Print Page | Close Window

6 кружни текови по Туристичка, наместо крстосници

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1651
Printed Date: 06-Jun-2024 at 02:06


Topic: 6 кружни текови по Туристичка, наместо крстосници
Posted By: Тркало
Subject: 6 кружни текови по Туристичка, наместо крстосници
Date Posted: 11-May-2012 at 13:52
Уште еден од низата бисери на вицот во движење и неговиот дворски шут.Планот е на местото на поголем дел раскрсници по текот на Туристичка да изградат кружни текови Баш ме интересират како ќе го изведат кружниот тек кај Охридска Банка или кај охридската гимназија...Капак на се, нормално планот им е да почнат летово!!!
Не сум нешто стручен во овие работи, ама знам дека е идиотизам, а и многу галама крена уште денеска оваа работа.Ваше мислење?

http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=42034 - Семафорите си заминуваат, кружни текови ќе никнат на Туристичка
    
Сообраќајниот метеж по булеварот ,,Туристичка'', охридските локални власти во иднина ќе го решаваат со кружни текови. Според ова, семафорите со кои во моментов се регулираа сообраќајот по оваа важна сообраќајница во Охрид ќе заминат во историјата.

Од Општина Охрид информираат дека до крајот на годинава планирано е да бидат изградени шест вакви кружни раскрсници.

-Активностите за замена на семафорите со кружни текови ќе ги релизираме етапно, односно дел по дел. Според планираното пред почетокот на претстојната туристичката сезона ќе биде уреден само кружниот тек на раскрсницата помеѓу ,,Туристичка'' со улицата ,,АСНОМ'', поточно кај стара Охридија. Во зависност од динамиката на градежните активности таму, ќе зависи дали ќе успееме да уредиме уште една раскрсница или ќе чекаме да заврши летото па потоа да работиме, вели Зоран Шикалески, раководител на Одделението за сообраќај и улици, при Општина Охрид.

Тој појасни дека согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2012 година била изготвена комплетна проектна документација за сите вкрстувања на булеварот ,,Туристичка''.



-Покрај кружната раскрсница кај улица ,,АСНОМ'', планирано е да се изградат кружни раскрсници на вкрстувањето со улицата ,,Бистрица'' на влезот во Охрид, на вкрстувањето со улица ,,Стив Наумов'', како и на вкрстувањето со улица ,,Абас Емин''. Исто така планирана е изградба на кружен тек на раскрсницата со улица ,,Македонски Просветители'', кај Охридска банка и на раскрсницата со улица ,,Јане Сандански'', кај Мини маркет, појаснува Шикалески.

Тој очекува кружните раскрсници да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и да го олеснат протокот на моторни возила.


- Ги следиме искуствата и движењата во Светот, но вакво искуство со регулирање на сообраќајот имаме и ние, со тоа што веќе имаме изградено четири или пет кружни раскрсници во Охрид, кои се покажаа како многу ефекасни решенија, потенцира Шикалески.

Тој информираше дека во фаза на подготовка на нов Сообраќаен режим на улиците во Охрид, кој треба да се најде на дневен ред на некоја од наредните седници на Советот на Општина Охрид. Освен претставници на општината во подготовка на новиот режим учествувале и претставници на СВР Охрид и стручни лица од областа на сообраќајот.

© 2012 Ohridnews.com



Replies:
Posted By: alexgizh
Date Posted: 11-May-2012 at 14:32
Вирусот го зафати и Охрид а? Доказ дека глупоста не е партиски ограничена.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Pallatino
Date Posted: 11-May-2012 at 15:03
Кај стара охридија мислам дека е добро да се изгради кружен бидејќи семафорите таму стојат безпотребно а и за прешаци не е баш нај безбедно бидејќи многу се брза, а со кружниот ке се намали и брзината а и ќе има ред за пешаците


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-May-2012 at 19:00
не си охриѓанец ако не ја раскопаш туристичка среде лето.да видат скопјанишчата дека и таму се работи.како што се сеќавам во 80-тите 3 или 4 пати се прекопуваше туристичка секоја наредна година,и нормално среде летна сезона


Posted By: Dexter26
Date Posted: 11-May-2012 at 19:50
А споменици на кружните текови, а а а  ??? Shake Shake Shake


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-May-2012 at 21:54
Декстер,идеата ти е добра,споменик веќе има готов,треба само една подобра иницијатива и царот од плоштад во Скопје да летне према Охрид


Posted By: antiuser
Date Posted: 11-May-2012 at 23:51
да да , Самуил е печен за Охрид.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 12-May-2012 at 00:05
Апсолутно се согласувам, на споменикот на цар Самуил кој во моментов се наоѓа на плоштадот Македонија во Скопје, дефинитивно местото му е во Охрид, ама не за на кружен тек на сообраќајот, местото му е во непосредна близина на кејот на Охридското Езеро, како што е во случајот со спомениците на Свети Кирил и Методиј и на Свети Климент Охридски, а освен ако грешам, од неодамна има и споменик на Свети Наум Охридски, исто така во непосредна близина на кејот на Охридското Езеро.

Или нека го постават кај тврдината, но дефинитивно не му е местото на кружен тек на сообраќајот.


Posted By: alexsend
Date Posted: 12-May-2012 at 08:15
Покрај толку споменици на едно место не се ни приметува во Скопје, и јас сум за да се премести во Охрид таму барем ќе дојде во преден план и ќе му порасне вредноста. Башка што во Скопје е на многу лошо место според мене. + може охриѓани конечно ќе не засакаат нас скопјани


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-May-2012 at 13:57
Сепак, сообраќајните аспекти се најбитни...

Проектов премногу смрди на предизборни активности, а веројатно кружен тек е и врвот на способностите на градоначалник како моменталниот охридски. Сепак засега би се воздржал од финални коментари за тоа како потенцијалниве кружни текови ќе се одразат од сообраќаен аспект, бидејќи успеав да идентификувам само 2 или 3 од наведените локации, па ве молам кој знае каде се, нека даде координати за сите, или нека склопи една мапа.

Значи, пред се треба да се види колкав простор има на потенцијалните локации за да се оформат саглам кружни текови, затоа што ако се со премал радиус, џабе се другите фактори.

Инаку, во Охрид се вози релативно бавно, плус тоа сообраќајот по туристичка (а и воопшто) не е премногу интензивен, па можеби на некои локации навистина има сообраќајна логика за кружни текови. Потенцијален проблем можат да бидат големите годишни варијации и гужвите за време на сезоната, но навистина не ги познавам до толку состојбите во охридскиот сообраќај, за да си дозволам некакви подлабоки анализи. Ако некој може подетално да ги објасни состојбите, би било одлично.



Posted By: Тркало
Date Posted: 13-May-2012 at 14:31
Originally posted by Cloverstack

Сепак, сообраќајните аспекти се најбитни...Проектов премногу смрди на предизборни активности, а веројатно кружен тек е и врвот на способностите на градоначалник како моменталниот охридски. Сепак засега би се воздржал од финални коментари за тоа како потенцијалниве кружни текови ќе се одразат од сообраќаен аспект, бидејќи успеав да идентификувам само 2 или 3 од наведените локации, па ве молам кој знае каде се, нека даде координати за сите, или нека склопи една мапа.Значи, пред се треба да се види колкав простор има на потенцијалните локации за да се оформат саглам кружни текови, затоа што ако се со премал радиус, џабе се другите фактори.Инаку, во Охрид се вози релативно бавно, плус тоа сообраќајот по туристичка (а и воопшто) не е премногу интензивен, па можеби на некои локации навистина има сообраќајна логика за кружни текови. Потенцијален проблем можат да бидат големите годишни варијации и гужвите за време на сезоната, но навистина не ги познавам до толку состојбите во охридскиот сообраќај, за да си дозволам некакви подлабоки анализи. Ако некој може подетално да ги објасни состојбите, би било одлично.


Еве нешто склопив со постоечките кружни (обележани со црна боја), планираните на Туристичка (со црвена) и обележани со портокалова боја места кои плачат за кружен тек со моменталната ситуација на сообраќај.



Мое мислење е дека на кружниот тек број 1 фрекфенцијата на возила е премногу мала за кружен тек, а ул. Бистрица е - во недостаток од изрази да речам улица со една и пол лента.
Друга работа, поради малата фрекфенција на возила и луѓе(сепак е скоро периферија), брзините се често поголеми и ова само би било дополнителна пречка и забавување на целиот сообраќај.
Подобра опција би биле надземни премини за луѓето поради малата фрекфенција од раскрсницата Туристичка/Бистрица до излезот.За возилата КТ мислам дека ќе е само поголем проблем.

2.Иста ситуација како првата, со малце поголема гужва и поддржувам само поради непрегледноста на раскрсницата.АМА, со изградба на кружен тек со доволен радиус спрема ширината на Туристичка (20м.) мислам дека ќе влезат во дворните места на околните згради и куќи.Познавајќи го нашиот менталитет и општинскиот ќе имаме некој неправилен облик на КТ или куќи/згради со растурен двор.Нешто како постоечкиот КТ на Марко Цепенков и Момчило Јорданоски (означен со бр.4 од постоечките КТ).

3.Чисто поради непрегледноста и моменталниот хаос на таа раскрсница давам делумно позитивно мислење, ама исто како и претходната не верувам дека ќе е доволен просторот со оглед на Хотел Монтенегрин и новата зграда спроти него кои се буквално залепени до Туристичка/Абас Емин.
Истотака, мислам дека се премногу блиску со планираниот КТ бр.4 кај Охридска Банка - отприлика 200 метри.

4.Туристичка / Македонски Просветители кај Охридска Банка, најмногу сум против поради најголемата фрекфенција на луѓе и возила (влез од правец на Ресен/Битола и од Струга/Кичево/Скопје кон центарот на градот.Овде веќе профилот на Туристичка е 3х3 ленти и скратено средишно зеленило се до раскрсницата кај гимназијата, значи некаде околу 23-24 метри).
Исто и овде мислам дека е недоволен простор и преголема фрекфенција за кружен тек, а семафорите се оптимално решение.Не сакам ни да замислам какви ситуации би биле во летен период за време одење/враќање од плажа.Да не ги занемариме и сообраќајната некултура во земјава и лошите перформанси на КТ во однос на пешаците, а тука секојдневно нивното движење е големо.
Истото мислење и за 5 со напомена дека одма после раскрсницата со Туристичка кај Макси Д е автобуска постојка за Струга и сите села во правец на Битола.Излез од кружен тек па псоле застанување на автобуси би генерирало уште поголем застој од сега.Исто и на постојката за Пештани/Свети Наум + такси постојка + пекарите Жито Леб и Игор и трафиките доста возила го кочат сообраќајот.Предвидувам и застанување среде КТ со оглед на нашата возачка некултура и недостатокот на паркинг простор.
Да напоменам и дека бројот на возила и луѓе е двојно повисок во периодот Јули - Август.

6.Ова е единствено место за кое мислам дека е добро градба на КТ, со оглед дека пробуваа експерименти со семафори (кои никогаш не проработија после првото лето),фрекфенцијата на движење е средно висока - единствен проблем би бил просторот од страната на зградите, од страната на тревнатиот дел е ок.

Сепак во глобала мислам дека проектов е непотребен, а доста побитни места за КТ се заборавени.Особено мислам кај:
-(1)Автобуската од страна на БП Макпетрол,
-(2)раскрсницата кај Крст Џамија (7-Ноември и Марко Несторовски)
-(3)излезот кон Струга по стариот пат кај нас. Далјан (раскрсницата е слободно можам да речам една од најнепрегледните во Македонија).
За бр.8 би било добар КТ со денивелирање, од причина шо ул. Никола Петров Русински е под Железничка и без никаква раскрсница со неа.НП Русински е со се поголема фрекфенција поради големото ниво на градби кон с. Орман и месноста Чекоштина (куќите видливи над надвозникот на излезот).


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-May-2012 at 12:48
Originally posted by Тркало

3.Чисто поради непрегледноста и моменталниот хаос на таа раскрсница давам делумно позитивно мислење, ама исто како и претходната не верувам дека ќе е доволен просторот со оглед на Хотел Монтенегрин и новата зграда спроти него кои се буквално залепени до Туристичка/Абас Емин.
Истотака, мислам дека се премногу блиску со планираниот КТ бр.4 кај Охридска Банка - отприлика 200 метри.
Класика!
Ќе дадат дозвола за нова зграда и просторот ќе се зафати, а потоа ќе им текне дека сакаат таму да прават кружен тек или нешто друго што изискува повеќе простор. Планирањето го прават гледајќи до утре, максимум до задутре.  Roll%20eyes

Слично како тунелот под плоштадот во Скопје. Слушаме жалопојки дека имало објекти кои пречеле за реализација на некое подобро решение, а во меѓувреме се градат и се најавуваат нови објекти кои уште повеќе ќе ја усложнат ситуацијата.



Originally posted by Тркало

За бр.8 би било добар КТ со денивелирање, од причина шо ул. Никола Петров Русински е под Железничка и без никаква раскрсница со неа.НП Русински е со се поголема фрекфенција поради големото ниво на градби кон с. Орман и месноста Чекоштина (куќите видливи над надвозникот на излезот).
Во тој случај би имало компликации врз постоечката клучка со магистралниот пат. Мислам дека сосема доволно е да се направи една полу-дијамантска клучка (може и „паркло“ клучка која би ги обезбедила сите комуникации во таа точка, но сепак останува проблем со постоечката клучка а треба да се искористи и поголема површина, а реално не е неопходно да бидат обезбедени сите движења во таа точка). Еве ја полу-дијамантската клучка што ја предлагам. Ефтино решение кое ќе овозможи комуникација на улицата Никола Русински со булеварот Железничка од источната страна, додека за оние кои одат кон запад (или доаѓаат од запад), комуникацијата ќе остане преку булеварот туристичка и постојната клучка кај магистралниот пат. Со оглед дека оние кои од оваа точка патуваат во западен правец (или доаѓаат од тој правец) би биле многукратно помалку, а грото од нив се патувања на подолги релации, малото кружење нема особено значение:





Posted By: Тркало
Date Posted: 20-May-2012 at 15:39
Originally posted by Cloverstack





Originally posted by Тркало

3.Чисто поради непрегледноста и моменталниот хаос на таа раскрсница давам делумно позитивно мислење, ама исто како и претходната не верувам дека ќе е доволен просторот со оглед на Хотел Монтенегрин и новата зграда спроти него кои се буквално залепени до Туристичка/Абас Емин.
Истотака, мислам дека се премногу блиску со планираниот КТ бр.4 кај Охридска Банка - отприлика 200 метри.
Класика!Ќе дадат дозвола за нова зграда и просторот ќе се зафати, а потоа ќе им текне дека сакаат таму да прават кружен тек или нешто друго што изискува повеќе простор. Планирањето го прават гледајќи до утре, максимум до задутре.  Roll%20eyesСлично како тунелот под плоштадот во Скопје. Слушаме жалопојки дека имало објекти кои пречеле за реализација на некое подобро решение, а во меѓувреме се градат и се најавуваат нови објекти кои уште повеќе ќе ја усложнат ситуацијата.

Раскрсница Туристичка и Абас Емин


(1) Новиот објект (ГП Ремис)



(2) Куќата спроти новиот објект (Римес)

(3) Хотел Монтенегрин

(4) Аголот спроти Монтенегрин, би требало да ја срушат куќава или барем да одземат од дворното место.Од друга страна на нејзино место е планирана уште една зграда, да ја залепат со постојните две паралелно по Абас Емин.

Според залепените објекти и просторот за КТ, ќе речам дека е лудост градба на такво нешто овде!

Originally posted by Cloverstack


Originally posted by Тркало

За бр.8 би било добар КТ со денивелирање, од
причина шо ул. Никола Петров Русински е под Железничка и без никаква
раскрсница со неа.НП Русински е со се поголема фрекфенција поради
големото ниво на градби кон с. Орман и месноста Чекоштина (куќите
видливи над надвозникот на излезот).
Во тој случај би имало компликации врз постоечката клучка со магистралниот пат. Мислам дека сосема доволно е да се направи една полу-дијамантска клучка (може и „паркло“ клучка која би ги обезбедила сите комуникации во таа точка, но сепак останува проблем со постоечката клучка а треба да се искористи и поголема површина, а реално не е неопходно да бидат обезбедени сите движења во таа точка). Еве ја полу-дијамантската клучка што ја предлагам. Ефтино решение кое ќе овозможи комуникација на улицата Никола Русински со булеварот Железничка од источната страна, додека за оние кои одат кон запад (или доаѓаат од запад), комуникацијата ќе остане преку булеварот туристичка и постојната клучка кај магистралниот пат. Со оглед дека оние кои од оваа точка патуваат во западен правец (или доаѓаат од тој правец) би биле многукратно помалку, а грото од нив се патувања на подолги релации, малото кружење нема особено значение:

Се согласувам, подобро решение


Posted By: Pallatino
Date Posted: 04-Jun-2012 at 16:22

Започнува изградбата на кружниот тек на „Туристичка“
    
Во среда, 6-ти јуни , во 12 часот , градоначалникот Александар Петрески , свечено ќе го означи почетокот на изградбата на кружниот тек , кој ќе се гради на пресекот на улицата „АСНОМ“ и Булевар „Туристичка“, кај поранешниот ресторан „ Охридија“.
Изградбата на овој кружен тек , кој е еден од вкупно шесте планирани за изградба кружни текови на булеварот „ Туристичка“ , се очекува да заврши до почетокот на претстојната главна туристичка сезона.


Вчера трчав навака и семафорите беа тргнати, ама немав ни мобилен за да сликам


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Jun-2012 at 00:55
Шест кружни текови долж булеварот Туристичка во Охрид, наместо постојните семафори

Општина Охрид денеска ја започна изградбата на првиот од најавуваните шест кружни текови на булеварот Туристичка. Со планиран надворешен дијаметар од 45 метри, внатрешен од 28 метри и две сообраќајни ленти со вкупна ширина од 8 метри, новиот кружен тек ќе биде оформен на постоечката крстосница помеѓу булеварот Туристичка и улицата АСНОМ, пред спортскиот комплекс „Билјанини извори“. Коловозот на булеварот на овој потег ќе се ревитализира и ќе се постави соодветна сигнализација и осветлување. Инвестицијата е во висина од околу 100.000 евра, а се очекува градежните активности да завршат пред почетокот на главната туристичка сезона. Следен за изградба е предвидениот кружен тек на пресекот на главниот охридски булевар со улицата Бистрица, на влезот на градот од правецот на Скопје.

Според плановите на охридските власти, до крајот на 2012 година ќе се изградат шест кружни текови долж целиот булевар Туристичка, со што ќе се заменат сегашните семафори во центарот на градот, но градежните работи за нив ќе следуваат по завршувањето на летната сезона. Ново сообраќајно решение ќе добијат вкрстувањата со улицата Македонски просветители кај Охридска банка, со улицата Јане Сандански кај гимназијата, со улицата Стив Наумов, како и со улицата Абас Емин. Од локалната самоуправа се надеваат дека со градежниот зафат ќе се подобри безбедноста во сообраќајот и ќе се намали сообраќајниот метеж кој особено се јавува во текот на летната сезона.

 

http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Gradska%20infrastruktura/Ohridski%20soobrakaj/Kruzni%20tekovi%20dolz%20Turisticka%200101.jpg">Почеток%20на%20градежни%20работи%20-%20извор:%20Општина%20Охрид http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Gradska%20infrastruktura/Ohridski%20soobrakaj/Kruzni%20tekovi%20dolz%20Turisticka%200102.jpg">Почеток%20на%20градежни%20работи%20-%20извор:%20Општина%20Охрид

 

http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Gradska%20infrastruktura/Ohridski%20soobrakaj/Kruzni%20tekovi%20dolz%20Turisticka%20mapa01.jpg">Мапа%20на%20идните%20кружни%20текови:%20%201%20-%20Бистрица;%20%202%20-%20Стив%20Наумов;%20%203%20-%20Абас%20Емин;%20%204%20-%20Македонски%20просветители;%20%205%20-%20Јане%20Сандански;%20%206%20-%20АСНОМ

1 - Бистрица; 2 - Стив Наумов; 3 - Абас Емин; 4 - Македонски просветители; 5 - Јане Сандански; 6 - АСНОМ


http://www.build.mk/?p=15713 - #
Објавено на 06.06.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b1%d1%83%d0%bb%d0%b5%d0%b2%d0%b0%d1%80-%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4 - Булевар Туристичка (Охрид) , http://www.build.mk/?tag=%d0%b1%d1%83%d0%bb%d0%b5%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8 - Булевари и улици , http://www.build.mk/?tag=%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Градска инфраструктура , http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Инфраструктура , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d1%80%d1%83%d0%b6%d0%bd%d0%b8-%d1%82%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b8 - Кружни текови , http://www.build.mk/?tag=%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4 - Охрид , http://www.build.mk/?tag=%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4 - Улица Јане Сандански (Охрид) , http://www.build.mk/?tag=%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%b0%d0%b1%d0%b0%d1%81-%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%bd-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4 - Улица Абас Емин (Охрид) , http://www.build.mk/?tag=%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%b0%d1%81%d0%bd%d0%be%d0%bc-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4 - Улица АСНОМ (Охрид) , http://www.build.mk/?tag=%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%b1%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4 - Улица Бистрица (Охрид) , http://www.build.mk/?tag=%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b8-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4 - Улица Македонски просветители (Охрид) , http://www.build.mk/?tag=%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%b2-%d0%bd%d0%b0%d1%83%d0%bc%d0%be%d0%b2-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4 - Улица Стив Наумов (Охрид)

http://www.build.mk/?p=15713


Posted By: Тркало
Date Posted: 07-Jun-2012 at 01:48
Јајцевиден тек

На овие ламели ќе им одземат дел од паркингот...

Оваа зграда лево, нели е премногу залепена до коловозот?

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.

Мислам дека најпаметен потег откако веќе се запнале за јајцевиден кружен тек ќе им беше да земат луѓе од Општина Битола на консултации, нивниот кружен тек кај Дулие и тој сега кај ПФ се/ќе бидат квалитетно изградени.

edit:Моментално 7.6.2012 (18.35) на локалната ТВМ е гостин раководителот на одделението за сообраќај во Општина Охрид и темата е баш ова.Само цело време муабетот е 7 кружни текови ? Истотака и најава за периодични запирања на сообраќајот ако случајно го пробиеле рокот и навлезеле во летната сезона...и пренасочувања по други улици
На прашањето дали се сигурни во проектов со КТ поради слабата сообраќајна култура, типот рече најголем процент од возачите се со возачки дозволи, следствено на ова ги познавале сообраќајните правила и дека то им било гаранција и потврда за успешност на проектот
Немало да одат пошироко од моменталната ширина на Туристичка и др. улици т.е. нивните тротоари и немало да земале дворни места

Друго интересно е неменувањето режим за патнички сообраќај по Кејот, значи ќе гледаме бесни коли и мотори во елемент летово Водителкава го праша:А ако седат родители со деца во кафетериите по кејот, а децата им избегаат во паркот или кон езерото?Одговорот беше дека родителите се криви и инспекциите кои не реагирале за поставување маси на тротоарите.Ама никако не биле тие од Одделението за сообраќај криви со пуштање сообраќај во текот на летото таму.

Ќе забранеле паркирање на кружниот тек до плоштад за сите, вклучително и за жителите од стариот град како до лани.На прашањето како ќе го решиме тој проблем, одговорот е Криви се тие бидејќи просторот за гаражи го пренаменија во кафетерии , плус додадавање смешна изјава дека ако немаш куќа нема да купиш телевизор, алудирајќи на користењето возила на жителите од Варош...без коментар!
Истотака, забрана за движење горе за секакви возила кои не се жители таму.А туристите на лето со смештај некако ги пропушти...

Не се размислувало за катни гаражи, биле непотребни, криви биле на лето само поставувачите на пуканки и слични работи по кејот, па немало место за паркинг Изгледа само кејот им е во мисли за паркинг зона...


Posted By: tomi_z
Date Posted: 10-Jun-2012 at 12:09
Значи бисер до бисер од охридскиов градоначалник и неговите „раководители“... Просто не знам од каде да почнам!

На 10ти јуни почнува со градежни активности, за кои од старт знам дека нема да завршат до септември. Ќе пренасочувале сообраќај..!! Абе, милина една, ќе одам да одморам 10 дена во охрид и ќе се нервирам на секое одење и враќање од плажа, чекајќи во километарски колони!

Браво за градоначалников, браво! Suicide


-------------


Posted By: Тркало
Date Posted: 04-Jul-2012 at 17:31
Привршуваат градежните работи на кружниот тек на „Туристичка“

Привршуваат градежните работи на кружниот тек на пресекот на булеварот „ Туристичка“ и улицата АСНОМ , во близина на Билјанини извори.


Паралелно , се врши и хортикултурно уредување на средишниот простор од страна на екипите при ЈП Охридски комуналец.


Како што беше најавено градежните работи на кружниот тек се очекуваат да завршат пред екот на туристичката сезона.

OhridNews

04.07.2012 12:00 Прочитана е : 1139 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.


Изненадија со времето на изградба (помалку од месец дена), значи се можело и навреме.Пред некој ден чекав 2-3 мин. да влезам во кружниот поради големиот број возила .Среќа доста широки се непознавањата на сообраќајните правила, па некој ме почека да влезам прв...
На семафори максималното време беше 80 секунди.   


Posted By: MGS
Date Posted: 05-Jul-2012 at 13:24
Вчера вечер поминав и мислам дека беше изгребан патот околу кружниов.Изгледа ќе асвалтираат.


Posted By: Тркало
Date Posted: 17-Jul-2012 at 17:23
Првиот КТ е готов, го испробав неколку пати и не сум задоволен.Најсмешно е ова стеснување на лентите и зеленилото пред КТ, па пак проширување поради триаголникот меѓу двете ленти пред КТ.Мислам дека лентите во КТ се потесни од лентите на улицата...вака набрзина во Пеинт начкрапано (исто како и изградбата на КТ :


Posted By: BOJAN
Date Posted: 17-Jul-2012 at 17:49
Originally posted by Тркало

Првиот КТ е готов, го испробав неколку пати и не сум задоволен.Најсмешно е ова стеснување на лентите и зеленилото пред КТ, па пак проширување поради триаголникот меѓу двете ленти пред КТ.Мислам дека лентите во КТ се потесни од лентите на улицата...вака набрзина во Пеинт начкрапано:


Не ми е јасно ниту на мене зошто е стеснувањето пред влезот во кружниот тек, тоа е сметам дека е голема грешка, мислам дека поприлично го успорува сообраќајот. Втората грешка е што не се промени асфалтот по булеварот Туристичка од овој кружен тек до раскрсницата кај гимназијата.


Posted By: MGS
Date Posted: 18-Jul-2012 at 13:21
Па уште и бапнале реклама на влезот во Охрид дека градат кружен тек.Аман...


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 18-Jul-2012 at 17:15
Стеснувањето е поради тоа што самиот круг е премал и не одговара на ширината на булеварот. Очигледно зградата е преблиску до кружниот и поради неа имаме ваква импровизација.


Posted By: Тркало
Date Posted: 19-Jul-2012 at 00:19
Originally posted by <Fresno>

Стеснувањето е поради тоа што самиот круг е премал и не одговара на ширината на булеварот. Очигледно зградата е преблиску до кружниот и поради неа имаме ваква импровизација.


Го спомнав истото уште пред изградбата, ама се поуверен сум дека сите општински и централни власти го пратат форумов и одат контра

Ваква ситуација значи ќе имаме и кај Охридска Банка и кај Абас Емин (згради уште поблиску до улицата, скоро залепени)?


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 19-Jul-2012 at 02:56
Штета што старите народни мудрости и поуките од нив не се почитуваат. Во дадениов случај се повторува поуката од следанта народна мудрост: "Со сила убавина не бидува"


Posted By: MGS
Date Posted: 19-Jul-2012 at 12:32
Баш така.Инаку ако стварно се одлучат да градат кружен тек на таа рскрсницата кај пазарот и кај семафорите пред Охр.Банка и Гимназијата,е тек тогаш ќе ја усерат работата на големо.


Posted By: MGS
Date Posted: 19-Jul-2012 at 12:47
http://www.ohridpress.com/izb%D0%BE%D1%80/%D0%BEch%D1%80id%D1%81ki-k%D1%80uzh%D0%B5n-t%D0%B5k-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D0%BEb%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D0%B5ts

Охридски кружен тек (со сообраќаец)

„Генијалните“ охридски сообраќајни решенија и ова лето се вистинско „мезе“ за македонските медиуми.

Последното од нив, кружниот тек кај поранешна „Охридија“ е вистински хит на интернет по објавената фотографија на која се гледа сообраќаец како го регулира сообраќајот на истиот. Според порталот, веројатно ова е единственото место на светот каде сообраќајот на кружен тек е регулиран од сообраќаец.

Неодамна „се прославивме“ и со бетонските топки на градскиот кеј, каде едно лице веќе се повреди.


Posted By: Тркало
Date Posted: 21-Jul-2012 at 17:28





http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=44621 - Извор: ohridnews.com




Posted By: Тркало
Date Posted: 05-Aug-2012 at 21:49
Не можев да го најдам подфорумот за вандализми, па нека е овде или нека го префрлат модераторите.

Со возило преку кружниот тек

Нецел месец откако беше ставен во функција кружниот тек во близина на спортскиот центар „Билјанини Извори„ и откако Ј.П.„Охридски Комуналец„ хортикултурно го уреди просторот, деновиве истиот е делумно оштетен од страна на непознати сторители.


- Најверојатно со џип поминале низ тревната површина, при што е уништено сезонско цвеќе и неколку украсни дрвца, а исто така се искршени и неколку украсни ќупови. Нашите екипи веднаш ги санираа штетите и засадени се нови садници, но се прашуваме каков впечаток ќе остави овој немил настан кај многубројните туристи, велат од јавното претпријатие.




Оттаму апелираат надлежните да преземат мерки за пронаоѓање на сторителите.

OhridNews

05.08.2012 14:10
Прочитана е : 3060 пати
Bookmark and Share

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.


Posted By: mirko
Date Posted: 07-Aug-2012 at 01:13
Zosto sluzi trotoarov okolu kruzniov tek a od mikade nema pesacki kon kego ? Nikogas ne sum videl vakvo nesto?


Posted By: N23
Date Posted: 07-Aug-2012 at 12:19
Originally posted by mirko

Zosto sluzi trotoarov okolu kruzniov tek a od mikade nema pesacki kon kego ? Nikogas ne sum videl vakvo nesto?


И во Скопје, на кружниот кај Католичка има тротоар на самиот кружен а пешачки нема.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: gjoko
Date Posted: 07-Aug-2012 at 16:14
исто е и во Кичево.вероватно е поради запазување на радиусот на кривината,а да не се наруши видикот со цвеќарник


Posted By: kultuzin
Date Posted: 07-Aug-2012 at 22:17
Originally posted by gjoko

исто е и во Кичево.вероватно е поради запазување на радиусот на кривината,а да не се наруши видикот со цвеќарник


Не те разбрав што сакаш да кажеш, првиот дел од реченицата ти е точен но зголемување на радиусот не е поради цвеќарник и видик туку за возила кои неможат да го запазат зададениот радиус со улицата, се мисли на камиони и автобуси.


Posted By: gjoko
Date Posted: 07-Aug-2012 at 23:35
делот како тротоар вероватно се поставува за да се зголеми радиусот на кривината за да можат да вртат и камиони и автобуси,а се ставаат коцки бидејќи ако се стави нешто како тревник или место за цвеќина би го попречиле видикот на тие што наидуваат непосредно од лево или десно.кичевскиот пример дава подобра слика зошто крајниот дел се изведува како низок тротоар(за жал се најдува само оваа слика)



Posted By: kultuzin
Date Posted: 08-Aug-2012 at 21:13
Originally posted by gjoko

делот како тротоар вероватно се поставува за да се зголеми радиусот на кривината за да можат да вртат и камиони и автобуси,а се ставаат коцки бидејќи ако се стави нешто како тревник или место за цвеќина би го попречиле видикот на тие што наидуваат непосредно од лево или десно.кичевскиот пример дава подобра слика зошто крајниот дел се изведува како низок тротоар(за жал се најдува само оваа слика)



Ѓоко пак не можам да те разберам , како ќе вртат камионите и автобусите по цвеќарници и тревници????


Posted By: gjoko
Date Posted: 08-Aug-2012 at 23:55
оној дел каде што е бекатонот,мора да остане низок,се со цел да не се наруши видикот на тие од спротива.на пример со кружниот низ Кичево,доколку средишниот дел каде се засадуваат цвеќина се прошири и на делот каде е бекатонот,многу ќе се намали видикот.за да не дојде до тоа,надоврешниот прстен се прави понизок,бидејќи мора да се задржи зададениот радиус на кривина.

еве во случај на кичевскиот кружен тек,доколку на местото на надворешниот прстен се надогради средниот дел,ќе се запази радиусот на кривина,но видикот ќе биде значително намален




Posted By: Тркало
Date Posted: 02-Mar-2014 at 18:09
Originally posted by MGS

Баш така.Инаку ако стварно се одлучат да градат кружен тек на таа рскрсницата кај пазарот и кај семафорите пред Охр.Банка и Гимназијата,е тек тогаш ќе ја усерат работата на големо.


Најтрагично е шо се смени Петрески, ама планот остана.Така гледам во ‘отчетот‘ на новиот градоначалник.Додуша ова е со ЌЕ, ама ‘отчет‘ е


Posted By: daci92
Date Posted: 02-Mar-2014 at 18:22
Не сум го видел постот од МГС ,би сакал да го прашам зашто ќе ја усерат работата ако таму се изградат кружни текови ?
Не ја знам состојбата на сообраќајот на тие две раскрсници преку година ,но во летните периоди има прилично гужва, која мислам дека со убав кружен тек би се решил тој проблем.


Posted By: Тркало
Date Posted: 02-Mar-2014 at 21:48
Originally posted by daci92

Не сум го видел постот од МГС ,би сакал да го прашам зашто ќе ја усерат работата ако таму се изградат кружни текови ? Не ја знам состојбата на сообраќајот на тие две раскрсници преку година ,но во летните периоди има прилично гужва, која мислам дека со убав кружен тек би се решил тој проблем.



Кружниот тек кој го изгради бившиот градоначалник беше со дијаметар помал од ширината на булеварот, а не беше можно да го изградат поширок поради близината на зградите.Поради ова имаше стеснување (кратење на зелениот појас меѓу коловозот) пред влезот на КТ.
Па летото имаше комични ситуации од типот - http://brkajrabota.mk/zabava/foto-na-denot/16873-foto-na-denot-ohridski-kruzhen-tek - сообраќаец регулирал кружен тек во Охрид.
Ова во тек на летниот период, надвор од него сообраќајната некултура е во полн израз и често е причина за сообраќајни несреќи, дури и почесто од порано.З‘ш сега мислат дека можат и низ тревникот во кружниот да поминат.

Да не испаднам дека продавам памет со муабетов, Охриѓани најдобро ќе сетат колку е лошо кај Охридска Банка https://www.google.com/maps/dir/%D0%9E%D0%A5%D0%A0%D0%98%D0%94%D0%A1%D0%9A%D0%90+%D0%91%D0%90%D0%9D%D0%9A%D0%90+Societe+Generale+Group+-+%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B0,+Boulevard+Macedonian+Educators+19,+Ohrid+6000,+Macedonia+%28FYROM%29/Montenegrin,+BB,+Boulevard+Turistichka,+Ohrid+6000,+Macedonia+%28FYROM%29/@41.1175095,20.7997176,300m/data=!3m2!1e3!4b1!4m13!4m12!1m5!1m1!1s0x1350dca21eb2527d:0xc5631d42ec168c49!2m2!1d20.80129!2d41.117391!1m5!1m1!1s0x1350dca2718df77f:0x6a7d6028c560763f!2m2!1d20.799666!2d41.118056?hl=en - (и на 200 метри подолу) да изградат кружен тек, сепак ние сме тука преку цела година.Исто и на уште петте локации до влезот на градот.За промена градските фаци можат да го осветлат истиот, а не само да се фалат дека го средиле влезот.Пак ќе повторам - нов градоначалник, иста приказна.


Posted By: gjoko
Date Posted: 02-Mar-2014 at 23:33
делот од кај Минимарекетот до Охридска банка е страшно неосветлен.Пред некоја ден возев при дожд и ништо не се гледаше.А за жал доказ беше збришан бициклист кај пазарчето кој мислам и дека не го преживеа ударот.

туристичка мора под хитно добро да се осветли


Posted By: Тркало
Date Posted: 03-Mar-2014 at 00:31
Ѓоко,и делот од ОБ до раскрсницата со Стив Наумов, а некогаш и до Окта бензинската.Не знам дали беше и влезот од кај Кичево осветлен, последниве дена целосно беше мрак.




Туристичка беше интересна и некаде периодот ноември, горе над зелениот појас инсталираа систем за наводнување (или подобро кажано ‘го обесија‘ помеѓу светилките) и на секој послаб ветар цевката се нишаше па беше доста интересно и лизгаво по лентите до зелениот појас.



Print Page | Close Window