Print Page | Close Window

Копер и Пиран, Словенија

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Патеписи
Forum Discription: Патеписи од Македонија и светот
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=4580
Printed Date: 05-Jun-2024 at 11:10


Topic: Копер и Пиран, Словенија
Posted By: Џоле
Subject: Копер и Пиран, Словенија
Date Posted: 22-Sep-2023 at 09:55
Копер и Пиран, Словенија

-------------
За сè има вторпат



Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Sep-2023 at 10:05
Кон крајот на август престојував 5-6 дена во Копер, а еден ден го посетив и Пиран. И двете гратчиња се сместени на Јадранско Море, па преку низа фотографии ќе се обидам да ги претставам нивните убавини, а ќе ја коментирам и нивната инфраструктура (посебно онаа на Копер).

Копер е град со околу 25.000 жители и е главно товарно пристаниште на Словенија. Има добро зачуван стар град (се чувствува влијанието на Венецијанската Република), посетуван е од туристи, има и нов дел, има сѐ што еден мал град во развиена држава би требало да има (стадион, неколку трговски центри, убаво среден кеј, неверојатна велосипедска инфраструктура, негувано зеленило итн. итн.).

Да почнеме со ред. Бев сместен во стариот град, речиси во центарот.

Поглед од мојот хостел:



Ова е еден неверојатно добро уреден плоштад со подна фонтана. Тие денови, кога температурата дење стигаше и до 34 степени, бев сведок како мештаните се разладуваа трчајќи меѓу млазовите вода од фонтаната.



Пристаништето за товарни бродови:



Прошетка низ стариот град:







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Sep-2023 at 10:08




Карактеристично за повеќето градови што биле под Венеција се високите кули/камбанарии:









-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Sep-2023 at 10:13












-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Sep-2023 at 10:15


Инаку, Копер е двојазичен град, секаде ќе наидете на словенечки и италијански натписи.













-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Sep-2023 at 19:04
Уличката покрај брегот, стеснета на само една лента за возила. Од двете страни има велосипедски и пешачки патеки.







Уште по некоја фотка од стариот град во Копер:









-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Sep-2023 at 19:05








Одново кај плоштадот покрај мојот хостел:





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Sep-2023 at 19:16
Стариот град е мал по површина, може да се сврти круг низ него за 1-2 часа.















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Sep-2023 at 19:19












Кафулето со жолтиве чадори го држи Македонец (наводно)



Овие мали електрични комбиња служеа како еден вид (јавен) превоз, не знам дали беа такси или се баш дел од јавниот превоз во Копер.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Sep-2023 at 19:22
Кејот, со новиот дел на Копер на далечните ридови.





Една од градските плажи, новоизградена.







Речиси секој ден се вкотвуваше по еден нов ваков гигант:



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Sep-2023 at 20:51
Неколку фотки од новата плажа. Се нарекува нова, зашто порано тука имало (авто)пат, но градот одлучил да го помести неколку стотици метри погоре за да ослободи простор за нова плажа зашто и онака нема многу плажи во Копер (зашто е битно товарно пристаниште за Словенија). Плажата беше одлично уредена, но беше посипана со крупен камен, а знаеме дека тоа е проблематично за стапалата









Поглед накај градот од плажата:



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Sep-2023 at 20:55
Една фотка со бои што ни се многу познати, но немаат никаква врска со нас



Стадионот во КОпер



Пловидба со бротче од Копер кон Пиран:



Поглед кон новиот дел на градот и новата плажа:













-------------
За сè има вторпат


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Sep-2023 at 23:23
Originally posted by Џоле



бре Балкан!, ова пвц мансардава не им требала!, но добро е бар чисто ет!, а можело и да ги искосат прозорите та и дамбетер да бидне!, сепак како трназиционен упад некако склaдно делует во однос цела визура, иако то пвц-то аирлија да си знаеме кај сме!

инаку фина репортажа, од она што би издвоил за Копар е дека срби еден куп но и македонци подоста сретнав, првиве веројатно во добар дел населени и во титоизмот кога се протеруваат таљаните, практично по цела обала срби рулз колку што бев приметил, плус има и Црковен Храм на СПЦ [ https://spc-ljubljana.si/sr/poslednje-vijesti/200-mitropolit-porfirije-sluzio-u-kopru-povodom-jubileja-40godina-od-osnivanja-crkvene-opstine - 1 ] каде невообичаено торжествена атмосфера имаше на Литургија [ https://vymaps.com/SI/Srpska-Pravoslavna-Crkva-Koper-1516540681979188/ - 1 ] исто нов се гради [ https://www.eparhijazt.com/sr/news/vijesti-iz-spc/-/1324.posle-osam-decenija-nice-novi-hram-u-sloveniji.html - 1 ] та би требало чинам и трет јазик да ет српски ...

Originally posted by Џоле

Една фотка со бои што ни се многу познати, но немаат никаква врска со нас



хаха кој ти кажа БабаД македонците најчесто се печалбрски стигнати посттранзиционо на аргатлук, не прашав за број но сигурно се ~ +1k ако не и појќепо цела обала, имаш Градежници, имаш Хотелиери, а најнапред улетале Слаткари, кај то кампот накај излез кон Трст исто сретнав со наши ресторан, им велам Ало Зелник кај ви е, Италија замина ми враќат та сигурно како ми личи некој наш плочкар им лепнал јуник мозаикот ...

... друг куриозитет кој го приметив кај то "новата" населба, под последната зграда наидов на суперинтересен момент каде цело паркче локалците си го сториле Пермакултурна Градина мислам милина!, што да кажам и моите се Убаи Спомени ... исто имаше еден куп интересни моменти в Градо пр. автобуската-железничка или пак кружните токои кои беа инспирација за груевци кајнас итн. (ова не ме држете за збор знам проф. КристиБ од ТБФ ги предложи, но ко да бев негде чул како Миле Ми Текна некој им предочил одете прошетајте се до Копар за инспирација!)

патем кога веќе посочуваш градоите убаво ет да предочиме дека во околина природата е нешто феноменално, јас вуфав на три фарми во Приморска додека крстарев велосипедски тој крај (+4 другде) [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=185423#185423 - 1 ] практично добиваш гага смештај и храна за нешто испомош и другото времети ет вољно што ти драго да праиш Нормал што друго него да му ја завеслаш горски!, интересно ет речиси секаде можеш и да ренташ смештај по селата (имет развиен рурален туризам), а штом си в природа ќе се изненадиш што се бонус има да понуди словенечка ривиера пр. налетав на хипик кој +30 години живее во националнио парк веднаш мешу Копар и Порторош а додека во Коштабона пак налетав на драгонРивер и нејзинио Сопот [ https://www.wikiloc.com/hiking-trails/kostabona-slap-supot-costabona-cascata-supot-21584596 - 2 ][ https://bs.wikipedia.org/wiki/Datoteka:Slap_Supot,_Koštabona_IMG_9524.jpg - 2 ][ https://www.summitpost.org/istria-waterfalls/402220 - 3 ] во Словенија ги има подоста помали но и неколку уникатни [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3124&PID=188500#188500 - 4 ][ https://www.komoot.com/guide/213270/waterfalls-in-slovenia - 4 ] бреј се чудев со нашинци таму од каде Сопот (илити Јанче над Литија) итн. сродни топоними ко кај нас, логично има нешто сродно по линија на деминутив ако не друго, во секој случај да се метнеме и малку нанив во однос хигиената бар да сме ригорозни во однос загадување во природа та и ние ќе има со што да се гордееме и да му се радуваме ...

лично од она што ме изненади како специфична појава им е то ТУФ-от за градење, сликнато близу водопадо Сопот, практично ко путер се обработува [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1189&PID=227057#227057 - 5 ] веројатно најчесто фасадно го кориселе, сигурно и многу што ни времето ет изедено од стара градба ако сонего ѕидале!, во секој слулај се носело камен и од Истра итн. но смиот туф кажует дека таму била некогаш вулканска област, но ништо такво не ми беше предочено ниту сум протарашкал!

Originally posted by http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3061&PID=208687#208687 - Max

]



...



Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Sep-2023 at 10:14
Изола, уште едно приморско гратче на пат кон Пиран





Пиран, голема гордост на Словенците (нешто ко Охрид за нас)













-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Sep-2023 at 10:17
Ќе терам со фотки снимени од брод, па друг ден и со фотки од прошетката низ гратчето...













-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Sep-2023 at 10:18












-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Sep-2023 at 10:20


На ридот има и ѕидини од тврдина





Пристаништето











-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Sep-2023 at 09:57
















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Sep-2023 at 09:59
















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Oct-2023 at 16:54
>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Oct-2023 at 17:02
Да ја довршам фоторепортажата од Пиран со уште неколку фотки. Патем, ако некогаш ве однесе патот натаму, на десетина минути пеш од гратчето има убава плажа со чиста вода и камп за возила. Се пешачи по брегот, од стариот град, не можете да го утнете патот.















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Oct-2023 at 17:06
Од кај кулата (и црквата) има убав поглед од горе кон градот.













Тоа е сè. Словенија ме одушеви со својата среденост и инфраструктура, баш како што една нормална држава треба да личи. Пиран и Копер се убави места, на море, ако некогаш ви се укаже можност за посета, дефинитивно треба да ги посетите, па и да останете ден-два, а и повеќе.

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window