Print Page | Close Window

Реконструкција на пругата Битола - Лерин

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Железници
Forum Discription: Возен парк, инфраструктура, железнички станици...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1015
Printed Date: 19-Mar-2024 at 09:07


Topic: Реконструкција на пругата Битола - Лерин
Posted By: lslcrew
Subject: Реконструкција на пругата Битола - Лерин
Date Posted: 09-May-2009 at 13:55

Возот за Лерин доцни 17 години

 Наместо возови по шините, крави се напасуваат по железничката линија, која е обрасната со треви и џбунови

Како се движи и до каде стигнала една држава се познава по возовите. Ако тие стојат, не се движи и таа. Вака коментираат жителите на пограничните битолски села низ кои минува старата, оштетена и нефункционална железничка пруга Битола - Лерин. По пругата воз не затрубил 17 години. Најпрво поради заладените односи со Грција, но и поради недостиг од средства за нејзина детаљна реконструкција, поради што проектите за обновување на железничката врска останаа само на хартија. По пругата обрасната со џбунови и треви, наместо да минуваат возови, пасат крави.

Околните жители иронично се потсмеваат дека ќе падне и шенгенскиот ѕид за во Европа, а железничката инфраструктура нема да се поправи. Мнозина се присетуваат дека во минатото со воз патувале на пазар во Лерин и во Солун. По грчките пазари слободно купувале мандарини и риби, а денес, иако оддалечени неколку километри од Грција, не можат да помислат да влезат без виза.

- Кога бев дете возот функционираше нормално. Во Кременица беше крајната станица за Грција. Наутро имаше воз и се враќаше попладне. Народот масовно го користеше бидејќи тогаш немавме толку автомобили. И Грците идеа тука, работеа со нашите. Луѓето од повисоките села се преселуваа крај железницата, зашто значеше развој на местото - вели Илија Стојановски, жител на селото Кременица. Но, со осамостојувањето на Македонија се спушти рампа на пругата Битола-Лерин-Солун, која беше изградена уште пред еден век. Грција пред неколку години ја реконструира делницата од Лерин до граница. Остануваат непоправени само 17 километри од пругата на наша страна од Битола до преминот Меџитлија.

- По старата делница не може да сообраќаат возови. Потребен е нејзин капитален ремонт. Доаѓаа грчки железничари тука, се нудеше и некаков грант за обнова, но со спорот со името се' замре - велат вработени во Македонски железници (МЖ).Пред две години МЖ најавија дека преговараат со грчката страна да обезбедат пари од европските фондови за реконструкција на пругата на нашиот дел. Од раководството на оваа компанија не успеавме да добиеме одговор до каде се со планот за заживување на пругата. И од Битолската општина се надеваат дека ќе се најдат европски пари за реконструкција на пругата.

- Според постојниот проект на МЖ, реконструкцијата ќе чини 10 милиони евра. Кај нас беа група заинтересирани Грци, кои најавија дека ќе се обидат да обезбедат пари од Европската Унија за нејзина обнова. Но, се' уште немаме одговор што направија - изјави градоначалникот Владимир Талески. Доколку пругата заживее, ќе се олесни транспортот на стоката до пристаништето во Солун и на пола ќе се намалат трошоците за превоз. Сега руинираната делница е составен дел од пругата Велес-Битола-Лерин-Скопје, изградена во 1894 година. Во текот на нејзиното славно минато во Битола со воз допатувале многу војници, патописци, конзули, па и историски личности, како поранешниот југословенски маршал Тито.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DDA9E3634C737243A808DB68F2A32F52




Replies:
Posted By: BOJAN
Date Posted: 13-May-2009 at 09:46
Интересна е една работа што сум ја забележал. Македонија е главниот проблем за железничкото поврзување со регионот. Кон исток Бугарија го има изградено својот дел од пругата скоро до граница со Македонија, во Албанија пругата е изградена до Подградец и Лин, исто така до границата со Македонија, а истиот случај се повторува и со Грција во насоката кон Лерин. Дали е возможно во оваа држава да не може да се најдат 10 милиони евра за реконструкција на овој дел од Коридор 10, а истовремено со години да се трошат пари на мебел, автомобили и разни други глупости?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-Jun-2009 at 16:51

Фуере: Обновете ја пругата Битола - Лерин

Ев­ро­ам­ба­са­до­рот Ерван Фуере вчера пристигна со воз во Битола. "Им чес­ти­там на работниците од 'Македонски железници'. Толку се стари нивните во­зо­ви, а железницата сe уште функционира", рече Фуере, кој беше из­не­на­ден дека пред 20-ина години функционирала железничка линија Би­то­ла - Лерин. "Се надевам дека еден ден таа повторно ќе профункционира, за­тоа што ќе испрати многу позитивна економска и политичка порака. Та­ков беше примерот кога се реетаблираше железничката линија Скопје - Приш­ти­на, која имаше позитивно влијание врз многу процеси", истакна Фу­е­ре.
Же­лез­нич­ка­та линија Битола - Лерин, која беше стопирана во 1992 година, фун­кци­о­ни­ра­ше секојдневно со редовен попладневен воз. Пругата од ма­ке­дон­ска страна сега е оштетена и, според битолските железничари, во­зо­ви­те по неа би можеле да се движат со максимална брзина од 30 ки­ло­мет­ри на час. Тие кажуваат дека пругата од другата страна на границата е об­но­ве­на.
Ер­ван Фуере во Битола присуствуваше на свеченото пуштање во упот­ре­ба на патот М5, финансиран од ИНТЕРЕКТ 3, програмата за прекугранична со­ра­бот­ка со Грција. (С.Та.)


http://vest.com.mk/?ItemID=D64520341E4774449AA23B13CEBC220E - http://vest.com.mk/?ItemID=D64520341E4774449AA23B13CEBC220E


Немав слушнато дека возот може да се движи со брзина од 30 km/h на оваа пруга, мислев бескорисна е. Па господа, границата е на 15 километри од станицата, што е проблемот? Тоа е половина час до границата, синќир тоа е проблемот. Но не знаев дека до 1992 одел возот, и не знаев дека сè уште е употреблива пругата. Интересни податоци сепак, ако е стара веста.



-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jun-2009 at 18:11
Гитар, проблемот е во тоа што и да ја обновиме пругата, сето останато ќе биде препуштено на грчката воља и моментално расположение... и која од нивните служби/фирми штрајкува или „штрајкува“ во моментот.

Не дека не сакам, 100% сум за да функционира пругата, но ние не можеме да го држиме коридорот 10 разработен како што треба, коридор со значајна меѓународна тежина, а што останува за нови и помалку значајни поврзувања.

Господинот евроамбасадор би го прашал каде е да дели совети кога со денови е блокирана македонската надворешна трговија поради грчки притисоци.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-Jun-2009 at 18:42
Па јас истото го кажувам, демек е проблемот што ќе се движел возот со 30 km/h или дека биле стари шините. Ова сака политика, не е до инфраструктурата.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 02-Jun-2009 at 20:47
И кај се тие европски фодови за меѓугранична соработка (така мислам се викава) г. Фуере

МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ПРЕГОВАРА ЗА ЕВРОПСКИ ПАРИ ПРЕКУ ГРЦИЈА
Ќе се обновува железничката пруга Битола - Лерин

Треба да се довршат помалку од 20 километри пруга од Кременица, која се наоѓа на самата граница до Битола, а износот што е потребен за реконструкција ќе се движи од 8 до 10 милиони евра.

Ќе се обновува железничката врска меѓу Битола и Лерин. ЈП "Македонски железници" преговараат со грчките железници заеднички да обезбедат пари од европските фондови за реконструкција на пругата на македонската страна до Битола. Со парите од фондовите на ЕУ реконструирана е делницата од Лерин до македонско-грчката граница, но работите застанале тука зашто Македонија се уште нема право на користење пари од овие фондови.

Директорот на Јавното претпријатие Никола Димитровски вели дека идејата се уште е во зачеток, но дека во Грција биле заинтересирани во целост да се реконструира пругата, поради што постоело расположение да се обидат парите да ги обезбедат заеднички.

"Контактираме со грчките колеги да се продолжи со реконструкцијата на железничката пруга и од оваа страна на границата, но за тоа е потребна инвестиција која ние сами не можеме да ја обезбедиме. Треба да се довршат помалку од 20 километри пруга од Кременица, која се наоѓа на самата граница до Битола. Се уште нема точни пресметки колку ќе чини реконструкцијата, но износот ќе се движи од 8 до 10 милиони евра. Закажавме средба на која требаше да разговараме за можностите овие пари да се обезбедат преку фондовите на ЕУ, но поради некои технички проблеми средбата се одложи и очекуваме да се случи наскоро", вели директорот Димитровски.

На релацијата Битола - Кременица - Лерин постоела стара железничка пруга која е значително оштетена и последниве 20 години не се користи. (Т.Ј.)

ВЕСТ, 1/27/2007

ПРУГАТА ОД БИТОЛА КОН ГРЦИЈА ЧЕКА ПОДОБРИ ВРЕМИЊА

Возот за Лерин доцни 17 години

 Наместо возови по шините, крави се напасуваат по железничката линија, која е обрасната со треви и џбунови

Како се движи и до каде стигнала една држава се познава по возовите. Ако тие стојат, не се движи и таа. Вака коментираат жителите на пограничните битолски села низ кои минува старата, оштетена и нефункционална железничка пруга Битола - Лерин. По пругата воз не затрубил 17 години. Најпрво поради заладените односи со Грција, но и поради недостиг од средства за нејзина детаљна реконструкција, поради што проектите за обновување на железничката врска останаа само на хартија. По пругата обрасната со џбунови и треви, наместо да минуваат возови, пасат крави.

Околните жители иронично се потсмеваат дека ќе падне и шенгенскиот ѕид за во Европа, а железничката инфраструктура нема да се поправи. Мнозина се присетуваат дека во минатото со воз патувале на пазар во Лерин и во Солун. По грчките пазари слободно купувале мандарини и риби, а денес, иако оддалечени неколку километри од Грција, не можат да помислат да влезат без виза.

- Кога бев дете возот функционираше нормално. Во Кременица беше крајната станица за Грција. Наутро имаше воз и се враќаше попладне. Народот масовно го користеше бидејќи тогаш немавме толку автомобили. И Грците идеа тука, работеа со нашите. Луѓето од повисоките села се преселуваа крај железницата, зашто значеше развој на местото - вели Илија Стојановски, жител на селото Кременица. Но, со осамостојувањето на Македонија се спушти рампа на пругата Битола-Лерин-Солун, која беше изградена уште пред еден век. Грција пред неколку години ја реконструира делницата од Лерин до граница. Остануваат непоправени само 17 километри од пругата на наша страна од Битола до преминот Меџитлија.

- По старата делница не може да сообраќаат возови. Потребен е нејзин капитален ремонт. Доаѓаа грчки железничари тука, се нудеше и некаков грант за обнова, но со спорот со името се' замре - велат вработени во Македонски железници (МЖ).Пред две години МЖ најавија дека преговараат со грчката страна да обезбедат пари од европските фондови за реконструкција на пругата на нашиот дел. Од раководството на оваа компанија не успеавме да добиеме одговор до каде се со планот за заживување на пругата. И од Битолската општина се надеваат дека ќе се најдат европски пари за реконструкција на пругата.

- Според постојниот проект на МЖ, реконструкцијата ќе чини 10 милиони евра. Кај нас беа група заинтересирани Грци, кои најавија дека ќе се обидат да обезбедат пари од Европската Унија за нејзина обнова. Но, се' уште немаме одговор што направија - изјави градоначалникот Владимир Талески. Доколку пругата заживее, ќе се олесни транспортот на стоката до пристаништето во Солун и на пола ќе се намалат трошоците за превоз. Сега руинираната делница е составен дел од пругата Велес-Битола-Лерин-Скопје, изградена во 1894 година. Во текот на нејзиното славно минато во Битола со воз допатувале многу војници, патописци, конзули, па и историски личности, како поранешниот југословенски маршал Тито.

ДНЕВНИК, Жанета Здравковска

Беше еднаш во Европа



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 03-Jun-2009 at 00:08
Македонија треба да си аплицира за таквите фондови, бидејќи сигурно е дека нема Фуере да брка работа за европските фондови. А подготовка на апликација во земјава ретко кој знае да прави, бидејќи како официјални документи се сложена работа
Треба да се квалификуваат службеници за подготовка на апликации и англиски јазик, а потоа пари.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 03-Jun-2009 at 00:19
Originally posted by BOJAN

Македонија треба да си аплицира за таквите фондови, бидејќи сигурно е дека нема Фуере да брка работа за европските фондови. А подготовка на апликација во земјава ретко кој знае да прави, бидејќи како официјални документи се сложена работа
Треба да се квалификуваат службеници за подготовка на апликации и англиски јазик, а потоа пари.

Тоа е малце другачие него твојата размисла дека Македонија треба сама да аплицира, тоа со комшиите заедно мораме, а тоа сега ... Или сами да одвојме пари од тоа што ги немаме, а и дали сега нас ни е тоа приоритет !?
Него г. Фуере си има желба да каже се и за сешто


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jun-2009 at 23:23

Трева и трње ја проголтаа пругата Битола - Лерин

Во битолската железница сметаат дека ремонтот на пругата може да се направи за два месеца

БИТОЛА - Нема политичка волја за обнова на пругата Битола - Лерин по која речиси две децении не затрубил воз за Грција. Реконструкцијата на железничката линија што ги поврзува двата погранични града Битола и Лерин е само една од низата колатерални штети предизвикани од спорот со името. Ова е ставот на битолската локална самоуправа откако и по 18 години обиди да заживее пругата, долга само 15 километри, не се најде начин да се направи тоа.

Обрасната со трња и треви, на места затскриена под џбунови, многу малку од трасираната пруга личи на железница.

Вработени во битолската железница сметаа дека ремонтот на пругата може да се направи само за два месеца, за што се потреби над 10 милиони евра. Томе Крстевски, кој 33 години работи во железницата, вели дека долниот строј на пругата е цврст, што не подразбира големи интервенции. Потребно е само на пругата да се стави кршен камен и да се заменат старите прагови и шини со нови. За да се врати стабилноста на пругата, треба да се реконструираат и двата железни моста. Според кажувањето на Крстевски, пругата Битола - Лерин е од витално значење за јужниот сосед. Пред шест години, Грците му понудиле на „Македонски железници“ инвестиција во материјали вредни шест милиони евра или повеќе од половината од потребните средства за реконструкција на пругата. Плановите на Грција биле натоварените вагони во Македонија да влегуваат преку преминот Гевгелија, додека, пак, празните вагони да се враќаат во Грција преку Битола.

Меѓутоа, Јавното претпријатие „Македонски железници“, немоќно самото да инвестира во капиталниот ремонт на делницата, ја препушти пругата во рацете на политичарите.

Локалната самоуправа во Битола не крие дека муабетот за меѓугранична соработка со Лерин на локално ниво оди како подмачкан, но кога за проектите треба да се одлучува на највисоко ниво, тогаш за Македонија важи знакот стоп.

„Проблемот со името е голема причина овие процеси да стагнираат и да се одложуваат. За тоа треба политичка волја. Никој не се откажал од пругата, но факт е дека откако се интензивира проблемот со името, проектите за меѓугранична соработка се забавени“, вели градоначалникот Талески.

Убедени дека реконструкцијата на железничката пруга Битола - Лерин ќе ја заживее Битола економски, општинарите бараат инвеститор. Се лобира преку Грчката канцеларија за врски во Битола, се разгледуваат можностите за искористување на европските фондови, бидејќи пругата Солун – Лерин се' до границата со Македонија сосема е обновена.

„Бараме начин за обнова на пругата, зашто како Општина не можеме да инвестираме. Најпрво, преку проект за европските фондови, но се бара и инвеститор што би вложил во реконструкцијата на пругата и би нашол свој интерес. Се разбира дека тој ќе ги постави условите, ако се прифатливи за нас, ќе го потпишеме договорот“, додава Талески.


Битола

Напорите да се најдат средства за обнова на пругата за локалната власт во Битола се уште поголеми, бидејќи сметаат дека железницата до Лерин ќе ја заживее и индустриската зона. „Жабени“ е еден од најкрупните изборни проекти на власта, но и по неколку години никако да почне да се гради.

„Железничката пруга Битола - Лерин е од исклучително значење за нас. Јавното претпријатие МЖ е во специфична ситуација и, веројатно, не е во можност да го стори тоа. Но, поради близината со зоната ’Жабени‘, ќе мора да направиме нешто за да профункционира. Секој момент ќе почнеме со електрификација на зоната“, најавува битолскиот градоначалник.

Главниот архитект на зоната, Јорго Шундовски, се изјасни дека со самото проектирање на зоната е предвидена железничка мини-станица, како и колосек за паркирање железнички композиции. Така, реконструираната делница ќе може да биде максимално користена во транспортот на суровини и готови производи.

Покрај политичарите, и македонските стопанственици бараат начин за реновирање на пругата Битола - Лерин. И тие ќе се обидат да лобираат пред меѓународните фондови, зашто таа им била приоритет за бизнисот.

„Наместо стоката за Грција да ја носиме со камиони, барем половина поевтино ќе биде ако функционираат вагоните. Сигурно десет вагони да заминат за Грција ќе имаат поинаква цена од камионите. Тогаш ќе бидеме ослободени и од монополот што го имаат камионџиите. Сметаме на Солун и на солунското пристаниште. Затоа и нам во Стопанската комора пругата ни е приоритет“, нагласува Благој Стојчев, претседател на Регионалната стопанска комора во Битола.

Пругата Битола - Лерин е дел од историјата на Битола. Делницата Велес – Битола – Лерин, па се' до Солун е изградена во 1894 година. Многу патеписци - картографи, па и своевремено важни личности како Јосип Броз Тито патувале по оваа пруга.


Лерин

Седумдесет и седумгодишниот Живко Атанасовски е машиновозач во пензија. Тој се потсетува дека за Лерин има возови два пати дневно, а тие тежеле од патници и од стока.

„Во Кременица, на последната станица на македонска територија, доаѓаа по четириесетина магариња, маски и коњи за да ги пречекаат патниците од околните села и нивната стока. На оваа пруга се возеа полесни и помали локомотиви зашто пругата не можеше да ги издржи стандардните 160- тонски влечни машини. Два пати на ден се товареше и дневното производство од некогашната фабрика за фрижидери ‘Фринко‘. Сега се' е обраснато, а по пругата можат да се движат само магариња“, вели Атанасовски, кој 28 годи’на беше машиновозач од Кременица до Белград.

Повозрасните битолчани со носталгија се сеќаваат кога пред 1991 година со воз патуваа до Лерин и Солун на море. Патувањето било доживување, но и олеснување за оние со поплиток џеб.

„Знаете ли какво олеснување е во Грција да одите без да плаќате зелени картони, патничко осигурување, паркинзи за автомобил и скап бензин. Со воз од тој трошок сте ослободени, а тоа не се малку пари. Кога би работела железницата, верувам дека и младите ќе најдат работа во Грција. Тоа подразбира подобар живот“, потенцира 66-годишната битолчанка Софија Крстевска.

Битолчани не ги напушта оптимизмот дека пругата наскоро ќе биде реконструирана. Уште повеќе поради тоа што, покрај либерализацијата на визниот режим, пругата има најзначајно место за идната меѓугранична соработка на Битола и Лерин и животот во пограничниот регион.

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=51E28EA715F09442ADE78E3B25DF05BE


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 24-Jun-2009 at 07:23
Previous
Фуере: Обновете ја пругата Битола - Лерин

Тоа е малце другачие него твојата размисла дека Македонија треба сама да аплицира, тоа со комшиите заедно мораме, а тоа сега ... Или сами да одвојме пари од тоа што ги немаме, а и дали сега нас ни е тоа приоритет !?
Него г. Фуере си има желба да каже се и за сешто.

Еве како господинот Фуере им ги стави бувите во глава, па сега да го градиме овој крак. И поново да останеме само со излез кон Грција, а со тоа и зависност што веќе долги години ја осеќаме.

Приоритетите на оваја истоштена земја е по мене завршување на коридор VIII (секако завршување на X) а да не заборавиме и електрификација на потегот Велес - Битола, е тогаш  да ја споведеме и идејата на г.Фуере и г. Талески, што и јас би бил среќен.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Oct-2009 at 23:57

Ќе затруби ли некогаш воз по пругата Битола – Лерин

БИТОЛА - Со средства од ИПА-фондовите на Европската унија ќе се рехабилитира железничката пруга Битола – Лерин по која речиси две децении не затрубил воз. Со вакви оптимистички најави неодамна пред локалните медиуми во Битола излезе заменик-министерот за транспорт и врски, Горан Михајловски. Но, како и повеќето ветувања на политичарите за иднината на граничната пруга, и оваа најава нема да се реализира порано од 2011.

„До 2011 година тој проект треба да биде изготвен. Потребни се стручни испитувања, на пример, за функционалност на линијата. Таа е влезена во проектите на ИПА-фондовите и значи дека по 2011 година, кога ќе се направат сите анализи, ќе се почне со рехабилитација на железничката линија“, нагласува заменик-министерот Михајловски.

Според него, пари се обезбедени за реконструкција на целата македонска железница. „За железницата преку Светска банка се одобрени 2,2 милиона евра за рехабилитација на железничката линија и за рехабилитација на железничката инфраструктура. Мора да се направи главен проект, анализи, истражувања, а работите се движат“, вели Михајловски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=902DF92A24DC244EB5F56D74F021F6DE


Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Dec-2009 at 01:01
Ќе се реконструира пругата Битола - Лерин

Евро регионот Преспа, Битола, Корча и Кожани ќе работи заеднички на проекти за подобрување на сообраќајната комуникација.

За разлика од Македонија и Албанија северниот дел на Грција инфраструктурно е најразвиен.
„Северниот дел на денешна Грција навистина инфраструктурно многу динамично се обновува и реконструира. Значи таму се градат многу современи автопатишта, железници. Очигледно е веќе дојде времето она што ние го инициравме во еврорегионот , ние имаме цела програма проекти , кој што цениме дека во овој дел од регионот има исклучително значење проект кој што е да речиме добар за граѓаните на Грција и на Република Македонија и за Албанија “.- вели Владимир Талески градоначалник на Битола.
Едне од приоритетите и на Грчката и македонската Влада е реконструкција на железничката пруга Битола-Лерин која речиси две децении не функционира.
„Реконструкцијата на железничката пруга е од исклучително значење за нас ќе се обидеме да договорима нов пат до грчка граница. Се надевам дека ќе се најди начин да се најдат средства за заобиколницата окулу Битола , што исто така ќе го олесни сообрќајот низ централното градско подрачје низ Битола и она што наша голема желба веќе се создаваат услови и од другата страна за подобри услови на потенцијалните инвеститори значи Грција рачуна на проток на идеи и стоки во овој регион.
Оваа година со средства од Европската унија беше реконсртирана магистралниот пат М5 Битола граничен премин Меџитлија


http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=273:2009-12-11-17-59-30&catid=16:naslovna-gik - http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=273:2009-12-11-17-59-30&catid=16:naslovna-gik

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Feb-2010 at 23:24


Имав потслушнато дека парите се одобрени од ЕУ, ама не сакав да пишам додека не стане јавно (да не процурам информација)

Во 2014 воз од Битола ќе свирне за Лерин
ЧЕТВРТОК, 25 ФЕВРУАРИ 2010 18:08



Со отворањето на фондовите од 2009тата Битола дознава дека се обезбедени средтсва за реконструкција на железничкиот сообраќај во правенција кон Грција.Пругата која е надвор од употреба од 1986 повторно ќе се активира.



„ Во првата фаза ќе се реконструира од Битола до самата граница со помош на Владата на РМ , овој 6 месец ќе се распише тендер за подготовка на техничката документација, во 2013 ќе се почне со реконструкција за 2014 да се заврши." вели Владимир Талески градоначалник на Битола.



На денешната средба кај Талески, градоначалниците од целиот регион, за кои е од голема важноста реализацијата, од Министерствотот за транспорт и врски ја слушнаа важноста од инфраструктурниот развој.



„ Тоа значајно бидејќи има голема важноста за што поголем проток , што досега ги немаше на патници." вели Дарко Спировски Министерство за транспорт и врски.

Пругата ќе се гради да поднесе брзина до 100 км на час, а добивка е и договорот за транспарентна асоцијација меѓу челенките и нечленките на ЕУ која ќе предвидува слободен премин преку границите со железнички сообраќај.Средствата од европските предпристапни фондови, ќе се користат во два наврати.



„ Вкупно за проектот се обезбедени нешто помалку од 11 милиони вера значи околу 2 милиони се за докумантацијата и останатите 9 за реконструкцијата."- вели Владимир Талески градоначалник на Битола.




Присутен беше и градоначалникот на Лерин кој исто така ја истакна важноста од активирањето на железницата и напомена дека пругата од грчката страна е готова и само чека на поврзување.На средбата се најави и проект за развој на автопатот Велес, Прилеп, Битола, Меџитлија кој продолжува за Лерин.



„ Од исклучителна важност е и автопатот кој се планира, убедени сме дека ќе се најде начин."- вели Владимир Талески градоначалник на Битола.

За овој проект можни се три решенија, јавно-приватно партнерство, европски фондови или давање под концесија.Целта пред се на сите заедно е приближување на стопанствениците и граѓаните од регионот.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=18378&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=18378&Itemid=106

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 25-Feb-2010 at 23:58

Конечно добра вест. Како што реков на почетокот, кажаното се исполни. Знаете и сами во каква состојба е пругата (сликите што ги имам постирано). А за брзината до 100км на час не е лоша, само вака ќе треба добра промена на возниот ред и повеќе возови...



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Feb-2010 at 02:38
Убава вест  Cheers

Имаме и поголеми приоритети во железничката мрежа, плус тоа веќе имаме многу поважна железничка врска со Грција која не е имуна на меѓудржавните односи, но доколку ЕУ го одврзе кесето за овој проект, тогаш одлично. Да се надеваме дека наскоро ќе го одврзат и за коридорот 8 и за други проекти.


Posted By: axel
Date Posted: 26-Feb-2010 at 07:02
clover vo toa kese nema pari za prugi i avtopati.ima za drugi  totalno bezveze i nevazni rabotis.da ne gi potenciram site znaat za koi raboti se trosat ogromni sumi pari.


Posted By: krale
Date Posted: 26-Feb-2010 at 09:13
Пругата е од огромно значење за Битола и цела Пелагонија. Тоа ќе отвори и дополнителни можности за туризам и трговија со јужниот сосед.


Posted By: shaun.r
Date Posted: 26-Feb-2010 at 09:56
znaci i bitola ima svoj proekt bitola 2014 Big%20smile


Posted By: BOJAN
Date Posted: 26-Feb-2010 at 10:37
Прекрасна долгоочекувана вест. Имам мала забелешка во однос на тоа што 2014 година е сепак премногу долг период за една таква траса од 20-тина километри, мислам дека доколку оваа година се завршат техничките работи, а 2011 година би требало да почне да се гради, за најкасно 2012 година да проработи пругата кон Лерин. Инаку 100 км/ч се квалитетна брзина за нормален железнички сообраќај.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Feb-2010 at 11:44
Железничка врска меѓу Битола и Лерин од 2014 година

Средства за реконструкција на железничкиот сообраќај од Битола кон Грција се обезбедени со отворањето на фондовите од 2009, беше соопштено денеска во Битола.

„Во првата фаза пругата ќе се реконструира од Битола до самата граница со помош на Владата,“ рече битолскиот градоначалник Владимир Талески, на средбата со градоначалниците од целиот регион.

Според Талески се очекува реконструкцијата да почне во 2013 а во 2014 година да заврши.

Градоначалникот на Лерин ја истакна важноста од активирањето на железницата и напомена дека пругата од грчката страна е готова и само чека на поврзување.

Пругата е надвор од употреба од 1986 година.

http://makfax.com.mk/_tools/article/100291/view

Досега де факто беше проблем што Грција и ја саботираше линијава исто како и преминот маркова нога, поради низа политички фактори. Никакви технички околности не беа проблем. Сега ако е готово од грчка страна незнам ние што воопшто сме чекале и што чекаме. Требаше одамна да ги реконструираме тие неколку километри од Би го граница. Сега вака ме збуни ова, ќе чекаме пари од ЕУ фондови па проект ваков па таков, четири години за два чекора пруга нема логика. Сепак поздрав за веста добро што и се превземаат чекори, ама пругава е пред се интерес на Македонија и економски и политички, а штета ако од таа страна на граница не чекала добра пруга, а ние сме се зафркавале и не сме ја реактивирале веќе готова пруга.


Posted By: Мартин
Date Posted: 26-Feb-2010 at 12:01
Прекрасна вест! Но, навистина не ми е јасно зошто толку долг период ќе треба да чекаме за да почне да функционира...

Ми се допаѓа тоа што средствата се од ЕУ, Македонија може да искористи големи количини од нивните средства, и за железничкиот и за патниот сообраќај кога е во прашање Коридорот 10 како еден од најбитните низ цела Европа.

Сепак поздрав за потегот!Applause


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 26-Feb-2010 at 14:02
Нема многу скапо да чини ова. Не треба истражувања и испитувања, туку само реконструкција на постоечката пруга од околу 20км.


Posted By: zookisk
Date Posted: 26-Feb-2010 at 23:23
Е тогаш ќе треба да се врати деловниот меѓународен воз ,,Пелагонија'' 410/411 кој сообраќаше на релација Љубљана-Битола-Љубљана...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Feb-2010 at 13:33

Нова шанса за возот од Битола за Лерин





Целосно заборавена и слеп колосек повеќе од 20 години е железничката пруга Битола-Лерин. Овде последен пат воз поминал во 1986 година, а денес таа е обрасната во трева каде се напасува стоката од околните села. Неколку години од централната и локалната власт доаѓаат оптимистички најави за реконструкција на пругата. На средбата која вчера се одржа во Битола претставници на Еврорегионот и Министерството за транспорт и врски, уште еднаш најавија дека обезбедени се 11 милиони денари од ИПА-фондовите на ЕУ за целосна реконструкција на железничката линија од Битола до грчката граница. Работите треба да започнат во 2013 година, а пругата ќе биде пуштена во употреба во 2014 година.

- Придобивките од овој проект се неколкукратни. Железничкиот превоз е многу поевтин, со тоа ќе се зголеми протокот на луѓе и стока, а пелагонискиот регион ќе има излез на солунското пристаниште. Сите тие предности укажуваат дека ние треба да се насочиме кон развој на железницата, која е основа за развој на економијата - вели Дарко Смилевски, раководител на секторот за ЕУ во Министерство за транспорт и врски.

Градоначалниците на Битола, Прилеп и Лерин се согласни дека проектот е од исклучително значење за локалните заедници, а во рамките на прекуграничната соработка ова е еден од првите утврдени приоритети.

- Железничката линија од Лерин до границата на Грција е готова, што значи за да ја подобриме комуникацијата треба единствено да се ревитализира железничката линија од Битола до вашата граница. Потоа се надеваме на одлични резултат. Вие знаете дека Грција секогаш е заинтересирана да ви помогне на патот кон ЕУ и кон подобро утре, а врз тоа одлучувачко влијание имаат локалните заедници кои бараат и подобра меѓусебна комуникација - изјави градоначалникот на Лерин Стефанос Папанастасиу.

Проектната документација за 20 километри долгата делница треба да започне да се изготвува ова лето, за што се обезбедени два милиони евра.

- Поддршката за овој проект доаѓа од сите општини кај нас и во соседна Грција, а целта е да се направи поголема комуникација, да се зближат луѓето, да се развие целиот регион. Тоа е од интерес на стопанствениците и граѓаните. Не можеме да ја планираме индустриската зона „Жабени“ без да се поврземе со солунското пристаниште, но со ова се поврзува целиот регион - вели битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Со проектот е предвидено осовременување и реконструкција на железничките станици во Битола и Прилеп, а паралелно со активностите за реконструкција на пругата, ќе биде потпишан и договор за слободен проток на луѓе и стока. На средбата, градоначалниците од Еврорегионот разговараа и за можноста автопатот Велес-Прилеп-Битола да се поврзе со Солун и Атина.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22710948367&id=10&prilog=0&setIzdanie=21921


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Feb-2010 at 13:42

Повторно со воз од Битола кон Солун

Со пари од европските фондови ќе се реконструира железничката пруга од Битола до границата со Грција, која повеќе од две децении е запуштена и руинирана

По дваесет и петгодишна запуштеност и нефункционалност ќе се реконструира и повторно ќе биде отворена за сообраќај железничката пруга од Битола кон Грција. За овој инфраструктурен проект обезбедени се над 10 милиони евра преку претпристапните европски фондови со цел да се развие паневропскиот коридор. Летово ќе се распише тендер за изработка на техничка документација, а реконструкцијата се очекува да заврши до 2014 година, кога по долг период повторно ќе тргне воз од Битола кон Грција.

- Се работи интензивно на проектот за рехабилитација на железничката делница од Битола до Кременица. Тоа е делница напуштена во 1986 година, пред распадот на поранешна Југославија и оттогаш не е во функција. Парите се обезбедени од ИПА-фондовите, дел за проектна документација, а останатите за реконструкција на пругата - изјави Дарко Спировски, раководител на Секторот за ЕУ при Министерството за транспорт и врски.

Ставањето на оваа железничка пруга во функција ќе значи голем развој за Пелагонискиот регион, пред се' за стопанството, имајќи предвид дека во Европа, па и во овој дел на Балканот најевтин превоз за стока и патници е железничкиот транспорт.

- Со железничкиот превоз ќе има можност за поголем проток на патници. Тој е „попријателски настроен“ кон животната средина и со него може многу повеќе луѓе да патуваат. Подобар е од патничкиот превоз зашто не се уништуваат патиштата, многу е поевтин и побрз за транспорт на стока и на патници. Многу фирми ќе може да го користат зашто Пелагонискиот регион директно ќе има излез на солунското пристаниште - додава Спировски.

Обновата на железничката пруга од Битола до грчката граница беше еден од приоритетните проекти на еврорегионот, кој ги опфаќа пограничните општини на Битола, Грција и на Албанија.

- Вклучувајќи ги пограничните општини од регионот на Македонија, Грција и Албанија има околу 500.000 жители. Во јуни ќе биде распишан тендер за подготовка на цела документација. Во 2013 година ќе почне да се реконструира, а во 2014 ќе биде завршена. Железничката пруга ќе поднесе брзина до 100 километри на час - изјави Владимир Талески, градоначалник на Битола.

И покрај комплицираните односи меѓу Грација и Македонија, јужниот сосед веќе ја ревитализира пругата од Лерин до границата со Македонија.

- Железничката линија од наша страна е готова, што значи за да ја подобриме комуникацијата, треба да се ревитализира единствено делот од Битола до границата. Грција секогаш е заинтересирана да ви помогне на патот кон ЕУ, а врз тоа одлучувачко влијание имаат локалните заедници, кои меѓу другото бараат и подобра комуникација меѓу себе - изјави Стефанос Папанастасиу, градоначалник на Лерин.

Во рамки на проектот се предвидува и осовременување на железничките станици во Прилеп и во Битола. Покрај реконструкцијата на пругата, се размислува и за продолжување на автопатот Скопје - Велес кон Прилеп и кон Битола и негово поврзување на југ со грчкиот автопат Солун - Атина.

Сега руинираната железничка делница некогаш беше составен дел од пругата Велес - Битола - Лерин, изградена во 1894 година.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BD2143F8C44A614A85494D438A88A000



Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Mar-2010 at 00:36

Во фамозната 2014-година ќе затруби воз и за Лерин?

За обновување на пругата ќе се потрошат 10 милиони евра од претпристапните европски фондови

БИТОЛА - Во фамозната 2014 која е година на големи проекти ќе затруби и воз на пругата Битола - Лерин. Ова го најавува Министерството за транспорт и врски откако државата дозволи две и пол децении целосно да се запушти пругата која ги поврзуваше Битола со градот Лерин во Грција. Јавното претпријатие „Македонски железници“ е немоќно да инвестира во ремонт на делницата, но за овој зафат ќе се искористат претпристапните европски фондови. Проценето е дека за ревитализација на пругата ќе се потрошат 10 милиони евра. Истовремено ќе се реновираат и железничките станици во Битола и во Прилеп.

„Пругата не функционира од 1986 година. Средства се обезбедени од ИПА-фондовите и се работи на идеен проект за ревитализација на делницата Битола - Кременица. Два милиона евра ќе се потрошат за проектот, а остатокот за железничката пруга“, ова го најави Дарко Спировски од Министерството за транспорт и врски, раководител на секторот за ЕУ кој беше на средба во Битола каде што покрај претставници на локалните власти на Битола и на Прилеп присуствуваше и градоначалникот на општината Лерин.

Јужните соседи сметаат дека ревитализацијата на македонскиот дел од пругата ќе биде придобивка за целиот еврорегион, вклучувајќи ја и Албанија. „Ова е најкрупниот залак за Лерин и за Битола по трите проекти во рамките на прекуграничната соработка“, оцени леринскиот градоначалник Стефанос Папанастасиу.

Доколку пругата повторно се стави во функција, Пелагонискиот регион ќе има директен пристап до солунското пристаниште. Транспортот на стоки и патници за Грција ќе биде значително поевтин.

„Во јуни годинава ќе се распише тендер и ќе се подготви документација. Пругата која ќе биде изградена за една година, од 2013 до 2014 ќе биде така конструирана за да може возот да се движи со брзина од 100 км на час“, изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Според него, годинава треба да се потпише договор помеѓу земјите-членки на ЕУ и оние што се надвор од зоната за слободно движење на патници со воз преку границите. Тоа значи дека административните работи ќе се извршуваат само на еден пункт и тоа само во Битола.

Луѓе од железницата велат дека долниот дел од пругата е цврст, што не подразбира големи интервенции. Потребна е само постелка од кршен камен и замена на старите прагови и шини со нови. За враќање на стабилноста на пругата треба да се реконструираат и двата железни моста.

Пругата Битола - Лерин е дел од историјата на Битола. Делницата Велес-Битола – Лерин, па се' до Солун е изградена во 1894 година. Многу патеписци-картографи, па и своевремено важни личности, како што е Јосип Броз Тито, патувале по оваа пруга.

Со години трасираната пруга по која минувале возови минатиот век речиси и не личи на железница, бидејќи е обрасната со трња и треви, а наместа затскриена од грмушки. Живко Атанасовски, машиновозач во пензија, со носталгија се потсетува дека за Лерин имало возови два пати на ден, а тие тежеле од патници и стока. „Во Кременица, на последната станица на македонска територија, по четириесетина магариња, маски и коњи доаѓаа за да ги пречекаат патниците од околните села и нивната стока. На оваа пруга се возеа полесни и помали локомотиви зашто пругата не можеше да ги издржи стандардните 160 тонски влечни машини. Два пати на ден се товараше и дневното производство од некогашната фабрика за фрижидери ‘Фринко‘. Сега се' е обраснато, а по пругата можат да се движат само магариња“, вели седумдесет и осумгодишниот Атанасовски, кој 28 година беше машиновозач од Кременица до Белград.

Меѓутоа, не само што ќе се реконструира пругата Битола - Лерин туку веќе се прават планови за проширување и на автопатот од Скопје до граничниот премин Меџитлија. „Преговараме за трета лента на автопатот Скопје – Прилеп - Битола за да се надоврземе на автопатот Лерин - Солун кон Атина. Така ќе се скрати и времето за патување низ Македонија“, нагласува Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп. (А.Б.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=497621A1F9ACD34995D0FAE1CCA04269



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Mar-2010 at 00:42
А како сте аплицирале за ИПАРД ако немате проект бе дечки? Не сте џабе со Митотакис таму под рака ЕУ е имбецил и даде 11 милиони без да го види проектот и да процени сама колку чини Што значи мислам (и знам) дека има проект готов, ама има друга причина што тек тогаш ќе се почне со изградба.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Mar-2010 at 15:33
Денешно соопштение...
5:09  http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=100&vId=72017406&lId=1&title=%d0%a2%d0%98%d0%9a%d0%95%d0%a0 - Изработен идејниот проект за железничката линија Битола - Лерин
Скопје, 3 март (МИА) - Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека е подготвен идеен проект за воспоставување на железничката линија на Коридорот 10, од Битола до Лерин ... http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=100&vId=72017406&lId=1&title=%d0%a2%d0%98%d0%9a%d0%95%d0%a0">bulletПОВЕЌЕ
Се предвидуваат активности за воспоставување на железничка линија од Битола до Лерин - 3.3.2010

Почитувани,

 

Ве информираме дека во текот на 2010 година, Министерството за транспорт и врски, предвидува реализирање на повеќе проекти од областа на железниците, кои ќе бидат директно насочени кон подобрување на состојбата во овој сегмент, а со што ќе се обезбеди подобра и поефикасна услуга за учесниците во железничкиот сообраќај во Република Македонија.

 

Покрај проектите за изградба на железничката траса на Коридор 8 и реконструкцијата и модернизацијата на Коридорот 10, активно се работи на проектот за воспоставување на железничка линија на Коридор 10, и тоа на потегот од Битола до Лерин, Република Грција, за што минатата седмица во Битола се состанаа градоначалниците на општините Битола, Прилеп и Лерин.

 

За реализација на овој проект од страна на ЈП „Македонски Железници“ е изработен идеен проект, а следен чекор е избор на консултант кој ќе ги изработи потребните студии и основен и изведбен проект. Се очекува во текот на јуни 2010 година да биде распишан  јавен повик за подготовка на потребната документацијата, а во текот на 2014 година, да се заврши железничкото поврзување на делницата Битола – Кременица – Лерин.

 

За реализација на овој проект, со цел заокружување на финансиската конструкција и побрзо и поефикасно одвивање на активностите, поднесена е апликација до претпристапните фондови на Европската Унија (ИПА).

 

Меѓународната железничка  линија Битола - Лерин која е во должина од околу 20 километри, функционираше како редовна се до 1986-та година. Со реализација на овој проект, истата ќе биде рехабилитирана и ставена во употреба.

 

Со почит,

Министерство за транспорт и врски

Напомена: Линкот горе ќе биде активен 8 часа од објавување на веста.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Jun-2010 at 08:00
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=457&PID=67288#67288 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=457&PID=67288#67288


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 06-Aug-2010 at 23:13
Мислам дека полека почнува припремата за реконструкција. Во Битола веќе има донесено 2 пружни возила за интервенција на пруги... Shifty

-------------


Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-Aug-2010 at 10:26
Грешка бе другар, грешкаBig%20smile! Во Кичево и Гостивар со месеци стојат локомотиви за ремонт на пруги, па сеуште возовите возат 30 км/ч кај село Лакавица.

Искрено, не верувам дека ќе почнат со санација на пругата оваа година, за понатаму ќе видиме. Можеби се прави некаква санација на делницата до Битола, бидејќи има делови од Велес до Битола што одамна треба да се санираат.


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 07-Aug-2010 at 14:51
Уппсс.... во право си. Само што чудно ми беше оти долго време немало такви пружни возила во битола па....Bonk


-------------


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-Aug-2010 at 18:04
Иначе тоа се пружни возила, за поправки на трасата, не локомотиви

Е кога би имале локомотиви ко порано со домни станици како Битола, Велес, Гевгелија ... би било убаво, но за жал немаме ни за редовен сообраќај а камоли за резерва или испомош на повеќе пунктови.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 20-Aug-2010 at 18:58
Пругата на 1км пред грција







-------------


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Aug-2010 at 20:32
Добро е што ги има овие премини, иначе за некоја година никој не ќе знае дека има-ло пруга

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 20-Aug-2010 at 21:57
Да се надеваме дека за некоја година ќе "светни", како што се најавува...

-------------


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 10-Sep-2010 at 11:38





-------------


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Sep-2010 at 17:23
Несе така стари праговите, само од 1957 година.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: truckerinsoul
Date Posted: 17-Sep-2010 at 07:13
Пруга Битола-Лерин? Лажги со опашки. Само не знам кои возови ке одат на таја релација, а btw, од бт сум.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Sep-2010 at 12:27
Нема потреба од вакви паушални изјави. Возовите кои ќе одат на таа релација ќе бидат тие на МЖ и ОСЕ.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 17-Sep-2010 at 17:09
Се надевам дека дотогаш уште некои локомотиви ќе се обноват т.е. ќе се вратат од мртвите или па како што најавуваат дека ќе купат четвороделни моторни гарнитури... па така ќе има возови кои ќе сообраќаат кон Лерин...и плус тоа мора локомотивите да се дизел бидејќи до Битола нема електрифицирана пруга...Roll%20eyes


-------------


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 26-Sep-2010 at 20:36

Со воз од Битола до Лерин во 2014 година

недела, 26 септември 2010, 17:21

Најмалку девет милиони евра ќе чини реконструкцијата на железничката пруга од Битола до Кременица, односно границата со република Грција. Оваа делница која не е во употреба веќе 25 години е со должина од 16 километри и претставува витален дел од Коридорот 10 и новиот проект„Карго 10“ на железниците на Србија, Хрватска и Словенија кој стартува од први октомври.
Министерството за транспорт и врски се` уште работи на подготовка на проектната документација на проектот чија реализација според најавите треба да започне во 2013 и да се заокружи во 2014 година. Најголем дел од потребните пари, или 85% ќе се обезбедат од ИПА претпристапните фондови на ЕУ за регионален развој, а останатите од буџетот.
Реконструкцијата на оваа делница ќе овозможи продолжување на кракот од железничкиот Коридор 10 преку Грција до пристаништето во Солун и градот Игуменица, што покрај патничкиот ќе биде од голема важност за товарниот сообраќај. Владата пролетоска најави реконструкција и на железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Со заем од ЕБОР во износ од 17,6 милиони евра, ќе се реконструираат четири делници во должина од 53 километри.


-------------


Posted By: shaun.r
Date Posted: 27-Sep-2010 at 08:32
Originally posted by Danielbtmk

Со воз од Битола до Лерин во 2014 година

недела, 26 септември 2010, 17:21

Најмалку девет милиони евра ќе чини реконструкцијата на железничката пруга од Битола до Кременица, односно границата со република Грција. Оваа делница која не е во употреба веќе 25 години е со должина од 16 километри и претставува витален дел од Коридорот 10 и новиот проект„Карго 10“ на железниците на Србија, Хрватска и Словенија кој стартува од први октомври.
Министерството за транспорт и врски се` уште работи на подготовка на проектната документација на проектот чија реализација според најавите треба да започне во 2013 и да се заокружи во 2014 година. Најголем дел од потребните пари, или 85% ќе се обезбедат од ИПА претпристапните фондови на ЕУ за регионален развој, а останатите од буџетот.
Реконструкцијата на оваа делница ќе овозможи продолжување на кракот од железничкиот Коридор 10 преку Грција до пристаништето во Солун и градот Игуменица, што покрај патничкиот ќе биде од голема важност за товарниот сообраќај. Владата пролетоска најави реконструкција и на железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Со заем од ЕБОР во износ од 17,6 милиони евра, ќе се реконструираат четири делници во должина од 53 километри.

kolku se pismeni nasive novinari...a da im kazese nekoj deka do igumenica nema pruga


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 27-Sep-2010 at 12:55
Највероватно новинарот мислел кога нашиве ќе го направат делот Битола - Лерин, тогаш и грците ќе го направат делот Кожани - Игуменица    



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: shaun.r
Date Posted: 27-Sep-2010 at 14:10
Originally posted by Vladimir P

Највероватно новинарот мислел кога нашиве ќе го направат делот Битола - Лерин, тогаш и грците ќе го направат делот Кожани - Игуменица    

Big%20smileBig%20smile samo ne mi e jasno kako nasle deka treba da produzi do igumenica ,


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 28-Dec-2010 at 17:11







-------------


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 02-Feb-2011 at 19:39
Originally posted by shaun.r

samo ne mi e jasno kako nasle deka treba da produzi do igumenica ,

Еве само една од мнугуте анализи и предности на Игуменица

... But the story does not end there. The Chinese government (through Cosco) is already interested in further investments in Greece, including the acquisition of ‘Thriasio’ (a large track of land close to the port) to be used both as an office park and as storage of containers for re-export to North Africa and the Middle East. The Chinese government is also interested in acquiring abandoned Olympic sites to use in ways that will accommodate exports to Greece and the transportation of goods to Europe through Greece. The Greek government is also looking for buyers of its other three main ports (Thessaloniki, Volos, Igoumenitsa) which are in the northern part of Greece and are even closer to the European markets that the Chinese are coveting. Cosco has already made a bid to manage the port of Thessaloniki, and so far is the only bidder. Although Athens is linked with Central Europe via rail, like Thessaloniki and Igoumenitsa, the port of Piraeus is not, thus making these other two Greek ports even more appealing to the Chinese government and Cosco...



Foreign Policy Blogs


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Feb-2011 at 19:45
Originally posted by Vladimir P

Cosco has already made a bid to manage the port of Thessaloniki, and so far is the only bidder.]

Охооо, значи Кинезите веќе направиле конкретен чекор и во однос на Солун, не само Пиреа. Многу позитивно за Македонија! Баш пред извесно време дискутиравме на форумов за таквата можност и за ефектите од тоа. Владимир, ако имаш на лагер нешто подетално, те молам постирај во посоодветна нишка.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 02-Feb-2011 at 20:02

Ако успееш еве го линкот на целиот текст од анализата
Chinese trojan horse investing in greece or invading europe / part 1
кој некогаш работеше !!!???

http://chinatrade.foreignpolicyblogs.com/2011/01/15/chinese-%E2%80%98trojan-horse%E2%80%99-investing-in-greece-or-invading-europe-part-i/ - http://chinatrade.foreignpolicyblogs.com/2011/01/15/chinese-%E2%80%98trojan-horse%E2%80%99-investing-in-greece-or-invading-europe-part-i/

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: axel
Date Posted: 11-Feb-2011 at 18:34

Бизнисот ја бара пругата Битола - Лерин

Делницата, долга само 15 километри, обрасната со треви и дрвја, чека ревитализација две децении

БИТОЛА - Македонските стопанственици вчера симболично допатуваа со воз од Скопје, Велес и Прилеп во Битола со цел да и' дадат до знаење на државата дека железничката инфраструктура е еден од клучните предуслови за економски раст на регионот. За бизнисмените е неразбирливо зошто државата во изминатите две децении не успеала да ја ревитализира пругата Битола - Лерин, долга само 15 километри. Пругата Битола - Кременица со години е обрасната со треви и дрвја. Таа по ништо не потсетува дека тука своевремено минувале возови. Единствените траги од шините се на сообраќајните премини.

Пелагонија е втора по висина на учество на БДП во државата, најголем производител на пченица и со најголем процент од 45 насто од капацитетите за производство на струја. За развој на регионот неопходна е ревитализација на пругата која ќе ја олесни транспортната комуникација со јужниот сосед.

„Дојдовме со воз за да упатиме јасна порака дека мора после толку години мора да се вложи во железничката инфраструктура, поточно во пругата Битола- Кременица- Лерин, бидејќи тоа во голем дел ќе го олесни протокот на стоки кон солунското пристаниште“,рече Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Стопанствениците, патувајќи за Битола, прв пат слушнале од вработените во железницата дека за ревитализација на пругата Битола - Лерин е изработена физибилити студија, како и дека од грчка страна има конкретни барања за реактивирање на пругата, особено за масовни стоки.

„Владата даде се' што можеше на планот на погодностите за странските инвеститори, а тие не дојдоа. Значи, проблемот треба да го бараме кај нас. Да ја подобриме ситуацијата во судството, во инфраструктурата, во самодовербата. Зашто несфатливо е пруга долга 16 километри така да седи 20 години. За жал, во регионот политиката е во фокусот. Почести и поактуелни се политичките наспроти економските теми“, посочи Азески. Токму поради крајно лошите состојби во железничката инфраструктура, стопанствениците најавуваат дека во наредните 5 години ќе бараат од Владата поголем дел од средствата да се намени за железницата.

„Транспортот на стоки стопанствениците мораат да го насочат само во патниот сообраќај. Но, превозот со камиони бара поголеми трошоци за разлика од железницата. Затоа ни е потребна итна ревитализација на пругата Битола - Лерин,“ рече Благој Стојчев, претседател на стопанствениците од регионот.

Според Оливер Деркоски, директор на „Македонски железници“, потребни се големи инвестиции да се ревитализира железничката инфраструктура во Македонија и да се реновираат возовите.

„Планираме во следните 5 години големи вложувања во железницата и во возовите. Еден нов вагон чини милион евра, а нова локомотива е 1,5 милиони евра. Затоа дел од вагоните ќе се реновираат во Велес“, рече Деркоски. Според него, „Железници“ преговараат со локалните вести од Прилеп и од Битола на оваа релација почесто да сообраќа воз, бидејќи според нивни пресметки, 2.000 до 3.000 граѓани секојдневно патуваат од едниот во другиот град. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=80F95FF7BFE101418115B59AF8823CEF


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-Feb-2011 at 18:43
Еден цинична забелешка,

Ако коридор X ни се затвара, дали во овој период вреди да ре размислува за отварање-реновирање на коридор Xd или да се причека на некој подобри времиња ???

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: kultuzin
Date Posted: 11-Feb-2011 at 18:59
Според мене приоритет треба да биде коридорот 8 , поврзување на Јадранското и Црното море.Вака Грците имат монопол кога сакаат не затварат кога сакаат отвараат.


Posted By: polval
Date Posted: 11-Feb-2011 at 21:36
Ако има економска корист за Битолското и Прилепското стопанство и за целиот Пелагониски регион воопшто, тогаш треба да се обнови. Се работи за 20-тина км пруга (заедно со станични и други колосеци итн. итн. ) и тоа на лесен терен и без големи мостови, тунели итн. Меѓутоа , само во случај на економска оправданост.
Кој ни гарантира дека Бугарија нема да постапува исто како и Грција...


Posted By: kultuzin
Date Posted: 11-Feb-2011 at 21:41
Друго е кога имаш алтернативи.Особено кон Албанија треба да се направи пруга која ќе излева на Јадранското море. Особено сега кога Грците се одлучија да ги скратуват средствата на железничката и кога секој трет ден сме соочени со штрајкови.Секако оваа железничка е одлична можност за уште еден излез на средосемното море особено кога се работи за само 20 километри пруга, но како што реков според мене коридорот 8 треба да биде приоритет.


Posted By: polval
Date Posted: 11-Feb-2011 at 21:55
Коридорот 8 секако треба да се направи од многу причини, тука нема спор и нема дискусија. И требаше веќе одамна да биде направен. Сообраќајните врски не може да се градат со идеја дека треба некогаш да се исплатат туку се со цел за општа добробит на земјата и на стопанството. Ако 20 км пруга донесе развој на стопанството во Пелагонија тогаш треба да се гради независно од коридорот 8 и не треба со него да се условува. 


Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Feb-2011 at 11:41
А треба да се направи една анализа за тоа колку се големи претпријатијата во Прилеп и Битола за да ја ремонтираме пругата Битола-Кременица. Да појаснам, во пелагонискиот регион нема ниту еден металуршки комбинат или рудник, ниту пак рафинерија или нешто слично. Сакам да кажам, освен РЕК Битола, нема ниту еден капитален објект кој би имал побарувачка од 2-3 товарни возови дневно кон Солун. Можеби најголем од сите е Мермерниот комбинат во Прилеп, но се` останато е ситна боранија за товарниот железнички сообраќај.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-Feb-2011 at 12:53
1. Не ни се затвора коридорот 10, туку привремено се укинуваат патничките возови. Товарните ќе продолжат да сообраќаат сосем нормално. Не значи дека пругава ќе биде бескорисна ако се реконструира.

2. Пругата се реконструира за да може да се справи со очекуваниот бум во индустриската зона Жабени.

Како и да е, ако е со европски пари зошто да не?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 24-Feb-2011 at 19:19
Тешко ни е да изградиме пруга од 16 км

Потенцијалите на Пелагонија неискористени

 

Поради нефункционалноста на железничката пруга до Грција, долга само 16 километри, патот на стоката од Битола до Солун е подолг за околу 200 километри, бидејќи стоката патува преку Велес. Неинвестирањето во инфраструктурата во Пелагонискиот регион сериозно влијае врз бизнисот во најголемиот регион во земјава

Скопје и вториот по големина град во земјава, Битола, се на оддалеченост од околу 180 километри. За да се стигне со автобус до Битола се потребни од три и пол до четири часа, а со воз, патувањето е подолго за еден час.
Минатата година, Кинезите, ја завршија железничката пруга помеѓу градовите Њухан и Гуангзхоу, долга 1.100 километри, а брзиот воз наречен Хармони експрес (Хармонѕ Еџпресс), го поминува растојанието, неколку пати поголемо од реалацијата Скопје-Битола, за неверојатни, за нас, три часа. Кина освен што секојдневно руши светски рекорди во економијата, систематски и плански својот примат го става и во транспортот и во инфраструктурата, базата за развој на една економија. Сега ќе гради супермодерна и брза железничка пруга Пекинг-Лондон. Патувањето ќе трае само два дена за растојание од 8.160 км, а возот ќе поминува низ 17 земји во Азија, Блискиот Исток и Европа. Што е уште поинтересно, Кинезите планираат овој проект да го изградат со сопствени средства, а наплатата за изградената пруга ќе ја врши во натура, односно со наплата на природните ресурси од земјите каде што поминува пругата.
Брзите возови кои во просек се движат со брзина од 350 километри на час и во 21 век се сè уште научна фантастика за „Македонски железници”(МЖ), чии возови достигнуваат просечна максимална брзина од 50 до 100 километри на час, а се движат по пруги од турско време.

ДО СОЛУН ОД БИТОЛА ПРЕКУ ВЕЛЕС

За да укажат на овој сериозен проблем, бизнисмените од Стопанската комора на Македонија (СКМ), минатата недела наместо со нови коли како што бизнисмените од Сојузот на стопански комори дојдоа на доручек со премиерот Груевски, решија на седница на Комората во Битола да допатуваат со воз.
„Во Битола дојдовме со воз за да упатиме јасна порака дека мора по толку години неинвестирање да се вложи во железничката инфраструктура и таа да се модернизира. Повеќе од потребно е поврзување на Битола со Грција преку граничниот железнички премин Кременица со што ќе се овозможи проток на стоки до Солунското пристаниште. Неразбирливо е пруга долга 16 километри да не функционира 20 години. Бараме Македонија конечно да се сврти кон регионалниот развој, со што ќе се подобри економијата на Пелагонискиот регион, каде што се наоѓаат најголемите енергетски капацитети и најголемите извозни и земјоделски објекти”, вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.
Поради нефункционирањето на железничката пруга до Грција (од грчка страна, пругата е модернизирана пред четири години) патот на стоката од Битола до Солун е подолг за околу 200 километри, бидејќи стоката патува преку Велес. Модернизирањето на железничката пруга Велес-Битола-Кременица (кракот Д од Коридорот 10) ќе ги поврзе Прилеп, Битола и Велес и со други градови во Грција, како Лерин и Воден, како и со Атина по магистралата Виа Егнација, а на север со западна и северна Европа. Моменталната состојба на пругата Велес-Битола се карактеризира со најниска комерцијална брзина, со што времето на патување на стоки и патници е најдолго во однос на должина на пругата на целиот Коридор 10, кој почнува од Грција, а преку Србија и Хрватска оди до Словенија. Солунското пристаниште е прозорецот кон светот на македонската економија. Најголемиот дел од извозот и увозот се остварува преку него.
„Единствено што им преостанува на стопанствениците е да користат камионски превоз, кој е далеку поскап од железничкиот. Нашите трошоци на производство само се зголемуваат, што сериозно влијае на висината на финалната цена на готовиот производ. А сите се бориме за поконкурентна цена, па битката тешко ни оди”, вели Благоја Стојчев, претседател на регионалната комора Битола-Демир Хисар-Ресен, која е дел од Стопанската комора на Македонија.
Стојчев дваесет години е во бизнисот со производство на брашно, а од пред извесно време отвори и фабрика за производство на различни типови масло во која вложи повеќе од 10 милиони евра. Фабриката работи по ХАСАП системот и користи најнова технологија.
„За водењето бизнис не ми е проблем само инфраструктурата. Нашите транспортни вагони се несоодветни за превоз на масло и пченица, па морам да користам германски или украински”, вели Стојчев.  
И за поранешниот директор на Битолската млекарница ИМБ, Живко Радески, инфраструктурата и заживувањето на индустријата се клучните работи за заживување на економијата во Пелагонискиот регион.
„Немам никаква дилема дека е потребно сериозно инвестирање во инфраструктурата. Поради неинвестирањето ни пропаѓа стопанството и индустријата. Обработливото земјиште стои неискористено. Да ги вратиме шеќерната репка, сончогледот…”, вели Радески.
Бизнисмените ги поддржуваат и бројките, кои зборуваат за огромните потенцијали на Пелагонија. Овој регион, најголем во земјава (19% од површината на земјата), со 12% е втор по големина во земјава во учество на бруто-домашниот производ. Учествува со најголем процент, 45%, од капацитетите за производство на електрична енергија, а е и најголем производител на пченица, млеко и млечни производи, тутун, јаболко и втор по големина во производство на вишни и кајсии. Овде се наоѓа дури 23% од вкупно обработливата земјоделска површина и 28% од пасиштата во земјава. Голем е и потенцијалот за развој на летен, зимски и културен туризам (Перспанско Езеро, националниот парк Пелистер, зимскиот туристички центар Крушево).
И покрај огромниот потенцијал, овој регион е петти во трговската размена, иако е еден од ретките кој има урамнотежена трговска размена, со 5-7% учество во извозот и 3-4% учество во вкупниот увоз на земјава.

МАКЕДОНСКИ ФИРМИ ГРАДАТ КИНЕСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ

За да биде апсурдот уште поголем во прилепското село Алдани веќе неколку години функционира фабриката „Еуропрофил”, која меѓу другото произведува и фајберглас, материјал кој се користи за градење на пруги (еколошки материјал-замена за дрвото кое се поставува во пругите).„Овој производ освен во Србија, Бугарија и Унгарија, фабриката од пред извесно време пробно го извезува и во Кина и Индија”, вели Ширкоски Александар од „Еуропрофил”.
Во Македонија, неколку компании, меѓу кои и фабриката за кабли од Неготино и прилепската „Еурокомпозити” произведуваат материјали кои се користат за изградба на пруги. Но, и тоа не е доволно за Владата и менаџментот на МЖ да се заинтересира за инвестирање во железничкиот сообраќај. Пругата од Битола до Кременица, чие модернизирање се проценува на околу 9 милиони евра, поради немањето пари, ќе почека уште неколку години. Ќе се чека на ИПА-фондовите, па изградбата на пругата може да биде реалност во најоптимистичка опција во 2014г., а во најпесимистичка дури во 2016г..
„Признавам дека работите одат бавно, но ние не располагаме со сопствени средства за инвестирање во железничкиот сообраќај”, вели Оливер Деркоски, првиот човек на МЖ Транспорт.
Петар Спасовски, помошник-директор за комуникации во МЖ Инфраструктура вели дека Владата размислува за подобрување на железничкиот сообраќај кон Грција, но тоа не е моментален приоритет.
„Моментално работиме на Коридорот 8. Треба да се изгради 90 километарска пруга од Куманово до Деве Баир, Бугарија и 70 километри од Кичево до Албанија. Кога овој проект ќе биде готов, тогаш ќе можеме да аплицираме и за други проекти како што е пругата Битола-Кременица. Сега сме во фаза на изработка на физибилити студија за реконструкција на оваа пруга. Веќе аплицираме за да ги добиеме потребните 9 милиони евра”, вели Спасовски.

КИНЕЗИ ВО ЖАБЕНИ

Немањето инфраструктура не е проблем само за локалното стопанство.
„Најголемиот проблем за заинтерсираните странски инвеститори е инфраструктурата. Тие го посочуваат транспортот како најголема пречка за инвестирање. Убеден сум дека Владата ќе ни помогне полека да ги оствариме сите наши приоритети. Би било штета кога се подобрија условите за инвестирање и кога општините добиваат поголеми ингеренции, да не ги собереме плодовите”, вели градоначалникот на Битола, Владимир Талевски.
Истото го потврдува и Трајче Котевски, поранешен директор на индустриската зона „Жабени”.
„Индустриската зона во која се крсти целото битолско стопанство ја нудиме со современа железница и посебен железнички крак до неа. Што ќе се случи ако тој крак не се изгради?”, вели Котевски.
Според Талевски, веќе постои голем интерес за инвестирање во „Жабени”, чија изградба е во финална фаза. „Имаме интерес од дестина домашни и странски компании кои овде сакаат да градат кланица, млекарница и сушалница и погон за преработка на зеленчук. И кинеска компанија најави своја посета на зоната во март”, вели Талевски.
Индустриската зона „Жабени” се протега на 86 хектари. Деталниот урбанистички план е готов, а завршени се и административните процедури.
„Изградена е и водоводна мрежа, а донесена е техничка вода. Зоната има и телефонија, одводна канализација, а во финална фаза е и нејзината електрификација, во која Владата се вклучи со 90 милиони денари. Веќе функционира помалата трафостаница за 20 хектари, а се работи на поставување и на големата-главна трафостаница”, информира битолскиот градоначалник.
За привлекување на што поголем број инвеститори, општината Битола, освен владината одлука за закупување на државно земјиште за 1 евро од метар квадратен се реши и за ослободување од комуналии.
„Заинтересираните инвеститори кои ќе се пријават до 31 март и кои до следната година ќе го изградат објектот и ќе вработат повеќе од 20 вработени, ќе добијат 100% ослободување од комуналиите. Три месеци по овој рок, заинтересираните под истите услови ќе добијат 75%, а тие по шест месеци, 50% ослободување за плаќање на комуналии. Во кое било време заинтересираните кои во следниве две години ќе изградат објект и ќе вработат повеќе од 300 лица ќе добијат исто така 100% ослободување од комуналии”, вели Талевски.
Министерството за транспорт и врски пред неколку дена распиша тендер за јавно наддавање за градежно земјиште, во „Жабени”.Станува збор за 30 градежни парцели кои се наменети за изградба на објекти за лесна и незагадувачка индустрија, сервиси, стоваришта, како и две градежни парцели, наменети за изградба на објекти за мало стопанство.
Битолскиот градоначалник полага голема надеж и во изградба на енергетските проекти „Чебрен” и „Галиште”, лоцирани во мариовскиот крај, кои треба да му прават друштво на најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола. Инвестицијата е во вредност од 700 милиони евра, а епилогот од четвртиот тендер за нив се очекува во јуни годинава.


Извор: http://forum.com.mk/246584 - Форум



-------------


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 25-Mar-2011 at 11:31


Железничката линија Солун Битола како делница од линијата кон Јадранското море беше изградена на 13 јули 1894 година.


-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-May-2011 at 00:29

И СПМ со реакција за активностите на СДСМ
НЕДЕЛА, 01 МАЈ 2011 18:09

Денеска и Социјалистичката партија со реакција за вчерашната пародија на младите од СДСМ. Изјавата ја дадоа на железничката станица, каде што вчера пак младите од СДСМ го чекаа возот за Лерин, со што сакаа да потсетат дека токму таа железничка линија е уште едно неостварено ветување на битолската локална власт.

БЛА БЛА БЛА, SHIT SHIT SHIT...

И од Социјалистичката партија на Македонија рекоа дека за пругата Битола-Лерин обезбедени биле пари од ИПА фондовите.

-Во оваа прилика сакаме да информираме дека во тек е еваулација на тендерот за изработка на проектна документација, а тендерот ќе заврши во октомври. Во март заврши првата фаза од тендерот, во која учествуваа осум фирми. Избраната фирма треба за седум месеци да ги направи проектите. После ќе се гради, а цената на градбата е десет милиони евра – рече Христовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак вчера рекоа дека во отчетот на Владата достапен за сите граѓани јасно се наведува дека реконструкцијата на железниктаа пруга за Лерин требало да почне во 2014 година.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=35101&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=35101&Itemid=106

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: N23
Date Posted: 02-May-2011 at 01:19
Со здрав памет ли се коа ќе кажат, треба да почне 2014? Као у стил ај 20 години јабана отидоа, нека отидат уште 5 мање више.


Posted By: JOE
Date Posted: 02-May-2011 at 16:26
Во отчетот пиши дека 2014 ке биди готова а не да почне да се реконструира.Само прат некој збунувања


Posted By: JOE
Date Posted: 19-May-2011 at 18:01
Едит!!!
Ја читав програмата на вмро и за оваа делница рокот за завршување е дкември 2015 ама знејки колку во се се касни со сите проекти со глава тврдам негде крајот на 2016.Не ми се верва уште со цел памет пишат декември 2015 за една обична реконстуркција


Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-May-2011 at 18:10
Па во отсуство на некоја поголема креативност од било која партија, не ме ни чуди. Се рециклираат истите проекти само со продолжен рок. Оти, да не му текни нешто ново капитално?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: N23
Date Posted: 19-May-2011 at 18:20
Листајќи ги поголемиве партии со своите програми во делот инфраструктура и опозицијата ветува дека оваа делница ќе ја реконструира, но само тоа стои, ниту кога ќе се почне ниту кога планира да се заврши.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-Jun-2012 at 14:12
По две и пол децении, на повидок реконструкција на пругата Битола-Лерин



Железничката пруга е надвор од употреба 26 години, а некогаш беше составен дел од меѓународната линија Велес-Битола-Лерин-Солун

Догодина конечно ќе започне реконструкцијата на железничката пруга од Битола кон границата со Грција, најави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески попладнево во Битола.

- Очекуваме до крајот на оваа година да биде распишан тендер за избор на градежна компанија, а во првата половина од следната година таа да отпочне со реконструкција на пругата Битола- Кременица. Исто така во проектната документација е ставен и крак за индустриската зона Жабени - рече Јанакиески.

Железничката пруга е надвор од употреба 26 години, а некогаш беше составен дел од меѓународната линија Велес-Битола-Лерин-Солун. Во изминатите две и пол децении делницата беше руинирана, а наместо возови по шините пасеа крави и се одгледуваа сандаци со пчели.

Кракот кој ќе се реконструира е долг 20 километри, а од грчка страна пругата е веќе обновена. Од општина Битола се надеваат дека за скоро повторно ќе затруби воз од Битола за Грција што ќе значи голема поволност за битолското стопанство.

- На средината од оваа година се завршува проектната документација за реконструкција на железничката пруга од Битола кон Грција. Дел од таа пругата ќе има и влез во индустриската зона Жабени што ќе значи поврзување со солунското пристаниште. Тоа ќе придонесе за подобрување на условите за инвестирање зашто железничкиот превоз е поевтин од другиот транспорт на стоки кои во иднина би се произведувале во Жабени - изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Пругата била изградена 1894 година и има славно минато. Низ неа со воз допатувале многу војници, патописци, конзули, па и историски личности. (Ж.З.)


http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=C73FAF59D3E8A94E845936F83DF42186 - http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=C73FAF59D3E8A94E845936F83DF42186

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jul-2012 at 01:06

Кај Кременица, близу самата гранична линија со Грција, има некаков краток крак од пругата, кон исток:

40°54'48.80"N  21°27'51.53"E

Дали некој знае дали било планирано некакво продолжување на пругата до некоја дестинација во близина или ова можеби служело за свртување на локомотиви или е нешто сосем трето?



Posted By: MileX
Date Posted: 03-Jul-2012 at 02:46
spored lokacijata kade sto se naogja mi lici kako pocetok na nekoja idna pruga po dolinata na crna reka koja eventualno bi zavrsila kaj sivec (feni) , no toa e samo moja pretpostavka

-------------
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/


Posted By: polval
Date Posted: 03-Jul-2012 at 05:52
Тоа е триангла за завртување на парни локомотиви.


Posted By: JOE
Date Posted: 03-Oct-2012 at 18:55
Пруга до Кременица и крак до Жабени
Среда, 03 Октомври 2012 17:56
Сподели

Приватниот сектор од Пелагонија и градоначалниците, денеска се сретнаа со министерот за транспорт и врски, кој дојде во Битола да ги промовира трите проекти за подобрување на железничката и патната инфраструктура во Пелагонискиот регион, со вкупен износ од 8,6 милиони евра, пари одобрени преку ИПА програмата. Првиот се однесува на рехабилитација на пругата Битола-Кременица со изградба на нов крак кон Индустриска зона Жабени.

„ Презентиравме и два проекти кои се реализирани од ИПА првиот е наменет за рехабилитација на поголем број железнички станици долж коридорот 10 и 10Д како што е во Велес, Битола Прилеп и седум во Гевгелија."- вели Миле Јанкиески министер за транспорт и врски.

Третиот проект со кој Владата аплицирала пред Европската комисија, а за кој се чека одговор во декември годинава, е рехабилитација на патниот правец, Прилеп-Битола-Грчка граница.

„ Сега воопшто не е во функција ставен делот Битола-Кременица, целосно ќе се доизгради и рехабилитира и очекуваме до 2015 според акциониот план да се стави во функција."- додава министерот.
„ Ние рачунавме на Солунското пристаниште целата пруга е реконструирана од страна на Грција до Лерин."- вели м-р Владимир Талески градоначалник ан Битола.

Талески додаде дека не случајно Жабени е лоцирана блиску до Меџитлија, не била случајно до пругата и патниот правец кој води до границата со Грција.

„ Од грчката граница до Крклино тоа е практично од границата до клучката каде се дели патот за кон Охрид и што уште позначајно е тоа дека овој транзитен пат води кон главната метропола."- додаде Талески.

Без добра инфраструктура, тешко доаѓале инвеститорите, а со оваа целосна реконструкција на железничката и патната инфраструктура на Пелагонискиот регион, ќе се овозможел забрзан економски развој.


„ Ако се земе фактот дека индустриските зони Приелп1, Прилеп 2 и Приелп 3 предвидени со ГУП, кои се во реализација и се распродадени, низ некои од нив минува пругата, а кај слободната зона Агларци на излезот кон Битола и подобрената патна инфраструктура."- вели Марјан Ристески градоначалник на Прилеп.

Проектите претставувале приоритети за овој регион, план имало и за физибилити студија за поврзување Битола-Подмоље.

http://www.youtube.com/watch?v=W67TVtNtccE&feature=player_embedded


Posted By: gorco
Date Posted: 10-Oct-2012 at 09:29
09.10.2012, 18:28

Пелагонија чека железничка ренесанса



Ќе се ревитализира пругата Битола - Кременица, десет железнички станици по должина на Коридорот 10 и 10-Д и ќе се обнови патниот правец Прилеп - Битола - граничен премин Меџитлија

Битола - Владата најавува ренесанса за железницата во Пелагонија. Конечно ќе се ревитализира пруга Битола - Кременица, која е единствената железничка врска со Грција во овој регион. Ќе се рехабилитираат десет железнички станици по должина на Коридорот 10 и 10-Д и ќе се обнови патниот правец Прилеп - Битола - граничен премин Меџитлија.

Ова се проектите планирани за Пелагонија до 2015 година. Железничката и патната инфраструктура која ги поврзува Прилеп и Битола со граничниот премин Меџитлија ќе се изведува со средства од ИПА-фондовите. Планирано е при обновата на пругата од Битола за Кременица, да се изгради и посебен крак за Индустриската зона „Жабени“. А, истовремено ќе се реновираат и железничките станици во Битола и во Прилеп.

Државата очекува до декември од ЕУ да бидат одобрени и пари за реконструкција на патниот правец од Прилеп преку Битола до граничниот премин Меџитлија.

„Пругата кон Кременица целосно ќе биде изградена до 2015 година. Се подготвува проект, кој ќе биде готов до март в година. Градежните работи ќе почнат до крајот на 2013 или во почетокот на 2014 година, а на избраните фирми ќе им требаат околу 18 месеци да ја завршат пругата“, најави пред градоначалниците од Пелагонија, Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

За реновирање на пругата Битола - Лерин се предвидени 8,6 милиони евра, а во првата фаза не се планира електрификација на пругата Битола - Кременица.

Во изработката на физибилити-студијата, министерот Јанакиески очекува да помогнат и стопанствениците од Пелагонија, преку одговорите на прашалниците кои ги добија. Стопанствениците од овој регион едвај чекаат да се крене рампата на обновената пруга Битола - Лерин, во надеж дека со реконструкцијата на железницата низ земјава ќе поевтини и транспортот на стоки.

„Денес цената на железничката услуга е иста или малку пониска од камионскиот превоз. Да се надеваме дека со реконструкцијата на пругата и со новите вагони ќе дојдеме до реална цена на железничкиот транспорт во Македонија. Инаку, во оваа ситуација цените се исти и ние сме свртени кон камионскиот превоз“, вели Синиша Петровиќ од „Синпекс“ од Битола.

Пругата што ќе води низ Индустриската зона „Жабени“ се очекува дополнително да ја зголеми атрактивноста на овој регион за домашните и за странските инвеститори, а реализацијата на трите владини проекти во Пелагонија, треба да отвори можност за забрзан развој на овој дел од земјата, смета градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.

„Индустриската зона ’Жабени‘ не случајно ја лоциравме до границата со Грција, и тоа помеѓу патниот правец за Меџитлија и железничката пруга. Ова е дореализација на нашиот проект, бидејќи ние на стартот сметавме на солунското пристаниште“, рече Талески.

Во Прилеп, пак, на местото на старата пожарна ќе се гради транспортен центар.

„Објавивме тендер за продажба на земјиштето каде што ќе биде изграден современ транспортен центар, а веќе имаме најава и за изградба на современа автобуска станица за меѓуградски и меѓународен сообраќај. Тоа ќе биде во комплекс и на реновираната железничка станица“, најави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп. (А.Б.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=EC16A3CAE5FD5C41B60CD384586BD99B

-------------


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 19-Oct-2013 at 20:43
В година реконструкција на пругата Битола - Кременица

Проектот за реконструкцијата на железничката пруга Битола - Кременица со крак до ИЗ Жабени ќе почне да се реализира во 2014 година. Ова го изјави Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Проектот за реконструкција на железничката пруга Битола- Кременица со крак до ИЗ Жабени е завршен и извршена е негова ревизија. По предавањето на документацијата се очекува до крајот на годината да биде доставен одговорот од ЕК и стартот на реконструкцијата на пругата да отпочне веќе наредната 2014 година. Ова го изјави Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски на синоќешната трибина во Битола. Новите современи вагони пак по европски стандарди, како што кажа министерот , се очекува да пристигнат до 2015 година. А до крајот на годината пак во нашата општина треба да се изградат уште 5 локални патишта со што ќе се заокружи инвестицијата за реконструкција на локални патишта во висина од 2,2 милиони евра.

http://www.tvorbis.com.mk/index.php/vesti/lokalni/item/1122-vgodina-rekonstrukcija-na-prugata


-------------


Posted By: BOJAN
Date Posted: 25-Oct-2013 at 09:49
Мислам дека реконструкцијата на оваа пруга е едно од ветувањата што се одложува од година во година. Проект кој може да биде од корист, а се работи за минимална инвестиција. Мислам би било добро да се направи еден пресклипинг за изминативе неколку години за овој проект, од него ќе може да се забележи дека се` е идентично, освен времето што постојано се менува.


Posted By: Тркало
Date Posted: 25-Oct-2013 at 20:32
Од толку вести и најави досега, мислам ако продолжиме од ЖС Битола кон границата несвесно ќе видиме дека ‘нешто работеле‘


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 16-Jan-2014 at 20:40
ЕК одобри почеток на реконструкција на железничката делница од Битола до Кременица

Европската комисија (ЕК) го одобри почетокот на проектот за реконструкција на железничката делница од Битола до Кременица, беше меѓудругото истакнато, на денешната средба на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, со Комесарот задолжен за регионални политики во Европската Комисија, Јоханес Хан.

На состанокот е пренесено дека од страна на Европската Комисија е одобрено да започне реализацијата на проектот за реконструкција на железничката делница од Битола до Кременица (граница со Грција), проект кој ќе се финансира од претпристапните фондови на Европската Унија (ИПА фондови). Ова значи дека почнува постапката за избор на компанија која ќе ги изведува градежните работи.

На средбата, која се одржа во Европската Комисија во Брисел беа претставени тековните инфраструктурни проекти и активности на Владата на Македонија во делот на транспортот кои се финансирани со средства од европските фондови, како и идните планови за развој на европските транспортни коридори на територијата на Македонија.
http://tocka.com.mk/1/116218/ek-odobri-pocetok-na-rekonstrukcija-na-zeleznickata-delnica-od-bitola-do-kremenica - извор


-------------


Posted By: daci92
Date Posted: 16-Jan-2014 at 21:17
Добро е мрднува од мртва точка работава ,ај сега уште пари за електификација и реконструкција на целата должина на К10д да се обезбедат и ќе биде одлично.



Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 18-Jan-2014 at 17:55

Што ќе значи пругата до Кременица за Битола?

Written by  http://tvorbis.com.mk/index.php/vesti/lokalni/itemlist/user/44-%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%98%D0%BE%D0%B2%D1%87%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0 - Емилија Јовчевска

http://tvorbis.com.mk/media/k2/items/cache/81656e8b4a61d80afebb1c4f0a61f48f_XL.jpg"> Што%20ќе%20значи%20пругата%20до%20Кременица%20за%20Битола?

 

Пред неколку дена во Брисел, Европската комисија даде зелено светло за почеток на проектот преку кој ќе се реконструира железничката пруга од Битола до Кременица, односно до границата со соседна Грција.

Со средства од претпристапните ИПА фондови во висина од 10 милиони евра, издвоени за развој на паневопскиот коридор, наскоро треба да се најде фирма која ќе ги започне градежните работи. Со оваа постапка, се очекува пругата повторно да профункционира по речиси 30 годишна апстиненција, со што повторно ќе стане дел од меѓународната линија Велес-Битола-Лерин-Солун. Од македонска страна треба да се реконструираат 20 километри, додека од грчка страна пругата е веќе обновена.

Со ова, наместо пругата да служи како место за испаша на животни,  би требало да врати барем дел од нејзиното значење кое го имала во минатото и тоа од повеќе аспекти.

Градењето на пругата Солун – Вертекоп – Битола започнало во 1891 година со цел да се реализира поврзување со јадранскиот брег каде што поминувала старата римска магистрала Via Еgnatia. Пругата која била изградена само до Битола е предадена во употреба на 14 јуни 1894 година.По изградбата на оваа пруга престанало да се градат железнички линии во европска Турција поради настаните што се случувале на Балканот. Во тоа време, со воз во прочуената конзулска Битола доаѓале голем број патописци, конзули, значајни историски личности. Во 1911 година, со воз во Битола пристигнал султанот Мехмед V Решад, што е овековечено како настан со фотографии снимени од страна на браќата Манаки, Милтон и Јанаки. Исто така, преку пругата се вршел транспорт на стоки и роба, со што градот уште повеќе го потврдувал епитетот на центар на трговијата на Балканот.

Железницата кон Битола го продолжила развојот и со пуштањето на пругата кон Прилеп во  1931 година. Во  1932 година започнала со изградба пругата Прилеп - Велес преку Богомила. Оваа пруга била завршена на 20 јануари 1936 година. Со тоа е завршено севкупното поврзување на Битола со железничката мрежа во државата и кон јужниот сосед. До периодот на Втората светска војна железницата кон Битола добила друга намена и се користела најчесто за транспорт во воени цели. По ослободувањето и електрификацијата на пругата на коридорот 10, истата никогаш не пристигна во Битола. Кракот 10-Д од Велес до Битола, остана до ден денес без електрификација, а очекувањата се дека барем со реконструкцијата на оваа железничка делница кон Грција до пристаништето во Солун, ќе имаме електрифицирана пруга.

Враќањето на железничкиот сообраќај кон Грција се очекува да го подобри битолското стопанство. Реконструкцијата предвидува крак со влез во индустриската зона Жабени, што ќе значи поврзување со Солунското пристаниште за фабриките кои веќе постојат или планираат да бидат дел од оваа зона. Потенцијалните инвеститори ќе го имаат во предвид тоа како подобар услов при инвестирањето, бидејќи транспортот на стоки преку железничкиот сообраќај е поевтин за оние производи кои би се произведувале во зоната. Индивидуалниот фактор, односно патувањата на граѓаните исто така се момент кој не смее да се занемари, затоа што до Солун ќе се патува побрзо и поевтино, а со тоа понатаму подостапно може да биде поврзувањето и до останатите дестинации. Од друга страна, следејќи ги регулативите на ЕУ, железничкиот сообраќај во однос на останатите превозни средства има најголем придонес  во заштитата на животната средина.

Со надеж дека наскоро ќе профункционира железничката пруга кон пристаништето во Солун, редно е да дојде и долго очекуваниот економски бенефит за градот. Не само за да се врати сјајот на конзулска Битола, туку да се врати достоинството на нормалниот човек, преку подобрувањето на локалната економија. Да  не се дозволи пругата да биде само уште една порта за излез од Македонија.

http://networkedblogs.com/SXl29 - извор



-------------


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 31-Mar-2014 at 18:12

Пругата од Битола до грчка граница ќе почне да се гради годинава

Пругата од Битола до Кременица, односно до грчката граница ќе почне да се гради до крајот на годинава. Компаниите веќе ги доставуваат понудите за надзор и наскоро ќе се дознае кој ќе ја врши контролата врз градежните работи.

Пругата од Битола до Кременица, односно до грчката граница ќе почне да се гради до крајот на годинава. Компаниите веќе ги доставуваат понудите за надзор и наскоро ќе се дознае кој ќе ја врши контролата врз градежните работи. Огласот за избор на компанија што ќе ја гради пругата треба да биде објавен во текот на наредниот месец, а по 90 дена ќе се знае кому ќе му биде доверена задачата. По завршување на сите процедури, пругата треба да почне да се гради во втората половина од годинава. Еден крак од железницата ќе води и кон индустриската зона Жабени.
 
„ Во текот на оваа година ќе започнат градежните работи. Постапката за надзор е објавена, целокупната тендерска документација за градежни работи е одобрена од страна на Европската делегација, очекуваме во текот на април да биде објавена. Периодот за пријавување на компаниите е 90 дена. Оваа година ќе случиме договори и ќе започнеме со градежните работи“ - рече министерот за транспорт Миле Јанакиески.

Освен за домашните и странските компании од битолскиот регион, кои побрзо и посигурно ќе транспортираат стоки до солунското пристаниште, пругата е од големо значење и за луѓето кои ќе патуваат во Грција, кои ќе заштедат на превоз. Со изградбата, Битолчани ќе добијат 20 километри пруга до грчката граница која ќе биде дел од линијата Велес – Солун која не функционира повеќе од 30 години. Вредноста на проектот во голема мера ќе зависи од понудите на компаниите, но проценета е на околу 20 милиони евра. Трошоците треба да бидат покриени од ИПА програмата на Европската Унија, а изградбата на пругата предвидено е да трае 18 месеци.

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=74127#.UzmhzVcWfCk - извор


-------------


Posted By: daci92
Date Posted: 31-Mar-2014 at 19:33
Ајде аирлија нека е ,да го видиме и тоа чудо..


Posted By: martind
Date Posted: 31-Mar-2014 at 20:49
Сега пред избори се се ветува, а потоа ништо нема, за жал....


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 15-Apr-2014 at 15:57

ЕУ го објави тендерот за изградба на пругата Битола – Кременица


http://ekonomski.mk/2014/04/15/%d0%b5%d1%83-%d0%b3%d0%be-%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80/ -


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Apr-2014 at 18:49


Подетално:

ЕУ објави тендер за рехабилитација на пругата Битола – Кременица, ќе се гради и станица кај Жабени

По неколкугодишни ветувања од македонските власти и одлагање на почетокот на проектот, Европската унија денеска објави меѓународен тендер за избор на градежна компанија што ќе ја реконструира железничката делница од Битола до Кременица, со должина од околу 17 километри. Финансиите во висина од околу 20 милиони евра се обезбедени од ИПА фондовите на ЕУ. Во тендерот се наведува дека најповолниот понудувач ќе мора комплетно да го промени горниот и долниот строј на пругата, што ќе овозможи зголемување на тежината по оска, односно можност за движење на било која дизел локомотива и товарни вагони со поголема маса.

 

http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Zeleznica/K10d/Bitola%20-%20Kremenica%200101e.jpg">Моментална%20состојба%20на%20пругата%20Битола%20-%20Кременица%20%28извор:%20Извештај%20за%20заштита%20на%20животната%20средина%29 http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Zeleznica/K10d/Bitola%20-%20Kremenica%200102e.jpg">    Моментална%20состојба%20на%20пругата%20Битола%20-%20Кременица%20%28извор:%20Извештај%20за%20заштита%20на%20животната%20средина%29 http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Zeleznica/K10d/Bitola%20-%20Kremenica%200103e.jpg">    Моментална%20состојба%20на%20пругата%20Битола%20-%20Кременица%20%28извор:%20Извештај%20за%20заштита%20на%20животната%20средина%29 http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Zeleznica/K10d/Bitola%20-%20Kremenica%200104e.jpg">    Моментална%20состојба%20на%20пругата%20Битола%20-%20Кременица%20%28извор:%20Извештај%20за%20заштита%20на%20животната%20средина%29

 

Проектот вклучува изградба на една станица кај индустриската зона Жабени, заедно со железнички крак за идните инвеститори во зоната, реконструкција на едно стојалиште кај селото Кравари и изведба на дополнителен колосек, изградба или реконструкција на девет помали мостови, изведба на 10 железнички премини и инсталирање на сигнална и телекомуникациска опрема, со што ќе се овозможи движење на возовите со максимална брзина од 100 километри на час. Учесниците на тендерот мора да задоволат неколку критериуми, вклучувајќи банкарска гаранција за својата понуда во износ од 300.000 евра и условот во последните три години да оствариле добивка од најмалку 26 милиони евра.

 

http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Zeleznica/K10d/Bitola%20-%20Kremenica%200105e.jpg">Моментална%20состојба%20на%20пругата%20Битола%20-%20Кременица%20%28извор:%20Извештај%20за%20заштита%20на%20животната%20средина%29 http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Zeleznica/K10d/Bitola%20-%20Kremenica%200106e.jpg">    Моментална%20состојба%20на%20пругата%20Битола%20-%20Кременица%20%28извор:%20Извештај%20за%20заштита%20на%20животната%20средина%29 http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Zeleznica/K10d/Bitola%20-%20Kremenica%200107e.jpg">    Моментална%20состојба%20на%20пругата%20Битола%20-%20Кременица%20%28извор:%20Извештај%20за%20заштита%20на%20животната%20средина%29 http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Zeleznica/K10d/Bitola%20-%20Kremenica%200108e.jpg">    Моментална%20состојба%20на%20пругата%20Битола%20-%20Кременица%20%28извор:%20Извештај%20за%20заштита%20на%20животната%20средина%29

 

Работите ќе се доделат на онаа фирма што ќе достави понуда со најниска цена. Задолжителен состанок со заинтересираните компании ќе се одржи на 27 мај во просториите на МЖ – Инфраструктура, додека рокот за поднесување на понудите истекува на 15 јули. Јавното отворање на понудите ќе се одржи истиот ден во просториите на Министерството за финансии. Градежните активности за реконструкција на пругата од Битола до Кременица, која е дел од паневропскиот Коридор 10д, се очекува да стартуваат во втората половина од годинава.



http://www.build.mk/?p=34247 - #
Објавено на 15.04.2014 во категорија  http://www.build.mk/?cat=28 - Вести . 

Тагови:  http://www.build.mk/?tag=%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%be%d0%bb%d0%b0 - Битола ,  http://www.build.mk/?tag=%d0%b6%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b7%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0 - Железница ,  http://www.build.mk/?tag=%d0%b6%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b7%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8 - Железнички станици ,  http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%b7-%d0%b6%d0%b0%d0%b1%d0%b5%d0%bd%d0%b8 - Индустриска зона Жабени , http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%bd%d0%b4%d1%83%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b7%d0%be%d0%bd%d0%b8 - Индустриски зони ,  http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Инфраструктура ,  http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%b4%d0%be%d1%80-10%d0%b4 - Коридор 10Д ,  http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b8 - Кравари ,  http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0 - Кременица ,  http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8 - Тендери и лицитации


http://www.build.mk/?p=34247 - http://www.build.mk/?p=34247


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Jul-2014 at 11:22
Македонија и Грција ќе ја обновуваат железничката врска преку Битола
     
Воспоставувањето на железничкиот сообраќај помеѓу двете држави преку граничниот премин Битола - Кременица - Кафкасос на Коридорот 10 беше во фокусот на средбата помеѓу директорите на македонската и грчката железница, Ирфан Асани и Панајотис Теофанопулос, која се одржа во Атина

Станицата Кафкасос можно е да биде заедничка гранична станица

Ова е прва средба меѓу директорите на двете железници по едногодишната пауза. Асани, кој отпатува по покана од грчкиот колега, го информира домаќинот за динамиката за реконструкција на пругата Битола - Кременица, во должина од 16 километри, која треба да почне оваа година и да заврши до крајот на 2015 година.

Теофанопулос ја потврди определбата станицата Кафкасос од грчката страна да биде заедничка гранична станица, како што е тоа Гевгелија на Коридорот 10. Исто така тој изрази подготвеност грчките железници со сопствени средства да ја реконструираат станичната зграда и да ги изградат сите дополнителни потребни објекти за да може таа да функционира како гранична станица на највисоко ниво.

Во текот на разговорите акцент беше ставен и на зголемување на интензитетот на товарниот сообраќај по Коридорот 10, кој е од големо значење за железниците во двете држави. Двете страни ја поддржаа идејата следните чекори за заедничките точки на железничко поврзување помеѓу двете држави да се остварат на повисоко ниво во присуство и на ресорните министерства од двете страни.

Исто така грчката страна даде целосна поддршка за напорите што ги прави Република Македонија за изградбата на Коридорот 8, особено за последната делница Крива Паланка - бугарска граница, како и за сите проекти финансирани преку ИПА-фондовите што се однесуваат за модернизација на Коридорот 10 и делот на проектирање и подготовка на техничката документација за Коридорот 8.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=715142217227&id=10&prilog=0&setIzdanie=23226 - http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=715142217227&id=10&prilog=0&setIzdanie=23226

-------------
За сè има вторпат


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 23-Sep-2014 at 03:20
Одбраа ли изведувач на делницава, пошто никаде ништо не се спомна и кога треба да се почна со работа?


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 05-Nov-2014 at 23:05

Капитална реконструкција на пругата Битола – Лерин

Наскоро ќе започнат подготвителните работи околу капиталната реконструкција на железничката пруга Битола- Лерин која неколку децении е во прекин

Наскоро ќе започнат подготвителните работи околу капиталната реконструкција на железничката пруга Битола- Лерин која неколку децении е во прекин. Инвестицијата ќе чини 20 милиони евра, обезбедени од ИПА- 3 програмата, а веќе се завршени сите тендерски и други процедури во Министерството за транспорт и врски и Македонски железници.

- Завршени се сите процедури на тендерирање и евалуација. Се очекува потпишување на договор овие дена со фирмата која ќе биде победник на тој повик за реконструкција на тој дел. Веруваме дека ќе започнеме некои работи оваа година, а работите ќе се завршат во рок од осумнаесет месеци- рече Ирфан Асани, директор на ``Македонски  железници``.
Пругата се планира шрум да ги отвори портите до Солунското пристаниште, а според техничките параметри, ќе може да одговори на тренспортните предизвици.

- Претходно, пругата можеше да поднесе притисок од осумнаесет тони, додека оваа која што ќе биде реконструирана, практично ќе поднесува до дваесет и пет тони, што всушност  значи, дека ќе ги поднесува сите видови на вагони - рече Емилија Геровска, директор на Пелагонискот плански регион.

Оваа инвестиција, атрактивна ќе ја направи и Индустриската зона ``Жабени``, бидејќи еден крак од пругата ќе влегува во самата зона, а ќе привлече нови инвеститори.

- Сметам дека ова е можност за развој и на едни логистички центри кои од една страна ќе бидат поврзани со Солунското пристаниште, а од друга страна ќе ја имаат поврзаноста со Европската унија - рече Сашо Илковски, директор на  ИЗ ``Жабени``.

Во целокупниот зафат, ќе биде реконструирана и железничката станица во Битола, а во поврзувањето со Република Грција, заедничка гранична станица ќе биде Кафкасос кај Меџитлија која ќе ја изградат нашите јужни соседи.

http://alfa.mk/News.aspx?id=84075#.VFqePMmwRv4 - извор


-------------


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Dec-2014 at 09:39
Бугарски конзорциум ќе ја реконструира пругата Битола-Кременица

Европската унија на неодамна завршениот меѓународен тендер избра бугарски конзорциум за реконструкција на железничката пруга од Битола до Кременица, со должина од околу 17 километри. Градежните активности ќе започнат на почетокот од 2015 година и треба да се одвиваат во временски период од 18 месеци. Вредноста на целокупниот проект изнесува 20 милиони евра, финансиски средства обезбедени од ИПА фондовите на ЕУ. Изведувачот на работите е должен да го промени горниот и долниот строј на неупотребливата пруга, да изгради нов железнички крак кон индустриската зона „Жабени“ и да изгради нова станица на оваа локација, да го реконструира стојалиштето кај селото Кравари, да изгради и рехабилитира девет помали мостови и 10 железнички премини и да постави сигнална и телекомуникациска опрема.



* Со проектот ќе биде опфатена и реконструкцијата на железничката станица во Битола

Со целосната реализација на овој железнички проект ќе се овозможи ново железничко поврзување од Битола кон нашиот јужен сосед, по кој ќе можат да се движат дизел локомотиви и товарни вагони од секаков тип со максимална брзина од 100 километри на час. Со проектот се предвидува и целосно санирање на железничката станица во Битола. Во договор со грчката државна железница, веќе е одлучено заедничка гранична станица да биде Кафкасос кај Меџитлија. Покрај за индустриски потреби, реконструираната пруга ќе можат да ја користат и граѓаните на Битола за патување кон Солун. Железничката линија од грчка страна е рехабилитирана уште од пред неколку години, со што се остава можност за воведување на патнички возови.

http://www.build.mk/?p=41904 - http://www.build.mk/?p=41904

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Dec-2014 at 12:15
Просто е за неверување дека два соседни града со одалаченост од 35 км ,помеѓу кои постои пруга,не се железнички поврзани


Posted By: jyvation
Date Posted: 25-Dec-2014 at 22:39
Од 2015 година ќе почнат работите на пругата Битола-Кременица

Планираме првиот квартал од наредната година да се започне со градежни активности. Рехабилитацијата изградбата би траела 18 месеци согласно договорот, изјави Јанакиевски.



Следната година се очекува да почнат градежните работи за пругата Битола – Кременица, изјави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

– Во врска со постапката за почнување на изградба на пругата Битола – Кременица, пред некој ден е потпишан договор со конзорциум од Република Бугарија и очекувам некаде во првиот квартал од 2015 година да се започне со градежни активности, бидејќи веќе ЈП МЖ Инфраструктура имаат поднесено барање за одобрение за градење до Министерството за транспорт и врски. Планираме првиот квартал од наредната година да се започне со градежни активности. Рехабилитацијата изградбата би траела 18 месеци согласно договорот, изјави Јанакиевски.

Одговарајќи на прашање на пратеникот Зоран Илиоски, министерот посочи дека покрај реконструкцијата и градбата на оваа пруга, предвидено е со самиот проект да се изгради крак до индустриската зона Жабени. Тоа, според него, драстично ќе ја подобри инфраструктурата во самата индустриска зона, но исто така ќе ја направи зоната поатрактивна како за домашни така и за странски инвеститори.

– Покрај тоа целосно ќе се реконструира и догради железничката станица во Битола, најави министерот.

Реконструкцијата на железничката станица во Скопје е на половина односно до 15 декември се завршени 55 отсто од планираните активности, информираше Јанакиески на седницата за пратенички прашања.

– Согласно договорот реконструкцијата треба да заврши во април наредната година. Градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика, изјави Јанакиески.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски изјави дека во почетокот на идниот месец ќе биде поправена втората мерна станица на амбинталниот воздух во Битола. Објасни дека била спроведена постапка за набавка на делови за поправка на вакви станици и оти таа е завршена.

http://republika.mk/?p=364775 - http://republika.mk/?p=364775


Posted By: Могли
Date Posted: 21-Apr-2015 at 17:41
Еве тазе слики од денес. Знаците за реконструкција се поставени вчера.

Кај железничката станица Битола


Кај поранешната фабрика за фрижидери „Фринко“


Моменталната состојба на пругата




И конечно можат да се забележат некои активности




Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Apr-2015 at 19:53
Одлично! Фала за фотките и добредојде на форумов.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: mon
Date Posted: 21-Apr-2015 at 23:37
Дали некој знае дали ќе се реновира и железничката станица во Битола како и придружните објекти или само пружниот дел?

-------------
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se
https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/

exYU: http://malezeljeznice.net


Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Apr-2015 at 23:58
Да Мон,премиерот веќе тоа го кажа на политичкиот митинг пред некоја ден во Битола( да не бидам само бајрактар на грујо )


Posted By: Daniel1122
Date Posted: 22-Apr-2015 at 11:28
Далу пругава постои во целина до Грчката граница или има делови кај што е прекината ?


Posted By: fichot
Date Posted: 22-Apr-2015 at 11:48
Аирлија работа, за арно нека е.

Роков ми се чини предолг некако, толку ли е ова сложен зафат?


Posted By: daci92
Date Posted: 22-Apr-2015 at 11:57
Дали е предолг не би знаел ама мислам дека не е ,сепак не е мал дел а и треба и крак до Жабени да се прави (комплетно нов). Него погледни кога почнува изградбата (30 Јануари) а они вчера табли ставиле и почнале да работат (21 април) .


Posted By: Navigator
Date Posted: 22-Apr-2015 at 13:49
Дека не е едноставен зафат, не е, бидејќи се работи за комплетно запуштена пруга, сега веќе со децении. Освен тоа, од сеќавање, мали делчиња од пругата се отстранети. А во врска со кракот за Жабени, нема потреба да се прави крак. Пругата "граничи" со зоната, така што ќе треба да се направи само loading dock во зоната, ако воопшто некоја од компаниите има потреба од железнички транспорт.


Posted By: Могли
Date Posted: 01-May-2015 at 20:32
Originally posted by Џоле

Одлично! Фала за фотките и добредојде на форумов.

Фала ти Џоле. Со оглед на тоа дека шината што треба да се реконструира е на само 10тина метри од мојата куќа, кога ќе има новости повторно ќе известам. Поздрав


Posted By: Могли
Date Posted: 15-May-2015 at 19:35
Еве повторно слики од денес. Праговите и шините се отстранети до поранешната фабрика „Фринко“. Останува уште малиот дел до железничката станица. Сите слики се сликани тука: 41°00'48.9"N 21°20'55.8"E

Поглед кон Грција




Поглед кон железничката станица Битола




Posted By: jyvation
Date Posted: 15-May-2015 at 20:56
Фала за сликите.Се гледа дека работат споро ама квалитетно


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 19-May-2015 at 01:23


-------------



Print Page | Close Window