Print Page | Close Window

Ренумерација на патната мрежа

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1430
Printed Date: 25-May-2024 at 22:05


Topic: Ренумерација на патната мрежа
Posted By: Cloverstack
Subject: Ренумерација на патната мрежа
Date Posted: 07-Oct-2011 at 21:11

На новите патокази поставени на Митрополит Теодосиј Гологанов, автопатот кон Тетово е означен како А2 (наместо М-4), а ознаката е поставена и во стандарден автопатски „штит“ кој што се користи во многу земји.

Ренумерација дефинитивно беше потребна од повеќе аспекти... Но за жал од којзнае кои глупави причини и ова биднало обвиено во тајност, па сега немаме никакви други информации освен дека Скопје-Тетово по ново е дел од А2, а и тоа прв пат го гледаме на патоказ.

Покрај автопатите, се разбира засегнати се и бројките на регионалните и локалните патишта, бидејќи тие досега се нумерираа според тоа од кој М-пат произлегуваат. Исто така можеби сега ќе добијат и различни букви/префикси.

Се надевам дека новиот систем е добро и долгорочно конципиран и обмислен, а исто така се надевам и дека што поскоро ќе имаме детални информации за ренумерацијава.





Replies:
Posted By: theMac3donian
Date Posted: 09-Oct-2011 at 02:54
Лично мене не ми пречеше „М“ одбележувањето, ама сигурно сега ќе им е на странците (и најважно камјонџиите) полесно да се снаоѓаат.

Сепак знаците им се крш. Никаква подреденост и пропорционалност немаат.
Не лежат на око а во сообраќај тоа е најважно.

Со среќа нека ние прекрстувањето. ЛоЛ

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jun-2012 at 00:46
Originally posted by Cloverstack

Се надевам дека новиот систем е добро и долгорочно конципиран и обмислен, а исто така се надевам и дека што поскоро ќе имаме детални информации за ренумерацијава.


Епа џабе сум се надевал. Настрана што процесот како да се тера во тајност (за среќа не сме голема земја каде што нумерацијата на патиштата игра некаква битна улога во снаоѓањето на возачите, па нема да настане некоја голема штета поради тоа), туку не само што новиот систем не е воопшто добро обмислен и конципиран, ами всушност се направени навистина несфатливи глупости. Еве погледнете ги овие извадоци од одлуката за категоризација на државните патишта:









Еве ги моите забелешки без преголемо задлабочување (ако располагавме со повеќе материјал и ако се анализира подлабоко, сигурно ќе можат да се најдат уште многу бисери):


1. Четирицифрени и петоцифрени броеви за регионалните патишта?!? Сериозни ли се овие? Дури и во САД, држава со 65 милиони километри патишта, екстремна реткост е на било каков пат да му се закачи четирицифрена ознака, а ние во земја со 13 илјади километри патишта, ќе ги бележиме не само со четирицифрени, туку и со петоцифрени ознаки?!?

 Crazy
Не само што е смешно само по себе, туку дај некој нека им објасни дека овие ознаки не се само за нивната папирологија, туку треба да стојат и на мапи и на патокази, каде што треба да бидат лесно читливи и разбирливи.


2. Која е логиката, два или три сосема различни патишта да носат иста ознака (случајот со делот што се одвојува од А1 кон Прилеп и случајот со деловите што се одвојуваат од А3 кон Свети Наум и кон Меџитлија)?

Crazy


3. Зошто одлукава се спроведува само кога ќе им прдне, а во други случаи сеуште се применува старата "M" категоризација, како што на пример е случај со сигнализацијата поставена на новата клучка кај скопскиот аеродром ( http://www.build.mk/?p=14453 - http://www.build.mk/?p=14453 ), која беше отворена пред неполни два месеци (долго после стапување на одлукава на сила и долго откако на други локации почна да се применува).


4. Изборот на "А" патишта, според дефиницијата која ја примениле не одговара ниту на моменталната состојба, ниту пак е целосно конзистентна со било кој од плановите за во иднина.


5. Кој при здрав разум можел да го состави А4 на онаков начин, каде што од Хиподром се спушта до Петровец, за потоа да сврти накај Миладиновци и од таму да продолжи накај Свети Николе и Штип...

Nuts



Па добро бе луѓе, ваква категоризација се прави еднаш и треба да се мисли за добро да функционира и после 100 години. На нас ова ни е втор обид и овој е уште полош од првиот. Аман, има ли некој писмен по тие институциите таму?!?





Еве склопив мапа како ќе изгледа мрежата на "А" патишта, повелете обидете се да најдете некоја логика...

Ohno



А1   А2   А3   А4




Posted By: OCB
Date Posted: 18-Jun-2012 at 08:07
Актуелната http://www.justice.gov.mk/LDBISReader/DocumentView.aspx?Type=1&Alb=0&ID=18758 - Уредба за утврдување на критериумите за категоризација на јавните патишта и нивните ознаки од 2010.


Posted By: Max
Date Posted: 16-Mar-2024 at 00:12

и Ковачо клал прст во законо некако, за запрежни коли е до душа, но и тоа ет нешто

29.12.2022

https://dejure.mk/zakon-izmena/odluka-za-izmenuvanje-i-dopolnuvanje-na-odlukata-za-kategorizacija-na-drzhavnite-patishta-2 - https://dejure.mk/zakon-izmena/odluka-za-izmenuvanje-i-dopolnuvanje-na-odlukata-za-kategorizacija-na-drzhavnite-patishta-2



Print Page | Close Window