Print Page | Close Window

Вардарска Долина

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Инфраструктура
Forum Discription: Транспорт, телекомуникации, водостопанство...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=296
Printed Date: 10-Nov-2024 at 19:06


Topic: Вардарска Долина
Posted By: волан
Subject: Вардарска Долина
Date Posted: 21-Jun-2008 at 14:02
Некојпат во мојата младост(пред 40 години ...) се спомнуваше дека Вардар ке биде пловен ... преку пчиња и Морава ...
- потоа пред дваеесетина години се спомнуваше дека ке се искористи сливот на Вардар - интегрално за наводнување и производство на струја ...
- сега повторно се актуелизира сето тоа ... пишав еден пст на мојот блог

http://volanskopje.blog.com.mk/node/165079 - Вардарска Долина ...

Таму позајмив повеќе фотки од тука ... а тука само ке Ви аплодирам една презентација
1. вардарска долина 1 сливот

2. вардарска долина 2 хидроцентралите

3. вардарска долина 3 висинска разлика

4. вардарска долина 4 пилот пројект

5. вардарска долина 5 пилот пројект капаците

6. вардарска долина 6 трошоци






Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jun-2008 at 16:29
Ужасно скап проект за наши можности, но долгорочно секако треба да се стремиме кон негова реализација, затоа што придобивките би биле уште поголеми и на бројни полиња.


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Aug-2008 at 15:52


"Improvement of the Management of Transboundary Water Resources".
An EU-funded project managed by the European Agency for Reconstruction

http://www.vardarvalley.org/index.php?option=com_content&task=view&id=113&Itemid=0 - Specific Objectives and Outputs

http://www.vardarvalley.org/index.php?option=com_content&task=view&id=113&Itemid=0 -

http://www.vardarvalley.org/index.php?option=com_content&task=view&id=125&Itemid=144 - Geographics

http://www.vardarvalley.org/index.php?option=com_content&task=view&id=112&Itemid=0 - Related projects

http://www.vardarvalley.org/index.php?option=com_content&task=view&id=97&Itemid=0 - Pressures on Groundwater


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Oct-2008 at 23:37
На Вардар ќе никнат 12 централи


Македонија има потреба да се вклучи во проектот за изградба на нуклеарката Белене, но, сепак, треба да се работи и на сопствените енергетски проекти, изјави директорот на ЕЛЕМ, Чингоски


По течението на реката Вардар, на потегот од Скопје до Гевгелија ќе бидат изградени 12 хидроцентрали во наредните години, најави вчера во Охрид директорот на ЕЛЕМ, Владо Чингоски. Според него, дванаесет хидроцентрали никој не гради одеднаш
-Најпрво се почнува со градба на една или на две хидроцентрали, па со парите од произведената струја ќе се продолжи со вложување. Овој проект би требало да се реализира во период од 10 до 12 години и во моментов бараме стратешки партнер. Тоа треба да биде некоја голема компанија која што има искуство со раководење со такви каскадни системи - изјави Чингоски.

Тој најави дека до крајот на месецов, Регулаторната комисија за енергетика треба да одлучи за нивното барање за зголемување на цената на производствената струја на 1,81 денар за киловат-час со што ќе се обезбедела стабилна и континуирана испорака на енергија.
-Ние чувствуваме потреба да се вклучиме во проектот за изградба на нуклеарната електрана во Белене, што ќе биде од голема помош за енергетската стабилност на Македонија, но сепак треба да се работи и на сопствените енергетски проекти. Со тоа ќе добиеме долгорочна и прифатлива цена на струјата. Во моментов сите капацитети се активни и очекуваме стабилна енергетска сезона - подвлече Чингоски.

На отворањето на 12-то меѓународно советување "Енергетика-2008", министерот за економија Фатмир Бесими рече дека Македонија во моментов е увозно зависна од енергија, но тоа не е само проблем на нашава земја, туку и на целиот регион. Министерот Бесими најави дека ќе се зголемат производствените енергетски капацитети со унапредување и модернизација на постојните и ќе се изградат нови објекти.

Бесими очекува дека до 2015 година целосно ќе се либерализира енергетскиот пазар.

http://vecer.com.mk/?ItemID=3B50FA082E450B4BAAAEBCBC83BC65C5




Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Oct-2008 at 22:17
Колку што јас се сеќавам, овој проект можеше да стане реалност со помош на французите. Многу ми се допаѓа идејата, но во реалноста тешко дека ќе собереме неколку милијарди евра за изградба на проектот Вардарска долинаUnhappy.


Posted By: Plugger
Date Posted: 11-Oct-2008 at 07:41

Ova e dobra idea ali ke mora Vardarot da go napunat poveke so Voda, ete veke pocnuva da se prazni. Ke mora da se investira tuka zatoa shto ni treba da imame golema reka kako velicinata na Vardar.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Oct-2008 at 14:28
Tендер за “Вардарска долина“ во “Фаjненшл Тајмс“ http://www.netpress.com.mk/vestiimages/42768/Fatmir_Besimi.jpg -

Министерството за економија утре во дневниот весник “Фаjненшл Тајмс“, ќе објави тендер за проектот “Вардарска долина“.

Под проектот “Вардарска Долина“ се подразбира изградба на 12 мали хидро-централи по потекот на реката Вардар.

Исто така во дневниот весник “Фаjненшл Тајмс“, ќе биде објавен тендер за акциите на ЕМО Охрид.

Според министерот за економија, Фатмир Бесими, проектот “Вардарска долина“ е најголем енергетски проект со инвестиција од 1,2 милијарди евра. А продажбата на акциите на ЕМО Охрид остануваа иста а цената е намалена за да се виде дали има интерес.

Министерот Бесими рече дека продажбата на акциите од ОХИС нема да идат заедно со ЕМО Охрид, бидејќи од ОХИС се чека ревизиониот извештај.

Во врска со проектот “Бошков Мост“ министерот Бесими рече дека влегува во втората фаза и дека треба до 11 февруари 2009 година, 14-те компании што се квалификуваат да достават понуда. Исто така во фаза на изработка е третиот пакет за изградба на мали хидро-централи.

За посетата на државна делегација на атомската централа во Бугарија “Белене“, министерот рече дека е рано да се каже.

“Дали ќе учествуваме рано е да се каже, но ние сме заинтересирани. Од таму добивме информација дека треба првин да се договорат сопствениците на „Белене“, е бугарското електростопанство и германската “РВЕ“, и потоа да се даде понуда“, рече министерот Бесими.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=42768&kategorija=2




Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Oct-2008 at 01:00
На Вардарската долина ќе се градат 12 хидроцентрали

Според Фатмир Бесими, министер за економија, хидроцентралите треба да бидат со просечна инсталирана моќност од 320 мегавати и на годишно ниво да имаат производство на околу 1.000 гигават-часови електрична енергија.Тендерот ќе се одвива во две фази.
- Првата фаза ќе трае до 15 март идната година, до кога компаниите треба да се заинтересираат за да во втората фаза ги достават своите понуди - објаснува Бесими. Според него објавувањето на тендерот само потврдува дека на проектите од енергетскиот сектор во министерството забрзано се работи.

Веќе е завршена и првата фаза од проектот Бошков мост. Сите 14 компании, меѓу кои РВЕ - Германија, Вербунд-Австрија, Дуферко-Велика Британија, конзорциумот од ЕФТ (Данска), Турбоинженеринг (Словенија) и Гранит (Македонија), Едисон од Италија, што официјално се пријавени, се квалификувани и одат во втората фаза.

- До 13 ноември годинава тие ќе треба да ги подигнат тендерските документи, за да до 11 февруари идната година ги достават своите понуди -вели Бесими. Според министерот, тендерската комисија го усогласила и нацрт договорот за првите два пакети за изградба на мали хидроцентрали, а сега се чека Владата тоа да го стори. Потоа сите компании што ќе се изберат на тендерот ќе бидат известени и во рок од 20 дена ќе се потпишат договорите. Со тоа ќе се заокружат двата пакети за иградба на 65 мали хидроцентрали. Бесими укажа дека во меѓувреме во министерството е усвоен и трет пакет, односно список на нови 20 мали хидроцентрали. Пакетот во моментов е во владина процедура.

- За овие хидроцентрали до крајот на неделава или идната недела се очекува објавување на меѓународен тендер - вели Бесими.
За Чебрен и Галиште, Бесими вели дека проектот не доцни. Според него, тендерската комисија детално ги анализира понудите.
- Кога ќе го потпишам договорот, сакам да бидам сигурен дека тоа е квалитетно сработено - нагласува Бесими.

http://vecer.com.mk/?ItemID=820449B2CBB8F647901613D74C4DE103



Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 27-Oct-2008 at 16:53
[QUOTE=BOJAN]Колку што јас се сеќавам, овој проект можеше да стане реалност со помош на французите. Многу ми се допаѓа идејата, но во реалноста тешко дека ќе собереме неколку милијарди евра за изградба на проектот Вардарска долинаUnhappy.
[/QUOTE

Да французите беа заентересирани да го градат ама нашиве к** ги б**и.
Инаку така беше и кај нас во гевгелија пред едно 20 години со Смрдлива вода сакаа СЛовенци да ја градат целосно и они да си ги продаваат викендичките ама нашите не дадоа и сега кој каде нашол таму гради и е дива лига.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Oct-2008 at 12:45
Убаво што е објавен тендер за изградба на хидроцентрали, ама господата ќе мора да објаснат од кај пари за преместување на железничката пруга и автопатот што поминуваат по течението на реката Вардар, ова посебно важи за железничката пруга. Овие прашања треба сега да се поставуваат, за да не добиеме „подводни возови“Crazy!


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 28-Oct-2008 at 13:40
Нормално е дека тоа ке оди на сметка на граѓаните и тоа со поскапи сметки за струја,вода,дрва,патарини........ а за пругата и автопатот е тоа дефенитивно не го замислиле и секако додека ова се изгради ке поминат 20 до 30 години.


Posted By: beTon
Date Posted: 28-Oct-2008 at 14:00

Originally posted by BOJAN

Овие прашања треба сега да се поставуваат, за да не добиеме „подводни возови“Crazy!

добра Поента, но нејверојатно ќе се најде лек, таман може комотно да се трасира нова пруга бидејќи доколку сакаме да видиме некогаш брзи возови на К10 нормално е да се менува старава инфраструктура, па поефтино ќе биде да пуштат нова траса отколку да ја обновуваат старата, навистина ова ќе потопи многу муабети попат...

инаку ова со централите целосно ја вади од бункер идејата за моравско-вардарски канал од дунав до егејот, идеја стара 100 години, која единствено била разработена т.е. на која во ’60тите има докторирано во париз еден од деканите на ТБФ - Емилијан Вилос (татко на сегашниот http://www.tfb.edu.mk/predavaci/view/108 - Доц.Д-р Илиос Вилос ). зошто ова го мислам може да се види од подолниот текст...

http://217.16.70.245/?pBroj=1157&stID=6606&pR=10 - Македонија видена како пловен крстопат
Место и за некои сосема нови гемиџии

Идеи има - нема градители. Ова би било најкусото резиме за генезата на пловниот канал Дунав - Вардар - Егеј, што како дел од некаква градителска фантазија спојува три века, но сепак никогаш не дошол до точка која би навестувала негова конкретна реализација. Потсетувањето пак на тој замислен пловен пат, што на најбрз начин би ја поврзувал Северна Европа со Средоземјето и би преставува, ако се оствари, најтемелно преуредување на животот и во нашата држава е фактот дека во Белград одново се јавуваат интенции што притискаат, сепак, да дојде до реализацијата на таа водена сообраќајница.

Обновувањето на разговорите околу тој канал, по кој бродови со носивост од 1.300 тони ќе можат да минуваат низ дузина градови и села во Македонија (Куманово, Скопје, Велес, Неготино, Гевгелија...) црпи енергија во нејзината економска исплатливост и во претворањето на целиот Балкан во просперитетна и посакувана дестинација за сите инвеститори.

Некои од политичките претпоставки за реализација на таа идеја несомнено постојат во овој миг - што на хартија, што на јаве. На пример, идеолошката "уникатност" на регионот, по падот на еднопартиските системи и враќањето на капиталистичката логика. Ова особено се зајакнува по дефинитивното расчистување со режимот на Слободан Милошевиќ на север од нас, како можеби последната голема политичка брана за реализацијата на таа идеја, барем за некој западен, банкарски агол на гледање на работите.

Сепак, сите геополитички претпоставки не се добри и тука нема дилеми: несигурноста на дел од регионот, особено на најчувствителниот дел при потенцијалната изградба на каналот (т.н. преводница меѓу Морава и Повардарието) тоа не би било можно. 

Според плановите за овој канал (види рамка) тој би имал пет секции. Едната би била од Дунав преку Велика Морава се до Сталаќ. Вториот дел би бил од устието на Јужна во Велика Морава, се до Прешево. Третата, најкомпликуваната, би била од Прешево до Вардар и таа би била изведувана се до устието, каде што би се градела петта етапа.

Овој пловен пат би бил долг 700 километри и преку Дунав на север би бил поврзан со Рајна и со Северното Море, потоа со подунавските земји и Црното Море, како и со сите држави кои излегуваат на Средоземјето, вклучувајќи го тука и Суецкиот Канал, преку кој би се сообраќало практично со целиот Исток.

Како би функционирл тој канал. Најпрвин, со изградба на брани, што би ги подигнале нивоата на реките, кои пак ви влегле во комплетно регулирани, нови корита. На тие брани би постоеле пропусници за бродовите, онакви какви што постојат на сите големи канали, а преку кои пловините објекти би влегувале во соседните речни подрачја.

Всушност, потенцијалните градежници ги очекува работа каква што може да се споредува со онаа во Египет од времето на изградбата на пирамидите - потребни се прекопувања на реките, изградба на кејови, тунели, хидроцентрали, комплетна обнова на нови локации на дел од постојните автопати и железнички линии, преселување на населени места. Постои убеденост дека од аспект на техниката и техничкиот кадар, како и од аспект на работна сила кај нас не постои во мигот некаков проблем. Дури, работна сила - според процени на економистите - би требало да се увезува!

Најтежок проблем во изградбата би била несомнено делницата Прешево - Пчиња. Мора да се совлада денивелацијата на водите од едниот кон другиот регион, која изнесува 170 метри, па би било неопходно да се изградат преводници на седум или осум нивоа, што, најмногу ја поскапува изградбата и бара огромен капитал. Тука и брзината на бродовите би била забавена и би се создало тесно грло.

Каналот Дунав - Вардар - Егеј би чинел 14 милијарди долари и јасно е дека тој може да се добие само кај некој инвеститор од голем "маштап", згора и визионерски расположен и во добро расположение и здравје. Во ситуација кога на телевизиските екрани сў уште дефилираат некои воинствени фаци и кога не се отсонувани некои идеи за големи држави, таквите богати визионери лесно го губат здивот!

Но, барем во Белград не се предаваат. Таму постојат финансиски проекти со кои се вели дека за дел од парите со кои би се граделе супсидијарните објекти на каналот (хидроцентралите, на пример) можат да се обезбедат поволни кредити во Меѓународната банка за обнова и развој и Европската банка за инвестиции и развој во Лондон. Тие кредити би биле долгорочни и со многу ниски камати. Според изјавите на редовниот професор на белградскиот Универзитет и членот на САНУ, д-р Ненад Милеусниќ, потоа на Димитрие Перишиќ од Институтот за архитектура и урбанизам на Србија, кои се дел од тимот "што работат на случајот", практично Србија, Македонија и Грција би требало да најдат некаде околу осум милијарди долари, кои веројатно бргу би се вратиле преку економскиот процут на целиот регион. Тие повторуваат дека ова не е државен проект, не е ниту регионален, туку дека е европски и дека преку него Србија и Македонија, на некој начин, автоматски би станале дел од развиениот свет, не само поради битно подобрените стопански перформанси!

Изградбата на каналот, кога и би имало пари, не би се случила бргу - според некои оптимистички варијанти би биле доволни осум, а некои други, пак, велат дека не се доволни и три децении. Во овој миг, сепак, оние што се задолжени за просторно планирање би морале да ги направат подготвителните работи за да создадат "луфт" за тој канал. Тој секако ќе се гради, ако не од оваа, тогаш од некоја идна генерација: каналот се појавува како неизбежен чекор во модерното проодување на регионот. Но, за тоа да се направи треба да почнеме од најмали потези. Издавањето потврди од катастар со чекање од шест месеци или фингираната, глумена денационализација се само некои од тие работи со кои мора да се престане. Мораме да го промениме својот животен стил и начин на размислување и тоа најпрво од оние од кои тоа се очекува според дневните задачи - политичарите, пред се! За благосостојбата на овој народ не смее да се мисли само преку изборни ветувања, ниту преку подарени зелени картони или свински полутки, туку преку големи, визионерски потези.

http://217.16.70.245/?pBroj=1157&stID=6606&pR=10 - Утрински - Љубомир Костовски - 30.04.2003



Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Oct-2008 at 14:05


Не сум стручен за ова и никогаш не сум читал повеќе за пловната врска Вардар-Морава... Но секогаш тој проект ми звучен утопистички.


Posted By: beTon
Date Posted: 28-Oct-2008 at 14:38
споредено со инвестицијата на хрватите за А1 автопатот покрај море ова навистина ми изгледа ефтино само 5-6 милијарди евра па и не дека не е изводливо, но се наметнуваат повеќе прашања како еколошкиот момент, инфраструктурата, како и неприродната поделба на Македонија одкрај-докрај, а плус ќе имаме и по некој залутан октопод LOL , него бек ту риалити, мислам дека со ова браните би имало катострофални последици по живиот свет во вардар, но екстра енергетски ефект по земјата, па и каде има сила нема правдина, иако сигурно ќе има канали преку браните каде би се движела рибата, но тоа ќе биде вештачки момент кој како со јагулите во охридско езеро нема никогаш да профункционира...  


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Oct-2008 at 14:47
Originally posted by beTon

споредено со инвестицијата на хрватите за А1 автопатот покрај море ова навистина ми изгледа ефтино само 5-6 милијарди евра па и не дека не е изводливо, но се наметнуваат повеќе прашања како еколошкиот момент, инфраструктурата, како и неприродната поделба на Македонија одкрај-докрај, а плус ќе имаме и по некој залутан октопод LOL , него бек ту риалити, мислам дека со ова браните би имало катострофални последици по живиот свет во вардар, но екстра енергетски ефект по земјата, па и каде има сила нема правдина, иако сигурно ќе има канали преку браните каде би се движела рибата, но тоа ќе биде вештачки момент кој како со јагулите во охридско езеро нема никогаш да профункционира...  


воопшто не зборував за финансиски параметри. Зборуваме за пловен канал кој врзува една река која е на ниво на поток во последниве ХХ години и една друга река која не се разликува многу во нејзиниот долен тек како и за една не воопшто мала дистанца помеѓу тие две реки која треба некако да се пополни. Вардар е можеби релативно долга река (5та во екс СФРЈ) но нејзиното сливно подрачје воопшто не е издашно и исфрла помалку вода од една Соча во Словенија. Хидролошките состојби од последните години пак воопшто не укажуваат на тоа дека состојбата ќе се подобри. Напротив.


Posted By: beTon
Date Posted: 28-Oct-2008 at 15:00

па мислам дека не е утопија поврзување на северното море со егејското сепак тука ќе се движи маса од вода па и нема многу да зависи тоа од капацитетот на вардар само треба мислам да се направи ново големо корито покрај постојново со хидроцентралите затоа и велам дека со вардарска долина проектот се отвораат врати и за проектот морава-вардар. значи реално без дунав ова се ќе биде навистина утопија...



Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Oct-2008 at 16:05
Originally posted by beTon

па мислам дека не е утопија поврзување на северното море со егејското сепак тука ќе се движи маса од вода па и нема многу да зависи тоа од капацитетот на вардар само треба мислам да се направи ново големо корито покрај постојново со хидроцентралите затоа и велам дека со вардарска долина проектот се отвораат врати и за проектот морава-вардар. значи реално без дунав ова се ќе биде навистина утопија...



како што реков, лаик сум на темава така да можеби тресам и глупости. Затоа сеа само ќе ја следам како читач


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Oct-2008 at 18:10
@ пбанкс
Мислам количеството вода во сливот на Вардар е повеќе од доволно за таков канал да функционира најнормално. Јас проблемот го гледам токму во навистина огромната инвестиција. Дај боже да излезе нешто поконкретно од оваа работа - во таков случај Македонија сакала-нејќела ќе доживее вртоглав развој.



Originally posted by beTon

па мислам дека не е утопија поврзување на северното море со егејското сепак тука ќе се движи маса од вода па и нема многу да зависи тоа од капацитетот на вардар
Како нема да зависи од капацитетот на Вардар? Од каде тогаш ќе дојде таа „маса од вода“???






Posted By: beTon
Date Posted: 28-Oct-2008 at 18:53

Originally posted by Cloverstack

Како нема да зависи од капацитетот на Вардар? Од каде тогаш ќе дојде таа „маса од вода“???

на место си е прашањето кло, сепак ако се пробие дунав накај морава нормално е да навали накај врадар прилично количество вода, а вардар би служел како продолжена рака за регулирање на нивото на каналот - доколку и вардар се скрои по планот за вардарска долина... инаку пбанкс и јас не сум хидроинжинер па како и во повеќето случаи импровизирам со информациите што ги имам апсорбирано и ги ипсорбирам, абе саде термоелектрана Roll%20eyes ќе нафрлам и нешто логика и плус минус некој цитат и ете одприлика скромно размислување, па слободно пукај и ти сепак нема да не оценува владата LOL во догледно време можеби евентуално завод за статистика или градежна метеорологија да фрли око но неверувам дека ќе му ја заматиме водата некому... како што тргнало може само да окуражиме некого, знаеш кога ќе му сервираш некому инфо има бар инспирација од каде да почне а другото е миг на креативност и слобода на умот...



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Oct-2008 at 19:46
Originally posted by beTon

на место си е прашањето кло, сепак ако се пробие дунав накај морава нормално е да навали накај врадар прилично количество вода, а вардар би служел како продолжена рака за регулирање на нивото на каналот

Воопшто не си е на место прашањето, туку ми звучи тотално без врска.

Прво Дунав нема што да се „пробива“ накај Морава, Морава се влева во Дунав. Од друга страна колку што можам да видам на Google Earth, тоа устие се наоѓа на ~70м надморска височина, Пчиња се влева во Вардар на над 200м, а измеѓу овие точки каналот треба да помине предели од ~400м надморска височина. Не сум сигурен дека воопшто ја сваќаш функцијата на браните и преводниците:
http://en.wikipedia.org/wiki/Canal_lock - http://en.wikipedia.org/wiki/Canal_lock

Никаква вода нема да навали од од Дунав накај Вардар ниту обратно... Со вакви наивни тези од ракав дефинитивно не бива добра дискусија.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 29-Oct-2008 at 16:44
Прекрасни се овие идеи за Вардарска долина, ама како што гледам поради финанскиски средства проектов би заживеал за неколку децении. Е тогаш нема ни да има потреба од проектов, бидејќи поради глобалното затоплување, Егејско море ќе ни дојде до ГевгелијаTongue!!!


Posted By: beTon
Date Posted: 29-Oct-2008 at 18:29

Originally posted by Cloverstack


Originally posted by beTon

на место си е прашањето кло, сепак ако се пробие дунав накај морава нормално е да навали накај врадар прилично количество вода, а вардар би служел како продолжена рака за регулирање на нивото на каналот

Воопшто не си е на место прашањето, туку ми звучи тотално без врска.

Прво Дунав нема што да се „пробива“ накај Морава, Морава се влева во Дунав. Од друга страна колку што можам да видам на Google Earth, тоа устие се наоѓа на ~70м надморска височина, Пчиња се влева во Вардар на над 200м, а измеѓу овие точки каналот треба да помине предели од ~400м надморска височина. Не сум сигурен дека воопшто ја сваќаш функцијата на браните и преводниците:
http://en.wikipedia.org/wiki/Canal_lock - http://en.wikipedia.org/wiki/Canal_lock

Никаква вода нема да навали од од Дунав накај Вардар ниту обратно... Со вакви наивни тези од ракав дефинитивно не бива добра дискусија.

ооо кло не сум  видел дека си фрлил сиџимче LOL

па види вака за твоето прашање велев дека си е на место(антитеза) но сепак давам дообјаснување кое ќе држеше вода доколку внимателно си го прочитал текстот за канал дунав-морава-вардар-егеј...

Originally posted by beTon

Според плановите за овој канал (види рамка) тој би имал пет секции. Едната би била од Дунав преку Велика Морава се до Сталаќ. Вториот дел би бил од устието на Јужна во Велика Морава, се до Прешево. Третата, најкомпликуваната, би била од Прешево до Вардар и таа би била изведувана се до устието, каде што би се градела петта етапа.
Овој пловен пат би бил долг 700 километри и преку Дунав на север би бил поврзан со Рајна и со Северното Море, потоа со подунавските земји и Црното Море, како и со сите држави кои излегуваат на Средоземјето, вклучувајќи го тука и Суецкиот Канал, преку кој би се сообраќало практично со целиот Исток.
Како би функционирл тој канал. Најпрвин, со изградба на брани, што би ги подигнале нивоата на реките, кои пак ви влегле во комплетно регулирани, нови корита. На тие брани би постоеле пропусници за бродовите, онакви какви што постојат на сите големи канали, а преку кои пловините објекти би влегувале во соседните речни подрачја.

одтука излегува дека цел канал и ток ќе ги спои север и југ, поентата е да, треба да се кренат брани на постојните реки но се ќе оди во ново корито, па така не дека не може да се преусмери нова морава кон нов вардар и тоа се инивелира, и дунав да излезе на егејско море, едноставно на почеток ќе има потреба за асистенција за оформување на потенцијалното ново корито на овој канал а подоцна морава и вардар ќе служат само за одржување на нивото на каналот, сепак дунав ќе ја турка таа маса на вода, да не веруваш дека вардар или морава можат да имаа таков капацитет, можеби ако егејско навистина дојде до ГВ LOL нема врска може од ракав тресам, сепак логика пробувам да користам а она со надморската висина и тесните грла не ти држи вода за тоа имаш примери баш во линкот што ми го посочи...

еве еден српски текст каде нешто од нешто ја разјаснува дилемата дали каналот е реалност

http://www.nin.co.yu/2002-12/19/26450.html - Igor Eugen Hrebeljanović Lazarević 1896. godine, a ovih dana je pominje profesor dr Nenad Mileusnić

  Zamislite da usred Požarevca, Stalaća, Niša, Leskovca prolaze pravi pravcati brodovi na proputovanju do Soluna, a odatle između evropskog i afričkog kontinenta dalje ko zna gde!
  Upravo o tome razmišlja se danas u Srbiji. Redovni profesor Univerziteta u Beogradu i član Odbora za ekonomske nauke SANU prof. dr Nenad Mileusnić sa grupom saradnika smatra da je došlo vreme da Srbija dobije kanal koji bi spojio Dunav sa solunskom lukom, a preko Velike Morave i Vardara.
  On kaže da je izgradnja kanala Dunav - Morava - Vardar - Egejsko more baš ono što je Srbiji neophodno, pozivajući se na nesporni značaj koji bi ovaj novi plovni put mogao da ima za našu zemlju pre svega, a potom i za sve podunavske, ali i druge zemlje. Spajanjem slivova pomenutih reka, proširivanjem njihovih korita, pravljenjem kanala, izgradnjom hidroelektrana, i, konačno, spajanjem preko Vardara sa Solunom, postigao bi se višestruki značaj. Kako Mileusnić naglašava, ne samo da bi se dobili novi plovni putevi, pogodni za transport robe i prevoz ljudi, već bi se i regulisali tokovi naših reka, aktivirala bi se proizvodnja, potpomogla privreda, a Srbija bi rešila sve svoje muke u snabdevanju električnom energijom. A i put do Sredozemlja skratio bi se za 1 180 kilometara, što bi omogućilo efikasnije saobraćajno povezivanje Sredozemlja i Sueckog kanala sa centralnom i srednjom Evropom: od Beograda Dunavom i kroz Crno more do Egeja ima 1 880 kilometara, a Moravom, Vardarom do Egeja ima 700 km.
  Tako, golemi ekonomski potencijal Dunava i naših drugih reka ne daje mira svima onima koji veruju u ispunjenje ove zamisli. A o njoj se razmišlja preko sto godina. Projekat izgradnje kanala koji bi spojio Dunav sa Egejskim morem preko Morave i Vardara, a kroz pomenute gradove, baš toliko i postoji.
   
  Deonice
  “Plovni put Dunav - Morava - Vardar - Egejsko more biće realizovan. Ali, u sadašnjoj konstelaciji geopolitičkih, ekonomskih, privrednih odnosa na Balkanu, to je još jedna fantazija”, tvrdi profesor Dimitrije Perišić iz Instituta za arhitekturu i urbanizam Srbije i jedan od autora Prostornog plana Srbije. Jedino što bi u ovom trenutku moglo da se uradi, prema njegovim rečima, jeste da se sadašnjom planskom gradnjom infrastrukturnih sistema ostavi “luft” za period kada bi izgradnja bila realna. I ne treba zaboraviti - dodaje Perišić - ovaj plovni put ne bi bio ni srpski ni grčki, već isključivo evropski!
  Kako bi, međutim, izgledao ovaj istorijski kanal?
  Profesor Mileusnić kaže: “Plovni put Dunav - Morava - Vardar - Solun bio bi podeljen u pet deonica. Prvu bi činila Velika Morava od Dunava do Stalaća, drugu Južna Morava i lateralni kanal od Stalaća do vododelnice kod Preševa, treću prelaz preko vododelnice. Četvrta bi bila povezivanje vododelnice sa regulisanim Vardarom i lateralnim kanalom do Grčke, a peta regulisanje Vardara u Grčkoj do Soluna. Ukupno, 650 kilometara, od čega 345 kilometara pripada moravskom sektoru.”
  Dužina kanala u području Velike Morave, kako objašnjava Mileusnić, bila bi oko 151 km. Na tom delu kanala mogli bi da plove brodovi nosivosti do 1 350 tona. Ova lokacija bi obuhvatala, međutim, pored glavne trase na Velikoj Moravi i deo kanala na Južnoj Moravi sa bočnim kanalom Nišave do Niša i bočnim kanalom Zapadne Morave do Kraljeva.
  Profesor Mileusnić dalje objašnjava da bi na lokaciji Velike Morave kanal imao više pristaništa. Na Velikoj Moravi pristaništa bi mogla da budu u Požarevcu, Velikoj Plani, Batočini, Ćupriji i Stalaću, na Južnoj Moravi u Aleksincu i Nišu, na Zapadnoj u Kruševcu, Trsteniku i Kraljevu. “Upravo bi moravski sektor procvetao. Samo na potezu do Stalaća izgradilo bi se sedam hidroelektrana, uredilo bi se priobalje, izgradili bi se sistemi za navodnjavanje, a razvio bi se i turizam.”
   
  Poduhvat
  Da li će inicijativa profesora Nenada Mileusnića, njegovih saradnika i pobornika ove ideje, stati u red istorijskih pokušaja izgradnje kanala? Ako se izuzmu geopolitički faktori, za izgradnju je neophodno prevaliti građevinarske prepreke i, što je još važnije, uložiti veliki novac, koji država nema. I premijer Srbije Zoran Đinđić je nedavno izjavio da para za javne radove nema.
  Ali, profesor Mileusnić ne odustaje. Da bi se Dunav spojio sa Solunskom lukom, objašnjava on, građevinari će morati da iskopaju kanale na terenu, tunele, pristaništa, nasipe za zaštitu od poplava, moraće da obezbede teren od erozije, akumulacije vode, brodske prevodnice, brane, hidroelektrane, nove puteve, ali i prateće građevinske objekte.
  “Za naše građevinare nema granica. Imamo kadar koji bi izveo izgradnju, građevinske, mašinske tehničare i inženjere”, tvrdi Mileusnić, a Mile Samardžić, najbliži saradnik profesora Mileusnića dodaje: “Bila bi potrebna i jeftina radna snaga, koju bismo, doduše, mogli lako da uvezemo.”
  Da građevinski poslovi ne bi bili problem potvrdio je i Branislav Ivković, redovni profesor Građevinskog fakulteta u Beogradu. “Naši građevinari mogu da izvedu taj posao. Međutim, postoji jedan drugi, znatno veći problem konfiguracije terena”, navodi Ivković. Problem konfiguracije terena odnosi se na različite visinske kote Morave i Vardara. To podrazumeva izgradnju prevodnica koje bi morale da savladaju denivelacije vode od 140 do 170 metara. Ivković dalje dodaje: “Prevodnice bi bile građene u sedam, osam nivoa, što podrazumeva veliki kapital, a umanjuje propusnu moć kanala i time usporava plovidbu.”
  Još veći problem, kako Ivković navodi, jeste novac. “Pre nekoliko godina razmišljali smo o ovoj inicijativi i zaključili da je, za sada, neracionalna. Za izgradnju kanala neophodno je izdvojiti od 12 do 14 milijardi dolara. A mi taj novac nemamo”, kategoričan je Ivković. Mileusnićeva računica, međutim, ne slaže se sa Ivkovićevom. On tvrdi da je za izgradnju celog kanala dovoljno oko osam milijardi dolara i dodaje da je moguće izaći na kraj sa finansijskim problemima.
  “Moguća je kombinacija da se izgradnja kanala sa branama i prevodnicama finansira delimično donacijama, a hidroelektrane i prateći objekti dugoročnim zajmovima sa povoljnim kamatama kod Međunarodne banke za obnovu i razvoj iz Vašingtona i Evropske banke za investicije i razvoj iz Londona”, navodi Mileusnić.
  Ko bi konkretno uložio u srpski deo kanala, pod kojim uslovima i da li bi naša država mogla da bude garant isplate pozajmljenog novca? Na ta pitanja profesor Mileusnić nema odgovora. Ali, tvrdi: “Ako bismo dobili novac, kanal bi bio žila kucavica ne samo Srbije i Jugoslavije, već i cele Evrope.”
  O značaju kanala koji bi prema Mileusnićevim procenama mogao da se izgradi za 12 godina (prema nekim drugim procenama ne bi nam bilo dovoljno ni 30 godina) vredi razmišljati ako svetskim moćnicima bude u interesu da jedan takav plovan put nikne na Balkanu. Do tada, mogli bismo da se zapitamo zašto i ono što posedujemo - ne koristimo.

http://www.nin.co.yu/2002-12/19/26450.html - НИН - Dragana Matić - 19.10.2002



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2008 at 19:03
beTon, не ми е јасно како можеш толку упорно да стоиш зад нешто што навистина нема врска со ништо. Џабе ги заплеткуваш работите, џабе забегуваш лево-десно, џабе постираш и репостираш текстови кои ама баш никаде не го поткрепуваат твоето тврдење.
Она што го кажуваш е тотален нонсенс. Во било каква идна изведба на ваков канал, нема реална опција како водите од Дунав би навалиле накај Вардар.


Originally posted by beTon

нема врска може од ракав тресам
Тоа ќе да е. Не би било толку страшно доколку го кажуваш како твоја лаичка претпоставка, а не како некоја тешка анализа поткрепена со проверени информации.

Извини ако тонот на мојот пост звучи малку незгодно, но јас искрено сум револтиран од расфрлање со вакви тврдења. Не гледам кој на форумов би имал корист од тоа - баш напротив, а и воопшто мислам дека е несериозно и неодговорно.




Posted By: beTon
Date Posted: 29-Oct-2008 at 20:22
абе реков претходно кога го куражев pbanks дека ниту сум експер по хидроинжинерство ниту сум архитект ниту археолог, едноставно импровизирам со оние информации што ги имам и до кои можам да дојдам, ако мислиш дека на форумов мора се да биде научно поткрепено, тогаш барај лиценци кога некој се зачленува... негледам никаков проблем за форумов доколку некој сака да поентира нешто што можеби и не е издржано па нека се јави некој кој тоа ќе го демантира како што пробуваш ти во случајов, па може сите и нешто ќе научиме вакво спуштање како што ми го губиш времето мислам дека е повеќе од немање аргументи... инаку ти велиш во твојата реплика каков дунав какви бакрачи па етети и пред тоа текст и по тоа текст за дунав каде многу убаво вели дека се фино ќе се изнивелира а со преносници ќе се спојат вардар и морава, сигурно не мислиш дека вардар кој во грција се спушта на нула ќе ја полни морава накај дунав, тоа сигурно ќе биде дунав кој ќе се пробива накај вардар а со евентуално некое езеро да се  премосто прешевската клисура... за да не пукаме во празно ај прашај некој од србите на SSC дали може да се докопа до нешто подетално од идеите или некој нацрт-план на Проф.Др. Ненад Милеусниќ па ќе видиме како поточно ова може да излезе, или некој доколку може нека ја најде докторската дисертација на Проф.Др. Емилијан Вилос, па сетне можеме да правиме и муабет чие размислување држи. доколку се наметнуваат прашања и дилеми не е страшно доколку се бара вистината мислам дека сеуште не се нашол некој хидроинжинер да отвори муабет за темава како би ме замолчел во спротивно негледам ништо спорно во тоа пинг-понг муабет да има на оваа тема меѓу недоквакани ентузијасти, меѓу кои сум и јас.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2008 at 21:16
Бетон јас тебе ти го губам времето??? Напротив, си го губам сопственото време, обидувајќи се да ти објаснам нешто што е прилично очигледно...

Нема потреба од „лиценци“, но мислам дека има потреба од барем малку одговорност и сериозност кога се постира на форумов - особено да не се пласираат дезинформации. Кој нејќе да се запознае барем со основите на проблематиката за која сака да коментира, не мора да мудрува и да изигрува стручњак на секоја можна тема. Такво однесување не е ништо друго него намерно деградирање и труење на форумот за разонода и за утепување време. А овој форум не е за утепување време туку пред се е информативен и едукативен и има амбиција да биде сериозен медиум и извор на информации. Јасно е дека таквата поставеност ти пречи уште од сам почеток, но до сега требаше да сватиш дека работите се намерно така поставени со јасна цел и дека тоа нема да се менува.


---------------------------------------------------------------------

Ајде сега уште еден обид да ти објаснам некои прилично основни и очигледни работи и каде правиш грешка во толкувањето на текстовите кои ги наведуваш како поткрепа на твојата „теза“ (иако не кажуваш конкретно што е поткрепата, туку го посочуваш целиот текст)

Во било каква изведба на овој пловен пат, Морава ќе продолжи да си тече накај Дунав, а не обратно. Тоа е гравитација човече и нема ни зошто ни како да се оди против тоа. Регулирањето на нејзиниот тек со најразлични решенија меѓудругото би имало за цел да ги изменаџира водите од сливот на Морава, за да ја направи Морава пловна, а не со некое sci-fi „решение“ Дунав да се пробивал накај Вардар. Како побогу го замислуваш ова? Што подразбираш под таквата твоја изјава? Зарем мислиш дека ќе се копа канал со надморска височина каква што има на устието на Морава во Дунав???
Туку да се вратам на суштината... Значи Морава во каква и да е форма или облик ќе продолжи да тече накај Дунав, а и Вардар во каква и да е форма или облик ќе продолжи да тече накај Егејско Море. Спојувањето на Вардар и Морава би се извело преку Пчиња и преку вештачки канал на сегментот кој недостасува, а водата за управување со тој највисок сегмент на коридорот би била од локалните хидролошки потенцијали (по можност акумулација уште повисоко, како би се заштедило на енергија).

Целата вода во овој систем ќе си тече таму каде што ја носи гравитацијата. Не знам каде можеш да видиш потенцијална навала на вода од Дунав во Вардар, па ако сака Дунав нека биде и милион пати поголем од Вардар.



Posted By: beTon
Date Posted: 29-Oct-2008 at 22:16

абе изгледа дека не фрлам многу запирки па лошо си го сварил муабетот со не ми го губи времето тоа и сакам да го кажам дека ти настапуваш како “не треси бетон и не ми го троши времето“ 

дека стојам зад изјавата за дунав стојам но на една рака посебно откако ги видов поубаво надморските висини на теренот, држи тоа што го велиш дека треба да се премости само сегментот прешево а и доколку се оди со преноси како што велиш би требало некое големо езеро да има на прешево кое ќе ги спои морава и вардар., но која вода ќе го направи тоа премостување, пчиња, се сомневам, “најверојатно“ како што реков дунав преку морава со вардар ќе мораат да се изнивелираат, тоа единствено ќе се направи само доколку се копа нов посебен канал кој кај нас ќе мора да се пробие надоле 140 метри надморска височина а во србија и 300мнв на потег кој нема да биде воопшто краток. 

како што кажа pbanks утопија, но јас ќе додадам, единствено доколку се гледа на муабетов како плукни залепи, а и да се случи некогаш овој канал негледам причина зошто некој не би се утоварал истоварал по пристаништата околу европа туку би одел по овој канал сепак не е од типот на суецки или панамски канал каде се пробива континент од каде цел свет има потреба да помине?! 



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2008 at 22:36
Originally posted by beTon

но која вода ќе го направи тоа премостување, пчиња, се сомневам, “најверојатно“ како што реков дунав преку морава со вардар ќе мораат да се изнивелираат, тоа единствено ќе се направи само доколку се копа нов посебен канал кој кај нас ќе мора да се пробие надоле 140 метри надморска височина а во србија и 300мнв на потег кој нема да биде воопшто краток. 

Да се копа толку длабок канал е сулудо и на многу пократки растојанија, а камо ли да се нивелира од Дунав па се до точката на која Вардар ја достигнува надморската височина на устието на Морава во Дунав.


Висинските разлики не се решаваат така, туку со регулирање на тековите на реките со брани, преводници за бродовите од еден сегмент во друг, интервенции врз коритата и ред други решенија за кои не сум стручњак, но во основа и лаик може да свати како функционира севкупниот систем.

Во суштина веќе не би се работело баш за реки во класична смисла, туку серија на акумулации, канали и адаптирани речни корита. Така да и Пчиња би била сосема подруга река во еден ваков систем, со сосема подруг волумен на вода и негова контрола, а и за управување на каналот од Пчиња до Морава би бил потребен релативно скромен хидролошки потенцијал кој веројатно може да го обезбеди некоја локална повисока рекичка или самите овие реки од своите погорни текови, затоа што тој канал секако нема да се гради од извор до извор туку каде што е најизводливо/најкратко.

Сето ова е апсолутно изводливо, ама дефинитивно изгор скапо.


Posted By: beTon
Date Posted: 29-Oct-2008 at 23:10
да ако се оди на езера и да премостувања мислам дека не само што ќе биде скапо туку и постои и реално поголем предизвик постојано да се хранат од некаде тие езера со вода но и заради комплицираноста на таквиот канал воопшто и да се избегнува истиот... затоа и велам можеби единствено и јас се согласум “сулудо“ решение е копање длабоко, што не е нешто не изводливо, но ќе бара mean machines да роварат бајаѓи време. во принцип немав некаква намера да стојам на ова како мој несоборив став или разбирање туку попрво како поглед кон една работа која како идеја остава простор да серазмислува. уште одма кажав дека еколошки многу лошо ваков проект би се одразил на МКД... што можам да кажам реално-нереална идеја која ќе се оствари само доколку немаат на што богатите да си ги трошат парите па од некаков геостратешки хир би се расфрлале наоколу со милијарди, па што се за нив 7-8 милијарди евра, смешка во бинарниот економски систем од натиго дајмиго по банкарски сметки LOL


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Oct-2008 at 01:30
Нема друг начин како поинаку да се изгради од тој што го објаснив колку што можев со моите познавања. Копање „длабоко“ воопшто не е опција за овој канал... Тоа е до толку непотребно/неизводливо што и ние обичните лаици ваљда можеме да го сватиме тоа без воопшто двоумење.


Posted By: beTon
Date Posted: 30-Oct-2008 at 10:27
па ако сакаме танкери да се движат низ тој канал ќе мора да имаме и длабочина и ширина, а ако тоа се прави за туристички бродови воопшто не треба ни да се почнува муабетов...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Oct-2008 at 15:04
Абе муабетов воопшто не требаше да го почнуваме, ама бидна веќе.

Тоа со бродовите нема врска, секаде во свет има ограничувања во однос на тоа какви бродови можат да се движат по ваков тип на канали... На крајот на краиштата ни по Дунав ни по другите внатрешни водни патишта со кои овој канал би бил индиректно поврзан не се движат прекуокеански танкери, туку баржи и помали бродови. Бенефитот е огромен и без прекуокеански бродови и не треба така да го потценуваш.

Но дури и да сакаш прекуокеански бродови, тоа пак ништо не менува во „технологијата“ на изградба - останува начинот кој го опишав, само ќе треба се да се изгради поголемо.
А физичкото пробивање на Дунав накај Вардар заборави го - воопшто не е опција. Едноставно не е во доменот на реалноста.


Posted By: beTon
Date Posted: 30-Oct-2008 at 15:22
во право си и текстов малку подобро објаснува дека над 1500т тешко дека може да помине и вака и така http://www.novosti.rs/code/navigate.php?Id=10&status=jedna&vest=104209&datum=2007-05-26 - Od koristi samo želja


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Oct-2008 at 15:30


Дунав-Тиса-Дунав е друга ствар, неговиот максимален капацитет за пловила до 1500т сигурно би бил многукратно надминат од капацитетот на евентуалниот канал Вардар-Морава кој би имал стратешко значење. Но сепак ограничување ќе има, од тоа нема бегање.


Posted By: beTon
Date Posted: 06-Nov-2008 at 21:12

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=39423&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - Ќе се реализира енергетскиот проект „Вардарска долина“ - 26.10.2008

Ќе се реализира енергетскиот проект „Вардарска долина“. Владата утре ќе го објави тендерот преку кој ќе бара странски компании за изградба на 12 каскадни хидроелектрани на локации по течението на реката Вардар од Велес до Гевгелија. Инвестицијата тежи милијарда и двесте милиони евра.
 
- Тоа е еден од најголемите проекти во енергетскиот сектор досега во Република Македонија што зафаќа 12 средни и мали хидроцентрали низ реката Вардар со вкупна инсталирана моќност од 320 мегавати и со просечно годишно произведена енергија од 1000 гигаватчаса - рече Фатмир Бесими, министер за економија на РМ.

Вардарска долина е идеја стара две децении. Проектот се смета за клучен кога е во прашање домашното производство на електрична енергија. Во услови на регионален недостиг на струја и потребата Македонија константно да увезува скапа енергија, експертите порачуваа, Владата повеќе да се посвети на изградба на нови енергетски капацитети. Со реализацијата на овој и уште неколку кои веќе најавени проекти, Владата се надева дека земјата енергетски ќе зајакне. Проектите се најавуваат во време кога расте цената на енергијата и надвор, но и дома. Струјата поскапува од ноември, допрва ќе утврдува кои луѓе би добиле социјални пакети.
 
- Има работна група која работи на тоа, тоа е на стручно ниво, и сепак таков проект зафаќа повеќе институции, тоа е пред се социјална програма и министерството за економија нема директна надлежност над тоа - рече Бесими.
 
До јануари ќе биде готова енергетската стратегија што ја изработуваат експерти од МАНУ. Стратегијата ќе содржи клучни насоки за развој на енергетскиот сектор, најмногу за тоа кои треба да бидат приоритетните проекти во кои ќе учествува Македонија.

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=39423&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - Канал5 - 26.10.2008


http://www.elem.com.mk/index.php?id=56 - ХЕ во Вардарска долина

Проектот треба да се одвива во две фази. Првата фаза што ќе трае до 15 ноември е меѓународниот тендер, со кој треба да се привлечат сериозни инвеститори од странство.

http://www.dw-world.de/dw/article/0,2144,3742708,00.html - Deutsche Welle - 27.10.2008

http://217.16.95.26/default.asp?ItemID=CC4CB6250E64F84A8A723F544DA1AD72 - Вардарска долина чека вистински мајстори - 24.10.2006

Францускиот проект Вардарска, иако е поткрепен со физибилити студија, профитен за инвеститорите и за Македонија, отвора повеќе работни места и кооперантски ангажман од кој било проект во Македонија досега - 16 години чека на реализација.

Проектот "Вардарска долина", своевремено наречен проект на векот, иако инициран пред 16 години, со неколку физибилити студии докажан како доходовен, никако да се реализира. Направени се сите подготовки, формиран е Македонски конзорциум, а беше изработена и физибилити студија со техничка помош од француската Влада и компанијата ЦНР. Но, во 2000 година, со одлука на Собранието и Управниот одбор на Конзорциумот тој, од непознати причини, престана да функционира, а целокупната документација за проектот Вардарска долина беше предадена на чување на Електростопанство на Македонија, каде што се наоѓа и денес.
По повеќе од деценија, деновиве овој стратешки проект повторно се актуализира.
Инвеститорите очекуваат Владата да го проучи, и да ги преземе сите неопходни чекори за почнување на реализацијата на проектот кој треба да овозможи забрзување на економскиот развој во повеќе области (енергетиката, земјоделието, водостопанство, патната, железничката и водената инфраструктура, екологијата и заштита на квалитетот на водите, туризмот...).
Во првата фаза од физибилити студијата направена е анализа за 16 хидроенергетски објекти, од кои 10 со низок пад и два со висок пад (ХЕ "Градец" и ХЕ "Велес") лоцирани по текот на реката Вардар и четири хидроелектрани со висок пад од кои две (ХЕ "Козјак" и ХЕ "Матка 2") на реката Треска и две (ХЕ "Галиште" и ХЕ "Чебрен") на Црна Река.
Со Програмата за интегрален развој на Вардарската долина, во наредните две до три децении за развој на повеќе области се предвидени инвестиции во вкупна вредност од 3,5 милијарди американски долари. Се планираат вложувања во областа на хидроенергетиката преку изградба на седум нови хидроенергетски објекти (акумулациони хидроцентрали), заедно со ХЕ Козјак, која е во градба, како и 10 проточни хидроцентрали. Втор чекор е изградба на девет градски пречистителни станици во вкупна вредност од 500 милиони долари, и трета област опфатена со програмата е железничкиот сообраќај и врските, бидејќи со изградба на хидроцентралите очекувано е изместување на дел од железничките траси.
Кон ова, се подразбира, се предвидува и пратечка инфраструктура за градовите по должината на Вардар: од Скопје, преку Велес, Неготино... па се до Гевгелија. Непосредната инвестиција е 3,5 милијарди долари, а вредноста на работатата за кооперантите, односно компаниите кои би имале сервисни услуги на капацитетите, е околу 500 милиони долари.
Има ли мајстори за овој француски проект во Македонија, или и овојпат ќе се чекаат други, подобри времиња? А подобрите времиња побрзо би дошле со инвестиција од близу четири милјарди долари - сега.

http://217.16.95.26/default.asp?ItemID=CC4CB6250E64F84A8A723F544DA1AD72 - Вечер - 24.10.2006

http://www.pravo.org.mk/download/Zakoni/Sub/%C7%C0%CA%CE%CD%20%C7%C0%20%C6%C5%CB%C5%C7%CD%C8%D6%C8%D2%C5%20%28%CF%F0%E5%F7%E8%F1%F2%E5%ED%20%F2%E5%EA%F1%F2%29_58_11052007.pdf - ЗАКОН ЗА ЖЕЛЕЗНИЦИТЕ - член24

(1) Ако дел од железничката пруга треба да се измести заради градење на
друг објект (јавен пат, аеродром, хидроакумулација, енергетски објекти,
рудник и слично) делот на железничката пруга кој се изместува мора да
биде изграден со елементи кои одговараат на таа категорија на
железничката пруга без оглед на стварната состојба во која се наоѓала во
моментот на изместување.
(2) Трошоците за изместувањето на делот од железничката пруга од став
(1) на овој член ги сноси инвеститорот на објектот заради чија изградба се
врши изместување на железничката пруга



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-May-2009 at 14:56
На оваа тема ни промакнале некои битни случувања и информации.

Првиот текст е од магазинот Капитал од крајот на 2008 и содржи доста информации не само за Вардарска Долина туку и за надоврзувачкиот проект за пловен пат Дунав-Морава-Вардар-Егеј.

Вториот текст е од Утрински Весник од 02.04.2009 и го регистрира неуспехот на процедурата за 12 хидроелектрани во склоп на Вардарска долина и продолжувањето на рокот за пројавувавање интерес, од 15 март до 30 јуни 2009 година. Исто така содржи дополнителни информации за проектов.

Реалност или само добар проект на хартија
Водите на Вардар ќе не спасуваат од енергетски колапс
Паушални се оценките дека Македонија нема енергетска стратегија бидејќи физибилити студија за “Вардарска долина” и изградба на 12 хидроцентрали на реката Вардар е изработена уште во 1994 година заедно со француската национална компанија на Рона. Сега Владата на Никола Груевски првпат овој проект го става во својата програма и ветува негова реализација. Станува збор за проект кој доколку би се реализирал би бил спас за енергетската состојба на Македонија.
 
Таа инвестиција би била околу 1,2 милијарди евра. Ако Србија, Грција и Македонија се договорат за основање на егејско - подунавска банка (како што предвидува физибилити студијата) и соберат уште 5 милијарди евра, во овој век би можел да се реализира и пловниот пат Дунав-Морава-Вардар Егејско Море со што водениот пат од Дунав до Егејското Море би се скратил за 1260 километри.
 
Александар Писарев,
mailto:pisarev@kapital.com.mk - pisarev@kapital.com.mk
 
“Вардарска долина” е најголем интегрален развоен проект во Македонија кој во наредните години би требало да обезбеди квалитетно и редовно снабдување на државата со електрична енергија.
За сериозноста на овој проект зборува податокот дека во неговата реализација досега се ангажирани најугледните експерти за енергетика од нашата држава, Франција и Турција, и врвните научни институции како што се МАНУ, Градежен факултет, Секторот за развој на ЕЛЕМ и експертите од француската Национална компанија на Рона, кои сличен проект реализирале на реката Рона во Франција.
Врз основа на оваа студија Министерството за економија овие денови објави меѓународен тендер за изградба на 12 хидроелектрани долж течението на реката Вардар од Велес до Гевгелија. Тие би требало да ја подобрат електроенергетската ситуција во државата за 1000 гигават часови електрична енергија годишно.
“Меѓународниот тендер ќе се одвива во две фази. Првата фаза ќе трае до 15 март идната година до кога компаниите би требало да покажат заинтересираност за овие хидроенергетски објекти, а потоа во втората фаза и да достават свои конкретни понуди”, објаснува министерот за економија Фатмир Бесими.
 
Идејата за интегрален развој на “Вардарска долина” и за искористување на водите на нашата најголема река се стари повеќе од три децении. Во рамките на таа идеја има и “утопистички” проекти кои барем засега не можат да се реализираат, пред с$ поради нивната обемност и астрономска висока цена, како што е пловниот пат од Дунав, преку Велика Морава и Вардар до Егејското Море.
 
Француски модел
“Студијата за Вардарска долина, врз основа на која е распишан меѓународен тендер е развоен проект кој има за цел целосно и оптимално искористување на водите во нашата држава”, вели професор д-р Андреј Токарев од Градежниот факултет во Скопје. Првичниот проект се однесуваше само на реката Вардар и неговите притоки, но студијата беше дополнета со останатите два слива Струмичкиот и Црнодримскиот, како и со езерата. Ревизиона комисија на проектот препорача студијата “Вардарска долина” да биде користена во клучните развојни активности на Република Македонија, вклучително во Просторниот план и во енергетската стратегија”, вели професор Токарев, координатор на македонскиот конзорциум “Вардарска долина”.
Физибилити- студијата врз основа на која се планирани овие 12 хидроенергетски објекти долж течението на реката Вардар е изготвена како техничка помош на Франција од страна на Националната компанија на Рона, по урнек на менаџментот кој го реализирал проектот за искористување и заштита на големиот слив на реката Рона заедно со компанијата “Бетур Хидролак” од Франција.
Според пресметките вкупната вредност на интегралниот проект со објектите зацртани во програмата изнесува 3,5 милијарди долари, а периодот за реализација е 15 до 20 години. Хидроелектраните според физибилити студијата (чија ревизија како техничка помош ја направи Турција) треба да се реализираат долж Вардар и неговите притоки во период 2010-2015 година во должина од 200 километри, по течението на Вардар од Скопје до Грчка граница. 
 
Секторот за развој и инвестиции во АД “Елем”- АД Електрани на Македонија во државна сопственост, врз основа на физибилити- студија за “Вардарска долина” во септември годинава изработи Информативен меморандум за интегрално уредување на Вардарската долина.
Дванаесетте хидроцентрали на реката Вардар кои се предмет на концесија се планирани за изградба со цел да се искористи хидропотенцијалот на реката Вардар. За овие електрани техничката документација е на ниво на идејно решение, додека за две од нив и тоа ХЕЦ Градец и ХЕЦ Велес, техничката документација е на ниво на идеен проект.
 
Има доволно вода
Професор д-р.Наташа Марковска од ИЦЕИМ на МАНУ (Истражувачки центар за енергетика, информатика и атерјали на МАНУ) која е дел на тимот кој ја изработува енергетската стратегија на Македонија вели дека долгорочно гледано многу работи во развој на енергетиката се лимитирани и од климатските промени. Поради тоа тимот на МАНУ подготвува модел на симулација на климатските промени кој е составен дел на стратегијата за енергетика и на почетокот на идната година ќе и биде презентиран на Владата заедно со елементите кои се важни за „Вардарска долина”. „На крајот на овој век ние ќе имаме за четири степени Целзиусови пораст во глобалните температури во однос на 1990 година. Тоа е страшен пораст и влијанијата од тој пораст ќе бидат несогледливи”, вели Марковска”.
Константин Угрински од хидролошкото одделение при Управата за хидрометеоролошки работи вели дека според неговите долгогодишни мерења и испитување на водотеците, барем во наредниот половина век без оглед на климатските промени, вода во најголемите македонски реки ќе има доволно.
“Ние овие денови интензивно подготвуваме за Владата обемен материјал за количеството на вода во сливното подрачје кое спаѓа под проектот “Вардарска долина”. Според податоците кои ќе и бидат презентирани на Владата, просечен годишен проток на реката Вардар во Скопје, после вливот на Треска и Лепенец изнесува 57,6 кубни метри во секунда, вели Угрински.
Низводно кај Велес после сливот на Бабуна, и Кадина Река количеството на вода се зголемува на 74,6 кубни метри во секунда, за да кај Демир Капија после вливот на Црна, Брегалница и Дошница достигне 126, а кај Гевгелија после вливот на Анска Река, Коњска и некои помали притоки протокот се зголеми дури на 135 кубни метри во секунда. Односно годишно потенцијалот на реката Вардар изнесува 4,3 милијарди кубни метри вода.„Таа вода денес неискористено се влева во Егејското Море” вели Угрински.
Она што е предност на нашата држава, вели Угрински, е што 85% од вкупниот воден потенцијал, вклучително и на Црна Река каде се планирани хидроелектраните „Чебрен” и „Галиште” е домашен. Односно извира и е под контрола на територија на нашата држава. (Освен Лепенец и Пчиња кои делумно течат и во други држави). Со тоа, кога е во прашање производство на електричната енергија, гарантирано е континуирано снабдување на акумулациите со вода.
 
Голема инвестиција
Проектот „Вардарска долина” е скап и ЕЛЕМ како акционерско друштво во сопственост на државата не може самостојно да го реализира. Пред се затоа што при изградбата на сите електроцентрали (освен на онаа кај Кукуречани) потребно е изместување на постојната железничка пруга Скопје - Гевгелија. И тоа: во Велес за 30 километри, кај Градец за 28 километри, а на другите делници за 7,8 до 10 километри, или од вкупната должина на железничката пруга од околу 200 километри, потребно е скоро половина на пругата да се дислоцира што е голем удел во вкупната инвестиција или скоро 100 милиони евра.
Според распишаниот тендер заинтересираните компании или конзорциуми треба да ја преземат и оваа обврска односно пред почеток на работите на изградба на хидроцентралите треба делумно да ја дислоцираат железничката пруга за да можат да изградат брани за идните акумулациони езера.
Најголемата височина на браната според идејниот прект би имала ХЕЦ Велес - 59 метри и во акумулационото езеро би се акумулирале 64 милиони кубни метри вода. Тоа би обезбедило средногодишно производство на електрична енергија од 300 гигават часови. Нејзината инсталирана моќ е предвидено да биде 94 мегавати. Централата би се градела низводно од Велес во близина на Башино село. Пред почеток на изградбата на браната од 30 километри пругата треба да се дислоцира. Приодот до браната и до езерото би бил преку постојниот автопат Скопје -Велес. Нејзината изградба би траела според предвидувањата шест години, а вкупната инвестиција би изнесувала околу 250 милиони евра. Втора по моќност од овие 12 хидроцентрали според техничката документација која е на ниво на идеен проект е ХЕЦ Градец кај Удово. Висината на браната би изнесувала 30 метри, акумулацијата би содржела 43 милиони кубни метри вода, инсталираната моќност е 56,8 мегавати и би обезбедила средногодишно производство на струја од 230 гигават часови. Акумулационото Езеро и Електричната централа би биле изградени 30,4 километри од македонско-грчката граница. Најголем потфат при изградбата на оваа ХЕЦ слично како и во Велес би била дислокација на 22 километри, железничка пруга високо во планината во кањонот на Демир Капија. Оваа инвестиција е проценета на 157 милиони евра. Веднаш до неа според проектот е ХЕЦ Демир Капија со скоро иста височина на браната и инсталирана моќност од 23,9 мегавати со што би се постигнало среднорочно производство на струја од 101 гигават. Нејзината изградба би траела три години од денот на добивање на концесија. Оваа инвестиција би изнесувала 80,4 милиони евра.
Останатите десет хидроцентрали се со просечна височина на браната помеѓу 24 и 27 метри со инсталирана моќност од 11,7 мегавати кај Згрополци до 23,9 кај Демир Капија и нивното вкупно поединечно производство на електрична енергија просечно во текот на годината би изнесувало околу 70 гигават часови електрична енергија.
Или сите заедно како што вели министерот за економија Бесими би произведувале годишно околу 1.000 гигават часови електрична енергија.
Со “Чебрен”, “Галиште”, Бошков мост и уште неколку мали хидроцентрали би се обезбедиле дополнителни 1.800 гигават- часови струја при просечна хидрологија.
 
Препораки
Со завршување на физибилити- студијата за ПИУВД (Програма за интегрално уредување на Вардарска долина) кон крајот на 1999 година константирано е дека во сливното подрачје на реката Вардар од вкупниот воден потенцијал на реките се користи едвај 25%. Но, ПИУВД гледано во целина е голем проект со висока цена на чинење. Согласно светските искуства тој треба да се реализира во подолг временски период, во етапи, објект по објект - чекор по чекор.
Избран е моделот на Франција, односно проверен и веќе изграден систем на уредување на реката Рона, со сите специфики кои ги има просторот и конфигурацијата на теренот на сливот и долината на Вардар.
Една од заклучните препораки на проектот, што многумина не ја знаат е дека тој не може да заврши на граничната линија кон Грција, туку дека треба да продолжи и на територија на оваа држава се до сливот на Вардар во Егејското Море. Затоа што како проект со регионално значење “Вардарска долина” е влезена и во европските програми SYNERGI и SEKI.
 
ПЛОВЕН ПАТ
Во рамките на “Вардарска долина” е предвидена и изградба на пловниот пат Дунав-Морава-Вардар-Егејско Море. Така пловниот пат од Дунав до Егејското Море би се скратил за 1.260 километри.
Реализацијата на овој проект, за кој во Србија е формиран посебен тим, би чинела околу 5 милијарди евра. Пловниот пат би бил поделен во пет делници: Велика Морава, Јужна Морава, вододелницата кај Прешево, Пчиња, и Вардар до Солун. Во проектот треба заеднички да учествуваат Србија, Македонија и Грција. Рокот на изградба би бил околу десет години. За финасирање на овој проект е предвидено формирање на егејско-подунавска банка во која Србија, Македонија и Грција би имале свој удел. По овој воден пат би се овозможило пловење на бродови до 1350 БРТ (бруто регистарски тони). Главното пристаниште би било во Гевгелија.
Иако изгледа многу утопистички, во Србија е веќе формиран тим во рамките на Дирекцијата за пловен пат “Морава”, како и тимовите во ресорните министерства, Влада и Српската академија на науките и уметностите. Идејата ја оживеаја српските стопанственици и луѓето од белградскиот универзитет.
Идејата е стара стотина години и ја покренаа Американците како транспортен коридор Рајна-Мајна-Дунав- Егејско Море. Оваа врска Американците ја нарекоа “Линија на европската економска гравитација во однос на Суецкиот Канал.
http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=65&EditionID=649&ArticleID=15575





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-May-2009 at 15:00
Форумов ми го скрати постот бидејќи беше предолг... еве го текстот од Утрински Весник што го спомнав

„Вардарска Долина“ - повеќе фикција отколку реалност?

Експертите длабоко се сомневаат дека во догледно време ќе се реализира проектот стар дури 20 години

Маја Томиќ

Владата и понатаму ги одложува тендерските процедури во енергетиката. Откако го поништи, па објави нов тендер за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“, за кои понудите требаше да стигнат до март, но се одложија до средината на април, сега Министерството за економија го одложи за уште подолго и терминот за понудите за 12 хидроцентрали на Вардар или таканаречениот енергетски проект „Вардарска Долина“. Наместо до 16 март, заинтересираните компании можат да ги доставуваат понудите до 30 јуни годинава. Дали причината за тоа е што на тендерот досега не се пријавила ниту една странска компанија или нешто друго? Министерството за економија на својата Интернет-страница соопштува само дека „се направени измени и дополнувања на рокот за доставување на пријавите“.

Владата во секоја пригода кога ги спомнува идните инвестиции во енергетиката, никогаш не ја прескокнува „Вардарска Долина“. И при неодамнешната презентација на премиерот Никола Груевски на програмата за развој до 2016 година, таа беше составен дел на планираните енергетски проекти.

Министерот за економија, Фатмир Бесими, пак, деновиве изјави дека не мисли дека е потфрлено во тендерите во енергетика и дека нивната лоша подготовка е причина за честите одложувања на роковите.

„Правиме реални проекти, а тоа колку се реални може да го оцени само пазарот. Свесни сме дека ако компанијата нема интерес, нема да инвестира. Тендерите ги подготвуваме да бидат интересни за компаниите, а од друга страна, ги штитиме и интересите на државата“, рече тогаш Бесими.

Колку е реален проектот „Вардарска Долина“, кој предвидува изградба на 12 хидроцентрали по течението на Вардар, чија вкупна моќност треба да изнесува 325 мегавати?

Ако се има предвид дека првата студија беше изработена пред околу 20 години, проектот не може да се нарече реален. Според експертите, тој досега не се реализирал од повеќе објективни причини. Пред се', станува збор за скапа инвестиција, а потоа и поради непостоење одредени технички услови. Државата треба претходно да инвестира свои пари и да создаде предуслови за реализација на овој проект. На пример, неопходно е да се направи пренасочување на околу 20 километри од железничката пруга Скопје - Велес, како и на автопатот меѓу двата града, што чини многу пари. За споредба, за поместување на пругата кај Велес, заради изградба на тамошната акумулациска брана, дадени се речиси истите пари колку што чинела и изградбата на браната.

„Не верувам дека во догледно време нешто ќе се гради на Вардар. Ако на странскиот инвеститор не му се пушти некаква мамка за да ја донесе одлуката за инвестирање, тешко дека некој би се нафатил да вложи во ’Вардарска Долина‘, која многу години е дел од сите државни и општински планови, но и на ЕЛЕМ, или некогашно ЕСМ“, вели професорот Никола Дурнев, кој пред 20-ина години бил еден од ревизорите на проектот „Вардарска Долина“.

Тој додава дека во тоа време француска фирма истражувала и направила студија за оправданоста на проектот и нејзина крајна оцена била дека станува збор за тотално нерентабилна инвестиција. Истовремено, како поатрактивен и со поголем економски ефект го оцениле проектот за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ на Црна Река. Дурнев појаснува дека Вардар нема доволно количество вода за работа на 12 централи по неговото течение. Пред се', затоа што водните ресурси кај нас се нееднакво распоредени во текот на годината и налето и наесен често нема доволно вода. Додека за работа на хидроцентралите на Вардар се потребни по 200 кубици вода во секунда, сегашниот просек изнесува од 120 до 150 кубици во секунда, што значи дека ќе треба од некаде да се црпат дополнителни количества вода за непречена работа на ХЕЦ.

Инаку, проектот „Вардарска Долина“ е проценет на околу 1,2 милијарди евра и засега со него е предвидено, од вкупно 12 хидроцентрали, две да се лоцирани кај општината Велес, а две на територијата на Градско.

ХЕЦ „Велес“ би се градела веднаш над Башино Село и би имала највисока брана од 59 метри, а акумулацијата треба да собира 64 милиони кубни метри вода. Изградбата на централата би траела шест години, а инвестицијата би чинела 250 милиони евра. Таа би обезбедувала средно годишно производство на струја од 300 гигават-часа. Нејзината инсталирана моќ е предвидено да изнесува 94 мегавати. Според проектната документација, приодот до браната и до езерото е планиран од страната на автопатот Скопје - Велес, во близина на наплатната станица на село Новачани. За да се изгради ХЕЦ „Велес“, железничката пруга Скопје - Велес мора да се измести за 20-ина километри и да се подигне во висина на автопатот. Тоа значи дека пругата повеќе не би минувала низ Велес, туку околу градот.

Втората хидроцентрала е предвидено да се гради на реката Бабуна, на излезот од Велес. Таму ќе треба да се гради брана висока 25 метри, а централата би произведувала 41 гигават-час електрична енергија годишно. Таа би се градела три години, а исто толку и ХЕЦ „Згрополци“, како и ХЕЦ „Градско“ кај Градско. Очекуваното производство на струја од трите ХЕЦ е од 41 до 54 гигават-часа годишно.

Министерството за економија лани во ноември објави меѓународен тендер за „Вардарска Долина“, кој требаше да трае до 15 март годинава.

Останува да се види дали владината идеја за проектот и во наредните години ќе продолжи да биде само тоа или ќе стартува неговата реализација? Досегашниот развој на настаните не влева оптимистички погледи.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E4E6B0D6C63EE045B8468DE4E06F9C59


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-May-2009 at 00:08
Пребарував дополнително во врска со Вардарска Долина и плус за пловен пат од Дунав до Егејско море и наидов на еден куп мислења, анализи, студии и контрадикторни податоци. Тешко е да се оформи мислење базирано на егзактни податоци во таков хаос...

Без разлика на различните проекции, јасно е дека Вардарска Долина е преголем залак за нас. Исто така јасно е дека канал Дунав-Морава-Пчиња-Вардар-Егеј е преголем залак за Македонија, Србија и Грција заедно. Но мислам дека треба да има анимација на стручњаците, институциите, стопанствениците - чекор по чекор да се создаваат услови, да се чека поволен момент... Се работи за потенцијален проект со огромно значење кој далеку ги надминува границите на регионов и кој има потенцијал да привлече голем меѓународен капитал (Тука важно е да се нагласи дека проектот буди меѓународен интерес уште од 19-ти век, а „меѓународен легитимитет“ влече и преку студија на ОН и програми на ЕУ. Доколку политичките околности на Балканот биле подруги, веројатно проектов ќе беше во некоја многу понапредна фаза)
Мислам дека би било погрешно да се дигнат раце како од нешто неостварливо, затоа што ова е уникатна можност, но таква на која треба долго и посветено да се работи. Покрај финансиски ќе има и бројни политички и еколошки пречки за реализација, но ова е проект кој би се одвивал фазно и многу долго. Дури ни поврзувањето на Дунав и Рајна не одело глатко и (овој податок не го знаев и ме изненади) се заокружило во 1992г. Но од друга страна токму тоа поврзување влева оптимизам затоа што ја засилува логиката зад каналот Дунав-Егеј

А за Македонија значењето не е само транспортно. Ние имаме и огромен енергетски интерес, огромен водостопански и земјоделски интерес, а од аспект на климатски промени и глобална енергетска криза овие работи се уште поизразени. Дополнително, транспортниот аспект не е поврзан само со пловноста, туку и со некои делови од нашата моментална транспортна инфраструктура долж Вардар кои не се компатибилни со некаква визија за иднината и кои би морале да ги решаваме независно од проектов, но би било најисплатливо тоа да оди во пакет. А со пловен пат од Дунав до Егејско море и геостратешката позиција на Македонија радикално би се трансформирала и би имале далеку полагодни внатрешни општествени состојби и меѓународни односи. Се на се, проект кој ќе значи социо-економски процут за Македонија, но и за регионот.

Не знам дали имаме реална шанса да ја истераме Вардарска долина засебно од проектот за канал од Дунав до Егејско Море, но за поздравување е обидот на владата (иако засега неуспешен) да се привлече интерес за 12-те хидроцентрали во склоп на проектот. Ако даде резултат тогаш сме барем еден мал чекор поблиску до заокружување на концептот, ако не тогаш барем можеме да го сметаме за сериозна анимација и подобрување на можностите тој чекор да се направи во што поскора иднина.

Сега за сега еве извадок од овде:
http://books.google.com/books?id=HBureDzPI0sC&printsec=frontcover&source=gbs_summary_r&cad=0#PPA381,M1


1


2


3







Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-May-2009 at 00:29
Еве да се надоврзам и со две мапи на кои убаво се гледа колку добро би „легнал“ пловен пат Дунав-Егеј и со еден документ на англиски јазик кој бил презентиран од Добривое Јовановски на 2-та интернационална конференција „Дунав - река на соработка“ во 1993г.

Инаку, пловниот пат секаде го сретнував предвиден како пловен пат од 4-та категорија (баржи со носивост од 1350 тони / црвена боја на втората мапа)

1


2








http://www.danube-cooperation.com/library/93jovanovski.htm#1

Morava - Vardar (Axios) Navigation Route

by Dobrivoje Jovanovski [ http://www.danube-cooperation.com/library/93jovanovski.htm#1 - 1 ]

paper presented at the II International Conference "Danube - River of Cooperation" (September 20-23, 1993)

 

Introduction

The idea of connecting the river Danube with the Aegean Sea by a navigable route via the rivers Morava and Vardar (Axios) dates back to the last century. It is based on the geographical-topographical characteristics and suitability of the terrain.

Natural location of the Morava and Vardar river beds and possibility of connecting them on a short section between the rivers Južna Morava and Pčinje affords extraordinary possibilities to materialize a navigable route from the Danube up to the Thessalonike in the Aegean Sea.

Long ago, in 1841 raised the question of the river traffic on the Morava; at that time, four, so to say "mail ships" reached the place of Čuprija and it was suggested to "measure" the river Morava and find out the navigable possibilities". This was published in "Serbian Newspapers". France was the first to show the interest to invest capital in regulation of the Morava River. During the period of the second reign of Serbian ruler Miloš Obrenović was founded a French-Serbian steamship company for river traffic on the Danube, the Sava and the Morava. During the period from 1844 to 1964 this steamship company named "French-Serbian Shipping Company", joining its interests with French "Principal Shipping Company" established by decree of Napoleon III dated September 14. 1850 developed the vivid activity to establish the river traffic on the Danube, the Sava and the Morava.

Serbia was very much interested in regulation of the river Morava which was said to be "the river which cut the very heart of the country and which was, by its nature, determined to export our goods and import what our country needs". This was the best way to make the river Morava "the main commercial road of Serbia. In July 1859 one French company addressed to Serbian ruler Miloš Obrenović, applied for exclusive permission for its steamer to navigate by the river Morava for the period of thirty years". After longer negotiations, clearing up controversial questions, testing the possibilities and after diplomatic interventions of Russian consul who "made an effort to force the Serbian government to renounce the Russian company the right for navigation", the contract was made on September 18. 1860. The company was interested in:

  • introducing the river traffic on the Danube and the Sava,
  • regulation of the river Morava and introducing the river traffic on the Morava,
  • exploitation of Dobra and Majdanpek mines, and
  • design of railroad tracks in order to avoid navigation difficulties at Djerdap.

The outstanding economic interest of the company was the exploitation of mines as well as the sale of French salt in Serbia and finally the navigation itself, which reflected in this company activities in the following years. Since it was the company of limited guarantee, and later on proved as a company with suspicious business qualities, the contract was broken in 1864 and no building was started on the river Morava.

Serbia never gave up the idea to make the Morava capable for river traffic. In 1867 the first more serious investigations of the river Morava were performed in order to check the river navigable capabilities. Followed the building of a special ship named "Morava" and in 1869 the state expedition team led by Ante Aleksić, an engineering officer, made special measuring on the river Velika Morava from its estuary up to place of Ćuprija. After that date, the constant river traffic was to be introduced on the river Velika Morava, but this intention was never realized due to shortage of the required investments.

In 1879, "Messenger of Serbian Learned Society" published the book "The Morava, Its Present State and Navigation Possibilities" by Ante Aleksić, dealing with technical possibilities and commercial justification of introducing the river traffic on the Morava.

In 1904 was renewed the movement for building the navigable route in order to connect the Danube with the Aegean Sea. To realize this intention special efforts were made to make England and Germany interested in financing the project. Contacts with influential financial circles in England and Germany helped the idea, as well as well as suggestion to make the Americans interested in this project, and through them, the English and Germans too. An American firm of New Jersey (USA) in 19078 made a preliminary project design of a navigable route Morava-Vardar (Axios) in that time named as "the line of European economic gravitation in relation to Suez Canal".

Nikola Stemenković, professor of Technical Faculty of University of Belgrade, was engaged for the mentioned project as "an expert, authorized in building canals and river regulations". Reports and preliminary project design with cost estimates for navigable route were submitted to Serbian and Turkish governments in 1909 with " an application for concession and permission for execution of necessary preliminary works and treatment of site to finance the project up to final building of the navigable route". However, political situation in Europe in relation to the Balkans put out the action and disabled any hope for any success of political ideas, which could support the project, and any attempt to materialize it was given up. The wars broke out in 1912 and later on it was necessary to eliminate the consequences of the wars. Therefore, any activity associated with realization of building up the navigable route Morava-Vardar (Axios) fade away and technical-economic investigations and building possibilities were not continued before 1961.

Up to now a certain number of studies and projects were done and each of them was dealing with the Morava-Vardar navigable route:

  • The river Morava, its present state and possibilities of navigation by A. Aleksić, Beograd 1879.
  • Project of the navigable routes Danube-Thesalonike by Prof. Dr. N. Stamenković, Beograd 1909.
  • Preliminary project of the navigable route Danube-Thessalonike, made by Projektantski Zavod Rečnog Saobraćaja, Beograd 1961.
  • Economic studies of the river Vardar catchment area, made by Zavod za vodostopanstvo S.R.Makedonija.
  • Study of navigation on the rivers Velika Morava, Južna Morava and Zapadna Morava, made by Projektantski zavod "Ivan Milutinović", Beograd 1964.
  • Study of the problems of traffic in connection with arrangement of Morava catchment area, made by Institut za vodoprivredu "Jaroslav Černi" of Beograd, 1964.
  • The economic base of the river Morava catchment area, made by Združeno opšte vodoprivredno preduzeće "Morava" of Beograd, 1971.
  • Supplement to the preliminary project Morava-Vardar (Axios) navigable route, made by Projektantski zavod "Ivan Milutinović of Beograd, 1973.
  • Navigable route Morava-Vardar (Axios), Report of United Nations Experts, Beograd 1973.

All the above listed studies and projects are approved as accomplishable for realization and justified from technical and economic point of view. Almost all technical parameters of the canal have been determined: the route, hydrological and geological conditions, cross and longitudinal sections, structures on the waterway as well as the structures on Morava-Vardar wider catchment area. This should enable and contribute the successful regulation and realization of the navigable route as well as water utilization of both catchment areas. In addition to this, basic economic parameters of the navigable route have been provided.

Geographic location of Yugoslavia and its hydrographic network enable very favorable conditions for development of river traffic and give chance to this branch to take the adequate place in transport activities specially in international transportation of goods by the river Danube which is the main river of this part of Europe and which connects almost all countries of the West, Middle and East Europe.

Building of navigable route Morava-Vardar (Axios) and its joining and fitting into European magisterial canals through the canal Rhine - Main - Danube shall be of outstanding importance both for Yugoslav economic prosperity and for complementary economics of West, Middle and East Europe.

The length of the navigable route from Belgrade downstream the Danube up to the Black Sea and across it up to the Aegean Sea is 1889km, while the length of the of the navigable route from Belgrade up to the Aegean Sea along the valleys of the Morava and the Vardar (Axios) would be approximately not more than some 700 km. Only this information is sufficient to point out to economic importance of the waterway Morava-Vardar (Axsios).

 

Technical solution of the navigable route

The navigable route Morava-Vardar (Axios) by the canal Rhine-Main-Danube is foreseen to connect and fit into the European network of magisterial canals. The concept to qualify the route Morava-Vardar (Axios) as the navigable route and the perspective idee to realize its connection by canal through Preševo and Pčinje are the shortest way to join European navigable network with the Mediterranean.

With respect to all these conditions and at the same time perceiving further outlooks of development the rank of the navigable route Morava-Vardar (Axios) has been determined as a canal of Class IV. This corresponds to the conditions accepted for the canal Rhine-Main-Danube; namely it is adequate to the classification of the navigable routes of international importance among the countries which are the members of the European economic commission.

Main elements of the canal are:
depth of water in the middle of cross section 4,00 m
depth of water in the edge of the bottom 3,75 m
maximum width at draught level 43,00 m
minimum width at draught level 28,00 m
side slope up to the height of 1 m above the bottom 1:4
side slope over the height of 1 m above the bottom 1:3
minimum radius of curve R=800 m

 

Minimum over-all size under bridges:
Free height above normal water level 5,25-10,0 m
Free opening under bridge 50-70 m
Minimum height under high voltage transmission line 10-13 m

These dimensions are applied as minimum ones and on the sections of the navigable route, which is designed as a lateral canal, i.e. on that route which is just downstream from step-dams.

The widths and depths of the navigable route are considerably bigger at those parts of the route, which follow the natural and regulated river courses of the Velika Morava, the Južna Morava, and the Vardar. The dimensions of the canal locks on the navigable route are also the same as those on the canal Rhine-Main-Danube and they are:

minimum free length 190,00 m
free length of lock 12,00 m
depth of water at the lock sill 3,50 m

Total length of the navigable route Morava-Vardar (Axios) is 650,1 km. The beginnings at the estuary of the Velika Morava into the Danube (nearby Smederevo, or some 50 km downstream from Belgrade). The canal continues along the river Velika Morava up to place of Stala} and running farther along the river Južna Morava. The water parting of the river Južna Morava is located on the broad plateau near Preševo, and flows northward and towards the Vardar (Axios) which is running southward. The navigable route is running through the valleys of the river Pčinje and continues by the river Vardar (Axios) up to Yugoslav-Greek border and later toward the Thessalonike By. According to certain characteristics, the navigable route is divided in five sections.

Basic elements of the navigable canal Morava-Vardar (Axios)
Total length 650,10 km
Length of canal in the Morava area 345,74 km
Length of canal in Vardar area 274,68 km
Section on water parting 29,68 km
Total length of the regulated river courses of the Morava, the Vardar (Axios) and the Pčinje 483,60 km
Total length of lateral canals 166,50 km
Total number of steps 63
- dams with ship locks 58
- ship lifts 5
Number of steps within sea area:  
- dams with ship locks 37
- ship lifts 1
Number of steps within the Vardar area:  
- dams with ship locks 21
- ship lifts 4
Length of canal branch along the river Zapadna Morava up to Kraljevo 73 km
Length of canal branch along the river Nišava up to Niš 15 km
Length of canal branch along the river Vardar up to Skoplje 35 km

Navigable route is foreseen to be provided with all structures required for undisturbed and safe traffic:

  • Steps are designed to surmount the excessive falls of the natural river course. Each step has its own dam with moveable gate for water pass and ship lock. Hydropower plant may be easily built up on dams.
  • Ship lifts are foreseen on both sides of the water parting at Preševo in order to reduce the lost of water: one ship lift is designed on the Morava side and four on the Vardar side.
  • The ship lift consists of a rail track with a gradient of 5% which, for the height of 36 m gives the ship lift length of 720 m. Two tanks size 91 m. long 12 m wide and 3,7 m deep full of water travel along the tracks. When a vessel enters or leaves the chamber, the loss of water is negligible.
  • Five tunnels are designed on the navigable route Morava-Vardar at the locations, which are justified from topographic point of view. Dimension of tunnels: 14,5 m width; 3,75 m depth; 11,0-m free height from water level.
  • Anchorage are designed and located upstream and downstream of the canal lock aimed for vessels waiting to pass through the locks.
  • Passing places are foreseen for double canal locks between two steps and are intended for vessels to cross ways or for possible anchor.
  • All precautions are provided for canal beds or for natural river course as well as for mouth of canal and make of protective embankment and regulation works at the mouth of the tributaries depending upon topographic and hydrological conditions as well as longitudinal section condition.
  • Ports will be built along the canal for handling and storage of goods.

The rank of these ports will be determined by the size and significance of the place through which the canal runs as the expected gross turnover of exports, imports and transit.

Depending upon the goods turnover, in the port would be built one or more trans-shipment points, which would be able to handle approximately 250.000 t of goods per year.

The principal port structures shall be: berth, open storage area, fuel tank, warehouses for cargo, open area for containers, administrative building, road and railway network as well as the equipment necessary for complete cargo handling facilities and organization for receipt and export-import of goods.

Since detailed determining of the rank and size of the ports and goods tonnage handling will be the subject of further studies and designs, here is given only a review of places at which ports and other capacity are foreseen.

Place Rank of port
Annual tonnage
Distances in km of canal
Svetozarevo 400.000-500.000 km 110
Stalać 250.000 km 156
Kruševac 400.000-500.000 on the Zapadna Morava
Kraljevo 400.000-500.000 on the Zapadna Morava
Niš 1,000.000-1,500.000 km 210
Leskovac 400.000-500.000 km 257
Vranje 250.000 km 320
Kumanovo 400.000-500.000 km 386
Skoplje 1,000.000-1,500.000 km 431

 

The advantages of transport by waterways

The main advantages of river and canal transport over rail and road traffic are in considerably low transport costs, in big capacities, in reduced number of employee, in big advantages in loading and discharging, storage and maintenance of various types of goods and their safety in transit.

Constant increase of waterway traffic has been recorded after the Second World War up to the present time. The attitude that the river traffic is untenable in certain degree of development of other means of transportation showed as a wrong attitude, especially in the most developed countries such as West Germany, France, Belgium, Netherlands, USA and some others. The advantage of transport by waterways, development of industrial and other capacities and permanent improvement of international relationships influenced to the increase of freightage by river traffic. Therefore the role of water in transport facility should be more used for transport of bulk cargo and for transport of quantities of goods which cannot bear the expensive land transport rates.

Both in Europe and in the whole are carrying out the large projects referring realization of big communications systems, regulation of canals, river courses, construction of canals and other structures intended for joining the areas rich of raw materials with the areas of developed industrial production. Building of big European arterial river canals from north towards west and east enables the connection of big production centers with big marketing centers.

 

Conclusion

Out of all up to now made studies, projects and supplements on the Morava-Vardar (Axios) navigable route, results one basic conclusion that the building of the Morava-Vardar canal is technically accomplishable and economically justified.

Connected with the European canal network and Rhine-Main-Danube artery, the Morava-Vardar (Axios) canal will have a great influence on the increase of economic benefit of the eastern and western economy, technically coordinated transportation system of water and land transport.

Navigable route Morava-Vardar (Axios) shall be the shorten route Belgrade-Thessalonike for approximately 1200 km if compared to the route running by the Danube, the Black Sea and Aegean Sea.

Multiple advantages provided by navigable route Morava-Vardar (Axios) are as follows:

  • stimulation, approvement and speed up of the entire economic and social development of Yugoslavia and Greece;
  • saving of costs and shorter time of navigation comparing to navigation time by the Danube, and across the Black Sea and the Aegean Sea.

The achieved saving of costs is 25% to 30% in favor of the waterway Morava-Vardar (Axios);

In addition to it, time of navigation is shortened for three days.

  • cheaper transport costs pet ton/kilometer comparing to canal and railway (road) traffic. In this case, the average railway transport cost could be twice more expensive;
  • possibility of paying the shipping charges in national currency;
  • benefits and advantages in internal ports for the vessels of the countries which would participate in financing the building of the navigation route;
  • building, exploitation, and maintenance of the navigable route and new ports shall affect to the increased activities connected with the means of production, raw material and equipment;
  • improved protection of water within the area where water way is passing through and benefits resulting from supply of township and industry, electric power production, improvement of water quality and regulation of flooding wave;
  • increased possibility for better employment of different occupations required for proper maintenance of waterway, river ports and equipment;
  • increased value of the ground alongside the navigable route.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Jul-2009 at 14:58
Од пред некој ден

Две странски компании сакаат да градат централи на Вардар

03/07/2009 14:48:00
Големина на фонт: javascript:tsz%28article_body,12px%29"> Decrease%20font javascript:tsz%28article_body,16px%29"> Enlarge%20font
image

Две европски компании се јавија на тендерот за изградба на хидроцентрали по долината на Вардар.

Иднава недела владиниот комитет се очекува да излезе со препораки за другите фази од проектот „Вардарска долина“. Изградбата се очекува да почне евентуално следната година, а инвестицијата за тоа се проценува дека би достигнала една милијарда и двеста милиони евра.

„Аукцијата за ’Вардарска долина’ беше до 30 јуни и во архивата на Министерството пристигнаа документи од две компании. Сега според процедурата, владината комисија ќе ги разгледа овие документи. Според законот и процедурите на тендерот тие ќе ја запознаат владата, додека понатаму ние ќе информираме која ќе биде другата фаза“ изјави министерот за економија Фатмир Бесими.


http://alsat-m.tv/mk/ekonomija/14796.html


Posted By: Dragan
Date Posted: 17-Jul-2009 at 18:01

САМО ДВЕ КОМПАНИИ ПОКАЖАА ИНТЕРЕС ЗА ПРОЕКТОТ „ВАРДАРСКА ДОЛИНА“

Министерот за економија Фатмир Бесими потврди дека само две компании покажале интерес на јавниот оглас за проектот „Вардарска долина“.

- Комисијата за евалуација на тендерот вчера се состана и изготви извештај, кој го предаде во Владата. Во вторник Владата на седница ќе го разгледа извештајот и ќе донесе одлука  согласно Законот за концесии по кој е објавен јавниот оглас, рече министерот Бесими, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Договорот за австриски грант за подобрување на енергетската ефикасност на градежните објекти во Македонија.

Тој прецизира дека во времето на објавувањето на огласот важечки било да има минимум три понуди за да успее тендерот и појасни дека во меѓувреме Владата го намали бројот на потребни понуди на две. 

- Задоволително е што и во овие услови на глобална економска криза две реномирани европски компании од областа на енергетиката покажале интерес за проектот „Вардарска долина“, рече Бесими.

Проектот „Вардарска долина“ предвидува изградба на 12 хидроелектрани долж реката Вардар со вкупна моќност од 325 мегавати и вредност од 1,2 милијарди евра.
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=F9ACD4A45EC622439048EC0EE223284C


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2009 at 15:05

И по 30 години неизвесна реализацијата на „Вардарска Долина“

Проектот да се подели во две фази, предложи деновиве опозиционата СДСМ

Маја Томиќ

И по повеќе од триесет години проектот "Вардарска Долина" не престанува да биде предизвик на секоја власт. И оваа Влада го стави во редот на енергетските проекти планирани во програмата за развој до 2016 година. Лани беше изготвен информативен меморандум за уредување на "Вардарска Долина", кој го содржи концепт за проектот, а во октомври 2008 година беше распишан и меѓународен тендер за пројавување на интерес за претквалификација. Крајниот рок беше до 16 март годинава. Потоа, тој се пролонгира за до крајот на јуни. Но, и во двата случаи не беше стасана ниту една понуда од инвеститор. Засега не се знае дали и кога повторно ќе биде распишан нов тендер и дали Владата ќе менува некои услови дадени во претходниот повик. Според експертите, ништо не било јасно напишано во јавната понуда, така што и не е чудно што не се јавила ниту една странска компанија.

"Вардарска Долина" деновиве е дел и на економската програма на СДСМ, "Решенија за Македонија". Во програмата се потсетува дека, за реализација на проектот кој содржи 12 хидроцентрали по течението на Вардар, со вкупна инсталирана моќност од 325 мегавати, потребно е државата да инвестира 1,2 милијарди евра за подготовка на теренот. Бидејќи е неопходно менување на постоечката инфраструктура и на железничката линија кон Грција во должина на 90 км. Тоа ја прави оваа инвестицијата економски неисплатлива, е наведено во текстот, а многу ќе се оддолжи и период на поврат на вложените средства. На тој начин се намалува можноста за реализација.

Оттаму, СДСМ предлага нов модел, од две фази. Во првата фаза би се изградиле 8 хидроцентрали од вкупно 12 планирани хидроцентрали и би се исклучиле оние за чија изградба е потребно изместување на железничката пруга за повеќе од четири километри. Тоа се централите "Криволак", "Велес", "Градец" и "Ѓавато". Значи, би се граделе: "Бабуна", "Згрополци", "Градско", "Кукуречани", "Дуброво", "Демир Капија", "Милетково" и "Гевгелија". Предноста за овој начин на реализација на проектот е што ќе се помести пругата за само 15 километри, ќе се добие вкупна инсталирана моќност од 122 мегавати и ќе се скуси рокот за реализација на проектот.

Во втората фаза би се изградиле останатите четири централи и тие би се реализирале паралелно со проектите за поврзување на коридорите 8 и 10, меѓу кои е предвидено и изградба на железничките линии кон Србија и кон Грција. Со тоа изградбата на централите од втората фаза би станала економски исплатлив проект.

"Убаво звучи на хартија", вели професорот Атанаско Туневски, "но останува неизвесно дали и практично би се реализирала идејата. Бидејќи, прво, станува збор за многу скапа инвестиција. На пример, едвај стаса за реализација проектот за малите хидроцентрали. Второ, затоа што засега нема координираност меѓу проектите. За "Вардарска Долина" е потребно да се помести пругата, а во моментов се бараат средства, на пример, за модернизацијата на постојната пруга. Тоа се коси едно со друго", вели Туневски.

Колку е всушност реален проектот "Вардарска Долина"?

Ако се има предвид дека првата студија беше изработена во далечната 1978 година и до сега нема ништо конкретно, проектот не може да се нарече реален. Таа студија беше подготвена од Институтот во Масачусетс. Потоа, во 1990 г. државата направи иницијативна програма за развој на "Вардарска Долина", потоа, за периодот 1994 - 1999 година беше направена физибилити студија од француски конзорциум и се формира Македонски конзорциум, "Вардарска Долина ДОО" , во кој членуваа владата, јавни претпријатија и неколку акционерски друштва. Во 1999 г. Јапонската агенција за меѓународна соработка и тогашното министерство за развој направија студија за изработка на план за управување со водни ресурси во РМ до 2025 година, каде повторно беше вклучен овој проект.

Според експерти, "Вардарска Долина" досега не се реализира од објективни причини. Станува збор за многу скапа инвестиција за која не постојат одредени технички услови. Државата треба претходно да инвестира во пренасочување на најмалку 20 километри од железничката пруга Скопје - Велес, како и на автопатот меѓу двата града. За илустрација, за поместување на пругата кај Велес, заради изградба на тамошната акумулациска брана, се дадени речиси исти пари колку што чинеше и изградбата на самата брана.

"Не верувам дека во догледно време нешто ќе се гради на Вардар. Не е важно ни во колку фази ќе биде проектот, бидејќи сите досегашни студии покажаа дека станува збор за економски неисплатлив проект. Освен ХЕЦ 'Велес' и 'Градец', за кои е предвидено да имаат ниски брани, другите централи се со технички недокажани решенија", вели професорот во пензија Никола Дурнев, кој пред дваесеттина години бил еден од ревизорите на проектот. Според него, и крајната оценка на францускиот конзорциум била дека станува збор за тотално нерентабилна инвестиција. Истовремено, конзорциумот, како поатрактивен и со поголем економски ефект го оценил проектот за ХЕЦ "Чебрен" и "Галиште" на Црна Река. Дурнев појаснува дека Вардар нема доволно количество на вода за да работат 12 централи по неговото течение. Водните ресурси, исто така, не се еднакво распоредени во текот на годината, и на лето и на есен често нема доволно вода.

"За да работат сите 12 централи на Вардар, потребни се по 200 кубици вода во секунда, а сегашниот просек изнесува од 120 до 150 кубици во секунда, што значи дека ќе треба од некаде да се црпат дополнителни количества вода", вели тој.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 13-Oct-2009 at 17:11
Отсекогаш сметав дека овој проект е една прекрасна утопија, која кога ќе трампиме вода за нафта можда и ќе се реализира.

Да се насочам на железничката пруга и нејзиното подигање на нов терен со 100 - тина виадукти, усеци и засеци кој би коштал сам за себе колку 10-тина пруги кон БГ, АЛ, ГР ....
И да незаборавиме логиката вели ако се гради нова, треба да биде во секој случај двоколосечна.
Па сега дали ....


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Oct-2009 at 15:12
Владимир, она со изместување на пругата е само прашање на време. Се слагам дека во моментов имаме други приоритети и дека доколку не се најде концесионер за проекти од „вардарска долина“ што на свој грб би ја изместувал и пругата, државата не треба да инвестира во тоа, но за една деценија се надевам сето тоа ќе изгледа многу поинаку.

Врз пругата долж К10 ионака треба темелно да се интервенира, без разлика на хидроцентралите, евентуалниот пловен пат и сл. Сегашната едноколосечна пруга која воглавно интимно го прати коритото на Вардар нема да може да се носи со потребите на иднината.

Се разбира, сето тоа ќе биде скапо, но исто така неопходно и исплатливо. Плус тоа се работи за коридор со значителна меѓународна стратешка тежина, па сигурно ќе има можност да се слеат и доста средства од надвор. Најважно е да не останеме само на добри желби и оптимизам, туку недлежните тоа да го поткрепат и со посветена и одговорна работа кон оваа цел.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Oct-2009 at 18:32
Во потполно се слагам, но следните 10 години би ги посветил на коридор 8 да не бидеме „земја со една пруга“ (стратешки) и инвестиции на коридор 10 со подигање долж целата траса на 100-120 км (голем дел од тоа веќе е направен)

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2010 at 23:53
Еве српски погледи на каналот Дунав-Морава-Вардар-Егеј

Статиите се постари, едната од лани, другата од 2002

ZA KORMILOM S KARLOM VELIKIM

Oživela ideja stara 13 vekova - da se Evropa prebrodi povezivanjem reka, od severozapada ka jugoistoku

J. Putniković nedelja, 13. decembar 2009


Potpisujući memorandum sa nemačkim RWE-om Elektroprivreda Srbije je projektom “Velika Morava” i zvanično oživela ideju staru 13 vekova - da se Evropa prebrodi povezivanjem reka, od severozapada ka jugoistoku. Kada je 1992. godine, simboličnim “presecanjem” mlaza iz vodenih topova, otvoren kanal Rajna – Majna – Dunav dovršen je posao koji je Karlo Veliki započeo 793 godine projektom Fossa Carolina. Rečna saobraćajnica od Sevetrnog do Crnog mora, duga 3.500 kilometara povezuje Roterdam na ušću Rajne sa gradom Suline, na ušću Dunava. Ali, ovaj evropski rečni koridor, označen brojem pet na međunarodnim transportnim kartama i pored svih, nesumnjivih prednosti za transport roba najjeftinijim vodenim saobraćajem ima jednu manu – do Sredozemnog mora, dakle, od Crnog mora dalje do plovnih puteva ka Aziji i Africi moraju se proći uska grla – turski moreuzi, Bosfor i Dardaneli.




RWE aktivira stare planove

Zvaničnih pojašnjenja još nema ali to bi mogao biti jedan od razloga zašto se nemački RWE odlučio da “iz naftalina izvuče” ideju o projektu druge evropske plovne magistrale: Dunav – Morava – Vardar – Solun, koja bi sa već postojećim kanalom Rajna – Majna – Dunav spojila Egejsko sa Severnim morem. Time bi se plovni put od Severnog mora do Sredozemlja skratio za oko 1.200 kilometara, u odnosu na trasu koja sada ide preko Crnog mora. Stručnjaci su izračunali da to donosi uštedu operativnih troškova plovidbe za 25 do 30 %. Izraženo u novcu to je smanjenje troškova za 1,6 do 2 dolara po toni korisnog tereta. Još veći učinak novi plovni put bi dao zbog mogućnosti da se iz severne i centralne Evrope do zemalja na obalama Sredozemnog mora i dalje tereti transportuju vodom umesto daleko skupljim prevozom drumom i železnicom. Uz to bi bilo omogućeno i efikasnije i ekonomičnije saobraćajno i transportno povezivanje Evrope sa morskim trasama kroz Suecki kanal. Srbija bi, svakako, od ovog projekta imala korist.

EPS tek deo priče

EPS-a je, inače, sa RWE-om potpisao memorandum koji obuhvata tri projekta: reverzibilnu hidroelektranu Đerdap 3, energetko – vodoprivredni sistem „Velika Morava” i iskorišćavanje hidropotencijala Gornje Drine.

„Velika Morava” je, veliki vodoprivredni a tek potom energetski projekat za Srbiju. Energetski on je manjeg kapaciteta. Predviđeno je da ukupna snaga agregata, koji će se graditi u okviru ovog projekta bude oko 100 megavata. Ali, njemu se i ne prostupa zbog proizvodnje električne energije već zbog toga što će umnogome dorineti da Morava bude plovna,” kaže Dragomir Marković, generalni direktor EPS-a, navodeći da je RWE kompanija koja zauzima lidersku poziciju u evropskoj elektroenergetici i da se osim proizvodnjom i plasmanom električne energije bavi i vodoprivredom.

RWE je vlasnik velikih vodovodnih sistema u Mađarskoj i SAD, na primer. Marković ističe da deo memoranduma vezan za Moravu važi tri naredne godine a da će u realizaciju, koja je sada, ipak, u sferi planova biti uključeni državni resori za vodoprivredu i šumarstvo, kao i Javno preduzeće Srbijavode.

I Srbi inicijatori

Ideja o gradnji kanala nije nova. U drugoj polovini 19. veka u SAD je poslovalo preduzeće za izgradnju plovnih puteva. Jedan od direktora ovog preduzeća, Srbin, knez Igor Eugen Lazarević Hrebeljanović je 1879. godine naručio u Beogradu projekat kanala Dunav - Morava - Vardar - Egejsko more. Projekat ovog kanala izradio je Nikola Stamenković, profesor Univerziteta u Beogradu, stručno i kreativno odredivši glavnu trasu kanala, koja je opstala do danas. Ovaj projekat je promociju imao 1900. godine na srpskom jeziku a projektno rešenje na engleskom jeziku objavljeno je 1932. godine.

Tu nije kraj planovima. Konstantin Bobrov, inženjer Projektnog zavoda rečnog saobraćaja „Ivan Milutinović“ u Beogradu radi drugi projekat 1961. godine, s tim što u svom radu zadržava glavna rešenja prvog projekta.

Sledeću varijanu daje "Preduzeće Ivan Milutinović" 1973. godine. Stručnjaci ove firme u projektu Dunav – Morava- Vardar – Egejsko more (Aksioz) daju prednost plovidbi nad energetskim komponentama. Ovaj kanal projektovan je za plovidbu brodova do 1.350 tona nosivosti. Bio bi to kanal IV klase kvaliteta, poput kanala Dunav-Rajna-Majna-Dunav. Njime bi se plovilo dvosmerno, u lokalnom i međunarodnom saobraćaju.Projektom je predviđen početni godišnji transport roba od deset miliona tona godišnje.

Zanimljivo je da su ekperti Ujedinjenih nacija revidirali ovaj projekat i odbrili ga, čime je on stekao međunarodni legitimitet. Na osnovu toga je Evropska zajednica do 1990. godine finansirala studiju vodoprivrednog uređenja Vardara.

I SANU za kanal

Profesor Nenad Mileusnić, član Odbora za ekonomske nauke SANU početkom ovog veka takođe zagovara izgradnju kanala Dunav – Velika Morava – Vardar – Egejsko more i ističe da bi se tako obezbedila znatna proizvodnja električne energije novim sistemom hidroelektrana. Uz to, „akumulacijama vode snabdevalo bi se stanovništvo središnje Srbije pitkom vodom i omogućilo navodnjavanje plodnog zemljišta Pomoravlja. Izvela bi se zaštita zemljišta od poplava i erozije. Zapošljavanje ljudi na izgradnji i eksploataciji kanala i proizvodnih kapaciteta u mašino, elektro i brodogradnji bilo bi značajno. A celokupnu izgradnju mogla bi da realizuju naša preduzeća,” navodi Mileusnić.

Radi lokalnog saobraćaja projektovani su i bočni kanali koritom Zapadne Morave do Kraljeva, dužine 73 kilometara, koritom Nišave do Niša, dužine 15 kilometara, kanalom od Pčinje i Kumanova do Skoplja, dužine 37 kilometara, kanalom uz Vardar do Skoplja, dužine 35 kilometara i kanalom od Vardara do Soluna, dužine 17 kilometara.

Rečna i kanalska varijanta




„Time se na određeni način otvaraju uslovi za koncesije i potencijalna ulaganja domaćeg i stranog kapitala”, zaključuju građevinski inženjeri Božidar i Miodrag Jovanović u svojoj studiji „Hidroenergetsko-plovidbeni sistem Morava” iz 1998. godine.

Jovanovići su u svom radu dali dve varijante rešenja regulacije Velike i Južne Morave za plovidbu i proizvodnju električne energije. Jedno rešenje bazirano je na kanalisanju vodotokova ovih reka sa čak 11 brana a drugo predviđa izgradnju lateralnog kanala za plovidbu, uz proizvodnju struje na 9 brana.

U svojoj studiji Božidar i Miodrag Jovanović obrađuju samo plovni put između ušća Velike Morave u Dunav i Doljevca na Južnoj Moravi. To obrazlažu argumentima da je uređenje sliva i glavnih vodotokova Južne i Velike Morave celovito i višenamensko. Ta višenamenska šema korišćenja Južne i Velike Morave je razrađena u dve varijante, nazvane “rečna” (kanalisanje vodotoka) i “kanalska” (izgradnja laterlanog kanala). Za obe varijante je utvrđen broj stepenica i određeni su: lokacija, padovi, instalisani podaci, investicije i rentabilnost. Posebna pažnja je posveđena proceni stepena sigurnosti sistema od zasipanja nanosom, što je po mišljenju autora najvažniji kriterijum, po značaju ispred svih ostalih kriterijuma (uključujući kriterijum investicija). Takođe je razmatrana i sigurnost objekata u priobalju od poremećaja režima podzemnih voda usled kanalisanja vodotoka.

Sam plovni put podeljen je na dve deonice: Dunav – Niš – Doljevac i Doljevac – Preševo – vododelnica.

Scenario “rečna varijanta” hidroenergetskog i plovidbenog sistema Južne i Velike Morave, na ukupnoj dužini od 206 kilometara predviđa brane – betonske pragove sa ustavama visine od oko osam metara, pomoću kojih se formiraju akumulacije u koritu reke. Pored brane svaki hidročvor treba da ima elektranu, prevodnicu, pristanište i prilaze železnici i glavnom putu.

Kanalska varijanta predviđa energetsko – plovidbeni laterlani kanal dug 206 kilometara, koji teče od Doljevca preko Đunisa do bazena Stalać pa dalje do Ljubičeva i završava se u koritu Velike Morave. Sam kanal treba da bude trapeznog poprečnog preseka, širine u dnu 19 a na površini - “vodenom ogledalu” 43 metra, sa nagibom kosine 1:4 i dubinom od oko četiri metra. Imao bi nasip visine od osam do 12 metara i bio bi neobložen, ali sa obezbeđenjima od erozije.

Autori studije napominju da je ovo projekat od izuzetnog nacionalnog značaja jer “pokriva” oko 40 % teritorije Srbije gde živi oko tri miliona stanovnika. Kao sistem objekata predstavlja tehničko – ekonomsku celinu, povezujući važne gradove

„Rečna” varijanta predviđa sedam “stepenica” na Velikoj i četiri na Južnoj Moravi sa ukupno 44 agregata za proizvodnju struje na sledećim lokacijama: Niš 2, Aleksinac, Đunis, Stalać, Paraćin, Ćuprija, Bagrdan, Svilajnac – Velika Plana, Vladičin Dol i Ljubičevo.

“Kanalska” treba da ima pet “stepenica” na velikoj i, takođe, četiri na Južnoj Moravi sa ukupno 27 agregata. Sistema hidroelektrana u obe varijante radi kao celina, sa komandom iz jednog centra, s mogućnošću kombinovanja korišćenja vode iz akumulacija i režima rada protočne elektrane.

Izgradnja “Hidroenergetsko-plovidbenog sistema Morava” bi, prema proceni autora studije trajala 13 godina. Ovi inženjeri smatraju da “kanalska” varijanta ima određene prednosti zbog višenamenskog korišćenja sistema (energetika, plovidba, vodosnabdevanje, navodnjavanje) sa manjim borjem “stepenica”, što automatski smanjuje i inversticije. Kako kažu, “veći obim zemljanih radova kompenzovan je manjim utroškom skupih materijala: gvožđa i betona. Pri tome ne bi bilo morfoloških promena rečnog korita i remećenja sistema podzemnih voda. Osim što se eliminišu nepovoljne ekološke posledice ovo rešenje ne bi dovelo do trajnog potapanja velikih površina zemljišta u priobalju. Rešenje se, inače, uklapa u postojeću saobraćajnu infrastrukturu (pruge, putevi, mostovi) i štiti infrastrukturne objekte u priobalju (vodovode, kanalizaciju, bunare, pumpne stanice).

Geostrateški značaj

Kada bi se ovaj projekat realizovao osim direktne uštede u transportu postigli bi se značajni efekti u očuvanju puteva i životne sredine. Žaneta Ostojić-Barjaktarević, direktor Ustanove za održavanje unutrašnjih plovnih puteva, nedavno je, međutim izjavila da je Evropskoj uniji u interesu što pre uredimo svoje plovne puteve, posebno na Dunavu, jer sve podunavske zemlje jesu ili će uskoro postati njene članice.

“Evropa ne želi „crnu rupu“ na Balkanu,” rekla je Ostojićeva napominjući da izgradnja kanala Dunav-Morava-Vardar-Egejsko more nije ušao u naš master plan.

Pitanje je koliko su ozbiljni i Nemci. Njima bi svakako išlo u prilog da Dunav postane jedan od najjačih plovnih puteva na svetu. Baš zbog toga što bi ovim kanalom dobili direktnu saobraćajnu trasu za transport sirovina iz Azije i Afrike. Ali, to bi mogao biti i argument onih koji bi ovakvu nemačku dominaciju želeli da spreče.

Očigledno, reč je o geostrateškom projektu koji, iako začet pre 13 vekova baš zbog toga do sada nije realizovan. Srbija se tu malo pita. Ostaje da se vidi hoće li Nemci za ovaj kanal dobiti potporu u EU jer, SAD i Rusija verovatno će biti protiv.

http://www.balkanmagazin.net/kolumna/energija/za_kormilom_s_karlom_velikim.xhtml - http://www.balkanmagazin.net/kolumna/energija/za_kormilom_s_karlom_velikim.xhtml



Srpska žila kucavica

Ideja o izgradnji kanala koji spaja Dunav sa Egejskim morem stara je preko sto godina. Prvi ju je predložio Igor Eugen Hrebeljanović Lazarević 1896. godine, a ovih dana je pominje profesor dr Nenad Mileusnić

      Zamislite da usred Požarevca, Stalaća, Niša, Leskovca prolaze pravi pravcati brodovi na proputovanju do Soluna, a odatle između evropskog i afričkog kontinenta dalje ko zna gde!
       Upravo o tome razmišlja se danas u Srbiji. Redovni profesor Univerziteta u Beogradu i član Odbora za ekonomske nauke SANU prof. dr Nenad Mileusnić sa grupom saradnika smatra da je došlo vreme da Srbija dobije kanal koji bi spojio Dunav sa solunskom lukom, a preko Velike Morave i Vardara. 
       On kaže da je izgradnja kanala Dunav - Morava - Vardar - Egejsko more baš ono što je Srbiji neophodno, pozivajući se na nesporni značaj koji bi ovaj novi plovni put mogao da ima za našu zemlju pre svega, a potom i za sve podunavske, ali i druge zemlje. Spajanjem slivova pomenutih reka, proširivanjem njihovih korita, pravljenjem kanala, izgradnjom hidroelektrana, i, konačno, spajanjem preko Vardara sa Solunom, postigao bi se višestruki značaj. Kako Mileusnić naglašava, ne samo da bi se dobili novi plovni putevi, pogodni za transport robe i prevoz ljudi, već bi se i regulisali tokovi naših reka, aktivirala bi se proizvodnja, potpomogla privreda, a Srbija bi rešila sve svoje muke u snabdevanju električnom energijom. A i put do Sredozemlja skratio bi se za 1 180 kilometara, što bi omogućilo efikasnije saobraćajno povezivanje Sredozemlja i Sueckog kanala sa centralnom i srednjom Evropom: od Beograda Dunavom i kroz Crno more do Egeja ima 1 880 kilometara, a Moravom, Vardarom do Egeja ima 700 km.
       Tako, golemi ekonomski potencijal Dunava i naših drugih reka ne daje mira svima onima koji veruju u ispunjenje ove zamisli. A o njoj se razmišlja preko sto godina. Projekat izgradnje kanala koji bi spojio Dunav sa Egejskim morem preko Morave i Vardara, a kroz pomenute gradove, baš toliko i postoji. 
      
       Deonice 
       “Plovni put Dunav - Morava - Vardar - Egejsko more biće realizovan. Ali, u sadašnjoj konstelaciji geopolitičkih, ekonomskih, privrednih odnosa na Balkanu, to je još jedna fantazija”, tvrdi profesor Dimitrije Perišić iz Instituta za arhitekturu i urbanizam Srbije i jedan od autora Prostornog plana Srbije. Jedino što bi u ovom trenutku moglo da se uradi, prema njegovim rečima, jeste da se sadašnjom planskom gradnjom infrastrukturnih sistema ostavi “luft” za period kada bi izgradnja bila realna. I ne treba zaboraviti - dodaje Perišić - ovaj plovni put ne bi bio ni srpski ni grčki, već isključivo evropski! 
       Kako bi, međutim, izgledao ovaj istorijski kanal?
       Profesor Mileusnić kaže: “Plovni put Dunav - Morava - Vardar - Solun bio bi podeljen u pet deonica. Prvu bi činila Velika Morava od Dunava do Stalaća, drugu Južna Morava i lateralni kanal od Stalaća do vododelnice kod Preševa, treću prelaz preko vododelnice. Četvrta bi bila povezivanje vododelnice sa regulisanim Vardarom i lateralnim kanalom do Grčke, a peta regulisanje Vardara u Grčkoj do Soluna. Ukupno, 650 kilometara, od čega 345 kilometara pripada moravskom sektoru.”
       Dužina kanala u području Velike Morave, kako objašnjava Mileusnić, bila bi oko 151 km. Na tom delu kanala mogli bi da plove brodovi nosivosti do 1 350 tona. Ova lokacija bi obuhvatala, međutim, pored glavne trase na Velikoj Moravi i deo kanala na Južnoj Moravi sa bočnim kanalom Nišave do Niša i bočnim kanalom Zapadne Morave do Kraljeva. 
       Profesor Mileusnić dalje objašnjava da bi na lokaciji Velike Morave kanal imao više pristaništa. Na Velikoj Moravi pristaništa bi mogla da budu u Požarevcu, Velikoj Plani, Batočini, Ćupriji i Stalaću, na Južnoj Moravi u Aleksincu i Nišu, na Zapadnoj u Kruševcu, Trsteniku i Kraljevu. “Upravo bi moravski sektor procvetao. Samo na potezu do Stalaća izgradilo bi se sedam hidroelektrana, uredilo bi se priobalje, izgradili bi se sistemi za navodnjavanje, a razvio bi se i turizam.”
      
       Poduhvat 
       Da li će inicijativa profesora Nenada Mileusnića, njegovih saradnika i pobornika ove ideje, stati u red istorijskih pokušaja izgradnje kanala? Ako se izuzmu geopolitički faktori, za izgradnju je neophodno prevaliti građevinarske prepreke i, što je još važnije, uložiti veliki novac, koji država nema. I premijer Srbije Zoran Đinđić je nedavno izjavio da para za javne radove nema.
       Ali, profesor Mileusnić ne odustaje. Da bi se Dunav spojio sa Solunskom lukom, objašnjava on, građevinari će morati da iskopaju kanale na terenu, tunele, pristaništa, nasipe za zaštitu od poplava, moraće da obezbede teren od erozije, akumulacije vode, brodske prevodnice, brane, hidroelektrane, nove puteve, ali i prateće građevinske objekte. 
       “Za naše građevinare nema granica. Imamo kadar koji bi izveo izgradnju, građevinske, mašinske tehničare i inženjere”, tvrdi Mileusnić, a Mile Samardžić, najbliži saradnik profesora Mileusnića dodaje: “Bila bi potrebna i jeftina radna snaga, koju bismo, doduše, mogli lako da uvezemo.” 
       Da građevinski poslovi ne bi bili problem potvrdio je i Branislav Ivković, redovni profesor Građevinskog fakulteta u Beogradu. “Naši građevinari mogu da izvedu taj posao. Međutim, postoji jedan drugi, znatno veći problem konfiguracije terena”, navodi Ivković. Problem konfiguracije terena odnosi se na različite visinske kote Morave i Vardara. To podrazumeva izgradnju prevodnica koje bi morale da savladaju denivelacije vode od 140 do 170 metara. Ivković dalje dodaje: “Prevodnice bi bile građene u sedam, osam nivoa, što podrazumeva veliki kapital, a umanjuje propusnu moć kanala i time usporava plovidbu.”
       Još veći problem, kako Ivković navodi, jeste novac. “Pre nekoliko godina razmišljali smo o ovoj inicijativi i zaključili da je, za sada, neracionalna. Za izgradnju kanala neophodno je izdvojiti od 12 do 14 milijardi dolara. A mi taj novac nemamo”, kategoričan je Ivković. Mileusnićeva računica, međutim, ne slaže se sa Ivkovićevom. On tvrdi da je za izgradnju celog kanala dovoljno oko osam milijardi dolara i dodaje da je moguće izaći na kraj sa finansijskim problemima. 
       “Moguća je kombinacija da se izgradnja kanala sa branama i prevodnicama finansira delimično donacijama, a hidroelektrane i prateći objekti dugoročnim zajmovima sa povoljnim kamatama kod Međunarodne banke za obnovu i razvoj iz Vašingtona i Evropske banke za investicije i razvoj iz Londona”, navodi Mileusnić. 
       Ko bi konkretno uložio u srpski deo kanala, pod kojim uslovima i da li bi naša država mogla da bude garant isplate pozajmljenog novca? Na ta pitanja profesor Mileusnić nema odgovora. Ali, tvrdi: “Ako bismo dobili novac, kanal bi bio žila kucavica ne samo Srbije i Jugoslavije, već i cele Evrope.”
       O značaju kanala koji bi prema Mileusnićevim procenama mogao da se izgradi za 12 godina (prema nekim drugim procenama ne bi nam bilo dovoljno ni 30 godina) vredi razmišljati ako svetskim moćnicima bude u interesu da jedan takav plovan put nikne na Balkanu. Do tada, mogli bismo da se zapitamo zašto i ono što posedujemo - ne koristimo.
      

DRAGANA MATIĆ

19 Decembar 2002

http://www.nin.co.rs/2002-12/19/26450.html - http://www.nin.co.rs/2002-12/19/26450.html


Posted By: kultuzin
Date Posted: 06-Dec-2010 at 21:45
Кинеска корпорација заинтерeсирана за проектот Вардарска долина
06.12.2010 - 21:10 | Бизнис
Владата размислува дали да ја прифати понудата на кинеската финансиска корпорација заинтересирана за реализирање на проектот Вардарска долина, изјави премиерот Никола Груевски по денешната посета на поплавените подрачја во Кочанско.


- Вардарска долина е проект кој Владата подолго време го третира, го врати во живот, бидејќи беше заборавен пред многу години. Го разработивме и почнавме да стапуваме во комуникација со повеќе потенцијални финансиери. Наидовме на една крупна кинеска финансиска корпорација која е заинтересирана да го финансира под раководство на вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за економија Фатмир Бесими. Се одвиваат анализи и подготовки во правец на тоа дали да се прифати таа понуда, рече Груевски.

Се разгледуваат, додаде, предностите и евентуалните слабости на понудата.

- Се надевам дека во наредниот период ќе се направи конечна и дефинитивна проценка дали да се прифати таа понуда што би значела голема инвестиција доколку се реализира, над една милијарда евра изградба на 13 или 14 хидроелектрани на реката Вардар. Еден од покрупните проблеми е тоа што на северниот дел на реката Вардар ќе биде потребна голема инвестиција, меѓу 150 и 200 милиони евра, за преместување на пругата бидејќи таа е премногу блиску до реката. И во ситуација кога би се направиле тие неколку брани во северниот дел ќе дојде до потопување на пругата и затоа ќе треба таква инвестицја и тоа оди во пакет. Доколку се прават тие брани ќе треба да се издвојат средства за преместување на пругата, нагласи Груевски.

Тој изрази надеж дека наскоро, најдоцна во наредните три месеци, по деталните анализи и пресметки кои момемтно се во тек, ќе се донесе конечна процнека за натамошно спроведување на проектот Вардарска долина.

- Проектот е добра шанса за Македонија и на еден или на друг начин во времето кое доаѓа би требало да биде реализиран, во целост или делумно, парцијално, рече премиерот, според кој и експертите треба да го дадат своето мислење.

На новинарско прашање во врска со поедноставувањето на постапката за добивање градежни дозволи, Груевски одговори дека се подготвуваат законски измени во оваа насока.

- Специјализирана агенција направи посебна анализа која ја разгледавме на Влада и го задолживме Министерството за транспорт да почне подготовка на измени на серија закони во што ќе треба да се вклучат и други министерства и институции со кои ќе се забрзаат процедурите за вадење градежна дозвола, подвлече премиерот.

Според пресметките на Специјализираната агенција, секој инвеститор треба да направи 24 чекори за да дојде до градежна дозвола. Тоа, смета Груевски, е многу и треба да се промени.

- Го следиме примерот на Данска како една од најдобро рангираните во светот во овој дел. таму е потребно да се направат шест чекори за вадење градежна дозвола. Нашата цел е со измените на законите да дојдеме до оваа бројка или до максимум седум процедури за вадење градежна дозвола што револуционерно ќе ја промени состојбата и ќе создаде подобра бизнис клима, ќе им помогне на инвеститорите побрзо и поефтино да ги завршуваат своите операции бидејќи секој чекор чини пари. За околу еден месец сите институции треба да ги достават измените на законите до Владата, потоа би требало за околу 1,5 месец до два тие да поминат низ Парламентот така што, се на се, за три до 3,5 месеци би требало да заврши парламентарната процедура, нагласи Груевски.

Премиерот потсети дека Македонија бележи огромен прогрес во годишниот Извештај на Светската банка според добрите услови за бизнис клима.

- Ние сме најдобро рангирани во однос на другите земји од Централна и Источна Европа, некаде 38 позиција од последниот пат, што е значителен напредок. Гледано по сегменти, во делот на градежништвото бевме на многу лоша позиција и се фокусиравме на тој дел, потенцира претседателот на Владата Груевски.
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/kineska-korporacija-zainteresirana-za-proektot-vardarska-dolina


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Dec-2010 at 22:46


Одлично!   Cheers

Не се палам лесно на вакви најави, но во конкретниов случај има индикации дека можно е да се работи за сериозни намери. Имено кинезите се повеќе инвестираат вон Кина во енергетика, а после преземањето на пристаништето во Пиреја, имаат интерес и за транспортот во регионов, особено долж К10. Всушност имаат и генерален интерес за регионов.

Можниот кинески интерес за Коридорот 10, особено во контекст на пругата веќе го антиципиравме на форумов низ оваа дискусија:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1040&PID=78048#78048 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1040&PID=78048#78048

Не им требаше долго...   Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Dec-2010 at 01:33

Кинези ќе ни помагаат за „Вардарска Долина“

Дали долината на Вардар, конечно, ќе стане долина со хидроцентрали?

Маја Томиќ


Дамнешната идеја за изградба на 12 хидроцентрали по течението на Вардар, или проектот наречен „Вардарска Долина“, повторно станува актуелна. Откако лани летото пропадна последниот обид на Владата за наоѓање стратегиски инвеститор за грандиозниот и скап проект, таа сега повторно прави обид да ја помести работата од мртва точка. Во тек се преговори меѓу Владата и кинеската државна компанија за енергетика и Банката за развој на Кина (ЦДБ) за изработка на физибилити студија со која треба да се намамат инвеститорите. Ова деновиве беше објавено на странската веб-страница Industrial fuels and power. Од Министерството за економија вчера ја потврдија информацијата.

„Со кинеска државна компанија за енергетика и со Банката за развој на Кина се водат преговори, во рамки на нашите закони, за физибилити студија за изградба и начин на финансирање на ’Вардарска Долина‘. За проектот е веќе изработена проектна задача за енергетско ползување на Вардар, врз чија основа треба да се изработи квалитетна и опсежна нацрт-верзија. Станува збор за еден од најголемите инфраструктурни проекти во државата и затоа се потребни квалитетни податоци и анализи. Врз нивна основа потоа ќе се донесе одлуката за моделот на реализација, кој пред се' треба да понуди економска оправданост“, информираат од Министерството за економија.

Според последната изјава на премиерот Никола Груевски во врска со овој проект, Владата се' уште не одлучила дали ќе ја прифати понудата на кинеската компанија.

„’Вардарска Долина‘ е проект што го третира Владата долго и го врати во живот, бидејќи беше заборавен пред многу години. Почнавме да комуницираме со повеќе потенцијални финансиери. Наидовме на крупна кинеска корпорација, која е заинтересирана да го финансира, за што помогнаа вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за економија, Фатмир Бесими. Се прават анализи и подготовки во насока на тоа дали да се прифати нивната понуда“, изјави Груевски деновиве, додавајќи дека за околу три месеци би требало да се донесе конечната одлука, а во меѓувреме ќе се земат предвид сите предности и слабости на понудата.

Во информацијата што ја пренесе Industrial fuels and power, „Вардарска Долина“ вреди околу една милијарда евра и се' уште е неизвесно дали финансирањето од страна на кинеската банка ќе биде за целата сума или за само дел од неа.

Инаку, „Вардарска Долина“ како идеја постои повеќе од 20 години, а оваа Влада го има во плановите за енергетски развој до 2016 година. Последен пат во 2008 година беше распишан меѓународен тендер за претквалификација, но до крајот на вториот пролонгиран рок, до лани летото, само две компании подигнаа документација, а ниту една не достави конкретна понуда. Потоа Владата го објави тендерот за неуспешен.

Постојниот проект предвидува изградба на 12 хидроцентрали по течението на Вардар, со вкупна инсталирана моќност од 325 мегавати. Но, она што најмногу го кочи остварувањето на оваа инвестиција е фактот што претходно државата мора да инвестира над 1 милијарда евра сопствени средства за претходна подготовка на теренот. Најпрво треба да се направи пренасочување на околу 20 километри од железничката пруга Скопје - Велес, како и на дел од автопатот што ги поврзува двата града. Од вкупно 12-те хидроцентрали, две треба да се лоцирани кај Велес, а две во околината на Градско.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=342A3981BFFAA54092014F9E02A90F7F


Posted By: ebivetre
Date Posted: 30-Dec-2010 at 12:51
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1229102126529&id=10&setIzdanie=22171

Дали Вардарска ќе стане кинеска долина?

     
Проектот предвидува изградба на 12-14 мали хидроцентрали од Вруток до Гевгелија, со вкупна инсталирана моќност од 320 мегавати. За Македонија ќе значи енергетско зајакнување, многу вработувања, големи инвестиции и во други сектори, влегување на странски пари и капитал, кој, пак, ќе ја раздвижи целокупната економија


     
     
Вардарска долина е потенцијалната кинеска инвестиција, која последниве неколку месеци тивко се најавува од страна на двете држави. Дознаваме дека се вжештува линијата меѓу двете преговарачки експертски групи на оваа тема.

Стручни тимови на нашата влада и претставници на кинеска финансиска корпорација загреана за оваа зделка сé уште прават анализи, а дали ќе биде прифатена понудата, ќе се знае за неколку месеци. Дознаваме дека деновиве се направиле неколку средби со кинеските претставници, а се интензивираат и активностите на македонската амбасада во Кина.
Од наша страна сé уште се размислува дали да се реализира овој мегапроект, кој ќе донесе многу поволности за двете земји. За Македонија ќе значи енергетско зајакнување, многу вработувања, големи инвестиции и во други сектори, влегување на странски капитал, кој, пак, ќе ја раздвижи целокупната економија. За Кинезите ќе значи долгорочен исплатлив проект, кој ќе им овозможи стабилно присуство на Балканот, со тенденција да се шират кон Западна Европа.

Проектот предвидува изградба на 12-14 мали хидроцентрали од Вруток до Гевгелија, со вкупна инсталирана моќност од 320 мегавати. Најголема пречка е железничката пруга, која во северното течение на Вардар ќе мора да биде преместена, што ќе чини од 150 до 200 милиони евра. Експерти по патен и железнички сообраќај, пак, коментираат дека пругата секако треба да се премести и без да се меша оваа инвестиција, бидејќи е стара и многу бавна. Со нејзина преработка би се добила брза, модерна и ефикасна железница.

Наредниов период ќе се разговара и за усогласување и објаснување на законските решенија за реализирање на овој проект, како и испочитување на тендерските правила што важат кај нас, нешто што за Кинезите не било доволно јасно.

Во насока на сé поверојатното реализирање на оваа мегазделка говори и изјавата на премиерот дадена пред неколку недели во Кочани.

- Вардарска долина е проект што Владата го третира подолго време, го врати во живот, бидејќи беше заборавен пред многу години. Го разработивме и почнавме да стапуваме во комуникација со повеќе потенцијални финансиери... Се надевам дека во наредниот период ќе се направи конечна процена дали да се прифати таа понуда, што би значело голема инвестиција доколку се реализира, над една милијарда евра - изјави Груевски.

Вардарска долина е идеја што на хартија стои две децении. Таа се смета за клучен проект за домашното производство на електрична енергија. Експертите од енергетскиот сектор велат дека во услови на регионален недостиг од струја и состојбата во која Македонија постојано увезува скапа енергија, Владата треба повеќе да се посвети на изградба на нови енергетски капацитети, што и оди во прилог на оваа инвестиција.

     
Автор: Жарко Василевски


Posted By: ebivetre
Date Posted: 30-Dec-2010 at 13:07
Originally posted by ebivetre

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1229102126529&id=10&setIzdanie=22171


Од наша страна сé уште се размислува дали да се реализира овој мегапроект, кој ќе донесе многу поволности за двете земји. За Македонија ќе значи енергетско зајакнување, многу вработувања, големи инвестиции и во други сектори, влегување на странски капитал, кој, пак, ќе ја раздвижи целокупната економија.




Јасно му е некому што эначи ова? Демек не сме сигурни дали сакаме или што?


Posted By: Мартин
Date Posted: 25-Jan-2011 at 22:14

вторник, 25 јануари 2011, 09:22

Кина ќе ја гради Вардарска долина

Свето Николовски

Народна Република Кина е заинтересирана да ја гради Вардарска долина. Мега проектот предвидува градба на 12 хидроцентрали, но и дислокација на дел од железничката линија која се движи покрај течението на реката Вардар.

Физибилити студијата што треба да ја финансира кинеската страна, а да ја ревидира македонската, треба да даде одговор на најважните прашања: дали проектот е финансиски исплатлив и во која форма и динамика ќе се гради. Идеата на Кина е проектот да го финансира нејзината Државна развојна банка, а да го реализира моќната енергетска компанија – China Internacional Water & Electric Corporation – CWE.

Доколку студијата биде позитивна, ќе биде склучен меѓудржавен договор за реализација на Вардарска долина. Во овој случај не станува збор за давање на концесија на Вардар, туку за градба на хидроцентрали кои што ќе бидат во државна сопственост на Македонија, а со нив би стопанисувал ЕЛЕМ или пак посебна новоформирана компанија.

Колку ќе чини целиот проект Вардарска долина, со сите пратечки трошоци за селење на патната и железничката инфраструктура, треба да покаже физибилити студијата. Изведувачот на проектот, Кинеската корпорација CWE (Си-Ви-И) постои 54 години, а веќе 15 се вбројува меѓу 225-те најголеми меѓународни контрактори, рангирана како 97-ма. Оваа корпорација е овластена од кинеската влада  да реализира прекуморски проекти на државна помош од класа 1. ЦВЕ поседува 13 компании, 15 фирми ќерки, како и 18 фирми и агенции во други земји.

Корпорацијата, во моментот, изведува енергетски, иригациони и водоснабдувачки проекти во: Малезија, Камерун, Перу, Тајланд, Филипини, Мали, Фиџи, Маурициус а има свои претставништва во САД и во Канада. Во нејзиното портфолио стои дека досега биле реализирани над 700 меѓународни договори во над 60 земји, чија вредност надминува 7,5 милијарди американски долари.

http://www.time.mk/read/NONE/c050fa8023/index.html



Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jan-2011 at 22:33
Контрактор = изведувач, а China Internacional е бонус од мене да го погодите.

Некст тајм деј кен рајт ин инглиш онли тренслитерејтед ту месадоунијан, ноу нид то тренслејт ет ол! Ебати и Свето Николовски и сите неписмени „новинари“!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Max
Date Posted: 25-Jan-2011 at 22:38
auuu ke dobieme i ekstra struja i nova pruga... pa to be braka kinezi!!! zeam kineskinja za vozrat hahaha


Posted By: stratus
Date Posted: 25-Jan-2011 at 23:18
http://www.cwe.com.cn/en/OverseasAgencies/OverseasAgencies.html
имаат REPRESENTATIVE OFFICE во Македонија ?!?!?!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Jan-2011 at 00:24
Инаку веста, да, ми се допаѓа Во нервозата за новинарот заборавив што всушност ни кажува. Интересно е со каква камата планираат Кинезите да ни помогнат. Нормално за да ни гради нивната компанија и да ни прават беспари студија за изводливост (или како што вика Свето Николовски погоре физибилити стади) ќе понудат нешто екстра поволно. Би рекол 0,5% на мнооогу години, нешто како Јапонците со браните?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 26-Jan-2011 at 01:05

Одлична вест, дај боже да се оствари НО внимателно, по инерција сме песимисти ние за вакви големи најави и проекти, поради многубројните горки искуства со вакви бомбастични најави. Како и да е, треба добра анализа, но доколку има макар и помала заработка за државата, поради обемноста и стратешката важност на проектов, мора да најдеме начин да успее.



Posted By: Goran
Date Posted: 27-Jan-2011 at 06:27
Sve ubavo samo ne znam kako na ova ke regira USA na dva stola ne se sedi kinezi tie sakaat da go zgolemat nivnoto vlijanie ama usa ne bi sakala do voeniot poligon da ima kineska drzavna korporacija.I srbija se nadevase na Rusija vidi so i se sluci Bifsha Jugoslavija imase komunusticki rezim do 1948 nastroen kon Rusija zatoa ja rascepkaa Makedonija na tri dela najznacajniot ostana so Grcija.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jan-2011 at 12:13
Денес сите „седат“ на два, три и повеќе стола, такво е времето, не е 1950. Плус тоа да скаше УСА да ја држи Македонија цврсто и исклучиво во своја зона на влијание, ќе направеа повеќе за да се обезбедат предуслови за просперитет на Македонија. Да отфрламе добри понуди за значајни проекти во државава од некаков страв што за тоа ќе помислат во УСА, а без од нив да имаме никаква понудена алтернатива, тоа би било нонсенс. А и од толку силно извикуваниот полигон гледам колку се офајдивме до сега... На крајот на краиштата кинеската сила е огромна и е во константен пораст, па затоа нивното учество во големи проекти кај нас може да се толкува и обратно, односно како зацврстување на темелите на државава.


Posted By: lupo
Date Posted: 27-Jan-2011 at 19:48
Ke se gradat samo hidrocentrali ili ke se ovozmozi i povnost po Vardar odnosno povrzuvanje na Egejsko more - Dunav?

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jan-2011 at 22:27
Па пишува во веста, засега во игра се хидроелектраните и дислокација на дел од железничката пруга. Вистинска пловност на Вардар е проект од сосема друга лига.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jan-2011 at 02:24
За пловноста се предуслов акумулациите кои ионака се пловни. Ако се прави канал треба да се прават каскади помеѓу акумулациите. еве видете ја Панама како функцинира. Вардрска долина е проект на векот ако нешто такво некогаш се направи. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jan-2011 at 10:58


Да, но веројатно такви „лифтови“ за качување по каскадите треба да се направат од сега за да ја има пловност.




Posted By: lupo
Date Posted: 28-Jan-2011 at 14:48
Treba ovaa idea da se razgleda na vreme, a ne za otom potom. No ovaa rabota e i dosta skapa. Vakva rabota mozat samo kinezite da ja isfinansiraat - pod koncesija.

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: lupo
Date Posted: 28-Jan-2011 at 14:49


-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 28-Jan-2011 at 15:00

Немора да гледаме до толку грандиозни проекти како Панамски канал. За почеток можеме овие искуства да ги видиме од Дунав и Ѓердапската клисура, каде што ако не се лажам има 2 брани, а сепак големи речни бродови секојдневно ги минуваат.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jan-2011 at 16:45
Па баш како Панамски ќе биде со оглед на далечината и пределите ридски.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2011 at 17:09
По идниот пловен Вардар и целокупниот пловен пат Егеј-Вардар-Морава-Дунав според плановите би се движеле баржи со максимална носивост од 1350 тони.

Надградениот панамски канал може да се справи со прекуокеански бродови според новите "Panamax" стандарди:
Должина 366 m
Ширина 49 m
Длабочина 15.2 m
TEU 12.000

Панамскиот канал е ЏИН и било каква споредба според овие параметри е неумесна. Но тоа не значи дека потенцијалниот канал Егеј-Вардар-Морава-Дунав не би вршел огромна работа и не би имал огромно стратешко значење. Погледнете го на гугл земја речниот и каналскиот сообраќај во Германија, Холандија, Белгија, па и по целото течение на Дунав.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Feb-2011 at 12:32
„Вардарска долина“ - неостварен проект на векот


Тоа е најголемиот проект во Македонија во енергетскиот сектор, чија вредност се проценува на 1,2 милијарда евра. Со него се предвидува изградба на 12 средни и мали хидроелектрани по текот на Вардар, од Велес до Гевгелија


     
     
Ако се реализира проектот, до Велес ќе пловат и вистински бродови, а не само импровизирани сплавови
Мегапроектот „Вардарска долина“, кој може да значи спас во енергетска, транспортна, еколошка, туристичка и во целокупна економска смисла за државава пак, по којзнае кој пат, ја бранува јавноста. Дали дури сега проектот е зрел за реализација или, пак, што е поважно, дали сега има пари за него и инвеститори што ќе застанат зад неговата реализација ќе биде јасно за некој месец, кога се очекува да завршат преговорите со Кинеската развојна банка. Дознаваме дека во тек се интензивни разговори помеѓу кинеските и нашите претставници во тимовите назначени за преговори. На оваа тема интензивно се работи и во македонската амбасада во Пекинг, а кинеските преставници се сé почести гости во Скопје.
Она што е новина е дека државава се залага целата инвестиција да остане во државна сопственост, додека Кинезите ќе бидат во улога на изведувачи и даватели на заем под услови кои понатаму ќе се дефинираат. Засега не се знае која сума е во игра и дали ние воопшто ќе добиеме пари или само готов изведен проект од страна на Кинезите и долг што ќе треба на долг рок да и го враќаме на Кинеската развојна банка.

- „Вардарска долина“ е проект што ќе биде во државна сопственост, но ќе го гради странска компанија со која ќе склучиме договор. Изминативе неколку месеци се водат интензивни разговори со Кинеската развојна банка, која е заинтересирана да ни обезбеди еден вид заем за изградба на овој мегапроект. Битно е да се напомене дека не се работи за концесија или за друг вид издавање на целиот проект, туку дека тоа е државна инвестиција со странски заем. Единствен услов од кинеска страна е целиот проект да го гради кинеската фирма ЦВЕ - изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Исплатливоста и законодавството главни дилеми

Од Министерството за финансии коментираат дека доколку се постигне договор, тој ќе треба да биде даден на разгледување во Собранието, од каде што треба да се добие зелено светло за почеток на реализацијата и целиот договор да добие сила на закон. Претходно, дел од стручната јавност коментираше дека поради различното политичко и економско уредување на двете земји, ќе биде потребно усогласување на некои законски мерки, со цел да се најдат заеднички точки на соработка помеѓу нивната државна планска економија и нашата слободно пазарна. Последните случувања на политичката сцена во Македонија не одат во прилог на оваа идеја, но за ваков грандиозен проект и не треба да се брза. Експертите од оваа област велат дека мора да се направат темелни истражувања на секое поле, па потоа да се оди со донесување одлуки.

- Тоа што се планира целата инвестиција да остане во наша, државна сопственост е одлично. Ако се оди со заем врзан со изведба, а притоа да не се даде проектот под концесија е убаво решение за нас. Сепак, треба да се види дали целиот проект е исплатлив. Кинезите за ова не се грижат многу. Тие се во инвестициски бум и гледаат да ги придобијат сите поголеми расположливи енергетски ресурси на планетава - велат експертите по енергетика со кои зборувавме за овој проект.

Што е „Вардарска долина“?

„Долината“ е најголемиот проект во Македонија во енергетскиот сектор, чија вредност се проценува на 1,2 милијарда евра. Со него се предвидува изградба на 12 средни и мали хидроелектрани по текот на Вардар, на локации од Велес до Гевгелија, со вкупна инсталирана моќ од 320 мегавати и со просечно годишно производство на електрична енергија од 1.000 гигават-часа. За споредба, РЕК „Битола“ има моќ од 675 мегавати и годишно производство од 4.600 гигавати.

Идејата е стара повеќе децении. Уште во 1932 година, на собранието на тогашната Лига на народите во Женева, делегацијата на Кралството Југославија го предложила како проект што би требало да се финансира и да се изгради од страна на меѓународната заедница. Од пет проекти, на тогашна Југославија и биле одобрени четири - отпаднала само „Вардарска долина“.

- Проектот на каналот Морава - Вардар - Егејско Море, комитетот не можеше да го усвои затоа што неговата евентуална изградба не изгледа ни технички ни економски оправдана според принципите на оваа меѓународна акција, а тоа особено се однесува на потегот од Сталаќ до Егејско Море - известува во тоа време Иво Андриќ, кој тогаш бил во функција на отправник на работите во делегацијата на Кралството.
За „Проектот на векот“, како што беше нарекуван пред една деценија, имаше и студија за оправданост, која беше изработена од француската влада и од компанијата ЦНР. Но во 2000 година, со одлука на Собранието и управниот одбор на конзорциумот, тој, од непознати причини, престана да функционира, а целокупната документација за проектот „Вардарска долина“ беше предадена на чување на „Електростопанство на Македонија“, каде што се наоѓа и денес. Експертите велат дека токму овој проект на францускиот конзорциум бил најсериозен до кој дошла јавноста и дека токму од него треба да се тргне во реализација на она што ќе се прави во иднина.

- Сé уште не знаеме што точно се преговара со Кинезите или со некој друг. Како и да е, мора да се види што ќе се прави на Црна Река, Брегалница и на Треска, како најголеми притоки на Вардар. Ако на Црна Река се прават „Чебрен“ и „Галиште“ две големи, високи хидроцентрали како што се планира, тогаш мора да се ревидира целиот проект на францускиот конзорциум, каде што се предвидуваа четири помали.
Ако се изградат „Чебрен“ и „Галиште“, тогаш сите брани по устието на Црна Река во Вардар се директно зависни од овие две. Се менуваат и водотеците во реките, па неопходно ќе биде и ревидирање на хидролошката состојба на сите реки поврзани со Вардар, а и на него. Предлагам да се тргне од овој готов проект на францускиот конзорциум, да се направи ревидирање на водотеците, точно да се установи каде, колку, колкави и какви брани ќе се градат, па потоа да се проектира што било за „Вардарска долина“. Хидроцентралите на реката Вардар мора да се планираат интегрално со централите што би се граделе на Црна Река и на Брегалница - ни изјави Златко Черепналкоски, експерт по енергетика.
Државата треба претходно да инвестира и свои пари и да создаде предуслови за реализација на овој проект. Ќе треба меѓу 150 и 200 милиони евра за преместување на железничката пруга и дел од автопатот Скопје - Велес, бидејќи тие се премногу блиску до реката. Кога би се направиле тие неколку брани во северниот дел, ќе дојде до потопување на целата постојна патна инфраструктура. За споредба, за поместување на пругата кај Велес, заради изградба на тамошната акумулациска брана, дадени се речиси истите пари колку што чинела и изградбата на браната, коментираат познавачите на состојбите.

Ефекти на сите страни
Доколку се реализира „Долината“ ќе се овозможи економски развој во енергетиката, земјоделството, водостопанството, патната, железничката и во водената инфраструктура. Ќе има позитивно влијание на екологијата и на заштита на квалитетот на водите, а се очекува да даде нов импулс и во туризмот во државава. Се споменува и можноста за користење на Вардар како пловен пат, кој ќе влијае на намалување на трошоците за транспорт.
Некои процени велат дека со „Вардарска долина“ Македонија ќе стане енергетски независна држава, која своите потреби за електрична енергија во 90 проценти ќе ги задоволува од сопственото производство. Ќе се отворат и многу можности за инвестиции, кои ќе ја направат рај за големите компании.


Кинеска развојна банка - финансиски џин во Азија
Минатата година Кинеската развојна банка беше заинтересирана да купи 30,6 проценти од акциите во Нова Љубљанска банка, која ја поседува и Македонската банка НЛБ Тутунска банка. Претставници на Кинеската банка, како што пренесе тогаш „Блумберг“, се сретнале со претставниците од НЛБ. Странските медиуми пишуваа дека Белгиската КБЦ-групација, акционер во НЛБ, е подготвена да го продаде својот дел. Меѓу заинтересираните купувачи беше и британскиот инвестициски фонд „Апакс“.
За големината на оваа банка зборуваат и податоците - таа е еден од најголемите издавачи на обврзници во НР Кина. Банката имаше 1,5 илјада милијарди јени во кредити што беа исплатени на крајот од 2004 година. Во текот на 2004 година направи профит од околу две милијарди американски долари. Последниве години овие бројки се многу поголеми. Банката е најпрофитабилна банка во Кина и втора најпрофитабилна во Азија. Долговите издадени од КРБ се целосно гарантирани од страна на централната влада на Народна Република Кина. КРБ има околу 3.500 вработени, околу 1.000 од нив работат во Пекинг, а другите се распоредени во 32 експозитури низ земјата. Банката, исто така, има канцеларии во различни земји од целиот свет.

Околу Велес неколку хидроцентрали
Две од предвидените хидроцентрали се предвидува да бидат лоцирани во општината Велес, а две на територијата на Градско. ХЕЦ „Велес“ би се градела веднаш над Башино Село и би имала највисока брана од 59 метри, а акумулацијата треба да собира 64 милиони кубни метри вода. Изградбата на централата би траела околу шест години и би обезбедувала средно годишно производство на струја од 300 гигават-часа.
За да се изгради ХЕЦ „Велес“, железничката пруга Скопје - Велес мора да се помести за дваесетина километри и да се подигне во висина на автопатот. Тоа значи дека пругата повеќе не би минувала низ Велес, туку околу градот. Втората хидроцентрала е предвидено да се гради на реката Бабуна, на излезот од Велес. Таму ќе треба да се гради брана висока 25 метри, а централата би произведувала 41 гигават-час електрична енергија годишно. Таа би се градела три години, а исто толку и ХЕЦ „Згрополци“, како и ХЕЦ „Градско“ кај Градско. Очекуваното производство на струја од трите ХЕЦ е од 41 до 54 гигават-часа годишно.


Каде ќе се градат
- Велес
- Бабуна
- Згрополци
- Градско
- Кукуричани
- Криволак
- Дуброво
- Демир Капија
- Градец
- Милетково
- Ѓавато
- Гевгелија
http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=27112020478&id=9&prilog=0&setIzdanie=22201


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Feb-2011 at 22:12
За споредба, за поместување на пругата кај Велес, заради изградба на тамошната акумулациска брана, дадени се речиси истите пари колку што чинела и изградбата на браната, коментираат познавачите на состојбите.
Која пруга и кога е преместувана? Точно ли е ова воопшто?


Posted By: axel
Date Posted: 08-Feb-2011 at 23:11
zgresile ne e premestena tuku treba da se premesti skopje veles 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Apr-2011 at 13:30

http://www.kurir.mk/makedonija/ekonomija/25779-Potpisan-memorandum-za-proektot-Vardarska-dolina - Потпишан меморандум за проектот „Вардарска долина“


Денес беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија, Кинеската банка за развој и Кинеската корпорација за управување со води и електрична енергија.

vlada-500

Меморандумот го потпишаа вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за економија Фатмир Бесими, кинескиот амбасадор Цуи Џу мин и претставник од Кинеската корпорација за управување со води и електрична енергија Ланг Ју.

potpis-500

Вицепремиерот Владимир Пешевски изјави дека ова претставува почеток на реализирањето на проектот „Вардарска долина“. Владата има обезбедено 15 проценти од потребните средства а останатиот дел ќе бидат обезбедени од Кинеската банка за развој.

kinez-500

Вкупната инвестиција, нагласи Пешевски изнесува 1,5 милијарди евра и тоа претсставува најголемата инвестиција во Македонија.

Пешевски истакна дека оваа инвестиција е добра како за управувањето со водата, односно со наводнувањето на земјоделската земјиште, така и за енергетскиот, градежниот и туристичкиот сектор.

Министерот Бесими изјави дека со овој проект ќе бидат изградени 12 хидроцентрали од кои 2 ќе бидат поголеми а останатите ќе бидат помали. Тој додаде дека со овој проект ќе се зголеми прозиводството на електрична енергија за дваесетина отсто, а со тоа и БДП за 20 проценти.

Кинескиот амбасадор ја поздрави соработката меѓу Македонија и Кина во повеќе свери и истакна дека амбасадата ќе создаде се што е во нејзина моќ за да се реализира оваа инвестиција.

Тој нагласи дека оваа инцестиција ќе носи 100 милиони евра годишно и 3000 нови работни места секоја година.

Проектот треба да заврши во следните 12 до 15 години.

Ланг Ју од Кинеската корпорација за води и електрична енергија вели дека со овој проект ќе се стабилизира енергетската состојба во Македонија, покрај него ќе се развијат и другите сектори. Тој ја поздрави одличната соработка со ЕЛЕМ, со кој ја граделе хидроцентралата „Козјак“.

Ланг Ју истакна дека Кинеската корпорација за води и електрична енергија веќе 50 години гради хидро системи и досега имаа реализирано 700 меѓународни договори во шеесетина земји.

http://www.kurir.mk/makedonija/ekonomija/25779-Potpisan-memorandum-za-proektot-Vardarska-dolina


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 11-Apr-2011 at 13:51
PreviousАко ова не е само преизборен маркетинг (дај боже да не е), можам да кажам дека ова е најголемиот и најважнииот проект во Македонија. Според податоците на ЕЛЕМ се работи за 10 централи (можеби проектот сега е ревизиран па се додадени уште 2). Во секој случај и тие 10 би требале да обезбедуваат 700 GW/h годишно, и тоа што е најважно обновлива енергија. Можеби и самава бројка не е толку импозантна, но треба да се земе во предвид дека со изградбата на овој проект ќе бидеме приморани да ја преместиме и голем дел од пругата, а со тоа и модернизираме, башка и можноста за пловен Вардар и некоја идниа реализација на проектот пловен Вардар-Морава.
 
Еве ги централите според елем:
Основните технички карактеристики на објектите:
ЕЛЕКТРАНА Qav[m3/s]  Qins[m3/s] H[m] P[MW] W[GWh] Cost[mil.$]
Бабуна 91,2 2x120 8,5 17,34 56,9 47,6
Згрополци 91,2 2x120 8,5 16,93 55,5 51,7
Градско 112,4 2x120 8,3 16,93 66,6 57,6
Кукуречани 147,6 2x120 8,3 16,93 79,5  57,0
Криволак 148,9 2x120 8,3 16,93  80,0  57,0
Дуброво 149,6 2x120 8,3 16,93 80,2 68,2
Демир Капија   2x120 12 24,48 116,4 80,4
Милетково 157,2 2x120 8,2 16,72 80,3 70
Ѓавато 161,8 2x120 8,2 16,72 83,2  78,8
Гевгелија 164,4 2x120 8,3 16,93 85,1 63
Колку за споредба РЕК Битола со 3те блока произведува годишно 4600GWh, а моменталниот вкупен годишен енергетски дефицит на Македонија е околу 1400GWh. Значи со овој проект би го преполовиле дефицитот, а со Чебрен и Галиште веќе би имале и суфицит.


-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: stratus
Date Posted: 11-Apr-2011 at 14:23
Не е се додадени, само на страницата на ЕЛЕМ напишани се одделно бидејки се поголеми, ХЕ Велес и ХЕ Градец кај Гевгелија.


Posted By: stratus
Date Posted: 11-Apr-2011 at 14:26
ХЕ Белес - 300,6 GWh
Хе Градец - 252,4 GWh


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 11-Apr-2011 at 14:26
Originally posted by stratus

Не е се додадени, само на страницата на ЕЛЕМ напишани се одделно бидејки се поголеми, ХЕ Велес и ХЕ Градец кај Гевгелија.
Ooo, па тоа се дополнителни 550GWh. Thumbs%20Up


-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 11-Apr-2011 at 14:32
Или вкупно 1336,7 GWh годишно. Па не е за потценување. 

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 11-Apr-2011 at 14:43
А чекајте. Ќе се гради цела Вардарска долина, или само долниот дел? Зашто Велес и не ми се гледа баш доле.

Што е опфатено во проектот, и во меморандумот кој е потпишан. И ако има уште делови од Вардарска долина кои се тие.

И што ќе се случи со автопатот и железничката пруга. Мислам дека бидејќи макс висина на овие 10 хидроцентрали е 12 метри и тоа само кај Демир Капија(најверојатно водостој), мислам дека нема да претставува проблем за останата инфраструктура.

Но што ќе биде со Велес и Градец.

И кога би почнале?

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: krale
Date Posted: 11-Apr-2011 at 14:43
Многу е логично најпрвин Македонија да го реализира сиот воден потенцијал со овие брани, а да се направат и сериозни студии за искористување на сонцето и ветровите. Тек потоа би било логично да се оди со нуклеарки, гасни централи итн., каде имате постојан дефицит (увоз на енергенси за согорување).


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 11-Apr-2011 at 14:45
Одлична вест, ако како што рече Урбан не е некој предизборен трик, ама не ми се верува да уплеткуваат вакви сериозни играчи ко Кинезиве во предизборна кампања.
Од друга страна знае ли некој да објасни што значи меморандум за разбирање меѓу двете страни со малце по стручен речник. Што значи тоа попрецизно, дека се остава можност за соработка во иднина, дека можеби ќе се почне проектот, дека сигурно ќе се почне само не е точно одредено кога, што значи?
Од оваа вест само една работа е сигурна, а тоа е дека ако утре почне да се гради Кинезите се тие што ќе го реализираат проектот и ништо друго.
Како и да е да не тупам, ако ова значи дека проектот ќе почне да се реализира во следниве 2-3 години е ОДЛИЧНА ВЕСТ!


-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: stratus
Date Posted: 11-Apr-2011 at 14:47
Прво најверојатно би се граделе повеќето од малите, а потоа и двете поголеми бидејќи за нив треба да се премести пругата. Инаку цените се со вклучено поместување на пругата. Доколку имам време ке нацртам деновиве како би изгледале сите акомулации


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 11-Apr-2011 at 14:49
Originally posted by StreetStruck

Одлична вест, ако како што рече Урбан не е некој предизборен трик, ама не ми се верува да уплеткуваат вакви сериозни играчи ко Кинезиве во предизборна кампања.
Од друга страна знае ли некој да објасни што значи меморандум за разбирање меѓу двете страни со малце по стручен речник. Што значи тоа попрецизно, дека се остава можност за соработка во иднина, дека можеби ќе се почне проектот, дека сигурно ќе се почне само не е точно одредено кога, што значи?
Од оваа вест само една работа е сигурна, а тоа е дека ако утре почне да се гради Кинезите се тие што ќе го реализираат проектот и ништо друго.
Како и да е да не тупам, ако ова значи дека проектот ќе почне да се реализира во следниве 2-3 години е ОДЛИЧНА ВЕСТ!
Обично Меморандумот за разбирање нема некое обрвзувачко значење и е далеку полабаво од договор. Затоа и спомнав на почетокот да не е само предизборен маркетинг. Во секој случај тоа е првиот правно/бирократски чекор кон понатамошни активности, конктретни договри и слично.


-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 11-Apr-2011 at 14:54
А ако случајно во проектов влезе и поврзување на Вардар со Морава. Дали некој знае како би се изведело тоа. Преку Пчиња или на друг начин? И дали би имало доволно вода за да се одржува водостојот (најверојанто со акумулации да, но сепак ме интересира како вие мислите). Исто така најверојатно би требало и да се изградат и посебни канали, бидејќи коритата на реките не се регулирани.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: axel
Date Posted: 11-Apr-2011 at 15:18
Владата планира да вложи 225 милиони евра во проектот „Вардарска долина“

Македонската Влада планира да финансира 225 милиони евра за изградба на 12 хидроцентрали по текот на реката Вардар како дел од проектот „Вардарска долина“.
 
За таа цел денеска во Скопје беше потпишан Меморандум за разбирање за проектот „Вардарска долина“ помеѓу Владата и Кинеската банка за развој и „Кинеската корпорација за води и електрична енергија (КВЕ)“.

Потпишаниот Меморандум треба да обезбеди информации како ќе се одвива целиот процес. Предвидено е најнапред да се изготви физибилити студија во наредните 18 месеци, а потоа студија за развој и еколошка студија. Проектот е проценет на 1,5 милијарди евра од кои 85 отсто ќе бидат обезбедени од Кинеската банка за развој, а останатите ќе бидат финансирани од Владата.

„Со денешниот меморандум се поставени основите за следните чекори и рамката за реализација на овој проект кој долги години се наоѓа на листата на проекти кои се можни за реализација, но досега никој не најде начин како конкретно да го отпочне проектот“, рече Владимир Пешевски, вицепремиер задолжен за економски прашања.

Тој додаде дека проектот ќе биде корисен и за земјоделството, туризмот и за транспортниот сектор бидејќи во одредена фаза ќе мора да дојде до поместување на пругата пред градот Велес. Проектот се планира да биде изграден од КВЕ во наредните од 15 години.

„Проектот планира изградба на 12 хидроцентрали од кои две поголеми како што се ХЕЦ Велес и Градец и 10 останати помали хидроцентрали, вкупниот инсталиран капацитет е до 350 мегавати и просечно годишно производство до 1400 гигават часа“, изјави Фатмир Бесими, министер за економија

Донг Чун Фенг, амбасадорот на Кина во Македонија истакна дека проектот во наредните од 12 до 15 години секоја година ќе привлекува по 100 милиони евра кинеска инвестиција и ќе овозможи најмалку 3.000 директни и 20.000 индиректни работни места.

„Вкупната инвестиција ќе достигне 1,5 милијарди евра од кои најголем дел ќе биде обезбеден од Кинеската банка за развој. Овој проект значително ќе придонесе за олеснување на ситуацијата за снабдување со електрична енергија во Македонија и ќе даде допринос кон намалување на емисијата на јаглерод што се бара со стандардите на ЕУ“, рече Ванг Ју претседател на меѓународната корпорација КВЕ.

http://daily.mk/cluster3/850c1cc44d6a5ce7a14865fa149ead6f/681117




Потпишан Меморандум за разбирање за проектот Вардарска долина со кинеските КВЕ и КРБ

Скопје, 11 април

http://vlada.mk/files/images/novosti/vardarskadolina.1104.jpg"> Владата денеска потпиша Мемеорандум за разбирање за проектот Вардарска долина со Кинеската меѓунаордона корпорација за води и електрична енергија (КВЕ) и Кинеската банка за развој (КРБ) со кој се предвидува во наредните 12 до 18 месеци да се изготви физибилити студија по која ќе следи проектот на изведување што ќе се спроведува во четири фази.


Проектот предвидува изградба на 12 хидроелектрични централи, од кои две поголеми, скалесто распоредени по текот на реката Вардар до границата со Грција. Неговата вредност се проценува на 1,5 милијарди евра, а се очекува да се спроведе за 12 до 15 години.


- Инвеститор на проектот за кој преговорите почнаа пред повеќе од шест месеци ќе биде Владата на Република Македонија со учество од 15 проценти од сопствени извори и кредит од КРБ во износ од 85 отсто од вредноста. Се работи за најголем проект досега во Република Македонија што ќе биде значаен за градежниот сектор, но и за водоснабдувањето, транспортот и туризмот, како и за економијата во целост, рече вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој заедно со министерот за економија Фатмир Бесими го потпиша документот од македонска страна.


Вицепремиерот Пешевски нагласи дека со Меморандумот се прецизира како ќе се одвива процесот во иднина и додаде дека соглсно проценките КРБ ќе обезбеди заем од 1,275 милиони евра, а Владата ќе учествува со 225 милиони евра од буџетски средства или, пак, преку други извори.


- За секоја фаза од реализацијата на проектот се предвидува посебен кредит во износ од 85 отсто од вкупната инвестиција на фазата. За секоја фаза посебно ќе се дефинира точниот износ и рочноста и каматата за кредитот, рече Пешевски и додаде дека станува збор за исклучително поволни услови под кои се нуди кенескиот заем, но нагласи дека во моментов на се прецизно дефинирани.


Министерот Бесими нагласи дека станува збор за стратешки интегрален проект значаен за енергетиката, но и за земјоделството, транспортот и туризмот во Македонија и додаде дека и досега се изработени неколку студии за Вардарска долина.


- Проектот предвидува изградба на 12 хидроелектрични централи по течението на Вардар на потегот од Скопје до границата со Грција во вкупна должина од 200 километри. Две од нив Велес и Градец се поголеми со висина на браната од 59 и 30 метри, а останатите 10 се помали со висина на брана од 8 до 10 метри, рече министерот Бесими.


Тој прецизира дека е предвидено вкупниот инсталиран капацитет на 12-те централи да изнесува од 300 до 350 мегавати со просечно годишно производство од 1.000 до 1.400 гигават часови електрична енергија.


- Тоа е 20 отсто од досегашното годишно прпизводство на електрична енергија во Македонија или 15 отсто од вкупната електрична енергија што се троши заедно со увозот, а инвестицијата ќе биде 20 до 25 отсто од БДП, рече Бесими.


Вршителот на должност кинескиот амбасадор во Македонија Цуи Жимин рече дека реализацијата на проектот Вардарска долина ќе значи по 100 милиони евра кинеска инвестиција во Македонија во наредните 12 до 15 години.


- Тоа ќе овозможи секоја година по 3.000 директни и 20.000 индиректни вработувања , а убеден сум дека ќе даде придонес и за економскиот развој на Македонија, како и за продлабочување на одличните односи со НР Кина, истакна Жимин.


Ванг Ју од КВЕ нагласи дека реализацијата на проектот значително ќе го подобри снабдувањето со електрична енергија во Македонија, но и оти ќе придонесе за намалување на емисијата на стакленичките гасови во атмосферата.


- КВЕ во последните 50 години е присутна на светскиот пазар и е една од најголемите корпорации во областа на водните ресурси и хидроенергијата. Заклучно со крајот на минатата година има реализирано повеќе од 700 договори во над 60 земји од светот во вредност поголема од осум милијарди долари, рече Ју.


Тој посочи дека во 2004 година КВЕ ја изгради ХЕЦ Козјак, како и двете најголеми хидроцентрали во соседна Албанија во 70- тите години од минатиот век. Во моментов, нагласи, КВЕ преговара со поголем дел од соседните земји на Македонија за изградба на хидро и ветерни електрани.


Фан Лиџин од КБР истакна дека банката има кредитен рејтинг „А+“ и оти е присутна во над 90 земји и региони во светот со реализирани проекти за кредитирање. 


- КБР е целосно државна банка со активност главно за долгорочно кредитирање и е најголемтата кинеска банка за кредитирање во странство. До крајот на 2010 година вкупниот баланс на кредити на КБР достигна над 760 милијарди долари меѓу кои балансот на девизни кредити изнесува 141,3 милијарди долари, рече Лиџин.

http://vlada.mk/?q=node/6620




Posted By: krale
Date Posted: 11-Apr-2011 at 15:19
Колку и да биде брзо и бавно, сепак ефектот нема да биде многу голем, а ако се изгуби премногу време на реализација, не знам ни дали е исплатливо. Ако целиот проект носи 1400gWh, тоа може не е малце, но е далеку од доволно. Особено што мора да се смета на развојна компонентна во домашната потрошувачка. На пример една Словенија со слична популација троши 2.5 пати повеќе ел. енергија. Значи Македонија на крајот на краиштата ќе мора да заврши со нуклеарка, сакала или нејќела.

На пример Козлодуј продуцура близу 9000 gWh. Тоа веќе би било нешто за развој на домашната економија и за извоз во првите неколку децении додека не се постигне посакуваниот развој.


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 11-Apr-2011 at 15:53
Да но битно ќе се искористи и тој досега неискористен потенцијал. Да не ни дојдат лошо случајно тие 1400 гигаватчаса. Во следните 15 години, јас се кладам дека ние нема да изградиме нуклеарка, а вака барем сме добиле капацитет кој ќе се искористува доооолго време.
Плус забораваш односно не знам колку си запознаен, дека Вардарска Долина не се само хидроцентралите на Вардар туку другата фаза е пловен Вардар. Колку и да е тоа далечно од денешна перспектива, ова отвора можност за некое идно реализирање и на овој проект. И да се реализира за 50-60 години, сепак се створила можност за тоа.
Никако не може да се смета овој проект за неисплатлив.


-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: krale
Date Posted: 11-Apr-2011 at 16:30
Треба да се биде брутално прагматичен за вакви работи.

Белене кошта околу 11 милијарди и носи околу 9000 kWh.
Вардарска долина околу 1.5 милијарда и носи околу 1500 kWh.

Или цената по kWh e поевтина за Вардарска долина (ако не се надмине сумата и оваа сума е само некоја фарса), и доброто е што цената на производство на kWh е помала кај хидро, отколку кај нуклеарните погони.

Што значи сепак е исплатливо, во право си. Ама е далеку од доволно, што значи итно мора да се прави нуклеарна стратег


Posted By: Tuvok
Date Posted: 11-Apr-2011 at 16:41
Не може на овој проект да се гледа само од аспект на произведена ел. енергија. Доколку Вардар стане пловен тоа веќе значи поефтин транспорт на стоки а тоа од друга страна го прави цел тој регион попримамлив за инвестирање. Како и да е навистина ова би бил проект кој може и да добие своја епизода во Discovery Mega Structures.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Apr-2011 at 17:07
Колку имаме ние тешка индустрија што нбавува директно струја од елем преку мепсо. Охис, Железница, Макстил, Окта, Усје,....... Допрва нели требаше уште едн ацементара да се гради, нели некоја индустрија треба да развиваме. Побарувачката ќе расте и нема што да се занесуваме дека можеме како држава да обезбедиме тотално се од обновливи ресурси. Ова е супер ако се реализира, па ги имаме чебрен, Галиште, Бошков Мост, Луково Поле, па гасификација на ТЕЦ Неготино и едно ТеТо. Ова во нареднава деценија ако иде како што треба реализацијата постепено ќе се приближува понудата до побарувачката и ќе дојде зад нејзе. Моментот кога ќе станеме ние енергетски извозна земја е кога ќе направиме нуклеарка после сите овие проекти.

За потпишување меморандум за разбирање поздрав, не ми се верува дека кинезите одработуваат преизборна кампања некому, особено не во Македонија. Тајмингот може и да е темпиран. може и случаен, нормално ова ни е битен фактор за верување дали ќе биде или не.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 11-Apr-2011 at 17:10
Ова е убава вест за Македонија, но сепак мислам дека меморандумот не мора да значи дека проектот Вардарска долина ќе се изгради. Како документ тоа е некој начин писмо на интерес за инвестирање, но како што претходно пишавте не е договор кој обрзува овој проект да се изгради. Се надевам дека наредните месеци ќе стане појасна ситуацијата. Сепак, лично кинезите ги сметам за исполнителни луѓе, а особено кинеските институции со кои сме се зафатиле во проектов.

Инаку јас сум жесток противник на нуклеарните централи, така што во овој проект гледам огромна надеж за енергетска сигурност на земјава.


Posted By: krale
Date Posted: 11-Apr-2011 at 17:20
Originally posted by lslcrew

Колку имаме ние тешка индустрија што нбавува директно струја од елем преку мепсо. Охис, Железница, Макстил, Окта, Усје,....... Допрва нели требаше уште едн ацементара да се гради, нели некоја индустрија треба да развиваме. Побарувачката ќе расте и нема што да се занесуваме дека можеме како држава да обезбедиме тотално се од обновливи ресурси. Ова е супер ако се реализира, па ги имаме чебрен, Галиште, Бошков Мост, Луково Поле, па гасификација на ТЕЦ Неготино и едно ТеТо. Ова во нареднава деценија ако иде како што треба реализацијата постепено ќе се приближува понудата до побарувачката и ќе дојде зад нејзе. Моментот кога ќе станеме ние енергетски извозна земја е кога ќе направиме нуклеарка после сите овие проекти.

За потпишување меморандум за разбирање поздрав, не ми се верува дека кинезите одработуваат преизборна кампања некому, особено не во Македонија. Тајмингот може и да е темпиран. може и случаен, нормално ова ни е битен фактор за верување дали ќе биде или не.


Не верувам дека побарувачката на ЕЛ. Ен. ќе биде помала од нашето производство се до пуштањето во погон на нуклеарка. Додека да се реализира Вардарска долина, нашата потрошувачка ќе биде најмалку дуплирана од тоа што е сега.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Apr-2011 at 17:22
Добро јас што кажав, истото.
Моментот кога ќе станеме ние енергетски извозна земја е кога ќе направиме нуклеарка после сите овие проекти.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 11-Apr-2011 at 19:31

http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=article&id=562:2011-04-05-08-33-13&catid=8:actual&Itemid=1 - Јужна Вардарска Долина


За реализација на втората фаза од проектот "Јужна Вардарска долина" ќе се вложат 21,7 милион евра кои ќе ги обезбедат германската влада преку банката КФВ, Владата на РМ и локалните водни заедници.


За таа цел Германија ни даде заем од 10,3 милиони евра и грант од еден милион евра. Вкупното учество на Владата е 4,7 милиони, а на водните заедници, кои ќе учествуваат во финансирањето 5,7 милиони евра.

Договорот за втората фаза од „Јужна Вардарска долина“ со кој проект, за првпат во Македонија во цело поле ќе се стави под системот “капка по капка“ беше потпишан од страна на министерот за финансии Зоран Ставрески. Според Ставревски заемот ни е доделен под исклучително поволни услови, бидејќи каматната стапка е само 2,5 отсто, а ќе се отплаќа на 20 години. Тоа, според него, им овозможува на водните заедници лесно да ги вратат парите.

Инаку, со овој проект ќе се наводнуваат 3.900 хектари во 13 населени места од Гевгелиско-валандовскиот регион. За три години целото поле на југот од земјата ќе се наводнува со системот "капка по капка". Системите ќе се снабдуваат со вода од подземни бунари, од Вардар и од вештачки акумулации. Слично како водоводните мрежи во градовите, и во полињата ќе има цевководи до секоја нива, а заинтересираните земјоделци ќе треба само да се приклучат и да постават соодветни црева со кои ќе се спроведува водата директно во корењата на растенијата. Нема да смеат да ја користат водата за да наводнуваат со бразди, како досега. За сето тоа ќе плаќаат одреден надомест.

http://gevgelija.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Goran
Date Posted: 12-Apr-2011 at 03:04
Decki ova e odlicna vest samo malku sum skepticen od memurandum do dogovor ima mnogu razlika ceski da se realizira
ke donese vrabotuvajne vo kratok period
ke ja podobri infrakstrututata zeleznica
ke ne napravi zaedno so drugite proekti energetski nezavisni
a vo isto vreme ke doprinese za razvojot na zedmjodelstvoto i turizmot
za ova treba cela admistracija da raboti dene i noke sto pobrzo da se realizira.
A daj gospode eden den na srbija i grcija i cela evropa da im tekne da go napravat vardar ploven ke ima uste pogolemi beneficii.
Samo napred


Posted By: Plugger
Date Posted: 12-Apr-2011 at 04:23

Super vest e ova, jas se soglasuvam isto taka deka do rok od 15 godini sigurno ke vlezat mnogu stranski investicii i koga ke izgradat pogoni i fabriki ke troshat mnogu poveke energija taka da ke mora da se gleda na toa. Mene samo me zanima, posto ke se gradat 12 hidrocentrali megju koj i 2 golemi na rekata Vardar dali ke ima nekakvo zagaduvanje na rekata i dali ke bide bezbedno seto toa za zivotnata sredina?

http://www.sitel.com.mk/video/biznis/pochnuva-realizacijata-na-proektot-vardarska-dolina - http://www.sitel.com.mk/video/biznis/pochnuva-realizacijata-na-proektot-vardarska-dolina


Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-Apr-2011 at 13:04
Тие баш би биле прочистители, а не загадувачи.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 12-Apr-2011 at 18:55
Па нема да дојде до загадување ако колекторските канализациони системи што се слеваат во Вардар би биле поврзани со прочистителни станици. Така Вардар ќе биде идила.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: Goran
Date Posted: 13-Apr-2011 at 02:33
Po moe mislam 2 koi se pogolemi ke bidat akomulacii koj ke akumuliraat voda na zgolemen vodostok a drugite ke se tipicni melnici kolku vloda se vilva tolku se ispusta sto ima smisla.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 13-Apr-2011 at 08:15
Originally posted by Goran

Po moe mislam 2 koi se pogolemi ke bidat akomulacii koj ke akumuliraat voda na zgolemen vodostok a drugite ke se tipicni melnici kolku vloda se vilva tolku se ispusta sto ima smisla.
Можеби се работи за проточнио централи, за кои немора да има акумулација.

-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 13-Apr-2011 at 19:22
Ама чекај со самото тоа што ќе се подигне брана со мин. висина од 8-9 метри ќе се створи некоја акумулација...или не, ја барем така мислам.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 13-Apr-2011 at 19:56
Originally posted by StreetStruck

Ама чекај со самото тоа што ќе се подигне брана со мин. висина од 8-9 метри ќе се створи некоја акумулација...или не, ја барем така мислам.
Кај проточните централи нема потреба од класична брана, туку тие се поставуваат по течението на самата река:
http://en.wikipedia.org/wiki/Run-of-the-river_hydroelectricity - http://en.wikipedia.org/wiki/Run-of-the-river_hydroelectricity
Не сум сигурен, но мислам дека во овој случај нема подигнување на нивото (или барем не значително)


-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו



Print Page | Close Window