Здраво. Сакам да извршам промена (се разбира и по барање на станарите ) на стариот кров на зграда која е од 60 години и е обложена со азбестни плочи. Квадратурата на зградата е 1000 метри квадратни како и на кровот. Се разбира заинтересиран сум за материјал за кров кој ќе биде квалитетен и се разбира не многу скап. Како материјал за кровот ми текна на керамиди и на пластифициран лим, ако знаете некој други поевтини и квалитетни решенија слободно пишете? Бев во стовариште и направив некоја група пресметка за чинењето на овие два материјали кои се користат за кров. Математиката е следна. За керамиди пресметка по метар квадратен: во 1 метар квадратен има вкупно 16 ќерамиди, а една чини 32 денари или 512 денари за квадрат керамиди. После ќе треба за работна рака за редење која незнам колку кошта, и дрвени носачи (греди) кое беа околу 400 денари 4 метри долги. Од стовариште ми рекоа дека заради ќерамидите овие греди ќе се поставуваат на секој 30 сантиметри или бидејки посточкиот дрвен скелет е со греди на секој еден метар, ке треба да се додадат плус 3 до 4 греди попречно или со други зборови греда од 3 метри ќе се искористи како три греди од еден метар поставени на меѓусебно растојание од 30 цм за еден метар квадратен или грубо скоро 1000 денари за керамиди и греда па и работна рака еве да пресметам. За пластифициран лим пресметка по метар квадратен е следна. Лим од еден метар квадратен е 580 денари со вкључена монтажа ми беше кажано од фирмата која го изработува овој вид на кров, со тоа што ако дрвената конструкција по вадењето на салонитот не е скапана може истата да се употреби за конструкција на лимот затоа што и тој се заштрафувал на секој еден метар. Се разбира на места каде што дрвената конструкција е оштетена истата ќе биде поправена. И ми рекоа на оваа квадратура од 1000 м2 да пуштам уште 30 % плус на лим заради незнам некој олуци, опшивања, кај оџаците и слично за кои јас мислам дека 30% се многу. Со тоа можеш да покриеш уште еден влез. Па ме интересира некој ако има искуство да ми каже на подолгорочен план што е подобро керамида или лим. Што е поскапо, а што поевтино се мисли на други технологии за кров. Други видови на кровна покривка, други материјали што се користат, не мора да се само овие два вида и слично. Недостатоци маани помеѓу лим и ќерамида. Зградата има 5 ката па ме интересира дали има некоја максимална висина на која се поставуваат ќерамиди (за да не летнат и слично). Фала многу.
|