Print Page | Close Window

Меѓународни ланци во Македонија

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1419
Printed Date: 01-Nov-2024 at 01:37

Topic: Меѓународни ланци во Македонија
Posted By: axel
Subject: Меѓународни ланци во Македонија
Date Posted: 25-Aug-2011 at 09:14

Првиот „Бургер Кинг“ ресторан ќе се отвори на 30 август на скопскиот аеродром

http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/08/25/Burger_king_kamen1.jpg

ТАБ „Фудс,“ турска комапнија сопственик на мастер франшиза за „Бургер Кинг,“ „Попај‘с,“ „Сбаро“ и „Арби‘с,“ кој оперира ланес од 500 ресторани во Турција, планира ширење и на Балканот.

- Ќе го отвориме нашиот прв ресторан на скопскиот аеродром на 30 август, а уште три нови „Бургер Кинг“ ресторани ќе се отворат во Македонија до крајот на годината – изјави Канер Дикичи, генералниот менаџер на ТАБ „Фудс,“ на прес конференција во Истанбул.

Тој додаде дека глобалните менаџери на „Бургер Кинг“ имаат доверба во ТАБ „Фудс“ со оглед на искуството на компанијата во Турција и преферираат партнерство со неа за да се пробијат на новите пазари на балканските земји.

ТАБ „Фудс“ планира да отвори околу 1.100 ресторани во Турција до 2015 година, рече Дикичи, додавајќи дека компанијата во моментов вработува околу 8.000 лица.

Во сега оперира 561 ресторан во Турција од своите 4 брендови за кои има франшиза, а до крајот на годината оваа бројка треба да се зголеми на 620.

Компанијата оствари приходи од 438 милиони турски лири (170,5 милиони евра) во првата половина од годината, а планира да ја достигне сумата од 1 милијарда лири (389 милиони евра) за целата година.

ТАБ „Фудс“ се подготвува да создаде свои локални турски бренодви на храна во своите ресторани, а покрај на Балканот, се шири и на Кавказот преку отворање на ресторани во главниот град на Џорџија, Тбилиси.

http://www.time.mk/read/NONE/151899b85c/index.html

Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Aug-2011 at 13:09
Редно време е да влезат брендовиве како овие седвичарив и кафињава, не зашто толку нешто посебно се убави, а и не за да се чаламиме со бугарите на ссц , него зашто ќе ги натераат нашоте домашни пекари, ќебапчилници, лесковачки, камп приколки на автопазар и стадион и секакви традиционални брзи храни да си го подигнат нивото и за чистота и за оддржливост на вкус и квалитет, ама и многу од нив да испропаднат што нема да сакаат да се прилаодат на стандардите. Него ај не е место за сендвичари тука. Битно ќе има што да се јаде на аеродром.

Posted By: krale
Date Posted: 06-Sep-2011 at 07:49
Kaj e Burger King на сликиве никаде го нема?

Posted By: vladegf
Date Posted: 06-Sep-2011 at 07:57
и ја тоа истото го помислив, може е во друг дел, а и ми личи на таа слика под пивницата (слика 4)

Posted By: krale
Date Posted: 06-Sep-2011 at 08:26
Nekako misteriozno mi e ova otvoranje. Prvo go najavija deka ke se sluci na 31 avgust, uste koga aerodromot ne rabotese??? Sega nigde go nema na slikite... aj da vidime.

Posted By: krale
Date Posted: 06-Sep-2011 at 19:52
Originally posted by lslcrew

Еве уште нешто.Кој прашуваше за бургер кинг.36.37.

Ова ми личи како да е после пасошка контрола? Да или...?

Posted By: Мартин
Date Posted: 06-Sep-2011 at 19:55
Да после пасошка контрола е заедно со фришопот, beerport и caffe inn.

Posted By: krale
Date Posted: 06-Sep-2011 at 20:10
Originally posted by Мартин

Да после пасошка контрола е заедно со фришопот, beerport и caffe inn.

Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Sep-2011 at 22:17
Еве уште две од Бургер Кинг за скептиците

Posted By: krale
Date Posted: 06-Sep-2011 at 22:20
Супер, само уште да не беше после пасошка.

Дали некој знае кои се другите локации низ МК што ги најавија од Бургер Кинг дека до крајот на годината ќе ги отворат?

Posted By: krale
Date Posted: 06-Sep-2011 at 22:25
Иначе со Бургер Кингов Македонија е втора од бившите ЈУ што го добива овој бренд. Со оглед на тоа дека Словенија едвај го добие пред 3-4 месеци, не е така лош резултат.

Сега уште KFC, Subway, Starbacks...

Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Sep-2011 at 22:30
Originally posted by krale

Супер, само уште да не беше после пасошка.

Дали некој знае кои се другите локации низ МК што ги најавија од Бургер Кинг дека до крајот на годината ќе ги отворат?

Искрено не сум сигурен дали е Мартин во право дека е после пасошка, но не тврдам ништо... Ќе каже некој кој ќе лета наскоро

Незнам ништо за другите локации

Posted By: krale
Date Posted: 06-Sep-2011 at 23:03
Originally posted by pbanks

Originally posted by krale

Супер, само уште да не беше после пасошка.

Дали некој знае кои се другите локации низ МК што ги најавија од Бургер Кинг дека до крајот на годината ќе ги отворат?
Искрено не сум сигурен дали е Мартин во право дека е после пасошка, но не тврдам ништо... Ќе каже некој кој ќе лета наскоро Незнам ништо за другите локации

Па веднаш до фришопот е , а фришопот мора да е после пасошка.

Ако не порано, за 1 месец ќе ви пренесам.

Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Sep-2011 at 23:15
Originally posted by krale

Па веднаш до фришопот е , а фришопот мора да е после пасошка.

Потполно си во право Doh

Posted By: theMac3donian
Date Posted: 07-Sep-2011 at 04:27
Originally posted by pbanks

Originally posted by krale

Па веднаш до фришопот е , а фришопот мора да е после пасошка.

Потполно си во право Doh

Ова немора да значи дека е така.
Не значи дека е после фришопот и автоматски е после пасошка контрола.
Може комотно да е пред, па купеното да ти го стават во тоа ќесенцето проѕирно со големите ФРИШОП букви на него, или пак истиот фришоп да има место после пасошка каде ти го доставуваат купеното.

Се разбира, ако знаете дека фришоп = после пасошка контрола на Александар Македонски, тогаш се извинувам.

п.с.
Ако цените во Бургер Кинг се исти како во Истанбул, поарно што е позади пасошка контрола.   

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР

Posted By: Мартин
Date Posted: 07-Sep-2011 at 04:32
Originally posted by theMac3donian

Колку што успеав да видам прееска, не беше воопшто ефтино.

Posted By: theMac3donian
Date Posted: 07-Sep-2011 at 04:43

Баш тоа и викам. Знам кога си купив во Истанбул го прашав тој што продава дали му се сите вагони на број.
Не дека е недостижно или којзнае колку скапо, ама за Бургер Кинг... Богами и прескапо.

Исто така имам спомнато дека кафето во Истанбул е многу скапо, да не е исто и во МК.

Posted By: vladegf
Date Posted: 07-Sep-2011 at 06:49

ПРАШАЊЕ:
Каков е подот? Неможам да видам... цемент? Гледам има плочки на некои места, ама не секаде.

Како и да е, за аеродромот, бидејки тој што го имавме беше бетер од автобуска. Само видете слика едно до друго и се ви е јасно.

После пасошка е бидејки десно се гледаат гејтовите

Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 07-Sep-2011 at 07:58
Истанбулскиот аеродром е еден од поскапите во Европа. За сенддвич, кафе и пиво платив 45 евра. Но истовремено е и еден од најфрекфентните, и колем хаб за сите летови од Европа кон блискиот, далечниот исток, екс СССР, Африка, Австралија.
 
Posted By: krale
Date Posted: 07-Sep-2011 at 09:02
Цените на Бургер Кинг обично се слични на МекДоналдс, со тоа што сендвичите се поголеми.

Во секој случај, не станува збор за цени ко да купуваш кавијар.

Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Sep-2011 at 09:19
Во врска со цените во Бургер Кинг, еве што можев да извадам од една од фотките...

Posted By: krale
Date Posted: 07-Sep-2011 at 09:25
5 евра за оброк. Стандард цена.

Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 07-Sep-2011 at 10:04
Во градовете нема да биде на истата цена.

На Сончев Брег Whooper е на цена 5 евро.
Во Софиjа - 2,50 евро.

Posted By: krale
Date Posted: 07-Sep-2011 at 10:20
Originally posted by VirginAtlantic

Во градовете нема да биде на истата цена.На Сончев Брег Whooper е на цена 5 евро. Во Софиjа - 2,50 евро.

Оброк или само сендвич?

Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 07-Sep-2011 at 10:23
Сендвич.
Сега видох дека на сликата се работи за оброк. Одлична цена като за аеродром.

Posted By: theMac3donian
Date Posted: 07-Sep-2011 at 10:38
Originally posted by Dave Gahan

Тоа е епоксиден лиен под, не е цемент...

За наши услови, аеродромов е добар...и од мене позитивна оценка; повеќе очекував како архитектура (од рендерите, најавите), ама сепак се работи за објект од инфраструктурата - важно е што ќе задоволува по капацитет и ќе има содржини што стариот ги немаше...

10х неможев да препознаам.

Инаку Бургер Кинг со пристојни цени.

Епа ајде, безбедно летање!!!

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР

Posted By: Alex
Date Posted: 10-Sep-2011 at 11:26

Еден сендвич во „Бургер Кинг“ на скопскиот Аеродром чини 400 денари

Само што доби модерен европски лик, аеродромот Александар Велики уште побрзо доби и „модерни“ европски цени. Еден сендвич во популарниот фаст фуд ланец, „Бургер Кинг“ на скопскиот аеродром чини неверојатни 400 денари. 
Бидејќи никој од нашата екипа не можеше да си дозволи да плати 400 денари за еден сендвич, ќе останете без информацијата дали овој ултра скап сендвич вреди за парите.

http://press24.mk/story/zabava/eden-sendvich-vo-%E2%80%9Eburger-king%E2%80%9C-na-skopskiot-aerodrom-chini-400-denari - http://press24.mk/story/zabava/eden-sendvich-vo-„burger-king“-na-skopskiot-aerodrom-chini-400-denari

Posted By: krale
Date Posted: 10-Sep-2011 at 14:58
Originally posted by Alex

<h2 ="story-title">Еден сендвич во „Бургер Кинг“ на скопскиот Аеродром чини 400 денари</h2><div =" clear-block">

Само што доби модерен европски лик, аеродромот Александар Велики уште
побрзо доби и „модерни“ европски цени. Еден сендвич во популарниот фаст
фуд ланец, „Бургер Кинг“ на скопскиот аеродром чини неверојатни 400
денари. Бидејќи никој од нашата екипа не можеше да си дозволи да
плати 400 денари за еден сендвич, ќе останете без информацијата дали
овој ултра скап сендвич вреди за парите.

http://press24.mk/story/zabava/eden-sendvich-vo-%E2%80%9Eburger-king%E2%80%9C-na-skopskiot-aerodrom-chini-400-denari - http://press24.mk/story/zabava/eden-sendvich-vo-„burger-king“-na-skopskiot-aerodrom-chini-400-denari

Непрофесионално и неточно известување. Се прашувам кој ли ги потплатил новинарите вака бесрамно да лажат? McDonalds?

Имаше и на форумов слика од ценовникот - 340д за сендвич, помфрит и пијалок.

Ако за сендвичи лажат во Press24, како да им веруваме за други работи?

Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 15:17
А како да веруваме во сериозноста на таква светска компанија, која при влез во една земја не поставува и свој уеб сајт? Цените се претерани, затоа што се изедначени со оние во Словенија, а трошоците нити од далеку не се исти, ако се земе в предвид само фактот дека тука вработените се платени по 5 евра (300 ден) на час, а во Македонија веројатно толку за цела смена!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте

Posted By: krale
Date Posted: 10-Sep-2011 at 15:33
Originally posted by Andrej_LJ

А како да веруваме во сериозноста на таква светска компанија, која при влез во една земја не поставува и свој уеб сајт? Цените се претерани, затоа што се изедначени со оние во Словенија, а трошоците нити од далеку не се исти, ако се земе в предвид само фактот дека тука вработените се платени по 5 евра (300 ден) на час, а во Македонија веројатно толку за цела смена!

Не гледам дека ни во Словенија имаат вебсајт (може грешам).

За цените, тоа не е така лесно да се одреди како што мислиш. Честопати постоењето на еден ресторан во некоја земја, значи зголемени трошоци, во споредба со земја каде што има 20, заради потребата многу од производите да се увезуваат, наместо локално да се произведуваат.

Така да се знае во овие ресторани, цените се унифицирани секаде во свет.

Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 10-Sep-2011 at 16:20
Прво ова...
Press24.mk е независен веб медиум поддржан и финансиран од страна на Амбасадата на САД во Република Македонија.
...независен веб медиум - my ass...второ, што толку фативте да се бавите со Burger king, не ми е јасно...
Има толку офф-топик муабет околу аеродромот, стварно....вчера дочекот на првите вчудоневидени патници со поклони од страна на вицепремиерот, па неговата фамозна изјава дека вака „ќе ја развиваме авиоиндустријата“ исл....мислам дека нема потреба да се бавиме со вакви небитни информации, и така никој од Скопје нема да се потегне да руча во БК до Петровец...сега во моментов многу поинтересно е како функционираат основните функции на аеродромот за кои многу малку коментираме овде, а најдобро би било некој искуствено да ни ги претстави...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY

Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Sep-2011 at 16:43
во право си Dave,се прават муабети за неважни работи

Posted By: krale
Date Posted: 10-Sep-2011 at 21:26
Originally posted by Dave Gahan

Прво ова...
Press24.mk е независен веб медиум поддржан и финансиран од страна на Амбасадата на САД во Република Македонија.
...независен веб медиум - my ass...второ, што толку фативте да се бавите со Burger king, не ми е јасно...
Има толку офф-топик муабет околу аеродромот, стварно....вчера дочекот на првите вчудоневидени патници со поклони од страна на вицепремиерот, па неговата фамозна изјава дека вака „ќе ја развиваме авиоиндустријата“ исл....мислам дека нема потреба да се бавиме со вакви небитни информации, и така никој од Скопје нема да се потегне да руча во БК до Петровец...сега во моментов многу поинтересно е како функционираат основните функции на аеродромот за кои многу малку коментираме овде, а најдобро би било некој искуствено да ни ги претстави...

А зашто да не руча? Еве ја планирам да ручам, со првиот нареден лет, за неколку недели.

Или да не сакате уште да ви спакува мама од дома маргарин и леб... ех македонче, џабе ќе ти направат услови, кога не знаеш да ги користиш.

Posted By: Portal
Date Posted: 10-Sep-2011 at 21:37
Originally posted by krale

Originally posted by Alex

<h2 ="story-title">Еден сендвич во „Бургер Кинг“ на скопскиот Аеродром чини 400 денари</h2><div =" clear-block">

Само што доби модерен европски лик, аеродромот Александар Велики уште
побрзо доби и „модерни“ европски цени. Еден сендвич во популарниот фаст
фуд ланец, „Бургер Кинг“ на скопскиот аеродром чини неверојатни 400
денари. Бидејќи никој од нашата екипа не можеше да си дозволи да
плати 400 денари за еден сендвич, ќе останете без информацијата дали
овој ултра скап сендвич вреди за парите.

http://press24.mk/story/zabava/eden-sendvich-vo-%E2%80%9Eburger-king%E2%80%9C-na-skopskiot-aerodrom-chini-400-denari - http://press24.mk/story/zabava/eden-sendvich-vo-„burger-king“-na-skopskiot-aerodrom-chini-400-denari

Непрофесионално и неточно известување. Се прашувам кој ли ги потплатил новинарите вака бесрамно да лажат? McDonalds?

Имаше и на форумов слика од ценовникот - 340д за сендвич, помфрит и пијалок.

Ако за сендвичи лажат во Press24, како да им веруваме за други работи?
 
Vakvi primitivni vesti izlagaat pri sekoj pogolem proekt... Ohno bez razlika koj i da gi finansira "novinarite" ne se tie sto i da go probale sendvicot nema da mozat da mi kazuvaat mene za vkusoot na BK Big%20smile TREBA SAMO DA İM KAZEME DA NE SE ZANESUVAAT )

Posted By: krale
Date Posted: 10-Sep-2011 at 21:39
Originally posted by my Macedonia

Originally posted by Alex

<h2>Еден сендвич во „Бургер Кинг“ на скопскиот Аеродром чини 400 денари</h2>

Само што доби модерен европски лик, аеродромот Александар Велики уште
побрзо доби и „модерни“ европски цени. Еден сендвич во популарниот фаст
фуд ланец, „Бургер Кинг“ на скопскиот аеродром чини неверојатни 400
денари. Бидејќи никој од нашата екипа не можеше да си дозволи да
плати 400 денари за еден сендвич, ќе останете без информацијата дали
овој ултра скап сендвич вреди за парите.

http://press24.mk/story/zabava/eden-sendvich-vo-%E2%80%9Eburger-king%E2%80%9C-na-skopskiot-aerodrom-chini-400-denari - http://press24.mk/story/zabava/eden-sendvich-vo-„burger-king“-na-skopskiot-aerodrom-chini-400-denari

400 Denari= 8FrankoviOhno A znaete li kolku cini eden hamburger vo ziriskiot aerodrom? Maximum 5 Frankovi!!Ne vlie da se komentira premnogu osven da se ostavi eden negativenEeek

Веќе објаснивме дека веста не е точна, веројатно се работи за намерно тенденциозно известување.

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Sep-2011 at 21:42
PreviousDa, sega primetiv pa zatoa go izbrisav komentarot! Ja vidov slikata potocno i gledam deka ima pijalok i pomfrit! Tesko nas so novinarive, ili se budali i navistina razbrale deka eden hamburger cini 400 den. ili pak namerno pisuvale gluposti, kako sekogas...

Posted By: Tuvok
Date Posted: 11-Sep-2011 at 15:37
Дечки наслушнав дека всушност ТАВ можеле да отвараат Бургер Кинг само на своите аеродроми и дека сеуште ниедна фирма нема лиценца за Македонија што би значело ништо од Бургер Кинг во Македонија во скоро време. Вистина или не ?

Posted By: OCB
Date Posted: 11-Sep-2011 at 17:02
Originally posted by Tuvok

Дечки наслушнав дека всушност ТАВ можеле да отвараат Бургер Кинг само на своите аеродроми и дека сеуште ниедна фирма нема лиценца за Македонија што би значело ништо од Бургер Кинг во Македонија во скоро време. Вистина или не ?

Бургер Кинг планира да отвори неколку ресторани во Македонија. Вториот се очекува да биде отворен во Скопје кон крајот на оваа година. Влезот ќе биде остварен преку турската TAB GIDA.

http://www.franchiseek.com/NewsDetail.asp?NewsID=1033

Posted By: mitatos
Date Posted: 11-Sep-2011 at 18:27
Јас мислев дека има во Скопје Бургер Кинг ,нели порано беше спроти аркадија ? што се деси со тој? затворен ли е? Затоа некако чудно ми дојде ова,дека и во скопје ке се отварало а јас све мислев дека има.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)

Posted By: vladegf
Date Posted: 11-Sep-2011 at 18:39
Originally posted by mitatos

Јас мислев дека има во Скопје Бургер Кинг ,нели порано беше спроти аркадија ? што се деси со тој? затворен ли е? Затоа некако чудно ми дојде ова,дека и во скопје ке се отварало а јас све мислев дека има.

Тоа беше КингБургер и нема везе со брендот BurgerKing

Posted By: mitatos
Date Posted: 11-Sep-2011 at 18:46
Може може не знам јас, само е идентично на ова, и логото беше слично ,тоа беше некој друг бренд или копија?Не знам дали сеуште постои тој фаст фуд.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)

Posted By: krale
Date Posted: 11-Sep-2011 at 22:42
Originally posted by mitatos

Може може не знам јас, само е идентично на ова, и логото беше слично ,тоа беше некој друг бренд или копија?Не знам дали сеуште постои тој фаст фуд.

Се уште постои, меѓутоа нема апсолутно никаква врска со Бургер Кинг што е светски бренд, а не маалска сендвичара.

Posted By: axel
Date Posted: 22-Sep-2011 at 10:46

http://kurir.mk/makedonija/vesti/43094-Sendvic-vo-Burger-King-za-skromni-344-denari - Сендвич во Бургер Кинг за „скромни“ 344 денари

На новиот скопски аеродром Александар Велики, Mакедонците и туристите можат да го пробаат светски познатиот вкус на Бургер Кинг.

burger-king-mkd-01.jpg-500

Бургер Кинг е најголемиот ривал на Мекдоналдс во светската индустрија за брза храна.

Сепак, сендвичот кој сите го очекуваа во Македонија, има цена. И тоа висока. За еден сендвич ќе треба да платите точно 344 денари.

Компанијата „ТАБ фудс“ којашто го донесе Бургер Кинг, има можност да ги донесе и Пица Хат и Данкин Донатс, коишто се исто така огромни брендови во светот. Тие се застапници за овие имиња, па во брзо време очекуваме и тие да се појават на македонско тло.

ТАБ веќе објави дека до крајот на годината се планирани Бургер Кинг ресторани и на други локации во земјата.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/43094-Sendvic-vo-Burger-King-za-skromni-344-denari

Posted By: N23
Date Posted: 22-Sep-2011 at 12:11

Ај баш ме интересира сите што плукавте претходно дека била платена репортажата каде се вика дека сендвич е 400 денари, на ова што ќе кажете? Плус ова го пишува Курир, кои лично не би имале некаква корист да плукаат по Бургер Кинг.
Цениве не им се нормални. Па у Турција за тие пари се добива голем помфрит, пола литарско пепси и двоен сендвич и тоа во Бургер Кинг во туристичките места. Во обичните градови е далеку поефтино. Ова е најверојатно затоа што се работи за аеродром, коа ќе дојдат до градовите ќе биде поефтино.

Posted By: kultuzin
Date Posted: 22-Sep-2011 at 12:36
Искрено мислам дека многу внимание и значење му се даде на бургер кинг.
Да беше во центарот на Скопје и така и така, но вака на аердором , не верувам дека секој ден ќе имаме можност да го посетуваме.

Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 22-Sep-2011 at 12:55
Originally posted by N23

Ај баш ме интересира сите што плукавте претходно дека била платена репортажата каде се вика дека сендвич е 400 денари, на ова што ќе кажете? Плус ова го пишува Курир, кои лично не би имале некаква корист да плукаат по Бургер Кинг.
Цениве не им се нормални. Па у Турција за тие пари се добива голем помфрит, пола литарско пепси и двоен сендвич и тоа во Бургер Кинг во туристичките места. Во обичните градови е далеку поефтино. Ова е најверојатно затоа што се работи за аеродром, коа ќе дојдат до градовите ќе биде поефтино.
Погоре на сликите има цена каде што цена на мени е 344 денари. Ок не е ефтино, ама сепак се работи за аеродром, и реално ако си јадел во Бугер Кинг на Ататурк аеродромот во Истанбул, сигурно не си платил под 12 евра за оброк. На крајот на краиштата пазарна економија е, па и Бугер Кинг Македонија можат слободно да си ги одредат цените, наше право е дали ќе ги прифатиме и ќе купиме или не.

-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו

Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 22-Sep-2011 at 13:48
Темава треба да си добие едно „/Бургер Кинг“

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY

Posted By: N23
Date Posted: 22-Sep-2011 at 14:15
Тоа зошто му се даде внимание на Бургер Кинг е рално големата потреба од таквите ланци на брза храна во Македонија и нормално е кај секој форумаш да привлече големо внимание. И јас сметам дека не треба дискусијата да оди во тој правец, но кога има само 4 мекдоналдси во земјава, очекувано е голема фама да се крене за Бургер Кинг.
А иако е аеродром, сепак сметам дека не треба да е толку скапо од проста причина што таму сеуште најголем број патници се домашни државјани.
П.С. Знае ли некој колку чини еден обичен сендвич, без да е дел од некое мени или нешто сл.

Posted By: Supervisor
Date Posted: 22-Sep-2011 at 14:18

само 4 мекдоналдси

Ај да те поправам има 7 MC ресторани од кој 5 во Скопје 1 во Тетово и тој во Охрид ако го сметаш !

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje

Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Sep-2011 at 14:49
Очигледно е потребна нишка за ова... Нека биде не само за ресторани за брза храна туку воопшто за влез на вакви глобални брендови во МК

Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Sep-2011 at 14:52
Originally posted by Supervisor

Originally posted by N23

Тоа зошто му се даде внимание на Бургер Кинг е рално големата потреба од таквите ланци на брза храна во Македонија и нормално е кај секој форумаш да привлече големо внимание. И јас сметам дека не треба дискусијата да оди во тој правец, но кога има само 4 мекдоналдси во земјава, очекувано е голема фама да се крене за Бургер Кинг.
А иако е аеродром, сепак сметам дека не треба да е толку скапо од проста причина што таму сеуште најголем број патници се домашни државјани.
П.С. Знае ли некој колку чини еден обичен сендвич, без да е дел од некое мени или нешто сл.
само 4 мекдоналдси

Ај да те поправам има 7 MC ресторани од кој 5 во Скопје 1 во Тетово и тој во Охрид ако го сметаш !

каде е 5тиот во Скопје?

Аеродром, Тафталиџе, Рекорд, Рамстор..... и?

Posted By: Supervisor
Date Posted: 22-Sep-2011 at 15:11
Originally posted by pbanks

Originally posted by Supervisor

Originally posted by N23

Тоа зошто му се даде внимание на Бургер Кинг е рално големата потреба од таквите ланци на брза храна во Македонија и нормално е кај секој форумаш да привлече големо внимание. И јас сметам дека не треба дискусијата да оди во тој правец, но кога има само 4 мекдоналдси во земјава, очекувано е голема фама да се крене за Бургер Кинг.
А иако е аеродром, сепак сметам дека не треба да е толку скапо од проста причина што таму сеуште најголем број патници се домашни државјани.
П.С. Знае ли некој колку чини еден обичен сендвич, без да е дел од некое мени или нешто сл.
само 4 мекдоналдси

Ај да те поправам има 7 MC ресторани од кој 5 во Скопје 1 во Тетово и тој во Охрид ако го сметаш !
каде е 5тиот во Скопје? Аеродром, Тафталиџе, Рекорд, Рамстор..... и?

Веро супер центар!

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje

Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Sep-2011 at 15:16
Не бев сигурен, немам влезено таму одавна...

Posted By: alexgizh
Date Posted: 22-Sep-2011 at 15:28
Едно време имаше и на влезот во Луна Парк, или грешам?

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.

Posted By: Мартин
Date Posted: 22-Sep-2011 at 15:31
Originally posted by alexgizh

Едно време имаше и на влезот во Луна Парк, или грешам?
Нема веќе подолго време ако не се лажам. Сега е некоја сосема друга сендвичара.

Posted By: krale
Date Posted: 22-Sep-2011 at 19:45
Фали уште некој во С. Север/Бит Пазар. Тој дел е толку прометен, а нема McDonalds.

Posted By: mitatos
Date Posted: 22-Sep-2011 at 20:34
Убаво ќе беше кога се градеше веро тука да се отвори еден Мекдоналдс,али не се ни обидоа да донесат и локацијата беше идеална,се отвори исто така РамсторМал ,Принц, и во ниеден не донесоа Мекдоналдс,повеќе ке имаше работа тука, од колку тој во новото Веро што е отворен,3-4 пати бев скоро е празен.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)

Posted By: Macedonicus
Date Posted: 22-Sep-2011 at 22:14
Соодветна локација за McDonalds во Топанско би била кај Prince или кај Рамсторот (наместо LaLuna можеа McD да отворат..)

Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 22-Sep-2011 at 23:36
А дали има кафе ланци? Мисла имаше Segafredo. Српската Delta Sport држи франчиза за Costa Coffee во Македониjа, има ли некоj развоj? 

Posted By: krale
Date Posted: 23-Sep-2011 at 08:00
Originally posted by Macedonicus

Соодветна локација за McDonalds во Топанско би била кај Prince или кај Рамсторот (наместо LaLuna можеа McD да отворат..)

Мислам дека дури има капацитет за 2 McDonald's еден дефинитивно е неопходен за Бит пазар, на главната станица кајшто се One, VIP и Т-мобиле, a друг во делот околу Рамстор или Џон Кенеди.

Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 23-Sep-2011 at 08:27

Имам впечаток дека М6, кој се франшизери на McDonald's во Македонија, премногу бавно се шират. McDonald's е присутен во Македонија од 94-95 некаде а до сега има само 5 ресторани во Скопје. Дали немаат капацитет (финасиски) или пак не работат доволно рентабилно рестораните навистина незнам.

-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו

Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Sep-2011 at 08:54
Originally posted by VirginAtlantic

А дали има кафе ланци? Мисла имаше Segafredo. Српската Delta Sport држи франчиза за Costa Coffee во Македониjа, има ли некоj развоj? 

Само овој ланец за сега

http://www.coffeeshopcompany.com/ - http://www.coffeeshopcompany.com/

Posted By: krale
Date Posted: 23-Sep-2011 at 08:55
Originally posted by UrbanFreak

Имам впечаток дека М6, кој се франшизери на McDonald's во Македонија, премногу бавно се шират. McDonald's е присутен во Македонија од 94-95 некаде а до сега има само 5 ресторани во Скопје. Дали немаат капацитет (финасиски) или пак не работат доволно рентабилно рестораните навистина незнам.

Таман мислев дека се забрзаа... Тетово 2009та, Веро Центар 2010та.. ама еве оваа година нема отворен нов ресторан.

Следната веројатно ќе се отвори во некој од моловите што се гради.

Posted By: krale
Date Posted: 23-Sep-2011 at 08:56
Originally posted by pbanks

Originally posted by VirginAtlantic

А дали има кафе ланци? Мисла имаше Segafredo. Српската Delta Sport држи франчиза за Costa Coffee во Македониjа, има ли некоj развоj? 

Само овој ланец за сега http://www.coffeeshopcompany.com/ - http://www.coffeeshopcompany.com/

Колку се вакви? Три?

Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Sep-2011 at 08:59
Па јас ги знам

- Соравиа
- Плоштад
- Бензинската кај општина карпош
- Бензинската лукоил на влез во СК од Тетово (за ова не сум сигурен некако низ магла ми е ко да видов такво нешто последен пат)

ЗА жал, на сајтот не им се точно обележени локациите.

Posted By: krale
Date Posted: 23-Sep-2011 at 10:52
Originally posted by pbanks

Па јас ги знам- Соравиа- Плоштад- Бензинската кај општина карпош- Бензинската лукоил на влез во СК од Тетово (за ова не сум сигурен некако низ магла ми е ко да видов такво нешто последен пат)ЗА жал, на сајтот не им се точно обележени локациите.

Во Куманово имале исто.

А за ова на влез во СК не сум сигурен дека има.

Posted By: axel
Date Posted: 23-Sep-2011 at 14:31

Burger King ќе отвори ресторан во центарот на Скопје

http://www.press24.mk/makedonija - Македонија | 23. септември 2011 - 13:59
Според информацијата, познатиот ланец ресотрани веќе обезбедил локација во новата зграда на Тутунска банка, до трговскиот центар Рамстор

Share72

Ланецот на Burger King планира да отвори нов ресторан во центарот на Скопје. Според неофицијалните информации, локацијата е веќе обезбедена и ќе се наоѓа во новата зграда на Тутунска банка, веднаш до трговскиот центар Рамстор.
Еден од најпознатите брендови за продажба на брза храна веќе го отвори првиот ресторан во земјава, но тој се наоѓа на аеродромот Александар Велики.
Засега нема информации кога ќе започнат да се продаваат првите сендвичи од центарот на Скопје и дали и за нив, цената ќе биде иста како онаа на скпското авио пристаниште.

http://daily.mk/cluster3/12d619ae1b48ec53c57efe61c4082724/915234

Posted By: krale
Date Posted: 23-Sep-2011 at 15:49
А кога?

Posted By: Goran
Date Posted: 24-Sep-2011 at 03:38
A be ne znam sto se raduvate na ovie fast food chains jas ziveam vo Avstralija eh da ima ovde ubavi hamburgeri leskovcka skara kako vo Makedonija ima sendvucari ama pleskavicite ne se kako vo Makedonija nikoj pat ne bi kupil bureger od Mcdonalds ili nekoj slicen lanec nivnata hrana e gubre vo ubava pakovka a ne se ni eftini.

Posted By: axel
Date Posted: 21-Oct-2011 at 13:24

„ДМ Дрогери Маркт“ влегува во Македонија

http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/10/21/dm221009ap726.jpg

Германската компанија за малопродажба на козметика и потрошувачки добра, „ДМ Дрогери Маркт“ (DM Drogerie Markt) ќе ја отвори својата прва продавница во Македонија идната година, известија хрватските медиуми.

Продавницата би требало да се отвори до средината на 2012, пренесе хрватското списание „Банка,“ цитирајќи го извршниот директор на хрватската филијала на ДМ, Мирко Мракузиќ. Никакви дополнителни информации не се наведени.

ДМ групацијата вработува 39.079 лица, има 2,536 продавници и остварува годишен промет од 6,17 милијарди евра.

Во Хрватска компанијата е присутна веќе 15 години и има 136 продавници. „ДМ Дрогери Маркт“ е присутна и во Романија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Словенија и Србија.

http://plusinfo.cfd.mk/large_gal/2011/10/21/pic1.jpg">http://plusinfo.cfd.mk/medium_gal/2011/10/21/pic1.jpg
  • http://plusinfo.cfd.mk/small_gal/2011/10/21/pic1.jpg
  • http://plusinfo.cfd.mk/small_gal/2011/10/21/_YZ_3050_dm.jpg
  • http://plusinfo.cfd.mk/small_gal/2011/10/21/800px-Dmdrogerie-aussen.jpg
  • http://plusinfo.cfd.mk/small_gal/2011/10/21/DM-Drogeriemarkt-in-Muenchen.jpg

http://www.plusinfo.mk/vest/19769/DM-Drogeri-Markt-vleguva-vo-Makedonija

Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Nov-2011 at 10:38
Фино Cheers

„Јуск“ пристигна и во Скопје

Данскиот гигант, кој е главен конкурент на шведската фирма „Икеа“, по Тетово отвори втора продавница во Скопје

Катерина Шеќеровска

Производите на данската компанија „Јуск“, главен конкурент на шведската фирма „Икеа“, од вчера се достапни и за потрошувачите во главниот град на земјава. По Тетово, „Јуск“ отвори своја продавница и во Скопје, сместена на улицата „Првомајска“, во близина на фабриката „Охис“. „Пред четири години го отворивме првиот салон во Тетово. По Косово и Албанија, Македонија е трета држава каде што сме присутни, а планираме набрзо да се прошириме и во останатите земји на Балканот“, изјави Агрон Беџети, менаџер на „Јуск“ за Македонија.

Салонот на „Јуск“ во Скопје се простира на 1.100 квадратни метри, има 22 вработени и работно време - секој ден од 9 до 21 часот. „Целата стока е од Данска, направивме микс на два концепта - германски и дански. Кај нас може да се најдат најразлични производи, почнувајќи од мебел, душеци, јоргани, перници и се' што е потребно за еден дом, ’слипинг и ливинг‘ - тоа е нашето мото“, додава Беџети.

Регионалниот менаџер на овој дански гигант, Виган Салиху, најави дека нивниот деловен план опфаќа да се отворат нови салони и во Струмица и во Велес, а во период од година-две и уште една продавница во Скопје, од другата страна на Вардар. 

„Се надевам дека ова ќе биде еден чекор понапред кон успешно ширење во цела Македонија. На нашите потрошувачи ќе им понудиме повеќе за цената што ја плаќаат. Ако сте платиле 10 евра, ќе добиете вредност за 15 евра. Така се работи во ’Јуск’. Секогаш има добра понуда и фиксни цени со кои добивате повеќе отколку на друго место. Производите се со висок дански квалитет, но главните артикли, како што се јорганите, перниците и душеците, се ексклузивно произведени во Данска, Норвешка и Шведска, во Скандинавијата“, додава Салиху. 

За продавниците на „Јуск“ се карактеристични достапните цени и квалитетни производи, како и кампањи со промоции што траат две недели, надополнети со миникампањи - на почетокот и на крајот на месецот, во кои се нудат попусти на цели асортимани на производи. 

Продавниците на „Јуск“ се присутни во повеќе од 35 земји во светот. Групацијата, чијшто сопственик е Ларс Ларсен, денес опфаќа повеќе од 1.850 продавници, главно лоцирани во Европа. Успешната приказна на компанијата почнува со иновативното и енергично момче Ларс, кое уште во времето додека го печело занаетот во продавница за текстил, а подоцна и во продавница за мебел, имал идеја да отвори сопствен синџир на продавници за продажба на постелнини. Без пари, но со многу идеи во главата, нашол неколку доставувачи и банка што го поддржала, па првата продавница во Данска ги отворила своите врати за купувачите уште во далечната 1979 година.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=98B36EB3400B7446BEB446A38238E377 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=98B36EB3400B7446BEB446A38238E377

Posted By: fusion
Date Posted: 23-Dec-2011 at 19:38
Sto se stori so Burger King vo Makedonija, trebase neli da se otvorat 3 do nova godina?

Posted By: gjoko
Date Posted: 23-Dec-2011 at 20:02
ама која нова година?оваа или....

Posted By: Djole88
Date Posted: 22-Mar-2012 at 16:50

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=833&PID=125924#125924 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=833&PID=125924#125924
Originally posted by mr bombastic

Каде може да се види листата на сите брендови што официјално се претставија? Иначе колку што можам да забележам ги нема KFC, Burger king, Starbucks, GAP, Marks&Spencer итн-знае ли некој дали ќе има некој од овие?

Абе KFC и Burger King не ни требаат, луѓе прескапи се. незнам дали некогаш сте јаделе во Софија или некој подалечен град во овие ланци за брза храна, ама јас барем не би дал минимум 300ден за некое бургерче или за крилца од KFC. А за Старбакс мислам дека нема трговска логика некој да ја земе франшизата која според мои процени е негде над милион евра(франшиза + цена за специфичното уредување на просторот). Реално Старбакс ќе биде чудо за 2-3 месеци и после ќе го конзумираат само побогатите. Сепак за кафе 200ден а и повеќе, премногу е

Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-Mar-2012 at 16:59
Па добро, функционира http://www.coffeeshopcompany.com/shopfinder/mazedonien/ - the Coffeeshop Company на две локации во Скопје (иако на сајтот пишува 3, а и мапата воопшто не им е точна), не е баш најевтино кафето, ама е од стилот на Starbucks, па далеку е од банкрот. Ајде барем нека донесат Costa Coffee, ако ништо друго, кој љуби тортести кафиња, ќе ужива. Not my style.

Posted By: Djole88
Date Posted: 22-Mar-2012 at 17:10
Види не реков дека е дојдено до банкрот, ама разликата на цената на франшизата е огромна. Фактот дека во Софија(2 милионски град, можеби и повеќе) има само 2 вакви кафе-барови е знак дека не е така едноставно тој бренд да влезе на наш пазар

Posted By: nylon
Date Posted: 22-Mar-2012 at 18:57
Originally posted by Djole88

Види не реков дека е дојдено до банкрот, ама разликата на цената на франшизата е огромна. Фактот дека во Софија(2 милионски град, можеби и повеќе) има само 2 вакви кафе-барови е знак дека не е така едноставно тој бренд да влезе на наш пазар

Старбакс не го користи моделот на франшиза. Сите локали на Старбакс се директно управувани од нив. Тие одбираат помеѓу две опции, купување/закупување на простор директно преку своја подружница, или втора опција е сопственик на простор да склучи договор со Старбакс каде што тој ќе го менаџира ресторанот, но сите трансакции одат директно преку подружницата на Старбакс. Мислам дека вториов модел го користат само во традиционалните за нив пазари, како САД, Велика Британија, Канада, односно онаму каде што има премногу голем број на кафулиња на Старбакс.

Инаку не е точно дека КФЦ и Бургер Кинг се многу скапи. Како МкДоналдс, а може и за нијанса поевтини. Исто така Старбакс да го поврзуваш со побогатите е неосновано. Главен сегмент кој го опслужува Старбакс е средната (градска) класа, а богатите пијат кафе во Ritz . Грешиш дека е скапо кафето во Старбакс, макс. 10% поскапо од конкуренцијата.

Инаку во принцип ме нервираат вакви отварања на светски брендови од угостителтвото само во еден шопинг центар или максимум 2-3 во еден град. Па не е бизнис моделот на Старбакс да возиш 6 километри, на пример ако живееш во Аеродром, за да стигнеш до единственото Старбакс во градот за да се напиеш кафе. Или Домино'с на пример. Тие се поставуваат вака затоа што ја користат ситуацијата во источна Европа каде што се преценети од потрошувачите и луѓево би поминале пола град за да стигнат до Домино'с. Истото се случува и со МкДоналдс. Како и да е со текот на времето ќе се сени оваа ситуација и овие светски брендови ќе мораат да ја спроведат својата вистинска концепција и кај нас, а тоа е пицерија на соседството, кафуле на аголот на секоја поважна улица во градот, МкДоналдс во факултетските кампуси... До тогаш ќе се радуваме на шопинг молови кои како ексклузивитет го нудат присуството на Домино'с .

Секако не окривувам никого со ова, за се е потребно време.

Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-Mar-2012 at 21:44
Originally posted by Djole88

Види не реков дека е дојдено до банкрот, ама разликата на цената на франшизата е огромна. Фактот дека во Софија(2 милионски град, можеби и повеќе) има само 2 вакви кафе-барови е знак дека не е така едноставно тој бренд да влезе на наш пазар

Карикирав де, и ти па буквалист

А nylon ја погоди сржта до максимум. И јас немам впечаток дека Burger King е поскап од McDonald's, воопшто. Сепак, соседните држави не треба да се баш репер за Македонија, бидејќи потрошувачките навики се секаде различни. McDonald's мака мачи во Грција, и никогаш не успеа (дури размислуваа и за заминување), но Goody's од друга страна, прави растур (а пак не успеа во Португалија, каде потрошувачките навики и јадачките преференци се скоро исти со грчките). Dunkin' Donuts исто така си ги собра парталите од Атина. Сè на сè, и јас би возел од Аеродром до Карпош 3, за еден ќеф. Ако ми е ќеф, that is.

Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 23-Mar-2012 at 00:02
Originally posted by nylon

Старбакс не го користи моделот на франшиза. Сите локали на Старбакс се директно управувани од нив. Тие одбираат помеѓу две опции, купување/закупување на простор директно преку своја подружница, или втора опција е сопственик на простор да склучи договор со Старбакс каде што тој ќе го менаџира ресторанот, но сите трансакции одат директно преку подружницата на Старбакс. ...

Грешка си за франшизата на Старбакс, функционираат слично како и Мек Доналдс. Имено Маринопулос ја има франшизата за Грција, Бугарија а сега и за Македонија, според мои информации.
http://www.marinopoulos.gr/starbucks.html - http://www.marinopoulos.gr/starbucks.html

-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו

Posted By: OCB
Date Posted: 23-Mar-2012 at 00:52
Originally posted by UrbanFreak

Originally posted by nylon

Старбакс не го користи моделот на франшиза. Сите локали на Старбакс се директно управувани од нив. Тие одбираат помеѓу две опции, купување/закупување на простор директно преку своја подружница, или втора опција е сопственик на простор да склучи договор со Старбакс каде што тој ќе го менаџира ресторанот, но сите трансакции одат директно преку подружницата на Старбакс. ...
Грешка си за франшизата на Старбакс, функционираат слично како и Мек Доналдс. Имено Маринопулос ја има франшизата за Грција, Бугарија а сега и за Македонија, според мои информации. http://www.marinopoulos.gr/starbucks.html - http://www.marinopoulos.gr/starbucks.html

Во случајот со Старбакс/Маринополус не се работи за франшиза туку за содружништво. Можеби најдобро е дискусиите за меѓународните ланци да се префрлат во соодветната http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1419&PN=4 - нишка на форумов.

Posted By: nylon
Date Posted: 23-Mar-2012 at 01:54
Originally posted by OCB

Точно, Маринопулос и Старбакс имаат joint venture (заедничко вложување), а франшиза е сосема друго. Маринопулос се партнери на Старбакс, тоа е модел н астранска инвестиција. А франшиза е сосема друго. Најчесто франшизата се однесува на индивидуалци или мали бизниси. Барем на запад за да отвориш ресторан на МкДоналдс треба да имаш 10тина вработени, стотина илјади евравлог и тоа е тоа. Секако кај нас франшизата на МкДоналдс ја има една и не така мала компанија, но суптината е во тоа што рестораните се во сопственост на локалниот бизнис, а само соработуваат и исполнуваат услови на интернационалниот МкДоналдс. Додека, интернационалниот Старбакс е сопственик на Старбакс Југоисточна Европа, а тоа дека има локален партнер незначи дека е франшиза. Тие повеќе или помалку директно управуваат со финансиите, процесите. Мислам дека ист е случајот и со Карфур.

Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 23-Mar-2012 at 10:08
Се извинувам, јас направив мал пропуст Bash.

Точно не се работи за франшиза, но сепак Старбакс не доаѓа директно туку преку заедничкото вложување со Маринопулос. Во случајот на Карфур, се спомнува истовремено и зедничко вложување и франшиза, барем на сјатот на Маринопулос:
http://www.marinopoulos.gr/carrefour.html - http://www.marinopoulos.gr/carrefour.html

Да не го тупам, се радувам и за двата бренда, и се надевам ќе се шират побрзо.

-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו

Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 23-Mar-2012 at 21:02
Carrefour во Македониjа ке биде нова компаниjа, исто како и во Албаниjа и Бугариjа /"КМБ България" ЕАД/. Познат модел - едноличен сопственик на капиталот ке биде регистрираната во Холандиjа CM Balkan B.V. - заедничка компаниjа на Грците и Французите, но со сложна структура.
Веке се работи по началото на работата во Скопjе. Од "КМБ България" ЕАД ке се одлучава за асортимента, доставки, персонал и т.н. После некулку месеци тоа ке се поеме од македонското поделение.

Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Mar-2012 at 21:10
Како за промена, Carrefour доаѓа релативно бргу во Македонија во регионалниот контекст.

Грција, на страна, ако не се лажам Carrefour влезе релативно скоро во Бугарија, во Албанија е ептен тазе а во другите земји (екс ју) воопшто не е влезен. Секако, тоа не е некој особен репер, во другите земји на екс ју а и во Бугарија веќе постои прилично силна конкуренција со години наназад во овој сегмент.

Сепак, меѓународните ланци не секогаш успеваат да ја препознаат вредноста на „бришаниот простор“ во Македонија, така да влезот на Carrefour е за секоја пофалба.

Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Mar-2012 at 17:28
Supermarkets tapping promise of the Western Balkans

By Dimitra Manifava

The Western Balkans region is beginning to look like the new El Dorado for large supermarket chains, both Greek and multinational. A fast economic recovery from the 2008 crisis, a rise in the standards of living and a very low concentration of organized food retailers make the countries of the region ideal investment targets.

Veropoulos and Delhaize infiltrated the market a year ago and are continuing to expand their presence there, while Carrefour-Marinopoulos made its first foray a few months ago.

As far as Greece is concerned, these developments will have both positive and negative impacts. The downside is that such moves mean supermarket companies are investing less in Greece. The upside is that the development of supermarket chains outside the country will contribute to the viability of auxiliary businesses within it.

Veropoulos is evening out its losses in the domestic market with expansion in the Former Yugoslav Republic of Macedonia (FYROM) and Serbia, while also forging new synergies. According to a recent statement by the chairman of the group, Nikos Veropoulos, the decision to invest abroad has significantly reduced the negative impact of the crisis in Greece and has also ensured suppliers access to both the domestic and foreign markets.

Turnover for the Veropoulos group for the January-September 2011 period increased by 25 percent compared to 2010. Profits for its subsidiary in FYROM are expected to reach 9 million euros for the end of 2011 from 7.5 million in 2010, while its Serbian subsidiary is estimated to have generated profits of 2.9 million euros for 2011 compared to 1.9 million for the previous year.
In FYROM, which Veropoulos entered in 2002, the Greek company now has a total of nine stores, with two more on the cards for the capital Skopje. In Serbia, the company operates five stores and is ready to open another in Belgrade.

According to Delhaize, Southeastern Europe is the engine for growth. The Belgian group entered the Greek market via Alfa-Beta Vassilopoulos and the Romanian market via Mega Image. Last year, meanwhile, it bought out Serbia’s Maxi, which has stores in Serbia, Bulgaria, Albania, Montenegro and Bosnia-Herzegovina. Presenting Delhaize’s plan for Southeastern Europe to a meeting of analysts in the United States a few days ago, Costas Macheras, CEO for the region, stressed the potential lies there and attributed it to positive growth rates and a low concentration in the supermarket sector.

The three biggest chains active in the region have a concentration of just 29 percent in Serbia and 19 percent in Romania, while even Greece is low compared to other countries in Western Europe, with the three largest chains here holding just 38 percent of the market. It is estimated that Greece’s Alfa-Beta Vassilopoulos will also benefit from the takeover of Serbia’s Maxi, mostly through synergies that will reduce operational costs.

Carrefour-Marinopoulos is also looking at infiltrating the Balkans, with a deal for a consortium signed in late November between the Greek and the French group inaugurating the first hypermarket in Tirana through franchising. The goal of the consortium is to open stores in Bosnia, Croatia, FYROM, Serbia, Slovenia and Montenegro.

Tuesday Jan 3, 2012
Copyright: http://www.ekathimerini.com

http://ekathimerini.com/4Dcgi/4dcgi/_w_articles_wsite2_7_03/01/2012_420965 - http://ekathimerini.com/4Dcgi/4dcgi/_w_articles_wsite2_7_03/01/2012_420965

Posted By: Djole88
Date Posted: 26-Mar-2012 at 18:02
Originally posted by nylon

Originally posted by Djole88

Види не реков дека е дојдено до банкрот, ама разликата на цената на франшизата е огромна. Фактот дека во Софија(2 милионски град, можеби и повеќе) има само 2 вакви кафе-барови е знак дека не е така едноставно тој бренд да влезе на наш пазар

Старбакс не го користи моделот на франшиза. Сите локали на Старбакс се директно управувани од нив. Тие одбираат помеѓу две опции, купување/закупување на простор директно преку своја подружница, или втора опција е сопственик на простор да склучи договор со Старбакс каде што тој ќе го менаџира ресторанот, но сите трансакции одат директно преку подружницата на Старбакс. Мислам дека вториов модел го користат само во традиционалните за нив пазари, како САД, Велика Британија, Канада, односно онаму каде што има премногу голем број на кафулиња на Старбакс.

Инаку не е точно дека КФЦ и Бургер Кинг се многу скапи. Како МкДоналдс, а може и за нијанса поевтини. Исто така Старбакс да го поврзуваш со побогатите е неосновано. Главен сегмент кој го опслужува Старбакс е средната (градска) класа, а богатите пијат кафе во Ritz . Грешиш дека е скапо кафето во Старбакс, макс. 10% поскапо од конкуренцијата.

Инаку во принцип ме нервираат вакви отварања на светски брендови од угостителтвото само во еден шопинг центар или максимум 2-3 во еден град. Па не е бизнис моделот на Старбакс да возиш 6 километри, на пример ако живееш во Аеродром, за да стигнеш до единственото Старбакс во градот за да се напиеш кафе. Или Домино'с на пример. Тие се поставуваат вака затоа што ја користат ситуацијата во источна Европа каде што се преценети од потрошувачите и луѓево би поминале пола град за да стигнат до Домино'с. Истото се случува и со МкДоналдс. Како и да е со текот на времето ќе се сени оваа ситуација и овие светски брендови ќе мораат да ја спроведат својата вистинска концепција и кај нас, а тоа е пицерија на соседството, кафуле на аголот на секоја поважна улица во градот, МкДоналдс во факултетските кампуси... До тогаш ќе се радуваме на шопинг молови кои како ексклузивитет го нудат присуството на Домино'с .

Секако не окривувам никого со ова, за се е потребно време.

Се што кажа е точно, ете за Старбакс не сум знаел дека не е со франшиза. Како и да е, ланците за фаст фуд и во случајов Старбакс во поголем дел од светот се достапни за секого, но не и за нашиот нормален граѓанин. Споредба МкДоналдс. Цените во Америка скоро исти како кај нас, ако не и тотално исти, во мкдоналдс во Америка јаде само ниска класа и туристи, а кај нас само деца што им е интересно и богати фацки кои немаат време за да спремаат ручек или да ручаат саат време. Јас ти гарантирам дека ретко кој би давал регуларно по 200 и повеќе денари за едно малечко кафенце во Старбакс кога за истите пари ќе пиеш 10 пати поголемо и поубаво(на изглед) кафе од Кафе ди РОма или некој „поексклузивен(читај поскап)“ кафич во градов.

Јас многу сакам да дојдат и Старбакс и Доминос и Пица Хат и Сабвеј, ама за жал или ќе бидат прескапи или нема воопшто да влезат на наш пазар, барем не во скоро време

Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 26-Mar-2012 at 20:26
Би требало цените во Старбакс да бидат од 100 денари за еспресо а капучино, лате, макиато и другите да струват повеке. Проблем е дека Грците немат право за развоj на ланецот во Македониjа /поне jас не знам да има/.

Domino's имат исти и дури пониски цени од обичните ланци.
http://www.dominos.bg/menu.php - Ето ги цените на Domino's во Бугариjа. 1 лев= 0,50 евро.
За мене е интересно тоа дека влизат директно во трговски центар. Прието е дека тоа е ланец за испорака на пици по домовете.

Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-Mar-2012 at 15:23

Delivery услугата во Македонија не заживеала никогаш, а тешко дека и ќе заживее во догледно време... Со многу другари сме се прашувале зошто е тоа така, во Грција ова е особено исплатливо, со оглед на тоа дека јадат по цел ден и ги мрзи да слезат пред зграда да нарачаат Нормално, услугата е секаде бесплатна, и ја има и во најмалите градчиња. Кај нас, дури ни во Скопје не функционира.

Posted By: Djole88
Date Posted: 27-Mar-2012 at 21:12
ај ѕирни ги овие две страни Добар почеток се, иако и самите ресторани/ланци за брза храна би требало да ја воведат оваа услуга

%20 - http://naracajsi.com.mk/
%20 - http://www.donesi.com/skopje/zone.php

Инаку овие домино'с сигурно отвораат или само ви е претпоставка?

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 27-Mar-2012 at 21:21
  Ги има на банерот...  

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 24-Sep-2012 at 13:39

Мхммм.... значи не е само тој во SCM туку ќе имало и Domino's ресторан и спроти ЈБТ...

-------------
Македонија - Земја на чудата!

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 24-Sep-2012 at 13:46

А еве и уште нешто... Ресторан во Охрид во наредните 2 години... 

-------------
Македонија - Земја на чудата!

Posted By: Ines
Date Posted: 02-Oct-2012 at 22:04
Dominos pizza pocna so rabota...seuste ne se uhodani, no se trudat...

Posted By: N23
Date Posted: 07-Oct-2012 at 23:48
Иако делуваат малце хаотично, сепак у Доминос добро си ја вршат работата. Цените, барем за добар дел од народот се поприлично солени, пиците се скоро слични со оние од скопските ресторани, едино што нудат различни видови од клишето. Не знам каква е логиката во странство, но по она што гледам се пред се насочени кон испорака на пици, а не кон тоа да земеш пица и да има простор да ја изедеш во локалот.
Како и да е, ќе треба да се види како ова ќе се одрази врз домашните дeливери пицерии, како и тоа колку сегашните купувачи кои се во голем број ќе останат "верни" на Доминос. Реално, со тие цени на пица, подобро ќе седнеш во Густо рецимо и ќе мцнеш и пица и пијалок со цена како да си купил од Доминос. Али тоа е мое видување, нарочито што не сум фан на US-based брза храна

-------------
23ka.wordpress.com

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 23-Dec-2012 at 11:44

Хмм...

Рамстор наскоро добива нов имиџ, Волмарт доаѓа во Македонија?

23.12.2012 - 11:22:00 

Најголемиот ланец на супермаркети од САД, Волмарт е во преговори да купи мнозинскиот удел од турската компанија Мигрос која се јавува како сопственик на ланецот супермаркети Рамстор. Зделката се проценува над 4 милијарди долари.

Мигрос има 888 супермаркети, хипермаркети и дисконтни продавници во Турција, но и продавници во Азербејџан, Казахстан и Киргизистан, како и во Македонија, а компанијата според податоците од пред 4 години, вработува 14.800 лица.

Во моментов Рамстор има мрежа на 7 супермаркети во Македонија, од кои 3 во Скопје, 3 во Тетово и еден во Струга.

Извор: http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1206537063/ramstor-naskoro-dobiva-nov-imidz-bolmart-doagja-vo-makedonija - Скопје Инфо

-------------
Македонија - Земја на чудата!

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Dec-2012 at 09:28
Волмарт можеби ќе го купи Мигрос, но не значи дека автоматски Рамстор маркетите ќе се ребрендираат.

Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 24-Dec-2012 at 10:12
Прво нека го купи. И пред 3-4 години преговараа, но не договрија продажба на крај. Во секој случај би бил пресреќен да го купат и целосно да го ребрендираат Рамстор, но и да ги донесат стандардите на Волмарт пред се во работните процеси, иако Рамстор по многу нешта и вака е лидер на пазарот.

-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו

Posted By: Danndy
Date Posted: 14-May-2013 at 19:04
Дечки, не сум сигурен дали е за во Вести или за во Разно, па преместете ако треба.

„Мекдоналдс“ ги затвори рестораните во Македонија

Пет ресторани на “Мекдоналдс“ во Скопје и уште неколку во Македонија, утрото осамнаа под клуч.Причините засега се непознати. Надлежните инспекции велат дека тие не стојат зад затворањето на рестораните, туку одговорот треба да се бара внатре во компанијата.

Со “Мекдоналдс“ во Македонија менаџира М6, фирмата во доминантно мнозинство на Свето Јаневски, поранешен прв човек на “Скопска пивара“.

Во рестораните во “Мекдоналдс“ во Македонија вработени се над 200 луѓе.

http://lider.mk/2013/05/14/mekdonalds-gi-zatvori-restoranite-vo-makedonija/ - Лидер.Мк

-------------
Traveling.

Posted By: Danndy
Date Posted: 14-May-2013 at 19:05
Освен во Охрид (сезонски) и Тетово, каде имаше на друго место МекДоналдс?

-------------
Traveling.

Posted By: gjoko
Date Posted: 14-May-2013 at 19:28
тој и син му и на Палас во Охрид му е... мајката,па МекДоналдс

Print Page | Close Window