build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реставрациja / Реконструкциja

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 29-Aug-2021 at 15:08
Originally posted by my Macedonia

Еве и слики, без обезбедување и тоа што реновирале, ја утнаа работата


Во која смисла ја утнале работата? Не те разбирам баш.
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 29-Aug-2021 at 15:20
Originally posted by Џоле

Originally posted by my Macedonia

Еве и слики, без обезбедување и тоа што реновирале, ја утнаа работата


Во која смисла ја утнале работата? Не те разбирам баш.

Со реновирање на кулата и употребата на нормален матриал. Кулата ја реновирало како да е обична зграда.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 30-Aug-2021 at 20:44
Браво за Вевчани Вака изгледаше објектот во 2018 година.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 17-Sep-2021 at 15:40
СЕ ОТВОРИ РЕНОВИРАНИОТ ОФИЦЕРСКИ ДОМ ВО БИТОЛА



На местото на некогашниот руиниран Офицерски дом, денес во Битола беа отворен и вратите на реставрираниот објект со културно-историско значење, кој го врати својот архитектонски сјај и екстравагантна внатрешност. Заврши реставрацијата на Домот, а увид изврши и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, чиј кабинет исто така беше вклучен во спроведувањето на проектот.

„Офицерскиот дом во Битола е еден од најзначајните културно-историски објекти во Битола кој е во централното градско подрачје, а кој долги години беше запуштен, даваше лоша слика за целата околина. Се заложивме за негова реставрација, а не рушење и градење на нов објект. Денес сите можеме да се убедиме во неговата убавина и импозатност. Реставриран е целосно по сите стандарди, почитувани се неговите историски специфики“, рече вицепремиерот Битиќи.

Покрај тоа што е набавен оригинален лустер сличен на балскиот, кој пред неколку години кога објектот беше оставен без грижа падна и се уништи, поставени се и десетици светлечки тела од кристал со 200 светилки кои ја осветлуваат внатрешноста на објектот. Долната сала е поплочена со мермер, обновени се витражите на прозорците и вратите, поставен е автентичен паркет изработен како стариот со техника на интарзија во концертната сала и друго.

Објектот е во надлежност на новооснованата јавна установа Културно-информативен центар, под која е и Киното „Манаки“.

„Нашиот Офицерски дом е со вратен сјај каков што му доликува, подготвен за низа настани кои ќе сведочат за пулсот на Битола. Во овој дом ќе се случуваат културни настани, музејски поставки, презентации на достигнувања, дебати, венчални церемонии, промоции и се̍ она што претставува наше битисување. Не беше лесно, ни едноставно од она време кога јасно кажавме ‘не’ за негова продажба. Подготвувањето на комплетната документација и апликација од страна на Општината, пред да дојдам јас како градоначалничка беше одбиена. Следуваа измени на истата и нов процес на аплицирање, а на тоа се надврза имплементацијата“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Реконструкцијата на објектот и неговата околина чини 59 милиони денари (околу 960.000 евра), од кои 53 обезбедени од проектот за локална и регионална конкуретноста преку ЕУ фондови, а Општината учествуваше до 5,9 милиони денари од својот буџет. Исто така, Општината инвестираше и во обезбедувањето на инфраструктурата околу Офицерскиот дом, како и партнерно и хортикултурно уредување со вкупна инвестиција од 850.000 евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-otvori-renoviraniot-ofitserski-dom-vo-bitola/



Се обнови и чешмата крај Офицерскиот дом со средства од Ротари клубот од Битола





За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 15-Nov-2021 at 11:13
Originally posted by Џоле



Најава од градоначалникот на Дојран, ова е негова фејсбук објава од 5 мај годинава:

Во тек е проект преку ИПА програмата кој опфаќа реставрација и реконструкција на ,,Турската бања'', или ,,Градскиот амам'' ,,Саат кулата'' и пристапни патеки до истите.

🔵 Целоснa реконструкција на Саат- кулата и хортикултурно уредување на подрачјето околу Саат- кулата
🔵Со ова, ќе се врати оригиналниот изглед на Саат- кулата
🔵Ќе биде дизајниран и произведен сувенир во форма на автентична Саат кула во Стар Дојран

🟡Извршување на конзерваторски и реставраторски работи на ,,Турската бања'' или ,,Градскиот амам'' на сочуваните делови на локацијата, како и расчистување и уредување на областа околу локацијата со цел да се зачува автентичноста на амамот

🟢 Постојните патеки што ги поврзуваат Саат-кулата и Турската бања ќе бидат поплочени со обичен камен (калдрма) и истите ќе бидат направени на постојните патеки кои ја поврзуваат Саат кулата со локалните патишта

🟠Ќе бидат изготвени промотивни материјали и видео спотови , за промоција на локалниот туризам, кој ќе содржи информации за културното наследство на Дојран

🟠Ќе бидат поставени патокази и информативни табли за културно- историските споменици

➡️Тендерската постапка е во последна фаза на завршување, во следниот период отпочнува реализација




https://www.facebook.com/angovango/photos/a.125891351402759/544321549559735/






https://mms.mk/255712/%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%B0%D0%BA-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%BA%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BC-%D0%B0-%D1%81%D0%B8%D1%82/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bf%d0%b0%d0%ba-%d1%9c%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d0%ba%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d0%b0%d0%bc%d0%b0%d0%bc-%d0%b0-%d1%81%d0%b8%d1%82
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 02-Jul-2022 at 14:13
СПОМЕН-КУЌАТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО БИТОЛА СЕ ОБНОВУВА ЧЕТИРИ ГОДИНИ И ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЗА ПОСЕТИТЕЛИ



Спомен-куќата на Гоце Делчев во Битола во изминативе четири години интензивно се обновува и осовременува, со цел повторно да биде отворена за посетители, рече министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска при денешната посета. Во нејзина реконструкција државата досега вложила 1,3 милиони денари, а за годинава се предвидени уште 400.000 денари.

„Навистина ми е мило што секоја година се издвојуваат средства за спомен-куќата на Гоце Делчев во Битола и очекувам повторно да биде отворена за секој посетител. Токму неговата мисла ‘Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите’ треба да биде врежана во сите нас, затоа што македонското културно наследство треба да го негуваме секојдневно“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Конзерваторско-реставраторските зафати почнаа во 2016, кога беше изработена проектна документација. Во 2018, Министерството за култура додели 250.000 денари за замена на електричната инсталација и зафати во ентериерот, во 2019 сумата порасна на 350.000 денари, а во 2020 на 400.000 денари. За лани беа предвидени 310.000 денари.

Со овие средства, досега се заменети и кровната конструкција и дограмата, реставрирана е фасадата, а сега се работи на ентериерот.

Во оваа куќа, Гоце Делчев престојувал во 1901 година, кога била дом на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор го посетил војводата Даме Груев и остварил средби и со други истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација и сега се чува во спомен-куќата.

Објектот содржеше две изложбени простории со вкупна површина од 37 квадратни метри. Една беше со документи и фотографии, а во другата, каде Делчев ги одржувал состаноците, беше задржан ентериерот во оригинална состојба. Таму беше и гобленот од разнобојни монистри, кој му бил даден на Ракиџиев од политичките затвореници во централниот битолски затвор.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/spomen-kukata-na-gotse-delchev-vo-bitola-se-obnovuva-chetiri-godini-i-povtorno-ke-se-otvori-za-posetiteli/
За сè има вторпат
Back to Top
shkupjan166 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 25-Dec-2020
Online Status: Offline
Posts: 20
  Quote shkupjan166 Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 25-Apr-2023 at 06:21
Домот на културата „Мирка Гинова“ во Демир Капија е реконструиран со околу 550 илјади евра и сега има целосно нова кино сала и реновирана библиотека со многу нови книги за читателите, дел од овие средства се и од ТАВ програмата.

Преку ТАВ програмата реализираме инфраструктурни проекти за сите граѓани низ целата држава.
Проектите на ТАВ се реализираат низ сите општини низ земјава. Задоволен сум кога гледа дека со добро планирање веќе во предвидените рокови се реализирани 70% од започнатите проекти, или завршени се 56 проекти во 56 општини а во моментов 25 проекти се во тек и е планирано да бидат завршени до крајот на годината, тоа значи дека нашите сограѓани добиваат квалитет и навременост.

За овие проекти аплицираа самите општини и тие имаат целосна сопственост над нив, тоа значи дека се изворно поттикнати од потребите на граѓаните кои живеат низ цела земја. Овие инфраструктурни проекти се токму оние кои ним им се потребни за подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.

-----

https://facebook.com/story.php?story_fbid=646568714148110&id=100063849604316&mibextid=afzh1R

Edited by shkupjan166 - 25-Apr-2023 at 06:22
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 31-May-2023 at 17:57
ГЕНЕРАЛКА НА ПАРТИЗАНСКИОТ СПОМЕНИК ВО ШТИП



Во моментов, Завод и музеј-Штип, со средства од Министерството за култура, го санира искучително значајното дело Меморијален комплекс на паднатите борци на револуцијата, кој е поставен на источната страна на археолошкиот локалитет „Исар“. Станува збор за архитектонско-скулптурално дело од архитектот Богдан Богдановиќ, еден од најпознатите архитекти на дваесеттиот век, кој оставил силен печат на уметничкото и архитектонското наследство на некогашна Југославија.

Делото на Богдановиќ (20.08.1922, Белград – 18.06.2010, Виена) било избрано на конкурс со цел да се одбележи сеќавањето на загинатите партизански војници и цивили во Штип и Штипско за време на Втората светска војна, како чин на комеморација.



За завршувањето на споменичкиот комплекс во Штип на авторот му биле потребни пет години, а неговата свечена инагурација се извршила на денот на ослободувањето на Штип, 8 ноември 1974 година.

Екипите од штипскиот музеј во изминатиот период ги отстраниле нечистотиите, вегетацијата, бројните графити на сите делови од комплексот со што се сочувале изворните, историските, урбанистичко-архитектонските и естетските вредности на делото и се овозможило негово користење за туристички, културни и други активности.

Во овој меморијален комплекс подигнат во чест на паднатите борци во Народно-ослободителната војна, се одбележуваат неколку датуми со учество на делегации, учесници во војната и граѓани, со положување на свежо цвеќе и комеморација. На комплексот се одбележуваат: 11 Октомври, денот на почетокот на народното востание во Македонија, 8 Ноември, денот на ослободувањето на градот Штип и 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба.

https://plusinfo.mk/generalka-na-partizanskiot-spomenik-vo-shtip-ministerstvoto-za-kultura-se-pofali-deka-konechno-go-ischistilo/
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 872
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 07-Jun-2023 at 21:47
Конечно, се надевам дека ќе го одржуваат.Ова ми е еден од најубавите споменици на НОБ во Македонија. Се зачитав и за авторот, интересен лик. И во другите проекти има стилски слична орнаментика. Иако модернист, не се согласувал со слоганот "ornament is crime". Имал и експериментална школа за архитектура во некое српско село, а потоа бил и градоначалник на Белград при крајот на Југославија, за на крај да замине во Виена во самонаметнат егзил како противник на тињата Милошевичова.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 14-Sep-2023 at 10:12
Почнале со реконструкција на старото училиште во село Кучково, ќе биде пренаменето во Центар за ресоцијализација на дечиња кои го победиле канцерот.
Проектот е на Општина Ѓорче Петров, како и на ЗГ САНО, Скопски плански регион, Град Скопје, Општина Карпош, Општина Бутел и Општина Гази Баба.

Инаку, зградата е од 1921 година.









Капацитетот на Регионалниот центар ќе опфаќа 15 дечиња во исто време со еден родител (вкупно 30 кревети) кои ќе бидат дел од 10-дневниот целосно бесплатен престој.
Регионалниот центар организациски и просторно е уреден на следниот начин:

Приземје:
– Предпросторија
– Влезен хол
– Канцеларија за администрација
– Канцеларија за професионален персонал
– 2 училници
– Ходник
– Кујна со трпезарија
– 4 бањи со тоалети
– 4 спални соби
– Соба за физикална терапија
– Просто за скалила
– Дневна соба
– Тивка соба

Кат 1:
– Влезна сала со скали
– Ходник
– 2 спални соби
– 1 бања со тоалет
– Лифт за лица со попреченост

https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr

https://www.slobodenpecat.mk/gjorche-petrov-kje-gradi-centar-za-resocijalizacija-na-dechinja-koi-go-pobedile-kancerot/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15001
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 13-Feb-2024 at 16:40
Не најдов посебна тема за проектов, па тука нека оди:

ГРЧКИ И МАКЕДОНСКИ ЕКСПЕРТИ ЗАЕДНО ГО СПАСИЈА АНГЕЛОТ ОД КУРБИНОВО, ЗАВРШЕНА Е 80 ОТСТО ОД ЗАШТИТАТА НА ЦРКВАТА

Црквата „Свети Ѓорги“ од 12 век во преспанското село Курбиново е еден од најзначајните византски средновековни споменици на културата на Балканот. Овој црковен бисер е познат и како македонската Мона Лиза поради живописот со особените сликарски остварувања и е еден од ретките претставници на уметничките текови од крајот на 12 век. Препознатлив е најмногу по оригиналната фреска на ангелот на благовестието Гаврил, кој од тука е пресликан на македонските банкноти од 50 денари.

Долги години црквата беше оставена на забот на времето, објектот со нарушена статика, а фреските пожолтени. Заштитата беше заглавена во проекти на хартија и долги административни постапки меѓу институциите, па народот имаше изгубено надеж дека ќе дојде денот кога ќе се спаси Ангелот од Курбиново.



Работите почнаа да се менуваат пред три години, кога беше склучен Меморандумот за соработка меѓу Завод и музеј Битола и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун, Грција. Грчки и македонски експертски тим заедно спроведоа конзерваторски истражувања врз основа на кои се изработи проект за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство.



Денес, 80 отсто од заштитата е завршена, а активностите продолжуваат штом дозволи времето, односно се очекува во првата половина на 2024 црквата комплетно да биде заштитена.

Грчкиот тим на експерти имаше можност да користи напредни методи и техники на работа во големи размери како ретко кога претходно.



„Во конзервацијата на фреските на Курбиново, нашиот тим ги користеше најнапредните методи во документирањето на патологијата, како и најнапредните технолошки алатки во толку големи размери, што Курбиново го сметаме за студија на случај за најмногу добро проучен споменик на византискиот свет. Целиот проект е спроведен во многу позитивна и продуктивна рамка. Соработката со колегите од Битола беше одлична и се засноваше на меѓусебно почитување. Резултатите од истражувањата беа збогатени со архитектонски цртежи, планови, фотографии, тематски карти и дополнителни согледувања. Резултатот од оваа билатерална соработка беше исклучително успешен. Во текот на целиот проект разменивме ставови, мислења и развивавме дискусии за методите што беа користени при конзервацијата на овие извонредни фрески од 12 век“, вели д-р Флора Карајани, византолог и директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун.



Конзерваторските истражувања беа спроведени со примена на неинвазивни дијагностички техники. Беше применета најнапредна апаратура од ласерско скенирање на ѕидното сликарство, фотографирање со тангенцијално странично осветлување, па ултравиолетова фотофлуоресценција, снимање со ннфрацрвена камера, примена на XRF спекторскопска техника со портабл апарат за испитување на површините со можни преслики или издвојување на авторскиот ракопис, идентификација на постари и поново употребени пигменти, индиректно утврдување на одредени интервенции, анализа на влажноста со даталогер и друго.



„Применетите аналитички техники во конзерваторските истражувања не се непознати во конзерваторската пракса во Македонија, само што ускратени се можностите за нивната употреба или достапност. Истото се однесува и на примената на методите и материјалите за конзервација и реставрација со минимални отстапувања во однос на конзерваторската пракса“, вели раководителката на проектот, м-р Оливера Макриевска, историчарка на уметност, конзерваторка-советник од Завод и музеј – Битола.

Двата тима укажуваат на тоа дека учеле еден од друг, а дел од методите и техниките немале можност претходно да ги применат во толкав степен каков што е случајот со Курбиново.

„Во рамки на конзервација и реставрацијате на ѕидното сликарство, а со цел минимизирање на причините за нивното понатамошно оштетување, отстранети се дотраени казеински опшивки, обезбедување на живописот со опшивање на површините со ѕидно сликарство, отстранување на дотраени китови од претходните конзерваторски интервенции и на нивно место нанесени се нови, малтерисување кај површините со отпаднато автентично ѕидно сликарство од поголем обем. Материјалите кои што се користеа за опшивање, китирање и малтерисување беа од типот на варови малтери поради нивната приближна усогласеност со употребените оригинални материјали“, вели Макриевска.



Таа посочува дека за зацврстување на нестабилните подлоги на ѕидното сликарство беше применет методот на микроинјектирање (вбризгување), а беа утврдени одвојувања, празнини, испакнати делови. Беа употребени и течни варови за усогласување со оригиналните употребени материјали. Стабилизирање на боениот слој беше направено со методот на фиксирање. Чистење на живописот од наслаги се вршеше по сув и воден пат врз база на вода. Применет е етички пристап во процесот на чистењето на наслаги од различен карактер имајќи во предвид дека целта на чистењето е да се зачува заштитната и посакуваната патина на фрескоживописот. Визуелното ускаладување со примена на методот на ретуш ќе биде спроведена во текот на годинава.



Професионалните проекти за конзервација и реставрација на архитектурата и живописот на споменикот се одвиваа во различни фази од 1958 до денес. Постојат податоци за постарите интервенции но, за жал, малку за употребените материјали. Очигледно е дека честите интервенции дополнително придонеле за физичкото оштетување на фреските и претставуваа опасност за хемиската и физичката стабилност.

„Пред две години, започна заедничкиот пат на експертите од двете соседни земји кои за првпат се среќаваат на вака високо ниво. Заедничката работа на колегите од Солун и Битола ни донесе високостручна конзервација на фрескоживописот од 12 век и на оригиналните фрески, меѓу кои и онаа на Архангел Гаврил. Сведочиме на резултати кои со децении ги посакувавме, а ги добивме токму сега. Храмот конечно добива долгорочна заштита, а византиското културно богатство достојна грижа и афирмација“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Средства за проектот беа издвоени токму од Министерството за култура.

Сепак, иако лани летото беше најавено дека до крајот на 2023 година ќе заврши комплетната реставрација на црквата, вториот дел од заштитата на ѕидното сликарство останува за годинава. Од Завод и музеј велат дека 80 проценти од фрескоживописот е завршен и дека работа ќе се доврши годинава.

Во меѓувреме, по долги години патот до црквата доби нов асфалт. Клучот од црквата веќе не е кај месното на насление, туку во Завод и музеј во Битола.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

https://sdk.mk/index.php/naslovna/grchki-i-makedonski-eksperti-zaedno-go-spasija-angelot-od-kurbinovo-zavrshena-e-80-otsto-od-zashtitata-na-tsrkvata/?fbclid=IwAR21KZJEICLYm3vP-KCnwmWKpbWTYtFQtBDmdA1fGoV3OOeEGmaq71TewB0
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 222324

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.112 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.