build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидросистем Лисиче

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Хидросистем Лисиче
    Posted: 07-Sep-2007 at 18:44

http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=83614


Пуштен во употреба велешкиот хидросистемот „Лисиче“

Владимир Тевчев  
07.09.2007

Велешани го решија проблемот со вода за пиење. По две децении изградба, од денеска во употреба е ставен хидросистемот „Лисиче“.

Владина свита, на чело со Премиерот ја пресекоа лентата на овој објект кој ќе ги снабдува Велес и Чашка со квалитетна вода за пиење и наводнување, а во исто време ќе го наполни и велешкото езеро Младост.

Овој базен за шест до осум месеци ќе се наполни со вода. Со ова езеро Велес трајно ќе го реши водоснабдувањето.

Езерото ќе собере 23 милиони кубици вода од реките Тополка и Врановска. Тоа ќе овозможи проток на 600 литри во секунда вода за пиење за велешани, кои сега трошат двојно помалку.

Експертите велат дека со хидросистемот, велешани трајно ќе го решат проблемот со водоснабдување.

„Дефинитивното пуштање на овој хидросистем, кој и за Велес и за околните места е за наводнување“, изјави

Изградбата на хидросистемот „Лисиче“ траеше рекордни 19 години. За него се потрошени 65 милиони евра, од кои 10 милиони се преку самопридонес од граѓаните на Велес и уште толку од странски кредити.

Првите капки вода од „Лисиче“ до домовите на велешани ќе пристигнат за нецела година.



Edited by Cloverstack - 10-Sep-2007 at 00:03

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Sep-2007 at 18:50
Инаку браната е долга 579м, висока 67м и широка 8м

Конечно после сите одлагања... Одолговлекувањето на овој проект стана легендарно! Ама ако го занемариме тоа, оваа вест е одлична. Да се надеваме дека Злетовица (која почнува да заличува на Лисиче со своите одолговлекувања) сепак нема да заглави толку...

Исто така да се надеваме дека по-енергетски ориентираните акумулации во фаза на планирање ќе бидат реализирани многу многу побрзо.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 07-Sep-2007 at 19:13
Да додадам дека ме радува фактот што ова колку-толку ќе придонесе за развој на тој предел (централна Македонија, западно од Велес). Не сум сигурен ама мислам дека потесниот регионот се викаше Азот...
Нормално главниот подстрек на развој на поширокиот регион ќе дојде со што побрза изградба на М-5 меѓу Велес и Прилеп.

А добро би било и да ја забрзаат работата околу регионалниот пат низ Поречието што треба директно да го спои Македонски Брод со Скопје. Навистина е нелогично како овие централни делови на државата толку долго останале речиси отсечени во секој поглед.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Sep-2007 at 19:47
^^
 
Еве ја и со Бошков мост трга работата и по се изгледа има интерес. Незнам исто и какви се роковите за малите хидроцентрали. Има некој претстава кога се тоа треба да почне да се реализира?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Sep-2007 at 23:46
Еве подетален текст:

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4260CB76FC1D7B4A8061AC5698C6BF67


„Лисиче“ се полни, велешани конечно ќе пијат квалитетна вода

По деветнаесет години градба, конечно е затворена браната „Лисиче“ и почна да се полни акумулацијата

СЛАВИЦА ЌУЧУКОВА-НИКОЛОВА


ВЕЛЕС – Велешани, конечно, го решија проблемот со здрава и квалитетна вода за пиење. Вчера, по деветнаесет години градба, конечно беше затворена браната „Лисиче“ и почна да се полни акумулацијата од која велешани во следните најмалку сто години ќе се снабдуваат со вода за пиење.

Велешани може да очекуваат вода од браната во февруари или март следната година. Овие осум месеци ќе бидат искористени за испитување на сите параметри на водата. Акумулацијата собира 23,5 милиони метри кубни вода, а ќе треба да се празни двапати во годината и да се полни од реките Тополка и Врановска Река. Техничкиот прием веќе е направен и се обезбедени сите потребни дозволи. „Со ова ќе биде овозможено да се наполни акумулацијата, а станицата за преработка на вода во градот преку цевковод ќе биде поврзана со акумулативниот простор на браната и ќе биде овозможено континуирано испорачување вода независно од хидролошката состојба на околните реки во текот на целата календарска година“, рече Радојко Цветановски, директор на Јавното претпријатие „Хидросистем Лисиче“.

Хидросистемот, покрај за снабдување на вода на градот Велес, ќе служи и за наводнување на околу 4 илјади хектари плодно земјиште, добивање техничка вода и полнење на езерото Младост преку цевковод долг 25 километри, кој дополнително треба да биде изграден. „Владата во следната фаза планира изградба на системот за наводнување, во кој ќе бидат вложени 25 милиони евра. Се предвидува изградба на мини-хидроцентрали за производство на електрична енергија“, рече премиерот Никола Груевски на свеченоста за затворање на браната.

„Ова е историски момент за Велес, но за мене е реализирање на животниот сон“, вели Борче Мимов, раководител на тимот за изградба на браната, кој во далечната 1987 започнал со изнаоѓање решенија за решавање на проблемот со вода за пиење на велешани. Според Мимов, велешани дури и да трошат по шестотини литри во секунда, годишно би потрошиле 13 милиони кубни метри вода, а зафатот може да реализира 32 милиона кубни метри вода, значи ќе има колку што треба и вода за наводнување.

Браната е висока 65 метри, широка осум и пол метри, во круната е долга 600 метри. За нејзината изградба се потрошени 65 милиони евра, од кои 10 милиони од самопридонес на граѓаните и близу десет милиони шпански кредит наменет за хидромеханичката опрема. Во изградба на браната учествуваа градежните фирми „Маврово“, „Бетон“, „Макметал“, „Факом“, „Гестион Унификада“.

Идејата за изградба на браната е од 1975 години, кога две независни куќи испитувале на кој начин може Велес да го реши проблемот со вода за пиење. И двете биле согласни дека единственото решение е изградба на браната. Речиси по две децении заврши изградбата на браната и велешани, конечно, ќе пијат квалитетна вода.




Edited by Cloverstack - 07-Sep-2007 at 23:47
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Oct-2010 at 16:58
Промакнало од некња

Хидросистемот Лисиче придонесува за развој на земјоделството во велешко


Годинашните 60 хектари засеани  под  ориз во Велешко наредната година се очекува да се зголемат  за повеќе од  360 хектари. Причина за шест пати зголемените површини  под оваа култура земјоделците ги наведуваат стимулациите кои Владат  ги обезбеди и  обезбедените количества вода од ХС„Лисиче".

Со изградбата на браната  овозможено е   коритото на реката Тополка постојано да биде полно со вода но и да се невопднува плодното поле. Долж цевководот , по кој може да  протекува  и до еден тон вода во секунда, што е доволно за задоволување на потребите на Велеси приградските населби  со вода за пиење постојат можности за  наводнување и на околу 500 хектари обработливо земјиште.

Заменик министерот за земјоделие Перица Ивановски,кој вчера ја посети браната на ХС„Лисиче"  вели дека искористеноста на Хидросистемот Лисиче  за наводнување придонесува за  значајно зголемување на површините не само под орис туку и под други  продуктивни земјоделски култури. Засега се наводнуваат околу 1000 хектари но со реализацијата на двата проекти, за изградба на цевководи ќе се наводнуваат   5600 хектари земјоделско земјиште. За изградбата на цевководите според заменик министерот Ивановски потребни се околу 30 милиони евра. Овие средства Владата ќе ги обезбеди преку кредитни линии најверојатно од Светскаат банка.

За ЈП  Хидросистемот Лисиче значајно е што пете земјоделци концесионери на најголем дел од обработливото земјиште во овој регин  веќе се потпишани договорите за надомест  за користење на водата  од  акумулацијаат.

По реализацијата на проектите за изградба на цевководи со кои со чиста вода ќе се полни и езерото Младост  но и ќе се наводнува обработливото поле следи последната фаза од изградбата на Хидросистемот. Ивановски беше информиран дека со изградба на неколку мали хидроцентрали  ќе биде заокружена оваа  капитално продуктивната инвестиција  за која досега се вложени повеќе од 60 милиони евра.

13/10/2010 16:41



http://www.lisica.mk/statija/11419


Cheers
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Jan-2012 at 23:23

ВЕЛЕШАНИ НЕМААТ ВЕЌЕ НЕДОСТАТОК НА ВОДА


На ХС "Лисиче" ќе се градат 6 хидроцентрали


Со изградбата на ХС "Лисиче" жителите на Велес и приградските населби Оризари, Превалец и Речани трајно го решија најгорливиот проблем - водата за пиење. Велешани повеќе немаат недостиг на вода и редукции, а во секое време здрава вода имаат и жителите од највисоките делови на градот кои во минатото со седмици немаа вода. Од езерото на реката Тополка, кај селото Лисиче, кое има капацитет од 24 милиони кубни метри вода, не само што целосно се задоволуваат потребите на велешани, туку сега има доволно вода и коритото на реката Тополка постојано да биде полно и да се наводнуваат поголеми површини плодно земјиште.
-Покрај тоа што го решивме проблемот со вода за пиење на жителите од Велес, наводнувањето на земјоделските површини и полнење на езерото "Младост" со чиста вода, планираме во текот на оваа и наредните неколку години на браната и цевководот да бидат изградени и шест мали хидроцентрали. За нивна реализација постои интерес и од домашни и од странски инвеститори. Со овој зафат во целост ќе се заокружи целосната искористеност на водата од браната и Хидросистемот "Лисиче" нема да биде на товар на државата, бидејќи самиот ќе може да си обезбедува приходи - вели Ацо Петров директор на ХС "Лисиче".

Надлежните од Хидросистемот најавија дека оваа година треба да биде дограден и цевководот, во должина од осум километри, преку кој со здрава планинска вода, од акумулацијата кај Лисиче, ќе се полни и езерото "Младост" кај Велес. Досега се изградени два, а Владата веќе ги обезбедила и останатите средства за доградба на уште преостанатите шест километри од цевководот. Со реализацијата на овој зафат од езерото Младост ќе се овозможи, покрај сегашните 700 да се наводнуваат уште 650 хектари под лозови и овошни насади како и поголеми површини под градинарски култури. Со изградба на систем за наводнување, од водите на велешкото езеро ќе се овозможи во околината на селата Отовица, Сујаклари, Мамутчево, Комарино и Ново Село да се наводнуваат уште над 1.500 хектари земјоделски површини. Според директорот Петров, приоритетна задача на Јавното претпријатие и покрај целосната обезбеденост на акумулацијата од загадување, во најскоро време треба да бидат изградени четири пречистителни станици на реките Тополка и Врановска, кои се вливаат во акумулацијата Лисиче.
"Пречистителни станици мора да се изградат за пречистување на отпадните води и фекалиите кај Горно и Долно Јаболчиште, во кои живеат околу три илјади жители. Отпадните води од овие села директно се влеваат во притоките кои го снабдуваат езерото Лисиче и кои се закануваат да го загадат. Вакви објекти треба да се изградат и кај селата Горно Врановци и Дреново", вели директорот Петров. Тој истовремено информира дека од Владата на Република Словенија веќе е прифатен и одобрен проектот за изградба на пречистителните станици со што овој проблем во скоро време ќе биде решен. Со заокружувањето и на овој зафат ХС "Лисиче" од Велес во целост ќе го оправда своето постоење.

(С.А.)
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=901E1DAFA1F96544AAB8CEC3B0FBEF73
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Jan-2014 at 16:13


Marjan Jovanovski
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.