Print Page | Close Window

Железнички билети - цени, поволности, резервации..

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Железници
Forum Discription: Возен парк, инфраструктура, железнички станици...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1328
Printed Date: 30-Apr-2025 at 18:17

Topic: Железнички билети - цени, поволности, резервации..
Posted By: Vladimir P
Subject: Железнички билети - цени, поволности, резервации..
Date Posted: 04-Jun-2011 at 12:04

Цени во домашен железнички сообраќај 2011 год.

-- Р е л а ц и и -- Една насока - Повратен билет

Скопје - Куманово = 58,50 - 93,00
Скопје - Тетово = 80,00 - 128,00
Скопје - Гостивар = 105,50 - 169,00
Скопје - Кичево = 138,50 - 222,00
Скопје - Велес = 75,00 - 120,00
Скопје - Штип = 132,00 - 211,00
Скопје - Кочани = 166,00 - 265,00
Скопје - Прилеп =166,00 - 265,00
Скопје - Битола = 209,50 - 335,00
Скопје - Неготино = 132,00 - 211,00
Скопје - Гевгелија = 185,00 - 296,00
Велес - Прилеп = 105,50 - 169,00
Велес - Битола = 154,00 - 246,00
Велес - Гевгелија = 138,50 - 222,00
Велес - Кочани = 105,50 - 169,00
Велес - Штип = 75,00 - 120,00
Прилеп - Битола = 65,50 - 105,00
Битола - Гевгелија = 250,50 - 401,00
Кочани - Неготино = 166,00 - 265,00
Кочани - Гевгелија = 223,00 - 357,00
Кочани - Прилеп = 194,00 - 311,00
Кочани - Битола = 232,00 - 371,00
Штип - Прилеп = 166,00 - 265,00
Штип - Битола = 209,50 - 335,00
Штип - Неготино = 132,00 - 211,00
Штип - Гевгелија = 185,00 - 296,00

Извор: МЖ Транспорт

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Replies:
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Jun-2011 at 12:05
Домашен сообраќај

Повратни билети
За повратни патувања, корисниците на превозот имаат право на повластица од 20% за 2. и 1. класа за сите видови возови.

Месечни возни билети за студенти

Месечни претплатнички возни билети за ученици и студенти се издаваат на ученици и студенти кои патуваат од своето место на живеење до местото на учење на пругите на РМ, врз основа на легитимација К-18 .
Важноста на претплатничкиот возен билет е:

- за цел календарски месец;
- за одење и одење и враќање;
- за сите месеци во годината.

Ученици до 12-годишна возраст плаќаат полна цена од претплатничкиот возен билет.

Месечни возни билети за работници

Месечен претплатнички возен билет за работници се издава на лице кое патува од своето место на живеење до работното место на пругите на РМ, врз основ на легитимацијата К-19.
Претплатничкиот возен билет може да се купи:
- за цел календарски месец;
- за пола календарски месец;
- за одење и одење и враќање

Млади под 26 години

За поединечни патувања на млади, ученици и студенти е одредена повластицаод 30% од 2. класа од редовната возна цена за неограничен број патувања во одење и во одење и враќање.
Повластицата се одобрува врз основ на:
- важечка студентска легитимација издадена од страна на студентски организации со кои превозникот има склучен договор за повластен превоз;
- со меѓународна студентска легитимција ISIC;
- легитимација за млади ЕУРО < 26

Пензионери и стари лица

За старосни, инвалидски и семејни пензионери, како и за лица постари од 60 години, државјани на РМ, им се одобрува повластица од 30% од редовната возна цена за 1. и 2. класа за сите видови возови за неограничен број патувања.

Повластицата може да ја користи и брачниот другар на пензионерот, но само ако патуваат заедно. Повластицата се користи врз основ на чек од пензија или документ за идентификација за лица постари од 60-годишна возраст.

Деца

Деца од 4 до 12 годишна возраст имаат право на 50% повластена возна цена од цената за возрасни лица за 2 и 1 класа. Деца до 4 годишна возраст имаат право на користење бесплатен превоз без право на заземање на седиште.

Групни патувања

За училишни и научни екскурзии на ученици и студенти, кои се организирани од страна на образовни, воспитни и општествени организации (училишта, факултети, академии, спортски и културно-уметнички друштва...) се одобрува повластица од 50% од редовната возна цена за 2. класа за патнички и брз воз. Групата може да користи повластица ако се состои од најмалку 6 патника не сметајќи го наставникот или професорот, кој мора да ја придружува групата.

Повластицата се користи врз основа на објава К-16, која ја печати и продава превозникот.
Корисникот на превоз е должен објавата точно да ја потполни и да ја завери со свој печат и потпис.

Новинари

Новинарите, членови на Сојузот на новинари на Македонија имаат право на повластица од 30% од редовната возна цена за неограничен број патувања на пругите на РМ во 1. и 2. класа за сите возови.

Повластица се користи врз основ на заверена легитимација, која ја издава Сојузот на новинари на Македонија.

Слепи лица

Слепите лица, членови на Сојузот на слепите на Република Македонија, во железничкиот патнички сообраќај имаат право на повластица во висина од 75% од редовната возна цена за шест (6) патувања годишно. Слепото лице има право на придружник.
Придружникот на слепото лице има право на бесплатно патување во железничкиот сообраќај во сите случаи кога го придружува слепото лице, кога патува сам по слепото лице или при враќање по придружувањето на слепото лице.

Повластица се користи врз основ на книшката за повластено возење на слепото лице, која ја печати Сојузот на слепите на Македонија и ја издава надлежна организација-Здружението на слепи лица -членка на Сојузот, на чие подрачје живее слепото лице.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Jun-2011 at 12:07
Специјални понуди

Поволни понуди за патување по Европа се:

InterRail Global билети кои важат во следниве европски земји: Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Италија, Луксембург, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Ирска, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Шведска, Турција, на ферибот помеѓу Италија и Грција, кој е во сопственост на Attica Group, и на Minoan линијата помеѓу Италија и Грција.
Билетите InterRail и Global Pass можат да се користат за ,,континуирано“ патување за следниве временски периоди:

за 15 и 22 дена и за 1 месец
за 5 и за 10 дена
за 10 и за 22 дена

Билетите за понудата InterRail One Country Pass овозможуваат избор на европска земја на патување. Овие билети може да се користат за следниве временски периоди:

3 дена во рамки од 1 месец
4 дена во рамки од 1 месец
6 дена во рамки од 1 месец
8 дена во рамки од 1 месец

Цената на билетите е по категорија на возраст: за деца, млади, возрасни и за сениори
Понудата, Balkan Flexipass, овозможува патување по поволни цени на територијата на: Бугарија, Романија, Грција,Турција, Црна Гора,Србија и Македонија.

Овој билет има важност од:
5 дена во рамки од 1 месец
10 дена во рамки од 1 месец
15 дена во рамки од 1 месец

Цената на билетот е по категорија на возраст: за деца, млади, возрасни и за сениори
Заедничките патувања ќе Ви бидат попријатни и поевтини користејќи ја понудата CITY STAR. Оваа понуда важи за релациите: Македонија-Австрија, Македонија-Хрватска, Македонија-Словенија, Македонија-Чешка и Македонија-Словачка.
Овие возни билети важат 1 месец.

CITY STAR понудата овозможува патување во група од најмногу 5 патника. На еден патник му се пресметува редовна цена, а на неговите сопатниците им се наплатува половина од таа цена, додека ако еден од патниците е дете, се наплатува четвртина од редовната цената.

Во меѓународниот патнички сообраќај постојат повеќе понуди меѓу кои се:
За патниците кои патуваат во Србија, постојат повластени патувања по Тарифа СТ-20, како и понудите: СРБИЈА СПЕЦИЈАЛ која важи за поединечни повратни патувања за 2 класа за релациите:

• Скопје-Белград-Скопје
• Скопје-Ниш-Скопје,

со останатите Балкански земји се користи Тарифата СТ-20 за превозници на Југо-источна Европа.

повеќе на: http://www.interrailnet.com/ - http://www.interrailnet.com/

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 04-Jun-2011 at 19:03
Додаток, поточно резервација за седиште на билетот за Пелагонија Експрес.

-------------

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Jun-2011 at 19:16
Wallbashleele kolku sme nazad so vremetoBash
lesno se kopira, mozes da si zemas livce i sam da pisuvas nesto vnatre, itn, itn. katastrofa!!!
Eve primer od svajcarija:
http://img98.imageshack.us/i/z001zugbilletbaselpayer.gif/">

Bash

Posted By: krale
Date Posted: 04-Jun-2011 at 19:20
Пред неколку години, кондуктер ми дојде со „ценовник“ кој беше напишан на рака - со некои баснословни карти. Кога одбивме да платиме, не натера да се симнеме, али у последен момент кога решивме да се жалиме на станицата кајшто требаше да слеземе, се предомисли.

А беше и дрво пијан.

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Jun-2011 at 19:26
Originally posted by krale

Пред неколку години, кондуктер ми дојде со „ценовник“ кој беше напишан на рака - со некои баснословни карти. Кога одбивме да платиме, не натера да се симнеме, али у последен момент кога решивме да се жалиме на станицата кајшто требаше да слеземе, се предомисли.

А беше и дрво пијан.

Ne razbiram zosto nema Kompjuteri za bileti. Vo svajcarija ne ti treba salter, tuku treba sam da si go naracas biletot i toa vo eden kompjuter sto e so touch, a potoa beres destinacija od kade do kade, kolku dena/casovi/minuti, klasa itn. Najgolemata budala moze da vade bilet vo die kompjuteri, a ako sepak nemas vrska, sekako deka ima salteri za prasenja.

Ato sto bese drven pijan, sigurno ne dobival kazna ili im bil odzemeno pari od platata sto sepak ne se narekuva kako kazna¨Toj treba da se trgne od rabota! Nemame strogi kazni, pa zatoa ,,kulturni,, sme...

Posted By: OCB
Date Posted: 04-Jun-2011 at 19:28
Многу корисно инфо Владимир! Дали можеби знаеш кои се цените за билетите од специјалната (меѓународна) понуда?

Би додал само дека тие билети без доплата можат да се користат за патување во регионални возови додека користењето на истите во Еуро-сити или Интер-сити (експресни возови) е условено со доплата (симболични износи) или задолжителна резервација (повисока доплата). Еве ги тарифите и условите:

http://www.interrailnet.com/planning/train-seat-reservations/domestic-fees - http://www.interrailnet.com/planning/train-seat-reservations/domestic-fees

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 04-Jun-2011 at 20:27
Доплатен билет

-------------

Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Jun-2011 at 21:13
Поголемите железнички станици во земјава издаваат карти преку компјутер, додека во помалите станици тоа оди на рака, исто така и меѓународните билети се пишуваат рачно.

Доколку имате земено легитимација, на времето ISIC, тогаш цените се уште поевтини, за Битола повратна околу 290 денари, за Кичево повратна 190 денари итн.

Posted By: bobanmak
Date Posted: 05-Jun-2011 at 01:25
Има ли некој официјална информација, колку кошта тикет во еден правец Белград - Скопје ?
На страната од српски железници има информација само за повратна карта   ( 32,60 еу.) .
Исто би сакал да прашам, дали знае некој дали има воз на линијата Солун - Скопје и колку е цената.

-------------
Издржи!

Posted By: BOJAN
Date Posted: 05-Jun-2011 at 01:38
Најпрвин добредојде на форумот друже.

Скопје-Белград-Скопје чини 2018 денари, додека во еден правец е измеѓу 1400-1600 денари, не сум целосно сигурен. Инаку со одлука на грчките железници од февруари оваа година се укинати возовите на релација Скопје-Солун-Скопје, така што единствена варијанта ти е автобусот од Скопје за Солун или патничките возови до Гевгелија а оттаму со такси.

Posted By: bobanmak
Date Posted: 05-Jun-2011 at 01:53
Благодарам за брзиот одговор .

Значи Македонија моментално е поврзана само со Белград, а за западна европа да не ни спомнам.
Имав желба да идам низ цела Европа па до Скопје со воз, али најверојатно оваа година нема да ми се исполни.

-------------
Издржи!

Posted By: BOJAN
Date Posted: 05-Jun-2011 at 11:55
Бобан, Скопје е поврзано само со Белград, но од Белград имаш секојдневно возови за Венеција, Цирих, Минхен, Виена, Будимпешта, Прага, Москва..., така што ако сакаш да патуваш со воз низ Европа тоа воопшто не би требало да ти биде проблем.

Posted By: bobanmak
Date Posted: 05-Jun-2011 at 22:36
Теоретски да. Гледав баш сега, има ефтина линија од Будимпешта за Белград (15 евра).
Па од Белград за Скопје (25 евра). 40 евра не е воопшто лошо.

-------------
Издржи!

Posted By: radem1
Date Posted: 29-Jun-2011 at 18:33
Единствена опција ти е да прашаш на благајна, а пред се кај кондуктерите дали ќе те пуштат бесплатно, дали ќе ти земат симболична цена или сепак ќе треба да платиш редовна цена по километар која е убедливо најскапа.

Обично возовите кон Битола се поволни за носење на велосипед, едноставно точакот го ставаш во последниот вагон на крајот од вагонот и таму никого нема да му смета. Дизел и електромоторните гарнитури се проблематични за велосипедите.

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jun-2011 at 22:59

Како што гледам со постов настанала некаква збрка...

radem1, ти праша како со воз да понесеш и велосипед до битола нели? Сега гледам во твојов пост стои одговорот на BOJAN, а твоето прашање го нема...

Во секој случај, го имаш одговорот, тоа е битно 

Posted By: Urbanist
Date Posted: 02-Jul-2011 at 10:42
Originally posted by BOJAN

Бобан, Скопје е поврзано само со Белград, но од Белград имаш секојдневно возови за Венеција, Цирих, Минхен, Виена, Будимпешта, Прага, Москва..., така што ако сакаш да патуваш со воз низ Европа тоа воопшто не би требало да ти биде проблем.

Скопје е поврзано само со Белград моментално, Да. Но и Белград баш нема директни линии и секојдневно возови за Венеција, Минхен, Виена и Цирих.Директен воз има само до Будимпешта од горе споменатите.
Белград има директна врска со Загреб, Будимпешта, Софија, Букурешт, Сараево и Тирана.
Во Загреб треба да смениш воз за до Љубљана, во Љубљана треба да смениш воз за до Венеција, во Венеција-Местре треба да смениш воз за до Милано, додека пак веќе во Милано почнуваат директните линии и брзи возови (TGV, AVE) кои водат во западниот, северниот и северо-источниот дел на Европа.
Доколку пак сакаш да идеш строго источно во Европа, тогаш можеш да ја земеш врската од Белград-Будимпешта-Виена. Виена е истиот случај како Милано.Да поедноставам, Милано е главна железничка раскрсница на западот, додека Виена е главна железничка раскрсница на истокот и останува Париз кој е главна железничка раскрсница на северниот Европски дел.
Е сега, од Венеција до Белград има директен воз (кој главна рута му е Венеција-Белград-Букурешт) но не и во спротивниот правец.
Според мене, картата Скопје-Белград-Скопје е неисплатлива затоа што има многу поедноставна опција со картата Балкан-флекси која има 3 различни цени (според годините) + попуст доколку си студент.Доколку си студент картата изнесува 3000 денари (50 Евра) и во неа имаш да патуваш 5 датуми во рок од еден месец.Значи оваа карта важи само за : Македонија,Грција,Бугарија,Србија,Хрватска,Романија и Словенија (за БиХ не сум сигурен). Како тоа 5 датуми?!Кога ке дојде кондуктерот ти внесува дата и број на воз во кој си моментално, на истата таа дата можеш да влезеш во бесконечно нови возови (каде што важи таа карта) без да се секираш.Следниот ден следува нова дата.
Е сега, Бобан патување низ Европа со воз е нешто кое тешко се заборава..Но исто така има многу ризици и не е се така едноставно.Ти препорачувам доколку се нафатиш на таков чекор, прво да побараш по интернетов, да прочиташ какви све трикови/ризици/забави ти следуваат на тоа патување.Ќе имаш нервози, од гужви пропуштање возови итн итн, но во поголем размер ќе доловиш голема и забавна авантура.
Се надевам дека ти помогнав барем минимално
Сето ова не го зборам само на памет, 3 години активно патувам со воз низ Европа (ми стана опсесија ) и многу добро знам што зборам.

Поздрав

Posted By: BOJAN
Date Posted: 02-Jul-2011 at 13:52
Originally posted by Urbanist

Еве до каде директно може сo воз да се стигне од Белград по пристигнување со возот од Скопје за Белград:

Од Белград за Минхен(Загреб и Љубљана) има секојдневно во 5:15 часот, за Прага (Будимпешта и Братислава) во 6:46 часот, Истанбул(Софија и Скопје) во 7:50 часот, Сараево во 8:15 часот, Будимпешта 10:05 часот, Цирих(Загреб и Љубљана) во 10:20 часот, Венеција(Загреб и Љубљана) во 15:20 часот, Букурешт во 15:50 часот, Софија и Скопје во 21:15 часот, Виена(преку Будимпешта) во 21:25 часот, Вилах (Загреб и Љубљана) во 21:40 часот, а тука се и возовите за Бар три пати дневно.

Balkan Flexipass не важи за Словенија и Хрватска, останатото е горе-долу точно со тоа што си заборавил да ги ставиш БиХ и Турција.     

Posted By: N23
Date Posted: 02-Jul-2011 at 13:53

Урбанист, секоја чест на твоиве патувања, но грешка имаш за делот на Љубљана. Ја се возев со директна линија Белрад-Вилах, при што се симнав во Љубљана и немав никаква потреба да менувам воз во Загреб.

Posted By: Urbanist
Date Posted: 02-Jul-2011 at 19:47
Бојан, ме интересира дали си ги патувал тие дестинации или гледаш само што на интернет пишува?!
Ке ја најдам веб-страната (не ми текнува сега) каде што точно ти ги пишува овие релации, точно пишува каде треба да се симнеш и колку време да чекаш врската (воз) да дојде.
Затоа што ако ти најдеш на пример дестинација Белград-Цирих таму ти е дадено на пример дека патувањето почнува од 02:00 па до следниот ден 00:00.
Во тоа време нив им е калкулирано времето кое треба ти на пример во Љубљана кога ќе менуваш воз (и додека го чекаш истиот) да го потрошиш.
Во даден случај ова ти е сличен хаос како со евтините летови кои не те носат на посакуваната дестинација и каде што ќе треба да доплатиш плус пари за да стигнеш каде што треба.
Возовите се малце покомплицирани и тоа што човек мисли дека е директна линија уствари воопшто не е, и кога ќе патуваш дури и ќе те збуни кога ќе застанеш на станица и ќе ти кажат дека уствари возот не е директен туку за понатаму мора да чекаш друг воз и да направиш друга резервација (што е тотален хаос). За Истанбул не спомнав затоа што е сосема на спротивна страна од патувањето низ Европа, но ако сметаш дека Белград има директна линија до Истанбул, тогаш и ние ја имаме (имавме)
За Балкан флекси, да изгледа утнав за Словенија (во Словенија веќе го користев интераилот) но за Хрватска дефинитивно сум сигурен дека ми ја прифатија (баш ќе проверам подоцна ако чувам една од тие карти сеуште) и да Турција ја заборавив да ја набројам.
Н23, точно е тоа дека Белград има и други директни линии но јас зборев само за поважните дестинации.
Секако дека од Белград има уште минимум 50тина останати дестинации покрај тие набројаните горе.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 02-Jul-2011 at 20:20

http://www.bahn.de/i/view/overseas/en/index.shtml - http://www.bahn.de/i/view/overseas/en/index.shtml

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Urbanist
Date Posted: 02-Jul-2011 at 21:26
Originally posted by Vladimir P

http://www.bahn.de/i/view/overseas/en/index.shtml - http://www.bahn.de/i/view/overseas/en/index.shtml

Баш таа, истата ми беше препорачана од вработен во МЖ во минатото и многу е корисна и детална.
Пишува секоја станица што ја поминуваш (точни интервали), менување врска, времетраење итн итн.
Само треба да ја прочепкаш малце повеќе и све што ти треба ќе ти каже.

Ти благодарам Владимир.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 02-Jul-2011 at 23:59
Originally posted by Urbanist

Бојан, ме интересира дали си ги патувал тие дестинации или гледаш само што на интернет пишува?!
Ке ја најдам веб-страната (не ми текнува сега) каде што точно ти ги пишува овие релации, точно пишува каде треба да се симнеш и колку време да чекаш врската (воз) да дојде.
Затоа што ако ти најдеш на пример дестинација Белград-Цирих таму ти е дадено на пример дека патувањето почнува од 02:00 па до следниот ден 00:00.
Во тоа време нив им е калкулирано времето кое треба ти на пример во Љубљана кога ќе менуваш воз (и додека го чекаш истиот) да го потрошиш.
Во даден случај ова ти е сличен хаос како со евтините летови кои не те носат на посакуваната дестинација и каде што ќе треба да доплатиш плус пари за да стигнеш каде што треба.
Возовите се малце покомплицирани и тоа што човек мисли дека е директна линија уствари воопшто не е, и кога ќе патуваш дури и ќе те збуни кога ќе застанеш на станица и ќе ти кажат дека уствари возот не е директен туку за понатаму мора да чекаш друг воз и да направиш друга резервација (што е тотален хаос). За Истанбул не спомнав затоа што е сосема на спротивна страна од патувањето низ Европа, но ако сметаш дека Белград има директна линија до Истанбул, тогаш и ние ја имаме (имавме)
За Балкан флекси, да изгледа утнав за Словенија (во Словенија веќе го користев интераилот) но за Хрватска дефинитивно сум сигурен дека ми ја прифатија (баш ќе проверам подоцна ако чувам една од тие карти сеуште) и да Турција ја заборавив да ја набројам.
Н23, точно е тоа дека Белград има и други директни линии но јас зборев само за поважните дестинации.
Секако дека од Белград има уште минимум 50тина останати дестинации покрај тие набројаните горе.

Друже,

релациите од Белград претставуваат директни возови кои сообраќаат до споменатите дестинации, се разбира не сум се возел со сите, но сум користел дел од меѓународните возови. Ова е интернет-страницата за возен ред на Српските железници: http://w3.srbrail.rs/zsredvoznje/?lang=sr. На пример, за Минхен сообраќаат директни српски патнички вагони, а од Цирих швајцарските железници испраќаат еден патнички вагон кој директно оди до Белград. Тоа значи дека нема преседувања за разлика од на пример да купиш карта за воз Скопје - Цирих со префрлање во Белград.

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 17-Jul-2011 at 00:44
Дечки. Колку е карта до Прилеп, за во еден правец и повратна?

-------------
Македонија - Земја на чудата!

Posted By: zookisk
Date Posted: 17-Jul-2011 at 01:01
Originally posted by FoSsiL

Дечки. Колку е карта до Прилеп, за во еден правец и повратна?

Во еден правец е 166 денари а повратна е 265 денари...

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 17-Jul-2011 at 01:05
Топ. Фала ти многу. Можам да извадам карта кога ќе одам. Колку што знам е пола саат порано. Или?

И дали тој утре што е за Битола во 6:48 важи?

-------------
Македонија - Земја на чудата!

Posted By: zookisk
Date Posted: 17-Jul-2011 at 09:18
Originally posted by FoSsiL

Топ. Фала ти многу. Можам да извадам карта кога ќе одам. Колку што знам е пола саат порано. Или?И дали тој утре што е за Битола во 6:48 важи?

Оваа цена важи за во 06:48, 14:30 и 19:25 а не важи за возот што тргнува во 17:00 (за него е 276 денари во еден правец)

Posted By: The Man
Date Posted: 26-Jul-2011 at 13:18
Не ми е јасно како се добива попустот за млади под 26 години?

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 26-Jul-2011 at 16:47
Добивањето на попуст е многу едноставно. Така што, доколку немаш Легитимација, оди на благајна во железничка станица ( носи лична карта и слика) плаќаш 100 денари, и добиваш легитимација која важи 1 година.

А условите за користење се:

1. Млади до 26 годишна возраст, со постојан престој во Р. Македонија при патувањето во сите возови на МЖ - Транспорт АД - Скопје, користат повластица од 30% од редовната возна цена, за 2. тарифна класа, за неограничен број патувања, како во одење и како во одење и враќање.

2. Легитимацијата важи во период од 1 година од денот на издавање е валидна со приложување личен документ за идентификација.

3. За користење на легитимацијата, меродавна е возраста на корисникот на денот на започнување на патувањето.

4. При злоупотреба на легитимацијата, таа се одзема и се постапува согласно со Тарифата за превоз на патници на МЖ Транспорт АД Скопје.

-------------

Posted By: The Man
Date Posted: 26-Jul-2011 at 19:13
Previous
Благодарам, сега е веќе појасно.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 26-Jul-2011 at 22:49
А зошто оваа легитимација не важи за меѓународните возови, вакви картички има и во соседните железници, но дел од нив важат и за меѓународните возови кои поаѓаат од таа земја?

Posted By: BullDoG
Date Posted: 12-Aug-2011 at 11:11
Дали некој знае колку пари чини повратна карта од Белград до Сараево, и карта во еден правец до Зеница??

Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Aug-2011 at 19:10
Според сајтот на српските железници, повратна карта на релација Белград-Сараево-Белград чини 31 евро, а за цената на картата за Сараево-Зеница ти го препорачувам сајтот на босанските железници.

Posted By: BullDoG
Date Posted: 12-Aug-2011 at 19:29
Фала многу

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Aug-2011 at 21:03
Белград - Сарајево 16,80 EUR, повратна 31,00 EUR
Сарајево - Зеница 3,50 EUR, повратна 6,00 EUR

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BullDoG
Date Posted: 12-Aug-2011 at 23:36
Благодарам ВладимирSmile

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 16-Oct-2011 at 14:12
МЖ чекор напред во борбата против фалсификување на возните билети. На новите има специјален жиг кој е потешко да се фалсификува.

-------------

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Oct-2011 at 16:23

Да, порано на тоа место имаше сув жиг

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 16-Oct-2011 at 20:08
Има и сув жиг(печат), а има и нов специјален жиг, пред 3-4 дена купив карта, ова е за да не се фалсификуваат картите, минатата година мислам дека се појави случај во Прилеп кога фатија лице што фалсификувало железнички билети.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 29-Nov-2011 at 17:24
Билети за воз за Европа ќе купуваме и од дома

„МЖ - Транспорт“ сака да ја користи мрежата на Германските железници за резервација на карти за европските дестинации

Сања Наумовска

„Македонски железници - Транспорт“ сака да ја користи мрежата на Дојче бан, односно Германските железници, за резервација на возни билети за дестинации низ цела Европа и дел од Азија. Билетите за европските метрополи ќе се купуваат и од дома, на интернет-страницата на „Транспорт“, со кредитни или со дебитни картички. За можностите за соработка веќе било разговарано при посетата на претставници на нашата компанија на Германски железници. Дали идејата ќе добие реализација, ќе се знае на почетокот на идната година кога ќе се разгледаат и условите што ги нуди Дојче бан за користењето на нејзината мрежа.

Преку веб-страницата на Германски железници ќе може да се резервира билет кон 10 европски држави, Австрија, Белгија, Данска, Франција, Велика Британија, Холандија, Италија, Полска, Швајцарија и Шведска, поточно кон најмалку два, три или повеќе градови во овие држави. Во „Транспорт“ велат дека се подготвени да ја воведат новата услуга за своите патници. За тоа ќе треба да ја модернизираат веб-страницата по примерот на онаа на Германската железница. Преку „Дојче бан“ можат да се резервираат повратни или билети во еден правец за десетици градови низ Европа. Се избира дестинацијата, времето на тргнување, а опција за избор се и попатните станици. Патникот може електронски да си избере и седиште што му е по волја за што треба и да се доплати. Плаќањето се врши со кредитни и со дебитни картички, а германската железница нуди и трета опција, своја специјализирана картичка која има можност за надополнување со средства. Во услугите на Дојче бан, патниците што букираат билет за воз добиваат и информации, колку ќе трае патувањето, каде точно возот ќе застане, колку патувањето ќе придонесе за загадување на животната околина и други слични податоци. Патниците можат преку веб-страницата да си купат и билети за локалниот јавен превоз во градот во кој патуваат.

Според директорот на „МЖ Транспорт“, Оливер Деркоски, компанијата има можност да одвои средства за да го плати пристапот кон софтверот на германските железници за да ја воведе новата услуга.

„По средбата во Германија добивме информации за дел од условите што треба да ги исполниме за да ја воведеме новата услуга, а на идниот останок што го закажавме за крајот на јануари или почетокот на февруари, ќе се допрецизираат сите поединости. Тогаш, веројатно, ќе можеме попрецизно да знаеме дали ќе се реализира идејата“, вели директорот Деркоски.

Тој објаснува дека „Транспорт“ планира зголемување на можностите за купување билети и за домашниот железнички транспорт. Компанијата ќе набавува автомати за билети, кои ќе се постават на железничките станици низ државата. Планирано е првично да се набават седум автомати од кои два ќе има на железничките станици во Скопје и по еден во Велес, Битола, Прилеп, Штип и во Гевгелија. Патниците ќе можат да ја изберат дестинацијата и времето на патување од возниот ред што ќе биде внесен во автоматот, а за билетот ќе се плаќа со кредитна картичка. Автоматите ќе се набавуваат идната година, а еден чини од 10.000 до 15.000 евра.

Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=30961ABCE9BC4342B21E63937DCC2A51

За почеток, мислам дека би било добро најпрво да им проработи возниот ред на интернет-страницата, па потоа да можат да се купуваат билети за во домашниот сообраќај преку интернет, е дури потоа да се вклучиме во европскиот ЕПА систем за резервација на билети и продажба на карти за воз за низ цела Европа.

Posted By: Тркало
Date Posted: 29-Nov-2011 at 21:14

За почеток би било добро да им проработи и интернет страната

Posted By: zookisk
Date Posted: 30-Nov-2011 at 01:59
Originally posted by Тркало

За почеток би било добро да им проработи и интернет страната

Не си во тек... Интернет страната е во функција уште одамна... http://www.mztransportad.com.mk/

Posted By: Тркало
Date Posted: 30-Nov-2011 at 10:47
Originally posted by zookisk

Originally posted by Тркало

За почеток би било добро да им проработи и интернет страната
Не си во тек... Интернет страната е во функција уште одамна... http://www.mztransportad.com.mk/

Моја грешка.Барам на google.com >Македонски Железници< и ми отвори некоја страна mzi.mk Ама и на оваа страна возниот ред е утнат...

Posted By: BOJAN
Date Posted: 30-Nov-2011 at 10:53

www.mzi.com.mk треба да биде новиот веб сајт на Македонски железници - инфраструктура, а напоменатиов е на Македонски железници - транспорт, возниот ред во моментов не работи бидејќи треба да се внесе новиот возен ред за 2012 година што ќе треба да стапи на сила за 10-тина дена.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Dec-2011 at 21:30
Од 11-12-2011 се уведува нова понуда

CITY STAR

кон Австрија, Хрватска, Словенија, Чешка, и Словачка.

следи инфо

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: N23
Date Posted: 05-Dec-2011 at 22:31

Previous

Заедничките патувања ќе Ви бидат попријатни и поевтини користејќи ја понудата CITY STAR. Оваа понуда важи за релациите: Македонија-Австрија, Македонија-Хрватска, Македонија-Словенија, Македонија-Чешка и Македонија-Словачка.

Овие возни билети важат 1 месец.

CITY STAR понудата овозможува патување во група од најмногу 5 патника. На еден патник му се пресметува редовна цена, а на неговите сопатниците им се наплатува половина од таа цена, додека ако еден од патниците е дете, се наплатува четвртина од редовната цената.

Ова е Владимир? И ако да, се надевам ќе ни дадеш многу подетални информации него ова што го иаме сеа, а можда и затоа се правеше спалниот вагон? (пусти желби)

Posted By: phenomenon
Date Posted: 05-Dec-2011 at 22:34
Некој нека го каже новиот возен ред, ако го знае. Не можам никаде да го најдам.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-Dec-2011 at 05:21
N23, во право си но да се стрпиме за деталите како и за возниот ред кој е веќе готов, па за ден два ќе има се.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-Dec-2011 at 20:55
Понуда CITY ЅТАR
Во периодот од 11.12.2011 година до 08.12.2012 година, во сообраќајот помеѓу Македонија - Австрија, Македонија - Словенија, Македонија - Чешка и Македонија - Словачка за превоз на патници во одење и враќање се применува посебна понуда "CITY ЅТАR" по која ќе ce издаваат возни билети по паушална возна цена, која ги вклучува повластиците за пругите на железниците - учеснички во сообраќајот. Понудата „CITY STAR" Македонија - Хрватска е според посебни услови дадени во Тарифата.

повеќе на: http://mz-rail.atwebpages.com/offers/city.html - http://mz-rail.atwebpages.com/offers/city.html

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Dec-2011 at 10:51
Прекрасни вести од МЖ - Транспорт . Сепак, би сакал во рамките на самиот текст да видам неколку примери со точно пресметана сума за повеќе патници. На пример, патуваме 5 лица до Виена преку Будимпешта, гледам дека тоа изнесува 160 евра според тарифата. Според она од кое јас се разбирам, првиот патник плаќа 160 евра, вториот 80 евра, третиот 40 евра, четвртиот 20 евра и петтиот 10 евра, односно вкупно сите солидарно ќе треба да платат 310 евра поделено на 5 патници, тоа е 62 евра. Дали сум во право?

При што, ме интересира и што значи тоа зони, километри. Претпоставувам дека оваа цена е највисока, така што истата вклучува неограничено патување низ Австрија со воз и плус транзит - коридор до земјата преку Белград и Будимпешта?

Posted By: N23
Date Posted: 12-Dec-2011 at 16:15
На иста линија со Бојан сум. Владимир не би било лошо да ни дадеш по еден пример за секоја рута, ако не ти е тешко, бидејќи навистина патувањево изгледа фантастично примамливо, особено со можноста за транзит низ повеќе земји. Искрено не ми е јасно што значат зоните и дали ако рецимо идам до Виена, со истава карта да можам да шетнам и до Салцбург.

Posted By: Тркало
Date Posted: 06-Mar-2012 at 20:51

Датум: 06.03.2012, 17:27
Поскапува патувањето со воз за 50%

Цените на билетите во патничкиот железнички сообраќај во земјава од идниот вторник се зголемуваат во просек за околу 50 отсто, одлучи Управниот одбор на „Македонски железници - Транспорт“.

Според соопштението од Железницата, причина за поскапувањето на железничкиот превоз се зголемените цени на нафтата и на струјата.

„Цените на железничките превозни услуги не се променети од 12.7.1995 година. Во меѓувреме, цените на нафтените деривати (Д-2) само во последните пет години се зголемени за повеќе од 70 отсто, а пак цената на електричната енергија во последните пет години е зголемена за повеќе од 60 отсто. Земајќи го предвид периодот 1995 - 2012 година, може да се констатира дека не постои област во стопанството во земјава која драстично не ги зголеми цените на своите услуги. Оттаму и потребата и Железницата да ги зголеми цените на своите превозни услуги во железничкиот патнички сообраќај“, се вели во соопштението од „МЖ Транспорт“.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 06-Mar-2012 at 21:52
50% е шокантно поскапување, кој ќе може да им ги плати цените на билетите, ако се земе во предвид фактот дека со воз патуваат посиромашни граѓани и студенти. Ова не ќе да е на арно, ќе го намали бројот на патници, особено што не нудат никаква поволност паралелно со поскапувањето на билетите.

Posted By: gjoko
Date Posted: 06-Mar-2012 at 22:52
со поскапувањето повратната карта Кичево Скопје(222 денари) ќе се изедначи со автобуската повратна карта која чини 350 денари

Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-Mar-2012 at 00:56
Originally posted by gjoko

со поскапувањето повратната карта Кичево Скопје(222 денари) ќе се изедначи со автобуската повратна карта која чини 350 денари

...што е надвор од умот, секаде цената на железничките билети е поевтина од автобуските, а за условите за патување навистина мислам дека нема да можат да се споредат. Премногу е 50% одеднаш, барем да почне со 10-20%, а со подобрувањето на хигиената и останати новости да продолжат со натамошно зголемување.

Да се разбереме, со 50% зголемување на билетите нема да ги покријат трошоците во патничкиот превоз, а ќе ги изгубат патниците, чиј број и така стагнира со години.

Posted By: Тркало
Date Posted: 07-Mar-2012 at 01:49
Со ова најверојатно си постигнаа автогол и ја помогнаа конкуренцијата .Секако најголем дел патници одеа со воз поради нивните цени, а сега со новите цени предноста целосно е на страна на автобуските превозници (предности како поголем број дневни тргнувања,побрзо време на патување, климатизација, хигиена во возилата, точност, удобност и воведувањето увоз со Еуро 2 агрегати после кој скоро сите автопревозници го зголемија и возниот парк и квалитетот на истиот), особено во тие места со железница.
(пр. Авто Атом ги намали цените до цените на МЖ на релација Кочани-Скопје и обратно, па автобусите им се пополнети над 90%.Замислете МЖ го имаше како предност цените со само 2 тргнувања дневно спрема 10-тината на Атом.После ова, ако МЖ не отстапат најверојатно пак ќе гледаме укинување на линијата за Кочани).

Ама да видиме дали и какви промени ќе се случат, нема да останат на истиот став од МЖ ако се со малку чувство за работа.Ама немаа ни да дозволат ваква реакција ако добро размислувале,а со оглед на досегашната пракса, поправање е тешко за очекување.Имаа милиони опции досега поскапувања по 3,7,10 проценти, ама ја одбраа најлошата - 50% наеднаш   

Posted By: Dexter26
Date Posted: 09-Mar-2012 at 20:54
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/zeleznichkiot-patnichki-prevoz-poskap-za-50 - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/zeleznichkiot-patnichki-prevoz-poskap-za-50
 
Железничкиот патнички превоз, поскап за 50%

09.03.2012 - 18:44
 
Од следната недела железничкиот патнички превоз поскапува за 50%. Патниците се жалат на поскапувањето, велат не било момент баш сега да ги качат цените, но од друга страна свесни се дека цените не се сменети со години.
 
Првиот човек на Македонски Железници – Транспорт поскапувањето, прво од 95-та, го оправдува со значително покачените цени на нафтата и струјата изминатите години.
 
Најавува модернизaцијата на железницата со нови возови за кои тендерот терба да биде објавен до крајот на годината.
 
Поскапувањето не важи за товарниот превоз за кој големите извозни компании велат дека и сега е прескап и неконкурентен.
 
Директорот Дерковски тврди дека цените се на ниво со регионалните, но дека ќе паднат кога ќе поевтинат таксите и ќе престанат штрајковите во грчката железница, заради кои МЖ Транспорт губи по 10 милиони евра годишно.
 
-Во моментот кога се нормализира ситуацијата во железничкиот превоз и ќе добиеме европска цена за пристап на пругата, околу 3 евра во просек по km, па ние ќе имаме можност да ги намалиме тие цени, иако минатата година ги спуштивме цените со цел да го задржиме тој превоз, и да успееме да го зголемиме обемот на превоз, вели Оливер Дерковски – директор на МЖ Транспорт
 
И покрај скапите енергенси и високите транспортни трошоци, Дерковски уверува дека состојбата во железничкиот сообраќај драстично ќе се подобри во следниот период.
 
Борис Грујоски

Posted By: gjoko
Date Posted: 09-Mar-2012 at 21:40
јас кога патував почесто за Скопје како студент(до 97 година) цената на билетот беше иста како таа што ја платив вчера 220 денари повратна карта Кичево-Скопје

Posted By: N23
Date Posted: 10-Mar-2012 at 02:10

Еве зашто све треба у државава да се приватизира. Каде со таа економска логика одма 50 посто поскапо? Уместо сеа со 20 посто највеќе да идат, они директно за упола поскапо. Е тек со вакви цени ќе ја уништат и таа мала мобилност што ја има помеѓу градовите. 

Јас лично ќе размислам кога следен пат ќе се возам од љубов со воз. Мајстори се и последната ефтина ствар у државава да ја уништат. Bash

Posted By: zokidac
Date Posted: 10-Mar-2012 at 02:18
povratna karta (avtobus) kocani-skopje-kocani 350denari
povratna karta (voz)     kocani-skopje-kocani ~260denari, nova cena ~390 denari

razlikata vo brzinata, udobnosta....nesporedlivo

Posted By: Suprise
Date Posted: 10-Mar-2012 at 07:13
Па никој не вели дека цената мора да биде "фер", ако има голема побарувачка.

Ако автобусите неможат да ги пренесат сите заинтересирани патници и истите немаат избор па мораат да користат воз, сосема логичен чекор ми е качувањето на цената.

Посебно па ако тоа придонесе за подоцнежно подобрување на квалитетот на услугата од дополнителниот профит.

-------------
Neocomunist Federative Republic

Posted By: Suprise
Date Posted: 10-Mar-2012 at 07:20
Originally posted by N23

Еве зашто све треба у државава да се приватизира. Каде со таа економска логика одма 50 посто поскапо? Уместо сеа со 20 посто највеќе да идат, они директно за упола поскапо. Е тек со вакви цени ќе ја уништат и таа мала мобилност што ја има помеѓу градовите. 

Јас лично ќе размислам кога следен пат ќе се возам од љубов со воз. Мајстори се и последната ефтина ствар у државава да ја уништат. Bash

од љубов ??? со македонски воз ???? веројатно ти си единствениот во државава..

одамна возењето со МЖ не е задоволство, туку измачување..

-------------
Neocomunist Federative Republic

Posted By: WNBARCH
Date Posted: 10-Mar-2012 at 09:48
последните 3 возења со воз на релација скопје битола беа со драстична разлика од тоа што претходно ми било.возовите чисти, секој си има резервирано седиште, внатре дизајнот се знае али се беше реновирано, персоналот фин и учтив, безплатно кафе и влаширана вода во скоро време ке има и wifi, возот стигна до пп 15 минути порано и знаев дека тоа е се и цената беше супер знаев дека ке биде too good to be true.ако до сега беа во губиток од сега ке мора државава да субвенционира многу повеќе.разбирам дека мора да има покачување во 15 години , но можеа да го направат тоа етапно и со малце повеќе стил вака делува ептен шокантно 50 % одеднаш.да имаа малце мозок ке пробаа да обезбедат дополнителни приходи од реклами во возовите, шиткање весници и сендвичи, давање туристички услуги,нека наплаќаат wifi по 50 денари и ред други начини на заработка но мора некој да се позамара

Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Mar-2012 at 12:31
Ако се остварат поскапувањата од 50% на железничките билети, еве како би изгледала цената на истите (нормално, железница не чувствува потреба 3 дена пред почетокот на поскапувањето да ги соопшти цените)

Скопје - Битола сегашна 335 денари, од вторник 502 денари (во 2 насоки)
               автобуска повратна од 590 до 700 денари, најчесто е 620     
               ден.
Скопје - Кичево сегашна 222 денари, од вторник 333 денари (во 2 насоки)
               автобуска повратна од 380 до 600 денари, кичевски Симекс
               вози за 380 ден. во 2 насоки

Скопје - Кочани сегашна околу 260 ден, по ново околу 390 денари во 2
               правци
               автобуска карта чини од 300 до 420 денари во 2 насоки

Скопје-Велес    сегашна цена 120 денари, по ново 180 денари во 2 правци
               автобуска карта чини од 180 до 200 денари во 2 насоки

Скопје-Гевгелија сегашна цена 291 денари, по ново 436 денари во 2 правци
                 автобуска карта чини 510 денари во 2 правци

Мислам дека можете посликовито да забележите дека цените речиси би се изедначиле со автобускиот превоз, што е нелогична работа, бидејќи возот секаде е поевтин од причини што има поголеми капацитети од автобусот, го субвенционира државата, локалните самоуправи итн.
Во моментов железница и така има намален број на патници според официјалните статистички податоци, доцнењата на возовите, хигиената на истите не се подобрени, нови превозни средства нема така што не знам по која логика оделе во поскапувањето.

Досега граѓаните патуваа со воз бидејќи разликата во цените беше подрастична, но отсега мислам дека, на пример Велешани нема да се мислат да одберат автобус бидејќи разлика веќе е 20-30 денари. Бројот на патниците драстично ќе опадне ако има вакво зголемување, и погодувате следната работа што ќе се случи, а е омилена кај директорите, ново укинување на возовите. Дури и се мислам дали ова намерно се прави, за индиректно да се укинат бројни железнички дестинации во државава.

Posted By: N23
Date Posted: 10-Mar-2012 at 13:45
 
Originally posted by Suprise

од љубов ??? со македонски воз ???? веројатно ти си единствениот во државава..

одамна возењето со МЖ не е задоволство, туку измачување..

Веруј не сум единствениот, има илјадници луѓе од Македонија, па и од странство на кои им причинува задоволство да се возат со возови во Македонија, многу подобра ствар наместо да се џаболебари пред зграда.

Апсолутно не е битно какви се нашите возови, ако причинуваат задоволство да патуваш по шини. Ми се десило 5 саати да патувам до Битола, па повторно и повторно воз сум одбирал.

А тоа што на тебе и многумина други не им причинува задоволство да се возат со воз, ги доведе МЖ, заедно со нивната неспособност, на ова дереџе. Никад нема да сфатам како може луѓе од Куманово, Тетово, па и другите градови да се возат со кантине од меѓуградски превоз, кога ако ништо друго барем сигурноста, а според мене и удобноста, се предност на возовите.

Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Mar-2012 at 13:53
Никој не спори дека поскапување треба да има (ако е точен фактот дека цените не се дигани од 1997 година), многу е спорно што наеднаш се дигаат цените за цели 50% што јас никогаш не сум сретнал во било која друга држава. Требаше плавно/постепено да почнат да ги дигаат цените по 10% годишно и тоа на основа на подобрени услуги, не како сега кога навистина немаат што да понудат во замена за драстично зголемените цени. Ова се ми изгледа како обид да се уништат железниците во корист на автобуската мафија и лоби. Не треба да се заборава дека железниците во секоја држава имаат и социална функција заради која добиваат субвенции од буџетот и која мора да ја исполнуваат, а со новите цени јас не гледам никаква социална функција во МЖ повеќе!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте

Posted By: ink
Date Posted: 10-Mar-2012 at 20:35
Originally posted by N23

Originally posted by Suprise

од љубов ??? со македонски воз ???? веројатно ти си единствениот во државава..

одамна возењето со МЖ не е задоволство, туку измачување..

Веруј не сум единствениот, има илјадници луѓе од Македонија, па и од странство на кои им причинува задоволство да се возат со возови во Македонија, многу подобра ствар наместо да се џаболебари пред зграда.

Апсолутно не е битно какви се нашите возови, ако причинуваат задоволство да патуваш по шини. Ми се десило 5 саати да патувам до Битола, па повторно и повторно воз сум одбирал.

А тоа што на тебе и многумина други не им причинува задоволство да се возат со воз, ги доведе МЖ, заедно со нивната неспособност, на ова дереџе. Никад нема да сфатам како може луѓе од Куманово, Тетово, па и другите градови да се возат со кантине од меѓуградски превоз, кога ако ништо друго барем сигурноста, а според мене и удобноста, се предност на возовите.

Thumbs%20Up Това лето планирам да преминам целата железничка мрежа во Македониja(сред като преминав целата бугарска). По мои рачуни е можно да се направи за 2 дни.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Mar-2012 at 00:50
Новите цени на билетите на Македонски железници - Транспорт стапија во сила од вчера, еве еден мал преглед на новите цени кои се повисоки за рамни 50% кон сите релации:
Скопје - Куманово 140 ден(повратна), 87,50 ден(1 правец)
Скопје - Кичево 333 ден(повратна), 208 ден (1 правец)
Скопје - Велес 180 ден(повратна), 112,50 ден (1 правец)
Скопје - Кочани 398 ден(повратна), 249 ден (1 правец)
Скопје - Битола 502 ден(повратна), 314 ден (1 правец) (само за патничките возови)
Скопје - Гевгелија 443 ден(повратна), 277 ден (1 правец)

Повеќе за цените кон Тетово, Гостивар, Штип, Св.Николе, Неготино, Прилеп, Д.Капија и врски помеѓу останатите градови можете да проверите на: http://www.mztransportad.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=53&Itemid=68&lang=mk

Posted By: BOJAN
Date Posted: 19-Mar-2012 at 00:34
Цената на картите за воз отиде нагоре, но бројот на патници гледам дека е опаднат, барем на кичевскиот воз, и тоа речиси за дупло, иако пуштаат по 3 вагони.

Хигиената во возовите е идентична, а денес ја имав и можноста да добијам бесплатно туширање во тоалетот на еден од вагоните, знаете она пуштате вода, и наместо од шепурката ви тече од кровот, башка се сетиле наместо да исчистат, еден прозор од тоалетот да извадат...лека-полека и Албански железници не претркаа. Иако мене ми е егзотично ова, некого гарант многу го нервира и никад не би се качил на воз повторно.

Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 28-Mar-2012 at 12:06
Znae li nekoj kolku e kartata za Pelagonija ekspres posle poskapuvanjeto?

-------------
build.mk, гради форумска историја

Posted By: zookisk
Date Posted: 28-Mar-2012 at 12:31
Од каде до каде???

Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 28-Mar-2012 at 12:35
Originally posted by zookisk

Од каде до каде???

Skopje-Prilep

-------------
build.mk, гради форумска историја

Posted By: zookisk
Date Posted: 28-Mar-2012 at 13:17
Скопје-Прилеп повратна е 500 денари а Скопје-Битола повратна е 604 денари...

Posted By: milena
Date Posted: 22-May-2012 at 00:41
Колку е картата од Скопје до Загреб , во еден правец и повратна дали знае некој ?

Posted By: BOJAN
Date Posted: 22-May-2012 at 22:35
Originally posted by milena

Колку е картата од Скопје до Загреб , во еден правец и повратна дали знае некој ?

Директен воз од Скопје за Загреб не постои, но затоа пак има четири возови дневно на релација Белград-Загреб-Белград кои се добра врска за градот. Советувам карта од Скопје за Загреб да не купуваш, туку од Скопје да си купиш за Белград (околу 2020 денари повратна) и од Белград за Загреб да си купиш на Железничка станица во Белград, која ќе те чини 44 евра во двата правци и 22,10 евра во еден правец. Ако патувате повеќе луѓе, можете да ја користите поволноста за групно патување до 5 патници што ја нуди оваа релација, за еден патник 44 евра, за два 66 евра, за три 88 евра итн. Тоа е една од ретките намалувања на билетите за овој град. Вагоните од Белград за Загреб се феноменални, а особено го препочарувам оној што заминува од Белград околу 15 часот попладне.

Posted By: Falcon
Date Posted: 17-Jun-2012 at 04:03
Дали знаете дали веќе е воведена или за кога е најавена електронска резервација на билети и електронско купување на билети од автомат со платежна картичка на железничката станица во Скопје? Можеби тоа е вклучено во престојната реконструкција на станицата.

Print Page | Close Window