Print Page | Close Window

Aдминистративни објекти (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Административни
Forum Discription: Државни органи и јавни институции...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=966
Printed Date: 01-Nov-2024 at 00:01


Topic: Aдминистративни објекти (општо)
Posted By: lslcrew
Subject: Aдминистративни објекти (општо)
Date Posted: 03-Nov-2008 at 09:19
Се отвора новиот дел од прилепскиот суд

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/43261/Prilep%20sud.bmp">

Во Прилеп денеска ќе биде пуштен во употреба новиот дел на судската зграда на Oсновниот суд во Прилеп.

Реновирањето на судската зграда, е дел од Проектот за правна и правосудна имплементација и институционална поддршка, финансиран во рамки на заемот од Светска банка, а под покровителство на министерство за правда.

Во рамки на проектот, е извршено опремувањето со мебел на Основниот суд Прилеп. Опремувањето се однесува на доградениот простор од 3000 м2, со што комплетно е опремена архива со статични и мобилни архивски плакари за чување на судски документи, шалтер сала, 2 репрезентативни судници, 12 судници за тричлен судски совет, конференциска сала, 14 судски кабинети и останати простории наменети за судска администрација., се вели во соопштението од министерството за правда.

Целта на Проектот е подобрување на судската ефикасност и ефективност, зајакнување на капацитетите на правосудните институции за имплементација на Стратегијата за реформи во судството, како и на законите што влијаат на функционирањето на судството и подобрување на судската инфраструктура.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=43261&kategorija=1



Replies:
Posted By: vardar
Date Posted: 01-Dec-2008 at 10:23
http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=378&Itemid=328 - Нова административна зграда на „Водовод“
21.10.2008 Општина Прилеп
 
 
 
 
 
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Dec-2008 at 15:45

Puke купола.... Bash


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 01-Dec-2008 at 18:21
zasto mora vaka da gi upropastuvaat zgradive,moralo na se kupola da se stava a i nekako se vo isti stil sve gradat,mi nalikuva malce na sobranie Dunnoneznam zasto i po sto ama mi lici t.e me potseka.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Dec-2008 at 19:28
Originally posted by vardar

http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=378&Itemid=328 - - 21.10.2008 Општина Прилеп

 

 


 

 

 


 


Добра е боенкава, треба за забавишните возрасти да се издава, ама ненабоена секако.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Nov-2009 at 19:53
Доградба и надградба на блок Д
Комплекс Народна Банка на Република Македонија

Автори:
Радомир Лаловиќ, диа
Маја Лаловиќ Блажевска, диа

Соработници:
М-р Сашо Блажевски, диа
Мери Батакоја, диа








Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Dec-2009 at 01:09

Градоначалничка јагма по нови општински згради

Градоначалникот на Аеродром ќе добие зграда благодарение на Министерството за транспорт и врски

Деспина Трајковска


Ниту економската криза ниту најавените, а се' уште не започнати проекти за решавање на основните комунални проблеми не се пречка општинските градоначалници да преземаат активности за изградба на општински згради. Велат, принудени од несоодветните услови за работа во дотраените повеќедецениски бараки коваат планови, а некои веќе преземаат и конкретни мерки за изградба на сопствени административни простории.

Општина Центар минатата недела распиша конкурс за архитектонско-урбанистичко решение за изградба на општинска зграда, а најдоцна за десетина дена ќе го стори тоа и Општина Карпош. И двете локални самоуправи планираат новите објекти да ги градат на местото на постојните бараки, кои се на земјиште во сопственост на државата. Иако градоначалниците се свесни дека отстапувањето на земјиштето и обезбедувањето средства за изградба ќе биде долг процес, сепак, се надеваат дека до истекот на мандатите ќе ги изградат општинските згради.

Во Центар засега имаат обезбедено пари за идејниот проект, а допрва ќе треба да го добијат на користење државното земјиште. На карпошовци, пак, дел од постојните бараки ќе им бидат одземени со денационализација, а од државата ќе добијат друго земјиште на користење. Токму ова е главната причина градоначалникот Стевчо Јакимовски најдоцна за десетина дена да распише конкурс за избор на идејно решение за општинска куќа.

„Реално, не само Општина Карпош, туку речиси сите општини имаат потреба од соодветни простории за работа, бидејќи сите со години работиме во дотраени бараки за кои често издвојуваме средства за санација. Финансиската ситуација баш и не е соодветна за вакви проекти, но конкретно, Општина Карпош е принудена да размислува за тоа, бидејќи поголемиот дел од бараките во кои сега е сместена администрацијата ќе и' бидат одземени со денационализација“, објаснува Јакимовски, кој се надева дека до средината на идната година ќе почне да го гради новиот објект. Според ДУП, тој ќе се наоѓа на дел од земјиштето на кое се општинските бараки и не е исклучена можноста изградбата да се реализира по принцип на приватно јавно партнерство. Можеби на идентичен начин сопствен дом ќе си обезбедат и од Центар, но, сепак, општинарите велат дека деталите ќе ги дефинираат по изработката на идејниот проект.

За сопствени канцеларии размислува и градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, чија администрација уште од формирањето на Општината пред пет години работи во изнајмени простории. Коневски вели дека начелно го дефинирал проектот. „Наредната година Министерството за транспорт ќе распише објава за продажба на земјиште во Реонски центар, на кое според ДУП е предвидена изградба на општинска зграда во комбинација со деловни простории. Купувачот на земјиштето ќе има обврска да го изгради комплексот, деловите наменети за општинска зграда да ни ги додели нам, а за возврат ќе добие одредени бенефиции од државата, односно, најверојатно, ќе се употреби принципот на приватно јавно партнерство“, вели Коневски.

По таа шема општинска куќа ќе гради и градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски кој досега на тоа поле има сработено најмногу од сите колеги. Општината веќе има готов проект за објектот, но на локацијата на која е предвидена изградбата се' уште не се расчистени имотноправните односи. Имено, дел од земјиштето е во сопственост на државата, која наскоро ќе и' го отстапи на Општината, но постојат и два објекта кои општинарите не можат да ги урнат, оти за земјиштето се води судски спор.

Најави за изградба на општински згради во текот на изборната кампања имаше од речиси сите останати скопски градоначалници, но ретко кој досега презеде конкретни активности. Општинарите од Чаир, пак, веќе неколку години седат во сопствени простории. Уште во претходниот мандат градоначалникот Изет Меџити ја доизгради општинската зграда и тоа благодарение на донацијата од Европска унија.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0A6D552F82F4B64CA27D1B5B4A6E0E89t="uuid:C2F41010-65B3-11d1-A29F-00AA00C14882" xmlns:rs="urn:schemas-microsoft-com:rowset" xmlns:z="#RowsetSchema"> http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8260177C4D448D4183482F754FAFC7AD" xmlns:s="uuid:BDC6E3F0-6DA3-11d1-A2A3-00AA00C14882" xmlnst="uuid:C2F41010-65B3-11d1-A29F-00AA00C14882" xmlns:rs="urn:schemas-microsoft-com:rowset" xmlns:z="#RowsetSchema">#


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 07-May-2010 at 19:58
 

Ревизорите открија незаконитости во фондот за пензиско

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=44&VestID=122915 - Наташа Стојановска http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122915#komentari - Коментари (0)   javascript:otvoriVideoPrilog%2810/natasa-penzija-07-05.wmv,%20122915%29">  
07.05.2010 19:09
Фонд за пензиско осигурување

 

Новата зграда на фондот за пензиско осигурување е изградена на туѓ имот - обелоденија денеска ревизорите. При изградбата на објектот вреден 6 милиони евра се навлегло во приватна парцела, поради што постои спор со сопственикот.

Во ваков случај фондот иако не можел да добие имотен лист ниту пак одобрение за употреба на објектот, сепак кршејќи го законот за градба зградата ја ставил во функција на диво, без одобрение за употреба.

И тука не завршуваат скандалите. Освен што зградата е изградена на узурпиран имот, но и е ставена во функција без одобрение.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122915 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122915


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 30-May-2010 at 09:16
Општинска зграда Василево - надградување

Исто и оваа мислам дека требе скоро да се почне.....









Вектор - 90 - Струмица




-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Jun-2010 at 20:11

Модерни простории за тетовската полиција

ТЕТОВО - Вчера во Тетово официјално беше предадена во употреба реконструираната полициска станица со која се подобрени просторните услови за работа како предуслов за поквалитетни и поефикасни услуги на граѓаните. За реконструкцијата се потрошени над 400.000 евра обезбедени од ЕУ и од Владата. На чинот на предавањето присуствуваше и премиерот Никола Груевски.

„Ова е втора реконструирана полициска станица по онаа во Кисела Вода во Скопје. На програмата се наоѓаат вкупно 10 полициски станици за чија реконструкција ЕУ учествува со 1,8 милиони евра. Ова претставува чекор во процесот на реформирањето на полициските станици, а во фокусот на проектот се градежни работи и модернизација“, рече Лукас Мелка, претставник на ЕУ во нашата земја. (Г.Е.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3A20906BC6E7A34D9312E89DD81493E9


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Sep-2010 at 01:50
Изградена е Станицата за технички преглед на возила во населбата "Даме Груев".
2003-та година.











http://www.dabar.com.mk/index.php?id=56


Posted By: Makedonij
Date Posted: 18-Sep-2010 at 08:26
Започна демонтирањето на покривот на општинските гаражи, што е дел од подготовките за изградба на новото крило на зградата  во која е сместена  Општина Охрид. По вадењето на покривот  гаражите целосно ќе бидат отстранети, а се вадат и бекатон плочките од паркингот зад општинската зграда. Градежните работи ги изведува  охридската компанија „Пирин“ а изградбата на новото крило на општината ќе се реализира во неколку фази.



http://ohridnews.com


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Oct-2010 at 14:16

Во општинските објекти се уште шета духот на Тито

И покрај тоа што цел град се стреми кон модернизација, скопските општини сé уште „живеат“ во бараки направени непосредно по земјотресот





Речиси сите општински администрации, на чело со градската, „живуркаат“ во бараки направени по земјотресот од 1963 година. И покрај тоа што објектите се своевиден крвоток на секоја општина, низ кој циркулираат стотици луѓе секојдневно, вршејќи разни административни работи, скопјани, а и вработените, сé уште го дишат воздухот на шеесеттите години на минатиот век. А за условите и да не зборуваме, една прошетка по некоја од општинските бараки зборува сама за себе.

- Не ми е јасно како може цел град да го подновуваат, да прават споменици, плоштади, фонтани, додека она основното сé уште не им е средено. Речиси сите општини функционираат во трошни бараки. Дури и градската администрација. Некако не ми изгледа во ред... се добива чувство дека во нив уште шета духот на Тито - вели Џина Стрезовска, жителка на Аеродром.

Малку надеж и прогрес влеваат најавите од повеќето општини дека планираат да градат нови згради, кои колку-толку се во духот на современието и кои ќе можат да ги задоволат потребите на една современа локална администрација.

Локалните управи на Карпош, Ѓорче Петров и на Бутел почнаа да ги реализираат своите планови, додека општините Центар, Аеродром и Гази Баба велат дека планираат, меѓутоа се далеку од реализација. Во општината Центар пролетва беше организиран конкурс за идејно решение на новата општинска зграда, но кога и дали на старата локација ќе се гради не се открива.

- Сé уште не е изработен главниот проект за општинската зграда, не е спроведена постапка за избор на изведувач на работите, така што подетални информации ќе имаме откако ќе завршат тие постапки - вели Јовица Ацковски, портпарол на општината Центар.

Сличен е ставот и на општините Аеродром и Гази Баба, односно велат дека планираат изградба на нова општинска зграда, меѓутоа откако ќе завршат одредени процедури како измени и дополни на деталните урбанистички планови.

И во општината Карпош полека веќе е избрано идејното решение за новата зграда, меѓутоа сега се чека да биде готов главниот проект. Локацијата останува иста, каде што се наоѓаат и сегашните бараки.
- Кога ќе биде готово основното решение, ќе ја знаеме точната цена на чинење на зградата и според тоа ќе се направи финансиската конструкција. Според идејното решение, новата општинска зграда ќе биде со приземје и три ката, плус поткровје, и вкупна бруто-површина од 4.200 квадратни метри. Во најкратко време се очекува да бидат завршени основниот проект и ревизијата, по што ќе се распише тендер за изведувач, па дури тогаш ќе се почне со работа - вели Виолета Цветковска, портпаролка на општината Карпош.
Во општината Бутел веќе е во полн подем изградбата на новиот објект, а од таму очекуваат зградата да биде готова до Нова година.

- Новата локација на објектот е на улицата Бутелска, во населбата Бутел 1, во непосредна близина на ОУ „Живко Брајковски“. Не случајно е одбрано тоа место, затоа што е најфреквентниот дел на општината. Зградата ќе има два ката, ќе има внатрешен двор, а на приземјето ќе бидат сместени едношалтерскиот систем и секторот за урбанизам. Исто така, ќе има голема и мала сала за состаноци, како и сала за венчавки. Ќе зафаќа површина околу 3.000 квадратни метри. Инвеститор е општината, а целиот проект ќе нé чини околу милион евра. Првата плоча е веќе ставена. Добро е што конечно ќе се збогуваме од овие стари бараки - вели Снежана Клинчарова, портпаролка на општината Бутел.

Општинската зграда Ѓорче Петров ќе содржи подземна гаража за 350 возила, а околу зградата се предвидени шеталиште и фонтани. Ќе се гради на парцела од девет илјади квадратни метри, а предвидена е корисна површина од 4.200 квадрати.

- Сите привремени објекти наспроти СП „Планет“, во општината Ѓорче Петров, се рушат. Теренот се подготвува за новата општинска зграда, која ќе се гради на просторот од семафорите пред Домот за пензионери до дисконтот на „Тинекс“. Во ноември сите овие привремени објекти ќе бидат срушени. По расчистувањето на теренот ќе почне реализацијата на проектот. Објектот ќе се гради со јавноприватно партнерство, а делот што ќе му припадне на јавниот партнер ќе биде деловен простор наменет за банки, фирми и слични дејности, но не и за мало стопанство. Новата општинска зграда би требало да биде готова до крајот на мандатот на сегашниот градоначалник. Ќе има голема конференциска сала, работни простории за советот и други содржини, а најважно од сé е тоа што на едно место ќе се сместат сите општински служби што сега функционираат во два објекти, што, секако, претставува проблем за корисниците на услугите - велат од општината Ѓорче Петров.

За разлика од нив, од општината Кисела Вода велат дека имале идеја за нова општинска зграда, меѓутоа таквиот проект е далеку за да биде реализиран.

Единствени општини што веќе имаат направено нови објекти се Чаир и Шуто Оризари.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101210101165&id=14&prilog=0&setIzdanie=22105


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Nov-2010 at 08:27
Напредува изградбата на новото општинско крило - ОХРИД

Градежните работи за изградба на новото крило на Општина Охрид, продолжуват со несмален интензитет. Деновиве поставена е бетонската подлога над која ќе се гради новиот административен простор.

Градежните работи ги изведува фирмата „Пирин“, а општината очекува дека со изградба на новото крило ќе го реши проблемот со недостаток на работен простор.
http://ohridnews.com/sliki/vesti1/2010/11/21/23-48-09_7692/o-na3.jpg
http://ohridnews.com/sliki/vesti1/2010/11/21/23-48-09_7692/o-na2.jpg
http://ohridnews.com


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: axel
Date Posted: 27-Feb-2011 at 12:31
Завршува изградбата на новиот дел од зградата на Општина Карбинци

Скопје, 26 февруари 2011 (МИА) - Во Општина Карбинци привршува доизградбата на новиот дел од општинската зграда. Градоначалникот на Општина Карбинци, Васил Богдански изјави дека новиот дел од зградата ќе овозможи непречено работење на општината, а досега вработените биле сместени во две канцеларии од девет метри квадратни.

- Планираме на Спасовден, патрониот празник на Општина Карбинци и свечено да се вселиме во новиот дел од зградата. Во новиот дел на зградата покрај тоа што ќе се сместат вработените, планираме и да има канцеларии на неколку подрачни единици на министерствата, а особено ни се потребни за земјоделство и труд и социјална политика, рече Богдански.

Тој вели дека целокупната инвестиција за доизградба на новиот дел од општинската зграда изнесува околу 2 милиони денари.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=81544273&lId=1&pmId=501


Posted By: gjoko
Date Posted: 01-Aug-2011 at 20:06
прашање до администраторите на форумов:дали смеам да поставам слики од друг форум а на кој поставуваат слики од овој форум?


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Aug-2011 at 22:14
Ѓоко, слободно поставувај слики од каде што сакаш и најдобро наведи извор за да знаеме од каде доаѓаат. Истата препорака важи и за обратен правец, сликите од форумов се слободни за користење, но би требало да се наведе извор. 


Posted By: Bearstone
Date Posted: 23-Aug-2011 at 03:36
Кога сум веќе кај Административни објекти, долго време ме интересира дали има посебна нишка, некои постови или слики за новата претседателска вила Водно, пр. информации  за внатрешноста, распоредот, како е уредено зеленилото итн.  Разбирам дека од безбедносни причини можеби е потешко да се објави, но ова е сепак важен репрезентативен објект за Македонија и оданочените граѓани имаат право да знаат повеќе како многу други слични објекти како Белата Куќа, Елисејската Палата ... Слушнав дека Дизајн фантазија биле вклучени во ентериерниот дизајн и опремување што искрено ме плаши да не е кичерај на квадрат.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Aug-2011 at 06:50
Originally posted by Bearstone

Кога сум веќе кај Административни објекти, долго време ме интересира дали има посебна нишка, некои постови или слики за новата претседателска вила Водно, пр. информации  за внатрешноста, распоредот, како е уредено зеленилото итн.
За жал засега не, едноставно освен 1-2 објави во весниците нема ништо друго постирано. Ако бидат постирани некакви материјали или ако се покрене дискусија, ќе издвоиме нишка не е проблем.


Posted By: axel
Date Posted: 08-Nov-2011 at 15:00

http://sky.mk/republika/6184-%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%9D%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%86%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%B5-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0.html - Општина Новаци ќе добие нова административна зграда

Вторник, 08 Ноември 2011 14:23

Вработените во општина Новаци ќе добијат нова зграда.

Под покровителство на градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски и Советот на општина Новаци, ќе биде преуреден досегашниот општиснки објект, односно ќе добие уште еден спрат.

Според градоначалникот Котевски, вселувањето во новиот објект ќе се реализира на пролет, додека средствата за комплетниот реконструктивен зафат се од буџетот на општина Новаци.

http://daily.mk/cluster3/b97cbe387da052715a3ec39ce0ab2ae5/987251/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Nov-2011 at 01:34
Еве некои слики што налетав на нет. Објектот за издавање документи што е доградба на мтв.


01.


02.


03.


04.


05.


http://www.izgradba-komerc.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=87:2011-10-10-09-03-21&catid=40:gallery&Itemid=149


Posted By: JOE
Date Posted: 06-Dec-2011 at 20:17
-Се реконструира фасадата на Основниот суд во Битола,како што приметив старите стакла што ја сочинуваа поголемиот дел од фасада(нешто слични како оние на зградата на владата) сега се извадени и во исчекување сум како ке излези на крајот, сиугрно со поинаков изглед,во судoт претходно беше внатре реконстуриран повеќето од канцелариите и салите за судење а беше поставен и лифт.

- Покрај тоа и зградата на Апелациониот суд и Вишото јавно обвинителство беше внатрешно реконстурирано и сменета дограма а исто така ја освежија и фасадата со бела боја која претходно беше сивило и асоцираше на некој поодминати времиња

Слики
Oсновен суд




Апелационен и вишо јавно обвинителство



Сликите се од мобилен


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 26-Mar-2012 at 20:20
Новата фасада на основниот суд Битола



-------------


Posted By: JOE
Date Posted: 28-Mar-2012 at 21:58
Не ме бендиса, искрено очекував според методот што го применува владава, фасадата да биди во неокласицизам, ке се вклопеше во центарот на градот е, ама ајде тое јбг


Posted By: stratus
Date Posted: 29-Mar-2012 at 22:22
Искрено и јас не очекував нешто вакво. Тоа што се прави во СК е друга приказна, но овде стварно имаше простор за Неокласична фасада. Само оваа и таа до неа "стрчат" во целото окружување, а и Битола во центарот сите знаеме каква архитектура има. Како и да е не изгледа толку лошо, но ова е само мал дел од цел објект, баш ме интересира дали ќе го реконструираат целиот?
Инаку за информација поткровјето е поодамна направено.


Posted By: mladen_s
Date Posted: 30-Mar-2012 at 09:01
Originally posted by stratus

Тоа што се прави во СК е друга приказна, но овде стварно имаше простор за Неокласична фасада. Само оваа и таа до неа "стрчат" во целото окружување, а и Битола во центарот сите знаеме каква архитектура има.


Мене искрено и изгледа како сосема истата приказна - пренесување карактеристики од еден објект на сите околу па до бескрај. Не може секој објект во градот да се вклопува во еден ист стил, само затоа што го има на одредено место - или се врзува за некаков период (кој битолчани ептен си го сакаат).

Широк Сокак е една целина, може да се разговара и за тоа што се случува таму. Но, овој потег содржи поголеми, претежно јавни објекти - и истите се градени во различно време и стилови:

- Гимназијата и Ректоратот може да се рече дека имаат „неокласични“ влијанија, но вистинскиот поим е „неоромантизам“ (плус неколку индивидуални куќи во продолжение)..

- Бугарскиот конзулат, Општината и Економското училиште се во стил на „српска сецесија“ - првиот е особено интересен објект

- Апелациониот суд е рана Модерна (со употреба на локални елементи - камен)

- Основниот суд беше во модернистички стил.. сега не личи на ништо. Во секој случај, беше потребно реновирање, но зарем мораше вака? Изгледа како лошо склопени коцки од три различни кутии..

- Историскиот архив е во бруталистички стил (и треба да се додаде во соодветната нишка, но немам слика)

- Во позадина на Судот е и управната зграда на ХМС Стрежево, која е изведена во доцно-модернистички, па можеби и пост-модернистички стил (ова второво со доза на резерва)..

- Пожарната се надевам дека еден ден ќе биде во некој современ стил, бидејќи поинаков пристап би бил смешен (ама не треба да не' изненади)

И, зошто Битола мора да се идентификува само и само со „неокласика“? Токму таквиот став доведе до небулозни интервенции како „Веро“, што е најдобар пример за „стрчење“.

Мислам дека Битола би можела да црпи искуство од малите шпански градови кои многу храбро вметнуваат нова архитектура дури и во самите јадра, а не се ни обидуваат да направат смешни имитации. Имало веќе доста стручни дебати на оваа тема, но со новата државна идеологија (историцистички конформизам) некако замреа. Би можеле барем ние да дебатираме за ова, можеби и во посоодветна нишка.


Posted By: JOE
Date Posted: 30-Mar-2012 at 20:27
За многу работи си во право, ама сепак нема да ме премислиш дека во неокласицизам ке беше сто пати подобро. Ваквата состојба сега како што го напраја баш како што кажа не личи на ништо.Се работи за суд а не за пожарна, и неокласицизам мислам дека ке му беше баш на место според мене а и според опкужувањето ке се вклопеше во просторот, сега како некоја конфекциса фабрика изгледа.И незнам дали му снема пари ама фасадава е само од напред направена странично и од назад не е гибната. тажно....


Posted By: mladen_s
Date Posted: 30-Mar-2012 at 21:34


Добро, премногу е грдо, тоа и јас го кажав. Било каква фасада со малку идеја би изгледала подобро..

А за тоа дека за јавни установи секогаш треба неокласицизам, дискутирано е на друго место, да не почнуваме пак


Posted By: zabegan
Date Posted: 31-Mar-2012 at 00:05
Originally posted by JOE

За многу работи си во право, ама сепак нема да ме премислиш дека во неокласицизам ке беше сто пати подобро. Ваквата состојба сега како што го напраја баш како што кажа не личи на ништо.Се работи за суд а не за пожарна, и неокласицизам мислам дека ке му беше баш на место според мене а и според опкужувањето ке се вклопеше во просторот, сега како некоја конфекциса фабрика изгледа.И незнам дали му снема пари ама фасадава е само од напред направена странично и од назад не е гибната. тажно....
ова е веќе личен вкус, тоа што фасадата на објектот е далеку од импресивна, па дури и тотално неинвентивна за административен објект, не значи по дифолт дека фасадата ќе било подобро да биде некаков класицизам...
ова е всушност многу погрешен пристап кон архитектонските стилови во земјава, поради фрустрација од еден стил на фасада, се оди со глава во ѕид со друга фасада и од архитектонската култура во земјава се прави ѓомлезе
плус, намената на објектот (во оваа смисла на дискусијата) е најмалку поврзана со стилот во кој ќе биде објектот, административни објекти на политиката и правото може да истрпат било каков архитектонски стил, од строг класицизам, до најинвентивен модернизам... ни како што е напоменато погоре, ова е веќе дискусија за во друга тема, но не ми смета да се продискутира, бидејќи многу работи погрешно се разбираат кај нас во поглед на архитектонските стилови


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Dragan
Date Posted: 10-Apr-2012 at 18:18
Ииииииии нешто конечно да се реконструира у Тетово- зградата на општина Тетово




-------------


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-May-2013 at 21:54
На линкот има слики од ископот во близина на хотел Бристол во Скопје

http://www.plusinfo.mk/vest/93507/GALERIJA-Podzemni-vodi-go-kochat-Skopje-2014- - http://www.plusinfo.mk/vest/93507/GALERIJA-Podzemni-vodi-go-kochat-Skopje-2014-

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Dexter26
Date Posted: 27-May-2013 at 23:03
Previous 
 
Џоле, линковите и текстовите од заклучените веб сајтови можеш да ги превземеш преку десен клик -> View Page Source, ова важи за Mozilla Firefox, не знам за останатите Интернет прелистувачи.
 
Само копирај ги текстовите прво во Notepad, па потоа од таму копирај ги на форумов бидејќи ако ги копираш директно преку View Page Source, нема да испаднат убаво, не е добар тој фонт.
 
Има начини да се отклучат тие веб сајтови, само не ми текнува како, дали треба да се исклучи JavaScript или нешто друго, не ми текнува во моментов.
 

 

 

 

 



Posted By: gjoko
Date Posted: 27-May-2013 at 23:37
со хромот сум пробувал,не работи ни десен ни лев клик.мозила не користам ама ќе пробам


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-May-2013 at 09:57
Originally posted by Dexter26


Previous  Џоле, линковите и текстовите од заклучените веб сајтови можеш да ги превземеш преку десен клик -> View Page Source, ова важи за Mozilla Firefox, не знам за останатите Интернет прелистувачи.  Само копирај ги текстовите прво во Notepad, па потоа од таму копирај ги на форумов бидејќи ако ги копираш директно преку View Page Source, нема да испаднат убаво, не е добар тој фонт.  Има начини да се отклучат тие веб сајтови, само не ми текнува како, дали треба да се исклучи JavaScript или нешто друго, не ми текнува во моментов.


Има и друг начин, со зачувување на страницата како web page, complete опцијата, со десен клик. Тогаш ти ги симнува сликите на компјутер и треба да ги закачуш на некоја од страниците за хостирање фотографии, па оттаму да ги постираш на форумов. Само, ме мрзеше да го правам тоа, а и фотографиите од гореспоменатиот објект не се нешто спектакуларни.

Патем, твоиве фотки не се прикажуваат кај мене.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 28-May-2013 at 15:57
пробав на Плусинфо и не лев ни десен клик не функционира.незнам како би се превзела информација


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Feb-2014 at 17:54
Општинската зграда на Босилово



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Feb-2014 at 17:59
Општинската зграда на Чашка



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Feb-2014 at 19:05


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Apr-2014 at 11:34
Не знам баш дали и ова може да се објави во темава, но сепак...

ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

Започнаа подготвителните работи на теренот каде што ќе се гради новата полициска станица во Ѓорче Петров. На парцела од 1.668 квадратни метри во близина на црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се гради објект на три ката во кој покрај полицијата ќе биде сместена и противпожарната единица. Зградата ќе има вкупно 3.210 квадрати корисна површина и треба да биде завршена за 32 месеца.

Со почетокот на овој проект Општината ќе почне со реализирање на третата фаза за дооформување на проектот „Реонски парк- Ѓорче Петров“.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=D8249247E6108B459A61D4B5CCB14FC8 - http://www.utrinski.mk/?ItemID=D8249247E6108B459A61D4B5CCB14FC8

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-May-2014 at 15:48
По подолго време, денес имаше работници на општинската зграда на Карпош.

https://flic.kr/p/ngsfJZ"> https://flic.kr/p/ngsfJZ - DSC03612 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: ѓорче
Date Posted: 09-May-2014 at 16:27
Друже грешка си! Ова не е општинската зграда на Карпош..Туку таа позади нејзе и точно е тоа дека нема никакви активности на нејзе подолг период.


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-May-2014 at 16:53
А тогаш, што е ова? Станбена зграда? Како само успеале да ја залепат до другата?

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Teglarot
Date Posted: 09-May-2014 at 17:09
Колку што знам нема да биде станбена зграда. Ова е просторот на првите две-три бараки кои беа до општинската барака. Во нив беа сместени подружници на јавни претпријатија. Најверојатно таму ќе се сместат истите, плус уште некои кои сеуште се сместени во мувлосани бараки на други места во Општината Карпош.

А за општинската зграда, познавајќи ги финансиската состојба на општината, целосното одлевање на парите во една политичка партија и размислувањето на вработените (ако остана некој со памет, огромен скептик сум дека и ќе успее да се догради во блиска иднина.


Posted By: martind
Date Posted: 09-May-2014 at 17:21
И јас колку што сум информиран оваа ќе биде станбена зграда, а позади си останува општинската зграда.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 09-May-2014 at 19:41
Колку што јас сум информиран, двете згради (општинската и таа пред неа) ќе бидат споени со мост.



-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-May-2014 at 15:21
Да не знае некој каква зграда е оваа од Демир Капија? Градска куќа, музеј или нешто слично? Патем, ми се допаѓа како ја реконструирале.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 30-May-2014 at 16:47
Џоле се работи за следното:

АИВО ОРАВ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА ЦЕНТАР ЗА ТУРИЗАМ ВО ДЕМИР КАПИЈА




Пуштен во употреба едукативниот тренинг центар за туризам кој со европски пари беше изграден во Демир Капија, како плод на прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција. Црвената лента ја пресекоа Аиво Орав, шеф на делегацијата на Европската Унија во земјава и градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев. Настанот беше во рамки на одбележувањето на 7-ми Ноември, денот на ослободувањето на Демир Капија. По тој повод Орав ја прими и седмоеноемвриската награда.

-Најискрено се заблагодарувам што ме почестивте со доделувањето на оваа награда. Овој центар ќе ги зголеми економската соработка, економскиот развој и животниот стандард на жителите од овој регион - нагласи Орав.

Демиркапискиот градоначалник кажа пред многубројните присутни дека локалната самоуправа континуирано вложува во туризмот.

-Со нашите партнери се обидовме да го најдеме она што не поврзува а не она што не дели. Преку овој центар ќе се реши проблемот со недостатокот на човечки ресурси во областа на туризмот. Истовремено согласно заложбите на оваа Влада, ќе се овозможи создавање на еден регионален центар во кој ќе се едуцираат и кадри од соседните држави-рече во своето обраќање Димитриев.

Државниот секретар во министерството за локална самоуправа Билјана Цветановска Гугоска нагласи дека ова е пример дека програмата за прекугранична соработка дава големи можности кои општините треба максимално да ги искористат.

Проектот за прекугранична соработка, во чии рамки беше изграден и центарот, вреди над 300 илјади евра. Во него партнери беа општината Демир Капија и Стопанската комора од Лерин од соседна Грција. За директор на центарот е именувана Виолета Јанкова од Кавадарци.
(С.Д.)
http://www.dnevnik.mk/?itemID=BC7D1AD7CC6813439FAE2603C3ADEDA7&arc=1


Posted By: ehrlich
Date Posted: 30-May-2014 at 16:51
Мислам дека станува збор за реконструкција на стара училишна зграда, а инаку сега во него е сместен http://opstinademirkapija.gov.mk/index.php/en/archive/144-2012-05-29-18-47-42 - Центарот за едукација и вмрежување на туризмот , кој е изграден со пари од ИПА-фондовите за прекугранична соработка.


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-May-2014 at 17:07
Ви благодарам на одговорите!

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 30-May-2014 at 18:29
Некаква си мини верзија на "Музејот на Македонска борба" во Скопје


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Jun-2014 at 17:59
Денес поминував оттаму, па си реков да ја сликнам... Ми се допаѓа зградава, и лошо е тоа што е збутана меѓу други згради, просто е невидлива ако не знаеш дека се наоѓа таму (зад Министерството за економија и неколку станбени згради). Ова здание требаше да се изгради на некоја поотворена локација и да биде повидливо.

https://flic.kr/p/nDho6S"> https://flic.kr/p/nDho6S - DSC03980 by https://www.flickr.com/people// - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Jun-2014 at 18:06
мене ми личи на класичен автосалон... кога веќе одбрале толку едноставна форма, можеле барем да се потрудат за изборот на стакло и други фасадни материјали и бои
исто така пример можеле да земат од брутализмот (кој го има во разни форми) кога веќе името им е Бетон и главен домен им е градењето на карабини... креативноста е далечна за овие простори


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Jun-2014 at 22:38
А каде е ова поточно?тука имаше некои кафани и бараки или се лажам/


Posted By: Roops
Date Posted: 11-Jun-2014 at 07:21
Разбирам дека не се нешто богати компанииве ама ако веќе градиш официјално седиште,па биди модерен малце бе фрли некој денар повеќе направи го во светски стил висок голен,не дека е грд и вака објектов ама пак.....


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Jun-2014 at 09:21
Originally posted by gjoko

А каде е ова поточно?тука имаше некои кафани и бараки или се лажам/


Капиштец, зад Министерство за економија (зад оваа зграда)



-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Jun-2014 at 15:55
Тука имаше ракометно игралиште а зад него хотелот Бетон(сум седел една година во бетон,ама како студент).Игралиштето е `курбан` заминато?


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Jun-2014 at 16:15
Па, сега таму е зградата на Бетон и паркиралишта. Игралиште не видов, но можеби не сум го забележал.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Jun-2014 at 17:17
Вероватно е збришано за `повисоки` цели.Иначе игралиштето беше долго скоро колку цел хотел Бетон,што значи е лесно приметливо


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Jun-2014 at 17:28
Да,објектот е на местото на поранешното игралиште за мал фудбал(редовен гостин беше Панчев,а и Петар Гошев)

https://flic.kr/p/nDULSk"> https://flic.kr/p/nDULSk - Beton by https://www.flickr.com/people// - , on Flickr


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 16-Jun-2014 at 23:54
Da imase igraliste tamu i Pancev ima igrano mal fudbal tamu no za zal sega e parking se gleda i na sliakva, a na mesto na segasniov objekt bea baraki ustvari toa im bea kancelariite na Beton LOL


Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-Jun-2014 at 16:36
Реконструирана општинската зграда на Ресен

По неколкумесечна интензивна работа, денеска во Ресен се промовираше завршувањето на реконструкцијата на општинската административната зграда. Со примена на најсовремените мерки на енергетската ефикасност, овој објект, не само што сега има целосно нов изглед, туку веќе ги генерира очекуваните заштеди.


„Значителните енергетски загуби на општинската зграда беа главната причина за високите сметки за нејзино греење и ладење. Тоа претставуваше значајно оптоварување за општинскиот буџет. Ефектите од спроведените мерки се повеќекратни и веќе мерливи, во финансиска и еколошка смисла“, изјави м-р Ѓоко Стрезовски, Градоначалник на Општина Ресен.


Реконструцијата на објектот е овозможена благодарение на финансиската и техничката поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, во рамките на Проектот за заштита на Преспанското Езеро. Станува збор за еден иновативен пристап на обезбедување на средства за заштита на овој иклучително важен езерски екосистем, преку инвестиции во енергетската ефикасност.


„Овој потфат е одличен пример на искористување на позитивните финански ефекти на енергетсктата ефикасност во подобрувањето на заштитата на природните ресурси. Значителните заштеди што во континуитет ќе ги генерира намалената употреба на електрична енергија и други енергенси, ќе се преточат во инвестиции за заштита на еден од најважните езерски екосистеми во светски рамки“, изјави Постојаниот претставник на УНДП, г-ѓа Луиза Винтон.


Годишните заштеди од спроведените мерки, со проценета вредност од околу 15,000 евра, Општината Ресен има намера да ги користи во обезбедување на одржливо функционирање на езерската мониторинг станица во с. Стење. Работата на мониторинг станицата, чијашто изградба е во тек, ќе биде од еден од клучните елементи на идната заштита на Преспанското Езеро.


Овој реконструкциски потфат, со вкупна вредност од околу 100,000 евра, вклучува целосна изолација на објектот со примена на најсовремена термоизолациона фасада, комплетна промена на столаријата (прозорци и врати) и реконструкција на покривот со примена на дополнителна изолација. Дополнително, променети се старите азбест-цементни покривни плочи со нови, од природни материјали.


Со вкупна вредност од 6.3 милиони Швајцарски франци, Проектот за заштита на Преспанското Езеро, во рамките на кој се спроведуваат овие, но и други бројни иницијативи, претставува еден од најзначајните проекти во целокупниот регион. Неговата реализација, покрај директниот придонес кон заштитата на овој глобално значаен езерски екосистем, има позитивно влијае и врз неговиот социо – економски развој.


Извор: УНДП


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Jun-2014 at 16:41
Originally posted by BOJAN

Реконструирана општинската зграда на Ресен






resen.gov.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 15-Jul-2014 at 16:25
Еве и слика од теренот..


plusinfo.mk


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Jul-2014 at 22:13
Центар за алтернативен туризам, Моноспитово



strumicadenes.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 23-Jul-2015 at 12:28
ЈП „ПОЦ“ во нови простории



Јавното претпријатие „Паркизни на општина Центар“ се всели во нови простории.
Како што денеска рече директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ, ова не се обични канцеларии, туку простории каде што се креира политиката за добробит на граѓаните.

Пред две години, посочи Богдановиќ, си зададовме два приоритети: да го направиме претпријатието стабилно, кое само си ги сервисира обврските, и да воведеме нови поволности за центарци.

„Од претпријатие со проблеми и долгови, сега ЈП ПОЦ е на стабилни и здрави нозе. Жителите на Центар, веднаш по локалните избори добија бесплатен паркинг и заедно со Советот на општината и со градоначалникот воведовме картичка за грижа на трети лица, новинарски карти за паркинг, резидентни паркиралишта, со што се среди хаосот низ паркинзите, а гостинските часови ги зголемивме од 30 на 90“, рече директорот Богдановиќ.

Тој посочи дека фирмата е стабилизирана, вратен е долгот за комунална такса кон општина Центар, граѓаните од Соборен Храм добија олеснувања за паркинг местата и сега ЈП ПОЦ е финансиер на најтрофејниот кошаркарски клуб – Работнички.
Богдановиќ најави и нови проекти за подобри услуги за граѓаните.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, посочи дека претпријатието пред локалните избори во 2013-та беше синоним за некој што работи со загуба. Имало дури и идеја да се спои со паркинзите на Град Скопје. ЈП ПОЦ во тој период можел единствено да опстојува само ако бил финансиран од општината.

„Смело влеговме во обврската и предизвикот да го средиме ова единствено јавно претпријатие во општина Центар. Деновиве, често слушам дека ‘има разлика’. И точно е дека има. Претпријатие кое наплатуваше паркинг и имаше долгови, сега со бесплатен паркинг работи подобро“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Тој, исто така, упати честитки за одличниот менаџерски резултат на директорот Богдановиќ и неговиот тим.

http://www.porta3.mk/jp-poc-vo-novi-prostorii/ - http://www.porta3.mk/jp-poc-vo-novi-prostorii/


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Aug-2015 at 17:50
Струмица 2014





фото: mia.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: fichot
Date Posted: 29-Aug-2015 at 23:55
Е ова гарант сам го цртал. Дури и со кошулата му се уклапа.


Posted By: xnx
Date Posted: 30-Aug-2015 at 18:33
hhaha. smejte se, ama stvarno sam gi crta fasadive, od sigurni izvori


Posted By: hcitrS
Date Posted: 28-Jan-2016 at 13:42
Зграда на поранешниот Сенат на Иран, а потоа парламентот на Иран, а за сега не најдов информации. Проектиран 1956.









Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Apr-2016 at 17:40
Нови простории за Државниот архив и МВР во Куманово. Фото: миа.мк



-------------
За сè има вторпат


Posted By: tiberix
Date Posted: 02-Apr-2016 at 11:26
Министерство за финансии, старата зграда на Полицијата во Струмица.

http://s838.photobucket.com/user/Addvert/media/12914730_10204626630860338_1031233783_o.jpg.html">


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-May-2016 at 11:21
Управа за недвижнини, Подгорица, Црна Гора. Споредете со административните згради што се градат кај нас.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-May-2016 at 00:13
Originally posted by tiberix

Министерство за финансии, старата зграда на Полицијата во Струмица.


фоткава ја ископав од твитер



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 15-Aug-2016 at 11:23


Oil комплекс Багдад / Бетон 1982-89

Автори: Нако Манов, Дионис Андонов, Зоран Штаклев, Душанка Балабанова

Проектирање: 1982-83

Изведба: 1982-89

Локација: Багдад, Ирак

Изведувач: ГП „Бетон” Скопје

Инвеститор: Министерство за нафта, Ирак

Извор: Бимас 1991

Административни простории за потребите на Министерството за нафта на Ирак со сите придружни функции наменети за целиот комплекс: засолништа за 1200 лица, ресторан со кујна со капацитет од 3000 оброка, компјутерски центар, повеќенаменска сала за 800 лица со придружни простории, банка, работилници за одржување итн.

Објектот е целосно климатизиран. Постигната е целосна стандардизација, типизација, унификација и префабрикација во градбата на објектот. Корисна површина на објектот: 100,000 м2.




http://marh.mk/oil-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%81-%D0%B1%D0%B0%D0%B3%D0%B4%D0%B0%D1%82-%D0%B1%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%BD-1982-89/ - marh.mk

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 15-Aug-2016 at 11:26











-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: fichot
Date Posted: 16-Aug-2016 at 00:04


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Jun-2017 at 11:09
Originally posted by tiberix

Министерство за финансии, старата зграда на Полицијата во Струмица.








-------------
За сè има вторпат


Posted By: Понтифик
Date Posted: 04-Jun-2017 at 11:54
Новороденче на зградата на Министерството на финансиите во Скопје, foster child во Струмица. Горе долу изгледа далеку попристојно од базата во Скопје и мислам дека тоа се должи на величините.

-------------
Само тъмен ум като моя може да знае всички тайни, защото са тъмни, толкова тъмни...но в теб.


Posted By: Navigator
Date Posted: 05-Jun-2017 at 15:01
Баш убаво и прикладно ми изгледа.


Posted By: TENDO
Date Posted: 14-Jun-2017 at 22:14
Здраво дечки,

Дали има некој информација на кои објекти моментално е ангажиран ГП Бетон Скопје?


Posted By: fichot
Date Posted: 14-Jun-2017 at 23:25
Originally posted by TENDO

Здраво дечки,

Дали има некој информација на кои објекти моментално е ангажиран ГП Бетон Скопје?


http://skopje2014.prizma.birn.eu.com/mk/rezultati/izv=0151 - http://skopje2014.prizma.birn.eu.com/mk/rezultati/izv=0151


Posted By: TENDO
Date Posted: 15-Jun-2017 at 12:17

Како што гледам грото од градбите веќе се изградени.

Останаа уште малку, ама најголемите.

Е сега кој од овие што преостанаа воопшто не се ни почнати?

Како што видов споменикот на Мајка Тереза воопшто не е ни започнат.

Тркалото е на почеток на изградба...

Според вас кои се ризичните проекти на Бетон кој би можело да не се изрелизираат со промената на власта и поништување на некои договори?

Кои договори веќе се започнати и веќе се во понапредна фаза и тешко би можело да се прекинат?


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Jun-2017 at 12:35
Споменикот на Мајка Тереза веќе одамна е почнат со градба и скоро целата бетонска конструкција е готова а веќе е почнато поставување на релјефите. Голем дел од проектите се во завршна фаза освен новата зграда на НБРМ и панорамското тркало.


Posted By: TENDO
Date Posted: 16-Jun-2017 at 08:22
И сега НБРМ ќе се гради или не?


Posted By: Dexter26
Date Posted: 16-Jun-2017 at 11:11
Previous
 
Навистина ти нема рамен за инвестиции Тендо, си се зачленил само за да се информираш дали Бетон е сигурна инвестиција на Македонска Берза, тоа се вика инвестициска упорност. Браво, така треба. Applause
 
Како што е веќе познато, зајко кукурајко и плавите жолтици најавија дека нема да бидат реваншисти и дека нема да ги прекинат изградбите на објектите кои веќе се во изградба, само ќе ги откажат незапочнатите изградби на нови објекти од проектот Скопје 2014, односно Македонија 2017, а за веќе завршените објекти уште не е договорено дали и како би се правела ревизија за нивните изградби.
 
И веќе ти кажав на форумот на Кајгана, без разлика кој е на власт, а кој е во опозиција, за профитерите од типот на Минчо Јорданов и Ванчо Чифлиганец секогаш ќе има добар бизнис и уште подобар профит.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jun-2017 at 12:50
Originally posted by TENDO

Здраво дечки,

Дали има некој информација на кои објекти моментално е ангажиран ГП Бетон Скопје?


Можеш да пребаруваш и овде:

http://build.mk/kompanija/beton-skopje - http://build.mk/kompanija/beton-skopje

За разлика од листата на БИРН која содржи само објекти и споменици од Ск2014, оваа листа содржи секакви проекти кадешто Бетон е изведувач.

Инаку од листата веднаш станува очигледно и жалосно е што ваква компанија не работи практично ништо друго освен проекти финансирани со јавни финансии.



Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Aug-2017 at 16:18
Oпштинската зграда во Демир Капија



Posted By: phenomenon
Date Posted: 31-Aug-2017 at 13:43
http://www.kumanovonews.com/vesti/zmii-ce-gi-izedat-kumanovci-sto-sakaat-da-proverat-dali-se-vo-izbirackiot-spisok - http://www.kumanovonews.com/vesti/zmii-ce-gi-izedat-kumanovci-sto-sakaat-da-proverat-dali-se-vo-izbirackiot-spisok

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Jan-2018 at 22:22
Реконструираниот објект на полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“







фото: миа.мк

-------------
За сè има вторпат


Posted By: MACK
Date Posted: 13-Jan-2018 at 04:33
Trebase edno vakvo golemo zdanie kako sto napravil Beton vo Bagdad da se napravi kaj nas ( sigurno i proektite gi cuvaat) ama negde na strana ( dracevo, ilinden negde na nulta pozicija ) i tamu da e smestat site mozni vladnini institucii, a ne kako sega site rastrkani po zgradicki ama bitno se vo centar. Ako se napravese toa zamislete kolku ke se rasteretese centarot na gradot a i site ke bea na ednio mesto pa ke imase i pogolema koordinacija efikasnost vo rabotata i slicno.
No kako i sekogas kaj nas ne se razmisluva na dolgi stazi , ama koj ke se vrti niz centar posle, koj ke gi polni kaficite , ke nema se koj, ke nemase guzva e bas ke bese neinteresno za zal


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Jul-2018 at 08:44
Со европски пари во Кочани е реконструирана општинската зграда

Заврши реконструкцијата на административната зграда на Општина Кочани. Реализираниот проект опфати изведба на енергетски ефикасна фасада, промена на прозорците во објектот, поставување на нов лифт и изведба на тоалети за лицата со посебни потреби. Реконструтивниот зафат вреден 200.000 евра се одвиваше преку проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“, преку Центарот за развој на Источниот плански регион како водечки партнер во партнерството со обласната администрација на Благоевград.





Покрај реализираната реконструкција на општинската зграда во Кочани, во рамките на проектот беше обновен и објектот на Обласната администрација во Благоевград. Финансиската вредност на целокупниот проект изнесува 400.000 евра, а средствата беа обезбедени преку Програмата за прекугранична соработка (Интерег ИПА програма) на Европската Унија.

http://build.mk/so-evropski-pari-vo-kochani-e-rekonstruirana-opshtinskata-zgrada/ - http://build.mk/so-evropski-pari-vo-kochani-e-rekonstruirana-opshtinskata-zgrada/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-May-2020 at 16:36
Во Дојран се реновираат три објекти за научно истражувачки цели за заштита на езерото



Идниот месец општина Дојран треба да добие објекти кои ќе бидат во функција на истражување на квалитетот на водата на езерото , негова заштита и изработка на проекти кои ке бидат во насока на зачувување на биодиверзитетот. Станува збор за три објекти во непосредна близина на општинската зграда и беа во лоша состојба.

Сите три бојекти се со површина од 60 до 80 метри квадратни кои во иднина ќе се кроистат за информативни и научни цели . Еден објект ќе биде едукативен инфо центар, вториот мониторинг станица а третиот соби за престој.

Целиот проект се работи со средства од ЕУ преку УНДП со кој ќе се стави акцент за научно истражување на богатата фолра и фауна во езерото и негова заштита. Според граодначалникот Анго Ангов трите објекти ќе го зачуват традиционалниот дојрански изглед и архитектура. Истите ќе бидат опремени со соодветни лабаратории преку кои ќе се вршат анализи и испитувања на езерото и биодиверзитетот.

https://drnka.mk/%d0%b2%d0%be-%d0%b4%d0%be%d1%98%d1%80%d0%b0%d0%bd-%d1%81%d0%b5-%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%b0%d1%82-%d1%82%d1%80%d0%b8-%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%b8-%d0%b7%d0%b0/?fbclid=IwAR05rAHRQinhP_kLiTVjwkbfsLihHbkDfZGPc70v3rdDqWFmOplX3UvWn9Q

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Jun-2020 at 12:48
Општинска зграда Ростуше, не знам точно кога е изградена:



https://libertas.mk/poradi-pandemi-ata-mavrovo-rostushe-gi-oslobodi-obvrznicite-za-pla-a-e-na-komunalnata-taksa/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Aug-2020 at 15:43
Водовод“ до сопствен објект по еден век

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола, кое наскоро ќе одбележи 100 години од основањето, дури по еден век ќе добие сопствен објект.
Првиот човек на ЈКП „Водовод“, директорот Горан Козаров, деновиве најави дека ова јавно претпријатие наскоро ќе почне со изградба на сопствена управна и административна зграда, во која ќе бидат сместени сите служби на ова јавно комунално претпријатие. Новата административна и управна зграда, која ќе располага со 1.200 квадратни метри корисна површина, ќе биде лоцирана во просторот каде што сега се наоѓа дел на претпријатието, под железничката пруга.
– Минатата година, кога наплативме дел од побарувањата што ни ги должеа училиштата од Битола за неплатена вода, во износ од 12 милиони денари, одлучивме дека треба да направиме своја управна и административна зграда и повеќе да не бидеме потстанари и да плаќаме високи кирии.

Пресметките покажаа дека трошоците што сега ги издвојуваме за плаќање кирија и за одржување на овој објект, кој не е наш, се доста високи и дека со парите што ги добивме од Општината за неплатената вода на училиштата и со кредитно задолжување ќе можеме да ги сервисираме издвојувањата, како за изградба на објектот така и за отплата на кредитот што би го подигнале – вели првиот човек на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров.
Според Козаров, вкупната инвестиција за изградба на управната и административна зграда би изнесувала 35 милиони денари.
Значајна помош во изградбата на управната зграда јавното претпријатие „Водовод“ доби деновиве и од локалната самоуправа, која со одлука на Советот на Општината, на седницата што се одржа онлајн, го ослободи претпријатието од плаќање комуналии за изградба на новата административната зграда во висина од четири милиони денари.
И покрај тоа што поради пандемијата на коронавирусот многу работи во Битола не се одвиваат според потребната динамика, сепак во ЈКП „Водовод“ забрзано работи на подготовката на инфраструктурата за изградба на управната зграда.
Инаку проектот за изградба на административната и управната зграда на ЈКП „Водовод“ е изработен уште во 2016 година, но тој до неодамна лежеше заборавен во фиока.

Уште по доаѓањето на раководната позиција како прв човек на ЈКП „Водовод“, Горан Козаров, покрај со другите, се зафати со реализација и на овој проект.
Според Козаров, сега ЈКП „Водовод“ е стабилно претпријатие, во кое драстично е подобрен не само начинот на работа туку и на функционирање на претпријатието, кои не беа земени предвид повеќе од 30 години.
Таквиот начин на менаџирање придонесе не само да се подобри финансиската состојба на претпријатието туку и да се намалат загубите на вода, кои сега изнесуваат од 20 до 25 отсто, но и да се обезбедат средства покрај за изградба на управната и административна зграда и за обнова на возниот и машинскиот парк и за набавка на нови возила и градежни машини. Драстично е подобрен скада-системот преку кој се контролира и менаџира водоводната мрежа.

Неодамна беше изработен мошне амбициозен проект во вредност од над три милиони евра, за поставување потисен цевковод од пумпната станица до филтерницата Дихово, а се врши геомеханички испитување за цевководот.
– Свесни сме дека ние самите не можеме да ги реализираме овие два најкрупни проекти од формирањето на претпријатието, но за тоа ќе бараме помош или од државата или некој грант. „Водовод“ неодамна набави втора баждарница, го асфалтира платото кај машинскиот парк, изградени се полици по светски стандарди за чување на цевките, гаражата за возилата и градежните машини е заградена со лим од сите страни, а изграден е и сопствен објект за миење на возилата. Наедно набавен е и нов агрегат за филтерницата. Во исто време е поставен хлоринатор, кој на критичните точки од скада-системот, кај Кукуречани и Могила го мери количеството хлор.
Во „Водовод“ особено внимание се посветува на замена на азбестните цевки со нови, поквалитетни. Иако со усвојувањето на законот, со кој Битола се прогласи за старо градско јадро, во голема мера е отежнато работењето на „Водовод“ за замена на азбестните цевки во битолските улици, од кои голем дел се заштитени со закон, сепак ЈКП „Водовод“ во изминатиот период во голема мера замени дел од азбестните цевки на водоводната мрежа, кои се штетни по здравјето на луѓето.

Според процената на стручните служби на ЈКП „Водовод“, во Битола имаше околу 25 километри азбестна водоводна мрежа. Сега таа, според нивните сознанија, изнесува околу 11 километри и се менува по секоја интервенција на водоводната мрежа.
За првиот човек на ЈКП „Водовод“ особен успех претставува електронското читање на водомерите.
– Со електронското читање на водомерите нема повеќе кражби на вода со вртење на водомерот. Сега секој инкасатор, кој со себе наместо тефтер носи телефон со посебен софтвер, ги слика водомерот и состојбата. И тоа е најдобар доказ не само за потрошеното количество вода туку и за евентуалните спорови – вели Козаров и нагласува дека водомерите досега се читаа трипати во годината, а сега тоа се прави дури четири пати.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/водовод-до-сопствен-објект-по-еден


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Oct-2020 at 15:03
ШИЛЕГОВ НА ОГЛАС ЌЕ БАРА ОБЈЕКТ ЗА ГРАДСКА КУЌА ОД 11 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ

Град Скопје ќе распише оглас за купување Градска куќа. Според одлуката која денеска беше предложена на усвојување од Советот на Град Скопје, вкупната вредност на недвижниот објект треба да биде до 11 милиони евра со вклучен ДДВ. Објектот треба да биде во централното градско подрачје односно во Мал Ринг. Административниот простор за вработените да биде со површина од 4.000 до 9. 000 метри квадратни. Да има обезбеден пристап за луѓе и возила, паркинг простор со површина од приближно од 20 до 70 паркинг места, обезбедена инфраструктура, технички и санитарни услови, лифт, имотен лист или лист за предбележување.

Во одлуката стои дека објектот ќе се набави по пат на прибирање понуди со објава на јавен оглас за купување на недвижна ствар. Кога ќе се објави огласот, во одлуката не се наведува.

„Со децении Советот на Град Скопје, Градоначалникот и градската администрација се сместени во објект кој ни одблиску не ги задоволува основните потреби ниту на граѓаните ниту на градските органи и градската администрација. Со донесувањето на предложената одлука и спроведувањето на постапката ќе се набави објект со кој на траен начин ќе се реши прашањето на сместувањето на Советот на Град Скопје, Градоначалникот и градската администрација, а воедно ќе се обезбедат и подобри услови за понатамошното негово функционирање“, се вели во образложението на градоначалникот Петре Шилегов.

Финансиските средства се обезбедени во буџетот на Град Скопје и се предлага да се исплаќаат до најмногу 24 еднакви рати.

Градоначалникот Петре Шилегов лани во ноември, за 12.7 милиони евра ѝ ја продаде Градската куќа на кејот на реката Вардар под тврдината Кале на австриската компанија ЕВН. Одлуката за продажба на објектот кој почна да го гради неговиот претходник Коце Трајановски беше дека се наоѓа на несоодветна локација и нема да ги собере сите вработени во Градот.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shilegov-na-oglas-ke-bara-objekt-za-gradska-kuka-od-11-milioni-evra-vo-strogiot-tsentar-na-skopje/


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 27-Oct-2020 at 20:39
Паркинг простор од 20-70 места, а овој на ЕВН не ги задоволувал потребите? Нормално, не може дил да се направи со објект што Коце веќе го поминал.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 27-Oct-2020 at 21:28
Аха, значи најдена е зградата, штом е одредена и вредноста на зградата до која ќе се купува. Браво!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Oct-2020 at 07:28

Не ме чуди да е зградата на Макоил на Даме Груев, за да можат делумно да ја срушат и да го прошират булеварот.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Théoden
Date Posted: 28-Oct-2020 at 13:25
Originally posted by гитардемон


Не ме чуди да е зградата на Макоил на Даме Груев, за да можат делумно да ја срушат и да го прошират булеварот.
Можеби, но Макоил технички не е во малиот ринг кој е заокружен со Даме Груев.


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Oct-2020 at 14:59
Офицерски дом и зградата на ЕСМ ги задоволуваат критериумите за Градска куќа





Зградата на Електрани на Македонија (ЕСМ) и Офицерскиот дом се двата објекти во централното градско подрачје што ги задоволуваат критериумите што Град Скопје ќе ги набележи во јавниот оглас за Градска куќа во која ќе бидат сместени канцеларијата на градоначалникот, Советот на Град Скопје и администрацијата.

Инаку, по заклучок од Владата донесен на седница на 14.01.2020 година, АД ЕСМ, како акционерско друштво во државна сопственост, го откупи делот од управната зграда кој му припаѓаше на ЕВН за 2375.100 евра, а дел од вработените во ЕВН веќе се преселија во Градската куќа која беше изградена уште во времето кога градоначалник на Скопје беше Коце Трајановски, откако Шилегов ја продаде на оваа компанија по цена од 12,7 милиони евра, со образложение дека таа не е доволна за градската администрација и дека е надвор од строгиот центар на Градот.

Меѓутоа, ЕСМ има и друга нова зграда, спроти Музеј на град Скопје, но за неа нема издадено употребна дозвола, па засега не можат да се вселат во неа. Ситуацијата е затекната како проблем уште при промената на власта во 2017 година, а до истото е дојдено поради необезбедување на дозволи за измени во тек на градба додека објектот се градел.

Што се однесува до зградата „Офицерски дом“ која се наоѓа исто така на Градскиот плоштад, и таа ги задоволува критериумите за Градска куќа. Неа започна да ја гради грчкиот инвеститор Деметрис Кондоминас заедно со хотелот и го купи земјиштето од државата во март 2012 година по цена од 38,48 милиони денари, или околу 630.000 евра.

По купувањето на земјиштето тој вети дека ќе вложи меѓу 30 и 50 милиони евра и во двата објекти, со планирана површина од 52.643 квадратни метри. Во ДУП за Мал Ринг се зацртани маркички за двете зданија со приземје, седум ката и поткровје и максимална висина од 29 метри. Во 2014 година Кондаминас беше приведен од грчката полиција поради вмешаност во скандалот тежок 500 милиони евра околу државната „Хеленик Постбанк“. Во 2015 година фирмата на Кондоминас „ДЦ Прајм Пропертис“ ја презема Самсоненко и продолжува да го гради Офицерски дом. Самсоненко, според договорот, требаше делот од Градска куќа да го изгради до карабина, а потоа да го предаде на Владата.

Офицерскиот дом без надоместок требаше се отстапи во функција на градската власт и да се употребува како резиденција на скопскиот градоначалник и во него ќе се смести и матичната служба.

Трет објект кој евентуално би бил Градска куќа е катната гаража што се наоѓа меѓу хотелот „Ибис“ и зградата на МЕПСО, во неа има деловен простор и е сопственост на „Мак Оил“. Мите Јованоски во изјава за весникот ВЕЧЕР вели дека нема намера да го дава деловниот простор од катната гаража, бидејќи е со површина од 1.600 квадратни метри што е недоволно, според критериумите на Градот за репрезентативен објект кој би чинел 11 милиони евра, да има обезбеден пристап за луѓе и возила како и паркинг простор со површина од приближно 20 до 70 паркинг места, соодветна обезбедена инфраструктура, технички и санитарни услови, лифт и слично.

https://www.vecer.press/офицерски-дом-и-зградата-на-есм-ги-задо/



Print Page | Close Window