Print Page | Close Window

Кеј на река Пена - Тетово

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбанистички целини
Forum Discription: Урбанистички планови и градски микролокации
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=306
Printed Date: 29-May-2024 at 17:06


Topic: Кеј на река Пена - Тетово
Posted By: pbanks
Subject: Кеј на река Пена - Тетово
Date Posted: 14-Jul-2008 at 00:02
Рендериве ги превземав од општинскиот сајт на Тетово но повеќе информации за проектов не најдов

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15





Replies:
Posted By: dejan
Date Posted: 14-Jul-2008 at 01:13
Ne e losho.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Jul-2008 at 12:33
Штета што на некои места (каде може) не е коритото степенасто би било по разиграно а не тунеласто.
Разбирам дека пена или има вода или побудалува но би се добиле и нови содржини.
Иначе за поздравување ако се изведе и се тргне тоа џубре кое го имаме во сите реки - бар додека е ново.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jul-2008 at 22:06

За шминка на Пена ќе бидат потрошени еден милион евра

Изградбата на речното корито и на пешачките патеки покрај реката Пена во Тетово се одвива со полна пареа. Проектот започна пред еден месец и до есенва од локалната самоуправа очекуваат да го реализираат. Покрај уредувањето на коритото, се поставува и фекална канализација на две улици што гравитираат покрај реката. За целиот проект се одвоени еден милион евра, пари од општината.

- Еднаш засекогаш да се уреди коритото и да се реши проблемот со фекалната канализација во оваа населба. Проектот започна пред еден месец и се реализира со мал застој, поради тоа што стариот проект предвидувал други решенија, кои денес не се изводливи, па затоа се правеа нови проекти и решенија. Се уредува коритото од Камениот мост кај болницата до населбата Горна Чаршија кај месноста Млин - рече директорот на ЈП „Геоинженеринг“, кое раководи со реализацијата. Со уредувањето на коритото, улицата што минува покрај реката ќе се прошири и ќе биде широка седум метри плус пешачка патека. Со тоа тетовци ќе добијат околу еден километар пешачка патека покрај реката Пена.



http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=9CAFF18EB504DF4EBA2F0025C56A83EB&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=9CAFF18EB504DF4EBA2F0025C56A83EB&arc=1


Posted By: zabegan
Date Posted: 31-Jul-2008 at 22:37
реката личи на вештачки канал поради големината, пример првите две слики се добри а после делот кај мостовите ми изгледа некако чудно, мислам повеќе косини се подобри, али што и да направат е подобро одколку сега предпоставувам
сепак се ова само рендери


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: maestro
Date Posted: 07-Aug-2008 at 09:25
ова е супер и ваков проект треба да се направи за сите реки во мк!


Posted By: Dragan
Date Posted: 15-Apr-2009 at 22:04
DA DA POCNATO E DA SE GRADI EDEN DEL POKRAJ SKOLOTO KADE JAS UCAM E IZGRADEN SEGA SE GRADI NAGORE NAKAJ GORNIOT DELO OD GRADOT


Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Apr-2009 at 22:05
Дали се работи по истиот проект, и дали се поставени рендери некаде?

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Dragan
Date Posted: 16-Apr-2009 at 09:15
da delot kade e napraeno e potplocen ima svetilik uste klubi da se stavi


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 16-Apr-2009 at 18:29
edna mala fotka
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
od webstreanicata na tetovo(ja ima samo na albanskiSleepy)


Posted By: Dragan
Date Posted: 02-May-2010 at 14:16
Види Споол тој дел е у фаза на изградба ама мие зборимо за кејот а не за таа улицата што ставаа канализација, како првин види на рендериве како треба да изгледа и како изгледа у живо, од мостот кј шарена џамија па све до  школото( гимназијата) е добро ама нагоре до кј полицијата го почнаја и го остае таке, а од другата страна исто, е баш утре ќе сликам и ќе пастирам овде да се види и да оценат експерти од форумов Crazy


-------------


Posted By: Makedonij
Date Posted: 21-Jul-2010 at 22:45

17.07.2010 - Со продолжувањето на уредувањето на кејот на реката Пена покрај полициската станица во Тетово се формираше нов тротоар

Граѓаните кои имаат потреба да одат до тетовската полиција, а одат пеш сега до објектите ќе може да стигнат побезбедно по ново формираниот тротоар.

Во завршна фаза е изградбата на троатоарот од мостот кај Архивот па се до мостот во населбата Горна чаршија. Од десната страна на течението на реката, односно покрај тетовската полициска станица се формира новиот тротоар, кој се поплочува со бекатон плочи.

Со изградбата на овој троатор всушност се продолжува со уредувањето на кејот на реката Пена. Тротоарот воедно е и пешачка патека или дел од кејот. Поставени се и инасталации за електрична енергија каде ќе бидат поставени тела за осветлување, со што во ноќните часови ќе биде можност да биде место за прошетки или рекреакција.

Уредувањето на кејот започна уште пред 2 години. Идејната замисла според проект планот е на дел од кејот дасе засадат дрвја, да бидат поставени клупи и улично осветление. За рекреативците кои пешачат до месноста Бањичње ќе се гради и посебна патека во делот од мелницата кај Горна Чаршија до хидроцентралите. Уредено беше и коритото на река Пена со изградба на страничните ѕидови со украсен камен.

Александар Самарџиев

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Dragan
Date Posted: 21-Jul-2010 at 22:58
Фала богу конечно се решија да предзема некој градежни активности ама тоа е до следниот мост и после 1 година пауза па пак таке CrazyCrazy

-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 26-Aug-2010 at 02:17

Се уредува кејот и коритото на Пена

Локалната власт на Тетово интензивно работи изградба и уредување на речно корито и на кејот на реката Пена, како и на чистење од големата количина разновиден отпад. Ниската еколошка свест на дел од граѓаните најдобро се забележува кога и водостојот на реката е низок. Коритото на Пена е преполно со пластичен отпад, делови од мебел, бела техника и друг смет од домаќинствата.

Според портпаролот на Општината, Флакрон Пустина, работите се очекува да привршат кон крајот на месецов. Инвестицијата вредна 8 милиони денари опфаќа изградба на кејотза да се спречи можноста од излевање на реката, чистење на речното корито и отворање пристапен пат што ќе води до новиот Клинички центар.

- Во тек е втората фаза на уредувањето на кејот на реката Пена, што го опфаќа делот од мостот во Горна чаршија до Мелницата. Потоа ќе се продолжи со работа од Камениот до мостот кај Клиничкиот центар - рече Пустина.

Реката Пена од својот извор до Тетово е со висока чистота на водата. По нејзиното поминување низ градот, поради неконтролираното фрлање на смет од граѓаните, но и од фирмите, загадувањето е многу големо и негативно влијае и на живиот свет во неа. (А.С.)  http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EE9F0F2B6F275844ADA29DB6A13E4963       




-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Sep-2010 at 19:01
Dragan nemas nekakvi aktuelni sliki od proektot?

-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 04-Sep-2010 at 22:34
Имаше некое напредување нагоре накај полицијата али за кратко, ако можем ќе сликам во понеделник па ќе стаем слики 

-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 11-Sep-2010 at 23:16
Ова мене не ми личи на кеј,ваљда има некое решеније
1.


-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 22-Sep-2010 at 15:10
Реконструкција на коритото на реката Пена
Зголеми ја сликата
Реконструкција%20на%20коритото%20на%20реката%20Пена
Продолжуваат работите за изградба на коритото на реката Пена.Во моментов се работи во близина на населбата “Горна Чаршија“каде се врши регулирање на ѕидот на коритото на реката .Паралено со ова ќе се изгради и шеталиштето и ќе се постави јавно осветлување.
Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 10 милиони денари , а инвеститор е Општина Тетово.
 
http://www.tetova.gov.mk/mk/press/490.html - http://www.tetova.gov.mk/mk/press/490.html


-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jun-2012 at 07:53

До каде е овој проект?


Posted By: Dragan
Date Posted: 12-Jun-2012 at 13:49
До никаде Big%20smileBig%20smile, тоа што работеа пред година ипол пред гимназијата ( стара медицина ) и полициската станица тоа е тоа од тогаш ни плочка бекатонка, ни лопата малтер немат фрлено, и така ќе остане 

-------------


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Feb-2023 at 18:11
КАСАМИ ПРЕДЛАГА ДА СЕ ИЗГРАДАТ ТЕРАСИ НАД КОРИТОТО НА ПЕНА, ТЕТОВЦИ ВЕЛАТ ПРВО НЕКА СЕ ИСЧИСТИ ЃУБРЕТО ОД РЕКАТА



Општина Тетово планира да ја разубави реката Пена, така што на нејзиното корито да се изградат платформи за да можат угостителите во летниот период да поставуваат маси и столици. Оваа идеја беше претставена на јавна трибина пред граѓаните на Тетово, каде тие можеа преку презентација да ја видат замислата на Општината, но и да го кажат своето мислење за неа.

„Сакаме да ги консултираме граѓаните за идејата во делот од реката Пена да има тераси за ресторани и кафулиња, со цел да им дадеме можност за развој на угостителските објекти покрај реката, а се надеваме дека вака ќе придонесеме и за надополнување на убавината на реката. Предвидуваме овие тераси да ги прават самите инвеститори според унифицирани нацрти. Идејата е наместо да се поставуваат маси и столови на тротоарите каде минуваат граѓаните, сега тие ќе бидат ставени над реката Пена“, ја образложи идејата градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.

Тетовци се со поделени мислења за оваа иницијатива на Општината, за некои е добра, но некои предупредуваат дека реката Пена е непредвидлива и знае да надојде, па тогаш постои опасност и да ги однесе овие тераси кои треба да се изградат над незиното корито.

„Знае реката Пена да надојде и да се излее. Мене лично не би ми пречело нешто вакво, но сепак не би ја прифатил таа идеја од причините кои ги наведов“, „Јас сум против тоа. Таа река и така е еколошки загадена, а со ова мислам дека уште повеќе ќе придонесе за нејзиното загадување“, „Сѐ што се работи е добро, но ако е тоа само за кафулиња не знам колку е добро“, „Сум видел нешто слично на Запад, а ако успеат тоа да го направат, би било добро“, „За рестораните ова би било добра идеја, но мора да се пази, бидејќи реката знае да надојде и може да настане блокирање на коритото и излевање на реката“, „Прво и основно треба да ја исчистат реката Пена од сето ѓубре што се фрла во неа, а потоа да внимаваат и да го казнуваат секој што ја загадува реката, па дури после да градат вакви тераси“, се само дел од размислувањата на граѓаните за идејата за поставување тераси над Пена.

Од Општината велат дека овој предлог проект ќе биде исплатлив, Општината нема да дава пари за изградбата на терасите бидејќи тоа ќе го прават инвеститорите. Тие, во првиот период додека не ја повратат инвестицијата ќе плаќаат намалена такса за просторот што ќе го користат, а потоа таа ќе изнесува како и за сите други објекти во градот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kasami-predlaga-da-se-izgradat-terasi-nad-koritoto-na-pena-tetovtsi-velat-prvo-neka-se-ischisti-gubreto-od-rekata/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kasami-predlaga-da-se-izgradat-terasi-nad-koritoto-na-pena-tetovtsi-velat-prvo-neka-se-ischisti-gubreto-od-rekata/

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window