Хераклеја Линкестис

Хераклеја Линкестис е древен град којшто се наоѓа на јужната периферија на градот http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0 - Битола , во подножјето на планината http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B0%D0%B1%D0%B0_%28%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0%29 - Баба . Името го носи името според http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B5 - Херакле , митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D1%80%D0%B3%D0%B5%D0%B0%D0%B4%D0%B8 - Аргеади ,
додека епитетот Врскаестис со значење “Врскаестидска”, доаѓа од називот
на регионот Врскаестида во кој се наоѓал градот. Сместена во плодна
рамнина, од север заштитена од планината Баба и реката Сива Вода на југ,
Хераклеја опстојала и се развила во една значајна раскрсница на патот http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%B0_%D0%98%D0%B3%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Виа Игнација ( http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA - лат . Via Ignatia) кој ги поврзувал http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D1%80%D0%B0%D1%87 - Драч и http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D1%81%D1%84%D0%BE%D1%80 - Босфор . Од Хераклеја патот дијагонално се протегал кон http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%BE%D0%B1%D0%B8 - Стоби , а потоа кон Сердика (ден. Софија). 
Хераклеја Линкестис на патот Виа ИгнацијаИсторија Градот бил основан во предримскиот период, веројатно од страна на македонскиот крал http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BF_II_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8 - Филип II или http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BF_V - Филип V .
Според пишаните извори, по освојувањето на Линкестида, Филип II
подигнал тврдина (веројатно Хераклеја) преку која можел да контролира
дел од кралството. Исто така постои податок според кој во почетокот на
II век пр. н.е., за време на војните со Римјаните, македонскиот крал http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BF_V - Филип V изградил неколку тврдини во пограничните области за да ја осигура границата на кралството.
По победата на Римјаните и поделбата на Македонското кралство на
четири области (мериди), Хераклеја влегла во составот на четвртата
мерида. Највисок степен на цивилизациски развој во време на римското
владеење градот доживеал во првите векови на новата ера, кога добива
статус на колонија. Во овој период Хераклеја станува силен
економско-политички центар со свој постојан римски намесник и со своја
римска војска. Сето тоа се одразило врз изгледот на градот, така што во
голема мерка била застапена римската архитектура, иако традиционалните
влијанија и историските придобивки сe уште давале свој белег на градот.
Во 473, при продорот кој југ, Готите предводени од Теодимер ја
освоиле и Хераклеја. Малку подоцна (479), истите Готи, овојпат
предводени од Теодорих, синот на веќе починатиот Теодимер, повторно
стигнале до Хераклеја. Жителите на градот се засолниле во некој refugium
во регионот, додека епископот преговарал со Теодорих. Готскиот водач
барал храна за своите луѓе, а кога не добил ништо го запалил градот. Не е
утврден точниот обем на уништувањето. Во текот на VI век градот
повторно бил нападнат од варварите, меѓу кои http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B8 - Аварите и http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8 - Словените и при крајот на VI век животот во Хераклеја дефинитивно замира. Објекти, скулптури и мозаици При проучувањето и истражувањето на локалитетот, откриени се
остатоците од некогашниот град, при што е направена реконструкција на
неговиот изглед. На северниот крак од форумот се наоѓа портикот на
судницата со правоаголна основа на чиј северен ѕид стојат две статути на
постаменти и еден постамент без статуа, кои како неми сведоци ја
потврдуваат величенствената историја на градот. Статуата на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A2%D0%B8%D1%82_%D0%A4%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB_%D0%9E%D1%80%D0%B5%D1%81%D1%82&action=edit&redlink=1 - Тит Флавил Орест
изработена од бел мермер, восхитува со една спокојна убавина во своите
марцијални порпорции (биста на Тит Флавил Орест е откриена и во храмот
на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A2%D0%B8%D1%85%D0%B5&action=edit&redlink=1 - Тихе , во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B8%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%B0 - Стибера ).
Младото женско тело и вообичаените атрибути за вистина и правда -
терзијата и лакот - ја навестуваат Немеза, божицата на правда и
судбината. Во грчкиот натпис на ова статуа е кажано дека ова е дар од
хераклејската граѓанка Јулија Тертила. Постаментот без статуа со грчки
натпис е посветен на истата божица, а во рамка е поставен текст, стих од
спевот на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A5%D0%B5%D1%81%D0%B8%D0%BE%D0%B4&action=edit&redlink=1 - Хесиод , http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%94%D0%B5%D0%BB%D0%B0_%D0%B8_%D0%B4%D0%BD%D0%B8&action=edit&redlink=1 - Дела и дни :
’Гладот и несреќите никогаш не ги стасуваат оние главари кои преведно
судат и плодовите од својот предан труд тие ги уживаат во изобилство’.
Градењето на термата означува и раѓање на една повисока здравствена
свест кај тамошните жители. Во таа смисла, термата со право може да се
смета за првенче во подоцнежната изградба на аквадуктот и проширувањето
на воднта мрежа во IV век. Термата се состоела од сала за капење со
студена вода - фригидиум на источната страна; сала со млака вода -
тепидариум во средината; и многу затоплена сала во која имало врела вода
- калдариум и била во употреба се до V век.
Почетоците на градбата на театарот датираат во времето на царот http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%B4%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD - Адријан , а завршните зафати биле изведени во времето на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%BD%D1%82%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%BD_%D0%9F%D0%B8%D1%98 - Антонин Пиј .
Со откривањето на бината, потврдена е двојната функција на театарскиот
објект - за сценски изведби и за претстави со животни кои биле чувани во
трите кафези. За безбедноста на гледачите бил подигнат висок ѕид од
ортостати околу оркестрата со метална ограда врз нив. Гледалиштето има
дијазома со дваесет редови седишта, а над горниот ред се наоѓал http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9D%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%B7%D0%B8%D0%BE%D0%BD&action=edit&redlink=1 - Немезионот .
Почетната ложа со седишта била помеѓу третиот и седмиот ред. Сцената се
состои од пет правоаголни простории и раскошно украсена северна фасада.
Театарот бил со капацитет за околу 3000 посетители од сите сталежи.
На тлото на Хераклеја се пронајдени остатоци од повеќе сакрални
објекти украсени со подни мозаици направени во opus sectile и во opus
tessalatum, датирани во http://mk.wikipedia.org/wiki/5_%D0%B2%D0%B5%D0%BA - 5 и http://mk.wikipedia.org/wiki/6_%D0%B2%D0%B5%D0%BA - 6 век .
Станува збор за малата базилика (А), цивилната базилика (B), големата
базилика (C) и цеметријалната базилика (D) - сместена на околу 250 метри
од централното градско подрачје на Хераклеја, покрај која се откиени
ранохристијански и средовековни гробници.
Како контраст на овие раскошни градби, врз урнатините на стариот
театар, биле подигнати профани градби од камен и кал. Нивната важност е
во нивната местоположба, што зборува за високиот степен на
рационализација на средствата и на просторот. [Tube]IaRzH9nleF8#![/Tube]
|