размислување дали Градот Скопје воопшто нешто сработил“, велат од Општина Кисела Вода.

Барањата на Кисела Вода за новиот ГУП од Општината објаснуваат дека се содржани во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски каде се сместени сериозни стратешки чекори за урбанистичкото планирање.

„Проекти кои се навистина значајни се ограничувањето на бројот на станбени единици при градењето куќи со цел да се спречи изигрување на законот и градење згради на име А1 (домување), потоа проектот за подземно пробивање на јужен булевар, секако неизоставен дел би било имплементирањето на идејното решение за Расадник за кое веќе ни пристигнаа 5 решенија на распишаниот конкурс и сме во исчекување на уште некое кое би стигнало по пошта, бидејќи од досегашното искуство пратките од странство сериозно доцнат “, велат од Општина Кисела Вода.

Убедени се дека нивните барања за новиот ГУП се значајни и овозможуваат развој не само за Кисела Вода туку и за останатите скопски општини.

Јакимовски: Зградите треба да одат во висина, да се зафаќа небото за на земјата да остане повеќе простор за паркови

На градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за разлика од останатите градоначалници, не му пречи доцнењето на новиот ГУП. Тој дури смета дека генералните планови не треба да се носат толку често и се залага важноста да им биде четвртина век.

„Не гледам што се менува во функционирањето на Општината или на локалната самоуправа со евентуално носење нов генерален урбанистички план. Генерални планови, прво, не се носат толку често. Тие треба да се носат на 25 години затоа што со промена на генерален план, ако го носите на 10-12 години, вие треба да ги усогласите постојните детални со новиот генерален план. За десет години треба да направите, на пример во Карпош, 50 урбанистички планови. Таман сте стигнале да ги усогласите тие носат нов генерален план. Тоа нема логика, како мачката кога си ја брка опашката е“, вели градоначалникот Јакимовски.

Неговиот став во однос на барањата што Општината ќе ги има за изработка на новиот ГУП вели дека зависат од барањата на граѓаните.

„Знаете кои се најчестите барања на граѓаните? Имот кај што е предвидено зеленило, тие бараат да биде домување. Сите бараме зеленило ама кога ќе го имаме зеленилото бараме да се претвори во домување без разлика дали се работи за колективно или пак за индивидуално домување“, вели градоначалникот Јакимовски.

Тој смета дека деловите покај кејот на Вардар треба да се редефинираат. Да има простор во ширина од 50 до 80 метри од брегот кој ќе биде резервиран за паркови, а во другиот дел да се предвиди градежен појас и така да биде не само во Карпош туку и во останатите општини низ кои минува Вардар.

„Тука гледаме едно двојство. Ако веќе ни е концепт дека покрај Вардар треба да има сериозно проветрување, треба да има паркови и слично, тој појас треба да се дефинира од Ѓорче Петров, од Сарај, до излезот на Скопје. А не како што сме сега, во Карпош тоа го има, а како еден стомак направено, тој дел го запазуваме па потоа се стеснуваме во централното градско подрачје па малку се прошируваме во делот на Аеродром и се гледа една неконзистентност“, замерува градоначалникот Јакимовски.

Новиот ГУП, според Јакимовски, треба да го уреди просторот зад Зајчев Рид, да го урбанизира Бардовци, да го заштити Водно како белодробни крила на Скопје, но сепак да не се избрише јужната обиколница која треба да се гради на сметка на зеленилото.

Против бетонизацијата на Скопје Јакимовски вели дека ќе се бори со нови згради кои ќе одат во висина, ќе се зафаќа небото за на земјата да остане што е можно повеќе простор за паркови.

„Таа флоскула против бетонизација е сериозна флоскула. Напротив јас се залагам за сериозно осмислување на она што треба да се гради и да се прави и мојата заложба е дека на површините не треба да се оди во ширина туку треба да се оди во висина, да се зафаќа небото, а што е можно повеќе површини да остануваат за паркови и за други содржини кои им се потребни на граѓаните“, вели градоначалникот Јакимовски.

Градоначалниците на останатите шест општини, Аеродром, Бутел, Сарај, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Чаир, исто како и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, молчат за новиот ГУП. Макфакс веќе објави дека за да продолжи подготвителната фаза на ГУП, Комисијата за верификација во Советот на Скопје чека од градоначалничката да им образложи зошто распишала четири огласи за партиципативно тело, три од нив поништила и четвртиот побарала од нив да го поништат, а инсистираат и правната служба да им посочи кој е законскиот пат тие да поништат оглас што не го распишале.

https://kajgana.com/koi-se-del-od-baranata-na-gradonachalnicite-za-noviot-gup
Carpe diem
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 29-Oct-2023 at 20:08
Па дали се сериозни од општина Центар? Ги засеќирале историските мааала додека во исто време дозволуваат да никнуваат грди зградичиња без никаква логика баш во историските маала и на таков начин да се уништуваат? Па во Дебар Маало над улица има тераси и држачи за клими...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.