build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Промоција на Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 21-Aug-2023 at 18:50
Originally posted by beTon



ова фонто со мајонез топ би легнал за ето за транзициона кул мапа, додека за традиционална логично Везени Пиперки треба да се норма ...

интересно за евентуална транзициона верзија може да се игра и со термини ко AjBap em KeBap Sandwich што чинам беше појава кај некои скопски сендвичари налик 5 Ќебапи во Лепиња со Ајвар ... а од фастфуд инвентивност во '90ти интересен скопски егзеплар беа и то Пирошките со кечап и мајонез кај Воен Базен хм сигурно има и други на кои не ми текнуе, но сигурно секој Град имал своја уникатна фастфуд направија, можеби специфично месо во Плескаиците ... од тоа време од неалкохони пијалоци в скопско фора беа оние растворените сокои во вински флаши или пак газираните коли во мали пластични шишиња, исто имаше и фалц прилепски јупи и кокта и нормал ЦД густите сокои на Агроплод, а имаше и некои зелени газирани со специфичен вкус но ми испарил лејбл од вијуги ...

нејсе, ова е добар почеток, бар тука мнозина кои се глобализирале да се запознаат со локалната кул традиција, и бар гости кога ќе им дојдат успат 'и тие да пробаат нешто олдскул!, а негледам зошто на истите специјалитети не би пркнале и етно кавери пр. ко kitchen chemistry ремикси [1] јасно се додека посреди е третманот на храна отколку гмо папазјана од намирници или тоа да е изричито наведено дека е случај, она употреба на гмо нане со мирис на ананас (го има во еден куп варијанти)

конечно може најкорисно би било ваков материјал да им се дава ко поклон за Полуматура на Средношколци, та бар ако размислуваат за јабана да има што утре да ги пишмани носталгично, или пак да им послужи за ширење македонски кул вајбои и потака, пред се' ко ментален енерџи шилд за да не биднат лесно асимилирани туѓина!



Edited by beTon - 21-Aug-2023 at 18:53
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 21-Aug-2023 at 20:02

незнам колку корисно би било на такви инфографици да се лепне и специфично лого а истото потоа да се додова ко ознака по ресторани и кафеани, 'и иако сега постои лејбл Меана (незнам дали сеуште ет активен) [1] (само да не му падне у рака дизајно на машиновозач [2]) може вака да се бележат ајде китат сите соодветно во однос менито (за сф-мапа комотно лејбл Македониум со Чушки) мислам убо би било и за скитнати домородци од далеку да си разберат што може да ги снајде зад некои тараби, а не пак туристи, она кај знајш дека уба олдскул Чорба има кај то ресторанчето до бившо Кино Култура чија тераса ет оградена со тарабите од градилиштето на деценија недовршената Црква Свети Константин и Елена освен ако не ја здогледаш училишна табла и не забораил Персонал да кредоса дневна шема!

најконечно дали ќе бидне дозволено продавање на Специјалитет од Дома предпорти, нормал стандардизирано, нешто налик оние занаетлии кои праат Торти и Колачи подома, а во даден крај каде локално не е поркриен ресторански одреден специјалитет од друг крај на Македонија!?, мислам кога ќе најш Питулица во Скотје или пак Блага Пица ут Битољ!?, ем така Пензионери ќе станат спешл кејс хоумдиливери кетеринг по нормални цени та ако изненада ви налетаат гости да не му ја мислите како ќе ги изненадите!, на страна што многу Млади абер немаат од готвење а милуваат домашна храна ем ни за сендвичари а не па за во меани имаат дисаѓи!, ех како убо би било за 100 ден. наместо 100 да лапнеш 300 грама Чорба ем Густа ем Месната илити наместо 1/4 Бурек во Пекара 1/2 Комшика да ти сервира, мислам бар онаму и во она време каде нема ако не друго!, ај најди Сукано во 2 саат посабајле пр. во Инџиково!, нормал тоа и сега може да се договори бар меѓу оние кои комшиски сеуште нормал живејат, но евела ете си се враќал од туринг со бајко по Скопско Поле и оп си огладнел, та зошто да нема апликација која ќе трепне каде сеуште горат сијалици и можеш да фино да се нараниш, ех само каков туристички спин би било тоа, но за такво нешто ќе ви треба и вело автопати низ полено [3]

и по најконечново сето тоа ко идеја додека стигне до концепт а не пак проект уште повеќе изведба илити потоа одржување и регулирање стандардизација, несакам да звучам песимит, но изгледа ќе почекате на постпотопна администрација, нали тогај со кајчина полесно ќе се оствари идејава!, така да убо е што постои ефорум ко Билд за да се исцрпуваат идеи јавно а да не испарат ден потоа!, којзнае ако сторат институционален ефорум бар за овој проект може бар тогаш Народ ќе се одважи да дума на ангро, бидејќи тука изгледа се научи само сеир да пука!?
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 22-Aug-2023 at 10:26

неодредено конечно, убо би било кога некој од воа удбалитичарите би сконтал дека бренд се праи и од чист воздух а не пак традиција макар во меѓувреме некој ви ја украл пр. словенците со етикетата Ајвар или пак французите со кроасанот кој практично ет австриска направија а ја би рекол комотно можеме да ја гледаме и ко пелазгиска т.е. доколку Бурек е локален ноухау неговата минијатурна кифла верзија посекако може да ет исто овдешен спин кој едикојски пекар го занел Виена, ко по обичај бива признат дури кога ќе излезе понадвор


~


е сега дали имаме основа да срочиме романтична македонска приказна од ултимејт колевка на Пецива, хм комотно може да се рецне то репликата од фурна во Тумба Маџари ко неолитска пица овен [1] а локални пицерии да имаат во Мени и Тумба Дивина вержн со месо од Див Зајак и јајца од Еребица ако не Гулаб сосот јасно от Павлака од Магарешко Млеко ето кога ќе дојде некој Емир [2] да не заврши само на 10-ка со Кромид во Дестан туку цела недела да си мези низ Чаршија!, е сега ваквиот спин не би бил токму доколку нема на што да се залепи а што би било Симит ко скопска направија што логично упатува дека иновативниот дух туј бил одомакинет низ векоите а за да речеме дека и Бурек е локална направија прво треба историска претпоставка за текоите на ширење т.е. ако бил ориенталнo шерната виа османлиите тогај истата ќе се нашла и век два ако не векои понaпред в Централна Азија а тоа ет тро дискутабилно вели една Македонка ут лондоните [3][4] на што ја би додал дека пологично е тука да завозела просто имајќи предвид дека античките македонци а сигурно и нивните предци Пелазги се познати како први забележани конзумери на Архаична Пица [5]


The earliest known use of flat bread as a plate for meat was made in Macedonia during the 3rd century BC, which perhaps influenced the later 'trencher' bread of medieval Europe if not Greek pita and Italian pizza [5][5]~[5][5]


логично римјаните потоа византијците итн. ваквите тестенини ги превзеле оттука и ширеле натака, дефакто бар за ова е јасно дека грците немаат никаква основа бидејќи ко што може да се види од античките извори во последните линкои освен Риба и Овошје друго стомак не им поднесуел!, бреј имале може Пита со Гирици токму за феникијци [6] така да комотно може да фрлиме чалам како Колевка на Тестенини Пити и Пецива просто има основа на која може да се гради таквиот мит, пардон воа удбалитичариве ко северни изгледа и од вакво нешто бе се срамеле!?, небаре брендирање мит треба да ет политички коректна категорија, за жал со таква бугарите скоро ги имаат интегративно стаписано, нејсе, фино е да се искористи и она минатодеценискиот клип на Дискавери Ченел дека македонците биле први во свет кои праеле Плескаици (тјуб не го вади или дискавери со копирајт го скинал може на дејли врви) за што исто убо ѕирнете си ги то последните линкои, та ето ако некаде може да се склепа бренд од Исконска Пица и Праисконска Скара на милион начини тоа треба да е тука, хм може се плашат од еколошки куршлус сегашниве удбалитичари та бутаат под тепих каква и да е досетка во овој контекст нали ќе им се смејале европеи кои ето од слични шеми па и дамбетер прават пари, понали срамота да се бркаат муштерии на историски факти з'ш тоа може да отвори дебати кои посетне може да стигнат до светски документарци и ето га пак блокаж од р'Грција ем р'Бугарија ta ne im merete na pameto ако сте паметни локално туркајте вакво брендирање, иако идеално би било една онаква кул мапа да има разни историски леери дури и движења на зачини трендои итн. итн., но, да се радуваме и на еден леер!, за интерактивна мапа тоа сеуште ни за Цркви има а не пак вакви муабети, но којзнае може за сластољубие помотивирани ќе биднат во то туристичката аптека со оглед дека за секоја практична екскурзија ќе лижат прсти додека збираат абери низ македонски меани, и ајт и тоа, само нека сторат дедикејтед тематски ефорум бар за проектот да не фати пајажина а глобалисти ви накачат по инерција дишс вит инсекти, ќе си речеш има еден уште сега и во она фотката или ... кој би рекол фин спин би било свилени чадорчиња да се норма нормал со локален исконски штембил та дури и кога ќе си заминат гости да им замириса Маџуно во авион или воз (ако супејат нашиве да стават у погон брза пруга натака којзнае можеби и туристички бродои ќе видите ако кинезите запнат за Вардарска Долина [7])


... i не заборавајте исконски мелозвуци ко прилог
но во грначарска тава истурени
а ако е в тенеќе бар да е локален којунџија ...




Edited by beTon - 22-Aug-2023 at 12:26
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 23-Aug-2023 at 03:05

чинам нема крај думање апропо брендирање еклектична мамка заради заживуење туризам, но и так со Ск'14 voa убалитичарите ве турнаа во импосибл сити од метропола та друго чаре немет!, освен ако себеомаловажување ви е паблисити стант за пред гости, што ко што гледам скопски туроператори го милуваат, седам наутро пред раздвижување на ул.Македонија и еден таков им објаснуе на група во минување колку корумпајла ни е држава да ето от проект ко Ск'14 лапале тендери, му суфлирав у фон Џаст Лајк ин Јоур Прешс Јуроп!, мислам у кој филм и да се кои чифтијани ќе им значат ако нечии локални фрустрации си ги искрkаат рано наутро во скотска обиколка!?, после чекајте вие на секнд ритрн на таа иста група за една до две децении, та има ли некој акал дека на гости не им се сервира бљувотини од локален калибар у потсвест за да си поуживаат у одмор, мислам океј да постои таква тура и сите удбашко удбалитичарски бљувотини низ попследните два века да им се сервираат на туристи, ама по дифолт тоа да е фора и тоа онака бедно опфатено само со посттранзициона епоха мислам каде со тој памет мои мили скотски тур оператори!?, подеднакво дегутантно би било Келнери во Меана да знаат приказни ала Марко Цепенков и само у тој филм да тилтаат, дури тоа било слободно уметнички израз!, чунки би смениле плоча порано или подоцна, арно ама метросекулци дали турбофолк или традиционални ќе ти бушат една иста фора со бургија у мозок бил ти домородец или пак на поминување, просто шема е да си депре у Скопњет!, и ај подома ти е релаксација ама да малтретираш и гости со својта садомазо перцепција тоа чинам ет дебакл кој и елктро¬панкерски да ет срочен ќе се загрцнеш порано или подоцна доколку ет единствена опција за дофаќање на скопска реалност [1] синкир поспоро ако има шарени келари ама па така поболно ко подолго ќе дрма [2] мислам мењајте бар од време на време плоча ако знаете дека у скопски џубокс има мал милион вајбои [3] ама изгледа вонаби глобалисти подалеку од својта ситнопаланечка исфрустрираност неможат нали да добацат!, ксмет такви да ти анимираат туристи дали!, но ако е утеха живееме во последните времиња та кому иде изгледа е работава!?


Edited by beTon - 23-Aug-2023 at 10:30
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 09-Feb-2024 at 20:20

wow wow wow колку добар фото пиар има the counter costum burger иако воа dCCB имево тро тегаво, ко бургер алгоритам за топење вкусои на непце, ајт супер ќе оит и така само црви да не се бејс леер у плескавица суптанс!, а можеби и тоа така ко тегаво ет долгорочно добар конзумеристички спин налик кршејќи јазик (пр. ко по мекДоналдс бургерс) на долги стази да ти се сплетка по вијуги здраво, особено имајќи го пред'вид следното центрирано фото по пасусов, така речи да те порази понуда и се речеш о'јазик прибери се срамота да слиниш на фото оди касни оближни се мозоку!, но, колку малку треба заради летс'гет'бургер стигнеме до летс'гет'борг у хамборг, О и У ко во ОУ утре некој наноботовски може да ги смени нели по школски мензи и ето га некст'левел бројлер'ботс ар реди ту сервис деир'утопиан'фантазмогори оф њу'атлантис'парадајз, за кои би рекол испасирајте ги оштроумно таквите погрешни идеали од евроатланско'рајско'јаболко пр. можете и во патлиџангл вержн да го сторите тоа доколку пробаат да ве силуваат со хјуманитариан-еид-оф-деирс при евентуален мануфактуред-глобал-економик-колапс коз енфорсинг фул'диџитал'економи ~ мислам идеално би било да сте самоодржливи и да не морате бидејќи ват'гоус'араунд'комс'араунд но ко урбано гетоизирани со време за такво што оштроумно низ аграријан мајндсет подгответе се (како индивидуално така и колективно) [1] како не би дошле во позиција да тилтате кој пат да го фатите!




~

нејсе муабетов е во контекс неопходноста од евентуален автохтон пиар пр. за ресторани и како Сите мораме да помогнеме дизајнерски да се исполира сектор услужни дејности како во однос стандардизација така и во однос понуда и како истата да бидне апилинг "мор дан ит ит", т.е. сите што имаат дизајнерски абер да сторат ниет да помогнат со думи во однос туристички маркетинг та и од Кепабчичница да бидне микролокациски Хотспот [1][1][1] пр. на некој иден еФорум спрострен од мин.'за'екон. каде како заедница би стасале до идеи ко онаа за Скопска Фуд Мапа та утре и Скопска Стрит Фуд Мапа а така и за секој Град и не само туристичка туктаму туку и занас ко онлајн верзија [2] конечно интерактивно со зум'ин функција дури и како историски времеплов за Цела Македонија [3] што би било корисно и како спунт за Деца да потфатат утре полесно интерес бар за Историја и Географија ете низ фудмап кон хисторимап натака, нели кој да им раскажува приказни ко Домакин на својте (дури и случајно сретнати) гости, бидејќи тие ко туристи најнапред бараат да чујат автохтони абери и како ние ги вариме и сервираме како Култура Историја Разбирање, но како кога денешните генерации "поише" ќе скрцат волја за аберисуење глобални него локални муабети, но што како се попарени низ глобалистички-социјални-центрифуги со се' само не своето што е и' нормал, та сами треба да сториме се' да им помогнеме на идните генерации бар така низ интерактивен мајндмап пристап да се заинтересираат за локална Историја и Географија при што можеби мин.'за'образ. и мин.'за'кул. ќе смогнат сили да им срочат Атлас кој самите ученици утре ќе го пополнуваат и линкуваат со скенирано или нет инфо пр. во контекст некој Град некоја епоха итн. просто да учат низ фрактал од заедништво, што пак конечно може и треба да се стори како спин и за поубав соживот локално како би се свестиле дека лајф'воз'стреинџли'бјутифул'ор'терифл како каде колку некогаш некаде [4] а за да конечно сконтаме дека како Заедница дал локална регионална та и полупстровска треба да си пададеме рака со сето историско ехо на култура на живеење за така не само да биднува истата побогата со разбирање туку и учи од волјата за соживот (илити мањакот отнеа т.е. што недостасувало дал материјално културно или идеолошки да се стаса до соживот на дадено ниво), благо речено за денешнио ум натопен во разногласија и расеаност неопходно ет да се димензинираат еАлатки кои таквио постоен глобалистички тренд (од наплив на тривијален медиокритет дури и на и за битни абери) мора да се изескивира оштроумно што пак изнедрува потреба од идеи како на Млади та и Постари им се пружи прилика за сплотување на современ но аналоген начин преку дигитална технологија (додека не ве спржиле еа-детерминисти со својта волја за фул'диџитал'економи виа веб3&amp;метаверзи каде нели ју нид џаст ту плаг јор бреин енд воила ју ноу еверитинг, евроатланската утописка фатаморгана за мен'машин'трансхуманизам) мислам едно ет кога некоја дигитална технологија ја користиш за свое арно друго ет кога ќе дозволиш истата таа тебе да те користи, та еве дури и постојната каква ет си има свои ризици и стапици а не пак истата на стероиди дехуманизирачки впрегната како хајвед'метаверз'сосаети!, така да со време смогнете сили за од постојнио да речеме диџитал аналог технолошка реалност извлечете за себе од себе аир (a без сини знаменца како мотивација) иако паметно би било на таквите историско-географско-културно-социолошки мапи да имате и супер хартија аналог верзија бар во неколку копии како некое осигурување за во случај рокне е-инфраструктура при евентуална иден глобал emp ворфер не ви бидне бадијала ваквото сплотуење [5]

него од каде инспирација за постов, бреј бреј бреј, во линко на каламус најдоле имате д'каунтер'ком спојлер [6] а каламус чунки знајте кој беа што беа [7] та навистина сме за жалење кога и нешто што e за аир во однос промоцијата на Македонија биднало да речеме тивко сиктер конзумеристичка реалност, што па друго, односно колку треба таква реалност да не заплиснуе за сите топтан се исиктериме одтука пред некој можеби ескими утре придојдат и она што ние не сме биле волни правилно да му го презентираме на Свет како локална култура традиција историја итн. тие го сторат!?

ван'мор'тајм кликнете на јава линко најдоле
може ќе си нарачате 49$ фемили-пакуење каунтер-бургер за подома
може гости така најмакедонски ќе угостите!?





Edited by beTon - 09-Feb-2024 at 20:21
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 28-Feb-2024 at 12:50

Би ми препорачале ли да летувам во Македонија?

Кица Колбе Колумна

5 февруари 2024


Како да се најде јунак кој ќе поттикне да се направи долгорочен план за туристичка „ресана” на Македонија? Нејзе ѝ требаат талентирани и вредни луѓе со творечка фантазија.

Има ли Македонија други туристички адути освен Охрид?Има ли Македонија други туристички адути освен Охрид?



Додека ме услужуваше во една градска установа, во разговорот еден млад Келнјанин спомена дека се‘ помалку му се лета со авион на летување. Тоа беше повод да раскажам колку често патував помеѓу Германија и Македонија кога бев на негова возраст. Мојот восхит за татковината очигледно го поттикна да ме праша: „Би ми препорачале ли да летувам во Македонија?“ Притоа сакаше да знае дали таму има услови за летување на фамилија. Восхитено извикав: „Секако!”. „Кои места би му ги препорачале”, ме потпраша. Не ми падна ништо на ум, освен Охрид. И додека му раскажував за најстарото езеро во Европа, тој ме праша што е таму привлечно за брачен пар со двегодишно дете. Како да не го чув, му раскажував дека Охрид има многу цркви, споменици на културата. Дека таму секое лето се одржува меѓународниот фестивал на класична музика, во една чудесна стара црква крај брегот на езерото. Тој љубезно ме слушаше, но престана да потпрашува. Небаре се оправдував, продолжив да му ја опишувам природата во Македонија која, според мене, е слична на онаа во некои предели во Тоскана, за која тој беше споменал дека ја познава. Кога тој продолжи да молчи, му реков на заминување дека би му ги препорачала и туристичките места на јадранскиот брег, особено тие во истарскиот залив, каде што може да допатува со кола. „Но, тоа е Хрватска, нели”, забележа тој.

„Втората Тоскана“


Ја затворив зад мене вратата и се прашав зошто кога тој веќе ми кажа дека сè помалку сака да лета со авион, не му реков дека за да летува во Македонија ќе мора да патува со авион. Дека со мало дете не би им препорачала да патуваат со автомобил од Келн до Охрид. Да бев искрена, ќе му речев дека не му би му ја препорачала Македонија, ваква, каква што е сега, за летување на фамилија со мало дете. Зашто таму нема да му биде понуден тој туристички стандард, кој тој го добива во Шпанија или во Италија. Сфатив дека посакав земјата во која се родив да му ја претставам како „втора Тоскана”, а притоа не знаев кое друго место би му го препорачала, освен Охрид. Кога помислив на Лазарополе или на Пелистер, ми стана јасно дека на двегодишни деца им треба поинаква околина. Им треба куќи среде лозја и маслиници, со градини и тераси со базен, какви што се безбројните омилени туристички места во Тоскана. Можеби токму затоа се почувствував збунето кога тој ме праша дали има и други туристички места, освен Охрид,.

Ми стана толку жал за земјата во која се родив која, за мене, е секако една од најубавите на Балканот. Ама, сепак, таа во овие три децении е како во стогодишниот сон од бајките, во кој се‘ повеќе се запустуваат прекрасните села, а младите од внатрешноста си заминуваат на Западот. Тие градови сега не потсетуваат ни оддалеку (а би можеле!) на оние питорескни местенца во Тоскана во кои секоја куќа е обновена, во кои на секој агол има чудесни ресторани и продавници за италијански специјалитети. Сето тоа е можно и во македонските градови во внатрешноста, но за тоа треба многу труд, инвентивност и фантазија.



Кога мислам на актуелната состојба во Македонија, често ме обзема тага пред споменот на моите родители и на сите генерации кои ја градеа првата македонска република во Југославија, Тие не беа патриоти од популистички вид како многу од денешните, чие поле на делување се социјалните мрежи или кафулињата. Тие беа патриоти со работа и труд, потврдени во изградбата на сите темелни институции кои се белезите на секоја стабилна држава. Како сите Македонци на нивна возраст во деведесеттите, моите родители се радуваа на самостојната македонска држава, затоа што тоа беше сонот на многу генерации. Тие веруваа дека со чесен труд, одговорност и самопрегор и Македонија може да се развие во модерна европска земја.

Впрочем, во Македонија живеат само половина милион повеќе жители отколку во градот Келн. Како може да функционира совршено еден град со жители од еден милион, како Келн, каде секоја година, пред да дојде пролетта, се контролира „здравјето” на секое старо дрво во градското подрачје и во големите стари паркови? А во Македонија шумите се претворени во депонии, а излетничките места што ги паметам од детството се распаѓаат. Нели е знак на неблагодарност да се има толку убава земја, толку раскошна природа, а таа да не се негува и култивира? Луѓето што си ја сакаат земја,та ја чуваат чиста и ја негуваат секоја педа од неа. Тие што си ја сакаат татковината, ја препознаваат нејзината убавина и прават сè, да им ја доближат на туристите. Секако, доколку сакаат да профитираат од нејзините природни убавини и од културното наследство. Македонија е толку мала, што сите градови и села во внатрешноста би можеле да бидат поврзани со модерни патишта.

Туристичка „ренесанса“


Само како да се најде јунак кој ќе поттикне да се направи долгорочен план за туристичка „ренесанса” на Македонија? Нејзе ѝ требаат талентирани и вредни луѓе со творечка фантазија. Такви, кои ќе се инспирираат од туризмот во Италија, Шпанија и Холандија. За тоа ќе треба да се ангажираат (барем како советници) младите луѓе кои се заминати од Македонија насекаде во светот. Тие таму научиле како се работи во модерните држави. Можеби така еден ден ќе се образуваат и политичари во Македонија кои ќе се потрудат вистинските луѓе да дојдат на вистинските позиции. Млади, модерни стопанственици би можеле да разработат долгорочни планови за туристичка обнова на напуштените села, но и на помалите градови кои се наоѓаат во пределите привлечни за туризмот. За таков туризам како тој во Тоскана, каде што со поволни кредити во осумдесеттите, со средства од европските фондови, во селата и градовите беа обновени или изградени приватни куќи во тоскански стил, а беше поттикнато и земјоделството и овоштарството. Некој од моите роднини од Скопје неоадмна ми рече дека во Македонија има многу добри нови винарии и лозја. Но, веројатно, во нивната близина уште нема можности за индивидуален туризам.

На Македонија и‘ требаат модерни концепти за развој на туризмот. Зашто и за развојот на туризмот е неопходна творечка фантазија. Некои од денешните Македонци се гордеат што биле потомци на „античките Македонци”. За да им поверува светот, треба да покажат дека ја имаат истата дарба, истата уметничка и градежничка фантазија како и оние непознати уметници кои ги правеле мозаиците во Хераклеа. За жал, многу од денешните Макединци, чија должност е да го одржуваат и да го презентираат на светот своето културно наследство, не се способни да го сторат тоа на најкомпетентен начин, а камоли самите да изградат градби, еднакви по убавина на тие на градителите од минатото. Тоа не значи дека такви луѓе не се раѓаат повеќе во Македонија. Тие луѓе во овие три децении попусто чекаа да заврши транзицијата. Младите Македонци со дарба и знаење не сакаа повеќе да чекаат додека да почне домаќинското и чесно градење на државата. Тие ја напуштија Македонија. И сигурно ја чувствуваат истата тага како и јас, кога мислат на актуелната состојба во Македонија. Затоа што се свесни за нејзината убавина и за нејзиниот потенцијал за развиток.



Оваа колумна го изразува личното мислење на авторот и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на македонската редакција на Дојче Веле или со ДВ во целина.

https://www.dw.com/mk/bi-mi-preporacale-li-da-letuvam-vo-makedonija/a-68171512

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.