Print Page | Close Window

Меркатор маркети

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=788
Printed Date: 18-Jun-2024 at 17:02


Topic: Меркатор маркети
Posted By: pbanks
Subject: Меркатор маркети
Date Posted: 22-Dec-2007 at 23:29
Денес поминав на Илинденска кај салата и видов дека теренот кај што треба да се гради Меркатор е околчен. Тоа немора да значи ништо можеби само го обележуваат и теренот и ги мерат точната големина. Но сепак е знак на некаква активност.



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jan-2008 at 20:05
Пред едно 3 недели приметив и сега конечно сликав. Околчен е плацот на аголот меѓу Илинденска/8 Септември (локацијата на несудениот City Plaza, Mercator итн.). Тоа би требало да е некаков знак на активност дека таму можеби нешто ќе се случува наскоро.  Не се гледа баш најубаво но околчувањето е чудно, не почнува од Булеварот 8 Септември туку повнатре од кај што влегува една мала уличка која води кон салата.

@Кловер ти си по плановите да не има планирано таму да има улица која ќе се користи како влез на паркингот за салата?

Нема везе околчувањето чудно закривува и по должината на Илинденска. Има некој лак кој не ја следи линијата на улицата. Така закривува до бензинската на Макпетрол. Како е ситуацијата во внатрешниот дел од парцелата неможев да видам пошто имаше купишта земја кои го блокираа погледот. Bash

1 Уличката накај салата

2 Се гледа само првиот колец Unhappy



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Jan-2008 at 03:31
Originally posted by pbanks


@Кловер ти си по плановите да не има планирано таму да има улица која ќе се користи како влез на паркингот за салата?


Појма неам како е испланирано таму. Мислам сме праеле муабет, ни тебе не ти беше јасно зашто толку чудно ја насадија салата (влезот ќе дојде позади тој трговскиот што се планира таму)

Dunno


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Nov-2008 at 00:10
Еве еден извадок од тековната стратегија на Меркатор според која во 2012 треба да држат 5% од Македонскиот малопродажен пазар.

Тоа значи дека ако навистина стојат на ова во следниве година до година ипол би било логично обавезно да почнат да градат.

2. Market share targets

  2007* 2010 2012
Slovenia 37 % 36 % 35 %
Croatia 6 % 12 % 15 %
Serbia 8 % 10 % 15 %
Bosnia and Herzegovina 2 % 5 % 10 %
Montenegro - 5 % 10 %
Macedonia - - 5 %
Bulgaria - - 3 %

http://www-en.mercator.si/strategy -
http://www-en.mercator.si/strategy


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Feb-2009 at 16:48

Кризата ќе ги поремети словенечките инвестиции

 

 

Бизнис делегација од водечките словенечки компании во Скопје како дел од официјалната посета на претседателот на Словенија Данило Тирк.

Глобалната криза ќе ги поремети, но нема да ги запре инвестициските планови на фирмите од Словенија. Енергетиката, трговијата, осигурителниот бизнис остануваат најатрактивни сектори.

„Нас не интересираат двата тендери за Чебрен и Галиште и за Бошков Мост. Голем проблем во Македонија е увозот на енергија и мислам дека хидроцентралите на овие реки би ја намалиле зависноста на земјата од увоз на струја“, изјави Јанез Шкрабец, РИКО - Словенија.

„Работиме во пет земји - Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Црна Гора. Оваа година ќе отвориме прв хипер маркет во Бугарија, а во рок од следните две години имаме план да влеземе на пазарите во Македонија, Косово и Албанија“, рече Жига Дебељаг, „Меркатор“ - Словенија.

„Тука и ние имаме интерес, особено за Бошков Мост и ако дојде следната фаза за тендер, односно ако се повтори тендерот, тогаш сигурно ќе имаме интерес“, вели Томаш Орешич, ЕФТ - Словенија.

Една од водечките словенечки инвестиции е во банкарството - „НБЛ Тутунска банка“ која се вбројува во големата банкарска тројка. Првиот човек на групацијата вели дека иако европските банки се соочуваат со забавено кредитирање, пари за стопанството ќе има.

„Можеме да очекуваме дека базичната камата ќе се намалува, но маржата ќе оди нагоре, сепак вкупната камата ќе биде пониска во споредба со последните месеци“, изјави Драшко Веселинович, претседател на управата на НЛБ.

„Сега се земаат помалку кредити, луѓето помалку се задолжуваат, сите чекаат што ќе случи со економската криза“, додаде Веселинович.

Словенија е еден од позначајните трговски и инвестициски партнери на Македонија. Досега во земјава словенечките инвестиции се проценуваат на околу 200 милиони евра.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104535


Posted By: vardar
Date Posted: 18-Feb-2009 at 12:12
Ова карши ми-да или на друго место?
 
 
 

„Меркатор“ не се откажува од инвестициите во Македонија

Словенечките компании и покрај кризата не ги одлагаат своите планови што веќе ги зацртале за реализација во Македонија. Меѓу нив се „Меркатор“, кој веќе има земјиште и треба за две години да изгради трговски центар, „Рико“ и ЕФТ во областа на енергетиката, кои се заинтересирани за хидроцентралите „Чебрен“, „Галиште“ и „Бошков мост“.

Во енергетскиот сектор интерес постои и од ЕФТ од каде што најавуваат повторно учество на повикот за изградба на хидроцентралата „Бошков мост“.Според претседателот на управата на „Меркатор“, Жига Дебљак, во наредните две години планирале инвестиции во Македонија, Албанија и во Косово.

- Во Македонија имаме регистрирано своја фирма и имаме земјиште во Карпош на кое треба за две години да изградиме голем трговски центар - изјави Дебљак.

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BEAD4E11C738FA4B945282D14ABC731D - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BEAD4E11C738FA4B945282D14ABC731D
 
 
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Feb-2009 at 12:23
Дијагонално.... Пред базенот Карпош


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Jul-2009 at 05:06
Вчера на некоја од нашиве телевизии слушнав (по којзнае кој пат) дека Меркатор бла бла конечно ќе почнел со инвестиции во Македонија или така нешто (не дослушнав, а не ни памтам која телевизија беше).
Барам сега по сајтовиве ама не можам ништо да најдам... Дали слушнал некој друг поубаво, па да ја регистрираме и таа информација?


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Jul-2009 at 09:48


Веројатно се работи за ова, освен потврда по којзнае кој пат дека сме најголемите влечковци во светот ништо друго. Вака не се привлекуваат инвеститори. Па не е можно секоа проклето парче земја да е спорно.

Македонија ја кочи инвестицијата на Меркатор

Нерешените имотно-правни односи на дел од парцелата што ја купи словенечката компанија Меркатор се причина што со години не може да започне изградбата на трговски центар во Скопје. Откако ќе започне, изградбата е планирано да трае две години, но засега нема најава за започнување на градежните работи на локацијата кај салата Борис Трајковски.
Од Меркатор-Македонија потврдуваат дека имаат проблеми со градежната парцела, која ја купија пред неколку години, поради што не можат да почнат да градат. Иако тие уплатиле и дел од комуналиите за земјиштето, тапкаат во место затоа што стојат работите и во надлежните државни институции кои треба да го решат проблемот со земјиштето.

Во секторот за имотно-правни односи во Министерството за финансии велат дека дел од земјиштето било во сопственост на Агенцијата за млади и спорт и дека имотно-правната процедура е завршена. Останувало уште компанијата да се договори со Министерството за транспот за целосно да се реши сопственоста на градежната парцела. Но, од Министерството не добивме одговор до каде е оваа постапка, односно тие нe упатија во ресорот за финансии.
Меркатор веќе уплатила 29 милиони денари за даноци и такси во општина Карпош, што значи дека не планираат да се откажат од инвестицијата во земјава. Но, додека чека да се решат долгите биократски процедури во Македонија, компанијата ги насочи инвестициите во регионот. Во минатата година за ширење на регионалните пазари потроши 300 милиони евра.

“Во однос на нашите најави за македонскиот пазар, интезивно работиме на сите потребни чекори и процедури за заокружување на локациите, по што ќе следат подготвителни работи, добивање на потребната документација и изградба на објектот”, вели Јордан Минов, директор на Меркатор- Македонија.
Во инвестицискиот план до 2012 година била предвидена и инвестицијата во Македонија.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=18301


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jul-2009 at 18:15
Словенечки Меркатор ќе гради трговски центар кај базен

Словенечки Меркатор не се откажува од инвестициите во Македонија. И покрај глобалната економска криза првиот човек на оваа компанија информира дека ќе се шират во земјава. Не се откажуваат од локацијата кај скопскиот базен Карпош, идеја стара повеќе години.

Од централата во Љубљана одговараат дека во овој момент ги уредуваат правните постапки за ова земјиште. Тука сакаат да го изградат првиот Меркатор трговски центар.

Од компанијата информираат дека до летото 2012 ќе влезат на пазарот во Македонија. Не откриваат колку ќе чини вкупната инвестиција во земјава.

Од Меркатор беа доставени две барања за дооформување на градежното земјиште во општина Карпош. Овие барања се однесуваа за локација која компанијата ја купила од приватно физичко лице стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

Меркатор е најголема словенечка трговско производствена компанија. Присутна е во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора. Откако не успеа да го купи земјиштето спроти народната банка ова е обид за влез на пазарот. Компанијата има повеќе од 12 илјади вработени, а лани остварила добивка од 40 милиони евра.

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=56316&mid=1500&tabId=1&tabindex=0


Posted By: igorius
Date Posted: 07-Aug-2009 at 00:40
Originally posted by Cloverstack

Вчера на некоја од нашиве телевизии слушнав (по којзнае кој пат) дека Меркатор бла бла конечно ќе почнел со инвестиции во Македонија или така нешто (не дослушнав, а не ни памтам која телевизија беше).
Барам сега по сајтовиве ама не можам ништо да најдам... Дали слушнал некој друг поубаво, па да ја регистрираме и таа информација?


ja kolku sto znam imaat spor so markica i so lokacija..nesto ke menjale lokacija....ali naslusnav deka i vo sam merkator imalo frki i deka najverojatno nisto nema da bide od merkator vo skopje...Ohno


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 03-Sep-2009 at 12:36
Та вака... Ние додека се занимаваме со изоз на 200 свињи во Албанија, Мерцатор ги објкави своите планови за ширење на Балканот до 2012 и го презентира бизнис планот за 2010, како и го промовира бугарскиот сајт http://www.mercator.bg/ - http://www.mercator.bg .
Еве дел од нивната стратегија, во која македонија е на дното, со најдоцни инвестиции:

Цели за постигане на пазарен дял


                                              2009*
20102012
Словения36%36%35%
Хърватия7%12%15%
Сърбия8%10%15%
Босна и Херцеговина5%7%10%
Черна гора4%5%10%
Македония--5%
България-1%3%
Како може нашите управници-паразити толку да го одтргнат Меркатор од нашиов (за нив традиционален и по многу поврзан пазар), да ги пренасочи инвестициите во сосема нов и непознат, како Бугарскиов?!? И еве ја нивната стратегија за Бугарија:

„Меркатор отчита икономическите условия в страната и ще предложи на клиентите си балансиран асортимент, насочен към широк кръг потребители. До края на 2009 г. сме решени да отворим два хипермаркета. През следващите две години планираме да открием още седем магазина в по-големите градове в България, за които в момента преговаряме.”, каза Йордан Терзийски, управител на Меркатор България в рамките на срещата с медиите.

Веќе работат најмалку 2 меркатора, во Софија и Стара ЗАгора.



Posted By: axel
Date Posted: 11-Dec-2009 at 10:14
Меркатор наскоро тргнува во освојување на македонскиот пазар

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/65344/merkator-150.jpg">

Словенската компанија “Меркатор“, која во земјите каде е присутна инвестирала 150 милиони евра, најавува реализирање на голем проект за освојување на македонскиот пазар. Од компанијата велат дека досега работеле на анализа на пазарот , избор на локации и дефинирање на соодветни продажни формати. Велат со завршувањето на сите овие подготвителни процеси “Меркатор“ ќе тргне во освојување на македонскиот пазар.

“Моментално нашиот фокус е интензивна работа и ангажман за локација на територијата на Општина Карпош, позиционирана во непосредна близина на спортската арена “Борис Трајковски“ и затворениот пливачки базен “Карпош“. Тоа е локација која претставува предуслов за да почнеме со реализација на нашиот план за освојување на македонскиот пазар. После овој приоритет следува и третман и целосно посветување на поголемите македонски градови, се според нашиот развоен план за Македонија, подготвен за периодот најдоцна до 2012 година“, вели Јордан Минов, директор на “Меркатор“ за Македонија.

Токму на оваа локација од 50 000 квадратни метри, словенската компанија планира да го изгради својот прв Меркатор центар во Македонија.

“Имаше административни проблеми кои се надминати и решени и сега интензивно работиме на потребните процедури како би можеле наскоро кај надлежната општина да ја депонираме целокупната потребна документација во смисла на идеен проект, добивање локациски услови врз основа на важечкиот Детален Урбанистички План, и се понатаму како што правно-формално и законски следува. За почеток, потребни се неколку месеци интензивна работа и ангажман да добиеме градежна дозвола што претставува предуслов да почнеме со изградба на објектот за Меркатор Центарот“, вели директорот на “Меркатор“ во Македонија.

Според Минев, “Меркатор“ како странски инвеститор нема забелешки на соработката со македонските надлежни институции. Тој соработката ја оценува како секогаш коректна и на високо професионално ниво

“Од огромно значење е впечатокот со кој се стекнува секој странски инвеститор при формалната комуникација со официјалните власти. Нашиот досегашен е позитивен“, оценува Минев.

Тој смета дека кризата нема да го загрози нивното работење во Македонија. Напротив, вели, дека кризата е зад нив, а Македонија за нив е важна поради едуцирани и префинети потрошувачи кои знаат да ги искажат своите потреби за добра услуга и квалитет.

“Меркатор“ веќе е присутен во неколку балкански земји. Но, не застануваат. Освен Македонија, на агендата за проширување Меркатор ја има и Албанија, а без запирање се прошируваат и во земјите каде што веќе се присутни.

< id="gwProxy" ="">< ="jsCall;" id="jsProxy" ="">


Posted By: axel
Date Posted: 11-Dec-2009 at 10:31
http://www.time.mk/read/NONE/1d4b13f3ad/index.html - http://www.time.mk/read/NONE/1d4b13f3ad/index.html < id="gwProxy" ="">< ="jsCall;" id="jsProxy" ="">


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Dec-2009 at 14:38
За локацијата кај салата Борис Трајковски се зборува и има најави веќе цела деценија, но од кажаното во текстот ми изгледа дека конечно работата е навистина опиплива. Сепак, според стадиумот во кој се наоѓа работата, веројатно нема баш скоро да видиме камен темелник... ако битно да е сигурна овој пат, па ќе се стрпиме Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Dec-2009 at 14:49
Постара вест што мислам дека ни промакнала...
„Меркатор“ во финални преговори со „Ера“ од Велење

Словенечки Меркатор си пружил рака со Ера од Велење за шест милиони евра да добие дел од Скопски саем. Како што дознава Канал 5, двете словенечки компании се уште не ја официјализираат зделката бидејќи во тек се пазарења со Владата да ги изземе од плаќање Данок на додадена вредност иако таа трансакција секако подели на оданочување со ДДВ.

Во Меркатор потврдуваат дека во финална фаза се преговори со Ера од Велење за купување на дел од нивниот имот во Хрватска и Македонија.

Можам да ви кажам дека се договараме со Ера , но не се потпишани договори , соопшти Тања Додик

Меркатор и покрај новите намери, сепак не се откажува од плацот спроти Народната банка, ја чекаат новата лицитација.

Тонски: Тања Додик

Со соопштение се јави и Скопски саем. Од таму велат дека не е склучена трансакција, но не демантираат дека се преговара за продажба на дел од нивниот имот. Разговори се водат со Меркатор како потенцијален партнер за изградба на голем трговски центар на околу 20 илјади метри квадратни, еден од седум такви објекти предвидени со деталниот урбанистички план .

На Скопски саем голем трговски комплекс наречен Ера сити требаше да го гради словенечката БТЦ . Стартот на овој проект Ера го најави за лани во јуни, но и цела година потоа објектот не е започнат.
20.07.2005, 16:54

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=9796&egId=14



Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Dec-2009 at 17:40


Не е промакната но ова е праисторија. Во тоа време Зоран Јанковиќ беше директор на Меркатор и иницијативата во Македонија беше многу поинтензивна. Многу работи се сменија во меѓувреме и доколку Меркатор случајно влезе во ЕРА Сити, тоа би било сосема нова иницијатива.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Dec-2009 at 17:52
Имам впечаток дека и се упикуваат на Владата (особено ако се има в предвид силата со која владата се промовира како бизнис-френдли), инаку до сега работата требаше одамна да тргне. Еве го ТУШ кој не заостанува зад Меркатор по големина, сериозност или реноме, едвај едвај се пробива кај нас.Како и да е, во ТУШ и Меркатор имам навистина големи очекувања дека ќе го растресат нашиот пазар и ќе воспостават сосема нови стандарди за продажба на мало. Дури најважниот е да се отвораат вакви маркети во провинцијата, особено малите градови, да се поттикне рамномерен развој. Во Скопје така или иначе ќе си дојдат сите фирми со текот на времето. Словенците знаат дека само во Скопје не се парите и можностите.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 11-Dec-2009 at 17:59
Еве и од Сител

“Меркатор” ќе гради во Македонија


Словенечки “Меркатор” ќе го освојува и македонскиот пазар. Компанијата најавува голем проект и продор на нашиот пазар до 2012 година.
Досега го анализирале пазарот и локациите, а моментално се работи на добивање на дозвола за градба на приоритетната локација во Општина Карпош од 50 илјади метри квадратни.
 
- Моментално нашиот фокус е интензивна работа и ангажман за локација на територијата на Општина Карпош. За почеток, потребни се неколку месеци интензивна работа и ангажман да добиеме градежна дозвола што претставува предуслов да почнеме со изградба на објектот за “Меркатор Центарот”. После овој приоритет следува и третман и целосно посветување на поголемите македонски градови - велат од “Меркатор”.
 
Покрај домашниот, словенечкиот пазар, “Меркатор” е присутен и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија, каде досега има инвестирано 150 милиони евра, а освен во Македонија, компанијата планира проширување и во Албанија.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/%E2%80%9Cmerkator%E2%80%9D-ke-gradi-vo-makedonija



-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Supervisor
Date Posted: 11-Dec-2009 at 18:00
Меркатор карши Мида треба да биде на таа големата парцела тоа ќе биде фантазија ако се направи.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Dec-2009 at 18:01
Originally posted by Supervisor

Меркатор карши Мида треба да биде на таа големата парцела тоа ќе биде фантазија ако се направи.


Дијагонално од МИДА


Posted By: axel
Date Posted: 14-Dec-2009 at 07:54
Меркатор“ наскоро со маркети на македонскиот пазар

Словенечкиот трговски синџир „Меркатор“ најавува влез на македонскиот пазар. Словенците планираат на локација од 50.000 квадратни метри, во непосредна близина на базенот „Карпош“, да го изградат својот прв објект во Македонија.

„Нашата приоритетна локација се наоѓа покрај базенот ’Карпош‘. Откако ќе ги реализираме сите потребни законски и формални чекори и ќе го отвориме првиот ’Меркатор‘ следува таргетирање на останатите македонски градови, за кои сме во процедури за изготвување анализи и планови, пред се', за Битола, Тетово, Охрид, Струмица, Куманово. Секако, тука спаѓа и интензивното ширење на нашата малопродажна мрежа во Скопје, град кој претставува сериозен и огромен потенцијал за отворање маркети“, велат од „Меркатор“. Оттаму потврдуваат дека постоеле административни проблеми што досега ги попречувале да почнат да го реализираат планот за освојување на македонскиот пазар, но оти тие се надминати.

„Имаше административни проблеми што се надминати и решени и сега интензивно работиме на потребните процедури, за да можеме наскоро кај надлежната општина да ја депонираме севкупната потребна документација во смисла на идеен проект, добивање локациски услови врз основа на важечкиот ДУП и сето она што правно-формално и законски следува. За почеток, потребни се неколку месеци интензивна работа и ангажман да добиеме градежна дозвола што претставува предуслов да почнеме со изградба на објектот на ’Меркатор‘“, вели Јордан Минов, директор на „Меркатор“ за Македонија.

Инвестициите на „Меркатор“ во Македонија веќе делумно се ставени во инвестиционата програма на оваа компанија за идната година. Кризата го забавила инвестирањето, но не го запрела. (А.С.)

< = < =


Posted By: axel
Date Posted: 14-Dec-2009 at 07:54
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0A39DAB783A9424B9074C934590CF83C< = < =


Posted By: axel
Date Posted: 18-Dec-2009 at 10:40
Меркатор активно работи на отворање на првиот центар во Македонија
Автор: Маја Поповска     09:58 | 18 декември 2009


Скопје

Најголемиот словенечки трговски синџир Меркатор веќе активно работи на отворањето на првиот центар во Македонија, соопшти компанијата.

Првиот трговски центар во Македонија треба да биде во Скопје во близина на спортската сала Борис Трајковски на локација од 50 илјади квадратни метри.

Инаку Меркатор деновиве ги отвори своите први продажни објекти во Албанија. „Меркатор Хипермаркет“ и „Интерспорт“ се сместени во новоизградениот „Ситипарк“ кај Тирана.

Словенечки Меркатор е една од најголемите малопродажни компании во Југоисточна Европа, која годинава инвестира 159 милиони евра. Меркатор има над милион квадратни метри продажни површини во седум држави и вработува над 21 илјада луѓе. /крај/со/мп                                                                                                                                            http://www.makfax.com.mk/#_tools/article/95935/view

< = < =


Posted By: SpaceAge
Date Posted: 18-Dec-2009 at 14:07
Samo uste eden dokaz deka zaostanuvame so stranski investicii, sve ide sporo,skoro vo sekoje selo vo Srbija i Bosna ima po eden Mercator.Toa sto ke donese e konkurencija vo maloprodazbata a i Intersport najgolemiot lanec vo evropa ke go imame.Ne sum bil vo nekoj Mercator no hipermarketot kako sto  mi e poznato ke ima 40%domasno proizvodstvo 40% slovensko 20% ostanato.I dali ova znaci deka Carrefour so koj se pregovarase sega pomalku verojatno ke dojde vo Makedonija poradi zasitenost na pazarot.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Dec-2009 at 15:03
Ееее рано е за заситеност. Допрва треба да влезат миљарда брендови, а дпрва треба да расте стандардот и куповната моќ.


Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 19-Dec-2009 at 12:15

Имам прашане - колку са малопродажните ланци, кои работат во Македониjа?

Jас знам 3:
 
Tinex
Vero /Spar/
Tus
 
Скоро и Меркатор.
Ако е така, зошто да нема простор и за ланците на Агрокор и Делта /тоа от поранешните jугословенски земjи/. Исто и Метро.
Освен тоа, тепрва ке идат и дискаунт ланците - Lidl, Aldi, Penny Market и др. Треба да се гледа што става во Србиjа и Бугариjа - после влегуването во тези земjи дел от ланците ке инвестират и во Македониjа.


Posted By: SpaceAge
Date Posted: 19-Dec-2009 at 12:21
Bea planirani odamna i Maximarkatite na Delta i Konzum no od koja pricina ne e investirano neznam, tipicno Makedonija,so Tus marketite ide sporo,samo vo Kumanovo i Stip ima a se gradi i vo Prilep.Mislam deka samo( daj boze da se uspee so Carrefour) samo toj nesto novo moze da pridonese vo maloprodazbata ,drugite marketi vo glavno go imaat istiot asortiman.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Dec-2009 at 12:25
Има уште некои...
-СП маркети
-Тедико
-КАМ


Инаку просторот во Македонија е отворен и ирок за влез на вакви маркети. Незнам како воопшто некои си доволуваат д прогонозираат дека пазарот ќе се засити, ми остана тоа во мислам од пред некој ден. Сите овие што ги наброја, Лидл, Алди, Пени, па и Керфур, Метро и сличните.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 20-Dec-2009 at 12:55

Во Македонија малте маалски маркетчиња сеуште сочинуваат 55% од вкупната потрошувачка во прехрамбената малопродажба. За споредба во Словенија само 5% од малопродажбата се одвива во мали маркетчиња. Тоа значи дека има огромен простор за влез на големите играчи на пазарот, но за тоа треба полека да се менува и навиката на потрошувачите. Во Скопје полека се менува, а во останатиот дел од Македонија тој процес малку побавно се одвива.



Posted By: axel
Date Posted: 15-Apr-2010 at 13:45

Меркатор“ ќе се шири во Македонија и на Косово

Автор: http://www.makfax.com.mk/_user/20/profile - Сашо Таневски
15 април 2010, 14:07
Извор: Макфакс
Љубљана

Словенечки „Меркатор“ планира да се прошири во Македонија и на Косово, со цел да ја поттикне продажбата и да ја зацврсти позицијата на најголем трговски синџир на Балканот.

Ова го најави првиот човек на словенечки Меркатор Жига Дебељак, говорејќи за идните планови на компанијата.

Меркатор во 2005. година беше присутен во четири држави, но планира оваа бројка до 2013. година да ја зголеми на девет, бидејќи лани отвори продавници во Бугарија и Албанија. /крај/фо/ст


http://www.makfax.com.mk/_home/home#104615


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 15-Apr-2010 at 21:44
Меркатор ќе гради трговски центар во Карпош

Меркатор влегува во Македонија. Ќе гради трговски центар во Карпош, се чека на општинската сметка да легнат парите за комуналии. Владата очекува деблокирање и на инвестициите кои се отворени Минтипе, Искра, Шишеџам оралнди.

„Мислам дека сме на самиот почеток на еден нов циклус, нов инвестиционен циклус, кој ќе почне за наредните неколку години“, изјави на 11 април 2010, Веле Самак, министер без ресор.

Британците од Џонсон Мети вчера и официјално стартуваа со производство во погонот на фабриката во Бунарџик. Почетната инвестиција во фабриката е 34 милиони фунти. Ќе се користи светска технологија за производство на катализатори. Производството ќе биде наменето за извоз на европскиот пазар, што на Македонија треба да и донесе девизен прилив.

„Меѓународната автомобилска индустрија дефинитивно се опоравува, излегува од рецесија. Според количините на автомобили кои што ги гледаме како излегуваат од постројките тие се поголеми од оние што биле во 2008-та и 2009-та година“, рече Лари Пенс, Џонсон Мети.

Британската компанија „Џонсон Мети“ има годишен приход од 12 милијарди долари и 10.000 вработени во 50 земји.

По „Џонсон Контролс“, ова е втора фабрика во економската зона Бунарџик. Лани Македонија ја заврши годината со 184 милиони евра странски директни инвестиции при што најголемиот дел од нив се по основ акционерски капитал и реинвестирана добивка. Во првиот месец од годинава во Македонија има 24 милиони странски директни инвестиции, што е скоро двојно помалку од 2008 година.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122112 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122112

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Dragan
Date Posted: 15-Apr-2010 at 23:42
da imam podatoci deka merkator ke gradi vo karpos, imam bliski koj rabotaat na DUP-ot na opstinata karpos, pa mi rekoa deka merkator planira da investira vo Makedonija 

-------------


Posted By: axel
Date Posted: 17-Apr-2010 at 12:18

„Меркатор“ сериозен за влезот во Македонија

09:00 | 17.04.2010 | Автор: Шпиц

Словенечкиот синџир супермаркети „Меркатор“, словенечка компанија сопственик на супермаркети, планира да ја прошири

дејноста на пазарите во Македонија и во Косово со цел да ја засили продажбата и да ја зацврсти својата позиција како најголем синџир на супермаркети на Балканот, изјави извршниот директор на компанијата, Жига Дебељак, за американскиот деловен информативен сервис „Блумберг“.
Компанијата сака да биде присутна на девет национални пазари во балканскиот регион до 2013 година, откако минатата година отвори нови продавници во Бугарија и во Албанија, што претставува прв деловен потег надвор од територијата на бивша Југославија.
„Меркатор“ е најголема словенечка компанија по приходите и е проценета на 630 милиони евра. Таа е и една од најголемите компании на територијата на поранешна Југославија. Нејзини конкуренти се хрватскиот „Агрокор“ и српскиот „Делта холдинг“, како и францускиот „Керфур“, кој најави влез на балканскиот пазар заедно со грчкиот синџир за трговија на мало „Марополус“.
Во 2005 година „Меркатор“ купи локација за изградба на супермаркет во близина на салата „Борис Трајковски” во Скопје и по оваа најава проектот се очекува да почне со изградба годинава, а да биде завршен до 2012 година.


http://www.spic.com.mk/kat/biznis/merkator-seriozen-za-vlezot-vo-makedonija.html



Posted By: Мартин
Date Posted: 18-Apr-2010 at 23:27
На хелиодромот во Карпош ќе се гради ТЦ „Меркатор“
 
Словенечката компанија „Меркатор“ дефинитивно се пробива на македонскиот пазар. Веќе ја комплетира документацијата за добивање градежна дозвола за трговски центар што ќе го гради во Карпош, на местото на хелиодромот.

Иако во јавноста се шпекулира дека во проектот Словенците ќе влезат со локален партнер, па дури и ги врзуваат со „Тинекс“, сепак, од „Меркатор“ не сакаат да коментираат за можна соработка со македонскиот синџир маркети. Единствено велат дека секогаш се отворени за соработка. Речиси идентичен е коментарот и од македонската компанија. „Како секоја сериозна компанија и ние сме отворени за соработка. Меѓутоа, не сме преговарале за заедничка соработка со словенечката компанија за конкретниот проект“, тврди Кристина Тодоровиќ-Николиќ, генерален извршен директор во „Тинекс“.

Трговскиот центар „Меркатор“ ќе го гради на слободниот простор кај базенот во Карпош, на аголот на „Илинденска“ и „8 Септември“. По концепција ќе биде речиси идентичен како и другите трговски центри на компанијата во Љубљана, Загреб, Белград и во Сараево.

Иако инвеститорите од општина Карпош веќе добиле и локациски услови за градба, што им дозволува да ги вршат подготвителните работи на терен, сепак, со активности ќе почнат кога ќе ја добијат градежната дозвола.

„Во тек е подготовката на проектните задачи, по што ќе следуваат останатите неопходни процедури за добивање одобрение за градба. Очекуваме Општината, како и досега, да биде исполнителна во соработката и тоа да се направи навреме. Тоа значи дека се' уште не можеме ниту, пак, сакаме да калкулираме со времето кога би почнале со изградба“, објаснува Јордан Минов, директор на „Меркатор Македонија“.

Тој вели дека допрва ќе се прават пресметки колку пари компанијата ќе треба да и' исплати на општина Карпош по основ на комуналии и колку е вреден проектот, иако се шпекулира дека тој тежи дури 30 милиони евра.

Според Минов, засега најбитно е тоа што компанијата речиси по пет години, откако по нејзина нарачка Општината го донесе урбанистичкиот план, ги надмина проблемите со оформувањето на градежната парцела.

Инаку, во согласност со ДУП, површината на објектот во основа изнесува 20.000 квадратни метри, а ќе се гради на две нивоа, иако планот дозволува максимална висина од 15 метри, односно изградба до четири ката. Како и во трговските центри на „Меркатор“ во регионов, така и во овој, 20 отсто од објектот ќе биде наменет за хипермаркет, продавница за текстил од линијата „Модијана“, дуќан за спортска опрема „Интерспорт“, туристичка агенција што е сопственост на компанијата, игротека, продавница за козметика... На приземјето ќе има продавница за опрема за домаќинство, а на истото ниво ќе се наоѓа и просторот наменет за паркирање.

„Принципот за паркирање, како и содржините во маркетот и застапените дуќани за текстил, спортска опрема и друго, по автоматизам ќе бидат исти како и во останатите наши центри, бидејќи тие претставуваат дел од нашата основна понуда како трговска компанија. Во случајов, како и досега, отворени сме за соработка со други субјекти, што значи дека допрва ќе се договора и застапеност на други брендови и услуги во нашиот објект, а ќе се утврдува и бројот и начинот на издавање на дел од деловните простории“, вели Минов.

Пристап до трговскиот центар ќе има од две страни, од постојната улица што од „Илинденска“ води спрема спортската сала „Борис Трајковски“, како и преку новопроектираната улица од спротивната страна, што ќе биде обврска за изведба на Општината.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=9D8127DA59D3E945AB1456968ACE45B4

Има некои интересни информации кои мислам до сега ги немаме чуено.


Posted By: axel
Date Posted: 26-Apr-2010 at 17:50

Државата ќе му ја одземе земјата на Меркатор

Словенечката фирма Меркатор иако вети градба на трговски центар ги проби сите рокови. Плацот кај базенот Карпош остана празен. Од министертвото и испратиле писмо на фирмата во кое стои дека еднострано го раскинуваат договорот затоа што се пробиени роковите.

,, Заради непридржување од страна на инвеститорот до роковите кои се дадени во договорт за отуѓување на земјиштето заради оформување парцела односно заради тоа што не е извадено одобрението за градење во потребниот рок министерството за транспорт и врски до компанијата Иневестмент интернационал (сопственост на Меркатор) испрати известување со кое се известуваат дека договорот за отуѓување на земјиштето што е во сопственост на Република Македонија е еднострано раскинат, и од нив се бара во одреден рок да достават жиро сметка на која ќе бидат испратени парите што ги платиле за земјиштето,, вели за емисијата КОД Драган Симоновски од министерството за транспорт и врски.

Меркатор го има плацот околу базенот карпош и базенот целосно , го купува од лице кое државата му го вратила со денационализација а еден дел е државно земјиште за кое Кипарска фирма ја тужи и државата и Инвестмент интернешнал (сопственост на Меркатор) дека нелегално и го земала. Меркатор најави изградба на трговски центар уште во 2005та но до сега таму не е изградено ништо.
Повеќе во КОД вечерва во 20 часот.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=59887


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Apr-2010 at 18:50
дека нелегално и го земала.


Дај бе нека научат македонски. Ohno


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Apr-2010 at 19:16
Шпанската серија продолжува. Меркатор во Македонија почнува да му парира веќе и на рекордерот ЕРА Сити. 


Posted By: axel
Date Posted: 27-Apr-2010 at 12:03
Договорот со Меркатор раскинат поради неисполнување на основни клаузули
Автор: http://www.forum.com.mk/avtor/j_arsova - Јасмина a     12:27 | 27 април 2010

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска објасни дека договорот со Меркатор бил раскинат поради тоа што не биле запазени роковите

Сите договори што нема да ги исполнат основните клаузули, како  на пример рокот за одобрување на градење, ќе бидат раскинати.

„Министерството има воспоставено софтверски систем за најголем број од договорите, кога ќе се пробие било каков рок ќе достават предлог до правобранителот за раскинување на договорот.“ изјави Јанакиески.

Меркатор од 2005 година најави изградба на трговски центар во близинабазенот Карпош, но до сега не е ништо изградено.

http://www.forum.com.mk/#21918;jsessionid=179B0D586C0CC2A52BCDC6C1C5FCB937


Posted By: axel
Date Posted: 27-Apr-2010 at 15:17
malku poopsirno

Се замрси инвестицијата на Словенечки Меркатор

Се замрси инвестицијата на Словенечки Меркатор. Денеска Министерот Јанакиевски потврди дека ќе си го бараат назад државното земјиште на кое требаше да се гради дел од трговскиот центар Меркатор. Словенците ги пробиле сите рокови за градба.

Миле Јанакиевски, Министер за транспорт вели дека ќе испрати барање до Јавното правобранителство за да почнат со процедура за повторно враќање на земјиштето во сопственост на државата.

Од Општина Карпош објаснуваат дека менаџерите од Меркатор доставиле само предлог проект за трговски центар. Општината им ја издала оваа локација, словенците ја купиле од приватно лице, земјиштето го легализирале. Спорна е само мала парцела што била во државна сопственост.

Виолета Цветковска од Општина Карпош вели дека Меркатор доставиле идеен проект на 8 Февруари. Општината им ја обезбеди локацијата и им дадовме рок од 1 година да достават готов проект со целосната документација, вели Цветковска.

Од Меркатор денеска без став. Зошто се пробиени роковите, ќе се жалат и дали повторно ќе бараат државата да им го врати земјиштето ќе објаснуваат наредните денови.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=59925


Posted By: axel
Date Posted: 28-Apr-2010 at 15:13

Се огласи Меркатор - државата ни даде кратки рокови

Државата ни даде кратки рокови и долги процедури за да извадиме дозвола за изградба на трговски центар, ова е ставот на Словенечки Меркатор, откако Министерството за транспорт еднострано го раскина договорот за земјиштето на кое требаше да се гради дел од трговскиот центар кај спортската сала Борис Трајковски.
,,Настанатиот деловен проблем ќе го решаваме во соработка со Министерството за транспорт и врски а кој настана заради долготрајните пропишани процедури како и заради краткиот рок за добивање градежна дозвола, за што е потребна детална и обемна подготовка. Проектот за изградба на трговски центар во Карпош е од долгорочен интерес и имаме план истиот да го реализираме до 2012,, се вели во писменото соопштение од Меркатор.

Од Општина Карпош велат дека пред три месеци ја издале
локацијата за трговски центар, а Меркатор има обврска за една година да достави готов проект.

Виолета Цветковска од Општина Карпош вели дека Меркатор доставиле идеен проект на 8 Февруари. Општината им ја обезбеди локацијата и им дадовме рок од 1 година да достават готов проект со целосната документација, вели Цветковска.

Меркатор планира до 2012 година, да го изгради првиот трговски центар и да земе 5% од профитот од вкупниот пазар во земјава
28.04.2010, 15:36

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=59966


Posted By: axel
Date Posted: 28-Apr-2010 at 16:30
ke mi izvinite malku so ovie postovi za merkator,ama se pojavija novi momenti ......

Првиот „Меркатор Центар“ во Скопје во 2012. година Скопје, 28 април - Првиот „Меркатор Центар“ во Скопје се планира да се случи во 2012. година. Ова денеска го соопшти „Пословни систем Меркатор д.д.“, реагирајќи на вчерашните информации во медиумите, според кои Министерството за транспорт и врски му го одзема земјиштето на Меркатор пред базенот Карпош, поради доцнење со градежните работи. Од „Меркатор“ потсетуваат дека компанијата преку својата локална компанија „Инвестмент Интернационал д.о.о.е.л. Скопје“, која е во целосна сопственост на Меркатор, во 2005. година стана единствен и траен сопственик на земјиште со површина од 50.153 квадратни метри на територијата на Општина Карпош во Скопје.

По донесувањето на ДУП-от на Карпош, заради доуредување на градежната парцела, „Меркатор“ купи земјиште со површина од 10.971квадратни метри од Министерството за транспорт и врски, но поради неможноста за предвидениот рок од шест месеци да извади градежна дозвола, договорот е раскинат. „Раскинувањето на купопродажниот договор се однесува единствено на купеното државно земјиште, а не на целата парцела купена во 2005 година, која е во сопственост на „Меркатор“, појаснуваат од компанијата. Компанија „Инвестмент Интернационал д.о.о.е.л. Скопје“ најави дека настанатиот проблем ќе го реши со Министерството за транспорт и врски.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2000


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Apr-2010 at 23:37

„Меркатор“ не се откажува од трговскиот во Карпош

Од компанијата за пробиениот термин се правдаат со краткиот рок за прибирање на документацијата

Деспина Трајковска

Словенечки „Меркатор“ не се откажува од проектот за изградба на трговскиот центар во Карпош. Речиси признава дека не го испочитувал договорот за купопродажба на државното земјиште, но, сепак, се надева дека проблемот ќе биде надминат. Што ќе преземе конкретно, не беше наведено во писмената реакција од компанијата.

„Проблемот настана поради пропишаните долготрајни процедури, како и поради краткиот рок за добивање градежна дозвола, за што е потребна детална и обемна подготовка на проектната документација неопходна за ваков комплексен објект. Веруваме дека заедно со надлежните институции ќе го решиме проблемот на заемен интерес. Проектот за изградба на трговски центар е од долгорочен интерес на компанијата и имаме план да го реализираме“, се вели во соопштението од словенечката компанија, во кое, меѓу другото, се потенцира дека веќе во наредната година ќе почне да го гради објектот.

За изградба на трговскиот центар, инвестиција тешка над 30 милиони евра, Словенците уште во 2005 година од приватен сопственик купиле повеќе од 50.000 квадрати во Карпош, но заради дооформување на парцелата, било неопходно да откупат и дел од државното земјиште, со површина од 10.971 квадратен метар. Согласно со договорот, компанијата требало во рок од шест месеци по потпишувањето на купопродажниот договор, да обезбеди градежна дозвола.

„Поради краткиот договорен рок, не беше можно изготвување главен проект и добивање градежна дозвола. Раскинувањето на купопродажниот договор се однесува единствено на купеното државно земјиште, а не на целата парцела“, дополнуваат од „Меркатор“, кој пред два месеца доби локациски услови од Општина Карпош, а изминатиот период интензивно работеше на комплетирање на документацијата за добивање на одобрението за градба.

Според информациите од Министерството за транспорт и врски, за еден квадрат компанијата и' платила на државата 6.600 денари. Надлежните дополнуваат оти првично во купопродажниот договор рокот за обезбедување на одобрението за градба изнесувал шест месеци, а со измената на Уредбата за начин и постапка на отуѓување и давање под закуп градежно земјиште, тој рок бил зголемен на 9 месеци.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FDCC81AE7DCB8A4F800A0BC1820FC68E


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Apr-2010 at 20:42
Одземена само државната парцела на „Меркатор“
 
Раскинувањето на купопродажниот договор се однесува единствено на купеното државно земјиште, а не на целата парцела купена во 2005, велат од „Меркатор“  
 
%20  
Земјиштето на словенечката фирма „Меркатор“, кое се наоѓа во општината Карпош и на кое треба да се гради луксузен трговски центар, нема да биде одземено, како што се шпекулираше минативе денови. Се работи за одземање само на државната парцела, а не за целиот имот купен во 2005 година.

- Веста што се рашири деновиве веројатно е новинарска шпекулација. Сепак, се оди кон тоа да се раскине договорот затоа што не се исполнети одредени услови. Подетални информации може да ви каже министерот Јанакиески - ни изјави Благоја Ефтимов од Министерството за транспорт и врски.

И од словенечки „Меркатор“ велат дека се работи за шпекулација. Во 2005 година тие станале единствени и трајни сопственици на земјиштето со површина 50.153 квадратни метри, на подрачјето на општината Карпош. Проблемот, наводно настанал затоа што фирмата цели пет години не изградила ништо како што било предвидено со договорот.

- Плановите за влез на македонскиот пазар, „Меркатор“ ги спроведува согласно зацртаната долгорочна развојна стратегија. Реализацијата на инвестицијата и почетокот на трговската дејност во Република Македонија се предвидени за 2012 година - стои во соопштението на „Меркатор“.

Оттаму велат дека по откупувањето на земјиштето фирмата почнала со уредување на урбанистичките услови на локацијата и дека по усвојувањето на Деталниот урбанистички план за предметната локација во декември 2005 година, требало да се докупи земјиште во сопственост на државата, по што „Меркатор“ купува земјиште со површина од 10.971 квадратни метри од Министерството за транспорт и врски.

- Во договорот за купување на државното градежно земјиште, еден од договорените услови беше добивање градежна дозвола во рок од шест месеца. Потоа се здобивме со потребните локациски услови. Но заради краткиот договорен рок, не беше можно проектирање на главен проект и добивање градежна дозвола. Раскинувањето на купопродажниот договор се однесува единствено на купеното државно земјиште, а не на целата парцела купена во 2005 година - додаваат од „Меркатор“.

Од општината Карпош велат дека немаат никакви проблеми, ниту со земјиштето, ниту со фирмата, како и тоа дека доколку се исполнат одредени услови слободно може да се започне со градење.

- Што се однесува до нашата општина немаме никаков проблем со фирмата. Ние им обезбедивме локациски усови и сé што треба да сторат е да донесат основен градежен проект, да платат комуналии и после можат слободно да почнат да градат - објасни Виолета Цветковска, портпаролка на општината Карпош.
 
   
Автор: Б.Ст.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=429101030236&id=14&prilog=0&setIzdanie=21971


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Apr-2010 at 01:15
Е сега дали маркицата лежи на повеќе земјишта. И дали во овој случај Меркатор ако веќе има сопственост на поголемиот дел од парцелата и може да покрене постапка државата во негова корист да го експропреира и продаде земјиштето како странка што има намера да гради. De facto државата сама од себе да ексропреира и да според аконските одредби, што всушност ги дознавме неодамна на прашње на еден форумџија, да го продаде по службена должност бес дополнителни клаузули во однос на рокови. Ај ако некој е детално запознаен со случајов би било пожелно да го образложи да видиме која е всушност сликата пошто со последниов напис изгледа малку посложео е одошто изгледа.


Posted By: axel
Date Posted: 24-Jun-2010 at 15:20

Меркатор ќе гради трговски до крај на годината

До крајот на годината словенечката компанија Меркатор ќе почне со изградба на долго најавуваниот трговскиот центар кај спортската сала Борис Трајковски. Ова го тврди словенечкиот амбасадор во Македонија, Алан Бергант. Но, Амбасадорот не открива детали во која фаза е компанијата во разрешување на спорот со Министерството за транспорт, откако државата им го одзеде градежното земјиште на кое требаше да се гради дел од трговскиот центар. Словенците се упорни во тврдењата дека Меркатор ќе биде најголемата словенечка инвестиција во земјава.

Бергант вели дека не го открива датумот кога Меркатор ќе почне да ја реализира веќе неколку години најавената инвестиција во Македонија, но дека тоа требало да се случи најдоцна до крајот на годината.

Од Меркатор велат дека се уште работат да го решат спорот со Транспорт и да ја добијат потребната градежната дозвола. Пред два месеци, Министерството им ја одзема парцелата оти ги пробија сите рокови за градба. Тогаш тврдеа дека државата им дала краток временски период за да ја добијат градежна дозвола. Но и од Општината Карпош велат најавената инвестиција е несериозна и дека размислуваат дали да направат измени во деталниот урбанистички план во корист на Меркатор.
24.06.2010, 16:17
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=62020


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jun-2010 at 15:35
Originally posted by axel

Но и од Општината Карпош велат најавената инвестиција е несериозна и дека размислуваат дали да направат измени во деталниот урбанистички план во корист на Меркатор.
Ваљда сериозна  Roll%20eyes


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Jun-2010 at 16:18
„Одзема“ (изговор: удзима) во остатокот од Македонија (провинција, село, без аеродром) се вика „одзеде“. Научете македонски новинари, оти првиот што ќе ми излезе пред очи го тепам!

Инаку, веројатно е дека навистина мислеле несериозна, штом имале толку неправилности, што сега се мислат дали да им дадат дозвола и да го променат ДУП-от.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jun-2010 at 16:30


Ќе го менуваат ДУП-от во корист на инвеститорот, а за несериозна инвестиција?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Jun-2010 at 16:38
Јас го сфатив како демек Меркатор се жалеле на краткиот рок, па со тоа покажале дека се несериозни, па сега демек се мислеле од општината дали да им дадат дозвола (и да го сменат ДУП) за нив.

Ама пак од друга страна да не бидам контрадикторен, ем викам дека е неписмен, ем го фаќам за збор Може да си во право, ама не ме чуди ништо од општинските луѓе да имаат речено Меркатор е несериозен.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jun-2010 at 19:01
Се сомневам дека ќе се направи и тука некоја мрља како со урбанистичкиот план за Г-Малл. Можно е да има некои политичко-интересовни цели.


Posted By: Insomnia
Date Posted: 17-Oct-2010 at 02:20
Znaeme nesto novo? Ke ja bide li rabotata ili ne ?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jan-2011 at 23:09
Се чини повторно се олади работава. Меркатор својот влез во Македонија повторно го одложува, овој пат за 2013. Тоа можете да го прочитате во нивниот среднорочен бизнис план за периодот 2011-2015 кој можете да го најдете овде:
http://www-en.mercator.si/investors/business_plan - http://www-en.mercator.si/investors/business_plan

Ова ваљда значи дека дефинитивно пропаднале сите усилби и околу парцелата кај базенот „Младост“ во Карпош...

Еве и една табела од документот, до 2015 планираат да имаат грубо 3% пазарен удел за "Fast moving consumer goods", а за "Home products" не фигурираме, не знам дали тоа значи дека во Македонија воопшто нема да влегуваат во тој сегмент сега за сега.

И ве молам доколку некој знае да ми каже кои се прифатени македонски термини за "Fast moving consumer goods" и "Home products". Мислам горе-доле сите знаеме што значат, ама битно која е правилната и прифатената македонска терминологија?






Posted By: axel
Date Posted: 03-Mar-2011 at 18:53

Меркатор најавува влез во Македонија

03.03.2011 | http://kajgana.com/cat_30 - Бизнис | Извор: Макфакс
Словенечката групација Меркатор планира во следните пет години да инвестира повеќе од 700 милиони евра, пред сè во развој на малопродажните и логистичките мрежи, како и во влез на пазарите во Македонија и Косово.

Ова било истакнато на денешната прес конференција на Меркатор во Љубљана, на која е се објавени плановите за компанијата во 2011 година и среднорочниот план до 2015 година

„Меркатор планира во 2011 година 2,9 милијарди евра приход од продажба, што претставува пораст од речиси 6 отсто во однос на проценката за 2010 година“, се наведува во соопштението доставено до македонските медиуми.

Во обемното соопштение нема детали околу планираната инвестиција во Македонија, освен дека за 2013 година Меркатор планира да започне работни активности на пазарите во Македонија и Косово.

До 2015 година Групацијата Меркатор планира реализација на нето приход од 4,2 милијарди евра, што претставува просечен раст од приближно 9 отсто годишно.

Оваа компанија планира до 2015 година да има околу 33.000 вработени и да остварува добивка од околу 100 милиони евра годишно.

http://daily.mk/cluster3/c0d8a06151b5236015b484f3bf3531ec/623448


Posted By: Makedonij
Date Posted: 03-Mar-2011 at 20:30
Previous

Тешко ми се верува, бидејки овие денови се преговара, дали Меркатор ќе биде продаден на Агрокор или пак Меркатор го купува Конзум!


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Mar-2011 at 20:32
Денес се објави веста дека Делта е купена од Белгијци. Немавме некаде за Делта на форумов?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 03-Mar-2011 at 21:48


 

Originally posted by гитардемон

Денес се објави веста дека Делта е купена од Белгијци. Немавме nекаде за Делта на форумов?


ako ne se lazham delta trebashe da pravi ili supermarket ili trgovski centar kade shto se gradi sega aleksandrija trgovskiot sproti crvenata kula vo karposh 3, i posledno beshe deka delta kje se bunela i shto ti ja znam deka iako dala pari, ne go dobila prostorot.



Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Mar-2011 at 23:41


Незнам колку е Делта во право во врска со локацијата која ја изгубија во Карпош 3, но едно е сигурно. И во случајот со нив, мајсторски одвративме една сериозна бизнис групација која имаше реален интерес да инвестира во МК.

Јас барем од тогаш, немам сретнато ниту најава (како онаа што Меркатор ја рециклира веќе 10 години) дека планираат нешто во Македонија. Истовремено, направија пробив по цел балкан вклучувајќи ја и Бугарија.




Posted By: nylon
Date Posted: 04-Mar-2011 at 01:24
Не треба многу да се радуваме на најавите дека странски ангродеталистички ланци влегуваат кај нас. Влегувањето на странски ланец значи и зголемување на увозот на производи кои веќе ги има кај нас. Односно производи кои е способно да ги произведе и македонското стопанство. Тоа е крајно штетно за секоја економија, па и за најразвиените.

Мислам дека одвраќањето на Делта, Агрокор и Меркатор се прави свесно, пред се поради штетните влијанија. Размислете малку што ќе донесат тие корисно, освен повеќе избор за купувачите, поубави маркети и уште некои ситени работи. За државата нема да донесат ништо корисно. Не создаваат нова вредност, не создаваат извоз... Јас го оправдувам одвраќањето и сум среќен што немаат намера да влезат скоро.

Па замислете да влезе Агрокор со 20тина маркети. Во маркетите 60-70% хрватски производи. Тоа ќе биде огромен удар за македонското стопанство, а уште поголем за трговскиот биланс, односно за макероекономската стабилност. Покрај економските ефекти ќе предизвикаат и еден ефект, во маркетингот наречен културна ароганција. Тоа значи наметнување, на пример, на хрватската култура, а со тоа и загрозување на нашата. Керфур, Теско и Алди се веќе друга приказна. Сепак тие се светски ланци.


Posted By: Dragan
Date Posted: 04-Mar-2011 at 17:01
Најбрзо богатење е преку трговија. Од 100 души ако има 90 трговци, 10 се купувачи. Словенците нека не продаваат многу памет и заење они мислат како у проанешна Југославија ќе продаваат мушмули за злато. Со што македонскиот народ ќе им купува со мушмули?, колку глупава работа го губат бизнисот у европска унија за која викаат ЕВРОПА ЗДАЈ а сега македонче дај, се враќаат опет таму кај што јаделе и пиеле, и кај што се праеле фраери ама времињата не се исти, Македонија нема место за Меркатори Ц маркети, шише џамови, рамстори, и какви не трговски организации што само на профит мислат. Нека дојдат со трактори па нека го ораат овче поле и нека сееат сончоглед па нека прават од него зејтин нека вработата 15.000 наши работници па профитот нека си го земаат од тоа ако има.
Заклучок ништо од Меркатор во Македонија се сомневам во таа работа.


-------------


Posted By: N23
Date Posted: 04-Mar-2011 at 17:17

А да збориме дека со нивен влез ќе се запослат уште стотина директно и стотина индиректно, дека државата при увоз пак ќе лапне некоја царина, дека џунглите каде што сакаат да градат ќе се урбанизираат, дека ова е време на либерална економија и секој има право да влезе и да се пробие со конкуренцијата и сл. Со вакво одбивање си задаваме уште еден удар повеќе кон влез во ЕУ. Прочитајте ги економските критериуми, каде се вели дека мора да имаш рзвиено високо ниво на конкуренција, слободен пазар и сл. Никој не ни е крив што тинекс, тедико и сл маркети не влагаат во босна, србија, хрватска. А за тоа што ќе продаваат нивна ствар, ако нејќеш никој не те тера да купиш. Па КАМ е македонски, па форсира герамнски производи, тоа не ви смета? Со вакви мислење уште подалеку е европа. Сигурен сум дека иако критикувате, у фрижидер немате 5% македонски производи.


Posted By: Мартин
Date Posted: 04-Mar-2011 at 17:37
И јас воопшто не се согласувам со мислењата на Nylon и на Dragan. Влегувањето на Меркатор, како прво, ќе го размрда македонскиот малопродажен пазар, ќе донесе поголема конкуренција што на крај пак ќе биде добро за нас - потрошувачите. Второ, факт е дека во него ќе се продаваат словенечки производи, но не заборавајте дека ќе се продаваат и наши, домашни производи, што автоматски ќе биде една огромна придобивка за македонските компании. Исто така, како што кажа N23 државата ќе лапне царина од увозот, а и општината на која ќе се гради ќе земе пари од комуналии. Секако, тука е и вработувањето на уште стотина лица!


Posted By: Dragan
Date Posted: 04-Mar-2011 at 19:53
@ Martin i N23, Вака нашиот пазар кога се мисли за отварање на вавкии супермаркети е веќе презаситен. Ги имаме веќе : Веро,Рамстор, КАМ, Тинекс,Tедико,многу број на дисконти, илјадници и илјадници помали трговски фирми. Овие наброени  маркети се превише од доволни за вкупниот број на нашето население. Се поставува прашањето колкава е куповната моќ на нашиот човек за да се отвори уште еден голем супер маркет освен ако тој има цени што се на социално ниво, прилагодени за плата од 200-300 евра. Неоспорно е дека со овие маркети 500-600 можеби повеќе ќе се вработат но за плата од 150 евра. Сепак тоа настрана гледам дали овде има плодно тло за словенскиот Меркатор - нема. Тој сака профит овде профит нема нема од каде да се створи, нема економска логика. Еве во Гостивар имаше трговска хрватска куќа ПЕВЕЦ ( PVC ) па сега е распродадена. Не може државата да ја полни својата каса само од  царини како што вие викате горе затоа што постои граничен праг до каде со тоа може да се оди ако таа еластичност се истегне нема враќање назад односно се уништува домашното производство ( каде тогаш купувај те Македонски производи ) и дали воопшто тие имаат било каква шанса да се произведат или да се продадат. Заклучок: Мора да постои рамнотежа на големината на трговскиот капитал кој можеме и смееме да го пуштиме во нашата држава големината на нашето производство, за да го продадеме на наш пазар, и рамноправни политички односи со другите држави за да не потпаднеме по така наречени подредена улога во било какви односи. Затоа што за 500-600 ново вработени во овие маркети ќе изгубиме  5000 до 6000 работни места во нашето производство ( претежно земјоделие ) од тука уште еднаш мислам дека нема место за Меркатор во Македонија доволно ни се овие што ги имаме освен ако тој не ги купи сите други за ефтини пари и не почне да продава по значително пониски цени и повеќе од половината наши производи - се сомневам во тоа затоа што овие се само излитени профитери кој загубиле на запад па се вртат овде, јас не би ги пуштил. 

-------------


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 04-Mar-2011 at 20:38
Pred da navlezete vo struchni detali sakav samo da prasham dali ova e forum za makroekonomija i shtitenje domashno proizvodstvo ili pak forum za arhitektura, gradezhnishtvo i urbanizam?


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Mar-2011 at 23:58
Originally posted by Dragan

@ Martin i N23, Вака нашиот пазар кога се мисли за отварање на вавкии супермаркети е веќе презаситен. Ги имаме веќе : Веро,Рамстор, КАМ, Тинекс,Tедико,многу број на дисконти, илјадници и илјадници помали трговски фирми. Овие наброени  маркети се превише од доволни за вкупниот број на нашето население. Се поставува прашањето колкава е куповната моќ на нашиот човек за да се отвори уште еден голем супер маркет освен ако тој има цени што се на социално ниво, прилагодени за плата од 200-300 евра. Неоспорно е дека со овие маркети 500-600 можеби повеќе ќе се вработат но за плата од 150 евра. Сепак тоа настрана гледам дали овде има плодно тло за словенскиот Меркатор - нема. Тој сака профит овде профит нема нема од каде да се створи, нема економска логика. Еве во Гостивар имаше трговска хрватска куќа ПЕВЕЦ ( PVC ) па сега е распродадена. Не може државата да ја полни својата каса само од  царини како што вие викате горе затоа што постои граничен праг до каде со тоа може да се оди ако таа еластичност се истегне нема враќање назад односно се уништува домашното производство ( каде тогаш купувај те Македонски производи ) и дали воопшто тие имаат било каква шанса да се произведат или да се продадат. Заклучок: Мора да постои рамнотежа на големината на трговскиот капитал кој можеме и смееме да го пуштиме во нашата држава големината на нашето производство, за да го продадеме на наш пазар, и рамноправни политички односи со другите држави за да не потпаднеме по така наречени подредена улога во било какви односи. Затоа што за 500-600 ново вработени во овие маркети ќе изгубиме  5000 до 6000 работни места во нашето производство ( претежно земјоделие ) од тука уште еднаш мислам дека нема место за Меркатор во Македонија доволно ни се овие што ги имаме освен ако тој не ги купи сите други за ефтини пари и не почне да продава по значително пониски цени и повеќе од половината наши производи - се сомневам во тоа затоа што овие се само излитени профитери кој загубиле на запад па се вртат овде, јас не би ги пуштил. 
Апсолутно погрешно и неточно. Последните анализи (додуше од пред 2 години) говореа дека кај главните големи ланци пазарат помалку од 45% од населението. За спредба во словенија овој број беше 96% и повторно кај нив таа година влезе Лидл. Значи, кај нас е преполно од маалски дисконтчиња и квази ланци, но за жал вистинските ланци учествуваат во многу мал број. Поледнете ја и другата димензија. Еден од главните производители на брендирани Туш производи е Витаминка рилеп. Дали знаете дека поради активностите на Туш во Македонија, кечапот и мајонезот брендиран Туш, кој се продава во преку 200 маркети во словенија Словенија, Босна, Србија и Македонија се на Витаминка? Дека еурокремот е нивни, и уште 10тина други производи? Слободната трговија може да ни донесе само добро на нас крајните купувачи, а богами и да ги замисли успаните наши ланци кои минимум инвестираат во промотивни акции, уредни паркинг простори, свежа и квалитетна стока и сл. Секако први на удар ќе бидат маалските гранапчиња.


Posted By: N23
Date Posted: 05-Mar-2011 at 01:49

Кажа се што треба. Доста мислиме локално. Ако дојде Меркатор, никој нема по уши да не тепа ако не купуеме словенечко. Баш напротив, уште повеќе наши производи ќе се произведуваат за да се најдат на рафтовите на овие супер маркети. Кога бев во Туш во Велес, бев зачуден од благите производи кои не само што во Скопје не можам да ги најдам, туку беа изработени од македонски производители и изгледаа прилично модерни, не само естетски, туку и содржински. Уште еднаш ќе кажам, слободен пазар и конкуренција се главни одлики на ЕУ-пазарот. Ако си добар, ќе успееш, ако си ко маалскине драгсторчиња со цени поскапи од супермаркетине, нормално нема да успееш. Големите риби ги јадат малите риби, сурова реалност. Само нека влезе Меркатор веќе, можеби ќе ги свести другите да излезат од сонот, освен Тинекс кој што колку толку почна да гради асални маркети. Искрено јас попрво би влегол во супермодерен Меркатор, него во Тедико или Кам или уше некој од тие ланци, кои освен својата големина, ништо друго не нудат.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Mar-2011 at 13:14
И најважното од сè, кое сите некако го заборавивте (простено ви е ), фирмата со седиште во Македонија ќе плаќа данок на добивка на македонската држава, кој е 10% од нејзините добивки. Е сега вие видете колку ни се исплаќа ако им тргне на сите овие фирми.

Економијата на Кипар расцвета во последните 10 години само благодарение на ваквите препродавачки фирми. Секако тоа е благодарение на многу пониските даноци на добивки отколку во другите европски држави, при што многу европски компании имаат фирми-ќерки во Кипар, и сите добивки ги остваруваат преку кипарските фирми, и со тоа наместо да им се одданочуваат добивките со 20% - 30% како во Франција, Грција, Германија, добивките се одданочуваат со кипарската стапка на данок од 8%.

Треба да ни дојде умот, вакви инвестиции се добредојдени. Колку повеќе вакви фирми, толку повеќе консултантски куќи, сметководствени фирми, и милион други работи. Ама една ластовичка не носи пролет.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: nylon
Date Posted: 05-Mar-2011 at 13:49
Многу површно размислувате. Прво кога веќе зборувате за либерализација и европски принципи на работење, би ве потсетил дека Меркатор е во државна сопственост. Дали тоа е во согласност со принципите на либералната економија? Плус, денес не постои либерална економија. Светот се има откажано од либералната економија уште во големата депресија во 20тите години од минатиот век. Размислете зошто постојат царините? Па тие не се за да се богати државниот буџет , напротив тоа е смао колатерална корист. Тие се заштотни надворешно-трговски инструменти. Односно, имаат функција да го заштитат домашното производство од увозот и да го заштитат платниот биланс на државата, односно одливот на девизи.

Целта во претхдниот пост ми беше да кажам дека ако влезе странски ланец нема да создаде нова вредност. Тоа што го кажавте за Кипар е друга работа. Таму се работи за реекспорт, односно увези, препакувај, усоврши и извези. На тој принцип живее и Хонг Конг, Сингапур па и Грција. Тоа е веќе друга работа. Но задржувањето само на внатрешната трговија не создава нова вреност во државата. Тие купувачи веќе постојат. Тие нема да создадат нови купувачи. Обемот на купувае веќе постои. Само ќе се распределува од веќе постојните кон новите деталистички ланци.

Без многу да се филозофираме, запрашајте се зошто во Германија, Британија, Франција нема Walmart? Зошто во Британија нема Aldi и Lidl? Зошто во Франција нема ASDA и Sainsbury's? Зарем тие немаат економии по европски принципи.

А кога зборите за тоа дека тие компании ќе бидат регистрирани во Македонија, запрашајте се што ќе прават со профитот? - Ќе го изнесат од државата на крајот на даночната година. Тоа е повторно одлив на девизи. Девизи кои се извадени од профитите на постонјите македондки лнци на маркети, преку превземањето на нивните купувачи.

И, вкво мислење имам само кога се работи за малопродажната трговија, инаку апсолутно сум за модерно, светско работење, со почитување на принципите на Адам Смит .

Инаку апсолутно мислам дека наиве ланци спијат и не работат иноватино. Но треба да се најде некој друг начи за да се разбудат и да почнат да работат нормално. Пред се разграничување на сопственоста и менаџирањето. Односно професионален менаџмент.

@ Гитардемон
Рамисли всушност од каде ќе доаѓа таа добивка. Тоа ќе биде всушност прелеана добивка од добивките на веќе постојните ланци. Односно за сметка на намалувањето на добивките на Тинекс, Тедико, Веро, Кам... ќе се зголеми добивката на Меркатор, на пример. Можеби и нема да се намалат добивките на останатите ланци во вредност, колку што ќе изнесува добивката на Меркатор (вкупната добивка од малопродажбата ќе биде зголемена, гледано макроекономски), но тоа значи само дека населението троши повеќе. Односно ако сакала државата да ги земе тие пари може само да ја намали каматата на кредитите и ќе го постигне истиот ефект.


Posted By: N23
Date Posted: 05-Mar-2011 at 15:15

Само едно прашање, убаво ти е да пазариш во шупите на Тедико, КАМ, или некои од постарите Тинекс, или во Рамстор, Веро и доколку би дошол меркатор? Јас гледам за тоа што ќе платам да добијам, како што се среден маркет и голема достапност на производите и простор во кој се вложени милиони а не илјадници евра.


Posted By: nylon
Date Posted: 05-Mar-2011 at 15:38
Originally posted by N23


Само едно прашање, убаво ти е да пазариш во шупите на Тедико, КАМ, или некои од постарите Тинекс, или во Рамстор, Веро и доколку би дошол меркатор? Јас гледам за тоа што ќе платам да добијам, како што се среден маркет и голема достапност на производите и простор во кој се вложени милиони а не илјадници евра.


Немој да мислиш дека на запад сите маркети изгледаат како новоро Веро. Треба да разликувате супермаркет, хипермаркет, драгстор и дисконт. КАМ на пример неможе да го споредуваш со Меркатор, затоа што КАМ е класичен дисконт. Лидл и Алди да не се убаво средени па што пола Германија се нивни верни потрошувачи.
Но мојот претходен пост не беше во контекст на ова прашање. Јас реков дека не сум задоволен од тоа во кој правец и со ој интензитет се движат наите малопродажни ланци. Секако не ми е убаво кога ќе го видам логото на Тедико со мечето изработено во Paint . Или касите на Тинекс што се долги 1ипол метар.


Posted By: N23
Date Posted: 05-Mar-2011 at 16:34
Правам огромна разлика што е хипер, супер и обичен маркет, ама на нашиов пазар ќе најдеш КАМ кој што е поголем и од неколку Тинекс-маркети. Не ми е тоа муабетот, поентата ми е дека ако со Меркатор се вработат пр 1000 души, а притоа овој пазар нема потреба од нови, рецимо прехрамбени компании, затоа што и вака ги имаме доста со слаб квалитет, а другиве индустрии некако сме непријателски расположени да ги примиме, ондак секоја ваква инвестиција е добредојдена. Јас не мислам дека со доаѓање на нов ланец на супермаркети, прометот на постојаните ќе опадне. Така викаа и со новоно Веро, па пак сите маркети се полни, а со тоа и Веро. Народов увек има скриено по некое евро плус под перница.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Mar-2011 at 19:19
Originally posted by nylon


Рамисли всушност од каде ќе доаѓа таа добивка. Тоа ќе биде всушност прелеана добивка од добивките на веќе постојните ланци. Односно за сметка на намалувањето на добивките на Тинекс, Тедико, Веро, Кам... ќе се зголеми добивката на Меркатор, на пример. Можеби и нема да се намалат добивките на останатите ланци во вредност, колку што ќе изнесува добивката на Меркатор (вкупната добивка од малопродажбата ќе биде зголемена, гледано макроекономски), но тоа значи само дека населението троши повеќе. Односно ако сакала државата да ги земе тие пари може само да ја намали каматата на кредитите и ќе го постигне истиот ефект.


Нашиот пазар е многу далеку од заситен за една компанија да одзема туѓ профит со своето доаѓање на пазарот, така што во право си кога викаш дека нема да се намали добивката на останатите ланци.

Не знам само зошто сметаш дека добивките ќе ги пренесува во матичната Словенија, кога таму даноците се повисоки од кај нас, логично е дека ќе сака тука да им се одданочува добивката.

Што се однесува до царините, не заборавај колку многу царински унии има по светов, во време на глобализација царините стануваат минато.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Dragan
Date Posted: 05-Mar-2011 at 19:45
Originally posted by N23


  Кажа се што треба. Доста мислиме локално.

N23 и Урбан. Јас сепак не се сложувам со вас. Не се работи дали ги сакаме или не ги сакаме словеницте или мислиме локално. Ако разглобиме еден куп економски логики како систем на решавање на равенки после знакот еднакво ќе стои НЕМА МЕСТО ЗА МЕРКАТОР ВО МКД. Не од политички туку едноставно нема никаква логика. Вие размислувате превише мас медиумски ( некако премногу граѓански ) што нема здрава логика со реалниот живот. Не да ве критикувам меѓутоа ако и во приватниот живот вака размислувате тогаш сами за себе не сте реални. Нема браќа нема економија нема место за профит незнам ако сакате со 101 пример од економската логика ќе го докажам тоа а вие ќе се уверите во идното време дека Меркатор нема да успее овде. Ајде живи здрави да бидете не можам сега повеќе да кажувам, мојот разум при секое размислување ме води од рационални нешта ( едноставни  прости работи кој докажуваат ). Да не биде солење памет меѓутоа логиката е на моја страна Smile


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 05-Mar-2011 at 20:03
Го прочитав сега nylon еден добар и рационален одговор на кој може би треба да се додаде класични економски постулати ( закони ) : Нема профит, нема куповна моќ, нема одвишок од вишокот на вредноста, ќе има прелевање од еден ланец во друг, со истата маса на пари ќе се гребат сите, нема создавање на нова вреднос, нема пораст БНД, едноставно нема ништо, само како што реков чисто трговско блефирање. Нека дојдат ама тоа ќе значи дека некој мора да пропадне тогаш тие ќе се послужат со други методи, а прв на удар да речеме ќе биде Тинекс, а газдата на Тинекс е градоначалник а тој е пријател на премиерот и сега ?, сега треба да се реши равенката па да се свитка опашката па дај што дадеш нека дојдат, па да пукне што ќе пукне, не може нема никаква економска оправданост, освен само гола политика се сложувам со nylon

-------------


Posted By: nylon
Date Posted: 05-Mar-2011 at 20:59
Originally posted by гитардемон



Што се однесува до царините, не заборавај колку многу царински унии има по светов, во време на глобализација царините стануваат минато.


Грешиш ако мислиш дека националните економии ги отвараат границите за се и сешто. Односно дека одат слепо кон либерализирање на меѓувародната трговија. Да, точно е дека се намалува просечната царинска стапка, но царините се заменуваат со стандарди за квалитет, за безбедност и ред други нетрговски бариери. Всушност развиените економии генерално се отвараат за увоз од земјите во развој, но главно за нискофинализирана стока од која имаат корист со понатамошна обработка на увезената стока.
Всушност и Светската трговска организација препорачува замјите во развој да користат царини, бидејќи светот не е еднакво развиен и домашното производство на земјите во развој мора да се заштити од големите компании од развиениот свет кои се далеку поконкурентни.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Mar-2011 at 21:28
Погледнете само еден пост пред веста на Макфакс од која тргна дискусијава. „Меркатор најавува влез во Македонија“ е само генерички наслов за генеричка и задоцнета вест. Вистината е дека Меркатор многупати најавувал влез, ама во случајов всушност се работи за ново одложување на влезот.


Што се однесува до користа или штетата што би ја имала македонската економија и држава (всушност како и секоја друга) од влезот на нови големи трговски ланци, таму сликата во секој случај е сива, има и позитивни и негативни страни, има и работи кои реално е тешко да се оценат, уште помалку да се квантифицираат и да се споредат. Но лично преферирам да влезат вакви инвестиции, од следниве причини. Нашите поголеми трговци имаа доволно време да застанат на нозе, да се консолидираат, да покажат што знаат. Јас не сум презадоволен од покажаното и мислам дека и како економија и како граѓани не сме должни (ниту пак реално можеме) да ги чекаме уште 15 или 20 години и веројатно повторно да бидеме во иста ситуација. Здрава конкуренција е добредојдена. Таа ќе ги направи многу поагилни оние кои сепак имаат капацитет за нешто асално, или пак ќе ги испрати во заслужен заборав оние кои и сега не заслужуваат да бидат дел од сликата. Јас на пример веќе одамна не ни помисллувам да стапнам во Тедико поради нивното фамозно дупчење со игла на покривките на подуените млечни производи и слични финти. Ако некој го заземе просторот на „ланците“ од калибарот на Тедико, Хедис и сличните, треба да се радуваме. Дали некој газда е македонски државјанин, мене ми значи исто толку колку што него му е грижа за мене како клиент. А поконкретно за маалските гранапчиња, Меркатор или не Меркатор, времето секако не работи за нив и во следните години тие ќе бидат десеткувани. Што се однесува до трговскиот дефицит и ефектот врз македонските производители, приказната повторно се сведува на конкурентноста. Мораме да произведуваме конкурентно, па тогаш влезот на Меркатор и сличните за нас ќе значи можност за поголем извоз, а не обратно (спомнатиот пример со Витаминка и словенечки Туш). А оние стоки и производи што треба (и може) да се заштитат, секако се заштитуваат првенствено со царини, а не со спречување на инвестиции, макар што и јас би преферирал попродуктивни инвестиции, бидејќи на таков начин трговците секако ќе дојдат, а обратниот процес не е загарантиран.


Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 15-Dec-2011 at 00:27
Словенечки „Меркатор“, конечно, во Скопје



Словенечката компанија „Меркатор“ дефинитивно ќе гради трговски центар во Скопје. Неодамна ги расчистила имотно-правните проблеми на парцелата за градба со површина од околу 28.000 квадрати. Овој проблем ги попречуваше Словенците да го реализираат проектот во изминативе пет години откако по нивна нарачка се изработи потребниот урбанистички план.
Парцелата за градба, на местото на хелиодромот во Карпош, деновиве се оградува. Сепак, тоа не значи дека наскоро ќе почне и изградбата на објектот. Компанијата одлучила да ја заштити локацијата оти така им налагаат неколку закони. Во спротивно, за евентуалните диви депонии и други неовластени дејства од несовесни граѓани одговорноста ќе треба да ја понесат тие, па и да плаќаат казни.
„Точно е дека од неодамна поставуваме ограда, но се' уште не се подготвува градилиште. Просторот се оградува заради обезбедување и заштита на локацијата, која веќе во целост е во наша сопственост. Но, ова не значи дека наскоро ќе почнеме и со изградба на објектот. Кога ќе стартуваме со реализација на проектот и, воопшто, со каква динамика ќе се работи, ќе се дефинира наскоро со развојната програма на ‘Меркатор‘ за 2012 година“, ни изјави вчера Јордан Минов, директор на „Меркатор Македонија“.
Кога пред пет години Словенците го најавија влезот на македонскиот пазар, се шпекулираше дека инвестицијата ќе тежи 30 милиони евра. Повеќе од сигурно е дека и овој трговски центар, по концепција ќе биде речиси идентичен како и преостанатите центри на компанијата во Љубљана, Загреб, Белград, Сараево...
Според ДУП, површината на објектот во основа изнесува 20.000 квадратни метри, а од „Меркатор“ најавуваа дека ќе го градат на две нивоа иако урбанистичкиот план дозволува изградба до четири ката. Како и во трговските центри на „Меркатор“ во регионов, така и во овој, 20 отсто од просторот ќе биде наменет за хипермаркет, а остатокот за продавница за текстил од линијата „Модијана“, дуќан за спортска опрема „Интерспорт“, туристичка агенција во сопственост на компанијата, игротека, продавница за козметика... На приземјето, пак, ќе има продавница за опрема за домаќинство, а на истото ниво ќе се наоѓа и местото за паркирање.
Иако во јавноста повремено се шпекулираше дека Словенците ќе влезат во бизнисот со локален партнер, па дури се споменуваше соработка со „Тинекс“, и двете компании не сакаа да коментираат. Единствено напоменаа дека секогаш се отворени за соработка со други компании доколку најдат заеднички јазик и интерес.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9561E50297C8FF44A4E4FA240D857879 - Утрински весник


Posted By: axel
Date Posted: 28-Dec-2011 at 13:35

Меркатор го загради земјиштето, ама уште нема да гради?!

mailto:s.jovanova@kapital.com.mk - Соња Јованова

Словенечката компанија ги реши имотно-правните односи на земјиштето во Скопје, но сè уште нема да гради трговски центар поради економски причини

Словенечката компанија Меркатор го реши спорот за сопственоста врз земјиштето кое пред пет години го купи во Скопје, но сè уште не е сигурна кога ќе го гради трговскиот центар. Земјиштето меѓу Воената болница и хотелот Александар палас од пред еден месец е оградено. Но, во компанијата велат дека сè уште разгледуваат во кој правец ќе ја продолжат реализацијата на проектот.

„Правно-формалниот статус на земјиштето во сопственост на Пословни систем Меркатор во општина Карпош се разреши во втората половина на 2011 година. Но, Меркатор беше приморан да го одложи времето за подготовка за влез на македонскиот пазар. Истовремено, со значајната промена на економските услови, како во Европа, така и на македонскиот пазар, во Меркатор повторно ги разгледуваме најоптималните можности за продолжување на проектот“, велат во Пословни систем Меркатор, Љубљана.

Локацијата во Скопје има површина од околу 60.000 метри квадратни и на неа треба да се изгради трговски центар со концепција како и останатите центри на Меркатор - со разни содржини, од хипермаркет до разни продавници за текстил и спортска опрема, по принципот сè на едно место.

Меркатор преку својата локална фирма Инвестмент интерационал Скопје во 2005 година купи земјиште од 50.153 метри квадратни за изградба на трговски центар.

Минатата година компанијата најави дека изградбата на првиот центар на Меркатор во Скопје дефинитивно ќе се случи во 2012 година, откако Министерството за транспорт најави дека ќе го одзеде земјиштето од околу 10.000 метри квадратни, кое Меркатор го докупи од државата за доуредување на градежната парцела. Засега не се открива дали е можно поради економската ситуација Меркатор да се откаже од изградба и да го продаде земјиштето.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/78274/merkator_go_zagradi_zemjishteto,_ama_ushte_nema_da_gradi_!.aspx?iId=2532



Posted By: axel
Date Posted: 08-Feb-2012 at 12:36

„Финанце“: „Меркатор“ не доаѓа во Македонија – ни годинава, ни идната година

„Меркатор“ ни годинава ни идната година нема да дојде во Македонија. Компанијата во овој период нема да се шири ниту ви земјава, ниту во Косово. Ова го објави http://www.finance.si/339684/Mercatorjeva-M-Tehnika-kmalu-tudi-na-Hrva%C5%A1kem/rss - љубљански „Финанце“ во написот за докапитализацијата на компанијата ќерка на „Меркатор,“ „М-Техника,“ која се занимава со трговија на техничка роба.

Инаку, „Меркатор“ со трговија на техничка роба се занимава на сите пазари на кои е присутен, и една од причините за докапитализација на компанијата-ќерка е нејзината намера да се отвори филијала во Хрватска. Докапитализацијата на „М Техника“ изнесува 14 милиони евра.

„Меркатор“ веќе неколку години наназад поседува плац ов близина на хотелот „Александар Палас“ во Скопје од над 50 илјади метри на кој требаше да се подигне трговски центар, но тоа никако да се случи. Државата лани дури и му одзеде дополнително земјиште споено со она што компанијата го поседува заради неостварувањето на намерата за инвестирање.

Исто така, словенечките медиуми вчера објавија дека хрватски Агрокор“ ја повлекол понудата за купување на мнозински пакет од 52,1 отсто во „Меркатор“ зашто процесот трае предолго и чини прескапо.

http://www.plusinfo.mk/vest/32633/Finance-Merkator-ne-doagja-vo-Makedonija--ni-godinava-ni-idnata-godina



Posted By: anti-modernista1
Date Posted: 08-Feb-2012 at 15:59
me raduva ova vest, ne se ni potrebni imame makedonski marketi kade mozime da gi trosime parite.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 08-Feb-2012 at 16:06
А зошто е тогаш заграден целиот простор пред СЦ Борис Трајковски?


Posted By: anti-modernista1
Date Posted: 08-Feb-2012 at 16:48
Originally posted by FoSsiL

А зошто е тогаш заграден целиот простор пред СЦ Борис Трајковски?

prasaj gi tie sto go prodale prostorot.


Posted By: Dragan
Date Posted: 08-Feb-2012 at 16:59
Таа е градежна парцела, и како такваа ќе биде продадена, дали ќе се гради стамбен комплекс или нешто друго ќе зависи од купувачот, а во целосно го разбирам и го оправдувам Мерактор поточно ''Инвестмент Интернешенол''-Mакедонија. Ја откупи парцелата за еден милион евра, а како градежна парцела ќе ја продаде за 3-4 милиони евра. И каков бизнис бара, кога веќе бизнисот е направен со парцелата.


-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Feb-2012 at 01:11
Додека Меркатор се реши да инвестира, веројатно ќе биде надминат концептот на супермаркет и трговски центар.


Posted By: axel
Date Posted: 10-Mar-2012 at 15:27

„МЕРKАТОР“ И ЦБИ ВО KЛИНЧ ОKОЛУ ПЛАЦОТ ВО ОПШТИНА KАРПОШ

Државата го заплетка, судовите треба да го отплеткаат клопчето

Се зборува дека од „Меркатор“ дебело платиле за делот од парцелата кој го купиле од физичкото лице, кое го има добиено со денационализација

Разрешницата на спорот околу плацот во општина Kарпош меѓу кипарската компанија ЦБИ и „Инвестмент интернационал“ на словенечки „Меркатор“ лесно може да заврши на меѓународни судови, каде што главен виновник, што реално и е, ќе биде државата, која за тоа може да плаќа дебели отштети. Зашто и двете компании сметаат дека се во право. Едната, затоа што незаконски ~ бил раскинат договорот за користење на земјиштето, а втората затоа што легално од државата има купено плац. Веројатно и затоа за оваа тема има молк во Министерството за транспорт и врски. Но и во „Меркатор“. Целата работа е почната во 2000 година кога ЦБИ овој плац го доби со склучување договор со Министерството за транспорт и врски за трајно користење на неограничено време и за тоа има платено надомест од 300.000 евра, со план да гради трговски центар со различни содржини. Меѓутоа, брзо потоа излегува дека добар дел од земјиштето во процесот на денационализација се враќа на приватно лице. И оттогаш почнува клопчето да се заплеткува.

http://bukvar.mk/news/drzhavata-go-zapletka-sudovite-treba-da-go-otpletkaat-klopcheto?newsid=hOim




Print Page | Close Window