Print Page | Close Window

ТЦ Капиштец (Сектрон)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=889
Printed Date: 16-Jun-2024 at 06:18

Topic: ТЦ Капиштец (Сектрон)
Posted By: pbanks
Subject: ТЦ Капиштец (Сектрон)
Date Posted: 02-Jan-2008 at 23:55
Неможам да најдам каде дискутиравме за новата локација за трговски центар што моментално а на понуда (онаа од 300 квадрати) Bash

Како и да е еве за која локација се работи. Мене малку не ми идат локацијава и терминот трговски центар во една реченица но...

Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jan-2008 at 04:31
Originally posted by pbanks

Неможам да најдам каде дискутиравме за новата локација за трговски центар што моментално а на понуда (онаа од 300 квадрати) Bash

Како и да е еве за која локација се работи. Мене малку не ми идат локацијава и терминот трговски центар во една реченица но...

Ни јас не памтам каде дискутиравме, ама прво помислив да не е за спроти Беверли (преку Васил Ѓоргов)

А која е оваа локација? Таа исштрафтаната, најтемната?!? Crazy

Не само локацијата, него ни квадратурата не иде никако со терминот...

Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 03-Jan-2008 at 16:11
Околу локацијата за трговски (на само 300м2) мислам дека е воопшто глупост такви мали локации на тоа бедно место да се највуваат толку бомбастично. А приметив дека е расчистен теренот (имаше некои бараки порано) но помислив дека ќе биде уште еден предимензиониран објект кој ќе го узурпира тротоарот како тој до него.

Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jan-2008 at 20:00
Еве ја онаа локација на Васил Ѓоргов за која скоро се чудевме дека МТЦ ја продава за за градба на трговски центар... И сеуште е за чудење локацијата е минијатурна... Во овој дел е хаос со квази станбени зградички кои висат над улицата.... можеби требаше да сликам. Динамит му е мајката. И оваа зградава на ќошот меѓу Ѓоргов/Водњанска е многу чудно поставена за да прими лепенка.

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jan-2008 at 22:15
Денеска било јавното наддавање за онаа чудна парцела за трговски центар во Капиштец. Постигната е навистина висока цена од нешто над 1300 евра за метар квадратен! За оваа мала парцела, државата ќе инкасира цирка половина милион евра од продажбата на земјиштето.

CheersCheersCheers

Еве го соопштението од министерството за транспорт и врски:

Почитувани,

Ве информираме дека денес, во просториите на Министерството за транспорт и врски се одржа јавно наддавање за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија кое се наоѓа во Скопје, на атрактивна локација во Општина Центар, наменето за изградба на трговски центар со вкупна површина од 385 м².

Во јавното наддавање учествуваа 8 понудувачи, а почетната цена изнесуваше 7.000,00 денари од метар квадратен. Најповолниот понудувач, компанијата „Sectron“ понуди цена од 80.000 денари за метар квадратен, односно вкупно 30.800.000 денари, што е до сега највисока понудена цена при отуѓување на државно земјиште.

Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување кое Комисијата го издава по завршувањето на Јавното наддавање да ги уплати средствата согласно постигната крајна цена од наддавањето, како и да ја достави банкарската гаранција во висина од 50.000,00 евра. Во цената се засметува и уплатениот депозит, намален за трошоците на постапката во износ од 10 % од депонираните средства.

Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средства во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е оттуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за оттуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да бидат вратени.

Ве информираме дека „Sectron“ е интернационална компанија која има свои претставништва во Бугарија, Србија, Македонија и во Косово.

Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Apr-2010 at 09:37
Вистинско освежување после разните Дилајли во овој дел од градот Cheers

Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 08-Apr-2010 at 11:11
Браво,многу убаво вклопено со одлична комбинација од бои.
Да се надеваме дека вакви објекти ќе го подигнат нивото во Скопје,па ќе му биде срам после некој да изгради нешто како Дилајла

-------------
build.mk, гради форумска историја

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 08-Apr-2010 at 11:20
aj dajte ve molam kordinati?!
A inace ubava e, samo malku niska e!

Posted By: Djole88
Date Posted: 08-Apr-2010 at 11:24
е дури сега ќе биде хаос на оваа улица. Имено јас секој ден со 57ца поминувам тука и на овој семафор се заглавува 10-15мин. Сега замислете што ќе биде со целата механизација. Подобро нека наоѓаат друго сообраќајно решение, а улицава затворена додека не се заврши

Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Apr-2010 at 11:45
Originally posted by my Macedonia

aj dajte ve molam kordinati?!
A inace ubava e, samo malku niska e!

41°59'31.60"N  21°25'20.92"E

Јас би додал еден кат но не повеќе, мислам дека локацијата не дозволува повеќе.

Posted By: Keeray
Date Posted: 08-Apr-2010 at 12:47
Mene super mi e objektov. Se nadevam deka ke se izvede mu stoi mestovo. Samo stranicnite prozorci so se ne mi se svijaat mene takvi .. random elementi

Posted By: SJCF
Date Posted: 08-Apr-2010 at 21:27
Многу убаво
 Smile

Поминал ли некој таму да види дали се случува нешто дали е бар оградено? Не прочитав ништо за рокови а во последно време кога државава шитка земја стално прикачува рокови. Како да е добра пара платиле па можам да замислам дека не им се чека многу а? Smile

Posted By: xnx
Date Posted: 08-Apr-2010 at 21:42
fala bogu nesto normalno...

Posted By: Djole88
Date Posted: 02-Jun-2010 at 14:09
предходниве 2-3 дена локацијата се оградува. Кога ќе има работа на терен ќе сликнам. Инаку пред некој кога ги носеа тарабите со камион на тој семафор се создаде невидена гужва, која искрено е нормална слика за местово. Тој семафор обично се чека 10тина минути, така да ви препорачувам ако се движите Козле/Капиштец накај центар бегајте од таму

Posted By: Djole88
Date Posted: 17-Jun-2010 at 18:44
Денес видов дека е поставена табла, на која за жал нема слика од тоа како ќе изгледа зградата. На таблата како име на објектот е ставено „Трговски центар Капиштец“, а Сектрон е ставен како инвеститор. Така да мислам дека треба да се смени и името на нишкава

Posted By: Djole88
Date Posted: 04-Sep-2010 at 16:14
Тука е почнато да се гради уште пред 2 недели, дупката е ископана, почнаа да се назираат тие металните за темели(извинете ама немам појма како се викаа, можеби арматури). Малку е незгодно за сликање, зошто само од главната улица може да се слика, а оградата е блиску до улицата која во принцип 24/7 е невидена гужва. Ако движам накај центар со 57 ќе пробам да фатам нешто, во скоро време

П.С: Може да се стави икона дека е во изградба Поинтересно е така

Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Dec-2010 at 16:47

Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2010 at 16:48
Многу е тесен тротоарот во тој дел но за тоа не е крив сектрон. Ми се допаѓа како ја дефинира улицата и ја затвора таа дупка која штрчеше таму и изгледаше прилично рурално за тој дел од градот. 

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Mar-2011 at 03:35

Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-Mar-2013 at 12:51

Posted By: xnx
Date Posted: 02-Mar-2013 at 19:00
i vaka ne e los, iako prvicniot render bese daleku podobar

Posted By: nouseforname
Date Posted: 03-Mar-2013 at 10:40
razocaruvacki,kolku bese ubav prviot render.ama vo sekoj slucaj mnogu e podobro od drugite zgradi vo okolinata.

Posted By: fichot
Date Posted: 04-Mar-2013 at 09:24
Две сличности не можам да најдам што го поврзуваат изградениов објект со првично замислениот. Катастрофа.

Posted By: nouseforname
Date Posted: 04-Mar-2013 at 12:56
@fichot abe objektot e ist strukturata,ama eksterierot i epten smeten od edna prejaka moderna zgrada do moderna "limenka"

Posted By: Gradinarot
Date Posted: 04-Mar-2013 at 19:14
...кога Ви велев, не не` бидува за модерна, тапа. Некој мисли дека го оправдувам СК 2014 безусловно, но попорво ќе го совладаме „барокот“ отколку модерната. Не не` бидува за модерна и тоа е тоа, можеби во некое друго време, кога нема да ја потценуваме истата.
Овај „локален“ феномен го имам приметено кај скоро сите понови објекти кои што предендираат да бидат модерни. Целата сила ја губат при поставување на фасадната опна, покривајќи ја, во многу случаи, интересната конструкција која што можеби и навестува интересен објект.

-------------
.....   .......

Posted By: alexgizh
Date Posted: 04-Mar-2013 at 19:42
Originally posted by Gradinarot

Поарно кажи дека не не' бива општо за било што. Далеку од тоа дека СК2014 се добро фасадирани. Ни оддалеку не е добро.

Всушност, истиот проблем лежи и кај модерниве и кај нео-класичните објекти. Употребата на материјали кои личат евтино, а и веројатно се.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.

Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Mar-2013 at 20:37
Originally posted by Gradinarot

...кога Ви велев, не не` бидува за модерна, тапа. Некој мисли дека го оправдувам СК 2014 безусловно, но попорво ќе го совладаме „барокот“ отколку модерната. Не не` бидува за модерна и тоа е тоа, можеби во некое друго време, кога нема да ја потценуваме истата.
Овај „локален“ феномен го имам приметено кај скоро сите понови објекти кои што предендираат да бидат модерни. Целата сила ја губат при поставување на фасадната опна, покривајќи ја, во многу случаи, интересната конструкција која што можеби и навестува интересен објект.
зошто правиш ваква генерализација која што воопшто не е озбилно склопена??? ... ја го викам ова миле-паника логика...
како прво, имаме еден тон архитекти што знаат да склопат многу квалитетен објект и да биде дел од современите движења
како второ, не можеш да ја поистоветуваш современата архитектура со лудориите на приватниците низ градов, ниту пак Ск2014 можеш да го поистоветуваш со било каков класичен стил, затоа што и едното и другото не се ништо повеќе од исмевање и изживување врз архитектурата и урбаниот склоп
и како трето, Ск2014 е идеја и изведба на државните и локалните власти, и истите тие власти, можат да склопат современи проекти со грандиозност и естетика, доколку сакаат, поради тоа што кај нив не постои економскиот фактор што постои кај приватниците (барем гледано според Ск2014)

значи стиловите во архитектурата тука воопшто не ти се релевантни... државата и заостанатиот менталитет на народот се тие што треба да се менуваат, и не ми е јасно зошто сеуште во 21 век, имаме потешкотии со таквата промена

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: Gradinarot
Date Posted: 05-Mar-2013 at 05:52
Зарем целава ситуација со новите градби ти личи на нешто поозбилно од Миле Паника?, кога веќе си го прозвал.
Не се сложувам дека имаме тон архитекти кои што можат успешно да склопат квалитетен објект. Малку се кои тоа го можат, а и на грешни позиции се најверојатно, бидејќи ретко или воопшто не ги гледаме-те.
Апсолутно можам да ги поистоветувам лудориите во било кој правец на архитектурата, бидејќи во крајна линија тоа се лудории, како што и самиот спомна, а сето ова делува на генерализирање бидејки целиот процес е ништо друго туку практикување на генерално ниска свест при правење на изборите.
Мислам дека веќе го имам спомнато и ќе си земам за право да го повторам, ама сега парафразирано.
Мајсторијата на уникатноста или лошото копирање како дијаметрална точка на првото, е многу посензитивно кај модерната отколку кај класичната архитектура. Вторава си има многу повеќе егзактни правила и елементи на пропорција и декорација, па и тие лошо ги пренесуваме. Е сега замисли и види што се не правиме во модерната, каде нејзините поенти се суптилно практикување на чистотата на автроската замисла и израз.

-------------
.....   .......

Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Mar-2013 at 19:38

а зарем целата ситуација со Ск2014 не ти личи на Миле Паника?... тој дел очигледно го пропушташ... какви правила жити све, какви пропорции, кога ниеден објект од Ск2014 не почитува ни барем едно правило на класицизмот, туку е кич-преобработка на истиот врз објекти со современа основа и форма
стиловите во архитектурата немаат никаква врска со тоа што ние не знаеме како да се однесуваме кон нив... не можеш да кажеш дека не не бивало за едно, па требало да се префрлиме на друго, бидејќи по твојава логика, гледано непристрасно меѓу приватните објекти и Ск2014, нас не не бива за ништо и воопшто не треба никогаш да се нафаќаме на изградба на било што

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: Gradinarot
Date Posted: 05-Mar-2013 at 22:23
[/QUOTE]а зарем целата ситуација со Ск2014 не ти личи на Миле Паника?... тој дел очигледно го пропушташ... какви правила жити све, какви пропорции, кога ниеден објект од Ск2014 не почитува ни барем едно правило на класицизмот, туку е кич-преобработка на истиот врз објекти со современа основа и формастиловите во архитектурата немаат никаква врска со тоа што ние не знаеме како да се однесуваме кон нив... не можеш да кажеш дека не не бивало за едно, па требало да се префрлиме на друго, бидејќи по твојава логика, гледано непристрасно меѓу приватните објекти и Ск2014, нас не не бива за ништо и воопшто не треба никогаш да се нафаќаме на изградба на било што[/QUOTE]

Ние очигледно не се разбираме, штом постојано повторуваш, дека поради една пропадната работа оправдувам друга пропадната работа.
Само имам свое гледиште на работите, за кое мислам дека е исправно, а сум го елаборирал, ама очигледно нејасно за многумина, вклучувајќи те и тебе.
Исто како што имаш недвојбена одбивност кон СК 2014, со иста мера треба да прифатиш дека СК2014 е производ, т.е. логично следство на многу погрешни потези во минатото. Исто како што го критикуваш СК2014, со ист жар треба да ги критикуваш и модерните и транзициони утки во архитектурата, инаку во најмала рака ја губиш себеобјективноста, а во тоа слепило се плука по се и сешто. Ти си негативно настроениот за многу работи, јас мислам дека сум реален за состојбите...тука има гоолема разлика, а напротив на почетокот го подржував СК2014 најмногу поради фактот дека нешто конечно почна да се работи.... Нејсе, во прилог на нишкава, пак би додал една паралела. „Декоративната“ архитектура не ни беше добро замислена во старт. Модерната некако немаме сили и знаење да ја истераме до крај како што треба. Едното не го оправдува другото, дали конечно сваќаш или?!!!

-------------
.....   .......

Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Mar-2013 at 02:01
Originally posted by Gradinarot

[/QUOTE]а
а зарем целата ситуација со Ск2014 не ти личи на Миле Паника?... тој дел очигледно го пропушташ... какви правила жити све, какви пропорции, кога ниеден објект од Ск2014 не почитува ни барем едно правило на класицизмот, туку е кич-преобработка на истиот врз објекти со современа основа и формастиловите во архитектурата немаат никаква врска со тоа што ние не знаеме како да се однесуваме кон нив... не можеш да кажеш дека не не бивало за едно, па требало да се префрлиме на друго, бидејќи по твојава логика, гледано непристрасно меѓу приватните објекти и Ск2014, нас не не бива за ништо и воопшто не треба никогаш да се нафаќаме на изградба на било што[/QUOTE]

Originally posted by Gradinarot

Ние очигледно не се разбираме, штом постојано повторуваш, дека поради една пропадната работа оправдувам друга пропадната работа.
Само имам свое гледиште на работите, за кое мислам дека е исправно, а сум го елаборирал, ама очигледно нејасно за многумина, вклучувајќи те и тебе.
Исто како што имаш недвојбена одбивност кон СК 2014, со иста мера треба да прифатиш дека СК2014 е производ, т.е. логично следство на многу погрешни потези во минатото. Исто како што го критикуваш СК2014, со ист жар треба да ги критикуваш и модерните и транзициони утки во архитектурата, инаку во најмала рака ја губиш себеобјективноста, а во тоа слепило се плука по се и сешто. Ти си негативно настроениот за многу работи, јас мислам дека сум реален за состојбите...тука има гоолема разлика, а напротив на почетокот го подржував СК2014 најмногу поради фактот дека нешто конечно почна да се работи.... Нејсе, во прилог на нишкава, пак би додал една паралела. „Декоративната“ архитектура не ни беше добро замислена во старт. Модерната некако немаме сили и знаење да ја истераме до крај како што треба. Едното не го оправдува другото, дали конечно сваќаш или?!!!
што те тера да помислиш дека ги поддржувам транзиционите утки и дека воопшто не поседувам објективност? ...меѓудругото, ако баш не си запазил битни работи што ги пишувам на форумов покрај останатата жестина, последно нешто што ме засега околу еден објект е архитектонскиот стил во кој е изграден... подеднакво ги почитувам сите стилови на архитектура и немам ништо против никој од нив, а транзиционата архитектура и Ск2014 се комплетен срам за сите нив, и како што кажав, жалосно е да ги поистоветуваме со современата архитектура или класицизмот и да доинесуваме некаков генерален заклучок врз основа на тоа

а на другата страна, ти си тој што вели дека за ова не не бивало, па треба да се префрлиме на друго... затоа и не си ми логичен, зошто велиш дека не не бивало за модерна архитектура, а класичната била безбеден плеј, кога Ск2014 е совршен пример за тоа како не бива за тоа да усереме било што (во негов случај класиката), без разлика на архитектонските стилови?
затоа и ти викам дека не е проблемот во стиловите... затоа што мислам дека нема ниту еден приватник ниту пак политичар, што е загрижен за тоа како му изгледа објектот, сите бркаат економија, бизнис и политика за свое лично најдобро... не е дека не знаеме, дека не не бива или дека немаме сили да истераме нешто, туку дека сме комплетно игнорантни кон архитектурата (па и културата општо) во секој поглед, поради тоа што менталитетот ни е невиден хаос... стиловите никогаш не биле проблемот

и мислам дека ти не си ме разбрал во целава приказна, јас не целам на тоа дека го поддржуваш Ск2014, туку ти го посочувам како пример за тоа како не не бива ни за класицизам, исто како што ти го посочуваш објектов како пример за тоа како не не бива за модерната[/QUOTE]

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Mar-2013 at 02:06
Originally posted by alexgizh

Originally posted by Gradinarot

...кога Ви велев, не не` бидува за модерна, тапа. Некој мисли дека го оправдувам СК 2014 безусловно, но попорво ќе го совладаме „барокот“ отколку модерната. Не не` бидува за модерна и тоа е тоа, можеби во некое друго време, кога нема да ја потценуваме истата.
Овај „локален“ феномен го имам приметено кај скоро сите понови објекти кои што предендираат да бидат модерни. Целата сила ја губат при поставување на фасадната опна, покривајќи ја, во многу случаи, интересната конструкција која што можеби и навестува интересен објект.

Поарно кажи дека не не' бива општо за било што. Далеку од тоа дека СК2014 се добро фасадирани. Ни оддалеку не е добро.

Всушност, истиот проблем лежи и кај модерниве и кај нео-класичните објекти. Употребата на материјали кои личат евтино, а и веројатно се.
да не го должиме многу, дури сега приметив дека alexgizh имал идентична поента како мене, само го кажал истото многу пократко и појасно Cheers

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: Gradinarot
Date Posted: 06-Mar-2013 at 09:53
..недоразбирањата се извор на конфликтите, а архитектот на овој објект и те како имал конфликти со изведувачот, така барем ми изгледа...

-------------
.....   .......

Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Apr-2013 at 15:20
http://s1326.photobucket.com/user/george_krstevski/media/DSC00267_zpsb6737a3b.jpg.html">

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Mar-2014 at 01:08
Екстериерот е добар, но криво ми е што сепак е значителен чекор назад од рендерот. Внатрешноста ми изгледа дека доста се внимавало на детали и завршната обработка да биде на високо ниво.

Забележал ли некој како е решено паркирањето?

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

Posted By: damjan4o
Date Posted: 04-Mar-2014 at 22:47
wow ентериерот грми! 6. браво

Posted By: Еден Дечко
Date Posted: 05-Mar-2014 at 02:14
Генерално ми се допаѓа, изборот на материалите во горниот дел би можел и би требало да е позадоволителен, но и вака ми се допаѓа. Ентериерот е одличен, сигурно би изгледал уште подобро со соодветно одбрана гарнитура, се на се одличен простор.

Posted By: fichot
Date Posted: 05-Mar-2014 at 21:27
Како што прочитав, објектов е првонаграден од ААМ за 2013 година.

Print Page | Close Window