build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Состојби во градежништвото и архитектурата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 05-Jul-2012 at 17:34
ДЗС: Зголемен бројот на одобренија за градење
Четврток, 05 Јули 2012 16:12
Сподели

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Државниот завод за статистика денеска објави дека во мај се издадени 245 одобренија за градење, што е за 6,1 процент повеќе во споредба со истиот месец минатата година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.293.633 илјади денари, што е за 48,4 проценти помалку во однос на истиот месец лани.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 179 се наменети за објекти од високоградба, 28 за објекти од нискоградба и 38 за објекти за реконструкција.

На 181 објект од вкупно 245 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 64 објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во овој период предвидена е изградба на 504 станови со вкупна корисна површина од 43.073 метри квадратни.

kurir
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 05-Sep-2012 at 22:38

Во јули издадени 242 одобренија за градење


Во јули годинава се издадени 242 одобренија за градење што е за 15,2% повеќе во однос на истиот месец лани. Предвидена е изградба на 1.541 стан, со вкупна корисна површина од 109.196 квадратни метри во вредност од 17,356 милијарди денари што е за 610,3% повеќе во однос на истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 185 (76,5%) се наменети за објекти од високоградба, 23 (9,5%) за објекти од нискоградба и 34 (14%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 242 објекти, на 177 (73,1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 65 објекти (26,9%) инвеститори се деловни субјекти.

Статистика измерила и дека во второто тримесечје биле зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување за 2,9% во однос на истиот период минатата година. Во второто тримесечје од годинава трошоците за материјали се повисоки за 3,5%, а трошоците за вработени за 1,5%.

Во споредба со првото тримесечје од годината зголемување од 2,5% има кај трошоците во градежништвото, за 2% кај трошоците за материјали и за 3,6% кај трошоците за вработените.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0B3BDDC3A342D644AF844C2E2F613681
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 06-Oct-2012 at 03:34
Продолжува големиот интерес за изградба на нови станбени површини

#

Трендот на вложување во нови станбени објекти продолжил и во текот на месец август. Според соопштението од Државниот завод за статистика, бројот на предвидени станови за изградба изнесувал 618 со вкупна корисна површина од 51.112 метри квадратни, што претставува пораст од 10,8% во споредба со истиот месец лани кај бројката на станови и зголемување од 8,5% на нивната површина. Од нив, 355 идни живеалишта се инвестиција на физички лица, додека деловните субјекти предвиделе подигнување на 263 станови со површина од 17.024 метри квадратни. Скопскиот (295), пелагонискиот (97) и југозападниот (75) регион предничат во однос на бројката на станбени единици кои добиле одобрение за градење од страна на локалните самоуправи. Општините Центар (94), Битола (75) и Аеродром (68) се локациите на кои постоел најголем интерес за започнување на инвестиција во станбениот сектор во текот на месец август.

Статистичарите констатираат дека во осмиот месец од 2012 година се издадени 272 одобренија за градење што е за 42,4% повеќе во однос на идентичниот период од минатата година. Најголем пораст на градежните дозволи од 264,7% е забележан во секторот нискоградба. Сепак, предвидената вредност на објектите е намалена за 16,6% во споредба со август 2011 година, поточно домашните и странски инвеститори пресметале дека во новите зданија ќе вложат 2.100.584.000 денари или околу 34,2 милиони евра. Процентуално, најголемиот пад од 54,2% е регистриран во секторот реконструкција на стари објекти. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 197 (72,4%) се наменети за објекти од високоградба, 45 (16,5%) за објекти од нискоградба и 30 (11,1%) за објекти за реконструкција. Од 272 објекти, на 189 (69,5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, додека на 83 (30,5%) инвеститори се деловни субјекти.



#
Објавено на 05.10.2012 во категорија Вести.

Тагови: Битола, Скопје, Станбени, Статистика

http://www.build.mk/?p=19170
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 05-Dec-2012 at 12:22
Издадени одобренија за градење

среда, 05 декември 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2012 се издадени 258 одобренија за
градење што е за 3.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 139 109 илјади
денари што е за 29.1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 196 (76.0%) се наменети за објекти од високоградба, 30
(11.6%) за објекти од нискоградба и 32 (12.4%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 258 објекти, на 189 (73.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 69 објекти (26.7%)
инвеститори се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 501 стан, со вкупна корисна површина од 42 181 м2.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=50


Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 20-Dec-2012 at 15:22
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 20-Dec-2012 at 17:42


по 75 години бетонирање на републиката само адг бетон куртули раскрчмување,додека маврово и пелагонија испарија културно,гранит и така е повеќе свртен кон нискоградба,но и ним подружниците им кикснаа и на бетон и на гранито 

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 26-Dec-2012 at 10:10

а скопски Бетон најверојатно ќе клекнеше на колена по последнава светска рецесија доколку власта не го иницираше Скопје 2014 како макроекономска политика https://www.youtube.com/watch?v=v_SoBU5ivdk&t=43m

Гранит и така е нискоградба а и добро е консолидиран заради што е оставен за покасно односно ќе се нацица од трамвајот и железничките и патни коридори по К10 и К8

не би требало тука да коментирам естетика со оглед дека има соодветна нишка но добро е да се посочи дека на ваквиот прагматизам јасно е дека естетиката е колатералка со оглед дека ако се одеше транспаретно и преку сеопфатна дебата (што требаше наназад веќе да е истерано и разработено бар на бимас) сигурно ни С немаше да има од Скопје 2014 воедно и заради политички и заради економски претурања на државниот кајмак добро во многу што има и европска сурутка и биено сирење,но што вели Ацо налет естетика кога самото живеење во коцки праи од чоек коцка,и се согласувам точно но живеење со филуван арх. зарзават во прилог со се студените коцки та може работата да прејде во помија но бар помијата и понатака да ја сркатаа домашни градежни компании,а народецот и вака и онака ќе сведочи или навикнува на она што ќе му се сервира!

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 10-Jan-2013 at 12:06
Издадени одобренија за градење

четврток, 10 јануари 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2012 се издадени 232 одобренија за градење
што е за 3.3% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 847 943 илјади
денари што е за 4.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 177 (76.3%) се наменети за објекти од високоградба, 18
(7.8%) за објекти од нискоградба и 37 (15.9%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 232 објекти, на 172 (74.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 60 објекти (25.9%)
инвеститори се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 647 станови, со вкупна корисна површина од 51 958 м2.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=50

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 06-Feb-2013 at 23:57
За градежништвото работа има, но цените на градежните услуги ќе паѓаат

Раководителите на македонските градежни компании сметаат дека економската состојба во четвртото тримесечје од 2012 година е поповолна во однос на идентичниот период од 2011 година, но и понеповолна во однос на третиот квартал од 2012 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, како ограничувачки фактори за подобрување на сегашната градежна активност се сметаат зголемените трошоци за материјали (24,2%), конкуренцијата во сопствениот сектор (13,4%), зголемените финансиски трошоци – камати (13,4%) и немањето побарувачка на пазарот (11,9%). И покрај ваквите индикатори, градежниците мислат дека финансиската состојба на нивните компании е подобрена во однос на третото тримесечје од 2012 година и во споредба со последниот квартал од 2011 година.

#

Продолжува и трендот на позитивни резултати во сегментот порачки за изведување градежни работи на домашниот и на странските пазари. Градежниците оценуваат дека состојбата на ова поле во последните три месеци од 2012 година е подобрена. Во статистичкиот извештај е забележливо цврстото мислење на менаџерите на деловните субјекти од градежниот сектор во насока на намалување на продажните цени за нивните услуги во претстојниот период. Раководителите констатираат дека квалитетот на механизацијата и на опремата и нивниот број се влошува, додека пак нема промени во однос на мислењето за бројот на вработени во градежниот сектор. Државниот завод за статистика врши сондирање на мислењата на раководителите на градежните компании од земјава на секои три месеци од годината.



#
Објавено на 06.02.2013 во категорија Вести.

Тагови: Статистика

http://www.build.mk/?p=22612
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 05-Jun-2013 at 22:54
За 20,5 отсто зголемен бројот на одобренија за градба



Во април годинава се издадени 241 одобрение за градење, што е зголемување за 20,5 отсто во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува околу 2,77 милијарди денари, што е за 23,4 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 190 или 78,8 отсто се наменети за објекти од високоградба, 21 односно 8,7 отсто за објекти од нискоградба и 30 или 12,5 отсто за реконструкција на објекти.
Од вкупно 241 објект, на 187 или 77,6 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 54 објекти односно 22,4 отсто инвеститори се деловни субјекти.
Во овој период е предвидена изградба на 391 станови, со вкупна корисна површина од 34.818 метри квадратни.
http://www.plusinfo.mk/vest/94664/Za-205-otsto-zgolemen-brojot-na-odobrenija-za-gradba-
Back to Top
ammamm View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-May-2013
Online Status: Offline
Posts: 4
  Quote ammamm Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 21-Jul-2013 at 13:29
Не можев да најдам нишка за Комората на овластени инженери и архитекти и во глобала сите прашања поврзани со овластувања, лиценци, процедури и сл. (Администраторот слободно нека го префрли мислењето во соодвента тема ако постои).
Конкретно од 01.06.2013 почнаа електронски да се издаваат градежни дозволи,
http://www.komoraoai.mk/mk/nastani/33 а со тоа потребно е правното лице и инженерот да поседува електронски потпис и сета таа промена се направи без преоден период и со неколку сериозни пропусти и нелогичности. Сите овие пропусти ги наведува Комората како забелешки, но мене ми е чудно зошто не ги испеглаа овие работи пред да се донесе и пред да почне да се применува Законот.
Која е всушност смислата на Комора (која, патем ја претставува цела инженерска фела и за која плаќаме членарина) кога при вакви промени само може да плаче и да се лути дека не биле слушнати од надлежните (Министерството, Владата и сл. )
Едноставно ако не ве бива да се изборите за нешто, одете си и пријатно, можеби ќе се најде некој што ќе направи нешто.
Не е само да се седи таму да се слика и улижува на Министерот и да си играме Комора про форма туку треба да се работи нешто, постојат електронски и пишани медиуми, интернет портали и форуми преку кои масовно треба да се укажува на овакви појави, Комората (треба да) е посилна од (било кое) Министерство. Ама како и во речиси сите други сфери кај нас - секој си го чува лебчето, па белким ќе се најде некоја будала што ќе проговори и ќе проба да го реши проблемот.



Edited by ammamm - 21-Jul-2013 at 13:30
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 21-Jul-2013 at 14:35
Многу работи не се сопрецизирани.

На пример и јас сум вклучен во електронското издавање на дозволи,бидејќи на објекти кај кои се инсталира резервоар или инсталација за запални течности и гасови(котлари,бензиски пумпи,резервоари...).

Е сега кога требаше да дадам мој `лотус`(во МВР имаме свој мејл програм `лотус` каде секој треба да има свој мејл),началникот од Скопје ме прашува за мојот лотус,а јас му викам дека немам ни лотус ни пак имам службен комјпјутер,и дека службените писма кои ги пшувам ги правам на машина за куцање.

Така го дадов приватниот мејл,и преку него треба да одговарам на пристигнатите проекти.А електронски потпис????????????
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 09-Aug-2013 at 11:12
Издадени одобренија за градење

петок, 09 август 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2013 се издадени 180 одобренија за градење
што е за 27.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 507 972 илјади
денари што е за 83.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 139 (77.2%) се наменети за објекти од високоградба,
14 (7.8%) за објекти од нискоградба и 27 (15.0%) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 180 објекти, на 139 (77.2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 41 објект (22.8%)
инвеститори се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 199 станови, со вкупна корисна површина од 20 451 м2.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=50

Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 03-Mar-2016 at 19:13

ајде да пркне и нишкава, може би повлекла нога и за нов подфорум во Офтопик ко Гра. и Арх.

ме чуди во однос саемот за градежништво веќе со години по ред во весниците на МПМ оди прилог за градежништво, до душа повеќе рекламен, но никако да го закачат и на нет

пред некое време отиде корисен пост во нишката ЗПР а на него добро би се надоврзале и следниве два текста тука
29.02.2016 - ЗГОЛЕМЕНАТА РАБОТА ЌЕ БАРА „УВОЗ“ НА ГРАДЕЖНА СИЛА

Најавените инфраструктурни проекти дополнително ќе го засилат градежниот сектор


Градежништвото останува водечка стопанска гранка и ќе биде двигател на македонската економија и во иднина. Градежниот сектор дополнително ќе го засилат најавените проекти, пред се' во делот на нискоградбата. Тоа, пак, и покрај неминовното зголемување на бројот на вработени во градежните фирми, може да придонесе да се јави недостиг од работна сила, па не е исклучено за непречено одвивање на активностите да мора да се „увезуваат“ и работници и други кадри од други држави. Ова беше речено на вчерашната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија што се одржа во пресрет на Саемот за градежништво што почнува денеска во Скопје.

„Зголемувањето на активностите кои се очекуваат годинава ќе придонесе за уште поголем развој на градежништвото. Особено радува фактот што домашните фирми реализираат комплексни проекти со сопствени ресурси. Евидентно е дека создаваме кадар способен за изведба на големи инфраструктурни објекти, а и компаниите веќе располагаат со современа, технички софистицирана опрема, што не беше случај досега. Поради најавените проекти како што е изградбата на автопатите Скопје – Блаце и Гостивар – Кичево, потоа продолжување на работите на трите автопатишта, како и рехабилитацијата на патиштата Кочани – Делчево, Куманово – бугарска граница, очекуваме да има уште поголема потреба од работници, па дури да се јави и недостиг, поради што ќе мора работна сила да се ’увезува‘ од странство“, рече Андреа Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија. Тој не очекува да дојде до намалување на интензитетот на градба поради претстојниот предизборен период.

Во 2015 година имало за 65,8 проценти зголемување на договорените градежни работи во однос на 2014 година, што се должи, пред се', на инвестиции во инфраструктурата. Токму големата ангажираност на компаниите дома придонесе за негативниот тренд на работа на македонските градежни фирми на странските пазари. Лани имало пад на градежните активности надвор од државата за 52 отсто во споредба со 2014 година. Најголем дел од извршените градежни работи во странство се во Босна и Херцеговина.

Според податоците од Државниот завод за статистика, градежништвото бележи раст во сите сегменти, како во нискоградбата, така и во високоградбата, бидејќи континуирано се зголемува и изградбата на станови. Статистиката покажува дека годишно се градат од 5.500 до околу 6.000 станови, а многу мал дел од нив остануваат непродадени. Како што рече Марија Петроска од Стопанската комора, зголемен е и уделот на градежништвото во БДП и тоа од 4,9 отсто во 2008 на 6,4 проценти во 2014 година. Во првите три месеци од минатата година градежништвото остварило 35,4 милиони денари што е пораст од 11,7 отсто во однос на 2014 година.

„Средните и големите компании во формирањето на БДП за градежништвото учествуваат со околу 90 отсто и вработуваат над 75 проценти од вработените во секторот. Поради оценката дека е еден од главните двигатели на економскиот раст, а како резултат на планираните инфраструктурни проекти и инвестиции, се проценува дека во периодот 2015 - 2017 година градежништвото ќе оствари реална стапка на раст од 7,5 отсто“, рече Петроска.

Инаку, просечната нето-плата во градежништвото изнесува 19.306 денари и е за 13 проценти пониска од просечната нето-плата во државата која изнесува 22.715.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=61DA731CB93C69418EB3D1F9B3F8E3AB

01.03.2016 - Огромен пораст на градежни компании

Градежништвото станува една од носечките гранки во македонската економија, а најдобар показател за заинтересираноста на домашните претприемачи за овој сектор е порастот на бројот на компании од 317 во 1990 година на 4.349 компании на крајот од 2014 година

Изградбата на патната инфраструктура носи придобивки и за градежниците и за македонската економија
Во градежништвото се ангажирани 50.866 вработени, а средните и големите компании во формирањето на БДП за градежништвото учествуваат со околу 90 отсто и вработуваат над 75 отсто од вработените во овој сектор. Ова се дел од податоците што ги презентираа претставници на Стопанската комора на Македонија, кои укажаа дека градежништвото е двигател на македонската економија.

Оттаму информираат дека значењето на градежништвото за вкупната македонска економија произлегува од учеството на неговата вредност во вкупниот бруто-домашен производ на земјата, кое во третото тримесечје од 2015 година изнесува 11,3 отсто од БДП.

- Специфичните инфраструктурни објекти што се во процес на градење придонесуваат за вклучување на македонските инженери и надградување на стекнатата практика и знаење во примена на современата технологија и опрема за градење, заедно со консултанти што се ангажираат од странство на поспецифичните делници на патиштата - велат во Стопанската комора на Македонија.

Инаку, овој сектор со себе повлекува и околу 25 други стопански гранки, а ангажираноста во изградба на инфраструктурни објекти се очекува да придонесе за подобрување на патната мрежа, што ќе овозможи брз проток на стоки и услуги на домашниот и на странските пазари.

- Евидентно е дека создаваме кадар способен за изведба на големи инфраструктурни проекти, што досега не беше случај. Компаниите веќе располагаат и со современа опрема, на многу високо техничко ниво. Поради најавените проекти, изградбата на автопатиштата Скопје - Блаце и Гостивар - Кичево, како и рехабилитацијата на патиштата Кочани - Делчево, Штип - Миладиновци, Куманово - бугарска граница, од кои едни се почнати, а други наскоро ќе стартуваат, очекуваме можеби и увезување работници од странство - истакна претседателот на Здружението на градежништвото, Андреа Серафимовски.

Според него, не се очекува намалување на интензитетот на градба, и покрај тоа што на земјава ѝ претстои предизборен период, а забележаниот негативен тренд на македонските градежни активности надвор е главно резултат на големата ангажираност дома.

- Идниот подем и зголемувањето на активностите, кои особено се очекуваат годинава, ќе донесат уште поголем развој на градежништвото. Особено радува фактот што домашните фирми реализираат комплексни проекти со сопствени ресурси - изјави Серафимовски.

Во комората информираа и дека во 2015 година, според одобренијата за градба, била предвидена изградба на 6.174 стана, а според досегашните податоци, годишно се градат околу 5.500 стана, со тенденција на зголемување, имајќи ги предвид и проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“.           

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3116913563&id=10&prilog=0&setIzdanie=23698
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.168 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.