Print Page | Close Window

✔ Улица Есенинова

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=4532
Printed Date: 28-May-2024 at 01:31


Topic: ✔ Улица Есенинова
Posted By: stef4o
Subject: ✔ Улица Есенинова
Date Posted: 03-Nov-2016 at 16:22
ПРЕКУ "ЕСЕНИНОВА", ДИРЕКТНО ОД КИСЕЛА ВОДА ДО АЕРОДРОМ

Новата улица "Есенинова" ќе почнува од булеварот "Борис Трајковски", 150 метри по зградата "Пегла", ќе минува покрај железничката пруга, кај амбулантата "Пролет", ќе ја пресече "Трета македонска бригада" и ќе се спои со булеварот "Никола Карев", покрај Транспортниот центар

Кисела Вода и Аеродром ќе се поврзат со нова улица. Град Скопје в година ќе стартува со реализација на проектот за пробивање и изградба на сообраќајницата, која треба да го растовари сообраќајот околу Тутунскиот комбинат. Новата улица "Есенинова" ќе почнува од булеварот "Борис Трајковски", 150 метри по зградата "Пегла", ќе минува покрај железничката пруга, кај амбулантата "Пролет", ќе ја пресече "Трета македонска бригада" и ќе се спои со булеварот Никола Карев покрај Транспортниот центар.
"Оваа улица ќе биде скратен пат за поврзување на населбата Кисела Вода со Аеродром. Со тоа, во голема мера ќе се намали метежот на крстосницата кај Тутунски комбинат. Оваа раскрсница ќе ја користат граѓаните што ќе се движат кон центарот на градот, додека оние што одат кон Кисела Вода ќе ја користат новата улица 'Есенинова'", вели градоначалникот Коце Трајановски.
За изградба на улицата веќе се расчистени имотно-правните односи на трасата. Како што објаснува градоначалникот Трајановски, најголем проблем за изградба на "Есенинова" бил резервоар за вода, сопственост на "Империјал-тобако", кој се наоѓал на трасата. Постојниот резервоар за вода ќе се дислоцира, односно на сметка на Град Скопје ќе бидат изградени подземни бунари со линиски системи.
Тендерот за изведувач на новата улица ќе се распише в година, а за овој проект, во буџетот за 2017 година предвидени се 30 милиони денари. (А.А.)

http://www.vest.mk/?ItemID=29E204DB878C2644818794B100048616



Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Nov-2016 at 07:35
НОВА УЛИЦА ЗА ДИРЕКТНА ВРСКА КИСЕЛА ВОДА - АЕРОДРОМ

Кисела Вода и Аеродром ќе се поврзат со директна сообраќајница. Двете општини ќе ги спојува новопроектирана улица, која е именувана како „Есенинова“. Градските власти веќе преземаат активности за проектот да се реализира и на терен. Улицата е предвидена со ГУП, речиси се расчистени имотно-правните односи на дел од земјиштето каде што ќе се гради, а се решаваат и други придружни пречки.

Од Градот објаснуваат дека, всушност, станува збор за нова сообраќајница, продолжение на веќе постојната, која треба да се пробие од булеварот „Борис Трајковски“, 150 метри по зградата во изградба наречена „Пегла“, па се' до „Трета македонска бригада“ кај Транспортниот центар. Оваа улица, практично, треба да претставува скратен пат од Кисела Вода кон Аеродром и обратно. Ќе минува покрај железничката пруга покрај амбулантата „Пролет“, ќе ја сече улицата „Трета македонска бригада“ и ќе се спои со булеварот „Никола Карев“ покрај Транспортниот центар.

„Оваа улица ќе биде скратен пат за поврзување на населбата Кисела Вода со Аеродром. Со тоа, во голема мера ќе се намали метежот на раскрсницата кај Тутунски комбинат. Оваа раскрсница ќе ја користат граѓаните кои ќе се движат кон центарот на градот, додека оние што одат кон Кисела Вода, ќе ја користат новата улица ’Есенинова’“, вели градоначалникот Коце Трајановски.

На презентацијата на нацрт-буџетот за 2017 година тој најави дека за улицата се предвидени 30 милиони денари. Планирано е тендерот за изведувач на новата улица да се распише до средината на идната година.

Инаку, како што објасни Трајановски, најголем проблем за изградба на „Есенинова“ бил резервоар за вода, сопственост на „Империјал-тобако“, кој се наоѓал на трасата. Договорено е резервоарот да се дислоцира, односно на сметка на Град Скопје да бидат изградени подземни бунари со линиски системи. За таа цел, неодамна и Советот на Град Скопје донесе одлука за дислокација на еден резервоар за вода.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=0B22CF8FF573E541AE7500F7D963F8EA - http://www.utrinski.mk/?ItemID=0B22CF8FF573E541AE7500F7D963F8EA

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Nov-2016 at 18:37

многу, многу утната траса за толку битно поврзување... претпоставувам тука им било најлесно поради имотите и едноставност на теренот... ама ако расксницата од оваа улица се наоѓа на 200 метри од таа кај тутунски, поарно да не ни арчат пари на нејзе, затоа што ќе биде бескорисна а метежот и вака и така ќе остане

метеж нема да има само ако улицава се поврзе со раскрсницта кај тобако 2, или уште подобро, со булевар Авној што и онака треба да се поврзе со Гоце Делчев, што е многу покомплицирано, ама па придобивските се огромни, за разлика од некоја крпеница кај тутунски, што ќе функционира ако се донесе сообраќајно решение за вкрстувањата во тој регион, ама кога ќе видиш, со такво решение нема ни да има потреба од „расчистување на метежот кај тутунски“

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: fichot
Date Posted: 03-Dec-2016 at 21:39

Шузнам, мислам дека е ок ова решение. Гледај на тоа не само како врска КВ-Аеродром туку и КВ-Чаир/Автокоманда. 

Поврзување со бул. АСНОМ (мислам дека долго време се вика?) ми е нелогично, пошто ја го дека е бул. Србија.. а тобако 2 ок ама само за врска со Аеродром.

Моментално сите кои од Аеродром одат кон Центар и КВ (и обратно) завршуваат кај тутунски, вака ќе се поделат.. башка што треба да се прави и оној голем кружен таму што секако ќе го влоши сообраќајот на одредено време. 



Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Dec-2016 at 14:03

не велам дека е нешто катастрофално, туку дека треба да биде дел од поголемо сообрќајно решение во овој регион, односно раскрсницата кај тутунски... дали ќе бидат тоа кружни текови, едносмерни улици, клучка или нршто друго, за тоа си постојат стручни луѓе, ама секако во околината треба се што може да се испоруши и да се почне на чисто

инаку уште полошо е ако во едно тесно грло спојуваш неколку населби одеднаш. гледаш на тоа не помислив

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Feb-2020 at 07:47
Исто така се најавува пробивање на Есенинова,за поврзување на Аеродром со Кисела Вода,но ме интересира која е трасата...каде ќе излегува таа улица во Аеродром на 3-та Македонска бригада??....дали ул.Борис Кидрич која треба да се гради во Мичурин има некаква поврзаност со проектов?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Feb-2020 at 08:13
Есенинова треба да се поврзува кај ул. Никола Карев.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 12-Feb-2020 at 16:59
Трасата на Есенинова во ГУП-от
Дали Градот размислува за пробивање улица или булевар?


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Feb-2020 at 17:19

Најверојатно улица,нема баш многу најави за овој проект прашање е дали навистина ќе се реализира...


Posted By: Théoden
Date Posted: 12-Feb-2020 at 17:36
Според ДУП треба да биде улица со 4 ленти. Не би требало да биде проблем да се реализира во овој профил од „Никола Карев“ до „Жил Верн“, каде ќе се почне со работа од нула, но не верувам дека ќе се проширува сегашната улица додека не се изградат сите маркички во тој четврт и не се ослободи простор, што би значело дека дотогаш пробивањето на улицава би имало половичен ефект.



Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Feb-2020 at 17:33
Во Кисела Вода ќе се градат два парка, а ќе се пробива и улицата „Есенинова“

– Тема на дискусија беше и барањето на граѓаните за пробивање на улицата „Есенинова“. Таа е во план да се пробие оваа пролет. Ќе биде во должина од 600 метри, од крстосницата со булевар „Трета македонска бригада“ до крстосница со булевар „Борис Трајковски“. Оваа улица треба да функционира како скратен пат од Kисела Вода кон Аеродром, Гази Баба и обратно – објасни Шилегов.

https://www.vecer.press/во-кисела-вода-ќе-се-градат-два-парка-а/


Posted By: alexsend
Date Posted: 26-Feb-2020 at 19:19
Оваа пролет. Знае дека пролет доаѓа за 1 месец и трае 3 месеци така...
Ај и ова чудо да го видам
Стискам палци.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-May-2020 at 08:37
Во градежните зафати најавени за ова лето од Град Скопје е споменато и пробивање на ул.Есенинова па ме интересира од каде до каде ќе се протега оваа улица и дали всушност ќе се спојува на Трета Македонска Бригада(каде што посочувам на долниот извадок) или грешка сум?...дали на трасата има објекти за рушење?



Posted By: daci92
Date Posted: 18-May-2020 at 09:22
Есенинова според сеќавање треба да се протега од Алфа Банка (раскрсницата кај Чешма) до раскрсницава на Трета Македонска Бригада.
Објекти за рушење има, овој што е на преден план од десна страна на сликата (бидејќи се спојува баш на раскрсница) и во заден план бараки кој на сликава не се гледаат. Мислам дека има и неколку домови попатно покрај железничкиот насип бидејќи оди паралелно со него. Погледни ГУП.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-May-2020 at 09:25
Затоа и прашав бидејќи претпоставував дека има објекти за рушење од другат страна кај железничкиот насип има неколку куќи само помислив случајно да не ќе го рушат објектов на поликлиникава или центар за јавно здравје што и да е...овој проект малку се издвојува од другите кои се сведуваат на обични реконструкции па се надевам дека по долги години ќе се реалзиира


Posted By: Théoden
Date Posted: 18-May-2020 at 10:54
Прашање е и каков профил ќе има „Есенинова“. Според плановите треба да биде 2х2 ленти во еден коловоз, што и единствено има логика ако веќе се пробива, но тоа ќе бара проширување на постоечкиот сегмент и доста експропријација, што ме прави песимист за проектов.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 18-May-2020 at 13:48
ЦЈЗ Пролет нема да се руши. Треба да се сруши бараката десно од него, околу осум куќи помеѓу Тутунски Комбинат и пругата и еден ред со околу 10 куќи и згради или лево или десно од веќе постоечката „Есенинова“ (доколку го изведат проектот како што треба, со 2+2 ленти, без средишно зеленило).

Во https://skopje.gov.mk/media/4879/prezentacija-osnoven-i-budjet-na-krediti-2020.pdf - Презентацијата на основниот буџет на Град Скопје (кој подоцна претрпе измени, во февруари и април), предвидени се 20 милиони денари (324 илјади евра) за „изградба на улица (!) Есенинова и подземни бунари со линиски системи“ и 65+15 милиони денари (1.29 милиони евра) за „експропријација на земјиште за изградба на улици“ и „надомест за одземен имот за изградба на улици“ вкупно, од нив најголем дел би требало да се за Ќерамидница.

https://skopje.gov.mk/media/4911/strategija-za-lokalen-ekonomski-razvoj-na-grad-skopje-so-akcionen-plan-period-2018-2021.pdf - Стратегијата за локален економски развој на Град Скопје 2018-2021 споменува цифра од 70 милиони денари (1.13 милиони евра) во периодот 2018-2020 за „реализација на проект за изградба на дел од улица Есенинова и подземни бунари со линиски системи“, а за 2018-2019 споменува „Реализација на основен сообраќаен проект за режим на сообраќај на дел од улица „Есенинова“ на потег од крстосница со булевар „3-та Македонска бригада“ до крстосница со булевар „Борис Трајковски“ поради изградба и сообраќајно уредување на улицата.“

Улицата мапирана на Google Earth; основ е сообраќајниот ГУП од 2001, а јас малку го видоизменив проектот (па сега свиокот почнува на крајот од веќе постоечката улица, не низ куќите) за да одговара на реалната ситуација. Ме интересира како ќе ја решат раскрсницата на „Борис Трајковски“.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: user8642
Date Posted: 18-May-2020 at 19:25
Здраво

На катастар ви се јавни податоците за траси на улици за Град Скопје, ГУП-от е суперпониран врз сателистска снимка. Еве ви ја есенинова подоле, можете да си ги извадите дургите. Башка, може да се следи до каде е експропријацијата и на други објекти, моментот кога ќе се впишат во државна сопственост идните траси.

Што се однесува до Есенинова на едната слика се гледа дека не се екпропреира според ГУП, туку претпоставувам дека градските служби одат по инфрстструктурниот проект, друго објаснуење немам според линииве. Наместо 18м профил идат на 12м и ленти и тротоари, така да да не бидам песимист, ама мислам дека нема да видиме 4 ленти на Есенинова, ќе остане сокаче.

Само за напомена, прв пат проектов "активно влезе" во реализација 2009та уште тогашните општински власт се силеа дека ќе биде "кај и да е, за некој месец". Затоа се плашам дека и ова е само предизборна доза галама, додека не видам на лице место, не верувам!

https://ibb.co/mTqZpX2">

https://ibb.co/vL4JvPH">


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 18-May-2020 at 20:00
Толку време окапав на OSSP, појма немав дека може да бираш што да прикаже. Фала многу Ќе ми помогне за 108-та верзија на сообраќајната мапа.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: user8642
Date Posted: 18-May-2020 at 20:11
Aaa ja go iam svrteno, do kaj glavniot. Mislev deka sum samo ja budala shto visi po vakvi sajtovi , so ogled na fenomenalnoto nivo na javen interes koj se pokazuva u NMK za ovakvi temi kako shto se tretiraat ovde!


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 18-May-2020 at 20:18
Не сме на регистарска табличка, како што пропишува Конечната спогодба од 2018
Да не имаш некакви информации за внатрешниот прстен и Љубљанска?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: user8642
Date Posted: 18-May-2020 at 20:34
информации имам, колку што можам да испособерам од македонскиот институционален dark-web или deep-web, не знам како да го наречам тој е еден меѓу-простор, црвоточина, транс-реалност, меѓу уредни интернет сајтови на макеоднски институции и на другата страна забаталени избагирани и неажурни сајтови на кои можда понекогаш и може да се ископа некој фајл во системски формати или пдф-ки кои случајно им залетале или ги заборавиле па ги има по интернет.

Ако прашањето беше дали сум "инсајдер", не сум! само одговорен и заинтересиран граѓанин дојден при крај со нервите


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 19-May-2020 at 01:19
Originally posted by zabegan


многу, многу утната траса за толку битно поврзување... претпоставувам тука им било најлесно поради имотите и едноставност на теренот... ама ако расксницата од оваа улица се наоѓа на 200 метри од таа кај тутунски, поарно да не ни арчат пари на нејзе, затоа што ќе биде бескорисна а метежот и вака и така ќе остане

метеж нема да има само ако улицава се поврзе со раскрсницта кај тобако 2, или уште подобро, со булевар Авној што и онака треба да се поврзе со Гоце Делчев, што е многу покомплицирано, ама па придобивските се огромни, за разлика од некоја крпеница кај тутунски, што ќе функционира ако се донесе сообраќајно решение за вкрстувањата во тој регион, ама кога ќе видиш, со такво решение нема ни да има потреба од „расчистување на метежот кај тутунски“

Тешко тоа, би се создале многу нелогични и тешки траси. Сегашниот план не е лош.


Доколку се изгради Есенинова (пожелно 2+2), следен проект на Градот во овој дел би требало да биде поврзување на Михаил Чаков со Трета Македонска Бригада (2+2 или 1+1; или директно на Фрањо Клуз, или преку косата улица), со што Кисела Вода и Аеродром би биле адекватно поврзани. Во подалечна иднина би можело да се размислува за продолжување на Васко Карангелески (1+1), ама некому му текнало згради да прави таму. Реално, од овој поскап зафат, пред сѐ поради депото, нема потреба, ниту пак е планиран со ГУП-ови, ДУП-ови, катастри, политики, барања...


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jun-2020 at 16:22


https://www.facebook.com/koce.trajanovski/videos/267397191281271/?eid=ARBHIPVFDH_N72Emrl8ZhJyExp6BGs3F-3hMpgM2mFRxeJQM-k1OoeHwq6EBW44VG4Od3EnH9NXN--VI

https://www.facebook.com/koce.trajanovski/videos

....
Последен пат кога минував по трасата каде треба да се пробива улицата пред околу 2 недели немаше никакви знаци дека наскоро ќе отпочнат градежни активности.Објектите кои треба да се уриваат сеуште стојат вселени така да би било чудо ако ова лето дочекаме да почне изведбата која беше најавена за овогодиншената летна градежна офанзива.
Само ме интересира од каде ќе започнува улицава дали ќе има поврзување со делот од бул.Борис Трајковски каде исто така има објекти за уривање или почнува негде зад Флетајронот...?


Posted By: user8642
Date Posted: 10-Jun-2020 at 17:04
Шилегов во неколку наврати јасно има кажано дека проекти не започнуваат без завршена експропријација, а тука уште не е завршена. Изборите ги одлагаат сите исплати по тој основ заради опасност да се искористи ескпропријацијата за купување гласови и се стои за до после избори.

Овој проект прв пат почна да се спомнува поактивно 2008/2009 и од тогаш навака се осилуваат градоначаници градски/општински и ќе го спомнат само по еднаш двапати во мандат и толку е. Затоа и сум скептик голем дека од ова може да биде нешто, мислам дека е само редовно предизборно спомнато. Па и тука има далековод што смета меѓу трафостаницата кај Тутунски и Пролет амбулантата. Они за ХТ-КАрпош, толкав булевар ,не го поместија далеководот, па тука за споредна улица сигурно нема да мрднат. Очекувајте уште еден веле-слалом во Скопје!

https://ibb.co/CM0Hfhd">

https://ibb.co/9823wLh">


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Jul-2020 at 12:46
Што се има на трасата,чинам ќе остане работава за некој следен мандат на локалните власти,еве летово веќе изминува а нема знаци на било каква активност











Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Aug-2020 at 11:55
Улицата Есенинова ќе го скрати кружењето околу Тутунски комбинат



Екипите на Град Скопје денеска почнаа со изградба и пробивање на улицата Есенинова, која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар, односно булеварите Борис Трајковски и Трета македонска бригада.

– Со овој коридор ќе се намали притисокот на раскрсницата кај „Тутунски комбинат“ бидејќи директната врска кон поранешното скопско сајмиште за граѓаните ќе значи многу побрзо патување и кратење за повеќе од десетина минути од времето потребно за движење, а ќе се намали и метежот во сообраќајот. Со тоа, ќе влијаеме на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на градежните работи на улицата Есенинова.

Новоизградената улица Есенинова ќе биде долга 730 метри, со променлива ширина, односно, ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во Трета македонска бригада. Предвидено е да се постави улично осветлување со 20 столбови, нова водоводна и канализациска мрежа и да се дислоцираат постојните резервоари и бунари кои се наоѓаат на таа локација. Вредноста на договорот изнесува околу 71 милион денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 22 месеца.

Булеварот Трета македонска бригада со должина од 2,5 километри има само две поврзувања со Кисела Вода, едното преку булевар Србија со булевар Борис Трајковски, а второто, познатото тесно грло кај „Тутунски комбинат“, кое воедно претставува поврзување на Аеродром и со Кисела Вода и со Центар.

Со изградбата на Есенинова, ова тесно грло во сообраќајот ќе се растовари, ќе се скрати кружењето околу „Тутунски“, кое во периодите на најголемиот сообраќаен метеж трае од 5 до 10 минути. Ова ќе го почувствуваат и граѓаните кои патуваат од „Континентал“ во Гази Баба до Рампа и Чешма во Кисела Вода, а кои избегнувајќи го тесното грло кај „Тутунски“ кружат или преку булевар Србија во Аеродром или преку булеварите Крсте Мисирков и Кочо Рацин во Центар.

Така на пример, од Чешма до „Континентал“ ако сега се патува 3 километри преку Центар или 8 километри преку Аеродром, преку трасата Есенинова – Никола Карев – Беласица ќе се патува само 2 километра. Изразено во време, тоа на граѓаните им заштедува од 10 до 15 минути.

Шилегов денеска најави интензивирање на градежната офанзива на Град Скопје. До крајот на годинава ќе почне реконструкција и изградба на над 20 сообраќајници во сите 10 скопски општини во вредност од околу 760 милиони денари во тековната и идната година.

– Ги замолувам скопјани за малку трпение. Веќе знаете дека е сменет начинот и режимот на работа на Градот, ќе бидеме и брзи и квалитетни. Секои градежни работи предизвикуваат пореметување на секојдневието, па поради тоа замолувам да се почитуваат новите сообраќајни режими кои ќе бидат воведувани во градот почнувајќи од денешниот ден – додаде Шилегов.

https://plusinfo.mk/ulicata-eseninova-e-go-skrati-kruzhe-eto-okolu-tutunski-kombinat/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Aug-2020 at 12:30
ПОЧНА ПРОБИВАЊЕТО НА ДОЛГООЧЕКУВАНАТА УЛИЦА ЕСЕНИНОВА
Екипите на Град Скопје денеска почнаа со изградба и пробивање на улицата Есенинова, која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар, односно булеварите Борис Трајковски и Трета македонска бригада.
- Со овој коридор ќе се намали притисокот на раскрсницата кај „Тутунски комбинат“ бидејќи директната врска кон скопското сајмиште за граѓаните ќе значи многу побрзо патување и кратење за повеќе од десетина минути од времето потребно за движење, а ќе се намали и метежот во сообраќајот. Со тоа, ќе влијаеме на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на градежните работи на улицата Есенинова.
Новоизградената улица Есенинова ќе биде долга 730 метри, со променлива ширина, односно, ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во Трета македонска бригада.
Предвидено е да се постави улично осветлување со 20 столбови, нова водоводна и канализациска мрежа и да се дислоцираат постојните резервоари и бунари кои се наоѓаат на таа локација. Вредноста на договорот изнесува околу 71.000.000 денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 22 месеца.









https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Aug-2020 at 12:56
Почна пробивањето на улицата „Есенинова“ – од Рампа ќе излезе кај амбулантата Пролет

Со реконструкцијата и доградбата на улицата „Есенинова“ во општина Кисела Вода, Град Скопје го почнува градежниот бум кој ќе следува наредните месеци. Ова го најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на почетокот на работите на пробивањето на новиот коридор кој досега не постоеше во нашиот град, а кој ќе поврзе три општини.

– Пробивањето на „Есенинова“ ќе претставува директно поврзување на оваа општина со општините Аеродром и Центар. Новата сообраќајница ќе има четири коловозни ленти со по две велосипедски и пешачки патеки. Улицата ќе излегува кај амбулантата Пролет што значи дека ќе имаме директна конекција меѓу општините Кисела Вода и Центар, а индиректно и општините Аеродром и Гази Баба – истакна Шилегов.
Реконструкцијата и доградбата ќе опфати 800 метри за што ќе бидат потрошени 70 милиони денари, а новиот коридор очекува да биде готов до средината на наредната година.

– Со овој коридор, според анализите направени во градот, ќе се намали притисокот на раскрсницата кај тутунски комбинат, а бидејќи конекцијата што ја имаме директно кон поранешното скопско сајмиште е за граѓаните на Кисела Вода, за граѓаните на Центар и на Аеродром ќе значи многу побрзо патување, кратење за повеќе од десетина минути на времето потребно за движење, но и ќе ги намалиме метежите во градскиот сообраќај со што очекувам и дека ќе влијаеме и на подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух – рече Шилегов.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски истакна дека со овој градежен зафат на жителите на општина Кисела Вода ќе им се реши еден од крупните проблеми кои ги имале во минатото, полесно ќе може да комуницираат со останатиот дел од градот и полесно ќе стигнуваат до општините Аеродром и Центар.

– Улицата „Есенинова“ ќе биде долга 730 метри, со променлива ширина, односно, ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во „Трета македонска бригада“. На истата предвидено е да се постави улично осветлување со 20 столбови, нова водоводна и канализациска мрежа, а и да се дислоцираат постојните резервоари и бунари кои се наоѓаат на таа локација – истакна Темелковски.

Улицата „Есенинова“ е од огромно значење за жителите на Кисела Вода, Аеродром и Центар, затоа што претставува трето поврзување на урбаните делови на Аеродром и Кисела Вода.

Булеварот „Трета македонска бригада“ со должина од 2,5 километри има само две поврзувања со Кисела Вода, едното преку булевар „Србија“ со булевар „Борис Трајковски“, а второто, познатото тесно грло кај „Тутунски комбинат“, кое воедно претставува поврзување на Аеродром и со Кисела Вода и со Центар. Со изградбата на „Есенинова“, ова тесно грло во сообраќајот ќе се растовари, ќе се скрати кружењето околу „Тутунски“, кое во периодите на најголемиот сообраќаен метеж трае од 5 до 10 минути. Ова ќе го почувствуваат и граѓаните кои патуваат од „Континентал“ во Гази Баба до Рампа и Чешма во Кисела Вода, а кои избегнувајќи го тесното грло кај „Тутунски“ кружат или преку булевар Србија во Аеродром или преку булеварите „Крсте Мисирков“ и „Кочо Рацин“ во Центар. Така на пример, од „Чешма“ до „Континентал“ ако сега се патува 3 километри преку Центар или 8 километри преку Аеродром, преку трасата „Есенинова“ – „Никола Карев“ – „Беласица“ ќе се патува само 2 километра. Изразено во време, тоа на граѓаните им заштедува од 10 до 15 минути – вели Темелковски.

Наредните денови со инвестиција од околу 770 милиони денари Град Скопје ќе се почне со изградба на вакви нови коридори, но и реконструкција на посебни коловози на над 23 улици во градот.

(С.Бл.)

https://www.vecer.press/почна-пробивањето-на-улицата-есенин/


Posted By: user8642
Date Posted: 20-Aug-2020 at 16:00
===   Ајде конечно! ===


Posted By: carver91
Date Posted: 20-Aug-2020 at 20:15
– Улицата „Есенинова“ ќе биде долга 730 метри, со променлива ширина, односно, ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во „Трета македонска бригада“. На истата предвидено е да се постави улично осветлување со 20 столбови, нова водоводна и канализациска мрежа, а и да се дислоцираат постојните резервоари и бунари кои се наоѓаат на таа локација – истакна Темелковски.

дали ќе има дрвја или цвеќиња на оваа улица?


Posted By: alexsend
Date Posted: 20-Aug-2020 at 20:27
Ајде со лесно нека е!!!
Ептен овие без било какви најави и психички подготовки

Многу ме интересира што друго ќе започнат со работа деновиве (нели така рече Шилегов), ова било само старт.

Само нели 22 месеци е предолг рок за изградба на 700м булевар на празна локација? Така прочитав дека рокот е 22, но шилегов очекува за 12 месеци. Нели за 22 месеци се градат 25км автопат

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Aug-2020 at 20:37
Се спомнуваат некакви подземни бунари кои треба да се преместуваат незнам дали има и некои други инсталации кои би одзеле повеќе време. За рушење нема премногу објекти ќе видиме како ќе го изведат приклучокот кај амбулантата тука има за рушење и плус далновод кој би дошол доста близу улицата. Инаку нема некој сложен зафат треба да се израмни брдото кај пругата и другото се сведува на формирање на улицата тампонирање и спроведување на потребните инсталации. Искрено ме изненади проектов што од нигде никаде почна да се гради дури чисто се сомневав дека во овој мандат ќе се почне. Инаку под друга градежна офанзива мислам дека се подразбира реконструкција на булевари и улици во надлежност на градот.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 20-Aug-2020 at 22:19
Другите покрупни проекти најавени во април се втората фаза од проширувањето на Пластичарска со кружниот кај Хубо, третата фаза од АСНОМ (низ Ќерамидница), проширување на Македонско-Косовска Бригада (од БиХ до Џон Кенеди), проширување на Борис Трајковски од Пинтија до Драчево, продолжување на Љубљанска со мостот кај Сити Мол и проширување на М.Т.Гологанов кај Клуб на пратеници. Другото се реконструкции на постоечки улици или веќе започнати/завршени проекти (ХТК, Бих фаза 2).

Супер што конечно се почна со улицава, толку време се збори мислев дека ќе остане на празни ветувања. Сабајле кај 8 има ненормална гужва од раскрсницата кај општината, кога огромен број возила од ул. Христо Татачев влегуваат во бул. Борис Трајковски, сѐ до раскрсницата кај Црвен Крст каде се дисперзираат во три правци. Пред 3-4 години еднаш патував 45 минути од општинските бараки до Веро Џамбо. Кога ќе се заврши со Есенинова се надевам ќе продолжат со ул. Михаил Чаков и пробивањето булевар до Раде Кончар. И автобуска траса од Кисела Вода до Радишани и Визбегово преку Есенинова би била добра, иако со БРТ-то првата веројатно би била исклучена.

Од каде е должината од 730 метри за Есенинова? Делот од Борис Трајковски до Трета Македонска Бригада според трасата од ГУП-от е 600 метри и со никакви логични модификации не стига до 730. Се надевам дека планираат пробивање на улицата и од другата страна на бул. БТ, до ул. Киро Крстевски (вкупно ~750 метри според моите пресметки). Подоцна би останале уште 95 м. пробивање нова и 90 м. адаптирање постоечка улица за Есенинова да се спои со Огњан Прица кај Шампионче, со што уште повеќе би се подобрил сообраќајот.


Originally posted by carver91

дали ќе има дрвја или цвеќиња на оваа улица?

Средишно зеленило речиси сигурно ќе нема. Од страните би требало да насадат некое дрво, има место за супер парк веднаш по постоечкиот дел.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Théoden
Date Posted: 20-Aug-2020 at 23:15
Originally posted by Staro Skopje


Од каде е должината од 730 метри за Есенинова? Делот од Борис Трајковски до Трета Македонска Бригада според трасата од ГУП-от е 600 метри и со никакви логични модификации не стига до 730. Се надевам дека планираат пробивање на улицата и од другата страна на бул. БТ, до ул. Киро Крстевски (вкупно ~750 метри според моите пресметки). Подоцна би останале уште 95 м. пробивање нова и 90 м. адаптирање постоечка улица за Есенинова да се спои со Огњан Прица кај Шампионче, со што уште повеќе би се подобрил сообраќајот.


Има логика ова, да се пробие улицата и од другата страна на бул. „Борис Трајковски“ и да излезе на ул. „Киро Крстевски“. Но тука ќе треба да се рушат неколку објекти, а немаат спомнато ништо за експропријација. Покрај тоа, овој сегмент исто би бил само со две ленти, бидејќи тука има едно тесно грло кое го прават две згради кои навлегуваат во регулационата линија (18.08 на горниот и 3.3 на долниот ДУП).




Исто, можеби ќе треба да се затвори врската меѓу ул. „Иван Козаров“ и бул. „Борис Трајковски“, како што е и на плановите горе, за да се избегне создавање еден нов хаотичен сообраќаен јазол.

Originally posted by Staro Skopje

...
проширување на М.Т.Гологанов кај Клуб на пратеници...

Има повеќе информации за ова?


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 20-Aug-2020 at 23:52
Како планираат да ја решат раскрсницата БТ-Есенинова? Со Иван Козаров се создава комплицирана ситуација, особено доколку Есенинова се пробива и од другата страна.

Ако се затвори Козаров, ќе треба или Христо Татарчев да стане двонасочна, или Есенинова да се пробие до Огњан Прица, инаку ќе се отежни одењето од Центар до Кисела Вода. Тука голем проблем се пиљарите и купот коли кој паркира на десната лента од булеварот.

Околу МТГ, само изјавата на Шилегов од април: https://skopje.gov.mk/mk/vesti/2019/29042020_najava_gradezna_ofanziva/ - ШИЛЕГОВ ЈА НАЈАВИ ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА ЗА ОВА ЛЕТО :
„Изградба и реконструкција на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, кај Клубот на пратеници;
(...)“

Под „изградба и реконструкција“ кај другите проекти подразбираат проширување (Никола Карев, М-К Бригада...), не знам дали тука поинаку ги толкуваат термините. Претпоставив дека е сегментот кај „палатата“ Веро и студентскиот, од другата страна кај Капиштец нема што да се проширува, освен ако не работат на спојка со идниот кружен и подземниот булевар.


Со малку инвентивност, овој дел може да прерасне во ИТ центар. Seavus е тука и има доволно простор и помеѓу Тутунски и Есенинова, и од другата страна на пругата, за добар централен IT комплекс, со старт-апи во подножјето на Водно и Скопска Црна Гора. Новата математичко-информатичка гимназија може да се спои со Корчагин, со објект на местото на паркингот карши полицијата, а позади амбуланта Пролет да се остави простор за евентуален медицински објект или доградба на амбулантата.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: fichot
Date Posted: 21-Aug-2020 at 08:29
ни в од вело-патека да се спомне.

едит: Шилегов во обраќањето спомнува. Останува да видиме. Рокот некако предолг...


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 21-Aug-2020 at 11:30
Која е разликата помеѓу овие бунари, кои може да се преместат за градба на улица, и оние кај Лепенец, кои бараат исклучиво висечки мост од 600 метри за продолжување на Илинденска?

На сегментот кој ќе се гради, според Катастарот сѐ уште има сопственост на физички лица, а од другата страна на Борис Трајковски (жолтиот дел на картата горе), земјиштето на првиот објект на трасата (мислам дека таму е штабот на Либералната партија, сега за избориве на Можеме) е на Република Северна Македонија, а не на Република Македонија (како што се скоро сите во државна сопственост), што значи дека државата се стекнала со право на сопственост неодамна. Има уште неколку земјишта на РСМ, а поголемиот дел од нив, како и објектите, се на физички лица.

Еве ја „јужна“ Есенинова според ГУП, нема многу за рушење западно од БТ:


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: user8642
Date Posted: 21-Aug-2020 at 16:57
Може да не е неодамнешна експропријација, туку нешто друго.

Мислам дека онаму каде е државна сопственоста под објектите неодмна ги имаат расцепено на по две парцели кои добиваат нови бореви. На пример ако старата била XXX, новите се XXX/1 и XXX/2 на Република Северна Македонија, a старата XXX на Република Македонија веќе не постои. Тоа е за да може да се тера откуп на државно земјиште под објектот преку една процедура, а втората половинка да не треба никогаш да се експропреира туку да си остане државна за кога ќе и дојде ред за реализација на улиците од ГУП-от.


Posted By: Harry Potter
Date Posted: 02-Sep-2020 at 13:30
се знае што ќе биде со паркчето што е таму? ќе го чепнат или ќе се поштеди.

исто така, како што гледам трасата минува и низ фудбалското игралиште „Вембли“. ќе го заменат со ново или ќе замине во историја?

-------------
www.MacedonianFootball.com


Posted By: user8642
Date Posted: 02-Sep-2020 at 13:37
Тоа игралиште е поранешно игралиште на реботничките спортски клубови кои функционирале како дел од тутнскиот комбинат уште во поранешниот систем. Игралитето е исклучително со низок квалитет, асфалтна подлога која е изронета и при мало паѓање кожа ќе откорнеш, кој играл знае. Заплеткано е во нејасна имотно-правна состоијба и нејасни ингеренции кој треба да го оддржува, ниту комбинато ниту општината, ниту градот не се заинтересирани, ниту има спортски клуб на кој ова му е домашен терен. Со години е дувло на наркомани и чергари и полно е со ѓубриња и зарази. Така да подобро да го снема, зашто и така лежи на трасата на Есенинова и Јужен Булевар, а ако има потреба од игралиште во овој реон, може да се најде алтернативна локација. Па на само 100тина метри преку пругата има ливади на кои слободно може да се изведе некое игралиште, зашто и така сега се запустени, секое лето се потпалуваат.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Sep-2020 at 14:06
Денес поминав тука да видам како напредуваат но речиси и да нема никаков напредок,приметив 3-4 работника со едно багерче копаа и преместуваа некакви инсталации за струја близу игралиштето.Очигледно ќе остават за 2021 поинтензивно да работат бидејќи сега Бауер имаат добиено и по некој тендер за реконструкција на улици низ градот па очигледно ја повлекле механизацијата.

Брдото до пругата мислев дека го израмниле но очигледно багерот првиот ден бил само за сликање







само тука имаше градежна активност





Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Sep-2020 at 13:43
Шилегов: Трасата за новата улица Есенинова е скоро пробиена (ВИДЕО)

[tube]jDxT-GdFdb8&feature[/tube]

https://www.slobodenpecat.mk/shilegov-trasata-za-novata-ulicza-eseninova-e-skoro-probiena-video/


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 25-Sep-2020 at 15:12
Originally posted by stef4o

Брдото до пругата мислев дека го израмниле но очигледно багерот првиот ден бил само за сликање

Брдото не е на трасата на улицата


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Oct-2020 at 16:11
Денешни,во тек е оформување на трасата,само со багерот имаше активности и плус додека минував зборуваа за преместување на бунари кои се во дворот на Тутунски кои ќе им пречат при пробивањето во тој дел.





Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Nov-2020 at 10:42
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска ќе извршат сечење на 3 дрвја на улица Есенинова. Дрвјата се сечат поради изградба на линиска инфраструктура во склоп на проектот за изградба и пробивање на улицата Есенинов







https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Nov-2020 at 18:04
Овие сум ги заборавил од денешната тура,активности имаше непосредно до игралиштето веројатно за оформување на трасата и преместување некакви инсталации на ЕВН













Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Dec-2020 at 14:00
Денешни







Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Dec-2020 at 14:24
Една денешна,немаше баш некои поголеми активности на пробивањето на трасата,а на овој дел што се вкрстува со бул.Борис Трајковски имаат некакви прекопи за инсталации правено...



Posted By: Phiko
Date Posted: 03-Mar-2021 at 12:31
Денешни, 03/03/2021:





Posted By: Théoden
Date Posted: 03-Mar-2021 at 18:04
Овде значи и дефинитивно ќе има профил 1+1 по должината на целата траса, наместо зацртаните 2+2 без средишно зеленило, што е големо разочарување, прашање е колку (и дали) ќе успее да го растерети сообраќајот помеѓу Кисела Вода и Аеродром вака.


Posted By: user8642
Date Posted: 06-Mar-2021 at 16:32
Ситуацијата вчера беше следнава: Црно - асфалтирано прв слој (вчера почна асфалтирањето), Портокалово - Оформен коридор со поставени рабници и тампонирано, Црвено - Никакви активности нема почнато ниту изгледа дека ќе се почне. Објектите најверојатно не се експропреирани сеуште и нема никакви активности за ниво отстранување.

Така да кога Шилегов ќе раскажува манипулативни приказни пред избори сега кога ќе дојдат, дека биле 30% или 50% работите завршени, тоа не значи дека улицата ќе биде корисна 30% или 50%, што може да се каже за некои други локални улички. Туку едниствено корисна кога ќе биде само кога ќе биде цела готова! 99% готова е исто што и 0%! Само 100% е 100%, затоа што поврзува две крајни точки А - Б, и неможе измеѓу да се остави недовршено.

https://ibb.co/KWQzySD">


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Mar-2021 at 16:40
Во делот со црвено имаше некои подземни бунари а кога минувам ако не се лажам пред 2-3 месеци имаше екипи и на Бауер и на Водовод само незнам дали тогаш планираа некое нивно преместување или нешто е веќе направено.Делот со црно и портокалово не е проблем лесно ќе го средат со асфалт.Пред 20-тина дена кога минував го кршеа фудбалското игралиште незнам дали целосно го отстраниле веќе бидејќи тој спаѓа во портокалова зона.
Фактички им остана најтешкото и најнеизвесното за крај исто ко мостот кон Керамидница...се надевам ќе има завршница до 2022 на улицава.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 06-Mar-2021 at 19:14
2 години ако ги прават 500 метри, тогаш нека одат и нека се убијат.


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Mar-2021 at 18:28
Денешни од трасата









Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Mar-2021 at 13:07
ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦА ЕСЕНИНОВА

Екипите на Град Скопје деновиве започнаа со асфалтирање на улица Есенинова чиешто пробивање почна минатото лето. Со оваа нова траса се добива уште едно сообраќајно поврзување на Кисела Вода, Аеродром и на Центар, односно булеварите Борис Трајковски и Трета македонска бригада.
Новоизградената улица Есенинова ќе биде долга 730 метри, со променлива ширина, односно, ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во Трета македонска бригада. Предвидено е да се постави улично осветлување со 20 столбови, нова водоводна и канализациска мрежа и да се дислоцираат постојните резервоари и бунари кои се наоѓаат на таа локација.
Улицата Есенинова е од огромно значење за жителите на Кисела Вода, Аеродром и на Центар, зашто претставува трето поврзување на урбаните делови на Аеродром и Кисела Вода. Булеварот Трета македонска бригада со должина од 2,5 километри има само 2 поврзувања со Кисела Вода, едното преку булевар Србија со булевар Борис Трајковски, а второто, познатото тесно грло кај „Тутунски комбинат“, кое воедно го поврзува Аеродром и со Кисела Вода и со Центар.
Со изградбата на Есенинова, ова тесно грло во сообраќајот ќе се растовари, ќе се скрати кружењето околу „Тутунски“, кое во периодите на најголемиот сообраќаен метеж трае од 5 до 10 минути. Ова ќе го почувствуваат и граѓаните кои патуваат од „Континентал“ во Гази Баба до Рампа и Чешма во Кисела Вода, а кои избегнувајќи го тесното грло кај „Тутунски“ кружат или преку булевар Србија во Аеродром или преку булеварите Крсте Мисирков и Кочо Рацин во Центар.
Пробивањето на улицата Есенинова е финансирано од буџетот на Град Скопје и вредноста на проектот изнесува околу 71.000.000 денари.









https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: user8642
Date Posted: 29-Mar-2021 at 13:23
Ова е само НАВИДУМ одлична вест. На последната слика се гледа бедемот од куќи за кои не е завршена експропријација како се испречени на трасата за завршување на проектов.


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Mar-2021 at 16:52
ПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ЕСЕНИНОВА ОД СКОПСКА КИСЕЛА ВОДА КОН АЕРОДРОМ, ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ЛЕТОВО

Град Скопје почна со асфалтирање на првиот дел од новата улица Есенинова со која ќе се поврзат населбите Кисела Вода и Аеродром. Асфалт се поставува на делот кој минува во населбата Кисела Вода. Како што велат од Град Скопје поголем дел од трасата е пробиен, а улицата очекуваат целосно да биде готова летово.

„Останува да се пробие делот во Општина Аеродром и да се преместат постојните резервоари кои се наоѓаат на трасата. Летово скопјани ќе имаат нова сообраќајница со која ќе се намали гужвата, ќе се скрати кружењето кај ‘Тутунски комбинат‘ и за десетина минути ќе се намали времето за минување на оваа делница“, велат од Град Скопје.

Новата улица ќе биде во должина од 730 метри, почнува од Кисела Вода кај „Рампа“ потоа минува покрај пругата кон амбулантата „Пролет“ и ќе излегува на булеварот Трета македонска бригада во Општина Аеродром. Ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во Трета македонска бригада.

Изградбата на улицата чини околу 71.000.000 денари со вклучен ДДВ.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-asfaltiraneto-na-del-od-ulitsata-eseninova-od-skopska-kisela-voda-kon-aerodrom-ke-bide-gotova-letovo/


Posted By: Phiko
Date Posted: 31-Mar-2021 at 10:54
Денес поминав, и дефинитивно поголем дел од трасата НЕ е пробиен, улицата едноставно завршува во куќа, и има машинерија меѓу куќите:








Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Apr-2021 at 07:25
Поврзувањето на Општина Кисела Вода со Аеродром е предвидено во програмите на Влада на Република Северна Македонија , Град Скопје , Општина Кисела Вода и Општина Аеродром. Пробивањето на улица Есенинова не е поврзување на Кисела Вода со Аеродром туку поврзување на Кисела Вода со општина Центар!!!(види Слика) Доколку Власта сака вакво поврзување треба да ја пробие улицата Михаил Чаков која започнува од сервисот на ауто македонија продолжува кај АМД за регистрација на возила и под пругата кај Ф-Ка Раде Кончар се поврзува со Општина Аеродром. Затоа јавно замолуваме да не се кажуваат невистини дека со пробивањето на улица Есенинова се поврзуваат Кисела Вода и Аеродором и воедно јавно прашуваме кога градоначалниците на Градот Скопје и Општините Кисела Вода и Аеродом ќе си ги исполнат предизборните ветувања и ќе ги поврзат општините Кисела Вода и Аеродром за да не мора жителите на Кисела Вода по 1 час да кружат за да стигнат до Општина аеродром????







https://www.facebook.com/За-Расадник-на-можности-за-хуман-живот-во-Кисела-Вода


Posted By: user8642
Date Posted: 08-Apr-2021 at 08:15
Originally posted by stef4o

Затоа јавно замолуваме да не се кажуваат невистини дека со пробивањето на улица Есенинова се поврзуваат Кисела Вода и Аеродором и воедно јавно прашуваме кога градоначалниците на Градот Скопје и Општините Кисела Вода и Аеродом ќе си ги исполнат предизборните ветувања и ќе ги поврзат општините Кисела Вода и Аеродром за да не мора жителите на Кисела Вода по 1 час да кружат за да стигнат до Општина аеродром????


        ===


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 10-Apr-2021 at 21:04
Улицава треба да биде со 2+2 профил или само 1+1 профил?

Ако се гради само со 1+1 профил, тогаш дали навистина ќе има толку малце сообраќај?

Да не испадне после еј еве ви улица со само 2 ленти, а после пак да се натрупа со сообраќај...


Posted By: skopskodete
Date Posted: 11-Apr-2021 at 10:34
Улицава не е решение за поврзувањето меѓу Аеродром и Кисела Вода, па можеби и не е ни лошо што е 1+1. Впрочем, Тутунски Комбинат се наоѓа во општина Центар. Вистинското решение ќе биде кога ќе се поврзат Аеродром и Кисела Вода преку улицата што оди покрај Раде Кончар.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 11-Apr-2021 at 13:36
Oвие изгледа ја помешале Есенинова со Народни херои. Народни херои (Кисела Вода)-пруга-сокачето кај Раде Кончар е трасата на која што требало да работат!!!

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Apr-2021 at 12:38








https://www.facebook.com/petreshilegov


Posted By: гитардемон
Date Posted: 15-Apr-2021 at 13:06
Како стратешки избегнале кадар со куќарките на сред трасата кои уште не се откупени од градот.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 15-Apr-2021 at 14:47
А што со разводната постројка на ЕВН? Мислам и дека дел од неа е на трасата на улицава.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 15-Apr-2021 at 18:15
Па, ПР-от им е се, нормално дека ќе го избегнат


Posted By: skopskodete
Date Posted: 16-Apr-2021 at 14:49
Исто така, шахтиве некако ми изгледаат дека нема баш да бидат рамни со асфалтот...


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-May-2021 at 17:42
Почнале со некои активности во делот близу до поликлиниката,веројатно некакви инсталации и слично,куќите сеуште си стојат во задниот дел ништо нема мрднато









Posted By: stef4o
Date Posted: 27-May-2021 at 17:18
Сум ги заборавил фоткиве,денешни се почнато е со уривање на дел од бараките што се до Центарот за јавно здравје,но од другата страна кон Кисела Вода куќите не се чепнати







Posted By: Phiko
Date Posted: 18-Jun-2021 at 22:12
Денешни, нема промена во статусот на страната накај Кисела Вода, уште завршува во објект, има напредок кај Пролет:





Posted By: user8642
Date Posted: 19-Jun-2021 at 11:32
Добро, толку беше тешко да се срушат целосно бараките? Само колку за улицата срушиле. Пак ли ќе стои тоа ругло уште колку години ?!


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jun-2021 at 16:04




https://www.facebook.com/За-Расадник-на-можности-за-хуман-живот-во-Кисела-Вода-


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Jul-2021 at 10:26
Денес



Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Aug-2021 at 09:57
Денешна,поголем интензитет има во овој дел,од задната страна нема поместување



Posted By: user8642
Date Posted: 24-Aug-2021 at 17:16
Јас неможам да разберам, толку ли беше тешко целосно да се срушат тие стари бараки? Сега ќе остане ѓубре меѓу амбулантата и новава улица, и којзнае до кога така ќе остане.


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Sep-2021 at 10:45
Незнам што раскопаа на раскрсницата на Трета Македонска,најверојатно е нешто за потребите за новата улица,има неколку вакви оградени места каде се гледаат некакви кабли и цевки



https://www.mkd.mk/galerii/se-raskopa-skopje-na-eden-mesec-pred-lokalnite-izbori#12


Posted By: Phiko
Date Posted: 15-Sep-2021 at 10:43
Започнато е со уривање на куќата што стои среде улицава


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Sep-2021 at 16:37
Од страната на бул. Трета Македонска Бригада е пробиен влез за накај Есенинова, ама завршува десетина метри повнатре.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Sep-2021 at 16:48
Originally posted by Phiko

Започнато е со уривање на куќата што стои среде улицава


Вчера кога поминував нешто се расчистуваше во дворот,добро е што има придвижување но ме збунија куќите што ги имам означено со црно кои мислев дека се дел од трасата но очигледно нема да се рушат,патем ниту оние скапани бараки до амбулантата не се целосно изрушени.



Posted By: user8642
Date Posted: 15-Sep-2021 at 18:38
Да, едната куќа што сметаше е од пред некој дена запишана во катастар како имот на Северна Македонија, така да таа ќе се руши. Другата подолу до Сивус уште не е експропреирана. Така да напредок има, ама уште не е целосно решена работата.


Posted By: user8642
Date Posted: 17-Sep-2021 at 21:07
Мислам дека тука на трасата има уште еден проблем кој досега не сме му обратиле внимание и дека се спрема некоја импровизација. На трасата баш на линијата на коловозот лежи трансформатор.

https://ibb.co/RjbCX8z">


Posted By: Semir
Date Posted: 18-Sep-2021 at 16:10
Originally posted by user8642

Мислам дека тука на трасата има уште еден проблем кој досега не сме му обратиле внимание и дека се спрема некоја импровизација. На трасата баш на линијата на коловозот лежи трансформатор.

https://ibb.co/RjbCX8z">


Како беше линкот до оваа страница? Не можам никако да се сетам, а гугл не помага


Posted By: user8642
Date Posted: 18-Sep-2021 at 16:39
ossp katastar gov mk


Posted By: user8642
Date Posted: 20-Sep-2021 at 17:14
Денес е срушена куќата на К.П. 804, таа најголемата што сметаше. Сега има практично бришан простор да се влезе со трасата во дворот на Тутунски/Сеавус од кај Кисела Вода.


Posted By: Phiko
Date Posted: 05-Oct-2021 at 11:39
Отстранета е куќата:





Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Oct-2021 at 17:05
Денешни,асфалтиран е делот кој вкрстува кон Трета Македонска Бригада



а од задната страна куќата е срушена и сега треба да се израмни тој дел за да продолжи улицата



Парчињата што се асфалтирани се чини дека имаат добар нагиб па водата не се задржува,исклучок од ова е сегментот кој се спојува со бул.Борис Трајковски каде и покрај што е нов асфалт има насобрано многу вода на некои делови.


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Oct-2021 at 17:30
Конечно пробиена улицата „Есенинова“ од Чешма до „Трета македонска биргада“

Улицата „Есенинова“, која беше пробиена од Чешма во Кисела Вода, до булеварот „Трета македонска бригада“ на влезот во Аеродром, претставува трето поврзување на двете големи општини Кисела Вода и Аеродром.

– Со изградбата на „Есенинова“ ги поврзуваме булеварите „Борис Трајковски“ и „Трета Македонска бригада“ во Аеродром. Оваа улица е од огромно значење за жителите на Кисела Вода, Аеродром и Центар затоа што оваа улица ќе претставува трето поврзување со урбаните делови на Аеродром и Кисела Вода – порача градоначалникот Петре Шилегов.

Булварот „Трета македонска бригада“ е долг повеќе од 2,6 км, а има само две поврзувања: едното кај булевар „Србија“, со булеварот „Борис Трајковски“ и второто кај Тутунски комбинат каде се создава голем сообраќаен метеж.

Со новата улица се скратува движењето, не мора да се оди на крстосниците кај Тутунски и метежот ќе се преполови. Ова служи за граѓаните кои патуваат од „Континентал“ во Гази Баба, кон Рампа и Чешма во Кисела Вода и со тоа се избегнува тесното грло кај Тутунски.

Новоизградената улица „Есенинова“ е долга 730 метри, со променлива ширина, односно, има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во „Трета македонска бригада“. Поставено е улично осветлување со 20 столбови, нова водоводна и канализациска мрежа, а за тоа се дислоцираа постојните резервоари и бунари кои се наоѓаа на таа локација. Вредноста на изградбата на оваа улица е околу 71 милион денари со вклучен ДДВ.

https://nezavisen.mk/konechno-probiena-ulicata-eseninova-od-cheshma-do-treta-makedonska-birgada/ - https://nezavisen.mk/konechno-probiena-ulicata-eseninova-od-cheshma-do-treta-makedonska-birgada/


Posted By: user8642
Date Posted: 20-Oct-2021 at 17:41
Originally posted by stef4o

Конечно пробиена улицата „Есенинова“ од Чешма до „Трета македонска биргада“

Улицата „Есенинова“, која беше пробиена од Чешма во Кисела Вода, до булеварот „Трета македонска бригада“ на влезот во Аеродром, претставува трето поврзување на двете големи општини Кисела Вода и Аеродром.

– Со изградбата на „Есенинова“ ги поврзуваме булеварите „Борис Трајковски“ и „Трета Македонска бригада“ во Аеродром. Оваа улица е од огромно значење за жителите на Кисела Вода, Аеродром и Центар затоа што оваа улица ќе претставува трето поврзување со урбаните делови на Аеродром и Кисела Вода – порача градоначалникот Петре Шилегов.

Булварот „Трета македонска бригада“ е долг повеќе од 2,6 км, а има само две поврзувања: едното кај булевар „Србија“, со булеварот „Борис Трајковски“ и второто кај Тутунски комбинат каде се создава голем сообраќаен метеж.

Со новата улица се скратува движењето, не мора да се оди на крстосниците кај Тутунски и метежот ќе се преполови. Ова служи за граѓаните кои патуваат од „Континентал“ во Гази Баба, кон Рампа и Чешма во Кисела Вода и со тоа се избегнува тесното грло кај Тутунски.

Новоизградената улица „Есенинова“ е долга 730 метри, со променлива ширина, односно, има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во „Трета македонска бригада“. Поставено е улично осветлување со 20 столбови, нова водоводна и канализациска мрежа, а за тоа се дислоцираа постојните резервоари и бунари кои се наоѓаа на таа локација. Вредноста на изградбата на оваа улица е околу 71 милион денари со вклучен ДДВ.

https://nezavisen.mk/konechno-probiena-ulicata-eseninova-od-cheshma-do-treta-makedonska-birgada/ - https://nezavisen.mk/konechno-probiena-ulicata-eseninova-od-cheshma-do-treta-makedonska-birgada/

Зашто вакво лажење!? Камо слика? Сабајле поминав, нема абер од пробивање. Нели е разбрана пораката од граѓаните?! Ако е разбрана, зашто лажење!? Има уште сто-тина метри траса воопшто не пробиена, треба да се прави насип и ископ низ дворот на Сеавус, треба тампонирање, асфалтирање. И не само што не е пробиена, него денес е раскопано она мало делче што беше асфалтирано пред два-три месеца за поставување канализација, кај раскрсницата со улица Жил Верн.


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Oct-2021 at 08:44
НОВАТА УЛИЦА ЕСЕНИНОВА СО КОЈА СЕ ПОВРЗУВААТ АЕРОДРОМ, КИСЕЛА ВОДА И ЦЕНТАР ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ЗА 20 ДЕНА



Новата улица Есенинова, за поврзување на скопските општини Аеродром, Кисела Вода и Центар, ќе биде готова за дваесетина дена. Од Град Скопје велат дека е завршена експропријацијата на двете куќи кои се наоѓаа на трасата, веќе се урнати и во наредните три недели треба да финишираат земјените работи.

„Изместена и поставена е целата подземна инсталација, завршени се и бунарите кои се наоѓаат кај Тутунски комбинат. Кон средината на наредниот месец, оваа улица која е од огромно значење за жителите на Кисела Вода, Аеродром и Центар, ќе биде пуштена за сообраќај, со што ќе се реши тесното грло кај Тутунски комбинат’, велат од Град Скопје.

Град Скопје почна со пробивање и изградба на улицата Есенинова лани во агуст. Со изградбата на Есенинова ќе се скрати кружењето околу Тутунски комбинат, кое во периодите на најголемиот сообраќаен метеж трае од 5 до 10 минути. Побрзо ќе го минуваат овој дел од градот граѓаните кои патуваат по правецот од хотел „Континентал“ во Гази Баба до Рампа и Чешма во Кисела Вода.

„Од Чешма до Континентал ако досега се патувало 3 километри преку Центар или 8 километри преку Аеродром, сега преку трасата Есенинова – Никола Карев – Беласица ќе се патува само 2 километри, изразено во време тоа на граѓаните им заштедува од 10 до 15 минути“, додаваат од Град Скопје.

Новата улица ќе биде во должина од 730 метри, ќе почнува од Кисела Вода кај Рампа покрај пругата кон амбулантата „Пролет“ и ќе излегува на булеварот Трета македонска бригада во Општина Аеродром. Ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во Трета македонска бригада.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/novata-ulitsa-eseninova-so-koja-se-povrzuvaat-aerodrom-kisela-voda-i-tsentar-ke-bide-gotova-za-20-dena/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/novata-ulitsa-eseninova-so-koja-se-povrzuvaat-aerodrom-kisela-voda-i-tsentar-ke-bide-gotova-za-20-dena/


Posted By: skopskodete
Date Posted: 21-Oct-2021 at 09:18
Се надевам ќе има обележано вело-патека (макар и обележано комбинирано со пешачка, како на еден дел од „Илинденска“, но да е обележана).


Posted By: alexsend
Date Posted: 21-Oct-2021 at 17:05
Нема место за тоа едвај двајца еден до друг може да одат на тротоарчево

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Oct-2021 at 17:08
Реакција од групата На Точак во врска со малите тротоари

------------------------------------------------------
Вчера Градоначалникот објави фотографии од работата на терен на ул. Есенинова. Тоа е улицата која на големо е промовирана како важната врска меѓу Аеродром и Кисела Вода.
Според сликите од работата на терен ова ќе биде уште една автоцентрична улица со мал простор за пешаци.
Важната врска ќе биде доминантно автомобилско поврзување?
Како тротоарот на бул. Никола Карев (на Кале) и неговата промовирана „велосипедско-пешачка патека“, што всушност испадна дека е тесно тротоарче со улично осветлување на него, така изгледа и тука ќе бидат оставени трошки за пешаците и велосипедистите.
Дополнително на сликите и видеото од прес конференцијата се гледа далноводот врз тротоарот! Значи тротоарот ќе биде целосно пресечен.
Очекуваме од Градот да овозможи простор за велосипедистите и пешаците каков што им доликува, а не да направи автомобилско поврзување меѓу две населби без достојни услови за другите учесници во сообраќајот.

https://www.facebook.com/NaTochak - https://www.facebook.com/NaTochak


Posted By: user8642
Date Posted: 21-Oct-2021 at 19:50
Коридорот на Есенинова во ДУП е со 2+2 ленти + комбиниран тортоар. Тоа што сега се изведува е 1+1 + комбиниран тротоар. Имаме поназад образлагано за профилот кој се изведува, ама битно е дека ова не е никаков финален профил на Есенинова.


Posted By: Théoden
Date Posted: 25-Oct-2021 at 18:09
Од Твитер:

  

  


Posted By: skopskodete
Date Posted: 25-Oct-2021 at 18:13
Ми личи или далноводниот столб го оставиле за преместување за некои подобри времиња, па ќе има тротоар од „5 mm“?


Posted By: user8642
Date Posted: 25-Oct-2021 at 20:09
Последно што се чека е дислокација на бунарите на тутунски. Тоа е тоа објектче што се гледа со плав лимен кров на некоја слика поназад. Инаку изградена е нова машинска соба за пумпите за бунарите, ама кога ќе биде ставено тоа во функција, незнам. Иако Шилегов викаше дека ќе биде све готово за 20-тина дена, тешко тоа. Ова е последната пречка, ама најсложена за дислокација. На некој начин фото-финиш, ама со ризик за подогло да се заглави работата ако се завлечка ова со бунарите. Исто така отворена е последниве денови нова пешачка патеки низ градилиштето и сега пешки може да се помине низ целата траса на Есенинова, односно тоа што во иднина ќе биде источниот тротоар практично.


Posted By: user8642
Date Posted: 02-Nov-2021 at 18:12
Тука се стопирани работите, и тоа буквално како по план се работеше до ден на предизборен молк. Последниве два работни дена нема никакво движење на мехназаицјата од страна на Кисела Вода, и тротоарите од страна на Аеродром остнаа буквално на сред работа, рабници делумно поставени, шахта избетонирана до пола.

Епа граѓани на Скопје, наздравје гласање за погрешната деструктивна опција. Ќе си го гледаме уличево така баталено 4 години! Македонскиот ген на самоуништување повторно ја елиминираше единствената прогресивна опција.


Posted By: alexsend
Date Posted: 02-Nov-2021 at 19:07
И мене не ми се допаѓа тоа што само после 4 години Скопје повторно е во раце на оние кои градеа барок, а сега магично се модерни иронично...

Сепак не мислам дека отпочнатите проекти како Есенинова, двата моста, клучката кај Хубо и Борис Трајковски ќе останат недовршени. Да им дадеме некоја недела на адаптација на новите функции.

Едвај чекам да ја пробијат Хрватска, да ја продолжат Словенија и да ја доградат жичницата на Водно секако сосе чистење на депониите за сега веќе 80 дена и бесплатните автобуси + 250 нови еко сериозно, дај боже, едвај чекам

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.



Print Page | Close Window