build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Говрлево

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Говрлево
    Posted: 29-Sep-2009 at 11:19

Говрлево

висока категорија на културно наследство

Тоа априори подразбира државна интервенција. Тоа е национално добро и не може да биде отуѓено ! Има ли некој УМЕН што ќе го спречи она што се случува таму !


 

 

МАНУ пред 10 години издаде археолошката мапа на Македонија, каде за Говрлево е потенцирано дека е најзначајното наоѓалиште на артефакти од неолитот. Во црквата „Свети Трифун“ се наоѓаат ѕидните слики и икони од Димитар Папрадишки, еден од зачетниците на македонското современо сликарство.

 

Овие два факти се доволни надлежните институции веднаш да ги прогласат за споменици на културата и да се спречи нивниот оттуѓување. МАНУ формира комисија за да стручно ги обработи податоците за значењето на Говрлево а претседателот на Академијата е расположен е да се сретне со жителите - ова се податоци од 2006 ?

 

Есента 2000 г,  беше актуелно како едно од најважните археолошки наоѓалишта од периодот на младиот неолит во светот  со мошне значајните пронајдоци: човечка глава, машки портрет, печат со знаци, фигура на Големата мајка... и над се машкото торзо наречено Адам од Говрлево. Неолитскиот локалитет е откритие на милениумот и место од каде потекнува "изворот на мислата". Но ова не е доволно за државна интервенција ?

 



Проблемот e ЧОВЕКОТ, поточно фабриката која тука има каменолом кој е пред вратата на црквата. Крај брдото копаат камен и од силните експлозии напукнуваат sидовите на црквите. Експлозиите се толку силни што дури вратите од куќите сами се отвараат.



Сите молчат, а sидовите на црквите секој ден се повеќе напукнуваат. Ова е убав дел, еколошки чисти се и водата и воздухот, ама кому му е гајле. Што може човек да расипе ни Господ не може да поправи...

 

Легенда

Пред 600 години се разболела Гордилијана, ќерката на цар Гордилијан. Добила некоја чудна болест, жива се фрлала во оган и вода. Царот ги собрал сите познати лекари, но никој не можел да и помогне. Разочаран се помолил на Господ, кој, преку гласот на ќерка му кажал дека неа може да ја изечи само св. Трифун. Преку своите гласници го пронашол св. Трифун во Мала Азија, кој дошол кај царот и ја излечил ќерка му. Светецот враќајки се кон дома поминувал низ Македонија. Во моментот кога се наоѓал на местото Брзовец, Господ му наредил да направи божји храмови на "Св. Трифун", "Св. Троица", "Св. Петар и Павле", а подоцна и "Св. Марина". Бил изграден и конак. Манастирите и конакот со текот на времето биле срушени. Од нив останале само темелите под земја. Се до пред речиси еден век кога Господ го избрал лимарот Борис од кумановско и му наредил повторно да ги изгради. На сон му рекол:" Оди на брдото, јас со јаже ќе мерам, ти ќе копаш и пак ќе ги изградиш духовните храмови".

Дел од оваа вистина е и малата црквичка "Св. Кузман и Дамјан" која е наоѓа под брдото на кое се сместени црквите. Во неа се наоѓа извор со лековита вода. За настанокот на оваа црквичката изградена 1936 година кажуваат живите сведоци чичко Бранко и тетка Роксана. "На местото, каде се наоѓа црквичката имаме нива. На времето во нивата моите родители саделе коноп. Перејќи го конопот во водата на мојата мајка и се слошило, а ногата и потекла. Чичко ми, пак, работејки си ја прободел раката со нож, а еден ден фатил силен порој, дотекла голема вода го собрала дедо ми и го носела дури долу до долот. Им се случувале непријатни работи. Подоцна на татко ми му се сонило, некој глас му рекол дека таа вода не е за вадење коноп, туку е лековита, дека тука треба да се подигне храм на "Св. Кузман и Дамјан" и дека мајка ми ќе се излечи. Така и се случило."

На неколку метри од црквичката се наоѓа уште една чешма. Лугето кои доаѓаат ја нарекуваат вода за подмладување, оти како што се раскажува, благодарение на водите, овде лугето најчесто умираат од старост. 

 

Археолошки локалитети во Говрлево.

Градиште, утврдена населба од римското и доцноантичкото време и старохристијанска базилика. На околу 600 м северно од селото се наоѓа мало ритче со зарамнето плато на врвот на кое се гледаат остатоци од бедем граден од кршен камен и варов малтер. На површината има фрагменти од садова и градежна керамика, питоси, а биле наоѓани и монети. Мермерни блокови се пренесени во селските цркви во Говрлево и Барово. На југоисточната тераса има темели од голема базилика и непосредно до неа темели од цистерна. Манастириште, средновековна населба и некропола. Југоисточно од селото, во правецот на селото Осинчани, при обработувањето на нивите се откриени остатоци од ѕидови и камени плочи од гробни конструкции. По површината се среќава множество градежен материјал. Св.Илија, средновековна црква. Североисточно од селото, на ритчето Илино Брдо, пошумено со дабови дрвја, пред 60 години е подигната црквата Св.Илија, и тоа врз темели од постар сакрален објект. Церје, населба од неолитското време. Се наоѓа на 2 км југоисточно од селото, помеѓу Чифличка Река од исток и Церешка Река од запад. Во длабокиот културен слој е констатирана повеќеслојна населба со шест хоризонти на живеење. Најстариот хоризонт (I) е од времето на раниот неолит, паралелен на Анзабегово-Вршник I, хоризонтите II-IV се од средниот неолит, паралелни со Анзабегово  Вршник II-IV, а последните два хоризонти се од доцниот неолит, идентични на Зелениково II. Откриени се три куќи за живеење, од дрво и кал, со димензии од 4,5x4,5 м, поделени на две простории.


      

        

       

        

      

http://kralemarko.org.mk/
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
suzana View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Mar-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote suzana Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Mar-2010 at 10:12
a toj kamenolom marsovci li go sozdale-pa so niv ne moze da se razgovara i da se pronajde resenie???
andronika
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Jul-2018 at 22:12

марс0вци со банкарска гаранција сигурно, можеби ако рударскиот институт убаво го истражи овој предел та да им зголемат концесија та да ги пишманат концеонерите, што мислам е терсене работа по логикамна некаква законска ретроактивност за концесионерот ... но ако и Караџица заедно со Шара и Галичица при следното одбележување нови национални паркови биде омеѓена се до Водно како Парк Шума може да се дочека затворање на каменоломот за експлоатација, бар заради биодиверзитетот и стресот врз дивите животни, иако овие нашиве експерти се доволно шупливи во однос дупки во законите, та не ме чуди да речат оп еве со нова технологија без динамити ами со фреквенции ќе се сече и немет проблем, но чунки Народ ќе се описмени со време та да не се аклиматизира и срипа утре евентуално и на ваква законска дупка, сигурно бар едно ГраЗдр да неречам ГЗ (бреј ова копи пасте методиве не им се воопшто гајрет на законодавците во однос акронимите, но немет врска веројатно симболично убо им се вклопиле во овој случај а во однос подреденоста која ја имаат (порано предбележани ко нво-а) невладините тајфи во однос на системот), но пак бадијала ако нема агитпроп финансиран од некој филантроп со џеб од глава до петици, што кај нас е најчесто случај само кога се тера евроболшевичка агенда посреди, но којзнае може работите ќе се менуваат на поарно ако на граѓанските здруженија при доволен кворум на потписи им се дозволи да можат да понудуваат изборно и референдумски гласања по теркот на америчките балоти [1][2][3] бидејќи се работи за моменти кои не се есктра актуелни ко еколошки а сепак некого озбилно тангираат но нема доволно критична маса за општинска агитација или пак општински кворум за референдумски потписи, заради што би требало да важат и потписи собрани од сите региони а не само засегнатиот, бидејќи во истиот може нема еколошки освестени сограѓани а сепак доколку се соочат со референдумско прашање пред и за време самите локални избори та и да промозгаат дали би подржале евентуални промени про или контра некоја работа ...

туку нигде неможам да најдам кој е концесионер, тајна ли е па нема инфо на нет, има некој абер што е работава!? единствено има некоја еду трага за каменолом во Говрлево - штипско, Елаборат за оцена на влијанието врз животната средина на деталните геолошки истражувања на минералната суровина калцитски мермер на проширувањето на концесискиот простор „Говрлево“ - Штип, 2010 год. [1] мала дигресија значи штипско е полно и со други кристали со оглед дека на мермер се фаќаат та и бил калцитен ...

него и една поголема дигресија со таман повод во однос репликава ... ја чул некој Сузана ја снема одеднаш, чинам една од ретките Девојки или Жени кои се обзнаниле јавно дека се понежен пол на форумов, иако знам бар за една хералдичарка која се претставуваше ко Момче, а сигурно има и други со е-комплекс да ко Жени истапат на градежен форум, а сигурно има многу кои се дел од техничките науки а не се одважуваат да думаат јавно ... што треба да се случи на Билд ако не друго бар трендовски ентериерно да им бидне мило катче за споделување абери искуства и уки на жените!? можеби женски-билд можеби попусти кај спонзори денес запознав еден потенцијален во канцеларија со три жени и еден маж та негледам зошто слични не би подржале ваква досетка ...


Edited by Zelenikovo - 20-Jul-2018 at 22:22
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.