Говрлево |
Post Reply |
Author | |
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2185 |
Quote Reply
#1 Topic: Говрлево Posted: 29-Sep-2009 at 11:19 |
Говрлево висока категорија на културно наследство
МАНУ
пред 10 години издаде археолошката мапа на Македонија, каде за Говрлево
е потенцирано дека е најзначајното наоѓалиште на артефакти од неолитот.
Во црквата „Свети Трифун“ се наоѓаат ѕидните слики и икони од Димитар
Папрадишки, еден од зачетниците на македонското современо сликарство.
Овие два факти се доволни надлежните институции веднаш да ги прогласат за споменици на културата и да се спречи нивниот оттуѓување. МАНУ формира комисија за да стручно ги обработи податоците за значењето на Говрлево а претседателот на Академијата е расположен е да се сретне со жителите - ова се податоци од 2006 ?
Есента 2000 г, беше актуелно како едно од најважните археолошки наоѓалишта од периодот на младиот неолит во светот со мошне значајните пронајдоци: човечка глава, машки портрет, печат со знаци, фигура на Големата мајка... и над се машкото торзо наречено Адам од Говрлево. Неолитскиот локалитет е откритие на милениумот и место од каде потекнува "изворот на мислата". Но ова не е доволно за државна интервенција ?
Легенда
Археолошки локалитети во Говрлево. Градиште,
утврдена населба од римското и доцноантичкото време и старохристијанска
базилика. На околу 600 м северно од селото се наоѓа мало ритче со
зарамнето плато на врвот на кое се гледаат остатоци од бедем граден од
кршен камен и варов малтер. На површината има фрагменти од садова и
градежна керамика, питоси, а биле наоѓани и монети. Мермерни блокови се
пренесени во селските цркви во Говрлево и Барово. На југоисточната
тераса има темели од голема базилика и непосредно до неа темели од
цистерна. Манастириште,
средновековна населба и некропола. Југоисточно од селото, во правецот
на селото Осинчани, при обработувањето на нивите се откриени остатоци
од ѕидови и камени плочи од гробни конструкции. По површината се
среќава множество градежен материјал. Св.Илија,
средновековна црква. Североисточно од селото, на ритчето Илино Брдо,
пошумено со дабови дрвја, пред 60 години е подигната црквата Св.Илија,
и тоа врз темели од постар сакрален објект. Церје,
населба од неолитското време. Се наоѓа на 2 км југоисточно од селото,
помеѓу Чифличка Река од исток и Церешка Река од запад. Во длабокиот
културен слој е констатирана повеќеслојна населба со шест хоризонти на
живеење. Најстариот хоризонт (I) е од времето на раниот неолит,
паралелен на Анзабегово-Вршник I, хоризонтите II-IV се од средниот
неолит, паралелни со Анзабегово Вршник II-IV, а последните два
хоризонти се од доцниот неолит, идентични на Зелениково II. Откриени се
три куќи за живеење, од дрво и кал, со димензии од 4,5x4,5 м, поделени
на две простории.
http://kralemarko.org.mk/ |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
suzana
Newbiе Joined: 09-Mar-2010 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #2 Posted: 12-Mar-2010 at 10:12 |
a toj kamenolom marsovci li go sozdale-pa so niv ne moze da se razgovara i da se pronajde resenie???
|
|
andronika
|
|
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #3 Posted: 20-Jul-2018 at 22:12 |
марс0вци со банкарска гаранција сигурно, можеби ако рударскиот институт убаво го истражи овој предел та да им зголемат концесија та да ги пишманат концеонерите, што мислам е терсене работа по логикамна некаква законска ретроактивност за концесионерот ... но ако и Караџица заедно со Шара и Галичица при следното одбележување нови национални паркови биде омеѓена се до Водно како Парк Шума може да се дочека затворање на каменоломот за експлоатација, бар заради биодиверзитетот и стресот врз дивите животни, иако овие нашиве експерти се доволно шупливи во однос дупки во законите, та не ме чуди да речат оп еве со нова технологија без динамити ами со фреквенции ќе се сече и немет проблем, но чунки Народ ќе се описмени со време та да не се аклиматизира и срипа утре евентуално и на ваква законска дупка, сигурно бар едно ГраЗдр да неречам ГЗ (бреј ова копи пасте методиве не им се воопшто гајрет на законодавците во однос акронимите, но немет врска веројатно симболично убо им се вклопиле во овој случај а во однос подреденоста која ја имаат (порано предбележани ко нво-а) невладините тајфи во однос на системот), но пак бадијала ако нема агитпроп финансиран од некој филантроп со џеб од глава до петици, што кај нас е најчесто случај само кога се тера евроболшевичка агенда посреди, но којзнае може работите ќе се менуваат на поарно ако на граѓанските здруженија при доволен кворум на потписи им се дозволи да можат да понудуваат изборно и референдумски гласања по теркот на америчките балоти [1][2][3] бидејќи се работи за моменти кои не се есктра актуелни ко еколошки а сепак некого озбилно тангираат но нема доволно критична маса за општинска агитација или пак општински кворум за референдумски потписи, заради што би требало да важат и потписи собрани од сите региони а не само засегнатиот, бидејќи во истиот може нема еколошки освестени сограѓани а сепак доколку се соочат со референдумско прашање пред и за време самите локални избори та и да промозгаат дали би подржале евентуални промени про или контра некоја работа ... туку нигде неможам да најдам кој е концесионер, тајна ли е па нема инфо на нет, има некој абер што е работава!? единствено има некоја еду трага за каменолом во Говрлево - штипско, Елаборат за оцена на влијанието врз животната средина на деталните геолошки истражувања на минералната суровина калцитски мермер на проширувањето на концесискиот простор „Говрлево“ - Штип, 2010 год. [1] мала дигресија значи штипско е полно и со други кристали со оглед дека на мермер се фаќаат та и бил калцитен ... него и една поголема дигресија со таман повод во однос репликава ... ја чул некој Сузана ја снема одеднаш, чинам една од ретките Девојки или Жени кои се обзнаниле јавно дека се понежен пол на форумов, иако знам бар за една хералдичарка која се претставуваше ко Момче, а сигурно има и други со е-комплекс да ко Жени истапат на градежен форум, а сигурно има многу кои се дел од техничките науки а не се одважуваат да думаат јавно ... што треба да се случи на Билд ако не друго бар трендовски ентериерно да им бидне мило катче за споделување абери искуства и уки на жените!? можеби женски-билд можеби попусти кај спонзори денес запознав еден потенцијален во канцеларија со три жени и еден маж та негледам зошто слични не би подржале ваква досетка ... Edited by Zelenikovo - 20-Jul-2018 at 22:22 |
|
Post Reply |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |