Авиокомпании и линии
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Воздухопловство
Forum Discription: Аеродроми, авиосообраќај...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=341
Printed Date: 31-Oct-2024 at 23:47
Topic: Авиокомпании и линии
Posted By: pbanks
Subject: Авиокомпании и линии
Date Posted: 04-Oct-2007 at 11:29
|
НА 13-ОТ WORLD'S ROUTES DEVELOPMENT FORUM КОЈ СЕ ОДРЖА ВО СТОКХОЛМ... 28 Септември 2007 година
На 13-от World's ROUTES development forum кој се одржа во Стокхолм од 22-26.09.2007 зема учество и ЈПАУ со еден делегат. На форумот беа остварени средби со авиопревозниците за воспоставување на нови линии од/кон Скопје : Aeroflot (Moscow), Brussels Airlines (Brussels), Club Air (Verona), Easy Jet (London), Fly Nordic (Gothenburg), SAS (Copenhagen). |
http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=444&id=56 - http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=444&id=56
|
Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Nov-2007 at 20:20
незнам дали е паметно да направиме нова нишка за авиосообраќај а оваа да биде само за инфраструктура.... м?
но за сега.... сепак нешто се движи
Пониски цени за авио-превозот
03.11.2007
Евтините авио-летови полека доаѓаат и во Македонија. Германската авиокомпанија „Џерман-вингс“ отвори нова авиолинија. Од Келн до аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе лета секоја сабота, цените пониски од вообичаените за македонските патници.
„Среќен сум што првиот лет е целосно резервиран, сите 144 места беа пополнети. Задоволни сме од работата на компанијата и од соработката со скопскиот аеродром „Александар Велики“. Опслужуваме 67 аеродроми, на располагање имаме 27 авиони. Почнувајќи од денеска во наредниот период секоја сабота ќе летаме на релација Скопје-Келн-Скопје, имаме само економска класа. Доколку резервирате билет месец и пол претходно, тоа ќе ве чини 19 евра, два часа пред полетување цената на билетот е 250 евра. Нашата компанија годинава ќе ја заокружи со превезени преку 8 милиони патници“, изјави Герд Донау, менаџер во „Џерман-вингс“. | |
Извор: http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=85722 - А1
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Dec-2007 at 23:17
НОВА АВИОКОМПАНИЈА ВО СКОПЈЕ
Club air секоја недела лета на "Александар Велики"
Почнувајќи
со вчерашниот лет, италијанската авиокомпанија "Club air" секоја недела
ќе сообраќа до Скопскиот аеродром. Според најавите од оваа
авиокомпанија, летовите до аеродромот "Александар Велики" ќе ги врши со
авионите од типот "авролинер 85" (со 98 места за седење) и со
"авролинер 70" (82 места).
Секое неделно утро авионот на "Club air" ќе тргнува во 7,30 часот од
италијанскиот град Верона. Попатна станица ќе му биде аеродромот во
Анкона, по што ќе пристига во Скопје во 10,40 часот. На летот за назад
од "Александар Велики", авионот ќе тргнува во 11.40 часот. Цената на билетите почнува од 130 евра за во еден правец со вклучени аеродромски такси.
По "Club air", уште една нова авиокомпанија го избра Скопскиот
аеродром за своја дестинација. Почнувајќи од 14 овој месец, бугарскиот
авиопревозник "Bulgaria air" ќе лета три пати неделно од Софија до
Скопје.
(С. Бл.) |
Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A9900B85E899C0419421C970C72CE040 - Вечер
|
Posted By: La Linea
Date Posted: 10-Dec-2007 at 17:14
Од тоа што го читам, „Александар Велики“ прави некои солидни чекори кон подобрување на авио-услугите. Се поставија директни летови со Париз и уште некои големи градови, поефтинија билетите. + некои нискубуџетни авиокомпании почнуваат срамежливо да се приклучуваат како таа германската и сега оваа „Club air“. Како и да е, ова се добри вести.
------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 14-Dec-2007 at 21:06
Не сум баш сигурен ова каде да го сместам...
Воведена е редовна авионска линија Скопје-Софија
14.12.2007 19:30
Воведена
е редовна авионска линија на релација Скопје-Софија. Бугарската
авиокомпанија „Бугарија ер“ од 1 јануари три пати неделно ќе сообраќа
на оваа релација.
Цената на билетот во еден правец ќе чини 39 евра. Новата линија ќе
овозможи и воздушно поврзување на граѓаните од Македонија со одредени
европски градови по цена од 99 евра, без аеродромски такси.
На скопскиот аеродром „Александар Велики“ денеска беше одржан промотивниот лет.
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Jan-2008 at 16:03
А еве информации за работата на МАТ изминатата година како и за нивните планови за 2008. Повторно солиден раст но далеку зад регионалните играчи. Ради споредба
Croatia Airlines 1.7 милиони ЈАТ 1.35 Adria 1.14 Montenegro 0.45
МАТ: Се уште зависиме од иселениците
http://www.netpress.com.mk/vestiimages/21242/mat_logo.jpg"> Авиокомпанијата
МАТ изминатава година ја оцени како успешна за своето работење.
Зголемувањето на бројот на патниците за 37 отсто, или вкупно 223.869
патици во 2007 година, како и порастот од 38 отсто на бројот на летови
на оваа авиокомпанија, со два авиони како и во 2006 година, од МАТ го
оценуваат како солидно. Сепак, од авиокомпанијата велат дека
најголемиот број клиенти се уште се иселениците, а ваквата состојба ја
препишуваат на економската состојба и потешкотиите при издавање виза на
македонските граѓани.
“Во 2007 година, 34 отсто од летовите на скопскиот аеродром ги
реализираше нашата компанија, а тој процент во 2006 изнесуваше 28
отсто. Ова дефинитивно беше година на раст на МАТ. Но мора да признаеме
дека се уште зависиме од иселениците“, рече Никола Кумерле,
комерцијален директор на МАТ.
Од авиокомпанијата за 2008 година најавуваат воведување на летови за
северна Италија, јужна Германија и Копенхаген. Во однос на авиолинијата
за Брисел, од МАТ потенцираат статус кво.
“Нашиот предлог за оваа линија стигна до Владата, но се потврдува
дека нејзиното воведување се уште економски не е исплатливо.
Преговорите за членство во Европската унија би го зголемиле интересот
на граѓаните за оваа дестинација, а засега најави за таа линија нема.
Впрочем ние сме први на удар кога е во прашање нафтата. Во 2007 година
40 отсто од трошоците ни беа само за гориво“, појасни Кумерле.
МАТ излезе и со најава за зголемување на својата флота со купување
на трет авион од Англија марка “боинг 373-500“ со 126 седишта, но
деталите ќе ки коментираат за десет дена по финалните преговори.
Од авиокомпанијата размислуваат и за воведување на свој патен
транспорт до скопскиот аеродром, како и копнен превоз од Косово до
аеродромот “Александар Велики“.
“Во преговори сме за соработка со една фирма со мини-комбиња за
воведување превоз на патниците на линија на сообраќање од населбата
Ѓорче Петров, преку Центар и Ново Лисиче до скопскиот аеродром, што би
требало да се реализира од 1-ви април“, рече Кумерко. |
Извор: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=21242&kategorija=2 - Нетпрес
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jan-2008 at 16:56
Инаку добро што се оди на зајакнување на флотата... Тоа е најдобар индикатор
Не сум сигурен што имаат моментално, мислам 1x737 и 2xCRJ (ако не се подновиле у меѓувреме)...
|
Posted By: mitatos
Date Posted: 10-Jan-2008 at 22:38
МАТ го зголемил учеството во авиопазарот во земјава
Македонскиот национален авиопревозник МАТ го зголемил
учеството во авиопазарот во земјава. Според податоците кои ги
презентираше авиокомпанијата, лани работата на МАТ со летови и превоз
на патници е зголемена за 34 проценти или повеќе за 8 проценти во однос
на 2006-та. Од компанијата ова го објаснуваат со редовните линии кон
европските метрополи и отворањето на нови авиолинии.
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=28057&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
------------- "Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
Posted By: ProMKD
Date Posted: 19-Mar-2008 at 04:50
Пак жална вест за авијацијата... нон стоп имаат проблеми со контролорите - и партизација на аеродромските власти!!! Ова ме нервира !
Контролори на летање се жалат за отпуштањето од работа
Група од 15 контролори на летање, ангажирани со договор на дело во
Агенцијата за цивилна воздушна пловидба во 2004 година, се отпуштени во
септември минатата година, но дури вчера отворено реагираа на одлуката
на раководството кое не им ги продолжи договорите. Контролорите, кои се
без работа седум месеци, тврдат дека се исфрлени на улица од актуелното
раководство без никакво професионално оправдување, иако државата за
нивната обука во Прага потрошила околу 4 милиони евра. Контролорите чии
договори за дело не биле продолжени во септември 2007 година, на
вчерашната прес-конференција изјавија дека не разбираат зошто
Агенцијата за цивилно воздухопловство не сака да искористи веќе
професионално квалификуван кадар.
„Ние не веруваме дека сета
оваа работа има политичка заднина. Но, и да сме припадници на некоја од
политичките партии, сметаме дека овој вид работа нема никаква врска со
политиката“, велат петнаесетте контролори кои се Албанци по
националност и чии договори се склучени за време на претходното
раководство на некогашната Управа за цивилна воздушна пловидба. Од
Агенцијата за цивилна воздушна пловидба велат дека реакцијата на
некогашните контролори на летање е политички мотивирана. (В.Г.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=83D71422B94BD44BB13C79C16F777B55
|
Posted By: vardar
Date Posted: 09-Apr-2008 at 06:32
Interesno...... samo vikaat 2 jambo jeta a na http://en.wikipedia.org/wiki/Orbit_Express_Airlines - WIKI pise da imaat samo eden a300
ПРЕГОВОРИ
Турски Орекс го сака карго превозот
Аеродромските власти сериозно преговараат со турската карго компанија Орекс за вршење превоз на стоки од блискиот и средниот исток за потребите на овој дел од Европа. Според директорот на ЈПАУ Македонија, Зоран Крстевски станува збор за сериозна карго компанија која има намера скопскиот аеродром Александар Велики да го направи регионален центар.
- Од Орекс најавија дека имаат намера карго превозот да го вршат со два "џамбо џета 747". Со влезот на Орекс ќе се зголеми протокот на стоки на скопскиот аеродром - вели Крстевски.
Минатата година имаше неуспешен обид за влез на бугарскиот карго превозник Вега кој покрај скопскиот, бараше да превезува стоки и кон охридскиот аеродром.
Аеродромот Александар Велики има големи потенцијали за постанување на регионален карго центар што би ги покривал Косово, Црна Гора, Албанија и северна Грција. Во земјава не постои домашна карго компанија. Пред 13 години овој превоз го вршеше словенечката Адрија Ервејз и македонската Авиоимпекс.
(С. Бл.)
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C2A8A9515A68794E8F489B2530480AB1 - Vecer
|
|
Posted By: ProMKD
Date Posted: 09-Apr-2008 at 21:35
Добри вести од областа на авио-индустријата
А еве што пишува за тој Боинг
‘Turkish air cargo carrier Orbit Express Airlines (Orex) is set to add a pair of Boeing 747-200
freighters to its existing fleet…the Turkish airline, formed last year…plans to deploy the
aircraft on services to China’ – Kani Kurtulus, General Manager, Orex |
http://www.kpmg.ca/en/industries/cib/transportation/documents/airCargoSnapshot.pdf - http://www.kpmg.ca/en/industries/cib/transportation/documents/airCargoSnapshot.pdf
Значи имаат во план да се купи
|
Posted By: vardar
Date Posted: 09-Apr-2008 at 23:11
A ok, dobri vesti vo sekoj slucaj se nadevam ke bide rabotava....kargo prevozot vo posledno vreme mnogu pobrzo raste odkolku patnickiot....
|
Posted By: ProMKD
Date Posted: 10-Apr-2008 at 06:01
Со менувањето на терминалот се прашувам што ќе значи за ниско-буџетните Low Cost Carrier компаниите ?? Ние и вака ги немаме, а што кога ќе добиеме нова аеродромска зграда и зголемени давачки за авионите? ?
|
Posted By: vardar
Date Posted: 10-Apr-2008 at 11:49
Originally posted by ProMKD
Со менувањето на терминалот се прашувам што ќе значи за ниско-буџетните Low Cost Carrier компаниите ?? Ние и вака ги немаме, а што кога ќе добиеме нова аеродромска зграда и зголемени давачки за авионите? ? |
Како што викаш тие не дојдоа со аеродром идеален за нивниот modus operandi (крш и евтин ) Како потенционални концесионери се спомнаа операторите на виенски, париски аеродром.....шознам ваљда напраиле некакви анализи....крај-крајишта ако не им идат доволно компании откако ќе го напраат шо избор имаат освен да ги намалат цените
|
Posted By: vardar
Date Posted: 10-Apr-2008 at 12:02
Eve navodno pregovarale so wizz air
КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНОВНИКОТ ЗА АЕРОДРОМСКИТЕ УСЛУГИ
Попуст за авиокомпании со два дневни лета
Поевтинувањето на цените за опслужување на двата аеродроми го зголемија бројот на превезени патници
Ќе се корегира ценовникот за услугите на двата домашни аеродроми. Аеродромските власти имаат намера да овозможат поголеми попусти за оние авиокомпании што ќе воведат втор дневен лет кон Скопскиот аеродром. Со летниот ред на летање што стартуваше од 30 март, втор дневен лет воспоставија Адрија Ервејз и Малев.
- Некои компании бараат да летаат во утринските часови кога има ограничена услуга и капацитет. Поголеми поволности ќе им дадеме на оние превозници што ќе прифатат да летаат во термините по 8 или 9 часот. Со ваквите стимулации сакаме авиокомпаниите да го зголемат обемот на сообраќај од Скопскиот и Охридскиот аеродром - појаснува Крстевски.
Доколку Владата го одобри ценовникот, тоа ќе биде трета корекција што ќе се направи за една година. Во средината на април 2007 година, аеродромските услуги на Скопскиот аеродром беа намалени до 17 проценти, а на Охридскиот до 27 отсто. Еден месец подоцна власта го корегира надоместокот што странските авиокомпании го плаќаат за лендинг, АТЦ-услуги и за осветление на аеродромот Александар Велики, а за истите услуги на охридскиот се ослободени од плаќање. Ефектите од поевтинување на цените за опслужување на двата аеродроми се видливи. Забележливо е зголемување на авиосообраќајот и на бројот на превезени патници.
- Ако во првите три месеци од годинава сообраќајот во ЕУ просечно пораснал за четири проценти, на Скопскиот аеродром е над 10 отсто, а само минатиот месец - 17,5 проценти. Ова е поради тоа што се појавија нискобуџетски компании, како бугарската Булгар Ер која од Софија лета кон Македонија три пати неделно и има има врзан лет до Тирана преку Скопје. Нејзините авиобилети се многу евтини и за 100 евра може да се стигне до било која атрактивна европска дестинација - вели Крстевски.
Се преговара и со познатата нискобуџетска унгарска компанија Виз Ер со која се дефинирани условите за летање кон Охридскиот аеродром. Има најави за повеќе чартер летови за во летниот период.
Виена топ дестинација Во периодот јануари-март годинава на Александар Велики биле обавени 2.869 летови и се превезени 129.087 патници. МАТ учествува со 24 проценти во вкупниот број комерцијални операции, а во бројот на патници со 32,8 отсто.
Со 15,8 проценти од вкупниот број на патници, Виена се зацврсти како топ дестинација, пред Цирих каде има намалување од 12,4 отсто во однос на лани. Намалување има и кај германските дестинации Дизелдорф и Хамбург/Берлин кое донекаде го надополнува новата дестинација Келн. Најголем пораст има кај Љубљана, Загреб, Будимпешта, Истанбул и Рим кои како трасфер дестинации ги презедоа патниците на Алиталија која престана да лета кон Македонија. Гледано по превозници, најголем пораст на бројот на патници во однос на лани има кај Адрија Ервејз - 85 проценти и кај Кроација Ерлајнс (43,3 отсто), а намалување има само Хелветик Ервејз.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=803796E003BE95468E7A687E38649A86 - Vecer
|
|
Posted By: ProMKD
Date Posted: 10-Apr-2008 at 23:23
Ме радува - зголемувањето бројот на патници и општата ситуација иде на добро, само сепак ни фалат поевтини компании и укинувањето на визите. Тек тогаш без визи има да имаме БУМ само нека се спреми Александар Велики!
|
Posted By: vardar
Date Posted: 14-Apr-2008 at 23:30
СКОПСКИ АЕРОДРОМ
Реновирани простории на карго центар
Реновирани се службените простории на карго центарот на аеродромот Александар Велики со што се создадени подобри услови за граѓаните кои доаѓаат да ги подигнат своите пратки. - Компјутерски ги поврзавме сите постапки и сега многу малку се чека на пратките што ги земаат од карго центар - вели Зоран Крстевски, директор на аеродромското претпријатие.
Тој е задоволен што лани е забележан голем пораст на карго сообраќајот на скопскиот аеродром од 2.836 тони. Во првиот квартал од годинава има пораст на карго сообраќајот за 30 проценти во однос на истиот период лани. За споредба, во 2005 година биле примени и отпремени 2.527 тони.
- Порастот се должи на намалените цени што Владата ги прифати за опслужување на авионите и пратките, како и на зголемениот маркетиншки ангажман на аеродромскиот менаџмент и на компаниите што работат со карго пратки - рече Крстевски.
Тој најави дека преговорите со турската карго компанија Орекс се успешно завршени и дека во тек е постапка за нивна регистрација во земјава. Орекс има намера со два џамбо џета да врши превоз на стока од Блискиот и Средниот Исток во регионот.
Од Европската комисија преку програмата за поддршка на Македонија веќе е направен проект за изградба на фито санитарна станица на аеродромот Александар Велики. Станува збор за инвестиција од 450.000 евра и се очекува во наредните неколку месеци да се почне со градба.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7ECEBDB6448E0B4697E38F26339D46E4 - Vecer
|
|
Posted By: vardar
Date Posted: 20-May-2008 at 11:32
„Ерлифт сервис“ нова македонска авиокомпанија
„Ерлифт сервис“ е новата домашна авиокомпанија што ќе одржува чартер-летови со авион „антонов-24“ од украинско производство. Првиот лет е најавен за в понеделник и со него ќе биде донесена група бугарски туристи од Софија во Охрид. Оваа линија ќе се одржува два пати неделно во текот на летото.„Ерлифт сервис“ е мешовита македонско-бугарска компанија. Во земјава сопственик е поранешниот пилот Трајко Кикерковски, а во Бугарија софиската авиокомпанија „Авиостарт“. Чартер-компанијата засега ќе лета со еден авион со македонска регистарска ознака. Директорот Кикерковски се пожали дека повеќе од 40 дена чекаат директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Ернат Фејзулаху, да ја потпише дозволата за да го донесат вториот авион.Авионот е прегледан од инспекцијата, регистриран и бојосан со македонски ознаки - истакна тој.И новата чартер-компанија, која лета под македонско знаме, се соочила со проблеми за прелет и слетување на грчка територија.Нашите бугарски соработници се обидоа за 1 мај да летаат до еден грчки остров. Прво биле уценувани со тоа што се барало некој човек да го пречека авионот и за тоа да платат, а потоа биле одбиени бидејќи на документите за авионот требало да пишува ПЈРМ, а не Република Македонија. Очекувам и понатаму да имаме проблеми, но се надевам дека некој ќе го среди тоа - вели Кикерковски.Во новата авиокомпанија засега се вработени 15 луѓе. Пилотите се Бугари, а во тек е обука на македонски механичари и стјуардеси. Во „Ерлифт сервис“ очекуваат да направат околу 1.000 часа лет годишно. За во зимскиот период планираат да превезуваат спортски екипи и групи на екскурзии и на семинари.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=77BE170F79D17D408412FC6E1898A116 - Dnevnik
|
|
Posted By: vardar
Date Posted: 20-May-2008 at 11:51
Na http://en.wikipedia.org/wiki/Antonov_An-24 - Wiki pisuva deka avionov an-24 se proizveduval od '59-'79 so znaci najmalce 30 godini star iako e taze ofarban.
Accident summary
Hull-loss accidents: 109 with a total of 1673 fatalities
Other occurrences: 11 with a total of 59 fatalities
Hijackings: 33 with a total of 4 fatalities
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-May-2008 at 13:24
Accident summary
As of http://en.wikipedia.org/wiki/2004 - 2004
- Hull-loss accidents: 109 with a total of 1673 fatalities
- Other occurrences: 11 with a total of 59 fatalities
- Hijackings: 33 with a total of 4 fatalities
-> As of 2004
а тек пред то...
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: vardar
Date Posted: 20-May-2008 at 14:10
Ja pa toa go razbrav kako do 2004
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-May-2008 at 12:35
Originally posted by vardar
Ja pa toa go razbrav kako do 2004 |
pa to sakale i da kazhat samo 100% rusin ja ima pisheno statijata i nikoj nema raschisteno zad nego pa zato sakal da kazhi do 2004 rekol po 2004 ruska rabota i ruski angliski
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jun-2008 at 14:39
Само што го изедитирав постот а ти веќе си искоментирал
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jul-2008 at 09:54
Зарем МАТ не нарача три CRJ-900 а веќе набави два од нив??
МАТ купи нов авион
Македонскиот редовен авиопревозник МАТ купи авион од типот „боинг
737-500“. Воздухопловот, кој е веќе регистриран во Македонија со
ознаките З3-ААХ, првиот комерцијален лет го изврши во неделата на
релација Скопје - Цирих - Скопје.
Новиот авион со 126 седишта е купен на кредит со учество на МАТ и компанијата „ПК авиејшн“.
Претставник
на македонската авиокомпанија за Макфакс најави дека флотата на МАТ
идниот месец треба да се збогати со уште еден сличен авион. МАТ
поседува едно летало од типот „ЦРЈ-900“, а со зголемениот промет во
текот на летнава сезона се справуваше со краткорочно најмување авиони
од странски компании. (Макфакс) |
http://%20www.utrinski.com.mk/?ItemID=9B6F2F82C5A5304A9751526AA34B973D - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9B6F2F82C5A5304A9751526AA34B973D
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jul-2008 at 10:16
Тешко е да се прати што точно прават и моменталниот состав на флотата. Постојано џонглираат со авионите и со нарачките. Непосредно пред CRJ пак имаа нарачано ERJ... Се надевам дека имаат некаков план односно дека не лутаат. Во секој случај веројатно ова е позитивен сигнал, затоа што очигледно им требаат и малку поголеми авиони како 737, а не само Regional Jet.
|
Posted By: vardar
Date Posted: 29-Jul-2008 at 13:10
Незнам ни дали самите знаат шо прават, мислам дека за МАТ ЕРЈ е одлично решение има капацитет од 78 до 118 што е доволно за наши услови, али мислам дека се предомислија пошто има проблеми со финансирање и после канаѓаниве им дадоа подобри услови за кредитирање (барем така имам негде слушнато). Иначе ако веќе мислеа да ја обновуваат флотата со стари авиони после 9/11 имаше еден куп фокери и 737-ки буквално за џабе али тогаш другше мислеа изгледа, иначе еве фотка од 2005 од ембраерот кој никогаш не стигна до Скопје
И навечер
|
Posted By: vardar
Date Posted: 31-Jul-2008 at 06:38
За десет дена уште еден боинг а во мај догодина и вториот CRJ, ај па да видиме и неколку нови дестинации
Нов „боинг“ во флотата на МАТ
Новиот авион „боинг 737-500“, кој од неодамна е дел од флотата на македонскиот национален авиопревозник МАТ, вчера на аеродромот „Александар Велики“ ги донесе првите патници. На „боингот“, како што најавуваат од МАТ, за десетина дена ќе му се придружи уште еден ист авион, а двата авиона веднаш ќе бидат вклучени во редовните и чартер-летовите на МАТ.
Новите авиони компанијата ги набави со кредит од Еуростандард банка и од странска банка, а ќе се отплатуваат во следните пет години. Во план, велат во МАТ, е купување на уште еден авион од типот „бомбардир ЦРЈ 900“, каков што веќе поседува компанијата, кој моментно е во процес на производство, а ќе биде испорачан во текот на мај следната година. (С.Н.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2B3B67D8FD616346A68C466D337A1B26 - Утрински
|
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jul-2008 at 08:36
Оваа комбинација е многу подобра отколку 3хCRJ како што се најавуваше пред година дена
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jul-2008 at 11:44
А што стана со тој 737-300 што беше во нивна сопственост? И него го задржаа?
|
Posted By: vardar
Date Posted: 31-Jul-2008 at 13:58
Не сум сигурен али мислам дека 737-300 беше само изнајмен
Како и да е во дневник пишале вака....
Уште два авиона во флотата
Флотата на МАТ е зголемена со уште два авиона од типот „боинг 737-500“, купени на кредит, со рок на отплата од пет години. Првиот авион од неделата врши комерцијални летови, а вториот треба да пристигне со средината на август.Уште еден авион од типот „бомбардие ЦРЈ-900“ треба да му биде испорачан на МАТ во мај в година. Со постојниот и со новите три авиони МАТ очекува да ги зголеми летовите кон дестинациите во Германија, Рим, Цирих и во Виена, но и да отвори нови кон северна Италија.
|
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8C614415F17D854889FC1ECBFB17383F - dnevnik
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jul-2008 at 14:01
Со четири сопствени авиона ваљда ќе им текне на сајтот да направат секција за флотата да имаме малку потранспарентен увид во сето ова
|
Posted By: vardar
Date Posted: 31-Jul-2008 at 14:13
Имаат една реченица во About us...
MAT‘s destinations are Zurich, Rome, Vienna, Istanbul, Dusseldorf, Hamburg, Berlin, Paris and Amsterdam. The actual fleet comprises a Boeing 737-300 and a Canadair CRJ-900.
|
али веќе не важи пошто нели сега имаат 737-500 а не 737-300
Со оглед дека од 31.3.08 немаат апдејт во делот лејтест њуз.... ќе почекаме малце изгледа.
|
Posted By: mitatos
Date Posted: 31-Jul-2008 at 14:15
a da ne znae nekoj vkupno kolku avioni poseduva MAT ? bas me interesira
------------- "Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jul-2008 at 14:19
па тоа е муабетот во последниве неколку поста. Значи моментално 2
|
Posted By: vardar
Date Posted: 31-Jul-2008 at 14:21
За 2 недели 3 а во мај догодина 4
|
Posted By: mitatos
Date Posted: 31-Jul-2008 at 14:27
ej pa super e napreduvaat znaci, a inace ima potreba od poveke avioni ,eve sega gledam za letnava sezona nekoi luge cekaat duri na 25 avgust da odat na odmor za turcija, da imase uste 3 ke bese full za letnava sezona
Sega gi vidov i dvata znaci Boingot i Canadair i dvata se dobri avioncinja
------------- "Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 31-Jul-2008 at 16:04
Јас летав минатата недела со Canadairot убаво поново авионче е. Секоја чест за пилотот и посадата, иако имаше мало невреме по пат а авионот е мал не се осети ни најмало дрмање по пат.
|
Posted By: mitatos
Date Posted: 31-Jul-2008 at 17:13
da odlicen e, jas iako nikogas ne sum letal so avion ti veruvam ) , imaa i uste eden drug ali toj izgleda im bil iznajmen, ali zalam sto taka golema kompanija ima tolku malku avioni , super ke bide koga ke gi zemat i tie drugite so 4 avioni drug muabet posle
------------- "Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Aug-2008 at 12:49
Интересен текст кој можеби не припаѓа тука но сепак нема да смета.
СКАП ПРОФЕСИОНАЛЕН КАДАР ЗАМИНУВА ОД МАКЕДОНИЈА
27 македонски пилоти летаат за светски компании
Во
Македонија нема официјална статистика во кои странски компании летаат
македонски пилоти. Според неофицијалната бројка (27) до која дојде
"Вест", пет македонски пилоти има во Сингапур, четворица во Индија,
Дваесет и седум македонски пилоти на патнички авиони летаат за странски
авио-компании. Повеќето од нив се пилоти или ко-пилоти во најпознатите
компании како "Сингапур ерлајнс", "Рајан ер", "Ер Индиа", "Џапан
ерлајнс", "Делта" и управуваат "боинзи", "ербаси", "емрбаери".
Во Македонија нема официјална статистика во кои странски компании
летаат македонски пилоти. Според податоците до кои дојде "Вест", таа
бројка е 27. Пет македонски пилоти има во Сингапур ("Сингапур
ерлајнс"), четворица во Индија ("Ер Индиа"), двајца во Нигерија, по
тројца има во Албанија и во Грција, двајца во Хрватска ("Дубровник
ерлајн"), и по еден пилот има во Катар ("Катар ервејс"), Јапонија
("Џапан ерлајнс"), Тунис, Мароко, Велика Британија ("Рајан ер"),
Германија, Тајван ("Ева ер") и во САД ("Рипаблик ервејс").
Пред да заминат од Македонија, речиси сите летале за некоја од
македонските компании кои се појавија по осамостојувањето на државата
или пред тоа за југословенскиот ЈАТ. Од пред неколку години се расеани
по светот. "Вест" најде неколкумина од нив и ја слушна приказната на
капетанот Венко Биковски кој лета за "Ер Индиа", на Владимир Насковски
од американската компанија "Рипаблик ервејс", на Спасе Јакимовски од
"Катар ервејс" и на капетанот Ѓорѓи Банчотов од јапонската "Џапан
ерлајнс".
Меѓу последните кои заминаа да летаат за странски компании е
53-годишниот капетан Венко Биковски, кого колегите популарно го
нарекуваат последниот Мохиканец меѓу македонските пилоти со ЈАТ-ова
школа. Тој сега лета за индиската компанија "Ер Индиа" и живее на
релација Индија - Скопје - Белград каде што е неговото семејство. Кога
Биковски, пилот на старата школа на ЈАТ, го напуштил МАТ, конкурирал за
работа во Индија, Сингапур и во Катар, за на крај да ја одбере Индија
за своја нова авиобаза. "Ер Индиа" е 9-та по ред авиокомпанија за која
тој лета откако е пилот. Со него во Индија е и пилотот Горан Павловски.
За летање е неопходна т.н. меѓународна ЈАР дозвола, па со неа и со
својот "боинг 737-800" лета од 12 аеродроми во Индија кон Сингапур, Шри
Ланка, Бангкок, Тајланд, заливските земји...
"Ја одбрав Индија затоа што од секогаш ме привлекувала со својата
култура, традиција, живот, филозофија. Сакав да ја живеам Индија, па
направив спој на професијата и желбите. Се приспособив на евтиниот
живот во Индија, на нивниот начин на сфаќање на секојдневието, на
животните погледи. Отседнувам во хотели со пет sвездички, ја сакам
нивната кујна... Шест недели сме на работа, а две недели сме слободни и
имаме платена карта да одиме дома", ни раскажа капетанот Биковски. Тој
секое слободно време го користи да биде со сопругата и трите деца кои
живеат во Белград. Летово го посети Скопје, но и Берово, родното место
на неговите родители. Од Скопје летна за Белград, а од таму назад во
Индија.
Пред речиси две години од Македонија замина и пилотот Спасе Јакимовски.
Сега лета за катарската авиокомпанија "Катар ервејс". 40-годишниот
капетан Јакимовски пред да замине во Катар пилотираше во македонските
МАТ и "Авиоимпекс". Во катарската авиокомпанија е обучен и лета на еден
од најчесто употребуваните авиони "ербас А330".
Македонските пилоти во странство контактираат меѓу себе, разменуваат
искуства. Речиси сите ја поминале истата процедура за да станат пилоти
или копилоти во компаниите за кои летаат сега. Задолжителни
психофизички тестирања, 2,5-месечни проверки на пилотските знаења,
возење на симулатори... За сите нив заеднички се летачките доживувања,
егзотичните дестинации до кои летаат, турбуленциите, патниците...
Секојдневно се во некој друг град, на друг аеродром, во друг хотел.
Меѓу два лета пробуваат специфична храна, запознаваат најразлични
култури...
"Живеам во Тулса, САД. Работниот ден почнува со тоа што бесплатно летам
до Колумбус во Охајо каде што е мојата база и од таму почнува работниот
ден. Ноќевам во тој град којшто е мојата последна дестинација за тој
ден. Еве пред некој ден дневното летање заврши во Чикаго каде имам
школски другари, па се забавувавме во прекрасните клубови и ресторани.
По неколку дена бев во Бостон каде должноста ми заврши околу пладне и
скитавме и се журкавме таму цели 10 часа. После моравме добро да се
наспиеме за новите летови. Денот го завршив во Хјустон. Значи, од
најсеверниот, завршив во најјужниот град во САД. Обично летам 4 дена,
па 3 дена сум слободен", раскажува Владимир Насковски, скопјанец, син
на скопскиот бизнисмен Ненад Насковски и на Мирјана Насковска,
сопственичката на туристичката агенција "Долар турс". Сега е пилот во
американската "Рипаблик ервејс".
Владимир е еден од ретките македонски пилоти кои пилотската школа и
обука ја поминале во странство. На 16 години заминал во САД и таму се
стекнал со својата прва приватна пилотска дозвола, а потоа добил и
комерцијална пилотска дозвола. Малку подоцна станал инструктор за
летање и од први април годинава лета со авион од типот "ембраер" за
компанијата "Рипаблик ервејс".
"Мојата компанија ја покрива целата источна половина на САД и оперира
со 220 'ембраери'. 'Ембраерите' летаат под брендот на 5-те големи
компании 'Американ ерлајнс', 'Јунајтед ерлајнс', Делта', 'Континентал'
и ' Ју-ес ервејс'. Значи јас кога не го летам мојот авион можам да
летам со овие пет компании без пари", вели Владимир.
Нормално е пилотите најмногу да зборуваат за своите летови. Некои велат дека летаат на лесни, други на многу тешки дестинации.
Капетанот Биковски од "Ер Индиа" вели дека лета на едни од најтешките релации. Тоа се монсунските делови од Индија.
"Во нашата компанија 80 отсто од пилотите се странци и најголемиот дел
од нас летаме на тешки релации. Кога ќе почнат монсунските денови во
Индија, летањето е многу тешко поради обилните и силни дождови. Тогаш
летањето е како пред вас да застанал пожарникар и додека возите тој со
шмрк ви прска во шофершајбната. Во Индија аеродромите се стари и по 30
години, има голем метеж, па над нив се кружи и по еден час додека да ви
дојде редот за слетување", вели Биковски.
Пилотите сегде во светот се на цена. Ги почитуваат, ги бараат,
компаниите се натпреваруваат за нив. Особено азиските компании кои се
во огромен подем и претендираат да бидат господари на небото. Секој
пилот наоѓа работа преку брокер и можат да избираат во која компанија
ќе работат.
"Почнав да летам на 16 години. Откако ги добив сите потребни дозволи,
во 1996 година почнав да летам во македонската компанија 'Авиоимпекс'
каде ја почнав обуката за патнички авион ДЦ-9 и една година потоа
стекнав звање копилот на тој авион. Во 1999 година станав копилот на
авионите МД-81, 82 и 83. Во 'Авиоимпекс' летав до 2001 година", ни
раскажа капетанот Ѓорѓи Банчотов.
По "Авиоимпекс" летал за МАТ кога завршил обука за копилот на "боинг 737-300", а во 2006 станал капетан на "боинг 737-300".
"Во 2007 заминав во туниската компанија 'Картаго ерлајнс'. Потоа
конкурирав преку брокерите во многу реномирани компании и почнаа да
стасуваат понудите. Се одлучив за Јапонија и за најголемата јапонска
авиокомпанија 'Џапан ерлајнс'. Ми понудија и обука за 'боинг 737-800'.
Во Токио сум од март годинава. Во Јапонија, како технолошки најнапредна
држава во светот, најмногу внимание се посветува на безбедноста,
особено во авијацијата. Затоа постојано одиме на обуки, тренинзи,
проверки и на се она што е предвидено со меѓународните стандарди, само
што сето тоа тука е повеќекратно застапено. Сега сум на обука за
пилотирање со 'боинг 737-800' која во другите држави трае три месеци, а
овде во Јапонија безмалку една година", раскажува капетанот Банчотов од
"Џапан ерлајнс".
Сите пилоти се вљубеници во авијацијата и во летањето. На некои од нив,
на некој начин, им се семејна професија. Еден од таквите е копилотот
Роберт Каревски, кој по потекло е Македонец, роден е во Австралија, а
пилотира за тајванската авиокомпанија "Ева ер".
"Роден сум во Австралија од родители иселеници по потекло од Охрид и
Битола. Имам 33 години, а професионално летам 12 години. Со сопругата
Соња и 14-месечниот син Александар живееме во Македонија. Соња е
поранешен контролор на летање и голем вљубеник во авијацијата. 'Ева ер'
има флота од 55 авиони и половината од пилотите се странци, па
календарот на летање ни е усогласен за секој месец да можеме бесплатно
да отпатуваме до нашите семејства", кажува Каревски.
Првите часови по летање ги имал во "Атлас авиејшан" од Сиднеј, во "Саут
коуст авиејшан" од Вуленгонг и во "Мекфлајт треининг" од Голд Коуст.
Првата пилотска дозвола ја добил на 21 година, а на 24 години веќе
можел да лета и комерцијални авиони.
"На почетокот пилотирав со 'цесна 206' за помали регионални
авиокомпании пуштајќи падобранци над мојот роден град Вулгонг. Со
рускиот авион 'ЈАК 52' изведував акробатски летови, а потоа како
копилот летав за компанијата 'Макер' од Таунсвил, Квинсленд. Таму
пилотирав на мојот посебно драг модел на авион 'метролајнер 3',
турбопроп двомоторец со капацитет од 19 патници. Тоа искуство ми
помогна да станам капетан на 'цесна караван 208', а потоа и на
'метролајнер 3' во компанијата 'Џеткрафт еркарго'. За таа компанија
летав од мојата база во Сиднеј до регионалните аеродроми во Нов Јужен
Велс и до Квинсленд", раскажува Каревски.
Тој од март 2007 година е копилот во "Ева ер". Таму е обучен за копилот
на авионот "МД-11". До сега летал за Лондон, Брисел, Париз, Франкфурт,
Дубаи, Дели, Мумбаи, Бангкок, Сингапур, Хонгконг, Тајпеи, Осака,
Енкориџ, Чикаго, Далас, Атланта и Њујорк. Компанијата има 5.000
вработени и 650 пилоти, но сепак секој од нив распоредот на летање го
добива еден месец однапред, а со задоволство им го коригираат
распоредот ако сакаат да добијат слободен термин кога нешто за сигурно
испланирале со своето семејство. Каревски, како и другите пилоти,
несебично го користи секој слободен термин да биде со семејството.
Да биде со семејството што почесто сака и капетанот Банчотов. Неговата
сопруга Марија, двете ќерки Магдалена и Ангела и синот Димитар се во
Македонија.
"Можеби в година моето семејство ќе ми се придружи тука во Токио. За
враќање во Македонија тешко, се додека ситуацијата во авијацијата е
таква каква што е", вели Банчотов.
Додека пилотираат далеку од семејствата пилотите се на релација меѓу
своите бази и градовите до кои летаат како крајна дестинација.
"Во 'Ева ер' сите странски пилоти имаат апартманско сместување во
комплексот на компанијата каде е и тренинг центарот опремен со 4
симулатори, тренинг центарот за стјуардеси, базен за рекреација и куп
други комодитети за нас. Денот кога летам имам повик од персоналот, се
подготвувам за брифинг и со автобус одам до интернационалниот аеродром
во Тајпеј. Најдолгиот лет е од Тајпеј до Енкориџ и трае 10,5 часа. Во
градовите каде преноќуваме и по неколку дена најчесто ги посетувам
знаменитостите и музеите како Лувр во Париз. Највпечатлив ми е
единствениот хотел со седум sвезди "Бурџ ал Араб" во Дубаи. Најчесто
летам до аеродромот во Виена од каде летам со МАТ до Скопје за да се
видам со семејството", вели Каревски.
Негова желба е да стане капетан на авионот "МД-11", а еден од омилените авиони му е "боинг 777".
Повеќето од македонските пилоти кои сега работат во странство не кријат
дека сакаат да се вратат и да летаат во Македонија, за македонски
компании, под македонско знаме. Но, велат дека чекаат подобри времиња
за нив пилотите. До тогаш, велат, барајте не во Индија, Нигерија,
Јапонија, Тунис, САД, Катар, Велика Британија...
Дома останаа само 13 пилоти
Кога две третини од вкупниот број пилоти во патничката авијација што ги
има една држава работат во странство, за странски компании, е огромна
загуба на високо профилиран и скап стручен кадар за секоја држава, а не
само за Македонија, велат македонските пилоти кои летаат за странски
компании.
Според неофицијални податоци, во Македонија работат само 13 македонски
пилоти во комерцијалната авијација. Во таа бројка се сметаат и пилотите
кои летаат за македонската Влада и заедно со нивните колеги од
комерцијалната авијација едвај се една третина од вкупниот број
македонски пилоти во патничкиот авионски сообраќај. |
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155330&idg=8&idb=2445&rubrika=Revija - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155330&idg=8&idb=2445&rubrika=Revija
|
Posted By: vardar
Date Posted: 01-Sep-2008 at 07:09
ПОЧНА СО РАБОТА ПРВАТА МАКЕДОНСКА КАРГО АВИОКОМПАНИЈА
Александар Велики ќе стане регионален карго центар?
Првата македонска карго авиокомпанија, вчера, и официјално почна со работа откако на скопскиот аеродром слета авионот "боинг 747-200" со кој се превезуваше стока. Иако мешовитата фирмата е формирана уште на 21 април, годинава, таа дури вчера почна со работа. Според претставници на фирмата, почетокот на работата се одложил поради парламентарните избори во земјава.
Фирмата "Star airlines", која ќе го обавува карго авионскиот превоз во земјава е во мешана сопственост, со македонски и со турски капитал. Во македонската сопственост се 51 отсто од компанијата, а остатокот во турска, како што предвидува македонската регулатива. Управител на фирмата е Турчинот Кани Куртулус, заедно со уште еден Турчин и еден претставник од Саудиска Арабија. Во тек е процедурата за регистрација на авионот "боинг 747 -200", а од компанијата се надеваат дека најдоцна за еден месец постапката ќе заврши. Претседателот на "Star airlines", односно на турскиот капитал во компанијата, истовремено е и управител на турската карго компанија Орекс за вршење превоз на стоки од блискиот и средниот исток за потребите на овој дел од Европа.
Минатата година имаше неуспешен обид за влез на бугарскиот карго превозник Вега, кој покрај скопскиот бараше да превезува стоки и кон охридскиот аеродром.
Аеродромот Александар Велики има големи потенцијали за да стане регионален карго центар што би ги покривал Косово, Црна Гора, Албанија и северна Грција. Во земјава досега не постоеше домашна карго авио компанија. Пред 13 години овој превоз го вршеше словенечката Адрија Ервејз и македонската Авиоимпекс.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=25E94E1B08D84F48BED6DB13D2FD30E6 - Vecer
|
|
Posted By: vardar
Date Posted: 01-Sep-2008 at 07:18
Еве и една фотка од "новиот" 737-500
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Sep-2008 at 13:39
@ двата претходни поста
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Sep-2008 at 13:42
Еве уште една објава со пар дополнителни детали
Турците носат џамбо во македонската флота
Вчера на Скопскиот аеродром "Александар Велики" слета џамбоџет "боинг
747" во карго верзија. Авионот, наводно, е сопственост на нова
македонска карго компанија. Таа е поврзана со турската карго
компанијата "Орекс".
Според Интернет страницата на турската компанија, џамбоџетот од
октомври годинава ќе лета меѓу Кина и Европа. Домашна база ќе му биде
Скопскиот аеродром.
Боингот со носивост од 100 тони носи американска регистарска ознака.
Компанијата веќе поднела барање до Агенцијата за цивилно
воздухопловство "боингот" да биде впишан во македонскиот регистар на
воздухоплови.
Авионот е произведен во 1982 година. Досега летал за американските карго компании "Трјд виндс" и "Полар".
"Трејд виндс" и "Полар".
"Боинг 747" е ретка слика на скопскиот аеродром затоа што се користи за
интерконтинентални летови и затоа што патничката верзија собира над 400
патници. Џамбоџетови во Македонија најмногу можеа да се видат за време
на бегалската криза во Косово 1999 година. Поради кусата писта авионот
кога е целосно натоварен, од Скопје полетува со полупразен резервоар,
па мора да слета некаде во Европа за да може да продолжи прекуокеански
лет. За слетување нема проблеми. Еден во условите во тендерот за
концесија на македонските аеродроми е продолжување на пистата на
скопскиот аеродром за 400 метри. |
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156373&idg=8&idb=2463&rubrika=Makedonija
|
Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 01-Sep-2008 at 14:58
Е ова ме радува,се надевам дека компанијата ќе ја зголеми својата флота,па и ќе привлече други карго копмании да го користат скопскиот аеродром како своја база
|
Posted By: mitatos
Date Posted: 01-Sep-2008 at 15:30
Da bideme optimisti i da se nadevame ) , mada ja ne veruvam mnogu vo vakvi ostvaruvanja no za 2-3 godini mozda ke ima uspeh , dur se renovira nasiot arodrom
------------- "Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Sep-2008 at 20:33
Еве го дотичниот џамбо џет
|
Posted By: mitatos
Date Posted: 03-Sep-2008 at 20:39
woow огромен бил хехе
------------- "Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
Posted By: vardar
Date Posted: 04-Sep-2008 at 09:44
Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Oct-2008 at 12:28
“Стар еарлајнс“ прва македонска карго авиокомпанија
Агенцијата
за цивилно воздухопловство на 26 септември и издаде уверение за работа
за врШење на јавен воздуШен превоз на авиокомпанијата “Стар еарлајнс“.
Дозволата е издадена согласно поднесеното барање на авиокомпанијата од
15 мај годинава, за врШење карго авиопревоз.
“По изврШените оперативни проверки и увидот во доставената
документација, а врз основа на меЃународните стандарди, законските и
подзаконските акти за цивилно воздухопловство, одобрено и е на “Стар
еарлајнс“ да оперира како прва македонска карго авиокомпанија.
Компанијата во својата флота располага со Боинг 747-200 (џамбо џет)“,
објаснуваат од Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Според АЦВ, влезот на “Стар еарлајнс“ на македонскиот авио пазар,
преставува јасен сигнал дека Македонија, станува дел од мапата на
примамливи дестинации за влез на странски инвестиции и во сверата на
авиосообраЌајот. |
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=41043&kategorija=2
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-Oct-2008 at 16:49
малку офтопик: нема врска со македонскиот авио сообраќај но има врска со македонија:
ете постоела авиокомпанија под името meta aviotransport macedonia со хаб аеродромот внуково во москва. на моторите го има старото знаме со ѕвездата од вергина, а дури има и авион што се вика охрид.
еве слика, а повеќе на http://www.airliners.net/search/photo.search?airlinesearch=Meta%20Aviotransport%20Macedonia%20%28Vnukovo%20Airlines%29&distinct_entry=true - http://www.airliners.net/search/photo.search?airlinesearch=Meta%20Aviotransport%20Macedonia%20%28Vnukovo%20Airlines%29&distinct_entry=true
интересно во секој случај... лета до виена па и нè рекламира
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Oct-2008 at 19:25
Авионскиот патнички и товарен сообраќај ни е слабо развиен. Не сме поврзани со директни линии од Скопје кон центрите Брисел, Париз, Москва, Лондон. Она што го превезуваме се претежно наши иселеници, и тоа на крајни дестинации кои во Европа се сметаат за споредни. Затоа ретко може да се оствари брз трансфер до некоја подалечна дестинација, а понекогаш за тоа е потребно и преседнување на 3 аеродроми. Остваруваме малку чартер-летови и тие се претежно за превезување на наши туристи, а оние странските ги нема. Ова е поразително пак за охридскиот аеродром.
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Oct-2008 at 19:35
Не дека не е зборувамо до сега за ова во нишкава но клучни се спрема мене 2 критериуми.
1. безвизен режим кој сигурно ќе направи сериозено придвижување во оваа сфера 2. нискотарифните оператори чие присуство на пазарот е пак во голема мера поврзано со точка бр. 1. Доколку навистина во 2009 се избориме за безвизен режим мислам дека амбициозните проекциина ТАВ ќе почнат полека да се реализираат.
|
Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Oct-2008 at 19:47
Во право си, но за странските туристи веќе е лесно да дојдат во Македонија, нели нашава влада се одлучи за безвизен режим кон земјите на ЕУ, односно влегување само со лични карти. Што се однесува до втората точка, и да дојдат кај нас ваквите компании картите ќе наплаќаат по дупло поголема цена од онаа за полетување од аеродромот во Пловдив, на пример! Не се сеќавам, кога последен пат беше отворено претставништво на странска авионска компанија, наместо тоа Бритиш ервејс и Аерофлот имаа канцеларии во Скопје, но ги затворија.
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Oct-2008 at 20:18
Originally posted by BOJAN
Во право си, но за странските туристи веќе е лесно да дојдат во Македонија, нели нашава влада се одлучи за безвизен режим кон земјите на ЕУ, односно влегување само со лични карти. Што се однесува до втората точка, и да дојдат кај нас ваквите компании картите ќе наплаќаат по дупло поголема цена од онаа за полетување од аеродромот во Пловдив, на пример! Не се сеќавам, кога последен пат беше отворено претставништво на странска авионска компанија, наместо тоа Бритиш ервејс и Аерофлот имаа канцеларии во Скопје, но ги затворија.
|
па не е баш така, за странците е и те како битна ефтин транспорт. Зошто би плаќале 100ци евра да летаат до Охрид кога за 20-30ЕУР можат да идат на Мајорка? Значи странците доаѓаат под точка 3 која е поврзана со точка 2
|
Posted By: beTon
Date Posted: 12-Oct-2008 at 20:21
Originally posted by гитардемон
малку офтопик: нема врска со македонскиот авио сообраќај но има врска со македонија:
ете постоела авиокомпанија под името meta aviotransport macedonia со хаб аеродромот внуково во москва. на моторите го има старото знаме со ѕвездата од вергина, а дури има и авион што се вика охрид. |
оваа компанија мислам беше регистрирана од македонец од германија http://www.airlinehistory.co.uk/Europe/Macedonia/Airlines.asp - META (Meta AviaTransport Macedonia) , http://www.icpcredit.com/ReportRequest.asp?sCompanyID=180369 - ulica Goce Delcev 6 , но само кратко опстоја
http://archives.vmacedonia.com/8877.htm - A isto propadna i MAM (Meta Airline Macedonia) tie imaa bugarski mislam prvo Tu-147 a posle na kredit Tu ama ne sum siguren. |
|
Posted By: anDarko
Date Posted: 12-Oct-2008 at 20:52
здраво на сите! мислев дека само јас сум забеган по тоа да следам се што се случува во македонскиот авио соообраќај, да се радувам, но и да мрчам околу се тоа што се гради во земјата, состојбите во сообраќајот, инфраструктурата итн итн. така да ептен ми е мило што налетав на форумов и што видов дека не има многу.
околу авио-сообраќајот: најдоброто решение за помрднување од сегашната агонија е само доколку ЈПАУ, сега под концесија на ТАВ, започнат активно да работат на профилирање на двата постоечки аеродроми како регионални авио-пристаништа. За скопскиот аеродром да стане интересен за потенцијалните патници од Kосово, јужна Србија, па и пошироко треба да се работи на промоција на аеродромот кај локалните туроператори во тие земји. Уште побитно, неопхoдно е да се отворат редовни автобуски линии од поголемите градови на Косово и Јужна Србија до скопскиот аеродром кои ќе бидат врзани со тајминзите на полетување/слетување. Ваков успешен пристап со години има Аеродромот во Франкфурт кој има редовни автобуски линии од повеќе градови во Германија, како и Франција (Стразбур) кои носат илјадници патници на овој аеродром. Повеќе инфо на http://www.lufthansa-airportbus.com - http://www.lufthansa-airportbus.com
Охридскиот аеродром треба да се развива не само како алтернативен на скопскиот во случај на магла и за повремени чартер летови во време на туристичката сезона. Треба да се работи на привлекување на патници од југо-источна и источна Албанија како и од северо-западна Грција.
За идниот аеродором во Штип не гледам никаква опција за развој како регионален аеродром. Таква шанса постоеше доколку аеродромот се градеше во Струмица кој можеше да претендира на патниците од југо-западна Бугарија (Пиринска Македонија) и регионот на Кукуш и Драма во Грција - и во двата региони не постојат меѓународни аеродроми.
Добар урнек за развој на пограничен аеродром како регионален е аеродромот во Батуми во Грузија ( http://en.wikipedia.org/wiki/Batumi_Airport - http://en.wikipedia.org/wiki/Batumi_Airport ), кој исто под концесија го менаџира турски ТАВ. Благодарејки на одлуката на грузиската и турската влада за воспоставување на слободен мало-граничен појас, Батуми прерасна во де-факто главен аеродром на северо-источна Турција. Со неодамнешната одлука да се овозможи влез во Македонија на сите државјани на земјите членки на ЕУ само со лична карта и со укунувањето на визите за влез во Македонија за државјаните на Албанија, се отвараат големи перспективи за охридскиот аеродром да привлече low-cost компании како Ryanair, Easyjet, Wizzair, и сл., кои од Охрид би го покривале македонскиот, јужно-албанскиот и северо-западниот пазар на Грција. Но, треба активно да се работи на промоција на овие потенцијали и да се овозможат редовни автобуски врски и соработка со стабилни туроператори од сите соседни земји, но и во Македонија.
Поздрав!
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Oct-2008 at 21:04
анДарко добредојде на форумов! Ретко добиваме нов член кој уште од првиот пост остава впечаток на сериозна личност кој има аргументиран и издржан став околу прашањата што ги третира. Се надевам ќе споделиш доста материјали и ставови околу оваа тема, а се надевам ќе те има и низ другите теми. Поздрав!!!
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Oct-2008 at 21:35
anDarko добредојде и од мене Не си единствен што си мислел дека само ти забеган по вакви теми, повеќето активни членови на форумов го имаат кажано истото
Инаку во твојот пост си направил одлична кратка анализа на состојбата, немам што да додадам освен дека доцниме и требаше да размислуваме на тие теми многу порано. Да бевме посериозни на времето, извесно е дека Скопје сега ќе беше значаен регионален центар. Но подобро и во иднина отколку никогаш. TAV секако влева надеж.
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Oct-2008 at 22:28
Дарко добредојде на форумот
особено ми се допаѓа што Охридскиот и хипотетичкиот Струмички аеродром ги гледаш како регионални. Барем на Охридскиот дефинитивно така му ја гледам иднината а не како некое туристичко аеродромче.
|
Posted By: vardar
Date Posted: 22-Oct-2008 at 11:59
ОБЕМ НА СООБРАЌАЈ ЗА СЕПТЕМВРИ 2008 АЕРОДРОМ “АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ” - СКОПЈЕ 5 Октомври 2008 година
Во текот на месец СЕПТЕМВРИ беа превезени вкупно 59 457 патници, со зголемување од 2.8% во споредба со истиот месец минатата година, а кумулативно за периодот јануари-септември 6.7%. По динамичниот раст во 2007 (+15.5%) и во првата половина на 2008, се забележува поумерено зголемување на патничкиот сообраќај.
Вкупниот број на операции на воздухоплови, со 1159 реализирани операции во септември. Комерцијалната авијација (редовните, чартер и карго линиите) има пораст од 2.3% во споредба со минатата година и засега не се очекува намалување на бројот на фреквенции. Кумулативно за периодот јануари-септември вкупниот број на операции на воздухоплови е зголемен за 3.2%.
Кај патничкиот сообраќај по дестинации на редовните линии нема промени во редоследот, односно и понатаму најфреквентни се Виена и Цирих, најголем пораст има кај Љубљана, Истанбул, Будимпешта и Загреб, а намалување во однос на претходната година има кај Цирих, Белград и германските дестинации Дизелдорф и Хамбург/Берлин. На директните чартер летови за туристичките дестинации во Турција, Египет, Шпанија, Тунис и Сицилија во периодот јуни-септември беа превезени 29 112 патници односно 62.1% повеќе од лани, а нивното учество во вкупниот број на патници во истиот период е 10.2
Обемот на авионско карго во текот на септември изнесува 185.17 тони со зголемување од 3.8% во споредба со истиот месец минатата година. Бидејќи во септември немаше камионски сервис (врз база на Air Waybill) вкупниот обем на карго во септември има намалување од -8.4% во однос на истиот месец лани, а кумулативно за периодот јануари-септември има зголемување од 27%.
http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=444&id=129 - Аеродроми
|
СО ЗИМСКИОТ РЕД НА ЛЕТАЊЕ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ
Српски ЈАТ ги удвои дневните летови
Домашниот авиопревозник МАТ доби вкупно 30 летови неделно на релациите кон Рим, Дизелдорф, Хамбург, Берлин, Цирих, Виена и Истанбул
Во претстојната зимска сезона ќе има зголемување на воздушниот сообраќај на скопскиот аеродром Александар Велики. Споредено со Зимскиот ред на летање 2007/2008 година, најмногу нови летови оваа зима, дури шест, Агенцијата за цивилна воздушна пловидба и одобри на авиокомпанијата Јат ервејз, која покрај редовните седум лета од Белград до Скопје доби уште по еден лет од понеделник до сабота. Словенечката Адрија ервејз покрај редовните седум лета од Љубљана до Скопје во предпладневните часови, доби уште толку за попладне или вкупно четири нови летови.
Со ист број на летови и оваа сезона ќе сообраќаат унгарски Малев (девет лета), Кроација ерлајнс (седум лета), Булгариа ер (три лета) и Аустријан ерлајнс (седум лета). На босанската авиокомпанија БХ ерлајнс, за разлика од претходната зимска сезона и е одобрен уште еден лет и ќе има вкупно три (понеделник, среда и петок). Еден лет и тоа во сабота и оваа сезона и е одобрен на нискотарифната Герман вингс, која ќе сообраќа на релација Келн-Скопје, а за прв пат од Дизелдорф до Скопје ќе лета компанијата Германиа Флугеселшафт, која ќе сообраќа само во саботите почнувајќи од 1 ноември. Еден лет повеќе и е одобрен и на чешката Чех ерлајнс и на турската Туркиш ерлајнс. Хелветик ервејз која во саботите лета од Цирих до Охрид, за оваа сезона доби и два лета до Скопје (петок и недела).
Оваа сезона карго компанијата АБЦ Ер Хунгари ќе има по два дневни лета од понеделник до петок на релација Софија-Скопје-Тирана. Домашниот авиопревозник МАТ доби вкупно 30 летови неделно на релациите кон Рим, Дизелдорф, Хамбург, Берлин, Цирих, Виена и Истанбул. По еден секојдневен лет МАТ ќе има кон Цирих, а кон овој швајцарски град ќе лета и од охридскиот аеродром. Од Свети Апостол Павле, оваа авиокомпанија ќе лета и кон Виена во петок и недела. Зимскиот ред на летање важи од 26 октомври 2008 година до 28 март 2009 година.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=CD4BF418CD5F2F49A24CFC65A5D1E67E - Вечер
|
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Oct-2008 at 13:10
Растот е се попатетичен и попатетичен . Вака не праиме ништо, едвај чекам да ги скинат тие проклети визи па да видиме каков ефект ќе има тоа на целиов авиосообраќај
|
Posted By: vardar
Date Posted: 28-Oct-2008 at 00:48
Еве што очекуваат од мат
МАТ
Повеќе патници со укинување на визите
Најавеното укинување на визниот режим за македонските граѓани од страна на Европската унија ќе го зголеми обемот на работа на МАТ за 35 до 40 проценти. Од МАТ очекуваат дека ќе се зголеми авиосообраќајот откако турски ТАВ ќе ги модернизира аеродромите во Скопје и Охрид и со нив ќе стопанисува во наредните 20 години за што на државата ќе и плаќа годишен концесиски надоместок.
Раководството на МАТ очекува подобрување на состојбите во авиосообраќајот и со реализирање на најавата од власта за скоро носење на нов закон за воздухопловство, со кој ќе се унифицира регулативата на Македонија со она ЕУ и нема да се работи по стариот закон што во најголем дел е од времето на поранешна Југославија.
Компанијата во претстојниот период очекува зголемување на соработката со повеќе авиокомпании како придобивка од неодамна добиениот меѓународно признат сертификат за безбедност и организација IOSA, со кој за неколку дена ќе биде ставен во регистерот на Меѓународната воздухопловна асоцијација IATA.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D3DBE85F45AEB649A07476F436E150BD - vecer
|
Eве ги податоците за првата половина од 08
[04/08/2008]: MAT increased passenger figures in the first half of year 2008.
In its continuous strive to meet customer demand on operations and passenger service, MAT has increased passenger figures by +3 percentage points in the first half of year 2008.
Compared to the first half of year 2007(91.314 passengers), the airline carried 95.382 passengers, which translates into a gain of 3 per cent over the same period in previous year.
The average seat load factor (SLF) increased significantly to 73.5%, compared to 65% in the first half of 2007 (+8.5 percentage points), on the 1281 flights performed.
Key figures for MAT services in first half of 2008
|
2007 |
2008 |
Difference |
Passenger caried |
91 314 |
95 314 |
+3% |
Seat load factor (SLF) |
65% |
73.5% |
+8.5% |
http://www.mat.com.mk/company/news.asp?id=10 - MAT
|
И 3 фотки од боингот
|
Posted By: anDarko
Date Posted: 29-Oct-2008 at 16:23
MAT e bruka od kompanija. Sramota e da se nositeli na privilegiite koi proizleguvaat od toa shto se nacionalen avio-prevoznik a i po desetina godini postoenje ostanaa kompanija so edvaj dva sopstveni avioni, a i tie ne e bas jasno kolku navistina se vo nivna sopstvenost bidejki i dvata se na lizing i koj znae dali nekogas kje gi isplatat (ili predvreme kje gi vratat ili kje im gi odzemat, kako mnogu pati do sega).
Za starosnata struktura na avionite im da ne zboruvame - letovo se ''podnovija'' so Boeing 737-500 proizveden 1991 (ovoj model na avioni ne se proizveduva skoro vekje deset godini), a kupen na staro od bankrotiranata juzno-africka avio kompanija Nationwide...koj znae kolku i tie dobro prethodno go odrzuvale.
Ne mi e jasno kako MAT e postojano vo kriza i ne e vo moznost da gi servisira dolgovite kon aerodromite kon koi leta koga site linii sekogas im se prepolni, a voedno odbivaat da vovedat profitabilna linija kako Skopje - Frankfurt (koja na vremeto koga ja operirase skandaloznata germansko-kosovarska kompanija Cirrus Airlines bese sekogas prepoln patnici so destinacija Germanija ili za vrzani letovi za Amerika).
Eh, koga kje sporedam samo kakva kompanija bese na vremeto Palair Macedonian, so svoi novi avioni nabaveni direktno od proizvoditelot, prepoznatliv imidz, sopstvena mreza za prodazba na bileti (a ne kako MAT cii bileti niz Evropa gi prodavaat somnitelni kosovski agencii)...Palair imase i svoj in-flight magazin...
|
Posted By: beTon
Date Posted: 29-Oct-2008 at 16:44
добро сега со ова http://www.jat.com/system/sr-cyrillic/home/newsplus/viewsingle/_params/newsplus_news_id/12628.html - IOSA лиценцата направија добар чекор напред и најверојатно и некако и ќе искористат нешто од истата, незнам колку знаеш кој стои зад МАТ но уште од почетокот меѓу себе се местат и јадат компаниите. Палер со Вања Битољану на чело растури се пред себе дали заради влашкото потекло или системот на врзани садови незнам. но она фокер 100ката го заглави, а евентуалното рестартирање го изјалови со подршката на ДА на Циле кога и Вања беше директор на јавното аеродромско претпријатие. и Авиоимпекс во ’90тите ветуваа но и ним им се случи истото сценарио...
- http://en.wikipedia.org/wiki/Palair - Palair Macedonian wiki ('91-'96) [ http://www.airliners.net/search/photo.search?airlinesearch=Palair%20Macedonian&distinct_entry=true - 1 ]
- http://en.wikipedia.org/wiki/Avioimpex - Avioimpex wiki ('92-02) [ http://www.airliners.net/search/photo.search?airlinesearch=Avioimpex&distinct_entry=true - 1 ]
- http://en.wikipedia.org/wiki/MAT_Macedonian_Airlines - MAT (Macedonian Air Transport) wiki ('94-) [ http://www.airliners.net/search/photo.search?airlinesearch=MAT%20-%20Macedonian%20Airlines&distinct_entry=true - 1 ] http://en.wikipedia.org/wiki/Palair -
|
Posted By: anDarko
Date Posted: 29-Oct-2008 at 17:07
еве им причина да мислат да воведат линија Скопје - Москва (инаку во 1990те Аерофлот одржуваше директна линија на оваа релација, дури имаа и свое претставништво во Скопје). А и конечно да се порадуваме дека една значајна земја укинува визи за МК http://en.rian.ru/russia/20081027/117974047.html%20 - http://en.rian.ru/russia/20081027/117974047.html
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Nov-2008 at 00:27
МАТ ќе лета според европски правила
Договорот
на авиокомпанијата МАТ за национален и редовен авиопревозник ќе биде
променет. Како што дознава ВЕЧЕР, работни групи од МАТ и од
Министерството за транспорт ќе работат на усогласување на договорот со
европското законодавство. Целата постапка е на почетокот и вчера
попладне требаше да се одржи првиот состанок.
Европската унија и остави на Македонија да реши дали ќе го раскине
договорот со МАТ или ќе го усогласи со европските закони. Македонија е
ставена во незавидна позиција поради правото што го има МАТ како
национален авиопревозник да го одобрува редот на летање на странска
авиокомпанија. Како што е познато, анексот на Договорот за редовен
авиопревозник, пак, ги упатува другите домашни авиокомпании што ќе се
формираат, за чартер летовите да се договараат и да добијат согласност
од МАТ.
МАТ стана редовен авиопревозник во јуни 2000 година и неговата
важност е 10 години. Договорот го потпиша тогашниот министер за
транспорт, Боби Спирковски еден ден пред да биде реконструиран, а
неговиот наследник, Љупчо Балковски го потврди една година подоцна.
Потоа беа вршени континуирани притисоци и постојано се покренуваше
прашањето за раскинување на овој договор. Притисоците особено се
засилија за време на коалицирањето на СДСМ со ДУИ и кога албанскиот
блок во таа влада го контролираше авиосообраќајот во земјава.
Редефинирањето на договорот, пак, е обврска на Македонија која мора
да ја исполни по потпишувањето на мултилатералната Спогодба за основање
на заедничка европска водухопловна област во Луксембург. Тогаш првите
луѓе на МАТ коментираа дека државата ја потпишала мултилатералната
спогодба за отворено небо со Европската унија под многу неповолни
услови, не водејќи притоа сметка ниту за интересите на домашниот
превозник, ниту за своите.
МАТ ќе добие уште еден боинг
МАТ во својата
флота деновиве ќе го има и вториот авион од типот Боинг 737-500.
Леталото е со капацитет од четири тони за багаж и карго товар. Со
новите два воздухоплови, МАТ ќе одговори да барањата на патниците и во
план е да оперира на нови дестинации.
http://vecer.com.mk/?ItemID=22AD6DF6B06C284CB798C82E63E7FEB6 |
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Nov-2008 at 01:28
еве само за евиденција како сега изгледа авионот на стар ерлајнс. од вториот џамбо уште абер нема. го украдив од форумот авијација, ама не е ни нивна па така само идејата ја украдив. иначе мислам малце ја згрешиле бојата на опашката ама нема врска добра слика во секој случај
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: Plugger
Date Posted: 13-Nov-2008 at 16:37
Super so Grcko zname pozadi
Sea moze da zaboravat da letaat so ovoj avion vo Grcija.
Nego slusnav deka imalo nekoja Germanska Kompanija German Wings sakale da napravat direkten let od Keln do Skopje tie sto se eftinite avio kompanii koj letaat niz cela evropa za eftina cena. Imaat veke od Keln do Sofija pa neka gi skinat vizite ke bide super i preku Bugarija da se ide za 30 evra karta zosto da ne, posle toa od Keln mozhe niz cela evropa da se leta.
http://www.germanwings.com/index.en.shtml?gwcref=http://www.google.com.au/search?q=german+wings&sourceid=navclient-ff&ie=UTF-8&rlz=1B3GGGL_enAU276AU276 - http://www.germanwings.com/index.en.shtml?gwcref=http://www.google.com.au/search?q=german+wings&sourceid=navclient-ff&ie=UTF-8&rlz=1B3GGGL_enAU276AU276
http://en.wikipedia.org/wiki/Germanwings - http://en.wikipedia.org/wiki/Germanwings
|
Posted By: mitatos
Date Posted: 13-Nov-2008 at 20:36
Da se nadevame deka ke gi trgnat vizite posle nova godina, pa posle ke ima avio-bum
------------- "Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
Posted By: bobmkd
Date Posted: 14-Nov-2008 at 02:33
Originally posted by Plugger
Super so Grcko zname pozadi
Sea moze da zaboravat da letaat so ovoj avion vo Grcija.
Nego slusnav deka imalo nekoja Germanska Kompanija German Wings sakale da napravat direkten let od Keln do Skopje tie sto se eftinite avio kompanii koj letaat niz cela evropa za eftina cena. Imaat veke od Keln do Sofija pa neka gi skinat vizite ke bide super i preku Bugarija da se ide za 30 evra karta zosto da ne, posle toa od Keln mozhe niz cela evropa da se leta.
http://www.germanwings.com/index.en.shtml?gwcref=http://www.google.com.au/search?q=german+wings&sourceid=navclient-ff&ie=UTF-8&rlz=1B3GGGL_enAU276AU276 - http://www.germanwings.com/index.en.shtml?gwcref=http://www.google.com.au/search?q=german+wings&sourceid=navclient-ff&ie=UTF-8&rlz=1B3GGGL_enAU276AU276
http://en.wikipedia.org/wiki/Germanwings - http://en.wikipedia.org/wiki/Germanwings
|
germanwings leta veke köln-skopje sekoja sabota skoro poveke od godina.. imam letano so niv 2 pati, najeftino e okolu 120 eur povraten ticket, ako se bukira porano i ne e vo spic period(bozik, leten raspust itn) inaku vo leten period ima i dodatna linija köln-ohrid
|
Posted By: anDarko
Date Posted: 19-Nov-2008 at 11:55
уште една фотка од новата македонска карго компанија, повторно сликано на аеродромот во Хонг Конг
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Nov-2008 at 11:57
а еве од сајтот на Аеродромот Скопје кратка вест објавена на 14 Ноември
НОВА МАКЕДОНСКА КАРГО АВИОКОМПАНИЈА 14 Ноември 2008 година Новата
македонска карго авиокомпанија почна со работа откако на скопскиот
аеродром слета авионот џамбоџет "боинг 747-200 F" со кој ќе се
превезува стока.
Авиопревозникот "Star airlines", која ќе го извршува карго
авионскиот превоз во земјава е во мешана сопственост, со македонски и
со турски капитал. Во македонската сопственост се 51 отсто од
компанијата, а остатокот во турска, како што предвидува македонската
регулатива. Управител на фирмата е Кани Куртулуш, заедно со уште еден
турски државјанин и еден претставник од Саудиска Арабија. Воздухопловот
е запишан во македонскиот регистар со регистрација Z3CAA.
Претседателот на "Star airlines", односно на турскиот капитал во
компанијата, истовремено е и управител на турската карго компанија
Орекс за вршење превоз на стоки од блискиот и средниот исток за
потребите на овој дел од Европа.
Аеродромот Александар Велики има големи потенцијали за да стане
регионален карго центар што би ги покривал Косово, Црна Гора, Албанија.
Star airlines Карго авиокомпанијата планира во својата флота да вклучи
уште еден џамбоџет и од скопскиот аеродром да направи најголем карго
центар на Балканот.
http://www.staraircargo.com/ - www.staraircargo.com
|
http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=444&id=137
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Nov-2008 at 14:49
so edna kargo kompanija so dva avioni najgolem centar na balkanot? (zavisi koj rachunaat za balkan) dodusha ne me ni cudi ne deka drugo mesto ima povekje ama pak malku e ova. a neli bugarija ja imashe airlift service?
i ustvari sho se desi so to, ne dobija pravo da imaat makedonski registracii?
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: kire85
Date Posted: 22-Nov-2008 at 20:06
Originally posted by Plugger
Super so Grcko zname pozadi
Sea moze da zaboravat da letaat so ovoj avion vo Grcija.
Nego slusnav deka imalo nekoja Germanska Kompanija German Wings sakale da napravat direkten let od Keln do Skopje tie sto se eftinite avio kompanii koj letaat niz cela evropa za eftina cena. Imaat veke od Keln do Sofija pa neka gi skinat vizite ke bide super i preku Bugarija da se ide za 30 evra karta zosto da ne, posle toa od Keln mozhe niz cela evropa da se leta.
http://www.germanwings.com/index.en.shtml?gwcref=http://www.google.com.au/search?q=german+wings&sourceid=navclient-ff&ie=UTF-8&rlz=1B3GGGL_enAU276AU276 - http://www.germanwings.com/index.en.shtml?gwcref=http://www.google.com.au/search?q=german+wings&sourceid=navclient-ff&ie=UTF-8&rlz=1B3GGGL_enAU276AU276
http://en.wikipedia.org/wiki/Germanwings - http://en.wikipedia.org/wiki/Germanwings
|
Keln - Skopje e vekje vovedena, od pred edna ili 2 godini ne sum siguren, ima i linija keln - ohrid, ama sega za sega e samo sezonski odnosno vo period od maj do septemvri....
|
Posted By: vardar
Date Posted: 01-Dec-2008 at 08:13
Македонија членка во европските Здружени воздухопловни власти
Македонија во наредната недела ќе се стекне со полноправно членство во Здружените воздухопловни власти (ЈАА) на Европската унија, најави денеска заменик-министерот за транспорт Љупчо Димов, на седницата на собраниската Комисија за транспорт и врски, на која беше анализиран Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за членство во ЕУ.
Според Димов, полноправното членство ќе биде доделено на седницата на Бордот на директори на ЈАА, што ќе се одржи на 3 декември во Париз.
- Со тоа македонската Агенција за цивилно воздухопловство и официјално ќе стане членка на ЈАА, а Македонија ќе исполни една од најважните обврски од Протоколот 5 од мултилатералната Спогодба за основање на европската заедничка воздухопловна област - рече Димов.Според него, со ова Македонија преку воздухопловството практично ќе членува во Европската Унија.
|
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0054780EA7092B409C243DA1BDAAF4AA - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0054780EA7092B409C243DA1BDAAF4AA
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Dec-2008 at 12:54
ПОРАДИ ГОЛЕМ ДОЛГ НА МАКЕДОНСКИОТ АВИОПРЕВОЗНИК
МАТ забранет во Германија
Во
МАТ објаснуваат дека станува збор за стар долг кон европските
воздухопловни власти - Еуроконтрол, направен во годините на кризата
1999 и 2001, за кој било договорено да се реши со асистенција на
државата
Македонскиот авиопревозник МАТ не смее да слета ниту да ја прелета
Германија, зашто ќе му биде запленет воздухопловот. Во саботата
патниците кои со МАТ од Скопје летале за Диселдорф, наместо во
Германија, слетале во Мастрихт, Холандија. Од таму со автобус биле
префрлени во Диселдорф. Вчерашниот редовен лет за Диселдорф беше
откажан. Откажан е и летот за Хамбург, преку Берлин, в петок.
Аксел Рааб, раководител за односи со јавност на ДФС -Германската контрола на летање, ни изјави:
"Потврдувам дека на МАТ во моментов не му се дозволува влез во
германскиот воздушен простор поради значителен долг кон Германската
контрола на летање. Жалам, но не можам да ви го кажам точниот износ на
долгот".
Во МАТ објаснуваат дека проблемот е стар.
"Се работи за долг главно по камати. Креиран е во кризните години 1999
и 2001. Еуроконтрол и МАТ, заедно со претставници на државата од
претходните влади бараа решение, но за жал, без завршница. Сега
Еуроконтрол бара целиот износ да се плати одеднаш, што коинцидира со
големата економска криза во светот. Тоа на МАТ не му оди во прилог. Во
октомври и ноември за 35 отсто е помал бројот на патници. МАТ поведе
постапка пред Берлинскиот суд во која побаравме рационален план за
репрограмирања на обврските, како што добиваат бројни компании во
светот. Единствен реален начин за решавање на проблемот е МАТ да
продолжи да лета. Ова го укажавме и во директна комуникација со
Еуроконтрол. МАТ е во постојана, а деновиве и во засилена комуникација
и со Владата. Очекуваме дека наскоро проблемот ќе биде надминат",
изјавија во МАТ.
Износот на долгот и од таму не го кажуваат.
Во Министерството за транспорт и врски вчера официјално изјавија дека
односите меѓу МАТ и Еуроконтрол се односи меѓу приватна компанија и
меѓународна организација и оти Министерството нема директна надлежност
во решавањето на нивните билателарни односи.
Агенцијата за цивилно воздухопловство, пак, се обратила со писмо до
раководството на Еуроконтрол со барање да се направат напори за
олеснување на отплатата на долгот на МАТ поради "турбулентните настани
и услови на Балканот кои траат повеќе од декада, како и поради
светската рецесија".
И во мај летово на Аеродромот во Диселдорф на "канадерот" на МАТ не му беше дозволено да полета, поради истиот долг.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160495&idg=8&idb=2541&rubrika=Makedonija |
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Dec-2008 at 14:57
Авиосообраќајот пречка за развој на бизнисот
mailto:jovanova@kapital.com.mk - Спасијка Јованова До
четири од десетте земји најголеми трговски партнери на Македонија не
постојат директни авионски врски, а до останатите шест најчесто лета
само по една авиокомпанија. Македонските бизнисмени директно од
скопскиот аеродром може да летаат само до 16 европски градови. На сите
други места се принудени да користат неколку летови и се разбира да
платат многу скапи авиобилети. Отсеченоста на Македонија од авиомрежата
во светот во голема мера го отежнува и го поскапува водењето бизнис. Со
години не се направи ништо да се подобрат овие состојби. Сега се
наѕираат првите можности македонското небо да се отвори за повеќе
авиокомпании, а скопскиот аеродром да прерасне во модерно и
функционално воздушно пристаниште доколку турскиот концесионер ТАВ ги
реализира најавените проекти и инвестиции.
Во моментот до,
и од скопскиот аеродром летаат само 12 авиокомпании. Директен лет има
до Белград, Берлин, Будимпешта, Виена, Дизелдорф, Загреб, Истанбул,
Келн, Љубљана, Прага, Рим, Сараево, Софија, Тирана, Хамбург и до Цирих.
Секој ден се лета само до Цирих, Љубљана, Виена и до Белград. Само
еднаш неделено има врска до Берлин, Келн и до Хамбург. Редовниот
авиопревозник МАТ има директен лет само до Рим, Истанбул, Виена и до
Цирих. За разлика од Македонија, во другите земји авиосообраќајот е
далеку повеќе развиен. Од аеродромот во Приштина има редовна авиоврска
до 19 дестинации, од Загреб до 36 дестинации, од Белград до 38, а од
Софија до дури 42 дестинации. Затоа граѓаните од земјава, а посебно
стопанствениците се принудени да ги користат овие аеродроми. Како добра
алтернатива често се користи и аеродромот во Солун затоа што од таму
може да се лета многу поевтино отколку од скопскиот. Постојниот
авиосообраќај во земјава воопшто не ги следи потребите на бизнисот.
Десет најголеми трговски партнери на Македонија се Србија, Германија,
Грција, Русија, Бугарија, Италија, Хрватска, Швајцарија, Полска,
Турција и Кина. Освен до земјите во регионот, со исклучок на Грција, до
другите е многу тешко да се стигне за брзо време. До Полска, на пример,
треба да се лета преку Будимпешта или преку Виена, а цената на повратен
авиобилет достигнува и до 550 евра. До Русија, која е значаен пазар за
многу македонски компании, најчесто се лета преку Белград или Софија.
Цената на еден билет со ЈАТ изнесува околу 400 евра. За српските
бизнисмени директниот лет од Белград до Москва чини 300 евра. За една
авионска карта до Пекинг, ако се лета преку Виена, треба да се платат
1.300 евра. До Брисел може да се лета, на пример, преку Будимпешта по
цена од околу 300 евра. Патниците од Загреб летаат за 150 евра, а од
Виена за 130 евра. Воопшто не се евтини ни билетите за директните
летови.
Според информациите објавени на веб-страните на
авиокомпаниите, повратен авиобилет до Загреб чини од 150 до 220 евра,
до Виена над 200 евра, до Белград 163 евра, до Истанбул од 140 до 225
евра, до Рим 285 евра, а до Љубљана дури 327 евра. Во Белград може да
се купи билет до Милано само за 39 евра, до Рим во еден правец од 50
евра, а до Трст од 30 евра. Од Скопје до Трст повратен билет чини 240
евра. Германската “Германвингс”, која спаѓа меѓу авиокомпаниите што
продаваат евтини билети, повратен лет од Скопје до Келн во моментот го
нуди по 337 евра. Истата компанија нуди промотивна цена од Берлин до
Загреб за 40 евра. Се отвора небото Стопанствениците
секојдневно се соочуваат со проблемот на скапи авиобилети. Тие се
принудени да ги темпираат состаноците со странските бизнис- партнери
според тоа во кој ден ќе можат да летаат. Александар Панов,
директор на компанијата “Макстил”, која има бизнис-врски како со
западноевропскиот така и со пазарот во поранешниот СССР, вели дека
слабата авиоповрзаност на Македонија со европските метрополи многу им
штети.
““Макстил” е присутен секаде во Европа. Кога треба да
патуваме, имаме сериозни проблеми и треба да ја прошетаме половина
Европа за да стигнеме до саканата дестинација. Најчесто патуваме преку
аеродромите во Будимпешта, Виена или во Загреб. Мора да се стори нешто
за да се подобри ваквата ситуација”, истакнува Панов.
Покрај
фирмите од челичната индустрија, со истиот проблем се соочуваат и
текстилците. Тие исто така имаат голема соработка со странските фирми и
пазари. “Деловните патувања ни претставуваат голем проблем поради
слабата директна поврзаност на Македонија со европските метрополи. Тоа
подразбира поголеми трошоци за авиобилети и повеќе загубено време”,
изјави Ристе Брашнаров, сопственик на текстилната фирма “Бритекс”.
Овие
состојби треба да се променат доколку Македонија доследно ги почитува
принципите од мултилатералната спогодба за “отворено небо”, која ќе
стапи на сила во 2010 година, иако е потпишана уште во 2007 година.
Дотогаш треба да се исполнат многу обврски. Една е станувањето
полноправна членка на европската воздухополовна асоцијација ЈАА (*Јоинт
авиатион ауторитѕ), што треба да се случи во наредната недела. Услов за
зачленување е Македонија да го ревидира Договорот за редовен
авиопревозник со МАТ или да преговара со авиокомпанијата за негово
укинување. Оваа постапка е веќе започната.
Од МАТ не сакаат да
коментираат како и што ќе се менува од Договорот и дали тие ќе дозволат
негово предвремено прекинување. Овој Договор, кој обезбедува монополска
позиција на МАТ, важи до 2010 година. Експертите од Европската
комисија, кои во минатиот месец биле во контрола во Македонија, имале
големи забелешки на Договорот бидејќи тој не бил усогласен со
ЕУ-регулативата. Тие препорачале да се избришат зборовите *”онлѕ анд
еџцлусиве” во Договорот, што треба да биде значаен чекор во подобрување
на состојбите со конкуренцијата во авиосообраќајот во земјава.
Познавачите на оваа област сметаат дека државата има многу факти за да
го раскине Договорот со “МАТ” без никакви последици. Според нив,
другите земји даваат дестинации колку што сакаме, ама земјава досега не
барала. Единствениот потег на надлежните во последно време за
зголемување на авиосообраќајот на “Александар Велики” е отворањето на
скопскиот аеродром 24 часа. Тоа било направено затоа што големите
авиокомпании немаат секогаш слободни авиони и за вакви споредни
дестинации бараат да летаат во ноќните часови. Големи очекувања Според
познавачите на авиобизнисот, во наредниот период ќе се случуваат многу
промени во оваа област, чија цел е зголемување на квалитетот и на
конкуренцијата во авиосообраќајот и секако намалување на цените на
авиобилетите. Тие сметаат дека зачленувањето во ЈАА носи големи
бенефити. Другите земји во регионот (Србија, Хрватска, Бугарија) многу
порано станаа членки на ЈАА, која наскоро ќе се трансформира во ЕАСА.
“Македонија
немала институционален капацитет за да стане членка на ЈАА. Уште во
2003 година била дијагностицирана оваа состојба, но не е направена
реформа преку поделба на регулаторот (Агенцијата за цивилно
воздухопловство) и провајдерот (Контролата на летање), што е услов за
зачленување. Сега се прави тоа и се очекува постапката да заврши за два
месеци. Брзо оди целосното прилагодување на ЕУ-регулативата”, вели
Зоран Крстевски, директор на Агенција за цивилно воздухопловство. Други
услови за членство во ЈАА се доволен број едуцирани инспектори, кои
сега се дефицитарни поради партиските вработувања.
Крстевски
се согласува дека во земјава немало концепт за развој на
авиосообраќајот како можност за мултипликативен ефект врз економскиот
развој. “Наместо Македонија да се отвора кон светот за да ги искористи
компаративните предности како регионален центар за транзит од Европа
кон Блискиот Исток и Африка, таа ја губи битката со другите аеродроми.
Немодернизацијата на аеродромите беше пречка за доаѓање на авиокомпании
и за зголемување на авиоврските. Кога имаше шпицеви со рекорден број
патници, парите не беа искористени за развој, туку за нови вработувања.
Умешност е аеродромот да се доведе во загуба. Годинава ќе има добивка
од 2,5 милиони евра. Бизнис-планот во последните две години има
приоритети. Не е дозволено да има побарувања кон авиокомпаниите и
Владата да зема пари од авиобизнисот. Агенцијата сега станува независно
тело и надвор од Министерството за транспорт. Таа сама ќе управува со
средствата. Досега немало волја за тоа”, истакнува Крстевски.
Експертите
укажуваат дека Чикашката конвенција, на која Македонија е потписник,
забранува парите што се слеваат во државната каса од авиобизнисот да се
користат за други цели. Според нив, сите слабости во авиосообраќајот во
Македонија се од субјективна природа и се последица на
непрофесионализам. “Не функционира “отворено небо” и
авиосообраќајот се одвива врз основа на билатерални спогодби со другите
држави. Тие регулираат колку дестинации ќе се отворат помеѓу двете
држави. Германија сакаше да ни даде повеќе точки (Берлин, Дизелдорф,
Франкфурт, Штутгарт) за да ни помогне, а кај нас се согласија со една
до две дестинации. Поради тоа не се отвора простор за конкуренција.
Откако ќе се ревидира Договорот за редовен авиопревозник со “МАТ” и ќе
профункционира “отворено небо”, ќе се отвори простор за натпревар на
повеќе компании, со што ќе се зголеми бројот на авиоврските и ќе се
намалат цените. “Отворено европско небо” значи дека нема лимити,
односно секоја авиокомпанија од земјите-членки на ЕАСА ќе може да лета
каде и колку сака. Но прво мора да се задоволат сите критериуми за
безбедност на земја и на небо. Контролите ќе бидат невидени”,
објаснуваат стручњаците.
Според грубите проценки, за 17 години
во авиобизнисот во земјава е остварен бруто-промет од околу пет
милијарди долари, а од тие пари многу малку се искористени за
подобрување на инфраструктурата, условите и функционирањето на
авиосообраќајот. Познавачите сметаат дека има реални шанси “ТАВ” да го
заживее скопскиот аеродром затоа што веќе нема да се инвловираат
политички субјекти во неговото менаџирање.
“Можеби најдобрата
работа од оваа инвестиција е што ќе се спречи политичкото влијание.
Проценките на “ТАВ” се добри. За 2-3 години сигурно ќе има над еден
милион патници. Сега има околу 680.000 годишно”, велат тие. И
Крстевски очекува многу од “ТАВ”, кој треба да инвестира 200 милиони
евра во скопскиот, охридскиот и во новиот карго-аеродром во Штип. “Ако
се реализира инвестицијата, ќе бидеме чекор пред другите во регионот.
Ќе имаме голем терминал, кој ќе мора да се полни со транзитни патници.
Аеродромот во Скопје е идеално поставен помеѓу Европа и Средниот и
Блискиот Исток. Големите центри во овој дел се гушат и не можат веќе да
се шират. Регулативата дозволува други аеродроми, кои не се грандиозни
и богати со фришопови, да преземат дел од патниците. Така ќе се
привлечат и авиокомпании кои нудат евтини авиобилети”, вели тој.
Концесионерот
на аеродромот ќе треба да ги реши и проблемите со соседните земји за
прелетите на авионите кои преку македонското небо летаат до други
земји. Цената на прелетите кај нас е многу висока и затоа
воздухопловите нe заобиколуваат. Друга причина за тоа е затвореноста на
косовското небо бидејќи Белград не ја делегира надлежноста на
косовските власти. Трета се односите со Грција, која не вложува во
воздушниот простор во Северна Грција.
Но и другите аеродроми во
регионот не чекаат. Белградскиот “Никола Тесла” уште од лани се
подготвува за изградба на голем карго-терминал и на логистички центар
за што се бара стратешки партнер. И загрепскиот се модернизира.
Авиосообраќајот во регионот се развива паралелно со бизнисот, што не е
случај и во Македонија. |
Извор: http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=5&articleId=786 - Тотал
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Dec-2008 at 16:38
Текстов е добра архива на проблемите што го мачат авиотранспортов. Незнам зашто сеуште МАТ се остава да го собира медот, ама ова треба у брзо време да се смени. Ниедна компанија од странство не е будала да влага во Македонија кога имаме потпишано монопол за една наша компанија само затоа што е домашна. Е што се случува со бизнисите ако се инсистира медот да го собира домашна копанија. Ова чисто како реплика на една дискусија од неодмна што се расправавме околу фас дека не треба да се дава шанса на странските компании ако имаме домашна. Еве што се случува ако имаме домашна компанија што држи монопол. Тоа е главниот проблем.
Патетично е сега да ситничариме и да правиме оние стандардни приказни што ни се пласираат по медиумиве, демек "комшииве иделе напред, ние стоиме....". Преку таквото веќе од овие приказни, и сами новинариве констатираат проблеми како овој со косовското небо и слични. Пак крива ќе ни биде ЕУ, а главниот проблем е дома. А овие па МАТ што толку се запнале како слеп за стап па тераат бизнис со патриотизам. Не ли можеа еден авион да го офарбаат клот бел, па да млатат пари и од грција.
|
Posted By: beTon
Date Posted: 09-Dec-2008 at 17:49
лсл најверојатно ова се однесува на мене така, види прво со ФАСовци муабетот е производство, а тука е монопол на одредени дестинации т.е. за оние кои може да ги покрие МАТ квалитетно и рентабилно, значи фаворизирање производство и услужна дејност воопшто не можат да се споредуваат во случајов. на некој начин ова со лиценцата “национален“ делува како монопол, но бидејќи МАТ ниту има сто авиони ниту пак на постојниве е рентабилен, лиценцава повеќе делува како зијан него ќар. единствено има позиција да блокира евентуални влетувања на разни тајфи кои со по некој милион во џеб ќе отворат авио компанија и ќе ја тераат работата со еден авион на една линија т.е. оние линии кои се рентабилни, инаку кој ги спречува компаниите како свис да пуштат линија до друг град кој не го покрива мат и нормално со дампинг цени да бидат конкуренција... ова вака како што е сега лиценцава на мат, со еден штрајк во таква загуба паѓа компанијата што човек треба да има два мозока за да изнајде вистинско решение за покривање на трошоците за дневно изнајмување авион плус одржување ~ 40.000 евра.
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Dec-2008 at 18:40
beTon не беше баш за тебе наменето но гоа веќе се пронајде во мојот риплај, тогаш ок.
Оваа ситуација може апсолутно да се спореди со залагањата што ги изнесовте некои членови овдека дека "ако имаме домашно макар и скапано, тогаш што ќе ни е странско". Ете баш таквата ситуација сега се треска од земја.
Баш тоа ми беше муабетот дека ова со националниот авиопревозник само остава простор за една голема фаворизирана авиокомпанија и чат-пат по некој сателит ако се појави. Буквално ги блокира странските големи компании од влез на широко во македонскиот пазар на услуги. Нема полошо од институционализиран монопол.
|
Posted By: beTon
Date Posted: 09-Dec-2008 at 19:55
абе пак ќе речам да имаше МАТ сто авиони или линии ајде ќе да е муабетот со лиценцата монопол! реципроцитет имаат со постојниве компании, поентата е сеуште не им е доволно атрактивен овој пазар на странците. сега со пресоблекувањето на аеродром за добар процент ќе се зголемат шансите околу атрактивноста за македонското небо, нормално придонес туку би имале брзи возови по К8 и К10, но главен момент е евентуалното влегување на комерцијалниот авио такси превоз со ефтините линии кои во многу случаи се пуштаат исклучиво или за рушење конкуренција или за перење пари, нормално услугата таму е на минимум или и под тоа, незнам дали и колку се осигурани патниците на овие летови, но колку пари толку музика. велиш фаворизирање!?! гледај што вели Спасијка во анализата за тотал, “со четири од десетте земји најголеми трговски партнери на Македонија не постојат директни авионски врски, а до останатите шест најчесто лета само по една авиокомпанија.“ па ако вака се држи монопол незнам што да кажам, како што реков МАТ со лиценцава имаат летови но едвај крпат крај со крај, пилотите ги кешираат на секој шест месеци, а обврски кон странство ги сервисираат кога ќе им стегнат жолт картон!
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Dec-2008 at 20:10
Originally posted by beTon
велиш фаворизирање!?! гледај што вели Спасијка во анализата за тотал, “со четири од десетте земји најголеми трговски партнери на Македонија не постојат директни авионски врски, а до останатите шест најчесто лета само по една авиокомпанија.“ па ако вака се држи монопол незнам што да кажам, како што реков МАТ со лиценцава имаат летови но едвај крпат крај со крај, пилотите ги кешираат на секој шест месеци, а обврски кон странство ги сервисираат кога ќе им стегнат жолт картон! |
Ако МАТ пропадне ќе дојде некој друг што ќе има пари и за пилоти и за сервиси. Неможе да се става во заложништво македонското небо поради една компанија со десетина вработени. Уште па одозгора таа компанија бара ексклузивитет и бара да го празни држвниот буџет за покривање загуби. Епа однак црвена линија. И сега македонците ќе бидат заложници на скупи билети, зашто? За да ја оддржуваат МАТ во живот зашто имала знаме на опашот и пишувало мацецониан. Епа ако некој радикал-десничар е расположен да го трпи тоа, ја не сум.
|
Posted By: beTon
Date Posted: 09-Dec-2008 at 20:22
абе еве трет пат ти повторувам МАТ има само еден нивни авион и два изнајмува и ти упорно ми тврдиш дека тие се способни да држат некаков монопол или да влијаат некој да влезе или не на авио пазарот кај нас инаку што е до знаменосецот види изгледа за тебе навистина само парите постојат на овој свет, демек сите ќе летаат доколку немаме национален превозник, па ај да ја направиме и химната и знамето грчки може ептен ќе течат тука пари , дали тогаш повесело ќе гледаш на работите... инаку цел свет ги има, ние не измисливме топла вода! http://en.wikipedia.org/wiki/Flag_carrier#List_of_national_flag_carriers - en.wikipedia.org/wiki/Flag_carrier#List_of_national_flag_carriers
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Dec-2008 at 20:33
Originally posted by beTon
па ај да ја направиме и химната и знамето грчки може ептен ќе течат тука пари , дали тогаш повесело ќе гледаш на работите...
|
Ја не гледам дека лсл спомна грчка химна и знаме... Како стално ти успева дискусиите да ги изместиш во овие сфери
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Dec-2008 at 23:24
Beton Јас реков дека МАТ го држи монополот кој му е законски загарантиран, но не го ползува докрај зашто е буквално глуп. Ако веќе толку мораме да имаме монопол подобро да го дадеме на луфтханса, арфранс, бритиш. Има миљарда компании што ќе се потепаат за ваква позиција макар и во волку мал пазар како Македонија. Зашто на пример не го дадеме монополот на некоја компании што барата со ефтини тикети.А ние будали, сме го дале монополот на комапнија што неможе да плати пилот. Епа бетон, тогаш компанијата ако сака нека датира од антички времиња ама мора да се научи како се работи. Авиосообраќајот не е ниту музеј ниту археолошко наоѓалиште па "гордо да го вее знамето и носи името". Национална авикомпанија треба да обезбеди ефтини летови на своите граѓани, ане да треба да менувам два лета за 500км и да треба да се крпам со кроација и со адриа за до некоја европска престолнина.
Но да не ги дискутираме овие парадокси на слободната економија. Ајде тогаш поштено да го укинеме монополот и да видиме кој ќе успее на пазарот.
п.с. Бетон да речеме ти си сопственик на авикомпанија и треба да влезеш на пазарот во некоја земја. Еве на пример у комшии, карикирам. И идеш тамо и ти викаат. "Види бетон може да уџеш у нашем тржишту, али да знаж овај други превозник има че бољи позицију јер је национални. Он има че банефиције, а ти нечеш." Дали ти ќе влезеш на пазарот?! Нема?! Епа тоа се дешава со Македонија. Ова е една од сопките.
А што се однесува до грчкото знаме. Епа ако сакаш да превезуваш грци и да млатиш новац, ќе вееш и грчко знаме ако треба. Исто како што ќе вееш и кинеско ако треба и како што ќе вееш и америчко ако треба. А се додека патиш од предрасуди и додека гледаш идеолошки дури и во бизнисот и декодираш завери, се дотогаш нема да видиш ниту денер од бизнис. Што му е тешко на ВИП да мафта макеонско знаме со ракометов за да привлече корисници, што му е тешко на космофон да мафта македонско знаме, што му е тешко на ВЕРО да спроведува кампања за национални македонски производи. Они успеваат зашто газдиде не гледаат пристрастно и иделошки на бизнисите. Значи треба добрата и услугите да ги прилагодиш на населението и да ги пласираш во форма каква што нив им одговара, а не обратно.
|
Posted By: beTon
Date Posted: 10-Dec-2008 at 00:00
види нема компанија во светот која доколку одлучи да влезе во МКД истата да се откаже бидејќи МАТ со три авиони ќе и го стесни пазарот! но ајде нека биде и така како што велиш, наводно МАТ го ремети слободниот пазар, сепак тоа не значи дека утре ќе нема друга компанија како МАТ чии акции можат да бидат во сопственост и на палестинци, а ќе го вее македонското знаме т.е. ќе биде национална компанија, но дури тогаш ќе биде проблем бидејќи еве да претпоставиме дека таа компанија во МКД ќе користи дваесет авиони, што мислиш тогаш монополот ќе биде помал?! вака е најдобро имаме национален превозник кој не држи повеќе од 20% од потенцијалниот пазар и останува простор да влетуваат компании кои ќе отвораат пуштаа нови линии... инаку тој законски загарантиран монопол функционира во секоја држава мислам дека ти пуштив линк во минатиот пост! што е до купувајте македонски производи кампањите, па нормално е бе лсл тука кај нас на таков начин да бркаат муштерии инвеститорите, нема врска гледањето денари со овој муабет, мислиш МАТ ќе биде попрофитабилен ако лета и во грција? види муабетов почна со тоа монополот и знамето, кратко речено мој став е дека и едното и другото немаат никакво влијание ниту за атрактивноста на македонското небо ниту пак за профитабилноста на МАТ! исто ако гледаш на работите толку едноставно и цел проблем го лоцираш кај МАТ, ај кажи зошто кога не постоеше таква лиценца немаше навала од авио компании, пак беше истиот муабет само што меѓу себе се бркаа неколку МКД компании! мислам дека сите констатиравме дека само влегувањето на ТАВ по аеродромите може да фрли атракција за странските компании, т.е. средувањето на аеродромите!
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Dec-2008 at 00:34
beton Не го лоцирам целиот проблем само во МАТ, ние само за проблемот со МАТ зборувавме. Има уште 1000 други фактори на пазарот.
Но ајде добро, сега да видиме што ќе оденесе ТАВ ново на пазарот, ако донесе.
|
Posted By: vardar
Date Posted: 10-Dec-2008 at 04:31
Originally posted by lslcrew
Буквално ги блокира странските големи компании од влез на широко во македонскиот пазар на услуги. Нема полошо од институционализиран монопол.
|
Се согласувам донекаде за монополот али дефинтивно не и за „странските големи компании‘‘ МАТ има монопол само на хартија и ништо друго, бетон убаво ти одговори (мада со тие завери еу/нато итн. малце забегува ноу офенс бетон )
Originally posted by beTon
абе пак ќе речам да имаше МАТ сто авиони или линии ајде ќе да е муабетот со лиценцата монопол! реципроцитет имаат со постојниве компании, поентата е сеуште не им е доволно атрактивен овој пазар на странците.
велиш фаворизирање!?! гледај што вели Спасијка во анализата за тотал, “со четири од десетте земји најголеми трговски партнери на Македонија не постојат директни авионски врски, а до останатите шест најчесто лета само по една авиокомпанија.“ па ако вака се држи монопол незнам што да кажам, како што реков МАТ со лиценцава имаат летови но едвај крпат крај со крај, пилотите ги кешираат на секој шест месеци, а обврски кон странство ги сервисираат кога ќе им стегнат жолт картон! |
Редовниот авиопревозник МАТ има директен лет само до Рим, Истанбул, Виена и до Цирих |
Кажи ми кој им забранува на националните (или евтините) превозници на франција/англија/шпанија/русија/белгија итн... да летаат за скопје??? Монополот на мат е една од причините али не е главна, други работи како стандардот, визниот статус и фактот дека не сме туристичка дестинација а сме само 2 милиони мнооооооогу повеќе влијаат на сегашната очајна состојба.
Originally posted by beTon
абе еве трет пат ти повторувам МАТ има само еден нивни авион и два изнајмува и ти упорно ми тврдиш дека тие се способни да држат некаков монопол или да влијаат некој да влезе или не на авио пазарот кај нас |
Сите три се нивни (мада не сум баш најсигурен дали стигна и вториот боинг)
|
Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Dec-2008 at 11:37
Бумот во авиопревозот кај нас ќе се случи кога ќе ни пристигнат авио-такси компаниите. Доколку карго-аеродромот во Штип има можности за слетување и на патничките авиони, тогаш овие компании сигурно ќе дојдат и кај нас. Е дури тогаш ќе имаме милионски превоз на патници. Кај нас авио-превозот сеуште се подразбира како елитен транспорт достапен само на мала група на луѓе.
|
Posted By: beTon
Date Posted: 10-Dec-2008 at 12:52
да во право си вардар ќе бидат три овој првиот канадерот заборавив дека постои , уште си мислам дека сме 2006, незнам дали се сеќавате кога го купија боингот, имаше екстра пречек во Турција, саде како за прекуокеански брод да впловува во меѓународни води... свеченост, оркестар, шмркови итн. имаше и клип со шмрковите на јутјуб или на авијацијаМК но неможам да го најдам... ако има некој линк кажувајте!
|
Posted By: vardar
Date Posted: 11-Dec-2008 at 00:19
АГЕНЦИЈАТА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОДЕЛБА
Контрола на летање за еден месец независен провајдер
АЦВ ќе има независно финансирање преку наплаќање од прелетите и од концесискиот надоместок, а Контролата на летање ќе добива пари од давање услуги на авиопревозниците
Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) интензивно се подготвува за претстојното одвојување на Контролата за летање која во иднина ќе функционира како независен провајдер и ќе се финансира од сопствени приходи. Според директорот на АЦВ, Зоран Крстевски, одвојувањето треба да се случи најдоцна за еден месец и потоа Агенцијата ќе треба да покрене постапка за сертифицирање и на провајдер на аеродромите што е предуслов да Контролата на летање која како самостоен субјект ќе може да се обединува во самостојни т.н. фарови или воздушни патишта.
-На тој начин би ја зголемиле фреквенцијата на прелетите над Македонија и би имале пораст на приходите од тој сегмент кои лани беа во опаѓање поради високите цени што ги даваме за прелети или за терминирање на авионите. Причина за ниските приходи е и затвореноста на косовскиот воздушен простор, а црногорското небо, пак, се уште е делегирано од српската контрола на летање. Дополнителен ограничувачки фактор се и намалените воздушни патишта над Грција со што се намалува и протокот на сообраќај над Македонија - вели Крстевски. Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе има независно финансирање преку наплаќање од прелетите и од концесискиот надоместок, а Контролата на летање ќе добива пари од давање услуги на авиопревозниците.
-Препорака на ИКАО беше финансирањето на Агенцијата да биде со одреден процент односно зафаќање по патник што ќе го праќа концесионерот на аеродромите ТАВ, поради што се иницираа измени на Законот за воздухопловство. Со измените кои се во Нацрт-верзија се предвидува тоа зафаќање да биде пет евра по патник. Ние нема да го користиме тој член во законот, туку ќе се финансираме од концесискиот надоместок кој ТАВ ќе и го плаќа на државата 20 години, почнувајќи од 2011 година, што практично е добро решение - смета Крстевски. Според него, добро е што државата се откажува од редистрибуцијата на средствата на АЦВ што таа ги заработува, а што досега не беше случај и парите на воздухопловната власт најчесто одеа за други намени.
Новина во измените што се иницираат во воздухопловниот закон е и либерализација на авиосообраќајот преку промена на договорот со МАТ за редовен авиопревозник кој му даваше монополска позиција. Исто така со измените се урива монополот на аеродромите во давањето на хендлинг услуги.
-Ако бројот на патници премине над еден милион тогаш аеродромот е должен да овозможи повеќе хендлинг компании што ќе ги опслужуваат авионите и некои терминални услуги. Вакво нешто веќе подолго време бараат од МАТ - вели Крстевски. Тој најави дека ќе се прави измена на правилникот за чартер летови бидејќи датира од 1956 година кога важеле други правила на игра.
Светлана БЛАЖЕВСКА
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=413FF1C66B69264AB4B860E1D893B59A - vecer
|
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Dec-2008 at 23:22
Студентите ќе летаат со двојно поевтини билети
Со вчера
потпишаниот договор со Здружението на студенти и младинци со хендикеп,
компанијата се обврза да обезбеди и превоз до аеродромите, бесплатен
превоз за медицински случаи во странство, и обезбедување на полесен
пристап на хендикипираните лица на аеродромите
Превоз
до аеродромите, авиобилети по половина цена, бесплатен превоз за
медицински случаи во странство, уредување на условите за пристапност на
хеникипираните лица на аеродромите, се само дел од приоритетите кои
Македонската авиокомпанијата МАТ ќе ги реализира, со вчера потпишаниот
договор на компанијата со Здружението на студенти и младинци со
хендикеп. Авиокомпанијата со официјализирање на овој договор во блиска
иднина, треба да обезбеди и унапреди, условите внатре во компанијата
но, и на аеродромите, за инвалидизираните лица во претстојната 2009
година. - Приоритет ќе ставиме најпрво на отстранувањето на
техничките пречки за патувањето на овие луѓе. Потоа, подигнувањето на
свеста кај вработените во МАТ кон овие луѓе исто така ќе бидат
примарните мерки кои компанијата ќе ги подобри, се со цел овие лица да
не се осетат дискриминирани и отфрлени од општеството - рече еден од
потписниците на договорот со Здружението на студенти со хендикеп,
Николас Кумерле, комерцијален директор на МАТ.
Даниела Стојановска, претседател на Здружението на младинци и
студенти со хендикеп, на средбата напомена дека со овој чекор МАТ само
ќе им излезе во пресрет на побарувањата на студентите.Тие досега не
наишле на директно разбирање од другите авиокомпании за нивните
проблеми. - Студентите не се со хендикеп, општеството е
хендикепирано, а МАТ со денешнава активност се ослободи и отстрани од
оваа бариера која долго време не обременува додаде Стојановска.
Надлежните од македонски авиотранспорт по потпишувањето на договорот
се обврзаа дека и во иднина ќе продолжат со вакви активности кои се од
светски тренд, бидејќи според нив секаде низ светот има еднакви услови
за лицата со хендикеп
http://vecer.com.mk/?ItemID=E7FA7160B4B0774095EE333198F363CD |
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2008 at 05:39
МАТ бара помош од Владата
Македонски авиотранспорт - МАТ повикува Владата да интервенира во
спорот со „Еуроконтрол“ за да се тргне блокадата за летови кон
Германија и Италија. Националниот авиопревозник бара од Владата и
шестмесечено одложување на долговите кон домашните воздухопловни
власти, како и да даде гаранции пред странските и домашни финансиери,
кои ги кредитираат набавките на авиони. МАТ од Владата бара и
експертски совети за менаџирање на кризата при одржувањето на редовниот
меѓународен авиосообраќај.
Одборот на директори, во соопштенито
до јавноста, посочува дека долг период нема реална можност сам да се
справи со новите финансиски состојби за да може непречено да продолжи
со дејноста - јавен сервис во меѓународниот авиосообраќај.
Раководството на МАТ, преку јавноста, замоли за итна средба со
претставници на Владата за да се разгледаат можностите за помош од
надлежните институции. |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CAB6C60F2743B845943045B4C139017A
|
Posted By: BOJAN
Date Posted: 16-Dec-2008 at 11:54
Не треба да им се помогне. Имаат апсолутен монопол на пазарот, не ги плаќаат обврските кон државата и кон странство на време, не нудат нови услуги, имаат скапи билети, а сето тоа е зачинето со низок квалитет на услугата. Онаа наставка национален авиопревозник треба да им биде одземена. Треба да се засрамат.
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Dec-2008 at 15:23
Oдложeно приземјувањето на МАТ
28 December, 2008 04:05:00
Големина на фонт: javascript:tsz%28article_body,12px%29"> javascript:tsz%28article_body,16px%29">
Агенцијата за цивилно воздухопловство на барање на домашната авио-компанија МАТ, ја одложи мерката за откажување на услугите, поради долгови на компанијата, за 15 јануари 2009 година.
Период, како што стои во денешното соопштение од АЦВ, до кога компанијата треба да го плати тековниот долг.
„Одложувањето на мерката за 15 дена, е во интерес на патниците, кои веќе го испланирале своето патување со редовните линии на оваа авиокомпанија за претсојните новогодишни празници“ велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Во меѓувреме, Агенцијата побара информација од МАТ за неговата финансиска состојба, која дополнително ќе биде доставена како предлог до Владата, за изнаоѓање соодветно решение за долговите на компанијата и нејзината несолвентност.
МИА
http://alsat-m.tv/mk/zemja/8777.html
|
Posted By: vardar
Date Posted: 05-Jan-2009 at 00:59
ЗЛАТКО ПЕТРОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИТЕ НА МАТ
МАТ не доби монопол, туку само сериозни обврски
Работиме во вистински остра конкуренција со 12 странски авиопревозници што летаат кон Македонија и зад кои стојат силни држави
„Македонски авиотранспорт“ - МАТ неодамна потпиша Анекс на Договорот со Владата, со кој му беше укинат ексклузивниот статус на единствен редовен авиопревозник, а истовремено државата постави свој претставник во Одборот на директорите на авиокомпанијата. За значењето на овие измени разговаравме со Златко Петровски, претседател на Управниот одбор на МАТ.
- Со Министерството за транспорт и врски, согласно со претходно донесената одлука на Владата, потпишавме втор анекс кон Договорот за единствен редовен авиопревозник од 2000 година. Со овој анекс, Договорот практично е усогласен, односно извршена е негова хармонизација со европското законодавство во областа на цивилното воздухопловство. Така што Македонија, ако досега имала некакви забелешки од ЕУ во овој дел, сега слободно може да каже дека во делот на авиосообраќајот ги исполнува бараните европски стандарди. МАТ останува редовен авиопревозник од Македонија до истекот на Договорот во 2010 година.
* МАТ со овој договор имаше ексклузивитет бидејќи беше единствен редовен авиопревозник. Дали компанијата имаше корист од Договорот, бидејќи во јавноста постоеше мислење дека со него доби монопол во домашниот авиосообраќај?
- Околу Договорот со кој МАТ беше номиниран за единствен редовен авиопревозник од Македонија имаше доста контроверзи. За жал, во јавноста се создаде впечаток дека „Македонски авиотранспорт“ има некаков ексклузивитет, односно монополски права. Во оваа пригода би сакал да објаснам дека токму фактите се спротивни од впечатокот што постоеше во јавноста.
Имено, 15 години се бориме во вистински остра конкуренција со 12 странски превозници што оперираат во Македонија и зад кои стојат силни држави. Сметам дека успешно се справивме со таква конкуренција. Од Договорот, МАТ немаше никаков посебен бенефит туку, напротив, доби само дополнителни обврски кон државата, а и кон патниците, а кои произлегуваат од статусот редовен авиопревозник. Согласно со законот, отсекогаш постоеше можност секој што ги исполнува законските услови да формира авиокомпанија, да оперира не само како чартер туку и како редовен авиопревозник секаде онаму каде што МАТ не лета. Во Македонија, инаку, покрај нас, има уште две регистрирани авиокомпании. Но, за жал, пазарот е мал, конкуренцијата е голема, а тоа што немаме повеќе домашни и странски авиопревозници што би одржувале редовен сообраќај кон некои други дестинации е од причина што за тоа нема економска оправданост.
*Со најновиот анекс Владата доби право да делегира свој член во Одборот на директорите на МАТ. Што, во суштина, значи тоа?
- Составен дел на Анексот, односно на Договорот, е дека Владата ќе делегира свој член, кој ќе има целосен увид во работењето на компанијата и рамноправно со другите членови ќе носи одлуки за суштинските прашања врзани за нејзиното работење. Во суштина, со ова се потврдува интересот на Владата да води сметка за работењето и развојот на авиосообраќајот во Македонија, бидејќи тој претставува јавен сервис за превоз на патници и на стока во меѓународниот авиосообраќај. Редовниот сообраќај е од исклучителна важност за секоја држава.
* Договорот со направените измени останува во сила до 2010 година, што значи дека дотогаш МАТ останува редовен авиопревозник. Што по овој период?
- И по истекот на овој период МАТ ќе остане назначен авиопревозник на дестинациите на кои и сега лета, а за кои државата го номинирала да одржува редовен сообраќај. Уште еднаш да појаснам, назначувањето на МАТ на овие линии е од периодот пред потпишување на Договорот од 2000 година, а со него компанијата презеде други дополнителни сериозни обврски кон државата.
*Во светот владее рецесија. Од сите страни пристигнуваат информации за проблемите со кои се соочува авиопревозот. Многу земји интервенираат со финансиска помош за сопствените авиопревозници. Во најголем број случаи тоа се државни авиокомпании. Дали МАТ во вакви услови ќе успее да опстане, особено ако се земат предвид очигледните финансиски проблеми што ги има?
- МАТ имаше сериозни и амбициозни развојни планови, кои се базираа врз очекувањата на вкупен развој на државата, приближувањето кон ЕУ, членството во НАТО и како најважно - од воведување безвизен режим. На ова се базираше нашиот бизнис-план, кој предвидуваше зголемување на сообраќајот во Македонија за околу 30 до 35 отсто.За жал, тие процеси ги запре нашиот јужен сосед, како што го направи со издадената забрана за прелети на нашата авиокомпанија над нејзина територија, или со најновото лобирање во Еуроконтрол, што сето ни создаде огромни финансиски штети.
Крајно неочекувана за нас, а и за целиот свет, беше глобалната економска и финансиска криза и рецесијата, што прво ги погоди авиокомпаниите. Во многу земји се издвојуваат огромни средства за редовните превозници за пребродување на кризата. Во најголем дел станува збор за државни компании, но и за компании со приватен капитал, а кои се редовни авиопревозници од тие држави.
Оваа криза и ние сериозно ја почувствувавме последниве два месеца. Има големо опаѓање на бројот на патниците, посебно во предбожикните и предновогодишните празници. Очекуваме дека кризата ќе се продлабочи, особено во првите неколку месеци од оваа година. Бордот и менаџментот на МАТ преземаат сериозни мерки и активности за одбрана од очекуваниот удар и убеден сум дека со помош и поддршката од државата што ја добивме и ја добиваме, ќе изнајдеме сили да опстанемеи да го продолжиме развојот како редовен превозник од Република Македонија.
Марјан Блажевски
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=12211752C9EF35468EA3281F51BD32CB - Dnevnik
|
|
Posted By: vardar
Date Posted: 05-Jan-2009 at 01:10
Пред некое време праевме муабет околу монополот, еве и од мат инфо околу тоа. Значи да повторам абсолутно ништо не ги спречува визер или изиџет да летаат од скопје кон сите градови кон кои мат не лета (парис,лондон .... да не ги бројам долга и жална е листата). Значи монополот на мат (со 2-3 авиони) не е пречка за големите или евтините авиокомпании.
Согласно со законот, отсекогаш постоеше можност секој што ги исполнува законските услови да формира авиокомпанија, да оперира не само како чартер туку и како редовен авиопревозник секаде онаму каде што МАТ не лета. Во Македонија, инаку, покрај нас, има уште две регистрирани авиокомпании. Но, за жал, пазарот е мал, конкуренцијата е голема, а тоа што немаме повеќе домашни и странски авиопревозници што би одржувале редовен сообраќај кон некои други дестинации е од причина што за тоа нема економска оправданост.
|
Не е некоја тајна али еве на што се надевале од мат за зголемување на патници
МАТ имаше сериозни и амбициозни развојни планови, кои се базираа врз очекувањата на вкупен развој на државата, приближувањето кон ЕУ, членството во НАТО и како најважно - од воведување безвизен режим.
|
|
Posted By: BOJAN
Date Posted: 06-Jan-2009 at 01:14
Јас само знам дека во 90-тите години имавме 3 домашни авиокомпании и ги имавме гигантите Аерофлот и Бритиш Ервејс со свои претставништва во центарот на Скопје. Денес НЕМАМЕ НИШТО ОСВЕН МАТ КОЈ ЛОШО РАБОТИ КАКО МОНОПОЛ!
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Jan-2009 at 02:02
Originally posted by BOJAN
Јас само знам дека во 90-тите години имавме 3 домашни авиокомпании и ги имавме гигантите Аерофлот и Бритиш Ервејс со свои претставништва во центарот на Скопје. Денес НЕМАМЕ НИШТО ОСВЕН МАТ КОЈ ЛОШО РАБОТИ КАКО МОНОПОЛ!
|
Не би бил толку негативен. Резултатите на скопскиот аеродром се подобри од било когаш а Бритиш Ервејс беа во Скопје во период со многу специфични услови и си заминаа во едни други специфични услови.
За домашните авиокомпании дефинитивно пропуштивме шанса да изградиме една посериозна бидејќи неколку пати се почнуваше од почеток како и за многу други работи.
|
Posted By: kire85
Date Posted: 07-Jan-2009 at 16:47
Eve stanavme i primer za toa kakvi greski ne treba da se pravat vo aviosoobrakjajot vo vakvi uslovi
Schnee und Eis im Flugbetrieb
Das gegenwärtige Wetter verlangt den Mitarbeitern der Berliner
Flughäfen einiges ab. Wie gefährlich sind Kälte und Schnee für den
Flugbetrieb in Tegel und Schönefeld?
Anzeige
document.write('');
< ="text/" ="http://adfarm1.adition.com/js?wp_id=9191&prf%5Bressort%5D=/berlin/berliner-flughaefen/">< ="text/" ="http://adfarm1.adition.com/banner?sid=9191&wi=920019816&ac=4&prf%5Bni_pape%5D=9&prf%5Bnd_agr%5D=4&prf%5Bna_poli%5D=9&prf%5Bna_dirc%5D=9&prf%5Bna_econ%5D=9&prf%5Bni_wine%5D=9&prf%5Bni_musi%5D=3&prf%5Bna_scie%5D=9&prf%5Bni_comp%5D=4&prf%5Bna_obli%5D=9&prf%5Bni_cosm%5D=9&prf%5Bni_beer%5D=9&prf%5Bna_vips%5D=9&prf%5Bni_sprt%5D=3&prf%5Bni_fash%5D=9&prf%5Bni_insu%5D=4&prf%5Bnd_yth%5D=0&prf%5Bni_tick%5D=4&prf%5Bni_pets%5D=4&prf%5Bni_perf%5D=9&prf%5Bnd_gnd%5D=1&prf%5Bna_ecom%5D=9&prf%5Bna_comm%5D=9&prf%5Bnd_hnc%5D=2&prf%5Bni_fina%5D=9&prf%5Bni_came%5D=9&prf%5Bni_wite%5D=9&prf%5Bna_movi%5D=9&prf%5Bni_elec%5D=9&prf%5Bni_arts%5D=9&prf%5Bni_rest%5D=9&prf%5Bni_mdia%5D=4&prf%5Bni_lowf%5D=3&prf%5Bnd_ppl%5D=0&prf%5Bni_sing%5D=9&prf%5Bni_rent%5D=9&prf%5Bni_doit%5D=4&prf%5Bna_fami%5D=9&prf%5Bna_joke%5D=9&prf%5Bnd_ncm%5D=2&prf%5Bni_mobi%5D=3&prf%5Bni_care%5D=9&prf%5Bni_trvl%5D=9&prf%5Bnd_prf%5D=2&prf%5Bni_gard%5D=9&prf%5Bni_ertc%5D=9&prf%5Bni_real%5D=9&prf%5Bnd_bbs%5D=0&prf%5Bna_ente%5D=9&prf%5Bni_nona%5D=9&prf%5Bni_snac%5D=9&prf%5Bni_opti%5D=3&prf%5Bna_jobs%5D=9&prf%5Bni_jewe%5D=3&prf%5Bni_clea%5D=4&prf%5Bna_cine%5D=9&prf%5Bnd_mnc%5D=1&prf%5Bni_lott%5D=9&prf%5Bnd_edc%5D=4&prf%5Bna_user%5D=9&prf%5Bni_furn%5D=4&prf%5Bni_froz%5D=3&prf%5Bnd_hhs%5D=1&prf%5Bni_chld%5D=9&prf%5Bna_book%5D=9&prf%5Bni_educ%5D=9&prf%5Bni_orga%5D=4&prf%5Bni_tari%5D=9&prf%5Bna_news%5D=9&prf%5Bna_life%5D=9&prf%5Bni_game%5D=9&prf%5Bna_loca%5D=2&prf%5Bni_cons%5D=4&prf%5Bni_cars%5D=3&prf%5Bna_wthr%5D=9&prf%5Bni_food%5D=9&prf%5Bni_hlth%5D=9&prf%5Bnd_hsh%5D=1&prf%5Bna_tvtv%5D=9&prf%5Bressort%5D=/berlin/berliner-flughaefen/&wpt=J&os=3&browser=6&screen_res=10&co=1&fvers=9&ref=http%3A//news.google.com/news%3Foe%3Dutf-8%26rls%3Dorg.mozilla%253Ade%253Aofficial%26client%3Dfirefox-a%26um%3D1%26tab%3Dwn%26nolr%3D1%26hl%3Dde%26q%3Dskopje%26btnG%3DNews-Suche&click=">
document.getElementById("artikel300").style.display = "none";
Berlin -
„Wenn die Temperaturen auch nur in die
Nähe der Null-Grad-Grenze fallen, werden die Tragflächen der Flugzeuge
enteist, die kurz vor dem Start stehen“, sagt Wolfgang Weber,
Pressesprecher der Lufthansa. Auch die Rollbahnen werden mit einem
speziellen Alkohol-Wasser Gemisch vom Eis befreit. Die niedrigen
Temperaturen sn sich seien kein Problem für die Flugzeuge. Denn „auch
im Sommer herrscht in zehn Kilometer Flughöhe eine Kälte, die am Boden
nie erreicht werden kann. Das führt ja auch nicht zu Schwierigkeiten“,
sagt Weber. Problematisch ist am Boden nur die vergleichsweise hohe
Feuchtigkeit in der Luft, die zur Vereisung führen kann, fügt Weber
hinzu.
Ob solch eine Glätte zu dem Unfall führte, der sich am Montagnachmittag
auf dem Stuttgarter Flughafen ereignete, wird derzeit geklärt. Eine mit
15 Passagieren besetzte Maschine war beim Landen über die Rollbahn
hinausgeruscht. „Wir wissen nicht, ob es ein technisches oder
witterungsbedingtes Problem war“, sagte eine Flughafensprecherin. In
Stuttgart hatte es am Montag zwar seit dem späten Vormittag geschneit.
Doch schon vor zwei Jahren hatte es nach Angaben der Sprecherin
ebenfalls mit einer Maschine jenes Typs einen ähnlichen Zwischenfall
gegeben. Experten der Bundesstelle für Fluguntersuchungen (BFU)
begutachteten die Maschine noch am Montag.
Der Luftfahrtexperte und ehemalige Flugingenieur Jürgen Hermann betont,
dass in der Luft die Tragflächen eigentlich nie vereisen können: "Ein
spezieller Abwärme-Kreislauf leitet 250 Grad warme Luft durch die
Tragflächen", sagt er. Das verhindere normalerweise immer, dass sich an
den Flügeln Eis bildet.
Ungeräumte oder vereiste Rollbahnen verzögern den Flugverkehr meistens.
So wie gestern in Frankfurt, als zeitweise nur eine Rollbahn für den
Flugverkehr genutzt werden konnte und nur ein Drittel der geplanten
Flugzeuge starten und landen konnten. „Das führt dann zu Verzögerungen
an den Berliner Flughäfen, die aus Frankfurt Flüge erwarten oder
hinfliegen“, sagt Ralf Kunkel von der Flughafen Berlin-Schönefeld GmbH.
Dann sei der logistische und organisatorische Aufwand am eigenen
Flughafen am höchsten.
„Wenn die Flugpläne spontan verändert werden müssen, weil an anderen
Flughäfen etwas schief geht und eventuell Flieger gewartet oder enteist
und Rollbahnen geräumt werden müssen, dann sind logistische
Meisterleistungen nötig“, sagt Kunkel. Die Zeitfenster seien sehr kurz.
„Wenn ein Flugzeug enteist wird, müsste es innerhalb der nächsten
zwanzig Minuten starten, da die Tragflächen sonst wieder vereisen
können“, fügt er hinzu.
So werden Flugzeugkatastrophen wie im März 1993 in Skopje verhindert.
Vereiste Startklappen waren damals die Ursache, dass eine Fokker 100
der mazedonischen Palair bei vollem Schub zu wenig Auftrieb bekam und
unmittelbar nach dem Start abstürzte. 83 Menschen verloren bei dem
Unglück ihr Leben. (dpa/hin)
http://www.tagesspiegel.de/berlin/Berliner-Flughaefen-Flughafen-Flugbetrieb-Organisation;art1050,2698845 - http://www.tagesspiegel.de/berlin/Berliner-Flughaefen-Flughafen-Flugbetrieb-Organisation;art1050,2698845 se raboti za nekoj avion koj se izlizgal nadvor od pistata na aerodromot vo berlin poradi zamrznuvanje....potoa se spomenuva kako treba da se postapuva pri vakvi temperaturi da se ovozmozi optimalno i pred se bezbedno poletuvanje....potocno od koga ke se odmrzne nadvoresnosta na avionot, toj treba da startuva vo narednite 20 minuti za da se izbegne povtorno zamrznuvanje...kako primer za toa sto moze da se sluci ako ne se postapuva spored propisite se spomenuva onoj na foker 100 od 1993
|
|