build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Облакодери во Скопје (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 232425
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #481 Posted: 04-Mar-2021 at 22:16
Мислам дека веќе е промашена работа и на ништо нема да личи бидејќи и 60 катни да бидат ќе бидат на паркингот а овој дел со куќарките ќе бидне некои 5 катни голубарници и ништо не сме добиле. Патем макетите не се многу релевантни бидејќи не се од некое официјално тело правени така да можеби не ја отсликуваат реалноста а мислам и дека никој не би се нафатил да гради такво нешто.
За Ново Маало,Маџир маало и Крњево имаше огромен потенцијал но за жал ништо за Маџир маало реално треба да се рушат тие 15-тина згради што никнаа и да се почне со нешто ново од почеток но тоа нема шанса да се случи,во Ново Маало сега за сега само Луна градат така да не е се изгубено има шанси за некои си барем просечни згради но рано е да се каже бидејќи допрва ќе се појавуваат разни инвеститори во тој дел. Крњево за сега стои нечепнато ама по сите планови и нови и стари концептот е повеќе од лош. Сигурно сега овој пад на мораториумот ќе се искористи за во брзо време да се издадат многу дозволи за овие делови и со тоа тотално ќе заминат во неповрат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #482 Posted: 12-Mar-2021 at 18:33
МПЦ и приватни инвеститори чекаат план по мерка за да градат висококатници на паркингот спроти „Холидеј ин“    

На паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“, во најстрогиот центар на Скопје, ќе има згради, само нема да бидат 60-катници, како што предвидува актуелниот Детален урбанистички план (ДУП), кој во моментов е на ревизија. Од Општина Центар велат дека постапката за ревидирање на овој план е се уште на почеток, бидејќи три пати планот е враќан откако планерот не постапил по дадените забелешки на Комисијата



На паркингот спроти хотелот „Холидеј Ин“ во најстрогиот центар на Скопје ќе има згради, само нема да бидат 60-катници, како што предвидува актуелниот Детален урбанистички план (ДУП), кој во моментов е на ревизија. Од Општина Центар велат дека постапката за ревидирање на овој план е сè уште на почеток, бидејќи три пати планот е враќан откако планерот не постапил по дадените забелешки на Комисијата.

– Повеќепати беше сугерирано сериозно да се разгледаат поинакви плански концепти. На пример, да се следи карактерот на околните блокови како што се Градски ѕид, Градскиот трговски центар, Комплекс банки, коридорот кон Транспортниот центар итн., со акцент на отворање на просторот кон север, односно кон кејот на реката Вардар, планираниот пешачки мост и плоштад „Пресвета Богородица“ (да се размисли за можност меѓу парцелите да се планираат регулациони линии, со што ќе се гарантираат јавни површини т.е. пешачки коридори) – нагласуваат од Општина Центар за весникот ВЕЧЕР.

Голем дел од површината каде што е паркингот со денационализација е вратен на приватни сопственици, кои потоа ја продале на приватен инвеститор. Дел од сопствениците, меѓу кои е и Македонската православна црква, парцелите ги продале на приватен инвеститор кој согласно Законот за градежно земјиште извршил дооформување на целокупната урбанистичка парцела во согласност со важечкиот Детален урбанистички план – Градска четврт Ц 08, или познат како ДУП „Ново Маало 2“.

Планот кој сега се ревидира беше донесен на Советот на Општина Центар во јуни 2007 година, со кој се предвидува максималната висина на објектите да е до 300 метри. Планот беше донесен по барање на тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ за да може да го реализираат таканаречениот проект „Менхетн“.

Од општина Центар информираат дека Комисијата од Општина Центар барала од планерот на ДУП-от да се вцртаат повеќе раздвоени објекти меѓу кои непречено ќе се обезбеди проток на луѓе, отворени простори одвоени со земјиште за општа употреба што ќе ја гарантира јавноста на просторот и можноста за непречено 24-часовно користење на јавниот простор, а земено предвид значајноста на локацијата.

– Планерот континуирано го нуди истото решение. Не се направи ни обид да се смени концептот – децидни се од Општина Центар.

Освен тоа, Комисијата барала, согласно генерални насоки за изработување на ДУП доставени до сите планерски куќи кои имаат договорни обврски со Општина Центар, да се заштити државното земјиште, односно да се спречи негова понатамошна продажба. Односно, Комисијата барала поголемите групации на земјиште во сопственост на државата да се изземат од градежните парцели и да се предвидат со намена Д1 – парковско зеленило, но и да се предвидат придружни содржини соодветни на предвидените намени, пример градинка.

Како што објаснија од Општина Центар, планот опфаќа простор од околу 8,7 хектари кој е поделен во три парцели. Едната првата парцела е со намена домување, другата комерцијална и деловна намена и третата е плоштадот. При тоа, наместо порано предвидените 60 катници сега се предвидени вистински кули кои ќе бидат со помал габарит од претходно предвидените, односно ќе бидат тесни и високи.

– Инаку, две од кулите се сега со 20 ката, една има 25 ката, една 30 и една, која е и највисока, 35 ката. Освен тоа се предвидува и градинка, но не и училиште, бидејќи тоа не е предвидено со ГУП. Со ГУП не е предвидена ниту градинка, но како локална самоуправа имаме право да побараме, што веќе и е сторено – објаснија од Општина Центар.

Меѓу заинтересираните да започне изградбата на зградите предвидени со ДУП-от, откако е укинат мораториумот за градба од Уставниот суд, неофицијално е заинтересирана и Македонската православната црка која овде има парцела.

За да се поврзат токму зградите предвидени кај паркингот спроти „Холидеј ин“ исцртан е и мост оттаму до црквата „Пресвета Богородица“. Дека таков мост е предвиден потврдуваат и од Општина Центар.

Од МПЦ потврдија дека овде имаат парцела и дека таа била на двете епархии и тоа: Тетовско-гостиварската и Кумановско-осоговската, преупатувајќи не на повеќе информации кај нив. Но, и оттаму молчат. И од двете епархии се бранат со тоа дека наводно не се запознаени со ништо.

https://www.vecer.press/мпц-и-приватни-инвеститори-чекаат-пла/
Back to Top
Давид View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 13-Mar-2021
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote Давид Quote  Post ReplyReply #483 Posted: 13-Mar-2021 at 07:30
Ич нека не ги градат ако планираат овде мизерни 20 катници да насадат.

Се уплашија да не заличи Скопје на нормален главен град во 2021 година со 60 катници,сега нека им остане барокот на грујо најдобро нешто што се изградило во Скопјево,иронично.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 511
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #484 Posted: 13-Mar-2021 at 10:02
Ова ти се вика „неиживеано“ планирање и желба за профит. Нека изградат еден (1) облакодер највисоко што можат (доколку се способни за тоа, а се сомневам дека се) и се наоколу нека биде зеленило, едно две кафулиња и толку. Не знам зошто мора да се комплицира.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Tooold View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote Tooold Quote  Post ReplyReply #485 Posted: 13-Mar-2021 at 12:25
А шо им смета на луѓето ако е повисоа зградата? Нека бидат 60, зашто да не. На таа локација ако не се 60 каде
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #486 Posted: 22-Mar-2021 at 18:29
Кога би се реализирале 60-катниците...





https://www.facebook.com/UrbanTeror

---------------------------------------

Искрено мислам дека нема баш некој интерес за ваков мега масивен проект среде град кој би го загушил тотално просторот,прашање е дали ќе има интерес за барем две кули до 25 максимум 30 ката.Џеваир чинам заглавија и со продажбата а и со трговскиот слабо им оди така да и тука би било слично.Секако дека не поддржувам и безвезно редење 7 или 10 катници на 2 метра растојание тој концепт и онака веќе доминира низ цел град.Исто така и деловни да бидат кулите пак ќе биде промашено со оглед на ситуацијава и кризата деловни простории поготово во строг центар ретко кој би изнајмил или купил.Така да треба добро да се види што е најдобро и најпогодно да се изгради на паркингот и плус на тој дел од маалото кај што се куќарките,ужас би било да го остават тоа парче од Ново Маало исклучено од оваа целина(ако го остават како посебно тогаш ќе имаме П+5+Пк во комбинација со П+25/35 или 60)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 232425

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.