![]() |
![]() |
![]() |
Катна гаража во Велес |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 01-Apr-2022 at 16:56 |
ПРОЕКТ за ПОДЗЕМНА КАТНА ГАРАЖА ВЕЛЕС
Следствено на проектот за реконструкција на плоштадот во централно градско подрачје во Велес, следи подземна паркин гаража која се наоѓа под еден дел од предвидениот плоштад. Ослободување на локацијата од високи елементи и од надземни паркинг простори, проектирана е подземна катна гаража со пристап на возилата од улицата Гоце Делчев. На дадената градежна парцела предвидено е едно интегрално тело со трапезоидна (неправилна) форма површина од 1508м2. Објектот се предвидува да се изведува под кота на теренот, во чијшто габарит по вертикала се распоредени три нивоа, сите под котата на теренот. Во рамките на ниво на терен на последното ниво предвидено е плато, партерно уредено, поплочено со имплементирање ниско и високо зеленило интегрирано со урбана опрема- во корелација со реконструкција на плоштадот. Бројот на обезбедени паркинг места е вкупно 100 возила, од кои три возила се за лица со посебни потреби и две се предвидени за електрични возила. Соодветно на тоа внатрешниот сообраќај во објектот е предвиден со периметрално поставена рампа за влез и излез наменета за качување и симнување на возилата низ катовите. Скалишното јадро со лифтот, тоалетите, наплатниот пункт со просторијата за мониторирање се сместени во еден волумен кој постои на сите три нивоа и директно води до нивото на плоштадот. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/LINEA-III-818422388244507/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА ВЕЛЕС БАРА ПАРИ ЗА ДА ИЗГРАДИ ПОДЗЕМНА ТРИКАТНА ГАРАЖА ВО ЦЕНТАРОТ
Велес ќе добие подземна гаража во центарот, спроти судот. Дел од стручните лица подолго време посочуваат дека во централното подрачје не треба да се гради ниту катна, ниту подземна гаража, оти така нема да се намалат сообраќајната гужва и загадувањето. Градоначалникот Марко Колев вели дека сите технички работи за подземната гаража се завршени. „Постапката е отидена предалеку и не се можни никакви измени. Имаме проект, ревизија, издадено решение за градба, сообраќајно решение, значи имаме сè“, изјави Колев. Засега не е обезбедена финансиската конструкција за гаражата, која би имала три ката под земја. „Не можам да се врзам со рокови. Во преговори сме со ЕУ, Владата, со донатори. Пресметките велат дека би чинела 90 милиони денари или 1,5 милиони евра. Општина Велес е подготвена да финансира со свој дел. Во рок од 3-6 месеци би знаеле поконкретно. Ваква подземна катна гаража има во неколку европски градови. Над неа е предвиден современ плоштад, чија изградба ќе ја финансира ЕУ“. кажа Колев. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-veles-bara-pari-za-da-izgradi-podzemna-trikatna-garazha-vo-tsentarot/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА КАТНА ГАРАЖА ВО ВЕЛЕС
![]() Општина Велес го направи првиот чекор за изградба на катна гаража, изготвено е идејно решение на постоечка маркица во деталниот урбанистички план во близина на автобуската станица. Со изградба на катна гаража значително ќе се зголеми капацитетот на паркинг просторот во овој дел на градот. Ваквата инвестиција подразбира вложување на големи финансиски средства за кои Општина Велес ќе се заложи да ги обезбеди со поддршка на државната власт. Општина Велес продолжува со реализација на проекти во интерес на граѓаните и нивните потреби. ![]() ![]() ![]() ![]() https://veles.gov.mk/ide-no-reshenie-za-katna-garazha-vo-vele/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ПОДЗЕМНАТА КАТНА ГАРАЖА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВЕЛЕС
Градоначалникот Марко Колев утрово го потпиша Договорот за изградба на подземната катна гаража во центарот на градот. Носител на договорот на јавната набавка во име на група понудувачи е фирмата ДЕЛТА ПРОМ од Велес. Со оваа капитална инвестиција ќе се обезбедат 100 паркинг места, на три подземни ката, со што значително ќе се олесни сообраќајниот метеж во овој дел на градот. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/municipalityofveles |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ПОДЗЕМНА КАТНА ГАРАЖА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВЕЛЕС
![]() Со расчистување и оградување на просторот на постојниот паркинг пред Основен суд во Велес, почнува изградбата на подземната катна гаража во центарот на градот. Следи почетокот на градежните зафати, а изведувач е градежната фирма „Делта пром“ од Велес која ја поседува потребната лиценца за работа на објекти од „Б“ категорија на општинско ниво. Изградбата ќе биде заедно со „Стентон градба“, бидејќи станува збор за голем објект и специфичен за градба. „Ова е еден од најголемите градежни зафати во поновата историја на Велес, за кој долго време се зборува, кој граѓаните долго време го очекуваат. Со овој проект ќе помогнеме со паркирањето во централното градско подрачје. Изведувачот е воведен во режим на работа, имаме и времен сообраќаен режим, ќе имаме времено паркирање. Очекуваме дека во период од 9 до 12 месеци подземната катна гаража ќе биде готова. Не само поради големината на инвестицијата, туку и поради барањата при изградбата. Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во Скопје направи проект за заштита на јамата, ќе се прават шипови за нејзина стабилизација“, вели градоначалникот Мако Колев. За изградбата на подземната гаража која ќе биде на три нивоа, Општина Велес аплицираше до Министерството за локална самопурава и доби 131 милион денари (околу 2,1 милиони евра), средства од унгарскиот кредит. Капацитетот е за 100 возила. Површината на катната гаража е 1.508 метри квадратни, влезот е од улицата Гоце Делчев. Ќе биде на длабочина до 13 метри. Остануваат со закон заштитените скривници на Дирекцијата за спасување и заштита, како и дуќаните пред Основен суд Велес. Во втората фаза, по завршувањето на подземната катна гаража, ќе се врши уредување на плоштад на местото од сегашниот паркинг. На забелешките од стручните лица, архитекти и градежници дека во централно подрачје не треба дa се гради ниту катна, ниту подземна гаража, оти така нема да се избегне гужвата во сообраќајот и загадувањето кое тоа ја предизвикува, градоначалникот Колев кажа дека постапката е завршена и не се можни никакви измени. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-da-se-gradi-podzemna-katna-garazha-vo-tsentarot-na-veles/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |