build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Луна Парк - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 07-Jun-2021 at 17:41
280 метри тобоган ќе доминира во новиот Забавен парк



Двеста осумдесет метри тобоган ќе доминира во новиот забавен парк што од есен ќе почне да се гради во Градскиот парк и кој целосно ќе го измени изгледот во тој дел на паркот. Оваа атракција за младите и децата ја најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во разговор за „Репортер“.

– Забавниот парк во Скопје ќе биде таква инсталација што ќе понуди целодневно згрижување на семејството. Ние како концепт го претставивме во 2018 година, но не можевме да го имплементираме зашто се случи пандемијата. Сега се тие околности надминати и во август ќе го презентираме визуелниот изглед на тоа што ќе го добиеме. Мала тајна е дека ќе имаме преку 280 метри тобоган, Нема толку големи тогобани и тоа е бајаги скапа работа. Нема да има дискотеки, ќе има ресторани – рече Шилегов во интервјуто.

Тој на седница на Совет на Град Скопје ќе побара од советниците да дадат зелено светло на Одлуката за проектирање и изградба на забавен парк, набавка и монтирање на реквизити. Овој проект требаше да започне минатата година, но поради пандемијата со коронавирусот беше одложена, а Градот лани во јануари се задолжи со заем од 12 милиони евра. Потоа парите беа пренаменети за реконструкција на улици и булевари.

– Со реализацијата на сообраќајниците се добија нови и современи сообраќајници и се даде дополнителна економска помош кај дел од градежните фирми. Во текот на декември 2020 година, усвоен е Буџетот на Град Скопје за 2021 година, заедно со неговите развојни програми за 2022 и 2023 година, предвидено е изработка на проект и изградба на забавен парк, набавка на реквизити и нивно монтирање – се вели во образложението на Одлуката за проектирање и изградба на забавен парк, набавка и монтирање на реквизити.

Со средствата што се обезбедени од градската каса за оваа година, ќе се изработи проектот за Забавниот парк за што деновиве е распишан тендер кој ќе трае до август, а откако ќе се знаат содржините што ќе ги има забавниот парк кој треба да опслужи до три илјади посетители дневно, ќе биде распишан тендер за изведувач.

Во тендерската документација се бара проектот да биде изведен врз основа на студијата изработена од италијанското архитектонско студио „Баса“ која беше презентирана во 2019 година и подарена на Град Скопје. Со проектот треба да бидат вклопени седумте реквизити купени од ексградоначалникот Коце Трајановски, но и да се предвидат локации за поставување на други забавни реквизити.

https://www.vecer.press/280-метри-тобоган-ќе-доминира-во-новиот-з/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 09-Jul-2021 at 17:53
ГРАД СКОПЈЕ ИМ ДОЗВОЛИ НА ЛЕТНИТЕ ДИСКОТЕКИ ДА РАБОТАТ И ЛЕТОВО, ЌЕ СЕ УРИВААТ НАЕСЕН ЗА ДА СЕ ГРАДИ ЗАБАВНИОТ ПАРК

Град Скопје одлучи летово да не ги урива дискотеките во Градскиот парк туку да им дозволи да работат уште оваа сезона. Уривањето е заради изградба на забавниот парк, кој според новиот план на градоначалникот Петре Шилегов, треба да биде проширен и на местото каде сега се наоѓаат летните дискотеки.

Одлуката за продолжување на закупот до 30 септември е донесена за да им се овозможи да ги надоместат финансиските губитоци поради ковид кризата и рестриктивните мерки.

„Поради ковид кризата и рестриктивните мерки утврдени од Владата, угостителите не беа во можност да ја извршуваат угостителската дејност и претрпеа значајни финансиски потешкотии. Воедно, со подобрување на состојбата со бројот на заболени во земјата, сметаме дека е добро за младите да се овозможи заживување на социјалниот живот во градот, во рамки на она што е дозволено од страна на Комисијата за заразни болести“, велат од Град Скопје.

Од Градот велат дека градежните работи за изградба на забавниот парк ќе почнат наесен. Во тек е тендерот за проектирање, по што во август ќе биде распишан и јавниот повик за избор на фирма изведувач.

Забавниот парк треба да се димензионира за да опслужува околу 3.000 посетители дневно. Предвидено е поставување на забавни реквизити од кои дел се адреналински, најголемиот број се за деца и ќе има неколку семејни. Во просторот треба да се предвидат и пропратни содржини како фуд корнер, фонтана, билетара, продавница за сувенири, тоалети. Со проектот треба да бидат вклопени седумте реквизити купени од ексградоначалникот Коце Трајановски, но и да се предвидат локации за поставување нови 20, како панорамско тркало, ролеркостер, тајфун, пиратски брод, рингишпил.

Според проекциите на Градот, забавниот парк ќе биде готов во 2023, а ќе чини околу 12 милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-im-dozvoli-na-letnite-diskoteki-da-rabotat-i-letovo-ke-se-urivaat-naesen-za-da-se-gradi-zabavniot-park/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 08-Oct-2021 at 11:07
Со особена чест денес го презентирав проектот за новиот забавен парк во Скопје, проект чија реализација за жал, моравме да ја одложиме заради пандемијата. Но, сега тој станува реалност и за 18 месеци Скопје ќе го има најмодерниот забавен парк во регионот и најголем ролеркостер на Балканот.

Паркот ќе може да прими до 3000 посетители секој ден, или преку милион посетители годишно. Ќе биде изграден според сите стандарди за квалитет и безбедност. Покрај реквизитите, предвидени се и ресторани, сувенирници, тоалети, други продавници и придружни содржини за што попријатен престој на посетителите.

Проектот е целосно самоодржувачки. За реализација на овој проект се бара изведувач кој ќе го финансира и самиот проект нема да ги чини скопјани ниту денар. По отворањето, паркот ќе се исплати сам за три години, а потоа градот ќе заработува и ќе вложува во нови проекти. На овој начин, создаваме профитабилна градска организација, а скопјани добиваат најдобар парк во регионот.











https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 29-Dec-2021 at 14:22
РИНГИШПИЛОТ ПОВТОРНО ЌЕ ВРТИ До крајот на летото Скопје добива Луна парк

На денешниот брифинг со новинарите, градоначалничката на Град Скопје соопшти дека проектната документација за Луна паркот се изработува, седум реквизити веќе се набавени од претходната градска власт и се дел од проектната документација, а исто така во план е набавка на 20 нови реквизити.

За Луна паркот имаме проектна документација која се изработува, изработувачот треба во наредниот месец да ја достави комплетна. Имаме веќе наследено 7 реквизити кои треба да се постават согласно претходно склучени договори и истите се задржани во проектното решение. Дополнително има 20 нови реквизити кои треба да се тендерираат и да се набават – информираа од Градот.

Од Градот се обезбедени се средства и за партерното уредување и најверојатно по Нова година ќе се отпочне со работа. Набавените реквизити ќе бидат поставени што е можно поскоро и како што ќе пристигнуваат новите, така тие ќе бидат поставувани во Луна паркот, a според очекувањата истиот би требало да започне со работа кон крајот на летото.

https://plusinfo.mk/ringishpilot-povtorno-e-vrti-do-kra-ot-na-letoto-skop-e-dobiva-luna-park/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 24-Feb-2022 at 15:03
Скопје ќе добие забавен парк до 2024 година

Скопјани можат да се надеваат на забавен парк до 2024 година. Сегашното раководство на Град Скопје реши да ја измени програмата за изменување на Програмата за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање, што беше на дневен ред на днешната седница на Советот на Град Скопје.

Според неа, финансиските средства за проектирање, изградба, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје за 2022, 2023 и за 2024 година, што значи дека и нејзината реализација ќе се одвива фазно, во периодот од 2022 до 2024 година.

Според измените, проектирањето ќе се одвива во 2022 година, изградбата на инфраструктурата, супраструктурата и на објектите во периодот од 2022 до 2024 година, додека набавката на опремата и на реквизитите и нивното монтирање, исто така, ќе се одвиваат во периодот од 2022 до 2024 година.

– Советот на Град Скопје, во декември минатата година, го усвои буџетот на Град Скопје за 2022 година, заедно со неговите развојни програми за 2023 и 2024 година, при што во потпрограмата GAA, ставки 480 и 481, предвидено е изработка на проект и изградба на забавен парк, набавка на реквизити и нивно монтирање. Град Скопје со „Прима инженеринг“ ДОО – Скопје има склучено договор од 29.7.2021 година за изработка на проектно-техничка документација за изградба на забавен парк, позиционирање на забавни реквизити и придружни содржини, во кој е предвидено да се постават реквизитите согласно со склучени договори за набавка, транспорт и монтажа на реквизити за забавен парк – Скопје од 29.11.2016, од 29.11.2016, од 27.02.2017, од 27.02.2017, од 27.02.2017, од 27.02.2017 и од 27.02.2017 година, кои се со вкупна вредност од 130.485.698,00 денари, со вклучен ДДВ. Врз основа на новата проектна документација, ќе се започне со реализација на забавниот парк – прецизирано е во образложението на предлог- програмата.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, уште во декември минатата година, најави дека ќе го продолжи проектот за изградба на нов забавен парк почнат од нејзиниот претходник Петре Шилегов, но и дека по Нова година ќе започне уредувањето на новиот луна- парк, така што нема да се чека уште четири години.

Притоа, Арсовска нагласи дека ќе се пристапи кон монтирање на реквизитите кои се веќе набавени, а се вклопуваат и во новата проектна документација, за паркот да биде функционален, но и оти дополнително ќе се набават 20 нови реквизити како што е предвидено со проектот.

Скопје нема забавен парк веќе шест години. Ексградоначалникот Петре Шилегов, по доаѓањето на функцијата, го прекина проектот почнат од неговиот претходник Коце Трајановски, со образложение дека не е добар и дека во Скопје наместо луна-парк, ќе се гради забавен парк, на поголема површина и со многу повеќе реквизити за сите возрасти.

Потоа беше изработена студија од италијанското архитектонско студио „Баса“, која беше презентирана во 2019 и подарена на Град Скопје. Со проектот треба да бидат вклопени седумте реквизити купени во времето на Трајановски, но и да се предвидат локации за поставување нови 20, како панорамско тркало, ролеркостер, тајфун, пиратски брод, рингишпил.

– Овој забавен парк треба да се димензионира за да опслужува околу 3.000 посетители дневно. Предвидено е поставување забавни реквизити, од кои дел се адреналински, најголемиот број се за деца и ќе има неколку семејни. Во просторот треба да се предвидат и придружни содржини како „фуд корнер“, фонтана, билетарница, продавница за сувенири, тоалети“, е предвидено во тендерската документација за проектирање на забавниот парк.

Новиот забавен парк, според проекциите на Градот, ќе чини околу 12 милиони евра.

https://www.vecer.press/скопје-ќе-добие-забавен-парк-до-2024-годин/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 13-Sep-2022 at 17:37
Луна парк – таен план за скапа забава



https://samoprasaj.mk/naacik/luna-park-taen-plan-za-skapa-zabava
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 17-Sep-2022 at 13:34
Скопје со години без лунапарк, одобрен е проект за изградба, урбанистите загрижени за локацијата



Град Скопје веќе подолго време нема лунапарк. Од 2017 година е затворен, негово обновување и модернизирање најавуваше најпрво поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, потоа неговиот наследник Петре Шилегов, а сега и актуелната градоначалничка на главниот град Данела Арсовска, меѓутоа граѓаните, иако со огромно задоволство ја примија веста за реновирањето на лунапаркот, сепак пет години подоцна сè уште немаат можност да уживаат и да се релаксираат во она што им беше ветувано.

Актуелното раководство на Град Скопје во февруари годинава одобри нов проект со кој се планира уредување на новиот лунапарк до 2024 година, а урбанистите изразуваат загриженост околу бројот на посетителите, ако се земат предвид сите постојни содржини во околината.

Според Програмата за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање финансиските средства за проектирање, изградба, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје за 2022, 2023 и за 2024 година, што значи дека и нејзината реализација ќе се одвива фазно, во периодот од 2022 до 2024 година.

Според програмата оваа година е наменета за проектирање, периодот од 2022 до 2024 за изградбата на инфраструктурата, супраструктурата и на објектите, додека набавката на опремата и на реквизитите и нивното монтирање, исто така, ќе се одвиваат во периодот од 2022 до 2024 година.

– Советот на Град Скопје, во декември минатата година, го усвои буџетот на Град Скопје за 2022 година, заедно со неговите развојни програми за 2023 и 2024 година, при што во потпрограмата GAA, ставки 480 и 481, предвидено е изработка на проект и изградба на забавен парк, набавка на реквизити и нивно монтирање. Град Скопје со „Прима инженеринг“ ДОО – Скопје има склучено договор од 29.7.2021 година за изработка на проектно-техничка документација за изградба на забавен парк, позиционирање забавни реквизити и придружни содржини, во кој е предвидено да се постават реквизитите во согласност со склучените договори за набавка, транспорт и монтажа на реквизити за забавен парк – Скопје од 29.11.2016, од 29.11.2016, од 27.2.2017, од 27.2.2017, од 27.2.2017, од 27.2.2017 и од 27.2.2017 година, кои се со вкупна вредност од 130.485.698,00 денари, со вклучен ДДВ. Врз основа на новата проектна документација, ќе се започне со реализација на забавниот парк, прецизирано е во образложението на предлог-програмата.

Арсовска на почетокот на годината изјави дека ќе се пристапи кон монтирање на реквизитите кои се веќе набавени, а се вклопуваат и во новата проектна документација, за паркот да биде функционален, но и оти дополнително ќе се набават 20 нови реквизити како што е предвидено со проектот.

Новиот лунапарк, еден од приоритетите на Град Скопје, димензиониран е за три илјади посетители дневно

Градоначалничката Данела Арсовска за МИА вели дека ова е еден од приоритетите на Градот. Арсовска нагласува дека проектот за изградба на забавниот парк е изработен врз основа на студија за тематски забавен парк и е димензиониран на околу 3000 посетители дневно, при што тврди дека ќе бидат задоволени сите современи стандарди за ваков вид содржини за корисниците.

– Ова е еден од приоритетите, бидејќи станува збор за проект кој со години е на врвот на листата на барања на скопјани и е нешто кое ќе има додадена вредност за Скопје од повеќе аспекти. Во моментов се работи на последните дозволи за проектирање и изведба, од соодветните институции, по што се планира да започнат конкретните активности на терен, истакна градоначалничката Арсовска во изјава за МИА.

Изградбата на ваков забавен парк бара прецизно планирање, подготовки и реализација, вели градоначалничката, па оттаму, додава таа и од комплексноста за неговата изградба произлегува потребата од соодветно буџетирање.

– Градот Скопје ќе ја финансира изградбата на новиот забавен парк, преку фазна изградба, при што средствата за проектирање, изградба, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање ќе се обезбедат од Буџетот на Град Скопје 2022-2024 година, појаснува градоначалничката на Скопје.

Изработените студии за изградбата на паркот, според Арсовска, укажуваат дека постојната локација е соодветна за забавен парк.

– Новиот забавен парк се реализира во рамките на границите на поранешниот лунапарк и во проектот нема изградба надвор од она што е предвидено со проектот, а тоа се единствено реквизити за паркот, јавни тоалети, влез со билетарница и магацински простор за потребите на паркот и опремата во согласност со проектот, објаснува Арсовска.

Според градоначалничката, обезбедувањето соодветен број паркинг-места е неопходно при изградбата на забавен парк од предвидената големина и тоа е предвидено со проектот.

– Паркирањето за автомобили за потребите на овој комплекс се обезбедува во рамките на соодветните паркиралишта за јавна употреба, а дополнително предвидени се и околу 100 паркинг-места за велосипеди пред главниот и споредниот влез на забавниот парк, информира градоначалничката Арсовска.

На локацијата на лунапаркот, со сите околни содржини, концентрацијата на луѓе може да достигне колку бројот на жители на поголем град од внатрешноста

Во врска со прашањата поврзани со проектот, локацијата и капацитетите кои треба да се обезбедат за изградба на лунапаркот, МИА разговараше и со стручно лице во областа на урбанизмот. Иван Арсовски, како планер-урбанист, во врска со изградбата на лунапаркот на поранешната локација изразува загриженост околу бројот на посетителите ако се земат во контекст сите постојни содржини во околината, како што се Градскиот парк, Зоолошка градина, Градскиот стадион, спортските терени и другите градби.

– Кога ќе ги земете во контекст сите околни (постојни) содржини: фудбалски стадион за 34 000 посетители, Зоолошка градина, дискотеки и сл. како и планираниот забавен парк, на овој простор во одреден момент можете да добиете концентрација на посетители/корисници колкушто има граѓани еден поголем град од внатрешноста. Сите овие содржини и број на посетители/корисници создаваат огромна инфраструктурна потреба, која, за жал, во моментов недоволна или, пак, планираната не е реализирана. Се надевам дека градот и институциите имаат алатки како да ја менаџираат оваа ситуација, објасни Арсовски.

Тој смета дека пред да се започне со реализација на идеја за изградба на забавен парк, најнапред треба да се испита јавното мислење преку анкета со специфични „насочувачки“ анкетни прашања, со цел да се има основа за изработка на физибилити студија со точни влезни податоци и потреби на идните корисници.

– Физибилити студијата треба да ја одреди најповолната локација од урбанистички аспект и тоа особено од големина на локација, сообраќајна поврзаност и пристап, стационарен сообраќај-паркирање, добро развиена мрежа на јавен превоз, енергетско и комунално поврзување, услови за обезбедување мерки за безбедност, заштита и спасување и тоа со особен акцент на евакуација за минимален временски период и друго, додаде Арсовски.

Според него, засега сè тоа што се реализира е некако фрагментирано, стихијно, импровизација, дел по дел од нешто што би требало да претставува некаков огромен комплекс, кој никако да создаде функционална целина.

– Тоа е така затоа што не постои стратешки планерски приод кон проблемот како задача, нема анкетно истражување на граѓаните како крајни корисници што сакаат, што би користеле, што им е потребно, односно многу битни информации за инвеститорот (кој и да е). Понатаму, конкурсни решенија со однапред дефинирани планско-проектни програми речиси и да не постојат или доколку ги има дел од нив се погрешно поставени, вели тој.

Град Скопје како институција, како што рече, новите локации за вакви комплекси изминатите 10 години не успеа да ги активира, иако истите се поголеми и можат да примат и опслужат голем број корисници.

Единствената локација на која веќе се најавуваат некакви активности за изградба на забавен парк е постојната локација на некогашниот лунапарк Скопје, која е со ограничена површина и не постои можност за нејзино проширување. Тоа е така, бидејќи околината е со веќе реализирани наменски содржини и градби, изјави Арсовски.

Доколку постои порив за некакво негово проширување вон неговите постојни граници и на сметка на веќе реализираната околина, во случајов постојниот Градски парк, Арсовски смета дека таквата идеја би била поразителна.

Според него, изградбата на нов забавен парк на локацијата на некогашниот лунапарк треба да остане во постојните граници и да е димензиониран соодветно во рамките на тие граници со сите потребни мерки и стандарди за негово нормално и безбедно функционирање.

Постоечките реквизити од лунапаркот се распоредени на други локации во градот Скопје

Лунапаркот во Скопје беше единствено место од ваков тип кое го посетуваа огромен број луѓе од сите возрасти. Историјата на забавниот парк започнува со неколку забавни реквизити во далечните 1950-ти години од минатиот век на локација кај денешен објект „Езерце“ во Градскиот парк.

На сегашната локација во Градскиот парк е преместен во 1973 година, кога прв пат бил изграден комплетен забавен парк со забавни содржини.

Во повеќедецениското постоење, како што може да се прочита на сајтот на ЈП „Паркови и зеленила“, лунапаркот неколкупати бил дополнуван со нови реквизити. Во април 2017 година забавниот парк на постоечката локација е затворен и започнати се градежни активности за изградба на нов забавен парк.

Во овој период лунапаркот располага со следните реквизити: карусел 1, карусел 2, робот, туристички воз и пајтон.

Постоечките реквизити се распоредени на две локации во градот Скопје, Парк „Авион“ во Ново Лисиче и објект „Езерце“ – Градски парк.

Идејата за негово реновирање во модерен забавен парк со повеќе реквизити беше примена со огромно задоволство од граѓаните, но досега ваков вид забава можеа да најдат или во соседните земји или во оние привремени забавни паркови, како тој неодамна во „Борис Трајковски“, кои честопати не работат според прописите и не нудат гаранција за безбедноста на посетителите.

https://nezavisen.mk/skopje-so-godini-bez-lunapark-odobren-e-proekt-za-izgradba-urbanistite-zagrizheni-za-lokacijata/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 25-Sep-2022 at 17:00
СКОПСКИОТ ЛУНА ПАРК ГОДИНАВА НЕМА ДА ПРОРАБОТИ СО 7 РЕКВИЗИТИ КАКО ШТО НАЈАВИ АРСОВСКА КОГА СТАНА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА

Ниту годинава луна паркот во Скопје нема да проработи. Иако градоначалничката Данела Арсовска лани во декември, еден месец по нејзиното доаѓање на фунцкијата, најави дека луна паркот годинава ќе биде пуштен во употреба со оние 7 реквизити набавени уште пред 6 години во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски.

„По Нова година ќе започне уредувањето на новиот луна парк, нема да чекаме уште 4 години. Ќе се пристапи кон монтирање на реквизитите кои се веќе набавени, а се вклопуваат и во новата проектна документација, за паркот да биде функционален. Дополнително ќе се набават 20 нови реквизити како што е предвидено со проектот“, рече лани во декември градоначалничката Арсовска.

Но, оваа најава не само што не се реализираше туку на терен не се работи ништо, не е почнато ниту партерното уредување. Просторот стои ограден, запуштен и обраснат.

Арсовска сега вели дека проектот е во завршна фаза и наскоро ќе почне партерното уредување.

„Јас реков дека ниту еден проект кој што е отпочнат нема да биде прекинат. Ова е проект кој минатиот градоначалник Петре Шилегов го отпочнал и го има донесено до една фаза, сега ние го донесовме до завршна фаза. Ќе почнеме со партерното уредување и со монтирање на дел од реквизитите, а потоа ќе продолжиме и со останатите содржини за да им овозможиме на најмладите место за забава“, вели Арсовска.

Скопје нема забавен парк веќе 7 години. Ексградоначалникот Петре Шилегов по доаѓањето на функцијата го прекина проектот почнат од неговиот претходник Коце Трајановски, со образложение дека не е добар и дека во Скопје наместо луна парк ќе се гради забавен парк, на поголема површина и со многу повеќе реквизити за сите возрасти.

Потоа, беше изработена студија од италијанското архитектонско студио „Баса“ која беше презентирана во 2019 и подарена на Град Скопје. Со проектот треба да бидат вклопени седумте реквизити купени во времето на Трајановски, но и да се предвидат локации за поставување нови 20, како панорамско тркало, ролеркостер, тајфун, пиратски брод, рингишпил.

Според проектот, забавниот парк треба да се димензионира за да опслужува околу 3.000 посетители дневно. Предвидено е поставување забавни реквизити од кои дел се адреналински, најголемиот број се за деца, а ќе има и неколку семејни. Во просторот треба да се предвидат и пропратни содржини како место за храна, фонтана, билетара, продавница за сувенири, тоалети.

Новиот забавен парк, според проекциите на Градот, ќе чини околу 12 милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopskiot-luna-park-godinava-nema-da-proraboti-so-7-rekviziti-kako-shto-najavi-arsovska-koga-stana-gradonachalnichka/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 11-Dec-2022 at 18:15
Ќе мрдне ли постапката за изградба на забавното катче за најмладите?

На наредната седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи в среда, на 14 декември, на дневен ред е одлуката за ослободување од плаќање на надоместокот за уредување градежно земјиште за доградба на забавниот парк. Во образложението се наведува дека „ова е чекор поблиску до реализација на долгоочекуваниот современ и модерен лунапарк“



Ќе се реализира ли, конечно, проектот за изградба на забавниот парк, па најмалите да добијат свое катче каде што ќе може да се забавуваат заедно со родителите.

На наредната седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи в среда, на 14 декември, на дневен ред е одлуката за ослободување од плаќање на надоместокот за уредување градежно земјиште за доградба на забавниот парк во износ од 1.349.613,00 денари, за бруто корисна површина од 255,60 квадратни метри или нето наплатна површина од 191,94 квадратни метри. При тоа, уредувањето на градежното земјиште ќе биде на товар на инвеститорот.

Средствата претставуваат дел од вкупниот надоместок за уредување на градежното земјиште во висина од 60 проценти, наменет за Градот Скопје. Во образложението на одлуката се наведува дека ова е чекор поблиску до реализација на долгоочекуваниот современ и модерен забавен парк.

– По комплетирањето на работите за довршување и ставање во функција на забавниот парк, сите ние ќе се гордееме дека сме учесници во процесот со кој нашиот град ќе се вброи во редот на градовите што им нудат на своите жители квалитетна и разновидна забава на највисоко ниво. Со тоа ќе им овозможиме на сите наши сограѓани, но и на голем број жители на другите градови, почнувајќи од најмладите, па сé до највозрасните, да уживаат во 26 различни реквизити и во другите предвидени содржини – потенцираат градските власти.

Во реквизитите ќе влезат и оние седум што се набавени уште во времето на скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

При тоа, со донесување на оваа одлука, уредувањето на градежното земјиште ќе биде на товар на Град Скопје.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, уште во декември минатата година најави дека ќе го продолжи проектот за изградба на нов забавен парк почнат од нејзиниот претходник Петре Шилегов, но и дека по Нова година ќе започне уредувањето на новиот лунапарк, така што нема да се чека уште четири години.

Притоа, Арсовска нагласи дека ќе се пристапи кон монтирање на реквизитите што се веќе набавени, а се вклопуваат и во новата проектна документација, за паркот да биде функционален, но и оти дополнително ќе се набават 20 нови реквизити како што е предвидено со проектот.

Скопје нема забавен парк веќе седум години. Ексградоначалникот Петре Шилегов, по доаѓањето на функцијата, го прекина проектот почнат од неговиот претходник Коце Трајановски, со образложение дека не е добар и дека во Скопје наместо лунапарк, ќе се гради забавен парк, на поголема површина и со многу повеќе реквизити за сите возрасти.

Потоа беше изработена студија од италијанското архитектонско студио „Баса“, која беше презентирана во 2019 и подарена на Град Скопје. Со проектот треба да бидат вклопени седумте реквизити купени во времето на Трајановски, но и да се предвидат локации за поставување нови 20, како панорамско тркало, ролеркостер, тајфун, пиратски брод, рингишпил.

– Овој забавен парк треба да се димензионира за да опслужува околу 3 000 посетители дневно. Предвидено е поставување забавни реквизити, од кои дел се адреналински, најголемиот број се за деца и ќе има неколку семејни. Во просторот треба да се предвидат и придружни содржини како „фуд корнер“, фонтана, билетарница, продавница за сувенири, тоалети“, предвидено е во тендерската документација за проектирање на забавниот парк.

Новиот забавен парк, според проекциите на Градот, ќе чини околу 12 милиони евра.

https://www.vecer.press/ќе-мрдне-ли-постапката-за-изградба-на-з/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.117 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.