СРЦ Пониква
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Спортски
Forum Discription: Стадиони, сали, спортско-рекреативни објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2944
Printed Date: 26-May-2025 at 03:59
Topic: СРЦ Пониква
Posted By: ko4ani
Subject: СРЦ Пониква
Date Posted: 10-Nov-2013 at 19:43
http://kanal8.mk/index.php/767-pristigna-opremata-od-mepso-za-ponikva - ристигна дел од донираната опрема од “МЕПСО“ за ски центарот Пониква
24.10.2013
Со товарни возила и друга механизација донесена е дел од опремата за
ски-патеката за сноуборд на Пониква. Со
тоа спортско-рекреативниот центар на Осогово се опремува за претстојната
зимска сезона на посетителите да им овозможи дополнително уживање.
Опремата вредна околу 1 милион евра што ја донираше АД
“Мепсо“ веќе се истовари во кругот на одморалиштето на МВР, од каде по
соодветните подготвки ќе започне да се инсталира на теренот покрај ски
патеката број 3.
Од Локалната самоуправа на Кочани присуствуваа на примопредавањето на опремата и најавија успешен старт на скијачката сезона.
- Се примаат ратракот, топовите за вештачки снег, опремата
за сноуборд патеката и една моторна санка. Изведувач на работите,
односно испорачател на опремата е “Енергосистеми“. Со овој дел се
подготвуваме за сезоната и можеме да очекуваме кога ќе се спуштат
температурите и кога ќе нема снег со овие топови да добиеме вештачки
снег и да ја почнеме сезоната и порано од она што го овозможува
природата, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.
Димитровски рече дека се очекува уште еден дел од опремата
што се најавуваше со што целосно ќе биде заокружен проектот и за ноќно
скијање. Во меѓувреме се работи на придружните објекти и инфраструктура
што ќе го комплетираат ски-центарот на Пониква.
- Работиме на изработка на техничка документација
за двете мали езерца на Арамиска чешма што ќе бидат основа за квалитетно
водоснабдување, иако и сега има вода на сите објекти. Преку
Источно-планскиот регион помина проектот за изработка на студија за
фекална канализација, односно отпадните води да се решат, така што имаме
повеќе проекти што континуирано ќе течат понатаму, додаде Димитровски.
Пред Владата веќе се наметнал и проект за
современо патно поврзување на сите општини што гравитираат
кон Пониква и Осоговијата, за што оттаму се добиени позитивни сигнали,
рече Димитровски.
Т. Ајтовски
|
Replies:
Posted By: ko4ani
Date Posted: 10-Nov-2013 at 19:44
Вештачки снег наврна на Пониква, се подготвува теренот за зимската сезона
Пониква
годинава треба да биде пример за зимски туристички центар. Со донација
на А.Д. МЕПСО, денеска беа успешно тестирани топовите за вештачки снег
во ски центарот. МЕПСО заедно со компанијата „Енерго систем“, изведувач
на проектот за изградба на сноуборд парк во ски центарот „Пониква“,
утрврдија дека топовите за подготовка на вештачки снег за скијачките
патеки функционираат без проблеми.
http://faktor.mk/wp-content/uploads/2013/09/Ponikva2-web.jpg">
Според
МЕПСО, оваа компанија донирала околу 1 милион евра за изградба на
системот за создавање вештачки снег на двете скијачки патеки. Инаку
проектот вклучува изградба на вештачка акумулација за вода од која ќе се
прави вештачки снег, електроенергетска и водоводна инфраструктура за
пренос на водата до патеките и за подготовка на вештачки снег. За таа
намена набавени се 5 топови за создавање вештачки снег, поставено е
осветлување на двете скијачки патеки и набавени се реквизити за
поставување сноуборд парк на една од скијачките патеки на „Пониква“.
Исто така набавени се и возило за подготовка на скијачки патеки (популарно наречено „Ратрак“) и снежна моторна санка.
|
Posted By: ko4ani
Date Posted: 10-Nov-2013 at 19:48
Изградба на главната сообракајница во Пониква, инвеститор е Општина Пробиштип, ке се поставуваат ивичнаци, и од едната страна по целата должина ке има тротоар со бекатон. http://imageshack.us/photo/my-images/405/zwxk.jpg/"> http://imageshack.us/photo/my-images/28/7l8j.jpg/"> http://imageshack.us/photo/my-images/854/hrhq.jpg/"> http://imageshack.us/photo/my-images/194/vmd0.jpg/"> http://imageshack.us/photo/my-images/443/vhq2.jpg/"> Ova e ezeroto izgradeno za de se sobira voda i od nea so topovite da se pravi vestacki sneg, invesitor Mepso http://imageshack.us/photo/my-images/22/hzfb.jpg/">
Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us
|
Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 10-Nov-2013 at 20:02
Bravo Bravo Bravo !!!! Samo vakvi raboti da se slucuvaat !!!
------------- Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
Posted By: ko4ani
Date Posted: 11-Nov-2013 at 10:10
Denovie e asfalitrana i celata ulica, pa ke se prodolzi so trotarite, se postaveni i slivnici i cevki za odvodnuvanje na atmnosverskata voda.





|
Posted By: kultuzin
Date Posted: 11-Nov-2013 at 10:32
" se postaveni i slivnici i cevki za odvodnuvanje na atmnosverskata voda."
Овој дел од текстот ми се допаѓа. Потекнувам од село кое е општина и има над 2000 жители а нема ниту канализација ниту пак систем за одводување на атмосферските води. Така што дури и после помали дождови дворовите се полнат со води и улиците пливаат. Згора на тоа и тие канали што ги имаше нема кој да ги одржува. Во секој случај мислам дека во иднина секој пат , улица, сокак не смее да се асвалтира пред притоа да се реши одводнувањето.
|
Posted By: ko4ani
Date Posted: 11-Nov-2013 at 12:18
Postaveni se 8 ili 9 slivnici na dolzina od okolu 400 m. Eve i nekoja slikicka od noviot ratrak i od okolinata





|
Posted By: ko4ani
Date Posted: 24-Nov-2013 at 17:16
ОНТИРАНИ И ТЕСТИРАНИ ТОПОВИТЕ ЗА ВЕШТАЧКИ СНЕГ
2013-11-15 Деновиве на ски-патеката на ски-лифтот 3, беа монтирани и тестирани топовите за вештачки снег.
Топовите се дел од опремата која во висина на 1.000.000 Евра ја донираше
„Мепсо“ на Општина Кочани и истата се очекува дека годинава ќе биде
искористена до максимум, со што на љубителите на скијањето ќе им се
овозможи подолга скијачка сезона.
За потсетување е дека освен топовите за снег, компанијата „Мепсо“ на
Општина Кочани и донираше ратрак, моторна санка и друга опрема потребна
за сноуборд патеката.
фото и видео: Горан Стојанов - Осоговски Конак
С. Ивановски
http://www.youtube.com/watch?v=UWmw_nXD4Pw - http://www.youtube.com/watch?v=UWmw_nXD4Pw
|
Posted By: ko4ani
Date Posted: 22-Dec-2013 at 11:54
ОФИЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА НА ТОПОВИТЕ ЗА ВЕШТАЧКИ СНЕГ
2013-12-21 Во
присуство на новинари од Штип и Кочани, денес на „Пониква“
градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип и официјално ги
промовираа топовите за вештачки снег.
Претходните денови топовите со снег ја покрија патеката од „ски-лифт 1“ и
денес неколку љубители на скијањето имаа промотивно возење. Иако како
што нагласија за прв пат возат по ваква патека, нивното задоволство беше
големо.
Инаку прекрасното и сончево време кое ја грееше „Пониква“ беше предизвик
за голем број посетители кои со убави прошетки си го разубавија денот.
С. Ивановски
http://www.komarec.com.mk/poveke.php?id=9450
|
Posted By: ko4ani
Date Posted: 22-Dec-2013 at 11:55
 Pusteno i osvetluvanjeto na 1 vata pateka
БЛЕСНА ПАТЕКАТА НА „СКИ ЛИФТ 1“
2013-12-14 
Вечерва
(Сабота) блесна патеката на „Ски лифт 1“. За прв пат ново поставените
рефлектори беа испробани и патеката изгледаше навистина прекрасно.
Се донесоа и топовите за вештачки снег па се очекува вечерва да бидат и овде испробани и да ја покријат целата патека со снег.
Природниот снег на Пониква се задржа кратко време, но затоа овде е
механизацијата подарок од „Мепсо“ која треба да создаде услови
љубителите на скијањето и дење и ноќе да можат непречено да скијат по
патеките на ски лифтовите 1 и 3.
|
Posted By: jyvation
Date Posted: 20-Dec-2014 at 23:10
На Пониква се монтираат топовите за снег
Стазите на Пониква се спремаат за дополнително заснежување. Временските услови ќе бидат соодветни за таа цел, патеките во моментов имаат малку снег кој ќе се дополни преку топовите за снег. Конкретно се работи на Стаза бр.1 која викендов би требало да биде во функција за рекреативно скијање и забава.
skimacedonia.mk
|
Posted By: jyvation
Date Posted: 03-Jan-2015 at 14:51
Пониква побеле, снежните топови засега само резерва
Новата опрема за вештачки снег е подготвена и тестирана, но засега од неа нема потреба, зашто на Пониква пред новогодишните празници падна доволно снег, па на ден пред Новата година имаше снежна покривка од четириесетина сантиметри. Хотелиерите и угостителите се оптимисти дека со последните инвестиции во туристичкиот комплекс Пониква на Осоговските Планини ќе продолжи трендот на се поголема посетеност од гости и туристи на овој засега единствен скијачки центар во источна Македонија, кој е на надморска височина од 1.580 метри.
повеќе на: http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=7DB5C9B935A817449DF4BFC2FE61AE50 - http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=7DB5C9B935A817449DF4BFC2FE61AE50
|
Posted By: jyvation
Date Posted: 16-May-2015 at 13:44
Јавна презентација на урбанистичкиот план за Пониква
Во Кочани денеска се одржа јавна презентација на Урбанистичкиот план за Пониква, планска документација 2014-2024 година.
За јавната расправа по Урбанистичкиот план надвор од населено место за Спортско рекреативниот центар Пониква, планска документација 2014-2024 година, нацрт план, меѓу граѓаните на Кочани постои голем интерес со оглед на фактот што голем број граѓани во повеќе делови на Пониква имаат изградено викенд куќи и други објекти кои ќе треба да се вметнат како дел од урбанистичкиот план на Пониква.
- Урбанистичкиот план на Пониква проширен ќе се протега на површина од 50 хектари, од кои дел се наменети за зеленило, а дел за викендички и хотели. На денешната јавна расправа која се одржа во салата на Советот на општина Кочани, најголем дел од забелешките на граѓаните се однесуваа на електричната и водоводната мрежа, како и на урбанизација на веќе купените парцели со патна и друга инфраструктуира, – изјави Марија Салтирова Јованова, советник за урбанизам и просторно планирање во општина Кочани.
http://www.porta3.mk/javna-prezentacija-na-urbanistichkiot-plan-za-ponikva/ - http://www.porta3.mk/javna-prezentacija-na-urbanistichkiot-plan-za-ponikva/
|
Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 23-Nov-2017 at 00:12
http://skimacedonia.mk/ski-centers/ponikva/ - http://skimacedonia.mk/ski-centers/ponikva/
во табот Техничка подготвеност наведено е и Сноуборд парк, претпоставувам и со кратка рампа, но само ако направат озбилен парк со https://en.wikipedia.org/wiki/Superpipe - Суперхалфпајп може да сметаат на поголем ќар, но и за народ рајат, бар некако дефокусирајќи го од Маврово Шапка и Кожуф ...
|
Posted By: Albertos
Date Posted: 19-Feb-2018 at 03:23
Дали сезонава може да се скија на Пониква? Бил ли некој? Работат ли топовите
|
Posted By: ironm
Date Posted: 23-Apr-2020 at 14:57
Почна реконструкцијата на ски-лифтовите на Пониква
Со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка, денеска започна реконструкцијата на ски-лифтовите во зимско-рекреативниот центар Пониква кај Кочани.
Со зафатот ќе се опфатат два ски-лифта, на кои ќе им
бидат реконструирани машинските и електричните делови, при што ќе бидат
променети влечните јажиња, котвите, а ќе се и изврши ремонт на моторите.
Во текот на работите комплетно ќе се замени електрониката и
управувачките делови на ски-лифтовите, кои се во вкупната должина од 692 метри.
Тендерот за реконструкција го добија компаниите „Инокс-сервис“ од Кочани и „НАСА КОМ“ од Скопје.
– Постојните ски-лифтови на
Пониква се застарени, во мал број, нивната работа е проследена со чести
дефекти, што ја оневозможува максимална искористеност на капацитетот на
ски-патеките. Спортско-рекреативниот центар
„Пониква“ е единствен ски-центар во Источниот плански регион, кој е
зацртан во Просторниот план на нашата држава како еден од 34-те зимски
туристички центри. Оттука, неговиот развој има регионална димензија и
заслужува посветеност – изјави Николчо Илијев, градоначалник на Општина
Кочани.
Овој проект беше избран како приоритетен на
регионалниот форум во Источниот плански регион што се одржаа во февруари
2019 година, со претставници од граѓанскиот, јавниот и бизнис-секторот
од сите 11 општини од регионот. https://meta.mk/pochna-rekonstrukczi%d1%98ata-na-ski-liftovite-na-ponikva/ - https://meta.mk/pochna-rekonstrukczi%d1%98ata-na-ski-liftovite-na-ponikva/
|
|