Print Page | Close Window

Тетовски сообраќај (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1013
Printed Date: 19-Apr-2024 at 01:18


Topic: Тетовски сообраќај (општо)
Posted By: lslcrew
Subject: Тетовски сообраќај (општо)
Date Posted: 23-Mar-2010 at 04:00

Се обновува патот до Фалише

ТЕТОВО - Од вчера се обновува патот од Тетово до селото Фалише во должина од околу 900 метри. Како што информира Скендер Палоши, началник на Одделението за урбанизам на Општина Тетово, ова бил најуништениот дел од патната мрежа на општината. Реконструкцијата на оваа делница чини 9,5 милиони денари што ќе бидат потрошени од градската каса. Градежниот зафат има големо значење за селата Фалише и Стримница населени со околу четири илјади жители. Особено е важна комуникацијата со новите тетовски православни гробишта во Фалише.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4FD211198628F64A9E4D80FC774A1783

Се реновира патот Фалише-Тетово

Почна реновирање на патот од Тетово кон Фалише, единствена сообраќајница што поврзува околу 4.000 жители од две села со градот. Жителите на Фалише и Сараќино ќе добијат нов, саниран пат. Покрај тоа, патот ќе ги поврзе и новите православни гробишта со градот, каде што сега се стигнува по земјен пат. Локалната самоуправа ќе инвестира околу 9,5 милиони денари за санација на првиот дел од патот, кој е со вкупна должина од 3.280 метри. Во првата фаза околу 900 метри од локалниот пат, од раскрсницата со булеварот Видое Смилевски Бато до подвозникот на пругата кон Гостивар, ќе се санира.

Вчера почнаа отстранувањето на горниот дел од асфалтот, проширувањето на тесните грла и отстранувањето на наносите од земја, по што ќе следува асфалтирање, работи што треба да завршат за помалку од еден месец.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=888E6D89BD6A854190BCAC60483FFC32



Replies:
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 20-Apr-2010 at 18:36
EeekEeekwow ne znaev za ova do sega?!!!povelete nesto od Tetovo
 Проект Илинденска
%20
Раскрсница кај „Шарена Џамија“
%20
Раскрсница со „К.Р. Дрнц“
%20

Кружен тек кај УЈИЕ

http://www.geoinzenering.com.mk/artikullm.asp?id=56&gj=2&m=20 - http://www.geoinzenering.com.mk/artikullm.asp?id=56&gj=2&m=20
------------------------------------------------------
a inace bese i uste eden kruzen tek vo tetovo izgradeno i toa nekade kaj stadionov
I eden bulevar bil prosiruvan


-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 20-Apr-2010 at 19:07
Previoussamo da se razbirame
ovaj e projekt za ilindenska znaci vo toj bulevar ke se gradi edna raskrstnica i 2 kruzni tekovi(3 vo eden paketBig%20smile)


-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Apr-2010 at 20:29
my Macedonia, Илинденска во Тетово е проширена според овој терк уште во времето на претходниот градоначелник, пред едно 2-3 години сигурно

Кружниот тек кој си го постирал во нишката за Зеленило е на Илинденска.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Aug-2010 at 11:30
Imalo mnogu realizirani proekti vo tetovo, sto vekje stari se (1 mesec do godini) i opstinata uste mnogu si investira vo infrastruktura pa zatoa mislam deka zasluzuva svoj topic...Smile.....
 
Започна втората фаза за реконструкцијата на улицата “Дервиш Цара“
Зголеми ја сликата
Започна%20втората%20%20фаза%20за%20реконструкцијата%20на%20улицата%20%20“Дервиш%20Цара“
Во сабота започнаа работите за целосно обновување на патот “Дервиш Цара“ во Општина Тетово.Втората фаза на реконструкција опфаќа асфалтирање на патот, поставување на тротоари и на јавно осветлување од патот“Јане Сандански“ до раскрсницата на булеварот “Благоја Тоска“.

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 25 милиони денари.
Зголеми ја сликата
Дервиш%20Цара%201
Дервиш Цара 1
Зголеми ја сликата
Дервиш%20Цара%202
Дервиш Цара 2
Зголеми ја сликата
Дервиш%20Цара%203
Дервиш Цара 3
 
 
http://www.tetova.gov.mk/mk/press/453.html - http://www.tetova.gov.mk/mk/press/453.html


-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 17-Aug-2010 at 18:28
Се регулираат тротуарите и се асфалтира улицата во урбанистичкиот блок 81
Зголеми ја сликата
Се%20регулираат%20тротуарите%20и%20се%20асфалтира%20улицата%20%20во%20урбанистичкиот%20блок%2081
Во понеделник,директорот на “геоинженеринг“,Мусадик Беќири одржа

прес конференција со новинарите со што го инаугурираше почнувањето на асфалтирањето на улицата во Урбанистичкиот Блок 81.
“Во активностите на Општина Тетово за подобрување на инфраструктурата и регулирањето на урбанистичните блокови во градот ,на интензивен начин се работело за регулирање на урбанистичкиот блок 81“рече Беќири.

Според него , на овој урбанистички блок се изградени тротуари со должина од 262 метри,а во понеделник започнале работите за асфалтирање на улицата со површина од 1 илјада и 700 метар кфадрат.


Регулирањето на тротуарот и асфалтирањето на улицата ,кои опфаќат сума од 3 милјони и 733 денари ,го опфаќа првиот дел на работите во овој блок.Вториот дел ќе го опфаќа регулирањето на партерот според сите современи стандарди.
 
http://www.tetova.gov.mk/mk/press/457.html - http://www.tetova.gov.mk/mk/press/457.html


-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 07-Sep-2010 at 18:34
Започна втората фаза од асфалтирањето на улицата“Дервиш Цара“
Зголеми ја сликата
Започна%20втората%20%20фаза%20од%20асфалтирањето%20на%20улицата“Дервиш%20Цара“
Во понеделник започна втората фаза од асфалтирањето на улицата“Дервиш Цара“. Ова значи целосно асфалтирање на оваа улица.Во текот на оваа фаза ќе се асфалтира патот , ќе се изградат нови тротоари и ќе биде поставено јавно улично осветлување од улицата“Јане Сандански“ до крстосницата на булеварот “Благоја Тоска“.Ова ќе биде направено според најмодерни критериуми.

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 25 милони денари.
 
http://www.tetova.gov.mk/mk/press/479.html - http://www.tetova.gov.mk/mk/press/479.html


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 08-Sep-2010 at 13:23
Се гради нов пут покрај касарната.
1.
2..
3.


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 08-Sep-2010 at 13:44
При крај е изградбата на улицата  ЈНА ( алб. Дервиш Цара )
1.
2.
3.
4.
5. Нов влез во општината



-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 08-Sep-2010 at 14:10
wow, lici na tirana slika  2 i 4
Vo 3-ta slika kje bide parkiliste?
aj ako mozes koordinati, bas mi interesira kade e !Smile
Fala dragan za fotkite!!!Big%20smile


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 08-Sep-2010 at 15:27
Вака сега како што гледам изгледа ќе биде некој паркинг, но нема да биде некое големо паркиралиште,зашто веќе позади општинската зграда има паркинг, а ислим дека и ова ќе биде паркинг ( забраев уште една слика да постирам каде се гледа најубавоо). Повели кординатите од општината   42° 0'23.42"N  20°58'24.95"E
1.


-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Sep-2010 at 01:07
Ова булевар ќе биде или овде на овој дел случајно се погодило да е паралелно со постоечка улица?

Originally posted by Dragan

Се гради нов пут покрај касарната.
1.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Sep-2010 at 03:16
Сликата е најверојатно сликана од тука 42° 0'54.39"N 20°58'51.38"E гледано према север. Ми изгледа како продолжување на булеварско решение (дупли профил) на Благоја Тоска. Супер е тоа ако решиле да го пробијат булеварот Благоја Тоска до крај, само види ја трасата према југ со што се е ограничена. Има цели населби врз трасата и тука е имаат големи проблеми. Дури и мост гледам има, ама џабе што има додека булеварот е до оваа фаза на изграденост. Очигледно е некој проблематичен дел, гледам фали и сегмент не изграден од регулацијата на коритото на Пена.


Posted By: Dragan
Date Posted: 15-Sep-2010 at 14:06
Значи вака, ова е сликано каде што завршува двосмерноста на булеварот Благоја Тоска ( приблишно тука некаде исл што ги даде кординатите), после булеварот е едносмерен, е сега јас имам слушнато дека треба булеварот да се поврзе со Илинденска( после стадионот), и да стане двосмерен. Но исто така имам слушнато дека се гради никој пат со кој ќе се поврзат некои села ( Требош, Ратае Жилче, што знам кои се натаму ) 

-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 18-Sep-2010 at 16:43
Свежи свежи информации за оние кои сакаат, патот што се гради кај касарната не е никакво спјување со булеварот илинденска или пат за некои села.,туку крајниот дел од касарната се градат воени станови па затоа го прават, слушнав дека веќе зградите се прават, па затоа во понеделник ако имам време ќе тркнем ќе видим 

-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Oct-2010 at 12:06
Dragan da ne zaboravis sliki

Ќе се поставуваат кружни текови во повеќе делови од градот
Зголеми ја сликата
Ќе%20се%20поставуваат%20кружни%20текови%20во%20повеќе%20делови%20од%20градот
Според портпаролот на општина Тетово, Флакран Пустина, кружниот тек што се прави на раскрсницата на улицата "Јане Сандански" и булеварот "Илирија" ќе претставува големо олеснување на сообраќајот во овој дел од градот.
"На раскрсницата на улицата" Јане Сандански "и булеварот " Илирија ", се гради кружен тек. Кружниот тек со внатрешен дијаметар 20 метри и надворешен дијаметар од 40 метри ќе биде изграден според сите современи стандарди и ќе претставува големо олеснување за сообраќајот во овој дел од градот ", речеПустина.
Вредноста на овој проект изнесува 3 милиони и 150 илјади денари.
Исто така, портпаролот Пустина рече дека набрзо ќе се градат уште три нови кружни текови во градот. Кружни текови ќе се градат на раскрсницата на булеварот“В.С.Бато“ со булеварот “Илирија“ кај супермаркетот Веро, на раскрсницата на патот “Браќа Миладинови“ и “В.С.Бато“кај патот Тетово-Стримница и на раскрсницата на регионалниот пат Тетово-Јажинце со булеварот “Благоја Тоска “.

По изградбата на кружните текови , градот ќе биде збогатен со зеленило и ќе бидат поставени нови елементи за поубав град.

http://www.tetova.gov.mk/mk/press/499.html


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 04-Oct-2010 at 12:15
Да да уште утре ќе има слики, таман треба да идем до библиотека, па кружниот тек ми е подоле 20 метри 

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Oct-2010 at 18:24
Илириа = Маршал Тито?

Во тој случај едниот кружен е овде:
42° 0'26.55"N  20°58'35.73"E

Оној кај патот накај јажинце би требало да е овде:
42° 1'11.77"N  20°58'57.27"E

Кои се другите два?



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Oct-2010 at 18:26
clo i jas preeska sakav da crtam vo google earth i da pokazam kade ama so ulicite problem.....

-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 06-Oct-2010 at 19:19
1.
2.
3.


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 06-Oct-2010 at 22:04
Clov. не те разбирам што сакаш да кажеш, кружниот тек што се гради, што е погоре на сликите е овде  42° 0'31.33"N   42° 0'31.33"N, можно е и подоле да се гради кружен(првите кординати што си ги презентирал), за кружен тек накај јажинце веќе постои кај стадионот  42° 1'1.40"N   20°58'39.61"E

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Oct-2010 at 22:37
Зборев за кружните текови што беа наведени во веста, според улиците (колку што успеав да се снајдам со гугл земја)


Posted By: Dragan
Date Posted: 21-Oct-2010 at 14:45
Еве до каде е кружниот тек, за една најкасно за две недели ќе биде готов, гледано од око
1.
2.


-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 21-Oct-2010 at 15:32
Se prasuvam zosto skopje ne gradi kruzni tekovi?Bea planirani no ocigledno SE SKAPI?
Sto e ovde skapo?

fala dragan za fotkive!
Rodnini bile vo tetovo pa mi rekoa deka zeleniloto se vklopuval ubavo so plostadot?!!Imas vreme da slikas nesto?


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 21-Oct-2010 at 15:39
па зеленилото на плоштат е исто http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=401&PN=3, ако не е проблем ако не ми излезе некоја работа ќе сликам. А да ид да допуним, делот од плоштадот кај што не беше направен сега се поплочи со коцка па имаме една лепеза од убав и лош дел според мене 

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2010 at 19:47
Еве текстов дава дополнителен „инсајт“ за некои работи што ги продискутиравме досега:

Печалбарите го зголемија метежот

Бранот од печалбари пред празниците што го заплисна Тетово го дозголеми секојдневниот сообраќаен метеж, кој е последица на недоизградена сообраќајна инфраструктура. Метежот особено се зголемува пред новогодишните празници и летните одмори, кога драстично се зголемува бројот на автомобили поради доаѓањето на голем број печалбари од странство.

Раководителот на општинскиот Сектор за урбанизам, Скендер Палоши, вели дека причина за сообраќајниот метеж е тоа што ниту еден од трите главни булевари не е пробиен по целата должина, како што е предвидено со урбанистичкиот план. Според него, булеварот Илинденска треба да заврши кај Градскиот стадион, а „Благоја Тоска“ од болницата треба да продолжи до Текстилното училиште. Булеварот Видое Смилевски Бато, познат како „Индустриска“, преку спортскиот центар да се поврзе со регионалниот пат за Јажинце. За реализација, освен финансиски, има и имотно-правни проблеми.

- Меѓу приоритетите за следната година е решавањето на проблемот со „Благоја Тоска“ кај болницата, каде што од 2001 година на реката Пена има современ мост, но од двете страни има повеќе куќи. На страната до градското пазариште процесот на експропријација е прикрај, но од другата страна на реката има пет-шест нови објекти кои треба да се откупат, за што Општината нема доволно средства. Проблемот со „Илинденска“ не може да се реши за една или за две години, но мора да се почне. Тука проблемот е што нема урбанистички планови и веќе е отпочната постапка за носење. Доколку тоа биде завршено во следната година, ќе се почне со изградба - вели Палоши.

Завршувањето на „Илинденска“ може да трае 4 до 5 години, но со тоа би биле решени две третини од проблематичните места низ градот.

- Пробивањето на „Индустриска“ не е приоритет поради обемната работа, не само низ спортскиот центар туку и низ станбените блокови со повеќекатници кои го попречуваат неговото брзо реализирање - вели Палоши.

Според експертите, и овие решенија не ги задоволуваат потребите на Тетово поради неговиот брз развој во последните десетина години.

- Урбанистичките решенија за сообраќајните прашања се пробивање на помали сервисни улици и изградба на кружни текови. Можеби кружните текови не се најдоброто решение бидејќи не се по сите стандарди за нивниот радиус, што треба да овозможи движење и на тешки товарни возила со приколки, но од практичен аспект придонесуваат за растоварување на метежот - смета Палоши.

Проблем во Тетово е и немањето доволен број паркинзи. Таму каде што има јавна површина таа е зафатена со тераси од кафулиња и од кафеани, тезги или други времени објекти. Затоа Општината за следната година планира формирање на јавно претпријатие кое ќе ги стопанисува сите површини што сега и во иднина ќе се користат како паркинг-места. Една од мерките ќе биде и плаќање за паркирање на возилото на централните булевари Илинденска и Илирија.

Од Општината најавуваат продолжување на отстранувањето на гаражите од централното подрачје, што досега беше реализирано во блок 70 и спроти судот.

Атанас Соколовски

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=ADBC4BECCBEC864188427057D4187BC4 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=ADBC4BECCBEC864188427057D4187BC4


Posted By: Dragan
Date Posted: 27-Jan-2011 at 14:46
Еве од кружниот тек и проширената улица накај општина.
1.

2.

3.

4.

5.

6.



-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 30-Jan-2011 at 18:02
http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/vo-tetovo-ke-gradat-kruzni-tekovi

-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 16-Mar-2011 at 15:18
Започна реконструкцијата на патот кај поранешниот сточен пазар
Зголеми ја сликата
Започна%20реконструкцијата%20на%20патот%20кај%20поранешниот%20сточен%20пазар
Со подобрувањето на временските услови, интензивно започнаа работите за подобрување на инфраструктурата во различни делови од градот.Во вторникот започнаа работите за завршување на реконструкцијата на патот кај поранешниот сточен пазар во Мала Речица.
Улица е со површина од околу 1500 метри квадратни и ќе биде поплочена со асфалт, и ќе се регулираат тротоарите што опфаќаат површина од 650 метри квадратни. Работите за реконструкција на овој патен правец се очекува да траат 21 ден. Вкупната сума за неговата изградба изнесува 3 милиони и 300 илјади денари, а инвеститор е Општина Тетово.

http://www.tetova.gov.mk/mk/press/575.html


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 23-Jun-2011 at 23:10
Срамота цел булевард е за никаде тие само дупките ги крпат Ohno, почна ''реконструкцијата'' на булеварот од влез од кај Скопје до плоштад













-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jun-2011 at 17:23
Драган, со оглед на тоа каква е праксата за вакви работи во МК, ќе бидете среќни доколку ова не остане вака некој подолг период, пред конечно да пополнат со асфалт.

Патем, во кој период од денот се работи?


Posted By: Dragan
Date Posted: 24-Jun-2011 at 18:07
Вака Колвер. тој дел од булварот ма не само тој туку и целиот е за поправање, али овој беше со највеќе дупки, за асфалт ќе стават мислам дека утре. Инаку се работи за стар асфалт чим веќе почнале да поправаат нека сменат целиот нова подлога и пубаво за возење, исто така имам забелешка дека тетово е  најнесреден град у цела Македонија по собраќај, нема доволно паркинг,како што може да се забележи колна од паркирани коли од страна на булвеарите, на тетово му фали сериозно една катна гаража, и неколку паркинг места.
Инаку се работи пладне од 11-12 до кај 14 часот


-------------


Posted By: gorco
Date Posted: 27-Jun-2011 at 07:19
Originally posted by Dragan

Вака Колвер. тој дел од булварот ма не само тој туку и целиот е за поправање, али овој беше со највеќе дупки, за асфалт ќе стават мислам дека утре. Инаку се работи за стар асфалт чим веќе почнале да поправаат нека сменат целиот нова подлога и пубаво за возење, исто така имам забелешка дека тетово е  најнесреден град у цела Македонија по собраќај, нема доволно паркинг,како што може да се забележи колна од паркирани коли од страна на булвеарите, на тетово му фали сериозно една катна гаража, и неколку паркинг места.Инаку се работи пладне од 11-12 до кај 14 часот


Најстрашен дел од Маршал Тито е тој, од првите семафори кај маркет Ерзана (поранешен Тинекс), па скоро се до некои 300 м. пред плоштадот кај тој новиот кружен тек. Слична е и улицата паралелна со неа (незнам име), кај спортскиот центар кон Цетинска што продолжува и Медисон.

-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Jul-2011 at 17:22
Поправка на градските улици
Зголеми ја сликата
Поправка%20на%20градските%20улици
Акцијата за поправка на градските улици која започна во понеделникот ќе ги опфаќа главните булевари за да потоа продолжи и во останатите градски улици.
Конкретно извршено е покривање на ударните дупки како и други интервенции со цел санирање на состојбите со цел обезбедување на услови за одвивање на сообраќајот и пешаците.
„Работите околку покривање на ударните дупки веќе завршиле на улиците во населбата Вардар, во населбата Дреновец, Мала Речица како и во некои други населби каде е забележано оштетување на улиците„ рече Кренар Ибраими координатор за работите во општина Тетово.
Вкупната вредност за поправка на улиците опфаќа сума од 8 милиони денари додека работите на теренот ги врши претпријатието „ИР-ТРАНС„.

http://www.tetova.gov.mk/mk/press/609.html


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Jul-2011 at 22:28

Очајно лоша изведба



-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-Oct-2011 at 15:59
Реконструкција на улицата „ Јане Сандански“
Зголеми ја сликата
Реконструкција%20на%20улицата%20„%20Јане%20Сандански“
Минатат недела започна реконструкција на улицата “Јане Сандански“. Оваа улица ќе се реконструира според сите современи стандарди односно ќе се прошири улицата, ќе се средат тротоарите и ќе се зголеми бројот на паркинг местата.
Работите вклучуваат реконструкција на улицата со должина од 270 метри , изградба на тротоар со ширина од 2.5 метри и средување на паркинзите со ширина од 5 метри.На оваа улица ќе се ископа постоечкиот асфалт и ќе се постави нов и исто така ќе се изгради атмосферска канализација од 175 метри.

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 8 милиони и 892 денари , изведувач на работите е претпријатието ИР-Транс , а инвеститор е општина Тетово.
http://www.tetova.gov.mk/mk/press/633.html


Posted By: Dragan
Date Posted: 09-Oct-2011 at 18:01
Bravo sekoja cest mesto da rabotaat na izgradba na katan garaza, i sreduvanje na parkink prostorot, mi rekonstruiraat ulici sto se nadvor od glavniot gradski sobrakjaj, mesto da rabotaat na popravka na bulevarot Industriska, i sreduvanje na sobrakjanjata signalizacoja kaj Vero, i na plostadiot, da go sredat zeleniloto okolu glavniot bulevarot i samiot bulevart M.Tito. Da se sredi parkot Zena-park da ima konecno eden zelen park u tetovo, tetovo e grad vo makedonija kade e edinstven bez park.OCAJNOOO !!! Thumbs%20DownThumbs%20Down


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 31-Mar-2012 at 18:29
ОБЕЛЕЖУВАЊЕ%20НА%20ХОРИЗОНТАЛНА%20СИГНАЛИЗАЦИЈА
Предвидено е обележување на сигнализација и на улиците „Илириа“ , „Дервиш Цара“ и „Мехмет Паш Дерала“. Сето тоа се прави со цел средување на патниот сообраќај и во функција на постојано оддржување на уличната хоризонтална сигнализација.
Foto
Foto
http://www.tetova.gov.mk/mk/press/714.html

Се е тоа убаво, ама главниот булевард треба да иде од влез во Тетово од кај СКопје па се до плоштад на дотален нов асфалт, не чини вака !


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 29-Jun-2012 at 23:31
 41°59'57.82"N   20°58'18.10"E, како што приметив у проаѓање се раскопува тој дел на улицата изгледа ќе се проширува таа споредната или ќе оди све у пакет таа раскрсница зашто и семафорите беа извадини па нјавероватно ќе никне уште еден кружен тек Smile

-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 01-Jul-2012 at 21:55
Eve i sliki od teren, nemav nekoe golemo vreme da slikam, zasto edna clenka na ovoj forum Marionka ne me pustase, se brzase, zatoa sega malce potkarajte ja zasto toa mi go napravila





-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 12-Aug-2012 at 14:10
Previous Skoro gotov e ovoj kruzen tek, bas vo  temata za Ohridskiot soobrakaj se diskutirase zasto ima trotoar okolu krugot, isto i ovde ima trotoar. Baska plus koj bil u Tetovo i ide  u Tetovo se gradat uste dva kruzni teka, edniot e pred vlez u Tetovo, kaj benziskata pumpa Makpetrol odnosno kaj Ramstor  42° 0'14.63"N   20°59'16.43"E, i drugiot tek e na samiot vlez na prvite semafori, vise RIP semafori Big%20smile 42° 0'21.89"N   20°58'49.60"E

-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 19-Aug-2012 at 17:46
Eden od kruznite e skoro gotov, samo od edniot imam sliki za drugite dva vo narednite denovi.











-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 02-Sep-2012 at 10:22
Dragan eden prijatel mi kaza deka valja vo Tetovo vo 3-4 ulici se raboti turbo ednata e jane sandanski ako ne me lazel, imas li uste informacii? Mene webstranicata na opstina tetovo ne mi se otvara pa zatoa te prasam tebe ... poz


Posted By: Dragan
Date Posted: 02-Sep-2012 at 23:39
Тие околу културниот дом улицата, ја направи ја конечно после  година ипол  (  42° 0'31.44"N   20°58'23.14"E ) тука е и крѕжниот тек а тие се улиците лево и десно што се направени, знам исто така дека на новиот кружен тек во сам влез во Тетово кај веро што ќе биде ќе постават споменик на Скендербег, и исто така на новите кружни текови што ќе бидат нема да останат празни и таму ќе се стават споменици.


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 31-Oct-2012 at 15:42
Сликиве ги најдов на интернет, за повеќе детали викендов или наредниот кога ќе ми пројдат колоквиумите, сега за сега како инфорамција да имаме дека нешто се гради. Ова е околу плоштадот плус и кружен тек ќе има, а на кружниот тек и фонтана. А и фонтани во плоштадот и до културниот.




-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 31-Oct-2012 at 15:50
http://www.tetova.gov.mk/mk/press/816.html
Еве како треба да изгледа сами видите

-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 31-Oct-2012 at 18:49

Хмм... Не ми е јасно нешто... Дали и како ќе се пристапува во кругот, со оглед на тоа дека се забележуваат пешачки патеки во него... ?

Инаку би сакал вакво нешто да се реализира во Скопје...



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Oct-2012 at 19:20
Originally posted by FoSsiL

Инаку би сакал вакво нешто да се реализира во Скопје...

Каде?


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 31-Oct-2012 at 19:43

Би можело кај Судска палата, само со тоа што... еден од булеварите најмалку би одел под кружниот тек...  Некој вид на клучка...

А за булеварот што би одел под земја мислам дека е најсоодветно да биде Гоце Делчев со оглед на тоа што и така понира кај Стоковна куќа мост... Па може добро да се израмни тоа...



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 31-Oct-2012 at 21:20
Или пак клучката кај пивара да се замени со некоја ваква клучка... 

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Тркало
Date Posted: 03-Nov-2012 at 02:31
Originally posted by Dragan

http://www.tetova.gov.mk/mk/press/816.html
Еве како треба да изгледа сами видите


Еве и овде нека стојат неколку слики од Јајце тек






Posted By: gjoko
Date Posted: 03-Nov-2012 at 10:54
убаво,само вака да се направиа не да се импровизира


Posted By: Dragan
Date Posted: 15-Nov-2012 at 20:31





















-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 20-Dec-2012 at 21:59


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 19-Mar-2013 at 14:28
Еве го новиот кружен тек кај Рамстор- Палма мол.
1.
2.

Еве на влезот во тетово кај Веро.
1.
2.
3.

И неколку од новиот што се гради кај градскиот пазар ( Во зиградба)
1.
2.
3.



-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Jul-2013 at 17:15
Ima nova snimka vo google i od tetovo i treba da kazam deka soobrakjaot vo glavnata ulica na tetovo e super reseno, barem jas taka mislam



Posted By: gjoko
Date Posted: 14-Jul-2013 at 17:34
паркирањето вдолж оваа улица прави проблеми во сообраќајот,како и доста хаотичното однесување на возачите.тоа многу го кочи сообраќајот.ќе паркира некој наместо направо-накосо кола,и половина трака е завземена.и така наместо во две-на тоа место се вози по една трака како во тесно грло.

мора да се почни со малку повеќе почитување на сообраќајните правила.од тоа бенефит ќе имаат самите граѓани


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Jul-2013 at 17:42
gjoko zneas ti toa e istoto kako vo kicevo, kje parkiras pred kafule i kje si odis da piesh kafe. Tokmu vo bulevarot. Vo svajcarija vo basel ima mesta kade zabraneto e da se vleze so kola iako ima samo kafulinja vo tie ulici. Ehee kje si baras 5 minuti parking i potoa pes do tamu, mislam deka toa e i pravilno!
Mentalitetot, toa e



Posted By: Dragan
Date Posted: 14-Jul-2013 at 20:51
Поставеноста на булеваритеу принцип е супер, проблемот е што во тетово нема паркинг простор, и тоа што го има ( 2-3 паркинзи ) не ги задоволува условите и затоа така се прави целиот собраќај. Плус тие булевари што се не можат да издржат толкави дневни фрекфренција на возила, на Тетово му треба една обиколница, пошто сега моментално сите шлепери тешки возила што треба да идат за граничниот премин треба да влезат во град.


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 23-Jul-2013 at 16:12

Banana

23.07.2013 - Започнува да се реконструира булеварот Илирија некогашен Маршал Тито

Булеварот Илирија некогашен Маршал Тито денес започна да се реконструира почнувајќи од кружниот тек на тетовскиот плоштад.

Работите ќе продолжат во текот на утрешниот ден во правец кон Скопје, а ќе продолжат од кружниот тек во центарот на градот па се до кружниот тек на улица Јане Сандански која ќе биде блокирана се до завршување на работите во едниот правец на улицата, за да потоа се започне со работа во другиот правец. Булеварот ќе биде реконструирана се до кружниот тек на булеварот Видео Смилевски Бато попознатата како Индустриска.

Градежните работи за реконструкција на булеварот “Илирија” ќе се спроведуваат секој ден од 08:00 па се до 15:30 часот а ќе се реализираат во неколку фази и тоа: Бул. “Маршал Тито” до ул.”Јане Сандански”, ул.”Јане Сандански” до бул.”Благоја Тоска”; Бул.”Благоја Тоска” до бул.”В.С.Бато”, бул.”В.С.Бато” до бул.”Благоја Тоска”, Бул.”Благоја Тоска” до ул.”Јане Сандански, ул.”Јане Сандански” до бул. Маршал Тито.
http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=18275


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 15-Sep-2013 at 12:16
Веќе скоро 1 месец и нешто се работи на остранување на асфалтот, и на тие бетонските што го делат булеварот со тротоарите забраев како се викаа  и се заменети со новиSmile, се работи само на едната лента, нареден период  на другата. Тоа со црвено е асфалтирано, тоа со жолто денеска се асфалтира. На машините и на работниците им пишува Гранит- Скопје, сигурно они се изведувачи. И се извинувам поради лошиот квалитет на сликите од мобилен се сликани.

http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/Slika1_zpsc4594b8f.png.html">
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/P15-09-13_1230_zps8de8f428.jpg.html">
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/P15-09-13_1231_zpsd602c85b.jpg.html">
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/P15-09-13_123001_zpsf6ebcd1a.jpg.html">
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/P15-09-13_1235_zpsf8c1faf0.jpg.html">
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/P15-09-13_1234_zps0a52116b.jpg.html">
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/P15-09-13_1232_zps76e66809.jpg.html">
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/P15-09-13_1236_zps5a4af69f.jpg.html">
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/P15-09-13_1238_zps1419aefe.jpg.html">
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/P15-09-13_1239_zpsebd600db.jpg.html">
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/P15-09-13_124201_zps7b4bf7d2.jpg.html">
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/P15-09-13_1243_zps1343b902.jpg.html">
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/P15-09-13_124301_zpsd514e018.jpg.html">


-------------


Posted By: 4makedonia
Date Posted: 16-Sep-2013 at 21:44
Здраво Драган,

Булеваров треба да е готов, три години поминаа.
Актуелна состојба ако можеш со слики да обновиш
Тетовска касарна - воени згради (нема интерес-купувачи) или општинско земјиште (од министерот подарок за општината, како во Гостивар но сосе објекти)
Евентуална обиколница-градска околу Тетово - сепак само со инвестиција на Влада, дел веројатно и низ касарна треба да поминува-поврзува со автобуска и железничка станица и кон патот за Јажинце

Владата треба за секој поголем град да одвои пари за "проекти 201X",
а не само за Скопје. Покорисни ќе бидат, ќе решаваат елементарни потреби-водовод, сообраќајници и сл.




Posted By: 4makedonia
Date Posted: 16-Sep-2013 at 21:48
коментирав за #8 Posted: 08-Sep-2010 at 14:23

нов сум, поздрав до сите на форумов - одличен е!


Posted By: Dragan
Date Posted: 17-Sep-2013 at 13:51
 Секако секако кога ќе имам повеќе време ќе поминам и натаму накај касарната и тој булевар Благој Тоска слушнав на вести се обновува. Инаку ако прашањето тие дали во тетовската касарна е дадена под концесија и треба таму да се гради згради училишта, тоа нема да се случи, таа се уште си работи си има војници што ослужуваат воен рок од други градови од Р.Македонија. Обиколница? хммм тоа на тој пост не е обиколница тоа беше нов пат кон Џепчиште и патот накај граничниот премин, но се нема никаква активност веќе две години.


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 27-Jun-2014 at 20:09
Смешно но вистинито Big%20smile прават патека за велопепедисти хаха страшно место да го расчистат собраќајниот метеж па после ова да го прават .




Posted By: my Macedonia
Date Posted: 30-Jul-2014 at 11:08
Stanuva zbor za ovaj del ili se lazam? Ako da togas super
Отварање на патот кон болницата
14.07.2014


  • http://www.tetova.gov.mk/getart.aspx?aid=542&lan=2#">

     

  • http://www.tetova.gov.mk/getart.aspx?aid=542&lan=2#">

     

  • http://www.tetova.gov.mk/getart.aspx?aid=542&lan=2#">

     

  • http://www.tetova.gov.mk/getart.aspx?aid=542&lan=2#">

     

  • http://www.tetova.gov.mk/getart.aspx?aid=542&lan=2#">

     

http://www.tetova.gov.mk/getart.aspx?aid=542&lan=2#"> http://www.tetova.gov.mk/getart.aspx?aid=542&lan=2#">


Пред неколку деназапочнаа работите за отварање на патот кон болницата, кој што ќе овозможи полесен пристап на граѓаните до Клиничката болница – Тетово. Патот кој што се отвара од кружниот ток на ул.“Јане Сандански” во близина на Камениот мост, ќе биде во должина од 350 м. , широчина 5,5 м. и тротоар од 2 м. за движење на пешаците. Отварањето на овој пат, освен што ќе овозможи полесен пристап на граѓаните до болницата, без сомнение ќе го олесни и сообраќајот кој е доста оптоварен на ул.”29 Ноември”, што ги поврзува Здравствениот дом и Клиничката болница – Тетово.




Posted By: my Macedonia
Date Posted: 18-Mar-2017 at 10:22
Кај булеварот илирија и булеварот илинден. Проектот почнал, 72 столбови, 12 фонтани, 32 места за паркирање на велосипеди итн..





Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Feb-2020 at 13:42
Тетово ќе добие нов булевар и градски превоз преку проектот за подобрување на општинските услуги МСИП

Министерката за финансии Ширет Елези информираше дека Тетово ќе добие нов булевар и градски превоз преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП.

Преку 3,5 милиони евра од овој проект досега се доделени за капитални проекти во оваа општина за набавка на фотоволтаици, изградба на локални патишта, набавка на комунални возила, рече заменик министерката за финансии Ширет Елези на настанот по повод почетокот на градба на нов дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“, на кој присуствуваше и градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи.

Како што посочи Елези преку проектот МСИП се доделени 990.000 евра за изградба на дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“ од што директна корист ќе имаат 11.000 жители во општината, но ќе биде и од големо значење за сите граѓани во општината.

– Со изградбата на овој дел од булеварот, кој инаку служи за влез и излез од Тетово кон Гостивар и кон граничниот премин Јажинце, и е една од најфрекфентните улици, ќе придонесе за развој на градскиот транспортен систем во општината, за заштита на животната средина преку намалување на штетните емисии, бучавата и енергетската ефикасност, придонесувајќи кон економскиот развој преку движење и пристап до сите делови на градот – рече Елези.

Заменик министерката за финансии најави и дека преку проектот Тетово ќе набави автобуси за градски превоз.

– Преку Проектот за подобрување на општински услуги МСИП на Министерството за финансии, општина Тетово ќе набави пет автобуси за јавен транспорт. Ова е навистина голем проект од околу 1.100.000 евра со кој ќе се воспостави јавен превоз во градот. На тој начин ќе се намали сообраќајниот метеж, што ќе влијае и на намалување на загадување на воздухот. Корисници од имплементацијата на овој проект се сите жители на општина Тетово, особено сите граѓаните кои живеат или работат во градот Тетово – додаде Елези.

https://meta.mk/tetovo-ќe-dobie-nov-bulevar-i-gradski-prevoz-preku-proektot-za-podobruvaњe-na-opshtinskite-uslugi-msip/

Од фб профил на општината











Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Feb-2020 at 13:43
Повторно доцни изградбата на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово



Паркирани возила, кал и искористени шприцови се само дел од работите што може да се видат на местото каде што е предвидена изградбата на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово. И покрај тоа што отворањето на булеварот се ветува од 2014 година, изградбата на оваа важна тетовска сообраќајница не е завршена, ниту пак може да се види градежна машинерија на терен, пишува „Порталб.мк“.

Од Општина Тетово го имаат истото оправдување како и пред две години, велејќи дека отворањето на овој булевар е заглавено во постапката за надомест на имотот на граѓаните низ кој ќе минува трасата на булеварот.

Отворањето на булеварот „Благоја Тоска“ се смета за еден од поефикасните начини за олеснување на преоптоварениот сообраќај во Тетово. Трасата на овој булевар почнува од кружниот тек кај поранешниот ресторант „Мема“ и завршува кај градскиот стадион.

Од Општина Тетово истакнуваат дека градежните работи за отворање на оваа сообраќајница ќе започнат веднаш по завршувањето на фазата на експропријација на земјиштето.

– Што се однесува до булеварот „Благоја Тоска“, општина Тетово ја спроведува постапката на надомест (експропријација) на имотите на граѓаните што се наоѓаат на првиот дел од инфраструктурниот проект, почнувајќи од Клиничкиот центар до текстилното средно училиште во Тетово. По завршувањето на оваа постапка ќе почнеме и со градежните активности за отворањето на булеварот, кој е од особена важност за намалување на преоптоварениот сообраќај на Тетово – рекоа за „Порталб.мк“ од Општина Тетово.

Надлежните општински власти се заглавени во фаза на компензација веќе неколку години. И во мај 2018 година, од Општина Тетово за „Порталб.мк“ изјавија дека отворањето на овој булевар е во „фаза на експропријација“, а ист одговор на оваа тема добиваме од 2018 година до денес.

Тетовската градоначалничка го ветува отворањето на булеварот „Благоја Тоска“ од 2014 година до денес. Трасата на оваа сообраќајница пред две години беше претворена во паркинг. Градоначалничката Теута Арифи беше убедена дека булеварот „Благој Тоска“ ќе се отвори до крајот на 2018 година, а само еден ден пред почетокот на 2020 година, таа за „Порталб.мк“ го вети отворањето на индустрискиот булевар, додека за „Благоја Тоска“ не покажа голем оптимизам.

https://meta.mk/povtorno-doczni-izgradbata-na-bulevarot-blagoјa-toska-vo-tetovo/


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-May-2020 at 16:04
Реконструкција на ул.Борис Кидрич





https://www.facebook.com/teutaarifiofficial


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Jun-2020 at 10:45
Градежните активности не продолжија – општина Тетово не го исполни ветувањето за булеварот

[tube]_EmNKsTfh5k&feature[/tube]

Се наоѓаме на булеварот „Видое Смилевски Бато’“. Од општина Тетово, ветија дека градежните активности ќе продолжат на 13 јуни, но сепак тоа не се случи. Почетокот на градежните работи беше свечено означен во февруари годинава, но работите беа стопирани поради пандемијата“, истакна репортерот на ТВ21.

На 11 јуни од општина Тетово го добивме овој одговор, односно ветување дека градежните активности ќе продолжат на 13 јуни.
„Во однос на градежните активности на индустрискиот булевар во Тетово, ве известуваме дека поради рестрикциите како последица од пандемијата Ковид-19, беа привремено стопирани, но истите ќе продолжат в сабота на 13.06.2020. Компанијата задолжена за градежните активности нѐ увери дека нема да има доцнење и дека активностите ќе бидат завршени во предвидениот рок од договорот, односно до јануари 2021 година“, велат од општина Тетово.

ТВ21 најави дека за овој булевар ќе треба да биде изготвен нов проект, бидејќи не е предвиден влез во Станицата за технички преглед, но тогаш ова го негираа од општината. Денеска се обидовме да контактираме со општинските власти, но без успех. На 13 февруари годинава, градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи заедно со заменик-министерката за финансии Ширет Елези, го означија почетокот на градежните активности на булеварот „Видое Смилевски-Бато“. Проектот датира од 2016 година, а беше свечено промовиран еден месец пред изборите кои требаше да се одржат на 12 април.

https://tv21.tv/mk/gradezhnite-aktivnosti-ne-prodolzhija-opshtina-tetovo-ne-go-ispolni-vetuvaneto-za-bulevarot/


Posted By: user8642
Date Posted: 06-Jul-2020 at 23:50
Една идеја што ми дојде за Тетово. Многу е лошо поврзувањето на стариот пат према Гостивар со автопатото и се создаваат големи гужви во Речица. Добро е општината да испланира некое патно поврзување како на сликава.

https://ibb.co/NrDqR5c">

https://ibb.co/LNRZpCP">


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Jul-2020 at 16:40
Ништо од новиот булевар „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово



Додека во останатите општини интензивно се работи и се отвораат нови проекти, во општина Тетово, започнатиот проект за отворање на булевар кај спортскиот центар стагнира.

Булеварот Видое Смилевски-Бато почна да се гради во февруари годинава, но по само неколку дена, работите беа прекинати со образложение дека поради пандемијата, реализирањето на проектот не може да продолжи. Но, состојбата беше иста и денеска. Булдожерите се паркирани, а на теренот нема работници.

Жителите во населбата велат дека очекувале вакво нешто. Булеварот не е единственото нешто што почнало да се гради и останало на половина, велат тие.

„Имаме многу улици кои чекаат откако ни дојде демократскиот систем. Албанските партии секогаш нè лажат. Само за гласови велат дека ќе го направат, ќе го средат, ги заокружуваат дупките со спрејови, го правиме Тетово зелено, но ете кога гледаме, нема ништо. Не е само оваа улица, уште 20 метри понатаму улицата речиси 200-300 метри е целата со дупки. Си ги уништивме автомобилите…“

„Ги почнуваат и ги оставаат на половина, ништо не направија. Оваа улица многу ни наштетува, секој месец треба да ги поправаме автомобилите“, реагираат жителите.

Алсат се обиде да добие став и од секторот за улици и градежно земјиште, но не успеавме да добиеме одговор. Иста судбина имаат и неколку други улици и булевари, како што се Благоја Тоска, булеварот кај касарната, како и голем дел од улиците во малите градски населби.

https://alsat-m.tv/mk/ништо-од-новиот-булевар-видое-смилев/


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Aug-2020 at 10:37
Тетово, неколку населби немаат основни инфраструктурни услови

[tube]-AzUz9GNdpk&feature[/tube]

https://alsat-m.tv/mk/тетово-неколку-населби-немаат-основн/


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Aug-2020 at 14:37
Булеварот „Благоја Тоска“ заборавен, граѓаните на Тетово изгубиле надеж дека проектот ќе се реализира

[tube]x0BEDzOcZIQ&feature[/tube]

https://tv21.tv/mk/bulevarot-blagoja-toska-zaboraven-graganite-na-tetovo-izgubile-nadezh-deka-proektot-ke-se-realizira/


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Oct-2020 at 14:14
Сообраќаен хаос во центарот на Тетово

[tube]XO6hUJgXJ3U&feature[/tube]

%20 - https://telma.com.mk/2020/10/03/сообраќаен-хаос-во-центарот-на-тетово/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Nov-2020 at 18:14
Порталб: Општина Тетово доби 29,5 милиони денари за изградба на булеварот „Благоја Тоска“

Секоја година веќе седум години наназад, градоначалничката на Тетово Теута Арифи ветува отворање на булеварот „Благоја Тоска“ во овој град. Во меѓувреме, пред два дена за ова беа обезбедени 29,5 милиони денари од Владата на РСМ, средства кои ќе бидат искористени за експропријација на земјиштето на жителите од оваа населба, кои според општината, се единствениот проблем за одолговлекување на работите за изградба на булеварот, пишува „Порталб.мк“.

Булеварот што започнува на потегот од поранешниот ресторан „Мема“ и завршува кај Градскиот стадион наскоро ќе наполни седум години од кога се ветува, и тоа секоја година од градоначалничката Теута Арифи. На 24 ноември годинава, на 24-та седница на Владата на РСМ, беа издвоени вкупно 120,6 милиони денари средства за капитални проекти на општините на Северна Македонија. Од нив, за Општина Тетово е одвоена сума од 29,5 милиони денари, средства кои се предвидени за реконструкција на булеварот „Благоја Тоска“.

На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата донесе Одлука за распределба на средства предвидени во пот-програмата 20 – Сообраќај и комуникации, став 488 – капитални дотации за единиците на локалната самоуправа во износ од 74.500.000,00 денари.

„Овие средства се распределуваат за реализација на следните капитални проекти: Реконструкција на булеварот „Благоја Тоска“, Општина Тетово – 29.500.000,00 денари“, пишува на веб страната на Владата на РСМ.

Контактирани од „Порталб.мк“, општинските власти истакнаа дека средствата ќе бидат искористени за експропријација на објектите, односно за да се отвори овој булевар се планира уривање на неколку куќи.

„Со ребалансот на буџетот, Владата на Северна Македонија одвои вкупно 29,5 милиони денари за ова, и средствата ќе бидат искористени за експропријација на објекти“, рекоа од Општина Тетово.

Од општината исто така тврдат дека имотно-правните проблеми, кои се очекува да се решат со горенаведените средства, се единствениот и главен проблем на постапката за отворање на овој булевар.

Маратонот на ветувања од Теута Арифи за булеварот „Благоја Тоска“

• 2014 година
Во првиот мандат на градоначалничката Арифи, отворањето на овој булевар се сметаше за еден од приоритетите на нејзината програма. Покрај тоа, од Советот на општина Тетово беа толку сигурни дека овој проект ќе биде завршен во првите две години од раководењето на Арифи, така што истиот беше буџетиран за 2014 година и работата беше поделена во две фази, а во 2015 се очекуваше отворањето на булеварот да заврши целосно.

„Општина Тетово за 2014 година за приоритет го има отворањето на булеварот „Благоја Тоска“ и тоа ќе се изведе во две фази, во 2014 година и во 2015 година, мислам дека ќе започнеме во близина на мостот на болницата за да го отвориме делот што остана“, рече Теута Арифи за „Порталб.мк“ во 2014 година.

• 2015 година
2014 година помина, а работите за отворање на овој булевар сè уште не беа започнати, на крајот на 2015 година од Општина Тетово рекоа дека интензивно работат на решавање на овој проблем.

„Отворање булевар и продор во населените зони, е значајна и чувствителна акција, затоа работиме интензивно и со големо внимание да го решиме овој проблем и да започнеме со работа што е можно побрзо“, рекоа од Општина Тетово.

Во меѓувреме, врз основа на проектот за отворање на овој булевар, за кој беше издвоен буџет во 2014 година, беше предвидено отворањето на вториот да се случи во 2015 година, меѓутоа тоа не се случи.

• 2016 година
Бидејќи помина 2015 година и ниту еден камен не беше поместен за отворање на овој булевар, од Општина Тетово беа сигурни дека во 2016 година ќе се најде решение за реализација на овој проект.

„Во програмата од 2016 година ја имаме реализацијата на булеварот „Благоја Тоска“ во износ од 30 милиони и 500 илјади денари. Се надеваме дека оваа година ќе се најде подобро решение да започне со имплементација на овој проект“, изјавија од Секторот за градежно земјиште во Општина Тетово, на крајот на 2015 година.

Во меѓувреме, ниту во 2016 година оваа работа не беше завршена и од Општина Тетово, од оваа година до денес, образложението за незапочнување на работите на овој булевар е исто.

„Имавме проблеми при експропријација и исплата на имот кои мора да бидат срушени, а дел од работите ќе започнат наскоро“, рекоа од Општина Тетово во 2016.

• 2017 година
Во текот на оваа година, образложението за неотворање на овој булевар беше исто како и претходната година, односно дека има проблеми поради постапката за експропријација и легализацијата на имотите.

„Одложувањата што се случија во оваа насока беа заради експропријација на имотите што беа на овој булевар. Врз основа на Законот за легализација, имотите што не беа легализирани, не можеа да бидат предмет на експропријација и имавме тешкотии што да сториме со овие имоти за да го отвориме овој булевар“, изјавил за весникот Коха тогашниот претседател на Советот на Општина Тетово, Хисен Џемаили.

• 2018 година
Во 2018 година раководителот на Секторот за патишта и градежно земјиште на Општина Тетово изјави дека интензивно работат на отворање на овој булевар, бидејќи како што истакна, ова „стана голема тема“.

„Бидејќи оваа работа на булеварот Благоја Тоска стана многу голема тема, ние работиме интензивно и со очекуваме наскоро да ја завршиме документацијата и да започнеме со работа во блиска иднина“, рече Арсим Нуредини од Општина Тетово.

Додека за „Порталб.мк“ истата година од оваа општина нè уверија дека овој проект е даден на тендер и дека целиот проблем лежи во експропријацијата.

• 2019-2020 година
Откако беа направени првите чекори за отворање на овој булевар во 2018 година, односно беа урнати неколку бараки и од Општина Тетово ни рекоа дека отворањето на булеварот ќе се реализира во јуни истата година, оттогаш не беше преземено ништо. Инаку, состојбата на овој булевар во моментов е мизерна, таму може да се види сè, автомобили, кал, нечистотија, корисници на дрога … но не и градежна механизација. Неговото отворање ќе биде еден од најефикасните начини за олеснување на густиот сообраќај во Тетово.

https://meta.mk/portalb-opshtina-tetovo-dobi-295-milioni-denari-za-izgradba-na-bulevarot-blagoja-toska


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Dec-2020 at 11:28
Заев: Булеварот „Благоја Тоска“ ќе се заврши во 2021 година, општината треба да ги оправда владините средства

Премиерот Зоран Заев во текот на неговата посета во Тетово рече дека општината ќе треба да ги оправда сите средства што Владата на РСМ ѝ ги доделила за булеварот „Благоја Тоска“, бидејќи, како што рече тој, се работи за владини средства. Заев додаде дека работите во овој булевар треба да започнат во февруари – март и ќе завршат во текот на 2021 година, пишува „Порталб.мк“.

Што се однесува да застојот на работите, Заев рече дека општина Тетово има обврска да достави финансиски извештај за префрлените владини средства на општината.

„Најголемиот проблем со булеварот „Благоја Тоска“ е експропријацијата. Управните постапки се завршени и првично префрливме околу 29 милиони денари за да се плати експропријацијата и потоа ќе префрлиме уште околу 45 милиони за реализација на истиот. За сите овие пари, треба да се поднесе извештај до Владата бидејќи се средствата на Владата и треба да се оправдаат“, рече премиерот Заев.

А, со иронија премиерот рече дека општината треба да биде мотивирана од изборите што се ближат со цел што побрзо да го реализира ова долгогодишно ветување.

„Верувам дека реализацијата на овој проект и неколку други што ги финансираме ние како Влада во општината Тетово ќе биде брза. Еве има уште една мотивација за општина Тетово заради изборите што се ближат, да ги реализираат проектите, за да граѓаните бидат мотивирани да гласаат за нив“, додаде Заев.

За само 1 месец, Владата на РСМ, ѝ додели на општина Тетово повеќе од 30 милиони денари за овој булевар

Најпрво, на 26 ноември оваа година, Владата на РСМ на општина Тетово ѝ додели 26,5 милиони денари за реконструкцијата на булеварот „Благоја Тоска“.

Тогаш, од општина Тетово за „Порталб.мк“ рекоа дека средствата ќе ги искористат за експропријација на објектите што го попречуваат отворањето на овој булевар.

„Со ребалансот на буџетот, Владата на Северна Македонија додели вкупно 29 и пол милиони денари за ова, овие средства ќе се користат за експропријација на зградите“, рекоа од општина Тетово.

Околу 1 месец подоцна, на 27 декември Владата на РСМ повторно додели средства за булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, овој пат околу 1 милион денари, но овие средства ќе се користат и за неколку други помали проекти.

Маратон од ветувања од Теута Арифи за булеварот „Благоја Тоска“
2014 година
Во првиот мандат на градоначалничката Арифи, отворањето на овој булевар се сметаше за еден од приоритетите во нејзината програма.

Дури, од Советот на општина Тетово беа толку сигурни дека овој проект ќе се заврши во првите две години од првиот мандат на Арифи, што го предвидоа во буџетот за 2014 година и работите ги поделија на две фази, при што во 2015 година се очекуваше да биде целосно завршен и пуштен во употреба булеварот.

„За Општина Тетово во 2014 година, приоритет е отворањето на булеварот „Благоја Тоска“ и ова треба да се спроведе во две фази, и тоа во 2014 и 2015 година, мислам дека ќе почнеме блиску до мостот до болницата за да го отвориме преостанатиот дел“ рече Теута Арифи за „Порталб.мк“ во 2014 година.

2015 година
Но, 2014 година помина, а работата на овој булевар сè уште не беше започната. На крајот од 2015 година, од општина Тетово рекоа дека интензивно работат на решавањето на овој проблем.

„Отворањето на булевар и продирањето во населените зони, е многу значајна и чувствителна постапка, заради тоа ние работиме интензивно и со максимална претпазливост за решавање на овој проблем и што поскоро да започнеме со работа“ рекоа од општина Тетово.

Иако, според проектот за изградба на овој булевар, за кој се предвиде и буџет во 2014 година, беше предвидено неговата изградба да се реализира во 2015 година, ова не се случи.

2016 година
Бидејќи помина и 2015 година, а ниту едно каменче не беше поместено за изградбата на овој булевар, во општина Тетово беа сигурни дека во 2016 година ќе се изнајде решение за реализацијата на овој проект.

„Во програмата за 2016 година е предвидена реализацијата на булеварот „Благоја Тоска“ и тоа во износ од 30 милиони и 500 илјади денари. Се надеваме дека оваа година ќе се најде подобро решение за да започнеме со реализацијата на овој проект“ рекоа од Секторот за градежно земјиште во општина Тетово, на крајот на 2015 година.

Во меѓувреме, ниту во 2016 година не се оствари овој проект, а образложението од општина Тетово до денеска е исто:

„Имавме проблеми во текот на експропријацијата и плаќањето на имотите што треба да се уриваат, еден дел од работите ќе започнат наскоро“ рекоа од општина Тетово во 2016.

2017 година
Во текот на оваа година, образложението за незапочнатите работи за овој булевар беше исто како лани, односно дека имало проблеми поради постапката за експропријација и легализација на имотите.

„Застојот во овој правец беше поради експропријацијата на имотите кои се наоѓаа во овој булевар. Врз основа на Законот за легализација, градбите што не беа легализирани, не можеле да бидат предмет на експропријација и ни претставуваше проблем што ќе правиме со овие поединци за да се изгради овој булевар“ изјавил за весникот Коха, тогашниот претседател на Советот на Општина Тетово, Хисен Џемаили.

2018 година
Во 2018 година, Раководителот на Секторот за улици и градежно земјиште на општина Тетово рече дека интензивно работат на изградбата на овој булевар, бидејќи како што тој нагласи, ова „стана голема тема“.

„Поради тоа што се претвори во голема тема работава со булеварот „Благоја Тоска3, ние работиме интензивно и очекуваме во блиска иднина да успееме да ја комплетираме документацијата и да почнеме со работа“ рече Арсим Нуредини од општина Тетово.

А за „Порталб.мк“ истата година од општината не уверија дека овој проект е тендериран и дека целиот проблем е во експропријацијата.

2019-2020 година
Откако во 2018 година беа направени првите чекори за отворањето на овој булевар, односно се урнаа неколку бараки, од општина Тетово ни рекоа дека отварањето на булеварот ќе се реализира во јуни таа година, но оттогаш ништо не беше преземено.

Изградбата на булеварот ќе претставува еден од најефикасните начини за олеснување на преоптоварениот сообраќај во Тетово.

https://meta.mk/zaev-bulevarot-blagoja-toska-kje-se-zavrshi-vo-2021-godina-opshtinata-treba-da-gi-opravda-vladinite-sredstva/


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Jan-2021 at 17:43
Проектот од 500.000 илјади евра за булеварот „Илирија“ во Тетово на суд

Булеварот „Илирија“ во Тетово никако не го добие изгледот што го вети градоначалничката Теута Арифи. Работите што започнаа од 2017 година сè уште не се завршени, а проект ги чинеше граѓаните 500.000 евра. Една од причините поради која граѓаните сè уште не можат да го видат главниот градски булевар добро уреден е тоа што компанијата што требаше да ги изврши работите и Општина Тетово се во суд, обвинувајќи се меѓусебно за неисполнување на обврските и неплаќање.

Порталб.мк дознава дека сега друга компанија е ангажирана за завршување на работите. Судскиот случај на Општина Тетово со компанијата „ИР ГРУП“ сè уште нема разрешница, и во моментов е во фаза на вештачење и не се ангажирани никакви експерти.

„Предметот ТЦ-17/19 во Основниот суд Тетово е формиран по тужба на тужителот ИР ГРУП Конструкт ДООЕЛ експорт импорт Тетово, против Oпштина Тетово, предмет во кој општината се јавува и како противтужител, а со противтужбата бара во име на договорена казна вкупно 2.925.016,00 денари, е во фаза на вештачење, а ние сè уште немаме ангажирано експерт, констатација или мислење од агенцијата што го извршува ова вештачење“, рекоа од Општина Тетово.

Дознаваме дека првично сопственичката на „ИР ГРУП“, Зана Зејнулаи поднела тужба против Општина Тетово за неплаќање, а потоа, општинските власти поднеле противтужба за ненавремено извршување на обврските од страна на компанијата.

Колку ги чинеше граѓаните реконструкцијата на овој плоштад и како изгледа денес?
Вкупната сума што општина Тетово ја плати за реконструкција на булеварот „Илирија“ во Тетово е 30.715.974,00 денари или половина милион евра.

Беше ветен ваков булевар:





Вака изгледа денес:





Иако цената за реконструкција на овој плоштад е огромна, таму недостигаат:
• 12 чешми за вода за пиење
• 233 дрвени клупи
• 32 конструкции за паркирање велосипеди
• 73 столбови за јавно осветлување
• 22 корпи за отпадоци

Пред една година, Арменд Фазлиу од Општина Тетово изјави дека го раскинале договорот со компанијата која била задолжена да ги извршува работите, поради доцнење во извршувањето на работите, односно за непочитување на договорот.

„Општина Тетово беше во суд со економскиот оператор токму затоа што договорот, добиен во постапката за јавна набавка, не е почитуван. Судот одлучи во корист на Општината, претходно беше утврдено дека 60 отсто од инфраструктурните работи се завршени, а направени се и кратења за да се овозможи раскинување на договорот и планирање на буџетот за делот на јавно осветлување, уредување на велосипедски патеки, инсталација на јавно осветлување, поставување урбана опрема и други позиции што произлегуваат од основниот проект“, изјавија пред една година од Општина Тетово за Порталб.мк..

Со ова не се согласува Зана Зејнулаи, сопственичка на компанијата што е на суд со Општина Тетово. Таа вели дека нивниот случај сè уште не е завршен и дека се чека извештајот на експертите кои ќе проценат колку општината ѝ должи на компанијата.

Зејнулаи вели дека нема да се предаде и дека ќе бара од правосудствотоа финансиските обврски што, според неа, Општина Тетово ги има кон компанијата што таа ја води, да бидат исплатени

„Во моментов чекаме супервештачење. Општина Тетово постојано врши опструкции бидејќи го гледаат поразот. Сепак, трошоците и каматите им растат секојдневно. По извештајот на вештаците, судот ќе биде тој што ќе одлучи. Тие го раскинаа договорот со изговор дека доцниме со изведбата, но ние не побаравме раскинување на договорот кога тие не нè плаќаа. Во моментот кога завршивме со бекатоните и проектот започна да се оформува, тие го раскинаа договорот. Кој ќе плати за бекатоните што ги добивме со посебна нарачка? “ рече вели Зејнулаи, сопственичка на „ИР Груп“.

Инаку, компанијата што го доби тендерот за продолжување на работите на булеварот „Илирија“ е АННРА ЦЕНТРУМ со седиште во Мала Речица, и истата треба да ги заврши работите во рока од 60 дена откако ќе започне, а почетокот на работата зависи од временските услови.

https://meta.mk/proektot-od-500-000-iljadi-evra-za-ilirija-vo-tetovo-na-sud/


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jan-2021 at 15:00
ТВ21 низ тетовскиот метеж со автомобил - од УЈИЕ до Монопол за 38 минути и 5,5 километри на час

[tube]_kJtwTymR1k&feature[/tube]

https://mk.tv21.tv/tv21-niz-tetovskiot-metezh-so-avtomobil-od-ujie-do-monopol-za-38-minuti-i-5-5-kilometri-na-chas/


Posted By: Dragan
Date Posted: 11-Jan-2021 at 19:54
 Претесни улици и булевари, несоодветно решение за паркинг кај градскиот пазар, и мислам дека колку и да се става кружни токови, тие уште појќе  го гушат сообраќајот , пошто самите раскрсници  кај што се стави кружен не можат да го пратат маневрирањето насоката на движење,  некој што е поискусен во проектирање на улици може да објасни подобро. Денеска се враќав од Тетово, ненормална гужва се создава кај новиот кружен тек кај што го  проширија новиот булеавар.


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Jan-2021 at 13:51
Булеварот „В.С Бато“ во Тетово уште не е завршен, но граѓаните го користат

Проектот за булеварот „Видео Смилевски – Бато“ во Тетово, за кој парите беа обезбедени во август 2019 година, иако започна да се користи, сè уште не е завршен и не може официјално да се пушти во употреба. Покрај осветлувањето, на овој булевар се очекува да бидат изградени тротоари и зелена површина, а тој, пак, да биде продолжен до населбата „Дреновец“, пишува Порталб.мк.

Овој булевар е една од главните сообраќајни артерии за преоптоварениот сообраќај во Тетово, и пред повеќе од еден месец почна да се користи од граѓаните, коловозот е изграден.

Од Општина Тетово за Порталб.мк истакнаа дека работите за целосно завршување на овој проект сè уште траат – станува збор уште за изградба на тротоари од двете страни на патот и зелена површина со широчина од три метри.

„Градежните работи на булеварот „Индустриска“ се финансираат преку Министерството за финансии и Светска банка, вкупно 990.000 евра. Со завршувањето на овој булевар очекуваме да го олесниме сообраќајот во градот, што подразбира и намалување на факторите кои влијаат на загадувањето на воздухот. Работата на тротоарите и изградба на зелена површина, ќе се одвива во согласност со климатските услови. Завршувањето на оваа фаза се очекува да биде многу скоро, а потоа булеварот ќе биде пуштен целосно во употреба“, рекоа од Општина Тетово.

Инаку, според општината, булеварот Видое Смилевски-Бато е важен за сообраќајот во Тетово, бидејќи обезбедува врски помеѓу три важни патишта од и кон Тетово. Овој булевар ги поврзува патот за Скопје, Гостивар и Јажинце.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, вети дека овој булевар ќе биде продолжен до населбата „Дреновец“ што се наоѓа кај градскиот стадион. Општинските власти истакнаа дека проектот е подготвен и дека работата ќе започне наскоро.

„За продолжување на булеварот до населбата„ Дреновец“подготвен е проект, теренските работи ќе започнат во следниот период“, велат од Општина Тетово.

Новинарот на Порталб.мк на 27 јануари беше на терен, и булеварот изгледаше вака:





Што е предвидено со овој проект?
• Две ленти широки по 7м;
• Тротоари широки по 2,5 м од обете страни на патот;
• Зелена површина со ширина од 3м.
• Водоводна линија Д 100 мм, со должина од 644,20 м, поврзана со постојната градска мрежа;
• Колектор на атмосферски води Д 450 мм, интегриран со постојните линии, со вкупна должина од 623,25 м;
• Улично осветлување со 26 столбови со висина од 12м инсталирани во зелената површина.

https://meta.mk/bulevarot-v-s-bato-vo-tetovo-ushte-ne-e-zavrshen-no-gragjanite-go-koristat


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Feb-2021 at 14:42
Порталб: Се очекува рушење на објектите за да се гради булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово

Најголемиот дел од сопствениците на објектите што треба да се урнат за изградба на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово се согласија на ова. Но, во моментов има три лица со коишто сè уште нема договор. За нив, оформена е посебна комисија составена од општински советници. Од друга страна, тетовската градоначалничка Теута Арифи очекува во текот на пролетта да се работи на терен, и во текот на нејзиниот мандат, да се одржи отворањето на овој булевар. На терен, нема конкретни работи, пишува Порталб.мк.

Седумгодишното ветување на градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, почна да се реализира во текот на последните месеци од нејзиниот втор мандат. Меѓутоа, отворањето на овој булевар налага уривање на неколку станбени објекти, со што, не се сите среќни.

Станува збор за околу 17 странки кои треба да потпишат договор со што ќе се согласат, нивните имоти да бидат преземени од општинските власти, а како надомест, на нив им се понудени финансиски средства. Од нив, само три лица се незадоволни, и тоа, како што велат од општината, главно поради меѓусебни проблеми.

Затоа, на последната седница на општинскиот совет е основана комисија што ќе се обиде да ги реши споровите на горенаведените странки.

Ариф Селами, советник од редовите на Алијанса за Албанците е член во оваа комисија и вели дека ќе се обидат да ги убедат поединците кои одбиваат да се повлечат.

„Разговаравме за тоа да отидеме како група во име на советниците за да ги убедиме засегнатите страни со цел да се реализира проектот. Има 17 странки кои треба да се согласат со понудата на општината. Од нив, само 2 или 3 странки не се согласуваат. И, истите тие се членови на исто семејство. Воглавно, нивниот проблем е меѓусебен, за имотни прашања“, рече Ариф Селами, советник од редовите на АА, за Порталб.мк.

Теута Арифи: Започнавме со исплаќање на сопствениците на имотите
Не откривајќи го конкретниот износ и нивната понуда, градоначалничката на Тетово нагласи дека започнале да го исплаќаат надоместокот за сопствениците на имотите што ќе биде одземен. Таа додаде дека е определен рок до кога треба да ги напуштат објектите.

„Што се однесува до булеварот „Благоја Тоска“, при крај сме со постапката на исплаќање на средствата за експропријација. Во исто време, имајќи го предвид фактот дека ова било една од нашите најважни заложби, сите тие што ги примиле нашите средства добиле и известување за временски рок кога треба да ги напуштат домовите за да излеземе на терен за да ја исчистиме трасата и да ги направиме последните подготовки“, рече Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Известуваме дека еден дел од објектите што ќе се уриваат не биле легализирани. Затоа, со цел сопствениците да не останат без надоместок, Општина Тетово ги легализираше овие градби и според Арифи „ова им одзело многу време“.

Владата на РСМ, на Општина Тетово и додели над 30 милиони денари за овој булевар
Првично, на 26 ноември минатата година, Владата на РСМ, на општината ѝ додели 26,5 милиони денари за реконструкција на булеварот „Благоја Тоска“.

Тогаш, од општината за Порталб.мк рекоа дека средствата ќе ги искористат за експропријација на објектите што претставуваат пречка за изградба на булеварот.

„Со ребалансот на буџетот, Владата на Северна Македонија додели вкупно 29,5 милиони денари за оваа намена, овие средства ќе се искористат за експропријација на објектите“, рекоа од Општина Тетово.

Околу 1 месец подоцна, на 27 декември Владата на РСМ, повторно додели средства за изградба на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, овој пат околу 1 милион денари, но овие средства ќе се искористат и за неколку други мали проекти.

Отворањето на овој булевар е ветување на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи од својот прв мандат и тоа од 2013 година, а не е остварено. Порталб.мк пред неколку месеци го подготви „маратонот“ на седумгодишните ветувања на Теута Арифи за овој булевар.

https://meta.mk/portalb-se-ochekuva-rushenje-na-objektite-za-da-se-gradi-bulevarot-blagoja-toska-vo-tetovo/


Posted By: user8642
Date Posted: 02-Feb-2021 at 15:35
Originally posted by stef4o

Известуваме дека еден дел од објектите што ќе се уриваат не биле легализирани. Затоа, со цел сопствениците да не останат без надоместок, Општина Тетово ги легализираше овие градби и според Арифи „ова им одзело многу време“.
Е*ати немоќните институции и спроведување на закон. Лудоло, да се легализира објект на траса за булевар за да се одоброволуваат поединци кои свесно знаеле дека ќе пречат во иднина. Па не е ова земјоделско земјиште или објекти според план на кои само не им се платени комуналии, па а се легализираат.


Posted By: Théoden
Date Posted: 02-Feb-2021 at 20:31
Што ќе вклучува овој зафат? Според бројот на засегнати објекти и одделените средства, мене ми изгледа дека само ќе се комплетира делот јужно од мостот на Пена со должина околу 200 m.




Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Feb-2021 at 18:10
We started by putting obstacles in pedestrian crossings, as well as physical division between 2 circulation directions on Industrial Road!
This is done to impossible to traffic high speed vehicles in this part of the city, and at the same time prevent accidents that often endanger the lives of cyrants!
Although it is a magistrate transit route, this part of the city is densely inhabited, and there are many children attending the teaching at the SHF ′′ Kirili and Methodius ". During the coming week we will also do complementary vertical signage setting as and scoring visas at pedestrian crossings
Putting up obstacles with bekatoni tiles is temporarily done until asphalt bases are opened next month!
The Municipality of Tetovo will welcome and meet all citizen s' initiatives or requirements focusing on the welfare, health and safety of citizens











https://www.facebook.com/teutaarifiofficial


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Feb-2021 at 09:34
Не издржаа „лежечките полицајци“ во Тетово, повторно ќе бидат поставени со соодветен материјал



[tube]S-amjtC7Xf8&feature[/tube]

https://mk.tv21.tv/ne-izdrzhaa-lezhechkite-politsajtsi-vo-tetovo-povtorno-ke-bidat-postaveni-so-soodveten-materijal/


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Mar-2021 at 13:12
Тетовските улици полни со дупки – Општината тврди: Годинава со 7 милиони денари ќе се санираат

[tube]mN8e9IPetyo[/tube]

https://mk.tv21.tv/tetovskite-ulitsi-polni-so-dupki-opshtinata-tvrdi-godinava-so-7-milioni-denari-ke-se-saniraat/


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Mar-2021 at 10:20
Порталб: Општина Тетово ја „блокираше“ комисијата за булеварот „Благоја Тоска“

Иако помина повеќе од 1 месец откако беше формирана Комисијата за булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, која е предвидено да понуди решение за имотно-правните прашања на жителите чиишто домови треба да се урнат, oваа комисија сѐ уште не излегла на терен и е нефункционална. Од општина Тетово одбиваат да дадат одговор за ова, пишува Порталб.мк.

Седумгодишното ветување на градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи почна да се конкретизира во последните месеци од нејзиниот втор мандат. Меѓутоа, отворањето на овој тетовски булевар налага и уривање на неколку куќи, и не сите се задоволни со ова.

Се работи за околу 17 странки кои ќе треба да потпишат договор според кој се согласни да се изврши експропријација на нивните имоти од страна на општинските власти, а за замена, понудени им се финансиски средства. Од нив, само три странки се незадоволни, и тоа, како што велат од општина Тетово, воглавно се работи за проблеми што тие ги имаат меѓу себе. Поради оваа причина, на 28 јануари беше формирана „Комисијата за Благоја Тоска“.

Освен формирањето на оваа комисија и одобрувањето на истата со мнозинство гласови од општинските советници на општина Тетово на јануарската седница, не е преземен било каков конкретен чекор за реализација на обврските на оваа комисија.

Членот на комисијата од редовите на Алијансата за Албанците (АА), Ариф Селами, прстот го вперува кон претседателот на општинскиот совет, Беким Мемети. Селами нагласи дека чека на повикот за да излезе на терен и комисијата да се стави во функција.

„Вистина е дека претседателот на советот, нас координаторите нѐ вклучил во таа комисија. Јас сакав да бидам дел од таа комисија бидејќи сакам да сум присутен при реализацијата на еден многу витален проект за општина Тетово. Ние не сме излезени на терен, и работата е дека треба да почнеме. Претседателот само еднаш има спомнато кога ќе почнеме и јас им кажав кога сум слободен да се сретнам со странките што не се согласуваат за остварувањето на проектот. Значи, тоа се 17 странки на кои им е започната постапката на експропријација, има неколку странки кои не се согласуваат со вредноста на оштетата што треба да им се исплати. Останува да излеземе на терен“, рече Ариф Селами, советник на Алијансата на Албанците (АА).

Кои се членовите на „нефункционалната Комисија за булеварот Благоја Тоска“?
Порталб.мк го обезбеди решението за основање на комисијата, во кое се наведени сите имиња на членовите кои треба да излезат на терен и да ги решат конкретните спорови пред отпочнувањето на изградбата на булеварот, а во решението се наведени и обврските на комисијата.

Се работи за вкупно 7 члена, и тоа: Беким Мемети (ДУИ), Горан Јовановски (ВМРО-ДПМНЕ), Бесар Дурмиши (Движење БЕСА), Ариф Селами (АА), Аднан Биљали (ДПА), Живе Алексовски (СДСМ), Минире Адеми (ДУИ).

Во документот се вели дека Комисијата има обврска да го следи спроведувањето на постапката за експропријација за булеварот „Благоја Тоска“.

Иако е основач и главен одговорен за функционирањето на комисијава, претседателот на општинскиот совет во Тетово, Беким Мемети, не одговара на прашањата на Порталб.мк за тоа кога се очекува членовите да излезат на терен и да ги извршуваат нивните задачи.

Теута Арифи: Започнавме со исплата на сопствениците на објектите
Без да ги открие конкретниот износ и нивната понуда, градоначалничката на Тетово истакна дека започнале со исплата на надоместокот за сопствениците на објектите што ќе им бидат одземени, и додаде дека на истите им е одреден рок до кога треба да ги напуштат домовите.

„Што се однесува до булеварот „Благоја Тоска“, при крај сме со постапката за исплата за експропријација. Истовремено, имајќи го предвид фактот дека ова беше една од нашите најважни заложби, сите тие што примиле надоместок добиле и информација и временски рок кога треба да ги напуштат нивните домови за да излеземе на терен и да ја отвориме трасата како и да се направат последните подготовки“, рече Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Таа дополни дека дел од објектите што ќе се урнат не биле легализирани. Затоа, со цел сопствениците да не останат без надомест, општина Тетово ги легализираше овие градби и според Арифи „ова одземало доста време“.

Владата на РСМ, има доделено над 30 милиони денари на Општина Тетово за овој булевар
Најпрво, на 26 ноември минатата година, Владата на РСМ на општина Тетово ѝ додели 29,5 милиони денари за реконструкција на булеварот „Благоја Тоска“.

Тогаш од општина Тетово за Порталб.мк рекоа дека средствата ќе бидат искористени за експропријација на градбите што го попречуваат отворањето на овој булевар.

„Со ребалансот на буџетот, Владата на Северна Македонија додели вкупно 29 и пол милион денари за оваа намена, овие средства ќе бидат искористени за експропријација на објектите“ рекоа од Општина Тетово.

Околу 1 месец подоцна, на ден 27 декември, Владата на РСМ повторно додели средства за булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, овој пат околу 1 милион денари, но овие средства ќе се искористат за неколку помали проекти.

Отворањето на овој булевар е ветено од страна на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи од нејзиниот прв мандат, и тоа од 2013 година а не е остварено. Порталб.мк неколку месеци порано го подготви „маратонот“ на седумгодишните ветувања на Теута Арифи за овој булевар.

Инаку, состојбата на локацијата каде треба да се гради овој булевар моментално е бедна, таму може да се види сешто: возила, кал, нечистотија, корисници на дрога, но не и градежна машинерија. Отворањето на булеварот ќе претставува еден од најефикасните начини за олеснување на оптоварениот сообраќај во Тетово.

https://meta.mk/portalb-opshtina-tetovo-ja-blokirashe-komisijata-za-bulevarot-blagoja-toska


Posted By: user8642
Date Posted: 16-Mar-2021 at 14:20
Која епска неспособност е ова општина Тетово, до невидени размери.


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Mar-2021 at 08:06
Многу споредни патишта во тетовскиот регион се во лоша состојба



[tube]OGZcxfw4fHY[/tube]

https://alsat.mk/mk/mnogu-sporedni-patishta-vo-tetovskiot-region-se-vo-losha-sostojba/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Apr-2021 at 17:16
Me the Minister of Finance Mr. Fatmir Besimi today we also solemnly promoted the continuation of the Industrial Boulevard in Tetovo.
Project includes:
- Two traffic lanes with a width of 7 m and 671 m length
- 2.5 m wide sidewalks on both sides of the road
- A green area in the middle of 3 m wide
- New water supply line with 645 m length
- Collector for atmospheric waters with a length of 624 m
- Road LED lighting-26 pillars with 12 m height installed in the green area of the boulevard
- Construction of roundabout and horticultural arrangement along the boulevard









https://www.facebook.com/teutaarifiofficial


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-May-2021 at 17:18
Споредните улици во Тетово во лоша состојба, Општината ветува: Почнуваме со работа за 10 дена!

[tube]KynB05ahCSM[/tube]

https://alsat.mk/mk/sporednite-ulitsi-vo-tetovo-vo-losha-sostojba-opshtinata-vetuva-pochnuvame-so-rabota-za-10-dena/


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-May-2021 at 17:28
Сообраќаен метеж на улиците во Тетово, општината како да нема конкретни планови

[tube]qSCxb2rQYNg[/tube]

Гужвите во сообраќајот во Тетово станаа секојдневие. Нервозни возачи, редици автомобили. За да стигнете до посакуваната дестинација во градот потребно ви е двојно повеќе време од предвиденото. Нема и доволно места за паркирање. Дополнително се очекува зголемување на метежот во летните месеци, кога се очекува исселениците да го посетат градот, со оглед на фактот дека рестриктивните мерки се олабавија.

Новата велосипедска патека и јавниот превоз ќе го ублажат проблемот, вели градоначалничката Теута Арифи, иако автобусите кои пристигнаа пред 4 месеца, се уште стојат паркирани во кругот на пожарната. Наместо на пролет, сега се најавува дека во лето ќе бидат ставени во функција.

За немањето доволно паркинг простор решение требаше да биде изградба на катни гаражи, но и тоа е одложено. Општината го стопирала процесот на изградба на првата предвидена гаража во центарот на Тетово, бидејќи дел од граѓаните изразиле незадоволство.

%20 - https://telma.com.mk/2021/05/24/сообраќаен-метеж-на-улиците-во-тетово/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-May-2021 at 16:53
Порталб: 5 месеци пред изборите, од Општината велат дека ќе се отвори булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово

По скоро осум години непроменета состојба, шест месеци пред изборите, Општина Тетово се активира за да ги заврши работите на булеварот „Благоја Тоска“. Од општината вчера соопштија дека експропријацијата на сите имоти е завршена додека на сопствениците им е врачена одлуката за уривање на објектите и дека овој булевар ќе биде отворен за време на овој мандат. Новинарот на Порталб.мк вчера беше на терен, каде што утврди дека работите за отворање на булеварот сè уште не се започнати.

Општина Тетово уште нема срушено ниту една куќа за отворање на булеварот „Благоја Тоска“, што се ветува уште од кампањата на сегашната градоначалничка Теута Арифи во 2013 година.

Сепак, од Општината веруваат дека до крај на мандатот булеварот ќе биде отворен.

„Експропријацијата е извршена. Одлуките за рушење им се доставени на сопствениците, и доколку излезете на терен ќе забележите дека некои од нив почнале сами да ги рушат објектите. Објектите што не ги срушиле сопствениците ќе ги сруши општината. Да, за време на овој мандат“, изјавија од Општина Тетово.

Образложението на општината за незапочнување на работите е имотно-правниот спор меѓу двајца членови на едно семејство. Еден од нив за Порталб.мк вчера изјави дека не е точно дека тој го попречува почетокот на работите.

Новинарот на местото на настанот разговараше со една од страните која, според општина Тетово, е една од причините за незапочнување со работа на булеварот и формирање на комисија за „Благоја Тоска“.

Според него, конфликтот што го има со еден член од неговото семејство не го попречува во ниту еден момент почетокот на работите за отворање на булеварот, тој потенцира дека тоа му го кажал и на претседателот на општинскиот совет, Беким Мемети.

„Да, вистина е дека има имотно-правен судир, постои тенденција да се изгради нешто незаконско без моја согласност, што не е дозволено. Како и да е, јас никогаш не би спречил почеток на работите за булеварот Благоја Тоска, дури го охрабрувам почетокот на работите, и изјавите од општината не се точни“, рече тој за Порталб.мк.

Општина Тетово постојано ветува, но не ги открива причините зошто работите се одолговлекуваат

Општинските власти и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, постојано го избегнуваат прашањето зошто работите на терен за уривање на зградите сè уште не се започнати, со оглед на тоа што експропријацијата на зградите беше завршена, а жителите се обесштетени за ова.

„Комисијата за Благоја Тоска“ одржа само една средба, и понатаму е неефикасна.

Со цел да се „смират страстите“ на незадоволните жители од обесштетувањето поради уривањето на нивните куќи, општина Тетово на 28 јануари формираше комисија за „Благоја Тоска“.

Иако оваа комисија е формирана пред повеќе од три месеци таа, досега, само еднаш била на терен за да разговара со жителите на населбата, и тогаш, според информациите на Порталб, разговорот не дал никаков ефект.

Истакнуваме дека доколку оваа комисија не стане функционална за да склучи договор помеѓу горенаведените незадоволни страни, постои ризик нивната постапка да оди на суд и со тоа има ризик да се одложи процесот на отворање на булеварот.

Кои се членовите на „Комисијата за булевар Благоја Тоска“?

Порталб.мк ја обезбеди одлуката за формирање на комисијата, во која се наведени имињата на членовите кои треба да излезат на терен и да ги решат конкретните спорови за отворање на булеварот, а во одлуката се потенцираат и обврските на истата.

Станува збор за вкупно 7 члена, меѓу кои: Беким Мемети (ДУИ), Горан Јовановски (ВМРО-ДПМНЕ), Бесар Дурмиши (Движење БЕСА), Ариф Селами (АА), Аднан Билали (ДПА), Живе Алексовски (СДСМ), Минире Адеми (ДУИ).

https://meta.mk/portalb-5-meseci-pred-izborite-od-opshtinata-velat-deka-kje-se-otvori-bulevarot-blagoja-toska-vo-tetovo


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Jul-2021 at 11:24
Порталб: Општина Тетово не го исполни даденото ветување за „Индустриска“

Иако во јануари 2021 година вети, општина Тетово сè уште го нема реализирано барањето на протестантите за улицата „Индустриска“ во градот, за меѓусебно физичко раздвојување на двата правци на сообраќај во истата. Одборот на протестанти бара поделбата да се направи итно, а од општината велат дека тие ја буџетирале изградбата на жардиниерата и според нив, работата ќе започне откако ќе се избере економскиот оператор, пишува Порталб.мк.

Поминаа скоро седум месеци од протестот на жителите од населбата „Индустриска“ поради трагичната несреќа, при што животот го загуби едно 6-годишно девојче. Општина Тетово тогаш ги прифати сите барања и вети дека за кратко време ќе се започне со работа, сепак денес најважното барање на протестантите и понатаму е неисполнето.

Бесијан Лека од Иницијативниот одбор за регулирање на „Индустриска“ вели дека досега се исполнети некои од барањата како што се: поставување пречки за зголемување на брзината, вертикална и хоризонтална сигнализација, а семафорот кај училиштето „Кирил и Методиј“ стана функционален.

Неостварено ветување е физичката поделба помеѓу двете насоки на сообраќај, што е најважното прашање за „Индустриска“.

„Без поделба, ниту една работа што е направена нема смисла. Се предвидува поделбата да се изврши долж целата улица „Индустриска“, а да се остави простор само кај пешачките премини. Така граѓаните, особено децата, би биле принудени да ја поминат улицата на места предвидени за тоа, со што ќе се зголеми безбедноста и на пешаците и на возачите“, рече Бесијан Лека.

Иницијативниот одбор за регулирање на „Индустриска“ итно бара да се направи поделба на улицата, бидејќи на лето се зголемува ризикот од повторна појава на фатални несреќи, затоа што со доаѓањето на иселениците се зголемува и сообраќајот .

Од општина Тетово за Порталб.мк рекоа дека планот за физичка поделба на двете насоки на сообраќај долж Индустриска е направен, и дека со последниот ребаланс ја буџетирале изградбата на жардиниерата во дел од Индустриска, во вредност од два милиони денари.

„Многу наскоро ќе се отвори постапката за набавка, за избор на економски оператор и по завршувањето на овие постапки ќе се започне со работа, односно ќе се реализира физичкото раздвојување помеѓу двете насоки на сообраќајот, што ќе придонесе за зголемување на безбедноста на пешаците во сообраќај“, изјавија од општина Тетово.

Инаку, во однос на безбедноста на улицата Индустриска, Порталб.мк на терен беше сведок како некои возила преминуваат од една во друга насока, прекршувајќи ги сообраќајните правила, и со тоа, претставуваат опасност во сообраќајот.

Потсетуваме, дека ветувањата на градоначалничката Теута Арифи беа дадени по протестите на жителите од оваа населба, а кои беа поттикнати како резултат на трагичната несреќа во оваа улица, при што животот го загуби 6-годишно девојче. Несреќите на оваа улица се чести, сепак општинските власти досега немаат преземено никакви мерки самоиницијативно за нивно избегнување.

https://meta.mk/portalb-opshtina-tetovo-ne-go-ispolni-dadenoto-vetuvanje-za-industriska/


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Jul-2021 at 12:19
Рушењето на куќите на булеварот „Благоја Тоска“ запре – дел од жителите не ги напуштаат домовите, бараат повеќе пари

[tube]0s1hY-rVIrk[/tube]

На 16-ти јули градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, извести дека рушењето на куќите на булеварот „Благоја Тоска“ почнало и дека за еден месец се очекува процесот да заврши. Меѓутоа, три станбени објекти сѐ уште се таму, а жителите одбиваат да ги напуштат своите домови.

Екипата на ТВ21 го посети местото каде е предвидено да биде изграден булеварот. Еден од жителите иако не сакаше да зборува пред камера, рече дека нема да ја напушти својата куќа сѐ додека не се договорат за цената, бидејќи како што вели, понудената сума е многу мала.

-Сѐ уште не решија. Ни рекоа дека ќе средат, додека да средат да ни дадат дозвола да останеме, а потоа патот е слободен.

-Дали ви го исплатија надоместокот за куќата?

-Не, не, ниту исплата, ниту надоместок. Ништо. Сумата е многу мала, не е колку што им платија на другите. Не се согласуваме со таа цифра.

-Ако општината не ви даде дозвола и не ја покачи цената, ќе ја напуштите куќата?

-Не, нема да си заминам. Тука ќе живеам.

Претседателот на Општинскиот совет, Беким Мемети, вели дека постапката не била лесна, бидејќи требало да се решат имотно-правните прашања и да се обезбедат финансиски средства.

-Нормално, не беше лесно да се отвори, бидејќи не зависи сѐ и од нас како општина. Требаше да се изменат плановите, имаше избори, па требаше да се стават во прекин градежните активности. Проблем беше и исплатата, експропријацијата одеше бавно додека да ги обезбедиме средствата од Владата и општинскиот буџет. Дел од овој процес беше и легализацијата на имотот на луѓето што живееја во тие куќи и мораше да се среди документацијата. Сите тие куќи требаше да се урнат, но сега заврши и тоа. Она што неколкупати го нагласивме и јас, и градоначалничката сега стана реалност-вели Мемети.

Општина Тетово веќе 8 години ветува дека булеварот ќе биде изграден. Владата ѝ додели на општината 500 илјади евра за надоместок на имотот, додека за отворањето општинските власти добија грант од ТАВ-Македонија. Останува да се види дали Арифи ќе успее да го исполни ова ветување во текот на овој мандат.

%20 - https://mk.tv21.tv/rusheneto-na-kukite-na-bulevarot-blagoja-toska-zapre-del-od-zhitelite-ne-gi-napushtaat-domovite-baraat-poveke-pari/


Posted By: user8642
Date Posted: 25-Jul-2021 at 12:40
Браво , многу ќе ја заебете каурската држава со тоа што ќе кочите проект во општина во која доминантно живеат албанци, раководена од албанци. Супер, само така напред со неспособноста!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 25-Jul-2021 at 13:27
Нема врска кој што е, прво треба да се догови цената па потоа да се почне со работа.
ПС: Секаде во Македонија има такви пробјеми затоа смири се


Posted By: user8642
Date Posted: 25-Jul-2021 at 15:54
Еве типичен пример на кусоглед "граѓанин". И за тебе важи браво-то со такво глупо размислување.



Print Page | Close Window