Јавна чистота
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=209
Printed Date: 01-Nov-2024 at 01:16
Topic: Јавна чистота
Posted By: skywings
Subject: Јавна чистота
Date Posted: 04-Mar-2008 at 19:48
Мислам дека и оваа тема заслужува да биде истретирана на форумов, зашто на сите ни е преку глава од ѓубрето и нехигиената во градот....
претпоставувам слушнавте дека од пред 10-тина дена, потпирајќи се на Законот за управување со комунален отпад од ноември лани, комунални инспектори шетаат по градот со цајкани и ловат "културни" граѓани што фрлаат пикавци, ѓубре кај ќе стигнат...
казна за фрлен пикавец - 30 евра, за фрлена кеса од "стоби флипс" (пример ) - 50 евра.... за фрлен шпорет кај Вардар - 100 евра.... фирми што фрлаат градежен шут во дива депонија - 2.000 евра...
е сега, шо мислете... ќе упали ова до некаде или..... секое чудо за три дена
|
Replies:
Posted By: skywings
Date Posted: 04-Mar-2008 at 19:51
еве како дополнување и текстот во Дневник, иако одма ќе си го кажам ставот, новинарката претерала..." ненамерно си фрлале компирчиња".... многу ми е патетичен текстот, ама ај.... еве го
Инспектори казнуваа за паднато компирче
Градски комунални инспектори деновиве ги казнуваат граѓаните на кои ненамерно им паѓаат компирчиња од сендвичите,кај сендвичарниците во близина на Паркот на жената-борец. Инспекторите, придружувани од полицајци, и вчера им пишуваа казни во износ од 50 евра во денарска противвредност не само на граѓаните на кои им паѓа помфритот туку и на оние што фрлаа ѓубре на јавните места. - Градот е полн со ѓубре што комуналците не го собираат редовно, насекаде се создаваат мали депонии, а им пишуваат казни на граѓаните што претходно не се опоменати за ваквите казни. Ние овде, на клупите пред сендвичарниците, јадеме секој ден. Да се пишува казна за едно паднато компирче, тоа го нема никаде - велат граѓаните. Казните за фрлање ѓубре на несоодветни места се пропишани пред шест месеци со измените на Законот за управувањето со отпадот. Со нив се предвидени казни од 30 до 200 евра за физички лица за фрлање догорче на улица, за палење оган на несоодветни места, за истурање ѓубре, шут, масло на јавни површини итн. Казните за правни лица се повисоки. Нив можат да ги изречат градските и комуналните инспектори за животна средина на самото место. На граѓанинот што фрла ѓубре му се дава платен налог, што мора да го плати во рок од осум дена. Во спротивно, ќе биде повикан пред прекршочна комисија во Министерството за животна средина и просторно планирање. Иако се донесени пред половина година, казните се' уште не се применуваат редовно. Градскиот комунален инспектор Александар Бошковиќ потврди дека нивни вработени казнувале вчера во центарот на Скопје. Тој објасни дека на терен имало две градски екипи на кои им асистирала полиција. Се согласи дека можеби мерките се драстични, но смета дека мора да се почне со казните, со цел законот реално да стапи во сила, а и граѓаните да почнат да се однесуваат совесно. Бошковиќ рече дека ќе ја разгледаат можноста граѓаните извесно време да се опоменуваат за некои ненамерни постапки, како на пример случајното паѓање на компири од сендвичите.
- Три месеци го пролонгираме Законот, односно немаме изречено ниту една казна. Сето тоа поради разбирањето кон граѓаните, со цел да ги научат одредбите за што се' може да бидат казнети - изјави Бошковиќ. Во минатата недела, според него, градските комунални инспектори на скопјани им изрекувале мандатни казни за фрлање догорчиња на улица. Таа изнесува 30 евра.
(А.Е.)
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Mar-2008 at 19:52
Originally posted by skywings
претпоставувам слушнавте дека од пред 10-тина дена, потпирајќи се
на Законот за управување со комунален отпад од ноември лани, комунални
инспектори шетаат по градот со цајкани и ловат "културни" граѓани што
фрлаат пикавци, ѓубре кај ќе стигнат...
|
Да слушнавме
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=71&PN=2 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=71&PN=2
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Mar-2008 at 19:53
Секое чудо за три дена . Кај нас евентуално некој шеријатски закон со јавно сечење на рака ако се фрли пикавец би запалил. Се друго е гола вода.
Не дека сум против меркава, супер е ако се спорведува и сигурно ќе донесе свои ефекти но проблемот е на ниво на епидемија. Треба да се направат сеопфатни мерки за да расфрлањето отпад се сведе во некои нормални рамки.
|
Posted By: skywings
Date Posted: 04-Mar-2008 at 19:56
баш сте авангарда...доцна палам
|
Posted By: ProMKD
Date Posted: 04-Mar-2008 at 21:48
За да се подобри наголемо состојбата, треба упорно и упорно да се казнуваат фрлачите на ѓубре, а и децата во школо да ги учат да ја чуваат својата околина. Тинејџерите несовесно насекаде фрлаат што ќе им стигне при рака... тоа е секаде, но кај нас како да е мода
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Mar-2008 at 21:57
Originally posted by ProMKD
За да се подобри наголемо состојбата, треба упорно и упорно да се казнуваат фрлачите на ѓубре, а и децата во школо да ги учат да ја чуваат својата околина. Тинејџерите несовесно насекаде фрлаат што ќе им стигне при рака... тоа е секаде, но кај нас како да е мода
|
се сложувам. Но неможе такво "учење" туку така да се нафрли, плукни залепи. Треба сериозна реформа на образовниот систем каде што тоа би се вградило. Инаку нема да има никакви ефекти.
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Mar-2008 at 22:13
Темава не сазлужува дискусија. Тој што нејќе да биде граѓанин нека иде у село. Само казни ќе завршат работа. Ама не престроги. Може да се почне со 100-200 денари. Исто како за возење без карта во автобус. Казна од 3000 може само револт и инат да предизвика, а времето на градење држава со репресија помина оддамна. Ситните казни треба да се изрекуваат на секој ќош од лица во цивилка. И наплата на лице место. Ама треба да ги има во изобилство вакви инспектори. И да бидат на процент. Да речеме 10%. И за он да земе дневница од 1000 денеска ќе треба да напише 100 казни. Верувајте дека ќе трча да го фати секој што пљукнал по улица. Вакви 10 инспектори се доста. 1000 казни дневно за централно градско подрачје се таман.
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Mar-2008 at 22:21
Originally posted by lslcrew
Темава не сазлужува дискусија. Тој што нејќе да биде граѓанин нека иде у село. Само казни ќе завршат работа. Ама не престроги. Може да се почне со 100-200 денари. Исто како за возење без карта во автобус. Казна од 3000 може само револт и инат да предизвика, а времето на градење држава со репресија помина оддамна. Ситните казни треба да се изрекуваат на секој ќош од лица во цивилка. И наплата на лице место. Ама треба да ги има во изобилство вакви инспектори. И да бидат на процент. Да речеме 10%. И за он да земе дневница од 1000 денеска ќе треба да напише 100 казни. Верувајте дека ќе трча да го фати секој што пљукнал по улица. Вакви 10 инспектори се доста. 1000 казни дневно за централно градско подрачје се таман.
|
Abe ne e ova privaten biznis na inspektori da ima davame dnevnici nekakvi. Ziti se samo od dnevnici 30000 mesecno po tvojava matematika. Pa daj i ja kje bidam inspektor sto se zezame uopste so skolo da ucime.
Represija treba i te kakva. Jas na primer za parkiranje vo trevnik bi gi konfiskuval trkalata na kolata i bi gi nosel vo depo kade sto kje se unistuvaat. Pa neka ide fraerot sto parkiral taka da si kupi novi bandazi i gumi i neka razmilsi dali pak kje parkira vo treva.
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Mar-2008 at 22:30
pbanks. Па тоа ми е идејата. Да има лиценца за контролор. Да може секој да биде. Вака сега може ги има двајца и ништо не вршат работа. Така ќе може и меѓу себе да се казнуваат. А со репресијата воопшто не се слагам. Од слободна држава, допрва зандана ли ќе ја праиме. Репресија може кај насислство и оружје, само тамо. Овдека само вака, со ситни казни. А ова со тркалата само на заебанција го кажа, така?! Зашто многу е безвезе. За у трева може десеткратна наплата за паркиранје во градско подрачје и се навлаќа од гутура 10 саата. Па ако му се исплати нека се паркира. Ја би одобрил и паркирање во трева, ама да биде 10000 од саат. Па кој му се исплати бујрум нека повели!
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Mar-2008 at 22:45
Originally posted by lslcrew
pbanks. Па тоа ми е идејата. Да има лиценца за контролор. Да може секој да биде. Вака сега може ги има двајца и ништо не вршат работа. Така ќе може и меѓу себе да се казнуваат. А со репресијата воопшто не се слагам. Од слободна држава, допрва зандана ли ќе ја праиме. Репресија може кај насислство и оружје, само тамо. Овдека само вака, со ситни казни. А ова со тркалата само на заебанција го кажа, така?! Зашто многу е безвезе. За у трева може десеткратна наплата за паркиранје во градско подрачје и се навлаќа од гутура 10 саата. Па ако му се исплати нека се паркира. Ја би одобрил и паркирање во трева, ама да биде 10000 од саат. Па кој му се исплати бујрум нека повели!
|
Донесување и почитување на куќен ред нема врска со репресија исто како што демократија нема врска со анархија како што обично кај нас е разбирањето за овие концепти. Од прва рака ќе ти кажам дека во најдемократската земја на светот, Америка има еден тон правила, правила на кои ние не сме ни помислувале ни во "најрепресивните" денови. Сигурен сум дека и момциве и девојкиве на форумов кои живеат во Австалија, Канада и каде уште не можат да потврдат вакво нешто.
Законите МОРА да се почитуваат по секоја цена. Еден од методите е да има ефикасен и скап систем на казни. Нормално дека се зезав за вадењето тркала, но во принцип сум и за толку и за уште поекстремни казни. Колку кошта еден бандаж и гума знае некој? Веројатно едно 1000ЕУР + нервоза дека колата му виси на сред тревник на осовини + малтретирање + бламажа.
Преку глава ми е од фраери што фаќаат кривини а ние другите сме глупите што правиме се регуларно.
За контролорите. Дефинитивно системот сега не функционира. Но сигурно процент не е решение а не верувам дека се ни лиценците (кое е некако магично решение во последно време во Македонија за се се воведуваат некакви лиценци). Треба да има јасно поставена пирамида на управување и секој подреден слој да биде строго контролиран од надредениот... така се до врвот. Постојат разни начини на контрола, не е дека треба да измислиме топла вода во нормален свет одавна веќе не се фрла ѓубре од кола на пример.
|
Posted By: ProMKD
Date Posted: 04-Mar-2008 at 23:45
Originally posted by pbanks
Од прва рака ќе ти кажам дека во најдемократската земја на светот, Америка има еден тон правила, правила на кои ние не сме ни помислувале ни во "најрепресивните" денови. Сигурен сум дека и момциве и девојкиве на форумов кои живеат во Австалија, Канада и каде уште не можат да потврдат вакво нешто.
|
Ви го потврдувам ова 100% е во право!
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2008 at 01:34
Добро како и да е, ја се залагам за едно послободно општество, не толку репресивно, ама сепак до народот е и до културата. Фраерите секогаш ќе ги има и треба да им се ускрати правото да изиграваат мангупи на секој ќош. Можеби мојов предлог би функционирал и сега, ама пофункционален би бил во некое друго време, можеби за пар години. Ама скапите казни само набиваат револт, а сами си знаеме каков народ сме и мислам дека некој што ќе биде казнет со 1000 евра следниот пат од инат ќе го направи 10 пати истиот прекршок, а башка и големи казни само се влечат по судови.
|
Posted By: ProMKD
Date Posted: 05-Mar-2008 at 05:43
Јас сум за мали казни. 100-200 лево, десно, инспекторите ако работат, можат да маваат по неколку стотини казни на ден. 100-200 МКД пута 50 да речеме на ден = 7,500 денари на ден. И ај да не речеме 50 казни, нека бидат и 20, што е многу возможно = 3,000 МКД на ден. За граѓаните тоа не е ништо (ако дал пари за пица од 50 мкд, и го џитнал ѓубрето, има 150 МКД за казна).
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 09:22
Кој што е инает негов проблем. Ќе се смета и камата. А со мали казни ништо не се прави. И тоа посебно со фраерите, па пофраерски е да се платат 50, 100, 200 денари него да се замара некој со почитување и правила.
@lsl уште еднашка почитување на јавен ред и мир нема врска со репресија. Репресија е нешто сосема различно.
|
Posted By: dejan
Date Posted: 05-Mar-2008 at 10:51
Deneska vo centarot vo moj grad policajci kaznuvaa lugje koj odele 'j-walking' kade ne ja pominuvas ulicata kaj semaforod...mislam malku preteruvaat posto prv pat gledam da kaznuvaat taka ama znam ke gledam okulu pret da pominam jas taka hehe
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2008 at 11:14
@pbanks Аа ако не да ги бесиме на плоштад тие што фрлаат ѓубре. Нема што толкави казни 1000 евра. тоа е 4 просечни плати. Ова ако не е репресија ја незнам што е. Само со ситни казни на секој ќош, може да има ефект.
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 11:20
Originally posted by lslcrew
@pbanks Аа ако не да ги бесиме на плоштад тие што фрлаат ѓубре. Нема што толкави казни 1000 евра. тоа е 4 просечни плати. Ова ако не е репресија ја незнам што е. Само со ситни казни на секој ќош, може да има ефект.
|
нема врска бесење сеа не забегувај. Види ги малку искуствата на другите земји. со ситни казни никој ништо не решил, што има сега ние да се правиме паметни и да измислуваме се од почеток.
Еве ти дефиниција за типот на репресија за кој зборуваш. Нема врска со фрлање ѓубре на улица.
Political repression is the http://en.wikipedia.org/wiki/Persecution - persecution
of an individual or group for political reasons, particularly for the
purpose of restricting or preventing their ability to take part in the http://en.wikipedia.org/wiki/Politics - political life of http://en.wikipedia.org/wiki/Society - society . Political repression may be represented by http://en.wikipedia.org/wiki/Discrimination - discriminatory policies, http://en.wikipedia.org/wiki/Human_rights - human rights violation, http://en.wikipedia.org/wiki/Surveillance_abuse - surveillance abuse , http://en.wikipedia.org/wiki/Police_brutality - police brutality , http://en.wikipedia.org/wiki/Imprisonment - imprisonment , http://en.wikipedia.org/wiki/Involuntary_settlements_in_the_Soviet_Union - involuntary settlement , http://en.wikipedia.org/wiki/Lishenets - stripping of citizen's rights , and violent action such as the murder, http://en.wikipedia.org/wiki/Summary_execution - summary executions , http://en.wikipedia.org/wiki/Torture - torture , http://en.wikipedia.org/wiki/Forced_disappearance - forced disappearance and other http://en.wikipedia.org/wiki/Extrajudicial_punishment - extrajudicial punishment of http://en.wikipedia.org/wiki/Political_activist - political activists , http://en.wikipedia.org/wiki/Dissident - dissidents , or general population. |
http://en.wikipedia.org/wiki/Political_repression - http://en.wikipedia.org/wiki/Political_repression
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2008 at 11:27
Добро бе па ти. Си се запнал како слеп за стап.
п.с. горе пишува "political represion" ова е некој друг вид. Добро како и да е не се слагаме. Нема потреба да се убедуваме. Ставовите ни се спротивни.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Mar-2008 at 11:30
lsl, кој не го крши законот нема потреба да се секира колку просечни плати се казните. Секоја казнена политика пред се има за цел да делува превентивно. А репресија како што веќе е објаснето е нешто сосема друго и нема допирни точки со конкретниов случај.
Право да ти кажам малку ме збуни со ставот по ова прашање. Обично си ни најрадикален тука
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 11:31
Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2008 at 12:19
Кловер, многу лошо си ме исперцепирал дека сум радикален. Воопшто не сум. Има некои работи во општеството кои заслужуваат радикален пристап, како на пример урбано дивјаштво (темата што ни е). Времето на строги казни е пројдено. Малце поинаку треба денеска да пристапиме. Кај нас има и една друга работа со која си имаме проблем. Кај нас е срамота и може глуп да направат ако платиш паркинг, ако платиш казна, ако плаќаш куќен совет, ако плаќаш придонеси и данок. Па дури кај еден дел од населението (милитантниот етникум) е срамота и сметки да плаќаш. Кај нас е глупо да платиш за софтвер. Прво овој проблем мораме да го решиме, па после можеме да збориме за наплата, без разлика на висината на казната.
п.с. Немојте одма, платите биле мали, тоа е друга тема. Зборам за оној дел од населението, за оние фраерите што ги фаќа инат магарешки, па од инат не плаќаат.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Mar-2008 at 14:08
Originally posted by lslcrew
Времето на строги казни е пројдено. Малце поинаку треба денеска да пристапиме.
|
Е како да пристапиме? Со наградни игри???
Малце си ми контрадикторен... Точно вака треба да се пристапи, ама да се оди доследно. Кога неколку души ќе се изгорат гадно, тоа ќе биде добар пример и за другите „фраери“ од сите видови.
|
Posted By: skywings
Date Posted: 05-Mar-2008 at 18:00
хмммм... све си мислам дека скапите казни ќе бидат контрапродуктивни. Каков што ни е менталитетот да бараме кривини, штом на некого ќе му репнат казна од 2.000 за фрлање пикавец, одма ќе сврти телефони лево, десно и ќе бара врски да му ја поништат казната, да не збориме дека ако некој за фрлање шут ќе треба да плати 12.000, една македонска плата, сериозно ќе се затрча, па плус се отвара и простор за подмитување на инспекторите...... затоа и ја се слагам со Islcrew дека казните треба да бидат пониски
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 18:10
Па добро идејата е да нема фаќање кривини. Конечно да почнеме да се однесуваме посериозно на сите нивоа. Во голема мерка тоа може да се реши со електронски систем на евиденција. Веќе е многу потешко да се скине сообраќајна казна од порано, мора или да се реагира веднаш или да се има ултрадебела врска инаку кога ќе влезе во електронска евиденција казната џабе е се. Единствена слаба карика би биле инспекторите кои би пишувале казни, тие треба да се добро платени и високопрофесионални.
Ете лцл предложи процент но од принцип мислам дека не треба да се применува нешто такво едноставно е погрешно. Но мора да има начин тие да бидат мотивирани да си ја вршат работата како што треба. Се останато се техникалии.
Не ми е јасно што мислите дека ќе направат поефтините казни. Не само што луѓе повторно ќе фаќаат кривини, чисто од навика туку воопшто нема да ги сфаќаат сериозно правилата ако казните се смешни. Еднашка се враќав од одмор од Хрватска и во Србија не застана полиција за брзо возење (уште беше времето на Милошевиќ). Џандарот ни пиша казна од 150 динари, се скршивме од смеење, се зезавме со него да му дадеме едно 2000 динари за flat rate брзо возење до граница само да не не замараат со запирање.
|
Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 18:38
Прво, мое мислење е дека лслкру е во право за тоа колкави треба да бидат казните, односно дека треба да бидат до 500 денари, и така ќе може на лице место да ја наплаќаат. Ако е казната 1000 евра, ќе летаат телефони, врски и што уште не само за да не се плати. Од друга страна замисли колку ќе влијиае ова врз малдите. Ако некој цајкан ти ги земе сабота навечер парите за пиење зашто си ја фрлил кутијата цигари на земја ко кретен некој.
Второ, нашиве кретенски цајкани и „контролори„ ќе се изживљаваат врз народов како за се друго.
Трето, кај нас има многу малце канти. Ова сум сериозен. Ако на запад на секој чекор има канта каде можеш да го фрлиш отпадот тука една у Карпош 1 следната у Карпош 3. Принудени сме во контејнери да фрламе ситен отпад, а тоа нигде го нема. Место да глумат лудило сеа со шпиуни кои ќе хараат низ градов нека воведат систем во целава држава за рециклирање ѓубре например и да постават асални канти насекаде.
И четврто, лслкру според мене не ти е добра идејата секој да може да стане контролор, тоа ептен ме потсеќа на старите соработници со УДБА кои го кодошеле народот. Докажано е дека тоа доведува само до недоверба меѓу граѓаните.
|
Posted By: skywings
Date Posted: 05-Mar-2008 at 18:42
ова за искуството во Србија... ама тука не мислам на симболични казни, па луѓето со нив да си играат мајтап, нека бидат 300 до 500 денари, колку да им е срам за тие пари да фаќаат врски....
|
Posted By: ProMKD
Date Posted: 05-Mar-2008 at 20:54
И ја сум за ниски казни како што реков, ама не за плаќање на лице место... како можеме ние да им наложиме на граѓаните да носат одредена количина пари со себе секаде? Јас на пример не носам секаде со мене 500 МКД, да речеме сум тркнал по леб... или се враќам од бензинска и сум го испразнил џебот. Не е фер џандар или инспектор да ми рече Давај Пари или Не Мрдај..
|
Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 21:05
Добро де, се подразбира дека доколку немаш пари би бил да речеме должен да ја платиш казната во некој краток рок. Исто како што смеат џајканите да ти побараат лична карта кога сакаат, така и ќе смеат да ти речат „отвори новчаник да видам дали стварно немаш!„.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Mar-2008 at 21:26
Абе луѓе, вие повеќе давате аргументи за евентуални други проблеми со системот, отколку вивсината на казните. Зборуваме за систем кој што ќе функционира правилно, без корупција и други глупости. Ако не е така, апсолутно е безначајно колкави ќе се казните. Значи мора пред се да се превземат неопходни мерки за системот добро да функционира. Pbanks спомна дека старото добро „кинење“ на казната нема да може веќе да функционира. Казните може да бидат и пониски, но не премногу, затоа што ако навистина не те здоболи, нема да има влијание. Па нема да можат секој ден да те фатат кога фрлаш по улица - тоа реално може да се случува многу ретко. Затоа казните треба да се високи (дали до толку колку што ги направиле е друго прашање, но мислам подобро и тоа отколку да е доведен во прашање ефектот на казните)
@ProMKD - Нормално треба да постои можност да не се плати на лице место, мислам дека тоа не е воопшто доведено под прашање. Само мислам дека плаќањето на лице место треба да е стимулирано на некој начин, пред се финансиски. Губење време по судови за жал не е голем проблем за многу луѓе - нашето општество произведе многу такви кои го имаат во изобилие и нема смисла да им се дозволи да го трошат и туѓото. Во тој контекст тоа што се залагаш за ниски казни е уште попроблематично.
|
Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 21:48
Originally posted by Cloverstack
Абе луѓе, вие повеќе давате аргументи за евентуални други проблеми со системот, отколку вивсината на казните. Зборуваме за систем кој што ќе функционира правилно, без корупција и други глупости. Ако не е така, апсолутно е безначајно колкави ќе се казните. Значи мора пред се да се превземат неопходни мерки за системот добро да функционира. Pbanks спомна дека старото добро „кинење“ на казната нема да може веќе да функционира. Казните може да бидат и пониски, но не премногу, затоа што ако навистина не те здоболи, нема да има влијание. Па нема да можат секој ден да те фатат кога фрлаш по улица - тоа реално може да се случува многу ретко. Затоа казните треба да се високи (дали до толку колку што ги направиле е друго прашање, но мислам подобро и тоа отколку да е доведен во прашање ефектот на казните)
|
Па добро, таква е нашата реалност, и тешко дека ќе се смени тоа у догледно време. Мое мислење е дека високи казни функционираат во веќе „средени„ општества каде корупцијата и непотизмот ги нема како кај нас. Претпоставувам дека би било сега за сега подобро да бидат казните (малку) пониски, и да се бараат парите на лице место. Со ова најмногу ќе се влијае врз младите луѓе кои се навикнати да фрлаат по земја од проста и едноставна причина што нив најмногу ќе ги здоболи. И да немаш пари, не верувам дека ќе биде пријатно искуство да бидаш посрамотен пред други минувачи.
А ако зборуваме за позападниве општества, дефинитвно паметна мерка им се тие јаки казни за фрлање ѓубре. Се надевам дека постепено ќе им се крева свеста на луѓето кај нас. Криво ми е што се потребни парични казни за да се одвикнат од таа дебилна навика.
|
Posted By: La Linea
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:03
А зошто воопшто би му пречеле овие казни на оние кои не фрлаат на улица, или било каде воопшто? Зошто би се противел на овие казни ако се стремат кон зачувување на околината и чистота на градот? Се надевам дека инспекторите сериозно ќе си ја сватат работата и дека повеќе нема да гледам пикавци лименки хартии и залепени мастики на тротоарите, веќе ми се гади од тоа колку е нечист градот. Само се надевам дека нема да ги ловат и оние кои сосем несакајќи им паднало компирче или ливче и би се согласиле самите да си го соберат ѓубрето.
------------- Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:09
@ gotso
Веќе реков - ако системот продужи да функционира како и до сега, тотално е излишен муабетов околу висината на казните. Мора високи казни + добар функционален систем!
Џабе збориш за средени општества и дека вакви работи ќе ни требале кога ќе сме станеле такво. Никогаш нема да станеме како што сме почнале. Вакви мерки ни требаат баш за да станеме! И доста со муабети за тоа дека у суштина „знаеме какви сме биле“. Има примери по светов каде многу порадикално бил ставан вистински ред и во таа листа може да се најдат многу денеска успешни држави. Менталитетот и лошите навики на народот мора да се менуваат - ако не може милом, тогаш силом.
|
Posted By: ProMKD
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:10
Еве ви инфо од запад: Во Канада (поточно Онтарио - другите провинции имаат свои закони) казната за фрлање ѓубре по улица е 50 канадски долари. Тоа се 2,000 Денари. Овој закон беше донесен пред година и малце. Затоа мислам за кај нас (каде стандардот на живеење е далеку понизок) да се наплаќа 100 евра е премногу. Ве разбирам што сакате да кажете дека мора да се смени, луѓето да се освестат.. ама тоа нема да се случи со казни што луѓето нема да ги плаќаат. Луѓето се испотепаа заради законот за Радиодофузија, кој како што знам јас, беше да се платат некои си 150 МКД на месец..
Исто: Во онтарио казната за непрописно паркирање возила варира од случајот. Дали си паркиран на "приватен паркинг" без дозвола, или пред хидрант, или пред болница итн. Знам од свое искуство дека паркирање пред хидрант е 50 долари (2000 МКД), паркирање на приватен паркинг без дозвола е 15 долари (600 МКД), а паркирање на специјално место за инвалиди без дозвола е ДО 500 долари (20 000 МКД).
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:12
Канада е многу мека!
Ја би се угледал на Сингапур!
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:17
Originally posted by gotsomekicks
Па добро, таква е нашата реалност, и тешко дека ќе се смени тоа у догледно време. Мое мислење е дека високи казни функционираат во веќе „средени„ општества каде корупцијата и непотизмот ги нема како кај нас. |
Не се сложувам радикални мерки од овој тип се превземени во некои од азиските тигри кои се денеска високоразвиени земји но кога имплементираа вакви ригорозни казнени системи во 80те и 90те не беа многу поразвиени во Македонија.
Ние немаме време на тенане да се развиваме, ни сме во сред Европа. Од кожа се вадам кога на ССЦ некои босанци на пример како БЛ ќе не искритикуваат за нечистотијата но за жал всушност се во право. Кај нив е се далеку посредено а има многу повеќе причини да биде понесредено отколку кај нас.
Единствени места освен Македонија каде екологијата е во слична/полоша состојба се Косово и Албанија, делумно јужна Србија и веројатно делумно Бугарија.
|
Posted By: ProMKD
Date Posted: 05-Mar-2008 at 22:19
Originally posted by Cloverstack
Канада е многу мека!
Ја би се угледал на Сингапур!
|
Можеби е мека хехе, но сепак тука се почитува тој закон. Дури и индијците и пакистанците што се неписмени што доаѓаат тука ги оставаат дома своите лоши навики (повеќето од нив не џиткаат ѓувришта - за други навики не ме прашувај ) .
А и за колку е мека (глупа) за примање доселеници исто не ме прашувај!
|
Posted By: vardar
Date Posted: 18-Jul-2008 at 14:58
ГРАДОТ ГИ ЗАСИЛИ КОНТРОЛИТЕ
Фрчат казни за фрлање ѓубре во Градскиот парк
Последниве две недели имало четири акции при што биле изречени 31 казна за граѓани што фрлале ѓубре, паркирале возила во зеленило и ја уништувале урбаната опрема
Локалните власти се надеваат дека акциите ќе ги дисциплинираат скопјани и ќе ги научат да го чуваат паркот
По жестоките реакции на медиумите и граѓаните за уништување на најголемата зелена оаза во Скопје, градската комунална инспекција почна двапати неделно со ригорозни акции за казнувања граѓани во Градскиот парк. Имајќи предвид дека паркот во изминативе месеци е во вистинска агонија од несовесни посетители, инспектори од Градот во ноќните часови прават обиколка заедно со претставници од единицата „Алфи“. Полицијата ги легитимира несовесните посетители, а потоа им се пишува записник. Во недостиг од казни и редовни контроли од надлежните, во изминативе месеци во Градскиот парк секоја втора светилка е искршена, од клупите се останати само железните делови, а на постаментите за споменици се гази и се седи. Бистите одамна се украдени. Посетителите на дискотеките што се наоѓаат во кругот на паркот своите возила ги паркираат во зеленилото, а младите отпадот од јадењето и од пиењето го оставаат зад себе. „Паркови и зеленило“ секој викенд мора да го изнесува ѓубрето од паркот со камиони.
ГРАЃАНИТЕ НА УДАР,КАФЕАНИТЕ ПОМИЛУВАНИ
Според градските власти, казните најчесто се пишуваат на млади луѓе што ги уништуваат урбаната опрема и зеленилото, односно седат во тревата, ја уништуваат, јадат сендвичи и потоа го фрлаат отпадот во зеленилото, пијат алкохол, фрлаат догорчиња. Казните, во зависност од прекршокот, се движат од 15 до 200 евра, објаснуваат од Градот.Во последниве две недели биле изречени 31 казна на граѓани што не го почитувале комуналниот ред во паркот. Само во изминатиот викенд биле казнети 11 лица поради фрлање смет на јавна површина, а 23 непрописно паркирани возила биле подигнати од зелените површини во паркот. Исто така на четири угостителски објекти во паркот што не се придржувале кон Законот за заштитата од бучава им биле дадени и записници со опомени. Во однос на надлежноста за казнување граѓани што паркираат возила во зеленило, а која Министерството за внатрешни работи во неколку наврата им ја спори, од Градот велат дека грешат бидејќи имаат такво законско право. Ние имаме дискреционо право да подигаме возила што се паркирани во тревни површини. Имаме добра соработка со МВР - рече Бошковиќ.
ДВОЈНО ПОМАЛА ГЛОБА ЗА НАВРЕМЕНО ПЛАЌАЊЕ
Главниот градски инспектор Александар Бошковиќ изјави дека за поздравување е совесноста на младите, имајќи предвид дека од вкупниот број изречени казни -31, досега се уплатени 19. Инспекторите велат дека кога не станува збор за тежок прекршок, често изрекуваат само опомени. Казните се опомена за прекршителите. Мора да казнуваме за да воведеме ред. Се надеваме дека во иднина ќе бидат намалени прекршоците во Градскиот парк - изјави тој. Од Градот објаснуваат дека по пишувањето записник за прекршителите, тие имаат можност веднаш или во рок од осум дена да ја платат казната. Доколку се придржуваат кон тој рок, тогаш ќе платат 50 отсто помалку глоба од пропишаната. Доколку не ја платат во предвидениот рок, тогаш предметот се испраќа на Прекршочна комисија при Министерството за животна средина и тогаш ќе мора да се плати целиот износ. Казните за фрлање отпадок на јавна површина изнесуваат од 30 до 50 евра. За фрлено догорче се плаќа 15 евра, додека за паднат помфрит од сендвич 50 евра. За палење оган на јавно место, како и за истурање шут или масло, казните се движат од 30 до 200 евра.
Јорданка Ивановска
|
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FD6A011643D00F469A9A7D015B805F76 - dnevnik
|
Posted By: shyes
Date Posted: 18-Jul-2008 at 16:32
Јас сум со pbanks за ова, сега само дали има доволно канти распрскани низ Скопје
Некој ли знае дали тие казни можат да се платат по рати? Исто така знае ли некој да ли е можно да се продолжи 8 дневниот рок на плаќањето на казните ако некој не е во можност да плати толка сума за 8 дена.
p.s. кога граѓаните ќе го сменат табиетот, си мислам има добра шанса казните да се намалат.
|
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 19-Jul-2008 at 23:33
Нешто малце од темата, но тое е тука
Живеам во населба, секој од нас има двор-травњак кој треба да се коси, дрвја кој треба да се кастрат и лисја да се собират и .... а имам една пластична мала канта која комуналците сто пати ми ја скршија.
И еве една слика па вие кажете, кој е одговорен во населби да постави контејнери за оваков тип на отпад, или табли и ленти, и куп испрани фондациски пари.
И дали секогаш граганите се криви во се ?
------------- Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Jul-2008 at 00:38
Во Аеродром поставија нови канти за ѓубре, и тоа по една на секои пет метри од тебе, што поддржувам, кога веќе никој не сака да правам смет нека ми даде канта каде имам каде да го фрлам патем за паркот, мнислам дека нема доволно канти, а кога ќе ги сретнам сите се полни (можда само така ми се погодуваат)
------------- Architects create dreams...politicians create nightmares
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jul-2008 at 11:35
Стока! После не требало репресија, јавен линч треба за овие работи...
ДИВИ ДЕПОНИИ СО ШУТ ГО ПРЕПЛАВИЈА ГРАДОТ
Нема ни закон ни казна што ќе ги исплаши скопјани
Стари
душеци, дрвени ормани, расипани апарати од домаќинството, цигли, тули,
малтерисани хартии и друг преостанат градежен материјал се само дел од
отпадот со кој граѓани секое лето редовно го полнат Скопје. По секое
реновирање на домовите, што обично се прави во лето, покрај
контејнерите за комунално ѓубре никнуваат депонии од градежен шут.
Ваквиот отпад од населбите на Водно завршува во зелениот појас на
парк-шумата, од Аеродром и од Лисиче покрај брегот на Вардар, а депонии
има и во периферните делови на Скопје, покрај Лепенец, во Бутел и во
Чаир. - Во нашата зграда последниов месец се реновираа четири стана.
Тоа е вообичаено за лето, кога луѓето сакаат да си го искористат
одморот за да исчистат генерално или да направат некое поголемо
реновирање. Но од сите станари само еден постапи како што треба, па си
го собра ѓубрето во вреќи и повика луѓе за да го однесат. Некои, пак,
остатоците од градежните материјали и непотребните работи ги оставија
пред зграда, покрај контејнерот каде што секој ден го фрламе ѓубрето од
дома - раскажува еден жител од Карпош. „Комунална хигиена“ на барање на
граѓаните може да достави контејнер со потребната големина и да го
транспортира отпадот до Дрисла, услуга која се наплаќа во согласност со
ценовникот на Јавното претпријатие. - Граѓаните што си го реновираат
домот може да се јават на дежурниот телефон на „Комунална хигиена“ -
321 66 44 и да побараат контејнер за да го истовари градежниот шут. За
изнајмување стандарден контејнер, со капацитет од еден кубен метар, се
наплаќа 700 денари, а за оние со зафатнина од пет или седум кубни метри
1.500 денари. Цената важи за еднократно полнење и празнење на
контејнерот, а ако комуналниот сад се изнајми за подолго време,
услугата чини 3.900 денари. Ако собирањето и транспортот на шутот до
Дрисла граѓаните сами си го организираат, депонирањето е бесплатно -
објаснува Југослава Поленак, одговорна за односи со јавност во
претпријатието. Но од „Комунална хигиена“ велат дека во практика
скопјани речиси никогаш не ги бараат нивните услуги затоа што, и покрај
законски предвидените казни, ретко се повикувани на одговорност од
надлежните инспекциски служби ако отпадот го остават на дива депонија.
- Ова е задача на инспекциите, а тоа го прави и нашата еко-патрола,
која ги открива сторителите и прави записници. Се случува дури и ако
некој граѓанин самиот плати на превозници да му го однесат ѓубрето, тој
најчесто да заврши на некоја лединка или покрај пат како дива депонија,
бидејќи луѓето што ги вршат тие услуги повторно никој не ги повикува на
одговорност - додава Поленак. Од Градскиот комунален инспекторат велат
дека постапуваат во согласност со Законот за управување со отпад и
пишуваат казни за прекршителите. - Во последната акција наплативме три
глоби од 50 евра за фрлање градежен шут на несоодветно место. Две казни
беа изречени во Аеродром, а една во Карпош. Доколку тие се платат во
рок од осум дена, казната се намалува за половина. Ваквите акции заедно
со полицијата ги спроведуваме двапати неделно, а реагираме и по пријави
од граѓани - вели Александар Бошковиќ, од Секторот комунална инспекција
на Град Скопје. Според Законот, казните за фрлање отпад се движат од 30
евра до 200 евра. |
http://%20www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1465&ArticleID=95600 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1465&ArticleID=95600
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Aug-2008 at 10:53
Неколку добри вести... уште реализација
50 евра глоба за лепење плакати
Казна
од 50 евра ќе се наплаќа ако на јавни површини се вршат физиолошки
потреби, се фрла хартија, догорчиња, мастики, амбалажи, земја, отпадоци
од растенија, песок, стари предмети од домаќинство. Со 50 евра ќе бидат
казнети и тие што ќе палат и ќе уништуваат смет и ќе оставаат фекални
остатоци од домашни миленици и мртви животни во контејнери, ќе
паркираат возила на растојание до десет метри од контејнер, на јавни
места ќе пасат добиток и живина, ќе го растураат сметот од вреќи, ќе
фрлаат смет од кат во станбена зграда или куќа, ќе лепат плакати на кое
било јавно место... Скопските општини и градот Скопје, пак, се должни
да го исчистат снегот најдоцна во рок од шест часа. Во согласност со
Предлог-законот за јавна чистота, физичките лица ќе бидат казнети со 50
евра и ако фрлаат отпадоци, догорчиња, мастики... и внесуваат домашни
миленичиња без одобрение во ходници на јавни објекти. |
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1479&ArticleID=96875 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1479&ArticleID=96875
НОВИ КАЗНИ ЗА ХИГИЕНА ПО ПРИМЕРОТ НА СИНГАПУР
50 евра за плукање
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески рече дека станува збор за нов закон кој веќе е предаден во Собранието
Владата подготви закон за јавна чистота со кој се предвидуваат
ригорозни казни за сите оние што ќе ја нарушуваат хигиената во јавните
установи и на јавните површини. Министерот за транспорт и врски Миле
Јанакиески рече дека станува збор за нов закон кој веќе е предаден во
Собранието. Тој објасни дека одлучиле да подготват ваков закон, бидејќи
хигиената во Македонија е на многу ниско ниво, и како дел од
стратешките определби на Македонија за приближување кон Европската
унија.
"Законот е направен по примерот на Сингапур, која важи за земја со
највисоко ниво на јавна чистота. Со овој закон сакаме да се подигне
нивото на јавната чистота и во нашата земја, затоа се предвидени
ригорозни казни за сите оние што ќе го прекршат овој закон. Во
внатрешноста на јавните објекти забрането е фрлање отпадоци, плукање,
фрлање догорчиња, мастики и други предмети, или внесување домашни
миленичиња, освен со одобрение на управителот на јавната установа. На
јавните објекти забрането е да се испишуваат графити и да се лепат
плакати, а сопствениците се должни соодветно да го одржуваат објектот",
рече Јанакиески.
Контролата дали се спроведува законот за јавна чистота ќе ја вршат
комунални редари, кои ќе работат во општините во земјава и Град Скопје.
"Комуналните редари ќе можат да изрекуваат мандатни парични казни на
самото место каде што ќе забележат прекршување на законот, а вакво
овластување ќе добие и полицијата. Исто така, контрола ќе можат да
прават и општинските комунални инспектори и инспекторите на Државниот
комунален инспекторат", рече Јанакиески.
Оние што ќе го прекршат законот, а немаат пари да ја платат
предвидената казна или не сакаат да ја платат, ќе можат да ја заменат
со општокорисна јавна работа.
"Казните за физичките лица се 50 евра и тие ако сакаат да не платат ќе
треба да ја заменат казната со општокорисна работа и ќе треба да
одработат 24 работни часа, односно три дена да вршат корисна работа за
општината во која го направиле прекршокот", рече Јанакиески.
СЕ КАЗНУВА ЗА:
-Фрлање градежен шут на јавна површина;
-Фрлање и оставање хартија, догорчиња, мастики, амбалажи, земја,
отпадоци од растенија, песок и други отпадоци, освен на местата
определени за тоа;
-Оставање стари предмети од домаќинство покрај контејнери за смет, освен на места определени од општината;
-Палење, закопување и уништување смет;
-Оставање фекални отпадоци од домашни животни миленици и мртви животни, живина и птици во контејнерите за смет;
-Колење кокошки и друга живина и животни на јавни површини;
-Испуштање отпадни води и други течности од дворните места и објекти;
-Истурање течности во корпите за отпад, на улица, во канали, реки и езера;
-Миење возила и камп приколки на јавни површини;
-Сечење, складирање, цепење дрва и јаглен на јавна површина;
-Паркирање возила на растојание до 10 метри од контејнер и други садови за смет;
-Оставање запрежни коли, трактори, земјоделски алатки и машини на јавна површина;
-Чување и напасување крупен добиток и живина на јавна површина;
-Продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи на јавна површина;
-Превоз на песок, земја, цемент, глина, земјоделско ѓубриво, сено, отпад без да се покриени со капак;
-Поправање, сервисирање на возила и вршење разни занаетчиски работи на јавни површини;
-Оставање нерегистрирани, хаварисани возила, приколки и камп приколки на јавни површини;
-Мешање бетон, малтер, освен на места определени од општината;
-Растурање смет од вреќи, контејнери и други садови за ѓубре;
-Фрлање ѓубре од кој било кат од станбена зграда или од куќа во двор;
-Фрлање или оставање смет до контејнер и до други садови за ѓубре;
-Поставување садови за смет и контејнери надвор од определеното место;
-Палење и уништување на садовите за смет;
-Уништување на урбаната и друга опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта);
-Лепење плакати на кое било јавно место;
-Вршење физиолошки потреби на јавни места.
Физичките лица за овие прекршоци ќе бидат казнети со глоба од 50 евра.
Правните лица со казна од 3.000-4000 евра ако фрлаат градежен шут на
јавна површина. Казна од 1.000 до 2.000 евра за правни лица е
предвидена ако: фрлаат стари предмети од домаќинство покрај контејнери,
измет од миленичиња и домашни животни, сечат и складираат дрва и јаглен
на јавни површини, испуштаат отпадни води и течности од дворните места,
паркираат, мијат и поправаат возила, приколки и камп приколки на јавни
места, ако произведуваат јаглен и печат вар и ако складираат градежен
материјал на јавна површина без дозвола.
Правните лица ќе бидат казнети со глоба од 2.000 до 3.000 евра ако не
постават во објектите исправни санитарни јазли, ако во нив нема
тоалетна хартија. Казната за одговорните лица во јавните установи кои
ќе ги прекршат прописите од овој закон се движат од 500 до 1.000 евра. |
http://%20www.vest.com.mk/default.asp?id=155724&idg=8&idb=2451&rubrika=Makedonija - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155724&idg=8&idb=2451&rubrika=Makedonija
СО МЕРКИТЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ХИГИЕНАТА
Нова давачка за јавна чистота
Со предлог-законот за јавна чистота, што минатата недела Владата го
достави во Собранието, се воведува нова давачка. Освен за работата на
јавните комунални претпријатија, граѓаните сега ќе плаќаат и сметка за
јавна чистота. Министерот за трнаспорт и Врски Миле Јанакиески вели
дека всушност нема да се оптовари буџетот на граѓаните, бидејќи и
досега се плаќало за јавна чистота во сметките за вода и дека всушност
тие пари само ќе се одвојат на посебна смета. Сепак тој не знаеше да
каже дека дали оваа сума Ќе остане иста.
"Не се воведува нова давачка, бидејќи досега 30 отсто од тоа што луѓето
го плаќале на име ѓубрарина одеа за одржување на јавната чистота. Не
можам да кажам дали ќе има зголемување на оваа сума, бидејќи општините
ќе треба да кажат дали ќе има потреба од дополнителни средства", рече
Јанакиески.
Јавните институции чии тоалети се неисправни, валкани или ако во нив
нема тоалетна хартија и апарат за сушење раце, согласно новиот закон за
јавна чистота, ќе треба да платат казна од 1.000-2.000 евра во денарска
противвредност. Одговорното лице во таа институција пак ќе биде казнето
со глоба од 500 до 1.000 евра.
"Со законот ќе ги казнуваме и директорите на јавните институции каде
хигиената ќе биде на ниско ниво. За немање тоалетна хартија во
санитарните јазли со 2.000 евра ќе биде казнета институцијата, а со
1.000 евра директорот", рече Јанакиески.
За непуштање вода по извршена физиолошка потреба во тоалет на јавна
институција, со Предлог-законот предвидена е мандатна казна од 50 евра
за лицето кое го сторило прекршокот.
Парична казна во висина од 3.000 до 4.000 евра ќе платат правните лица
кои ќе остават или фрлат градежен шут на јавна површина, а одговорното
лице во таа фирма ќе плати од 500 до 1.000 евра казна. Со новиот закон
за јавна чистота, Владата предвидува казни и за локалната самоуправа
ако таа навреме не го исчисти снегот од јавните површини.
"Во зима општините се должни да го исчистат снегот од улиците шест часа
по почнувањето на снежните врнежи. Ако тоа не го направат во
определениот рок ќе бидат казнети", рече Јанакиески.
Организаторите на јавни манифестации, со новиот закон за јавна чистота,
се должни по завршувањето на манифестацијата да го соберат сето ѓубре
што учесниците на настанот или посетителите го оставиле зад себе.
"Тие се должни да го соберат сметот и да го остават на место определено
за собирање и фрлање смет. Ако тоа не го направат, ќе бидат казнети со
2.000 до 3.000 евра", рече Јанакиески.
Контролата дали се почитуваат одредбите од овој закон ќе ја вршат
комунални редари вработени во општините, како и униформирани полицајци,
кои ќе имаат надлежност да изрекуваат мандатни казни на самото место.
(Е.А.)
***
ПРАВНИТЕ ЛИЦА ЌЕ СЕ КАЗНАТ СО 1.000 - 4.000 ЕВРА ЗА:
- Фрлање градежен шут на јавна површина;
-Ако тоалетите се неисправни, валкани и ако во нив нема хартија;
-Ако организаторите на јавни манифестации не го соберат ѓубрето од јавната површина по завршувањето на манифестацијата;
-Ако хигиената во внатрешноста на објектот не е на задоволително ниво,
ако внатре нема канти за отпадоци, и ако фасадата на објектот не се
одржува во чиста и добра состојба;
-Фрлање предмети од домаќинствата, лисја, гранки, корења, песок, амбалажа и други отпадоци, освен на местата предвидени за тоа;
-Ако оставаат ѓубре покрај контејнерите и други садови за смет;
-Палење, закопување и уништување смет;
-Испуштање отпадни води и други течности од дворните места и објекти;
-Миење возила, камп приколки, предмети од домаќинствата и од правните лица на јавна површина;
-Сечење, складирање на дрва и јаглен на јавна површина;
-Паркирање возила на јавна површина;
-Производство, печење вар и дрвен јаглен, како и складирање и чување на
градежен материјал на јавна површина без дозвола од надлежниот орган;
-Поправање, сервисирање возила и вршење занаетчиски дејности на јавна површина;
-Оставање нерегистрирани, хаварисани возила, приколки и камп приколки на јавна површина;
-Оставање измет од домашни животни и миленичиња на јавна површина.
|
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155788&idg=8&idb=2452&rubrika=Makedonija - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155788&idg=8&idb=2452&rubrika=Makedonija
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Aug-2008 at 16:15
Накако во јавноста овој закон се пласираше многу чудно, демек до сега било што било, од сега више нема фрлање ќубре. Ние и досега имавме ваков закон само што казните не беа толку високи и законот воопшто не се спроведуваше, како што и одсега нема пак да се спроведува! Свако чудо три дана!!!
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Aug-2008 at 14:29
ВЛАДАТА ЌЕ ВОВЕДУВА РЕД, А ЃУБРЕТО НЕМА КАЈ ДА СЕ ФРЛА
Во Скопје корпите за отпадоци нигде ги нема
Половина
од кантите, кои градските власти пред неколку години ги поставија, се
искршени или се затрупани со земја и ѓубре, бидејќи нередовно се чистат
Низ Скопје нема канти за фрлање ѓубре, хартија, догорчиња и други
отпадоци. Владата пред една недела најави дека ќе ги казнува граѓаните
кои ќе бидат затекнати како фрлаат ѓубре на јавни површини, а низ
градот едвај ќе најдеш корпа за ѓубре. Половина од кантите, кои
градските власти пред неколку години ги поставија, се искршени и од нив
се останати само рачките со кои се зацврстени на столбовите од уличното
осветлување. Оние пак што се поставени на пешачките патеки крај
сообраќајниците, затрупани се со земја или пак се преполни со ѓубре оти
навремено не се празнат. На Плоштад Македонија едвај има две-три корпи
за отпадоци. Кога се движиш низ центарот на градот ѓубрето треба да го
носиш со себе оти корпи негде нема. Од ѓубрето граѓаните можат да се
ослободат освен ако по пат наидат на трафики пред кои најчесто има
корпи за отпадоци.
Од Градот тврдат дека низ центарот на градот и во сите останати
населени места има доволно контејнери и корпи за отпадоци. Од таму
објаснуваат дека нови корпи скопјани ќе добијат кога ќе почне
обновувањето на автобуските постојки.
" Неделава поставивме 120 корпи за отпадоци во Градскиот парк, на Водно
и на кејот на реката Вардар, кои се донација од Прокредит банка.
Граѓаните во согласност со новиот закон ќе бидат строго санкционирани
доколку го фрлаат сметот на јавна површина. Одредбите во законот се
децидни и граѓаните кои сакаат да фрлат смет ќе мора тоа да го направат
во најблискиот контејнер или корпа за отпадок, а доколку во нивна
непосредна близина нема корпа тоа не ги амнестира од одговорност
доколку ѓубрето го фрлат на јавна површина", велат од Град Скопје. |
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155925&idg=8&idb=2455&rubrika=Skopje
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Sep-2008 at 02:17
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FF77113157DBBB49A772BF68823BA8DC - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FF77113157DBBB49A772BF68823BA8DC
Екопатролата му заштеди на Градот 50.000 евра За
две години, колку што постои, екопатролата на „Комунална хигиена“
успеала на Градот да му заштеди околу три милиони денари, информираа
вчера од претпријатието. Заштедата е резултат на интервенциите на
екопатролата, која направила 414 записници на сторители кои на свој
трошок го дислоцирале отпадот што го исфрлиле на несоодветен начин и на
недозволено место. Притоа, биле исчистени 2.341 кубици разновиден
отпад.
Од „Комунална“ се надеваат на уште поуспешни резултати
од екопатролата, имајќи предвид дека Советот на Скопје неодамна донел
одлука за издвојување средства од буџетот за доекипирање на патролата.
Имено, таа на почетокот од своето работење имала ангажирано само тројца
вработени, сега нивниот број изнесува 12, а со одобрените пари ќе и'
биде овозможено да состави тим од 30 теренци.
Инаку, задачата на
екопатролата е да ги забележува сите неправилни третмани на отпад,
непочитувањето на комуналниот ред, да ги открие сторителите кои
несоодветно постапуваат со отпадот и друго. (Дс.Т.) |
|
Posted By: vardar
Date Posted: 06-Sep-2008 at 17:27
Освен инспектори на секој 5 метри и високи казни треба и малце основна култура....
ДРАКОНСКИТЕ КАЗНИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА НЕ ГИ УПЛАШИЈА СКОПЈАНИ
Се погани секој агол
Скопските улици се полни со ѓубре, со хартија, отпушоци, мастики, амбалажи, се плука, се уринира, а досега не е изречена ниту една опомена, ниту една казна
Жителите на метрополата не се загрижени поради драконските казни од Законот за јавна чистота според кој загадувањето на улиците, зелените површини, плоштадите, јавните објекти се казнува со глоба до 4000 евра. Скопските улици и натаму се полни со ѓубре, со хартија, отпушоци, мастики, амбалажи, се плука, се уринира на секој агол, а досега не е изречена ниту една опомена, ниту една казна.
Општинарите не се екипирани со стручни лица, ниту пак имаат подготвено услови за казнување иако Законот предвидува глоба од 2.000 до 3.000 евра доколку не обезбедат редовно и квалитетно одржување на јавните површини. Велат дека чекаат на подзаконските акти со кои треба да се допрецизираат ингеренциите и обврските.
- Со новиот Закон се воведе и нова институција комунален редар кој ќе функционира во рамките на локалната самоуправа, но се уште постои дилема дали ќе се формира нова група урбани полицајци или ќе се доекипираат постојните инспекциски служби. Ќе треба да се прецизира и во чија надлежност ќе бидат, на Градот, општините или пак на државата. Се надевам дека набргу сите дилеми ќе се решат - вели Бранислав Поповски, раководител на Одделението за животна средина на Град Скопје. Тој очекува дека ќе се ангажираат и многу поголем број редари. "Во моментов имаме само пет инспектори за животна средина, а за град како Скопје со 700.000 жители потребни се околу 200 лица кои во секој момент ќе бидат на располагање. Само така, во координација со општините ќе успееме да го покриеме секој агол и да ја држиме ситуацијата под контрола што на крајот ќе ни донесе позитивни ефекти - појаснува Поповски. Од Министерството за транспорт, пак, тврдат дека се подготвени сите подзаконски акти и дека на последниот состанок со ЗЕЛС градоначалниците се обврзале веднаш да почнат со обезбедување на услови, со изградба на нови тоалети, а ветиле дека ќе издвојат повеќе пари и за набавка на дополнителен број канти и контејнери.
Голем дел од граѓаните ја поддржуваат владината акција со ригорозни санкции да се спречи зададувањето на јавните површини, но бараат да се створат услови за тоа. "Знаете ли дека на Кејот нема ниту едно јавно веце. Недај боже да имаш мака, треба да издржиш до Плоштад. Нема кај да фрлиш хартија, мастика. Треба да се постават специјални пепелници за отпушоци - вели еден редовен рекреативец од Кејот на Вардар. Тој е еден од оние кои се сомневаат дека балканските навики лесно ќе се сменат.
Елизабета АРСОСКА
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=015F1E5372264342B5563C521967DFBD - Vecer
|
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Sep-2008 at 22:22
ја се бунев за тоа дека нема услови чување на околината (и уште си стојам на кажаното), но кога ќе видам што прават одредени „граѓани“ си викам дека сепак е најдобро да ги удриш по џеб
------------- Architects create dreams...politicians create nightmares
|
Posted By: kire85
Date Posted: 08-Sep-2008 at 21:36
toa so kaznite e dobar pocetok, no sepak ne moze da ocekuvame deka seljackite naviki na nekoi ziteli ke se smenat preku nokj....toa e proces sto trae i si bara povekje vreme. najvazno e vlastite odnosno nadleznite za sankcioniranjeto na nesovesnite gragjani da si ostanat dosledni na vekje pocnatoto i da ne progleduvaat niz prsti nitu pak da go namalat intenzitetot na kontrola!! dokolku ostane vaka kako sto pocnalo, lugjeto ke bidat primorani da se smenat odnosno da vnimavaat kako se odnesuvaat vo javnosta....pa i "zapadnjacite" ne se ragjaat so bon ton, tuku nivnite naviki se plod na rigorozen i bezkompromisen kaznen sistem za site onie koi se odnesuvaat nesovesno.....zatoa, AKO MOZAT ONI, MOZEME I NIE!!!
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Sep-2008 at 21:46
Мислам погоди точно во суштината
За жал, за промена на меналитетот ќе ни треба многу повеќе напор отколку што на „западњаците“ им треба да го одржуваат веќе воспоставениот ред... Но и доколку казните се единствена работа што ќе ги спречува луѓето да се однесуваат како добиток (без поголема суштинска промена на свеста и менталитетот во блиска иднина), јас сепак ќе бидам задоволен. А долгорочно можеме да очекуваме и поместување во менталитетот, но како што и сам нагласи, само со упорно и доследно спроведување на законов и останатите прописи што ја засегаат оваа проблематика.
|
Posted By: shyes
Date Posted: 09-Sep-2008 at 05:13
Треба една масовна кампања на телевизија во врста на реклами, програми и емисии, специајлно децките емисии кон младите деца, па барем тие да израснат со некаков почит кон природата и околината. Исто така во исто време една кампања низ училиштата. Сигурно треба да има задоволни услови за фрлање одпад низ Мкаедонија не само Скопје па една ваква кампања да успее.
"Clean Up Macedonia Day"
Еве еден пример од Австралија. http://www.cleanup.com.au/au/
|
Posted By: maestro
Date Posted: 12-Sep-2008 at 19:45
Денес излегувајќи од школо приметив полицаец на дело како му пишува казна на човек. Претпоставувам беше во врска со овој закон.
другари од школо исто рекоа дека некоја жена која фрлила отпушок ја казниле со 20 или 30 евра, и тоа требало да уплати на уплатница ако добро разбрав.
Значи, законот почнал да функционира
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Sep-2008 at 23:13
Старите телевизори и шпорети се исфрлаат во специјални контејнери
Кабастиот отпад може да се однесе и во рециклажниот центар на улица „Илинденска“
Сања Наумовска
Вчера беше изречена првата казна за фрлање на јавна површина.
Скопјанец кој фрли догорче на паркинг во центарот на градот е казнет со
50 евра и е една од првите жртви на примената на новиот Закон за јавна
чистота, кој предвидува глоба од 50 евра за фрлање отпад на јавна
површина. Законот забранува и фрлање отпад од домот, како што е мебел,
бела техника, градежен шут и слично во контејнери или, пак, на јавна
површина, што се казнува со парична казна од 50 до 1.000 евра. Но,
граѓаните се во недоумица каде и кога можат да се ослободат од
непотребните работи од својот дом, а притоа да не го прекршат законот.
Јавното
претпријатие „Комунална хигиена“ потсетува дека постојат неколку начини
да се исфрли кабастиот отпад од дома. На дежурниот телефон на
претпријатието 3216-644 секој граѓанин може да побара и да добие на
располагање контејнер со зафатнина од 5 или 7 кубни метри. За тоа ќе
треба да плати 1.500 денари. Ако има потреба контејнерот да стои на
бараната локација подолго време, на пример додека се гради и руши куќа,
цената е 3.900 денари.
Што се однесува, пак, за ситуации кога
граѓаните имаат за фрлање мал дел од мебелот, како што се телевизор,
столови или други ситници, тие можат да го однесат сами во рециклажниот
центар на „Комунална хигиена“, кој се наоѓа на улицата „Илинденска“,
зад бензинската пумпа на „Макпетрол“, и да го остават таму. Во
„Комунална“ информираат дека на истиот начин се постапува и со
градежниот шут, за кој, според законот, казните се многу високи и се
движат од 50 до 4.000 евра. Граѓаните, освен нарачувањето контејнер од
„Комунална хигиена“, имаат можност градежниот отпад самите да го
однесат до „Дрисла“, каде што нема да им се наплати за депонирањето.
„Јавното
претпријатие размислува и за други опции со кои ќе им излезе во пресрет
на граѓаните во новата ситуација. Планирана е есенска акција, во која
на повеќе локации низ општините ќе се поставуваат контејнери во кои
граѓаните ќе можат да го исфрлат кабастиот отпад“, вели Југослава
Поленак од „Комунална хигиена“. Таа објаснува дека претпријатието ја
разгледува и можноста за формирање служба која на повик ќе доаѓа во
домовите на граѓаните и за исфрлање помали делови од домаќинствата.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=0B6548F948176741BD23CAD174414881 |
Цените за контињерите се прилично дестимулативни. Па ја да сакам да купам нова машина за перење ќе ме кошта околу 10000 денари, а за да ја фрлам старата ќе треба да доплатам уште 1500! Апсолутно нелогично. Ова треба да биде бесплатно. Повеќе ми се исплати да чекам да се стемни и да ја фрлам покрај пруги у тоа змијарникот!
|
Posted By: Plugger
Date Posted: 22-Sep-2008 at 23:31
Gluposti pa za toa e opshtinata kaj se videlo da plakash da frlish gjubre, pa tie stari shporeti,frizideri kolku luge gi zimaat za delovi i gi preprodavaat ova e sramota.
|
Posted By: Plugger
Date Posted: 22-Sep-2008 at 23:34
Originally posted by zabegan
Во Аеродром поставија нови канти за ѓубре, и тоа по една на секои пет метри од тебе, што поддржувам, кога веќе никој не сака да правам смет нека ми даде канта каде имам каде да го фрлам патем за паркот, мнислам дека нема доволно канти, а кога ќе ги сретнам сите се полни (можда само така ми се погодуваат)
|
Podpuno te podrzhuvam so ovie kazni mora da ima i uslovi. Treba da ima korpi za gjubre i kontejneri na poveke mesta toa e tocno ne mozhe da te kaznat a da nema kaj da frlish gjubre. Isto taka na mnogu malku mesta nema toaleti, vo ohrid na primer po plazhite nemaat soblekuvalni,toaleti pa lugeto vo ezeroto se praznat, neka napravat uslovi posle ne po 50 po 100 evra neka gi kaznat ali barem lugeto da imaat moznost da go pocituvaat zakonot.
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Sep-2008 at 08:56
На здравје!!!
Паднаа првите казни за фрлено догорче |
|
|
|
Автор: Р.З. |
|
Градските
инспектори заедно со полицијата вчера казниле 12 граѓани за фрлање
хартија и догорчиња на јавна површина. Тие спровеле акција во центарот
на градот, во која биле опфатени паркот „Жена-борец“, плоштадот
„Македонија“, Градскиот трговски центар, улицата Македонија, како и
трговскиот центар „Беверли Хилс“.
Овие активности на
комуналните инспектори се веднаш по стапувањето во сила на новиот закон
за јавна чистота, според кој најниската глоба што треба да ја платат
граѓаните за непочитување на одредбите изнесува 50, а највисоката 7.000
евра. |
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=190&ArticleID=7694 |
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Sep-2008 at 22:38
Казнети тројца што дувале нос и плукале на улица
"Прв пат од
нашето досегашно редовно работење имаме видливи резултати. Улиците се
почисти, луѓето повеќе внимаваат каде го фрлаат отпадот, хигиената е на
едно ниво", вели генералниот директор на скопска Комунална хигиена
Комуналците
се презадоволни од ефектите што се добиени само пет дена по примената
на Законот за јавна чистота. Првпат од нашето досегашно редовно
работење имаме видливи резултати. Улиците се почисти, луѓето повеќе
внимаваат каде го фрлаат отпадот, хигиената е на едно ниво, а
македонската метропола изгледа почисто од порано - истакна генералниот
директор на ЈП Комунална хигиена Скопје, Златко Димовски, на вчерашната
седница на Групацијата за комунална хигиена. Тој рече дека ваквите
резултати се добиени поради строгите санкции и високите парични глоби
предвидени со новиот Закон. За добивање на уште поголеми и трајни
ефекти, Димовски ја искажа потребата од што поголема и поинтензивна
соработка меѓу јавните комунални претпријатија и локалните власти. -
Општините треба да ни помогнат за поставување на поголем број корпи за
отпадоци или други садови, а се разбира неопходна е соработката на
комуналните инспекциски служби и полицијата со нашата еко-патрола,
додаде Димовски.
Од Секторот за односи со јавност на Владата информираат дека до
вчера во 8 часот, во периодот од 24 часа констатирале 537 прекршоци, од
кои 508 се платни налози, а 125 граѓани имаат казна општокорисна
работа. Надлежните информираат дека казнетите биле главно полнолетни
лица, 14 се малолетни, а изречена е и по една глоба на правно лице и на
одговорно лице во правното лице. Од нив, 205 се изречени за фрлање и
оставање на отпадоци од градежен материјал, градежен шут, 96 за фрлање
и оставање на хартија, отпушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од
растенија, песок и други отпадоци, освен на местата определени за таа
намена, а тројца граѓани се казнети поради плукање или секнење нос на
јавни површини и за вршење на физиолошки потреби.
http://vecer.com.mk/?ItemID=16BEF30E1467414790DE26517509459F |
Да се надеваме дека е вистина ова што го пишува во текстот!
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Sep-2008 at 11:11
Законот за јавна чистота не е применет во сите општини |
|
|
|
Автор: Бојана Стојчевска |
|
И
покрај тоа што Законот за јавна чистота е веќе петти ден во сила, од
општинските власти во главниот град не е секаде спроведен. Во општините
Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром е почната неговата примена и се
издаваат казни додека во другите општини процедурата е во тек.
ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ОПШТОКОРИСНА РАБОТА
Според
информациите на Владата, на територијата на Скопје досега се поднесени
142 платни налози и 52 прекршочни пријави, а најчест прекршок што го
прават граѓаните е фрлање и оставање хартија, догорчиња, мастики,
амбалажи, земја, остатоци од растенија, песок и други отпадоци. Кај
правните субјекти најмногубројните прекршоци се фрлањето и оставањето
отпадоци од градежен материјал односно градежен шут.
Интересно
е што досега сите казни им биле изречни на полнолетни граѓани, иако
очекувањата беа дека младите ќе бидат главните прекршители на овој
закон.
Рекордер
по казнување е единствениот инспектор во општината Аеродром, кој досега
санкционирал 26 физички лица, кои исто така ќе треба да платат глоба од
по 50 евра.
Во
општината Ѓорче Петров во моментов има тројца комунални инспектори, кои
активно соработуваат со полицијата и тие досега изрекле десет казни, од
кои осум на физички, а две на правни лица.
Во општината Карпош еден комунален инспектор, кој изрекол исто така десет казни од по 50 евра на полнолетни граѓани.
-
Поголемиот дел казнети дојдоа во општинската зграда и побараа замена на
паричната казна со општокорисна работа, односно да расчистуваат отпад,
да уредуваат зелени површини и слично, но сè уште немаме одлучено дали
ќе им се замени казната - изјавија од општината Карпош.
Во
Бутел, пак, досега имаат поднесено 12 прекршочни пријави, и тоа четири
за изградба на дива фекална канализација и осум за оставање отпад на
непрописни места.
-
Досега немаме напишано ниедна казна, затоа што тимот со комунални
инспектори сè уште не ни е составен. Од пријавените лица добивме барање
доколку е можно тие сами да ја санираат штетата. Дали прекршочните
пријави ќе преминат во казни сè уште не е одлучено - изјавија
општинските власти.
Градските власти досега имаат изречено 20 казни, кои во касата ќе слеат околу 1.000 евра.
ЗАКОНОТ НАБРГУ ЌЕ ГО СПРОВЕДАТ СИТЕ ОПШТИНИ
Во
општините Чаир, Гази Баба и Кисела Вода сè уште не се применува, но
набргу планираат да ги состават комуналните тимови што ќе дејствуваат
на терен.
-
Досега немаме изречено ниедна казна затоа што платните налози ги
добивме денеска, а знаете дека без нив не можеме да го спроведуваме
Законот. Но веќе од утре почнуваме со полна пареа да го спроведуваме
Законот - изјавија од општината Кисела Вода.
Општинските
власти во Центар беа единствените што не дадоа податоци за тоа дали и
колку физички и правни лица се канети на територијата на општината. | http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=193&ArticleID=7951 |
|
Posted By: Plugger
Date Posted: 01-Oct-2008 at 18:13
ДЕСЕТ ДЕНА ПО АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ, ЃУБРЕТО ОД ТРЕВНИКОТ НА САМУИЛОВА НЕ Е ПОДИГНАТО
Џабе акции, Европејци од нас не бидува!
Законот за
јавна чистота предвидува глоба од 2.000 до 3.000 евра за овластените
правни лица кои нема да обезбедат редовно и квалитетно одржување на
јавните површини, но досега не е казнета ниту една општина или јавно
претпријатие
"Ѓубрето
кое пред десетина дена сите заедно го чистевме и го собиравме на куп,
никој не дојде да го подигне и сега е расфрлано на тревникот. Џабе се
организираат масовни акции за чистење, џабе казни, џабе закони. Нам
ништо не може да ни помогне за да го видиме Скопје, чисто. Центарот и
натаму е преплавен со отпад, диви депонии има насекаде, и коњи и кози,
крави, кучиња, а најмногу ги има овде, во околината на Калето - се
пожалија жителите на улицата Самуилова. Тие минатата недела неколкупати
ги потсетиле надлежните институции да дојдат само да ја довршат
работата која некој друг им ја сработил но, иако ветувале никој не го
собрал.
Оваа улица околу скопското Кале, навистина се дави од ѓубре.
Искршени гранки, пластични шишиња, картонски кутии, весници, ќесиња и
други отпадоци се расфрлани на дивата депонија на тревникот спроти
новата Американска амбасада. Купишта отпад има околу контејнерите под
Француските гробишта, а во непосредна близина на булеварот Никола Карев
сеуште стои и депонијата за старо железо. Бувљакот кај полигонот на
АМСМ, само ја дополнува грдата слика. Надлежни за решавање на овој
проблем има неколку институции. Една од нив е Општина Центар која уште
следниот ден од акцијата "За почиста и европска Македонија" се пофали
дека само за еден ден собрала 201 кубици шут и истиот го депонирала на
Дризла. Потоа, ЈП Комунална хигиена од каде секојдневно не уверуваат
дека редовно ги извршуваат задачите и чистат секаде, па дури и на
локациите кои не се во нивна надлежност. И на крајот Паркови и
зеленило, претпријатие кое е формирано за да ги одржува парковите и
зеленилото во градов.
Новите одредби од Законот за јавна чистота, предвидуваат санкции и
за одговорните институции, но досега не е казнета ниту една општина,
ниту едно јавно претпријатие. Во законот е прецизирано доколку правното
лице овластено од општината не обезбеди редовно и квалитетно одржување
на јавните површини ќе се казни со глоба од 2.000 до 3.000 евра, а
казни од 300 до 600 евра ќе заработи службеното лице во општината кое
не поставило корпи за отпадоци. Ќе чекаат казни или ќе се фатат за
метла?
Елизабета АРСОСКА Фото:Д.АНДОНОВСКИ
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7F6F61D1EBF59147A3EE38CCD3398881
|
Posted By: vardar
Date Posted: 06-Oct-2008 at 08:00
високите казни за фрлање отпадоци Ја подобриЈа хигиената
Метлата спасува 50 евра
Новиот Закон за јавна чистота предвидува можност на замена на казната со вршење општокорисна работа, што е прифатено од граѓаните
Се' повеќе граѓаните што го прекршиле Законот за јавната чистота претпочитаат да фатат метла и да чистат отколку да платат 50 евра. Новиот закон предвидува можност на замена на казната со вршење општокорисна работа. Од скопските општини потврдуваат дека поголем дел скопјани што треба да платат глоба бараат да вршат општокорисна работа.
- Се нафатив да работам во паркот „Опатија“ бидејќи немам да платам 50 евра, а и не ми е срам од оваа работа бидејќи ме одмора. Токму овде ме фатија, во Градскиот парк, како фрлам догорче и ме казнија. Метам веќе трет ден, уште еден и ќе ја одработам казната. Забавно ми е и воопшто не е напорно. Ќе ми биде поука во иднина поинаку да се однесувам кон животната средина - вели Б.Р., студент на Филолошкиот факултет. Полицајци, комунални инспектори и редари во улога на комунални инспектори ловат несовесни граѓани што фрлаат догорчиња, хартија или друг отпад на јавна површина, наместо во контејнер или во сад за отпадоци.
- Би вршела општокорисна работа, зошто да не, секако немам можност да платам толкава сума. Јас сум екологист и сум имала можност да чистам паркови. Студирам биологија на Природно-математичкиот факултет. Јас лично го почитувам Законот за јавната чистота и се трудам да влијаам и на останатите граѓани така да се однесуваат - вели Јулијана Бежоска.
ИНСПЕКТОРИТЕ ВО АКЦИЈА
Во изминатите две недели, во Општина Центар за општокорисна работа се пријавија 19 лица. Од нив, 4 лица работат на чистење и на уредување на дворот на Општината, а останатите работат во општинските паркови, поточно на локациите парк „Опатија“ и Урбан парк. Само пет лица ги платиле налозите.
Слично е и во Општина Карпош, каде што за вакви прекршоци досега се изречени 35 казни, од кои само четири се платени.
- За собирањето смет им се плаќа 80 денари од час, а за метење јавни површини 50 денари од час. Тоа значи, за да отплатат казна од 50 евра, треба да одработат 5 до 7 дена за доброто на сите - велат од Општина Карпош. Оттаму објаснуваат дека надзорот го вршат полициски службеници, четири комунални редари и еден комунален инспектор. Во Ѓорче Петров, четворица казнети граѓани ја метат улицата на која живеат и им помагаат на општинските комуналци. Според Момо Николовски, портпарол во Општината, за непочитување на Законот за јавната чистота се изречени 10 казни, од кои осум на физички и две на правни лица.
Општина Кисела Вода досега казни 19-мина за непочитување на Законот за јавната чистота: за фрлање догорчиња, за паркирање возила на растојание помало од 10 метри од контејнер, за продажба на земјоделски и индустриски производи, фрлање хартија на места што не се определени за таа намена, оставање нерегистрирано хаварисано возило, како и за плукање на јавна површина. Според Славица Јовановска, комунален инспектор во Општината, четворица од казнетите граѓани се препратени до Градот, бидејќи се' уште немаат формирано сопствено јавно претпријатие. Од Градот велат дека поради административни пречки се' уште немаат вработено редари. Министерството за животна средина ќе набави и дополнителен број контејнери.
- Бев сведок кога мајка што хранеше дете фрли хартија, а кога ја опоменав, таа ми рече дека тоа не е моја грижа. Треба да бидеме упорни и да чистиме постојано, така ќе проработи чувството на грижа кај граѓаните. Кога шетав по една долга патека во парк во Лондон фрлив догорче, но кога видов дека 300 метри нема никаков отпадок, се вратив и го зедов моето догорче - вели Кирил Ларески.
ДОБРЕДОЈДЕНИ зА КОМУНАЛЦИТЕ
Ако граѓанинот сака да врши општокорисна работа, ги известува инспекторот и полицаецот, по што се упатува во одредено јавно претпријатие, каде што е под надзор. Општокорисната работа може да се изврши и во местото на живеење, независно каде е направен прекршокот. Во рок од еден месец се дава потврда на полицијата дека е платена казната или дека е одработена. Во спротивно, се упатува на суд, каде што казната може да е тројно поголема и не може да се замени со општокорисна работа. Ако се плати во рок од осум дена, казната се намалува за половина.
Од Министерството за транспорт и врски е утврден ценовник за еден час општокорисна работа. Прекршителите се упатуваат во градските јавни претпријатија. - Сите што сакаат да вршат општокорисна работа се добредојдени, бидејќи и така немаме доволно работна сила - вели Југослава Поленак, портпарол во „Комунална хигиена“.
ИНФО-Казнувањето во практиката
За собирање смет се плаќа 80 денари од час, а за метење - 50. За да се отплатат 50 евра, треба да се одработат 4 до 5 дена. Најчести прекршоци: фрлање догорчиња и хартија, паркирање возила покрај контејнер, продажба на земјоделски производи, оставање хаварисано возило, плукање... МВР на 1 октомври напишало 359 казни за само 24 часа во целата Република, од кои 136 биле подготвени на општокорисна работа. Најголемиот дел од прекршоците - 333, се однесуваат на јавни површини, а 26 се пред јавен објект.
Анела Петрова
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D57AA8C2BBCF6247B578356C641AC776 - dnevnik
|
|
Posted By: medo
Date Posted: 09-Oct-2008 at 09:17
Се е во ред со законот, можеби има пропусти но генерално го оценувам како коректен.
Само проблемот го гледам во проследувачите на истиот. Неможе да се
спроведува закон ако претходно не се обезбедат услови за тоа. Како ќе го научите граѓанинот да фрла отпадоци во корпа ако нема доволно корпи?
Како ќе научите граѓанинот да не паркира покрај контејнер ако истиот не е поставен на соодветно место и соодветно обележан?
Револтиран сум што добив казна од 50 евра (неважечко платежно
средство во РМ) зошто бев приморан да застанам на Партизанска покрај
контејнер поради телефонски повик, за во исто време да помине полиција
покрај мене, се поврати и ме казни со глоба за сторен прекршок по јавна
чистота.
Господа, одговорни, во полиција, општина, влада:
ОБЕЛЕЖЕТЕ КАДЕ ТРЕБА ДА СТОЈАТ КОНТЕЈНЕРИТЕ (сигурно не на улица на 3-та лента) И ПОСТАВЕТЕ ЗНАЦИ ЗА ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊЕ.
Во исто време казнете ја комунална хигиена доколку ги остави
контејнерите на друго место освен на обележаното и доколку истури и
остави ѓубре од истите при нивното празнење.
Ако сакате да спроведувате закони од било која сфера, најпрви ОБЕЗБЕДЕТЕ УСЛОВИ.
|
Posted By: beTon
Date Posted: 09-Oct-2008 at 09:50
тоа со контињерите на улица треба дефинитивно да се преземе нешто, но тоа е обврска на општинарите кои треба да ги вовлечат контињерите во тротоарите сечјки го просторот за контињер за да се изнивелира со улицата, но дека треба да се обележат улиците со маркери колку понапред или поназад треба некој да е паркиран до контињер тоа малку е нереално, тоа би довело до смешни казни како ја прегази линијата ајде плаќај, случај што функционира само во лондон но таму не те застанува полицаец да ти пише казна туку ти стига од суд решение за наплата на казна, доколку имаш нешто против ти пуштаат видео снимка на која си уловен како тркалото заминоло десет сантими вон пропишаното, вака кај нас има простор човек да ескивира доколку е нешто поблиску до контињерот паркиран и со малку учтивост да биде пуштен но доколку има линија тогаш нема оправдувања, а доколку па ептен морал да паркира до контињер тогаш нека глуми дека моторот му замирисал на изгорено или дека го фатило грч при вожња што незначи дека ќе помине со тоа но со малку импровизирана глума може да се извлече, но доколку од мерак глуми каубоец а такви има многу во ск тогаш треба и дупла водка да му дадат за и по дома да се чуди што згрешил... медо ти си бил колатералка на ударниот бран на спроведување на законот кој е супер за во држава каде казната не е колку 1/5 од просечна плата и каде редот се воведува после добро 3 до 6 месечно бомбардирање со флаери и тв реклами, нешто за што беше досега критикувана владата дека многу пари се трошеле на маркетинг, но сега гледаме дека тоа во овој случај ќе беше повеќе од добредојдено...
|
Posted By: medo
Date Posted: 09-Oct-2008 at 10:38
Се сложувам со тебе, требаше повеќе да се форсира реклама за ова, а не за секоја ситница да се читаат фермани. Сепак мислам дека обележување е повеќе од неопходно. Нека си набават и камери и фотоапарати кога излегуваат на улица. Едно од прашањата кон полицаецот беше како утврдил дека сум на помалку од 10 m. Одговорот беше: "немам метро сега, ама се гледа и јас проценив дека е така". Чив збор ќе биде валиден, мојот или неговиот пред суд? Како ќе докажам јас дека сум бил на 7, 8 или 10 метри ако они не сликаат со метро, па да докажуваат на суд. Вака вика имаш 2 солуции или плати или оди во општина на порамнување (читај метење улици и сл. во висина од казната). Бев и во ПС и таму ја префрлаат топката на општината. Ќе одам и до општина за овој проблем, ама се ми се чини дека ќе ја префрлат топката на друго место. Веројатно Комунална Хигиена. Они ги поместиле 20тина метри. После Комунална ќе префрли на проблем со паркирани коли, оти не можеле да ги стават на правото место од нив, што значи топката се префрла на сообраќајна полиција. И се така, во круг.
А кога пред господата чувари на нашиот ред и мир застана возило на втората лента да остави сопатник без око да му трепне, на прашањето ајде сега казнете ги и нив, добив селективен одговор, ние сме само за законот за чистота, ова е работа за сообраќајна полиција. Па си велам добро бре луѓе ова го нема никаде!
На прашањето зошто останатите возила паркирани до контејнер не ги казнат, одговорот беше нема кого да казнат, го нема возачот, но почитуваниот полицаец рече: "Ќе ги чекаме да дојдат и ќе ги казниме". Можете само да замислите колку си го одржаа зборот.
Со еден збор СРАМОТА!!!!
|
Posted By: beTon
Date Posted: 09-Oct-2008 at 13:36
да се согласувам дека треба да имаат апарати полицијата и останатите служби ако ништо друго заради сопствена анализа а и за архива, но најдобро решение ќе биде како по светот секое возило да има камера чии снимки ќе бидат валиден доказ на суд, така нема да се случуваат ситуации како таа со своеволната проценка за мандатна која те снашла тебе а дотогаш како и досега само на суд можеш да ја истераш правдата, а да ја тераш таму може и да те дотоварат и со судски трошоци доколку не успееш да најдеш сведок во твоја корист и да го побиеш исказот на џандарот, колку што знам тоа поминувало досега бидејќи џандарите и баш немаат време ниту сакаат многу да трчаат по судови, но веќе работите се менуваат па така сега и на ова поле најверојатно се исто така ажурни, најдобро е секој да извади во таков случај сопствен апарат доколку го носи со себе што мислам дека е случај со повеќето од билдерите на форумов па да си обезбеди сопствен доказ доколку сака да се тегне по судови чисто од инает кон системот, но како велат каде има сила нема правдина па јал нејал триипол нешто на крај мора да платиш ако ништо друго доста изгубено време по судови...
|
Posted By: medo
Date Posted: 09-Oct-2008 at 14:30
Така е, кај нас суште правдата бавно доаѓа. Со ова само сакав да ја споделам маката и да предупредам на можни слични сценарија.
|
Posted By: Plugger
Date Posted: 11-Oct-2008 at 05:36
Medo, Toa sto go kazhuvash i mislam deka si vo pravo jas na tokmu toa se prashev deka ke bide. Neka ima zakoni i kazni ali ne mozhat lugeto da gi kaznuvaat koga nemaat tie samite uslovi da gi realiziraat. Neka pocnat i so zgradite kako prvo, zosto mora sekoj gragjanin da odi od 20 do 50 metri za da frli gjubre?? Lugeto frlaat gjubre nadvor, neka napravat uslovi kade da se frli toa gjubre.
Samo ne razbiram zosto da te kaznat ako se parkirash do Kontejner?? Sto ima tuka veze so higiena?? Pa od kontejnerite site machki i kuchinja jadat zar tuka nema problem so higienata?
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Oct-2008 at 22:56
ја одамна се бунам за ова иако го поддржувам законов, ај некое хартивче или ќесиче можеш да го зачуваш во себе и да го фрлиш, ама пикавец не можеш на пример, а за тоа треба канта со пепелник или песок (најубаво би било покрај клупи, на автобуски постојќи и т.н.) таму каде што најжестоко се спроведува законот (центар), таму или се уништени или воопшто нема канти и контејнери на пример ако фрлите нешто во канта на кејот тоа ќе пропадне низ дното на кантата треба барем во центарот мој предлог е да се постави сосема нова опрема барем во центарот и да биде и таа заштитена со законот, со што нема да биде уништена во Аеродром на пример поставија голем број мали канти кои добро си ја вршат работата
------------- Architects create dreams...politicians create nightmares
|
Posted By: medo
Date Posted: 13-Oct-2008 at 10:13
Кога е веќе така, дали може да направиме да се слушне нашиов глас? Да не веземе џабе тука, туку да делуваме некако. Некој предлог?
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2008 at 10:37
Во кој правец да делуваме? За што поконкретно?
|
Posted By: beTon
Date Posted: 13-Oct-2008 at 13:42
Originally posted by medo
Кога е веќе така, дали може да направиме да се слушне нашиов глас? Да не веземе џабе тука, туку да делуваме некако. Некој предлог?
|
Originally posted by Cloverstack
Во кој правец да делуваме? За што поконкретно?
|
прво се регистрира здружение на билдери, статут и баш немора зошто форумов е основа сетне се прават неколку проекти за по фондации и амбасади, па откако ќе се добие нешто пари за кампања и логистика (флаери, спотови, стап и камен) сетне се удира на бељата со повеќе или помалку инванзивни методи... шала на страна но доколку немаш некаков печат каков и абер да се прати ќе делува анархистички па и крајно неиздржано(непостојано), здуженија има многу но малку кое од нив се грижи за оправање на некоја работа најверојатно премногу се зафатени со сметководство а и претежно најактивни членови им се пензионери или стечајци, студентите и младите денес се сите презафатени со играње плејка или бркање транс фестивали низ европа, па така и она малку слободно време што останува на располагање се користи претежно за гледање шпански серии на вести или на јади бурек иако вториов вид на трошење време е нешто поинтерактивен... револтот мислам дека најефективно може да се изрази доколку се исцртаат фиктивни канти по тротоарите, како би се свртило вниманието и на јавноста и на надлежните за овој момент, но би било легален таквиот потфат само доколку бојата или аутолакот е разреден поприлично како би се извадил посетне со малку труд. србите пред неколку години имаа сличен пристап за кампањата пишите чирилицом, па на секој тротоар во БГ ја имаа со шаблони испишано паролата, но мислам дека беше правено тоа со обични аутолакови од поандерграунд екипи па и муабетот беше долго по тротоарите - ефективно и без многу теории на млака вода! сепак борбата за слобода од секогаш имала поголем ефект кога се користеле прости и едноставни начини на дејствување, штом истите се канализираат низ некаква институција или здружение повеќе добиваат бирократски призвук (ете тие перат пари) па и одекот на паролите се сведува на уште една вест по медиумите! затоа medo бујрум урбана герила но со раредена боја, за во случај на репресија лесно да може да се оправи револтот, а и заради попитоми мандатни казни наместо кривична за вандализам и хулиганство...
|
Posted By: medo
Date Posted: 13-Oct-2008 at 14:42
Добра ти е идејава, ама мислам дека многу многу нема да се загрижат тие што треба, ако воопшто знаат и дека треба да се грижат! Навистина незнам како најправилно и најефикасно да се постапи, а да не остане само пополнет коментар на форум на нет.
|
Posted By: kire85
Date Posted: 14-Oct-2008 at 01:45
Originally posted by medo
Чив збор ќе биде валиден, мојот или неговиот пред суд? Како ќе докажам јас дека сум бил на 7, 8 или 10 метри ако они не сликаат со метро, па да докажуваат на суд.
|
pa jas kolku sto znam opsto pravilo e dzandarite pred sud da imaat pojak zbor od eden obicen gragjanin....e sea kolku e toa fer e diskutabilno, sigurno moze da se zloupotrebuva taa mokj da recam, megjutoa taa praktika e pravena i proizlegla od evropa kade sto moralnata svest pogotovo na policijata e na nesporedlivo povisoko nivo....so drugi zborovi tamu skoro i da nema iskompleksirani uniformirani lica koj cepidlacat do perverzija samo da te kaznat i da se osekjaat mokjni...u germanija 1 policaec ima tezina na izjava kolku 5 civili....kaj nas ne znam kako e.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Oct-2008 at 01:57
Не се сомневам дека насекаде има никаквеци, па нормално и во полицијата, но морам да кажам дека моето искуство секогаш било позитивно. До сега секогаш сум наидувал на фер и коректен однос од полицајци, сообраќајци итн без разлика. Не е добро заради исклучоци (со кои секако треба да се справи), целата полиција да носи некаква дамка.
Еве кај новинариве е обратно, реткост се добрите исклучоци, па пак не е добро ни нив да ги генерализираме хехе.
|
Posted By: kire85
Date Posted: 14-Oct-2008 at 02:10
Originally posted by Cloverstack
Не се сомневам дека насекаде има никаквеци, па нормално и во полицијата, но морам да кажам дека моето искуство секогаш било позитивно. До сега секогаш сум наидувал на фер и коректен однос од полицајци, сообраќајци итн без разлика. Не е добро заради исклучоци (со кои секако треба да се справи), целата полиција да носи некаква дамка.
Еве кај новинариве е обратно, реткост се добрите исклучоци, па пак не е добро ни нив да ги генерализираме хехе.
|
tocno! apsolutno se slozuvam so tebe....pa na krajot na kraistata kaj nas se pravat milion soobrakjajni prekrsoci u sekunda, taka da policijata ne gleda potreba da kaznuva nekoi treti lica kade sto situacijata e somnitelna....
primer sigurno bi kaznile pre nekoj sto pominal na crveno otkolku da se fatat za nekoj sto parkiral na 9 ipol metri od kontejner
|
Posted By: Plugger
Date Posted: 14-Oct-2008 at 02:26
A sto ako Grckash Sonchogled ili Semki treba da stoish pred kanta i da grickash??
|
Posted By: kire85
Date Posted: 14-Oct-2008 at 02:30
Originally posted by Plugger
A sto ako Grckash Sonchogled ili Semki treba da stoish pred kanta i da grickash??
|
ili toa ili ke si gi sobiras u nesto pa na kraj ke gi frlis.....ama toa e vo sekoj slucaj opravdano...pa da grickas semki i da frlas kaj ke stignes ne biva ni toa
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 25-Oct-2008 at 11:23
|
„Комунална хигиена“ ќе ги чисти дивите депонии |
|
|
|
Автор: Б.С. |
|
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ спроведува акција за чистење диви депонии на повеќе локации во населбите Ново Лисиче, Камник, Гази Баба, Шуто Оризари, Нерези и Новоселски Пат. Југослава Поленак, портпаролката на претпријатието, објаснува дека ги расчистуваат овие места и покрај тоа што овие активности не се редовна обврска на „Комунална хигиена“.
- За отпадот во руралните средини се задолжени соодветните општини, а ние не сме обврзани да ги расчистуваме ниту тие во градот, но решивме да ја спроведеме акцијата. Досега само од десетина места во Ново Лисиче собравме околу 120 кубни метри ѓубре, од кое 90 отсто е градинарски отпад - додава Поленак.
Според надлежните од претпријатието, продолжуваат и активностите за селекција на отпадот, кои се спроведуваат во општината Карпош. Досега таму се собрани 10,5 тони пластична амбалажа, 55 тони хартија и 290 килограми ќеси. Од понеделник селектирањето ќе се прошири и во други општини. Ќе се постават 87 нови жичени контејнери за пластични шишиња во урбаните населби. Контејнерите се донација од американската агенција УСАИД.
За поуспешно да се спроведе рециклирањето на отпадот, „Комунална хигиена“ организира и едукативни предавања за децата од основните училишта. Досега тие завршија во училиштата во општините Карпош, Ѓорче Петров и Центар, а неделава се одржуваат во Кисела Вода.
Во изминатиов период, поточно на 7 и 8 октомври, претставници од „Комунална хигиена“ учествувало и на конференција во Брисел за бездомни животни. Ова претпријатие е единственото во земјава што спроведува заловување и хуман третман на уличните животни, со вакцинација, стерилизација и враќање на местата од каде што биле заловени. Стационарот што го поседува има капацитет да прими до 60 кучиња.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=215&ArticleID=9893 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=215&ArticleID=9893 |
|
Posted By: beTon
Date Posted: 25-Oct-2008 at 13:00
колку за инфо еве една кампања од 2003 за која нема повратна информација какви ефекти има од истата или дали е воопшто и спроведена...
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=58906&idg=3&idb=816&rubrika=Skopje - Во Сарај казни за ѓубре од 5.000 до 20.000 денари Општина Сарај следната недела ќе организира кампања за подигање на еколошката свест кај месното население. Муамеди Бекир, директор на ЈКП"Сарај", најави дека од понеделник во секое населено место ќе организираат предавања и работилници, на кои треба да им се укаже на жителите дека ѓубрето и градежниот шут не смеаат да го фрлаат на јавните површини. Тој објасни дека ако во разумен рок не успеат да ги спречат граѓаните да создаваат диви депонии ќе воведат парични казни. "Луѓето мора да сфатат дека не можат ѓубре да го фрлаат каде ќе стигнат. Прво ќе делуваме едукативно, но ако и тоа не биде ефикасно ќе воведеме и парични казни, кои ќе се движат од 5.000 до 20.000 денари", вели Бекир. Тој вели дека со редовно собирање на сметот од домаќинставата засега се опфатени само населбите, Сарај, Крушопек, Глумово, Шишевво и Долна Матка, при што дневно собираат околу 10 тони ѓубре. http://www.vest.com.mk/default.asp?id=58906&idg=3&idb=816&rubrika=Skopje - Вест - Е.А. - 3/27/2003 |
|
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Oct-2008 at 14:34
Originally posted by beTon
колку за инфо еве една кампања од 2003 за која нема повратна информација какви ефекти има од истата или дали е воопшто и спроведена... |
Со сигурност можам да ти потврдам дека ни К од КАМПАЊА не е ни почнато. Губре насекаде, а да зборувам дека нигде нема контејнери а камоли корпи
------------- Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Nov-2008 at 00:25
Депонија среде Градски парк
Според проектот за новиот дел од паркот, на местото на депонијата треба да има уште едно езерце
Огромна депонија преполна со најлон кеси, хартии, пластика, облека,
чевли и друго ѓубре, подолго време постои во новиот дел од Градскиот
парк. На ѓубриштето има и купишта лисја, гранки и други остатоци од
растенија. На местото каде што, според проектот за новиот дел од
паркот, требало да има уште едно езерце, пред повеќе години е ископана
дупка, која никогаш не била наполнета со вода. Денес, таа се користи за
фрлање ѓубре и го нагрдува паркот.
Депонијата се наоѓа веднаш до
патеките и е на дофат на рацете на децата кои секојдневно го посетуваат
паркот. Од неа демнат опасности на зарази, бидејќи не е исклучено да
има шприцеви од употреба на дрога.
Во ЈП „Паркови и зеленило“,
кое стопанисува со Градски парк, велат дека дупката со години ја полнат
со лисјата што ги собираат и од нив произведуваат природно ѓубриво за
своите потреби. Во неа до скоро имало само лисја и гранки, но сега,
велат во претпријатието, несовесни граѓани дупката ја користат и за
фрлање секаков друг отпад.
Вработените неколку пати им
укажувеле на лицата кои биле фатени на самото место како фрлаат ѓубре,
но тоа очигледно не дало плод. Заради тоа, нагласуваат во „Паркови и
зеленило“, во текот на неделава ќе побараат помош од „Комунална
хигиена“ да се расчисти целата депонија. (С.Н.) http://utrinski.com.mk/?ItemID=2BE75F7BDA2D984BA78A8F46FBB145D5 |
|
Posted By: vardar
Date Posted: 11-Nov-2008 at 00:41
Нели имаше една нишка за жешките казни или ја си фантазирам???
Нема везе, еве како се полни буџетот
ИНФО-За неполни два месеца 10.000 казни
За неполни два месеца полицајците поднеле над 10.000 казни за загрозување на јавната чистота. Од 1 декември МВР ќе проверува и дали кафеаните рекламираат цигари, со што дополнително се зголемуваат работните задачи. Ваквите мерки, според експертите, ќе влијаат на ефикасноста со која полицајците ги извршуваат основните обврски во делот на безбедноста. Од МВР тврдат дека и покрај зголемените обврски, полицијата била поефикасна од порано.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Полицајците станаа комунални инспектори
Ако полицијата постојано е експонирана како репресивна институција, ќе ја изгуби и врската со граѓаните и довербата во неа, предупредува поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов
Зголемените надлежности на полицијата во делот на јавната чистота и заштитата од пушењето ќе го намали квалитетот на извршување на нивните основни задачи - чувањето на јавниот ред и мир, безбедноста на граѓаните и борбата против криминалот и корупцијата, предупредуваат експертите. Според новите законски решенија, полицајците имаат право да го казнат секој што го прекршува Законот за јавната чистота. По усвојувањето на овој закон, полицијата ја презеде примарната улога во контролата дали некој ја загадува околината преку фрлање догорчиња од цигари, отпадоци, градежни материјали и други штетни дејствија. Според податоците, за неполни два месеца откога е донесен Законот, полицијата поднесла околу 10.000 пријави за нарушување на јавната чистота. Со Законот за заштитата од пушење се предвидува полицајците од 1 декември заедно со инспекторите да можат во кафеаните да проверуваат дали има реклами на тутунски производи.
ДОВЕРБА
Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов предупредува дека дополнителните обврски на полициските служби сигурно ќе се одразат на извршувањето на основните безбедносни задачи. Тој смета дека полицијата треба што поскоро да биде ослободена од ваквите надлежности и предлага општините да ги зајакнат службите и секоја општина на својата територија да има свои екипи.
- Треба да се јакнат други институции што ќе ги преземат овие обврски. Ако полицијата постојано е експонирана како репресивна институција, ќе се изгуби врската меѓу граѓаните и полицијата. Со такви непопуларни мерки граѓаните ќе ја изгубат довербата што треба да ја имаат во безбедносните органи - вели Трајанов. Во врска со обврските од Законот за пушењето, тој смета дека полицијата во тој дел треба да учествува само ако на инспекторите им е оневозможен пристап во објектите, односно само како помош на инспекторот да ја заврши работата. Портпаролот на МВР Иво Котевски тврди дека иако од 21 септември полицајците поднеле над 10.000 казни, тоа не се почувствувало во ефикасноста на извршувањето на другите обврски.
- Борбата против корупцијата, криминалот и одржување на јавниот ред и мир се одвиваат со ист интензитет. Последниве два месеца дури е забележано и поефикасно работење од страна на полицијата и има помалку инциденти - вели Котевски. Тој се согласува дека јавната чистота треба да биде под надлежност на општините, но бидејќи локалните единици немаат капацитет за тоа, одговорноста ја презела полицијата. Иако по усвојувањето на Законот за јавната чистота, проструија гласови дека полицајците имале норма дневно да напишат најмалку три казни, Котевски тврди дека тоа не е точно иако и тој ги слушнал тие шпекулации.
- Не станува збор за норма, туку за работни задачи. Ако некој цел месец не пријави казна, тогаш логично е да се прашаме дали тој совесно ја врши работата - вели Котевски.
НЕМА РЕАКЦИЈА
И претседателот на Македонскиот полициски синдикат Тихомир Климовски, вели дека до Синдикатот нема стигнато официјална поплака за новите обврски на полицајците. Тој вели дека во други европски држави надлежноста на полицијата околу јавната чистота е позната работа, но дека таму тие обврски ги врши таканаречената градска полиција.
- Во недостиг од таков субјект кај нас, овие надлежности ги презема основниот полициски сектор. Досега во Синдикатот нема стигнато поплаки за зголемувањето на обврските на полицајците - додаде тој.Според Климовски, полициските старешини треба да оценат дали поради дополнителните обврски трпи квалитетот на извршувањето на основните задачи и ако е така да реагираат кај надлежните.
Критики за новите законски решенија од собраниската говорница упати и поранешниот премиер Владо Бучковски. Тој оцени дека наместо граѓанско општество, се создава „џандарско општество“. Додава дека иако истражуваат, не можат да најдат таква држава во Европа во која на полицијата и' се зголемуваат надлежностите во толкав обем.
- Сето ова може само да биде причина за зголемување на бројот на полицајците, што ќе значи нови партиски вработувања. Македонија и сега има поголем број полицајци во однос на жителите. Ако се продолжи вака, кога ќе се прават реформи на полицијата, ќе имаме многу работа - додава Бучковски.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B6366AABFBC8B34991425F969AAAD845 - dnevnik
|
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Nov-2008 at 01:55
Originally posted by vardar
Нели имаше една нишка за жешките казни или ја си фантазирам??? |
Ова е дотичната нишка, со нов наслов
|
Posted By: Supervisor
Date Posted: 11-Nov-2008 at 13:16
Ма каква јавна чистота погледе на што личи околината во Македонија?? Народот вели денес фрли два одпадоци и не ме фатија -заштедив 100 евра?? Македонски менталитет и никаква култура најмалку во делот на јавна хигиена.
------------- NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Nov-2008 at 15:21
зато јас си фрлам тука, ема таков закон послабо има, ем не си ја валкам државата помакедонски здравје! ѓубрето кај комшијата
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: vardar
Date Posted: 21-Nov-2008 at 08:20
ФОТОКОНКУРС на „Нова Македонија“ |
Ѓубрето не е украс |
|
|
|
|
Редакцијата на „Нова Македонија“ распишува фотоконкурс на темата „Ѓубрето не е украс“. Активирајте ги своите фотоапарати или камери на мобилните телефони и испраќајте ни фотографии од ѓубришта, несобран отпад, несовесни граѓани како фрлаат ѓубре и слично на адресата Атинска 12, 1.000 Скопје или преку електронска пошта на nm@novamakedonija.com.mk. Не заборавајте да ги испратите и вашите податоци. Како награда на крајот од фотоконкурсот, на авторот на најдобрата фотографија ќе му доделиме правосмукалка.
Фотоконкурсот ќе трае до 30 ноември. Победникот ќе го прогласиме на 1 декември.
Денешната фотографија ни ја испраќа нашиот сограѓанин Михаил Соколовски. На неа е прикажано ѓубре што го расфрлале несовесни граѓани во Градскиот парк, околу искршените клупи. |
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=234&ArticleID=11472 - [nova makedonija
|
|
Posted By: vardar
Date Posted: 21-Nov-2008 at 08:23
Епа ако му треба на некого правосмукалка бујрум, и сегашнава наградата не е лоша но со оглед на темата нели ова би било посоодветно......
|
Posted By: BOJAN
Date Posted: 21-Nov-2008 at 11:48
Добра направа, на Скопје му треба вакво нешто. Комунална има нешто слично, ама не го шмукуваат ѓубрето, ама стварно не знам како се викаат!
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Nov-2008 at 13:36
en:leaf blower
de:laubsauger
nl:bladblazer
на други јазици пример mk неможам ни да смислам, ама водејќи се по овие лисјодувач или лисјошмукач
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Nov-2008 at 15:56
па веќе некои општини имаат вакви
|
Posted By: bonko
Date Posted: 21-Nov-2008 at 20:21
место казна... акција една врека да се наполни... па и би тргнало на подобро
|
Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 21-Nov-2008 at 20:54
top e pravosmukalkata,neznam dali gi ima kaj nas ama ja seute gi gledam so metli i lopatki,a ako imame top
|
Posted By: bonko
Date Posted: 21-Nov-2008 at 20:56
ако има тогаш повеке би фрлале лугево за да ја пробаат...хихи е затоа нема ќе ја расипат
|
Posted By: vardar
Date Posted: 22-Nov-2008 at 14:31
Со малку пари до поголема јавна хигиена „Комунална" купи правошмукачка за лисја
Механизацијата на ?Комунална хигиена" се поднови со рачна машина со двојна функција. Со неа може да се врши вшмукување на хартија, догорчиња, семки, суви лисја и лименки. Другата функција на машината е издувување, што најчесто ќе се користи за издувување на хартијки од зелените, заградени површини, жардиниерите и слични места каде што со метла може да се оштетат посадените цвеќиња или, пак, тревата. Машина е производство на германската фирма ?Штил" и чини 26.000 денари.
Засега комуналците располагаат само со една таква машина, а не е исклучено, како што вели директорот на ?Комунална хигиена", Илија Костов, да се набават уште десетина машини, имајќи ја предвид нивната функционалност и прифатливата цена. Според Костов, машините ќе вршат работа, особено во текот на есента, бидејќи на лесен начин и за кратко време со нив ќе може да се вшмукуваат паднатите листови. (Дс.Т.)
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1444&pR=11&stID=12239 - utrinski 16.10.2006
|
Еве и аеродром се подновиле
ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАБАВИ 8 ДУВАЛКИ ЗА ЛИСЈЕ
Општина Аеродром неодамна набави 8 дувалки за лисје, за кои денеска, 24.10.2008 година, квалификувани лица вo дворот на Општината извршија презентација и кратка обука за нивно користење.
Станува збор за специјални апарати, односно машини од германската марка „штил“, кои служат за отстранување на лисјето и други поситни лесни отпадоци од јавните површини преку всмукување или дување. Дувалките се практични за ракување и тивки, а освен тоа имаат можност за селектирање и сечкање на отпадот, кој подоцна може да се користи за компостирање.
Дувалките ќе ги користат сезонските работници што Општина Аеродром ги ангажираше за одржување на јавната чистота.
Општина Аеродром се одлучи да ги набави овие алатки со цел да се подобри ефикасноста при одржувањето на хигиената, како и изгледот на општината во есенските денови кога жолтото лисје е главен „декор“ во нејзините паркови и зелени површини.
http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=978 - aerodrom 24.10.2008
|
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Nov-2008 at 08:18
http://www.moepp.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=5B9F4DAC270F1C4D81FE04A524B19478 - http://www.moepp.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=5B9F4DAC270F1C4D81FE04A524B19478 Ос страна на ресорното министерството е распишан тендер за 20.000 канти и 5.000 контејнери. Ова се ваљда оние контејнери што се спомнуваа пред некој месец. Рокот за тендеров е некаде до јануари, така да до прелет тешко да ги видиме контејнериве.
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Dec-2008 at 23:26
Фрлајте ѓубре во точно време!
Жителите во
реоните каде што комуналните екипи го собираат претпладне домашниот
отпад треба да го фрлаат меѓу седум и девет часот наутро, а оние од
локациите каде што се собира попладне од 19 до 21 часот
Ве
молиме отпадот да го фрлате во контејнерите во точно определено време.
Строго е забрането фрлање кабаст и градежен отпад и паркирање пред
контејнер". Овие пораки на ЈП Комунална хигиена испишани на
флуоресцентни самолепливи ливчиња ќе бидат залепени на сите контејнери
во градов, што е дел од кампањата Заедно за почисто Скопје".
- Сите сакаме да живееме во почист град, но малкумина внимаваат кога
и каде фрлаат ѓубре. Најлесно е да се покаже со прст кон оној што не го
исчистил ѓубрето, но многу е тешко да се открие тој што го направил.
Време е за менување на старите навики", велат од скопски Комуналец и
апелираат до граѓаните да го фрлаат ѓубрето неколку часа пред камионите
на комуналците. Тоа за жителите во реоните каде што комуналните екипи
го собираат претпладне значи дека домашниот отпад во контејнерите треба
да го фрлаат меѓу седум и девет часот наутро, а оние од локациите каде
што се собира попладне од 19 до 21 часот.
- Терминот за фрлање отпад е различен за различни делови од градот.
Нашите екипи работат во три смени, па се случува во некои реони тој да
се подига наутро, некаде на пладне, некаде навечер. На налепниците ќе
биде наведено точното време за фрлање, но и без тоа самите граѓани
знаат кога доаѓаат нашите камиони така што можат да се придржуваат на
редот, велат од Комунална хигиена. Тие потсетуваат на правилото сметот
да се фрла во заврзани црни вреќи за да не се растура по околината, но
и можноста за изрекување на казни според Одлуката за комунален ред
донесена во 2005 година од Советот на град Скопје. Помогнете во
вашата и наша околина во иднина да нема диви депонии или
придонесете да има барем една помалкуу, апелираат од ЈП
Комунална хигиена.
http://vecer.com.mk/?ItemID=475CA6CA9BC72043B1AEBCD13CBD3997 |
|
Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 03-Dec-2008 at 00:46
- Сите сакаме да живееме во почист град, но малкумина внимаваат кога
и каде фрлаат ѓубре. Најлесно е да се покаже со прст кон оној што не го
исчистил ѓубрето, но многу е тешко да се открие тој што го направил.
go frlam dzubreto vo dvor,vo tie zelenite kanti sto gi davaa od komunalec i sto gi sobiraat koga ke im tekne,znaci ni znam koga pominuvaat nit nisto a ne ko sto e napisano vo tekstot,ke mu se napuni kamionceto na pola ulica i si ide,nikako da se vrati i da prodolzi,dve nedeli mi ja nemaat iscisteno kantata,posle lesno bilo da se pokazuva so prst koj go pravel toa,znaci za vo ovoj slucaj se znae i koj go naprail dzubreto ama i koj ne go iscistil a toa za sto ke bide odredeno vreme koga da se frla vo ulicnite kontinjeri donekade e i vo red,taka mislam deka i poveke ke se vodi smetka ama ako navremeno gi cistat.
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 03-Dec-2008 at 01:58
file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml -
file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Да, оваа иницијатива со времето на празнење е одлична идеа!
Тое е дост ефективна мерка. Иначе не дека ние скопјани сме цвеќе за мирисање но
мислам дека гостите на нашиот град многу помалку внимаваат на градската чистота
од причина што Скопје не е нивен град и пониски културни навики во
провинцијата. Со ова не сакам никого да навредам, просто е мое видување.
Сакам да предложам неколку идеи за поефикасен менаџмент на сметот во Скопје. Ќе
претставам идеи од Љубљана се надевам нема да го спамирам форумов. Знам дека
сме далеку од ова ниво, но ако не се споредуваме со подобрите од нас, ќе си
останеме на истото ниво.
1) Контејнерите во градот да си ги добијат назад капаците, коишто се вадат за
да не мораат вработените да ги отвараат при секое празнење. Тие се секогаш
преполни и а дувне ветар или се појави некој бездомник, веднаш половина
контејнер е на улица. Тоа страшно ме нервира, затоа што не бара некаква
инвестиција туку е оставено од незаинтересираност.
2) Контејнерите да се заменат со нови. Тековно да се одржува нивната надворешна
хигиена. Еве како изгледа пристоен (постар) метален контејнер тука: file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml">
3) Воведување на пластични контејнери (особено во центарот на градот-под итно) и тоа за хартија, пластика, стакло и останати одбадоци. Сите контејнери да имаат свои рабници и да не се истурени на самите улици, туку во свои џебови: file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml"> file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Еве уште понов модел како да се анулира грозниот ефект на контејнери во центарот на градот. Контејнерите се оградени со посебни огради, едноставни и лесни за отварање: file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml"> file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - 4) Означување на контеинерите со налепници и информации околу селекција на одпадот, часот на подигање на сметот и странични флуросцентни црвено-бели налепници. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml"> file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - 5) Осмислена, привлечна и агресивна кампања од страна на предпријатието за подигање на свеста на граѓаните околу јавната хигиена, проследена со врели казни од страна на инспекциите. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml"> file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Пишува-Биди кул, одвојувај го одпадот... file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - 6) Еве го најновиот модел на контејнери (ги има само во центарот, засега се околу 30 на најфрекфрентните локации). Самите контејнери се под земја, само мал дел од контејнерот е над земја. Се отвара на картица која е поделена на сите околни жители и локали (се претпоставува дека минувачите си фрлаат ситни одпадоци во малите канти за ѓубре). Кога е време за празнење, а тоа е редко заради големиот подземен склад, автоматски контејнерот јавува во СНАГА-центарот дека е полн (автоматски мери тежина) и возилото се испраќа. Во целиот систем се вложени неверојатни 11 милиони евра но навистина е функционално и естетски. Еве како тоа излгеда: file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml"> file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - За крај и веб сајтот на СНАГА каде што има временски ред за подигање на сметот:
file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - http://www.jh-lj.si/snaga/informacije/urniki file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - СЕТО ОВА МИСЛАМ ДЕКА Е ПРАШАЊЕ НА ДОМАКИНСКО И ТЕМЕЛНО РАБОТЕЊЕ А НЕ НА КОЈЗНАЕ КОЛКАВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СВЕРТА! file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CANDREJ%7E1.PC1%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml">
|
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 03-Dec-2008 at 02:37
Еве едно видео како се подига сметот на новите контејнери во Љубљана, навистина вреди да се погледне. За Скопје ова е научна фантастика. Но сепак е многу интересно и пред се ново! http://www.youtube.com/watch?v=RM_Fd_tID8E
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Dec-2008 at 03:15
@ Andrej
Да ова последново е сци-фи за Скопје во оваа фаза, а искрено и не ми изгледа до толку многу функционално за да ја оправда цената дури ни во побогати градови (за естетиката и чатал-факторот немам замерки ). Да оставиме малце да се усовршат и поефтинат ваквите системи па се надевам до тогаш ќе имаме и повеќе пари за да си дозволиме нешто вакво во строгиот центар. Во меѓувреме секако треба да почнеме со другите работи што ги спомна, а кои не бараат големи инвестиции (еве со информативни налепници веќе се почнува )
|
Posted By: beTon
Date Posted: 03-Dec-2008 at 04:20
скап систем но крајно естетско решение, се е ок освен што треба време за да се испразни и врати корпата.[ http://www.youtube.com/watch?v=fYhA73t1RYk - 1 ] инаку има нешто поинтересни компактори за ѓубре како big belly кратат на многу трошоци а и тресењето-товарењето на ѓубре оди набрзина и гит! кај нас треба вакво нешто само евентуално да е мак производство, нешто не толку сложено како мевов него нешто како јапонскава преса [ http://www.youtube.com/watch?v=Osn8W4fsq3M - 1 ] [tube]mMlM67VYXGw[/tube] [ http://www.youtube.com/watch?v=gbR4x_TaRzo - 1 ][ http://www.bigbellysolar.com/products/ - 2 ][ http://blogs.zdnet.com/emergingtech/?p=636 - 3 ]
|
|