Print Page | Close Window

Епидемија на спам!

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=388
Printed Date: 10-Nov-2024 at 19:03


Topic: Епидемија на спам!
Posted By: pbanks
Subject: Епидемија на спам!
Date Posted: 15-Sep-2008 at 15:14
Луѓе навистина пишувањето на кратки, повторувачки коментари почна да превршува секоја мерка. Само што избришав 3 поста од УрбанФрик, Маестро и Кара, напишани едно по друго како било срамота што стадионот ќе се градел до 2012.

Да срамота е и што да правиме? Таква земја сме за никаде, се се влечка но вреди ли тоа во секоја нишка да го повториме 1123123040 пати? Каде е тука поентата.

Ова е само еден конкретен пример ги има мал милион.

Мислам стварно воопшто не ми е пријатна улогата на џандар, ваквите јавни критики, забелешка преку ПМ или бришење на постови ми се крајни инстанци кои ретко ги бирам. Но императив е да го задржиме квалитетот на форумот а спамот се наметна како проблем бр. 1.

Ако сакатe ќе дигнам и еден shoutbox па таму изразувајте ги тие мислења. Или пак тука Останати теми > Офтопик. Еве да отвориме таму една нишка или пак и повеќе нишки ако треба каде ќе ги пишувате кратките коментари немам таков проблем. Но дајте да ги оставиме главните секции и темите во нив да бидајт содржајни, концизни, со вистинска дебата и интересни за читање и за нас и за идните членови.

Сега ќе направам проветрување на форумот е најголемиот дел од спамот ќе го преместам во нова нишка овдека во офтопик која ќе се вика СПАМ, ќе биде заклучена и понатаму ќе служи како складиште. Ем да не ви ги бришам скроз постовите ем да може да видите што ви е тргнато и евентуално и да се доинформирате зошто е тоа така кај модовите.

Cheers



Replies:
Posted By: maestro
Date Posted: 15-Sep-2008 at 18:03
Секоја епидемија доживува и крај

-------------


Posted By: maestro
Date Posted: 15-Sep-2008 at 18:09
шала на страна, не знам, се обидувам воопшто да не правам спам ама, ете, некогаш се случува и да згрешам.

мада за тоа во врска за стадионот моето мислење беше поразлично од горното што велиш дека е исто

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Sep-2008 at 21:29
маестро нишката не е за правдање кој што направил, него за да укаже против негативната појава - спам!! Еве гледам те мрзело да го едитираш предходниот пост, па нов си пишал. Користија ја алатката Едит Пост! Башка со самото тоа што се правдаш, повторно вршиш спам!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2009 at 19:52
Повторно зема замав овој проблем. Апелирам да се обрати повеќе внимание на содржината напостовите.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Jan-2009 at 21:47
Па без да прејудицирам, имаме некои корисници кои пишуваат: јако, и тоа е цел пост!? Мислам навистина не гледам која е целта на таквите постови, со оглед на тоа што сите пишуваат информативни и обемни постови, мене прво искрено ми е незгодно да напишам: бо многу е јако! Тие се работи што си ги чуваме за себе, а ако има некој нешто конструктивно да каже или да праша, слободно. Така јас мислам Може во правилникот да го вметнеш ова (во видоизменета форма)

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Jan-2009 at 21:50
Originally posted by Правилник

3. Строго е забрането spam-ување. Убаво обмислете ги вашите коментари пред да ги постирате. Возджете се од постирање кратки, банални и несуштински коментари. Модераторите го задржуваат дискреционото право да избришат коментари кои ги сметаат за spam без претходно предупредување.


Ова правило стои многу јасно во правилникот. Само кој прочитал PokeBig%20smile


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2009 at 21:54
Во секој случај нека биде јасно дека не покажуваме на никого со прст туку дека е просто апел за спречување на пад на квалитетот на дискусиите. На крајот на краиштата не е ни страшно понекогаш да се вметне некаков краток или несуштински комнетар, само да не премине во навика и стандардизирана пракса.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Jan-2009 at 22:13
Јас го имам прочитано (ми имате посочено неколку пати да го прочитам) Ама ете имам заборавено, бидејќи се придржувам до него и нема потреба да ме предупредувате. Кој не се придржува-приватна порака со врска до правилникот. Покрај тоа, се индексира на гугл форумов и тоа котира многу високо (релативно), така што кога некој ќе побара некој поим ќе му излезе некој без врска пост. И со тоа се диксредитира форумов Но сепак, мислам дека немаме многу такви постови.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Feb-2009 at 18:24
Originally posted by Cibi

добро е,сега доаѓа пролет кога ќе бидат подобри условите за градба.Да се надеваме дека ќе имаме убав стадион.



Ова е пример за типичен спам пост. Ако на некој не му било јасно сега му е јасно. Нишките се место каде што се споделуваат различни гледишта, мислења , предлози и решенија за различни проблеми, како и место каде што се споделуваат информации и материјали. 

Воздржете се од еднолинијки


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Feb-2009 at 18:38
Само да додадам дека сепак „еднолинијка“ сама по себе не е автоматски спам. Ниту пак подолг пост значи дека не е спам. Понекогаш со многу краток пост може да се каже многу и обратно. Важна е содржината на постот и контекстот во кој е постиран.

Она што навистина треба да се корегира е појавата сериски да се постираат вакви коментари чисто со цел да се постира било што.


Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Feb-2009 at 18:58
Originally posted by Cloverstack

Само да додадам дека сепак „еднолинијка“ сама по себе не е автоматски спам. Ниту пак подолг пост значи дека не е спам. Понекогаш со многу краток пост може да се каже многу и обратно. Важна е содржината на постот и контекстот во кој е постиран.

Она што навистина треба да се корегира е појавата сериски да се постираат вакви коментари чисто со цел да се постира било што.


Се сложувам, постот не ми беше добро формулиран. Добро ми ја долови поентата.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Mar-2011 at 17:41

Евидентен е нов наплив на спамирање. И тоа не се работи за обично спамирање, туку ај да го наречам „применето“ спамирање. Не знам дали е предизборна треска или што, ама некои форумаши турбо постираат постови што личат на изјави на партиски портпароли, пребројување, надвикување, навреди, постови со апсолутно никаква вредност... Накратко кажано - класично труење. Досега се бришеше умерено и претпазливо, отсега ќе се брише безмилосно, бидејќи не останува избор. И искрено кажано, залудни ќе бидат пораките со поплаки за отстранет пост, доколку нема навистина многу добра причина за поплака.

Непријатно ми е што мора вака да се обраќам, но во секој случај коректните и конструктивни форумаши сигурно нема да бидат ни најмалку погодени од ова, баш напротив, ќе се врати попријатна атмосфера за нормална и продуктивна дискусија. А од деструктивци и типови кои едноставно го погрешиле форумот, ионака преку глава веќе. Исто така циклично логирање по еднаш на секои три-четири недели и истурање на контингент постови правени по шаблон, ќе се смета за спамирање и ќе се постапува како со било кој спам. Нема да биде дозволено една шака тролови да го одвлечкаат форумов во тиња.



Posted By: alexgizh
Date Posted: 14-Mar-2011 at 19:35
И јас го имам истото мислење, имам приметено дека со помал ентузијазам доаѓам на build последниве денови.

Дефинитивно пост кој не содржи конструктивна критика треба да се брише.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 14-Mar-2011 at 19:37
Јас дури и сум на мислење ова да го ставиш како sticky на јавниот дел од форумот. Прилично сериозно е, и нека стои како предупредување особено за предизборниов период кој неминовно се ближи.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Mar-2011 at 20:17
Да не трујам по други нишки. Се надеавам нема да интервенирате.

Мене почна да ми е доста од Сале Ск. Многу ми е досаден. Ако го читаш ова, сфати го како искрена одбивност која ја создаваш во мене. Се надевам, ќе намалиш со иронијата, и со изнесување ставови на иритирачки, тенденциозен и одбивен начин. Искрено ми сметаш, и би ми било мило малку поконструктивно и искрено да изнесуваш мислења. И секако ако се работи за сериозна работа, те молам што повеќе објективно. Да застапуваме свои мислења, но сепак треба да се темелат на барем малку аргументи и сериозни  размислувања и излагања. Секако и многу анализа. Мене ми се случувало, еднаш за нешто да имам едно мислење, а потоа да го променам.

Едит: Сакав да кажам, да не пишуваш како и колку ќе ти прдне.


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Baze
Date Posted: 14-Mar-2011 at 22:54
Еве и јас да не останам покусо... Ве молам немојте да се препукувате, изразувате одредени несогласувања спомнувате членови на форумов на јавен топик. Во најмала рака ако сакаме да го оцрниме соговорникот тоа може да го направиме преку праќање на порака во поштата.  Меслам дека не е колегијално (во рамки на форумот) и во духот на форумот да кажуваме кој ни се допаѓа, а кај кој имаме одбивност. Ве молам уште еднаш. Фала на разбирањето.
 
П.С. оставете го трачарењето за некоја средба со кафе така ќе ни биде поинтересно Roll%20eyes се шалам.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Mar-2011 at 22:59
Wow fossil ova strana od tebe prv pat ja prepoznavamShakeBig%20smileBig%20smile
----------
Mene bas mi se dopagja sto nekoj stalno kritikuva!Naughty A1 sigurno kje ti najde rabotno mestoRollin
Cheers

-------------


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-May-2013 at 19:34
Дечки, забележувам деновиве навала од спамери што рекламираат некои глупости на форумов. Има ли начин да се спречат или мора поединечно да се бришат од страна на администраторите? Морам да признам дека страшно ме нервираат.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-May-2013 at 20:04
Џоле, во прав момент го поставуваш прашањето.

Проблемот е решен од вчера и би требало комплетно да ги ограничи спам ботовите или ќе ги има многу многу ретко.

Воведена е уште една контрола при регистрација и немаме регистрирано нов бот во последните ~48ч.

Во меѓувреме се активираат некои веќе регистрирани ботови кои седеле во хибернација но нивниот број не е голем и набргу ќе ги снема комплет, ги банираме како што се активираат.


Posted By: Danndy
Date Posted: 09-Jul-2013 at 17:50
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1566&PID=156354#156354

Спам.


-------------
Traveling.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 09-Sep-2015 at 13:25
Пак почнаа овие во Виртуелна Македонија

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Sep-2015 at 14:26
Ги бришам и ги банирам, ама упорни се, мамичето нивно

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 23-Mar-2017 at 19:47
Претпоставувам дека ова се спамерите? Патем, среќен роденден на Бојан и Влатко.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Mar-2017 at 23:27


Дел од нив Има денови со уште повеќе родендени. спамерски секако


Posted By: robinh12
Date Posted: 02-Feb-2023 at 16:16
Therefore, without passing judgement, some users comment, "Great, and that's a complete post!" Since everyone writes in-depth and educational posts, I honestly don't see the point of these posts. Additionally, I find it challenging to write at first due to how powerful it is. We keep those things to ourselves, so feel free to comment or ask anything helpful if you have something to add. That is my opinion. This can be added to the rulebook (in a modified form) https://overplugged.org/msi-motherboard-drivers/ - .

-------------
R


Posted By: robinh12
Date Posted: 09-Mar-2023 at 10:12
Guys, These days, I've noticed an increase in spammers using this forum to promote their garbage. Is there a way to stop these, or do admins have to delete them one at a time? I have to say, they really irritate me https://pettihome.shop/collections/tappeti-cucina-tinta-unita - .

-------------
R


Posted By: lucymaxwell
Date Posted: 17-Oct-2023 at 08:54
I have the same opinion, I have noticed that I come to builds with less enthusiasm in recent days. https://dxbrentals.ae/ - .



Print Page | Close Window