build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија - случај Платина

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 345
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 08-Jul-2009 at 15:24

ВО ДЕЛОТ НА СУДСТВОТО

 

Имаме поднесено тужба против фирмата ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ уште март 2007 год. До сега нема закажано рочиште за тој наш предмет. Тужителите, здружението поднесоа тужба во јули месец, а веќе во септември се закажа рочиште. Во октомври се закажа второ рочиште, а на 13.12.2007 год. беше закажано трето рочиште односно вештачење на самиот објект. Веднаш по вештачењето се започна со доизградување на објектот. Судијата Ц. К. на второто рочиште бидејки не не познава како физички изгледаме, гласно се изјасни кој се бе тие луѓе што ја кочат работава, дај некако да им се помогне на луѓево. На третото рочиште односно на објектот каде се одвиваше вештачењето, кога пристигна судскиот вештак П. В. повторно судијата се испушти и му се обрати на вештакот, тука сме да им помогнеме на луѓево, иако адвокатот со мимики и сигнали сакаше да ја предупреди судиката да пази што зборува, ама прекасно. Подоцна самата судијка спомна дека била и на другата зграда на ПЛАТИНА       Инжинеринг на вештачење. Поднесовме Поднесок до судиката на 04.01.2008 год. за Времена мерка и лично ја информиравме дека водиме и друг судски спор и дека ова нелегално градење на објектот ни нанесува ненадоместлива материјална штета. Судијата ни кажа дека ќе гледа да закаже побрзо расправа за Времената мерка, но тоа побрзо се случи на 20.02.2008 год. кога судовите штрајкуваа ( прилог 21 ).

НАШЕ СОЗНАНИЕ

Се најдовме во сукоб со градежната мафија но нема никогаш да се откажеме од нашето право и правда. Инаку, С.С. повторно со Д.Ц. ОООО  градат моментално зграда во тафталиџе веднаш до салонот на поранешна АСИБА – Пеце Дамевски кој моментално е во затвор поради аферата ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ. С. С. истотака беше во Загреб кога се случуваа трансакциите. Според кажувањето негово 30.000 евра земал од Пеце Дамевски како процент и дека наводно бил повикан во полиција и му било наложено да ги врати парите, бидејки парите се од Комерцијална банка. Во октомври 2007год.С. С. отиде во Загреб ( според негово кажување ) и го донесе Рокан Атанасовски, период кога никој не знаеше каде се наоѓа Рокан. Пред да избегаат надвор од Државава, Рената Посавац го прошета С. С. кај сите нас сопственици за да не запознае со него и да не информира дека овој човек има 4 стана во нашата зграда. Постојат сведоци дека на другата зграда им го земал станот 93м2 на своите другари од детство кои ја изгубија својата барака за да вложат во ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ. Бараката се наоѓала на   ул. Алекса Дундиќ. Истотака и некој Д. Ѓ.????-  од ул. Алекса Дундиќ ја има изгубено својата куќа поради С. С.. Од пријатели дознавме дека веднаш после физичкиот напад врз нас во февруари 2007 год. имал нарачано ликвидација на мојот сопруг.

На Д. В. требало да му се префрлат средства на жиро сметка од Загреб, но во последен момент се откажала трансакцијата. Има изјави од сведоци дека Д. В. изјавил: ми е гајле, јас сум овде да го заштитам С. С. Исто и тој знаел околу организирањето ликвидација на мојот сопруг. Долгот од црквата што му го препишал Рокан Атанасовски е прерачуната камата. Во ноември 2007 год. Рокан Атанасовски бил чуван во некој стан во ново лисиче ( се знае и името на тој што го чувал).

 

НАШ ЗАКЛУЧОК

Сами се бориме против организираниот криминал, без никаква помош од надлежните институции. Како ли сакате да се искорени криминалот од нашето општество кога самите институции ни прават сопки на нас обичните граѓани за да помогнеме во искоренувањето на криминалците од Државава.За оваа афера допрва ќе се бранува јавноста.Не возможно е да се објасни све на овој начин.

Со надеж за поскора средба

Подносител

 



Edited by Chiko - 08-Jul-2009 at 15:25
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 12-Jul-2009 at 11:25

ДО

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИЕР НИКОЛА ГРУЕВСКИ

 

Дата : 13. Јули 2009 година Понеделник

 

 

Б  А  Р  А  Њ  Е

 

ОД ГРАЃАНИ НА Р.МАКЕДОНИЈА И СОПСТВЕНИЦИ НА ИМОТ ВО Р.МАКЕДОНИЈА

НА УЛ. ВАСИЛ СТЕФАНОВСКИ бр. 28  К.О.11170 ЦЕНТАР 1 СКОПЈЕ

 

 

ДО ГОСПОДИНОТ ПРЕМИЕР НИКОЛА ГРУЕВСКИ

 

Господине премиер Никола Груевски,

 

Се  обраќаме  до  Вас  по  четврти  пат  без  никаква  надеж  но  од  друга  страна  со најголема мотивација за самостојно справување со криминалците и со државните органи кои воопшто не си ја вршат својата должност за која се платени од страна на нас граѓаните.

На нашите Барања, Ургенции, Известувања од 17.01. 2008, 20.02.2008, 09.06.2008 останавте ГЛУВИ и неприкосновени во одлуката да не се дознае вистината за аферата Платина инженеринг и одговорните за криминалот да одговараат за своите сторени криминални дела.

 

БАРАМЕ  ПРИЕМ  КАЈ  ВАС,

 

ОЧИ  ВО  ОЧИ  ДА  ВИ  СЕ  ПРЕЗЕНТИРА КРИМИНАЛОТ  КОЈ  Е  ИЗВРШЕН  И

 

СЕУШТЕ СЕ ВРШИ ВРЗ НАС КАКО НА ОБИЧНИ ГРАЃАНИ НА ОВАА ДРЖАВА

 

КОЈА  ИСТОТАКА ВРЗ  НАС ПРАКТИКУВА НЕДЕМОКРАТСКИ ПРИНЦИПИ  И

 

НЕ  НИ  ГИ ОВОЗМОЖУВА ОСНОВНИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА.

 

Се обраќаме до Вас од причина што системот односно министерствата во државава кај кои се обративме не функционираат а се под Ваша надлежност.

 

Да видиме како Вие функционирате.

 

 

 

 

Поднесител

 

________________________________

 
Thumbs%20Up ОВА УТРЕ МУ ГО ПОДНЕСУВАМ НА ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ Thumbs%20Up ДА ВИДАМ ШТО КЕ ПРЕВЗЕМЕ ОКОЛУ АФЕРАТА ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГWallbash


Edited by Chiko - 12-Jul-2009 at 11:29
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 05-Sep-2009 at 09:33
Конечно некој новинар да најде храброст и малку по детално да објасни околу аферата Платина инженеринг ( Platina inzenering ), и кој друг ако не Јадранка Костова. Во денешниот “ФОКУС“ ( од 4-ти септември бр. 740 ) Јадранка ја отвори Пандорината кутија во врска со аферата Платина инженеринг односно спрегата помеѓу институциите на системот (власта) и криминалот што се случува на терен, кадешто обавезно господинот обичен граѓанин е надрапан до даска.
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 05-Sep-2009 at 09:53

Во четвртокот на 03.09.2009 на вести по телевизииве насекаде премиерот Никола Груевски прикажан како сече ленти, горделиво најавува инвестиции во Гостивар односно градба на четири фабрики и т.н.....   За граѓаните нема ништо необично, и ја поздравуваат намерата на владата Applause што е О.К. но за мене,....... не ке е така. Во позадината на премиерот Никола Груевски додека држеше фалбаџиски говор, приметувам табла со натпис кој е инвеститор на градбата........ Д.С. “ГАЛАБ“ лејдис и џентлменс.

Во предходните постови веке објаснував со кои све имаме проблеми и кој све е вмешан во аферата Платина инженеринг, спомнат е Д.С. ГАЛАБ кој “свакога дана све више и више напредује“, ( ГАЛАБ во име и без знаење на сопствениците си побарал одобрение за градба во општина Центар ).....
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 21-Sep-2009 at 10:23

ДО

                                                                    ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИЕР НИКОЛА ГРУЕВСКИ

 

Дата :  18.09.2009 год.

 

 

ОДГОВОР НА ВАШ ДОПИС

 

ОД ГРАЃАНИ НА Р.МАКЕДОНИЈА И СОПСТВЕНИЦИ НА ИМОТ ВО Р.МАКЕДОНИЈА

НА УЛ. ВАСИЛ СТЕФАНОВСКИ бр. 28  К.О.11170 ЦЕНТАР 1 СКОПЈЕ

 

 

 

Господине премиер Никола Груевски,

 

Во кратки црти ке го објасниме нашиот проблем.

Како сопственици на земјиште во 2004 год. имавме склучено Договор за заедничка изградба на стамбена зграда со фирмата Платина инженеринг. Градбата се одвиваше до 2006 год. кога сопствениците на фирмата ја ограбија Комерцијална банка и побегнаа во непознат правец. Од тогаш почнува нашето досега тригодишно патешествие по институциите на системот во нашава Држава. Веднаш по избивање на аферата почнаа да се случуваат многу нејасни настани но од друга страна многу јасни криминални и коруптивни деанија.

 

Во делот на општина Центар

 

По бегството на сопствениците на фирмата Платина инженеринг во јавноста излезе информација дека исчезнале документите на Платина инженеринг од архивата на општина Центар. Ден денес не е направена никаква истрага околу исчезнувањето на документацијата ниту од страна на општина Центар ниту од страна на МВР.

Од кои причини исчезнале документите !

На 16.09.2004 год. на самото темелење на зградата , градежниот инспектор Милан Пижула донел Решение за уривање на штотуку започнатиот објект но притоа не не информира нас како сопственици дека објектот што ке се гради е дивоградба. Во меѓувреме тогашниот началник во општина Центар г-ѓа Ратка Марковиќ и Билјана Минова го завериле проектот спротивен на ДУП и го дале во град Скопје на пресметка за плаќање комуналии. Проектот е изработен од Д.С. “ГАЛАБ“ ( на наше разочарување на 03.09.2009 год. видовме на ТВ кога свечено започна изградбата во Зубовце во Вашата позадина стоеше табла со натпис на инвеститорот

Д.С. “ГАЛАБ“ ). Д.С. ГАЛАБ во Наше име поднел Барање за Одобрение за градба ( ниту го познаваме, ниту сме склучиле некаков договор со такво лице, едноставно потполно непознато лице за нас кое си земало за право во наше име да поднесува Барање ).

За да се прикрие криминалот документите исчезнуваат од архивата, но за наша среќа пред да исчезнат, вработена во општина Центар која го води предметот Платина инженеринг Светлана Мариновиќ со целосен страв и за да се заштити себеси, без знаење на инспекторот Милан Пижула ги зема документите од неговата фиока и ни ги даде нас за да ги фотокопираме.

Преостанатата документација која ја бараме до ден денес не ни е приложена, а е важна од причина да дознаеме каде се прекинал ланецот за прикривање на дивоградбата на Платина инженеринг. По правило, градежниот инспектор треба да го препрати Решението и Заклучокот до урбаниот полицаец Апостол Мандичевски а овој до градоначалникот Виолета Аларова која треба да поднесе Барање за асистенција од полиција за уривање на објектот. Да сме биле информирани дека се гради дивоградба на нашиот имот сигурно немало да дозволиме да се започне со темелење на зградата а со тоа и ке немало намамени граѓани да уплаќаат во објектот. На ист принцип во општина Центар се работело за сите три згради на Платина инженеринг. Патем, инспекторот Милан Пижула е школски другар со Рокан Атанасоски сопственикот на Платина Инженеринг.

За сите погоре наведени лица ( поопширно објаснување за криминалот во општина Центар ) имаме поднесено Кривична пријава но за жал пред самите годинешни локални избори кривичната пријава после година дена разгледување и при толку јасни докази е одбиена од страна на Ј.О.

Воедно постојат аудио снимки со Виолета Аларова, секретарот Ратко Савовски и Милан Пижула на www.youtube.com каде многу јасно се слуша како постапуваат со нас и како се однесуваат кон овој криминал – барај Аларова, Платина Инженеринг, општина Центар и сл.

 

Во делот на Министерството за транспорт и врски

 

Со министерот Миле Јанакиевски само си разменувавме дописи без ништо конкретно да превземе министерството, ако се има во предвид дека градбата и сите случки се случуваат во 2004 год. кога ингеренциите беа под Министерството за транспорт и врски. Државниот градежен инспекторат на чело со тогашната Жаклина Ангеловска воопшто не одговори на ниту едно наше Барање а камо ли да постапи според законот.

Постои аудио снимка на www.youtube.com во разговор со инспектор Роза Митревска која го води случајот Платина Инженеринг и каде јасно се слуша дека прво прави притисок врз нас дека проектот не е заверен, но откако и го покажавме си признава дека не е во ред тоа што е проектот е заверен.

 

Во делот на Министерството за правда

 

Писмено побаравме средба со министерот Михајло Маневски но кога отидовме да ни стават архивски број на Барањето архиварот ни кажа дека Барањето исчезнало од архивата. Поднесовме друго Барање но без никаков одговор до ден денешен.Државниот управен инспекторат при Министерството за правда по наше Барање направил вондреден инспекциски надзор во општина Центар и констатирал дека општина Центар работела спротивно на законот, за што и донел Решение по истото. Наместо Државниот управен инспекторат да поднесе кривична пријава против градоначалничката Виолета Аларова  што е и законско право и обврска врз основ на неправилното работење, инспекторатот ден денес молчи. Во истото Министерство во одделот за надзор на работењето на нотарите поднесовме Преставка за да изврши надзор во работењето на нотарот Ленка Мицајкова. Надзорот е извршен и не ни е доставен како би можеле да поднесеме тужба против нотарката за неправилно работење.

 

Во делот на МВР

 

И покрај Пријавата до одделот за економски криминал при МВР и Преставката до министерката Гордана Јанкуловска МВР освен еден мини разговор со нас ништо конкретно не превзема. Во една прилика кога крвнички беше претепан мојот сопруг од лицата С.С., Д.В. и други три непознати лица и по пријава во полициска станица “Беко“, лицата С.С. и Д.В. биле викнати на разговор и го признале делото. Полициската станица “Беко“ ( после наш огромен ангажман за да дознаеме дека нешто е превземено, бидејки во меѓувреме дознавме дека случајот не е ни евидентиран во полициска станица “Беко“ ) после месец дена од случајот поднела прекршочна пријава против именуваните лица. По наше писмено интересирање после година дена до каде е случајот на суд за прекршоци нема одговор, но со секојдневно “висење“ пред судот конечно ни дозволија мини увид во предметот и кога видовме, предметот е доделен на судија Милица Цветановска која веднаш по приемот на предметот заминала во пензија и предметот воопшто не е распределен кај друг судија, до ден денешен после 2,5 години.

Истотака, споменатото лице Д.В. без наша дозвола и знаење, подигнал наши документи од кај нотар Ленка Мицајкова и склучил договор со агенција за обезбедување “Статус“ која е ангажирана на нашиот имот да не ни дозволи никаков пристап. Иронично е тоа што тој нерегуларен договор го предал во полициска станица “Беко“ кај командирот кој неполн месец подоцна е сменет, без притоа да превземат нешто против лицето Д.В.

Ние веке две години немаме пристап на нашиот имот и на објектот кој во меѓувреме безправно е доградуван од лицето Д.В. Направени се записници околу нашите пријави, поплаки и сл. но полициската станица “Беко“ не ни ги дава за да можеме да покренеме судски процес.

Мојата мајка Трајанка Петковска која е и сопственик на имотот беше брутално физички буткана и исфрлена од зградата но полицијата ништо не превзема за да ја заштити нејзината сопственост, напротив дури полицајците што беа излезени на терен се закануваа дека мојата 68 годишна мајка ке биде приведена. Имаме премногу докази за неработењето на МВР и едноставно е невозможно да се објасни на ваков начин.

 

Во делот на судството

 

Ние како сопственици и договарачи ја тужиме фирмата Платина инженеринг за отштета. Тој предмет го води судија Љубинка Колиќ. Тужбата ја поднесовме мај 2007 год. и еве после две години предметот сеуште не е завршен иако Платина инжинеринг никој не ја застапува на суд. Намерно се успорува предметот, не се закажуваат рочишта и после наше инсистирање за продолжување на судењето ни закажа рочиште сега за на 21.09. 2009 год. ден празник кога не работи судот и повторно одлагање и не знаење кога ке се презакаже судењето.

Од друга страна, наводно оштетените граѓани кои наводно уплатиле “парични средства“ во Платина инженеринг не тужат нас ( поднесена тужба август 2004 год. ) за да го доизградиме дивоизградениот објект, да ја легализираме зградата, да ја впишеме во катастар и да им ги предадеме становите во нивно владеење, а ако тоа не го направиме во рок од 15 дена по конечната одлука на судот “тие“ да можат да го сторат наведеното односно да можат во наше име да го сторат наведеното, со еден збор да ни биде одземен потписот. Нивни застапник – адвокат е Александар Марковиќ синот на Ратка Марковиќ од општина Центар која го заверила нелегалниот проект, а предметот го води судија Цветанка Кузмановска.

За една година откако ја поднесоа тужбата против нас судијата донесе одлука во корист на наводно оштетените граѓани. Се обжаливме до Апелацискиот суд и нормално покрај безброј неправилности на првостепениот суд пресудата беше отфрлена и вратена на повторно судење. Сега на 10.09.2009 год. се одржа првото рочиште откако е вратен предметот, и веке на 22.09.2009 год. за неполни две недели го закажа следното рочиште со напомена дека ова многу брзо ке го решела, занемарувајки ги упатствиата на Апелацискиот суд. Инаку, Решението од Апелацискиот суд за повторно судење го добивме по наше инсистирање на само три дена пред одржување на рочиштето, на 07.09.2009 год.

Ова е минијатурен дел од неправдата што ни се случува. За сите наши тврдења поседуваме документи ( два класери ). Вакви криминално чудни случки има и во Катастар, кај нотар Ленка Мицајкова.... едноставно секаде кадешто ке се обратиме, а сме се обратиле во сите можни Државни институции. Останавте уште Вие.

 

Значи, што ни се случува нам :

 

1.                        Веке две години не можеме и не смееме да стапнеме во нашиот имот и објект

2.                        Општина Центар не сака да постапи според свое донесено Извршно Решение

3.                        Министерството за транспорт исто така не сака да постапи според Решението

4.                        МВР воопшто не сака да покрене истрага и да го расветли криминалот и корупцијата

5.                        Судот настојчливо и убедливо не суди во корист на вистината и правдата

6.                        Министерството за правда не ни ги дава записите направени во врска со нотар Мицајкова

7.                        Државниот инспекторат ништо не превзема според обврските против општина Центар

8.                        Државниот управен инспекторат не постапува според свое донесено Решение

9.                        Општинскиот суд 1 не покренува постапка против криминалците и насилниците

10.                    Судот намерно ја одолговлекува постапката против Платина инженеринг

11.                    Јавното обвинителство одолговлекува во постапката против лицето Д.В. кое ги злоупотребило нелегално нашите документи од кај нотар Ленка Мицајкова

12.                    Општина Центар не ни ги дава документите во врска со дивоградбата на нашиот имот

13.                    Финансиската полиција по наша Пријава не знаеме дали воопшто се ангажирала

14.                    Јавното обвинителство и покрај доказите ја одбива кривичната пријава против општината

15.                    Катастарот се обиде нелегално да впише трети лица на нашиот имотен лист

16.                    Судот и МВР воопшто не издале меѓународна потерница за сопствениците на Платина кои ограбиле 500.000 евра од Комерцијална банка и измамиле голем број на граѓани

17.                    И што уште не.....

 

Што е тоа, со што Вие би можеле да ни излезете во пресрет и да ни помогнете во оваа цела ситуација а истовремено да и помогнете и на Р. Македонија да се ослободи од вакви организирани криминалци. Постојат ли лица вработени во оваа Држава во некој оддел, сектор, дирекција, агенција или било што, кои се борат против криминалци и каде што Вие лично ке се ангажирате и ке не препорачате односно ке ни гарантирате дека ке се расветли цел овој криминален случај.

 

Поздрав,.... и што поскорешна средба.

 

 

Доказни документи поседуваме во изобилство во врска со нашите обвинувања...

 

 

 

 

 

Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 21-Sep-2009 at 10:32

Премиерот со допис побара од нас да му го објасниме проблемот во кратки црти ( божем досега не му беше објаснето ) и бара објаснување околу што всушно ние би разговарале не евентуално закажаната средба.

Предходниот пост е одговор на неговиот допис, па да видиме што ке се случува понатаму Wallbash
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 09-Oct-2009 at 14:17
ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО ХРАБРАТА НОВИНАРКА ЈАДРАНКА КОСТОВА КОЈА И ВО ДЕНЕШНИОТ БР. 745 НА “ФОКУС“ ПОВТОРНО ЈА РАЗДРМУВА УРБАНАТА МАФИЈА ВО СЛУЧАЈОТ ПЛАТИНА ИНЖЕНЕРИНГ,........... да видиме дали за инспекторот  Милан Пижула ке се превземе нешто бидејки поопширно е опфатена општина Центар во нејзиниот криминал....... приказната не е завршена за аферата Платина инженеринг.... на ред е нотарката Ленка Мицајкова, нотарската комора и Министерството за правда...
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 07-Nov-2009 at 14:46
-Copy-1.jpg%20picture%20by%20Prlenda 
ОЧИГЛЕДЕН ФАЛСИФИКАТ НА УПЛАТНИЦА КАСА ПРИМИ
 
ОБЈАСНУВАЊЕ:
Фирмата Платина инженеринг ДОО постои до 25.05.2005 год.
Од 25.05.2005 год. е трансформирана во Платина инженеринг ДООЕЛ,
Тогаш како може овој наводно оштетен граѓанин да има каса прими од 15.12.2004 год. со печат од ДООЕЛ, кој печат ке почне да постои дури 6 месеци подоцна ?
 
За МВР не постои криминал иако не е направен претрес во канцеларијата на Платина инженеринг, не се најдени печатите, документите, компјутерите, автомобилите,...... едноставно МВР воопшто и нема издадено меѓународна потерница по сопствениците на Платина инженеринг, кои покрај криминалот во градежништвото успееа да ја ограбат комерцијална банка за 512.000.00 евра. Ограбувањето е извршено во март 2006 год. а откако сопствениците на Платина инженеринг побегнаа од државава на 15 декември 2006 год. МВР го открива криминалот за комерцијална банка ( дури 9 месеци подоцна ). Истотака, во текот од половината на 2005 год. па све до крајот на 2006 год. пристигнуваа пријави од граѓани за извршена измама и криминал, МВР и покрај присуството на сторителите Рокан Атанасоски, Рената Посавац и Маријана Атанасоска воопшто не реагирала на пријавите. Откако наведените побегнаа во непознат правец МВР потегнува само за криминалот во комерцијална банка а за градежниот криминал на Платина Инженеринг ден денес не повела кривична постапка, воедно и не извршила истрага за градежниот криминал. Така работи нашето МВР.
 


Edited by Chiko - 07-Nov-2009 at 15:04
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 06-Jun-2010 at 22:21
Samo da ve pozdravam i da ve informiram deka seuste sum aktiven,......sobiram materijali koi naskoro ke gi objavam,....
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 14-Dec-2010 at 16:40

Газдата на „Платина инженеринг“ уапсен во Аргентина

Газдата на „Платина инженеринг“ Рокан Атанасоски е во екстрадиционен притвор во Аргентина и се чека одлука за негово испорачување во Македонија, дознава Канал 5. 

Аргентинската полиција го уапсила и ги известила македонските надлежни кои распишаа меѓународна потерница против него и неговата сопруга Марија пред речиси четири години во време кога изби градежната афера „Платина“ во која беа измамени голем број граѓани кои платиле уплатиле станови. 

Неговата сопруга се уште не е пронајдена, но се претпоставува дека и таа е во Аргентина. Македонските судови ги чекаат Атанасоски со дебело досие, две правосилни пресуди и уште седум судски предмети за перење пари, измами, даночни затајувања злоупотреби на службена положба. 

Во отсуство се веќе осудени на 8 и 7 години затвор, а треба да и вратат половина милион евра на Комерцијална банка. Според обвинението Рокан ја поттикнал сопругата која била вработена во банката, се товари дека со фалсификат документи успеала да направи криминални трансакции. 

За провизија од 30 илјади евра им помогнал Пеце Дамевски познат Асиба кој ги подигнал парите во Словенија. Дамевски беше осуден на 5 години затвор и ја одлежува казната. 

Процедурата за екстрадиција е во тек. Македонските власти им ги испраќаат сите документи на аргентинските. Но, како што дознава Канал5, Атанасовски има аргентинска лична карта. Се уште е непознато дали успеал да стекне и државјанство. 

Личната карта може да значи дека Атанасоски е само резидент за што процедурата за екстрадиција ќе оди полесно доколку македонските власти докажат дека го бараат за кривичен прогон. 

Но, доколку успеал да добие државјанство тогаш неговата позиција таму е бетонирана, велат познавачите на македонско- аргентинските односи за Канал 5. 

Друга околност која ја забавува процедурата е тоа што најблиската македонска амбасада до Буенос Аирес е дури во Вашингтон. 

14.12.2010, 15:56
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=68506
Back to Top
Chiko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 12-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Chiko Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 23-Dec-2010 at 22:10
Ех, да е сето ова вистина. Нема ништо официјално,..... потпарол,...МВР,... објавено на друго место,..... Ohno
Да се надевам дека е вистина,..... ме чуди како само Рокан е фатен а не и Рената Посавац,........
страна 19, десно од рублика 42,........ преводот кажува дека Аргентинциве ја бараат Кристина Атанасоска керка на Рокан и Маријана Атанасоски за да и врачи државјанство,......25 јануари 2010 год.
Да беше ажурна МВР и да ја поднесеше потерницата порано од октомври 2009 год,.....
не верувам дека ке го донесат,...... тогаш пола општина центар што се офајдила  ке треба да оди апсана
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 21-Jul-2020 at 05:01
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 345

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.