Print Page | Close Window

Колска - Фабрика за шински возила Велес

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Железници
Forum Discription: Возен парк, инфраструктура, железнички станици...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1431
Printed Date: 01-Jun-2024 at 19:07


Topic: Колска - Фабрика за шински возила Велес
Posted By: Vladimir P
Subject: Колска - Фабрика за шински возила Велес
Date Posted: 08-Oct-2011 at 12:27
ВЕЛЕШКАТА ФАБРИКА ЗА ШИНСКИ ВОЗИЛА ПО ЕДНА ДЕЦЕНИЈА СКЛУЧУВА ДОГОВОР СО СТРАНСКА ФИРМА

Колска за 350.000 евра ќе поправи 24 товарни вагони


На косовската компанија "Феро никел" "Колска" веќе им поправи осум вагони и во текот на наредниве неколку дена ќе бидат испорачани, а следната недела ќе пристигне втората пратка од осум вагони

Фабриката за шински возила "Колска" од Велес со компанијата "Феро никел" од Косово склучи бизнис-зделка тешка 350.000 евра. Дваесет и четири товарни вагони на косовската фирма се обврза Колска" да ги поправи во рок од 75 дена. Првите осум се веќе готови и во текот на наредниве неколку дена ќе бидат испорачани, а следната недела ќе пристигне втората пратка од осум вагони.
- Ваков договор со странска фирма "Колска" потпишува после десет години на ваква сума и со толкав број вагони. Успешно го реализиравме првиот дел од проектот. Првите осум се успешно направени. Косовската компанија е задоволна од нас и ова е само доказ дека можеме да бидеме конкурентни на пазарот на Балканот и во иднина да ја заборавиме онаа слика што ја имала Колска" - рече Александар Атанасов, директор на "Колска".

Според него велешката фабрика за шински возила има добра соработка и со јавното претпријатие "Македонски железници". Моментално на поправка се три патнички вагони од кои едниот во сообраќај ќе биде пуштен следната недела, а останатите до крајот на годинава. За моменталната состојба со железничкиот сообраќај во Македонија директорот на "Колска" вели дека вината е во претходните раководители на железницата.
- Проблемот е во претходните директори кои оставиле работите да се таложат. Тоа тлеело, тлеело и сега мораше да се појави проблемот. Нема доволно патнички вагони - рече Атанасов.
Дека вработените се подготвени да прифатат работа, зборува и фактот што за една година тие реконструираа седум патнички вагони. Наредната година 220 вработени очекуваат да поправат уште толку.

http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=C07B963FDD1F0A4287FAA3F254E2C000 - http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=C07B963FDD1F0A4287FAA3F254E2C000


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/



Replies:
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-Oct-2011 at 12:28
Во фабриката за шински возила Велес, широко прифатена ко Колска моментално за Косовската New Co Ferronikeli комплетно ја сервисира втората пратка од осум Fals-z товарни вагони.









П.С. Иначе во оваја мегународна корпорација е и нашата Фени индустри од Кавадарци.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-Oct-2011 at 13:57
Во мегувреме се реновираат за МЖ Транспорт така потребните товарни вагони од разни серии.

серија Rms-wz


серија Kgs-z


серија E


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Oct-2011 at 14:22

41°43'50.21"N  21°45'56.07"E

Ова ли е фабриката?



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-Oct-2011 at 15:37

Да тоа се кординатите на Колска Велес

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 02-Nov-2013 at 01:42

РАБОТНИЦИТЕ НА „КОЛСКА“ ИСПРАТЕНИ НА ПРИНУДЕН ОДМОР

 

 

Работниците од велешка „Колска“ од денеска се на принуден одмор. Ова е најбезболното решение за сите 145 вработени во фабриката за шински возила бидејќи, како што велат од синдикатот, работа за овој месец нема. Иако решенијата се уште не ги земале на рака тврдат дека се договориле со директорот принудниот одмор да трае само еден месец, а тие да земат за десет проценти пониска плата од редовната.
Оваа информација ја потврдува и директорот Александар Атанасов кој вели дека донел ваква одлука за да се заштеди во вакум перодот кога фабриката нема работа. Според него се потпишуваат договори за следната година по што сите вработени ќе се вратат на своите работни места. Од синдикатот се надеваат дека ваквите ветувања директорот ќе ги исполни.
Инаку „Колска“ е единствената фабрика за одржување на вагони во земјава и работа добива од Македонски железници транспорт. Работниците речиси секоја година одреден период се на принуден одмор или пак штрајкуваат за да земат плата, а излез од ваквата ситуација гледаат во припојувањето кон „Транспорт“. Државата пак, која е сопственик на фабриката со два тендера се обиде да ја продаде, но неуспешно, а во најава е распишување и на трет тендер.


-------------


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 06-Nov-2013 at 15:06

„Колска“ со работа од понеделник

Министерот посочи дека целта е да се продаде „Колска“ на стратешки инвеститор за што веќе е завршен процесот на конверзија на долговите кон државата

%28Фото:%20Утрински%20весник%29(Фото: Утрински весник)

Вработените во велешка „Колска“ од понеделник ќе се вратат на работните места. Ова денеска го кажа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на започнување на третата фаза од проектот „Санација и зајакнување на Коридорот 10“.

- Имавме состанок со директорот на „Колска“ и со Акционерското друштво Транспорт. Се работи за еден период каде што треба да се надминат технички проблеми. Од понеделник вработените во „Колска“ ќе добијат работа, односно еден до два патнички вагона и неколку товарни вагони каде што без проблем ќе се одвиваат тековните работи – рече Јанакиески.

Посочи дека целта е да се продаде „Колска“ на стратешки инвеститор за што веќе е завршен процесот на конверзија на долговите кон државата и се прави проценка на нејзината вредност како и дека е вратено земјиштето во нејзина сопственост.



-------------


Posted By: jyvation
Date Posted: 15-Sep-2015 at 18:00
Велешка Колска, по четири месеци, почна со работа



По четири месечна пауза почна со работа фабриката за шински возила Колска во Велес. Работниците повторно се вратија во погоните. Министерството за транспорт и врски даде дозвола за работа и обезбеди 30 товарни и еден патнички вагон. Директорот Љупче Ивчев рече дека работа ќе има до Нова година. За ремонтот на товарните и патничкиот вагон фабриката навреме обезбеди материјал и од вчера се повикани сите 130 работници на работа. Директорот се надева дека министерството ќе даде дозвола за работа и во наредната година, бидејќи како што вели, има доволно товарни и патнички вагони кои чекаат за ремонт.

Инаку фабриката не работеше четири месеци поради немање на дозвола за работа од министерството. Работниците не одеа на работа но редовно земаа плата, од залихите што ги имаа остварено во претходниот период. Овој период беше искористен за чистење на фабричките погони и ремонт на машините.



Велешка Колска е најстарата единствена фабрика за поправка на шински возила во Македонија. Повеќе од 80 години во неа ремонт се правеше на целокупниот возен парк на Јавното претпријатие „Македонски железници“. Некогаш таму работеа повеќе од 250 работници, а денеска тие се преполовени.

http://www.duma.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=17736%3A2015-09-15-10-30-23&catid=14%3Aveles&Itemid=48 - http://www.duma.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=17736%3A2015-09-15-10-30-23&catid=14%3Aveles&Itemid=48


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Apr-2016 at 08:10
„КОЛСКА“ ЗА ЈУБИЛЕЈОТ ДОБИ РАБОТА, ВРАБОТЕНИТЕ ЧЕКААТ ПЛАТИ

Велешка „Колска“ денес одбележува значаен јубилеј, точно 100 години од нејзиното основање. И за овој голем јубилеј, за 132-те вработени по долго очекување, дојдоа првите убави вести. Во средата бил потпишан договор со „Македонски железници - транспорт“ за поправка на товарни вагони, со што по неколкумесечна пауза вработените се враќаат во фабричките хали, а со тоа се обезбедени средства и за исплата на заостанатите плати.

„Потпишавме договор за обнова на 77 товарни вагони, од кои 21 цистерна, 12 затворени и 44 отворени товарни вагони. Од понеделник започнуваме со работа, а тогаш ќе бидат исплатени и дел од заостанатите плати. Обезбедивме работа за неколку месеци, а вработените ќе бидат работно ангажиран“, вели Борис Алчев, директор на велешката фабрика за шински возила.

Зделката е обезбедена откако се променети неколку законски решенија. Со промена на дел од Законот за сигурност во железничките системи, „Колска“ доби можност за добивање сертификат за одржување патнички и товарни и влечни возила, кој досега го немале, објаснува Алчев. Така, сега „Колска“ со добивањето лиценца, без учество на тендер ќе може да добива директно поправка на вагони и локомотиви на МЖ. Оваа лиценца ја добиле на 22 март годинава, и тоа им ги отвори вратите на погоните за поправка на дел од возилата кои сообраќаат по македонските пруги.

Претходно, последна зделка „Колска“ имала лани пролетта кога требало да се поправат десетина вагони, како патнички така и товарни. Овој пат договорот е со многу поголем обем и се обезбедува работа до крајот на годината. Истовремено, се работи на законско решение со кое „Колска“ се враќа во рамките на „Македонски железници“. Проблемите со кои вработените во фабриката се судираат се децениски, откако во 1996 таа беше издвоена од МЖ. Таму, пак, е припоена во 1972 година, откако претходно била самостоен правен субјект.

Поради немање работа и неисплатени плати од јануари годинава, вработените неодамна штрајкуваа.

Еден век постоење е можност за потсетување дека „Колска“ зад себе има оставено силна трага во македонската економија и железница. Факт е дека во минатото фабриката имала поголем обем на работа и продукција отколку последните години.

„Освен репарирањето на вагоните и локомотивите на МЖ, изведовме и неколку крупни работи. Така работевме во изградбата на „Фени“ во Кавадарци, наше дело е и конструкцијата на НА-МА во центарот на Струга, мостот на Бошава... Изработивме железни садови за железарниците во Скопје, Смедеревска Паланка и Ниш. Деловниот воз кој сообраќаше од Скопје за Белград и обратно, го изработивме ние, исто како и силосите на фабриката за вар во Превалец. Да нема забуни, никој не изработува од игла до локомотива, но најголемиот дел од овие работи се наше дело“, објаснува инженер Стеве Бачев, додавајќи дека покрај ова „Колска“ ги реконструирала и т.н. возови „шпанец“, локомотивите „горбачов“. Во кругот на фабриката имаме 5 км пруги, површина од 70 илјади квадратни метри, од кои 20 илјади се покриени...

Фабриката за шински возила „Велес“ е меѓу најстарите на Балканот, изградена во 1916 година. „Колска“ е изградена од Германците во периодот на Првата светска војна, кога била работилница. Тие ја изградиле за нивни потреби, за поправка на возовите кои сообраќале кон Солун и кон Лерин. Германците ја изградиле, но и ја урнале неколку децении подоцна, во 1944 кога заминувале пред завршувањето на Втора светска војна. Тогаш „Колска“ повторно е градена од почеток. Деновиве последните убави вести кои ги добило раководството на „Колска“, ја враќаат надежта на вработените дека овој капацитет ќе биде долго извор за егзистенција на 132 велешки семејства.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=440073F4D4D2EC4A86F1015FBA7765F6 - http://www.utrinski.mk/?ItemID=440073F4D4D2EC4A86F1015FBA7765F6

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 15-Apr-2016 at 10:15
Neznam kade gledav Video za ovaa rabotilnica (fabrika) i bev zaprepasten sto verojatno vo izminatite 100 godini otkoga pocnale da rabotat se si ostanalo isto ne e ni cudno sto nemozat da isplatat plati i sto se neproduktivni.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 09-Nov-2016 at 16:58

Слушнав дека ситуацијата во КОЛСКА не е баш сјајна особено од гледна точка на вработените. Затоа ме интересира ако има некој поупатен да каже какви се шансите оваа фирма да влезе во велешкиот регион. Јас типувам токму на ВЕЛЕС. Единствен проблем е што градот не лежи на коридорот 8 па оттука може од тој аспект да биде фаворизирано Скопје. Мој тип за локација на оваа фабрика се Велес, Скопје или Куманово. Сепак би сакал да биде Велес.

Чешки „Локо Транс“ ќе инвестира 20 милиони евра во Македонија и ќе отвори 600 работни места

Чешкиот железнички гигант „Локо Транс“ планира да отвори регионален логистички центар во Македонија. Компанијата со седиште во Брно, Чешка, донесе стратешка одлука за инвестирање во земјава. Во овој момент, компанијата е во фаза на разгледување на опции за купување на земјиште за изградба на регионален логистички центар, кој треба да ги опслужува сите соседни држави. Република Македонија ќе биде центарот на сите операции на Балканот на „Локо Транс“, вели сопственикот на компанијата, Карел Јалови, кој пред пет години одлучува за прв пат да инвестира во Македонија.

karel jalovi loko trnas

„Во првата фаза од инвестицијата планираме да вработиме околу 200 лица, а вкупно планираме да вработиме околу 600 работници. Железничката индустрија нема граници. Во Македонија се одлучивме да инвестираме најмногу поради местоположбата на земјата, како и Коридорите 8 и 10, но и поврзаноста со соседните земји. Исто така, во Македонија наидовме на квалификувана работна сила во секторот на железничкиот инженеринг, па затоа и очекуваме час поскоро да почнеме со нашата инвестиција тука“, изјави сопственикот на „Локо Транс“, Карел Јалови................

http://lider.mk/2016/11/09/loko-trans-ke-investira-vo-makedonija/ - http://lider.mk/2016/11/09/loko-trans-ke-investira-vo-makedonija/




Posted By: Robbi-MKD
Date Posted: 09-Nov-2016 at 17:34
Се надевам дека ќе се најде некој Modus Vivendi со oваа велешка фирма и со тоа Колска да влезе на некој начин во рамките на фирмата Локо Транс за на долг рок да се обезбеде сигурна работа и сигурни работни места за вработените, со самото тоа што Колска е државна компанија, а знаеме дека државите не се баш најдобри стопанственици, нејзиното продавање на инвеститор т.е приватизација е најиздржливото решение на долг рок!


-------------
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!


Posted By: Navigator
Date Posted: 09-Nov-2016 at 18:28
Originally posted by kultuzin


Слушнав дека ситуацијата во КОЛСКА не е баш сјајна особено од гледна точка на вработените. Затоа ме интересира ако има некој поупатен да каже какви се шансите оваа фирма да влезе во велешкиот регион. Јас типувам токму на ВЕЛЕС. Единствен проблем е што градот не лежи на коридорот 8 па оттука може од тој аспект да биде фаворизирано Скопје. Мој тип за локација на оваа фабрика се Велес, Скопје или Куманово. Сепак би сакал да биде Велес.

Чешки „Локо Транс“ ќе инвестира 20 милиони евра во Македонија и ќе отвори 600 работни места

Чешкиот железнички гигант „Локо Транс“ планира да отвори регионален логистички центар во Македонија. Компанијата со седиште во Брно, Чешка, донесе стратешка одлука за инвестирање во земјава. Во овој момент, компанијата е во фаза на разгледување на опции за купување на земјиште за изградба на регионален логистички центар, кој треба да ги опслужува сите соседни држави. Република Македонија ќе биде центарот на сите операции на Балканот на „Локо Транс“, вели сопственикот на компанијата, Карел Јалови, кој пред пет години одлучува за прв пат да инвестира во Македонија.

karel jalovi loko trnas

„Во првата фаза од инвестицијата планираме да вработиме околу 200 лица, а вкупно планираме да вработиме околу 600 работници. Железничката индустрија нема граници. Во Македонија се одлучивме да инвестираме најмногу поради местоположбата на земјата, како и Коридорите 8 и 10, но и поврзаноста со соседните земји. Исто така, во Македонија наидовме на квалификувана работна сила во секторот на железничкиот инженеринг, па затоа и очекуваме час поскоро да почнеме со нашата инвестиција тука“, изјави сопственикот на „Локо Транс“, Карел Јалови................

http://lider.mk/2016/11/09/loko-trans-ke-investira-vo-makedonija/ - http://lider.mk/2016/11/09/loko-trans-ke-investira-vo-makedonija/
Она што се објави како втора фаза од инвестицијата е поврзано со Колска.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 09-Nov-2016 at 22:04


Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Nov-2016 at 09:39
Освен купување на „Колска“, јас не гледам некоја логика да се отвора паралелна фабрика за поправка на железнички возен парк. Особено што Србија, на пример, имаше неколку вакви фабрики, вклучувајќи го и МИН во Ниш, дел од нив пропаднаа. Да не заборавиме, Македонија нема железничка поврзаност со пола соседи, а и да не заборавиме, дека самите производители на возови, доколку се набави поголем број на парчиња, се нудат самите да изградат свој центар за сервисирање на возниот парк.

Да видиме. „Локо транс“ и пред неколку години беше заинтересиран за купување на МЖ, или за влез како приватен оператор, владата тогаш рече „НЕ“.


Posted By: Navigator
Date Posted: 10-Nov-2016 at 11:27
Originally posted by BOJAN

Да видиме. „Локо транс“ и пред неколку години беше заинтересиран за купување на МЖ, или за влез како приватен оператор, владата тогаш рече „НЕ“.
Не би рекол дека беа заинтересирани за купување на МЖ, туку тоа второто, но тогашната законска регулатива во делот на вршење транспорт за сопствени потреби не го дозволуваше тоа. Сега веќе има измени во тој дел.



Print Page | Close Window