Print Page | Close Window

Општинска зграда Карпош

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Административни
Forum Discription: Државни органи и јавни институции...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=942
Printed Date: 01-Nov-2024 at 00:29


Topic: Општинска зграда Карпош
Posted By: lslcrew
Subject: Општинска зграда Карпош
Date Posted: 29-Dec-2009 at 12:48

Карпош ќе гради општинска зграда

Според градоначалникот Стевче Јакимовски, Општина Карпош има потреба од нова општинска зграда, затоа што со процесот на денационализација ќе остане без дел од земјиштето каде што сега се општинските бараки

Општината Карпош распиша конкурс за идејно-архитектонско решение за нова општинска зграда. Конкурсот трае до 29 јануари 2010 година, а може да учествуваат правни и физички лица, државјани на Македонија.

Според градоначалникот Стевче Јакимовски, Општина Карпош има потреба од нова општинска зграда затоа што со процесот на денационализација ќе останат без просторот каде што сега се бараките еден, два и шест.

Тој рече дека општината веќе го добила земјиштето од државата и дека во рок од шест месеци се должни да извадат градежна дозвола.

- Реално имаме потреба од соодветни простории за работа, бидејќи со години работиме во дотраени бараки за кои често издвојуваме пари за санација. Општина Карпош е принудена да размислува за нова зграда бидејќи поголемиот дел од бараките во кои сега е сместена администрацијата ќе и' бидат одземени со денационализација. Се надевам дека изградбата ќе почне до средината на следната година - рече Јакимовски.

Тој додава дека не е исклучена можноста зградата да се гради со моделот на јавно-приватно партнерство.

Според детаљниот план, новата општинска зграда ќе се гради на дел од земјиштето каде што сега се општинските бараки. Површината на градежната парцела е 2.124 квадратни метри, а планираната површина за градба изнесува 1.122 квадрати. Максималната височина на објектот е 13,60 метри.

Во приземјето на општинската зграда ќе бидат сместени мултифункционално фоаје за изложби и различни културни настани, приемни пултови, инфо-центар, архива, чекална и простор за прием на граѓани, како и кафетерија. На катовите ќе бидат сместени канцелариите , а на поткровјето кабинетот на градоначалникот со сала за состаноци. Во објектот ќе има и свечена сала, која ќе може да се користи за седниците на Советот, како и сала за венчавки и различни манифестации. Паркирањето треба да се реши во рамките на градежната парцела.

Планираниот објект треба да биде од трите страни поставен слободно на локацијата, а кон југ да е калкански поврзан со објект предвиден за заедничко домување со деловен простор. Пешачки пристап е предвиден од западната страна, а сообраќајниот пристап е од улицата Никола Русински.

Најдобрите трудови ќе ги избира специјална комисија. Првонаградениот труд ќе добие 180.000 денари, второнаградениот 120.000 и третонаградениот труд ќе добие 100.000 денари.

Конкурс за архитектонско-урбанистичко решение за изградба на општинска зграда пред десетина дена распиша и Општина Центар, која исто така новиот објект планира да го гради на местото на постојните бараки. За сопствена општинска зграда размислува и градоначалникот на Аеродром, чија администрација уште од формирањето на Општината пред пет години работи во изнајмени простории. Општинска зграда в година ќе гради и Ѓорче Петров, за што подготовките се веќе почнати.

Единствена општина што има современа општинска зграда е Чаир, благодарение на донацијата од Европската Унија.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9A7141DC9FA8BD4F88183A62ACC9BEDE



Replies:
Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 29-Dec-2009 at 12:53
Добро би било оваа информација да иде во „Конкурси“...и некој ако има линк од официјална објава да го постави таму...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2009 at 13:01
pa postiraj go i tamo! Ipak u globala osnovna cel na forumov ne e da bideme logistichka poddrshka na tie shto konkuriraat za konkursi nego da registrirame proekti od sam pochetok do kraj, a konkursite se samo edna nishka od cel forum.

A Ako smetash deka treba da go ima i tamo, ili ako bi bilo od pomosh za nekoi shto go sledt forumov pretezno za konkursi, ondak postiraj i vo konkursi.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 29-Dec-2009 at 17:29

затоа што со процесот на денационализација ќе остане без дел од земјиштето каде што сега се општинските бараки 

значи ќе биде нешто од ова, моиве веќе неколку години се замараат со ова, ама ја кочат не им се дава, имаше и некои грешки како одземено било незнам што....не е важно 

за зградата незнам сум слушнал дека кога ќе се денационализира на местото на дел од општината и куќата што се наоѓа до неа ќе се гради уште една зграда во склоп на лептокарија



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jan-2010 at 13:38
Конкурс за нова зграда

Општина Карпош распиша конкурс за изгледот на нова зграда, која ќе ги замени сегашните простории на општинската администрација. Идејните архитектонски решенија за новиот објект, кој ќе се гради на местото на бараките, треба да се достават до 17 февруари. Првата награда за најдоброто решение изнесува 180.000 денари, втората 120.000 денари, а третата 100.000 денари. Предвиден е и фонд од 100.000 денари со кој ќе се плати отштета на авторите што нема да бидат избрани. Конкурс за општинска зграда неодамна објави и Центар, а нови простории за своите служби најавија и Гази Баба и Ѓорче Петров, како и Град Скопје кој годинава треба да избере проект.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1916&ArticleID=131254


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2010 at 18:25

Општински седници со панорамски поглед






 

Советот на Карпош ќе добие конференциска сала на потпокривот на новата општинска зграда, од каде што ќе може да ги гледа сите четири населби Карпош, делови од Тафталиџе, па дури и Бардовци

 

 
%20  
Кабинет на градоначалникот, канцеларии за претседателот на советот и за секретарот на општинската администрација, како и конференциска сала што ќе може да собере до 60 луѓе ќе има на потпокривот на новата зграда на општината Карпош, која треба да се гради на местото на дел сегашни бараки. Салата треба да служи за венчавки, за разни манифестации, но и за седници на советот, па советниците, носејќи одлуки, ќе може да ѕирнат во сите четири населби Карпош, во делови од Тафталиџе, па дури и во Бардовци.

Иако првичниот рок за доставување идејни решенија беше 30 јануари, општинскиот сектор за урбанизам одлучи да го помести на 17 февруари, надевајќи се дека така ќе добие поквалитетни решенија.

- Овој проект има комплексна програма, па затоа одлучивме на заинтересираните апликанти да им дадеме подолго време да го изработат - рекоа од кабинетот на градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Новата општинска зграда ќе се гради на површина од 2.124 квадратни метри, објектот ќе зафаќа 1.122 квадратни метри, а максималната предвидена висина е 13,6 метри. До неа ќе се пристапува со подземна уличка откај улицата Никола Русински и со пешачки патеки од западната страна. Ќе се паркира во подземните простории. На приземјето се предвидени седум простории, меѓу кои мултифункционално фоаје, чекалница за граѓаните и кафетерија за 30 луѓе. Двата ката ќе имаат по 24 канцеларии за администрацијата, а по нив ќе дојде потпокривот, каде што ќе се сместат највисоките општински органи.

Објектот од јужната страна, односно откај планината Водно, ќе биде поврзан со станбено-деловен комплекс.
 
   
Автор: Б.С.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12110103947&id=14&prilog=0&setIzdanie=21889


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2010 at 19:01
Мислам дека со изградбата на вакви општински згради не се зема во предвид еден основен факт, а тоа е дека административната организација на градот и на општините се менлива категорија. Па општините се однесуваат како небаре да се полиси. Мора да се има во предвид овој факт и тоа дека овие објекти за некоја година може би и нема да бидат општински управи туку ќе останат како наследство на други институции или па фирми. Како и да е еден објект кога ќе биде веќе изграден секако дека ќе си има своја намена, но не мора да се инситира на некакви репрезентативни и големи објекти што би генерирале големи трошоци. Не зборам ништо чудно, чисто констатирам последици на низа историски настани. Земете некој постар објект во Скопје и е видите дека исотриски менувал неколку пати функција и сопственишто. У секој случај добро е што ќе се изградат ќе служат на овие граѓани и на оваа држава.


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Jan-2010 at 14:14


потпис. потребни се функционални, пристојни административни згради и ништо повеќе.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Jan-2010 at 14:40
Бар денеска напокон кај нас полека навлегуваат објекти со океан ситем, така да и ако дојде во пренамена бргу тоа се реорганизира.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Feb-2010 at 12:33

Во Карпош го избираат изгледот на новата општинска зграда

На повикот за избор на идејно решение пристигнале 22 труда

Општинарите од Карпош најдоцна за еден месец ќе одлучат како сакаат да изгледа нивната нова општинска зграда. Надлежна комисија една седмица ги разгледува идејните решенија доставени на конкурсот за избор на идејно-архитектонско решение по кое би се градел новиот објект. На повикот пристигнале 22 труда. Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели оти е презадоволен од понудените решенија, генерално, сите нудат и функционални и естетски издржани предлози.

„Ќе имаме тешка работа, бидејќи речиси сите трудови се убави, секој на свој начин. Генерално, сите решенија нудат модерни објекти, а лично би сакал тие да бидат изведени претежно во стакло. Најдоцна за еден месец ќе одлучиме кое решение ќе го избереме како модел за новата зграда “, вели Јакимовски.

Иако изградбата на нов административен објект чини прескапо, сепак, градоначалникот е убеден дека ќе најде модул за покривање на финансиските трошоци. Дел од средствата ќе бидат издвоени од општинскиот буџет, а остатокот, најверојатно, со кредитирање.

„Тоа ќе биде оправдана инвестиција, бидејќи бараките во кои сега работиме едвај имаат основни услови за работа. Згора на се', неколку бараки ќе треба во скоро време да ги урнеме, бидејќи земјиштето на кое се наоѓаат е денационализирано“, објаснува Јакимовски кој очекува почетокот на изградбата на новата општинска зграда да почне најдоцна до крајот на годинава.

Во согласност со урбанистичкиот план, предвидено е зградата да се наоѓа речиси на местото на постојните бараки. Објектот ќе се користи исклучително за административни потреби.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0BD2323A813AC2489342E1F18454E2A8


Posted By: build.mk
Date Posted: 25-May-2010 at 00:17
Избран проектот за новиот административен објект на Општина Карпош

Општина Карпош ќе ја гради новата административна зграда според проектот изработен од архитектонските студија „СКАрС“ и „Архитектри“. Тие се победници на конкурсот распишан од општината на почетокот на оваа година. Новиот објект ќе ги замени дотраените бараки во кои е моментално сместена општинската администрација. Тој ќе се простира на околу 7.500 метри квадратни и ќе има две подземни нивоа, приземје, три ката и подпокрив. Освен просториите за општинските служби објектот ќе вклучува и матична служба која треба да понуди впечатливо церемонијално искуство со оглед на тоа дека ова прашање не е решено ниту на градско ниво.Во внатрешноста на објектот доминантен дел зазема централниот хол околу кој програмски се надоврзуваат општинските служби. Пред главниот влез на објектот пак е предвиден простор кој ќе служи како собиралиште од јавен карактер а приземјето во овој дел е вовлечено. Со изложеноста на кровната фасада кон сончевата јужна страна предвидено е зградата да биде само-одржлива и да се стимулира користењето на алтернативни еколошки извори на енергија.


http://www.build.com.mk/?p=3550 -
http://www.build.com.mk/?p=3550

1.

2.



Posted By: Djole88
Date Posted: 25-May-2010 at 14:10
искрено мене зградата ми се допаѓа како за административен објект, но сепак мислам дека висината на овој објект може да не е соодветна со визината на околните објекти (Лептокарија, Алуминка).

Инаку на локацијава веќе подолго е заградено.Дали е припрема на терен или е започната бензиската? Знае ли некој?


Posted By: alexgizh
Date Posted: 25-May-2010 at 14:12
Бензинската е скоро готова ) Башка, оваа зграда треба да се гради на местото на бараките, а не кајшто е сега заградено.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-May-2010 at 14:15
А каде точно треба да е зградава, може координати?!


Posted By: alexgizh
Date Posted: 25-May-2010 at 15:37
42.003484,21.396512


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-May-2010 at 16:55
Општина Карпош привремено се сели во Нерези
 
 
Администрацијата на Општина Карпош на почетокот на јули ќе се пресели во поранешниот објект на гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во населбата Нерези, каде ќе функционира во следните две години, поради изградбата на нова општинска зграда на местото на сегашните општински бараки.

Во моментов се во тек активности за адаптација и реконструкција на овие простории, со цел администрацијата непречено да ги обавува своите активности. Реконструкцијата на приземниот кат ќе го врши фирмата Аполо Инженеринг, за што ќе бидат потрошени над три милиони денари, додека на првиот кат работите ќе ги врши фирмата Метал електрик, за цена од 3,7 милиони денари.

Како што информираат од општината, во тек се и активности за изградба на колско – пешачка патека на дел од улицата „Илинденска“, поплочување на дел од улицата „Скупи“ во Злокуќани, како и изградба на улична и приклучна канализација на Новопроектирана улица во населба Тафталиџе.
 
http://makfax.com.mk/108419 - http://makfax.com.mk/108419


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 07-Jun-2010 at 23:40
НЕКОЛКУ АРХИТЕКТИ ГО РАБОТЕА ИДЕЈНОТО РЕШЕНИЕ НА ЗГРАДАТА

Во Карпош ќе има и сала за венчавки

Роза Петкова


Трем пред главниот влез, двор во внатрешноста и бујна вегетација која ѕирка од стаклената фасада на зградата, ќе бидат дел од обележјата на новиот административен објект на општина Карпош, кој ќе се проектира според идејното решение на неколку архитекти. Победници на конкурсот кој го распиша Општината се Јован Ивановски, Горан Мицковски, Владимир Десков, Ана Бораниева, Ристо Аврамовски и Дејан Ивановски, со авторска шифра ЕДЕН1, а како што велат од Карпош, зградата ќе се работи според ова решение. Објектот ќе има приземје, три ката и поткровје и ќе го зафати просторот на бараките три и четири, каде што и досега беше сместена администрацијата. Според авторите, новата општинска зграда ќе се вклопи во постојното соседство, а ќе биде пристапна за граѓаните во секое време. Просторот пред главниот влез ќе се трансформира во собиралиште од јавен карактер, кое со околниот пејзаж ќе симболизира трем. - Преку ваквото етапно преминување од јавниот простор на улицата кон јавниот простор во рамките на самиот објект, на одреден начин се омекнува институционалното пристапување кон општинската зграда. Дополнително, тоа се прикажува и преку приземјето кое е изработено со идентичен материјал, како и влезниот хол. На обликовно ниво, новата зграда ги интерпретира природните, културните, урбаните и политичките особености на Општина Карпош. Архитектонскиот пристап се ослонува на неколку наративи, кои воедно се и главни карактеристики на општината - демократија, урбаност и пејзаж - велат авторите. Во рамките на самиот објект централен дел е холот, претставен како отворен повеќевисински простор околу кој се надоврзуваат општинските служби. Премините меѓу нивоата ќе бидат природно осветлени од внатрешниот двор, кој по својата геометрија, авторите го споредуваат со мозаикот од локалитетот Скупи. Симболиката е во тоа што Скупи е првата урбана тврдина на територијата на градот Скопје, а денес се наоѓа во рамките на Општината. Предвидено е во зградата, покрај општинската администрација, да биде сместена и матична служба за венчавки. - Со особено внимание во проектот е третиран просторот во кој ќе се остварува протоколот на венчавки на идните младенци. Во недостаток на соодветен простор на градско ниво, посетата на матичната служба во Општина Карпош ќе претставува впечатливо церемонијално искуство - сметаат авторите. Проектот предвидува внесување на вегетација во рамките на самиот објект, како и употреба на дрвото како завршна обработка. Зградата ќе нуди и енергетска заштеда, затоа што кровната фасада ќе може да се искористи за монтирање на фотоволтаични соларни системи како алтернативни еколошки извори на енергија. Покрај ова, решението предвидува и пешачки коридор со кој ќе се поврзуваат внатрешната зона на трговскиот центар „Лептокарија“, со објектите во кои се сместени подрачните единици на „Македонска пошта“, „Македонски телекомуникации“, како и супермаркетот „Тинекс“. Главниот влез ќе биде на западната страна од локацијата, додека пристапот за пешаци преку патеката која ги поврзува Партизанска и Никола Русински. Возилата како и досега, ќе влегуваат од задната страна и за нив е планиран подземен паркинг со капацитет од 70 автомобили.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2038&ArticleID=142190 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2038&ArticleID=142190


Posted By: axel
Date Posted: 02-Jul-2010 at 05:40
Атриум како мозаик од Скупи karpos.jpgНовиот административен објект на Општина Карпош ќе се изведува според идејното решение на победниците на конкурсот што го распиша Општината. Според авторите од архитектонското студио СКАрС+Архитектри: Јован Ивановски, Горан Мицковски, Владимир Десков, Ана Бораниева, Ристо Аврамовски и Дејан Ивановски, новата општинска зграда треба да се вклопи во постојното соседство и да биде пристапна за граѓаните во секое време.

Премините меѓу нивоата ќе бидат природно осветлени од внатрешниот двор, кој по својата геометрија, авторите го споредуваат со мозаикот од локалитетот Скупи. Симболиката е во тоа што Скупи е првата урбана тврдина на територијата на градот Скопје, а денес се наоѓа во рамките на Општината.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2412&Itemid=74


Posted By: Makedonij
Date Posted: 08-Jul-2010 at 10:23


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lupo
Date Posted: 08-Jul-2010 at 14:47

Sepak poveke mi se dopagja na Opstina Centar. - motiv -

 Ova nekako mi lici na Voena Bolnica so tie ispaknatite stranici. Crazy



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Jul-2010 at 16:40
Се рушат бараките на општина Карпош



До тука е се во ред, и сега една НЕДОСЛЕДНОСТ.


10-07-2010

Пред некој месец при поставување на јарболот во тревниците беа „уништени“ неколку сезонски љубичици, кое беше пропратено со протести и негодување на огромна маса луѓе.

Е сега погледајте што направи општината - уништи многугодишни зимзелени дрвја и тоа буквално преќу ноќ, највероватно да сервисно градежен влез, и .....

Дали мораше сето ова зеленило да отиде и дали влезот не можеше да биде од задната страна !!!???


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: axel
Date Posted: 24-Aug-2010 at 10:05
ОПШТИНА КАРПОШ
Преселба во септември? Вработените од Општина Карпош пред самиот почеток на септември се уште не почнале да се селат од општинските бараки. Иако, двапати досега беше најавена, преселбата никако да се случи, а со тоа се уште нема ништо ни од почетокот на изградбата на новата општинска зграда. Службениците требаше привремено да се преместат во зградата на поранешното училиште „Братство“, односно „Зеф Љуш Марку“, во населбата Нерези. - Преселбата ќе биде во многу скоро време, најверојатно околу септември. Ќе се селиме сектор по сектор, - вели Виолета Цветковска, портпарол во општината. Досега, поради изградбата на бензинска пумпа, веднаш до Општината, иселена е првата барака во која беа сместени служби на Министерството за одбрана, а треба да се иселат уште неколку бараки меѓу кои се и двете на администрацијата на Карпош. За приспособување на училиштето во привремена зграда на општинските власти тие потрошија 13 милиони денари.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=2104&ArticleID=147192


Posted By: toasumjas
Date Posted: 03-Nov-2010 at 21:46
vo ovoj moment na skynet ima proslava na 34 godini opstina karpos vo novite prostorii na opstinata. Zar ja izgradija zgradata??


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2010 at 22:58


Сигурно под „новите“ простории мислат на овие:
Службениците требаше привремено да се преместат во зградата на поранешното училиште „Братство“, односно „Зеф Љуш Марку“, во населбата Нерези
Требаше да ги реновираат и адаптираат, па удриле троа спин изгледа
За утеха, преселбата ваљда значи дека ќе се дорасчистат бараките и кај да е ќе стартува изградбата.


Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Aug-2011 at 23:36
Карпош чека дозвола за новата општинска зграда


Во моментов, велат надлежните, се докомплетира документацијата за уплаќање на сумата на рати, а во тек е и постапката за обезбедување на одобрението за градба

Општинарите од Карпош најавуваат скоро почнување на изградбата на новата општинска зграда, која е предвидено да се гради на местото на старите бараки, на булеварот Партизански одреди. Оттаму појаснија дека во тек е постапка за уплаќање комунални давачки во градскиот буџет, по што со одобрение за градба ќе ги почнат градежните работи. Не кажаа за колкава сума се работи, а не го прецизираа ни терминот за удирање камен-темелник.

- Во моментов се комплетира документацијата за уплаќање на сумата на рати, по што ќе следи и отплатата. Во тек е и постапката за обезбедување на одобрението за градба кое го издава Министерството за транспорт и врски. По добивање на одобрението ќе следи и распишување тендер за избор на најдобар изведувач на општинската зграда, според проектот кој беше првонаграден на конкурсот - објаснија од кабинетот на градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Во моментов општинската администрација е сместена во два објекта, во училиштето „Братство“ на последна „24“ во Нерези, кое беше адаптирано за потребите на службите, и во неколку бараки на старото место, кои не беа урнати. По почнувањето на градбата за новата зграда, по уривањето на бараките, предвидено е дел од службите да бидат привремено сместени во канцелариите на натпатникот „Влајко“, за што општинарите, како што велат, навремено ќе ги информираат граѓаните.

Површината на градежната парцела за новиот објект е 2.124 квадратни метри, а максималната височина на објектот е 13,60 метри. Во приземјето на општинската зграда ќе бидат сместени мултифункционално фоаје за изложби и културни настани, приемни пултови, инфо-центар, архива, чекалница, кафетерија. На катовите ќе бидат сместени канцелариите, а на потпокривот кабинетот на градоначалникот со сала за состаноци. Во објектот ќе има и свечена сала, која ќе може да се користи за седниците на Советот, како и сала за венчавки и разни манифестации.

Општинските служби мора да се иселат, а бараките да се урнат, поради денационализација на дел од парцелата. (Ј.И.)


http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=E5C9E485AFAA774784C630D3DD3416E7 - izvor


Posted By: axel
Date Posted: 02-Sep-2011 at 06:13

Општина Карпош ќе гради нова административна зграда

Новиот објект ќе се гради по идејно решение на две групи млади автори - „СКАрС“ и „Архитектри“

Деспина Трајковска


Општина Карпош, дефинитивно, ќе гради нова административна зграда. Идејата на градоначалникот Стевчо Јакимовски ја поддржа и општинскиот Совет. Планирано е новиот објект за административците да се гради на местото на некогашните бараки на Општината на булевар „Партизански одреди“.

Трикатна зграда со модерна застаклена фасада во која ќе има простор и за локали со други намени. Вака е планирано да изгледа објектот за кој Општината веќе има избрано и идејно решение. Освен канцеларии за администрацијата, во новиот објект ќе се наоѓа и свечена сала за венчавки. Идејата за ваквиот изглед на новата куќа на Општина Карпош е на две групи млади автори, „СКАрС“ и „Архитектри“, кои победија на јавен конкурс што го имаше распишано Општината.

„Во рамките на самиот објект, водечка тема е централниот хол. Тој претставува отворен повеќевисински простор околу кој програмски се надоврзуваат општинските служби. Внатрешните врски по нивоата се групирани околу природно осветлен внатрешен двор. Внатрешниот двор, пак, во својата геометрија е ехо на мозаикот од локалитетот Скупи, кој се наоѓа во рамки на општината Карпош. Со проектот се предвидува внесување вегетација во рамките на самиот објект, како и употреба на дрвото како завршна обработка“, објаснија авторите.

Зградата ќе има приземје, три ката и потпокрив, а предвидено е подземно паркирање со капацитет за 70 возила. Архитектите замислиле пред зградата да се изгради и миниплоштад, или простор за јавни собири.

Општинарите очекуваат новиот административен објект да почнат да го градат до крајот на годинава. Дотогаш треба да ја завршат постапката околу сопственоста на земјиштето и да ја затворат финансиската конструкција потребна за изградбата. Пари сигурно ќе издвојат од општинскиот буџет, а се' уште размислуваат дали да ја искористат опцијата за приватно-јавно партнерство.

До изградба на новиот објект администрацијата на Карпош ќе продолжи да работи во оспособените простории на некогашното училиште „Зеф Љуш Марку“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D0A4C85E279FF945A2B41CB4C5EBEA03


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 02-Sep-2011 at 18:16
Може некој да најде точно каква е маркицата за новиот објект?
Дали зградата ќе биде спрема партизанска и плоштадот спрема никола русински, или обратно?


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 02-Sep-2011 at 18:28
http://199.236.67.122/karpos/13-Lokalitet-Karpos3-UB1.pdf - http://199.236.67.122/karpos/13-Lokalitet-Karpos3-UB1.pdf

Ова е ДУП-от од 2006 според кој е работен проектот, мислам дека ќе се снајдеш со објектите - централно е новата градежна површина за општинската зграда, а влезот е веројатно од ул. Н. Русински како и би било правилно...влезот во бензинската инаку е криминален...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: alexgizh
Date Posted: 02-Sep-2011 at 18:37
Негде имав прочитано дека ќе се измени ДУП-от, значи нема да биде баш како во овој од 2006. А се сеќавам дека тогаш мислев дека тој новиот е полош, бидејќи нема да ја запази линијата спрема Партизанска, туку ќе излегува понапред, за да се направи простор за незнам-што...

Се надевам дека во скоро време ќе биде испочитуван токму овој ДУП од 2006. А кога сме кај Општинската зграда, да напоменам и дека со големо нетрпение очекувам да се срушат сите куќарки и да се изградат објектите со ознаки 1.24, 1.3, 1.20 и 1.19 (се надевам двете споени во еден повисок објект), 1.8 и 1.15 (двете се општината), 1.7 и 1.9. Што се однесува до 1.22, сметам дека оваа приватна куќа е вон времето и просторот, и би сакал да видам паркинг на нејзино место.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 02-Sep-2011 at 18:40
Заборавив да додадам, @Dave Gahan, не е само влезот на бензинската криминален, целата бензинска е криминал тежок.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 02-Sep-2011 at 19:00

Незнам дали и колку е паметно да зборувам за ова. Но имам некои информации за куќата кој се наоѓа лево од општината и дел од општинските бараки.

Не сум многу упатен, и искрено не сум ни бил многу заинтересиран за тој имот.

Работата е ваква. Тој имот припаѓа на моето пошироко семејство. Или барем припаѓало. Работата е многу заплеткана и комплицирана. Порано на прадедо ми му било нудено да му го одземат тој имот, а притоа да му дадат некој друг имот на некое друго место. Но тој не прифатил и местото остнало негово. Но сепак неможам со сигурност да тврдам, па нека остане на шпекулација.

Незнам како се случило дали со национализација или експропријација тој имот сепак му бил одземен. Но сепак луѓето останале да живеат таму... и немале никакви проблеми.

Потоа кога беше донесен законот за денационализација, овој имот беше... како да го речам... законот важеше за него.... Но дали се закасни или се направи некоја збрка... дојде до ситуација да државата да го одземе како имот за кој никој не побарал да се денационализира...

Но постапката за денационализација или враќање на имотот трае веќе доста години... ако не повеќе и од 4 години.... Но се гледа дека работата е комплицирана.... дали моите роднини не се способни или немаат знаење како да ја водат постапката, или пак државата нема желба да го врати... незнам... во секој случај... имотот е со нерасчистена сопственост...

Сакам да кажам дека можат да поминат и неколку години, за да се изгради нешто таму.... освен ако работите не се помрднат малку побрзо и не се заврши и расчисти работата со било каков исход...

Се работи за имот кој ја опфаќа куќата, дворот, и делот на општината, се до поштата во Карпош 3. 

Незнам што би можел повеќе да кажам...



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 02-Sep-2011 at 19:34
Уффф....то че те морати са доктором Караклаичем

Ова повеќе влегува во некакви правни работи Фосил, мое сочуство...кога ќе влезат држава или општина во комбинација, сето тоа може да потрае многу, многу подолго...

Што се однесува до целиов архитектонско-урбанистички склоп, тој е типично македонски - бензинска со непрописни радиуси(на 300-400м има друга btw) свртена накај плочник/плоштад (што и да е), кој е замислен веројатно како некое плато за собири пред општинската зграда - незамислив ансамбл од објекти....порано општинските згради и градските куќи биле градени за престиж, а денеска применуваме вакви силувани решенија од разни Окти и сл. дивјачки инвеститори...
Штета е за објектот кој е избран на конкурсот, затоа што е пристоен и делува културно во однос на новоизбраните тортести решенија за повеќето јавни институции во последниов период, ама тоа е...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Sep-2011 at 00:59
SCARS Studio е дел од проектот.
01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.


13.


14.


15.


16.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 03-Sep-2011 at 01:17
Нека ми извинат од општина Карпош АМА ЈАС КАКО СЕУШТЕ ЗАПИШАН ЖИТЕЛ НА ОПШТИНА КАРПОШ, УШТЕ ПОВЕЌЕ ВО ЕДНА ЗГРАДА ПОГОРЕ ОД ОПШТИНСКИТЕ ПОСТОЈНИ ОБЈЕКТИ ПРОТЕСТИРАМ ПРОТИВ ИЗГРАДБАТА НА ДАДЕНИОТ ОБЈЕКТ ПО ДАДЕНИОТ ПРОЕКТ. Мое мислење е е дека ако навистина сакаат вака да го скријат објектот помеѓу други објекти сеисто се фаќа каква фасада има, и порадо не е потербно да се даваат дополнителни средства за фасада кој очигледно ќе чини повеќе од некој обична фасада која ќе биде доволна за објект скриен од страна на три непостоечки но вцртани објекти и три веќе постоечки.
Обично се трудам да не мешам политика, ама господине јакимовски и господа од општината со ваков дуп и изградба на општинската зграда во дупка од 6-7 други објекти ја симнувате нашата општина на ниво на општина центар која без осет вметнува репрезентативни објеекти каде што не им е местото.


Posted By: makonix
Date Posted: 03-Sep-2011 at 01:48
трагедија од објект, ова се најновите дострели во архитектурата во Скопје? абе дај не ме смејте, по форма и по облик како од 1950 коми болк, фасада нема, ако ништо друго барем има стакло па ке има троа дневна светлина. странец да ја бара општинава нема да ја најде, неизгледа како репреззантивен објект.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 03-Sep-2011 at 02:01
И уште нешто, не ми е јасно каок можеа толку да бидат прости и да го го унаказат просторот околу општината со бензинската. Ако сакаа бензинаска можеа да ја стават на ќошот карши новиот трговски и црвената кула, така и ќе имаа повеќе клиентела со отворањето на трговскиот во иднина, а пак од одруга страна просторот околу општината со исклучок на малку поиндустрискиот изглед на задниот двор на објектот на телеком, ќе овозможеше просторот на кој сега се бараките да се изгради репрезентативен објект со убаво плато спрема паритзанска во еден убаво оплеменето опкружување. А со проектов очигледно е и дека можноста за некакво плато пред новата општинска зграда према никола русински е изгубена со врцртување на два објекти. Едноставно катастрофа, кој го познава просторот доволно добро како мене разбира за што зборувам.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 03-Sep-2011 at 14:24
Originally posted by mirakuliks


И уште нешто, не ми е јасно каок можеа толку да бидат прости и да го го унаказат просторот околу општината со бензинската. Ако сакаа бензинаска можеа да ја стават на ќошот карши новиот трговски и црвената кула....
Јас откога ги видов основиве сфатив дека е направен масакр од планот погоре, не дека и тој е нешто...и стварно е трагично...за бензинската мене ако ме прашаш, не ни е место ни таму каде што мислиш - воопшто не е потребна во потегот, затоа што во радиус од километар има 2-3 бензински (мислам дека во темата за бензински сме збореле конкретно за оваа)...
Единствено за поздрав е што не е избрана карикатура како новото МНР на пример и избран е труд на млади архитекти потпишани со име и презиме, а не некои незнајни јунаци...
Последниве 10-15 години Карпош праи катастрофални потези со донесување на ДУП-овите: овозможувањето на доградувања на постоечките станбени блокови (каде треба и не треба), потегот на меѓу Прашка и Гологанов, па ова со општинскава зграда - само се редат бламажите...


Originally posted by makonix

трагедија од објект, ова се најновите дострели во архитектурата во Скопје? абе дај не ме смејте, по форма и по облик како од 1950 коми болк, фасада нема, ако ништо друго барем има стакло па ке има троа дневна светлина. странец да ја бара општинава нема да ја најде, неизгледа како репреззантивен објект.

Фала на исцрпната анализа...малку си промашил само... http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=846 - овие торти од 1750-та се врвниот дострел на денешната македонска архитектура...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 03-Sep-2011 at 14:51

  Хахахаххахахахахаххахахаххахахахахахаххахахахаххахахаххаахахаххахахахахахаххахахахахаххааххахахахахаххахаха....

Ќе се убијам... 

Значи сега нормално е да се градат објекти како од Скопје 2014, а не е нормално да се градат објекти на иднината...

Незнам, навистина што ви е проблемот.... Објектот е топ... Можеби местоположбата не му е толку добра... но објектот (проектот) е одличен...

Навистина не ве сфаќам... нејќам да навредувам, и навистина ми е жал, но оваа појава... Скопје 2014, навистина влијае на мозочните способности на луѓето... така суптилно, но ефективно ги пере мозоцвите на луѓето... Како што рековме... не е толку до естетиката или лошите урбанистички решенија, колку што е до социолошкиот ефект, влијанието врз мислењата на луѓето... влијанието врз односите во општеството и погледот на ова денешно време, и Светот.... 

Зар до толку може да отупи... овој факинг крејзи проект Скопје 2014... ма каков преоект... пропаганда... манипулација... машина за перење мозоци... 

Но... колку и да збориме и за проектов на општината и за Скопје 2014.... сфатете едно нешто... не се работи толку за естетиката, колку што се работи за функционалноста на градбите кои се градат... Класиката со која се гради СК2014 има можеби на некоја ‘‘естетика‘‘, односно накитеност...а.к.а КИЧ.... но нема на функционалност... А проектов за општинава можеби и нема на ‘‘естетика‘‘... односно накитеност а.к.а КИЧ.... но има на функционалност... 

Незнам кој рече дека не се работи за вкус... Точно, не се работи за вкус, ние можеме да имаме различни вкусови... јас да сакам современа архитектура, вие да сакате класика... или пак класика од типот на Скопје 2014, која и не е права класика... 

Некој можеби му се допаѓа минималистички пристап во архитектура, некој едноставно сака повеќе.... на некој ќе му се допадне КИЧ, на некој не....

Но кога станува збор за функционалноста.... тоа е веќе нешто друго... или има функционалност и максимална или еве нека е оптимална искористеност, или нема.... или е софистицирана и во тек со современите технолошки решенија или не е... или е економична.... или не е... или пак... или е еколошка и во склад, да си одоговара и припаѓа на средина... или пак не е...

Во контекст на ова и на самата општинска зграда... еве еден текст кој ми го посочи Драган

Originally posted by fakulteti.mk

http://fakulteti.mk/news/11-07-29/arhitektura_2020.aspx - Архитектура 2020



Колоквиумската недела на факултет беше како предизборен молк. Сите растрчани, главата во земја, анкетни листови фрчат пред секој колоквиум, за 12.43 секунди треба да ги пополниш, да кажеш свое мислење и као демек тоа ќе смени нешто.



Е јас наместо да правам ревизија на системот, кој секој семестар е се повеќе и повеќе срање, се пробува да се направи нешто, а нас никој не не праша што и како, па како празничен подарок и затоа што, наискрено, неможев да се замарам за блогот ( а и да сакав – кога?), па не дека тоа вас ви смени нешто во животот, ќе ви раскажам една приказна.

. . . . . . . . .

Годината е 2020та и веќе цело Скопје почнува да личи како некои пасуси да избегале од книгите по Историја на Архитектура.
Јас си имам своја успешна проектантска фирма – МАДТБ („Мижи Асан, Да Ти Баам“), цитирам – „си црткам проектчиња“, ваму – таму, се е фино, се цвета.

Кога, еден убав, сончев ден, ми ѕвони телефонот (Nokia xxxx, таква имаат „јаките“ архитекти). Еден мој другар (за атер за приказнава да го крстиме Гане) … значи, ми ѕвони Гане, он веќе успешен бизнисмен, со години живее во Америка и ме бара да се видиме. Јас радосен, еден век се немаме видено, му викам да дојде во „Бастион“ (само таму одат да пијат кафе, на убави, сончеви денови, „јаките“ архитекти) во 16.30.

Иде Гане, Мерцедес ЕС класа (опа батоо), се паркира, се изгушкавме, се избацивме, муабети, жена, деца, живот, општо. Сврзавме, шо сврзавме муабети, ми се испофали он дека направил многу пари, имал два-триесет трговски центри низ Америка, супер му одел бизнисот и вика дека сакал да направи некој трговски тука во Скопје и сакал јас да му средам се. Лелее јас радосен, ќе се испосерам од среќа и + за мој човек. Му викам:
– „Нема проблем, се гледаме утре. Сега одам во канцеларија да направам неколку скици на германски хамер, со темпери и гваш и + некоја основичка во АутоКАД 2004 и едно Три Де моделче во АрхиКАД 9 ќе ти направам да видиш, како за тебе“.

Чао, пријатно, тука се издешава. Јас, одење директива во канцеларија и правење еден цел идеен проект за една вечер – оти веќе факултетот ме исчеличи, па се може да се направи за кога ќе му прдне на кој и да било, а ни спиење ти треба, ни здравје. Завршувам се цакум – пакум, до 7 ипол сабајле. Палам пешкито и на брзинка во „Принт центар“ да испечатам (пошо „Чорапара“ и во 2020 отвара во 9).
Во „Принт центар“ жива душа нема. И му викам на тоа финото, културно типче: – „Испечати го 3 пати. Толку сте ефтини, што, мерак да му е на човек секој ден да печати.“
Собирам парталите од таму и му ѕвонам на Гане за да се договориме шо и како. Се договоривме, за кога, за како, за шо и требаше да се најдеме „Кај мајка ти и татко ти“ оти … знаете веќе (тоа е единствена алтернатива на „Бастион“).

Пиеме едно кафе со Гане, на раат, па да почнеме да дискутираме за бизнис. Седнуваме на едно така, пофино, изолирано масиче и јас тука почнувам да му кажувам:

- „Гане брат, трговскиов ќе го направиме во вид на римски форум. Ќе бапнеме на средина еден голем отворен простор, што ќе зафаќа 2/3 од целата парцела. Околу плоштадот ќе има 2 метри трем од столбови, кои ќе имаат осовински распон од 1 метар, ептен за пролази ќе ставиме 1.5 м и ништо повеќе.
Столбовите ќе бидат во јонски стил, со примеси на дорски, оти канелурите, што ќе ги има, нејќам, едноставно, да се допираат. Ќе ставиме наместо олуци, сими со лавовски глави (веќе популарно е тоа) и столбовите на ќошовите ќе имаат поголем пречник, чисто за да не ги јаде воздухот.
Во центарот ќе ставиме еден обелиск висок 32 метри, за да не се осеќа празнина во просторот.“

Човеков почна чудно да ме гледа и ми вика:

- „Чекај малку, ај може воа е нешто актуелно сега, ама да не не е многу рационално решениево вака? Многу бетон и железо да отиде?“

- „Каков бетон, какво железо човек, се ќе биде камен, гипс и керпиџ (земја и слама) – светска работа. Ќе го земеш ти каменоломот на ГП. Маврово и рудникот за гипс на Кнауф под концесија и таман, би требало, тоа да ги задоволи потребите. За темелите и другите поважни градежни работи ќе мораш да си најдеш некој друг човек оти мене никогаш не ме научиле за тоа.“

- „Брат, што се зезаш, ние во Америка hi-tech архитектура, самоодржливи објекти правиме, денар неам дадено за струја или вода. Немаш ли прошетано да видиш, да научиш?“

- „Мене Тихо само ми кажуваше како било во Америка и Австралија, ама никогаш не ме научи нешто за да можам да конкурирам и да излезам од државава.
ОК, не се секирај и за тоа сум специјалист … ќе ја земеме и фабриката Карпош и ѕидовите ќе ги направиме од префабрикувани армирано-бетонски монтажни панели, пошо ти нели сереш пари, не ти е гајле дали ќе има термички мостови, колку енергија ќе ти штедат тие, а и мање-битно дали ишијас или реума ќе имаат тие што ќе ги користат, така се ќе скоцкаме, немаш мака“

- „Незнам за ова, а што правиме со продавниците, квадратура, треба ли пари да правам?!“

- „Брат, продавниците ќе ги направиме 4×4 метри и ништо повеќе, со стаклени куполи (што веќе ќе одговараат на парламентот). Во внатрешноста на просториите, на ѕидовите ќе има фрески, па бирељефи, па кога ќе ставиме скулптури тука од секој можен период и правец пред модернизмот, мерак ми е што ти кажувам.
И слушај, не ти треба квадратура. Се додека просторот ги задоволува урбанистичките барања…(почна да ме фаќа нервоза само што пишувам)
Од тука ќе направиме еден мост „Веѓа“ што ќе го поврзува трговскиот, директно со некој друг безвеза објект пред земјотресот и кон надворешноста, помеѓу просториите и (повторно) тремот од столбови, ќе ставиме вестибили. На едната страна ќе има 2ha градини, со бесконечни патеки и а на другата ќе ставиме еден хиподром и ќе пуштаме КОЊИ (или студенти на архитектура да се тркаат – ќе ставиме еден плотер да бркаат) да се тркаат – (од тука највеќе пари ќе се прават – коцкарница) и сето тоа ќе биде со скалишни гледалишта и на крај заградено со киклопски ѕидови од 8, па нека бидат 10 m дебели.“

Во тој момент, изгледа тоа ја прели чашата, Гане, стана, се качи во кола, отиде, си го раскина државјанството и никогаш не се врати во Македонија. А ви текнува ли каква убава замисла имав?


 Извор: http://odmorime.blog.mk/ - ОдмориМе



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 03-Sep-2011 at 15:16
Не ми е јасно како можевте да се закарате за изгледот на фасадата на објектот кога каква и да биде фасадата нема да игра улога бидејќи и онака никој нема да може да ја види од тоа што ќе е во дупка од други објекти.


Posted By: gjoko
Date Posted: 03-Sep-2011 at 15:32
мое мислење е дека треба објектот да е во модерен стил,а сега дали ова избраново решение е добро или не е прашање на вкусови,овде во Карпош не врви стил како Скопје2014.Лично би сменил нешто на фасадата,ми изгледа некако стерилно,но кога ќе се изгради би требало да изгледа поубаво.Вака ми озгледа на погорнине слики како поликлиниката`Букурешт`само помодерно.На крај сепак архитектите на секој проект маат нешто во главата,не би требало од никого да очекуваме катастрофи,сепак да дојдат до ниво на проектант-архитект имаат бааѓи хартија истрошено


Posted By: fichot
Date Posted: 03-Sep-2011 at 20:40
Миракуликс, де искулирај малку човеку.

Како тоа нема да се гледа општината? Ја колку гледам сосем доволно ќе се гледа како од источната страна кај што се пешачките линии на Лептокарија, така и од западната страна од кај што гледам дека е планирано нешто како паркче, а ако се види дека после паркот има паркинг се до ул. МАНАПО, мислам дека општината ќе се гледа и од новиот трговски.
Бонус ќе биде (би сакал, башка логично е оти едниот објект е и споен со општината) ако и околните објекти се направат во ист стил со што ќе се добие една многу убава целина. (И криво ќе ми биде после, оти не сум Карпошлија веќе, ами Ѓорчепетровец, ама то е...)

Критиката кон изгледот на општината ти е

Бензинската е чир, то и на друго место сум го кажал.


-------------


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 04-Sep-2011 at 01:18
Originally posted by fichot

Миракуликс, де искулирај малку човеку.

Како тоа нема да се гледа општината? Ја колку гледам сосем доволно ќе се гледа како од источната страна кај што се пешачките линии на Лептокарија, така и од западната страна од кај што гледам дека е планирано нешто како паркче, а ако се види дека после паркот има паркинг се до ул. МАНАПО, мислам дека општината ќе се гледа и од новиот трговски.
Бонус ќе биде (би сакал, башка логично е оти едниот објект е и споен со општината) ако и околните објекти се направат во ист стил со што ќе се добие една многу убава целина. (И криво ќе ми биде после, оти не сум Карпошлија веќе, ами Ѓорчепетровец, ама то е...)

Критиката кон изгледот на општината ти е

Бензинската е чир, то и на друго место сум го кажал.


Да се рабереме, тоа што ми се дигна притисокот е чисто ради вцртаните објекти во дупот околу идниот објект на општината, јас не заземав до сега ни про ни контра позиција во однос на изгледот на фасадата сама по себе, јас заземав став за имашето смисла да се инверстира во каква и да било фасада на зграда која ќе биде лепенка од малтене 7 страни. Ако си од Карпош три посебно ако си од лептокарија односно црвената кула или кулите до градинката ќе разбереш за што зборам, бидејќи треба малку да имаш претстава како се тоа би излгедало во дадениот простор...простор кој го знам во сон бидејќи сум ивеел и растел во тој простор 16 години од мојов живот.


Posted By: fichot
Date Posted: 04-Sep-2011 at 21:54
Просторо го знам (учев во Карев) прилично добро, сега каква дупка е со сите тие куќичиња тук-там и со бараките - што и да направат само ќе го разубават. А за тоа што викаш дека зградата изгледа премногу добро/скапо за тој простор... па што знам, мислам дека постоечката околина каква и да е, не би требала да биде пречка да се направи нешто добро. Патем, има ли објавено колку ќе чини изградбата?

-------------


Posted By: axel
Date Posted: 10-Nov-2011 at 10:42

Општина Карпош во дилема за новата општинска зграда

Поради просторниот проблем и финансиите, градоначалникот се мисли дали воопшто да почне да гради

Општина Карпош уште не одлучила дали наскоро ќе почне да ја гради новата административна зграда, иако веќе ја обезбеди градежната дозвола. Неизвесно е дали ќе има пари за реализација на проектот, но првенствено општинарите се во дилема поради, како што велат, просторниот проблем. Неодамна утврдиле дека зградата ќе треба да се наоѓа меѓу два станбени објекта, што, според нив, е несоодветно просторно.

„Не можеме да дозволиме проект тежок три милиони евра да никне до станбен објект и да гледаме во тераси од соседните станови. Сметаме дека се судираме со реален проблем, па затоа и Советот реши урбанистичкиот план да го стави ад акта“, вели градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Тој посочува дека предметниот ДУП го добил во „наследство“, а и дел од локацијата наменета за изградба на новата општинска зграда е предмет на денационализација, што уште толку им ги усложнува намерите за реализација на проектот. Неизвесно е, вели Јакимовски, дали Општината ќе може со буџетот в година комплетно да ја заокружи и потребната финансиска конструкција. Поради овие причини и идејата за новата општинска зграда е ставена на стендбај. Дали, како и кога Општината ќе ги разреши сите проблеми и дилеми, веројатно ќе се знае на почетокот на идната година.

Инаку, неодамна општинарите ја добија потребната градежна дозвола, а имаат избрано и идејно решение за новиот административен објект. Предвидено е во приземјето на општинската зграда да се сместат мултифункционално фоаје за изложби и културни настани, приемни пултови, инфо-центар, архива, чекалница, кафетерија. Кабинетот на градоначалникот ќе се наоѓа на потпокривот, а на подолните катови ќе бидат канцелариите на администрацијата. Ќе има и свечена сала, која освен за седниците на Советот би се користела и како сала за венчавки и разни манифестации. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A598B45E7ADF974DB3D0F5D101C11B79


Posted By: alexgizh
Date Posted: 10-Nov-2011 at 18:20
Стевчо ваков-таков, ама одлукава му е на место Cheers

За неупатените:



На левиот дел од планот, со 7 е обележана општината, и се наоѓа меѓу станбените згради 2 и 11.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 10-Nov-2011 at 20:13
Очигледно не сум бил единствениот кој е против инвестирањето пари во нова општинска зграда ако е во план да се градат ти два до три станбени објекти предвидени со дупот оставајќи ја новата зграда во дупка и скриена. Најмалку треба таа станбената зграда под број 2 да се избрише и да се предвиди просторот како мало плоштадче.


Posted By: fichot
Date Posted: 21-Nov-2011 at 12:08
Мене не ми изгледа како толку голем проблем.. можеби 11ката да се оддалечи малку од општината. Може да ги пренаменат во деловни, или и станбени да се не мора да имаат балкони, барем не од страните кон општината.

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jun-2012 at 15:34
Општина Карпош распиша оглас за изградба на општинска зграда

Локалните власти од Карпош денеска објавија оглас за избор на најповолен понудувач за градежните работи на планираниот нов административен објект на општината, кој ќе биде лоциран на местото на старите општински бараки во населбата Карпош 3. Постапката за склучување на договор за избор на компанија што ќе го гради објектот ќе биде со скратени рокови, така што понудите на заинтересираните субјекти ќе треба да се достават најдоцна до 4 јули, при што на истиот датум ќе се знае и победникот. Новата општинска зграда ќе се гради по http://www.build.mk/?p=3550 - проект изработен од архитектонските студија „СКАрС“ и „Архитектри“ , кои победија на конкурсот за избор на идејно решение за објектот спроведен пред две години.

Општинската зграда ќе се простира на околу 7.500 метри квадратни и ќе има две подземни нивоа, приземје, три ката и потпокрив. Покрај службениците од општина Карпош, во објектот ќе се смести и матичната служба, додека главниот влез е предвиден за простор кој ќе се користи како собиралиште од јавен карактер. Неодамна, локалната самоуправа на јавна лицитација ја продаде зградата во Нерези, која привремено служеше како седиште на општината, откако дел од локацијата каде што се наоѓаа општинските бараки во Карпош 3 беше денационализирана. Објектот го купи приватното средно училиште „QSI“ за сума од нешто над 169 милиони денари, односно околу 2,8 милиони евра. Дел од добиените финансиски средства е предвидено да се употребат за новата зграда, а главнината ќе се насочи кон реновирање на неколку градинки и училишта на територијата на општината.

 

 

http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Administrativni/OZ%20Karpos/Opstinska%20zgrada%20Karpos%20viz0201.jpg">Конкурсното%20решение%20на%20„СКАрС“%20и%20„Архитектри“ http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Administrativni/OZ%20Karpos/Opstinska%20zgrada%20Karpos%20viz0202.jpg">          Конкурсното%20решение%20на%20„СКАрС“%20и%20„Архитектри“ http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Administrativni/OZ%20Karpos/Opstinska%20zgrada%20Karpos%20viz0203.jpg">          Конкурсното%20решение%20на%20„СКАрС“%20и%20„Архитектри“


http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Administrativni/OZ%20Karpos/Opstinska%20zgrada%20Karpos%20viz0203.jpg -

http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Administrativni/OZ%20Karpos/Opstinska%20zgrada%20Karpos%20viz0204.jpg">Конкурсното%20решение%20на%20„СКАрС“%20и%20„Архитектри“ http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Administrativni/OZ%20Karpos/Opstinska%20zgrada%20Karpos%20viz0205.jpg">          Конкурсното%20решение%20на%20„СКАрС“%20и%20„Архитектри“ http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Administrativni/OZ%20Karpos/Opstinska%20zgrada%20Karpos%20viz0206.jpg">          Конкурсното%20решение%20на%20„СКАрС“%20и%20„Архитектри“



http://www.build.mk/?p=15927 - #
Објавено на 14.06.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b0%d0%b4%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Административни , http://www.build.mk/?tag=%d0%b0%d1%80%d1%85%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%ba%d1%82%d1%80%d0%b8 - Архитектри , http://www.build.mk/?tag=%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Образовни , http://www.build.mk/?tag=%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%bf%d0%be%d1%88 - Општинска зграда Карпош , http://www.build.mk/?tag=%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b8-%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0 - Реновирање и реконструкција , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%80%d1%81 - СКАрС , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8 - Тендери и лицитации


http://www.build.mk/?p=15927



Posted By: mirakuliks
Date Posted: 21-Sep-2012 at 18:50
Извештај од терен:
Предната барака (спрема партизанска) беше срушена уште за време на изградбата на бензинската пумпа, но во минативе две недели беа срушени третата и четвртата по ред броено од партизанска и темелите бетонски беа отстранети а теренот израмнет. Петтата барака од сликата подоле се гледа дека е во процес на рушење додека втората, шестата и седмата (двојна обратно поставен спорема другите) не се допрени сеуште.



Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Sep-2012 at 21:56
бараките се чир на секој град.загревањето ги кошта како да загреваат цела населба,изгледот е посебна приказна,а просторот што го завземаат наместо да се искористи нешто со поголема катност е дополнителен џек пот


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 29-Sep-2012 at 22:48
Последнава недела просторот беше заграден со лимени табари претходно-спомнатата барака е во фаза на дорушување и дупката за темелите за новата општинска зграда е почната да се копа како што можете да видите од сликите подоле. Не знам дали сакате да чекате официјално фрлање на лопата бетон...иако мислам тоа малку ќе го пролонгираат ради локалните избори наредна година, па оставам на модераторите и администраторите да одлучат дали ќе стават едно кранче на нишкава или сеуште не.








Posted By: Bugi
Date Posted: 02-Oct-2012 at 11:21
E sega ovie sruseni baraki ke gi nasadat vo dvorot na osnovnoto skolo " Lazo Trpovski"


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 02-Oct-2012 at 11:46
Originally posted by Bugi

E sega ovie sruseni baraki ke gi nasadat vo dvorot na osnovnoto skolo " Lazo Trpovski"


Bugi ако не се лажам ова се бараки а не контејнери (очигледно е дека пореди реупотребливоста на контејнерите бараките не се градат повеќе), а бараките кога ќе се срушат нивниот материјал не е соодветен за градење на нови, особено што материјалот од овие бараки реално е стар и скапан и освен за грејно дрво не гледам друга намена. А тоа што нешто се потготвува градежно дел од дворот на ОУ “Лазо Трповски„ е друга работа...за која намена, не знам.


Posted By: Bugi
Date Posted: 02-Oct-2012 at 13:37
Ke vidime, ama mislam deka ke gi sklopat istite baraki. Primetiv kako vnimatelno gi rasklopuvaat...A i dimenziite iskopani vo LAzo Trpovski se slicni na onie od barakite.


Posted By: gjoko
Date Posted: 02-Oct-2012 at 14:47
скопско и се е можно


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Oct-2012 at 01:34
Еве и од мене една денешна  Smile




Posted By: Djole88
Date Posted: 10-Oct-2012 at 11:03
Денес бил поставен камен-темелник. Има некој инфо за зградава. Изглед, период на изградба и сл?

%20 - http://www.skopjeinfo.mk/opstini/1571238007/kamen-temelnik-na-nova-opstinska-zgrada-vo-karpos


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Oct-2012 at 01:36


Рок на изведба 8 месеци. Рендери има во веста подолу.

Општина Карпош за осум месеци ќе се пресели во нов современ објект

http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Administrativni/OZ%20Karpos/Opstinska%20zgrada%20Karpos%200101.jpg">Почеток%20на%20градежни%20активности%20-%20Нова%20општинска%20зграда%20на%20Карпош


На местото на старите општински бараки на Карпош, денеска официјално беше означен почетокот на изградбата на новата административна зграда на Општината [ http://www.build.mk/?page_id=7058&m=%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%BF%D0%BE%D1%88 - »мапа ]. Изведувач на градежните активности е компанијата „АК – Инвест“ од Тетово која со работите треба да заврши во рок од осум месеци. Целиот проект ќе чини помалку од три милиони евра.  http://www.build.mk/?p=3550 - Идејното решение е дело на архитектонските студија „СКАрС“ и „Архитектри“ , кои победија на конкурсот што беше распишан пред две и пол години. Новата општинска зграда ќе има пет надземни нивоа (приземје, три ката и поткровје) и ќе обезбеди работен простор за 200 лица на површина од 4.500 метри квадратни, а предвидено е да содржи и паркинг простор од околу 1.000 метри квадратни. Функционално објектот е организиран преку посебни сектори распоредени по катовите според програмските барања, додека приземјето е проектирано за прием на странки и за архива.

Со реализацијата на овој проект, 36 години старите бараки на Општината ќе бидат заменети со најсовремен објект со висок степен на енергетска ефикасност. Според општинарите од Карпош, фасадните ѕидови во приземјето ќе имаат контактна фасада со д=10cm од експандиран полистирен. Стаклениот дел од фасадата ќе биде од термопан кас стакла со исполна од аргон, а опсежна термо изолација ќе биде имплементирана и во подовите, ѕидовите и таваните. Предвидено е вградување на два лифта на хидрауличен погон.

 

 

 

http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Administrativni/OZ%20Karpos/Opstinska%20zgrada%20Karpos%20viz0201.jpg">Конкурсното%20решение%20на%20„СКАрС“%20и%20„Архитектри“ http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Administrativni/OZ%20Karpos/Opstinska%20zgrada%20Karpos%20viz0202.jpg">Конкурсното%20решение%20на%20„СКАрС“%20и%20„Архитектри“ http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Administrativni/OZ%20Karpos/Opstinska%20zgrada%20Karpos%20viz0203.jpg">Конкурсното%20решение%20на%20„СКАрС“%20и%20„Архитектри“

http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Administrativni/OZ%20Karpos/Opstinska%20zgrada%20Karpos%20viz0204.jpg">Конкурсното%20решение%20на%20„СКАрС“%20и%20„Архитектри“ http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Administrativni/OZ%20Karpos/Opstinska%20zgrada%20Karpos%20viz0205.jpg">Конкурсното%20решение%20на%20„СКАрС“%20и%20„Архитектри“ http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Administrativni/OZ%20Karpos/Opstinska%20zgrada%20Karpos%20viz0206.jpg">Конкурсното%20решение%20на%20„СКАрС“%20и%20„Архитектри“


http://www.build.mk/?p=19353 - #
Објавено на 10.10.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b0%d0%b4%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Административни , http://www.build.mk/?tag=%d0%b0%d0%ba-%d0%b8%d0%bd%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82 - АК Инвест , http://www.build.mk/?tag=%d0%b0%d1%80%d1%85%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%ba%d1%82%d1%80%d0%b8 - Архитектри , http://www.build.mk/?tag=%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b3%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b5%d1%84%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%81%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82 - Енергетска ефикасност , http://www.build.mk/?tag=%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%bf%d0%be%d1%88 - Општинска зграда Карпош , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%80%d1%81 - СКАрС , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%be-%d0%b8%d0%b7%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0 - Термо изолација


http://www.build.mk/?p=19353


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Oct-2012 at 10:56
малку ми е нереален рокот.ако го завршат стварно за толку време,секоја чест,мада сумљам


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 11-Oct-2012 at 14:53
Ископот на парцелата чинам стигна на околу 3 и нешто метри длабочина можете да споредите сооднос висина на машината со дупката во која е од првата слика. Од втората слека се гледа проформа темелот (столбот) кој беше користен за вчерашната промоција.






Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jan-2013 at 21:08



Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Apr-2013 at 23:51
Сликите се од Фејсбук, и можно е да се стари 1-2 месеци.









-------------
За сè има вторпат


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 24-Apr-2013 at 05:58
Сликите се наверојатно стари бидејќи од тоа што ми е спомнато за ситуацијата на терен сите плочи и спратови 4+П (карабината) се готови.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 24-Apr-2013 at 13:59
Да мислам дека е готова карабината, барем колку што забележувам од автобус, кога проаѓам таму, а сликиве дефинитивно се постари, некако ги забрзаа работите во последниов период.


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Apr-2013 at 23:35
вчера





-------------
За сè има вторпат


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 05-Jun-2013 at 17:48
Денес го вадеа последиот дел од оплатата...тој што ја држи последната плоча

http://imageshack.us/photo/my-images/836/dsc0165p.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Jul-2013 at 14:11
денес

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/9240095874/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/9240095874/ - DSC00976 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 10-Jul-2013 at 05:34
Од 6ти јуни откако е извадена оплатата до сега ...значи цел месец не се случуваше ништо на локацијата, немаше ниту работници малтене.....


Posted By: alexsend
Date Posted: 10-Jul-2013 at 17:20
Тендерот за изградба на објектот не се однесуваше за цел објект, туку само за карабината. Сега има тендер посебен за фасада итн. Некоординација.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-May-2014 at 16:09
Уништување на еден прекрасен проект од неспособна локална власт. Тоа е денес недовршената општинска зграда на Карпош, која на некој „чуден начин“ стана покриена од страната на Партизански одреди од нов, претпоставувам, станбен објект. Еве фотографии од овој грд пример:













Posted By: jyvation
Date Posted: 27-May-2014 at 16:36
Некако мене ич не ми смета напред зградата.Во иста линија си оди со Лептокарија комплексот па после Окта се гради уште една зграда.
Нешто што ме нервира мене е само црвената зграда со натпис Горење.
Кој дозволил да се издигне тој монструм на тоа место до ден денес се прашувам


Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-May-2014 at 17:16
Originally posted by jyvation

Некако мене ич не ми смета напред зградата.Во иста линија си оди со Лептокарија комплексот па после Окта се гради уште една зграда.
Нешто што ме нервира мене е само црвената зграда со натпис Горење.
Кој дозволил да се издигне тој монструм на тоа место до ден денес се прашувам


Кога почна да се гради општинската зграда во Карпош, идејата беше тој објект да доминира во просторот. Ваков тип на јавни објекти не треба да оградува од комерцијални зданија, како што во моментов се случува. Особено што општина Карпош ветуваше дека целокупниот објект со јавниот простор пред него ќе биде достапен на граѓаните. Да не говориме за извонредниот архитектонски израз на проектантите на објектот, кој се доведе да биде покриен од просечни станбени згради. КАТАСТРОФА!


Posted By: alexgizh
Date Posted: 27-May-2014 at 18:12
Бојан, во ниту еден момент во ДУП не фигурирала општинската зграда како доминирачка во просторот. Зградата која сега се гради пред неа си стоеше секогаш во ДУП, колку што знам треба(ше) да бидет поврзани. Се согласувам дека е кретенско општинската зграда да биде скриена некаде во ќоше, а напред да доминира друга (станбена или не, сеедно), но барем се испочитувани урбанистичките линии.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-May-2014 at 18:30
За воља на вистината, не сум погледнал во урбанистичкиот план. Моја грешка! Но од самиот проект што беше изнесен се сеќавам дека имаше позамашен простор околу зградата како јавна површина.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 27-May-2014 at 19:31
Рендерите скоро секогаш ги претставуваат како објектот да е сам во околината. Со тоа го избегнуваат привремено соочувањето со реалноста дека објектот најверојатно нема да се вклопува во околината.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-May-2014 at 22:41
Originally posted by alexgizh

Рендерите скоро секогаш ги претставуваат како објектот да е сам во околината. Со тоа го избегнуваат привремено соочувањето со реалноста дека објектот најверојатно нема да се вклопува во околината.
Објектот на општината и не е толку упадлив и невклоплив, далечен е од други објекти, а стилот му е сличен на стиловите од пеесетите во градов
...од странбениот објект до него не ни понудија рендер за жал


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Jun-2014 at 16:30
Јакимовски склучи договор со бугарска фирма за довршување на општинската зграда

За довршување на зградата во Карпош покрај булеварот „Партизански одреди“ каде ќе се пресели општинската администрација, ќе бидат одвоени уште 1,4 милиони евра според два нови договори објавени на Бирото за јавни набавки. По паузата од неколку месеци градежните активности продолжуваат, а ќе ги изведува бугарската фирма „Неотех инжинеринг“ која има рок од 12 месеци да го реализира договорот.

Бугарската фирма треба да ја уреди фасадата и да изврши градежни работи во внатрешноста на зградата. Објектот треба да добие стаклена фасада, а со овој зафат ќе биде уреден и канцеларискиот простор.

„Неотех инжинеринг“ ќе продолжи таму каде што застана претходната компанија ангажирана за градежните работи. Тетовската „АК Инвест“ во 2012 година го доби договорот на Општина Карпош за изградба на административниот објект. До ланското лето беше завршена само карабината, а изградбата беше стопирана. Со тетовската фирма Карпош склучи договор во вредност од еден милион евра.

Автори на идејното решение се архитектонските студија „СКАрС“ и „Архитектри“ од Скопје. Предвидено е под зградата да има две подземни нивоа и да се издигне на приземје, три ката и потпокрив. Според идејното решение објектот ќе има површина од 7.500 квадратни метри.

http://www.plusinfo.mk/vest/139290/Jakimovski-skluchi-dogovor-so-bugarska-firma-za-dovrshuvanje-na-opshtinskata-zgrada - http://www.plusinfo.mk/vest/139290/Jakimovski-skluchi-dogovor-so-bugarska-firma-za-dovrshuvanje-na-opshtinskata-zgrada

-------------
За сè има вторпат


Posted By: martind
Date Posted: 15-Sep-2014 at 14:19
Деновиве во ек е изведувањето на втората фаза од изградба на административната зграда на Општина Карпош. Во првата беше завршена карабината, а во втората, се работи на поставување на парапетни ѕидови на катовите (надворешните преградни ѕидови). По нив, ќе почне изградбата на внатрешни преградни ѕидови.
Во оваа втора фаза се изведуваат и приклучоците кон комуналната инфраструктура односно изведување на приклучоци за водовод, фекална и атмосферска канализација.
Во меѓувреме се менува и проектната документација за покривната конструкција, односно наместо „шед конструкција“ на покривот ќе има куполи, а отворите надворешно ќе бидат застаклени со ПВЦ столарија.
‪#‎Карпош2014‬

Вака-така или онака, и Општина Карпош полека почнува да глуми лудило


Posted By: jyvation
Date Posted: 16-Sep-2014 at 00:12
Дали пуштија од горе некој денар.Некако почнаа многу често да сечат ленти заедно











Posted By: Dexter26
Date Posted: 16-Sep-2014 at 00:38
Originally posted by jyvation

Дали пуштија од горе некој денар.Некако почнаа многу често да сечат ленти заедно

 
Дали пуштија од горе некој денар ? Rollin
 
На место ти е коментарот, но едноставно не можев да се воздржам од смеа. Rollin
 
Иако воопшто не е за смеење, туку за плачење. Stern%20Smile


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Sep-2014 at 00:53
според цигливе осеќам дека нема да изгледа ни приближно како рендерите кои ни беа сервирани... а ако изгледа, тогаш сигурно стаклените панели од рендерите, ќе бидат заменети со оние одвратнине панели со алуминиумски рамки, ко од 85-та да се


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: fichot
Date Posted: 16-Sep-2014 at 04:59
Колку си само во право. И претходно се сомневав приметувајќи одредени разлики на конструкцијата во однос на добитничкиот проект, а сега, со цигливе и со најавата за купола(!!!) веќе сите сомнежи ми се отстранети.

Башка нели рендер треба да има на секое градилиште, овде никаде не гледам таква табла.   


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Sep-2014 at 12:03
Eве зошто, всушност, „пуштиле некој денар од горе“.

Новата зграда на општината Карпош ќе има куполи

Покривот на новата зграда на општината Карпош, на чија изградба периодов се работи интензивно, ќе има куполи наместо шед-конструкција, како што беше првично планирано

Отворите надворешно ќе бидат застаклени со ПВЦ-столарија.
Изградбата на административната зграда, соопштуваат од општината, е во втора фаза и се работи на поставување парапетни ѕидови на катовите, се изведуваат приклучоци кон комуналната инфраструктура, по што ќе почне изградба на внатрешните преградни ѕидови.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=917141013171&id=14&prilog=0&setIzdanie=23275 - http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=917141013171&id=14&prilog=0&setIzdanie=23275

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Sep-2014 at 00:24
зошто? ЗОШТО?
ќе ја сфатам целата хистерија со тоа цел центар да стане еден вид на сељачки Париз, ама која е логиката во тоа да упропастат еден сосема пристоен проект, на простор кој нема никава врска со тоа што се правеше досега?


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Teglarot
Date Posted: 18-Sep-2014 at 12:06
Originally posted by zabegan

зошто? ЗОШТО?ќе ја сфатам целата хистерија со тоа цел центар да стане еден вид на сељачки Париз, ама која е логиката во тоа да упропастат еден сосема пристоен проект, на простор кој нема никава врска со тоа што се правеше досега?



Because he is from the barok gang now, а куполите им се фетиш


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 13-Oct-2014 at 15:46
Еве нешто од пред некои 3 недели. Битно они нешто соѕидаа и толку беше од работата, Ова се слики од делот помеѓу општинската зграда и новиот објект пред неа према Партизанска.

http://s86.photobucket.com/user/mirakuliks/media/Mobile%20Uploads/DSC_0022.jpg.html">

Можете да забелешите дека од општинската зграда има изданок за воспоставување топла врска со објектот према Партизанска како што е и по планот. Но на самиот објект нема никаква модификација за иведба на оваа врска.

http://s86.photobucket.com/user/mirakuliks/media/Mobile%20Uploads/DSC_0023.jpg.html">


Posted By: jyvation
Date Posted: 03-Feb-2015 at 20:04
Подготовки за изградба на фасада на новата општинска зграда.




извор: Општина Карпош


Posted By: gjoko
Date Posted: 03-Feb-2015 at 20:55
Све си мислев дека Стефче ги змачкал парите за локалните избори и дека овој проект ќе касни малку повеќе.Ама изгледа е оваа оптина богата и за тоа сите се тепаа за нејзе


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Feb-2015 at 02:11
Вчера пладнето поминав оттаму, и видов неколку работници кои тропаа нешто на зградата. Веројатно ги местеа скелињата или така нешто.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Teglarot
Date Posted: 04-Feb-2015 at 19:56
Originally posted by gjoko

Све си мислев дека Стефче ги змачкал парите за локалните избори и дека овој проект ќе касни малку повеќе.Ама изгледа е оваа оптина богата и за тоа сите се тепаа за нејзе


СтевчО ги спи*ка парите за изборите, а и за други работи, но доби неколку финансиски инекции како награда дека е "најпослушно кученце"


Posted By: jyvation
Date Posted: 08-Mar-2015 at 17:03
Со намалено темпо се довршува општинската зграда во Карпош

Продолжува изведбата на новата административна зграда на општина Карпош [»мапа], иако градежните активности се одвиваат со намален интензитет. Бугарската компанија „Неотех инженеринг“ од Софија во изминативе шест месеци успеа да ја доведе општинската зграда на ниво на карабина, со целосно завршени надворешни ѕидови и преградни ѕидови. Работниците на терен во моментов работат на изведба на фасадното обликување на објектот.



Во следната фаза, градежните работници треба да ја постават стаклената површина на објектот однадвор, но и замислените куполи на неговиот покрив. Ентериерното уредување и опремувањето на објектот треба допрво да се реализира, со што речиси е извесно дека крајниот рок за завршување на проектот повторно ќе се пролонгира. Кога се потпиша договорот со бугарската фирма на почетокот од минатото лето, ветувањето беше дека севкупните активности за изградба на новата административна зграда ќе завршат за 12 месеци.



Општинската зграда во Карпош се гради веќе две години и пет месеци. Нејзиниот камен – темелник беше поставен во октомври 2012 година, кога беше ветено дека административните простории ќе бидат готови за осум месеци. За издигнување на овој објект од локалниот буџет на Карпош се издвоени финансиски средства во висина од околу 1,4 милиони евра. Проектант на општинската зграда е фирмата „Бортас“, додека надзорот над градежните работи го врши „Карапанчевски компани“.

http://www.build.mk/?p=43494 - http://www.build.mk/?p=43494


Posted By: jyvation
Date Posted: 05-Aug-2015 at 12:45
Поставена термоизолација на новата Општинска зграда.


извор: Општина Карпош


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Jan-2016 at 16:26






http://skopjeinfo.mk/novata-opshtinska-zgrada-na-karposh-stigna-do-pokriv-foto - http://skopjeinfo.mk/novata-opshtinska-zgrada-na-karposh-stigna-do-pokriv-foto

-------------
За сè има вторпат


Posted By: fusion
Date Posted: 17-Jan-2016 at 22:19
Lele sporo gradenje.Tipcno cigli, beton dali ednas nesto asolno ke se izgradi so moderni materijali.


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Jan-2016 at 02:21
фала за сликите од ентериерот ... колку што гледам холот ќе ја задржи основната форма како на рендерите
штета што фасадата ја сменија, како и секогаш завшуваме со некое најефтино и наједноставно решение, со ѕидараски техники од почеток на 20-ти век

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Feb-2016 at 20:25
Моментална состојба (клик на линкот, преголема слика):

https://scontent-vie1-1.xx.fbcdn.net/hphotos-xat1/t31.0-8/12525373_10153124628341706_7818074235656594226_o.jpg - https://scontent-vie1-1.xx.fbcdn.net/hphotos-xat1/t31.0-8/12525373_10153124628341706_7818074235656594226_o.jpg

-------------
За сè има вторпат


Posted By: fichot
Date Posted: 11-Feb-2016 at 01:17




Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Feb-2016 at 01:35

а истовремено се збори за вакви и онакви комуњарски објекти и тоа колку се ружни... жалосно

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: hcitrS
Date Posted: 11-Feb-2016 at 13:30


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Mar-2016 at 22:31




извор: фејсбук страница на Општина Карпош

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window