Print Page | Close Window

Катна гаража Тодор Александров - кај Беко

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Паркинзи и гаражи
Forum Discription: Паркинзи, катни гаражи, подземни гаражи...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1313
Printed Date: 01-Nov-2024 at 01:13


Topic: Катна гаража Тодор Александров - кај Беко
Posted By: my Macedonia
Subject: Катна гаража Тодор Александров - кај Беко
Date Posted: 21-May-2011 at 12:46
ПОКАНА

Град Скопје Ве поканува на поставувањето камен-темелник за катна гаража, што е закажано за утре /22.05.2011 година, недела/ во 14 часот, на улица Даме Груев во близина на ТЦЦ Плаза (кај поранешно Беко).

Почетокот на градежните работи ќе го означи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4244&mid=482&tabId=1&tabindex=0



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-May-2011 at 15:12
Катна Гаража на Даме Груев до Министерство за финансии.




Posted By: Supervisor
Date Posted: 22-May-2011 at 15:15
Ова е тоа одлично ќе се вклопи во просторот.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: krale
Date Posted: 22-May-2011 at 15:22
Дали овде се предвидува и деловен простор?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-May-2011 at 16:09

Поставен камен-темелник на катна гаража во центарот на Скопје

22.05.2011 - 16:33 |
  • http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija - Македонија

Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска го означија почетокот за изградба на катна гаража на улицата „Даме Груев“ во Скопје.

Катната гаража ќе се гради на површина од околу 3.070 квадратни метри и ќе има седум ката над земја и две нивоа под земја со капацитет од 600 паркинг места и паркиралиште за 120 велосипеди. Објектот ќе биде висок 23 метри, а за влез и излез предвидено е модерно сообраќајно решение и пристап од улицата„ Даме Груев“.

Оваа локација, според премиерот Груевски, е во срцето на главниот град каде фреквенцијата на луѓе е огромна, каде има поголем број институции, фирми и згради и каде проблемите на граѓаните да го паркираат своето возило се секојдневни.

- Токму затоа оваа катна гаража која ќе има седум ката над земја и две нивоа под земја и ќе обезбедува 600 паркинг места, ќе биде вистинско функционално решение на проблемот и ќе биде од значителна корист за граѓаните, рече Груевски.

Тој најави дека во наредниот период ќе почне изградбата на преостанатите катни гаражи од проектот и тоа кај Музејот на Холокаустот, Работничкиот дом, административната зграда на АД Македонски пошти, поранешната зграда на Нова Македонија и на уште неколку други локации каде се најавени приватни инвестиции.

- Пред два месеци започнавме да ја градиме првата катна гаража во близина на Основниот суд Скопје, а пред еден месец почна да се гради и втората во близина на Цветниот пазар. Денеска поставуваме камен темелник и на третата катна гаража од големиот проект за изградба на седум катни гаражи во Скопје, кој е во реализација на Владата, Градот Скопје, општина Центар и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, рече претседателот на Владата.

Со тоа, нагласи Груевски, полека но сигурно, започнува да се решава проблемот со паркирањето во центарот на главниот град, а Скопје добива дополнителен симбол на модерна и функционална метропола.

- Таквиот статус во иднина дополнително ќе биде надграден преку изградба на повеќе скопски сообракајници, меѓу кои изградба на подземна сообракајница која во голема мера ќе го растерети сообраќајот во централното градско подрачје. Изградба на нови патишта со кои главниот град ќе се поврзе со другите делови на земјата, како и со граничните премини со другите земји, рехабилитација и надградба на желизничката станица, изградба на голем број згради и куќи за лица во социјален ризик и други ранливи категории, изградба на каскадни прегради на реката Вардар и решавање на проблемот со фекалните води во дел од Град Скопје, истакна Груевски.

Премиерот потсети дека ќе се гради и скијачка патека на Водно, како и целосно ќе обнови и прошири на Луна паркот и ќе се изгради градски Аквапарк.

Градоначалникот Трајановски информира дека на приземјето и на првиот кат од оваа катна гаража се предвидува простор за деловна трговска намена.

- Сообраќајот по катови ќе се одвива преку спирална рампа сместена во кула. На секој кат се предвидени тоалети за посетителите вклучувајќи и тоалет за лицата со посебни потреби. Објектот е енергетски ефикасен според сите стандарди со модерни системи за греење и ладење и противпожарна заштита, рече Трајановски.

Проектот, кој ќе чини околу 850 милиони денари е на градежниот институт „Македонија“ АД Скопје, а ќе работат екипи на градежната компанија „Конструктор инжинеринг ДД Сплит“. Рокот за изградба е две години. 

Прашан за коментар за вчерашното јавно извинување на граѓаните за сообраќајниот метеж низ градот заради реконструкцијата на улиците и критиките на одредени медиуми, Трајановски рече дека оние што го критикувале ќе ги повика за неколку дена заедно да се прошетаат низ реконструираните улици на градот.

- Секогаш кога се гради условите се влошуваат, но добро е што тоа е во реално време. Заради дождот минатиот викенд не успеавме да ги реконструираме, истакна Трајановски и најави дека доколку дозволат временските услови утре и задутре ќе бидат асфалтирани сите улици.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/postaven-kamen-temelnik-na-katna-garaza-vo-centarot-na-skopje


Posted By: alexgizh
Date Posted: 22-May-2011 at 16:30
Разочаран сум од неквалитетот на рендерите од последните неколку проекти на Градежниот Институт „Македонија“. Од овде можам само да претпоставам дека куполата е на свиокот на ул.Даме Груев.

И, зошто побогу ставиле карта на светот на куполата?


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-May-2011 at 17:00
Ме потсеќа на ова:



Само што на сликава картата на светот не е на купола на врвот на катна гаража во едно ќоше од градот. Инаку Алекс, прашањето е зошто воопшто има купола. Ама мислам дека е реторичко.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 22-May-2011 at 17:17
Па ако бе во центар се наоѓа на место да биде лименка ќе си личи одлично со куполата.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-May-2011 at 17:47
Зошто да не ставиме и еден рингишпил, уште потаман.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 22-May-2011 at 17:51
Сега јасно е да се дебатира крај краева ако не се извадат негативни коментари општо за градежништвото и архитектурата нема ни да има дискусии така?
Ама понекогаш се претерува до тој степен да станува глупавоста голема ако барате совршенство сте го утнале светов. Не постои.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-May-2011 at 18:15
Барање совршенство е прашањето зошто на катна гаража има купола со мапа на светот? Изгледа разгален пребирџија сум јас...


Posted By: N23
Date Posted: 22-May-2011 at 22:40
ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА КАТНАТА ГАРАЖА НА УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/katna%20garaza%20Dame%20Gruev.jpg"> Градот Скопје денеска /22.05.2011 година, недела/ ја почна изградбата на катната гаража на улицата „Даме Груев“ во близина на ТЦЦ Плаза (кај поранешно Беко). Почетокот на градежните работи на катната гаража го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

- Почнуваме уште еден во низата капитални проекти кои што ќе имаат огромно позитивно влијание кон подобрување на сообраќајниот хаос во Градот Скопје, денес го означуваме почетокот на Градежните работи за изградба на уште еден објект во Скопје – Катната гаража на улицата Даме Груев.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Katna%20garaza%20Dame%20Gruev1.JPG"> Станува збор за современ објект што ќе обезбеди јавен паркинг за околу 605 возила и ќе придонесе кон решавање на еден од најголемите сообраќајни проблеми во центарот на градот – обезбедувањето паркинг-место за сите.

Градот Скопје во последниве две години интензивно работи на решавање на сообраќајните проблеми со кои граѓаните на Скопје и бројните посетители секојдневно се соочуваат, рече градоначалникот Трајановски на стартот на градежните работи на катната гаража.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Katna%20garaza%20Dame%20Gruev%203.JPG"> Новиот објект - Катната гаража ќе се гради на површина од околу 3.070 квадратни метри и ќе има 7 (седум) ката над земја и две нивоа под земја. Објектот ќе биде висок 23 метри. За влез и излез од гаражата е предвидено модерно сообраќајно решение и пристап од улицата Даме Груев.

На приземјето и на првиот кат се предвидува простор за деловно-трговска намена, а на останатите катови се обезбедуваат 605 паркинг-места, како и паркиралиште за 120 велосипеди. Сообраќајот по катови ќе се одвива преку спирална рампа сместена во кула. На секој кат се предвидени тоалети за посетителите, вклучувајќи и тоалет за лицата со посебни потреби. Објектот е енергетски ефикасен, според сите стандарди, со модерни системи за греење и ладење, како и противпожарна заштита.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Katna%20garaza%20Dame%20Gruev2.JPG"> Фасадата на објектот ќе биде застаклена и ќе овозможува природна вентилација.

Просторот околу катната гаража партерно ќе се уреди по завршувањето на градежните работи.

Проектот за катната гаража на улицата Даме Груев е на Градежниот институт „Македонија“ А.Д. – Скопје (главен проектант Љубин Макаровски).

На изградба на катната гаража на улицата Даме Груев ќе работат екипите на градежната компанија „Конструктор инжинеринг ДД Сплит“. Рокот на изградба е две години.

За изградба на овој капитален објект Градот Скопје ќе издвои околу 850 милиони денари со вклучен ДДВ.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Katna%20garaza%20Dame%20Gruev%204.JPG"> Изградбата на катната гаража на улицата „Даме Груев“ претставува втора катна гаража, по катната гаража на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ што Градот Скопје започна да ги гради во текот на оваа година со цел решавање на проблемите со паркирањето и обезбедување доволен број паркинг места за граѓаните во централното градско подрачје.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4249&mid=482&tabId=&tabindex=0

Некој нека ги извади сликите, јас не можам моментално од компјутерот кој го користам.




Posted By: fichot
Date Posted: 23-May-2011 at 00:16



Ќути, барем не е барок.

Значи од небо се гледа дека куполава е сувишна и се сомневам дека во оригиналниот проект ја имало, ама ете, некој си има фетиш кон куполи (како бебе не го доеле, или премногу го доеле, кој знае ) па сега мора на секој објект да ги трпиме.
Што ќе биде наредно? Јавни WCa со куполи?

-------------


Posted By: krale
Date Posted: 23-May-2011 at 00:37
Што сте се фатиле толку за куполата, ептен на место си е.

Ај замислете го објектот без купола - фејл невиден. Куполата е тоа што го прави интересен.


Побитно прашање е дали има планирано деловен простор во гаражава?


Posted By: fichot
Date Posted: 23-May-2011 at 02:18
ајде, ќе си го замислиме.




Во написот пишува дека ќе има деловен простор на приземје и прв кат. Што си се фатил толку за тоа?



-------------


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 23-May-2011 at 04:24
Најголема забуна станува во тоа што рендерите не се совпаѓаат еден со друг.

Како сите други ќе мора и крајот да го чекаме на овој за да знаеме што и како ќе биде.
Или тоа или некој да е многу близок со архитектот

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: krale
Date Posted: 23-May-2011 at 07:51
Originally posted by fichot

ајде, ќе си го замислиме.

Во написот пишува дека ќе има деловен простор на приземје и прв кат. Што си се фатил толку за тоа?


Фала за фотошопот. Баш на ова и мислев - објектот вака изгледа толку безлично да е катастрофа.

А за деловниот простор, ме плаши дека токму тој деловен простор ќе одземе премногу простор во гаражата.


Posted By: gorco
Date Posted: 23-May-2011 at 08:31
Ајде конечно и ова да се мрдне од нулта точка. Нешто што навистина му е потребно на овој дел од градот (ако зборуваме реално и без политички предрасуди).
Само не можам да сфатам, што е со фасадава на бизнис центар, стаклата, и куполата горе ама ИЧ не е потребна за објект од ваков тип.

Еве пример на катна гаража, барав слика од онаа во Солун општиниската ама не можев да најдам (принципот е исти):


-------------


Posted By: fichot
Date Posted: 23-May-2011 at 09:26
Па поубаво е да е застаклена, вака ко карабина изгледа. Само зависи и какви стакла ќе стават. Само да не биде како онаа кај Универзална.



-------------


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 23-May-2011 at 10:24
Многу е битно во просторот како ќе се уклопи и од која страна ќе дојде куполата. Сега за сега на хартија не ми се свиѓа што е поставена на едната страна асиметрично, односно што не е поставена во средина. Но треба да се види во простор како ќе делува, можеби ова би било најдобро решение, а можеби и би било лошо. Треба да се почека да се види и да се даде оценка.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: gorco
Date Posted: 23-May-2011 at 10:58
Originally posted by fichot

Па поубаво е да е застаклена, вака ко карабина изгледа. Само зависи и какви стакла ќе стават. Само да не биде како онаа кај Универзална.



И тоа не е катна гаража, тоа е деловен центар со гаража за потребите на објектот.

-------------


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 23-May-2011 at 12:31
Originally posted by StreetStruck

Многу е битно во просторот како ќе се уклопи и од која страна ќе дојде куполата. Сега за сега на хартија не ми се свиѓа што е поставена на едната страна асиметрично, односно што не е поставена во средина. Но треба да се види во простор како ќе делува, можеби ова би било најдобро решение, а можеби и би било лошо. Треба да се почека да се види и да се даде оценка.


Можеби е куполата во однос на ќошето.

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: alexgizh
Date Posted: 23-May-2011 at 12:34
Previous

Дефинитивно е кај ќошето.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 23-May-2011 at 12:58
Баш и кога е застаклена како карабина изгледа куполата дава добар ефект на модерен објект.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-May-2011 at 14:00
после толку многу празни муабети за безлични објекти во центарот на градот за да се оправдаат други лудила, ни сервираат вакво нешто?
и не знам зошто сеуште надземна катна гаража ни се претставува како единствено и најдобро решение, а ние се чудиме на нив како да се нешто вонземско Crazy


Posted By: 4skopje
Date Posted: 24-May-2011 at 21:02
Prvo daj boze lugeto da imaat koli da parkiraat,a za garazava so da kazam mnogu mi lici na GLOBUS u Strumica,ko istiov da ja crtal.Ama ako Globus  e super za Strumica,garazava ke bide petka za Skopje.P.s.A moze i idejava gore e od Strumica(misam GLOBUSOV).


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-May-2011 at 21:14
Originally posted by 4skopje

Prvo daj boze lugeto da imaat koli da parkiraat,a za garazava so da kazam mnogu mi lici na GLOBUS u Strumica,ko istiov da ja crtal.Ama ako Globus  e super za Strumica,garazava ke bide petka za Skopje.P.s.A moze i idejava gore e od Strumica(misam GLOBUSOV).
како прво, Глобал е не е Глобус Smile
логикава не чини, глобус е пример за лош објект од повеќе аспекти, а Струмица и Скопје и потребите и естетските вредности на двата града врска немаат едно со друго


Posted By: 4skopje
Date Posted: 24-May-2011 at 22:41
Kako prvo znam deka Global ne e Globus.Tekstot bese so sodrzina,koja treba da se svati pomalku ironcno.Tamn rabota Skopje vs Strumica.A vtoro zarem lugjeto ne treba da gledaat pozitivno na ovoj proekt(vo odnos na sodrzinata).Deka koga ke ja parkiras kolata vo garaza e sosema razlicno od koga ke ja parkiras na sonce(Pa 20min ne mozes volanot da go fatis),ili na sneg(pa ne mozes klucot da go stavis zosto bravata e zamrznata) Izgledot pak ke recam e rabota na vkusovi,arno ama na nekoj lugje nisto ne im se sviga.Ako e belo zosto e belo,ako e crno zosto e crno!


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-May-2011 at 23:04
Originally posted by 4skopje

Kako prvo znam deka Global ne e Globus.Tekstot bese so sodrzina,koja treba da se svati pomalku ironcno.Tamn rabota Skopje vs Strumica.A vtoro zarem lugjeto ne treba da gledaat pozitivno na ovoj proekt(vo odnos na sodrzinata).Deka koga ke ja parkiras kolata vo garaza e sosema razlicno od koga ke ja parkiras na sonce(Pa 20min ne mozes volanot da go fatis),ili na sneg(pa ne mozes klucot da go stavis zosto bravata e zamrznata) Izgledot pak ke recam e rabota na vkusovi,arno ama na nekoj lugje nisto ne im se sviga.Ako e belo zosto e belo,ako e crno zosto e crno!
надземна катна гаража е застарена работа, ние им се чудиме бидејќи порано кај нас ги немало
но центарскиот простор е преценет да го трошиме вака на гаражни објекти, гаражите треба да одат под земја, а инвеститорите кои градат нови објекти, да се натераат да си градат гаражи за своите потреби, а не цело скопје еден паркинг да користи, знам кои се бенефициите на паркирање во гаража, тоа не мора да ми го објаснуваш како прв пат да слушамза гаража... проектов не го плукам, туку ги изнесувам неговите негативни особини, кога веќе ти ги изнесе позитивните одлики, кои и не се така важни кога збориме за урбанистичко планирање, а не за тоа дали нечија кола ќе измрзнела или ќе изгорела...

изгледот на гаражава е последно нешто што ми паѓа на памет, еве нема ни да го коментирам (коментарот ми беше дека истите луѓе кои ни отапеа мозок за тоа какви биле грдите објекти низ градов, стерилни, лимени, стаклени и т.н., сега поддржуваат зграда која одговара на описите на зградите кои толку многу ги мразат)

и не го заборавај фактот дека сите наводни гаражи кои се изградија низ градов, беа се, само гаражни објекти не беа, единствена која може да се нарече така е онаа кај Бисер во Аеродром


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Apr-2012 at 21:08
„Бетон“ ќе гради подземна пристапна улица до катната гаража кај „Беко“

Градот Скопје ќе финансира изградба на подземна пристапна сообраќајница за потребите на катната гаража која се гради во строгиот центар на градот, на просторот пред ../?p=6871 - идниот објект на Министерството за финансии . Победник на тендерот, на кој се пријавија три компании, е „Бетон“ од Скопје, кој ќе треба да ја изведе подземната улица во период од 6 месеци, поточно до 9 септември годинава. Вредноста на потпишаниот договор за изградба на овој инфраструктурен објект на улицата Даме Груев изнесува 42.882.380 денари или околу 700.000 евра.

Катната гаража спроти полициската станица „Беко“ ../?p=7808 - започна да се гради кон крајот на мај минатата година . Сплитската компанија „Конструктор“ доби рок до мај 2013 година да го заврши објектот, кој се простира на основа од 3.070 метри квадратни и кој ќе има две подземни и седум надземни нивоа. Покрај паркинг просторот за 605 возила и 120 велосипеди, во проектот е зацртано приземјето и првиот кат да бидат за деловно – трговска намена. Вредноста на проектот изнесува 14 милиони евра, а за целосно заокружување на финансиската конструкција Градот Скопје се задолжи кај НЛБ Тутунска банка.



../?p=13855 - #
Објавено на 02.04.2012 во категорија ../?cat=28 - Вести .

Тагови: ../?tag=%d0%b1%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%bd-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Бетон Скопје , ../?tag=%d0%b1%d1%83%d0%bb%d0%b5%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8 - Булевари и улици , ../?tag=%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Градска инфраструктура , ../?tag=%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Деловни , ../?tag=%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Инфраструктура , ../?tag=%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%b6%d0%b0-%d0%b1%d0%b5%d0%ba%d0%be - Катна гаража Беко , ../?tag=%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%bd%d0%b8-%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%b6%d0%b8 - Катни гаражи , ../?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8 - Комерцијални , ../?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80 - Конструктор , ../?tag=%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%82%d0%b8 - Кредити , ../?tag=%d0%bd%d0%bb%d0%b1-%d1%82%d1%83%d1%82%d1%83%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%ba%d0%b0 - НЛБ Тутунска Банка , ../?tag=%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b3 - Паркинг , ../?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје , ../?tag=%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8 - Тендери и лицитации , ../?tag=%d1%82%d1%83%d0%bd%d0%b5%d0%bb%d0%b8 - Тунели

http://www.build.mk/?p=13855


Posted By: alexsend
Date Posted: 12-Jun-2012 at 21:02
Што се случува со катнава гаража? Дали воопшто е почната изградбата?
Ако не се лажам оваа треба да биде најголема во Скопје така?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jun-2012 at 21:58
Originally posted by alexsend

Што се случува со катнава гаража? Дали воопшто е почната изградбата?
Да, почнато е

Originally posted by alexsend

Ако не се лажам оваа треба да биде најголема во Скопје така?
Досега не сум помислил, но сега кога спомна, изгледа дека е така. Други поголеми кои моментално се градат се онаа кај ССМ и онаа кај МРТВ, но тие имаат 100-тина паркинг места помалку.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 11-Sep-2012 at 19:01

Од денес... Ми се посреќи со протестиве... Ама малку бев неспремен и не фатив баш најдобри кадри...

 

 

 

 



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Sep-2012 at 20:21
Е нели рокот за изведба беше 2 години? Од тој рок веќе се поминати 15 месеци и уште не се излезени ниту над земја. Екстремно, незадоволително бавно се гради овој објект!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Sep-2012 at 20:23
гледам Југобанка е во `напредна фаза` на доградба.за некоја ден можеби и лента ќе се сечи


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 11-Sep-2012 at 20:23
  @ Андреј --- Мислиш.... Не се гради... Да... најверојатно стои во место... имајќи во предвид дека градилиштево е ‘‘пусто‘‘... 

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Dexter26
Date Posted: 11-Sep-2012 at 21:31
Па нели хрватската фирма Конструктор почна да ги губи градежните договори во Македонија ?
 
Можеби оваа катна гаража е само уште еден градежен договор кој го изгубила или веќе го губи.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Sep-2012 at 15:30

Еве нова фотка. Имаше по некој работник на градилиштето, а ако не се лажам, се забележува и мал напредок во изградбата во однос на фотките што ги постираше Фосил. BTW на влезот на градилиштето стои табла „Пелагонија Гостивар“ ама не е наведено ништо поконкретно.





Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-Dec-2012 at 16:40
Не знам колку вкупно досега и беше уплатено на Конструктор од Сплит за реализација на ова што во моментов го гледаме, а што треба да биде катна гаража, но денеска од Бетон Скопје напоменуваат дека за завршување на градежните активности на објектот потпишале договор во износ од 781.112.231 денари со вклучен ДДВ. Во секој случај, мислам дека целиов објект ќе чини повеќе од 850 милиони денари колку што на почетокот се тврдеше дека ќе биде.


Posted By: gjoko
Date Posted: 07-Dec-2012 at 21:01
вчера прочитав информација за оваа тема,на која пишуваше дека бетон ќе го доградува и мостот Око,а градот ќе ги тужи Хрватите за надокнада на штета.немав време да ја постирам информацијата


Posted By: alexsend
Date Posted: 07-Dec-2012 at 21:33
Ова е една од најбитните катни гаражи се надевам ќе успеат да ја завршат за 12-18 месеци.
А што бидна со зградата позади на сликата?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 09-Dec-2012 at 12:07
Originally posted by alexsend

Ова е една од најбитните катни гаражи се надевам ќе успеат да ја завршат за 12-18 месеци.
А што бидна со зградата позади на сликата?


Последните информации што излегоа на оваа тема на порталов се следниве:

Објектот „Југобанка“ доцни со реализацијата, Министерството за финансии склучи договор за изработка на нова проектна документација

Иако започнат во 1987 година, објектот „Југобанка“ во центарот на Скопје [ ../?page_id=7058&m=%D1%98%D1%83%D0%B3%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0 - »мапа ] никако да се заврши. Министерството за финансии ../?p=6871 - ја презеде задачата за довршување на градежните активности , со цел во него да се смести неговата администрација. Сепак, и покрај ветувањата дека зградата со површина од 14.000 метри квадратни ќе биде ставена во функција во првиот квартал од 2012 година, во моментов ситуација на терен покажува дека роковите се пробиени, а завршницата сеуште не е ниту на повидок. Допрва треба да се изведуваат клучните фази на реализација на објектот во неокласицистички стил, за кој проектот го изработи „Македонијапроект“, додека како изведувач беше ангажирана словенечката компанија „Енергоплан“.

 

 

 

 

Во меѓувреме, надлежното министерство на 24 септември склучило нов договор со „Неимар инженеринг“ од Скопје за „изработка на проектна документација за градење на објектот на Министерството за финансии и проектантски надзор“. Засега останува нејасно зошто на раководителите од министерството не им одговара првичниот проект. Од новоизбраната компанија се очекува да изработи основен проект, проект за изведена состојба, проект за употреба и одржување, да обезбеди стручни консултации при подготовка на тендерската документација и спроведување на постапката за изградба на објектот, како и да го врши проектантскиот надзор за време на неговата реализација. За извршување на овие услуги ќе се исплатат 9.252.165 денари, односно околу 150.000 евра, а времетраењето на договорот изнесува 18 месеци.

 

„Неимар инженеринг“ досега учествуваше во изработката на проектите за неколку објекти од „Скопје 2014“, меѓу кои „Порта Македонија“, административниот објект на Агенцијата за електронски комуникации, објектот спроти хотелот „Бристол“ во кој ќе се сместат неколку државни комисии и агенции, како и идното седиште на Факултетот за драмски уметности покрај реката Вардар.



../?p=18936 - #
Објавено на 27.09.2012 во категорија ../?cat=28 - Вести .

Тагови: ../?tag=%d0%b0%d0%b4%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Административни , ../?tag=%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b3%d0%be%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%bd - Енергоплан , ../?tag=%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82 - Македонијапроект , ../?tag=mal-ring - Мал Ринг , ../?tag=ministerstvo-za-finansii - Министерство за финансии , ../?tag=%d0%bd%d0%b5%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d1%80-%d0%b8%d0%bd%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b3 - Неимар инженеринг , ../?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје , ../?tag=%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8 - Тендери и лицитации

http://www.build.mk/?p=18936


Posted By: gjoko
Date Posted: 09-Mar-2013 at 17:13
od Skopje od SSC




Posted By: Џоле
Date Posted: 15-May-2013 at 14:54
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8740366333/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8740366333/ - DSC00662 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8740365967/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8740365967/ - DSC00663 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Jul-2013 at 17:40
Денес

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/9199468623/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/9199468623/ - DSC00947 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/9199468517/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/9199468517/ - DSC00948 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: alexgizh
Date Posted: 03-Jul-2013 at 17:43
Повеќепати имам поминато покрај објектов, се' некако ми се чини дека малце навлегува во тротоарот. Ќе видиме кога ќе ги тргнат тарабите.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: alexsend
Date Posted: 03-Jul-2013 at 20:32
Колку ми е мило кога гледам дека на овој објект се работи

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Teglarot
Date Posted: 04-Jul-2013 at 00:14
Originally posted by alexsend

Колку ми е мило кога гледам дека на овој објект се работи



Се работи секој ден, не е тоа проблемот.

По се изгледа проблемот ќе биде, кога ќе биде готов. Како тргнале, 10 години ќе го градат . . .





Posted By: alexsend
Date Posted: 04-Jul-2013 at 14:02
Штета што така испаднаа работите, до сега ќе беше готова. Важно одглавија.



-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Sep-2013 at 17:00


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Sep-2013 at 09:00
Преземено од ЅЅС, од Mosaic74









-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 26-Sep-2013 at 09:31
Mi ličit na arkata na Noe


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Nov-2013 at 18:55
од Пинстаграм



ninasimovska

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Jan-2014 at 15:22
денес

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/11854508453/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/11854508453/ - DSC02370 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/11854233115/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/11854233115/ - DSC02371 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/11854232445/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/11854232445/ - DSC02372 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 06-Mar-2014 at 18:31
Една од малку подалеку:



и една од поблиску:




Posted By: jyvation
Date Posted: 14-Jun-2014 at 17:15






Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Jul-2014 at 09:38
Работава е „На нероден Петко име му смислуваат“...

ГАРАЖАТА НА „ДАМЕ ГРУЕВ“ ЌЕ СЕ ВИКА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ

Катната гаража на „Даме Груев“ да се вика Тодор Александров, а административниот објект на Град Скопје под Кале да го носи името на Мајка Тереза. Ова се предлозите на градската власт за именување на овие два објекта кои се во сопственост на Градот и се во завршна фаза на изградба. Дали објектите ќе ги добијат предложените имиња, ќе одлучува градскиот Совет в понеделник.

„Името на објектот на катната гаража се предлага поаѓајќи од фактот што Тодор Александров претставува личност која активно учествувала и придонела во Македонската револуционерна борба и со својот револуционерен карактер придонел кон зачувување на Македонската револуционерна организација. Со именувањето на катната гаража, Град Скопје ја изразува својата почит во одбележувањето на личноста на Тодор Александров и неговата улога во Македонската револуционерна организација и го симболизира континуитетот на македонската борба за независност“, се вели во образложението за предлог-одлуката за именување на катната гаража.

А фактот дека Мајка Тереза е една од најистакнатите светски личности родени во Скопје, е само една од многуте причини зошто градските власти предлагаат новата градска куќа да го носи името на нобеловката.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=338C607FD2F70443B45B51EE7C39D9C1 - http://www.utrinski.mk/?ItemID=338C607FD2F70443B45B51EE7C39D9C1

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Jul-2014 at 17:05
општинска зграда си е едноставно општинска зграда... навистина нема потреба од име тука, а нема потреба ни од име на катната гаража...
ама ај, овие чудни фетиши барем не ни наштетуваат на квалитетот на живот, ако сакаат и Џингис Кан нека ги крстат, сеедно...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: kultuzin
Date Posted: 11-Jul-2014 at 17:15
На улица Даме Груев катна гаража Тодор Александар ова слично како на Плоштад Карпошово востание што има споменик од Филип Втори Македонски.

Ова ме потсеќа на К15 видеото од 50 секунда па натаму муабетот за човекот што купил птица и и дал име Џеки.

[tube]5zHqNDiQi_4[/tube]


Posted By: xnx
Date Posted: 11-Jul-2014 at 21:15
a taa kaj postata deka se vika: solunski kongres. mislam koj im gi dava ideive ne mi e jasno.


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Jul-2014 at 09:09
ОБЈЕКТ БЕЗ ВРЕДНОСТ ГО ДОБИ ИМЕТО НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ

Нејасен и несериозен потег на градските власти е именувањето на катна гаража по Тодор Александров, реагираат дел од историчарите. Според нив, ваквата одлука не заслужува сериозна и стручна дебата, но заради чувството на граѓанска одговорност велат, одлучиле да се огласат во јавноста.

„Ако според образложението на градоначалникот Коце Трајановски и на Советот на Градот Скопје, Тодор Александров е толку важна личност за историјата на Македонија, зошто на еден таков профан објект, како што е катна гаража во која се паркираат aвтомобили што продуцираат издувни гасови треба да се става име на голем револуционер“, вели Наталија Поповска, историчар.

За историчарите, подеднакво нелогично е и решението на градоначалникот Коце Трајановски градската куќа да ја нарече Мајка Тереза, Агенцијата за електронски комуникации „Објект Лидија од Македонија“ и антенскиот ситем на Водно „Кулата на Александар“. Прашуваат зошто објекти кои немаат никаква вредност воопшто треба да се именуваат.

„Што се однесува на имињата и на другите, исто така, профани објекти, не можам да ја сфатам потребата за такво нешто. Мислам дека Градот и Советот на Град Скопје имаат посериозни теми за разговор и посериозни одлуки коишто треба да ги донесат за доброто на градот и на граѓаните“, смета Поповска.

За дел од историчарите ваквите одлуки на градските власти најчесто се носат од незнаење, но во последните примери гледаат и намерно однесување, со цел да се испровоцира и деградира стручната фела.

http://telma.com.mk/vesti/objekt-bez-vrednost-go-dobi-imeto-na-todor-aleksandrov - http://telma.com.mk/vesti/objekt-bez-vrednost-go-dobi-imeto-na-todor-aleksandrov

-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Jul-2014 at 18:05
Тодор Александров иако со големо задоцнување, сепак пристигнува во центарот на Скопје:

















Posted By: jyvation
Date Posted: 12-Jul-2014 at 20:50
На првите две слики најгоре се наѕира и куполата.


Posted By: Z|evzek
Date Posted: 13-Jul-2014 at 00:58
Изгледа Коце ,,Тодор Александров'' си го вика


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Jul-2014 at 22:54
https://flic.kr/p/o7JrpQ"> https://flic.kr/p/o7JrpQ - DSC04692 by https://www.flickr.com/people// - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: xnx
Date Posted: 21-Jul-2014 at 11:40
inaku fasadava daleku poveke mi se dopaga od taa kja GTC katnata. bravo


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Aug-2014 at 13:35
ЗА ЛИФТОВИТЕ ВО КАТНАТА ГАРАЖА „ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ“ 325.000 ЕВРА

Градските власти договорија да ги купат лифтовите потребни за катната гаража „Тодор Александров“, лоцирана на „Даме Груев“. Неодамна, склучија договор со скопската фирма „Тин елеватор“ за набавка на неколку лифта и ескалатори за објектот што е во фаза на изградба. Градот ќе плати речиси 325.000 евра за нивна набавка и монтажа. Ќе се купат четири патнички лифтови без машинска просторија, еден кујнски малотоварен лифт, еден хидрауличен товарен лифт со машинска просторија како и два ескалатори. Со потпишаниот договор, ангажираната фирма ќе има обврска и да ги одржува и сервисира лифтовите и ескалаторите во период од две години. Во рок од пет месеци, пак, лифотвите ќе треба да бидат монтирани.

Со оглед на договорот за набавката, извесно е дека изградбата на катната гаража е во напредна фаза. Градските власти во неколку наврата не сакаа да кажат барем приближно, кога објектот ќе биде готов, со оглед на досегашниот тек на изградбата.

Имено, одамна веќе е пробиен најавениот краен рок за завршување на гаражата. Таа уште лани требаше да стане функционална, но изградбата меѓу другото задоцни и поради банкротот на хрватската компанија „Конструктор инженеринг“, која првично беше избрана за изведувач. По неочекуваната ситуација, градските власти бараа нова градежна компанија. На тендер беше избран „Бетон“.

Според најавите, објектот ќе биде висок 23 метри и ќе се состои од две подземни и седум надземни нивоа. Гаражата ќе има капацитет за паркирање за 605 автомобили и 105 велосипеди. Освен паркинг-простор, во објектот ќе има и деловни простории.

Инаку, ова е една од двете катни гаражи, чиј инвеститор е Град Скопје. Првата, „Свети Кирил и Методиј“,, онаа кај поранешен Цветен пазар, веќе е предадена во функција.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=ED68F8702CC36D43AF3DDB429C738644 - http://www.utrinski.mk/?ItemID=ED68F8702CC36D43AF3DDB429C738644

-------------
За сè има вторпат


Posted By: N23
Date Posted: 05-Aug-2014 at 14:37
Според состојбата на терен, оваа ја спремаат да ја отворат или на денот на заштитничката на Скопје, Богородица, или најкасно на 8ми септември.

-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Aug-2014 at 19:16
1


2


3


4



Posted By: jyvation
Date Posted: 15-Aug-2014 at 19:38
Ми се допаѓа како иде во линија со главната улица.Горе доле испадна добра катна гаража само што приодот до неа изгледа ќе биде од уличката на првата слика.
Кога ќе ја отворат катнава хаос ќе се создава се додека не ја прошират улицава.


Posted By: jyvation
Date Posted: 20-Aug-2014 at 17:39
Еве ја и куполата ја сликав денес.Иначе приодот до катнава гаража е всушност од позади, измеѓу гаражава и Министерството за финансии(Југобанка)





Posted By: jyvation
Date Posted: 28-Oct-2014 at 12:13


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Nov-2014 at 15:01
https://flic.kr/p/p1MeBP"> https://flic.kr/p/p1MeBP - DSC06223 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 06-Nov-2014 at 20:46
мене ми изгледа сипматично објектов.би му дал висока оцена


Posted By: xnx
Date Posted: 06-Nov-2014 at 21:47
ja sum oduseven od fasadava(osven kupolata)


Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Nov-2014 at 22:35
Originally posted by xnx

ja sum oduseven od fasadava(osven kupolata)
после катната кај стар цветен пазар, ништо волку просечно не ме воодушевува
ако за споредба ја имав само катната на макоил кај библиотеката, е тогаш ќе речев дека катнава гаража е архитектонско ремек дело Roll%20eyes


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: jyvation
Date Posted: 06-Dec-2014 at 22:46






Posted By: jyvation
Date Posted: 23-Feb-2015 at 13:25

vest.mk


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 24-Feb-2015 at 04:14
Се завлечка малку работава овде...


Posted By: Cibi
Date Posted: 24-Feb-2015 at 07:38
Се надевам дека во секое време треб да се пушти во употреба. Да не се провлече до крајот на годината се плашам. Башка и катна гаража нема некое големо средување во внатрешноста. Бидејќи кога сум во внатрешноста на катната гаража кај ГТЦ, наликува на обична карабина.


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Mar-2015 at 18:23




фото: mkd.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 13-May-2015 at 20:58
https://flic.kr/p/sMUDtS"> https://flic.kr/p/sMUDtS - DSC08490 by https://www.flickr.com/photos/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: xnx
Date Posted: 14-May-2015 at 10:05
garazava mi e preubava. bas vcera pominav i si ja gledav... osven kupolata... se glea deka tuka nekoj umeshal prsti


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 15-May-2015 at 03:33
Има ли некаква најава кога би можело да биде пуштена во употреба ?


Posted By: jyvation
Date Posted: 17-May-2015 at 13:46

Bojana Tozija


Posted By: N23
Date Posted: 29-May-2015 at 17:32


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Cibi
Date Posted: 14-Jun-2015 at 09:07
Кога ќе биде готова оваа катна гаража ? Има ли некој инфо. Ќе ве замолам споделете.


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Jun-2015 at 09:43
Рокот за изградба беше две години, а почна да се гради во 2011 г.

Проектот за катната гаража на улицата Даме Груев е на Градежниот институт „Македонија“ А.Д. – Скопје (главен проектант Љубин Макаровски).

На изградба на катната гаража на улицата Даме Груев ќе работат екипите на градежната компанија „Конструктор инжинеринг ДД Сплит“. Рокот на изградба е две години.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4249&mid=482&tabId=&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4249&mid=482&tabId=&tabindex=0

-------------
За сè има вторпат


Posted By: fichot
Date Posted: 14-Jun-2015 at 13:49
„Конструктор“ ми се чини пропаднаа, па дури да најдат друг изведувач помина некое време.



Posted By: Max
Date Posted: 14-Jun-2015 at 14:04

бре каков ксмет имаа далматинциве, таман се нафатија и испофатија ова тендерите по Скопјево и ојдоа стечај, а може потсвесно од срам за да не си го расипат портфолиото та доброволно да банкротираа, бар тоа мостот Око успеаја до некаде да го кренат, чинам на тоа останаа

 



Posted By: mr bombastic
Date Posted: 15-Jun-2015 at 02:26
Стварно многу ја отупеа со гаражава, незнам што толку кочница има да не се заврши до сега...


Posted By: Cibi
Date Posted: 19-Jul-2015 at 12:21
Да се надеваме дека за 2 август или 8 септември. Не сум бил одамна таму , да видам до каде е. Што мислите има шанси до тогаш? Како карабина одамна изгледа на готова. А внатрешноста одамна се средува. Точно дека е најголема, ама малку ми е чудно што толку има за средување во внатрешност на катна гаража?


Posted By: alexsend
Date Posted: 21-Jul-2015 at 17:55
Се чека некој празник

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Cibi
Date Posted: 25-Jul-2015 at 15:58
Видов ги тргнале дел од тарабите, да се надеваме деновиве. Доле партерно недостасува да се нареди. Валда со жештината ќе најдат начин да ја стокмат. Видов на плоштад поставиле чадори за сонце за одмор на работниците.


Posted By: jyvation
Date Posted: 25-Jul-2015 at 16:00
Се чека некој да дојде од одмор


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Aug-2015 at 07:57
Овде уште има работа, веројатно ќе ја пуштат за 8 септември.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: N23
Date Posted: 27-Aug-2015 at 12:32
Деновиве работат и навечер, поминав таму накај 12 и пол - 1, така да претпоставувам ја спремаат за утре, 28, со оглед дека на неработни денови имаат навика да отвораат објекти. Ако ја отворат на 8 септември, нема логика уште од сега да брзаат.

-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 27-Aug-2015 at 13:36
Може ќе ја отворат на денот на неговата смрт (31 август)

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: alexsend
Date Posted: 27-Aug-2015 at 18:47
Тротоарчето на некои места е помало од 1 метар.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Petar Skopje
Date Posted: 27-Aug-2015 at 21:36
Што ќе ти е тротоар, сите со коли ќе идеме..



Print Page | Close Window