build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓуградски автобуски превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 25-Feb-2021 at 12:27
Поради ковидот, меѓуградскиот автобуски превоз лани имал 3 милиони патници помалку [инфографик]



Пандемијата со ковид-19 предизвика автобуските превозници во земјава лани да забележат историски негативен рекорд во бројот на превезени патници во меѓуградскиот, но и во меѓународниот превоз. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година со меѓуградски автобуски превоз биле превезени 2.794.000 патници, додека со автобуските линии кон странските земји патувале само 141.000 патници.
Негативните бројки од минатата година се само продолжение на агонијата низ која минува автобускиот превоз во земјава во изминатиов период. Во споредба со 2019 година, лани бројот на патници во меѓуградскиот превоз е намален за дури 3 милиони патници, додека во меѓународниот автобуски превоз во 2020 година имало половина милион патници помалку во однос на годината пред тоа.

Податоците се уште полоши доколку се споредат со периодот пред 2013 година, кога меѓуградскиот автобуски превоз превезуваше по 15 милиони патници годишно.

Главните причини за опаѓање на бројот на превезени патници лани е ограничувањето на максималниот капацитет на исполнетост на превозните средства, кои автобуските компании мораа да го следат во оние периоди кога беше дозволен меѓуопштински превоз. Полициските часови што беа на сила минатата пролет, како и привремените забрани за превоз на патници кон и од одредени општини, предизвикаа целосен прекин на линиите за превоз на патници во одредени периоди.

Единствена можност за подобрување на состојбата е зголемувањето на капацитетот за превоз на патници. Владата на вчерашната седница токму на барање на групата општински и меѓуопштински превозници дозволи зголемување на дозволениот број на патници од 50 на 75 отсто од вкупниот капацитет на превозните средства. Владата го прифати ваквото ублажување на рестрикцијата по добиената согласност на Комисијата за заразни болести.

Инаку, „Мета.мк“ во изминатиов период во неколку наврати пишуваше за причините поради кои доаѓа до опаѓање на интересот за користење на автобускиот превоз во земјава. Дотраениот возен парк, недоволната контрола на инспекторите околу нерегуларностите во превозот на патници кај одредени превозници и наголемувачкиот број на диви таксисти доведуваат до тоа граѓаните да избегнуваат користење на автобусите и пораст на патувањата што ги вршат со своите автомобили.

https://meta.mk/poradi-kovidot-megjugradskiot-avtobuski-prevoz-lani-imal-3-milioni-patniczi-pomalku-infografik/

Edited by stef4o - 25-Feb-2021 at 12:28
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 07-Mar-2021 at 18:37
2021 година и уште зборуваме за дотраен возен парк.За наши услови возниот парк е топ.

Други фактори:

1/Одржувањето какво е, друго прашање, особено со механичари навикнати на Санос, ФАП, ТАМ и максимуН Мерцедес мотори до вчера - и наеднаш после увозот со Еуро 2/3 имаме агрегати од најчесто MAN, DAF, Isuzu, па Van Hool, Тemsa, Cummins, Iveco, дури и Renault автобуси...особено неславно поминаа шпанските марки како Noge, Beulas итн.Добар дел од механичарите исто така заминаа во странство, во пензија или беа технолошки вишок со ''новите околности''.
Истото стана случај и со возачите кои преминаа во камионски превоз поради повисоки плати, па квалитетот на персоналот остана прашалник.

2/Ако добро памтам до средина на 2012 беше дозволен увоз со Еуро 2, па влезе секаков отпад од Западна Европа, после со Еуро 3 веќе колку толку се намали хаотичноста и типот на возила увезени.

3/Покрај автобуси се увезе и огромен број коли со таа политика Еуро 2/3.Сега имаме просек најмалку по една кола во домаќинство, а често и по две.Па имаме проблем и пред зграда да си паркираме.

3/Плус патиштата какви ни се, споредете сами.Ќе набават автобус од Германија или Холандија со 700-800.000 км, ќе поминат пола од таа километража овде и спремен е за ремонт.Не е исто автопат во западните земји и секојдневно патување по ''автопатишта'' како Кичево - Охрид и Тетово - Гостивар или планински како Пресека и Плетвар.

4/Дивите превозници и нивната заштита од локалните власти (полиција, инспекторат) особено се забележителни.И некои типови превозници од типот полудиви, со некакви документи, а возат линии неодобрени итн.

Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 07-Mar-2021 at 23:00
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15002
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 09-Mar-2021 at 19:05
Кратка видео репортажа на српски турист од автобуската станица во Охрид. Некаде по 45-та секунда се гледаат кадри каде надворешниот дел на станицата (пероните?) не е среден, т.е. изгледа недовршен.

За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 22-Mar-2021 at 18:56
Originally posted by Џоле

Кратка видео репортажа на српски турист од автобуската станица во Охрид. Некаде по 45-та секунда се гледаат кадри каде надворешниот дел на станицата (пероните?) не е среден, т.е. изгледа недовршен.



Ќе бидат, за некои 2-3 години.Ако воопшто бидат.
Поточно, од 16 перони - по 8 од двете страни се кратат на 8 вкупно, ако се точни информациите и ретките слики и рендери.
А засега, ете ваков изглед.Среќа па им се погоди короната, па немаше гужва во лето.

Инаку, според нивните најави нс социјалните мрежи "Ohrid Mall доаѓа во Март 2021", ама некако ко за 2022 ми е напредокот на работите.

Edited by Тркало - 22-Mar-2021 at 18:58
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15002
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 05-Aug-2021 at 10:23
Интересна статија на тема меѓуградски превоз. Текстот не може да се ископира, па го оставам само линкот до страницата

https://prizma.mk/megugradskiot-prevoz-kako-pretovaren-avtobus-po-ugornitsa/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 09-Sep-2021 at 10:44
Импровизациите во сообраќајот трагично се одразуваат во животот

Патиштата полни со автобуси и
комбиња со неисправни сопирачки
Сериозен системски пропуст се случува при проверката на исправноста на возилата за превоз на патници, што овозможува повторно низ македонските патишта да сообраќаат автобуси, комбиња и други возила што немаат исправни уреди за сопирање или управување.
Тоа неодамна беше потврдено и од сообраќајната полиција, која при зајакната акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на патници – автобуси, такси и комби-возила и друг вид возила, констатирала технички неисправности кај дури 41 возило. Повеќето од нив имале неисправни уреди за запирање, а седум не извршиле вонреден технички преглед.
Сево ова говори дека само по две и пол години од трагичната автобуска несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 луѓе токму поради техничка неисправност на автобусот, сè уште не е научена лекцијата дека при превозот на патници не смее да има никакви импровизации, најмалку со исправноста на возилата.
– Пред пандемијата често патував на релацијата Скопје – Штип и обратно. Користев меѓуградски превоз, некогаш автобус, некогаш комбе. Ретко ќе се случеше релацијата да ја поминам пријатно, бидејќи или нешто тропаше во автобусот или имаше лоша амортизација или, пак, се чувствуваше миризба од моторот, особено ако седите одзади – вели Дарко Пецов, студент.
Според него, приватните превозници не инвестираат доволно во обнова на возниот парк, па затоа често во сообраќај можат да се видат дотраени возила.
– Приватните компании не инвестираат доволно во нови автобуси, туку купуваат половни од европските земји. Тие возила што се нешто понови се користат за турите во странство, додека останативе се пуштаат да возат низ Македонија. Некои од нив се толку стари, што не знам како поминуваат технички преглед – додава Пецов.

Сообраќајните експерти сметаат дека техничката исправност на возилата е исклучително важна и полицијата треба постојано да го проверува тоа, а ако има злоупотреби, и да го казнува тоа.
– Техничката исправност кај сите возила е многу важна. Треба МВР, кога ги прави контролите, да види од кое подрачје доаѓаат најмногу неисправни автобуси и други возила за превоз на патници и да се фокусира врз тамошните станици за технички преглед. Тоа е систем што мора да функционира. При тие контроли може да се утврди дали од некоја станица за технички преглед се позачестени таквите пропусти, згора на тоа и самите превозници што се занимаваат со јавен превоз имаат обврска да прават контроли на шест месеци – вели Борис Мургоски, професор на Факултетот за безбедност.
Според него, полицијата треба постојано да спроведува контроли и да презема соодветни мерки онаму каде што ќе утврди слабости.
– Полицијата од своја страна мора континуирано, плански, систематски годишно да ги спроведува оние нејзини зајакнати контроли на патнички и други видови возила како селективни акциски контроли и во зависност од процените, анализите, феноменологијата на сите фактори по безбедноста во сообраќајот, треба сето тоа да се следи и адекватно да се преземаат превентивно-репресивни мерки спрема субјектите што недоследно ги извршуваат своите работи и работни задачи во својот делокруг – појаснува Мургоски.

Тој додава дека е потребно, како што вели, бдеење над проблемот, за да се избегнат несакани последици предизвикани од неисправните возила.
– Потребни се навремени, континуирани, организирани, плански, системски мерки и активности заради надминување на тие проблеми во поглед на патна инфраструктура, во поглед на техничка исправност на возилата, и каде што е неопходно, каде што ќе се детектираат одредени проблеми и слабости да се интензивираат мерките токму во тие лоцирани субјекти за надминување и евентуално санкционирање, се разбира врз основа на докази, за непреземање мерки и дејствија – категоричен е професорот Мургоски.
За него исклучително важен сегмент што придонесува за ваквата состојба со безбедноста во сообраќајот е и старосната структура на возниот парк, истовремено заложувајќи се за постојана ревитализација на дотраените возила со кои се врши превоз на патници.

https://www.novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/импровизациите-во-сообраќајот-траги/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 21-Oct-2021 at 11:02
АВТОБУСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ЌЕ БАНКРОТИРААТ ИЛИ ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМАТ ЦЕНАТА НА БИЛЕТИТЕ ЗА 20 ОТСТО Со сегашните цени работат со загуба, а патници имаат сѐ помалку

Сè повисоките цени на горивата го доведуваат во прашање и превозот на патници во земјава. Автобуските превозници најавуваат зголемување на цената на билетите за 20 отсто, ако до крајот на месецот не запре растот на горивата и не преземе нешто владата.

Такси превозниците во Скопје, засега не размислуваат за повисока цена на превозот, но дел од нив го намалија или укинаа попустот што беше во рамки на договорената цена со Градот. Тоа значи дека повисоката цена на горивото веќе влијае на заработката. Тие велат дека ќе следат што ќе се случува со цената на горивата и по потреба ќе реагираат.

И двата вида на превозници, меѓутоа, се плашат дека ќе ги изгубат и така малиот број на патници, ако ги зголемат цените на превозот и затоа бараат реакција на владата.

Автопревозниците од источниот дел на земјава веќе се состанале да ја разгледаат моменталната состојба. Тие утврдиле дека цената на билетот треба да се зголеми, со оглед на растот на цената на горивата, но ќе почекаат да заврши месецот за да видат дали горивата ќе имаат повисоки цени.

– Со овие цени, а уште повеќе со повисоката цена на горивото ние во старт сме во загуба. Пресметките се дека нас една релација од 200 километри во земјава, на пример до Охрид или Струга ќе нè чини некаде околу 20.000 денари. Ако на другата страна пресметаме дека просечно превезуваме 10 до 13 патници со билет од 750 денари тоа е некаде 9.750 денари, што значи само ќе го покриеме горивото, а каде се возачот, режиските трошоци, таксите, сметководството и другите вработени кои се грижат за превозот. За позитивна нула значи ни се потребни 25 патници по сегашната цена на билетот, но тоа не може да се реализира – вели Горан Трпковски, претседател на Асоцијацијата на автобуски превозници Исток.

Пресметките на превозниците се дека во старт им се потребни најмалку 20.000 денари само за покривање на основните трошоци без никаква заработка.

– За 200 километри ни се потребни 120 литри гориво, а тоа е 9.600 денари. Тука треба да го пресметаме и трошокот за возачот 2500 денари, потоа трошоците за влез и излез во станиците, за продажба на билетите и другите режиски трошоци за сметководство управител и најмалку еден вработен кој се грижи за навремен превоз и сето тоа во старт не чини околу 20.000 денари. Ако на другата страна пресметаме дека просечно превезуваме 10 до 13 патници со билет од 750 денари не можеме да го покриеме ниту горивото – појаснува Трпковски.

Тој додава дека и во договорениот превоз кој го имаат за училиштата, армијата и други институции трпат загуби.

– Договорите се со пресметки направени на цена од 55 денари литар гориво. Зголемената цена во старт ни ги топи бројките, што значи до крајот на годинава до кога се договорите ние ќе возиме со загуби. Немаме калсузули во договорите за потпишување анекси ако цената на горивото се зголеми и тоа е тоа – вели Трпковски.

Трпковски појаснува дека на состанокот што го имале деновиве имало различни мислења околу зголемувањето на цената на билетот и е решено да почекаат до крајот на месецот за да видат како ќе се движат цените на горивата, па да одлучат дали ќе ги зголемат цените на билетите.

– Дел од превозниците се загрижени дека ќе се намали и така малиот број на патници што сега ги имаме. Бројот на патници се намали изминативе две години, не само поради ковид мерките, туку од тоа дека патниците се плашат да патуваат поради ширење на заразата. Сега имаме можност да возиме со капацитет од 75 отсто, но нема патници. Преку недела возиме по најмногу 13 патници, а за викенд помалку. Имаме мало зголемување на патници со студентите, но тоа е минимално. Затоа сè уште меѓу членовите има колебање околу тоа дали треба и колку да се зголеми цената на билетот. Пресметките се дека зголемувањето треба да биде за најмалку 20 отсто – додава тој.

Превозниците се надеваат дека владата ќе донесе некакви мерки за ублажување на состојбата.

– Како можни опции за тоа се намалување на акцизата, или на данокот на додадена вредност за горивата, а може и да се замрзнат цените како што тоа го направија во Хрватска и други земји. Но, засега нема ништо. Ако не се донесе некаква мерка за помош тогаш дел од нас ќе треба да ги гаражираме автобусите ако не посегнеме по повисока цена на превозот – вели Трпковски.

Такси превозниците во Скопје, засега не размислуваат за повисока цена на превозот, но дел од нив го намалија или укинаа попустот што е во рамки на договорената цена со Градот.

– Прво да кажам дека по последното зголемување на цената на горивата нема да го поскапи такси превозот. Меѓутоа, некои такси-компании го намалија, а некои го укинаа попустот што го имаме со години. Немам сознанија дека некоја компанија доставила барање за зголемување на цената оти го знаеме стандардот на граѓаните – вели Сашо Рајчановски, претседател на Групација на автотакси превозници на Град Скопје.

Тој меѓутоа не ја исклучува можноста, ако продолжи порастот на цените на горивата да се создадат, како што вели принудно, услови за зголемување на цената на такси-превозот во Скопје.

– Ќе следиме како ќе се движи цената на горивото. Во моментот кога ќе процениме дека нема да можеме да издржиме тогаш ќе мора да побараме зголемување на цената. А тој момент најверојатно ќе дојде кога такси-компаниите ќе ги укинат попустите – вели Рајчановски.

Рајчановски потенцира дека цената на таксито во последниве 10 години е иста, а во меѓувреме повеќе пати и за многу се зголеми цената на горивото, па сега таксистите работат со минимална заработувачка. Лоши за нив беа и последните две пандемски години, но не е побарано зголемување на цената, со оглед дека стандардот на граѓаните е полош. Затоа тој смета дека треба да има некаква реакција од страна на владата.

https://plusinfo.mk/avtobuskite-prevoznici-e-bankrotiraat-ili-e-a-zgolemat-cenata-na-biletite-za-20-otsto-so-segashnite-ceni-rabotat-so-zaguba-a-patnici-imaat-s-pomalku/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 21-Oct-2021 at 23:24

апсолутно небитно е што автобускиот превоз е монопол во државава секако
и прејако е што во секој наслов на темава има „патницви се помалку“ небаре совршено си ја работат работата и патниците магично исчезнуваат од некоја виша универзиумска сила
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 12-Dec-2021 at 14:59
ДЕЛЧЕВО ДВЕ ГОДИНИ НЕМА МЕЃУГРАДСКИ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

Делчево има автобуска станица, но нема автобуси. Како никогаш досега има голем број патници, но немаат автобуски превоз не само за соседните градови Пехчево, Македонска Каменица, Берово, туку и за поголемите центри како Кочани, Штип, Велес и за Скопје, па градот е како отсечен.

Единствено и најсигурно може да се патува со свое возило или евентуално со едно од петнаесеттината такси-возила колку што ги има во овој град. Индивидуално можете да се изнајми и комбе, но и тие повеќе се насочени кон сигурен локален транспорт како што е превозот на ученици до училиштата и работници до нивните фабрики.

„Ние и за најмала потреба во Кочани, Штип, Велес или Скопје мораме да ангажираме свое или такси возило. За било која спомената дестинација најисплатливо е фамилијарното патување со свое возило, додека за едно или две лица најевтино е со такси“, велат студенти од Делчево кои почесто патуваат за Скопје или за Штип.

Некои од нив додаваат дека е добро што Делчево го има такси оператор кој со своите десеттина возила колку-толку ги задоволува потребите. Диспечерот Лео Петровски вели дека нивната компанија се обидува да им излезе во пресрет на граѓаните и да ги прилагоди цените за превоз според можностите.

До Штип превозот со такси само за едно лице чини 600 денари во еден правец или едно возило за 1.900 денари во двете насоки. За Скопје превозот чини 500, односно 1.000 денари ако има четворица патници или едно возило со чекање околу 3.500 денари во двете насоки, а за Велес најмалку 2.000 денари.

„Тоа што нема не редовна, туку никаква автобуска линија најдобро го почуствувавме ние што требаше да патуваме до регионалните центри за вакцинирање против ковид-19. И за двете дози моравме на два пати да си го организираме сами превозот до регионалниот центар. Првиот пат за Штип и назад до Делчево бевме неколку колешки и сосетки и патувавме со такси, а потоа со наше возило“ вели Марија Спасеновска, која заедно со колешките патувале за Штип каде ги примили двете дози вакцина.

„Од Штип за Делчево и обратно, можеби повеќе од две години нема автобус. Која е причината за тоа не знаеме, но знаеме дека многу патници доаѓаат и прашуваат за оваа патна дестинација. Останатите градови од регионот не ги укинаа автобуските линии, но значително ги редуцираа, некои останаа само на еден автобус “ велат од билетарницата на автобуската станица во Штип.

Во центарот на Делчево, каде е такси паркиралиштето, две жени чекаат такси за да одат на лекарска контрола во Клиничката болница во Скопје, која е една од најчестите дестинации на делчевчани во последните години.

„Наше Делчево автобуси нема, но затоа туристичките агенции од Кочани и некои други градови имаат автобуси и редовни линии дури и за странство. Мој роднина од Виница ќе оди за Италија за каде секој вторник и сабота има редовна автобуска линија која започнува од нивниот град“, вели едната делчевчанка.

Општина Делчево смета дека проблемот не е во нејзина надлежност.

„Делчево има автобуска станица во сопственост на приватно лице кое стопанисува со просторот како што нему му одговара. Делчево нема редовна автобуска линија можеби повеќе од десет години, но со појавата на пандемијата и намалувањето бројот на патниците, редовните автобуски линии станаа крајно неисплатливи“, вели Звонко Атанасов, раководител на Оделението за урбанизам и сообраќај во Општина Делчево.

Градоначалникот Горан Трајковски смета дека ваквата состојба е уште од многу одамна, со пропаѓањето на автотранспортното претпријатие „Полет“ од Делчево. Денес, од истите економски причини превозниците немаат интерес да регистрираат и да бараат лиценци за автобуски линии не само за соседните градови Пехчево, Берово и Кочани, туку и за Штип, Велес и Скопје.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/delchevo-dve-godini-nema-megugradski-avtobuski-prevoz/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 15-Feb-2022 at 18:13
Билетите за меѓуградските линии се поскапи до 20% на национално ниво

Ако сте размислувале да заштедите на превоз, автобусот повеќе не е на прво место. Билетите за меѓуградските линии се поскапи до 20% на национално ниво. На пример, од Куманово до Скопје до пред еден ден билетот во еден правец беше 120 додека од денеска стана 150 денари. На скопската автобуска станица патниците се пожалија дека поскапувањата веќе не можат да ги трпат .

„ Ова е катастрофа за сите, ќе бидеме трпеливи додека не ги потрошиме последните заштеди.

Од раководството велат дека биле принудени да ги зголемат цените или да одат во стечај. Директорот на приватната компанија која стопанисува со меѓуградските автобуски линии вели дека поскапувањето на нафтените деривати и деловите за возила ги ставило пред свршен чин.

„Дериватите во однос на 2021 година до денес поскапеа за околу 38%, последниве месеци цените на автоделовите се зголемени за 15-20% и еве кога ги воведуваме новите владини одлуки за недела неработни денови нашата активност работи во недела. тоа ни ги зголеми плаќањата. Ова енормно зголемување на сите трошоци, вклучително и струјата, каде што нашата јануарска сметка е некаде 600% повисока од лани“, изјави Масар Омерагиќ, директор на Автобуска станица.

Државата, следејќи го трендот на поскапување на нафтените деривати на светската берза, е немоќна да ги ограничи овие трошоци а камоли да ги замрзне цените како што направи за основните производи. /Алсат.мк

https://alsat.mk/mk/biletite-za-megugradskite-linii-se-poskapi-do-20-na-natsionalno-nivo/
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 15-Feb-2022 at 19:28

30 od 120 e 25%
Da ne znae covek dali da place ili da se smee. Od edna strana 2,5 evra e smesna cena, od druga, pak, za kvalitetot i 1 evro im e mnogu!
Vo Makedonija kako da zastanalo vremeto. Posleden pat so megugradski avtobus se vozev pred 5 godini i bukvalno se bese isto kako pred 25 godini.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 01-Mar-2022 at 07:40
ДЕЛЧЕВО Е ОТСЕЧЕНО: Немаат автобуски превоз кон Скопје, за патување викаат такси

Жителите на Делчево се отсечени, затоа што две години немаат автобуски превоз. Доколку имаат потреба да одат во соседните градови или во Скопје, мора да патуваат со такси, што за нив не е евтино. Ова многу им го отежнува секојдневието и бараат надлежните да им помогнат, и да најдат решение за проблемот.

Велат дека апелите и критиките по социјалните мрежи се залудни, и никој нема слух за проблемот. Делчевци потенцираат дека во градот има и доста пензионери, кои примаат мали пензии, и едноставно поради немање на автобуски линии не се во можност да отидат на лекар, затоа што такси превозот им е скап. Објаснуваат дека не секој жител има на располагање сопствено возило за да може да патува.

„Тоа што немаме автобуски превоз е многу голем проблем. Едно лице ако патува со такси во Скопје, за одење и враќање ќе треба да потроши 1.000 денари. Ова е цената за едно лице, што секако е многу. Откако почна пандемијата немаме превоз. Треба да имаме автобуси, барем три пати на ден кон Скопје, наутро, напладне и една линија навечер. Има многу стари луѓе на кои им треба превоз“, вели Јасмина од Делчево.

Жителите сметаат дека ова е уште еден проблем во низа, кој ги тера луѓето да вадат бугарски пасоши и да се иселуваат. Слични проблеми има и во соседните општини.

Од меѓуградската автобуска станица во Скопје велат дека кон Македонска Каменица дневно има еден автобус, а за Берово два, со тоа што во викендите има изменет возен ред. Но, на жителите на овие градови тоа не им менува многу и тие велат дека се отсечени.

„Ако некој од некаде дојде во Македонска Каменица, а кон Скопје автобус нема, верувајте дека ќе „заглави“ во градот, од причина што не ги познава дивите такси превозници и нема да се снајде. Барем две линии мора да има дневно кон Скопје“, објаснува жителка на Македонка Каменица.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека тие само издаваат лиценци за компании кои вршат превоз на патници.

„Во однос на споменатите општини, доколку некоја компанија пројави интерес да сообраќа, може да достави барање до Министерството за транспорт и врски за одобрување на меѓуопштинска линија согласно критериумите во Законот за превоз во патниот сообраќај“, велат од Министерството за транспорт и врски.

И многу други градови ја делат истата судбина и од година во година имаат се поредуцирани сообраќајни врски кон главниот град.

https://faktor.mk/delchevo-e-otsecheno-nemaat-avtobuski-prevoz-kon-skopje-za-patuvanje-vikaat-taksi
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 15-Mar-2022 at 18:21
Поскапеа цените на билетите во меѓуградскиот превоз

Дел од автобуските превозници од Охрид и Струга ги зголемија цените на автобуските билети во меѓуградскиот и меѓународниот сообраќај за 20%. Ако до пред само неколку дена, повратна карта од Скопје до Охрид беше 900 денари, сега изнесува 1100 денари.

„Превозот на патници во државата има катаклизмични проблеми моравме да се одлучиме на тој непопуларен чекор.Очекувано е да има намален интерес,но ние едноставно моравме да го направиме тоа, бидејки навистина бевме на раб на исплатливост со старите цени“, рече Димитар Василески-сопстевник на автобуски превозник.

Василески смета дека ако продолжи зголемувањето на цената на горивата, ќе има исклучување на добар дел од линиите.Превозниците сметаат дека од одлуката на владата за намалување на стапката на ДДВ на 10% за горивата, како и на акцизата, е само во интерес на граѓаните, но не и на фирмите кои вршат јавен превоз.

„Имавме една козметичка мерка за нас превозниците, бидејки намалувањето на цената беше за еден и пол денар на акцизата и осум денари намалување на ДДВ..А ние ддв-то секако го враќаме како правни лица. Значи ние имаме само реални намалувања од само еден и пол денар“, додава Василески.

Во Охрид се зголеми и цената на општинскиот градскиот превоз, а во Струга за 20% порасна цената на такси превозот. Со одлука на Советот на општина во Струга има зголемување и на цените кон селските средини, помеѓу 25 и 100 денари во зависност од оддалеченоста.

https://alsat.mk/mk/poskapea-tsenite-na-biletite-vo-megugradskiot-prevoz/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 06-Jun-2022 at 16:43
ЗА 20 ДЕНАРИ ПОСКАПЕ АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ КУМАНОВО-СКОПЈЕ

Од денеска за 20 денари поскапе автобускиот превоз на релацијата Куманово – Скопје. Наместо 150 денари колку што чинеше досега билетот во еден правец, сега чини 170 денари, односно 340 за повратна карта.

Патниците се жалат дека поскапувањето е голем удар за семејниот буџет, бидејќи превозот го користат студенти и главно работници во Скопје, кои за да стигнат на работа сега мора да дадат пола плата.

„Со автобус патуваат оние коишто се со пониски примања, другите одат со кола. Поради економската криза и недостатокот на енергенси се стимулира градски превоз во целиот свет за да се намали користењето на автомобили, кај нас тој поскапува. Во Германија градскиот превоз за цел месец е 9 евра, а кај нас таа цена за ден и половина“, вели кумановец кој ни го прати билетот што го платил утринава.

Дел од кумановските превозници кои ги контактиравне велат дека тие не знаеле за поскапувањето, бидејќи никој не ги известил и денеска возеле по стара цена, но најавуваат дека и тие ќе направат корекција на цената.

„Поскапеа нафтените деривати и ние немаме друг избор, ако продолжи вака ќе отиде цената и на 200 денари. Знаеме дека е скапо ама немаме економска исплатливот, литар нафта е 100 денари. Доколку државата одлучи да го субвенционира превозот ние ќе ги вратиме старите цени“, велат превозниците, кои додаваат дека месечната карта сè уште чини 4.200 денари и важи за 30 дена во месецот.

Автобуската карта од Куманово за Скопје се зголеми пред 5 месеци од 120 на 150 денари.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-20-denari-poskape-avtobuskiot-prevoz-kumanovo-skopje/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 12-Sep-2022 at 17:35
Поскапување на месечниот билет на релација Скопје – Куманово

Се зголемува цената на месечниот билет на релација Скопје-Куманов и обратно, јавува ТВ21.
Месечна карта за оваа врска чини 5.000 денари
Цената ја потврдуваат и од транспортната компанија Rule Tours.

https://mk.tv21.tv/poskapuvane-na-mesechniot-bilet-na-relatsija-skopje-kumanovo/
Carpe diem
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 08-Apr-2023 at 18:20
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 21-May-2023 at 20:37
Автобус на Галебсе запали во движење меѓу Кичево и Гостивар.

Возилото е 2001-ва произведено, од 2012 е увезено и еден период еднаш неделно или на 10 дена одеше редовна линија Охрид - Нирнберг и назад (измеѓу по некој скок до Скопје, Кочани или Црна Гора налето).
Максимлно си одработи работа, ама ете годините и возењето по нашите патишта си го сторија својот дел.
Последниве 2, 3 години со префрлањето фокус кон работнички превоз е релоциран во фабриката КСС(ЈСС)Кичево со уште 20тина возила кои имаа (генерално) доста километри изгазено.И минатиов период интересно едно 4,5 возила отидоа за отпад од тамошната екипа, иако редовно неделно одат на преглед во сервисот во Охрид.
За споредба возат и за Магна (~500) и Костал (1000 вработени) и од тој дел немало толку сериозни дефекти да дојдат до сечење.

Од редовните линии останати само 4 од 7 за Скопје.Укинати две до Битола + 1 Скопје виа Бт, Германија, Црна Гора (дури и во лето)...Кочани често во викенд со минибус, а е една од двете дневни линии кон Бт/Пп и истокот.
Исто или слично и другите локални превозници.
Патници реално се помалку и помалку, дел од цените, дел поради иселување или сопствени возила (или групи за делење превоз).
Дивиот превоз од друга страна е во страшен подем.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 11-Jun-2023 at 22:49
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2646
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 23-Feb-2024 at 19:56
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.