build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Битолски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 151617
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 24-Oct-2020 at 13:58
Наводно многу се развлекла работата при реконструкција на Партизанска







https://www.facebook.com/burevesnik.news

Edited by stef4o - 24-Oct-2020 at 13:58
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 24-Oct-2020 at 15:15


Наводно се копало на 7 метри длабочина, бидејќи канализацијата била и под покриената река Курделес, и под пелистерскиот канал кој течи тука, така што морало сето тоа да се заобиколи пред да се чепне канализацијата.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 873
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 26-Oct-2020 at 22:04
Баталете тие бедни оправдувања, само за тоа ги бива. Со 300 метри улица сакаат за 5 избори да се сликаат, тоа е. Започнаа одамна, највеорватно ќе завршат пред локалните избори. Скопје не е на друга планета па реконструкција на десетици километри да се изведува за месец-два. Ако се сака - се можи, ама Битола веќе одамна е управувана од бедно сервилно малограѓанство и не гледам дека набрзо ќе се смени нешто за жал.

П.С. Сите сте чуле за проблемте со аерозагадувањето во Битола, слично на тоа во Скопје и Тетово. Градоначалничката дури и на предизборен спот на точак се возеше и ветуваше чуда. Еден единствен е**ен сантиметар велосипдска патека не е изведен во Битола, ниту од оваа администрација, ниту од претходната. Колку што следам јас барем, секој помал град во Македонија има до сега барем по некојси симболичен минимум метри велосипедка патека.

Edited by hcitrS - 26-Oct-2020 at 22:05
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 08-Dec-2020 at 18:04
Центарот на Битола ќе биде пешачка зона

Со новата студија, што треба да ја усвои Советот на Општина в петок, треба да се регулира сообраќајот во наредните 20 години. Со неа ќе има повеќе еднонасочни улици и повеќе простор за пешаците и велосипедистите



Анета Блажевска

БИТОЛА – Центарот на Битола да биде пешачка зона со еднонасочни улици и да има повеќе простор за пешаци и велосипедисти, предвидува новата сообраќајна студија која Советот на Општина Битола треба да ја донесе овој петок.

Сообраќајната студија за Битола заедно со идеен проект предвидува две варијанти како да се организира режимот на сообраќај во центарот на градот.

Во првата варијанта се предвидува ако сега приоритет имаат возила, да се даде предност на пешаците и велосипедистите. Паркингот пред Центарот за култура што граничи со Широк Сокак да биде плоштад. Улицата пред хотелот „Епинал“ да се затвори за сообраќај сѐ до зградата позната како Јат. Значи пешачењето по Широк Сокак во овој дел да не го попречуваат возила. И не само тоа – дел од улиците во центарот да прераснат во еднонасочни и да се ограничи движењето на возилата на 30 км на час.

Во вториот предлог стои да се задржат предлозите од првата варијанта и плус во еднонасочните улици да се направат по три ленти, за возила, за пешаци и за велосипедисти, со тоа што велосипедистите да се движат во спротивна насока од возилата. Широк Сокак да биде пешачка зона до раскрсниците над Саат кулата, а на улиците „Цар Самоил“ и „Борка Левата“ да нема зонско паркирање.

„Се работи за сообраќајна студија која дава насоки за регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје во наредните 20 години. Според оваа студија главниот акцент во наредниот период наместо на автомобилите треба да се стави врз пешаците и велосипедистите. Реализацијата на целата студија ќе зависи од брзината на општинските служби. И она што можеби е најприоритетно е претворањето на плоштадот ‘Гоце Делчев’ во пешачка зона“, изјави претседателот на Совет, Валентин Груевски.

Експертите од сообраќајот имаат позитивен став за новата сообраќајна студија за Битола.

„Новата сообраќајна студија е одлично идејно решение. Воведувањето на еднонасочни улици во центарот на градот стратешки значи помалку сообраќаен метеж, помалку возила, намалено загадување и бучава, повисок квалитет на живот и поголема безбедност за учесниците во сообраќајот“, ни изјави професорката на Техничкиот факултет во Битола Јасмина Буневска-Талевска, која е стручна во делот на сообраќајот.

Познавачите на состојбите велат дека уличната инфраструктура во центарот на градот е со недоволен капацитет, мала ширина без тротоари и велосипедски патеки. Улици кои не се соодветно означени со хоризонтална и вертикална сигнализација, па стануваат небезбедни за движење на пешаци и нефункционални за движење на возила и транспорт на товар.

Во исто време во Битола има голем пораст на бројот на возила (25.000) застарен возен парк кој влијае на загадувањето на воздухот, мал број места за паркирање, непрописно паркирање, неатрактивен јавен превоз, такси возила кои не ја исполнуваат потребната техничка исправност и ниско ниво на култура на однесување во сообраќајот, и кај возачите, и кај пешаците, и кај велосипедистите.

Работите одат бавно на терен и нема некој посебен напредок и динамика. Од досегашните чекори во позитивна смисла е подобрено јавно осветлување, ЛЕД светилки на главните сообраќајници, подобрена хоризонтална сигнализација и парцијални решенија за подобрен пристап на пешаци на одредени места и неколку пристапни рампи на тротоари.

„Сепак ова е далеку од реалните потреби и потребни се храбри и брзи решенија во следниот период ако сакаме да видиме ефекти на среден рок“, вели Виктор Илиев од граѓанската иницијатива „Битола на точак“.

Имајќи ја предвид сериозноста на проблемите, децениската запоставеност и актуелната здравствена и економска криза потребни се не само долгорочни, туку и краткорочни решенија и подобрувања по примерот на многу европски градови, смета Илиев.

Она што Општина Битола треба да го направи е да ги изгради ветените велосипедски патеки.

„Изработени се две сообраќајки студии, едната за ул. ‘Довлеџик’ и другата за централно градско подрачје, која ќе се разгледува на следната седница на Советот. Во рамките на тие студии, влезени се и предвидените велосипедски патеки“, велат од Општина Битола.

Во Битола нема функционери кои одат на работа со велосипед, па Илиев смета дека треба да се поттикнат вработените во јавните претпријатија да бидат пример во градов и да одат на работа со јавен превоз и на велосипед наместо со автомобил, а за оние што ќе се решат да возат автомобил да се воведи платен паркинг пред институциите.

https://nezavisen.mk/centarot-na-bitola-kje-bide-peshachka-zona/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 08-Dec-2020 at 19:23
Ова е прекрасна вест! Сигурен сум дека просечниот битолчанец ќе биде и тоа како против, но со малку политичка волја конечно ќе се истурка едно долгорочно решение.

Има многу што да се дискутира, но морам да скренам внимание на делот кој вика „Со новата студија, што треба да ја усвои Советот на Општина в петок...“ - кажува многу за нашата демократија. Скраја да е да напишеле „треба да се дискутира и стави на гласање“ - решено е дека ќе се изгласа. Ебати државата.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 08-Dec-2020 at 21:59
Лошо е тоа што се многу инертни во спроведувањето на изгласаното во пракса,ќе поминат години додека навистина се почувствува некаква промена во сообраќајот плус и во самиот текст се посочува лошата состојба со градскиот превоз и такси возилата. Сите проекти и измени кои се добар потег за жал само на хартија остануваат и со по нешто ситно на терен.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 09-Dec-2020 at 14:58
Добра вест, но ова е само студија, далеку од некква реализација, така што не би се залетувал.

Плоштадот "Гоце Делчев", да се направи целосно пешачка зона е стара и убава идеја, но неговата реализација треба да оди во насока на подземна улица и подземен паркинг, нешто налик на центарот на Струмица. Паралелно со та мора да се најде локација во непосредна близина на овој плоштад за изведување на катна гаража, бидејќи проблемот со паркирање е моментално еден од најголемите во Битола па и во сите останоати градови во Мк, што недоволно се третира. Исто така мислам дека имаше слична иницијатива пред 10-тин години.

Делот на отстранување на зонско паркирање и секакво движење на возила околу Саат Кулата исто така е потребен. Со што целиот тој дел кај плоштадот Магнолија и паркот околу саат кулата и галеријата ќе стане една целина. Тука има потеба и на отстранување на неколку времени објекти "трафики" се до коритото на река Драгор.

Околу едносмерните улици. За тесните улици во битолското старо Јадро (сокаци) мора да има добро разработен план. Не само која улица е еднонасочна, во кој правец туку и точно да се означи кој дел е за автомобили, кој за пешаци, велосипедисти или паркирање. Бидејќи се работи за старо јадро и рушењето не е посакувано и можно, смеам дека возилата и велосипедистите мора да го делат коловозот со некакво ограничување од 30км/ч. Да има задолжително на едната страна лента за паралелно паркирање, а на другата мал тротоар за пешаци. Овие улици се широки 5-6м, не гледам како е возможно да се изведи тука и велосипедска и колона за возила (камо пак и дво-смерна), а да не се наруши паркингот. Воопшто не сакам, лента обележна за велосипеди а да се користи за паркинг. Во овие улици најголем проблем е паркингот, а потоа потребите на пешаците, велосипедистите и на крај автомобилите што се дивжат. Зборуваме за голем број на куќи кои се лепенки и немаат свој двор или паркинг, па станарите се приморани да паркираат на улица. Дефинитивно, една лента паркинг, со тоа што тој што не е станар ќе плаќа скапо зонско. Во овој дел би одел и чекор потаму, дека не мора сите овие улици да се асвалтирни, туку дека е возможна и комбинација со павер елементи кај некои со што би добиле поголема "амбиенталност", бидејќи Битола не е само Широк Сокак, и овие улички имаат доста атрактивни стари куќи. Патем многу европски стари јадра на градови со големина како Битола се така решени, треба само волја а не некакви којзнае какви студии.




Edited by stratus - 09-Dec-2020 at 14:59
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 09-Dec-2020 at 15:05
Еден пример како изгледаат Битолските сокаци денес. А имаат многу потенцијал
https://www.google.mk/maps/@41.0279141,21.3333674,3a,75y,26.86h,97.9t/data=!3m6!1e1!3m4!1s-78iTNEJmT32M-9VmWSQ6A!2e0!7i13312!8i6656?hl=en

Edited by stratus - 09-Dec-2020 at 15:06
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 12-Dec-2020 at 08:55
Originally posted by BITOLANEWS

Усвоена сообраќајната студија за зголемување на површините за пешаци и велосипедисти во центарот

ДЕКЕМВРИ 11, 2020

Советот на Општина Битола на денешната седница донесе одлука, со која се усвојува сообраќајната студија и идеjниот сообраќаен проект со динамичка микроскопска симулација и организирање на режим на сообраќај во централно градско подрачје на град Битола, со граници на опфат (на север Булевар 1 ви Мај, на запад улица Кузман Јосифовски,на југ улица Солунска и исток улица 4 ти Ноември).

Со оваа студија се предвидува зголемување на површините за пешаци и велосипедисти, што ќе се реализира со изготвување на проектна документација, согласно законската регулатива.

Во Централното градско јадро на град Битола, како заштитено културно наследство, приоритет треба да имаат пешаците и велосипедистите. Студијата дава генерални насоки на понатамошниот режим на сообраќајот во иднина.

Како основа за нејзина изработка, земени се, претходни плански документации: сообраќајна студија од 2011, ГУП, детални урбанистички планови и законските прописи.

Студијата е конципирана врз основа на извршена споредба на предвидените плански решенија и моменталната состојба на сообраќајот и содржи мерливи податоци за сегашното одвивање на сообраќајот во градот, сега и во иднина. Податоците треба континуирано да се ажурираат и да се постапува со конкретни мерки.

Во процесот на изработка на студијата извршена е виртуелна симулација со софтверот VISSIM, при што идејните решенија, се проверени во виртуелниот модел.

https://bitolanews.mk/2020/12/11/усвоена-сообраќајната-студија-за-зго



ПРИСТАП ДО СТУДИЈАТА (СТР. 124 ПА НАТАМУ): ТУКА
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 12-Dec-2020 at 13:38
За Битола единствена сообраќајна стратегија што се признава, е некаква форма на страегијата за Париз од 18ти век кога се вцртуваат нови булевари и се руши околу бескомпромисно да се пробијат коридори и да се оформат нови градежни линии. затоа денес Париз е Париз. Она "село во град" меѓу центарот и верото мора да биде конечно заменето со нов урбанизам и архитектура и без да слушаме душегрижнички коментари за "духот и традицијата на градот". Има широк сокак, има чаршија има кејот на Драгор и доста е.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 12-Dec-2020 at 14:12
БИТОЛА НАПРАВИ СТУДИЈА ДА МУ СТАВИ КРАЈ НА КАБАДАЈЛУКОТ ПРИ ПРЕМИНУВАЊЕТО НА ШИРОК СОКАК КАЈ „ЕПИНАЛ“

Една од најфреквентните сообраќајници во Битола која го кочи сообраќајот, делот од улицата Димитар Илиевски-Мурато што минува кај хотел „Епинал“, односно го сече Широк Сокак, ќе стане пешачка зона и во иднина нема да минуваат возила. Ова се предлага со сообраќајната студија и идејниот сообраќаен проект што денес ги усвои Советот на Општина Битола, а се однесуваат на централното градско јадро.

Токму оваа делница е показател на кабадајлукот во Битола. Семафор не е поставен, а возилата чекаат да поминат пешаците кои се шетаат низ Широк Сокак и ги пропуштаат еден по еден, па се создава долга колона возила и сообраќајот се одвива тргни-застани. Воедно, и голем дел од битолчани со возилата секојдневно минуваат од таму, дел поради потреба, но и оние кои се шетаат или одат на кафе, па бараат паркинг што е можно поблиску до кафулето. Теренската анализа покажа дека дури 50 проценти од дневниот проток се автомобили кои транзитираат.

„Помалку од 50 проценти од возилата се на резидентни жители на централното подрачје и ја користат таа улична мрежа за да пристапат до дома. Во оние 50 проценти покрај резидентното население спаѓаат и оние кои одат со автомобили на Широк Сокак за изведување на одредени работни задачи, прошетки и слично. Останатите 50 проценти се транзит кои поминуваат низ градот, а целта на патување не им е центарот на градот“, рече Дарко Спасеновски од експертскиот тим на студијата.

Студијата чиј инвеститор е Општина Битола преку проекти ќе треба да се спроведе во следните десет до 20 години. Таа содржи две варијанти. Во првата предвидени се трансформација на паркиралиштето пред Центарот за култура во плоштад, сообраќај на улица Виенска само за жителите и посетители со сместувачки капацитети, затворање за сообраќај на моторни возила на дел од улицата Пеце Матичевски и Димитар Илиевски-Мурато на потег од влез за хотел Епинал до зграда на поранешна ЈАТ и трансформација во пешачка зона и други измени.

Во втората заријанта е запазена првата само со дополнувања. Таа содржи и воведување на еднонасочен сообраќај на улици во делот кај Митрополијата и Пиварата, контра велосипедски ленти на улици со еднонасочен сообраќај, затворање за сообраќај на потег од улица Јорго Османо до булевар Први Мај и трансформација во пешачка зона, односно спојување со Широк Сокак. Отстранување на уличното зонско паркирање на улиците Цар Самуил и Борка Левата. Ќе има и трансформација во пешачка зона на кракот кај училиштето Кирил и Методиј до крстосница со улица Никола Тесла.

„Заложбата во сообраќајната студија ни беше да обезбедиме најголем простор за пешаците, па за велосипедистите, јавниот превоз, па потоа сè останато. Се потрудивме да добиеме еден урбан град кој ќе го подобри квалитетот на живот, ќе го намали загадувањето во централното градско подрачје и ќе биде основа за понатамошен развој на градот“, рече Спасеновски.

Славчо Димовски, исто така експерт вклучен во проектот рече дека деталните и генералните урбанистички планови во Битола се стари, а и плус има промени во законската регулатива со староградско јадро па имаат потешкотии при планирањето и реализирањето на било кои идеи.

„Со сообраќајната студија се даваат насоки , тие не се решенија кои се спроведуваат утре, туку се насоки кои треба да се разработат со законски предвидени проекти“, рече Димовски.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bitola-napravi-studija-da-mu-stavi-kraj-na-kabadajlukot-pri-preminuvaneto-na-shirok-sokak-kaj-epinal/
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 873
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 12-Dec-2020 at 14:45
Originally posted by user8642

За Битола единствена сообраќајна стратегија што се признава, е некаква форма на страегијата за Париз од 18ти век кога се вцртуваат нови булевари и се руши околу бескомпромисно да се пробијат коридори и да се оформат нови градежни линии. затоа денес Париз е Париз. Она "село во град" меѓу центарот и верото мора да биде конечно заменето со нов урбанизам и архитектура и без да слушаме душегрижнички коментари за "духот и традицијата на градот". Има широк сокак, има чаршија има кејот на Драгор и доста е.


Да бе, нема поуба идеја, Париз на 21-от век ќе биди Битола. Ко ќе се наредат надалеку познатите интелектуални грамади, со естетски рафинирани вкусови, како Стентони, Цилевци, Чифлигановци и слично, ќе добиеме град-бонбона, нема да ти се верува колку е убав, урбанистички оптимум. Руши си кај тебе пред куќа, вакви слаби трамповски идеи не давај во јавност уште ќе те прочита некој советник па ни исчезна градо.
Среќа има барем Закон за заштита на старото јадро, не дека се почитува нешто ептен, ама се надевам дека претставува некаков браник против дебармализација на градското јадро.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 12-Dec-2020 at 17:20
Боље да се изнаредат стентони и чифлиганевци отколку да си остане како резерват на отоманска империја со примеси на нео-феудално урбано дивјаштво.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 12-Dec-2020 at 17:44
Јас баш си ја сакам Битола, токму поради сокаците и тоа е еден од ретките градови каде што да можам да работам, веднаш би прифатил, не би се мислел воопшто.

Споредбава со Париз и Битола е една голема утка и нема врска едното со другото, бидејќи по таа аналогија, 90% од италијанските градови треба да се срушат за да има булевари.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 511
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 12-Dec-2020 at 23:10
Треба да се заштитат старите градби а не да се рушат! Сите градови во Македонија имале одлични мали, живи, компактни маала и улички кои за време на СФРЈ се уништиле! Пример е Куманово каде центарот е уништен со подигање на „коцки“ кои денес се распаѓаат! Битола е редок пример за Македонија каде она што вреди, сѐ уште е на своето место!
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 873
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 13-Dec-2020 at 01:35
Ами и Битола имаше доста лоши идеи (коишто останаа недовршени и на крајо на ништо не личат, ко "булеварот" кај Симпо на пр., или Стара Болница зградитр) ама самата големина на стариот град едноставно придонесе да остани доста од органскиот развој (највероватно базиран на средновековен модрл со некои мали изблици во 19 век, како широк сокак и кејот).
Според мене најголрма трагедија му се има случено на Штип во повоениот период, едно многу симпатично старо јадро како Велес/Охрид е срушено за израдба на онаа несрќна идеа Ванчо Прке со бедни згради и една шитрока улица која иди од и води кон никаде. Илјадакратно порадо би живеел во "отоманска паланка" отколку бездушна тага како Аеродром, Мичурин..
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 14-Dec-2020 at 22:31


Во оваа видео снимка од седница на советот на Општина Битола (точно на timestamp-от кој го линкував) еден од членовите на тимот кој ја изработи новата сообраќјна студија за град Битола, објаснува зошто и како, и одговара на прашања.

Мислам дека многу ретко досега имаме јавно излагање и анализа зошто и како е избрано одредено сообраќајно решение не само во Битола, туку во цела држава. Кој сака да гледа 1.5-2.0х брзина, нема да погреши.

Edited by гитардемон - 14-Dec-2020 at 22:32
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 01-Oct-2021 at 11:08
Originally posted by АПЛА.МК

Вело патеки за 6 месеци до 2 години ветија некои од кандидатите, други побараа забрана за моторни возила и паркинзи во центарот


Сите кандидати за градоначалници изразија волја за еден мандат Битола да ја направат вело град, на денешната дебата што беше организирана по иницијатива на „Битола на точак“. Христо Кондовски од СДСМ дојде со готов проект за велосипедски патеки во должина од 20 километри кои рече дека ќе ги направи за 2 години, Тони Коњановски посочи дека ќе соработува со експерти од Техничкиот факултет, Горан Милевски од Движењето одлучно за промени рече дека уште следната година ќе постават вело патеки на улиците „Први Мај“, „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“. Горан Тасковски од „Македонска ера трета“ рече дека проектот им е готов и можат веднаш да започнат со имплементација, за Јорго Огненовски од „Демократи“ за оваа тема нема потреба од многу филозофирање и за шест местеци може да се направи, а Зоран Лазаровски Паљо рече дека како незваисен кандидат нема сега ресурси да користи експерти, но доколку стане градоначалник ќе направи тим и ќе ја рализира замислата оти и онака е велосипедист.



Кондовски –велосипедски патеки од 20 км за 2 години

-Идам со готова програма, каде може и каде треба во иднина да се постави велосипедска мрежа. Онаму каде има услови почнуваме да работиме уште од првиот ден за да се постави, а за тоа има готова студија само не е имплементирана. Имаме и 3Д прикази. Онаму каде што нема можност, ќе се работи на условите. Работењето на 20 км велосдипедска мрежа ќе трае 2 години и ништо повеќе. Со тоа ќе се зафатиме веднаш. Имаме Локална стратегија за безбедност во сообраќајот која ја вклучува вело мрежата, се нарекува Визија 0 тоа значи 0 сообраќајни несреќи“, рече Кондовски.

Додаде дека во тимот има професионалец од областа, професорката Јасмина Буневска -Талевска од Техничкиот факултет. Таа ги покажа приказите и рече дека првите две години планирано е да биде реалзиирана примарната велосипедска мрежа од Довлеџик, Васко Карангелевски, Партизанска, Железничка, Иван Милутиновиќ и Булеварот, планирани се и рекреативни велосипедски патеки. Кондовски додаде дека сообраќајниот хаос во градот ќе се среди со подземна сообраќајница и гаража со зголемување на паркин местата од 60 на над 200.

Коњановски- Ќе соработуваме со Техничкиот факултет за најдобри решенија

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски рече дека уште во првите месеци ќе направат меморандум за соработка со Техничкиот факултет, каде има експерти за оваа тема.

„Во делот на касарната каде улиците се 12 метри широки, со мала интервенција да се овозможат патеки. Кругот околу Битола големите сообраќајници, со добар проект кој ќе го дадат професионалци ќе се сработи. Еден мандат е доволен со стручана анализа и експерти кои си ја знаат работата Битола да стане вело град. Многу од работите што се кажаа се во колизија, од една страна се бориме за зелен град, а од друга страна центарот го силуваме со подземен паркинг, сообраќајница брза, го оптоваруваме градот. Ние веќе прифативме студија која ја изгласавме сите во Советот, сега таа пешачка зона повтрорно треба да се уништи“, рече Коњановски.

Милевски-10 пунктови од каде граѓаните ќе можат да користат општински велосипеди

Кандидатот од Движењето одлучно за промени, Горан Милевски рече дека деновиве ќе ја презентираат велосипедската патека на Булеварот „Први мај“, „Васко Карангелевки“ и „Партизанска“.

„Можеме да ветиме дека следната година ќе ги видиме овие патеки. Ќе биде комбинација на користење на уличниот простор и пешачката патека. Не сакаме средства кои се ограничени да ги инвестираме во подземна гаража, туку да ги натераме луѓето да не влегуваат во централното јадро со возила. Веќе следната година планираме во градот да има 10 пунктови од каде ќе можат да се изнајмуваат велосипеди и тротинети.Со вадење на месечна или годишна карта да можат граѓаните да користат општински велосипеди или тротинети“, рече Милевски.

Лазаровски – Никако паркинг во центарот на Битола

Независниот кандидат Зоран Лазаровски најмногу се спротивстви на градење подземна гаража во центарот на градот. Рече време е јадрото на Битола да се ослободи од возилата „тешкаши“.

„Треба да се намалат автомобилите, за 200 метри секој ја пали колата за да оди на кафе, до самопослуга. Паркингот во центарот не смее да постои. Во централното градско подрачје не смеат да се возат автомобили. Плоштадот во Софија нема паркинг, туку е коцка, гулаби, клупи. Пешачка зона да биде, катни гаражи да се направат на друго место, со сообраќајни инженери да се испитаат условите на кои улици може да има вело патеки, а на кои не“, рече Лазаровски.

Тасковски-Ние немаме основна инфрастуктура како патишта и тротоари

„Ние немаме основна инфраструктура како патишта и тротоари, кога одиме можеме да се сопнеме и да скршиме некоја коска зашто не се адекватно направени или не се одржани. Додека зборуваме за вело општина не можеме да се пофалиме дека ги имаме најосновните работи кои ни требаат за нас и лицата со попреченост“, рече кандидатот на „Македонска ера трета“.

„ Она што треба да се направи под итно е да се затвори централното градско подрачје за сите видови на моторни возила, да биде зелена вело пешачка зона, но како предуслов за тоа треба да се реши проблемот со паркингот. За да се реши тоа, треба да се направат трие фамозни катни гражи што ги спомнуваме години наназад и за тоа имаме решение“, рече Тасковски.

Огненовски-Вело патеки ќе направам за 6 месеци

Јорго Огненовски од „Демократи“ рече „ние во Битола немаме никаква инфраструктура, нешто на Шеталиште е обележано со некаква боја и толку е. Нашите улици се лом, да ти е страв да возиш и кола и точак. Кој каде ќе стигне паркира низ Битола. Треба на повеќе места во Битола да изградиме помали гаражи. Во центарот на градот да биде пешачка зона и за точаци. Вело патеки можеме да направиме за шест месеци“, рече Огненовски.

Виктор Илиев од Иницијативата „Битола на точак“ изрази задоволство што сите каднидати покажуваат волја да се изгради велосипедска инфраструктура и надеж дека оној што ќе стане градоначлник ќе направи од Битола вело град, па следните избори нема да зборуваме дали да има вело патеки, туку како да ги подобриме.




ИЗВОР: Портал Апла

Или јас сум премногу наивен, или самиот факт што воопшто ова е тема на разговор во предизборието е успех невиден. Успеале да се соберат да разговараат специјално на оваа тема (затоа и ја ставив и сликата) колку толку ветува нешто.

Од една страна сосем се слагам дека подземен паркинг е гаранција дека уште 50 години луѓето ќе одат во центарот со кола (за дистанци помали од 1 километар), ама па од друга страна паркинг таму мора да има, од проста причина што нема друга локација каде да се изгради во радиус од 1 километар.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 08-May-2023 at 13:18
ОПШТИНА БИТОЛА ПЛАНИРА ДА ИЗГРАДИ КРУЖЕН ТЕК СО СПОМЕНИК НА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ КАЈ ВЕТЕРИНАРНАТА СТАНИЦА



Споменикот на Алексанадр Турунџев, по шест години поминати во општинскиот двор, ќе биде поставен на кружниот тек кој Општина Битола наскоро планира да го гради кај поранешната Ветеринарна станица, како што беше и првично замислен, но владата на ексградоначалникот Владимир Талески во 2017 се откажа поради протестите на околните жители.

Сегашната локална власт одново актуелизира ваков проект, кој исто како и претходно предвидува кружен тек на крстосницата меѓу улиците Прилепска и Баталјон Стив Наумов во Битола, а над кого ќе биде поставен споменикот на војводата висок 3 метри, за кој пред шест години Општината плати 28.000 евра.



Од Општина Битола преку писмено соопштение известија дека се подготвени за реализација на голем инфраструктурен проект, предвиден за оваа градежна сезона. Согласно подготвената проектна документација и склучениот договор со изведувачот, наскоро ќе започнат работните активности. Предвидени се 11.790.640 денари (193.289 евра), во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување. Со завршувањето на овој проект, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот, а на кружниот тек ќе биде поставен и споменикот на Александар Турунџев.

Прв ваков проект во 2017 најави поранешниот градоначалник Владимир Талески. Но, се откажа од негова реализација откако се побуни месното население зашто тој предвидуваше да се сечат дрвјата од паркот пред зградите кои ги штитат од прашина и издувни гасови од сообраќајот. И покрај издаденото решение за сеча на комуналните служби, одлуката не се спроведе на дело.

На локалната власт предводена од Талески инфраструктурниот подем во Битола ѝ се состоеше од четири кружни текови за кои Општината даде многу пари, а беа украсени со филџан, клавир да ја отсликува музичката традиција токму во периодот кога тогашната државна власт се обидуваше да го продаде Офицерски каде е сместена најакустичната сала за концерти, па пајтон и креација слична на лампион. Турунџев требаше да се постави на петтиот кружен тек, но со промената на власта, СДСМ не го изгради текот, а споменикот остана во општинскиот двор.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-bitola-planira-da-izgradi-kruzhen-tek-so-spomenik-na-aleksandar-turundhev-kaj-veterinarnata-stanitsa/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 07-Jun-2023 at 12:25
ИСЕЧЕНИ ДРВЈАТА КАЈ ВЕТЕРИНАРНОТО ВО БИТОЛА ЗАРАДИ ИЗГРАДБАТА НА КРУЖЕН ТЕК



Исечени се повеќегодишните дрвја кај поранешната Ветеринарна станица во Битола, на местото каде што ќе се гради новиот кружен тек со споменикот на Александар Турунџев. Кружниот тек ќе биде на крстосницата на улиците Прилепска и Баталјон Стив Наумов.

Сличен проект пред шест години планираше да реализира тогашниот градоначалник Владимир Талески, но се откажа по противењето на околните жители да се сечат дрвјата. При денешната сеча, жителите кои ги затекнавме пред зградите не сакаа да зборуваат со новинарите.

Од Општина Битола соопштија дека заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките дрвја, поради што ЈП Комуналец годинава засади 867 нови садници на повеќе локации низ градот, а во 2022 исто така засади 452 декоративни и 10 листопадни дрвја. Од Општината велат дека со кружниот тек ќе се растовари сообраќајот, ќе се зголеми безбедноста и ќе се намали аерозагадувањето.

Општина Битола неодамна преку писмено соопштение извести дека е подготвена за реализацијата на голем инфраструктурен проект. За него се предвидени 11.790.640 денари (193.289 евра), во што се вклучени канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување. По завршувањето на овој проект ќе се промени и режимот на сообраќајот во овој дел на градот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/isecheni-drvjata-kaj-veterinarnoto-vo-bitola-zaradi-izgradbata-na-kruzhen-tek/?fbclid=IwAR1Ixv1yV7biiOGN7hHE8Gk4-Dui2VrAvWGQTtlzR_ebEVqsLhB1KaZYyr4
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 151617

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.