build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Приватизација на ЕЛЕМ???
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Приватизација на ЕЛЕМ???

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Приватизација на ЕЛЕМ???
    Posted: 22-Nov-2007 at 20:35
WTF???? Crazy Па зарем не се делеше ЕСМ со цел да се продаде само дистрибуцијата а да се зачуваат ЕЛЕМ и МЕПСО???? Од каде сеа ова чудо????

Владата крчка продажба на државните електрани
Ќе се приватизираат државните електрани. Во 2009 ЕЛЕМ ќе добие странски газда. Се трасира патот за влез на етаблиран чешки енергетски играч на пазарот на струја во земјава, тврдат неофицијално високи извори од Министерството за економија.
 
Во моментот се билда вредноста на компанијата. Измените во законот за енергетика ќе ја зацементираат монополската позиција на ЕЛЕМ. Ако ги усвојат пратениците, а откако ги прифати кабинетот на Груевски, атрактивните електрани и ќе произведуваат и ќе продаваат струја.
 
Енергетските експерти кои ги виделе измените во законот за енергетика коментираат дека ова решение е полно со правни празнини. Тврдат дека не е точно определен приоритетот за ЕЛЕМ во снабдување со струја, дали тоа ќе биде ЕСМ дистрибуција што ги снабдува граѓаните или комерцијалните договори за трговија за струја со приватни компании. Не се утврдени ниту санкциите при евентуални спорови.
 
Од економија не ја исклучуваат можноста ЕЛЕМ парцијално да се продаде. За почеток велат - се прави план уште идната година да се пуштат на берза 25 проценти од капиталот на компанијата. Канал 5 ги контактираше надлежните во ЕЛЕМ. Останаа недостапни за коментар, биле на службено патување во странство.
 
Токму измените во законот за енергетика ги конфронтираше австриските газди на ЕСМ Дистрибуција и Владата. Според Австријците, покривањето само на техничките загуби може да ја зголеми цената на струјата за граѓаните. Се заканија и дека ќе ги преселат инвестициите. Денеска токму ЕВН Австрија го доби тендерот за изградба на хидроцентрала во Албанија, бизнис тежок милијарда евра.



Извор:  Канал 5
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Nov-2007 at 20:45
Question  Crazy

Не би ме изненадило никакво чудо... Мада ако ова е вистина, мислам дека ќе има многу поголема и вистинска реакција отколку онакви платеници како „гласот на светлината“

Кој сака да гради електрани нека повели, ама да ги продаваме нашите и тоа во пресрет на голема глобална енергетска криза, тоа никако не смее да се дозволи... Gunz



Edited by Cloverstack - 22-Nov-2007 at 20:45
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Nov-2007 at 21:34
Изглеа си вечен идеалиста. Никој нема да го спречи ова ако тргне работата. Ќе заврши исто како Гласот на светлината. Посочи ми еден случај од ваков тип каде сме истерале нешто до крај.

И ТЕЦ Неготино сигурно не се задржа ради медиумските реакции, туку кмногу повеќе веројатно ради непоклопување на некои сметки во позадина. Самото разногласие во владината гарнитура во однос на случајот укажува на тоа.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Nov-2007 at 21:45
Па СДС-овциве едвај чекаат некако да го покренат народот. Мислам дека оваа тема навистина може да покрене доста луѓе (искрено загрижени, а не платенички копуци како гласот на светлината). А пошто видовме дека 50-тина луѓе можат да го блокираат градов со недели, замисли како ќе изгледа тоа ако се неколку илјади... ДПМНЕ може да се обиде да употреби сила за да го растури таквото собирање, ама тоа би ги втурнало во дефинитивно стрмоглаво губење на високиот но кревок рејтинг.

Со сиот презир кој што го имам кон СДСМ, јас би се приклучил на било какви протести по ова прашање (дури и радикалнии). Единствено се надевам дека нема да мора СДСМ да биде организаторот на такво незадоволство. Или пак ако биде, дека нема да успее политички да профитира од таквата ситуација...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 22-Nov-2007 at 22:13


hehe ajde da pocekame sto kje bide sepak od seto ova pred da pravime puc. LOL Iako... kade sto ima dim ima i ogan :(
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Nov-2007 at 20:44
Crazyx2. Не дека не би сакал ЕСМ да се врати под државна капа но...Целава комбинација изгледа смешно.

http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=9336&mid=303&tabId=1&tabindex=0

АД ЕЛЕМ не се продава, Владата заинтересирана за ЕСМ-ЕВН
 
АД ЕЛЕМ ќе остане во државна сопственост, а вложувањата од Република Македонија ќе бидат во насока на усовршување на компанијата за подобрување на менаџментот во финансиски и оперативен смисол, изјави портпаролот на Владата Ивица Боцевски на денешната прес-конференција.
Во досегашната работа на Владата никогаш не се покренало прашањето за каква било трансформација на ЕЛЕМ. Ниту во иднина ние не планираме какава било трансфорамција на оваа компанија, рече Боцевски.
Тој посочи дека Владата е заинтересирана за купување на ЕСМ доколку ЕВН имаат интерес да го продадат претпријатието.
Од истите мотиви кои што го водеа ЕВН при купувањето на ЕСМ, Владата би сакала да влезе во евентуалната трансформација доколку таквата биде разгледана и да го откупи претпријатието, кое потоа не би го продавала, рече Боцевски без да ги прецизира мотивите.
За тоа колку би издвоила за ЕСМ, владиниот портпарол посочи дека Владата ќе почека да види дали ЕСМ е на продажба, а ќе се изјасни откако ќе се запознае со условите што ќе се понудат за негова трансформација. Средства би се обезбедиле пред се од сопствените извори и од Буџетот.
Во однос на тоа дали ОКТА ќе биде откупена по истиот модел, Боцевски изјави дека ќе бидат отворени разговори меѓу Владата и раководството на ОКТА за сите отворени прашања.
(Тотал)


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Nov-2007 at 20:48


Абе смешки, ама по обичај во суштина е жалосно. Нека не сејат магла туку нека се зафатат веќе еднаш за вистинска работа...


Иначе баш ме интересира со кои пари ќе идеме на ваков шопинг по ЕСМ и ОКТА (и плус обесштетувањето). Со парите од тутунот? Roll%20eyes
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 23-Nov-2007 at 21:15
дури и да ги имаме парите, која е поентата да се продаде нешто пред две години а сега да се откупува назад. Тоа само би укажало каква банана држава сме без никаква стратегија меѓу другото во енергетиката. Дали или не државната електродистрибуција ќе биде под државна капа не е нешто што се менува во рок од две години. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 23-Nov-2007 at 21:27
Па ќе се прикажува дека претходната власт била предавничка, па мора сеа овие патриотиве да ја оправаат работата. Ваљда тоа би бил концептот. Ама мислам дека е само краткорочен пропагандистички. Нема ништо од ова во реалноста.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 23-Nov-2007 at 22:03
Originally posted by Cloverstack

Па ќе се прикажува дека претходната власт била предавничка, па мора сеа овие патриотиве да ја оправаат работата. Ваљда тоа би бил концептот. Ама мислам дека е само краткорочен пропагандистички. Нема ништо од ова во реалноста.


концептот ми е јасен, само кажувам како тоа ќе изгледа во нормалниот свет. Нормално дека нема ништо да биде ова за разлика од полтичките елити на РМ, ЕВН веројатно направила подлабока анализа и план пред да го купи ЕСМ и сигурно не мисли да го шитка за две години.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 02-Nov-2011 at 12:10

49% од ЕЛЕМ ќе се продава за 750 милиони евра?!

Катерина Попоска
49%%20од%20ЕЛЕМ%20ќе%20се%20продава%20за%20750%20милиони%20евра?!

Бугарската консултантска куќа KPMG ја проценила државната компанија Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) на 1,5 милијарди евра, ексклузивно дознава “Капитал“. Тоа значи дека од продажбата на удел од 49% од капиталот на ЕЛЕМ, како што најави Владата, државата очекува околу 750 милиони евра.

Според информациите на “Капитал“, најдоцна за еден месец бугарската подружница на консултантската куќа KPMG треба да ја информира Владата за проценетата вредност на ЕЛЕМ. Веќе од следната година Владата ќе треба да ангажира консултант и инвестициска банка, кои ќе треба да ги понудат сите стратешки модели за докапитализација на државната компанија за производство на струја. Врз основа на оваа SWOT анализа Владата ќе треба да одлучи под кои услови ќе ја докапитализира ЕЛЕМ, најмногу 49% од капиталот.

Во “Манифестот за реформи и развој“ Владата зацрта за две години да ја докапитализира државната енергетска компанија, а тоа значи до 2013 година.

Ниту од Владата, ниту од ЕЛЕМ јавно зборуваат за емисијата на нови акции и приватизацијата на оваа државна компанија. Извори меѓу консултантите за “Капитал“ откриваат дека можно е ЕЛЕМ да се докапитализира преку емисија на акции кои ќе можат да ги купуваат и граѓаните. ЕЛЕМ може да се приватизира и со влез на домашен или странски инвеститор, кој нема да стане сопственик на компанијата. Потенцијалниот инвеститор може да ја докапитализира ЕЛЕМ на начин што ќе гради енергетски објекти во Македонија и на тој начин етапно ќе добива акции во ЕЛЕМ до 49% од капиталот.

ЕЛЕМ проценет тројно повеќе од главницата

Последните официјални податоци од ЕЛЕМ покажуваат дека основната главнина на државната компанија за производство на струја е 31.738.878.000 денари (517.818.006 евра според средниот курс на Народната банка). Основната главнина е поделена на 31.738.878 обични акции со номинална вредност од по 1.000 денари.

Според финансиските резултати, ЕЛЕМ 2009 година ја заврши со добивка од 3,1 милиони евра, а 2008 година со загуба од 3,6 милиони евра.

Ако се земат предвид овие официјални податоци, за докапитализацијата на ЕЛЕМ потенцијалниот инвеститор треба да плати околу 250 милиони евра за да стане сопственик на 49% од вкупниот капитал на ЕЛЕМ, но нема да го има управувачкиот пакет. Но, според неофицијалните информации, Владата сака да добие најмалку 750 милиони евра од докапитализацијата на државната енергетска компанија.

“Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира активности за привлекување домашни и странски инвеститори, кои ќе го зголемат капиталот на ЕЛЕМ преку купување нови акции и приватизација на најмногу 49% од сопственоста на ЕЛЕМ. Проектот ќе го водат светски реномирани консултантски куќи во целосно транспарентна постапка, со меѓународен јавен повик до потенцијалните инвеститори. Со тоа ќе се задржи доминантната државна сопственост над ЕЛЕМ, а ќе се обезбеди доволен капитал за реализација на сите планирани и идни проекти на ЕЛЕМ. На тој начин ќе го зголемиме домашното производство на електрична енергија и ќе овозможиме поголемо учество на ЕЛЕМ на регионалниот балкански енергетски пазар. Овој процес ќе го реализираме само доколку условите под кои инвеститорите се подготвени да вложат во ЕЛЕМ се поволни за граѓаните на Република Македонија“, пишува во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ЕЛЕМ објаснуваат дека и покрај приватизацијата на компанијата која произведува струја, ресурс од стратешко значење на секоја држава, нема да се дозволи потенцијалниот инвеститор да стане доминантен сопственик на ЕЛЕМ.

Експертите за докапитализација, против продажба

Економски аналитичари коментираат дека во ЕЛЕМ е добредојден свеж капитал.

“Факт е дека на ЕЛЕМ му требаат пари. Идејата за привлекување странски капитал преку нова емисија на акции е добра, но се наметнува прашањето дали ќе има инвеститор од кој се очекува да вложи многу пари, а да не управува со ЕЛЕМ. Сево ова го повлекува и прашањето на профитот, со оглед на тоа што ЕЛЕМ сè уште работи по регулирани цени, а не на либерализиран пазар. Во ваков случај, потенцијалниот инвеститор ќе нема право да бара дивиденда, туку ќе може да ја добие само доколку доминантниот акционер, државата, одлучи да распределува добивка. Оттука, влезот на странски инвеститор во ЕЛЕМ е малку дискутабилен“, вели универзитетскиот професор Сашо Арсов.

Дел од енергетските компании кои ги контактираше “Капитал“, како РВЕ, ЕВН, ЕФТ, Статкрафт, објаснуваат дека идејата за докапитализација звучи примамливо. Тие објаснуваат дека можноста за приватизација на дел од ЕЛЕМ, како единствена државна компанија која произведува струја, е атрактивна, особено затоа што Македонија сè уште не ги реализирала планираните и круцијални енергетски проекти.

“Интересот на инвеститорите за ЕЛЕМ се должи на фактот што во Македонија сè уште има потенцијал за градба на нови електроенергетски капацитети, односно има потенцијал за пораст на бизнисот, што е најсилен сигнал за пазарот на капитал позитивно да реагира во однос на котираните акции на тие инвеститори. Во случај на докапитализација Владата би имала поголем маневарски простор и со нови инвестиции сè уште да остане мнозински сопственик“, оценува Златко Черепналковски, консултант и експерт од областа на енергетиката.

Од ЕФТ Македонија пак, велат дека можноста да се влезе во акционерската структура на ЕЛЕМ е одлична, но дискутабилно било дали некој инвеститор ќе вложи многу пари за 49% од капиталот на ЕЛЕМ.

“Сме заинтересирани. Сите енергетски капацитети во регионот се интересни за нас, вклучувајќи го и ЕЛЕМ. Но, сè зависи од коректноста на тендерот. Се сомневам дека некој сериозен инвеститор ќе вложи многу пари, а да го нема управувачкиот пакет. Вреди да се преговара за тоа дали во иднина потенцијалниот инвеститор би добил над 51% од капиталот на ЕЛЕМ“, вели Кочо Анѓушев, директор на ЕФТ Македонија.

Од германската РВЕ велат дека во моментов стратешки не се фокусирани на можностите за инвестирање во Македонија.

•АД ЕЛЕМ е целосно државна компанија за производство на електрична енергија

•Владата сака да го докапитализира ЕЛЕМ најмногу до 49% до 2013 година

•Во 2006 година поранешното Електростопанство се подели на две компании - државната ЕЛЕМ за производство на електрична енергија и приватната ЕВН Македонија за дистрибуција на струја

•ЕЛЕМ со своите капацитети обезбедува 96% од вкупната домашна потрошувачка на струја. Од термоелектраните годишно произведува 5.000 GW/h струја, а од хидроелектраните 1.200 GW/h струја

•1,5 милијарди евра најверојатно е вредноста на ЕЛЕМ според последните пресметки на консултантската куќа KPMG

•517 милиони евра е основната главнина на АД ЕЛЕМ според финансискиот извештај на компанијата за 2009 година

•31.738.878 обични акции ја сочинуват основната главнина на АД ЕЛЕМ, со номинална вредност од 1.000 денари

•Принт од насловната на ВМРО-ДПМНЕ, “Манифест за реформи и развој“
“Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе привлекува домашни и странски инвеститори кои ќе го зголемат капиталот на ЕЛЕМ преку купување нови акции и приватизација на најмногу 49% од сопственоста на ЕЛЕМ. Проектот ќе го водат светски реномирани консултантски куќи во целосно транспарентна постапка, со меѓународен јавен повик до потенцијалните инвеститори. Со тоа ќе се задржи доминантната државна сопственост над ЕЛЕМ, а ќе се обезбеди доволен капитал за реализација на сите планирани и идни проекти на ЕЛЕМ.“

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75538/49_od_elem_kje_se_prodava_za_750_milioni_evra_!.aspx?iId=2430
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 29-Jan-2012 at 23:41

СЕ БАРА МОДЕЛ КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА

ЕЛЕМ ќе се докапитализира од странски инвеститор!


Како што објаснува Влатко Чингоски, генерален директор на ЕЛЕМ, проектот докапитализација претставува влез на приватен капитал во Електрани на Македонија преку зголемување на капиталната вредност на компанијата


Електрани на Македонија нема да се приватизираат, односно делови од компанијата и акции нема да се продаваат на стратешки инвеститор. Компанијата ќе се докапитализира преку влез на приватен капитал и нови инвестиции, при што капиталната вредност на ЕЛЕМ треба значително да се зголеми.

Како што објаснува Влатко Чингоски, генерален директор на ЕЛЕМ, проектот докапитализација претставува влез на приватен капитал во Електрани на Македонија преку зголемување на неговата капитална вредност.
-Не станува збор за продажба на дел од компанијата, ниту пак продажба на дел од акциите, туку станува збор за привлекување на странски капитал, којшто би инвестирал во делови што се приоритетни за ЕЛЕМ и со тоа би ја зголемил капиталната вредност на компанијата, а на тој начин оној што би ги инвестирал тие средства би добил дел од целокупното капитално портфолио на компанијата - вели Чингоски.

Тој појаснува дека ако во моментот вредноста на компанијата, да речеме, изнесува милијарда евра (сметководствената вредност во моментов на ЕЛЕМ е 600 милиони евра) треба да се изнајде таков стратешки партнер кој е подготвен да инвестира 990 милиони евра во објекти коишто се значајни за производство на електрична енергија. Дали тоа ќе биде изградба на нови хидроцентрали, термоелектрани, гасни електрани, одобрувањето на бизнисот може да донесе вредноста на Електрани од една милијарда во одреден број на години да порасне на 2 милијарди. Во тие 2 милијарди 51 процент ќе задржи државата, а 49 ќе останат на инвеститорот. Чингоски вели дека Владата смета дека вредноста на докапитализацијата е максимум до 49 проценти од вредноста на компанијата.
-Не би се одело кон давање на мнозинскиот пакет на странскиот или домашниот инвеститор - дециден е Чингоски.

Во моментов се проценува книговодствената вредност на компанијата, по што информацијата ќе се достави до Владата, којашто ќе ја разгледа и ќе утврди дали ќе ја прифати. Според едниот модел може да се објави оглас за пет или шест проекти, кои се приоритетни за ЕЛЕМ, коишто вредат на пример една милијарда евра и кој е подготвен во рок од пет или шест години да ги реализира овие проекти да добива количина на акции од новата компанија. Или, пак, да се инвестира одеднаш една милијарда евра на Владата и со свои проекти таа да ја стави во функција на ЕЛЕМ и повторно да се зголеми капиталот на компанијата.
-Тоа значи дека нема да се продава нешто што веќе е направено, сакаме да се формира нешто ново, коешто ќе ја зголеми економската вредност на компанијата, зголемување на макроекономските прилики, зголемување на производството, можност за излез на други пазари во регионот и надвор од него. Ваква докапитализација се користеше во Чешка и Полска - објаснува Чингоски.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=BD0605E972E5E54894D7A65C68196ECC
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 31-Oct-2017 at 10:44
Originally posted by Cloverstack

Па ќе се прикажува дека претходната власт била предавничка, па мора сеа овие патриотиве да ја оправаат работата. Ваљда тоа би бил концептот. Ама мислам дека е само краткорочен пропагандистички. Нема ништо од ова во реалноста.


ваљда сега ова ќе важи и за новиве, но платиниумскава кокошка ако ојди, нам ни просо нема да ни остани ...

има ли супер-анализа, уште колку се резервите јаглен, има ли абер колку би чинело да се увезува пр. од Косово ... имаме ли абер дека без самоодржливост од обновливи извори ќе не здрма сиромаштво и отповеќе, индивидуално ако не свртиме озбилно кон пв-панелијада, а колективно кон нуклеарна електрана!?

Edited by Zelenikovo - 31-Oct-2017 at 10:44
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 31-Oct-2017 at 11:31
Анализи има, а тие воопшто не се поволни од ЕЛЕМ. Исто како и железницата, ова државно претпријатие е доведено на ниво на пропаст. Од една страна, Европската унија инсистира до 2025-2030 година да се затворат сите оние термоелектрани (РЕК Битола и Осломеј тука влегуваат!) што не ги задоволуваат основните еколошки стандарди во поглед на загадувањето на воздухот. Македонија нема да биде исклучена од ова барање.

Од друга страна, „Осломеј“ уште во моментов се соочува со недостиг од јаглен за производство на електрична енергија. Не знам дали овој капацитет е ставен како „ладна резерва“, слично на ТЕЦ „Неготино“, но ситуацијата кај него е драматична. Јаглен мора да се увезува, а ЕЛЕМ веќе работеше стратегии за увоз на висококалоричен јаглен, па прилагодување на технологијата, па после тоа открија дека може да постане комбинирана електрана самиот Осломеј, па изградбата на гасоводот кон Кичево излезе дека ќе остане најнакрај..........

Во однос на РЕК „Битола“, тука ситуацијата е подобра со снабдувањето на јаглен ако гледаме краткорочно. Но, на среден и долг рок ќе мора да се копаат нови наоѓалишта на јаглен или да се увезува од странство.

Кај дел од хидроелектраните се правеше ревитализација и набавка на нова опрема, така што верувам дека таму состојбата е подобра. Сепак, тие учествуваат со мал дел во производството на електрична енергија.

Да резимираме, огромни инвестиции се потребни за да кажеме дека ЕЛЕМ е атрактивно претпријатие за странски инвеститор. Реалноста говори дека освен хидроелектрана „Козјак“ и ветропаркот „Богданци“, ние немаме нов енергетски капацитет изградено во минатиот период. Јагленот ни е нискокалоричен, пругите ни минуваат во близина, но не и до термоелектраните, така што увозот ќе биде отежнат, десетици милиони евра ќе отидат во поставување на филтри на овие капацитети, ЕЛЕМ нема ниту една СОЛАРНА електрана.

Да резимирам, попрво странски инвеститор би дошол со понуда за инвестирање во енергетските капацитети, а за возврат струјата да ни ја продава по ниски цени, со тоа што инвестицијата би ја повраќал преку продажба на останатата струја. Нереално е да очекуваме дека ќе дојде некој, ќе фрли стотици милиони евра на државата, она ќе ги прераспредели до народ, и сите среќно ќе живееме и ќе имаме евтина струја.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 01-Nov-2017 at 04:48

не речи двапати, инвестиција во термо електрани макар и со увозен јаглен, во даден светски економски куршлус, ако не прва ќе биде меѓу првите наисплатливи инвестиции во енергетиката, а од овој аспект и наша потенцијална платиниумска кокошка ... настрана негативните еколошки ефекти денес, во блиска иднина ризикот апропо нив може да се релативизира до болка ...
“We find the EROI for each major fossil fuel resource (except coal) has declined substantially over the last century.
...
https://www.alternet.org/environment/we-could-be-witnessing-death-fossil-fuel-industry-will-it-take-rest-economy-down-it

мислам дека ако не изградиме нуклеарка, во блиска иднина освен гасните и термоелектраните на ЕЛЕМ ќе ни бидат единствен адут за економски, еколошки и антрополошки да преживееме како држава, единствено мора и одбраната да ја укрепиме, бидејќи во случај на глобален куршлус, и да имаш живо село, ем забревтани термоелектрани, тоа не значи дека таквата самодржливост нема да биде осуетена ...

патем и да дојде некој да фрли стотици милилни, а потем истите слепо да се распределат по народ, мислам ќе биде најголема глупост, попрво истите да се реинвестираат во обновливи извори него што било останато ...

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 20-Mar-2024 at 05:10
кокош или кокошка е работава лично не верувам дека се до толку извејани sds&co но какви глупости изнапраија минативе години та и ова не ме чуди, бреј заради шака јада удбалитичарски бројлери кои си шитнале честа полтронски на својте евроатлански мецени дури и најелоквентната авангарда во партијата почна да се дистанира здраво од она што значеше заевизам и постзаевизам, иако за волја на вистината ни порано не било поарно, ама ова ет чинам без конкуренција!, но ни дпмн не е поарно, у&у си се у&у во каков и калап да ги клајш, само што последниов тро апла без компас евроболшевички залудени а за сметка на деконструкција на се' што не прави посебни народни независни свесни силни, нели само слаб сојузник е добар сојузник за нивните мецени, а овие ко слепи полтрони кои под тезга чекаат на цуцла што и да побараат однив ќе испорачаат, зар не!?, нејсе, може сум грешка но на крај ама баш на ова се сведует!
https://telma.com.mk/2024/03/17/spojuvaneto-na-tecz-negotino-kon-esm-podgotovka-za-prodozhba-ili-zatashkuvane-na-dolgovite/

https://www.expres.mk/дали-есм-е-златна-енергетска-кокош/

се чудам како не им текна на аКадеМици да стркалаат 24/7 универзитетска јавна дебата пр. на соодветен еФорум при МФС или ЕТФ!?, зар до толку ли сме навлечени на тв лоботомија да ниту Народ ова однив не го бара?, ех во кој случај ќе сакав да чујам Дали е Можно да се модернизиран бар еден Блок на РЕК за Сингас и колку од тоа ќе имаме аир како наша инвестиција!?, што вели во 1-вио фус по вики линко probably lack coherent government vision for such investment!
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=559&PID=236090#236090

http://www.worldctx.com/documentation/coal-to-sng/

https://en.wikipedia.org/wiki/Coal_liquefaction#Indirect_conversion_processes [1][1][1]


а додека начујам за демистификација на ваков абер, да потсетам како Кло думал речиси пред 2 децении, може ќе им биде инспиративно на Сограѓани при евентуално насила стркалан не'енергетски'ефикасен склет натака!?
Originally posted by Cloverstack

ако ова е вистина, мислам дека ќе има многу поголема и вистинска реакција отколку онакви платеници како „гласот на светлината“
Кој сака да гради електрани нека повели, ама да ги продаваме нашите и тоа во пресрет на голема глобална енергетска криза, тоа никако не смее да се дозволи...

што фино зучи коментаров, фали само "смајли од народен мегафон" на крајо, а за секој еден иден шпекулант си знает што моит да го снајде!, иако шпекулациите во случајов може се само уранет берзански бустер од непотистичка природа, нели сред избори и' да сака некој ваков абер да пројде тоа би било на ниво на мафтај сега знаме за ден потоа постизборно да се стркала приватизација, а која нели би му осигурало некому нешто, но што!?, хм што иако мнозина мислат дека е во прашање непотистичко партиски финансиски замаец за партиски опстанок, сепак тоа и' да е така, би било само евентуален второстепен нусефект од ваков спин, додека главен чинам е врзување на Македонија за едикои евроатлански детерминисти што посаглам т.е. што поголема наша зависност однив, а така навидум осигуран евроатлански патец у глава!?, бар како сакаа на мала врата sds да го пуштат низводно на мајтап кањоно на Црна Река, ем последно да не заглават со супер терсене дил за некаква нечија електрана в Скопје за која по загарнтирани цени ќе не обврзеле да и откупуеме пласман, тоа укажува само на ваков вајб во позадина, неразбирлив нели за здравио разум, ама за шитнати у&у побитно е осигурување полтронска позиција до немајкаде!, просто ет, како партиска шема ваквиот пристап иако нераноден ним им осигурува долгорочен сервилен статус, нели да останат во игра како фактор за дилои натака макар липсале заради безидејност дури тоа повлекло тотал брутал недоверба и кај своите трајно осигурани симпатизери, нормал како удбалитичари свесни се дека секогаш утре можат да купат гласои на еден или друг начин, а конечно како подобни евроатлански ботои дури и тоа не им одело од рака нели нивните мецени ќе им довлечкаат контигенти по потреба дури и од Јужна Америка!?, хм хм хм дали сум грешка, незнам, но оди објасни го поинаку нивново однесување!?, може термити им ги полазиле мозоци, а сеуште за тоа не сме разбрале!?, но Убо звучи аберов на Кло дека Народ ако се подосвести какви кризи надоаѓаат посекако нема да двои и пред пелени да поскапат да срипа масовно, првенствено мислам на постарите сограѓани тука, бидејќи ним бешика ќе им попушти ако топтан Млади нагрнат одтутка да заминваат, арно ама сето ова е исто шпекулација и воопшто блиску до правилна анализа, кусур оди чекај на тв или фејкбук од време на време некој професорски со министеро да се натега, бидејќи нели кај нас јавна дебата ти е она лоботомијата по контактни емисии а тие нели се одлучувачки фактор, но чив, изгледа за рекламираните меѓу редои!?, тешки некој да дадеше објаснување зошто нема активна 24/7 про и контра но академска дебата на некој Универзитетски еФорум, може прсти ќе ги здоболат асистенти или постдипломци ако треба да се модерираат себе си, или може им добацуе само до телевизија и редо за својте 5 минути!?

Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.064 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.